Print Page | Close Window

Моторни гарнитури

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1062
Printed Date: 09-Apr-2020 at 22:14

Topic: Моторни гарнитури
Posted By: Vladimir P
Subject: Моторни гарнитури
Date Posted: 15-Sep-2010 at 16:44
Електро моторни гарнитури МЖ 412 - RVZ-Riga или познат како „Горбачов“ првата гарнитура пуштена во 1986 година МЖ сега има/ла:

МЖ 412-053 / 412-054 вагони МЖ B 416-053 / B 416-054 = оранж гарнитура + 1 плава (оранж МЖ 412-054 запалена)
МЖ 412-055 / 412-056 вагони МЖ B 416-055 / B 416-056 = плава гарнитура

МЖ 412-057 / 412-058 вагони МЖ B 416-057 / B 416-058 = плава гарнитура, вон употреба
МЖ 412-059 / 412-060 вагони МЖ B 416-059 / B 416-060 = плава гарнитура, вон употреба

* моментално едната гарнитура (оранж) сеуште е на оправка во депо Лисиче.

Дизел моторни гарнитури МЖ 712 - Макоша или познат како „Шпанец“ првата гарнитура набавена во 1975 год. потоа сукцесивно се набавувани од тогаш МЖ има/ла:

МЖ 712-101 / 716-101 / 712-102
МЖ 712-103 / 716-103 / 712-104 ремонт
МЖ 712-105 / 716-105 / 712-106 моментално вон употреба
МЖ 712-107 / 716-107 / 712-108

МЖ 712-109 / 716-109 / 712-110 во обнова

* во возниот парк имало вкупно 19 вакви гарнитури

14-09-2010

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Replies:
Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Sep-2010 at 10:35
Конечно нишка и за дизел и електромоторните гарнитури.

Владимир, велиш дека 712-103/716-103/712-104 е на ремонт. Дали се планира во брзо време да се пушти во сообраќај или ќе треба подолго време за да ја видиме во сообраќај оваа гарнитура?

Има ли некаков план за 712-105/716-105/712-106? Можеби обнова во Колска во Велес, бидејќи со секоја нова фотографија изгледа се пострашно, се плашам дека може да оди на касацијаDunno?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Sep-2010 at 10:54
Гарнитурата 103/105 би трбало да ја обноват брзо, но кога ни самите мајстори не можева да одговорат.

Гарнитурата 105/106 која стои испред халите во депо не верувам дека брзо ќе иде на обнова.(на нејзе чак и прозори и фалат од силните каменувања)

Јадни во МЖ-Транспорт незнаат каде прво да закрпат и што попрво да обноват.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Sep-2010 at 12:52
Originally posted by Vladimir P

* моментално едната гарнитура (оранж) сеуште е на оправка во депо Лисиче. 

Претпоставувам исто така ќе ја унифицираат по боја (вметнатиот плав сегмент)

Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Sep-2010 at 09:33
Најбитно е да ја поправат и да вози, а за бојата се надевам дека ќе се смени кога ќе ја испратат на модернизација(обнова) во Србија(НЕКАДBig%20smile).

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Sep-2010 at 18:26
Originally posted by BOJAN

Најбитно е да ја поправат и да вози, а за бојата се надевам дека ќе се смени кога ќе ја испратат на модернизација(обнова) во Србија(НЕКАДBig%20smile).

Ма нека се поправи, а за боење, за жал кога ќе и дојде време.
И така брзо најпознатиот возо-дизајнер KANG брзо ќе го постави своето дело

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 18-Sep-2010 at 09:29
Не знам зошто не се решат во МЖ оваа моторна гарнитура, но и другите да добијат реклами однадвор. Еве да речеме, сигурно некој од мобилниве оператери ќе се заинтересира, се работи за патнички воз кој собира многу патници и цел дел кружи низ државава. МЖ ќе добие среден Горбачов однадвор(а можда и одвнатре), а компаниите бесплатна реклама на подолг период.

Posted By: BullDoG
Date Posted: 17-Nov-2010 at 12:57
A dali ima nekoj informacija za incidentot sto se sluci pomegu Orasje i Radusa poveke za toa?
Dali "spanceot" ima nekoja pogolema steta?

Posted By: mfslaff
Date Posted: 18-Nov-2010 at 10:29
Возот 6901 што се обраќа на релација Кичево-Скопје со моторна гарнитура 712/107-108 во Стојалиште Ораше удри во говедо.Гарнитурата е однесена во депо Скопје со мали оштетувања на ралник .По преглед и поправка пуштена е во сообраќај

Posted By: BOJAN
Date Posted: 18-Nov-2010 at 12:15
Значи сепак 107/108 поминала без големи оштетувања, иако очекував дека можеби ќе има поголеми оштетувања од овој судир. Во таа насока е и моето прашање, дали некој знае од каков материјал се направени управувачките кабини на Шпанците?

Неодамна гледав фото-репортажа од фабриката Метровагонмаш во Москва, каде што се подготвуваат и новите дизел моторни гарнитури за српските железници, при што се објаснува дека за разлика од металната конструкција на трупот од гарнитурата, предните делови од двете страни се додаваат на трупот на гарнитурата(не се сеќавам дали се работеше за посебен вид на пластика или друг материјал).

