Print Page | Close Window

Карев, тогаш, сега и додека бидам таму

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Фото/Видео
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1089
Printed Date: 18-Jun-2025 at 10:02


Topic: Карев, тогаш, сега и додека бидам таму
Posted By: FoSsiL
Subject: Карев, тогаш, сега и додека бидам таму
Date Posted: 08-Oct-2010 at 21:31

Карев, тогаш, сега и додека бидам таму..... или официјално Гимназија "Никола Карев" - Скопје....

моето школо, и се гордеам со него... школо како школо, ама ова е Карев....

втора година сум таму и ми се допаѓа... опуштено е, како дома да сум... и 100% не згрешив што отидов таму..... деца топ, професори топ, школо топ, околина топ.... за мерак.... 

но ке се задржам на изгледот, внатрешен и надвореш, за атмосферата треба да дојдете и да осетите

А ова нека биде поттик и за други членови да презентират таму каде учат или слично.... ај да ве видам

Школото е тука.....      42° 0'15.41"N 21°24'2.34"E

За други информации, прашајте...

Па да почнам.... Малку стари, историски фотки кои секако не се мои... и мислам дека имаш некој опис.... да видам....  да, има, ама малку е рекламно инфо па еве само линк за тие кои ги интересира.... http://www.nikolakarev.edu.mk/Misija.aspx - http://www.nikolakarev.edu.mk/Misija.aspx

еве и историјат кој истотака може да го најдете на страницата.... 

Првата школа на народни учители, Учителската школа на македонски јазик „Никола Карев“ е формирана во декември 1944 година, непосредно по завршувањето на НОБ,со решение на Президиумот на АСНОМ на Народна Република Македонија.

Со ова решение наставата почнува да се одвива на македонски јазик, дотогаш непризнаен и забрануван. Својата настава школата ја започнува во февруари 1945 година, а првите наставни планови и програми се донесени во декември 1945 година. 

1945 – 2010, 65 години постоење на учителската школа
Но, првите никулци на учителската школа се уште од пред 116 години
Во далечната 1894 година е отворена Српската гимназија во Скопје. Во 1913 година, Учителската школа која дотогаш работи во приватни згради, е преселена во зградата наречена ”Идадија”. По пренесувањето на Српската школа во Призрен во 1915 година, во Македонија работеле две учителски школи: во Прилеп и постоечката во Скопје.

Од 1928 до 1941 година, работела eдна единствена учителска школа и тоа во зградата на “Идадија”.

Од податоците се гледа дека од учителската школа во Скопје од нејзиното формирање , па до 1941 година излегле 37 генерации учители.

Денес, Средно училиште на Град Скопје “Никола Карев”

и по некој поетски збор, најверојатно од директорката, која има посебно место во ученичките озборувања .... ама добра е... само со здравје.... нека си ја врши работата... а изгледа и ја бидува....

Ова е влез во историјата на нашето училиште,
влез во историјата на нашите учители,
влез во историјата на описменување на нашиот народ,
влез во историјата на нашиот мајчин македонски јазик,
влез во историјата на нашата татковина,
нашата Македонија
Нека ни е честит нашиот јубилеј

Директор
Горица Илијоска

Добро ај доста е.... да пуштам некои слики.....

ќе ми извините... ама старите фотки нејќат да се копираат па еве линк http://www.nikolakarev.edu.mk/Galerija_NK.aspx#location1 - http://www.nikolakarev.edu.mk/Galerija_NK.aspx#location1 ....... се избламирав.... на непроверено

еве и уште неколку фотки од 2006.... од веб - страната http://www.nikolakarev.edu.mk/Misija.aspx#location1 - http://www.nikolakarev.edu.mk/Misija.aspx#location1










Replies:
Posted By: FoSsiL
Date Posted: 08-Oct-2010 at 21:54

Попатно да речам дека си ја обновиле веб-страницата, од последниот пат кога ја посетив..... но чим се скржави за фотки... ќе преминам на моите.....

