Print Page | Close Window

Бизнис центар „Аура“ (Дебар Маало 2, Блок 14.11)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1043
Printed Date: 22-Oct-2019 at 12:44


Topic: Бизнис центар „Аура“ (Дебар Маало 2, Блок 14.11)
Posted By: axel
Subject: Бизнис центар „Аура“ (Дебар Маало 2, Блок 14.11)
Date Posted: 07-Jul-2010 at 12:59
ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање кое се наоѓа во Општина Центар, наменето за изградба на комерцијални и деловни намени, семејно домување во згради - 7.7.2010


ПРЕДМЕТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ



Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено земјиште,сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален Урбанистички План „Дебар Маало 2“ донесен со одлука 07-3727/2 од 28.12.2009 година на општина Центар. Градежното земјиштето претставува ГП бр.14.11 со вкупна површина од 604 м2, наменето за изградба на комерцијални и деловни намени, семејно домување во згради на Бул. „Св. Климент Охридски“ бб.

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2656


Распишана јавна објава за изградба на деловно-комерцијани и станбен објект - 7.7.2010

 

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски распиша јавна за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање кое се наоѓа во општина Центар, наменето за изградба на комерцијални и деловни намени, семејно домување во згради.

 

Предмет на јавно наддавање е една градежна парцела со вкупна површина од 604 м2. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 13.000 денари по м2, а пријавите за учество на јавно наддавање можат да се достават најдоцна до 10.08.2010 година до Министерството за транспорт и врски. Јавното наддавање ќе се одржи на 18.08.2010 година.

 

Заинтересираните физички и правни лица треба да поднесат пријава за учество на јавното наддавање во писмена форма, доказ за платен депозит, за физичките лица уверение за државјанство, доказ за регистрација  на правното лице од соодветен регистер, односно уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице или физичкото лице заверено кај Нотар.

 

Целосниот текст на јавната објава може да се прочита во дневните печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.

 

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2657



Replies:
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 07-Jul-2010 at 19:17

stanuva zbor za lokacijata kaj grawe

Понудено на продажба дел од земјиштето на Иснифарис Џемаили

  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Имот вреден над 130 илјади евра одземен во случајот Бачило е понуден на јавен оглас.

    Атрактивната парцела од 604 квадратни метри во централното градско подрачје ќе се продава по пат на јавно наддавање со почетна цена од 13 илјади денари за квадрат. На истата според урбанистичкиот план ќе може да се градат објекти за комерцијални и деловни намени како и семејно домување во згради.

    Според првиот човек на Агенцијата за управување со одземен имот, уште четириесетина случаи за конфискуван имот кој е стекнат на незаконски начин деновиве ќе треба да бидат завршени. Вредноста на истите ќе се знае подоцна бидејќи ја одредува Владата на Република Македонија.

    Со случајот Бачило конфискуван е незаконски присвоен имот во вредност од околу еден милион евра. Додека поголема заплена на недвижен имот има кај случајот Даравелски од кого е одземена недвижнина со вредност од 2,4 милиони евра, со кои сега располага државата.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/ponudeno-na-prodazba-del-od-zemjishteto-na-isnifaris-dzemaili - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/ponudeno-na-prodazba-del-od-zemjishteto-na-isnifaris-dzemaili


    -------------


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 08-Jul-2010 at 07:51
    Токму така МајМаседониа, се работи за локацијата баш на аголот на Партизанска и Климент Охридски

    Туку гледајте каков критериум ставиле...

    Барок спроти Соборниот храм

    Со почетна цена од 13.000 денари за метар квадратен, Министерството за транспорт и врски на лицитација нуди парцела од 604 квадрати во Општина Центар, на аголот помеѓу булеварите Партизански одреди и Св. Климент Охридски. Со Деталниот урбанистички план „Дебар Маало 2“ таму е предвиден станбен објект со деловни и комерцијални содржини.  Дозволена е изградба на приземје, седум ката и поткровје, со височина до венец од 26 метри. Површината за градење е 582 метри квадратни, додека максималната бруто развиена површина изнесува 6.581 метар квадратен. Инвеститорот е обврзан фасадното обликување да го изведе во рамки на стиловите : барок, класицизам, неокласицизам, романтизам и неоромантизам. За оваа цел Министерството ќе оформи специјална комисија која ќе треба да го одобри идејниот проект. Пријавите за учество може да се доставуваат до 10.08.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 18.08.2010.


    http://www.build.com.mk/?p=4238 - http://www.build.com.mk/?p=4238




    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 08-Jul-2010 at 11:05

    Незнам, поарно никој да не го купува местово. А незнам како можат да наложуваат каков ќе биде објектот. Да е некоја заштитена област, чаршијата на пример, да, ајде, ама во Центар кај Соборна, нормална населба, незнам, а плус приватен ќе биде.

    И ај сега цело Скопје ќе го правиме барокно, па не е ова Симс па му текнало на некој, ќе си гради кај и што ќе му текне. Не е Скопје експериментен глушец. Град во реалност, за кој нема гума и тука така после да се бришат работи, кои сега се создале.

    Незнам, може и добра да искочи, ама пак, ова е нешто, поврзано со паметот, кој почнал да забегува, надвор од плоштад.

    Премногу изгледа сувишно и вештачки за некој да не примети.