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 30-Nov-2010 at 00:13
Воз i-R 1911 Велес - Скопје, МЖ 412-056

Иначе гарнитурите се од нормални железни профили обложени со плех, никакво посебно обезбедување,
Ќе се потрудам и фото да постирам

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 30-Nov-2010 at 11:33
Владимир, а дали има разлика во изработката на кабината на машиновозачите од остатокот на гарнитурата? Како се заштитени овие гарнитури од поголеми сообраќајни несреќи, да речеме од судир со камион?

И уште нешто, што се случува со портокаловата гарнитура 412-053/054, долго време е вон употреба?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 30-Nov-2010 at 12:53

Нема никаква разлика.
Иначе некое да кажеме обезбедување е самата шасија која е доста крута и висока, така да за мали судари со ниски објекти може да послужи. Секако ова не е пресудно.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: mon
Date Posted: 03-Dec-2010 at 10:10
Edna tehnicka ispravka ako dozvoli Vladimir Yes
Fotografijata go prikazuva JZ 714-009 koj podocna (mozebi) postanal MZ 712
a ne MZ 712 koj porano bil 714.
 
Bi prasal, dali e sigurno deka ova vozilo bilo restavrirano i pusteno vo upotreba kako MZ?
Spored izgledot na fotografijava voziloto e pred kasacija...

-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-Dec-2010 at 22:35
@mon, сите гарнитури кои порано беа ЈЖ-МЖ 714 по нивната „обнова“ го добива бројот 712, сликава што е од „отпадот“ во Колска - Велес кој служи за делови е исечен цел дел од оваја гарнитура и заменет на „новите“-обновените.

Еден пример, старата гарнитура со следниот број 714-010 е ренумерисана во 712-102

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: mon
Date Posted: 04-Dec-2010 at 00:23
E sega e mnogu pojasno Vladimir!
Thumbs%20Up
Ponekogas vredi od staro da se napravi novo medjutoa kolku dolgo toa "novo" ce trae
i ce bide upotreblivo nikoj nemoze so sigurnost da kaze...
 
Dali se znae tocnata brojka na motorni garnituri od site vidovi koi se upotreblivi vo momentov?

-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net

Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Dec-2010 at 19:18
Ова е само за Владимир:http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=4701!
Ај што Телма презела негова фотографија од Шпанецот, ама под неа напишале „Пелагонија експрес“ од шпанско производствоCrazyCrazyPoke!!!!

Ај што Телма, како и сите медиуми, ја презедоа погрешната вест од МИА во кој се вели дека возот од Битола поаѓа во 5:50 часот, па сега уште оваа глупост им требаше. Така ти е тоа кога во државната новинска агенција работат новинари-хонорарци за 5-6.000 денариBash.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Dec-2010 at 11:48
Ајде да ја постирам веста и да ја искоменирам

ВО СООБРАЌАЈ СЕ ВРАЌА „ПЕЛАГОНИЈА ЕКСПРЕС“

„Пелагонија - експрес“ од шпанско производство

Со новиот возен ред во внатрешниот железнички сообраќај, кој стапува во сила на 12 декември, во редовен сообраќај се враќа возот „Пелагонија експрес“ кој ќе сообраќа на релацијата Битола – Скопје – Битола. Од Битола ќе тргнува во 5:50 часот наутро, а во Скопје ќе пристигнува во 8:17 часот. Во правец кон Битола од Скопје поаѓањата се во 17 часот, а пристигањата во Битола во 19:50. Попатно ќе застанува само во станиците Прилеп, Богомила и Велес. Возниот билет во еден правец, заедно со задолжителната резервација, ќе изнесува 317,50 денари, а повратниот 515 денари.

- Станува збор за воз кој ќе понуди и еден повисок квалитет на возење, но истовремено и удобност, соопшти од МЖ Транспорт АД Скопје.

Овој воз беше воведен во седумдесетите години од минатиот век, кога беа увезени неколку композиции од шпанско производство. Во тоа време „Пелагонија експрес“ беше брз, деловен воз, кој ретко доцнеше. Секој патник имаше резервација за патувањето со точно определен број на седиштето. Се водеше сметка за хигиената во возот, а тоа што е реткост за овие простори, стјуардеси служеа бесплатно кафе. Најголем број од патниците беа деловни луѓе и студенти, кои на пат тргнуваа наутро, а попладне се враќаа дома.

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=4701! - http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=4701!

Добро Бојане, пренесена вест и донекаде вистинита.

Иначе дека „шпанецот“ идеше на таа релација е потполно точно но за разлика од денес средната кола беше од 1 класа останатите од 2 класа сo стуардеси кои служева напитоци и делава бонбони.

Но денеска „шпанецот“ (од илустрираната слика) со годините што ги има неможе да го искачи тој успон кон Битола така да во овој случај ќе иде нормална гарнитура со вагони од 1 и 2 класа (кој моментално се обновуват во Колска) и ако го обноват единиот бифе вагонот до тогаш, иако не е назначен во возниот ред.

П.С. Тогаш имаше за Битола брз воз 591 во 8:23-11:23 и воз 181 во 16:00-19:27, кој застануваше на истите денешни станици. (погледате ја разликата од 27 мин на пладневниот воз, некое вкрстување или ...?)