Е сега вака.... моиве фотки... се повеќе на ентериерот, зашто денес не ми текна дека можам да сликам и од надвор, со исклучок на неколку..... а тоа најповеќе поради тоа што немав претходна намера да отворам тема на build.mk.... сликав од досада и со мисла дека некад ќе ми затребаат.... па еве тоа било вечерва.... ни ден не помина....

Така да за екстериерот ќе пуштам фотки од вторник, зашто понеделник е ваљда неработен (дај боже ).... па засега ќе ги имаме овие.... а за понатаму како ќе се развива темата.... (ама напнувам, е ајде веќе со сликите да ти се.... )

од минатата година

за време на една рок - метал свирка.... ако сте за ова... Карев е местото

и следниве се од денес....

доле кај бифе, музичко, ликовно, магацините и подрумот.... а може има и скривници, зашто доле е лавиринт.... и што мислите што е зеленото.... на следната фотка почисто, појасно се гледа... ги има мислам за сега 5 во цело школо, колку што сум видел...

ова е ходникот кој води до поранешниот кабинет по ликовно, денес музичко.... и целиот е насликан, и испоцртан со интересни ученички дела....

а сега намалку надвор за голем одмор и малку уживанција...

а сега малку одмор па продолжувам за неколку минути....



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 08-Oct-2010 at 22:23

охохох... полу-откинат плакат... да го видов ќе го дооткинев да не ми смета на сликата.... инаку сликите се од мојот телефон....

па понатаму... што имаме да видам.... хмм..

Поглед на салата и Карпош 3 во позадина.... од кабинетот по македонски.....

кога сме таму.... иако повеќето слики и од таму ми се....

мојот компјутер... т.е монитор, маус и тастатура

си го следам build.mk и од таму...

ама да не помислите дека не внимавам....

и морав во еден момент да ве напуштам....

тој беше темата, а воедно и причината....

маус

мојот ранец 

небо

фенси прозори... зимно време топло, летно време се гушиме....

некој (една другарка) игра пекмен

фенси плочки.... за лизгање

Од тука потекнува се .... мрежата.... ама видете го штекерон... да не дрмне струја....

Добро викам јас wireless... многу кабли се, иако средени...

Ова се надевам ви го привлече вниманието....

Има доста слики од Скопје низ цело школо... треба да ги сликам....

ај сега малку одмор па пак за некоја минута....







Posted By: FoSsiL
Date Posted: 08-Oct-2010 at 22:45

огласната табла.... тестови, соопштенија, итн.... и закачалките

кодексот на однесување....

радиаторите се вакви....

неонките....

и онаа за на табла....

сега приметив дека сум имал слики и од вчера... е добро де исто е.... ама насловот не беше ....

еден поглед налево....

куќиштето од мојот компјутер....

доста беше македонски.... одиме географија....



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 08-Oct-2010 at 23:00

Морам да напоменам.... Македонски е најсредената училница..... заедно со уште една.... другите.... или имаат нови плочки.... или нови прозорци.... некои пак ни едно од двете.... 

таков е случајот со географија.... кабинетот е доста интересен и илустриран.....

некој и опнал прстен на Земјата или пак незнаел дека нема....

знаете за што се работи...

релјефна карта на Македонија

има една карта на Македонија, една на Балкан, Европа и Свет.... има и една карта на соѕвездија... нешто за вулкани и слични работи но не ги сликав ќе ги сликам од наредната недела....

Јас на историја..... очигледно треба да се избричам.... и позадината за која ви зборував.... историја е еден од позапуштените кабинети.... но за среќа не е еден историја.... само на нас така ни се падна

една рандом, исто така од историја.... се гледа како прозорот е пукнат.... е малку де.... освен ако не ми се чини мене така

па тоа е се за денес.... една бонус фотка што гледаат женски од клас на интерет ако се гледа воопшто и тоаа.....

Очекувам коментари.... следниот апдејт најверојатно во вторник...



Posted By: Supervisor
Date Posted: 08-Oct-2010 at 23:12
Брее децава ама напреднале... Огласна табла како по факултетиве... Па компјутери кој гледа за шминки кој по форуми... Али со ваков развој на глобалнава мрежа блиску сме до крајот.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: dejan
Date Posted: 09-Oct-2010 at 05:12
Што ти значи тоа Али со ваков развој на глобалнава мрежа блиску сме до крајот супервизор?

