Print Page | Close Window

Културно наследство и археологија (општо)

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Културно наследство
Forum Discription: Археолошки локалитети, цркви, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1085
Printed Date: 19-Apr-2024 at 21:24


Topic: Културно наследство и археологија (општо)
Posted By: Makedonij
Subject: Културно наследство и археологија (општо)
Date Posted: 02-Oct-2010 at 12:01
Струга- багери копајќи за билборд, наишле на темели од стара црква

Попладнево во Струга, во близина на кафе барот Адмирал, багери кои  копале за поставување на билборди удриле во темели од непознат објект.. 
Веднаш биле повикани стручни екипи од музеите во Струга и Охрид за да се утврди за каква градба станува збор.
Според директорката на Завод и музеј- Охрид ,Тања Паскали, станува збор за ѕид од стара градба и најави дека екипи од Заводот за заштита на културно наследство деновиве ќе извршат дополнителни испитувања со цел да се утврди дали тоа е старата црква Пресвета Богородица за која се претпоставува дека некогаш тука постоела.

Според директорот на Градскиот музеј во Струга, Сашко Цветковски, старите темели се доказ дека тука навистина постоела црква, како што претходно, години наназад, тврдеа голем број стружани



http://ohridnews.com

При обид да бидат поставени два билборда доцна попладнево во центарот на Струга наспроти женската плажа, во дупките кои беа откопани беа пронајдени темели од стара црква. Дека нешто се работи прв забележал доктор Јосиф Белески кој живее од другата страна на улицата. Им предочил на работниците да престанат да работат. Во меѓувреме пристигнаа екипи на струшкиот и охридскиот музеј кои започнаа со откопување на дупката и нејзино чистење при што беа откриени и темелите на објектот.

„За ова место сега се води спор меѓу црквата и жителка на Струга која живее во Белград. Таа има документ со кој го оспорува враќањето на ова место на црквата и кое е големо 2.000 м2. Сето ова е црковно место за што имаме скица и материјални докази“, рече Јосиф Белевски, граѓанин на Струга.

„Тука се наоѓала црквата Света Богородица, а во непосредна близина и црквата Света Варвара. Има преданија дека меѓу нив постоел машкиот манастир на црквата Света Богородица од Калишта. Ова место се вика и Светиклиментово блато. Се мисли дека тука прво Свети Климент го изградил својот факултет, но објектот се урнал од поплава и потоа се преселил во Охрид“, рече Јордан Попаѓиноски, граѓанин на Струга.

Од Струшкиот музеј најавуваат дека работите ќе продолжат и наредните денови.

„За ова имаме зачувани записи од очевидци кои кон крајот на 19 век имаат овде работено. Не е исклучено дека можеби се работи за црквата Свети Никола - Дримени, затоа што во тоа време се затворало првобитното корито на Дрим. Свети Никола – Дримени, според кажувањата на старите, се наоѓал на езеро, па и оваа локација може да упатува за тоа“, вели Сашо Цветковски- директор на Музеј Струга.

Инаку извесна Радија Садикоска го добила ова место на тендер кој го распишал пред неколку години Министерството за транспорт и врски, на 100 години за само 1 евро по метар квадратен. Но, по жалбата на неколкумина граѓани на Струга, струшкиот Основен суд ја поништил одлуката. Во моментов има барање за денационализација од страна на стружанката која живее во Белград. Минатата година неколкумина граѓани на ова место поставија мал објект со икона на Богородица, при што беше спречен обид за негово уривање.

Мики ТрајковскиПри обид да бидат поставени два билборда доцна попладнево во центарот на Струга наспроти женската плажа, во дупките кои беа откопани беа пронајдени темели од стара црква. Дека нешто се работи прв забележал доктор Јосиф Белески кој живее од другата страна на улицата. Им предочил на работниците да престанат да работат. Во меѓувреме пристигнаа екипи на струшкиот и охридскиот музеј кои започнаа со откопување на дупката и нејзино чистење при што беа откриени и темелите на објектот.

http://www.strugadenes.com/images/sliki_5/photo0004.jpg

http://www.strugadenes.com




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ



Replies:
Posted By: Makedonij
Date Posted: 03-Oct-2010 at 13:07
Неделава продолжуваат истражувањата кај пронајдените темели од верски објект во Струга

По пристигнувањето на екипи од Управата за заштита на културното наследство, во текот на нареднава недела, во Струга се очекува да продолжат археолошките активности за истражување на просторот на кој пред два дена беа пронајдени остатоци од верски објект.

Истражувањата треба да покажат за кој точно верски објект станува збор. Според верувањата на стружани на овој простор некогаш се наоѓале црквите Света Богородица и Света Варвара, како и машките конаци од Манастирот Света Богородица од Калишта. Од струшкиот Завод и музеј не ја исклучуваат можноста да се работи и за темелите на црквата Свети Никола Дримени.

Темелите на сакралниот објект беа случајно откриени во петокот попладне при извршувањето на градежни зафати за поставување на билборди во близина на кафе барот Адмирал.

http://ohridnews.com/sliki/vesti1/2010/10/03/10-12-05_1804/struga1.jpg
http://ohridnews.com/sliki/vesti1/2010/10/03/10-12-05_1804/struga_crkva2.jpg
http://ohridnews.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 12-Oct-2010 at 09:12
Археолозите ги откриваат тајните на црквата Св. Богородица Перивлепта

Стручни екипи веќе десет дена  вршат  археолошки истражувања на црквата Света Богородица- Перивлепта во Охрид.

Се уште е рано да се зборува за некакви откритија. Истражувањата се дел  од низата подготвителни активности кои се превземаат пред да започнат конзерваторско- реставраторските работи на црквата Света Богородица- Перивлепта. - изјави Тања Паскали - Бунташеска, директор на Заводот и Музеј Охрид.


Наскоро во Охрид ќе допатуваат експерти од УНЕСКО со чија помош ќе се врши истражување на самата црква. Изготвена е техничка документација која предвидува конзерваторско- реставраторски работи на црквата, на камбанаријата и манастирскиот конак, за што Амбасадата на САД во Македонија издвои 650. 000 долари.

Црквата Св. Богородица Перивлепта се смета за врвно дело на византиската архитектура. Ја изградил војсководецот Прогон Згур во 1295 година. Особено е значајна поради уникатните фрески насликани од врвните мајстори Михаил и Евтихиј Астрапа од Солун, кои поради оштетувањата на покривот и фасадата сега се во многу лоша состојба.

http://ohridnews.com/sliki/vesti1/2010/10/08/11-41-44_1981/svkliment-01.jpg
http://ohridnews.com/sliki/vesti1/2010/10/08/11-41-44_1981/svkliment-05.jpg

http://ohridnews.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 10-Nov-2010 at 08:18
СВ. Севастиски маченици - БАНСКО

41°23'26.16" S  22°44'36.61" V

Креирањето и обликувањето на сакрално архитектонски објекти е присутно и во с. Банско. Средновековната црква во близина на населбата Банско се наоѓа на 1,5 км северно од селото и 1 км западно од асфалтниот пат за Банско.

Црквата Св. 40 Севастиски Маченици има основа на слободен крст со развиен апсидален простор: ѓаконикон и проскомидија, а на запад продолжува наосот со влез, додека на исток се сочувани остатоци од синтронос. Тоа упатува на заклучок дека црквата била и епископско средеиште. Временски црквата, според архитектонската градба и животописот припаѓа на XII и XIII век, а била доградувана и во турскиот период. Црквата поседувала бел мермерен иконостас од кој се пронајдени сочувани декоративни и конструктивни елементи.

http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/Strumica/SevastiskiMacenici/sl1.jpg
http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/Strumica/SevastiskiMacenici/sl2.jpg
http://www.strumica.gov.mk

Манастир Светите четириесет Севастиски маченици, Банско

По патот што скршнува од бањата Банско кон центарот на истоименото село, се оди во пресрет на неодамна устроениот машки манастир, е посветен на Светите четириесет Севастиски маченици. Под падините на Беласица, во предел благо издигнат на ридесто плато над Струмичкото поле, со векови меѓу населението во овој крај се задржало името на топонимот „Свети четириесет“. Широките метални порти директно водат во манастирскиот двор. Под сенките на големите дрвја се наѕираат контурите на старото и новото. За неполни две години се подигнати нови конаци и обновена е малата црква посветена на две светителки со името Параскева: на Преподобната чиишто мошти денес почиваат во Јаши (во Романија) и на Преподобната маченичка Параскева (од Рим).

Археолошкиот локалитет на новооткриената црква, посветена на Св. четириесет маченици од Севастија, говори дека таа била ѕидана како епископски храм. Во кој временски период оваа црква ја имала ваквата функција треба да покажат понатамошните испитувања. Дали тоа било пред или после подигањето на втората односно на третата Водочка црква, засега не е утврдено.

http://www.kralemarko.org.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Jan-2011 at 21:01

Виргински манастир, Скопје

Според досегашните истражувања, пред девет века на Виргано брдо, над реката Серава, спроти средновековно Скопје или Калето, како што сега се нарекува тој   простор,  бил   изграден   најголемиот и најбогат   манастир во овој дел на Македонија. Манастирот бил посветеи на Свети Ѓорѓи-Скороподвижник и бил познат во цела Византија. Инаку, како што може да се утврди од зачуваните грамоти     во     Хиландар,     овој исклучително значаен манастир бил изграден во времето на цар Самуил, но секој нареден владетел на овој дел од Македонија редовно му ги потврдувал привелигиите и имотите. Така, кога во 1040 г. македонските востаници го зазеле градот Скопје, нивниот водач Петар Делјан ги потврдил овластувањата на Виргинскиот манастир, кои биле определени од византискиот император      Роман Трети  Аргир, кој се смета за негав ктитор. За жал, по околу 400 години и по огромниот углед меѓу христијанското население, на 27 априп 1428 г, во времето на Мурат-бег, Османлиите го разурнале манастирот, а осум години подоцна, токму врз неговите темели, била изградена Султан-Муратовата џамија. Прифаќањето на тој податок, навестен од Васил К'нчов уште во 1898, а подоцна, во 1968 г, потврден и образложен во два наврата и од Константин Петров во Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, ја разрешува дилемата околу локацијата на некогашниот прочуен манастир 'Свети Ѓорѓи- Скороподвижник'.
Според проф. д-р Илија Велев, кој со години ги истражува македонските манастири, Виргинскиот манастир во Скопје бил еден од најзначајните манастири на територијата на цела Македонија. Економската благосостојба на овој маиастир придонела тој да располага со бројно и образовано монаштво. Во неговото братство се   наоѓале   грамотни   и   високопросветени монаси, со чија дејност манастирот прераснал во  голем духовен   и  скрипторски   центар. Манастирот распопагал со богата библиотека од ракописни книги, но и даровни грамоти на  многуте владетели. За жал поради судбината што ја доживеал, на истражувачите им е оневозможено да идентификуваат барем дел од целото книжевно наследство на овој скрипторски центар и да се претстават некои од позначајните тамошни книжевни дејци. Најверојатно, голем дел од книжевното наследство од манастирската библиотека на Виргинскиот манастир било уништено, а само мал дел бил разнесен во други манастири. Сепак, исклучително значајната книжевна традиција на овој скрипториум може да се реконструира според досега сочуваните преписи на владетепските грамоти, наменети на овој мачастир. Овие владетелски документи, потврдуваат дека Виргинскиот манастир бил значаен духовен центар во Скопската епархија, а владетелите инсистирале токму таму да се препмшуваат даровните повелби. Ваквиот углед на манастирот доаѓа и од таму што во него престојуаале книховници со висока духовна, просветна, грамотна и правна култура. Секоја ориганална царска повелба морала да има свечени копии за покажување пред даночни, судски и други органи. Самата владетелска канцеларија нарачувала копии за себе, за манастирот и за патријаршијата.

Локацијата каде што бил изграден манастирот навистина е прекрасна, па затоа не е чудно што Турците решиле да га урнат и на тоа место да изградат џамија веднаш штом стапнале во Македонија. Џамијата била посветена на тогашниот султан Мурат, и била една од најголемите во овој дел на Балканот. Истата џамија постои и денес, и се' уште е најголема џамија во Скопје. Според податоците до кои дојдовме, истражувајќи га претпоставките за можната локација иа Виргинскиот манастир, денешната Султан-Муратова џамија има површина под покриен простор од околу 900 метри квадратни. Доколку навистина е изградена врз темелите на манастирската црква на Виргинскиот манастир, тогаш може да се претпостави за каков средновековен македонски објект станува збор. Значи, таа секако била најголема црква и најголем манастирски комплекс во овој дел на Македонија. Се разбира, делови од целиот комлекс би требало да има во дворот на сегашната џамија, потоа околу постојната Саат-кула, Виргино брдо, кое подоцна е узурпирано за изградба на куќи. Ридот денес е буквално покриен со разни градби, доградби, огради и куќи, меѓу кои најголем дел се постари од стотина    години. Само неколку стотина метри од Виргино брдо е комплексот    на    Универзитетот 'Свети Кирил и Методиј'. Од она што ни е нам познато досега не се направени никакви археолошки   обиди   да   се открие барем дел од темелите на прочуениот манастир, за кој свои даровни грамоти издавале  византиски Цареви, а подоцна и српските, како и бугарските владетели кои во одредени периоди владееле со Македонија.

Најверојатното претворањето на  манастирот во џамија во 1436 г,   сосема ја прекинало 6огатата книжевна дејност на овој културен и духовен центар на Македонија. Инаку, првите книжевни пројави во Виргинскиот манастир треба да се поврзуваат со почетокот на 11 в, кога тој бил изграден, а подоцна и обновен. Во тогашниот скрипториум, се препишувале богослужбени и проповедни книги, а се напишале и првите Даровни грамоти на основачот - Царот Роман Трети-Аргир, како и на царот Алексеј Комнин, кој подоцна го обновил манастирот. Во Виргинската грамота на Константин Асен-Тих, на пример, стои дека тогашниот игумен на манастирот Варлаам ги дал на увид пред царот претходните даровни грамоти што се чувале во трезорите на библиотеката. Исто така, Виргинската грамота на крал Милутин била напишана според претходно сочувачи правни споменици за манастирот, како што потврдува во своето истражување и професор Владимир Мошин. Овие две грамоти, заедно со онаа на феудалниот господар Вук Бранковиќ, кој во еден период исто така владеел со овој дел на Македонија, денес се чуваат во Хиландар. Досегашните научни сознанија за грамотите на Виргинскиот манастир ја илустрираат сликата за исчезнувањето на нивните оригинали и на преписите што се чувале во манастирската библиотека. Значењето и стратегиското место каде што бил подигнат манастирот, биле причина тој да биде интересен за многу освојувачи. Од ридот се пружа глетка кон сите страни на скопската котлина, а лицето на манастирот било свртено кон тврдината Кале, односно кон тогашниот средновековен град. На неколку подоцнежни цртежи може да се види дека токму на местото на денешната Султан-Муратова џамија постои манастирски комплекс со конаци, камбанарија, црква и други предружни објекти, меѓу кои секако треба да е и библиотеката како и зградата каде што работеле тогашните книжевници и препишувачи. Во дворот на сегашната џамија на Виргино 'брдо' била изградена и импозантната Саат-кула, со часовници кои можеле да се видат од сите четири страни. Домаќинот што се грижи за џамијата ни објаснува дека до Втората светска војна во празните, вдлабнати кругови на врват од Саат-кулата имало големи златни часовници што го покажувале времето на сите патници што минувале низ Скопје. Часовниците, според него, биле однесени од Бугарите при повлекувањето од Македонија. Иако се обидовме да пронајдеме некаква информација и за тој настан, потврда за тоа не успеавме да добиеме. Од друга страна, се разбира аматерски,   забележавме  дека   при копањето  за поставување инсталации во џамијата, биле откриени стари камени блокови, кои потсетуваат на оние што се вградени во црквите од тој период, како што се камените блокови иа црквата 'Свети Панателејмон' во Нерези. Камените остатоци кои може да бидат и од темели на некој од објектите на Виргинскиот манастир, уште стојат во еден дел од дворот. Наскоро, како што ни рекоа во џамијата, ќе се преместува и комплетната инсталација, така што при раскопувањето на дворот може да се откријат и други археолошки предмети кои 6и можеле со сигурност да ја потврдат тезата дека токму под Султан-Муратовата џамија во Скопје се наоѓаат темелите на многу значајниот манастир 'Свети Ѓорѓи-Скороподвижник', кој речиси шестотини години е обвиткан со мистерии, почнувајќи од тоа каде би можел да се наоѓа, па се' до прашањето дали негде во затрупаните манастирски трезори допрва може да се пронајдат дел од скапоцените книги и други предмети битни за историјата на Македонија.


Според грамотата на крал Милутин може да се констатира дека овој српски освојувач Виргинскиот манастир го затекнал во многу лоша состојба, па затоа веднаш штом го освоил Скопје наредил негово обновување. Исто така, тој извршил и реорганизација на манастирот со цел да го претвори во репрезентативен духовен и културен центар на својата нова престолнина. Назначил и тричлена комисија за да ги проследи поранешните манастирски правни документи со дарувањата на постарите владетели. Во комисјата работеле Студеничкиот игумен Сава, кралскиот властелин Никола Опареша и манастирскиот 'ѓак' Дабиша, кој, како опитен книжевник, ја пишувал Вергинската грамота од 1300 г. Составот на комисијата одговарал на рангот на кралски манастир каков што бил Виргинскиот храм 'Свети Ѓорѓи Скороподвижник'. Истиот крал со посебна грамота го реконструирал имотот на манастирот и ги определил неговите права. За жал, неговите наследници, кои, исто така, како освојувачи владееле со овој дел, го ослабнале кралскиот статус на манастирот, па кон крајот на 14 в. Виргинскиот манастир станал метох на Светогорскиот манастир Хиландар, за да му служи на неговото монаштво како преноќиште кога доаѓале во Скопје.

Во тоа време манастирот го изгубил високиот ранг, а останал целосно и без своето огромно книжевно богатство. Од грамотата на Вук Бранковиќ, пак, може да се види дека било определено половина од приходот да останува во Виргинскиот манастир, а другата половина да ја зема хиландарскиот манастир на Света Гора. Потоа, како што може да се види и од еден Богослужбен зборник од крајот на 14 в, кој денес се чува во таканаречената Хлудова збирка во Москва, се случил оној 27 април 1426 г, кога Турците до темел го урнале Вирганскиот манастир. Неколку години подоцна, во 1436 најверојатно токму врз неговите темели била изградена Султан-Муратовата џамија. Каква судбина доживеале скапоцените ракописни книги од богатата библиотека и манастирските трезори не се знае, но и таа мора да била слична со онаа што ја доживеал самиот Виргински манастир. Инаку, поголемиот број од ракаписниот фонд, со кој распалагал манастирот, бил пишуван во неговиот скрипториум и од рацете на тамошните монаси и книжевници. Може да се претпостави дека најголем дел од книжевното наследство било уништето од Османлиите при разурнувањето на манастирот, а само мал дел бил навреме однесен во други манастири. Меѓутоа, се разбира, трагедијата што се случила со уништувањето на Виргинскиот манастир, не ја избледува историската слика за него како значаен духовен и книжевен центар во Скопската епархија, каде што книжевната дејност ја стимулирале и самите владетели. Дури и владетелските канцеларии порачувале копии на ракописни книги за себе, за манастирот и за патријаршијата.

http://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/Srednovekovno-Skopje.jpg
http://kicevo.blog.com.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Jan-2011 at 21:10
БРЖДАНСКИОТ МАНАСТИР

Бржданскиот манастир кој се наоѓал во месноста „Богоројчина краста“ претставува енигма до денешни дни. Податоците за неговото постоење се оскудни, повеќето се од усни преданија. Локалитетот е неистражен и за жал се забележливи дупки од диви копачи кои бараат вредни предмети. За воља на вистината, никому оваа авантура не му донела среќа, но за тоа во друга прилика.

Манастирот кој најверојатно е посветен на Света Богородица се наоѓа на еден рид помеѓу селата Брждани и Свињишта, задскриен од погледите на минувачите кои поминуваат по патот Кичево-Битола. Локацијата е околу 10 километри од градот Кичево. До него стигнавме од селото Брждани. Оддалечен е околу 30 минути пешачење. Може да се стигне само пешки. Искрено, бев доста возбуден од самата помисла што одам на толку свето место. За самото место се испреплетени многу легенди, меѓу кои и за чудната светлина која селаните често пати ја гледале како патува од местото на некогашниот манастир до селската црква или кон манастирот Св. Богородица Пречиста (Кичевска) која се наоѓа на спротивната планина, кон Кичево. Одејќи по тесно козјо патче пред нас се покажаа урнатините од некогашниот манастир. Не е премногу голем. Контурите се јасни, влезот, олтарот.

Насекаде се расфрлени камења. Камењата се варовник и се доста лесни и веројатно погодни за градба. По кажувањата на мештаните, носени се од подалеку, зашто во близина нема такви варовнички карпи. Од местото се пружа прекрасен поглед на течението на Беличка река, а во подножјето на ридот се простира село Свињишта. Природата го одзема здивот. Околу манастирот се забележваат дупки од гробови во кои најверојатно биле погребувани монасите кои тука служеле на Бога. Како што ми кажаа моите пријатели кои потекнуваат од тука, до пред некоја година имало остатоци од фрески. За жал, поради незаштитеност истите се уништени. На нивното место сеуште се заблежува малтер. Малтер има насекаде во внатрешноста на обектот. Приметувам дека кога се влегува внатре, нивото е пониско од останатата околина. Ова укажува дека околното земјиште со време со време се затрпувало додека тука бидејќи било покриено останало на исто ниво. При истражувања има и што да се открие и веројатно може да се оди на длабочина до 1 метар. Всушност тука и се откриени предмети и крстови од страна на мештаните кои се чуваат во селото, но како што реков никому кој се осудил да однесе нешто оттука му се нема случено нешто добро. Света земја. Владее силна енергија на ова место, нема кој неможе да го почувствува тоа. Манастирот е доста стар, сигурно има најмалку 500 години. Неофицијално истиот му бил претходник на денешниот Св. Богородица Пречиста пред да биде преселен. Но ако се знае дека Бржданскиот манастир е изгорен и уништен од Турците (значи после 1385 година), а манастирот Св. Богородица Пречиста е изграден околу 1316-1320 година тогаш оваа претпоставка не е баш најточна. Се знае дека Турците наишле на силен отпор при обидот да го завземат овој манастир. Преданијата велат оти манастирот бил опкружен со бедеми. На соседниот рид исто така се претпоставува оти се наоѓала тврдина. Ова е доста веројатно со оглед на тоа дека од оваа локација се овозможува добар поглед и контрола на значаен пат. Исто така преданијата зборуваат за некакви подземни тунели преку кои монасите бегале пред налетот на Турците. Овој манастир, манастирот Св. Богородица Пречиста и уште еден, трет манастир кој не е откриен но постои според преданијата (се претпоставува дека се викал Св. Никола), оформуваат некаков триаголник. Зошто е ова вака и што сакале со ова нашите предци да обележат, останува енигма. Во близина на овој манастир, во планинскиот венец кој започнува од Баба планина, па преку Илинска (Беличка) планина завршува кај денешното село Подвис, минува стар римски пат, веројатно еден крак од Виа Егнација и понатаму продолжува во насока на Дебар. Така, на некои места кога одите сред густата шума одеднаш ќе излезете на улица, широка по 5-6 метри поплочена со огромни камења. Каде има пат, таму има и живеалишта. Патокази и ден денес се наоѓаат. Како и чудни обележја на околните карпи. За ова во друга прилика. Ќе има и слики и видео запис.  Во близина на манастирот постојат римски гробишта, што само потврдува за континуираното живеење на луѓе во овие села.

Сонцето веќе беше зајдено. Малку тешко ми падна што го напуштам ова место. Линкот со минатото тука е многу силен, пораката од нашите предци многу јасна. Или можеби само јас го гледам јасно она време кое одамна поминало. Како и да е, еве тука ви го пренесувам. Преку зборот и сликата почувствувајте го. Аманет е овие духовни извори да се возобноват. Мудроста тече од душата и срцето, раката ја материјализира, окото ја прима назад. И така од човек на човек, од генерација на генерација, од цивилизација на цивилизација. Можеби е најпаметно сами да го посетите, со добра намера како и јас, ова место и да го видите она што зборовите можат само да го зачнат. Сакам да смогнеме сили да ги обновиме овие светилишта. Посебно ако се знае дека и Христијаните и Муслиманите од Кичево и регионот имаат подеднаква почит кон нив. На крај на краиштата за исто се молиме, а нашите заеднички предци ги граделе. Да ја најдеме и продолжиме нашата врска со минатото кон иднината, зашто баш ова е тоа што сме ние самите! Без него сме никој и ништо. А знам дека ќе го направиме вистинскиот избор. За нас и генерациите после нас.

http://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta.jpghttp://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta2.jpg
http://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta2.jpghttp://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta18.jpg
http://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta3.jpghttp://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta4.jpg
http://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta5.jpghttp://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta6.jpg
http://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta11.jpghttp://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta13.jpg
http://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta23.jpghttp://i163.photobucket.com/albums/t283/sibirjanec/BogorojcinaKrasta22.jpg
http://blog.com.mk/node/84102


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 24-Jan-2011 at 20:34
Јени џамија / црква  Св. Ѓоргиј

У овај пост ќе гледам да ги соберам сите вести и материали за објектот во Битола, односно црквата Св.Ѓоргиј денес Јени џамија.