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Dec-2010 at 15:12
А има некоја информација колку ќе чини билет за прва класа на експресниот Битола-Скопје?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 12-Dec-2010 at 20:37
Зошто на сите слики и објави за Пелагонија експрес на слика е т.н. Шпанецот?  Пелагонија Екпрес е составен од : Локомотива 661-235 и 3 нови вагони.

-------------

Posted By: polval
Date Posted: 15-Dec-2010 at 09:36
Ех,....., многу време ќе ни одземе ако застанеме да ги анализираме умовите на новинарите и уредниците. Било како било, ептен ми прави ќеф ре-воведувањето на овој воз. По мое мислење, ваква врска одамна беше потребна и добо е што се воведе. И добро е што е малку поскапо и треба да биде поскапо затоа што со тоа ќе се скине превезот над возот како превозно средство за сиромашни.

Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-Dec-2010 at 15:58
Па друже, ако воведат вагони прва класа, ако има и бифе, тогаш можеби нема да биде за сиромашни. Вака, со искинати и гнасни седишта, без никакви дополнителни услуги, кој бизнисмен би се возел? Не е ова шинкансен или TGV

А дека врскава беше повеќе од потреба, тоа е многу јасно. Ај аирлија!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 15-Dec-2010 at 18:25
Бифе вагонот би требало да биде готов во Колска во наредниов период, така што тоа би можело да оди на експресниот за Битола или евентуално на Олимпус. Колку што знам вагоните на овој експресен воз се нови, но како и да е, во првите денови треба да очекуваме извесни проблеми.

Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Dec-2010 at 18:28
Што не го дадат тој вагон коечно под концесија на некој од кафичите или рестораните. Или барем да се обидат каков ќе биде одзивот. Крајно време е државата да престане да мисли и да продавање државно кафе и државен сок.

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Dec-2010 at 18:31
Originally posted by lslcrew

Што не го дадат тој вагон коечно под концесија на некој од кафичите или рестораните. Или барем да се обидат каков ќе биде одзивот. Крајно време е државата да престане да мисли и да продавање државно кафе и државен сок.

Cheerstaka!

Posted By: BOJAN
Date Posted: 15-Dec-2010 at 18:41
Порано успешно си функционираше ФЕРОТУРИСТ на времето.

Инаку интересен ви е предлогот, но со еден вагон ништо не правиме, треба најпрвин да се реконструираат и другите 2 бифе-вагони, да ги земе една фирма и заедно сите 3 бифеа да сообраќаат кон Битола, Солун и Белград.

Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Dec-2010 at 00:59
Абе немора да силиме една фирма да биде комплет на сите линии, пак ете гледаш не до крај сме ја разбрале либерализацијата. Нејќам да го тупам ова стално а веќе еднаш и детално го имам презентирано. Да видиме малку барем каков ќе биде одзивот и какви ќе бидат тековите, да оставиме да видиме колку се може. Проблем е што нема ни обиди да се спороведе некој атаква поспка. Се соменвам дека има ланец ресторани што сам ќе реконструира стар вагон, да речеме поредходно го купи и за одреден надомест го прикачува на онаа линија на која смета дека ќе има профит, ама еве нешто вакво со веќе реновиран вагон и концесија можеме да се обидеме.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Dec-2010 at 10:25

Јас сум убеден дека економска исплатливост за бифе вагоните може да има на линијата Скопје-Битола-Скопје, но мора да се воведат два бифе вагони и два експресни воза на релација Скопје-Битола-Скопје, да речеме утрински воз од Скопје кој би околу 7-8 часот, за оние што треба да завршат работа во Прилеп и Битола, и попладневен околу 16 часот од Битола за да се вратат назад. Се разбира, би останала и сегашнава Пелагонија експрес. Во двата воза би имало по еден бифе вагон, доколку ги реконструира приватниот стопанственик.

Ако се реконструира третиот бифе вагон, би можело да сообраќа паралелно со српски или грчки вагон на линијата Белград-Скопје-Солун. Еве на пример, за 1-2 месеци, Талго гарнитурите ќе сообраќаат на линијата Сараево-Белград, па има голема веројатност сегашните бифе вагони од таа линија на српските железници да ги пуштат кон Солун.

Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Dec-2010 at 11:03

Грчките железници имаат неверојатни бифе вагони, и штом тие, експертите за фрлање пари напразно не пуштаа вагон, се сомневам дека некој кај нас би имал интерес на таа линија да пушти бифе вагон. Реално, ретко има над 20 патници од Солун, а потоа од Скопје до Белград има максимум 50. Треба барем 300-400 патници за таа работа да биде исплатлива. Башка да е 20 денари кафето (со моменталната структура на патници во железничкиот сообраќај).

Инаку и јас би сакал да ја видам таа идеја да се реализира.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: polval
Date Posted: 23-Dec-2010 at 20:36
Бидејќи се работи за вистински ИнтерСити Скопје-Битола ми се чини дека со цени кои нема да бидат многу високи би можело да функционира, дури и да е кафето да речеме 40 денари но не повеќе. Ми се чини дека на целиот воз треба да му се даде акцент на луксузот што го нема во автобусот, повеќе место, побрзо патување, чист и уреден тоалет достапен без вообичаените хирови на шоферот. И уште нешто ептен важно, летото е далеку но уште одсега треба да се мисли за воведување на клима во вагоните, Сепак се работи за малку вагони па мислам дека тоа нема да биде неостварливо во финансиска смисла.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Jan-2011 at 23:27
Кога говориме за моторните гарнитури, не знам зошто не е приоритет во МЖ-Транспорт обновата на електромоторните гарнитури Горбачов. Гарнитурата 412-059/060 со години стои расипана во депото Лисиче и ниту едно раководство не се сетило да ја испрати на реконструкција во Србија. Тука е и портокаловата 412-053/054, но и четвртата гарнитура која е распарчена на неколку делови.