Фала за сликите и репортажата Фоссил. Гледам истиот глушец го имаме


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 09-Oct-2010 at 10:53

Фала

еве уште една рандом што сум ја заборавил....




Posted By: Baze
Date Posted: 09-Oct-2010 at 10:58

Интересни слики. Мислам дека до сега ти си единствениот кој на форумов ставил и слика од фаца Yes



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 09-Oct-2010 at 11:13
Епа ај да отвориме тема.... за фаци...


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 09-Oct-2010 at 16:29
Јас учев во Карев исто, во мај праевме 10 години матура...како гледам освен компјутериве, горе-доле исто е...не ми е јасно зошто плочки ставале по училниците, ама ајде...

Ке побарам...по некој од учебнициве за проектирање имаше основи и изгледи од објектот...проектот е на Јанко Константинов, а во прво време „Никола Карев“ било некое усмерено школо (микробиологија или нешто во тој фазон)...скоро поминав од таму и приметив дека и зелената ограда ја смениле со нова (комплетно промашена во однос на архитектурата, нешто како со МАНУ), па зградата повеќе доаѓа до израз, инаку порано беше како во џунгла...

Што се случува, уште ли го делите во смени со Зефљуш Марку?



-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 09-Oct-2010 at 17:51

Не го делиме веќе две години.... Зефљуш се пресели во Бутел - Чаир....

Па од оваа година... прва година наместо 8 како што бевме ние, се 9 класа....

А да... Карев порано било нешто како за Био - хемија.... и од тука се одело на Медицински... дури му се давало и поголеми предизпозиции од Медицинско.... И сега има некои примеси....

А уште порано пак било учителска школа... но мислам дека не во оваа зграда... барем не на почетокот....



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Oct-2010 at 01:55
Еве за Зеф Љуш:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=180&PID=10602#10602 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=180&PID=10602#10602
Пред тоа има ставено слики и од кога беше карабина...

Инаку штета што не учев во Карев, нишкава ќе беше супер за евоцирање спомени
Ко и на Дејв ни мене не ми е јасно ова со плочките.

Јанко Константинов ако не се лажам е автор и на телекомот и на медицинското училиште. А за Карев сигурен сум дека имам наидено на фотки од неговата изградба... сајтот на Карев моментално е паднат и не  ми се отвараат линковите што ги постави Фосил, па не можам да видам дали ги има таму. Пбанкс, ај ѕирни во таа книгата за Скопје што требаше да ја скенираш, се сомневам дека таму ги имам видено сликите, би било фино да ги има во нишкава.


@ Baze
Што ќе ти се слики, повели кога ќе правиме средба (или предавање за виртуелна Македонија што се надевам конечно ќе се реализира наскоро), па ќе видиш еден куп билдерски фаци во живо


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 10-Oct-2010 at 02:53

хах... абе малер ме бие ..... нејќеа да се стават... па ги ставив како линкови и сега не работат....цццццц.... 

Плочките... ех.... и ја незнам.... на почетокот беа право лизгалиште.... сега некако се отапеа...... незнам... можеби е добро решение со оглед дека би опстојале подолго.... освена ако некој не почне да ги копа... или пак му падне чекан... а барем за сега не располагаме со такви алатки.... добра работа е тоа што од столчињата и клупите не се гребат... што можеби е најмногу поради гумичките на ногарките кои ги има инвентарот.... да не ме сфатите дека се неуништливи.... се и тоа како ....

ако бараме алтернатива... па незнам.... јас не би го ставил тоа зелениот под, незнам како се вика точно (ако може некојда ми каже), зашто нема да издржи долго.... а за паркет или ламинат.... па паркет не би ставиле, и поскап а и потежок за одржување... за ламинат би рекол да.... и ефтин... сигурно поефтин и од плочкиве.... а и доста практичен... и издржлив.... но добро... тоа е сега... поарно нов под отколку стариот... макар плочки да се.....