Археолошки пронајдоци од средновековна црква во Битола


Продолжува потрагата на битолските археолози по најголемата средовековна црква во градот Свети Ѓорги, која се наоѓала во центарот на Битола и според преданијата била украсена со потковиците од коњот на светцот. Досегашните наоди говорат дека остатоците од црквата се кријат во темелите на познатата Јени Џамија, која во 14 век се смета дека била изградена врз урнат христијански храм. Ископувањата во подот на џамијата битолскиот Завод и музеј ги започна пред пет години, со финансиска подршка од Министерството за култура. Во рамки на досегашните ископувања пронајдени се темели на четири црковни објекти, од кои настариот е датиран од 11 век, кога тука живеел Гаврило Радомир, син на царот Самуил, крунисан во Битола, а местото било епископски центар.

http://gdb.rferl.org/E17D5588-8339-4D48-BE24-486354F164E7_mw800_mh600_s.jpg
http://gdb.rferl.org/DE2D6A5D-D21C-4F9E-BCC2-1974B8007BEB_mw800_s.jpg
Средновековна црква во Битола,,Од движни наоди имаме икона инкулпион, на градите ги носел некој првосвештеник, исто пронајдени се два печати за писма од преписката која се водела во 11 век и има индиции за едниот печат на кој е претставата на Свети Ѓорги, дека можно е да се одвивала меѓу следбениците или на Гаврило Радомир или на Јовен Владислав. Тоа би значело дека во 10, 11 век овој простор бил епископско седиште и дека продолжил да живее и понатаму по пропаста на Самуиловата држава."вели археологот Гордана Филиповска Лазаревска. Откако ќе се доископа целиот под во џамијата, истражувањата ќе се пренесат од надвор, во околината на објектот.
,Да се доистражат сите објекти, подоцна да се конзервираат, да се направи челична конструкција и стаклен под, со успешно проектирана и промислена илуминација би се осветлиле тие објекти кои се навистина вредни да се видат. Понатаму, се предвидува овој објект по теркот на Аја Софија во Истанбул да биде музеј на христијанската и исламската уметност и архитектура каде на еден волшебен начин се спојуваат тие две цивилизации и култури." вели директорот на битолскиот Завод и музеј, Зоран Николовски. Единаесет години наназад пред битолските судови Исламската заедница водеше спор со државата за докажување на сопственоста на Јени Џамија. Николовски вели дека случајот конечно добил разрешница- објектот останува во државна сопственост и во иднина ќе ја зачува функцијата на уметничка галерија.
18.06.2009 http://www.makdenes.org/content/article/1757599.html

Јени-џамија ќе се презентира како „Аја Софија“
Уметничката галерија - Битола (Јени џамија) каде од вчера се изложени дела на сликарот и графичар Зденко Кузјан од Словенија, треба во иднина да ги привлекува туристите и на друг начин. Според најавите на актуелниот директор на Заводот и музеј Битола, архитектот Зоран Николовски објектот кој датира од 1558/59 година треба да биде презентиран по примерот на Аја Софија во Истанбул, односно на соодветен начин да бидат покажани под површината пронајдените остатоци од средновековна црква.
„Сакаме преку презентација на откриените и сочуваните делови од црквата и џамијата, да покажаме на кој начин низ историјата се испреплетувале цивилизациите, религиите, христијанството и исламот. Планираме и понатаму да ја истражуваме Јени џамија а откриените делови од црквата да бидат презентирани под стакло“ - вели Николовски, кој потенцира дека во изминатите неколку месеци откога е на раководната функција, работи на развивање на меѓународна соработка и на барање можности за финансирање на активностите од различни извори:ИРСИНА -Институт за истражување на исламската уметност и култура, фондациите Гети Траст, Американ експрес и др. Остатоците од црква во тремот на Уметничката галерија се откриени во 2003 година во рамките на проектот „Убикација на средновековна Битола“, а досегашните археолошки истражувања покажале дека всушност станува збор за остатоци од три цркви, градени една врз друга.
„Откриен е југоисточниот дел од најстарата црква која датира од пред 11 век. Нејзиното датирање сеуште не е конкретизирано, поради малиот број на откриени наоди. По рушењето на овој објект во втората половина на 11 век е изграден друг, а врз него третиот, средновековен за кој претпоставуваме дека е споменуваната црква „Св Ѓорѓи“ - вели археологот, кустос советник Радмила Филиповска Лазаровска, актуелен истражувач на просторот. Таа вели дека откриените наоди говорат дека трите цркви биле срушени во првата половина на 14 век, но местото останало да се смета за сакрално.
Јени џамија е изградена два века подоцна, муслиманското население ја нарекувало Нал џамија (нал -потковица), а истата е спомената и во една легенда во која се говори дека кога се градела џамијата, свети Ѓорѓи ја прескокнал со коњ, од кој паднала потковица и застанала на ѕидовите. Денес поголемиот, односно централниот дел од откриените цркви се наоѓа во самиот трем на изложбениот простор на Уметничката галерија, но според археологот Филиповска, остатоците се протегаат и ќе можат да се дооткриваат и надвор од ѕидините на објектот, кон постојното паркче и фонтана. „Вреди и треба да се сочува се што овде е откриено. Посетителите треба да се запознаат и со наодите откривани при археолошките истражувања, со керамика датирана од 13 до 15 век, со откриените остатоци од стаклени предмети. Откривме и фрагменти од фрескоживопис кои треба да се обработат за да се види на кој дел од откриените ѕидови им припаѓаат и за какво сликарство станува збор“, посочува Радмила Филиповска-Лазаровска.
http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/59BB2B445AE8BD409ACD1731BF32B36D.jpghttp://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/68BE77B04150044DB7A6F168676D7DBB.jpg
Утрински Весник

Две џамии и три цркви на исто место во Битола
Битола, 4 јуни (МИА) - Во централното градско подрачје, под Јени Џамија во Битола, денеска почна втората фаза од ископувањата и истражувањето на црквата „Свети Ѓорги“. Станува збор за локација на која експертите тврдат дека имало две џамии и три цркви.

Овој проект е финансиран од Министерството за култура со 1.500.000 денари, а обезбедени се и дополнителни средства за изработка на проект за конзервација на ѕидното сликарство во џамијата. За кусо време битолчани, но и голем број туристи ќе бидат сведоци на атрактивен објект од средновековна Битола, со стаклен под каде ќе се гледа една од црквите, односно раскошот на две цивилизации, исламската и христијанската по примерот на Аја-Софија во Истанбул, соопшти директорот на битолскиот Музеј, Зоран Николовски.

Истражувањата во овој дел на градот се континуитет на проектот кој го почна починатиот Томе Јанакиевски, врвен експерт, кој во свое време тврдеше дека под џамијата во Битола има црква.

Во северниот агол на наосот на џамијата го откривме ѓаконикот на еден објект кој најверојатно е граден во 7. век бидејќи не се пронајдени мозаични парчиња, карактеристични и традиционални за градбите до 6. век, изјави Гордана Филиповска-Лазаровска, археолог во битолскиот Завод и Музеј. Според неа, некаде во 11. век според опусот на градењето има нов објект кој исто така е сахрален. По уривањето на тој објект изграден е уште еден во 13. и 14. век.
Има индиции дека претходно постоела постара џамија, бидејќи денешните темели на џамијата всушност не се темели туку ѕидови, појаснува Филиповска-Лазаровска, повикувајќи се на денешниот говор на битолчани „кај новата џамија“, што значи постоела и стара џамија, односно тука имало две џамии и три цркви.
Екипа од тринаесет експерти од Битола и Скопје, во тремот пронашле фрагменти од парапетни плочи дел од олтарна преграда, а се очекува да се пронајдат и поголеми делови од фрески и ликови на светци, беше потврдено на денешната прес-конференција во Битола. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/7FDB37CA5BE85744B843179C92C549DD.jpghttp://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/C5704A9E856B954A8BF99F623F645874.jpg
Иако подигната во 1558 година од страна на Кади Махмуд - ефендија, џамијата која се наоѓа во центарот на Битола, од десната страна на Драгор спроти Градската саат кула, битолчани отсекогаш ја нарекувале Јени (нова) џамија.

Изградена е врз христијанската црква посветена на "Св.Ѓоргија", на местото наречено Пекмез пазар, во состав на Старата чаршија.

Јени-џамија претставува еднопросторна поткуполна градба со квадратна основа, засводена со купола висока 19 метри и минаре од 34 метри.

Внатрешноста на објектот изобилува со извонредна декорација: фреско-декорација со ретко присутни мотиви- пејзажи, работени во 18 век; декоративна пластика во вид на сталактити, применета на школките кои ја држат куполата; длабока резба на дрвените врати, како и на натписот на порталот урамен во сино-бели фајансни плочи.

Јени-џамијата по прогласување за споменик на културата во 1958 година се користи како уметничка галерија, во која се одржуваат постојани и повремени изложби. Уметничката галерија е основана истата година и

зазема значајно место и улога во создавањето и развојот на македонската современа уметност.










-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jan-2011 at 20:52


Имаш линк до оваа статија?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 24-Jan-2011 at 22:09
Originally posted by гитардемон



Имаш линк до оваа статија?


Која последната? Последната е идивиди,за останатите пишува


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jan-2011 at 22:55
Пишува, ама нема директен линк до статијата од Утрински и од Идивиди - има само од макденес. А овие весниците имаат малку терсене search engines па нема да ги најдам. Ако не ти е тешко, пушти ги тие два линка.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: spaceman091
Date Posted: 24-Jan-2011 at 23:37
poveli гитардемон

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1728&ArticleID=115541

http://culture.in.mk/story_mk.asp?id=28773&rub=43

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=25BBC2394420C2498924D9DF2AB8AD4E

http://www.youtube.com/watch?v=1RlGUijr2qg

http://www.youtube.com/watch?v=NeN0uX-KDhI


Posted By: Makedonij
Date Posted: 26-Feb-2011 at 18:45
Црвена црква - Крупиште
41°50'40.05" S  22°15'13.65" V

http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Krupiste_images/images/1.JPGhttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Krupiste_images/images/2.JPG
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Krupiste_images/images/3.JPGhttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Krupiste_images/images/6.JPG
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Krupiste_images/images/7.JPGhttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Krupiste_images/images/8.JPG
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Krupiste_images/images/9.JPGhttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Krupiste_images/images/10.JPG



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 26-Feb-2011 at 18:51
Локалитет Кула - Калаузлија - KARBINCI
41°47'06.25" S  22°18'55.23" V

http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/1.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/2.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/3.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/4.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/6.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/7.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/8.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/9.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/10.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/11.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/12.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/14.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/15.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/16.jpg
http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/17.jpghttp://zvonkobeldedovski.50webs.com/Kalauzlija_images/images/13.jpg

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 11-Mar-2011 at 22:44
Старата манастирска црква св.Богородица од с.Лешок се наоѓа во југоисточниот дел на манастирскиот двор и е една од најстарите добро очувани цркви во Полог. Според историјски извори црквата е подигната врз постаро култно место во византискиот период кога Лешок бил градска населба. Истата била приклучена кон Охридската Архиепископија во 1019-та година од страна на Василије,со градот Леаскумцосу,

како што тогаш го нарекувале Лешок.Црквата се споменува и во 1326-та година,а била возобновена во 1641-та година и живописана во 1646-та година.Постојат сведоштва за нејзино повторно и делумно обновување во 1879-та година.За обновата на црквата дознаваме од сочуваниот натпис во фрескотехника,што се наоѓа над западната врата од внатрешната страна.Во него се вели дека во времето на игуменот архимандрит Силвестер,со помош на други свештеници кои се јавуваат како ктитори,црквата е обновена на 8-ми мај 1879-та година од раката на зографот Михаил Ѓурчинов и Панајот од Галичник.Со изградбата на новата манастирска црква св.Атанасиј и нејзино осветување во 1936-та година,оваа црква повеќе не се користела за богослужби и почнала постепено да се запушта.Во педесетите години на минатиот век Заводот за заштита на културно-историските споменици изврши градежна интервенција за да не дојде до поголеми оштетувања,бидејќи црквата била во многу лоша состојба.По својата основа,црквата е триколонално е решена,со должина на наосот 9,72 метри,широчина 3,46 метри.Во пределот на апсидата е широка 5,95 метри.Нартексот е долг 5,47 метри и широк 6,08 метри.Фасадните ѕидови биле ѕидани со бигорни блокови,рачен камен и тули.Западниот ѕид е ѕидан со разновидни камења.Над влезната врата има мермерна овална розетка,релејфно декорирана,на јужната страна има четири квадратни прозори и еден над влезната врата.На јужната страна од олтарот има врата.Црквата е 80 см во земја.Подот е со камени плочи,а плафонот е засводен.Покрај јужниот ѕид се наоѓаат столови.На западниот ѕид од јужната апсида се наоѓа и ариерејскиот трон кој е од 19 век.Во самата црква има големо богатство од фрески,мајсторски компонирани во просторот и не е оставен ниту еден дел од него да е празен.Насликани се многубројни ликови на светители,маченици и ангели.Црквата претставува една мала галерија,но богата на која човек може само да се восхитува,а е дело на мајсторската рака на зографите што ги нема во ниту една црква во Полог.Проучувајќи го живописот и сочуваните записи,историчарот на уметноста Велимир Цветановски открива дека тој е од два периода,од 17 и 19 век и се толку мајсторски искомпонирани што претставуваат една целина за посетителот.Живописот на олтарот и нартексот е од 19 век.Во олтарот тој е нанесен врз постари живописи,така да се гледаат три слоја.Живописот од 17 век е доста интересен,бидејќи во себе содржи елементи од класична византијска уметност од 14-ти век и белези на барокот.Живописот од 19-ти век,по својата уметничка вредност заостанува зад живописот од 17 век.живописот во наосот и на северниот и на јужниот ѕид е нанесен на пет зони за да се заврши со свод.Поаѓајќи од запад кон исток,живописот продолжува кон апсидите,и понатаму без прекин во олтарот.На северниот ѕид се наоѓа оштетениот натпис,кој при обновувањето на црквата бил обновен од страна на Скопско-Полошкиот митрополит Никанор кој бил родум од истото село.Од живописот во нартексот забележлива е композицијата Страшниот суд која е зографисана на целата површина на северниот ѕид.Ликот на Света Богородица е застапен повеќе пати во разни сцени,можеби единствено во Македонија,па и пошироко,како Господ Седржател кој е насликан три пати.Иконостасот е изработен во 1879-та година од галичанецот Михаил Ѓурчинов.Податокот се наоѓа запишан на иконата Милостива Богородица.Ѓурчинов овде не запознава со дарителите-лешочани кои материјално помогнале да се изгради иконостасот,па продолжува Се молам сите што придонеле за изградбата на Лешок,Бог да им даде здравје и духовно спасение.Иконостасот е поставен откако целосно е завршен живописот па тој на краевите е над ликовите на фреските.Сите икони се со изедначен квалитет и сите се евидентирани од страна на Заводот за заштита на културно-историските споменици поради квалитетите што ги поседуваат.Оваа црква која е споменик на културата не беше поштедена од страна на албанските терористи.Оштетувањата се направени на прозорите на јужната страна надворешно како резултат на неуспешен обид на обивање.Истите се со скршени стакла и оштетувања на крилата и заштитната мрежа.Надворешната влезна врата во олтарот (врата со димензии 85/150 см. масивна дрвена,обложена со лим и кована) е обиена со видни оштетувања на штокот и крилото на вратата,вандалски растурена.Во олтарниот дел е разбиено и отворено ковчежето во кое имало црковни одежди и Свето Евангелие со позлатени корици.Светото Евангелие е украдено,а одеждите се уништени,расфрлани и изгазени.Малиот полилеј е искршен,уништен.На фрескоживописот и иконостасот нема оштетувања и нема украдени икони.

http://a4.sphotos.ak.fbcdn.net/photos-ak-snc1/v2257/0/108/1344971901/n1344971901_30117535_3478.jpg
http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/photos-ak-snc1/v2257/0/108/1344971901/n1344971901_30117534_3193.jpg
http://a2.sphotos.ak.fbcdn.net/photos-ak-snc1/v2257/0/108/1344971901/n1344971901_30117536_3773.jpg



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 18-Mar-2011 at 21:46
http://stip.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1192%3A2011-03-18-12-25-25&catid=93%3Anastani&Itemid=109&lang=mk - „Бучим“ подготвен да финансира археолошко истражување кај Боров Дол
Петок, 18 Март 2011 13:21

http://stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/sredba_stip_bucim-18032011-1.jpg">sredba_stip_bucim-18032011-1 Фирмата „Солвеј“, која е сопственик на рудникот Бучим ќе ги финансира археолошките истражувања на локалитетот Боров Дол. Тие пред извесно време добија две концесии за нови рудни ископи, но според податоците на Заводот и музеј од Штип, на оваа локација се наоѓа заштитен археолошки локалитет.

http://stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/sredba_stip_bucim-18032011-2.jpg">sredba_stip_bucim-18032011-2 Тоа беше причина градоначалниците на Штип и Кончер, Зоран Алексов и Стојан Лазаров денес да оставарат средба со директорот на Заводот и музеј во Штип, Зоран Читкушев и заменик генералниот директор на „Бучим“, Николајчо Николов. Целта на средбата е да се преземат активности за старт на археолошките истражувања бидејќи русите сакаат што побргу да го активираат наоѓалиштето во Боров Дол:

- Рудникот Бучим ќе достави барање со потребна документација по што ние ќе злеземе на терен да се извршат истражувањата. Ние ќе се обидеме да бидеме брзи и ефиканси и тоа да не чини многу пари – изјави Читкушев од штипскиот музеј.

Градоначалникот на Штип, вели дека со новиот ископ, општината ќе има можност да добие пари од концесија:

http://stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/sredba_stip_bucim-18032011-3.jpg">sredba_stip_bucim-18032011-3 - Според документите, 1/3 од новото наоѓалиште е на штипска територија а 2/3 во Конче. Така ќе се делат и средствата од концесијата. Во секој случај ние сме тука и подготвени сме да помогнеме што побргу да се завршат работите, да се среди документацијата и веќе на лето инвеститорот прецизно да си ја врши работата – вели градоначалникот Алексов.

За Николов, оваа инвестиција е особено важна бидејќи ќе го продолжи векот на работа на рудникот Бучим:

http://stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/sredba_stip_bucim-18032011-4.jpg">sredba_stip_bucim-18032011-4 -Нашите анализи кажуваат дека Борово Дол е наоѓалиште кое има околу 40 милиона тони бакар и ќе ја продолжи работата на Бучим за уште 10 години. Ние ќе инвестираме околу 70 милиони евра, но рудата ќе се транспортира до рудникот Бучим бидејќи економски не е исплатливо да се прави нова флотација вп Боров Дол. Количините не го дозволуваат тоа. Ние ќе ги финансираме археолошките истражувања бидејќи сакаме да бидеме на чисто, да нема дилеми дека останало нешто важно под тој локалитет.

 

Проблем зошто не може да се отвори рудник во Борово Дол меѓу другото е и тоа што  за главното рудно тело кое се наоѓа под археолошкиот локалитет фирмата Солвеј нема пристап бидејќи таа површина не влегува во концесијата.

http://stip.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 13-Apr-2011 at 20:08
[tube]Dg_nL_D80Zo&feature=feedu[/tube]

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: macedonia
Date Posted: 13-Apr-2011 at 22:20
Shame. The government needs to develop a strategy to preserve these historic houses. Many citizens own houses like these, especially in Bitola. The government should, for example, pay 50% of the costs of renovating the facades for citizens who live in historic homes.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 16-Apr-2011 at 06:34
http://mn.mk/komentari/3971-Makedonski-Kamelot-na-ostrovot-Ahil - Македонски „Камелот“ на островот Ахил

Формирањето на Архиепископијата "Јустинијана Прима" во 535 година, како државна творба од страна на Јустинијан I,  а подоцна призната како канонски исправна црква на Петтиот вселенски собор во 553 година, ќе биде од посебен значење во ширењето на христијанството не само на Балканот туку и пошироко. Потврда за нејзиното формирање ќе остави самиот императорот Јустинијан I, кој во својата 11 новела од 535 година ќе запише дека ја основал Архиепископијата Јустинијана Прима, во градот кој го изградил близску на неговото родно место Таурисиум, место во близина Скопје.

http://mn.mk/images/stories/impressum/ohridksa-arhiepiskopija.jpg

Авторитетот кој го има во тоа време Архиепископијата "Јустинијана Прима" е огромен. Како трета по ранг афтокефална црква, која по своето значење е веднаш по Рим и Константинопол, таа ќе одигра значајна улога за континуитетот на црковниот живот на просторите на Македонија, како и за зачувување на идентитетот и државноста на македонскиот народ. Таквиот авторитет на "Јустинијана Прима", ќе им овозможи на Охридските архиепископи како нејзини наследници, долго време успешно да ја бранат автокефалноста на Охридската архиепископија.

Црквата добива посебно значајна улога за време на Самоиловата држава. Самоил бил свесен дека без опрост и подршка на црквата, не ќе може да застане на чело на новата држава, како и да се спротивстави на Бугарија и Византија. За да го придобие народот се приближува до црквата и богомилите. На црквата, чие седиште во тоа време е на островот Преспа, денес Ахил, по освојувањето на Лариса и ги носи моштите на Свети Ахилеј Лариски, кој бил современик на Константин Велики и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, со што се зацврстуваат  моќта и автокефалноста на црквата.

http://mw2.google.com/mw-panoramio/photos/medium/37293685.jpg

На островот се изградила базилика посветена на светецот Св Ахилеј и таа била соборна црква се до пренесувањето на седиштето во Охрид.  Од преписките од тоа време, се дознава дека моштите на Св. Ахил, потоа неговиот празник, како и неговиот храм, играле мошне важна улога во животот на Охридската архиепископија. Често пати и по пренесувањето на седиштето на црквата во Охрид, нејзиниот Синод заседавал и во црквата "Св. Ахилеј" и тоа на 15 мај, празникот на Свети Ахилеј. Зачестените војни ги принудиле црковните власти синодските седници да ги одржуваат еднаш годишно.

Покрај црковните власти на островот Ахил било и седиште и на државниот апарат на Самоиловата држава, пред истите да се преселат во Охрид. Во дворецот на Самоил на островот Ахил, биле носени значајни црковни или световни одлуки. На островот доаѓале и биле испраќани високи црковни и световни преставници, делагации на разни држави, курири, како и домашни феудалци и македонски „витези“. Островот преставувал вистински македонски „Камелот“ од кој се управувало со целата држава.

Дека островот бил навистина црковен Камелот, покажуваат  пронајдените. во 1907 година, 14 стола, од кои средниот се издигнувал над останатите, што укажува дека бил наменет за поглаварот. Ваква пракса каква што е применета на островот Ахил не се сретнува кај другите православни помесни цркви, што од друга страна незначи дека имало столици за сите епархиски владици.

При посетата на Успенски на островот Ахил, тој видел три стола кои се издигнувале над останатите, десет од едната и пет од другата страна. Според неговото мислење иако во тоа време во состав на Архиепископијата имала повеќе епархии, постоеле 21 стол. Иако врз база на направените анализи, се смета дека столовите биле изработени некаде околу 1000 година, тоа незначи дека ги немало и пред тоа. Испишаните имиња на епископиите над столовите на архијерејите во црквата "Св. Ахилеј", само го потврдуваат самостојниот статус на архиепископијата.

Ваквиот самостоен статус на Архиепископија како црква во Самуиловата држава подоцна го потврдуваат повелбите на василевсот Василиј II, како и подоцнежната преписка на цар Калојан со папата Инокентиј III. Во преписката директно се истакнува дека бараните права биле дадени уште во Самуилово време. Според тоа самостојноста на Охридската архиепископија не треба и не смее да се доведува под никакво сомневање иако признавањето пристигнало од Рим. Посебно во овој случај, секогаш треба да се има предвид дека тоа се случило пред поделбата на Црквата на Источна и на Западна во 1054 г.

Границите на Охридската црква во времето на Самуил најчесто се совпаѓала со државните граници. Отука тие биле изложени на чести промени, што предизвукувало и до промени како во бројот на епархиите така и на епархиските граници. Како се менувал нивниот број така се менувале и бројот на столиците, а со тоа и имињата на епископите (обично по името на градот каде што се наоѓала епископијата).

