Print Page | Close Window

Продолжување и проширување на булевар Х.Т.Карпош

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1083
Printed Date: 16-Dec-2017 at 18:01


Topic: Продолжување и проширување на булевар Х.Т.Карпош
Posted By: Мартин
Subject: Продолжување и проширување на булевар Х.Т.Карпош
Date Posted: 27-Sep-2010 at 12:39

Бутел ќе се поврзе со обиколницата
Идната пролет најверојатно ќе продолжи изградбата на улицата Христијан Тодоровски-Карпош кон скопската обиколница, со што подобро ќе се поврзе општината Бутел со градот. Во моментов се изработува идејниот проект за овој зафат, по што ќе следува подготовката на основниот проект, за во 2011 година да почне да се работи на терен, нé информира градоначалникот Петре Латиновски

- Ова е капитален проект за општината Бутел. Изградбата на булеварот Словенија пред три години придонесе за подобра комуникација со остатокот од градот. Со изградбата на улицата Христијан Тодоровски-Карпош и нејзиното поврзување со обиколницата на сличен начин се планира да се реши уште еден сообраќаен проблем - вели Латиновски.

Ова е многу важна сообраќајна артерија како за општината Бутел, така и за жителите на општините Чаир, Гази Баба, Шуто Оризари и Чучер-Сандево, кои ќе можат да ја користат обиколницата избегнувајќи го густиот сообраќај во градот.

Со изградбата на улицата Бутелска, булеварот Словенија и со реализација на овој проект жителите на Бутел ќе бидат најдобро сообраќајно поврзани за разлика од сите општини во градот. Овој проект има и големо економско значење, што се рефлектира со сé поизразената изградба на стопански и станбени објекти. Сето ова придонесува за намалување на невработеноста и за економскиот развој на општината - истакна Латиновски.

Проектот за изградба на улицата Христијан Тодоровски-Карпош единствено може да запне околу откупот на приватните парцели низ кои таа треба да помине и решавањето на имотноправните односи со дел од земјиштето.

Автор: Ж.В.
http://www.time.mk/read/NONE/58193c5ba2/index.html




Replies:
Posted By: alexgizh
Date Posted: 27-Sep-2010 at 12:49
Креирав нова нишка, бидејќи веќе одамна се збори за овој проект, а веќе имаме и најавен датум.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 27-Sep-2010 at 12:52
off the record: ЈЕС! Banana

И меѓу другото, "жителите на Бутел ќе бидат најдобро сообраќајно поврзани за разлика од сите општини во градот" е преувеличена лага, барем додека не се прошири Цветан Димов на 6 ленти.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 27-Sep-2010 at 13:01
Еве ја ситуацијата опишана во ГУПот. Најголема придобивка на оваа сообраќајница ќе биде конечното решавање на хаосот обележан со црвеното кругче. Косата улица би требало да ја снема, и на нејзино место да се направи продолжение на Боца Ивановска (и соодветната раскрсница со Бутелска), со што ќе се избегне сегашната ситуација кога доаѓаат возила од 6 правци, а притоа нема ниту семафор, ниту кружен тек.

За самиот булевар, јас би избрал траса што не е толку свиткана (ме потсеќа на мостот кај железничка). Знам дека најверојатно се труделе да ги избегнат куќите (кај ознаката 48 7H11 -37 - 9) меѓутоа и после нив можно е да се направи поелегантна кривина од оваа.



-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Sep-2010 at 13:03
Се работи за поврзување на следниве точки:
42° 1'32.87"N  21°27'2.77"E
и
42° 2'22.85"N  21°27'16.39"E

Навистина исклучително значајна врска од повеќе аспекти, од кои би ги издвоил како најбитни:
- докомплетирање на една од поважните сообраќајни оски на градот
- поголема достапност и искористеност на северната обиколница
- растоварување на Бутел од голем дел од сообраќајот што реално нема потреба да помине на сред населба

Но во објавата ме плаши она „најверојатно“ што се однесува на реализацијата на проектот, како и последната реченица со запнувањето што ми изгледа дека сигурно, а не дека може да запне... Па најдобро да се зафатат турбо со решавање на имотно-правните работи уште од сега, а не догодина тоа да биде оправдување за нереализација.