Некој ќе каже дека модернизацијата на овие ЕМГ е скапа работа, но треба да имаме на ум дека еден Горбачов во просек собира патници еквивалентни на 5 патнички вагони. Со барем 3 исправни ЕМГ-а можеме комплетно да ги покриеме Велес, Куманово и Гевгелија плус една од нив да ни стои во резерва. Размислете, дали е поисплатливо да се обнови една ваква гарнитура или пет обични патнички вагони.

Инаку раководството во Железница дава силен нагласок на обнова на вагоните, неколку пати во периодов бев до Велес и гледам дека не се обновуваат само патнички вагони, туку и кушет вагони. Искрено, во овие моменти, со 4 максимум 5 кушет коли можеме да ги покриеме потребите на патниците дури и во летниот период. Не знам зошто упорно се реконструираат кушет вагоните и обичните патнички вагони, а моторните гарнитури скапуваат во Депо Лисиче?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Jan-2011 at 23:59

Ајде овака да рачунаме:

- За Горбачовот треба да се нарачуват делови само од една одредена фирма, како мотори, претварачи,....
- За вагоните најголем дел за обновата е од домашно производство, а оние делови кој ги немаме се од многу произведители во светот а со тоа и ...
- Горбачовот не можеме да го пуштиме во меѓународен транспорт.
- Вагоните идат и преку секоја граница.
- Горбачовот иде само на елекрифицирани пруги
- Вагоните на што ги закачиш

Има уште многу за набројување, но мислам овие се најглавни и за мене многу логичн приоритет.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-Jan-2011 at 00:24

Голем дел од напишаното го поддржувам, но сепак, европското искуство покажува дека патничките вагони полека се исфрлуваат од употреба на сметка на моторните гарнитури.

Понатаму, сметам дека Горбачов може многу полесно да се оспособи за превоз на велосипеди и да се климатизира, чекор што треба да го следиме од европското искуство.

Понатаму, локомотивите ни требаат за товарниот сообраќај, наместо да ги користиме во патничкиот.

Понатаму, модернизацијата на пет патнички вагони е поскапа од модернизацијата на една електромоторна гарнитура.

Понатаму, вистина Горбачов не е за меѓународни возови, јас говорам за внатрешниот патнички сообраќај, Горбачов со својот капацитет е идеален за превоз на голем број на патници на помали растојанија...

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 07-Jan-2011 at 20:04
Какви се т.н. Шпанците на Хрватски Железници за разлика од нашите...

-------------

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 07-Jan-2011 at 20:09
Ne ima bas tolku GOLEMI razliki megju nasite i hrvatskite no ovie hrvatskite izgledaat nesto poubavi i pomoderni!Ako se moderniziraat nasite spanci kako hrvatskite togas celosno zadovolen sum!

Posted By: BOJAN
Date Posted: 09-Jan-2011 at 01:45
Нашите дизелмоторни гарнитури се произведени во фабриката во Барселона, Шпанија, додека хрватските гарнитури се произведени по лиценца во Кончар, Хрватска. Тоа е основната разлика.

Исто така, хрватските се поново произведени од нашите. Треба да се земе фактот што хрватите ги модернизираат и добро ги оддржуваат Макосите, па затоа изгледаат поубави и помодерни од нашите.

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 02-Mar-2011 at 23:45

-------------

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2011 at 18:38
1

2

3

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Mar-2011 at 19:18
Valkan kako sekogas Crazy
Poslednata slika ti e ubava

-------------

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Mar-2011 at 19:31
Clov,

Преубаво си ја начекал гарнитурата

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Mar-2011 at 19:07
Има ли некаква информација за Шпанецот 712-103/104 и Горбачов 412-053/054?

Каков квар имаат, се знае ли кога ќе бидат пуштени во сообраќај, ќе одат ли на модернизација...?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 28-Mar-2011 at 19:48
Шпанецот е малку успорен заради обнова на патничките вагоните, додека горбачовот сеуште е во депото во Лисиче, а разлогот претпоставувам е некој дел што се чека, но немам точни инфо.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Mar-2011 at 19:55
Vladimir spored tebe, sto mislis koga bi pocnel modernizacijata/obnouvanjeto na gorbacov?
Inace ubavo izgleda, koga kje se renovira uste poubav kje staneYes bas me raduva

-------------

Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Apr-2011 at 22:54
Денес излагајќи од саем го видов Горбачов 412 - 053/054 во сообраќај накај Табановци. Конечно, по 10 - тина месеци успеаја да го оспособат за превоз за патници. И да ве разочарам, во овие 10 месеци никој не се потрудил едниот плав вагон да го префарба во портокалова боја каква што е целата гарнитура. Сепак, со ова бар малку би се намалил недостигот на патнички вагони.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Apr-2011 at 20:29

 МЖ 412-055 / 056 и Титов Врв со својте 2.748 m

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 26-Apr-2011 at 17:31
Последниве денови Шпанецот 712-107/108 доминира на пругата кон Кичево. Во петокот пред Велигден пристигна од Кичево во 7:35 часот и веднаш тргна назад кон Кичево во 8:05 часот. Денес повторно возеше на патничкиот воз од 12:18 часот на местото на стандардниот Кенеди со патнички вагони.