Врвот на моќта Самуиловата држава го достигнала кон крајот од X век околу 1000 година. Тогаш, во рамките на државата и на црквата, главно, биле териториите на: Македонија без Солун, Дукља, Травунија, Захумље, Рашка, Босна, Епир, Албанија и североисточна Бугарија. Во тие рамки Охридската архиепископија ги имала следните епархии: Преспанска, Деволска, Главиничка, Битолска, Морозвиска, Мегленска, Струмичка, Веријска, Скопска, Србичка, Стагска, Липљанска, Призренска, Рашка, Браничевска, Белградска, Сремска, Видинска, Нишка, Тријадичка (Софиска), Велбуждска (Ќустендил), Доростолска (Силистра). Непосредно пред пропаѓањето на Самуиловата држава во 1018 г. Охридската архиепископија ги имала следните епархии: Охридска, Главничка, Деволска, Мегленска, Пелагониска, Струмичка, Морозвиска, Велбуждска, Средечка (Софиска), Рашка, Нишка, Браничевска, Белградска, Призренска, Липљанска.

Ако се погледне картата на териториите кои влегувале во диецезата на Архиепископијата и Самоиловата држава ќе се примети дека само североисточниот дел од Бугарија е во нејзините граници. Отука тврдењето дека се работи за бугарска архиепископија и држава не стои. Иако од црковните документи објавени од кардиналот Ј. Питра, кои се однесуваат на Охридската црква од времето на Димитрија Хоматијан (1216 – 1235) се гледа дека мнозинството од населението се Македонци, грчката патријаршија сите христијани кои биле во состав на Охридската архиепископија, без разлика дали се тоа Срби, Бугари, Босанци, Црногорци или Македонци ги именуваат како В(Б)лгари.

http://mn.mk/komentari/3971-Makedonski-Kamelot-na-ostrovot-Ahil


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: spaceman091
Date Posted: 03-Jun-2011 at 10:04
http://mn.mk/kultura/4273-Tvrdinata-kaj-selo-Grad



Град, е село во Пијанец, општина Делчево. Се наоѓа на неколку километри од магистралниот пат Делчево-Берово. Местото на кое се наоѓа селото изобилува со вода, плодна земја и пасишта, кои се и прчина да ова место биде населено уште пред 5.500 години. Во него се вкрстувале главни и споредни патишта. Преду селото поминувал стариот пат, кој од рудоносните ридови на Саса и Калатакај Каменица, водел преку Луковица, Драмче, Црквенец, Ѕвегор, Град и онатаму преку Малешевијата за Солун. Патот поминувал по десната страна на реката Брегалница. Преку Град, кај планината Обел, Поминувал пат кој водел за долината на Струма, а одтаму за Константинопол.

Во селото Град постои археолошко наоѓалиште, кое се нарекува “Градиште”. Со археолошките истражувања во 2001 година, археолозите пронашле фигура од метал на женско божество-мајка со жртвеник, која е датирана од пред 5.500 години. Откопана е енолитска куќа, во состојба каква и што била од пред 5.500 години. Во неа имало огниште со четири керамички садови. На тоа подрачје се откриени и бронзенодобски населби. Сите тие наоди зборуваат дека на тоа место имало живот уште многу одамна.

Со поранешите истражувања, во атарот на селото ео откриена голема тава со грчки монети од градот Хистие (Еубеа) од 4-ти и 3-ти век пред Христос. Тоа иницира дека таму постоела населба и за време на Хелинистичкиот пориод, која продолжува да егзистира и за римско време.

На самиот рид на Градиштето се пронајдени голем број на монети од римскиот период и рановизантиско време. Пронајдени се камени садови и керамика од сите периоди. Откопани се и голем број на питоси.

Со археолошките истражувања во селото од 2001 година Градиштето било датирано како доцноантички град, 1-4 век по Христос. Според археолоштите наоди тоа било добро обезбедена тврдина, со акропола на врвот на ридот и со кула за набљудување на околината и одбрана од напади. До сега во Град не е лоцирана ранохристијанска црква, иако преданието збоува дека во селото имало повеке цркви. Во средниот век имало развиен црковен живот. За тоа сведочат бронзените крстови кои се најдени во Градиштето при ископувањата во 2001 година. Таму се најдени три бронзени крста, од кои кои едниот е датиран 10-12 век, вториот само од средниот век, а третиот од 18 век. Од податоците кои ни се на располагање од времето на владеење на царот Милутин , цар Душан и од еден Турски попис од 1570 година одзнаваме дека станува збор за голема и организирана населба.

Како султанска држава со Хатихумајунот од 1856 година, со кој првпат е прокламирана слобода на вероисповед и рамноправност на сите турски поданици, христијаните од Град, најверојатно предводени од свештениците и занаетчиите, поднеле барање да им одобри изградба и доградба на црквата “Свети Георги” во селото. Ферманот со кој султанот го одобрил барањето на христијаните од Град, беше најден во црквата во селото, а сега се чува во архивот на Македонија. Ферманот го издал султанот Абдул Меџит, кој владеел од 1839 до 1861 година.

Од преродбенскиот период на македонскиот народ, од ова подрачје улогата на преродбеници на месното население ја земале свештениците и црквата.

Денес Град заедно со целиот македонски народ ги дели убавините и маките на Македонија. Сега во него живеат околу 180 фамилии православни македонци и три фамилии од турска националност кои незнаат ниту еден збор турски и не ги познаваат турските обичаи па се претпоставува дека се македонци кои морале да ја прифатат муслиманската вероисповест за време на турското ропство.



Posted By: mitatos
Date Posted: 03-Jun-2011 at 13:09
Прв пат слушам за оваа тврдина, и кулите се добро сочувани, видов низ интернет и некое мало мостче е изградено во реката доле од тврдината.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: mitatos
Date Posted: 03-Jun-2011 at 13:15
Еве и кординации каде се наога оваа тврдина:


: 41.94011 22.843808


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Environmental
Date Posted: 03-Jun-2011 at 13:49
Znachi, Tvrdinata,(potochno kulata) e izgradena spored ostatocite pronajdeni tamu. Ovaa Gradba shto se gleda sega e izgradena okolu 2000 godina. Inaku interesno da se napomene e deka sosema do karpite beshe zapochnato da se gradi Etno Selo. Izgradija 2 kukji i se raboteshe na ureduvanje na prostorot, no od 2002 godina nishto poveke ne e napraveno.
Celiot toj prostor okolu ridot kade shto se naogja nekogashnata tvrdina imaat dosta golem potencijal za turizam, no treba ushte mnogu da se vlozhuva.

-------------
Conservation is a state of harmony between men and land.



Posted By: Makedonij
Date Posted: 06-Jun-2011 at 21:28
Originally posted by spaceman091

http://mn.mk/kultura/4273-Tvrdinata-kaj-selo-Grad



Град, е село во Пијанец, општина Делчево. Се наоѓа на неколку километри од магистралниот пат Делчево-Берово. Местото на кое се наоѓа селото изобилува со вода, плодна земја и пасишта, кои се и прчина да ова место биде населено уште пред 5.500 години. Во него се вкрстувале главни и споредни патишта. Преду селото поминувал стариот пат, кој од рудоносните ридови на Саса и Калатакај Каменица, водел преку Луковица, Драмче, Црквенец, Ѕвегор, Град и онатаму преку Малешевијата за Солун. Патот поминувал по десната страна на реката Брегалница. Преку Град, кај планината Обел, Поминувал пат кој водел за долината на Струма, а одтаму за Константинопол.

Во селото Град постои археолошко наоѓалиште, кое се нарекува “Градиште”. Со археолошките истражувања во 2001 година, археолозите пронашле фигура од метал на женско божество-мајка со жртвеник, која е датирана од пред 5.500 години. Откопана е енолитска куќа, во состојба каква и што била од пред 5.500 години. Во неа имало огниште со четири керамички садови. На тоа подрачје се откриени и бронзенодобски населби. Сите тие наоди зборуваат дека на тоа место имало живот уште многу одамна.

Со поранешите истражувања, во атарот на селото ео откриена голема тава со грчки монети од градот Хистие (Еубеа) од 4-ти и 3-ти век пред Христос. Тоа иницира дека таму постоела населба и за време на Хелинистичкиот пориод, која продолжува да егзистира и за римско време.

На самиот рид на Градиштето се пронајдени голем број на монети од римскиот период и рановизантиско време. Пронајдени се камени садови и керамика од сите периоди. Откопани се и голем број на питоси.

Со археолошките истражувања во селото од 2001 година Градиштето било датирано како доцноантички град, 1-4 век по Христос. Според археолоштите наоди тоа било добро обезбедена тврдина, со акропола на врвот на ридот и со кула за набљудување на околината и одбрана од напади. До сега во Град не е лоцирана ранохристијанска црква, иако преданието збоува дека во селото имало повеке цркви. Во средниот век имало развиен црковен живот. За тоа сведочат бронзените крстови кои се најдени во Градиштето при ископувањата во 2001 година. Таму се најдени три бронзени крста, од кои кои едниот е датиран 10-12 век, вториот само од средниот век, а третиот од 18 век. Од податоците кои ни се на располагање од времето на владеење на царот Милутин , цар Душан и од еден Турски попис од 1570 година одзнаваме дека станува збор за голема и организирана населба.

Како султанска држава со Хатихумајунот од 1856 година, со кој првпат е прокламирана слобода на вероисповед и рамноправност на сите турски поданици, христијаните од Град, најверојатно предводени од свештениците и занаетчиите, поднеле барање да им одобри изградба и доградба на црквата “Свети Георги” во селото. Ферманот со кој султанот го одобрил барањето на христијаните од Град, беше најден во црквата во селото, а сега се чува во архивот на Македонија. Ферманот го издал султанот Абдул Меџит, кој владеел од 1839 до 1861 година.

Од преродбенскиот период на македонскиот народ, од ова подрачје улогата на преродбеници на месното население ја земале свештениците и црквата.

Денес Град заедно со целиот македонски народ ги дели убавините и маките на Македонија. Сега во него живеат околу 180 фамилии православни македонци и три фамилии од турска националност кои незнаат ниту еден збор турски и не ги познаваат турските обичаи па се претпоставува дека се македонци кои морале да ја прифатат муслиманската вероисповест за време на турското ропство.



Posetiv ja ovaa lokacija lani, nogu interesna i ubava, samo ne e uredena, i ako koga bev tamu nešto se pravea patištata, taka da neznam kako e vo momentot, do tvrdinata se stiga so đip ili kola, ako e malku povisoka ii pak peški, no mene ne mi uspea, bidejki društvoto koe beše so mene nekeše da se iskačime
Eve vi nekolku fotki, inaku Isl, toa mislam deka nee tvrdinata za koja ednaš razgovarahme..






 


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: axel
Date Posted: 05-Jan-2012 at 14:37

http://kurir.mk/makedonija/vesti/55958-Misterii-Geoglifot-vo-Ovce-Pole - Мистерии: Геоглифот во Овче Поле


Речиси во средината на Овче Поле,  јужно од Свети Николе се наоѓаа месноста која што народот ја нарекува Канда.

geogilfoot-vo-ovce-pole
Меѓу овој простор и селата Долно и Горно Црнилиште се наоѓа ридчето кое што разбуди интерес кај македонската и светската јавност. Оваа област народот ја вика Пударница. Претставува мала височинка,  која се издига над околниот терен и има одличен видик на Овчеполието. Околината околу малото и рамно ридче е обработлива земја (црница) која што мештаните постојано ја обработуваат и посејуваат со житни култури. Составот на земјата на малото ридче е од песоклива почва, од едар песок со примеси на едри каменчиња и се забележуват остатоци од варов раствор. Составот на земјата и на обработливата површина околу него ме наведува на тезата дека тоа претставува вештачка формација подигната некогаш во минатото - могила (рамна), хумка или вештачко плато на кое се извршувале одредени култови дејствија или набљудувања на небесните тела. Во околината на месноста Пударница има два локалитети од кои што има можност песокот да е пренесен и да е подигнато вештачкото плато. Едниот локалитет е до с. Г. Црнилиште, а другиот е до с. Кнежје - до археолошкиот локалитет Билазора.

Според анализите и набљудувањето на составот на песокот и примесите во него од едри каменчиња и школки, потврдувам дека песокот е пренесуван од Кнежје, до археолошкиот локалитет Билазора кој се наоѓа неколку стотини метра западно. Овде се поставува прашањето кога и кој го направил платото. Дали е подигнато во времето кога Билазора е во својот најголем административен, воен, културен подем или пред тоа, не знаеме. Одговорот можеби ќе го пронајдеме во идните археолошки истражувања. Платото е со површина од околу еден хектар, во која се ископани ровови од околу  0, 60 м.длабочина. Формите на рововите претставуваат една неправилна елипса која е протегната во посока север - југ. Во неа има уште три рова. Два од нив се во насока исток - запад, се наоѓаат во северната половина на елипсата и се со должина од 2,5 м, додека третиот е во насока север - југ и е речиси двојно подолг. Тој започнува помеѓу двата помали рова во северната половина и се протега скоро до работ во јужната половина на елипсата. Неговиот завршеток наликува на растегната и накосена буква `W`  од латинската азбука, или М од нашата. Во кратки црти можам да кажам дека на платото во Пударница, со помош на рововите грубо е скицирано лице на човек.

geogilfoot-vo-ovce-pole-foto
Фотографијата на платото и рововите на него побуди интерес кај многу истражувачи и ентузијасти, имено тоа е причината поради која што ја претставувам оваа статија во јавноста. Според Домагој Николич, истражувач на мегалити на Балканот, скицата или геоглифот на платото ја е аналогна на космичкото јајце од кое се раѓаат змејовите близнаци, и патот на соѕвездието Касиопеја. Друга интрепrетација на геоглифот на платото, според Македонската транскрипција на Каменот од Розета, даде и Саше Ендроски, потврдена од професорите Аристотел Тентов и Томе Бошевски кои сметаат дека геоглифот го симболизира богот „ЅЕ"- врховен бог на древните Македонци, и неговата посвета кон Големата, Врховна - Прва Мајка.

Јас неможам во никаков случај да го интрепетирам геоглифот, бидејќи немам познавања од астроархеологија и лингвистика, но во статијава ја представив топографијата на геоглифот, составот на земјата од кој е изграден, а во наредниве неколку реда ќе ја пренесам и неговата поврзаност со неколку археолошки локалитети. Секако, во неговата близина е Градиште – Славев Дол до селото Кнежје или популарно наречената Билазора. Јужно од акрополата на древниот град се наоѓа некрополата. Таа е ориентирана исток -запад, т.е. гледа кон исток или кон платото со геоглифот. Самиот терен на некрополата е на повисоко ниво од околината, благо се спушта кон исток и завршува пред платото на кое е поставен геоглифот. Освен тоа од некрополата на Билазора до платото на геоглифот постојат неколку извори, поставени во права линија, остататоци од тие извори немаме на површината, но јасно се гледа водата која се уште ги преплавува околните ниви. Од овде изведов заклучок дека тие извори мора да бидат поставени покрај пат, кој е во посока некропола – геоглиф.

geogilfoot-vo-ovce-pole-mapa

Геоглифот не е изолирана појaва во нашава територија. Тој се наоѓа во права линија помеѓу мегалитска опсерваторија на врвот Кокино, Цоцев Камен и рудникот Алшар на Кожуф планина. Освен тоа тој е врв на рамностран триаголник со точките Стибера и старите Пајонски гробишта.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/55958-Misterii-Geoglifot-vo-Ovce-Pole




Posted By: kultuzin
Date Posted: 29-Jan-2012 at 13:24
Туристички мапи за локалитетот Вардарски рид
НЕДЕЛА, 29 ЈАНУАРИ 2012 13:09 0 КОМЕНТАРИ
Со спроведувањето на проектот „Мапирање на турисичкиот локалитет Вардарски рид“ на овој значаен археолошки локалитет кај Гевгелија поставени се пет паноа со цел подобро запознавање на посетителите со богатото културно наследство што го кријат во себе старите ѕидини и предмети најдени после низа векови наталожен замјен слој на терените од локалитетот.
Учесници на проектот се ученици од Средношколскиот училишен центар „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, насока туризам, заедно со претставници од австрискиот непрофитен центар „Култур контакт“ кој работи во рамките на австриското Министерството за образование, култура и уметност и Австриската Агенција за развој.

Стратешката положба на Вардарски рид не била непозната дури и во Праисториско време. Овде подлабоко во тлото лежат корените на првите праисториски населби. Но сепак најинтересен е податокот за последниот македонски антички град Гортинија, кој опстојувал илјада години пред нашата ера и во кој владееле сите македонски кралеви од Филип Втори до Персеј.

На мапите можат да се најдат податоци за градската јавна градба изградена уште од времето на Филип ИИ, која претставува своевиден центар, место каде се случувале сите поважни општествени настани во тоа време, наречена „Стоата“. Посетителите на археолошките ископини кај Вардарски рид од мапите можат да дознаат како изгледа Акрополата, градба што ја претставува последната сатаромакедонска населба што датира од третиот и вториот век пред нашата ера и истата да ја пронајдат на терените на локалитетот. Забележително е и претставувањето на таканаречената „Куќа на колекционерот“(вториот и првиот век п.н.е.), како и внатрешниот бедем со двете кули во средиштето на комплексот, што на локалитетот му дава важно стратешко и одбрамбено значење.

Тимот гевгелиски средношлколци заедно со координаторот на проектот-професорката Велика Бизоева успеаја на презентацијата да ги одбележат најзначајните пронајдени предмети на локалитетот, кои го рефлектираат животот од старо македонскиот град Гортинија. Поради историското и општественото значење на податоците што во себе ги носи овој локалитет истиот претставува не само културно богатство, туку и значајна туристичка дестинација, што е и основниот мотив за реализација на заедничкиот проект на СОУ „Јосиф Јосифовски“ со австриската Агенција за развој и непрофитниот центар „Култур контакт“.
http://www.time.mk/read/963a6c5aa7/d13ad90e6d/index.html


Posted By: makonix
Date Posted: 18-Feb-2012 at 01:16
Постановка 2011

Керамичкиот печат со претстава на петел од Стоби



Шлемот со грифон и Херакле откриен на Горна порта



Бронзени примероци на умбо - дел од војнички штит, од скопско Кале



Наоди од детски гроб од Вардарски Рид



Светилка со еротска претстава



Два калапа од македонско - хеленистички период од Хераклеја



Умбо или држач за кок од Енгелана



Српови и други предмети откриени на локалитетот Таор



Шлемот со претстава на грифон и на Хералке како ја убива ламјата откриен на Горна Порта во Охрид, несомнено е најмаркантен наод што го плени вниманието на изложбата „Археологија 2011“ отворена во Музеј на Македонија. Поставен во витрина со множество предмети откривани лани на Самоиловата тврдина, овој шлем, кој е откриен во гробницата бр. 127 во 2002 година, му припаѓа на типот халкидик. Откопан е заедно со двете керамички амфори, со еден аскос - керамички сад со црвено фигурално сликарство, но со неколку златни предмети што се наоѓале во гробницата, со една златна двојна игла и хипокамп - воден коњ со крила, со неколку златни апликации во вид на розети и др. Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, која е организатор на оваа четврта едноподруга изложба, го смета шлемот за исклучителен наод, бидејќи со дадената претстава тој прв пат и се појавува на просторот на Република Македонија, а напоменува дека и во светот таквите наоди се ретки. „Грифонот е митско животно со глава на орел, со шепи на лав кој ги штити воините и има дава сила, а важи и за животно кое го штити златото. Во една легенда стои запишано и дека самиот ископува злато за да ги гради своите гнезда“, рече археологот. Тој за единствени наоди ги смета во истата витрина презентираните копја, на кои стегачите на држачите во вид на прстен им се изработени од злато. Напомена дека кај овие наоди е присутна ретка комбинација на злато и железо. Самоиловата тврдина е еден од 18-те презентирани локалитети на изложбата на кој минатата година се вршени континуирани истражувања, освен на Кастелот кај Пчиња, каде што се одвивала конзервација.

Светилка со еротска претстава - Антигонеја

Од Охридско, од локалитетот Енгелана во посебна витрина се презентирани златни предмети, дијадеми и златни апликации. За еден од нив, од 4 век пр.н.е. постојат две претпоставки, дека бил користен или како умбо-украс на војнички штит или, пак, служел како држач на кок. Како значаен наод се одвојуваат и презентираните стрелки, откриени во тамошното депо. Според Паско Кузман, во него биле откриени над 1.000 стрелки, но не е исклучено, во депото да има уште примероци.

Наоди од детски гроб од Вардарски Рид

Презентирани се и голем број наоди од Скупи, претежно од римски период откривани на територијата на градот, но и од локалитетот Таор во близина на Скопје. Археологот Златко Видевски раководител на Археолошкиот музеј ги издвои од Таор, нарекувајќи ги мошне интересни предметите што им служеле на некогашните жители во секојдневјето: неколкуте српови, клучевите, различните шарки за вратите, хостиите - за ловење риба, клопотарците за стока, ножиците и друго. „Тие ја прикажуваат доцноантичката материјална култура, која ретко се среќава“, рече тој.

Два калапа од македонско-хеленистички период од Хераклеја

Презентирани се и наодите од скопско Кале, како своевидна приказна за неговата стратиграфија. Меѓу нив и фигурина на скулптура без глава, датирана од 13-14 век, најверојатно, од женско тело, но и два примерока на умбо, изработени во бронза, датирани меѓу 10 и 14 век

Керамичкиот печат со претстава на петел од Стоби

Светилка во форма на чевел од Кокино, лулиња, но и сребрена табакера од 18 век, пронајдени на Тетовско кале, како и наоди од Исарот кај Штип се наредени едни до други. Наодите од Исарот се сметаат за потврда за присуството на македонско- хеленистички период на локалитетот, а можат да послужат како потврда и за мислењето дека сегашен Штип е античкиот град Астибо. Изложените парчиња стакло говорат дека таму некогаш постоела и работилница за такви предмети.

Умбо или држач за кок од Енгелана

За оваа изложба НУ „Стоби“ одбра околу 120 предмети откриени при истражувањата на истоимениот локалитет. Лани таму се истражуваше на просторот на Западната некропола, под мозаикот во трпезаријата во Палата перистерија, чија конзервација е во завршна фаза и на населбата од 6 век на горната тераса. Публиката може да види керамички садови, теракотни фигурини, светилки и разни предмети изработени од коска кои датираат од 2 век пр.н.е. па се' до доцниот 6 век од н.е. Меѓу нив како особено внимание привлекуваат два предмета: керамичен печат со претстава на петел и теракотната фигурина на гладијатор.

Бронзени примероци на умбо - дел од војнички штит, од Калето во Скопје

„Кружниот печат со претстава на петел изведен во длабок релјеф е извонредна изработка на локален мајстор-керамичар“, потенцира Силвана Блажевска, директорка на „Стоби“. Таа објаснува дека поради големите димензии, овој печат веројатно не бил користен за декорирање калапи за релјефни садови, туку за сигнирање леб. Бил откриен во куќа што датира од 1-2 век од н.е. А бил фрлен во отпадна јама. „Во римскиот империјален период било вообичаено да се сигнира лебот од големите пекарници, кои на тој начин го заштитувале својот производ и гарантирале за квалитетот. Печатите за сигнирање леб биле изработувани од керамика или од бронза, со најразлични натписи или симболи. Петелот е симбол на сонцето, новиот ден. Во антиката се идентификувал со Арес, богот на војната, но и со Аполон Фојбос и Асклепиј, богот на лекувањето, поради што добива и апотропејска (заштитна) моќ, а во христијанството се поврзува со Петровото одрекување, најавувајќи го Христовото воскресение“ , укажа Блажевска, а нејзините стручни опсеравции го потврдија нашето мислење дека овој предмет заслужува поголемо внимание. Таа посочи и дека теракотната фигурина на презентираниот гладијатор е единствена меѓу досега откриените фигурини во Стоби. Гладијаторот, кој е посебно издвоен, е во полна борбена опрема, со шлем на главата, панцир, кнемиди и правоаголен штит, датира од доцниот 1 век пр. н.е. Идентични претстави, на гладијатори, рече таа, се среќаваат на светилките од раниот римски период.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8C647265F4F6E34F97EAF469C2A158F9 - извор


Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Apr-2012 at 17:21
Originally posted by Makedonij

Црвена црква - Крупиште
41°50'40.05" S  22°15'13.65" V

http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Krupiste_images/images/2.JPG



Откриена вековната тајна, античкиот град Равен-лулката на словенската азбука?!

Дали навистина е откриен византискиот град Равен во кој според житието на свети Кирил се родила словенската писменост ќе остане тајна барем уште некое време, затоа што државата нема пари за вакво истражување


Дали во нивите кои се на само стотина метри од штипското село Крупиште, се наоѓа долго бараниот град, односно епископијата каде според историчарите, солунските брака ја напишале Азбуката. Археолозите од штипскиот музеј оптимисти.

Се смета дека и Кирил, неговиот брат, тука ги напишал 32-те букви од азбуката, тврди во своите претпоставки археологот од штипскиот музеј м-р Миланчо Миленковски.

Ископините од темели на цркви современици на светите Кирил и Методиј, како и вградените симболи во сегашните храмови кои биле дел од урнатите цркви за археолозите се непобитен аргумент.