    Posted By: alexgizh
    Date Posted: 08-Jul-2010 at 11:48
    Неможе да искочи добро, пред се бидејќи ќе ја нагрди околината, а особено централната позиција на Соборниот Храм.

    -------------
    The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


    Posted By: lupo
    Date Posted: 08-Jul-2010 at 15:11
    Spored mene bi iskocilo dobro bidejki se so cel da se napravi gradot so dva dokazani arhitektonski stila. Barok i modernava arhitektura - staklenici. Primetuvame deka bankata, opstina centar, visokokatnicite itn. se vo modernisticki stil. A voedno i go isfrlaat onoj betonski soc.. stil koj nema nikakva ubavina.
    Sepak ova e moe mislenje. Cool
    Koga ke ja vidam onaa zgrada na City gallery mi se gadi, mi se potkrevaat nervi i se po red, pogotovo najvisokiot sprat sto ne e popraven. Znaci mrsul zgrada. Ne vredi da postoi voopsto vo Skopjevo a kamoli na plostad. Eeeeej zgradana na Arhitektonski Fakultet, KATASTROFA ZIVA  arhitekti izleguvaat od nea. Vikaat deka domot e izraz na domakinot. Koga ke ja poglednam zgradana mozam da zamislam sto se ne izleguva. Taa treba da bide najvisoko arhitektonsko dostignuvanje vo gradot. Do tolku li ne mozat edna navistina asalna zgrada da proektiraat. Pa profesori ima li bre. Sto im e profesija?  I dali voopsto se planira da se napravi nova zgrada tamu ili ke ja gledam taa ruina do krajot na zivotov? WallbashWallbashWallbash 


    Posted By: alexgizh
    Date Posted: 08-Jul-2010 at 15:50
    Зградата на архитектонскиот факултет ми делува како да е градена некаде на крајот на 19 век. Можеби грешам, ама навистина така ми делува... и јас имам помислено зошто баш зградата на Архитектонски (и Градежен, не се лутете) е најгрдата зграда во околината...

    -------------
    The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


    Posted By: гитардемон
    Date Posted: 08-Jul-2010 at 15:53
    Не е проблем да проектираш, проблем е да ти го одберат трудот, така што не знам зошто сметаш дека архитектите се виновни. Виновни се партиските книшки и партиските интереси.


    -------------
    Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


    Posted By: lupo
    Date Posted: 08-Jul-2010 at 16:02
    Pa dobro ne moze da ima anonimno glasanje? Od site profesori, studenti, administracija? I da mi nalozi profesorot da glasam za negoviot proekt jas bi glasal> Od kaj da znae sto jas ke izglasam ako odi anonimno i ako e golema brojkata na sudentite. Moze elektronski ili bilo kakvo glasanje denes da se napravi. Koj e dekan? Naj iskreno sekogas ja gledam pravednosta. I bart da mi e proektantot, ako gledam deka ne mu vredi i deka toj proekt ke treba da go gledam dolgo na Partizanska pa ne bi go izglasal. Toa ostanuva - trajno e....


    Posted By: OKA
    Date Posted: 27-Aug-2010 at 11:03
    Се очекуваше рекордна цена на аукцијата (20.08.о.г.) од Министерството за транспорт и врски за плацов, но јас барем, не наидов на информација за резултатите од истата.
    Во меѓувреме, во денешен Дневник, извесен господин Геоги Константинов, со адреса на станување во Белград, објавува известие на 1/2 страница, со кое ја известува јавноста дека понудениот плац 14.11. е предмет на денационализација и дека купувачите се изложуваат на ништовност на купопродажните постапки.
    http://www.4shared.com/photo/P22LRTQv/1_Izmena_i_dopolna_na_Debar_ma.html"> http://www.4shared.com/document/SedAqpLU/Deloven_sproti_soboren-so_fasa.html">




    -------------
    Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


    Posted By: pbanks
    Date Posted: 27-Aug-2010 at 12:01


    Збориме за локацијата обележана со црвено на ДУПот?


    Posted By: alexgizh
    Date Posted: 27-Aug-2010 at 14:01
    Не. Станува збор за маркицата карши Соборниот Храм, директно на аголот на раскрсницата. Маркирана е со 14.11.

    -------------
    The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


    Posted By: OKA
    Date Posted: 27-Aug-2010 at 14:03
    Originally posted by pbanks

    Збориме за локацијата обележана со црвено на ДУПот?
    Локацијата со црвено е всушност дивоградба, а локацијата за која станува збор е сепак 14.11., нема ништо нејасно, убаво си се гледа во легендата на толкувања на симболите и знаците, десно во ДУП-от, а и огласот на Министерството е јасен, барем што се однесува до опфатот на парцелата што ја продаваат.
    Еве го и огласот во Дневник:


    Со таа напомена дека, господинов нешто е во збунка, што се однесува до ДУП-от. Имено, кај него стои Дебар Маало 1, а евидентно е дека станува збор за Дебар Маало 2.


    -------------
    Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


    Posted By: OKA
    Date Posted: 27-Aug-2010 at 14:24
    Се надевам дека теренов ќе си доживее реализација, па ќе си добие и име според проектот. Во меѓувреме, го променив привремениот наслов на топиков, некако поопределено и поактуелно ми звучи.