Морам да приметам дека оваа Макоса од ден во ден се повеќе се распаѓа, од внатре и од надвор е испошкртана, тоалетот неупотреблив, а единствено внатрешноста на вагонот е пристојна со огромните седишта за спиењеSmile!

Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Jul-2011 at 17:45
еве и од мене една слика што е имам поставено на Google earth,на мостот кај село Грешница,на десетина километри северно од Кичево према Скопје

Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Jul-2011 at 21:59
Ова ќе да е вечерниот воз од Кичево за Скопје или попладневниот од Скопје за Кичево, Шпанецот тогаш вози денски .

Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Jul-2011 at 22:12
Bojan,појди десно на сликата ќе видиш 19.21 часот,возот доаѓаше од Скопје кон Кичево,но малу каснеше(20 минути)

Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Jul-2011 at 22:28
Хихи, сега го видов часот, Шпанецот каснел малку повеќе, според возниот ред во 19:15 часот истиот треба да појде од Кичево за Скопје, а не да биде помеѓу Зајас и Длапкин Дол , т.е. би требало да биде тука ама во спротивен правец. Додуша, во летниов период вечерниот воз за Скопје и така не сообраќа освен во недела.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Jul-2011 at 22:57
Од сликата на сенката на мостот е западно сонце но кратко, значи нешто после зенитот.
Тогаш тоа би бил возот 6903 кој тргнува од Кичево во 12:18 часот.

П.С. Датумот и саатот може да се заборави да се намести при промена на батеријата на полно апарати кој не го памтат времето еднаш наместено.

Но авторот се надевам е сигурен како сто вели.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Jul-2011 at 23:01
времето и датумот се точни бидејќи јас ја сликав сликата и ја ставив на google earth,се наоѓа на раскрсницата за село Грешница,пред Зајас,можи да ја побарате

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Jul-2011 at 23:08
Еве ја твојата позиција, но сепак за мене е збунувачка,

но сигурно грешам

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Jul-2011 at 23:23
да,таа е локацијата а на 5о метри зад возот во правец на север има уште еден мост кој поминува над магистралниот пат за Кичево и Охрид.По него се поминува со кола,а под овој мост се поминува кога се оди за с.Грешница,с.Лешница и с.Бачишта.Кога се оди према Кичево,овој мост е од десна страна на околу 20 м.местото се вика `Сатеска` и е познато по многу сообраќајни незгоди на магистралата кај тие два моста

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 04-Aug-2011 at 23:45
Шпанецот некогаш во Битола...

-------------

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Aug-2011 at 23:21
Даниел, го има ли датумот на овие фотографии

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 05-Aug-2011 at 23:42
Нема датум, случајно ги најдов. Уствари ги извадов од видео на youtube.

-------------

Posted By: Тркало
Date Posted: 06-Aug-2011 at 03:34
Originally posted by Danielbtmk

Нема датум, случајно ги најдов. Уствари ги извадов од видео на youtube.

Can we have the линк до видеото ,please?

Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Sep-2011 at 16:36
Originally posted by Vladimir P

Воз i-R 1911 Велес - Скопје, МЖ 412-056

Иначе гарнитурите се од нормални железни профили обложени со плех, никакво посебно обезбедување,
Ќе се потрудам и фото да постирам

Оваа гарнитура стои во депо Лисиче наместо да сообраќа. Знае ли некој од форумашите што се случува, некој потежок дефект или брзо ќе биде ставена во функција?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Sep-2011 at 18:16
Originally posted by BOJAN

... Оваа гарнитура стои во депо Лисиче наместо да сообраќа. Знае ли некој од форумашите што се случува, некој потежок дефект или брзо ќе биде ставена во функција?

Редукторот при враќање од Гевгелија е отиден, и се работи на неа.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Sep-2011 at 22:40
Originally posted by Vladimir P

Originally posted by BOJAN

... Оваа гарнитура стои во депо Лисиче наместо да сообраќа. Знае ли некој од форумашите што се случува, некој потежок дефект или брзо ќе биде ставена во функција?

Редукторот при враќање од Гевгелија е отиден, и се работи на неа.

Се надевам дека ќе ја бидне во брзо време и дека со нејзиното враќање во сообраќај ќе се намалат гужвите по возовите и ќе нема проблеми со блокади на пругата.