Надежта кај нив дополнително се подгрева со зачестените жалби на крупиштани за маката во орање на земјата.


„На 20 до 30 сантиметри од земјата излегуваат камења и тоа големи, па често ги кршиме плуговите. Воопшто многу е тешко за орање“- се жали Блашка Трајчева, од Крупиште.

Во нивата на 60г. Блашка освен жито, се изродија и темелите на така наречената Црвена црква, една од можните храмови каде според археолозите, светите словенски брака ја напишале азбуката.

Претпоставка е дека на неполн половина метар под плодната почва се кријат темели на 10 до 13 цркви, како и вечните почивалишта на пет од 15 свети тивериополски маченици.

Кога доаѓа тука св.Климент за епископ, тука се пренесени пет од 15 те струмички маченици и со истражувањата од 1985-86 та година, од страна на академик Блага Алексова, токму тука е утврдено местото каде треба да наоѓаат гробовите на мачениците, но и останатите аргументи и артефакти за дејноста на светите словенски просветители“- вели за Канал 5, м-р Миленковски.

На 200 хектари крупишки ораници, старите записи сведочат за интензивен живот во првите столетија од доаѓањето на Словените. За жал како што често само нам ни се случува, немањето пари е главната пречка за откривање на вековната тајна, дали градот на Кирил и Методиј бил тука или не. Равен името на мистичниот град е еднаков на равенката без непознати. Ископувања ќе има кога ќе има и пари.

http://kanal5.com.mk/%28S%28zjwqee55gefq5y45jzki4a45%29%29/default.aspx?mId=37&eventId=60833&tip=video&AspxAutoDetectCookieSupport=1


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Apr-2012 at 17:33
Originally posted by Makedonij

[QUOTE=Makedonij] Црвена црква - Крупиште
41°50'40.05" S  22°15'13.65" V

http://zvonkobeldedovski.50webs.com/Krupiste_images/images/2.JPG



[Tube]8uU38_M26E8[/Tube]


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Paraxiae
Date Posted: 02-Oct-2012 at 18:32

Eurydike - the mother of King Philip II

Eurydike, the mother of king Philip II was a Lyncestian princess, born in Lyncus at the village of Gorenci, around 410 BC. She was “Arrhabaeus’s daughter’s daughter and the daughter of Sirrhas”. When Strabo (64BC – 24 AD) gave the name of the founder of the Kingdom of Lyncus as Arrhabaues then he also added a piece of Bacchiad genealogy. We learn from Aristotle (384-322 BC) that king Archelaus in 400-399 BC was hard pressed in a war against Sirrhas and Arrhabaeus, the rulers of the royal house of Lyncus. The mysterious Sirrhas actually happened to be a brother of Arrhabaeus, who married a daughter of Arrhabaeus, a matter of endogamy, that was a common practice at that time, see the reference below, Hofmann, Johann Jacob: Lexicon Universale, printed 1698.

The%20city%20of%20Lyncus

Amyntas III, the father of the King Philip II may have married Eurydike already in 393 BC at the time of his accession to the Macedonian throne. This event may have annoyed the Illyrians, giving them the cause to complete the occupation of the Kingdom of Lyncus, attack Macedonia, and install a puppet ruler for two years.

http://www.macedonia.se/downloads/Documentation/lyncus_brochure.pdf - Download the brochure

© Kiril Arsov, 2012



Posted By: Gaulois
Date Posted: 30-Oct-2012 at 02:04
Sorry for not writing in Macedonian, but I am not very good at it, unfortunately. I would like to know if there is a database with all the protected heritage sites in the country available on the internet.

I tried to call some people from the Ministry of Culture, but was not able to find any English speaker, and it was hard for me to understand

I don't mind if the database is only written in Macedonian, as I can read it quite well.
Thanks for any advice


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2012 at 01:16


I tried googling for such a list in Macedonian language, but it appears that such thing is not available on the internet.

I can only advise you to try and contact this institution:

http://uzkn.gov.mk/default_en.html - http://uzkn.gov.mk/default_en.html

It is the "Office for protection of Cultural Heritage" and perhaps it is a more suitable institution for your need.



Posted By: Gaulois
Date Posted: 31-Oct-2012 at 18:00
Thank you. I tried to contact this office as well, but nobody there could speak English. I finally called someone at the Unesco, and it seems that there are problems of registers between the national office and the local institutes, and nobody knows exactly which buildings are protected or not... I sincerely hope they will soon clear the situation.


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 01-Nov-2012 at 19:17
 at the moment there is none,however you can contact ICOMOS http://www.icomos.org.mk/Contact.aspx - http://www.icomos.org.mk/Contact.aspx and ask for info,or eventually find the 1996 issue of AMM (only in macedonian) - http://arheoblog.blogspot.com/2009_04_01_archive.html - http://arheoblog.blogspot.com/2009_04_01_archive.html

-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: gjoko
Date Posted: 13-Nov-2012 at 00:45


Macedonian Geoglyph



Mystical sign gives Macedonians broaden insights about their past -

Geoglyphs are works of art created in the earth's soil by organized stacking of stones, earth or other material.
The origin of these drawings visible from the sky is still unknown to most scholars of our time. World famous Nazca Lines are a series of geometric shapes, kilometers of lines and large drawings of animal and human figures and shapes made on the desert floor in Nazca in Peru.
In Chile there are remnants of the Inca culture, also represented through forms on earth and only just visible from the sky. Series of such drawings are not only in South America, but in Australia, UK, USA, which is clearly visible on this map . According to previous research, which today forms the science calls geoglifi were created by ancient civilizations in order to show respect for their gods, or of replicating well known "As Above, So Below" The same way of copying the image of "Heavenly Paradise" is evident in Egypt, where the Sphinx and Pyramids are placed just in order reflected a perfect mirror of celestial movements of certain constellations and positions, not just the stars but the sun and moon .

Macedonia is in the list of world's oldest civilizations. Geogliyph about the size of a football field is located in Ovche Pole, near Sveti Nikole. Clearly visible from a helicopter, airplane, and - on Google Maps
Part of the local population is aware of the existence of this place more than 15 years, and no doubt that for this was conscious and former Yugoslav Army. These days, scientists, adventurers, explorers from around the Balkans come surprisingly in Sveti Nikole, taking into account the many (over)natural phenomena in the environment. The position of this geoglyph is in a exact direction north - south and located above the village Crnilishte.
Coincidentally, the symbol painted on the ground which is not cultivated for centuries is the same with some words from the middle text of Rosetta Stone, deciphered by professors Bosevski Tome and Aristotle Tentov. Their work clearly shows that the letter and the language of our ancestors is the root not only of Macedonian, but through out to the Glagolitic and all Slavic languages. According transcription, read from north to south, the picture visible from the sky corresponds to the Supreme Deity of ancient Macedonians, God DZE (one who sees All, Supreme, Ruler, Prophet, The Sacred Eye, The Great Eye) and his tribute to the Great Mother The Great Mother of the whole world - MACEDONIA

The analogy of the symbol reflected the country with the supreme deity of the ancient people of the region awakened interest among many people in Macedonia.
Being interested in this place, calculate another interesting parallel - north of there is a megalithic observatory Kokino and south Alshar mine with lorandite. Through communication with researchers in this field, understood, and the similarity in the constellation Cassiopeia and its movement by Northern Star.
the place where it's located is named KANDA
Paeonian God of War was KANDAON

to be continued..

http://ireport.cnn.com/docs/DOC-879545 - http://ireport.cnn.com/docs/DOC-879545

ПС.Миленко Н.имаше емисија за истиов овој симбол(место),ја има на интернет,кој сака можи да ја погледа


Posted By: makonix
Date Posted: 08-Dec-2012 at 11:29
Големо археолошко богатство на локалитетот „Црквени ливади“ во Враништа

Струшкиот музеј „Д-р Никола Незлобински“ деновиве ги привршува едномесечните контролни истражувања на локалитетот „Црквени ливади“ во селото Враништа, од кои се очекуваат клучни информации за постоењето на античкиот Мегалополис, за кој се уште не е потврдено каде точно се наоѓал.

Позначајни наоди кои укажуваат дека на овој локалитет може да лежи големо археолошко богатство се откриени во 1970-те години при регулирањето на реката Црн Дрим. Според директорот на музејот, Сашо Цветкоски, првичните наоди ги оправдале очекувањата на стручњаците.

- Врз основа на тие податоци годинава отворивме една пробна сонда, односно се претпоставуваше дека се работи за наколно живеалиште од типот на она што ние го имаме на истекот од Дрим, од устието на Дрим или Врбник. Се гледа дека тоа е една голема и долга стратиграфија која зафаќа континуитет на живот повеќе од еден милениум и таа наколна населба постепено трае до доцната антика, објаснува Цветкоски.

Според првичните податоци од истражувањата на музејот „Д- р Никола Незлобински“, на овој локалитет се наоѓа и базиликален објект од големо значење кој, најави Цветкоски, ќе биде публикуван идната година.

Проектот во Враништа се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура, кое за истражувањата одвои 150 илјади денари.



http://sitel.com.mk/golemo-arheoloshko-bogatstvo-na-lokalitetot-crkveni-livadi-vo-vranishta - http://sitel.com.mk/golemo-arheoloshko-bogatstvo-na-lokalitetot-crkveni-livadi-vo-vranishta


Posted By: Paraxiae
Date Posted: 09-Dec-2012 at 22:25
Ima izgledi kaj seloto Vranista da e postojal golem grad vo sredniot vek. Za toa ima poveke indikacii kako predanija taka i ostotoci od crkvi. No toa zborenje za nakolni zivealista e totalna glupost od strana na nasite zavejani arheolozi. Kakvi se tie nasi arheolozi so tolku plitki znaenja za proslosta i istorijata na nasata zemja. Gospodinot Сашо Цветкоски neka se nauci da cita angliski i da ja procita knigata na Anna Komnene, The Alexiad, kade taa ja opisuva geografijata na Struskata kotlina. Niz celata Struska kotlima se imat protegano stotina STRUGI za lovenje na riba od bregot na Ohridskoto ezero pa se do Dobovjani! http://www.macedonia.se/en/Load/66/lyncus_city/
Pa tie kolci sto vsusnost postojat i kaj Vranista ne se od nekakvo nakolno zivealiste tuku ednostavno od tie STRUGI, vadi so prepleti koi se praveni od covecka raka so cel da se lovat ribi. I antickite pisateli go imat opisano toa nesto deka tamu e loveno riba i e solena.


Posted By: damjan4o
Date Posted: 08-Mar-2013 at 22:59


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Mar-2013 at 17:47


Каде е ова?


Posted By: alexgizh
Date Posted: 09-Mar-2013 at 17:53
Лазарополе.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: damjan4o
Date Posted: 16-Mar-2013 at 23:03
Св. Никола, Матка (ако не се лажам)


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Jun-2013 at 18:41
Ќе се реставрира дојранската Саат кула

Саат кулата во стариот дел на Дојран, која е еден од препознатливите белези на градот, ќе се реставрира како дел од соработката со турската општина Чекмекој



Кулата која сега е запуштена, според општинските власти на Дојран, ќе добие мини плоштад, а објектот кој датира од османлиско време ќе биде реконструиран.

Покрај овој објект, од општината најавуваат и реставрација на старата османлиска чешма.

Реконструкциите на двата објекти се договорени при дводневната посета на делегација од општина Дојран на збратимената општина од Истанбул, Чекмекој.

При посетата, презентирани се и можностите за инвестирање во Дојран, а како што информираат од општината, кон крајот на август е договорена возвратна посета на претставници од турската општина и од тамошниот бизнис-сектор.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=19401 - http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=19401

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Jun-2013 at 18:43
Не знам колку ова спаѓа во културно наследство...

Се уредуваат германските гробишта во Прилеп

Претставници од германското Здружение на воени резервисти презеде активности за уредување на Германските гробишта од Првата светска војна во Прилеп, во кои почиваат над 1000 не само германски, туку и унгарски, бугарски и руски војници

Здружението активностите ги извршува по договор со Германскиот народен сојуз за грижа на германските воени гробишта во светот. Со овие активности поддржани од ЛС, германските гробишта во Прилеп, реновирани пред неколку години, уште повеќе ќе станат подостојно место за оддавање почит на загинатите.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=19414 - http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=19414

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 05-Jun-2013 at 22:42
[tube]NL_BuARx-nQ[/tube]


Posted By: kultuzin
Date Posted: 15-Jun-2013 at 23:49
Пелагонија атрактивна за полските и македонските археолози

Македонски и полски археолози ќе ја истражуваат централна Пелагонија. Со моделирање и геомагнетно скенирање на земјата ќе ги откриваат старите неолитски населби во овој регион. Могила, Радобор и Карамани се селата каде има сериозни индикации за постоење на овој вид праисториски населби.

-На одредени локалитети во централна Пелагонија, поточно во Могила има релативно стар неолитски локалитет. Таму е потврдено постоење на неолитска населба, а врз нејзе има и средновековни гробови, вели Наумов.

Дигиталната опрема со која ќе се врши геоскенирањето на пелагонскиот регион е донесена од Полска. Урсула Бугај од полската академија на науките за Сител вели дека овој метод на истражување нуди голем број податоци уште пред да се почне со ископувањето.

-Регионот на Пелагонија е избран баш поради фактот што е интересен предел и можно е да откриеме интересни работи, истакна Бугај.

Досега според претставниците од Полска овој вид на истражување резултирал со откривање на голем број локалитети од праисторијата насекаде во светот. Една од целите на овој проект е геоскенирањето почесто да се употребува и во македонската ареологија.

Антонио Крстевски


http://www.sitel.com.mk/pelagonija-atraktivna-za-polskite-i-makedonskite-arheolozi



Posted By: daci92
Date Posted: 19-Jun-2013 at 15:35

http://www.kurir.mk/republika/skopje/120188-Tvrdinata-Kale-otvorena-za-posetiteli - Тврдината Кале отворена за посетители

Среда, 19 Јуни 2013 10:38

По две години пауза твр­ди­на­та Ка­ле конечно е от­во­ре­на за по­се­ти­те­ли. Најновите измени предвидуваат на секој од влезовите да биде постаена чуварска служба кај која ќе треба да се пријавуваат посетителите, објавува Вест.

kaleeee

-Тен­зи­и­те кои беа по­ра­ди из­град­ба­та на црк­ва­та се сми­ри­ја, но на Ка­лето се из­вр­шу­ва­ат ар­хе­о­лош­ки ис­ко­пи и кон­зер­ва­тор­ски ра­бо­ти, па за­тоа е пот­ре­бен од­ре­ден ре­жим на дви­же­ње низ него, ве­ли директорот на Управата за заштита на културното наследство, Па­ско Куз­ман за Вест.

Тој најавува дека влезот во иднина ќе се наплаќа.

- Го под­гот­ву­ва­ме Ка­ле­то да ста­не мес­то кое се­кој ту­рист би го по­се­тил и би имал што да ви­ди. Ве­ќе се пос­та­ве­ни два те­лес­ко­па, од кои мо­же да се ви­ди це­ло Скоп­је, а во тек се и кон­зер­ва­тор­ски­те ра­бо­ти за заш­ти­та на ос­та­то­ци­те од Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја. Ко­га ќе ги за­вр­ши­ме си­те овие ра­бо­ти, ќе поч­не­ме да нап­ла­ќаме влез­ни­ца, вели Куз­ман за Вест.

Твр­ди­на­та Ка­ле бе­ше зат­во­ре­на за по­се­ти­те­ли по те­пач­ката за из­град­ба на црк­ва во фев­ру­а­ри 2011 го­ди­на.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/120188-Tvrdinata-Kale-otvorena-za-posetiteli - http://www.kurir.mk/republika/skopje/120188-Tvrdinata-Kale-otvorena-za-posetiteli



Posted By: kultuzin
Date Posted: 12-Aug-2013 at 10:09
АРХЕОЛОГОТ KИРО РИСТОВ ТВРДИ

Јустинијана Прима е под Скопската чаршија



Весна И. Илиевска

Загубениот град Јустинијана Прима веројатно се наоѓа под Старата скопска чаршија, вели археологот Kиро Ристов, кустос-советник во Музејот на град Скопје. Toa може да се потврди ако теренот се истражи, иако во археолошката наука, со децении се спротивставуваат две тези за таканаречената bалканска Атлантида. Едната е дека се наоѓа на локалитетот Царичин Град, кај Лебане, Србија, втората дека е близу Скопје. При неодамнешно патување во Србија, неколкумина кустоси низ музејски поставки и археолози го спомнаа Јустинијан, а како негово родно место го посочија токму Царичин Град, односно Јустинијана Прима.

Докрај неистражено

Ристов долги години ја истражуваше доцноантичката населба Таурисиум, кај скопското село Таор, каде што историографот Прокопиус запишал дека е роден Јустинијан Први (482 - 565), големиот император на Источното Римско Царство.

- Родното место на Јустинијан не е Јустинијана Прима, туку Тауресиум. Од Прокопиус знаеме дека тој ја направил Јустинијана Прима во близина на своето родно место. Според неговите кажувања, знаеме дека градот имал големи улици, убави згради и објекти. Но, дека Царичин Град е родното место на Јустиунијан не држи вода. Цел свет знае дека е роден во Тауресиум, кој не може да биде на исто место со претпоставките за Јустинијана Прима. Тоа се два различни поима, топонима. И едниот и другиот се влезени во историските списи, првиот како негово родно место, вториот како град што му го посветил на родното место - вели Ристов.

Според него, додека не се најде цврст доказ за локацијата на мистериозниот град, секој научник ќе ја тврди својата теорија. Тој беше дел од екипата што неколку години интензивно го истражуваше скопското Kале. Од ископувањата не добија резултати дека таму би можела да биде Јустинијана Прима, бидејќи пронајдоа малку остатоци од доцноримскиот период. Освен тоа, и тој локалитет е на височинка.

- Претпоставувам дека градот бил распослан под Старата скопска чаршија, од Kале до Султан Муратовата џамија и Саат-кулата. На Бит-пазар и во Чаршијата се случиле многу работи, а тој предел никогаш не бил сериозно истражен, до здрава земја, кога веќе не постојат културни слоеви. Сите археолози во извештаите не запишале дека до крај ги спровеле археолошките истражувања за да можат да увидат што има под слоевите - тврди Ристов.

Ристов вели дека во книгите на познатиот англискиот археолог Артур Еванс, кој во почетокот на 20 век престојувал во Скопје, има скица на Безистенот во Скопје. Во средината има дел од огромен објект - ѕид поголем од еден метар, со огромни арки, ѕидан по римскиот модел.

Масивни градби во подземјето

- Kога се градел хотелот „Арка“, на околу 3 метри длабочина градежниците пронашле објект со арки, кој сигурно не е од турскиот период, туку многу постар. На 18 метри длабочина наишле на полукружен објект, ѕидан од делкани камења и блокови. Пронашле и два бронзени сада од античко време. Во подрумите на црквата „Св. Спас“ има ѕид од 10-12 метри. Можно е Јустинијана Прима да е пред нашите очи, под нашите стапала - вели Ристов.

Сепак, додава тој, тоа не значи ништо ако не се направи какво било истражување. Тој е категоричен дека во последните десетина години во Скопје се градат многу нови објекти, се копаат страшни дупки, а археолозите, музеите, заводите за заштита на спомениците немаат никаков увид. Истражувања немаше ниту кога се градеше хотелот „Арка“.

- Слична теорија имаше и академик Блага Алексова, пред да почине. Таа беше најголем истражувач и веројатно човек што најмногу сакаше да ја открие Јустинијана Прима. Не тврдеше дека е во Чаршијата, но беше уверена дека е тука некаде, околу Скопје. Истражував да видам што се случувало во минатото. Тргнав од картите. Најдов мапа на Скопје од 1912 и од 1920 година. Улицата под денешната Самуилова, на Kале, се викала Јустинијанова. Сите други улици подолу се нарекувале Градиште и слично. Топонимијата била изменета по 1945 година, но си останале на мапата. Топонимијата ни е на прво место кога се бара некој локалитет. Можно е дека акрополата на тој град била токму на тоа место и оттаму да се спушта градот - вели Ристов.

Сите цркви станале џамии

Остатоци од Јустинијана Прима се најдени дури до Саат-кулата од другата страна.

- Гледајќи го централното градско јадро на Старата чаршија, бездруго тука бил градот. Сосема може да се претпостави дека под нив има други објекти. Анот бил ан и тогаш и сега. Kога дошле Османлиите, сите цркви ги направиле џамии. Местата се исти, вели Ристов.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B651B1A952DCBD4B810D979A9571C488



Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Aug-2013 at 16:29
Ми мириса на проект „Чаршија 2014“

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 18-Aug-2013 at 13:49

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/127074-Stariot-rimski-teatar-vo-Skupi-ke-se-vozobnovuva - Стариот римски театар во Скупи ќе се возобновува

Недела, 18 Август 2013 14:41

Премиерот Никола Груевски денес беше во посета на археолошкото наоѓалиште Скупи каде најави возобновување на стариот римски театар.

skupi

-Според археолозите, Скупи бил еден од најголемите градови натериторијата на Република Македонија. Тој се протега на површина од 44 хектари и има повеќе наоди дека на ова место има голем римски театар со публика од 9000 лица, изјави Груевски.

Тој додаде дека за две-три години истражување, кое ќе се врши со поддршка на Владата, ќе се истражи стариот римски театар, а потоа ќе следи конзервација и реставрација на истиот.

На ова место, како што најави Груевски, ќе се одржуваат многу културни манифестации и се очекува голема посетеност од страна на туристите.


http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/127074-Stariot-rimski-teatar-vo-Skupi-ke-se-vozobnovuva



-------------


Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Jan-2014 at 18:06


Posted By: Dragan
Date Posted: 04-Jan-2014 at 19:38
Што е целта на сликава ?


Posted By: daci92
Date Posted: 04-Jan-2014 at 23:08
кај местото „Зе“се работи за геоглифот (за кој сеуште нема никакви сигурни информации но се претпоставува дека под него лежи античка гробница) и претпоставувам дека сликата има поента да ја покаже и докаже вистината дека едни од најважните објекти/локалитети во Македонија се наоѓаат на една иста паралела под рамна линија, што е голема реткост во светот ( а доколку се земе целиот регион Македонија со локалитетите Пела/Виргина и Аигаи (во Егејска Македонија) тогаш од прилика се добива тоа што е исцртано на геоглигфот (со фалинка во еден мал дел)).


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Jan-2014 at 00:12
Ова го кажуваше Домагој Николиќ во емисијата `на рубу знаности`.Спомнуваше за трите најзначајни работи кај нас,и некако ги поврза со Александар М,но тоа е долга приказна.Проверив и точно е дека овие три места се на линија,и дека линијата е паралелна со мередијаните.Она `Ze` фактички е нашето `Ѕе`,ама на лаиница неможев да го напишам.Тоа е наводно геоглифот кој ја претставува старомакедонстата буква `Ѕе` за која тентов тврди дека го претставува `првиот бог` или нешто слично беше.

Ја ставив сликата,бидејќи многу ме интересираше дали се во линија и паралелно со мередијанот,а кога и така испадна малку ме изненади,па решив да ја споделам.

А за Алшар рече дека имало врска со штитовите од фалангата,кои биле премачкани со лорандинот,и формирале една врста на олемо огледало.Кој знае дали е така или не...


Posted By: daci92
Date Posted: 08-Jan-2014 at 13:28

ПРОПАЃА НЕПРОЦЕНЛИВАТА ЦРКВА СВЕТИ ЃОРГИ ВО КУРБИНОВО

Црквата  „Св. Ѓорѓи“ во преспанското  село Курбиново,  е  во исклучително лоша состојба, констатираа експертите од битолскиот Завод и музеј, по неколкумесечно истражување на  овој споменик од непроценлива културна вредност. Тектонски поместувања на...
slika
Црквата  „Св. Ѓорѓи“ во преспанското  село Курбиново,  е  во исклучително лоша состојба, констатираа експертите од битолскиот Завод и музеј, по неколкумесечно истражување на  овој споменик од непроценлива културна вредност. Тектонски поместувања на земјиштето каде се наоѓа црквата,  пукнатини на градбата и на ѕидното сликарство, пожолтување на фреските, се само дел од евиднетираните оштетувањата врз архитектурата и црковната уметност. Во истражувањето за состојбата на манастирскиот бисер од 12 век вклучени се и  експерти од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија. 

 

-Направивме комплетна документација на состојбите и генерален заклучок е дека самиот храм е во една доста нестабилна состојба. Врз архитектурата и ѕидното сликарство постојат многу пукнатини со прогресивен тек. Има и пукнатини на партерот, се работи за тектонски нарушувања на самата почва на која лежи храмот. изјави Ристо Палигора, историчар на уметност во Завод и музеј - Битола.

 

Експертите  веќе изготвија програма на активности кои што треба да се реазлизираат оваа година.

 

-Со итсражувањата кои што ќе се заокружат, испитување на самото тло, испитување на јачината на ѕидните маси, на ѕидните платна, на материјалите, ќе се направи еден проект за конструктивно зајакнување на овој храм, а потоа и за санација на ѕидното сликарство, додава Палигора.