Исто така нејасно останува дали се работи на проект за булеварско решение (какво што е предвидено со ГУП-от) или обична улица. Реално мислам дека и обична улица во догледно време сосема би ги задоволила потребите, ама сепак би преферирал да се направи булевар и тоа прашање да се затвори.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Sep-2010 at 16:47
Ваквото искривување е делумно поради куќите, а и поради тоа што има тука некое брдо мало со благи нагиби па во рамки на стандардни и поголеми радиуси да се избегне непотребно искачување и симнување. А и нема ништо лошо во тоа да има радиуси ако тоа е според дозволиви радиуси и во рамки на стандарди за планирање. Проблем е кога се импровизира со невозможни радиуси и крпеници како новиот мост, тука не би било проблем да се избегнат куѓите, напротив пожелно е. Не сме северна Кореја да проектираме прави линии по секоја цена непотребно. Затоа се измислени тие стандарди. Овдека може би е и можно првовремено да се насочат силите и да се иде кон изградба на едниот коловоз, не е ова таков тип на зафат што захтева изградба на двата коловоза одеднаш како на пример тунелот во Кисела Вода за кој зборувавме неодамна, па да се овозможи сообраќајот па потоа без притисоци да се изгради и втората, што е доста чест и практичен случај низ Скопје.

Во однос на проблеми со експропријација не гледам дека посебно би се јавиле големи проблеми освен со таа една куќа непосредно до клучката и лозјата кои изгледа биле под некое земјоделско стопанство до пред некое време па сега најверојатно се заглавени во денационализациски постапки. Но ако си прејудицираат вака проблеми и креваат раце а приори нема ни да ги решат. Затоа уште сега нека се зафатат, да не им биде после тоа трн во изградбата.

Инаку за таа кривата улица, (се сеќавам како дете кога ја правеа, живеев во близина), незнам зашто така криво ја направија. Барем од западниот крај можеше да се направи според планот и да се формира раскрсницата како што е планирана.

Моја проценка ~ 2 до 2,5 милиона евра.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-May-2011 at 18:47

Бутел и Радишани в година поблиски

На жителите од Радишани, Љубанци, Раштак, Љуботенски Пат, единствена врска кон Чаир с` уште им е „Бутелска“ и тоа секојдневно создава невиден метеж, а и загадување

Поврзувањето на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во Бутел со северната обиколница, ќе почека до наредната година, информираат градските власти. С` уште се работи на основниот проект за булеварското решение, велат надлежните од Градот, од чија каса ќе се издвојат финансиски средства за реализација на овој зафат.

Од Општината Бутел со пробивањето на булеварот очекуваат помал метеж на нивната територија, онака како што придонесе булеварот Словенија. Оваа нова врска, освен што ќе го олесни патот на жителите од Радишани, Љубанци, Раштак, Љуботенски Пат, се надеваат и дека ќе овозможи полесен проток и на граѓаните кои гравитираат од Чаир, Гази Баба, Шуто Оризари и Чучер Сандево. Жителите од овие делови со години се движат по Бутелска и по булеварот Словенија. Кога улицата ќе се изгради, оптимисти се дека ем Бутелска нема да биде оптоварена како досега, ем загадувањето значително ќе се намали.

- Ова е навистина добар проект сличен на оној како булеварот Словенија. Населбите како Радишани, Љубанци, Раштак, веќе станаа мал град во кој постојано никнуваат нови стопански и станбени објекти. Улицата Бутелска одамна е претесна за сите, во секој дел од денот, особено во утринските часови кога има врвулица од возила по неа. Новата сообраќајница ќе го олесни движењето кон делниците на обиколницата, но и кон источниот и кон западниот дел на градот - вели портпаролот на Бутел , Снежана Клинчарова.

Граѓаните се жалат дека најавата за изградба на новата улица е стара и дека досега требаше да се реализира.

