Гостиварски сообраќај (општо)
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1082
Printed Date: 19-Jun-2025 at 16:27
Topic: Гостиварски сообраќај (општо)
Posted By: my Macedonia
Subject: Гостиварски сообраќај (општо)
Date Posted: 20-Sep-2010 at 17:05
Нов сообраќаен режим на булеварот "Гоце Делчев" |
 20.09.10 Во текот на викендот започнаа работите за проширување и продолжување на булеварот „Гоце Делчев„ со што се тежнее да се реши проблемот со сообраќајниот метеж во оваа сообраќајница. "Со затворањето на крстосувањето со улицата "Илинден" ќе се овозможи понормално движење и функционирање на кружните текови, бидејќи поранешниот режим пречеше во нормалниот тек на сообраќајот во овој правец" – објаснуваат во Одделението за комунални дејности, сообраќај и патишта.
 Покрај затворањето на раскрсницата, во тек е и поставување на зеленило до завршувањето на овој булевар, односно до Автобуската станица. Работите, со кои предвидено е и поставувањето на вертикалната и хоризонталната сигнализација, се очекува да завршат во предвидениот рок од една недела. Исто така, во текот на викендот се постави зеленило и во дел кај што завршува булеварот “Браќа Ѓиноски“ во населбата “Леска“, делница која се прошири пред извесно време. Служба за информирање |
http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=708&Itemid=1&lang=mk - http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=708&Itemid=1&lang=mk
|
Replies:
Posted By: Makedonij
Date Posted: 21-Sep-2010 at 08:31
19.09.2010 - Викендов во Гостивар започнаа работите околу
продолжување и проширување на булеварот Гоце Делчев, со што се затвори
кростосницата со улица Илинденска
Нов сообраќаен режим на една од најфреквентните сообраќајници во
Гостивар, булеварот Гоце Делчев. Викендов започнаа работите околу
продолжување и проширување на булеварот со што се затвори кростосницата
со улицата Илинденска.
Од локалната самоуправа на Гостивар овој потег го објаснуваат како начин
за подобро функционирање на кружните текови кај објектот на Пожарната и
Центарот за култура.
Проектот предвидува уредување на зелениот појас долж булеварот до самиот
крај, кај железничката станица. Дел од булеварот ќе се проширува.
Според најавите на надлежните од одделението за сообраќај на општина
Гостивар, работите комплетно ќе бидат завршени за една недела.
Љупка Антеска http://www.kiss.com.mk
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-Sep-2010 at 07:09
Се санира улицата во Лапушник
 24.09.10
Во населбата Лапушник од село Големо Турчане се санира улицата од
селското училиште до маалската џамија, која подолго време беше многу
оштетена поради атмосферските води и големата фреквенција на камиони
кои превезуваат дрвја од шумата.
“Ќе се санира целиот оштетен дел, а поголемиот дел од улицата ќе се
асфалтира на цела широчина. Вкупно ќе се асфалтираат околу 1000
квадратни метри, а проектот ќе достигне вредност до 1 милион денари,
тврди Сенад Емини – инженер во Општина Гостивар.
За да се одбегнат оштетувањата во иднина, со проектот е предвидено и собирање на атмосферските води во соодветен канал.

Работите, кои се очекува да завршат за неколку дена, ги изведува
претпријатието “Бал-транс”, a средствата ги обезбедува Општина
Гостивар.
Треба да се истакне дека во текот на месец август, во село Беловиште се
асфалтираше делница од патот кој води кон Мало Турчане, во должина од
550 метри. Тоа беше заедничка инвестиција на месното население и Општина
Гостивар.


Служба за информирање
http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=713&Itemid=1&lang=mk
-------------
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Sep-2010 at 18:51
При крај асфалтирањето на патот во Балиндол
 28.09.10
По завршувањето на градежните работи околу асфалтирањето на една
делница од главната улица во село Балиндол, финансирано од Општина
Гостивар, при крај е асфалтирањето и на другата делница која ја
финансира Центарот за регионален развој на Полог.
“Улицата е долга 1500 м и широчина од 4,5м и е инвестиција која го
надминува износот од 120 илјади евра. Средствата се обезбедени од
повеќе извори, и тоа Центарот за регионален развој на Полог и Општина
Гостивар, а неколку споредни улици во должина од неколку стотици метри,
партиципира и локалното население“, тврди Сенад Емини – инженер во
Општина Гостивар.
http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=717&Itemid=1
-------------
|
Posted By: Makedonij
Date Posted: 03-Oct-2010 at 13:26
Булеварот “Гоце Делчев” се шири и од јужна страна - Гостивар
По завршувањето на северната страна на булеварот “Гоце Делчев” и
хорти-културното уредување во правец на Автобуската станица, денес
започна проширување и на спротивната страна.
“Со ова проширување се добива симетрија со останатиот дел од булеварот, а
и ќе се добие погодно место за такси-комбињата кои ова место го
користат како постојка“, вели Фатмир Далипи – инженер во Општина
Гостивар.
Градежните работи изведува претпријатието “Бесјан комерц-2002”, a
зеленилото го уредува “Био-декор”. Инвестицијата се овозможува со
средства од буџетот на Општина Гостивар.



http://www.gostivar.gov.mk
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Oct-2010 at 17:59
 Булеварот кај Автобуска доби нов изглед
 14.10.10
Во вторатa фаза на инфрасртуктурни инвестиции во општина Гостивар, беше
опфатено и уредувањето на јужниот дел од булеварот "Гоце Делчев" кај
Автобуската станица.
Од општинските служби објаснуваат дека во овој дел требаше да се
интервенира затоа што Автобуската станица претставува место каде што
луѓето доаѓаат во прв контакт со градот и го делат мислењето дека
уредувањето на овој дел од градот е добро прифатено и од околните
жители и од луѓе надвор од Гостивар. Поставени се бекатонки, проширено
е местото за паркирање и булеварот добил сосема нов изглед.
Уредувањето на булеварот се однесува на стеснување на појасот помееѓу
двете коловозни ленти, со што коловозот е проширен и добиен е повеќе
простор за паркирање на возила, заменети се ивичниците и уредено е
зеленилото.


Во близина на ресторанот “Маврово“ изградена е патека со бекатонки во
уличката која води кон зградата. Жителите изразија посебна благодарност
до општината затоа што од изградбата на објекот во шеесетите години, не
бил уреден пристапот до влезот на зградата.
Појасот помеѓу коловозните ленти, деновниве беше стеснат и кај булеварорт “Браќа Ѓиноски“ во делот кон Маеларди.
 http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=741&Itemid=1
-------------
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Oct-2010 at 18:00
Свеченост по повод една од најкапиталните инвестиции во Општина Гостивар
13.10.10
Во присуство на многубројни жители на село Балиндол и
други гости, градоначалникот Османи свечено го пушти во употреба патот кој
поминува низ селото.
На присутните прв им се обрати претседателот на месната заедница Бакри
Сулејмани кој меѓу другото на своите соселани им го честита асфалтирањето на
овој пат.
- Во оваа улица по првпат се инвестира
после толку многу години оставени во заборав. Асфалтирањето на оваа улица се
овозоможи благодарение на градоначалникот проф. д-р Руфи Османи и неговата
екипа - изјави Сулејмани. Тој го повика градоначалникот Османи да им се обрати
на присутните, при што тој го искажа своето задоволство за промовирање на една
од нај капиталните инвестиции за Балиндол и за Општина Гостивар во општо.
- Во состојба на голема политичка и
финансиска криза, блаогдарение на рестриктивната политика на штедење и
домаќинско управување со јавните средства во соработка со граѓаните, Општината
успеа да ја заокружи оваа инвестиција која тежи околу 240 илјади евра - истакна градоначалникот Османи.
Тој понатаму додаде дека во оваа инвестиција општината ги покри трошоците за
канализација на овој дел од селото во износ од 90 илјади евра, а воедно се
реализира и асфалтирањето на главната селска улица во износ од 120 илјади
евра како кофинасирање со Центарот за регионален развој на Полог, а и со
самоприодонес на селаните од Балиндол за некои споредни улици во селото, во
висина од 30 илјади евра.

- На ваков начин ние ја промовиравме тезата на приватно-јавно партнерство, каде
што општината заедно со граѓаните реализираат капитални инцвестиции и така
заеднички ги решаваат проблемите наследени со децении наназад - додаде Османи.
