Print Page | Close Window

Кам - Јужен Булевар

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1095
Printed Date: 15-Aug-2020 at 17:26


Topic: Кам - Јужен Булевар
Posted By: lslcrew
Subject: Кам - Јужен Булевар
Date Posted: 15-Jun-2009 at 23:11
Продажба на земјиште за нов пазар


Министерството за транспорт и врски објави оглас за јавно наддавање за продажба на градежна парцела во Општина Центар, која е наменета за изградба на пазар.
Градежната парцела која се нуди на продажба е согласно Деталниот урбанистички план "Стара железничка станица", е со вкупна површина од 3.710 метри квадратни. Површината за градење изнесува 2.549 метри квадратни, висината до венец 10 метри, процентот на изграденост 65,86, а коефицинетот на искористеност 1,48 согласно Деталниот урбанистички план. Почетна цена на јавното наддавање по метар квадратен изнесува 6.600 денари. Инаку, депозитот за учество на наддавањето изнесува 10 проценти од почетната цена или 2.448.600 денари. Сите заинтересирани, пријавите за учество на наддавањето ќе можат да ги достават најдоцна до 16 јули, а ќе се одржи на 30-ти истиот месец во Министерството за транспорт и врски.
Најповолниот понудувач по уплатата на парите, ќе склучи договор со Министерството за транспорт и врски, но ќе биде обврзан да добие одобрение за градење од надлежната општина во рок од шест месеци, а во рок од две години до добивањето на одобрението за градба треба да го изгради објектот.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=33BFA3DBFFDD114190D1089A26FA3D70

Се продава локацијата на Цветниот пазар

Градежната парцела е со површина од 3.710 квадратни метри, а почетната цена е 6.600 ден. за квадрат

Локацијата на која се наоѓа Цветниот пазар од вчера е на продажба. Министерството за транспорт и врски објави оглас за јавно наддавање за продажба на градежната парцела, која е наменета за изградба на затворен пазар. Засега не се знае прецизно каде ќе се дислоцира Цветниот пазар, ниту, пак, кога ќе се преселат привремените објекти. Во Општина Центар велат дека се' уште чекаат одговор од Министерството дали ќе одобри преселба на локацијата спроти зградата на НИП „Нова Македонија“, на последната станица на „23“ во Капиштец. Во Општината очекуваат потврден одговор од надлежните во Министерството за да почнат со преместување на бараките.

Засега не се знае дали ќе се постават старите или, пак, ќе има нови куќарки, дали ќе им се зголеми бројот, ниту, пак, како ќе биде уреден просторот. Во Центар велат дека иако локацијата веќе е на јавно наддавање, ќе имаат доволно време да завршат се' пред да се продаде.

Инаку, градежната парцела што се нуди на продажба е дел од Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“, со вкупна површина од 3.710 квадратни метри. Површината за градење изнесува 2.549 квадрати со висина од 10 метри.

„Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.600 денари за квадратен метар, а депозитот за учество на наддавањето изнесува 10 проценти од почетната цена или 2.448.600 денари“, информираат од Министерството за транспорт. Пријавите за учество на наддавањето можат да се достават најдоцна до 16 јули, а јавното наддавање е закажано за 30 јули, во Министерството за транспорт и врски.

„Најповолниот понудувач по уплатата на парите ќе биде обврзан да добие одобрение за градење од Општината во рок од шест месеци, а за две години од добивањето на одобрението за градба треба да го изгради објектот“, информираат од Министерството.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=410C7F6812EB2841BA3AB8E013715F44



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jul-2009 at 11:18

„Тинекс“ нема да наддава за цветниот пазар

Локацијата денеска ќе се продава со јавно наддавање за таму да се направи пазар на два ката, а маркетот на компанијата на градоначалникот Тодоровиќ ќе се исели од бараката кај старата железничка станица и ќе се смести во новата катна гаража во Капиштец

%20
Земјиштето на цветниот пазар денеска ќе се продава на јавно наддавање за таму да се изгради затворен зелен пазар, а компанијата „Тинекс“ на градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, иако го поседува единствениот неурнат објект на целата парцела и е во трговскиот бизнис, нема да се обиде да го купи. Тодоровиќ објаснува дека поради конфликт на интереси „Тинекс“ нема право да учествува на наддавањето, а маркетот што сега работи на оваа државна парцела ќе го иселел во новиот објект што се гради на улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец. Тој објаснува дека не бил отстранет само неговиот маркет, бидејќи ги намирил сите трошоци за до 2012 година.

- Многу граѓани мислат дека поради мојата функција „Тинекс“ не беше срушен. Исто како и во почетокот кога почнав да го градам објектот во Капиштец, сите мислеа дека нема да има места за паркинзи и дека воопшто не личел на катна гаража, но според мене катните гаражи не мора да изгледаат неубаво однадвор, затоа и се одлучив објектот да биде со убава фасада и да не личи на гаража. А паркиралиштата се сместени во средината на објектот и затоа не можат да се видат однадвор. Во многу лоша ситуација се наоѓа човек кога од бизнисмен ќе се префрли на политичка функција, сите мислат дека работите си ги редиш како што тебе ти одговара - објасни Тодоровиќ.

Пристап до деловниот објект ќе се обезбеди со новопроектирана улица, која се планира да се направи од страната на белите згради до објектот, а исто така во објектот ќе може да се влегува и од улицата Васил Ѓоргов.

Катната гаража во Капиштец почна да се гради пред речиси две години, но жителите на околните згради протестираа затоа што за да се изгради гаражата ќе треба да се сече зеленилото. Во објектот ќе има седум платформи од по 1.000 квадрати за паркирање возила, а преостанатиот дел ќе биде наменет за канцелариски простории, маркетот „Тинекс“ и други дуќани.

На местото на цветниот пазар е предвидено да се изгради затворен зелен пазар на два ката. Земјиштето од 3.700 квадратни метри ќе се нуди со почетна цена од 6.600 денари за квадрат. Од Министерството кажаа дека градежната маркичка има површина од 2.549 квадрати, а максималната дозволена висина е до 10 метри. Цветниот пазар, пак, ќе се исели на последната станица на автобусите со бројот 23, кај Домот на печатот. Таму ќе се направат покриен пазар и паркиралиште што ќе можат да го користат вработените.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72991624303&id=14&prilog=0&setIzdanie=21751


Posted By: vendetta
Date Posted: 31-Jul-2009 at 01:28

Камчеви ќе градат зелен пазар на местото на Цветниот пазар

Сопственикот на „Кам фуд“ за 725.000 евра ја купи државната парцела од 3.710 квадрати

Семејството Камчеви ќе гради зелен пазар на местото на Цветниот пазар. Гоце Камчев, директор на „Кам фуд“ маркетите, инаку чичко на бизнисменот Орце Камчев, вчера на јавната лицитација за државната земја наменета за изградба на пазар беше најповолен понудувач. Лицитираше со повисока цена од уште едно заинтересирано лице, извесен Сали Мемед. Сопственикот на „Кам фуд“ за квадратен метар од парцелата понуди 12.100 денари, односно за земјиштето од 3.710 квадратни метри ќе треба да плати 725.000 евра. Почетната цена за квадрат изнесуваше 6.600 денари, а наддавањето се „креваше“ со минимум 500 денари.

Иако Деталниот урбанистички план за предметната парцела предвидува изградба на зелен пазар од затворен тип, со максимум два ката, сепак, од „Кам фуд“ се' уште не се сигурни дали ќе ја искористат максималната катност. Според Камчев, тоа евентуално ќе се утврди и со проектот за пазарот што допрва ќе го изработуваат, но најави оти сигурно во комплексот ќе има маркет од синџирот „Кам фуд“, а можно е во рамки на зелениот пазар да биде изграден и мини-цветен пазар.

Во согласност со одредбите на Министерството за транспорт и врски, најповолниот понудувач парите за земјиштето треба да ги уплати во рок од 15 дена откако официјално надлежната Комисија ќе го констатира како победник на лицитацијата. По уплатата на средствата и потпишувањето на договорот за оттуѓување на земјиштето, од „Кам фуд“ се обврзани градежната дозвола за објектот да ја обезбедат во рок од 6 месеци, а потоа имаат рок од две години да го изградат објектот. (Дс.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=732BF5B67EDC074AB6025D2326D19877



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-Oct-2009 at 08:04
„Кам фуд“ ја купи старата локација на Цветниот пазар, новата се' уште неизвесна

Општина Центар до крајот на јануари мора да го пресели
Цветниот пазар на нова локација

Сања Наумовска


Фирмата „Кам фуд“, која кон крајот на јули на јавно наддавање ја купи парцелата на која се наоѓа Цветниот пазар се' уште не побарала градежна дозвола за изградба на затворен пазар. Во меѓувреме, локацијата на која требаше да се дислоцираат цвеќарите, последна „23“ во Капиштец, е претворена во нов паркинг-простор.

„Кам фуд“ во предвидениот рок од 15 дена по лицитацијата ги платила сите 725.000 евра, колку што ги чинеше земјиштето од 3.710 квадратни метри. За вадење на градежната документација, според законот, имаат рок од шест месеци од потпишувањето на договорот. Досега се изминати речиси два месеца, а целиот објект треба да биде готов во рок од две години. Деталниот урбанистички план за предметната парцела предвидува изградба на зелен пазар од затворен тип, со максимум два ката. Според најавите на новите сопственици, во комплексот сигурно ќе има и маркет од синџирот „Кам фуд“, а можно е во рамки на зелениот пазар да биде изграден и мини цветен пазар.

Во меѓувреме, до крајот на јануари, до кога новиот газда на земјиште мора да го подготви проектот и да ја обезбеди дозволата, Општина Центар треба да го дислоцира Цветниот пазар на новата локација. Засега, општинарите немаат официјална потврда од Министерството за транспорт и врски дека ќе биде одобрена локацијата на последна „23“-ка.

„Програмата за привремени објекти, во која е вклучен и Цветниот пазар, ни е вратена од Министерството за да се доработи. Деновиве активно се работи на забелешките, по што таа повторно ќе се достави до Министерството за добивање согласност“, информираат од Центар.

Локацијата на последна „23“ неколкупати беше посочена од самите сопственици на цвеќарниците како најдобра замена на сегашниот Цветен пазар, со приближно иста големина, лесна пристапност и добра позиција во центарот.

Неодамна, пак, на дел од истата локација се прошири паркиралиштето „Дом на печат“ на јавното претпријатие „Градски паркинг“. Обележани се нови 100 паркинг-места, кои зафаќаат речиси половина од локацијата наменета за цветен пазар. Во „Градски паркинг“ велат дека за проширувањето на паркиралиштето имаат проект и дозвола од Градот и од МВР. Оттаму не знаат дали нивниот паркинг ќе им пречи на цвеќарите, но велат дека со оглед на тоа што дозволата им е од привремен карактер, ако има пречки тие ќе се повлечат од локацијата.

Во Општина Центар сметаат дека ќе има доволно време за завршување на целата постапка пред да почне изградбата на затворениот пазар. Пред селидбата на привремените објекти во кои се наоѓаат цвеќарите треба да се уреди новата локација, да се направи довод на вода и струја, а во опција е и зголемување на бројот на цвеќарници.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E80C3E616EA10E4EACF67F0179808C30 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E80C3E616EA10E4EACF67F0179808C30


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2010 at 11:40

Тесно му го скроија на Зелениот пазар

Инвеститорот „Камфуд“ бара парцела од околу 6 илјади квадратни метри за да може сегашниот Зелен пазар во целост да се префрли во новиот затворен објект што треба да се изгради

Неизвесен е почетокот на изградбата на објектот во кој треба да се смести Зелениот пазар во центарот на Скопје. Парцелата на која е предвидена изградбата (денешен Цветен пазар) уште мината година ја купи фирмата „Камфуд“ со јавно наддавање, но оваа фирма се' уште не побарала градежна дозвола.

Се предвидува Зелениот пазар да има два ката под земја, приземје - каде што ќе биде сместен маркетот, а на горниот кат да има специјализирани продавници. Целиот проект ќе чини околу 6 милиони евра.

Гоце Камчев, сопственикот на „Камфуд“, најави дека новиот пазар, ако навреме ја добијат градежната дозвола, ќе биде изграден до крајот на годинава. Тој напоменува дека за да се префрли целиот Зелен пазар на новата локација, потребна е поголема градежна парцела.

- Објект треба да биде готов во рок од две години од моментот на добивањето на сите согласности. Имаме уште два месеца да ја поднесеме документацијата за градба, а потоа уште околу 4,5 месеци таа документација да ја поднесеме и да биде прифатена за да биде во рамките на законските услови. ДУП-от за предметната парцела предвидува изградба на зелен пазар од затворен тип, со максимум два ката. Но, пред околу еден месец излезе еден нов предлог-план за тој дел од градот. Тој план предвидува некои проширувања и во делот на локацијата за пазарот. Пазарот е предвиден на 3.500 квадратни метри, а објектот треба да биде на 2.500 квадратни метри. Но, тоа е по стариот урбанистички план. Реално, таа површина е мала за зелен пазар со магацини и придружни простории. Сегашниот Зелен пазар не може во целост да се префрли ако не се направат некои измени - објаснува Камчев.

Тој додава дека сегашниот Зелен пазар е на површина од околу четири илјади квадратни метри само продажна површина. Покрај тезгињата, има и продавници и гаражи што граѓаните од соседните згради им ги издаваат на пазарџиите и служат како магацини. Затоа Камчев смета дека реално е пазарот да биде на околу шест илјади квадратни метри.

- Проблемот на сите пазари во земјава е тоа што се зема предвид само површината на која се поставени тезгите, но не и инфраструктурата за пазарот. Современите пазари имаат минимум околу 30 до 40 отсто магацински и простор за дотур на стока. Потребни се простории за техничките помагала за чистење на пазарот, тоалети... Сите дополнителни неопходни простори зафаќаат околу 50 отсто од севкупната површина. За Зелен пазар ќе останат околу 500 или 600 квадрати. А нашата цел е да направиме пазар и маркет од европски ранг. Поднесовме барање за коригирање на површината за градење на објектот. Со новиот ДУП, кој се' уште не минал на Совет, се предвидува да се прошири нашата парцела, ама не и да се овозможи градба. Немам ништо против, оти и тој дел може да се користи за гаражи - објаснува Камчев.

Тој додава дека проблемот уште пред лицитацијата го препознал и сегашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, кому маркетите и трговијата му се професија. Според Камчев, градоначалникот се согласил дека локацијата за зелениот пазар е мала и дека треба да се прошири кон некогашниот маркет „Тинекс“.

Во Општина Центар немаат одговор на барањето за проширување на парцелата на која „Камфуд“ планира да гради. Предлог-ДУП се' уште не ги поминал сите фази и не може да се каже дали ќе има измени или не. Од Општината тврдат дека од „Камфуд“ не им доставиле никакво барање.

Марија Тасев


Цветниот пазар во Капиштец?

Цветниот пазар, на чија локација треба да се гради новиот Зелен пазар, ќе се дислоцира во Капиштец, кај постојката за автобусот „23“. Општина Центар, која треба да го дислоцира Цветниот пазар, нема официјална потврда од Министерството за транспорт и врски дека ќе биде одобрена оваа локација.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека со новиот сопственик ќе потпишат договор за продажба на градежното земјиште, а тој ќе се обврзе во рок од 6 месеци да обезбеди градежна дозвола, а за две години од добивањето на дозволата да го изгради пазарот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=675D4DB9A0BB9D4B9AB4C1C905E5EBF8


Posted By: Baze
Date Posted: 26-Jan-2010 at 12:29
Не ми "мириса" баш најарно кога ова семејство е зад таков плац.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 09-Apr-2010 at 10:55
„Камфуд“ ќе гради шопинг-центар за сите видови храна
 

На површина од 5.500 квадратни метри, на локацијата на сегашниот Цветен пазар во Скопје, компанијата“Камфуд“ ќе инвестира во изградба на објект во кој ќе биде сместен голем зелен пазар според европски терк, како и продавници за храна и ресторани.

09:00 | 09.04.2010 | Автор: Шпиц

/

Средства за изградба на објектот се обезбедени од страна на компанијата, решени се сите имотно-прави прашања и се чека парцелата да се расчисти, со тоа што Цветниот пазар ќе се дислоцира на соодветно место, велат од компанијата.
Од „Камфуд“ сметаат дека на градот му треба ваков тип на објект, специјализиран за секаков вид на храна: од свежи заленчуци и овошја, преработени и замрзнати прехранбени производи, па до свежо приготвена храна. За таа намена, во „Камфуд“ велат дека почнуваат да инвестираат во проект што ќе овозможи граѓаните од едно место да купат секакви видови на прехранбени производи. Инвеститорот планира целиот објект да биде наменет само за храна.
- Предвидениот објект, кој е осмислен според европски модел, по примери од сличните европски пазари, ќе биде висок десет метри и ќе се простира на две нивоа. На првото ниво, освен зелениот пазар, во кој ќе бидат сместени сите придружни објекти и магацини, ќе бидат сместени и специјализирани продавници за посебни видови на прехранбени производи, а на второто ниво е предвидено да има ресторани за брза храна, пицерии, рибен ресторан, како и ресторани за традиционални јадења - вели Александар Донев, менаџер во компанијата „Камфуд“.
Тој додава дека рамките на проектот е предвидено и решение на проблемот со паркирањето, така што две дополнителни подземни нивоа ќе бидат наменети за паркинг-простор, со што би се решил овој проблем во тој дел од градот.
Според Донев, изградбата на објектот ќе почне веднаш по добивањето на градежната дозвола и по дислоцирањето на Цветниот пазар а ќе трае најмногу една година.
- Обезбедени се сите средства потребни за реализација на проектот. Откако ќе ги добиеме сите одобренија, градењето ќе почне и предвидуваме дека проектот ќе го реализираме за една година - вели Донев.
Се уште не е точно утврдено колку инвеститорот ќе го чини целата инвестиција, но од таму велат дека сите обврски околу парцелата се намирени, платена е целата сума и решени се сите имотно-правни обврски.
- Немаме точна калкулација колку ќе чини целата инвестиција, само предвидуваме дека ќе биде повеќе од шест милиони евра. Чекаме градежна дозвола од градските власти - додава Донев.
Пред неполна година, поточно на 31 јуни 2009 година, по пат на јавно наддавање, парцелата кај сегашниот Цветен пазар ја купи компанијата „Камфуд“, но се уште не почна со реализација на проектот поради нерешеното прашање околу промена на локацијата на Цветниот пазар. „Камфуд“ е компанија која на македонскиот пазар опстои од 1998 година. Досега има 41 маркети од кои само половина се во Скопје, а другите се распространети во другите градови.
Маркетите на „Камфуд“ функционираат по принцип на голем попуст и нудат прехранбени производи, како и хигиенски производи по пониски цени од другите синџири на супермаркети, но од друга страна, разновидноста на понудата е поскромна. И покрај тоа, маркетите на „Камфуд“ работат со реномирани домашни и регионални марки, како и со брендови од западноевропските земји, пред се, од Германија.

http://www.spic.com.mk/kat/biznis/kamfud-ke-gradi-soping-centar-za-site-vidovi-hrana.html - http://www.spic.com.mk/kat/biznis/kamfud-ke-gradi-soping-centar-za-site-vidovi-hrana.html


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-May-2010 at 04:04
Вчера приметив дека на локацијата за новиот зелен пазар на јужен булевар имаше булдожери го рушеа она што не беше дорушено и стоеше така полусрушено околу година. Изгледа ќе има наскоро почнување на активностите за изградба.


Posted By: axel
Date Posted: 04-Feb-2011 at 17:36
СЕ БАРА ИЗВЕДУВАЧ
Наместо Цветен ќе има затворен пазар

Фирмата „Камфуд“ наскоро ќе почне со изградба на затворениот пазар на местото на „Цветен пазар“. Фирмата деновиве распишан оглас во кој бара заинтересирани изведувачи на деловен објект - пазар со административно-деловни содржини. Понуди ќе се примаат до 15 февруари. Истовремено и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ распиша оглас во кој бара изведувач на куќарки за цвеќе, за новата локација на пазарот, кај последната станица на автобусот со број 23. „Камфуд“ даде највисока понуда за државната парцела кај „Цветен пазар“, која пред две години се продаде на јавно наддавање. За плацот од 3.710 квадратни метри компанијата понуди околу 730.000 евра, односно 200 евра за еден квадратен метар, а земјиштето се нудеше за 100 евра. На земјиштето на „Цветен пазар“, според урбанистичкиот план, треба да се направи покриен пазар со најмногу два ката, со висина до десет метри и со паркинг-простор. Градежната маркичка зафаќа површина од 2.549 квадратни метри. Изградбата се одложуваше поради тоа што градските власти не обезбедија нова локација за преселба на пазарот за цвеќе.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2233&ArticleID=155844


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2011 at 17:46
Se ispobunile ovie. kakva e ovaa recenica namesto cveten ke ima zatvoren. Pa nikogash ne ni beshe planirano ova da bide sveten. trebashe zelen pazar da se preseli tuka. Neka si proverat malku novinarive shto e sluchajot.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2011 at 20:47


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 27-Nov-2011 at 21:03
Не е лошо.


Posted By: fusion
Date Posted: 27-Nov-2011 at 21:33
Malku me potseka na arhitektura od 60-tite, primer,muzejot na sovremena umetnost.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Nov-2011 at 00:20
Рендеров изгледа сосема пристојно. Ако излезе вака ќе биде супер објект. Кога на терен ќе дојде класичниот сив алкобонд тогаш друга ќе биде приказната.


Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 18-Dec-2011 at 00:11
Градбава можеби случајно, можеби не однадвор наликува стоковна куќа од југословенско време ... ама каква и да е подобра е од бараките и ѓубриштето на таа локација
А тоа што внатре ќе се наоