Print Page | Close Window

Сообраќајни врски Маџари - Индустриска Зона

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1072
Printed Date: 14-May-2024 at 03:16


Topic: Сообраќајни врски Маџари - Индустриска Зона
Posted By: lslcrew
Subject: Сообраќајни врски Маџари - Индустриска Зона
Date Posted: 20-Sep-2010 at 00:42
Нишкава ја отворам со цел да ги разгледаме двете сообраќајни врски, планирани во генералниот урбанистички план, преку железничката траса кај населба Маџари. Едната од врските ја поврзува улицата Благоја Стефковски со улицата 15-ти Корпус и оваа врска (42° 0'2.44"N 21°28'53.11"E) според некоја објективна слободна проценка е далеку поитна, полесна за изведба и многу повеќе потребна. Оваа врска би создала непрекината сообраќајница помеѓу клучката на автопатот кај Маџари и раскрницата со Булевар Војводина. Повеќе од половината население од општина Гази Баба гравитира преку овој дел од градот и ваква врска е полн погодок за драстично олеснување на комуникацијата на оваа општина со другиот дел од градот. Сега единствена комуникација е преку еден импровизиран премин (41°59'45.77"N 21°29'33.62"E) на улицата Перо Наков каде што во иднина треба да се најде уште еден премин, но за тоа подоле. Овој див премин кој е единствената комуникација (покрај автопатот кој не е практично решение за секој ден) често го слушаме по вести за разни несреќи. Придобивките од изградба на преминот за кој зборувам се огромни за овој дел од градот. Се работи само за пресекување на насипот на пругата и изградба на овој премин кој не би бил поголем од 5 метри бидејќи е само под насипот. Нема никакви ни тунели ни потешкотии за изградба. Улиците од двете страни се веќе и изградени, Благоја Стефковски е под реконструкција и останува само еден дел од дваесетина метри да биде асфалтиран. Нема никакво затварање улици додека трае изградбата. Нема објекти што попречуваат на коловозот, освен еден магацин што можеби да направи проблем со тротоарот. Изградба на вакво не би требало да трае многу време. Ако кажам месец може и ќе претерам. Се работи за две ленти и тротоари што би требало да биде нешто повеќе од десетина метри. 7 метри за лентите и останатото за тротоари. Со изградбата на овој премин веќе би можело и да се размислува за пломбирање на импровизираниот премин на Перо Наков и физички препреки да се спречи диво користење, се до изградба на вториот премин под оваа пруга во непосредна близина на овој импровизираниов.

Во прилог материјали за овој премин. Извадоци од ГУП, сателитска снимка. ДУП-от за жал само овој има грешка на страната на општина Гази Баба, ќе поставам само мала верзија.









Вториот надвозник за кој зборувам е во непосредна на импровизираниот на Перо Наков. Се работи за премин кој е дел од една сообраќајна врска која сега за сега воопшто не му е значајно потребна на градот, но поради комплетност на анализата за првиот премин ја постирам и оваа сообраќајна врска. Се работи за сообраќајна врска која го поврзува Ново Лисиче со една сеуште неизградена клучка на автопатот (За која што имаше најава една лани и остана само на тоа). Се работи за сообраќајница долга нешто повеќе од два километра. Но настрана сообраќајницата, ја спомнувам само поради контекстот. Оваа сообраќајница проаѓа под пругата со вториот планиран подвозник, а непосредно до овој подвозник - премин се вкрстува улицата Перо Наков. Денивелирана е целата раскрница поради тоа што пругата тука е пониско одколку што е кај првиот премин. Тоа го прави преминов и малку потежок за изведба од првиот.

Во прилог материјали и за овој вториот премин.