Тој им изрази благодарност на инженерите од општината - Фатмир Далипи и Сенад Емини
кои направија многу коректна работа и сериозен надзор врз работите, како и на директорите
на претпријатијата “Пелагонија“ и “Бибај“ за изведувањето на работите.

Задржувајќи се во Балиндол, градоначалнкикот нагласи дека за една и пол година
во селото реализирани се инвестиции кои ја надминуаваат цифрата од 500 илјади
евра, како и плаќање на долгови во висина од 1,5 милиони евра.

- Покрај
канализацијата и патот, Општина Гостивар плаќа и за училиштето на ова село.
Балиндол е модел за фер соработка на општината со селското раководство,
претседателот на МЗ - Бакри Сулејмани, советникот Фејсал Јакупи и сите други
кои дадоа свој придонес за да се заокружи оваа инвестиција. Оваа работа
претставува здрава основа за да ние прдолжиме да инвестираме и во наредните
години, не само во вашето село, туку во целата територија на општина Гостивар -
истакна градоначалникот при елаборирањето на досегашните инвестиции во
општината.
На крајот, градоначалникот Османи го нагласи фактот дека
овие инвестиции праќаат јасна порака до сите граѓани од Гостивар и подалеку,
дека само со коректна соработка помеѓу нивните избраници, со коректно
менаџирање со јавните пари, можат да се надминат проблемите со кои се соочуваат
граѓаните. Тој исто така го наглсаси фактот дека македонската Влада, од неговото
доаѓање на чело на Општина Гостивар, нема инвестирано ниту еден денар во ниедна
област и дека ова е болна вистина која не смее се заборави.
По повод овој значаен настан за село Балиндол, локалните жители организираа пригоден
коктел за гостите.

http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=737&Itemid=1
-------------
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Nov-2010 at 15:17
Нов слој на асфалт кај стариот Трговски центар
 02.11.10
Како последица од големите оштетувања и последниот дефект на водоводот
во улица Илинденска близу до ресторантот “Бриони“, Секторот за
урбанизам и сообраќај одлучи да го отстрани целиот слој асфалт во овој
дел и да постави нов асфалт.
Ќе се постави асфалт на вкупна површина од 800м2 со што ќе се реши
проблемот со проодноста на овој дел од прстенот а воедно се работи и
на санација на ударните дупки низ градските улици.
Во зависност од временските услови се очекува да завршат во текот на
наредниве денови, поради тоа од Секторот за урбанизам и сообраќај
апелираат до возачите да бидат повнимателни и потрпеливи додека се
изведуваат градежните работите.

Вредноста на овој зафат
се очекува да достигне околу 600 илјади денари, а средствата се
обезбедени од буџетот на Општина Гостивар.
 http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=764&Itemid=1
-------------
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Nov-2010 at 15:21
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Nov-2010 at 19:40
Повеќе инвестиции во инфраструктурата на Чегране
 04.11.10
Во најголемата рурална населба во општина Гостивар- село Чегране,
реализирани се неколку инфраструктурни проекти, некои се во тек, а
неколку други се планира да бидат спроведени во блиска иднина.
Моделот на кофинансирање кој што сака да го промовира градоначалникот
на Гостивар проф.д-р Руфи Османи, сé повеќе ги дава очекуваните ефекти.
Во моментов се работи на асфалтирање на една од главните селски улици
со која се поврзуваат повеќе селски улички. На улицата која се наоѓа
западно од регионалниот пат кој што поминува низ ова село, интензивно
се работи на нејзино асфалтирање во должина од 400 метри и со широчина
од 5 метри, односно ќе се асфалтира вкупна површина од 2100 квадрати.
Вкупната вредност на овој проект изнесува 1,8 милиони денари.
Со асфалтирањето на оваа улица ќе се реши проблемот за движење на
стотици жители од овој крај, а ќе се стимулира и уредувањето со
самофинансирање на околните улички. Во наредните фази од Програмата за
инфраструктурни проекти, Општина Гостивар планира да асфалтира и други
поважни улици од оваа селска населба.