Posted By: N23
Date Posted: 20-Sep-2011 at 17:11
Не знам за вас, но мене новиве дизелмоторни возови кои ги купија Србите од Русија ми се одвратни. Можеби мојата перцепција за возови после европското искуство ми е зголемена, но овакви сигурно не би сакал да видам низ Македонија. Изгледаат премногу просто, едноставно и наликуваат на нашите Горбачови (се гледа Русите не мрднале многу во поглед на дизајнот). Кога ќе се решат конечно нашите да набават нови возови, строго треба да бидат од некој фирма со големо реноме и застапена на западниот пазар, затоа што од искуството со лаз-овите не можеме многу да се осфрнеме на источно-европските компании. Вакви возови за наши прилики се задоволителни само на релации до Велес или Куманово, но не ми изгледаат складни за долги релации, како на пр до Битола.
Еве и фотографии.
http://www.mondo.rs/tg5345/Foto/Vesti/Srbija_dobila_nove_vozove.html

Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Sep-2011 at 18:47
http://www.palitsyn.com/__data/assets/image/0012/3180/bmw-vs-lada.jpg

Тука доволно е илустрирано колку русите се по дизајнот. Како вода и зејтин се. Дизајнот и немора да е некој којзна еколку футуристички, до некои најнови граници за аеродинамичност на што ние сме навикнати, така да може и да не е толку лошо тоа што србите го земале за вакви услови за железници по балканов како што се.

Posted By: mon
Date Posted: 20-Sep-2011 at 22:18
Sporedete gi cenite od tie renomirani proizvoditeli koi gi naveduvate so cenite na ovie ruski vozovi,
na toa dodadete ja finansiskata sostojba na Srbija i ce vidite zosto e ova najdobrata opcija na
Zeleznicite na Srbija.
 
Plus, dokolku rusite garantiraat upotreblivost od 30 godini kako sto nekade procitav,
toa e odlicna zdelka koja finansijski ce se isplati, narocito koga se znae deka i tie renomirani
proizvoditeli garantiraat slicno vreme na upotreblivost na svoite vozila.

-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net

Posted By: BOJAN
Date Posted: 20-Sep-2011 at 22:35
Јас само ќе речам, споредете ги цените и видете како стојат работите, цените се понекогаш и повеќе од двојно поскапи.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Sep-2011 at 22:48
Не ја разбирам дискусијава, цена, цена, цена, ...

Дали исто важи и за вас кога купувате кола па го земате „Трабантот“ како наефин или тежнеете да земете кола која е издржлива во сите услови која гарантира долгогодишна подршка на резервни делови, кока е потврдена на пазарот, која троши далеку помалку, која ..... ќе ви служи за вашите потреби.

П.С. Не заборавајте го и односот на Србија со Русија.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 20-Sep-2011 at 22:53

Добро сега, МЕТРОВАГОНМАШ не е шарлатанска компанија, се работи за угледна компанија која произведува огромен број на метро и дизелмоторни возови. Русија башка има огромна мрежа на пруги и развиена железница, па и самата купува вакви машини.

Posted By: N23
Date Posted: 20-Sep-2011 at 23:00
Ама што направивме ние гледајќи ги цените? Од украинскине возови лупа секој дел и на најмала нерамнина на улица се осеќа како да ќе се распадне автобусот. Плус се работи за возови, кои во земји како Македонија или Србија ќе возат најмалце 20-тина години (освен ако некако магично се промени финансиската ситуација во двете држави па да може да се купуваат возови секоја година). Лично сум против тоа да се купуваат ефтини возови или вагони затоа што за наши услови е многу покорисно полека да се обновува возниот парк, но со поквалитетни и поскапи возови. Билетите секако би биле поскапи со таквите гарнитури, но барем услугата што ќе се добие ќе биде многукратно подобра од онаа која се нуди сега.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Sep-2011 at 23:17
Бојане, забораваш дека Русија има огромна количина на Siemens Velaro - ICE 3 иако има свое производство !!!???

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: mon
Date Posted: 20-Sep-2011 at 23:22
Originally posted by Vladimir P

Не ја разбирам дискусијава, цена, цена, цена, ...
 
Pa Vladimir, cenata e osnovnata pricina zosto srbite se odlucija tokmu za ovaa garnitura.
Isto kako i nie so kineskite dvokatni avtobusi, neli!? Yes
 
A koga sme kaj Trabantot: dali ti bi kupil skap avtomobil za da go vozis po planinski i neasfaltirani patista na kakvi sto licat prugite vo Srbija? LOL
 
Jas od moja strana samo bi im cestital i bi postavil prasanje koga MZ ce se odlucat na nekoj
vakov cekor i kupat nesto novo, od fabrika?
 
-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Sep-2011 at 23:40
Originally posted by mon

Pa Vladimir, cenata e osnovnata pricina zosto srbite se odlucija tokmu za ovaa garnitura.

Дали, но има време па ќе зборуваме во некое идно време.

Originally posted by mon

Isto kako i nie so kineskite dvokatni avtobusi, neli!?

Тука незнам, но еден плус можда, реков можда е големината на самиот производител

Originally posted by mon

A koga sme kaj Trabantot: dali ti bi kupil skap avtomobil za da go vozis po planinski i neasfaltirani patista na kakvi sto licat prugite vo Srbija?

Не, зато го ставив во наводници, но затоа ке купам некое мало возило, ... секако не ферари или волга,

Originally posted by mon

]Jas od moja strana samo bi im cestital i bi postavil prasanje koga MZ ce se odlucat na nekoj vakov cekor i kupat nesto novo, od fabrika?