    -------------
    Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 27-Aug-2010 at 15:20
    Ги префрлив тука старите постови во врска со овој објект, да нема забуни за кој се работи. Сега уште да ми објасни некој во кој субфорум да биде нишкава... за релативно мал објект како овој се предвидени следниве намени: семејно домување, мали комерцијално деловни единици, големи трговски единици, деловни простории... цело е кога има се LOL


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 30-Aug-2010 at 16:58

    Барокот се шири низ Скопје

    Барокот ќе го освојува Скопје и надвор од плоштадот Македонија. Стилот влегува во еден од најстарите урбани делови на Скопје - населбата Дебар Маало. Министерството за транспорт продаде парцела од 600 метри квадратни спроти Соборниот храм за станбена зграда со деловни простории која мора да биде изградена со барокна фасада. Победникот на денешната аукција е сопственикот на „Универзал Комерц“, бизнисменот Сулејмани.

    Дали обврската за барокна фасада ќе ви ги зголеми трошоците за изградба?
    - „ Може ќе ги зголеми трошоците, но се надевам дека ќе ни се исплати проектот. Засега немаме конкретен план како точно ќе изгледа“ - вели Милаим Сулејмани.

    За разлика од неодамнешните режирани наддавања, аукцијата помина во фер атмосфера и конкурентска борба на 11 пријавени фирми. Почетната цена од 220 евра од квадрат се крена до 3000 евра- што значи дека министерството за транспорт ќе заработи 1,8 милиони евра доколку победникот ги уплати парите во законскиот рок од 15 дена.

    Локацијата на првата барокна зграда која ќе ја гради приватен инвеститор е на само стотина метри од Владата. Прва е и поради фактот дека стилот, во овој случај барокот, за прв пат стана услов за воопшто да се учествува на аукција на државно земјиште.

    Стилот, кој според архитектите никогаш не бил својствен за главниот град, беше промовиран од Владата со проектот Скопје 2014. Со денешната аукција Владата покажа дека барокот може да биде услов и за приватните инвеститори.

    http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=26978


    Posted By: OKA
    Date Posted: 31-Aug-2010 at 00:37
    Значи се продаде!!!
    Искрено, очекував и повисока цена, но сепак, не е лошо, во почетната фаза сме од најголемата, автохтона, глобална економска криза, по онаа од триесеттите на минатиот век.
    Значи, 1,8 млн евра за теренот, 1,2 млн за комуналии, 2,6 млн за градба, 0,6 млн за опрема, грубо околу 6,2 млн евра - сé вкупно, за околу 5200 м2 нето корисна деловна површина, плус 73 подземни паркинг места!
    Или, цена на чинење, околу 1200 евра* за еден квадрат, луксузно изработен деловен простор, на ексклузивна локација во главниот град на Македонија.
    Математиката е уште подобра ако инвеститорот се одлучи за чисто станбен објект (негово право!!!), или компилација од станбено-деловен.
    * во оваа цена паркинг местата се бонус плус за инвеститорот


    -------------
    Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 31-Aug-2010 at 03:59
    Мене ми е чудно. Наддавале 11 фирми меѓу кои може би имало и веројатно посериозни фирми, меѓу кои и странски за претставништва, што биле спремни да уплатат и повеќе. Кога нешто ми е чудно, не ми е на арно. А и математикава горе доле треба да ти ок, така да не верувам дека некој е спремен да се изложи на таков трошок, за деловен простор што треба да биде изгор и за продавање и за издавање, а само една маркица позади може би да чини пола цена. Можно е да има некоја политичка математика што не ја знаеме, како што ете всушност предходно имало.


    Posted By: OKA
    Date Posted: 31-Aug-2010 at 10:39
    Originally posted by lslcrew

    Мене ми е чудно. Наддавале 11 фирми меѓу кои може би имало и веројатно посериозни фирми, меѓу кои и странски за претставништва, што биле спремни да уплатат и повеќе. Кога нешто ми е чудно, не ми е на арно. А и математикава горе доле треба да ти ок, така да не верувам дека некој е спремен да се изложи на таков трошок, за деловен простор што треба да биде изгор и за продавање и за издавање, а само една маркица позади може би да чини пола цена. Можно е да има некоја политичка математика што не ја знаеме, како што ете всушност предходно имало.
    Можеме да нагаѓаме за позадината на купопродажбата. Секогаш има позадина, за ексклузивна недвижност се работи во секој случај. Во едно сум повеќе од сигурен. На лицитацијата не учествувале релевантни странски фирми, барем не директно. Ниеден сериозен странски борд нема да се согласи да инвестира во правна несигурност. Најчесто, во вакви случаеви, за да се избегне скандал и негативен имиџ, се користат услугите на домицилни компании, кои треба да го истуркаат проектот до добивање на сите дозволи.
    П.С. Политичка математика!? Не би рекол дека албанецов добил политичка нарачка да го купи теренов, затоа што албанското лоби сака тука да изгради џамија. Тешко дека некој, некогаш во ДУП-от би впишал верски објект.


    -------------
    Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 31-Aug-2010 at 10:52
    Чекај малку, ова беше некоја иронија или озбилно некој има такви намери да гради бурмали за Соборна? Ако беше иронија на мојата претпоставка за полтичка заднина, тогаш не алудирав на националната припадност на купецот туку тоа што ме чуди за толку време да се конфискува имот и да се завршат процедури и да отиде на лецитација и да биде купен од некој што прв пат му го слушам името. Тоа би беше претпоставката, за тоа мислев политичка математика не за некои коалициони ценкања, макар што и тоа е можна ситуација.