- За да стигнам до центарот на градот со автомобил ми требаат 40 минути. Верувам дека преку обиколницата ќе стигам сигурно за 20 минути помалку. Се надевам дека градските власти ќе ја изградат делницата што побрзо - вели Здравко Д. од населбата Радишани.

Сообраќајницата е предвидено да почне да се гради по подвозникот во Бутел 2, во делот кај поранешните општински бараки. Потоа, преку земјиштето на Заводот за лозарство, планирано е да се приклучи на клучката на обиколницата, во делот кај Акведуктот.

Од Одделението за односи во Градот изјавија дека сите детали околу изведбата на булеварот, ќе бидат познати по изработката на основниот проект, за кој претходно треба да се набават катастарски податоци. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D97C59461E2E7248B564D6F4BDBC4836



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Feb-2013 at 22:59
Се подготвува реконструкција и проширување на дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“

http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Gradska%20infrastruktura/Skopski%20soobrakaj/Bul%20Hristijan%20Todorovski%20Karpos/Bulevar%20HTKarpos%20mapa.jpg">Булевар%20Христијан%20Тодоровски%20Карпош%20-%20мапа

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје е избрана за најповолен понудувач за реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“ во должина од околу 600 метри. Најважната сообраќајница што ги поврзува општините Бутел и Чаир засега нема да се продолжува кон скопската обиколница. Вредноста на потпишаниот договор за санација на овој сегмент од трасата изнесува 61.070.629 денари. Градежните активности на проектот ќе се одвиваат во временски период од шест месеци. Изведувањето на електричните инсталации за осветлување на овој дел од булеварот ќе го врши компанијата „Елтра“ од Скопје за 2.478.000 денари, со што вкупниот буџет за реконструкцијата е 63.548.629 денари или преку еден милион евра.

Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ http://www.build.mk/?p=11120 - беше предвидено да се п http://www.build.mk/?p=11120 - роширува и да се поврзе со обиколницата уште во текот на минатата година . Граѓаните од Радишани, Љубанци, Раштак и Љуботенски пат веќе неколку години бараат поврзување на овој булевар со скопската обиколница со цел да се намали секојдневниот метеж на улицата „Бутелска“, која претставува  единствена врска на овие населени места со центарот на Скопје. Градската власт подолго време работеше на основниот проект за продолжување на трасата, но за отпочнување на ваквиот зафат во претстојниот период треба да се откупат приватните парцели низ кои треба да поминува булеварот и да се обезбедат неопходните финансиски средства за градежните активности.

 

http://www.build.mk/?p=22702 - #
Објавено на 09.02.2013 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%bd-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Бетон Скопје , http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d1%83%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d0%b0%d1%80-%d1%85%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd-%d1%82%d0%be%d0%b4%d0%be%d1%80%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8 - Булевар Христијан Тодоровски Карпош , http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d1%83%d0%bb%d0%b5%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8 - Булевари и улици , http://www.build.mk/?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Градска инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=%d0%b5%d0%bb%d1%82%d1%80%d0%b0 - Елтра , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје


http://www.build.mk/?p=22702


Posted By: mitatos
Date Posted: 10-Feb-2013 at 13:01
Градот Скопје требаше да превземе и некакви мерки на улицата Христијан Тодоровски Карпош во делот каде што се спојуваат 4 ленти во 6 ,тој дел е критичен ептен...  со мои очи многу коли сум видел како идат право наместо да вртат лево,а тоа може да дојде до предизвикување на директен судар, фала богу тие што живеат во Скопје го знаат овој проблем во овој булевар и досега не се десило некоја голема трагедија, али  не се сложувам дека оваа улица има многу гужва ,но поврзувањето со обиколницата би било големо олеснување за Скопје.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Portal
Date Posted: 13-Feb-2013 at 13:09
Se soglasuvam so @Cloverstack mnogu e vazno urbanisticki pravilno i celosno da se resi, dali ke bide bulevar ili pak sekoj objekt ke si napravi komercijalen prv sprat a zatoa pak nema da ima svoj parking ili ke ima vo dokumenti ama ke go koristi kako otvoreno skladiste a kolite pak ke se parkiraat na bulevarot.
Dokolku se izraboti i urbanisticki plan za levata i desnata strana na bulevarot navreme, ke ima pravilni pristapni patista i nema da se sozdade dzunglata od Cvetan Dimov. Inaku sigurensm deka pred da zavrsi bulevarot veke levata i desnata strana ke e parcelizirana i ke se izgradi urbana sredina ...
Sreka komunizmot ni ostavi nekoj red i mir vo urbanizmot, inace maf ke ni bese rabotata, od pravenje ulici pa potoa nivno prekopanje za instalaci pa pak krpenje na istite. Se nadevam deka barem ovdeka ke go nema toa...!? Ohno Sepak ne se iskluceni inprovizacii bidejki se raboti za lokalen proekt bez nekoi standardi... Cheers   
ps: So ova samo ke se namali guzvata na Butelska...