Пред извесно време, завршија и други инфраструктурни проекти во ова село
каде што дојде до израз јавно-приватната соработка. Со кофинансирање,
се ппоплочија три со бекатонки три улици источно од регионалниот пат, со
вкупна површина од 2710 кавдаратрни метри. Вкупната вредност на трите
проекти изнесува 2,2 милиони денари.
 http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=768&Itemid=1&lang=mk
-------------
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Nov-2010 at 17:57
Се работи на повеќе локации
15.11.10
Мошне погодното време за работа на терен, Општина Гостивар го користи
за заокружување на градежните работи планирани со Годишната програма за
инвестиции во областа на инфраструктурата.
Во населбата Лопушник во село Беловиште заврши валирањето и
тампонирањето на една селска улица која поради големите оштетувања беше
речиси непроодна. Жителите од оваа населба изразуваат големо
задоволство за овој потег на Општина Гостивар, бидејќи со ова преодно
решение ќе им се овозможи во зимски период без проблеми да ја користат
улицата пред нивните домови.
Во тек е валирањето и тампонирањето на улицата покрај каналот за
наводнување, од Седма зона до главната трафо-станица на градот, како и
на некои улички низ градот.
Покрај горенаведеното, продолжуваат работите
во булеварот “Браќа Ѓиноски” каде што при крај е проширувањето на
коловозот од раскрсницата со улица “Шуматоска“ па се до излезот од
градот, во должина од 700 метри.
Кај градското шеталиште кое од десната страна по течението на реката
Вардар почнало да го зема конечниот изглед, моментално се работи на
изградба на јавниот тоалет и уредување на левата страна од кејот. Се
очекува градежните работи да завршат кон крајот на овој месец.

 http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=783&Itemid=1&lang=mk
-------------
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 26-Nov-2010 at 12:59
Posted By: Dragan
Date Posted: 26-Nov-2010 at 14:24
 наместо да одат со тотално асвалтирање на булеварот,тие само го асвалтирале делот каде што е проширено.
-------------
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 26-Nov-2010 at 16:35
Za mene najdobro kje bese ako ja ostavija ulicata kako sto bese! Ova ovde e grdo!!!!A vo poslednata slika se postaveni i starite plocki  Do koga vaka so nekvalitetno rabotenje??
-------------
|
Posted By: Тркало
Date Posted: 01-May-2011 at 22:45
Булеварот Браќа Гиноски во Гостивар,ставено ново зеленило на островот меѓу коловозите.И скоро сите раскрсници ги форсираат со кружен тек и избегнување семафори.За сега е ок,додуша е голема гужва на лето со идењето на иселениците.
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Jul-2011 at 17:20
http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=966&Itemid=1
Ќе се асфалтираат две улици во Горна Бањица
01.07.2011
Околу 80 домаќинства од една населба на излезот од село Горна Бањица,
наскоро ќе се спасат од проблемите со кои се соочуваат околу 60
години.. Двата крака од улицата која води до крајот на селото, со
вкупна должина од 340 метри, деновиве се подготвува за асфалтирање.
"Во моментов се работи на рамнење и тампонирање на улицата и по неколку
дена двата крака ќе бидат подготвени за асфалтирање. Ќе се асфалтира
улицата во должина од 340 метри со ирочина од 3 метри ", вели инж.
Фатмир Далипи од Општина Гостивар.
Жителите изразуваат големо задоволство бидејќи, како што велат, оваа
населба постои најмалку 60 години и до сега локалната власт не
инвестирала ниут еден денар. "Постојано сме се давеле во кал или сме
вдишувале прашина", велат жителите.
За асфалтирање на улиците, Општина Гостивар од својот буџет има одвоено околу 1,2 милиони денари.
Оваа не е единствена инвестиција на Општина Гостивар во Горна Бањица.
Неодамна, една селска улица беше поплочена со бекатонки. Тоа беше
заедничка инвестиција на локалните жители и на Општина Гостивар.
Улицата во оја беа поставени бекатонски плочки е долга 120 метри и со
просечна широчина од 3,5 метри.
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-Oct-2011 at 18:19
Уредување на јавната површина кај спортската и проширување на игралиштето во нас. Карагач
 26.10.2011
Јавната површина кај спортската сала во Гостивар, се поплочува со
бекатонки. Претходно се отстрани стариот асфалт, се израмни и се
тампонира површината, а во тек е поставувањето на бекатонски плочи.
Површината која се уредува е во склоп на градскиот паркинг и дворот на
колективните згради и истата служи за движење на пешаците и паркирање
на возилата.
Според динамиката, се очекува утре да завршат работите и оваа површина
да се стави во функција. За оваа намена, од буџетот на Општина Гостивар
одвоени се 5000 евра.
Со средства обезбедени од Општина Гостивар, се прошири и спортското
игралиште во населба Карагач под железничка пруга, со што овој терен ги
исполнува критериумите за што е наменет.




 http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1070&Itemid=1 ----------------------------------------------------------------------------------------------------- Уредување на инфраструктурата кај блокот згради во близина на полициската станица
 26.12.2011
За граѓаните кои живеат кај блокот на колективни згради и индивидуални
куќи во близина на полициската станица во Гостивар, наскоро ќе се стави
крај на проблемите кои ги засегале години наназад.
Општина Гостивар денес започна со подготвителните работи за поставување
нов асфалт на крак на улица "18 Ноември" во близина на полициската
станица, која што води до заедничкиот двор на неколку колективни згради и
индивидуални куќи. Жителите на оваа населба, околу 80 домаќинства,
наскоро ќе добијат асфалтирана улица, пешачка патека и паркинг
поплочени со бекатонки со што ќе се задоволат потребите на блокот.
"Првично, го отстрануваме стариот слој асфалт и ги нивелизираме шахтите.
Улицата и дел од паркинг ќе го асфалтираме, а пешачката патека ќе ја
поплочиме со бекатонки“, објаснува Фатмир Далипи од Канцеларијата за
имплементација на проекти.
Проектот е дел од инвестициската програма на Општина Гостивар, за 2011 година.
 http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1068&Itemid=1
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 07-Jan-2012 at 16:34
I Skopje treba da napravi vakvo nesto, videte sami http://www.gostivari.gov.mk/map.html
-------------
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 07-May-2013 at 09:03
Хортикултурно се уредува влезот во Гостивар
Деновиве екипи Јавното претпријатие “Комуналец“- Гостивар работеа на уредување и зелените површини на влезот на град Гостивар. Во извршените активности засадени се дрва, цвеќиња и уреден е тротоарот од едната страна на влезот во Гостивар.
Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта истакна дека станува збор за едно ветување кое им е дадено на граѓаните за уредување на животната средина и за одржување на хигиената и зеленилото во Гостивар.
- Треба да ја уредиме животната средина, бидејќи сме ветиле дека градот ќе го држиме чист и позелен. Во првите десет денови почнавме да садиме дрва кои ќе го разубават градот и Гостивар да добие сосема нов лик. Убеден сум дека во наредните четири ќе садиме дрва и цвеќиња и ќе го разубават градот, бидејќи така сакаат граѓаните на Гостивар - истакна Бејта.
Директорот на ЈП “Комуналец” Мемедали Џафери информира дека со оваа акција е предвидено засадување на 66 дрва од типот Каталпа долж булеварот “Браќа Ѓиновски”, како и изградба на тротоар со бекатонски плочки во должина 55 метри и широчина од 1 метар. Според него, овие активности чинат околу 910.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гостивар.
http://lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=20902%3A2013-05-07-07-24-26&catid=144%3Agostivar&Itemid=143&lang=mk - http://lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=20902%3A2013-05-07-07-24-26&catid=144%3Agostivar&Itemid=143&lang=mk
------------- За сè има вторпат
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Oct-2013 at 07:15
Нова улица и тротоари во гостиварската населба Малеарди
Во населбите Седма зона Малеарди во Оштина Гостивар, по повод празникот Курбан Бајрам, свечено беа пуштени во употреба повеќе ново асфалтирани улици и изградени тротоари.
Овие инсфраструктурни проекти беа промовирани од страна на жителите на овие две населби и градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта.
Покрај асфалтирањето на улицата и уредувањето на тротоарите, се уредија и парковите и паркинзите кај колективните згради.
- Преземената инвестиција од страна на Општина Гостивар, ја поздравија и жителите од оваа населба. Тие му се заблагодарија на општинското раководство за инвестицијата, со што се овозможи слободен и безбеден сообраќај. Должината на улицата е 177 метри, а широчината 6 метри. Вредноста на инвестицијата е 3.500.000 денари, истакна градоначалникот Бејта.
Бејта им вети на жителите од населбата и инвестиции за надминување на проблемот со каналот кој поминува низ оваа населба.
http://lokalno.mk/nova-ulica-trotoari-vo-gostivarskata-naselba-maleardi/ - http://lokalno.mk/nova-ulica-trotoari-vo-gostivarskata-naselba-maleardi/
------------- За сè има вторпат
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 07-Jul-2014 at 22:29
Ќе се реасфалтира булеварот на влезот на град Гостивар |
http://www.gostivari.gov.mk/web/index.php/mk/lajme-na-komuna/394-do-riasfaltohet-bulevardi-ne-hyrje-te-qytetit-ne-gostivar?format=pdf"> |
http://www.gostivari.gov.mk/web/index.php/mk/lajme-na-komuna/394-do-riasfaltohet-bulevardi-ne-hyrje-te-qytetit-ne-gostivar?tmpl=component&print=1&layout=default&page="> |
http://www.gostivari.gov.mk/web/index.php/mk/component/mailto/?tmpl=component&link=9a4e9707e23fe93303a52f8df1fc180b93a4fbf9"> |

Гостивар, 7 јули 2014
Поради
големите оштетувања, Општина Гостивар започна со реасфалтирање на
булеварот “Браќа Ѓиноски“, на влезот на градот до првиот кружен тек.
Работите одблизу ги следеше градоначалникот Невзат Бејта заедно со неговите соработници.
“Ќе се рехабилитира и реконструира булеварот Браќа Ѓиноски до
раскрсницата кај улица 101. Вкупната должина е околу 370 метри,
широчината на двете коловозни ленти е по 6,8 метри. На централниот дел
од улицата близу рабниците во широчина од 2 метри ќе се извади комплет
асфалтот, ќе се тампонира од почеток, претходно ќе се постави основен
слој асфалт од 7 цм и финалниот слој ќе се постави наеднаш“, рече Јетон
Салија од Секторот за урбанизам при Општина Гостивар.
Вкупната површина на улицата која ќе се реконструира е околу 2500м2 а вкупната вредност на овој проект е околу 7 милиони денари.
Според динамиката предвидена од изведувачот, се очекува работите да завршат за 15 дена.
Сообраќајниот режим се одвива само на една коловозна лента, а на другата се изведуваат работи.
Центар за информирање
     
http://www.gostivari.gov.mk/web/index.php/mk/lajme-na-komuna/394-do-riasfaltohet-bulevardi-ne-hyrje-te-qytetit-ne-gostivar
|
Posted By: jyvation
Date Posted: 23-Jul-2014 at 12:04
Завршена е реконструкцијата на булеварот "Браќа Ѓиновски"
извор:Општина Гостивар
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jul-2014 at 11:37
<3
Многу ми е ќеф дека вториот официјален јазик во општината е напишан пред официјалниот во државата! Сега нема да се чувствуваат толку лошо поради нивните мали полови органи!
------------- Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
Posted By: N23
Date Posted: 24-Jul-2014 at 15:45
Освен ова со јазикот, мене ми е мерак што Гостивар иде напред, зашто е едини град во Македонија каде предност е што е мешан град. Од друга страна, Гостивар е меѓу градовите со најдобра инфраструктура кај нас, се работи добро, особено овој градоначалник сеа што им е, уште во неговиот прв мандат пред 8 години го препородил градот. За само 17 дена реконструираа асфалт у должина од 350 метри. Кај нас коа реновираа у Аеродром и кај НБРМ 3 месеци им требаше за оваа должина. Зеленило има поише него у Скопје, чак и паркирањето е така симпатично средено, што уопште не иритира. И најбитна ствар, баш на почетокот на браќа Гиновски е една од најдобрите слаткарници у Македонија. А благото внатре е буквално лудило
------------- 23ka.wordpress.com
|
Posted By: kultuzin
Date Posted: 24-Jul-2014 at 15:49
Ова со јазикот е голем проблем за кој за жал ние како Македонци воопшто не сме сензибилни и не си ги фаќаме работите на време. Се знае кој е официјален јазик во земјата а кој втор јазик и во кој општини тој јазик се користи. Додека Албанците бараат влакно во јајцето ние сме премногу пасивби кога е во прашање толкување и спроведување на законите на цела територија на Македонија.
|
Posted By: jyvation
Date Posted: 24-Jul-2014 at 16:06
Овие слики се само поткрепа на она што сите го велат.Дека во вакви Општини владеат други закони
|
Posted By: ehrlich
Date Posted: 24-Jul-2014 at 19:22
Ова се слики кои некој да не е запознат ќе си рече дека станува збор за албанска општина во Албанија, каде македонскиот јазик е малцински јазик и признат во рамките на општината. Туку каде е тука турскиот јазик, кога и тој е официјален јазик во општината. Се гледа кој дискриминира низ државава и кој врши владеење на малцинството. За вакви постапки Министерството за локална самоуправа или МВР треба да покрене прекршочна постапка и веднаш да ги отстрани таблите, ама тоа за жал нема да се случи.
|
Posted By: phenomenon
Date Posted: 24-Jul-2014 at 20:41
Во илирскиот град Куманово:

------------- 開始されていないだけの戦いが失われ、
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Jul-2014 at 23:30
Ајде не одите офтопик важно е што улицата супер изгледа и дека квалитетот на живеење се подобрува. Што како се зборува/пишува, такви проблеми не се за овде!
|
Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Jul-2014 at 15:50
Originally posted by my Macedonia
Ајде не одите офтопик важно е што улицата супер изгледа и дека квалитетот на живеење се подобрува. Што како се зборува/пишува, такви проблеми не се за овде! | збориме за стандарди, не за политика
------------- Architects create dreams...politicians create nightmares
|
Posted By: ehrlich
Date Posted: 25-Jul-2014 at 16:47
Originally posted by my Macedonia
Ајде не одите офтопик важно е што улицата супер изгледа и дека квалитетот на живеење се подобрува. Што како се зборува/пишува, такви проблеми не се за овде! |
Како што ти пишале и погоре, јас зборам за начинот на пишување на сообраќајните табли, кои спаѓаат во делот од улицата и како се останато и тоа е обновено и поставено од Општина Гостивар. Како што ја пофаливме изработката, така и ќе критикувам за начинот на таблите. Очигледно нема да дочекаме да се казнуваат вакви работи. Додека на национално ниво се жалат на дискриминација, тие самите вршат дискриминација на локално ниво, каква иронија.
|
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 26-Jul-2014 at 05:57
Originally posted by ehrlich
Originally posted by my Macedonia
Ајде не одите офтопик важно е што улицата супер изгледа и дека квалитетот на живеење се подобрува. Што како се зборува/пишува, такви проблеми не се за овде! |
Како што ти пишале и погоре, јас зборам за начинот на пишување на сообраќајните табли, кои спаѓаат во делот од улицата и како се останато и тоа е обновено и поставено од Општина Гостивар. Како што ја пофаливме изработката, така и ќе критикувам за начинот на таблите. Очигледно нема да дочекаме да се казнуваат вакви работи. Додека на национално ниво се жалат на дискриминација, тие самите вршат дискриминација на локално ниво, каква иронија. |
Па колку табли се само на македонски и англиски а другите јазици ги нема? Тие табли секако дека не се коментираат тоа се знае. Барем бидете реални и не се жалите за нешто, што и така не се респектира од мкд страна Добро ај, да не влеземе подетално
|
Posted By: stratus
Date Posted: 26-Jul-2014 at 08:18
Македонски, албански и англиски. Треба да има три јазици по тој редослед, а во Шуто оризари втор јазик на таблите да е ромски (Иако тука нема разлика)
|
Posted By: N23
Date Posted: 26-Jul-2014 at 08:32
Момци, да не ја затвориме и оваа тема за џабе, воздржете се од понатамошни коментари за јазиците на табли кои ги поставува локална самоуправа, особено за Гостивар, место кое што има веројатно најдобар соживот во Македонија. Речиси и невозможно е да се сретне Македонец од Гостивар кој има лош збор за неговиот град, а за се останато овој форум не е место за мерење, тоа се знае каде се прави. Еднаш се имаше шанса и не се искористи. Позади компјутер е најлесно, а бидејќи сите знаеме каде живееме, ќе ве замолам од натамошно воздржување од непотребни коментари.