попатно да кажам, плочките мислам дека ги местаа неколку дена 3-4... па така една недела (кога бевме оделенска настава, сега сме кабинетска) ја поминавме во друга училна... а за разлика од ламинатот кој се мести за еден ден.... ма каков ден... 3-4 саати...

Друга работа е тоа што школото изгледа многу мало... за разлика од другите.... како коцка и толку... може и на ГЗ да се види...... ама и не е баш така.... можеби 1/4 од училниците за колку што знам се празни....

А и така се наредени во коцка.... повеќето... со исклучок на 6 кружни училници (од кои една библиотека) и 3 обични во делот позади како цилиндар што е... и е многу лесно да се снајдеш... добро и не така лесно... ама ако си навикнат да... и го имаме холот во средина... кој и не е така мал.... еден вид на атриум.... зашто горе има 6  конуса, повеќе би му дошле како пирамиди... но поентата е таа.... од стакло низ кои минува светлина.....

се на се ~60 простории..... без тие што се во подрумот.....таму ретко идеме... само кога треба нешто да се помогне...

Потоа го имаме бифето.... кое е незамеливо... не е големо ама врши неверојатно голема улога во школскиот живот...... од турско, еспресо, капучино, нескафе, топло чоколадо, макијато, млеко.... до тостови, помфрит, сендвичи.... благи, солени, грицки, колачиња, сокови, вода , переци, гевреци, сладолед.... место за бегање од часови, или кога губиме... или кога сме до ве-це....

Има некоја фитнес сала.... ама никогаш не сум бил, ни видел........

ако има нешто друго да се сетам ќе пишам....



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 12-Oct-2010 at 18:46

Денов така набрзина ми пројде..... па не направив многу фотки... од сабајле згрешив автобус .... прв пат во 2 години... ми се виде 7 ама не сум го видел и Б-то па ме однесе кај Дом на Печат....итн. итн.. деновиве како ќе стојам со време ќе сликнам околу школо слики..... сега за сега овие....

Надворешно школово плаче за освежување.....

 



Posted By: fichot
Date Posted: 13-Oct-2010 at 12:46

Еееее, Карев... those were the days.  

Само шо освен првата не глеам ни една друга фотка. (!!!) (do smthng. hint: imageshack наместо фотографија.цом.мк) 



-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 13-Oct-2010 at 13:12

Аха.... Епа добро во текот на денот ќе гледам да ги репостирам.... Дали има некои други кои неможат да ги видат сликите??? 



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Oct-2010 at 13:17
Ne se e vo red kaj mene

-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 13-Oct-2010 at 14:02

Еве една нова тура од денес.... 





Posted By: FT
Date Posted: 13-Oct-2010 at 20:10
Може координати?


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Oct-2010 at 07:46
Во школо сум... направив неколку слики, ќе сликам уште.....

еве координати... 42° 0'15.41"N 21°24'2.34"E

Едно десет минути ми беше заклучен копмјутерот, па одпоново го пишував


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Oct-2010 at 12:44

Што сликав денес.....

холот....

скалите за долниот дел од школото, бифето, училници, технички дел и подрум...

Атриумот

еден раб училни

продолжнието од школото кон делот на двата цилиндри, спореден влез/излез и ве-це од страна, на приземје...

еко канти и ППА

маски на продажба

малку матна, ова е втората училна по македонски, соседна на нашата...

училна и кабинет  по биологија

поглед од главен влез кон ул. Никола Русински

влезот за пензионери во пензионерскиот клуб

ова на часот по македонски кога му реплицирав на FT на барањето за координати...

подапликација на апликацијата Phet... физика, и полнежи.... "играта" се вика "Електричен Хокеј"

Географско Етно Катче и кабинетот по Географија.... на вториот кат

училната по Географија

поглед од вториот кат, веднаш до Географија.... на холот....

малку матна првата.... ова е делот кој води до информатика, цилиндрите на вториот кат...

ве-це... тоалетите се прилично средени... неодамна реновирани.... имаат нови врати, кабини, нови казанчиња и шољи, но без капаци..... па мислам дека треба уште еднаш да се интервенира.... имаат и сега задоволителни услови но може и подобро... ама деца како деца секогаш ќе се расипува нешто.... но не смее да остане така....