Posted By: Portal
Date Posted: 14-Feb-2013 at 01:05

ЌЕ СЕ ПРОШИРУВААТ ДВЕТЕ ДЕЛНИЦИ НА ЦЕНТРАЛНИОТ БУЛЕВАР ВО ОПШТИНАТА

Еден милион евра за помал метеж во Чаир

Нови сообраќајни ленти ќе добијат „Христијан Тодоровски-Kарпош“ и „Цветан Димов“. Станува збор за една иста улица со две имиња, која почнува кај Јаја-паша и води до населбата Бутел

Околу милион евра ќе чини проширувањето на булеварот Христијан Тодоровски-Kарпош во Чаир, во должина од 600 метри - од „Џон Kенеди“ до „Рокомија“. Тоа е делот каде што се наоѓа општинската зграда на локалната власт во Чаир.

Надлежните од Градот веќе склучиле договор со фирмата „Бетон“ во висина од 61,1 милион денари. Таа има обврска да ги заврши работите за шест месеци од потпишувањето на договорот. Одговорните од одделението за односи со јавноста не одговорија за колку ленти ќе биде проширена оваа сообраќајница, ниту кога точно ќе почне изградбата.

Освен за реконструкција и проширување на булеварот, Градот ќе издвои и 41,1 илјада евра за електрични инсталации за осветление. Ангажирана е фирмата „Елтра ДООЕЛ“.

Годинава во план е и проширување на „Цветан Димов“, улицата што води од Јаја-паша и продолжува кон Бутел под ново име - „Х.Т. Kарпош“, по што се очекува значително растоварување на метежот во Чаир. За овој зафат с` уште не се издвоени средства.

Обновата на „Христијан Тодоровски-Kарпош“ Градот ја најави уште лани. Со таа разлика што тогаш беше предвидено сообраќајницата да се поврзе со обиколницата. И тоа на барање на жителите од Радишани, Љубанци, Раштак и од Љуботенски Пат со објаснување дека само така ќе се намали секојдневниот метеж на улицата Бутелска, која претставува единствена врска на овие населени места со останатите делови од Скопје. Градската власт подолго време работеше на основниот проект за продолжување на трасата, но како што изјавија оттаму, потребни им се повеќе време и средства за да почне планираниот зафат. Во претстојниот период треба да откупат приватни парцели низ кои треба да поминува булеварот, како и да ги обезбедат неопходните финансиски средства за градежните активности.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CD090B711BEBF147995F187136EFFA0E -


Posted By: jyvation
Date Posted: 28-Mar-2015 at 01:34
Повторно се актуелизира идејата за поврзување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ со скопската обиколница



Градот Скопје претстојните пролетни месеци ќе ги искористи за изработка на основниот проект за инфраструктура за булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до врската со Скопската обиколница. Оваа недовршена сообраќајница во главниот град ќе им овозможи на жителите од населбите Бутел и Радишани да добијат алтернативна патна врска со центарот на Скопје. Проектната документација за трасата во наредните четири месеци ќе ја изработува фирмата „Геомап Дизајн“ од Скопје за сума од 1.068.254 денари. Продолжувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ е планирано да се одвива во две фази.