Да резимирам. Сметам дека градот треба што поскоро да го изгради преминот што погоре прво го опишав, оној на 15-ти Корпус што е многу полесен за изведба и многу повеќе потребен. Целиот сообраќај природно ќе се преточи од тука. Градските автобуси, врската со автопатот и со Булевар Војводина ќе го направат своето. За многу исклучително малку средства, се добива една многу важна и корисна врска. Вториот премин не е толку итен, може да почека. А во меѓувреме со изградба на првиот веќе може да се размислува за трајно затварање на импровизираниот на Перо Наков и да се сврти нова страница во безбедноста на скопскиот сообраќај. За придобиките на населението нема потреба повторно да зборувам, како и за целото стопанство кое добива многу олеснета комуникација со автопатот. Клучката во Автокоманда сериозно ќе се растерети. Едноставно многу полесно "ќе дише" сообраќајот во овој дел од градот.

Пред три месеци кога почна реконструкцијата на Благоја Стефковски, градоначалникот изрази спремност да се пристапи кон изградба на овој премин.
Почна реконструкцијата на улица Благоја Стефковски

....

Градоначалникот исто така изрази спремност да се разгледа можноста за реализација на кусиот сегмент кој недостасува за поврзување на улиците Методија Андонов Ченто и XV Корпус со премин под железничките пруги. Со тоа би се добила многу значајна сообраќајна врска која е предвидена со Генералниот урбанистички план.

http://www.build.com.mk/?p=4073 - http://www.build.com.mk/?p=4073




Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Sep-2010 at 14:49
Па да се надеваме дека градоначалникот не заборавил што кажал 

Во врска со вториот премин, ме буни зошто е испланирано подземно решение. Таму пругата е на ниво на земјата и зарем не би било поефтино и подобро со улиците да се отиде во висина? Дали ми промакнува нешто?

Инаку lsl, ме збуни со она за нјавата за нова клучка на автопатот. Знам дека оној надвозник на улица Маџари е предвиден да се догради во клучка, но не памтам ланска најава за таква работа. Да не мислиш на онаа клучка што ја најавуваа во контекст на „новата населба“ кај Хипордом? Тоа е сосема нова клучка (41°59'49.90"N  21°31'3.71"E) за сосема друга улица која на југ ќе оди накај Драчево.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Sep-2010 at 15:01
Кловер да во право си за најавата, тоа беше најава за другата клучка подоле. Сепак и овој надвозник останува дека треба да прерасне во клучка во иднина.


Posted By: user8642
Date Posted: 14-Dec-2020 at 03:59
Во Скопје има една стара зацртана идеја да се спојат улиците 15-ти Корпус (стар автопазар) и Благоја Стефковски (клучка за населба Ченто), со што би се растеретила делумно клучката во Автокоманда, со што би било поефикасно влегување/излегување од Скопје, како и растеретување на улицата низ индустриската зона кај Годел/МЗТ и гужвите што се создаваат тамо секој ден околу кванташки пазар и цела таа полудива индустриско-економска зона.

Е сега пошто еднаш пред десетина години едвај беше ова споменато низ медиуми, а можеби и тука да се разговарало (ако треба префрлете го написов), и слушнавме тогаш како тоа МЖ имало толку многу сообраќај да неможело да се интервенира и слични будалаштини од објаснувања, затоа еве еден пример како тоа се прави низ свет за 2 дена, ДВА ДЕНА!!!

[tube]jFeBxzsPDQM[/tube]

https://ibb.co/djzRfjx">


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 16-Dec-2020 at 18:26
Тука и те како се потребни два премина под пругите, сегашното решение е слабо. Вардариште треба да стане спортско-рекреативен комплекс.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Aowek
Date Posted: 23-Sep-2021 at 15:47
Почна пак да се збори на големо за мостот помеѓу Маџари и Ново Лисиче. Предизборна кампања најверојатно. Во предизборната програма на сегашниот градоначалник беше и надвор на пругите кај Перо Наков кој секако е мисловна именка. Улицата од кога е направена не е асфалтирана. 3 години се збори за нејзина реконструкција но сеуште не е пипната. За стар автопазар и можеби ќе се реши тоа бидејќи наеднаш се продаде голем плац од 5000м2 за бензиска можеби нешто знаат тие однапред дека ќе има улица со оглед на тоа што веќе пред нив има бензиска на Макпетрол и подоле има на Дени интернационал. После 11 години мже да биде реалност ова.



Print Page | Close Window