 

Фрескоживописот во оваа црква е насликан пред 8 века и е еден од најубавите и најоригинални, а тука се наоѓа и надалеку познатата фреска Ангелот од Курбиново, која има оштетувања и пукнатини. Другите фрески во храмот  пожолтуваат,  а според експертите тоа се должи на  несоодветна интервенција на ѕидното  сликарство.

 

-Очигледен е некаков премаз на фреските во Курбиново кој што предизвикува пожолтување. Најголемиот дел од фреските имаат некоја пожолтена боја, како стара хартија, а во најгорните делови од црквата, каде што не успеале да стигнат, нјаверојатно немале доволно високо скпеле, таму е останата оригиналната боја. Така што и тоа треба да се истражи, да откриеме со што е премачкано и соодветно да се отстрани, додава Ристо Палигора од битолскиот Завод и музеј.

 

За сите овие истражувања  на црквата во Курбиново, Министерсвотот за култура  минатата година издвоило само 150 илјади денари.

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=33827 - http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=33827

На линкот има и видео.



Posted By: kultuzin
Date Posted: 19-Jan-2014 at 12:14

СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ

Под Саат-кулата, гробница како на Тутанкамон

Пишува Данило Коцевски - Скопје е полно со тајни, кои постепено ги откриваме, со текот на времето. Една од тие тајни е и гробот на Исхак-бег, значајна личност и градител од првата половина на 15 век. Неговиот живот е драматична судбина и приказна за раниот османлиски период кај нас, кој е сложен и токму затоа постојан предизвик за истражување.

Деновиве имаме можност подетаљно да ја откриеме гробницата на Исхак-бег, бидејќи, со започнатата реставрација, може да се влезе во нејзината внатрешност. Тоа е возбудлива средба со мирисот и здивот на вековите, кои долго време биле заробени во неа. Затоа велиме, се отвора импресивна слика, во една симболична и метафорична смисла, како при откривањето на тајната на гробницата на Тутанкамон. Тоа може да се види и по фотографиите што ги направивме во нејзината внатрешност. Пред сe, по елиптичната сферично-космичка нагласеност и импресивност на формите направени од тули, кои, споредени со слични исламски објекти, како да го симболизираат спојувањето на небото и земјата. Малите специјални отвори од страните го отсликуваат треперењето на бесконечните ѕвездени простори, кои продираат во внатрешноста. Сликата и доживувањето се уникатни.
Исхак-бег е син на освојувачот на Скопје, Игит-паша, од кого ја наследил титулата војвода на новоосвоените краишта на Балканот. Бил заповедник на Скопје уште во првите децении на 15 век. И токму тука започнуваат легендите и приказните. Но и фактите: некои истражувачи сметаат дека тој не му бил роден син на пашата, туку посвоеник. Така се востоличила лозата на османлиските великодостојници Исаковиќ, чии корени траат со векови. Во пошироката јавност помалку е познато дека синот и наследникот на Исхак-бег, Иса, е основач и на градот Сараево, но и на Нови Пазар, каде што градел свои месџиди. И денес во Сараево се доделува високо признание под неговото име - "Иса-бег Исаковиќ". Таткото Исхак-бег, а потоа и синот, биле толку моќни, што преку Скопје ја контролирале целата трговија меѓу Западот и Истокот. Особено трговијата на дубровчаните, кои му плаќале високи даноци на султанот, и имале постојана преписка со нив. Затоа архивите во Дубровник сe уште кријат многу тајни од историјата на Скопје, кои треба да се истражат. Исхак-бег имал тројца синови: Мустафа-бег, Паша-бег и Иса-бег. По смртта на таткото, браќата се скарале за наследството. Документите од тоа судење се сметаат за најстарите пишани документи кои потекнуваат од османлиското владеење во Скопје. Иса-бег успеал да ги надмудри браќата и да ги добие власта и наследството, а неговата џамија, која денес се наоѓа до Поликлиниката на Бит-пазар (кај чинарот), е една од најголемите и најубави во градот.
Кога и како починал Исхак-бег? Не може точно да се утврди тоа. Сепак, како време на смртта се зема годината 1444, бидејќи во еден документ од 1445 год. тој веќе се споменува како покоен. Се претпоставува дека со својата коњица учествувал во битката кај Варна, во која загинал. Се поставува една интересна загатка, која не може со години да се реши: зошто тој не е погребан во турбето до неговата Алаџа џамија, туку на ридот под Саат-кулата? Дали повеќе му импонирал просторот кај царевата Султан-Мурат џамија? Тоа е една од причините, а сигурно имало и други. Градењето на Султан-Мурат џамијата (1436) и смртта на Исхак-бег се многу блиски (1444). Тогаш, кој е погребан во Шареното турбе до Исхакбеговата џамија во близина на Театарот на националностите? Има повеќе легенди и приказни за тоа. Што се однесува до почивалиштето на Исхак-бег под Саат-кулата, тоа било разурнато во силниот земјотрес од 1555 год., а, најверојатно, и во пожарот на Пиколомини од 1689. Но долги години стоело запустено и необновено, сe до нашите денови. Од објектите што ги изградил Исхак-бег во Скопје, бездруго треба да се споменат Безистенот, Сули-ан, Алаџа џамијата, голем, двоен амам кој денес не постои, како и медреса, која била позната во целиот исламски свет.
Реставрацијата која деновиве е во тек, покажува дека станува збор за гробница која и по монументалноста и по својата форма се изделува од другите вакви градби од османлискиот период во Скопје. Затоа е добро што таа, конечно, се обновува. За жал, при нејзината обнова, урнат е голем дел од средновековен ограден ѕид, особено значаен за археологијата, кој се наоѓа во близина, а на неговото место се поставени огромни потпорни бетонски плочи.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=995ED5E9D1427E4F8911997B7F92A5EB



Posted By: gjoko
Date Posted: 09-Feb-2014 at 16:30
`Слотовите` кај манастирот Трескавец

http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/Makedonija/IMAG0990-2.jpg.html">


Posted By: kultuzin
Date Posted: 06-Apr-2014 at 12:55

Велушка тумба - најзначајна Пелагониска неолитска населба

  • Објавено: пред 2 часа
  • Прочитано: 117
  • http://www.plusinfo.mk/print/Velushka-tumba----najznachajna-Pelagoniska-neolitska-naselba- - Печати
http://www.facebook.com/sharer.php?u=http://www.plusinfo.mk/vest/132089/Velushka-tumba----najznachajna-Pelagoniska-neolitska-naselba- - Сподели со твоите пријатели!

 

Во досегашните археолошки истражувања на неолитската населба Велушка тумба, во село Породин кај Битола, кои ги вршат стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Битола, откриени се значајни наоди кои ги збогатија научните сознанија од областа на станбената архитектура, економијата и духовниот живот на жителите од оваа неолитска населба, соопшти Министерството за култура, со чија поддршка се вршат истражувањата. 

 

„Пронајден е богат движен материјал како керамички садови, фрагментирани култни предмети со пластично моделирани антропоморфни и зооморфни претстави и жртвеници. Според квалитетот на пронајдениот материјал, овој археолошки локалитет претставува најзначајна Пелагониска неолитска населба. Со досегашните археолошки истражувања на праисторијата во Битола и Битолско, регистрирани се и евидентирани над 150 локалитети со фонд од неколку илјади предмети“, се наведува во соошштението.

http://www.plusinfo.mk/vest/132089/Velushka-tumba----najznachajna-Pelagoniska-neolitska-naselba-



Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-May-2014 at 10:20
АКВАДУКТОТ Е НАКРИВЕН, БЕЗ САНАЦИЈА, ЌЕ СЕ УРНЕ



Аквадуктот во Скопје е во критична состојба и ако не се санира, со сигурност ќе се урне. Драматичната состојба на старата градба е опишана во Третиот национален план за климатските промени, каде што експертите предупредуваат дека неколку свода паднале, Аквадуктот се наведнува и во наредните децении неизбежно ќе се струполи. Надлежните се свесни за состојбата и ги преземаат првите мерки за санација, за да се зачува вековниот римски водовод и за следните генерации.

- Неколку свода паднале, а видливо е и ново, големо структурно и површинско оштетување. Основата на сводовите, која се состои од карпи и камења и е изложена на големи варирања на подземните води, може да почне да тоне поради големата тежина на градбата. Kако резултат на тоа, Аквадуктот се наведнува на некоја од страните и постои ризик целосно да падне во иднина. Последиците од климата го дестабилизираат. Kај Аквадуктот и со сегашното ниво на статички оштетувања, мора да се очекува пад на некој од деловите - се вели во стратегискиот документ на Министерството за животна средина, во делот за влијанието на климатските промени врз културното наследство.

Му пресудила бетонираната Серава

Националниот план за климатски промени открива дека „веројатно, најзначајната промена и оштетување се предизвикани од бетонирањето на коритото на реката Серава, извршени во 60-тите години, која поминува низ локалитетот од исток кон запад и делумно под Аквадуктот.

- Со канализирањето, Серава се намалила за да се собере во каналот помеѓу столбовите 31 и 33 и веројатно нивното оштетување настанало во тоа време, а не за време на воена вежба - се вели во планот.

Почвата на јужната страна претходно била заситена со подземни води, што се сменило по канализирањето на реката кон север. Се јавила компресија на почвата под темелите на Аквадуктот, особено под столбовите 19-27, кои се придвижиле надолу во разни правци и целата структура се наведнала.

- По овие промени, се изменил преносот на архитектонскиот притисок од главните камења во сводовите кон темелите, поради што горните делови од структурата и сводовите веќе не ги носат соодветно надворешните орнаменти. Статичкиот систем на градбата кој ги држи сводовите делумно ја загубил функцијата. Горните делови, кои веќе не се потпрени, може да се урнат при дополнителни движења на почвата или земјотрес - се констатира во Третиот план за климатски промени.

По изградбата на коритото на Серава, во дождовната сезона се формираат езерца, кои предизвикуваат ерозија и поплава во долните делови. Проблем се и периодите на мрзнење и топење, кои го забрзуваат природното распаѓање, а трета причина зошто споменикот веќе паѓа е бујната вегетацијата, која е обемна и со децении не се одржува.

Во документот експертите што ја констатираа критичната состојба на споменикот предлагаат коритото на реката да се врати во природна состојба, на внимателен начин и постепено.

Се прават анализи, следува и проект

Од Kонзерваторскиот центар Скопје велат дека преземаат одредени активности, а целта им е да се изработи идеен проект за санација, конзервација и реставрација на Аквадуктот. Kонзерваторот Лилјана Kитановска објасни дека лани добиле два помали два гранта од Советот на Европа, вкупно 35.000 евра, со кои извршиле археолошки истражувања за начинот на темелење, како и геофизички и геомеханички истражувања на тлото, за да се утврдат причините за искривувањето. Ги анализирале употребените градежни материјали (малтер, тула, камен) и ја анализирале стабилноста на објектот, а им преостанува до крајот на годината да ги завршат анализите на староста на малтерот.

За изработка на идејниот проект, според Kитановска, во Програмата на Министерството за култура за 2014 година се предвидени 400.000 денари.

- Не сме сигурни дека дека овие пари ќе бидат доволни, бидејќи анализите на староста на малтерот се многу скапи и не се прават во Македонија. На Балканот, се прават во Грција. Битни се за да се утврди хронологијата на споменикот, кога точно е изграден, што е примарно важно за да се изгради соодветен конзервативен однос кон ова добро и да се изработи квалитетен и издржан проект - вели Kитановска и додава дека за да ги земат двата мали гранта, претходно изработиле физибилити-студија, а ако сакаат поголеми грантови, на финансиерите ќе треба да им понудат бизнис-план.

ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ УТВРДУВААТ ШТО Е И ЧИЕ Е

Од Општината Бутел, која требаше да даде свој придонес за зачувување на Акведуктот, велат дека со донесувањето на новите детаљни урбанистички планови треба да се прецизира што е чие.

- Треба да се дефинираат пристапните патишта и од која страна тие ќе градат. Таму со територија се преклопува и Општина Kарпош, па треба да се види на чија територија ќе бидат патиштата - вели Снежана Kлинчарова, портпарол во Бутел.

Градските власти, пак, велат дека за да се пристапи кон реализација на Стратегискиот план за Акведуктот и неговата околина, треба да се класифицира од кој степен на заштита е ова историско обележје.

- Kласификацијата е во тек и треба да ја изработи Националниот конзерваторски завод, по што ќе се знае точно во чија надлежност се активностите и мерките што се пропишани со изготвената стратегија. Со класификацијата на Акведуктот, активностите за негово чување и обнова ќе може да се внесуваат во буџетите на институциите што ќе добијат надлежност да ги спроведат - велат во Градот и додаваат дека во новиот Генерален урбанистички план околу Акведуктот се предвидени заштитни зони.

ВОДА ЗА ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА

Акведуктот е монументална градба, од типот „еднокатни надземни водоводи“ и зачуван е во целата своја должина од 385,8 метри. Долниот дел го сочинуваат 53 квадратни или правоаголни столба и две странични рампи, а горниот дел го сочинуваат 54 засводени отвори со ѕидни платна помеѓу нив, кои во горниот дел завршуваат со венци. Изграден е над малата долина на реката Серава, како дел од водоводот преку кој се пренесувала вода од Скопска Црна Гора до скопската тврдина.

За него се вели дека го снабдувал со вода градот Јустинијана Прима. Но, за датирањето постојат повеќе претпоставки, од кои ниту една не е со сигурност потврдена. Претпоставките за времето кога е изграден се движат во временска рамка од првата половина на 6 до 16 век. Градбата на Акведуктот се поврзува со активностите на византискиот император Јустинијан Први за обновување на повеќе градови во провинцијата Дарданија по земјотресот од 518 година или со градителските активности на Мустафа-паша во Скопје во 15 век, односно 16 век. Се претпоставува дека Акведуктот с`уште бил во употреба дури и при крајот на 19 век. Поголемиот дел од преправките што се забележуваат, потекнуваат од крајот на 19 век и почетокот на 20 век.

Анела Петрова

http://dnevnik.mk/?ItemID=E62712DD76A52044B6B25ED0C31AED6A

Додека да се договорат за надлежностите ќе отиде аквадуктот и после ќе има реставрирање. За овој муабетот со Серава незнам колку е тоа можно повторно да се отвори тој канал, но факт е дека бетонирање и покривање според мене секогаш е последната и најлоша варијанта.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-May-2014 at 12:51
Во кумановско започна истражување на градот на „специјалците“ на Александар Македонски
Објавено во: Македонија Автор: Фаланга Датум: 22 Мај, 2014 1
За прв пат во рамките на заштитата на македонското културно наследство ќе биде користена најнова технологија на регистрирање на објектите под површината на земјата.


Во кумановскиот крај започнаа истражувањата на градот на Градиште, Младо Нагоричани на брегот на реката Пчиња. Тоа бил најсеверниот раноантички високоцивилизиран град на пајонските Агријани, најлојалните воини-специјалци на Александар Македонски, вели во интервју за Вечер, Проф. Д-р Виктор Лилчик.

„Во близина на Стоби, пак започнува откривањето на ранохристијанската базилика од 5 век н.е., во атарот на село Крушевица, а во Светиниколско започна истражувањето на најголемиот познат раноантички пајонско-македонски град Билазора, на Градиште, кај селото Кнежје. Започнуваме и со поддршка на проектот Археолошка топографија на старите градови и тврдини во Македонија. Годинава ќе се работи и на Кокино, со доистражување…„, вели Лилчик.

За прв пат во рамките на заштитата на македонското културно наследство ќе биде користена најнова технологија на регистрирање на објектите под површината на земјата што ќе биде направено со новонабавениот георадар, кој во моментов е единствен на целиот Балкан
http://falanga.com.au/vo-kumanovsko-zapochna-istrazuvanje-na-gradot-na-specijalcite-na-aleksandar-makedonski


Posted By: kultuzin
Date Posted: 23-May-2014 at 11:05
ПАРАЛЕЛНИ ИСКОПУВАЊА ВО ПРИЛЕПСКИОТ РЕГИОН
Стибера, Трештена Стена и Трескавец се локалитетите на кои деновиве интензивно работат археолози од прилепскиот Завод и музеј. Паралелно се копа на сите овие локалитети, кои се многу значајни за државата од археолошки аспект. Првпат годинава почнаа истражување на нов простор на локалитетот Стибера, кај Чепигово, што е капитален проект поддржан од државата.

Стибера крие репрезентативен објект?

- Со околу 500 илјади денари од Управата за заштита на културното наследство се копа на нов сегмент, во близината на храмот на божицата Тихе. Ископувањата ќе траат 30 дена и очекуваме нови откритија, бидејќи Стибера во себе крие многу тајни. Како локалитет е значаен не само за Прилеп туку и за Македонија - вели Гордана Д. Спироска, директорка на прилепскиот Завод и музеј.

На овој простор, според археологот Душко Темелкоски, виш кустос во Заводот, се копа затоа што постојат одредени показатели дека во близината на храмот на божицата Тихе се крие и друг репрезентативен објект.

Стибера повеќе години е капитален проект на државата. Лани беа конзервирани и реставрирани хеленистичкиот бедем и одводниот канал, кои беа откриени при ископувањата во 2009, 2010 и 2011 година. Локалитетот Стибера опстојувал од третиот век пред нашата ера до третиот век од нашата ера. Во досегашните повеќегодишни истражувања се откриени Гимназионот, храмот на божицата Тихе, култните објекти, како и над 30 скулптури и 30 мермерни натписи.

Се доистражува Трештена Стена

Во исто време во тек се и систематските археолошки истражувања на локалитетот Трештена Стена во Мариово, за што Министерството за култура оддели 200 илјади денари. Годинава се очекува да се доистражи локалитетот.

- Трештена Стена е населба од бронзено време со шест хоризонти на живот, односно куќите по пожарите што се случувале биле градени една врз друга. Објектите се градени надземно во праисториска техника, со дрвена граѓа - вели Спироска.

Таа подвлекува дека Трештена Стена е важен локалитет бидејќи е единствен во Македонија со уникатен начин на врежување на предметите, односно браздесто врежување со шилесто орудие.
Веќе две недели поголема екипа врши археолошки истражувања и во манастирот „Трескавец“. Прво почна да се копа во црквата, а потоа се продолжи во трпезаријата.

- Ископувањата одат според планот, паралелно на повеќе пунктови. Засега работите одат добро. Рано е да се каже што било - вели археологот Бранко Ристески.

Истражувањата на „Трескавец“ се во функција на изработка на проектите за конзервација и реставрација на црквата „Успение на пресвета Богородица“, на трпезаријата, камбанаријата, магерницата и магерничкиот конак. Поддржани се од Министерството за култура, а имаат цел ревитализација на манастирот „Трескавец“, кој станува сѐ поатрактивен за туристите.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=522141937321&id=16&prilog=0&setIzdanie=23181


Posted By: kultuzin
Date Posted: 01-Jun-2014 at 22:28
СЕ БАРААТ СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ЗЛАТНИТЕ МАСКИ




Kои биле благородниците што со златни маски биле погребувани во некрополите кај охридското село Требениште? Kои се луѓето што во архајско време живееле на овие простори? Археолозите ќе се обидат да одговорат на овие прашања - оваа недела почнуваат археолошките истражувања на Требенишко кале. Ќе ги спроведе Заводот и музеј од Охрид, под раководство на Перо Арџанлиев, раководител на одделот за античка археологија во Археолошкиот музеј на Македонија.

Според Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство, која го координира проектот, екипата ќе биде концентрирана на градот на доминантниот рид што се издига над селата Требениште и Горенци, на 1.006 метри надморска височина.

- Сознанијате говорат дека културната стратиграфија на ова место се протега најмалку од архајскиот период до 6 век. Дефинитивно во тврдините на овој град некогаш живееле енхелејските/десаретски благородници погребани во прочуената Требенишка некропола. Неговото древно име с` уште не е познато, се надевам дека ќе откриеме детаљ што ќе ни помогне во таа насока - вели Лилчиќ-Адамс.


Локалитети на високи позиции

На прашањето како се роди идејата да се истражува токму овој локалитет, тој одговара дека со децении истражувањата биле сконцентрирани на Охрид. Тоа било одлично затоа што античкиот град со своите 32 хектара градска површина понудил множество високорепрезентативни недвижни и движни археолошки наоди.

- На виделина излезе и нобилитетот, високата благородничка класа од древниот Лихнид. Секундарниот археолошки локалитет кој го привлече вниманието беше Kулиште Свети Размо, ридот на кој во класичниот период била оформена цврста македонска стратегиска база. Заклучокот се базира врз наодите на бронзени монети, од кои речиси сите им припаѓаат на македонските кралеви Александар Трети Македонски и Kасандар. Бројно е античкото македонско оружје, арсеналот врвови од стрели и многу други - вели Лилчиќ-Адамс.

Тој активно ја истражувал југозападна Македонија. Евидентирал неколку помали раноантички македонски утврдувања по долината на Дрим кон Дебар, кај селата Модрич и Вапа и моќна македонска фортификација на Kула Песочани во Дебрца. Заклучил дека во Охридско и Струшко малку археолошки локалитети можат да го понесат епитетот антички градови од прва категорија. Тоа се Требенишкото и калето над селото Делагожда.

- Денес, условите за археолошките интервенции на високата позиција се созреани. До горе има колски пат, кој ќе се санира и прошири и не треба повеќе да се чека. Освен тоа, треба да го активираме развојот на општината Дебрца преку културата и археологијата, како што тоа го правиме и ќе го правиме во голем број општини во земјава - вели тој.

Археолошката локација Требениште е најпозната по богатите некрополи каде што во почетокот на 20 век биле пронајдени четири златни маски, бронзени кратери и многу други богати гробни прилози. Лилчиќ-Адамс вели дека на Требенишко кале имало моќен раноантички град.

Kуќи, улици, одбранбени бедеми

- Под површината се кријат репрезентативните населбини структури, постоел храм, тука биле куќите, улиците, одбранбените бедеми, денес во урнатини. Локалитетот ќе го истражуваме и недеструктивно за да се дознае евентуалната древна урбана шема. Пред нас се наоѓа врвна археолошко-туристичка сензација, древен град на доминантна местоположба, со комплексни културни хоризонти, какви што поседуваат малку современи држави во Европа - вели Лилчиќ-Адамс.

Тој хоризонталната планиметрија на локалитетот ја изработил пред десетина години со професор Kоста Аџиевски. Таа ќе биде стартна основа за најновите истражувања.

Долго вниманието на археолозите беше насочено кон археолошките локалитети во рамнините, каде што најчесто се наоѓаат градови од римско време.

- Постепено почнуваме да им посветуваме внимание и на раните антички градови. Некои од нив се наоѓаат на повисоки позиции, како акрополата на античкиот град Пелагонија на неверојатните 1.472 метри надморска височина - вели Лилчиќ-Адамс.

Сега археолозите ќе се обидат да одговорат кои биле жителите на Требенишкото кале? Дали тоа бил главниот град на Десаретија во архајско време, имајќи ги предвид богатите прилози во Требенишката некропола? Дали постоел континуитет на животот низ хеленистичкиот и римскиот раноцарски период?

- Kрајно време е да почнат да чукаат срцата на современите Македонци на оваа, навидум заборавена високоцивилизирана точка во нашата Република Македонија - вели Лилчиќ-Адамас.

СЕ ОЧЕКУВААТ МНОГУ НАОДИ

Мала е веројатноста да се открие бронзен кратер или златна маска во културните хоризонти на градот на Требенишко кале

- Тие се покарактеристични за некрополите, како редовни прилози во гробовите на раните архајски кнезови и кралеви. Во Македонија се забележени и на просторот помеѓу селата Црнобуки и Беранци во Битолско, а во соседна Грција кај Синдос. Сепак, ќе има голем број наоди што ќе ни ја посведочат древната егзистенција на ова место - вели Лилчиќ-Адамс.

Весна И. Илиевска
http://dnevnik.mk/?ItemID=35B396FAF330A044BE2CBDA340F8F8DA


Posted By: kultuzin
Date Posted: 04-Jun-2014 at 09:47
Во селото Враништа се крие големо богатство

Музејот „Д-р Никола Незлобински“ од Струга деновиве ги привршува едномесечните контролни истражувања на локалитетот „Црквени ливади“ во селото Враништа, од кои се очекуваат клучни информации за постоењето на античкиот Мегалополис, за кој се уште не е потврдено каде точно се наоѓал.
22

Позначајни наоди кои укажуваат дека на овој локалитет може да лежи големо археолошко богатство се откриени во 1970-те години при регулирањето на реката Црн Дрим. Според директорот на музејот, Сашо Цветкоски, првичните наоди ги оправдале очекувањата на стручњаците.

- Врз основа на тие податоци годинава отворивме една пробна сонда, односно се претпоставуваше дека се работи за наколно живеалиште од типот на она што ние го имаме на истекот од Дрим, од устието на Дрим или Врбник. Се гледа дека тоа е една голема и долга стратиграфија која зафаќа континуитет на живот повеќе од еден милениум и таа наколна населба постепено трае до доцната антика, објаснува Цветкоски.