Паралелно со изработката на проектната документација, како еден од приоритетите на градската власт за 2015 година е проширување на постоечката траса од оваа скопска сообраќајница. Од буџетот на Град Скопје се издвоени средства за реконструкција и надградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до крстосницата со улицата „Рокомија“ во должина од 600 метри. За отпочнување на градежните активности на овој дел е неопходно најпрво да се расчистат имотно – правните односи, ако се земе во предвод дека уште од 2013 година постои потпишан договор за реализација на овој проект.

http://www.build.mk/?p=43859 - http://www.build.mk/?p=43859


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Mar-2015 at 02:16
Пред некое време одев за Радишани и одвај го најдов вистинскиот пат.да немав Мапс на мобилниот можеби и немаше да се снајдам.врти лево,па низ сокаци,па заобиколи,па.....


Posted By: daci92
Date Posted: 28-Mar-2015 at 15:33
Дај конечно нека мрдне од мртва точка ...


Posted By: jyvation
Date Posted: 30-Sep-2015 at 07:47
За проширување на на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се вложат над 3 милиони евра



Градот Скопје објави оглас за избор на градежна компанија што ќе го проширува булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Чаир, на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“, во должина од 600 метри. Градската власт проценува дека зафатот ќе чини околу 3,2 милиони евра. Сите заинтересирани компании за учество во градежните работи треба да ги достават своите понуди до 19 октомври.

#Покрај на делот што е веќе изграден, градските власти во изминативе неколку месеци работеа на основен проект за инфраструктура за оваа сообраќајница, на делот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до скопската обиколница. Со целосната реализација на идејата, булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ за граѓаните на општина Бутел ќе претставува алтернативна транспортна врска кон центарот на Скопје, односно ќе го олесни движењето кон улицата „Цветан Димов“ во Чаир. Реконструкцијата и проширувањето на првата фаза од оваа сообраќајница се оддолжува веќе неколку години наназад.

http://www.build.mk/?p=46468 - http://www.build.mk/?p=46468


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Sep-2015 at 13:54
зарем ќе им текне конечно дека тоа што е потребно на градов е да се доизградат прекинатите булевари?
и ова е само еден... што правиме со Гоце Делчев - АВНОЈ, Климент Охридски, Северниот булевар, односно поврзување на бул. Словенија со Србија и со Ѓорче Петров? или пак продолжувањето на Илинденска до обиколница?

ние немаме сообраќајни метежи поради големиот обем на сообраќај или поради тоа што постојат улици со две ленти... имаме метежи затоа што после 50 години, сеуште не ни се решени основни проблеми на генерално ниво, било тоа да се самите делници, или нивните вкрстувања

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: alexsend
Date Posted: 30-Sep-2015 at 20:41
3 МИЛИОНИ евра за 660 метри!
1 лента+ и реконструкција од 660метри 3 милиони евра!
Па и тие 1 милион за Трета македонска бригада во должина од 1.200 метри се многу

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: gjoko
Date Posted: 30-Sep-2015 at 22:31
овде вероватно има и експропријација


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Oct-2015 at 10:29
Има многу куќи до тротоарот, од страната на ридот Гази Баба. Иако мислам дека поголемиот дел од нив се дивоградби, па не гледам причина за експропријација.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Baze
Date Posted: 01-Oct-2015 at 18:53
Dali ima nekoj videno Dup od toj del na trasata po Cvetan Dimov bulevarot, da vidime na koi strani e prosiruvanjeto i navleguvanje na trasata na imotite i kukite... Od opstina Cair nema nikakvo dup... ne se transparentni


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Oct-2015 at 20:19
Хаха од Чаир бараш ти услуга... Немаат ништо не се заинтересирани. Е ако пак стане градочалник алал на албанците (мнозинство)


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Oct-2015 at 10:13
Еден мал дел, околу 100 метри, веќе е проширен. Тој дел се наоѓа после џамијата Јаја Паша. Вчера поминав оттаму, и видов дека сега возилата се паркирани на третата лента, додека две ленти во секој правец се слободни и протокот на возила е полесен. Но, како што споменав, станува збор само за 100 метри, веројатно некаква проба како ќе изгледа проширувањето. Инаку, голема штета е што ќе исечат стари дрвја за проширувањето - летно време овие дрвја даваа дебела сенка во тој дел на Чаир. Сега ќе биде голо и некако пусто.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-May-2016 at 01:55
Продолжување на булеварот - ова е сликано веднаш на почетокот од страната на ул. Босна и Херцеговина. Дали евентуално се работи од другата страна (од север), или ова е се што е направено до сега?