    Posted By: SpaceAge
    Date Posted: 31-Aug-2010 at 11:28
    Se plasam deka ke vidime objekt "barok ala Turkmenistan".Mestena rabota, mrazam voopsto da pomislam na politika no ovoj forum no vistinito.


    Posted By: OKA
    Date Posted: 31-Aug-2010 at 11:40
    Originally posted by lslcrew

    Чекај малку, ова беше некоја иронија или озбилно некој има такви намери да гради бурмали за Соборна? Ако беше иронија на мојата претпоставка за полтичка заднина, тогаш не алудирав на националната припадност на купецот туку тоа што ме чуди за толку време да се конфискува имот и да се завршат процедури и да отиде на лецитација и да биде купен од некој што прв пат му го слушам името. Тоа би беше претпоставката, за тоа мислев политичка математика не за некои коалициони ценкања, макар што и тоа е можна ситуација.
    На Балканот иронијата тешко функционира. Сé што ќе се каже е потенцијална случка, хахаха... Мое искрено мислење е дека сепак се работи за реален бизнис. Теренот се наоѓа на потенцијален бизнис булевар, кој еден ден ќе биде најблиската врска на центарот со Скопјето позади Кале. Обострано, по целата негова должина, од старата зграда на (печатницата) Нова Македонија, па се до „Жабарот”, ќе се изградат приличен број на нови објекти, со подземен паркинг, енергетска ефикасност, колонадно безбедна и пространа пешачка зона... Тоа ќе привлече разни бизниси и институции, од факултети, преку осигурителни компании, мебел групации, театар, угостители, ексклузивни продавници, хотели... Мислам дека албанецов, купувајќи дел од стратешката раскрсница на тој Булевар, за себе или за нарачател, сеедно, не „ги фрлил парите низ прозорец”, напротив...
    П.С. Како фино би легнал тука еден барокен „Kempinski”, па, па, па...


    -------------
    Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


    Posted By: ebivetre
    Date Posted: 01-Sep-2010 at 08:38

    И државата си направи „Бачило“



    Завчерашната продажба на парцелата спроти Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје за 1,8 милион евра е нерегуларна и зад неа стои организиран криминал, ист каков што беше во случајот „Бачило“, обвинува Георги Константинов од Белград, кој тврди дека е сопственик на дел од плацот. Тој наведува дека е законски наследник на сопственоста врз парцелата од 313 квадратни метри, која до денес не може да ја врати зашто надлежните органи што решаваат во процесот на денационализацијата постапиле незаконски. Според Константинов, Министерството за транспорт и врски воопшто не смеело да ја продава парцелата бидејќи за неа се' уште се води управна постапка, а решен е правната битка за сопственоста да ја продолжи и пред меѓународните институции. Тој затоа и го одбива надоместокот од само 5.000 евра во обврзници, колку што државата решила да му даде како компензација за имотот кој „не може да биде вратен“.

    - Со продажбата на земјиштето и купувачот и продавачот создадоа законски претпоставки за кривична и материјална одговорност, која е и на страната на службените лица кои на недозволен начин овозможиле да ни се одземат правата за враќање на одземеното земјиште - предупредува Константинов.

    Сопственикот на фирмата „Универзал комерц“, Миљаим Сулејмани, завчера ја купи спорната парцела по цена од 3.000 евра за квадратен метар. Таму треба да се изгради станбена зграда со деловен простор во барокен стил, што беше задолжителен услов според пропозициите на огласот. Тој е обврзан да ги уплати парите во рок од 15 дена.

    Пред околу три години оваа парцела со уште неколку други беше предмет на различни сопственички манипулации кои завршија во познатата афера „Бачило“, кога државата беше оштетена за најмалку 5 милиони евра. Тогаш оваа парцела беше запишана како сопственост на Гроздана Манасиевска, која беше осудена во судската постапка.

    Георги Константинов објаснува дека овој имот, чии сопственици до осумдесеттите години биле неговите предци Анета Константинитис и Страмата Клеанте, прво бил незаконски одземен во 1987 година.

    - Тогаш, со решение на одделението за имотно-правни работи на Општина Центар, Министерството за финансии ни го одзеде земјиштето за изградба на кулите Порта Буњаковец. Интересно е дека од 22 катастарски парцели што влегоа во состав на предвидената градежна парцела, одземена е само нашата. Но, подоцна, во 1992 година истиот орган, во дописот до тогашното Претпријатие за уредување и изградба на Скопје, признава дека експропријацијата не била извршена законски. Земјиштето ни беше одземено единствено нам, бесправно, со времен застапник, без воопшто да ни биде платена - објаснува Константинов.

    Одисејата со парцелата 6617/3 КО Скопје, која во меѓувреме станала дел од парцелата 10006/1 КО Центар, почнала кога семејството почнало да ја бара во процесот на денационализацијата. Тогаш Комисијата за денационализација за општина Центар им го одбила барањето со образложение дека „парцелата е дел од јавната површина, во рамките на станбено-деловни објекти Порта Буњаковец, согласно со детаљниот план“. Аргументот на кој се повикува Константинов е во тоа што сите изводи од детаљните урбанистички планови за конкретна градежна парцела децидно ја одредуваат намената на предметното земјиште, а таа е „станбена намена“.