------------- 23ka.wordpress.com
|
Posted By: daci92
Date Posted: 12-Nov-2014 at 18:36
Општина Гостивар почна со уривање на објекти за пробивање пат до населбата Дутло
од НОВА | објавено на: 10-11-2014 16:14:36
новинар: Зоран Димовски
Започна уривањето на куќите на улицата ЈНА во Гостивар, каде локалната
самоуправа ќе гради пат кој ќе води до населбата Дутлок. Сопствениците
на објектите со градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта, постигнале
договор за обештетување на нивните домови. Почетокот на уривањето
неколку пати беше одложувано со протести и спречување на градежните
работи од страна на жителите, поради неможноста да постигнат договор со
општината околу сумата која треба да им биде исплатена како компензација
за нивните куќи.
- Да точно е денеска дозволивме уривање на нашите куќи, затоа што со
гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, постигнавме заеднички договор
за обештетувања. Точната сума која треба да ја добиеме се уште не е
конечно дефинирана, но се надеваме и за ова ќе најдеме заеднички јазик,
вели еден од сопствениците на куќите.
Градоначалникот Невзат Бејта вели дека со пробивањето на овој пат,
сообраќајот во Гостивар ќе биде значително растеретен, и гужвите во овој
дел на градот ќе бидат минато.
- Ова се прави во интерес на нашето општество. Давам збор дека
сопствениците на објектите ќе бидат обештетени. Денеска го отворивме
најглавниот пат во Гостивар со кој населбата Дутлок ќе се поврзе со 3
средни училишта, Гимназијата, Средното Медицинско и Средното Економско
училиште, новиот пат исто така ќе води и до повеќе институции, изјави
гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта.
Одлуката за отворање на патот што ќе ги поврзе улицата „ЈНА“ со
населбата Дутлок беше изгласана од гостиварскиот Совет во март
годинава. Во текот на денешниот ден беа урнати првите две куќи. Според
најавите по расчитување на градежниот отпад ќе се продолжи со
отстранување на останатите објекти.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=22&vest=17987 - http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=22&vest=17987
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Dec-2014 at 08:48
ПО ПОЛОВИНА ВЕК НОВ МОСТ НА ВАРДАР ВО ГОСТИВАР
Гостивар - По половина век Вардар ќе добие нов мост во Гостивар. Со уривањето на четири куќи и неколку други помошни објекти беше отворена нова улица од улицата „Дебарска“ (ЈНА) на стотина метри пред бензинската пумпа на „Макпетрол“ во правец кон Маврово, која ќе излегува на реката Вардар и со мост ќе се поврзе со населбата Дутлок.
Во Урбанистичкиот план на Гостивар има маркичка за мост со две пешачки патеки кој ќе ги поврзува северниот и јужниот дел на градот, односно двата брега на Вардар. Реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе чини над еден милион евра, а средствата ќе бидат обезбедени од општинскиот и од републичкиот буџет.
Со изградбата на овој зафат се очекува да се растовари сообраќајот во централното градско подрачје, да се зголеми безбедноста во сообраќајот низ гостиварските улици, да се намалат трошоците за патување, особено на жителите што живеат на десниот брег, а кои сега минуваат по неколку километри повеќе. Со изградбата на новиот мост, на возачите на моторни возила ќе им се намали времето за да се вклучат на западната магистрала Гостивар - Кичево - Охрид и на автопатот Гостивар - Тетово. Новиот мост најмногу ќе го користат жителите на градската населба Дутлок, на приградските населби Фазанерија и Циглана, како и оние од селските населби кои гравитираат кон овој дел на градот.
„Со пробивањето на оваа улица го реализираме ветувањето што им го дадовме на граѓаните. Во наредните три години ќе го изградиме третиот мост на Вардар, кој е прв по половина век и пристапната улица“, рече градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.
Тој објаснува дека со овој инфраструктурен објект ќе се поврзе најголемата градска населба Дутлок, во која има три средни училишта, Основниот и Апелациски суд, Основно јавно обвинителство и Државното правобранителство, други институции и неколку индустриски капацитети.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=4CA7096B034920458DA38E8E16AA8F41 - http://www.utrinski.mk/?ItemID=4CA7096B034920458DA38E8E16AA8F41
------------- За сè има вторпат
|
|