Posted By: alexsend
Date Posted: 26-May-2016 at 18:31
На новите снимки од GoogleMaps се гледа дел од пробиената траса.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Feb-2017 at 18:42
Ова е делот кај паркот покрај стадионот во Чаир





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Zoc
Date Posted: 08-May-2017 at 08:59
Од саботата, се работи на делот од булеварот Х.Т.Карпош кој ќе се поврзе со обиколницата:





Posted By: alexsend
Date Posted: 08-May-2017 at 15:59
Одлино изгледа!

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-May-2017 at 10:37
Проширувањето во Чаир (проширената лента е од лева страна, се гледа земјениот дел на долната фотографија):



Тротоарите се пошироки од претходно:



Во овој дел киосците се помесети наназад неколку метри. Добра работа е што за проширувањето се исечени само неколку дрвја, главниот дел си остана.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jun-2017 at 18:15

http://build.mk/?post_type=post&p=55198 -
http://build.mk/?proekti=bulevar-hristijan-todorovski - Булевар Христијан Тодоровски Карпош
http://build.mk/?opsti=bulevari-i-ulitsi - Булевари и улици
http://build.mk/?opsti=gradska-infrastruktura - Градска инфраструктура
http://build.mk/?lokacija=skopje - Скопје

ФОТО ВЕСТ: Доцни изградбата на булеварот Х.Т. Карпош кон скопската обиколница

Објавено на 21.06.2017 во категорија  http://build.mk/posts - Вести .

 

Пробиена е трасата на новиот сегмент на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, помеѓу крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ и крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“, но пробиен е и рокот за реализација на проектот. Градежните работи започнаа на 05.12.2015 и требаше да се завршат до јануари годинава, а според состојбата на терен, проектот тешко дека ќе финишира и во текот на летово.

Оваа нова булеварска делница со должина од 700 метри е прва фаза од значајниот проект за поврзување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ со скопската обиколница. Засега од Град Скопје воопшто нема најави кога може да се очекува почеток на работите на втората фаза, односно на сегментот од крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ до клучката „Бутел“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 







http://build.mk/foto-vest-dotsni-izgradbata-na-bulevarot-h-t-karposh-kon-skopskata-obikolnitsa/ - http://build.mk/foto-vest-dotsni-izgradbata-na-bulevarot-h-t-karposh-kon-skopskata-obikolnitsa/





Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Jun-2017 at 12:39
Една воздушна фотка:



https://www.facebook.com/289211974824614/photos/a.289225131489965.1073741828.289211974824614/294846164261195/?type=3&theater - https://www.facebook.com/289211974824614/photos/a.289225131489965.1073741828.289211974824614/294846164261195/?type=3&theater

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Jul-2017 at 15:58
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, денеска извршија увид во градежните работи на првата фаза од капиталниот проект за продолжување и изградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел.
Новиот дел од булеварот „Христијан Тодровски Карпош“ се гради на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ во должина од 1.000 метри.
- Ова е првиот новопроектиран булевар којшто се реализира на територијата на Скопје по подолг период, додека преостанатите беа проширување на постојните улици. Новиот булевар ќе биде со вкупна ширина од 40 метри, ќе има 6 сообраќајни ленти од по 3,5 метри, а ќе има и велосипедски патеки од двете страни на булеварот со ширина од 2,5 метри. По должината на булеварот ќе има пешачки патеки од двете страни со променлива ширина, како и средишно зеленило. На новиот булевар ќе биде поставено и ново улично осветлување, односно ќе се постават 76 столба во висина од 10 метри, а ќе биде поставена и нова хоризонтална и вертикална сигнализација – кажа градоначалникот Трајановски.
Реализацијата на овој проект тече според предвидената динамика, а денеска започна асфалтирањето на една делницата на овој булевар. Градоначалникот Трајановски најави дека очекува градежните работи на овој капитален проект да бидат завршени во текот на оваа година.