веднаш до Математика... скалите кои водат до горе и скалите за бифе.... ама не се гледаат

поглед кон главниот влез

пластично еко-мече направено од шишиња од пиво Горско .... кое ни освои прво место...

на што ве симболизира?

дел од салата.... на салата и треба реновирање и полнење со содржини и реквизити... откако Зефљуш отишол останала празна... но и така треба да се среди.... добра работа е што ги средија соблекувалните деновиве, не сликав... може ќе сликам следниот пат физичко....




Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Oct-2010 at 12:54

Се на се.... школово има одлична конструкција, функционалност..... и мислам дека малку му треба да се биде екстра.... не ми се допаѓаат многу бетонските ѕидови... можеби и поради старост да се средат исчистат би биле одлични, а може и бела, или окер фасада да се стави, а јас би дозволил и делови каде може да се прават графити, мислам на цели ѕидови од горе до доле.... партерното уредување исто така треба да се досреди.... да се сменат сите прозори и врати.... и да се дотера елегантно убаво ....

да имав пари би ги дал за донација .... а да можеше и би го земал да го менаџирам

Но и вака е добро, условите и и повеќе од добри.... 



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 20-Oct-2010 at 14:03

Оваа слика е од вчера.... плочките во училната по Хемија...

И како што реков.... машката соблекувална, се реновира па еве слики....

Веднаш опнале таг....

Кај тушевите...

Малку е прљаво, ама добро, работат....

Еве го и стариот болјер... смачкан целиот .... 



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 01-Nov-2010 at 22:57

сликиве се постари... немав нет некое време не можев да ги качам... едно 10 дена

околината, од кај ул. Никола Русински

само две слики од внатре... ни ставија нови апарати за кафе и за грицки, сокови, благи итн... во холот...

Од позади, и поглед кон Воена Болница, сега 8 Септември



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 17-Sep-2011 at 22:19

По долго време не поставување ништо во нишкава... еве нешто што ми даде повод, да пишам нешто, а воедно и да го постирам самото тоа...

Веќе сум 3-та година во Карев... и супер ми е 

[tube]KRQXL41cws0[/tube]



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Sep-2011 at 22:21
Hhaha idealno


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 17-Sep-2011 at 23:41
Добро, толку ли е тешко да се набави знак „ИЗЛЕЗ“ (како на пр. во театрите што има), па мора EXIT. Вакво нефермање на сопствениот јазик не знам дали постои некаде на друго место...


Posted By: N23
Date Posted: 18-Sep-2011 at 01:56
Ме спука носталгија у пм.....


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 18-Sep-2011 at 17:55
Чистачкава не сум ја видел 10 години, се здебелила ...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 27-Dec-2011 at 10:38
Моментално сум во школо...

Еве некој апдејт.

-Беа сменети сите прозорци и врати во школото.
-Беа променети подовите (од линулеум во плочки) на повеќето училници.
-Имаме обезбедување.
-Имаме канти за селектирање на отпад
-Се реновираа соблекувалните и дел од салата.

Тоа повеќе од технички карактер. Инаку треба малку повеќе и подобро да се потрудиме околу организацијата, функционирањето иатмосферата во школото. Иако не е лоша, но може да биде подобро, или пак е само мој висок критериум.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 17-Jan-2013 at 17:13

Не е моја... 

http://www.flickr.com/photos/iofoto/5849944544/">
http://www.flickr.com/photos/iofoto/5849944544/ - io by http://www.flickr.com/people/iofoto/ - Darko Hristov , on Flickr



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: nouseforname
Date Posted: 18-Jan-2013 at 01:32
wow imate tusevi vo karev ,kaj nas e zanigde vo orce!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 18-Jan-2013 at 02:01

Да бе... супер е...

Годинава ја реновираа и салата... сменија плафон, прозори, врати, светла, тие дрвените што се... имаме и една пинг-понг маса... вреќи и ракавици за бокс

Ама затоа вие имате тениско игралиште...

Кога година си?



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Jan-2013 at 19:52
5 години поминував покрај ова школо секоја ден,отприлика кога си се родил Фосил( и некоја година пред тоа )



Print Page | Close Window