    - Зошто тогаш општината Центар намената на парцелата ја толкува поинаку? Намената на оваа парцела е станбена и таа е рамноправен носител на право на градба со останатите сопственици врз целокупната градежна парцела, која во ниеден случај не претставува издвоена катастарска парцела и која во ниеден случај не е „јавна површина“, а со тоа ниту земјиште од јавен интерес. Тие не доставија ниту еден доказ до Комисијата за денационализација дека земјиштето е од јавен интерес - нагласува Константинов.

    Според него, иако во Записникот за функционалноста на земјиштето од истата комисија од минатата година било укажано дека „одземеното земјиште претставува слободен и празен простор, а само мал дел од 6 квадратни метри е тротоар“ тоа требало да биде предмет на реално враќање, согласно Законот за денационализацијата.

    - Наместо да ни го вратат, тие сега го продаваат како свое. Се прашувам само како може во промет да се стави земјиште кое не може да му се врати на носителот на правото на денационализација, а може да се продава на трети лица. Сето тоа во ситуација кога има докази за фалсификати - потенцира Георги Константинов.

    За овој предмет, кој сега се наоѓа пред Второстепената владина комисија, тој најавува дека до Основното јавно обвинителство ќе покрене кривична пријава за организиран криминал и корупција. Неговото основано сомневање е дека станува збор за повеќе кривични дела со кои се поврзани повеќе овластени службени лица што дале согласност за спроведување на нерегуларни постапки, како и за нерегуларна продажба на земјиштето.

    Бранко Ѓорѓевски



    За министерството се' е законски

    За локацијата која е продадена располагаме со имотни листови за деловите што ја формираат градежната парцела, издадени од Агенцијата за катастар на недвижности, одговори вчера Министерството за транспорт и врски.

    - Добиено е и мислење од Државното правобранителство, во кое се наведува дека на предметното земјиште не се води постапка за денационализација и дека не постојат правни пречки за да се спроведе постапката за отуѓување на недвижен имот по пат на јавно наддавање. Од страна на Основниот суд Скопје 2 е донесено решение со кое е отфрлен предлогот за определување на привремена мерка за отуѓување и давање под закуп на истата градежна парцела, наведува Министерството.

    Различни одлуки на ист орган

    Најголем парадокс, но и дилеми, во целиот случај внесуваат различните одлуки кои за оваа парцела ги носеле токму државните органи. Имено, на 24 јуни годинава токму Министерството за финансии преку свое одделение во Општина Центар ги прифатило барањата на Константинов и го огласило за „ништовно“ решението што во 1987 година го донел ист овој, тогашен орган, со кое бил одземен имотот.

    Во образложението Министерството за финансии напишало дека „не е спроведена постапка за одземање од владение на градежното земјиште“ и дека не биле доставени валидни докази дека се обезбедени средства за плаќање. Од ова произлегува дека парцелата требало да му се запише на Константинов во катастарската евиденција.

    Меѓутоа, на оваа одлука Државното правобранителство на 22 јули поднело жалба, по што истиот орган донел ново решение со кое го заменува своето претходно решение и му го одзело правото на Константинов. Парадоксот да биде поголем, огласот за продажба на парцелата беше објавен во весниците на 7 јули годинава.

    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=457D084AE390634EBA18DBCF6D2F8CD7


    -------------


    Posted By: OKA
    Date Posted: 04-Oct-2010 at 17:49
    Бачило, или не, теренот е веќе заграден и еден камион-геомашина, денес, вршеше истражувања. Фотки утре во текот на денот. Макар да, нема нешто посебно за фотографирање, камионот беше како од музеј, оградата со обични траки, табла нема...
    П.С. Ми падна малку жал за паркчето и клупите кои пролетта ги поставија, на плацов, веднаш пред Grawe. Многу краток им бил животниот век. Судбина!


    -------------
    Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


    Posted By: 46&2
    Date Posted: 14-Dec-2011 at 19:11






    http://www.dscdesign.com.mk/images/project-images/projects/residential/2011-stanbeno-deloven-objekt-skopje/07.jpg - http://www.dscdesign.com.mk/projects-mk.htm#residential - http://www.dscdesign.com.mk/index-mk.htm - http://www.dscdesign.com.mk/index-mk.htm




    -------------
    I use public toilets and I piss on the seat.


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 14-Dec-2011 at 19:14
    Не е воопшто лошо.


    Posted By: antiuser
    Date Posted: 14-Dec-2011 at 19:23
    Мене ми се свиѓа.. а  почнато ли е да се гради ?


    Posted By: nylon
    Date Posted: 14-Dec-2011 at 21:28
    Одлично изгледа. Е ова е модерен барок/класицизам, во добра смисла на зборот!

    Ако околните објекти се во старински стил тогаш овој објект е полн погодок.

    Која ќе му биде намената и кој е инвеститор?


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 14-Dec-2011 at 23:18


    Треба да биде станбено-деловен, а еве за инвеститорот:
    (ова е од август 2010)

    Победникот на денешната аукција е сопственикот на „Универзал Комерц“, бизнисменот Сулејмани.

    Дали обврската за барокна фасада ќе ви ги зголеми трошоците за изградба?
    - „ Може ќе ги зголеми трошоците, но се надевам дека ќе ни се исплати проектот. Засега немаме конкретен план како точно ќе изгледа“ - вели Милаим Сулејмани.


    Posted By: alexgizh
    Date Posted: 15-Dec-2011 at 00:00
    Интересен ми е тој пресекот што оди низ фасадата како тобоган. Може да испадне многу добро (но може и да го усерат ужасно).