Е тука се слагаме, и се надевам дека ќе земат нешто што ќе се исплати а не нешто што ќе го сервисираме нон стоп (земи го примерот со 661 колку траат)

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: mon
Date Posted: 21-Sep-2011 at 00:10
Vladimir, logicno e se toa sto go kazuvas medjutoa srbite sigurno gi imaat prevrteno dzepovite,
imaat prebroeno kolku se istreslo od niv pa vrz osnov na toa ja imaat doneseno odlukata
za nabavka bas na ovie garnituri.
 
A i raka na srce, posto garniturite ne se nameneti za dolgi relacii tuku za taka da se izrazam
 "medjugradski" relacii, ne treba i mnogu da se ocekuva od niv.
LOL

-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net

Posted By: BOJAN
Date Posted: 21-Sep-2011 at 08:59
Конкретно овие возови што ги купија србите се однесуваат исклучиво за локален патнички сообраќај на неелектрифицирани пруги. Ако купуваме возови за меѓународни релации, тогаш тие ќе бидат сигурно со поголем и позначаен производител.

Јас пак ќе пишам, да прочитаме низ руски форуми какво е досегашното искуство од моторните гарнитури на Метровагонмаш во Русија, кои ги има барем неколку стотици низ целата држава. Да го видиме искуството со Унгарија и Литванија, како се покажале во овие земји од ЕУ и потоа да коментираме дали се добри и лоши.

Искрено, јас прочитав доста позитивни коментари за овие возови, секако Деларо се можеби подобри, иако барем според тоа какви седишта добија патниците во новите руски возови, не можам да го потврдам истото. Сименсовите моторни гарнитури се употребуваат, да речеме, во Бугарија па може и да го дознаеме и нивното искуство со овие возови, особено со удобноста на патниците.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Sep-2011 at 21:58

Бојане никој не спомна, дали се добри или лоши, него цело време зборуваме за цена а со тоа и некој додатни видувања и релации.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: polval
Date Posted: 01-Oct-2011 at 11:08
Што се однесува до превозот на кратки и средни растојанија Русите се и тоа како авторитет. Вистина е дека Русија има 8 возови Velaro, но вистина е и дека има којзнае колку возови од руско производство за кратки и средни линии. Со такви бројки Веларо нема некој голем удел во транспортот. Velaro  се користи исклучиво помеѓу Москва и Ст. Петербург а по таа линија има класични возови за брзини до 200 км/ч уште од пред 1980.

Што се однесува до новите моторни возови на ЖС тоа е руска верзија на Дезиро. И едниот и другиот се градски автобуси на шини и се сосема различна категорија од Веларото.

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 15-Oct-2011 at 18:31
Чудна и неофицијална која ја добив пред малку: МЖ ќе купува 2 возови (моторни гарнитури) од Словенија. Но колку е точно ќе видиме наредниот период Confused

-------------

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Oct-2011 at 01:46
Баш така , мислам дека е нешто друго, но ...

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: mon
Date Posted: 16-Oct-2011 at 10:01
Od Slovenija?
Pa tie nemaat proizvodstvo na motorni garnituri...
Znaci, ako vesta se pokaze tocna toa ce bide nekoja "staro-nova" garnitura... Ohno

-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net

Posted By: gjoko
Date Posted: 16-Oct-2011 at 10:11
вероватно половна ќе се набави,само ремонтирана,што за нас и не е така лошо.со оглед на нашиот менталитет кој се покажа и докажа на новите автобуси,јас не би купувал нови се додека народот не почне да се однесува како кон своја имовина

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Oct-2011 at 11:28
Originally posted by gjoko

вероватно половна ќе се набави,само ремонтирана,што за нас и не е така лошо. со оглед на нашиот менталитет кој се покажа и докажа на новите автобуси, јас не би купувал нови се додека народот не почне да се однесува како кон своја имовина

gjoko, е за ова од мене
додуше сите го знаеме но никој нејќе да си го признае што сто.. сме.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Oct-2011 at 13:12
Такво однесување од поединци одбивам да ми се препишува мене како карактеристика и на други 99 проценти од Македониските граѓани. Моментална неорганизираност, која не знаеме каква ќе биде за неколку месеци, зашто е тоа менлива категорија, неможе да се препише како генетска карактеристика за век и векови. Македонските граќани заслужуваат нов превоз повеќе од било кои, и не се ништо различни од било кои граѓани низ свет. Критикувајте ги службите што не откриле, казниле, превенирале или санирале штети, а платени се за тоа.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Oct-2011 at 16:20
lslcrew, потполно ја разбирам твојата гневност кон оваја карактеристика за нас која боли но за жал е реалност.
Моето искусво собрано сиве овие години од барем еднаш недолно возење низ Македонија со воз го потврдува спротивното, без да набројувам невидени случки.

За другиот дел дека и другата страна има пропусти потполно се слагам, но претворањето во џандарска држава мислам ќе отиде во друга крајност.
Домашното воспитување пред се, а се друго потоа.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: mon
Date Posted: 16-Oct-2011 at 16:51
Neznam kako e sega ama porano imase edno kupe nameneto za policijska patrola
koja na relacijata Skopje-Kicevo odese vo kontrola po vagonite najmalce dva pati,
posle zapiranjeto na vozot vo Tetovo i Gostivar.
 
Ako nisto drugo, covek se cuvstvuvase nekako pobezbeden.
 