- Сметам дека Скопје ќе добие нов, модерен булевар, која ќе биде од големо значење за подобрување на сообраќајните врски и зголемување на безбедноста во сообраќајот. Новопроектираниот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе биде од исклучителна важност за општините Бутел и Чаир и сите оние што гравитираат во овој дел од градот, особено по неговата целосна изградба во втората фаза, со која ќе го продолжиме пробивањето на булеварот и ќе го поврземе со обиколницата. Со неговата реализација ќе се добие нова сообраќајна алтернатива за улицата „Бутелска“, којашто во моментов е единствената сообраќајница која поминува низ Бутел и на истата се создава голем сообраќаен метеж - изјави Трајановски.









http://skopjeinfo.mk/zapochna-asfaltiranjeto-na-novoproektiraniot-bulevar-hristijan-todorovski-karposh-galerija



Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Jul-2017 at 12:12












https://www.facebook.com/PelagonijaADGostivar/?hc_ref=ARRzF9CJdHSjcvQyE6rFjpwikx5UGoRuvvRuyWFuadjKEuXSezd05ls1XRyKSM1-Z2M - https://www.facebook.com/PelagonijaADGostivar/?hc_ref=ARRzF9CJdHSjcvQyE6rFjpwikx5UGoRuvvRuyWFuadjKEuXSezd05ls1XRyKSM1-Z2M

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Влатко
Date Posted: 24-Jul-2017 at 12:46
Не сум градежен инженер но не ви изгледа улицата крајно смешно? мислам оние непотребни кривини, жардиниерата во средина, на раскрсницата крајно чудно се гледаат двете жардиниери (ако се залета некој во правец од Радишани кон Бит Пазар нема како да не заврши во истата), трасата сеуште непробиена а асфалтот ставен до самата земја.................ајде некој постручен нека даде мнение. Ценам дека проектантот ептен утнал работа.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 24-Jul-2017 at 14:24
Замисли си ленти, па ќе ти стане појасно. А тоа дека не е права е веројатно бидејќи некој сопственик на земјиште барал милион евра за 2 квадрати.

Не ми е јасно само колку ленти (и тротоари + вело патеки) ќе има кај подвозникот. 2х3 нема шанси да се изведе.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jul-2017 at 16:51
Ако станува збор за жардиниерите, тука ќе има ленти за вртење лево, нормално дека жардиниерата мора да биде малку поместена. А дали е ова прв пат да се градат велопатеки во Скопје заедно со нова улица?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Navigator
Date Posted: 25-Jul-2017 at 10:18
Ако зборуваме за комплетно нова улица/булевар, веројатно да. Не можам да се сетам на ваков пример претходно.


Posted By: daci92
Date Posted: 25-Jul-2017 at 15:19
Булевар Србија, само што патеките ги направија со бекатон и само од едната страна има велосипедска.


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Jul-2017 at 00:36
Originally posted by <Fresno>

Замисли си ленти, па ќе ти стане појасно. А тоа дека не е права е веројатно бидејќи некој сопственик на земјиште барал милион евра за 2 квадрати.

Не ми е јасно само колку ленти (и тротоари + вело патеки) ќе има кај подвозникот. 2х3 нема шанси да се изведе.
најверојатно се работи за милион евра за 2 квадрати, инаку мене пологично ми е булеварот да не фаќа таква смешна шикана пред куќите

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Sep-2017 at 18:01
Vakvi proekti im treba na skopje (projekt od tirana)
https://www.youtube.com/watch?v=Iu3-IKHMnaE


Posted By: alexsend
Date Posted: 03-Sep-2017 at 19:20
Wow... Браво за Тирана, урбан автопат. Нешто налик јужен булевар кој никогаш нема да го дочекаме...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Sep-2017 at 19:36
A ovaj bulevar sekako deka vo ovaj still trebase da bide! Steta
https://youtu.be/saFb7X5EGiE


Posted By: alexsend
Date Posted: 03-Sep-2017 at 19:41
Пред малку бев во близина па направив некоја фотографија. Фали уште завршен слој на асфалт.