Според првичните податоци од истражувањата на музејот „Д- р Никола Незлобински“, на овој локалитет се наоѓа и базиликален објект од големо значење кој, најави Цветкоски, ќе биде публикуван идната година.

Проектот во Враништа се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура, кое за истражувањата одвои 150 илјади денари.
http://kurir.mk/republika/opstini/94201-Vo-seloto-Vranista-se-krie-golemo-bogatstvo


Posted By: kultuzin
Date Posted: 04-Jun-2014 at 10:39
Калиманско Езеро

alt
Браната е камено-насипна со глинено јадро, висока 92 м, а долга 240 м. Езерото има должина од 14 км, широко е 0,3 км, а максималната длабочина достигнува до 80 метри. Зафаќа површина од 4,23 км2 и акумулира 127 милиони м3 вода. Основната намена на езерото е наводнување на околу 28.000 хектари, главно, површини под ориз во Кочанската Котлина, но и на дел од обработливите површини во Овче Поле. Изградени се два канала, од кои десниот е долг 98 километри и ја носи водата до Овче Поле, а левиот е долг 36 километри и ги наводнува површините во Кочанското Поле. Вишокот вода се користи за производство на електрична енергија преку изградената мала хидроцентрала со инсталирана моќ од 13,8 MW.

alt   alt

Калата е единствениот остров во акумулацијата Калиманци. На само четири километри од Македонска Каменица се простираат дел од остатоците на доцноантичкиот град кој е потопен во вода. Калата е кратенка од „градот на калајот“, бидејќи од ова место се црпело злато и калај. Загревани се карпи кои имаат златоносни жици и со помош на длета тие жици се вадени и потоа претопувани. Највисоката точка од некогашниот калајски град е на 200 м од дното на Калиманска Река. Овде поминувал патот Виа Игнација. Локалитетот Калата е заштитен од три страни со стрмните падини и со двете длабоко всечени корита на двете реки. Тука се наоѓа зарамнето плато кое и денес се издига над површината на вештачкото езеро, а до каде пристап постоел само од северната страна. Таа страна е пресечена со одбранбен ров издлабен во карпа. Одбранбените ѕидини водат околу работ на целото плато и затвораат површина од 345 м со 80 м. Се распознаваат контури на три градски порти и остатоци од бројни градби. Денес Калата е најмалиот жив „град“ во Македонија. На него живеат само двајца жители.

alt

Во коритото на Калиманското Езеро, на брегот од кај селото Дулица кај местото Бегов Даб е откриена голема базилика од V век со многу материјали (керамика, колони, капитоли). Исто така, во коритото на Калиманско Езеро во Илијово кај месноста Црквиште се откриени предмети и остатоци од античка градба, на која потоа била изградена и постоела еднобродна црква со гробови од крајот на XIV или почетокот на XV век.
http://makedonskibiser.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=938%3A2009-12-05-22-34-58&catid=143%3A2009-08-26-17-29-03&Itemid=402&lang=mk


Posted By: kultuzin
Date Posted: 16-Jun-2014 at 19:33

Голем агријански град се наѕира кај Младо Нагоричане

Досега не е откриено нешто поголемо и побогато од овој период. Во ниедно наоѓалиште од тоа време нема толку богат културен хоризонт. Во континенталните предели всушност нема артефакти и градови од раната антика. Затоа ова откритие е од особено значење за нашата археологија, вели Лилчиќ

 
 
%20  

Дел од јонски капител од 4 век пр. н. е. Досега во Македонија не е откриен јонски капител од тој период

Високоцивилизиран и богат пајонски град се наѕира на локалитетот Градиште, во атарот на Младо Нагоричане, Кумановско, велат археолозите. Локалитетот, кој се наоѓа на 1,3 километар од магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, поради своето значење влезе во капиталните владини проекти од областа на археологијата за 2014 година.
Се работи за значаен град на пајонската цивилизација - Агријаните од раната антика, на површина од околу еден хектар, со извонредно богати културни хоризонти.

- Локалитетот интензивно се проучува веќе еден месец. Станува збор за голем и богат пајонски град, кој бил истражуван уште пред 15 години. Како директор на Управата за заштита на културното наследство се потрудив повторно да го насочам вниманието на него. Тој го заслужува тоа бидејќи станува збор за капитален археолошки локалитет, кој лесно може да прерасне во туристичка атракција. Особено и поради тоа што се наоѓа блиску до магистралата - вели Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.

При досегашните површински истражувања се собрани прелиминарни податоци, кои говорат за постоење на неколку цивилизациски и културни слоеви. Пронајдени се голем број артефакти, почнувајќи од железното време, од класичниот раноантички, но и од хеленско-римскиот период.
Овој град на старата пајонска цивилизација Агријаните од неколку причини претставува вистинска цивилизациска ѕвезда.
- Досега не е откриено нешто поголемо и побогато од овој период. Во ниедно наоѓалиште од тоа време нема толку богат културен хоризонт од периодот на раната антика, па сѐ до доцната антика. Во континенталните предели всушност и нема артефакти и градови од раната антика. За нашата археологија е од особено значење да докажеме дека имаме голем град од тој период покрај скопско Градиште и Исар, Студеничани - вели Лилчиќ.

Археолошките ископувања сега се одвиваат во секторот на акрополата, и тоа во источниот дел. Досега се откриени извонредно репрезентативни делови од луксузна раноантичка станбена архитектура: простории, влезови, скалила, клоака - одводен канал, садова керамика, квалитетна камена архитектонска пластика, делови од канелирани столбови, дел од раноантички јонски капител, монети и др.
- Со ова докажуваме колку во длабочината на територијата на Република Македонија допрела источномедитеранската цивилизација, која ја нема во археолошките слоеви на соседните држави и која потекнува од Персија, Египет, Мала Азија и која подоцна ја презеле Грците и Македонците. На оваа почва имало импозантни градови, кои допрва треба да ги откриваме - вели Лилчиќ.
Голем дел од овој агријански град наскоро се очекува да го види светлото на денот, а за неколку години тој би можел да биде отворен и за посетители.

- Средствата што се одвоени за овие истражувања, сепак, се ограничени. За еден и пол месец ќе се отвори источниот дел од акрополата, а следната година другиот нејзин дел. Ако имаме средства, целиот град ќе го отвориме до 2015 година, а за 2-3 години ќе можат да го посетуваат и туристи. Артефактите ќе се конзервираат и ќе се изложат најверојатно во Кумановскиот музеј - најавува Лилчиќ.

Организацијата на истражувањата се спроведува преку Музејот на градот Куманово. Раководител на истражувањата е проф. д-р Марјан Јованов од Филозофскиот факултет во Скопје, од Институтот за историја на уметност и археологија.
Со ова истражување, како што подвлекуваат археолозите, се отвора нова страница во археолошките истражувања на најсеверното пајонско племе Агријаните.

 


Се претпоставува дека овој агријански град бил уништен во силен пожар околу 279 г. пр. н. е. при пробивот на Келтите од Панонија, кои на својот поход низ срцето на Балканскиот Полуостров уништиле многу населени места низ Повардарјето. Ова сознание го потврдува и малиот трезор со 13 сребрени монети на пајонскиот крал Авдолеон, откриен во почетокот на минатата година на просторот под акрополата, за кои се претпоставува дека биле добро скриени непосредно пред келтскиот пробив.

 

%20
Локалитетот интензивно се проучува веќе еден месец

 


Кои биле Агријаните?

 

Централниот дел на Балканскиот Полуостров во предисторијата и раната антика го населувале пајонските племиња. Во класичниот период некои од нив се здружуваат и го создаваат моќното кралство Пајонија. Најсеверното пајонско племе, Агријаните, создало сопствено кралство, што се ширело на териториите на Скопско, Кумановско, јужните предели на Косово, Полог, Кривопаланечко, Ќустендилско. Нивниот крал, според историските извори, во 335 г. пр. н. е. му помагал на Александар Македонски и оттогаш датира големото пријателство меѓу Агријаните и Македонците. Тоа бил најверниот народ-сојузник на античките Македонци и најсеверните чувари на раноантичката медитеранска балканска цивилизација. Најлојалните и најборбени војници-специјалци во македонската војска на Александар Трети Македонски потекнувале токму од Агријаните.


 

 

 
   
Автор: Мимоза Петревска Георгиева / mimoza.p@novamakedonija.com.mk


Posted By: kultuzin
Date Posted: 17-Jun-2014 at 11:27




           
Ископани три значајни објекти на Стибера
Жртвеник Бакарно Гумно
Се разоткриваат тајните богатства на локалитетот

Екипата на прилепскиот Завод и музеј, под раководство на археологот Душко Темелкоски, на крајниот северозападен раб на градот Стибера откри подиум од јавен објект, за кој сѐ уште не може да се каже со сигурност дали претставувал мал храм на некое божество или градски жртвеник. Вториот откриен објект со тековните археолошки истражувања е станбен, датира од 3 век од н.е., а се наоѓа јужно од храмот на Тихе. Се работи за објект во кој се регистрирани остатоци од преработка на извесни суровини, присуство на јами и водовод со керамички тубуси, како и просторија во која е регистрирано почитување на египетскиот бог Хор.
- Последниот откриен објект е најрепрезентативен. Сепак, бидејќи е откриен дури на крајот од истражувањата, отворени се мали делови. Детаљ од северниот ѕид, што е однатре декориран со имитација на монументалниот опус изодомум во штуко-техника. Потоа јужно е откриена влезна партија, дел од скалила со довратни базаменти, како и прекрасен мермен архитектонски дел од венец со декорација на дентикула и гејзон. Венецот бил положен врз архитрав, кој се потпирал на капители, колони и бази, што посочува на култен карактер на објектот. Сепак, треба да се сочека неговото целосно откривање за да го дадеме конечниот став - вели директорот на Управата за заштита на културните споменици, Виктор Лилчиќ.

Со откривањето на трите објекти во рамките на капиталниот владин проект за 2014 година почнаа уште повеќе да се наѕираат внатрешните урбани и цивилизациски содржини на градот.
- Досега во Стибера беа откриени два објекта, гимназион и храм, но кај ниеден не беше откриена толку квалитетна внатрешна ѕидна декорација во комбинација со камената архитектонска пластика. А тоа е и целта на нашите напори, во Стибера што поскоро да отвориме поголем број внатрешни градски содржини во ликот на станбените и култните објекти, кои во скора иднина ќе овозможат археолошките локалитети Бедем и Бакарно Гумно да ги отвориме за употреба пред јавноста - вели Лилчиќ.

Планирано е на Стибера да се изведуваат недеструктивни истражувања со радарско геоскенирање на целокупната стара градска површина, за да се запознае подземниот археолошки катастар.
- Планирано е да се испитаат можностите за спогодбена експропријација на земјиштето за да може целокупниот локалитет да биде рамномерно истражуван и потоа отворен за јавноста. И, секако, археолошките истражувања на овој огромен за негово време антички град со своите над 10 хектари урбана површина мора во континуитет да продолжат и во наредните години - истакна директорот на Управата.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61714109521&id=16&setIzdanie=23201


Posted By: kultuzin
Date Posted: 17-Jun-2014 at 22:33

СЕ ИСТРАЖУВА ЦЕЛА МАKЕДОНИЈА

Дождот го олеснува ископувањето на локалитетите


Дождовите не ги запреа археолошките ископувања во земјава. Напротив, ја омекнаа земја и им помогнаа на археолозите полесно да стигнуваат до културните слоеви во кои се закопани тајните на минатото. Тимовите работат интензивно на античките градови Скупи кај Скопје, во Стоби кај Градско, на Хераклеја Линкестис кај Битола, Стибера кај Чепигово, Градиште кај Свети Николе, каде што се претпоставува дека била пајонската престолнина Билазора и многу други. Некаде веќе се гледаат и првите резултати од ископувањата. Тимот што истражува на Градиште кај кумановското село Младо Нагоричино откри дел од владетелска палата во акрополата на градот. Екипата е предводена од археологот д-р Марјан Јованов, од катедрата за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Тие изминатиот еден и пол месец открија дел од репрезентативна владетелска палата од 4 век пред новата ера. Внатрешниот ѕид од палатата бил боен однатре со малтерен премаз. Археолозите открија порта, дел од раноантички јонски капител, амфора.

Скупи над очекувањата

Според д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство, археолошките ископувања во земјава течат според планираното темпо.

- Засега нема одложувања. Археолошките ископувањата се одвиваат главно претпладне кога не врне. Завршуваат околу 14 часот. Попладневните дождови ја омекнуваат земјата и полесно се работи - вели Лилчиќ-Адамс.

Истражувањата на театарот на најстариот урбан дел од Скопје - Скупи, беа меѓу првите што започнаа годинава на територијата на Македонија. Музејот на град Скопје е надлежен за овој локалитет, но проектот го координира Управата за заштита бидејќи истражувањата се во рамките на капиталните проекти што ги финансира Владата. Љубица Kондијанова вели дека дождовите што деновиве го зафатија скопскиот регион не им ги поматило плановите.

- Kога врне, се разбира дека не може да се копа. За среќа, не врне секој ден, па екипите генерално си работат според зацртаните планови. Имаме голем напредок во ископувањето на театарот. Над очекувањата - вели Kондијанова.

И битолчани го почнаа капиталниот проект - истражувањата на западната половина од епископската резиденција. Археологот д-р Аница Ѓорѓиевска, кустос-советник во битолскиот Завод и музеј, вели дека с` се одвива според планот.

Интензивни работилници на Стоби

- Kај нас немаше многу дожд. Во 7 часот наутро сме веќе на терен, а деновиве врнеше попладне. Така, дождот, всушност, ни ја олесни работата - полесно се копа - вели таа.

Археолозите на епископската базилика работат веќе две недели. Полека се оцртуваат ѕидовите од објектот. Во рамките на програмата на својата институција, тие планираат годинава да работат и на некрополата од римско време.

Струмичките археолози пред десетина дена почнаа да ископуваат на Цареви кули. Васил Ѓорѓиев, директор на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Струмица, вели дека во овој регион немало многу дождови.

- Малку врнеше деновиве. Веќе работиме на Цареви кули. Дури сега археолозите почнаа полека да ги симнуваат слоевите. Вегетацијата беше многу бујна, па подолго време го чистевме теренот - вели тој.

И овие истражувањата се дел од капиталните проекти. Археолозите од Струмица идниот месец ќе ги продолжат и систематските истражувања на Црвено Поле на планината Огражден, финансирани во рамките на редовната годишна програма на Министерството за култура.

На Стоби веќе се одвиваат интернационалните работилници за конзервација и документација на римска керамика и мозаици што ќе траат до сабота. Наредната недела ќе се одржат и работилници за конзервација на фрески и стаклени садови. Во рамките на работилниците ќе се работи на мозаикот од нартексот на Епископската базилика, а ќе бидат чистени и консолидирани помали парчиња од ѕидната декорација на овој објект. Работилниците се одржуваат петта година и се резултат на соработката меѓу Националната установа „Стоби“ и фондацијата „Балканско наследство“ од Стара Загора.

Весна И. Илиевска

http://dnevnik.mk/?ItemID=18A875E50B9D9344BEE7CBA29B52E159



Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Jun-2014 at 23:13
позитивна страна на `антиквизацијата` или како што некои ја кажуваат `букефализацијата` е што археологијата е во подем во последно време


Posted By: kultuzin
Date Posted: 20-Jun-2014 at 22:13
ГОЛЕМО АРХЕОЛОШKО ОТKРИТИЕ ВО СKОПСKО

ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДАРДАНЦИ, НИТУ ТРИБАЛИ, ТУКА ЖИВЕЕЛЕ ПАЈОНЦИ




Пајонски гроб од 8 и 7 век пред новата ера открија завчера археолозите ископувајќи го античкиот театар на Скупи кај Скопје. Покрај покојникот, во керамички сад тие открија бронзена наочареста фибула - безопасна игла, типична за Пајонците и култен предмет - сончев диск. Археолозите вчера се обидоа полека, внимателно, да го извадат од садот и успеаја до половина. Но, кога видоа дека станува збор за поголем кружен предмет, не сакаа да ризикуваат и оставија конзерваторите да ја завршат својата работа.

Раководител на ископувањата е Антонио Јакимовски, професор на катедрата за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Тие се одвиваат во соработка со Музејот на град Скопје и се дел од капиталните проекти на Владата.

Според Јакимовски, и досега било регистрирано железното време на територијата на Скупи, но првпат на театарот се појавува гроб од железно време.

- Имаме голема среќа. Гробот не бил оштетен кога биле копани темелите на театарот ниту бил разградуван ниту во доцноантичкото и во средновековното живеење и погребување - вели Јакимовски.

Голема населба на Зајчев Рид

Според карактеристиките, гробот датира од 8 и 7 век пр. н.е. и укажува дека станува збор за пајонско население. Јакимовски вели дека со овие и со претходните истражувања на Скупи на скопското Kале и со последните истражувања во Kумановско с` повеќе паѓаат во вода поранешните тврдења.

- На оваа територија нема ниту Дарданци ниту Трибали. Нема никаква материјална култура од нив, но ги има Пајонците. Тие тука живееле. По нив доаѓаат и своја власт поставуваат и Македонците. Материјалната култура зборува за тоа - вели Јакимовски.

Истражувањата во Македонија во последните години с` повеќе ја откриваат материјалната култура на Пајониците. Според Јакимовски, најсеверните траги од нив се регистрирани на територијата на денешна Србија, на калето Kршевица, кај Врање, каде што одамна е регистрирано пајонско население, кое се нарекувало Агријани.

- Постојат записи од 2 век пр. н.е. дека Пајонците особено го почитуваат сонцето, го сметаат како соларен култен симбол. Засега пронајдовме само еден гроб. Но, од порано постојат индиции дека горе на акрополата на Зајчев Рид била населбата, а некрополата е на рамниот дел. Можно е да има и повеќе гробови - вели Јакимовски.

Ја населувале и денешна Северна Грција

Пајонците ги закопувале своите покојници. Пронајдениот гроб не е добро зачуван - недостигаат рамото и главата, кои биле зафатени кога бил копан темелот на театарот.

- Но, погребните дарови кажуваат с`. Тие се сосема доволни за датирање, одредување на потеклото и за материјалната култура на човекот. Тој бил Пајонец. Ова се докази што ни кажуваат за етничкото потекло на луѓето што живееле тука во железното време, пред 2800, пред 3000 години - вели Јакимовски.

Пајонците биле старо палеобалканско племе, кое ги населувало териториите по целата долина на Вардар. Јакимовски објаснува дека големиот број некрополи го потврдуваат тоа.

- Влегуваат и на територија на денешна Грција. Ја населувале територијата до морето, а сега знаеме до каде биле населени и на север. Kога почнале да се шират Македонците, почнале да ги потиснуваат Пајонците. По 217 година пр. н.е. Филип Петти ја анектира Пајонија на Македонија и тогаш таа престанува да постои како управна единица. Пајонците продолжуваат да егзистираат во рамките на Македонија, но многу е тешко целосно да се избрише еден код - вели Јакимовски.

Весна И. Илиевска
http://dnevnik.mk/?ItemID=0E357D83CD08FA4FB7DAF32A769713C9


Posted By: kultuzin
Date Posted: 03-Jul-2014 at 20:09

Се зголемуваат туристичките атракции во Старо Нагоричане

Локалитетот Градиште во селото Младо Нагоричане може со текот на времето да стане туристичка атракција, што ќе ја зголеми туристичката понуда на Општина Старо Нагоричане.

  • http://www.makdenes.org/articleprintview/25444565.html - Печати
  • http://www.makdenes.org/content/article/25444565.html#relatedInfoContainer - Оставете коментар
  • http://www.makdenes.org/emailtofriend/article/25444565.html?share=true - Размена:
http://gdb.rferl.org/2CC0BB65-F61E-471E-88B5-56CC31233241_cx0_cy19_cw0_mw1024_s_n.jpg">Археолошкиот%20локалитет%20Градиште%20во%20селото%20Младо%20Нагоричане%20во%20близина%20на%20Куманово.
Археолошкиот локалитет Градиште во селото Младо Нагоричане во близина на Куманово.

  • http://www.makdenes.org/content/article/25444565.html">


  • http://pinterest.com/pin/create/button/?url=http%3a%2f%2fwww.makdenes.org%2fcontent%2farticle%2f25444565.html&description=%d0%a1%d0%b5+%d0%b7%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bc%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%b0%d1%82+%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5+%d0%b0%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d0%b8+%d0%b2%d0%be+%d0%a1%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%be+%d0%9d%d0%b0%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%87%d0%b0%d0%bd%d0%b5&media=http%3a%2f%2fgdb.rferl.org%2f2CC0BB65-F61E-471E-88B5-56CC31233241.jpg">
  • Текстови на слична тема

    • http://www.makdenes.org/content/article/25220667.html - Барџиева Трајковска - Ново културно наследство, за сметка на старото
    • http://www.makdenes.org/content/article/25185122.html">Фотогалерија Пропаѓа или се краде културното наследство
    • http://www.makdenes.org/content/article/25156199.html - Археолошкиот локалитет Визианус - уште една туристичка атракција
    • http://www.makdenes.org/content/article/24580359.html - Старо Нагоричане се бори за место на туристичката мапа
    • http://www.makdenes.org/content/article/24308108.html - Опсерваторијата Кокино, заборавена
    http://www.makdenes.org/author/20487.html - Светлана Антиќ Јовчевска

    03.07.2014

    Од пред два месеца кога беа вршени археолошки ископувања на локалитетот Градиште во селото Младо Нагоричане, во Општината Старо Нагоричане, се зголемува бројот на туристичките атракции. Сознанијата за богат и значаен локалитет датираат од пред три децении, а при ископувањата биле пронајдени керамички предмети увезени од јужните краишта, од Халкидики, објаснува археологот Дејан Ѓорѓиевски од кумановскиот Музеј.

    Ексклузивитет е ископан дел од една комплексна градба за која сè уште не се знае од каков тип е. Евидентно е дека тој што ја користел бил богат, поради употребата на камени архитектонски делови кои што ги наоѓаме во парчиња, а кои зборуваат дека кој и да живеел имал очигледни врски со она што се случувало на југ.
    Дејан Ѓорѓиевски, археолог од кумановскиот Музеј.

    Со овогодишните ископувања бил откриен еден повеќеслоен град, од периодот од 4 и 3 век, а цутот на развојот го доживеал во 5 и 4 век пред нашата ера. На почетокот на четвртиот век во келтските наезди градот бил уриван и пален, подоцна бил обновен, но не живеел во такви услови како до тогаш.

    Би требало што повеќе да отвориме од овој локалитет, да се проучи, да се направи процес на конзервација, па дури тогаш да се стави на туристичката мапа.
    Дејан Ѓорѓиевски, археолог од кумановскиот Музеј.

    „Ексклузивитет е ископан дел од една комплексна градба за која сè уште не се знае од каков тип е. Евидентно е дека тој што ја користел бил богат, поради употребата на камени архитектонски делови кои што ги наоѓаме во парчиња, а кои зборуваат дека кој и да живеел имал очигледни врски со она што се случувало на југ. Имаме и некои елементи од камената пластика, па и од други движни наоди кои јасно укажуваат дека и овој регион бил вклучен во тој медитерански свет, барем во поглед на цивилизираноста“, вели Ѓорѓиевски и додава дека археолошките активности биле завршени со малку средства, дека откриеното е сè уште недоволно за локалитетот наскоро да се вклопи во туристичките ексклузивитети.

    „Би требало што повеќе да отвориме од овој локалитет, да се проучи, да се направи процес на конзервација, па дури тогаш да се стави на туристичката мапа. Има извонредно погодна положба бидејќи е во близина на магистралниот пат кон Бугарија, познатите ресторани „Визиана“ и „Етно-село“ кои и без тоа мамат туристи. Локалитетот Визианус, Црквиште во селото Клечовце е од другата страна на овој локалитет. И тој дел околу селата Макреш, Клечовце и Младо Нагоричане. Има најава и за пругата што ќе се отвори кон Бугарија, што е добро за развој на културниот туризам“, смета Ѓорѓиевски.

    Во овој период во тек се и активностите за реставрација на црквата „Свети Ѓорѓи“ во центарот на селото Старо Нагоричане, инаку значаен културно-историски и национален монумент. Оваа црква е една од најатрактивните и најпосетените од 13-те маркирани туристички атракции во оваа локална самоуправа. Меѓутоа во црквата „Свети Ѓорѓи“ сè почесто се одржуваат венчавки на млади брачни двојки, не само од Куманово, туку и од другите градови.

    http://www.makdenes.org/content/article/25444565.html



    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 03-Jul-2014 at 22:24

    НА НАОЃАЛИШТЕТО ГРАДИШТЕ, КНЕЖЈЕ СВЕТИНИКОЛСКО


    Во Билазора се истражува комплексот на палата од 5 век пр. н.е


    Во рамките на капиталниот проект на Владата на РМ продолжува откривањето на урбаниот простор на акрополата на најголемиот град во раното античко кралство Пајонија, Билазора. Како што велат од Управата за заштита на културно наследство,
    проф. д-р Драги Митревски, раководител на проектот Билазора, го дефинира датирањето на комплексот на палатата во класичниот период, поконкретно од 5 и 4 век пр. н.е.