-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net

Posted By: BOJAN
Date Posted: 24-Oct-2011 at 21:41
Мошне занимлива состојба денес кај македонските возови. Моторната гарнитура 712-107/108 на експресниот воз „Пелагонија експрес“! Истовремено троделната гарнитура е означена со броеви до вратите како вагони, претпоставувам дека е тоа поради резервацијата на седишта. Од друга страна, Кенеди со 2 вагони сообраќа на возот за Кичево.

Зошто Шпанецот е ставен на експресниот воз за Битола?

Posted By: BOJAN
Date Posted: 03-Dec-2011 at 23:05
МЖ - Транспорт купува резервни делови за дизел моторните гарнитури Шпанци. Владимир, ај тебе да те прашам, дали се работи за стандардна набавка за постоечките гарнитури во возна состојба или пак е планирано да се обновуваат 712-103/104 и 712-105/106 кои не возат подолго време поради расипани мотори и недостиг на делови? Еве и линк: http://tendernik.com/node/19654

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Dec-2011 at 19:45

Во Колска една гарнитура чека за мотор-и, а и тендерот е за нормална набавка на резервни делови кој се за редовно одржување.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Dec-2011 at 20:00
дали има некој технички параметри за моторите и преносот од моторните гарнитури(шпанци)?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Dec-2011 at 21:24
еве дел

серија 712

погонски дизел мотори 2 x 261 kW,
Cummins NTA 855 R1 вкупно 522 kW
број на седишта 41 + 58 + 47 = 146,
инсталирана снага по патник 3.58 kW
максимална брзина 120 km/h,
тежина 980 kN,
должина 52.5 m.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Dec-2011 at 21:40
слаби се овие мотори,автобусите имаат појаки.

а Владимир,дали моторите одсекогаш биле на овие позиции или им се променувани местата(наводно порано биле еден до друг,па поради греење се преместил вториот мотор на другата страна од гарнитурата.

вакви коментари имам слушано кога патував почесто со нив

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Dec-2011 at 05:25

Точно оргиналните гарнитури се со групирани мотори, нашата модификација (која во тоа време ги одушеви шпанците) се состоеше во тоа со разделени мотори најповеќе поради големота топлина кој меѓусебе ја стварава (на пругата кон Битола)
Така да овие МЖ гарнитури се уникатни.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: MileX
Date Posted: 07-Dec-2011 at 20:44
Utrovo patuvav za SK , koga na prugata (kon Kocani) kaj selo Kadrifakovo bese zastanat 1 voz serija 712 (najverojatno rasipan) na prugata a okolu nego se vrtea nekolku luge , podolu kaj preminot vo selo Lozovo odese 1 lokomotiva 661 vo pravec na toj voz . Ima li nekoj info za sto se raboti

-------------
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Dec-2011 at 20:58
Највероватно дошло до дефект. Изгледа тендерот за мотори и резервни делови за 712-ките ќе биде добродојден.

Еве го попладневниот

Денеска видов гарнитура 712 без плуг, дали тоа бил проблемот !!!???

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Dec-2011 at 22:28
Добро, а што се случува со кочанската пруга кога Шпанците се расипани? Дали сообраќа маневарка со 1-2 вагони или можеби дизел локомотива?

Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Dec-2011 at 19:39
Може звучи смешно, ама вчера првпат патував со воз и имав чест тоа да биде шпанецот МЖ 712-107, релација Скопје - Кочани
во возот беше поладно од надвор, а патував навечер, џабе имаше греење, кога фуче промаја од сите страни, и како додаток на тоа, некои прозори не се затвораа
ако ништо друго, барем патот помина без проблем и без подолги застанувања

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Dec-2011 at 21:50

Аирлија, прво возење

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: gjoko
Date Posted: 12-Dec-2011 at 22:42
блазеси ти,јас уште го чуствувам студот од честите патувања(патешесвија)

Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Dec-2011 at 22:52
Originally posted by zabegan

Може звучи смешно, ама вчера првпат патував со воз и имав чест тоа да биде шпанецот МЖ 712-107, релација Скопје - Кочаниво возот беше поладно од надвор, а патував навечер, џабе имаше греење, кога фуче промаја од сите страни, и како додаток на тоа, некои прозори не се затворааако ништо друго, барем патот помина без проблем и без подолги застанувања

Јас со Шпанците имам поинакво искуство, а најмногу сум патувал со оваа гарнитура за Кичево. Последен пат се случи во текот оваа рана есен да биде пуштено греењето, а надвор беше топло. Во возот беше како во сауна, беше неподнослива атмосфера. Обично треба добро да се загреат моторите, па и на патниците во Шпанецот да им стане топло.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 20-Dec-2011 at 23:34
Скопските улични уметници и на новиот Шпанец 712-101/102 му подарија графит .

Posted By: nouseforname
Date Posted: 20-Dec-2011 at 23:38
noviot!! hahahahahahahah ova e stvarno tragikomicno!

Posted By: BOJAN
Date Posted: 21-Dec-2011 at 10:51
Originally posted by nouseforname

noviot!! hahahahahahahah ova e stvarno tragikomicno!

Најтрагично е што возовите не се премачкани со антиграфитна боја која може лесно да се извади. Типов што го подарил графитов ќе ја има среќата и наредните генерации патници да му го гледаат „делото“.

Print Page | Close Window