-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Sep-2017 at 09:41
И, булеваров ќе завршува во ритче? Веројатно нема да се гради во фази, зашто би било бесмислено тоа, а и би бил неупотреблив додека не се доврши.

Еве неколку воздушни фотки од ФБ профилот на Коце Трајановски:

Изградбата на првата фаза на новиот булевар во Бутел „Христијан Тодоровски Карпош“ е во завршна фаза и истиот треба да е готов до крајот на оваа година.

Овој капитален проект е од исклучителна важност бидејќи со неговата целосна реализација, која ќе следува во втората фаза, ќе се добие поврзувањето со заобиколницата и ќе се добие нова сообраќајна алтернатива за неколку десетици илјади граѓани.








-------------
За сè има вторпат


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 04-Sep-2017 at 10:40
Зошто е волку крив?

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Sep-2017 at 16:05
Десетти човек што прашува. Не е крив, така изгледа бидејќи има ленти за лево, ленти за приклучување после вртење десно, автобуски стојалишта итн итн.

Со исцртани линии веројатно ќе биде поочигледно.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Sep-2017 at 03:06
Originally posted by гитардемон

Десетти човек што прашува. Не е крив, така изгледа бидејќи има ленти за лево, ленти за приклучување после вртење десно, автобуски стојалишта итн итн.

Со исцртани линии веројатно ќе биде поочигледно.
не не, дефинитивно фаќа кривина кон лево после раскрсницатата
се работи за отстапување некаде околу два-три метри кои се обиделе да ги надокнадат со стеснување на зеленилото, за да биде барем другата страна од булеварот по права

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Влатко
Date Posted: 06-Sep-2017 at 09:32
Originally posted by гитардемон

Десетти човек што прашува. Не е крив, така изгледа бидејќи има ленти за лево, ленти за приклучување после вртење десно, автобуски стојалишта итн итн.

Со исцртани линии веројатно ќе биде поочигледно.


Токму тоа е симптоматично што десетина луѓе увиделе. Не велам дека нема причина да биде така како што го направиле но на ваков бришан простор премногу се толерираат имотно-правни односи.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-Sep-2017 at 14:57
Како и да е, гом*а е. Ова е демек ајде градиме нешто...


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 07-Sep-2017 at 09:30
Originally posted by my Macedonia

Како и да е, гом*а е. Ова е демек ајде градиме нешто...

Не тропај. Булеваров треба да се поврзе со обиколница и ќе биде единствена алтернатива на Бутелска.


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Sep-2017 at 09:42
Голем проблем е улицата Цветан Димов што поминува низ Јаја Паша и дел од Чаир, засега нема алтернатива за неа, а претставува тесно грло, понекогаш во најголемите гужви се потребни 20-30 минути да се поминат тие 2 км. Така што, булеваров можеби ќе ја растовари ул. Бутелска, ама пак ќе води кон сообраќајно тесно грло.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 07-Sep-2017 at 19:54
Не е улицата проблем, народот и полицијата се проблем, народот што е неписмен и не почитува никакви сообраќајни правила, а полицијата што не е таму да ги едуцира ниту пак да ги казни туку им се приклучува.


Posted By: alexsend
Date Posted: 09-Sep-2017 at 10:17
Затоа им направија уште една (трета) сообраќајна лента за да може да се паркираат на неа. Притоа имајќи две за возење И од градот знаеле дека ако направат паралелен паркинг повторно ќе се паркира на улица, па ова решение е прилично интересно ем не го уништува фетишот на каубојизам ем не го нарушува ниту протокот на возила win-win

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.



Print Page | Close Window