    "Градот Билазора е лоциран во 1976 година од страна на проф. д-р Иван Микулчиќ, истражуван е неколку години, за од 2013 да го добие статусот капитален проект.

    Градот има архајски зачетоци, но очигледно е дека процутел во 5 и 4 век пр. н.е. Тоа бил народот Пајонци под владеењето на кралевите Ликеј, Патрај и Авдолеон. Во 217 година пр. н.е., градот го освоил македонскиот крал Филип Петти и го анектирал, впрочем како и кралството Пајонија кон кралството Македонија. Пајонија станала интегрален дел на Македонија, под називот Стратегија Пајонија. Кралот Филип Петти тоа го сторил затоа што ослабнатата Пајонија (поради пробивот на Келтите/Гали веќе не можела да ги блокира нападите на агресивните Дарданци. Со оваа анексија тој всушност ја зајакнал одбраната на Македонија од северните агресори", велат од Управата.

    Градот зафаќал површина од над 20 хектари. Географската доминација во однос на околното опкружување му наметнува улога на комуникациски репер и раскрсница на патните правци од север кон југ и од исток кон запад, помеѓу границите на тогашна Дарданија, Тракија и Македонија. Античка Билазора како најголем и најзначаен град на Пајонија првпат ја споменуваат Полибиј и Тит Ливиј. Тие укажуваат на нејзината стратешка географска позиција и улога на чувар на северната граница на античка Македонија во одбраната од Дарданците.
    Проектот се реализира преку Музејот на Свети Николе во соработка со Градот Свети Николе.


    (Д.Т.)
    http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=ED6600B5433B564CA559CACDC8320FB2


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 04-Jul-2014 at 10:45
    Археолошки локалитет Градиште во близина на село Младо Нагоричане, Кумановско





    Повеќе слики на http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/4576/1?month=7&year=2014&day=4&desc=0 - http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/4576/1?month=7&year=2014&day=4&desc=0

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 16-Jul-2014 at 22:42

    Златото од Македонија сензационално се најавува во Германија

    Златните археолошки предмети од Охрид и од Неготино, конципирани во изложбата „Златните лица на македонските кралеви - Македонците и Kелтите од охридскиот регион - судир на културите“ на 24 јули ќе биде отворена во „Kелтен ромер музеум“ во Манхинг, Германија. Музејот на својата интернет-страница наголемо ја најавува поставката која ќе биде отворена за германската јавност с` до 16 ноември. На плакатот се ставени фотографии од златната маска, ракавицата и прстенот, пронајдени пред дузина години на Горна Порта во Охрид.

    Меѓу другото, во најавата пишува:

    „За време на археолошките ископувања во некрополата на античкиот Лихнидос, во денешен Охрид, македонскиот археолог Паско Kузман во 2002 година откри гроб од крајот на архајското време до почетокот на класичниот период (крајот на 6 и почетокот на 5 век пред новата ера). Навистина сензационално. Во кралската гробница не бил вклучен само скапоцени накит, туку маска за лице и прстен на раката од лист злато и сребрени сандали. Заедно со богатството на Тремник од хеленистичкиот период, тие претставуваат најскапоцените археолошки богатства на Република Македонија. Овие богатства првпат се претставуваат надвор од Македонија“, пишува во најавата.

    С` плаќа Европската Унија

    Има вкупно 62 предмета од Заводот за заштита на спомениците на културата од Охрид и од Музејот на Неготино. Изложбата е веќе однесена и наредена во Манхинг.

    Престижната изложба уште пред неколку години е договорена на инцијатива на археологот Kузман и неговиот колега од Словенија, Митја Гуштин, во соработка со претставници од германскиот музеј. Изложбата денес ја организира Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со музите од Охрид и од Неготино, Приморскиот универзитет од Словенија и со Лошињскиот музеј од Хрватска, а ја финансира Европската Унија, преку Kомисијата за образование, аудиовизуелност и култура.

    Според Весела Честоева, директорка на Археолошкиот музеј, ја изложуваме златната доба на Македонија. Освен подготвувањето на изложбата, Европската Унија го финансира осигурувањето и транспортот на предметите до Германија и назад. Обврска на Македонија е само да го подготви каталогот. Kоординатор на нашите институции е Перо Арџанлиев, раководител на одделот за античка археологија во Археолошкиот музеј на Македонија.

    Тања Паскали-Бунташеска, директорка на Охридскиот завод и музеј, вели дека од нивната збирка ќе бидат изложени педесетина предмети.

    - На оваа изложба ќе бидат претставени најубавите движни археолошки предмети од нашата колекција, меѓу нив се и златната маска, ракавицата со прстенот пронајдени на Горна Порта. Сите тие зборуваат за богатото културно наследство на охридскиот регион - вели таа.

    Пред домашната публика на 8 декември

    На прашањето кога овие предмети ќе бидат изложени и за македонската публика, со оглед на тоа што не беа дел од археолошката поставка на охридскиот Завод и музеј, Паскали-Бунташеска одговара дека на 17 ноември тие веќе треба да пристигнат во нашата земја, односно во Охрид.

    - Ќе бидат свечено изложени на празникот Св. Kлимент Охридски, 8 декември, во златната соба во Kуќата на Робевци, која ја подготвувавме подолго време - вели таа.

    Според Драгица Чекоровска, в.д. директорка на неготинскиот музеј, од нивната институција ќе бидат изложени 13 предмети, сите од Орманков гроб, кој во август 2008 година случајно беше пронајден на локалитетот Тремник.

    - Ќе бидат изложени еден ѓердан со висулци и две апликации, два ѓердана од мали златни алки, еден златен медалјон со ликот на богот Посејдон, тоалетна кутија - пиксида, две монети на Филип Втори и на Александар Трети Македонски од 4 век пред новата ера и четири фубули (безопасни игли н.з.) - вели Чекоровска.

    Весна И. Илиевска
    http://dnevnik.mk/?ItemID=725815CB0312CB4E88508251BB824715


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 16-Jul-2014 at 22:48

    Големо Градиште - Коњух

    утврден град од Доцната антика во регионот на Кратово

    Археолошкиот локалитет Големо Градиште се наоѓа во близина на Кратовското село Коњух. Познат е како редок пример на град подигнат кон крајот на 5 – почетокот на 6 век н.е., на територија на провинцијата Дарданија, во Источното Римско Царство. Распространет на висока и издолжена акропола, широка тераса на северното подножје на акрополата заградена со Крива Река, и потесен простор на јужното подножје на акрополата градот е пример на доцната фаза на римскиот урбанизам, со силно утврдување и значителен акцент на црковната архитектура. Планот на градот, тврдините и црквите истовремено претставуваат рана фаза на развојот на европскиот урбанизам и религиозното наследство. Со своите са. 17 хектари површина, Големо Градиште кај с.Коњух е најголемиот и досега најдобро истражен град од 6 век во североисточниот дел на Р.Македонија.

    На природно заштитената акропола, на високиот рид познат како Големо Градиште, во 6-от век била изградена силна тврдина. Овде, со археолошките истражувања реализирани помеѓу 1998-2004 г., беа откриени капии, улици, скали и неколку резиденцијални и јавни градби, со темели вкопани во меката карпа. Дел од нив, меѓу кои големата цистерна за вода, се видливи и денес на акрополата. Доминантноста на ридот над пошироката околина била од голема стратешка важност за безбедноста на градот и неговите жители во немирните времиња на 6 век. Локалитетот е познат и по бројните простории издлабени во карпата, откриени на југозападната страна на ридот. Се верува дека во минатото биле користени како монашки ќелии.

    Од 2005 година наваму, систематските истражувања продолжуваат на северната стамбена тераса, каде беа откриени два големи резидецијални комплекси. Првиот е повеќенаменска градба со остави и работилници околу внатрешен двор, додека вториот е резиденција со неколку поголеми простории, кујнски простор и двор со колонада, која несомнено припаѓала на член на градската елита. Точно помеѓу двете резиденции откриена е и голема, трикорабна базилика (35 х 15 м), со различни невообичаени архитектонски решенија. Една од нејзините анекс простории, со апсидален завршеток на источната страна и писцина во средишниот дел, претставувала крстилница. Фрагментите од репрезентативна камена пластика, откриени и во оваа базлика но и во базиликата Ротонда на овој локалитет, укажуваат на локална работилница, од средината на 6 век.

    http://www.konjuh.mk/



    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 20-Jul-2014 at 20:47
    Мозаикот со војводите правен за Kрушево го краси Новаци

    Дворот на 73-годишниот Борис Илиоски, професор по ликовно образование во пензија, наликува на музеј. На ѕидовите од семејната куќа во општина Новаци го изложил големиот мозаик што го направил пред четириесет години, дело со површина од околу 30 квадратни метри. На мозаикот со камчиња прецизно ги исцртал ликовите на македонските апостоли на револуционерната борба - Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Kарев, Питу Гули и Јане Сандански.

    Мозаикот освен пред Офицерскипот дом во Прилеп, пред многу години, на друго место не бил изложуван. Делото долго минало во визбата на Илиоски, с` до пред некој ден, кога тој одлучи да го изложи во својот двор. Kуќата се наоѓа на еден километар од комбинатот РЕK Битола, па го привлекува вниманието на многуте минувачи по овој пат.

    - Имав голема желба да ги прикажам војводите на историското ВМРО. Тоа се луѓе многу заслужни за македонската историја. Почнав да го работам мозаикот од 1969 година, а го завршив во 1973 година. Четири години работев посветувајќи му го целото мое слободно време, а од големата желба и инспирација работата не ми претставуваше товар - раскажува Илиоски.

    Тој од мал бил задоен со патриотски чувства. Растел со раскажувањата за храбриот комита со прекар Асија од битолското село Ѓавато, кој по мајка му му бил роднина. Kога пораснал, продолжил да се одушевува од делото на македонските револуционери. Завршил ликовна академија во Белград, а на триесетина години својот талент и умешност ги вткал во мозаикот.

    - Не беше макотрпна само изработката на орнаментот, туку и собирањето на материјалите. Многу време потрошив собирајќи камчиња во различни бои. Црни од реката Драгор во Битола, зелени од спилите кај Велес и бели од прилепски мермер. Потоа ги редев со туткал на цемент и чист песок врз арматура од железо, што ~ даде поголема трајност на мојата креација - додава уметникот.

    Мозаикот требало да се вгради во Македониумот во Kрушево, но било избрано дело од уметникот Петар Мазев. По ова оригиналниот мозаик останал неискористен кај Илиоски дома. Оттогаш, каде и да се преселува, го носи со себе.

    - Педесет години живеевме во Прилеп, а јас бев наставник по ликовно во Тополчани и Дебрешта. Во 2004 година го продадовме станот и купивме куќа во Новаци, зашто синот доби работа во РЕK и не сакавме да патува секојдневно. Сосе сите работи што ги имавме, го преместивме и мозаикот, иако е тежок и се состои од десетина плочи. До тука ми го донесоа со возило - раскажува Илиоски.

    Досега повеќе лица се интересирале за да му ја купат мозаичната изработка. Но, тој не ја продал зашто има желба да биде поставено во државна институција или музејска просторија. Мисли дека би било соодветно да се постави во Спомен-собата на војводата Гоце Делчев во Битола. Но, веќе се водат и разговори со градоначалникот на општина Новаци, Лазар Kотевски, за мозаикот да биде поставен во општинските простории.

    Освен овој оригинален мозаик, Илиоски располага и со богата библиотека со книги за ликовната уметност.

    Жанета Здравковска
    http://dnevnik.mk/default-mk.asp?itemID=1D5B19B20A1B904BB95FFA4CDAD4F6E0&arc=1


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 20-Jul-2014 at 22:10
    Заштита на Орлов Камен - антички град на кралството Пелагонија


    Во моментов од страна на Завод и музеј Прилеп се врши и комплетирање на елаборатот потребен овој комплекс да биде прогласен за национално добро од посебен интерес, вели проф. д-р Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културно наследство


    Археолошкиот комплекс Орлов Камен, Горно Село, Прилепско, локалитет на кој се смета дека живеела заедница на македонско античко население кое е дел од кралството Пелагонија (најголем подем од 5. - 3. век пр.н. е.) ќе биде детално археолошко-геодетски документиран. Според проф. д-р Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културно наследство на РМ, Завод и музеј Прилеп во моментов работи на докомплетирање на елаборатот потребен овој комплекс да биде прогласен за национално добро од посебен интерес.
    -Кралството Пелагонија имало главен град - престолнина и најмалку 7 градови. Градовите се наоѓале кај Белополе, Горно Село, Варош, Прилепец, Бонче - Крушевица, Мојно, Мегленци, Брод. Престолнината или кралскиот трон, најверојатно, бил на локалитетите кај селата Бонче - Крушевица, каде што е пронајдена и гробница од големи размери. Еден од овие високоцивилизирани градови на кралството Пелагонија во раната антика бил и градот кој бил распространет на просторот кој е познат како археолошки локалитет Орлов Камен - посочува д-р Лилчиќ, кој во 2010 година ја документирал акрополата на Орлов Камен (Мал Сурун). Оваа заедница на македонски антички жители уживале во широките визури кон отвореното пелагониско поле, кон светилиштето на Аполон на доминантниот врв Трескавец, но и кон врвот Мокров - Солунска Глава. Јужно од градот, на западното подножје на доминантниот Голем Сурун, на чиј врв се наоѓала кула за набљудување и алармирање на населението, пак, била расположена некрополата. Интересно е што таму се пронајдени и гробници од единствен вид во Македонија.
    -Гробниците на видните луѓе од кралството Пелагонија биле оформувани - делкани во жива карпа. Тоа се познатите гробници од т.н. пелагонски тип, уникатни на целото подрачје на Македонија. Се состоеле од преткомора и комора. Пронајдените шест гробници биле ограбени во минатото, но се смета дека таму може да се најдат и други гробници - вели д-р Лилчиќ.
    Овие гробници биле истражувани од страна на археолозите од НУ Завод и музеј Прилеп, Душко Темелкоски и Александар Миткоски. Во истражувањата како член во тимот била и Белинда де Ангело, археолог од Австралија со македонско потекло.

    Во моментов, посочуваат од Управата, Општина Долнени бара концесија за блискиот простор на кој би се копал гранит. Од тие причини се врши документирање на археолошкиот комплекс со цел да се утврдат точните граници и да се заштити овој археолошки и културен предел. (Д.Т.)

    Наоди за постоење на царството Пелагонија
    Дека Пелагонија била посебно кралство има потврди како пишани така и материјални. Посебно впечатливи се два наоди на епиграфски споменици со натписи на кои се среќаваат две имиња кои го носат презимето Пелагон. Едниот натпис кој е датиран во годините 365/64 пред н.е., говори за извесен пелагонски крал кој имал добри односи со Атина, на кого името не му е познато, бидејќи тешко се чита, а носи презиме Пелагон. Другиот споменик со натпис е датиран во 363/2 година и на него се говори за кралот Менелај Пелагон.
    http://vecer.mk/?ItemID=1930D751F779A6448B8F97000A37077F


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 24-Jul-2014 at 19:50
    [tube]Ahy6IOgERF8[/tube]


    Posted By: jyvation
    Date Posted: 24-Jul-2014 at 23:56
    Археолошкото злато од Македонија претставено пред германската публика



    Во престижниот национален Келтско-римски музеј во Манхинг,Германија синоќа беше отворена меѓународната изложба со наслов „Златното лице на непознатиот македонски крал - Македонците и Келтите од брегот на Охридското Езеро”, проект кој се реализира со поддршка на Комисијата за образование, аудиовизуелност и култура при ЕУ во рамките на проектот „Clashof Cultures“.
    Германската, но и пошироката европска јавност во текот на наредните месеци ќе има можност да се запознае со извонредното културно богатство на Република Македонија.
    Организатор на оваа значајна изложба е Археолошкиот музеј заедно со Заводот за заштита на спомениците од културата и музеј од Охрид и Музеј на град Неготино, а во соработка со „Келтен ромер музејот“ од Германија.
    Пред многубројната публика од археолошката фела, градоначалници, конзули, дипломати и љубители на уметноста се обратија Весела Честоева, директорка на Археолошкиот музеј на Македонија, проф.д-р Виктор Лилчиќ директор на Управата за заштита на културното наследство, директорот на „Kelten Romer Museum“ Волвганг Давид и професорот Митја Гуштин од Универзитетот Приморска во Копер, Словенија. На свеченоста присуствуваше и Герхард Кругер, почесниот конзул на Република Македонија во Германија.



    Директорката на Археолошкиот музеј на Македонија Честоева подвлече дека од две древни места на територија на Република Македонија, од архајскиот и класичниот период допатуваа во Манхинг презентираните вредни предмети за да ја раскажат приказната за цивилизацијата.
    Денес пред вас е една од петте златни маски на локалните кралеви, откриени во архајските некрополи на двата града Лихнид и Енхелана. Со маската од Лихнид патуваат и повеќе златни и други предмети од арахајската некропола на локалитетот Горна Порта во Лихнид, сведоци на луксузот, моќта и идеологија на кралот за неговиот пат кон вечноста. Од Лихнид во Манхинг дојдоа и келтските шлемови, железните штитови и долгите железни мечеви. Келтските воини на почетокот на 3 век пред н.е. на патот кон Делфи или по враќањето, застанале во Лихнид. Долговековниот келтски сон, пренесуван од колено на колено, дека не смее да се умре пред да се види Делфи, за нив запрел во Лихнид, рече Честоева.
    За важноста на артефактите и за нивната историска и археолошка вредност говореше Лилчиќ директорот на Управата за заштита на културното наследство.
    Република Македонија е земјата од каде ги донесовме денес тука златната маска на еден благороден Енхелеец од градот на светлината - Лихнид, златниот трезор од Тремник на Вардар и оружјето на Келтите кои го бранеле Лихнид во хеленистичкиот период. Територијата на Република Македонија во раната антика била најсеверната зона на Балканско-медитеранските рани цивилизации, кралствата на Македонците, Пајонците, Пелагонците, Линкестите, Енхелеите/Десаретите, Девриопите и Агријаните, рече проф.Лилчиќ.
    Тој истакна дека е посебно задоволен што денес пред германската и европската јавност, тука во Манхинг, донеле дел од раноантичката, архајска цивилизација на Охридските (Лихнидските) Енхелеи, од класичната цивилизација на античките Македонци од Тремник на Аксиј (Вардар) во близина на античката македонска воена база Антигонеа (Неготино) што подоцна прераснала во цивилен град и предметите на пријателските Келти (Гали) кои несомнено своите животи ги положиле во одбрана на цивилизациската среќа на античкиот град Лихнид на Охридското Езеро.
    Професорот Гуштин, кој долги години соработува со археолозите од Македонија, се осврна на успешната соработка со неговите македонски колеги.
    На поставката се изложени 62 вредни археолошки предмети, во најголем дел златни, меѓу кои и ритуалната погребна маска од почетокот на 5 век пред н.е. која со археолошките истражувања во 2002 година беше пронајдена на Горна Порта, Охридска крепост во Охрид, потоа златната нараквица, апликации во форма на диск, накит, сребрени сандали, двоколка, садови и многу други артефакти, сите од архајски период и најдени на Горна Порта.
    Од истиот локалитет пред очите на светската јавност е претставена и келтска воена опрема од 3 век пред наша ера, шлемови, копја, мечеви, штитови и други предмети. Меѓу вредните артефакти е и познатата статуа на Изида од алабастер од 2 век п.н.е. Наодите од с. Тремник од Неготино се исто така дел од поставката.
    Изложбата, која ќе биде отворена до 16 ноемви, е главен настан на Европскиот проект „Clash of Cultures“ - проект кој 2012 година беше одобрен од Европската унија,координиран е од Универзитетот Приморка во Словенија, а Археолошкиот музеј на Македонија се приклучи како рамноправен партнер во проектот во 2011 година. Во проектот како рамноправни партнери се јавуваат и Лошињски музеј од Хрватска, Земаљски музеј од Сараево, Босна и Херцеговина и Келтско-римскиот музеј во Манхинг, Германија.

    http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNewsNewsCategory/108/119984673 - http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNewsNewsCategory/108/119984673


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 25-Jul-2014 at 13:19

    Нов начин на истражување на локалитетот Висока

    Започнаа археолошките истражувања на локалитетот Висока, кои ќе траат континуирано и во август и кои по начинот на реализација ќе бидат први од типот на археолошка експедиција.
    - Ова ќе бидат први ископувања од голем опсег на овој значаен локалитет од раната антика и ќе се разликуваат од повеќето досега спроведени на територијата на Македонија по начинот на организација. Поради недостапноста на локалитетот, кој е на надморска висина од 1.472 метри, тимот што ќе работи ќе биде сместен на најблиската достапна точка, која е оддалечена околу еден час пешачење и ќе биде во организиран камп со шатори од АРМ. Ќе се копа 30 дена, со што ископувањето добива карактер на археолошка експедиција - вели археологот Дејан Б. Кебакоски од Институтот за старословенска култура.
    Локалитетот Висока годинава влегува во категоријата археолошки проекти од национален интерес. Сместен е на највисокиот врв на Селечка Планина, што укажува на стратегиската положба на просторот. Од оваа точка можело да се контролира движењето низ речиси цела пелагониска рамнина и низ мариовската планинска област.

    - Локалитетот е составен од два дела, односно од акропола или палатен дел и подградие. Годинава планирано е археолошките истражувања да бидат насочени кон откривање на моќниот одбранбен ѕид, кој ја формира акрополата, а изграден е од големи камени блокови во техника на изодомум комбинирана со псеудоизодомум. Со неколкуте пократки истражувачки кампањи досега се откриени влезот и скалите во акрополата (палатата) и еден мал дел од ѕидот. Во планираните активности за годинава е и да се навлезе во самиот палатен дел, со што ќе се утврди карактерот на просторот - вели Кебакоски.
    Акрополата е со површина од 2.600 квадратни метри, додека целиот археолошки локалитет се протега на 19.600 квадратни метри или речиси два хектари.

    - За да го сместиме локалитетот во еден од потенцијалните места на кој лежат остатоците на античкиот град Пелагонија ни дава право монументалноста на досега откриените партии од влезот и дел од ѕидот на акрополата, но и близината со најмонументалната гробница од македонски тип на територијата на државата, односно гробницата во атарот на селото Бонче, која е сместена во падините на Селечка Планина, оддалечена од локалитетот Висока околу два километри - објаснува археологот Кебакоски.
    Гробницата најверојатно му припаѓала на некој од моќните пелагониски владетели, можеби на потврдениот во изворите Менелај Пелагонецот, кој со Пелагонија владеел во првата половина на четвртиот век пр. н. е.

    - За поврзувањето на овие два локалитети показател е и начинот на градба на бедемот на акрополата и самата гробница, кој е идентичен и совршено прецизен. Со досега извршените истражувања констатирани се два моќни хоризонти на живеење. Едниот е од четврт век пр. н. е., а другиот од шести век од н. е. - подвлекува раководителот на проектот.

    На локалитетот Висока се планирани уште три засебни проекти за дигитализација на локалитетот и артефактите до кои ќе се стигне, а со нив се фрла нова светлина на локалитетот, но и се отвора нов правец на археологијата во Македонија.
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=724141511338&id=16&prilog=0&setIzdanie=23234


    Posted By: jyvation
    Date Posted: 30-Jul-2014 at 22:40
    Под Трескавец- ранохристијанска базилика од 5-ти век

    Ако досега беа претпоставки,веке и научно е поврдено дека манастирот Трескавец кај Прилеп два милениума бил еден од најзначајните манастирски центри во овој дел на балканот. Најновите докази укажуваат и дека црквата била изградена на ранохристијанска базилика што потекнува од 5-ти век...



    Конечно после векови, научно се докажа милениумската приказна за Трескавец. Она што до вчера беше само мит и легенда, денес фактографски и со материјални докази може да потпкрепи. Најновите археолошки истражувања во манастирот докажаа дека на ова место животот се одвивал од 2 век п.не. па се до денес и тоа во 17 етапи. Најстара била античката населба Колобаиса, за која конечно се открија детали.

    „Таа претпоставка се потврди со веќе издеференцирана планиметрија, односно распоред на населбата, распоред на некрополата, ограденото подградие на населбата и фортификацијата. Значи можеме да зборуваме за структура на населбата каде во таа населба можеме да го претпоставиме местото каде бил храмот на Аполон и Артемида“, истакна Бранислав Ристески, раководител на проектот.

    Значајно откритие исто така е што црквата била изградена на темелите на ранохристијанската базилика која потекнува од 5 век. Се докажа дека Трескавец низ 2 милениуми бил еден најзначајните манастирски центри во овој дел на Балканот.