    -------------
    The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


    Posted By: OKA
    Date Posted: 15-Dec-2011 at 00:51
    http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1043&PID=74389#74389%20 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1043&PID=74389#74389


    -------------
    Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 15-Dec-2011 at 01:10
    Многу сум пријатно изненаден од проектов. Некогаш и многу игра улога рендерот, па така ги формираме впечатоците, но ова е тој модерен класицизам.


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 15-Dec-2011 at 20:33
    еве еден редок пример да ми се допадне фасада на објект, одлично ги искомбинирале елементите на некои класицистички стилови, во современ објект, ова е тоа што се бара ако сакаме да следиме такви постари стилови, ова е начинот  Applause




    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: fichot
    Date Posted: 17-Dec-2011 at 01:54
    Интересно изгледа, ем модерно ем класично. Само не сум сигурен со тоа настрешницата... мож добро ќе биде, ама мож е и вишок... што знам.

    Ова карши Соборна на ледината е или грешка сум?

    -------------


    Posted By: OKA
    Date Posted: 17-Dec-2011 at 01:56
    Originally posted by fichot

    ...Ова карши Соборна на ледината е или грешка сум?
    Тоа е. Бившото "Бачило" од времето на Владата на експремиерот Бучковски.


    -------------
    Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


    Posted By: OCB
    Date Posted: 15-Feb-2012 at 15:48
    Еве една слика на која фокусот и е очигледно нешто друго, но се гледа дел од градилиштето:



    Posted By: theMac3donian
    Date Posted: 16-Feb-2012 at 11:47
    Ми се допаѓа фасадата.
    Навистина добро изведена. Се надеваме дека во живо ќе е исто толку интересна.

    За пресекот на зградата не сум баш сигурен, очигледно дека на зградата и треба некој сличен елемент, но дали ова е најдоброто решение не би можел да кажам.
    Како и да е, многу ми се допаѓа, а кога бев во СК се чудев што се гради таму.

    Поз.

    -------------
    (НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 26-Feb-2012 at 22:35



    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 27-Feb-2012 at 10:11


    Posted By: G.I. Joe
    Date Posted: 30-Mar-2012 at 15:18
    Zato nesto mi e prazno na slikata pogore ...Zaborajv deka drvata gi isekle ..Se nadevam pak ke gi zasadat koga ke se izgradiat objektite


    Posted By: alexgizh
    Date Posted: 30-Jul-2012 at 17:40
    Зградава се гради со невообичаено брзо темпо за наши услови. Дигнаа 3 спрата за 2 недели. На градилиштето можев да видам еден подзаскриен плакат со еден од рендерите кои можевме да ги видиме поназад во нишкава. Значи, дефинитивно е тој проект.



    -------------
    The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


    Posted By: G.I. Joe
    Date Posted: 31-Jul-2012 at 00:24
    mene me cudi kako mozi visinata na tremot kaj Gringo da ne e ista so novite objekti ..loso deluva , ponizok e kaj ovie sega so se gradat namesto da se izednaceni


    Posted By: N23
    Date Posted: 07-Aug-2012 at 00:17
    1.


    2.



    -------------
    23ka.wordpress.com


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 26-Aug-2012 at 12:19

    Инвеститори се фирмите „Универзал“ и „Велковски“, а изведувач е „Голден Арт“ која ми се чини го гради и објектот кај медицинското училиште.

    1


    2



    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 26-Aug-2012 at 15:25
    Ќе се заокружи добра целина.

    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 26-Aug-2012 at 20:42


    И јас мислам така и се надевам. Оформувањето на овој малечок блок од неколку згради е една од најсветлите точки на градежен план во Скопје. Не дека е нешто што соборува од нозе, но засега тоа е...


    Posted By: Block
    Date Posted: 28-Aug-2012 at 03:45
    Си видел како е позади таа најсветла точка?Big%20smile


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 28-Aug-2012 at 04:41

    Аман веќе...



    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 13-Oct-2012 at 15:24


    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: IN_MOTION
    Date Posted: 08-Nov-2012 at 14:42




    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 01-Dec-2012 at 17:39

    Од вчера...



    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 01-Dec-2012 at 19:03


    Ова испадна ужасно слепено до „Граве“, или сликава лаже?


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 01-Dec-2012 at 19:06

    Хмм... еве уште една слика каде повеќе се гледа Граве... иако оваа е малку искривена... 

    Прилично блиску се една до друга.... 



    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: CenterCityKid
    Date Posted: 05-Dec-2012 at 06:20
    Hmmm, nesto ovde e smeneto od originalniot render. Prozorite se od pod do tavan na renterot, a ovde se pomali. Se prasuvam kolku e smeneto i kako kje izgleda. 


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 05-Apr-2013 at 03:26
    note: сликава е од пред два дена, исто како сите други што ќе ги ставам сега




    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 14-Sep-2013 at 17:30




    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 14-Sep-2013 at 18:06
    на рендерот беше побава зградата.и столбовите не се офарбани како што беше планирано,и вака бела некако не се истакнуваат деталите


    Posted By: fichot
    Date Posted: 15-Sep-2013 at 21:54
    Штета што е бела т.е. за некоја година гнасно-сива.


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 16-Sep-2013 at 21:58
    Originally posted by fichot

    Штета што е бела т.е. за некоја година гнасно-сива.
    и мене ова ми падна на памет... не знам која им била логиката да ја сменат бојата на фасадата во бела
    сфаќам да сменат материјали и форми радо штедење (и крадење пари) ама бојата не прави никаква разлика во цената


    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 22-Sep-2013 at 17:50










    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 22-Sep-2013 at 19:05
    многу помонотоно него на рендерот


    Posted By: Teglarot
    Date Posted: 23-Sep-2013 at 00:14

    Класичен пример за тоа како се упропастува прекрасна локација . . .



    Posted By: Danndy
    Date Posted: 23-Sep-2013 at 01:44
    Само да не беше бела....

    -------------
    Traveling.


    Posted By: xnx
    Date Posted: 23-Sep-2013 at 11:00
    ne bi rekol deka zgradava e nekoja si katastrofa golema.. deluva sredeno i pedantno, bez klima uredi i slicni gluposti, mozebi ne e nekoe remek delo megutoa e dovolno obicna za da ne bode vo oci.

    duri i bi rekol deka celava ovaa niza do bonimi mi e mnogu interesna i kontrastna, od objektov do toj hotelot cubic koj e kompletno razlicen pa se do bonimi koj e sovremen na mnogu razlicen nacin od nego.. e sega primetiv deka megu objektov i cubic ima uste 2 koi se gradat, bas me interesira kakvi ke izlezat


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 23-Sep-2013 at 19:25
    Originally posted by xnx

    ne bi rekol deka zgradava e nekoja si katastrofa golema.. deluva sredeno i pedantno, bez klima uredi i slicni gluposti, mozebi ne e nekoe remek delo megutoa e dovolno obicna za da ne bode vo oci.

    duri i bi rekol deka celava ovaa niza do bonimi mi e mnogu interesna i kontrastna, od objektov do toj hotelot cubic koj e kompletno razlicen pa se do bonimi koj e sovremen na mnogu razlicen nacin od nego.. e sega primetiv deka megu objektov i cubic ima uste 2 koi se gradat, bas me interesira kakvi ke izlezat
    најмногу фрустрира самиот факт што повторно еден скопски објект везе нема со рендерите со кои е најавен... инаку, нема ништо страшно во самата бела боја, страшно е што поради отсуството на барем две нијанси на боја, поради рефлективноста на белата, не се приметува ниеден елемент на фасадата, особено оние елементи кои ја правеа интересна
    меѓудругото, масивно се импровизирани прозорите и оградите


    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 27-Sep-2013 at 15:09


    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: kiriOK
    Date Posted: 01-Oct-2013 at 23:29
    Кој ќе купи стан и ќе живее тука,јака му душа!

    Инаку да прашам...новиве објекти долж Партизанска имаат подземен паркинг?


    Posted By: kire85
    Date Posted: 02-Oct-2013 at 09:11
    Originally posted by kiriOK

    Кој ќе купи стан и ќе живее тука,јака му душа!


    Зошто? Јас на пример живеам на можеби најфрекфентната раскрсница во државава (кај црвен крст), па немам никакви проблеми...

    -------------
    Phantasie ist wichtiger als Wissen, denn Wissen ist begrenzt.

    Albert Einstein


    Posted By: kiriOK
    Date Posted: 02-Oct-2013 at 15:32
    Originally posted by kire85

    Зошто? Јас на пример живеам на можеби најфрекфентната раскрсница во државава (кај црвен крст), па немам никакви проблеми...


    Ова е апла на раскрсница,еден чекор и си на раскрсница.
    Проблемот е чадот,бучавата,немањето зелена површина...


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 10-Oct-2013 at 17:09
    денес







    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Danndy
    Date Posted: 12-Oct-2013 at 04:32


    Зошто е асиметричен толку тој делот кој е помеѓу првиот и вториот кат? Премногу се познаваат местата каде се спојуваат еден со друг (што и да се)... не изгледа убаво

    -------------
    Traveling.


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 12-Oct-2013 at 17:40
    Previous
    затоа што кај нас сеуште никој не слушнал за заоблување на материјали и како се пресметуваат и изведувааат очигледно (се сеќавам дека некој од членовите тука констатно имаше фрустрации за рамни стакла на заоблени површини Smile)



    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: xnx
    Date Posted: 15-Oct-2013 at 10:49
    Originally posted by zabegan

    се сеќавам дека некој од членовите тука констатно имаше фрустрации за рамни стакла на заоблени површини Smile)



    jas bev toa


    Posted By: marko.kostoff
    Date Posted: 15-Oct-2013 at 16:11


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 15-Oct-2013 at 17:13
    Originally posted by marko.kostoff

    Може да замолам некој да ми го објасни закосениот дел што се спушта од над вториот до над првиот спрат? Се обидувам уште од рендерот да сфатам, но еве не ми успева и откако е готова зградата. Dunno
    нема никаква функција, едноставно го внеле во дизајнот за малце да ја размрда монотонијата на паралелите

    инаку, што се однесува до тој елемент, на почетокот бев скептичен за него и не ми се допаѓаше, па после увидов дека е потребен детал во целата фасада, за на крај да видам дека успеале и него да го укакаат Bash


    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: xnx
    Date Posted: 15-Oct-2013 at 18:02
    toj zakoseniot del uzasno izgleda.. ne mi se veruva kolku kiksiraa na zgradava


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 13-Feb-2014 at 16:18
    Страничниот дел

    http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12500734525/">
    http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12500734525/ - DSC02817 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: xnx
    Date Posted: 13-Feb-2014 at 16:37
    mnogu loso izleze zgradava, mnogu sterilna boja, los izbor na boja na stolarija i ogradi: kafeavo so crno. wtf?? renderot bese 10 pati podobar


    Posted By: Teglarot
    Date Posted: 13-Feb-2014 at 20:58
    Originally posted by xnx

    mnogu loso izleze zgradava, mnogu sterilna boja, los izbor na boja na stolarija i ogradi: kafeavo so crno. wtf?? renderot bese 10 pati podobar


    Менуваш мислење за истиот објект како чорапи.

    Белава боја за некој извесен период ќе се промени, се потемна и потемна ќе биде. Нешто како зградите кај последна 23ка во Капиштец.
    Немањето речиси никаква допирна точка со рендерот ја прави оваа зграда да биде тотална утка.


    Posted By: xnx
    Date Posted: 14-Feb-2014 at 10:28
    haha, koga go dadov predhodniot komentar ne bese dovrsena, nemase ogradi... mi deluvase ne tolku losa megutoa so tek na vreme namesto da mi legne pocna da mi smeta


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 19-Feb-2014 at 17:22


    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: ArChJaZz
    Date Posted: 20-Feb-2014 at 17:17
    Да и јас се сложувам дека зградава на рендерот беше многу поубава....каде е проблемот? Е па има повеќе проблеми (ама главниот е изгледа кај инвеститорот)...Ако забележите поубаво проблемот главно е во геометријата, а помалку и во бојата. На рендерот сите прозорци (кои се со низок парапет) се вовлечени навнатре за една нивна широчина, а во изведената состојба не е така (најверојатно за да се ќари некое ситно квадратче повеќе). Второ, еднобојноста на зградата е ненормално глупаво решение...барем на пиластрите да им ја сменеа бојата....Трето е тоа што иако венците ги извеле добро, тие не може да дадат никаков ефект поради еднобојноста. Ако сакаж венецот да има некаков ефек, а сепак да е иста боја со фасадата, тогаш би требало да е поголем...Четврто, на рендерот подкровјето е вовлечено и е со потемна боја се со цел да не доаѓа до израз самото подкровје и да не ја миноризира важноста на венецот кој е еден од побитните елементи за една зграда, а кој воедно и представува некоја просторна граница. Објектов реално изгледа многу непрофесионално и генерално мислам не е поради изработката во детаљите како што се огради, пластика на фасада и сл. туку геометриската пропорција е тотално лаичка.  Не знам само дали сте размислувале на ефектот кој оваа зграда го има на околината? За мене лично е интересен фактот што зградата која е карши неа т.е. објектот кај „Корнер“ ми изгледаше толку просечно, а сега поради ова монотонијава од карши изгледа прилично елегантно и озбилно, да не речам блеска наоколу. Сепак би заклучил дека на еден град му требаат и монотони згради од време на време за другите да добијат на значење, но прашањето е дали тие згради би требало да се толку централно експонирани.....


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 24-Feb-2014 at 15:52
    Originally posted by ArChJaZz

    Да и јас се сложувам дека зградава на рендерот беше многу поубава....каде е проблемот? Е па има повеќе проблеми (ама главниот е изгледа кај инвеститорот)...Ако забележите поубаво проблемот главно е во геометријата, а помалку и во бојата. На рендерот сите прозорци (кои се со низок парапет) се вовлечени навнатре за една нивна широчина, а во изведената состојба не е така (најверојатно за да се ќари некое ситно квадратче повеќе). Второ, еднобојноста на зградата е ненормално глупаво решение...барем на пиластрите да им ја сменеа бојата....Трето е тоа што иако венците ги извеле добро, тие не може да дадат никаков ефект поради еднобојноста. Ако сакаж венецот да има некаков ефек, а сепак да е иста боја со фасадата, тогаш би требало да е поголем...Четврто, на рендерот подкровјето е вовлечено и е со потемна боја се со цел да не доаѓа до израз самото подкровје и да не ја миноризира важноста на венецот кој е еден од побитните елементи за една зграда, а кој воедно и представува некоја просторна граница. Објектов реално изгледа многу непрофесионално и генерално мислам не е поради изработката во детаљите како што се огради, пластика на фасада и сл. туку геометриската пропорција е тотално лаичка.  Не знам само дали сте размислувале на ефектот кој оваа зграда го има на околината? За мене лично е интересен фактот што зградата која е карши неа т.е. објектот кај „Корнер“ ми изгледаше толку просечно, а сега поради ова монотонијава од карши изгледа прилично елегантно и озбилно, да не речам блеска наоколу. Сепак би заклучил дека на еден град му требаат и монотони згради од време на време за другите да добијат на значење, но прашањето е дали тие згради би требало да се толку централно експонирани.....
    охо, конечно некој со малку разбирање за овие работи
    добредојде, се надевам на повеќе вакви постови Cheers


    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: ArChJaZz
    Date Posted: 01-Mar-2014 at 00:01
    @zabegan благодарам на подршката...ПоздравSmile


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 18-Mar-2014 at 15:58
    Зградава е при крај. Денес се работеше на поплочување на тротоарот пред неа.

    http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/13244159583/">
    http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/13244159583/ - DSC03135 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

    -------------
    За сè има вторпат



    Print Page | Close Window