    „Истражен е простор за кој досега само се претпоставувало што се содржи во себе, но сега имаме едни истражувања кои ќе дадат одговори на многу прашања и непознаници поврзани со овој простор“, вели Гордана Данилоска Спироска, директор на Музеј Прилеп.

    Овие истражувања беа дел од проектот за конзервација на црквата, старата трпезарија и магерницата кој треба да биде изготвен до крајот на годината. Се очекува за брзо да се заврши и проектот за обнова на конаците, чија реализација би започнала најверојатно во 2015-та.

    http://www.mrt.com.mk/node/12277 - http://www.mrt.com.mk/node/12277


    Posted By: jyvation
    Date Posted: 31-Jul-2014 at 14:31
    Македонија ќе учи од италијанското искуство за заштита на културното наследство

    Десет претставници од Управата за заштита на културното наследство, царинската служба и полицијата во октомври ќе заминат на шестдневна обука во Рим, Италија.



    Македонските учесници на обуката ќе имаат можност да се запознаат со структурата, задачите и сите поврзани искуства на тамошните надлежни служби за заштита на културното наследство.

    Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија, по реализираните двa регионални семинари, во 2006 и во 2011 година за имплементација на Конвенцијата на УНЕСКО за недозволена трговија со културното наследство, договори со Регионалното биро на УНЕСКО организирање на обука за десет учесници од Македонија во Рим, во периодот од 12-ти до 18-ти октомври.

    По реализираната обука во Италија, македонските учесници би стекнале непосредно искуство кое подоцна би можеле да го пренесат на своите колеги и, всушност, би се овозможило во иднина да имаме наши обучувачи за оваа проблематика, велат од Министерството за култура.

    „Реализацијата на оваа обука е во контекст на заложбите на Министерството за култура за вистински и интегриран приод кон зачувувањето на културното наследство и спречувањето на недозволената трговија со културните добра, при што стручните лица од соодветните служби ќе имаат можност за размена на искуства и нови решенија во контекст на сузбивањето на недозволената трговија со културните добра“, стои во соопштението на Министерството.

    Република Македонија во изминатиот период направи позитивен и сериозен исчекор во спречувањето на недозволената трговија со културното наследство. Во координација со Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Министерството за култура, беа спроведени многу акции при што само минатата година беа евидентирани обиди за нелегална трговија на над 500 културни добра.

    http://lisica.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=7630:2014-07-31-12-12-21&catid=84:makedonija&Itemid=613 - http://lisica.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=7630:2014-07-31-12-12-21&catid=84:makedonija&Itemid=613


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 01-Aug-2014 at 00:02

    ОСТРАВИЦА, ПОМЕЃУ КОЛИЦКО И ГАБРЕШ НЕ Е ПИРАМИДА

    vor 6 Minuten aktualisiert
    Уште еден археолошки локалитет што на романтичарите и сензационалистите им личи на пирамида е купестиот рид Остравица, на границата помеѓу Кумановско и Светиниколско. Лично го документирав периметралниот одбранбен ѕид околу врвот што датира од доцната антика. На врвот имаме едно мало утврдување што го контролирало патот што ги врзувал пределите на Кумановско и Светиниколско. Планиметријата на кастелот е во фаза на кабинетска дообработка и ке биде отпечатена во големата монографија за сите стари градови и тврдини во Република Македонија. На теренот делумно се следи одбранбениот ѕид во вид на маса од распаднатите камења. Регистриравме делови од садова и градежна керамика.
    https://www.facebook.com/viktor.lilcik/media_set?set=a.10202547923958815.1073741878.1217483917&type=1


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 01-Aug-2014 at 11:37
    Ќе спијат во шатори еден месец за да истражуваат
    Доказ дека постојат луѓе што прават големи подвизи во име на професијата, и дека она што го работат го сакаат безусловно, е новата археолошка експедиција, која ќе се одвива на Селечка Планина. Археолошките истражувања ќе се вршат на локалитетот Висока, кој се наоѓа на највисокиот врв на Селечка Планина на 1472 метри надморска височина.




    Група археолози ќе помине еден месец во планината, спиејќи во шатори затоа што до местото што треба да го истражуваат може да се стигне само пеш. На одбраното место ќе бидат поставени четири шатори, од кои два се големи војнички и се наменети за спиење. Во шаторите наменети за спиење можат да се сместат по осум луѓе. Едниот од шаторите е импровизирана кујна, додека последниот е наменет за менза, во кој е поставена маса и 20 столчиња. Кампот ќе се загради со жица, како логор, ќе бидат поставени и тушеви, а вода ќе се користи од локалната каптажа. Археолозите на неколку дена ќе мораат да се симнуваат до градот по храна.

    Директорот на Управата за заштита на културно наследство, Виктор Лилчиќ Адамс, објаснува дека овој проект е едно од капиталните археолошки истражувања за годинава.

    „На овој археолошки локалитет уште во 2005 година открив значаен антички град со внатрешен дворец. Во наредните години со екстензивните археолошки истражувања на ова место, се наметна хипотезата дека се работи за владетелско место, поточно горниот град од единствена градска целина, што го доживеала својот најголем подем во текот на четвртиот и дел од третиот век пред нашата ера. Површината на горниот град изнесувала над два хектари.

    Во западното подножје на врвот Висока, пак, се наоѓал долниот град, ограничен со т.н. Длабок Дол од југ и уште еден дол од север. Вкупната површина на долниот град изнесувала најмалку десет хектари. Во непосредна блиизна на долниот град, јужно и југозападно се наоѓала градската некропола, а откриена е и монументална гробница компонирана од гробна комора со преткомора и приоден коридор, сето тоа опколено и со кружен заштитен ѕид со дијаметар од 30 метри, како и хероон контруиран на југоисточната страна од гробниот заштитен ѕид“, објаснува Лилчиќ Адамс.

    Со оглед на тоа дека локалитетот Висока е сместен на највисокиот врв на Селечка Планина, тоа укажува на стратегиската положба на просторот. Од оваа точка можело да се контролира движењето низ речиси цела пелагониска рамнина и низ мариовската планинска област.

    „Се работи за единствен археолошки комплекс локалитети со цивилизациски карактер, долни град со некропола и горни град со внатрешен дворец. Комплексот бил заштитуван со најмалку три утврдувања. Северозападно е тврдината Веслец, источно е Градиште (село Крушевица), на сртот северозападно е уште едно утврдување, Градиште - Цветково, но и на југозападната страна се наоѓа утврдувањето Кале Бобишта (село Лопатица). Квалитетот на камените конструкции на дворецот и гробницата укажува на владетелска моќ и мислам дека тоа можел да биде единствено владетелот, т.е. кралот на раното античко кралство Пелагонија, кој е посведочен на еден натпис откриен во Атина, датиран во 365/4 година пред н.е., кога Атина го прогласила почесен граѓанин (проксен) но и доброчинител (евергет) затоа што тој и` помогнал со војска и финансии. Комплексот археолошки локалитети според тоа го класифицираме во типологијата на врвните атрактивни археолошки локалитети во Република Македонија и токму затоа истиот заслужува да биде истражуван и афирмиран“, додава Лилчиќ Адамс.

    Ваквиот начин на истражување отвара нов портал во македонската археологија.

    Раководител на истражувањето е Дејан Кебакоски од Институтот за старословенска култура во Прилеп.

    http://www.mkd.mk/kultura/kje-spijat-vo-shatori-eden-mesec-za-da-istrazhuvaat#13


    Posted By: jyvation
    Date Posted: 07-Aug-2014 at 23:34
    Студенти истражуваа во археолошкиот локалитет „Стоби“



    Две интернационални работилници за конзервација на керамика и на мозаик, паралелно се одвиваа во јуни годинава во археолошкиот локалитет „Стоби“ во соработка со фондацијата „Балканско наследство“. Учесниците работеа на копии и автентични римски садови. Работилницата за конзервација на мозаици беше реализирана заедно со втората фаза на проектот за конзервација на мозаикот од нартексот на Епископската базилика. Проектот опфаќаше лиење и поставување на алуминиумско саќе на мозаикот од нартексот кој беше изваден во 2012 година. Како дел од овие два проекта, беа одржани и уште две помали работилници за конзервација на стаклени садови и фрески.

    Како што соопштија од Националната установа „Стоби“ , во јуни и јули биле реализирани и ископувања на Западната некропола и Театарот како дел од капиталните проекти за археолошки истражувања, финансирани од Владата. Со ископувањата на некрополата биле откриени 51 гроб од пвиот до третиот век од нашата ера. Наодите покажале дека покојниците биле кремирани и имале гробни прилози, како керамички садови, светилки, стаклени садови и бронзени монети. Како посебно интересен, НУ Стоби го издвојува гробот во кој кремираните остатоци биле поставени во оловна урна.

    Ископувањата во Театарот се одвиваа во мал дел на централниот циркуларен коридор при што беа истражувани подни нивоа од доцната антика (5-6 век) кога објектот не бил во функција, а неговите ѕидови и коридори биле искористени во рамките на куќите подигнати на овој простор..

    Како трет проект од соработката со фондацијата „Балканско наследство“ била интернационална археолошка школа, која се одржала од 29 јуни до 28 јули. На неа учествувале 16 учесници од повеќе земји, главно од САД и од Канада.

    Ископувањата биле на просторот помеѓу Тедосијанската палата и т.н. „Затвор“. Била истражена една од подоцнежните соби на палатата која во текот на 6 век била поделена на два дела. Откриени се фрагменти керамика, животински коски, фрагменти од стакло, бронзени монети, мала мермерна скулптура со претстава на голо машко божество и една железна стрела.

    Останатите пет проекти, финансирани од Годишната програма на Министерството за култура, ќе бидат реализирани во следните месеци.

    - Двата проекта за конзервација на метални предмети и стаклени садови ќе отпочнат во текот на август, додека ископувањата во делот на Храмот на Изида ќе се одвиваат во текот на септември. Проектот за конзервација и реставрација на Театарот ќе продолжи на почетокот од септември и ќе трае до крајот на ноември, информираа од НУ Стоби.

    Од таму информираат дека за оваа година е предвидена конзервација и реконструкција на сводовите од тули на централниот радијален коридор и страничните простории, по што ќе следи конзервацијата и реконструкцијата на лежиштата за седишта.

    Се очекува до 2015 година Театарот да биде подготвен за реконструкција на мермерните седишта во источната половина. Последниот проект за 2014 година предвидува враќање на мозаикот од централниот брод на Старата епископска базилика. Подготовките за реализација на проектот ќе почнат на 15 август.

    http://duma.mk/kultura/13-kultura/11992-2014-08-07-14-51-46 - http://duma.mk/kultura/13-kultura/11992-2014-08-07-14-51-46


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:08
    Коколов рид, некропола од железно доба во близина на Виница

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983428884/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983428884/ - "Kokolov Rid" (Iron Age Tumuli Necropolis) by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983463053/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983463053/ - "Kokolov Rid" (Iron Age Tumuli Necropolis) by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983475553/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983475553/ - "Kokolov Rid" (Iron Age Tumuli Necropolis) by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983362886/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983362886/ - "Kokolov Rid" (Iron Age Tumuli Necropolis) by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    наоди

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983423104/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983423104/ - "Kokolov Rid" (Iron Age Tumuli Necropolis) by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983375776/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983375776/ - "Kokolov Rid" (Iron Age Tumuli Necropolis) by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983237395/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/10983237395/ - "Kokolov Rid" (Iron Age Tumuli Necropolis) by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:13
    Археолошки истражувања на локалитетот „Бела земја“ кај Неготино





    regioni.mk

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:15
    Јака Чешма с. Тремник, Неготино. Водовод од Римски период.













    by archaeologica.org.mk

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:16
    Коколов рид, с. Виничка Кршла, претставува комплексен археолошки локалитет. Се наоѓа на 3 км. североисточно од градот Виница на левата страна од патот Виница - с. Виничка Кршла



    [tube]SO4xmu85Kq4[/tube]

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:17
    Големо Градиште, с. Коњух, Кратово





    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:17
    Македонска монументална гробница од крајот на IV век пред нашата ера, археолошки локалитет Павла Чука, с. Бонче.



    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:18
    локалитетот „Визианус“ кај Куманово



    archaeologica.org.mk

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:18
    Римска бања во село Бањско, Струмичко



    familytripstomacedonia.com

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 08-Aug-2014 at 13:46
    Кралска гробница кај село Бонче



    archaeologica.org.mk

    [tube]GGaiLmKZFmg#at=75[/tube]

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 08-Aug-2014 at 14:02
    НАПОМЕНА: Голем дел од горните постови се преземени од ЅЅС и затоа можно е фотографиите, видеата, како и самите текстови, да се застарени!

    Архео парк Бразда

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014434445/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014434445/ - Archaeological Park 'Brazda' by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014665373/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014665373/ - Archaeological Park 'Brazda' by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014668383/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014668383/ - Archaeological Park 'Brazda' by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014598736/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014598736/ - Archaeological Park 'Brazda' by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014526955/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014526955/ - Archaeological Park 'Brazda' by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 08-Aug-2014 at 14:02
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014650836/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014650836/ - Archaeological Park 'Brazda' by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014656436/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014656436/ - Archaeological Park 'Brazda'Archaeological Park 'Brazda' by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014734204/">
    http://www.flickr.com/photos/90374651@N08/11014734204/ - Archaeological Park 'Brazda' by http://www.flickr.com/people/90374651@N08/ - HaemusNGO , on Flickr

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: jyvation
    Date Posted: 12-Aug-2014 at 12:29
    Во Прилеп се бара седиштето на кралот на Пелагонците

    Седумнаесет члена македонска археолошка експедиција, од кои 11 археолози врши ископувања на врвот Висока на Селечка Планина на 1.470 метри надморска височина.



    Според директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ ова е капитален проект и трет пат, но и најобемен да се истражува на Висока.

    - Досега два пати, но само по неколку дена, се истражувало на Висока. Ова е најобемно едномесечно истражување. Станува збор за фантастичен град на околу 2 хектари кој има одбранбен ѕид што датира од доцната антика, но има и внатрешен дворец изграден од огромни камени блокови, кој пак, според конструкцијата на блоковите датира од раната антика, од 4 век пр. н.е. На Висока се наоѓаат остатоци од еден висок горни град кој поседува владетелски карактеристики. Човекот што го подигнал, што го утврдил, не бил обичен човек. Најверојатно бил владетел. Наше е да откриеме дали биол владетел на локална територија, на некое кнежевство, или бил владетел, како што претпоставуваме, на целото Пелагонско кралство, кралството на Пелагонците кое егзистирало некаде 5,4,3 век пред н.е, вели Лилчиќ.

    Со истражувањата од предходните години, главно се откриени: керамика, садови, фрагменти од садови, доста монети.

    - Тие монети укажуваат на една хронологија од Филип Втори па се до византискиот цар Јустинијан во 6 век од новата ера. Има монети на македонскиот крал Антигон-Гонат, монети на Деметриј, монети на раните македонски градови Анфиполис, Тесалоника, на Пела, има монета на римскиот цар Нерон, монети од 4 век, од 6 век на византиските цареви Јустинијан Први и Втори, па дури и монета од средновековниот период, од 12 или 13 век. Ова покажува континуитет на цивилизирано градско живеење на оваа позиција, објаснува Лилчиќ.

    Според Дејан Кебакоски, археолог од Институтот за старословенска култура од Прилеп, кој ја предводи експедицијата, сите се возбудени зашто се откриваат внатрешни ѕидови и монети.

    - Овие истражувања се насочени концелосно откривање на надворешноста на раноантичкиот ѕид, а еден дел од тимот работи во внатрешниот простор на акрополата каде е откриен ѕид од раноантичкиот период кој исто така е изграден со големи камени блокови. Пронајдени се 15-ина доцноантички монети, пронајдена е една раноантичка монета, една малоазиска фибула и поголем број фрагменти од високолуксузна црнофирнисана керамика, вели археологот Кебакоски.

    Директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ кој деновиве ги посети археолозите на Висока, прецизира дека нови отркитија многу се значајни. Бронзената монета, посочува, што е сега пронајдена е на македонскиот крал деметриј Први кој владеел во 3 век пред нашата ера. Пронајден е рановизантиски клуч, тег за мерење златници,керамичен пирамидален тег за ткаење на разбој. Луксузната керамика е донесена од Атика.

    - Од она што го имаме горе на Висока отркиено и од ова што сега го откриваме со оваа најнова и најобемна експедиција што ја предводи м-р Дејан кебакоски од Институтот за старословенска култура од Прилеп, ќе го потврди нашето убедување дека се работи за кралот на Пелагонците. Дворецот, главно датира од 4 век пр. н.ера, тогаш е изграден и се согласува со споменувањето на кралот на Пелагонците од 365 година пр. н.е. Интересно е дека што предокот на Пелагонците се споменува во Илијадата на Хомер, вели Лилчиќ.

    Пред околу две години археолозите истражуваа во подножјето на Висока, на 600-700 метри каде целосно е откриена кралската гробница.

    - Таму откривме остатоци од голем ѕид за кој претпоставуваме дека била зимската палата на кралот кој во периодот на студените месеци се спуштал во подножјето, рече Лилчиќ.

    Комплетното истражување на археолошката експедиција на Висока ќе трае еден месец и експедицијата е на половината од истражувањата.

    http://kurir.mk/makedonija/kultura/168242-Vo-Prilep-se-bara-sedisteto-na-kralot-na-Pelagoncite - http://kurir.mk/makedonija/kultura/168242-Vo-Prilep-se-bara-sedisteto-na-kralot-na-Pelagoncite


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 16-Aug-2014 at 14:49
    Пронајден меч од типот Махаира на локалитетот Вардарски Рид



    Деновиве завршија систематските археолошки истражувања на локалитетот Вардарски Рид, кои се дел од годишната програма на Национална установа Музеј Гевгелија финансирани од страна на Министерството за култура на Република Македонија. Истражувањата под раководство на Емил Сламков, археолог, се одвиваа на сектор XIV, или секторот некропола каде со досегашните истражувања се откриени вкупно 43 гробни конструкции од доцно бронзениот период (XII-XI век пред Христос) и 52 погребувања од средновековниот период датирани во XII-XIII век. Екслузивитет од овогодинешните истражувања претставува откривањето на еден меч од типот Махаира. Мечот целосно е изработен од железо со благо закривенa горна страна на сечивото и конвексно проширување кон врвот со една сечива страна. Должината на мечот изнесува 55 см. (43 см. сечивото и 13 см. дршката). Сочувани се исто така и дел од железниот опков на канијата (корицата) на мечот, како и три коскени алки со кои мечот се заврзувал за носење. Махаирата е меч со кого била вооружена македонската коњаница и е доста редок наод на археолошките локалитети, а во нашиот случај иницира и постоење на погребувања од Македонскиот период на овој сектор на локалитетот. Бидејќи овој редок и ексклузивен наод беше откриен последните денови од истражувачката кампања оваа констатација останува да се потврди со понатамошните истражувања на локалитетот.

    http://muzejgevgelija.mk/mahaira.htm - http://muzejgevgelija.mk/mahaira.htm

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 16-Aug-2014 at 20:45

    Конзервацијата на мозаичните подови и осветлување на локалитетот Манчевци

    Годинава се работи на конзервацијата на мозаичните подови како и на комплетната илуминацијата на локалитетот …

    http://cooltura.mk/wp-content/uploads/2014/08/mancevci_2_ohrid.jpg">mancevci_2_ohrid Во рамките на реализацијата на програмата за заштита на културното наследство, а со финансиска поддршка на Министерството за култура, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј Охрид, интензивно работат на третата фаза од конзервацијата на археолошкиот локалитет Манчевци во Охрид.

    Во изминатите две години на овој локалитет беа извршени археолошки истражувања, а се заврши и конзервацијата на остатоците од рано христијанската базилика. Годинава се работи на конзервацијата на мозаичните подови како и на комплетната илуминацијата на локалитетот.

     

    Со реализацијата на завршната фаза од работите на археолошкиот локалитет Манчевци градот Охрид до крајот на годинава ќе се здобие со уште еден атрактивен археолошки локалитет кој нуди одлична можност за дополнителна афирмација на културното наследство на Република Македонија.

    mancevci_1_ohrid

    http://cooltura.mk/?p=52975&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b7%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25b8%25d1%2587%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b8


    Каде се наоѓа поточно овој локалитет???



    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 16-Aug-2014 at 20:57
    Еве и постари информации и слики ако има некој инфо околу локацијата бујрум.

    Откриена нова ранохристијанска базилика на археолошкиот локалитет „Манчевци“

    Вести | Охрид | 18.08.2012 13:51Посети : 3033


    При изведување на заштитно конзерваторски работи на археолошкиот локалитет „Манчевци“ во старото градско јадро на Охрид, откриена е ранохристијанска базилика, која според првичните проценки потекнува од периодот на 4-5 век од нашата ера. 
















    Базиликата е одлично зачувана и претставува вистинско културно богатство, велат стручњаците.




    -Се работи за една од деветте ранохристијански базилики откриени во стариот дел на Охрид, со прекрасни мозаични подлоги. Таа е дна од најубавите и има огромно значење за Охрид, кој треба да се гордее, затоа што ниеден друг град или локалитет нема толку многу ранохристијански базилики како древниот Лихнид, кој слободнмо можам да кажам е втората Јустинијана прима, изјави Паско Кузман, археолог и директор на Управата за заштита на културното наследство.









    Археолошкиот локалитет каде е пронајдена вредната базилика се наоѓа во густо населено место и најверојатно се протега и под околните куќи, чии жители стравуваат за нивните објекти затоа што, како што велат, веќе се јавиле помали  оштетувања на градбите. 
















    Надлежните велат дека ја имаат предвид спецификата на теренот, поради што до крајот на годината тука ќе биде изграден потпорен ѕид. Исто така се размислува и за експропријација на дел од куќите, но тоа не зависи само од волјата на државата, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, која денеска го посети археолошкиот локалитетат  „Манчевци“.




    -Ќе разговараме со граѓаните околу можноста за експропријација, но тоа е процес кој долго трае и не зависи само од Министерството за култура и државните институции, така да доколку не се најде некакво решение, ние ќе го заштитиме локалитетот  и ќе го презентираме на јавноста идната година, истакна министерката Канческа Милеска.
















    Првите вредни наоди на археолошкиот локалитет „Манчевци“ беа пронајдени во 2008 година при копање темели за изградба на куќа, при што беа откриени делови од ранохристијанска базилика, за која тогаш се сметаше дека претставува  дел од Епископски двор кој археолозите очекуваа да го најдат на Плаошник. Последните откритија фрлаат нова светлина на овој археолошки локалитет, кој според стручната јавност крие уште тајни. 

    Извор:ohridnews


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 16-Aug-2014 at 21:06
    Најдов нешто околу локацијата

    Археолошкиот локалитет „Манчевци“ се наоѓа во близина на катедралната црква „Света Софија“, на потегот кон Античкиот театар. Откриен е случајно во 2009 година при изведба на градежни работи на три индивидуални станбени објекти во Стариот дел на градот.
    http://www.vlada.mk/node/4188


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 19-Aug-2014 at 22:26
    Свети Николај 14 век после Христа село Буриловци Свети Николско

    http://s1189.photobucket.com/user/kultuzin/media/SvetiNikolajvosBurilovci14vek_zps3e575319.jpg.html">
    http://s1189.photobucket.com/user/kultuzin/media/SvetiNikolajSvetiNikole_zps936a56b1.jpg.html">


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 19-Aug-2014 at 22:33

    http://mkd-news.com/sontsata-od-tsrkvata-vo-razlovtsi-foto/ - Сонцата од црквата во Разловци (Фото)

    Во селото Разловци, каде што во 1876 година македонскиот народ со крв го натопил својот вековен идеал за слободна и независна Македонија, се наоѓа христијанскиот храм „Свети цар Константин и царица Елена“.

    http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/05/sonce-razlovci1.jpg">sonce%20razlovci1 Она што е посебно интересно за оваа црква од пијанечкиот регион, е тоа што покрај фреските на светци, во неа можат да се видат насликани и поголем број на осум и шеснаесетзрачни сонца, слични на оние на античката македонска династија Аргеади.

    За разлика од сонцето од Кутлеш (Вергина) кое што е откриено дури во 1977 година, сонцата од црквата „Свети цар Константин и царица Елена“ никогаш и немало потреба да бидат откривани.

    Од нејзината изградба во околу 1850 година, па сè до денес, тие духовно го просветлуваат секој оној кој што ќе влезе во неа, немо сведочејќи за античкиот континуитет на Македонија и на Македонците.

    Текст: Александар Стеванов

    Фото: Радмила Симевска

    http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/05/sonce-razlovci3.jpg">sonce%20razlovci3

    http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/05/sonce-razlovci4.jpg">sonce%20razlovci4

    http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/05/sonce-razlovci2.jpg">sonce%20razlovci2

    http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/05/sonce-razlovci5.jpg">sonce%20razlovci5

    http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/05/sonce-razlovci1.jpg">sonce%20razlovci1

    http://mkd-news.com/sontsata-od-tsrkvata-vo-razlovtsi-foto/
    http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/05/sonce-razlovci1.jpg -




    Print Page | Close Window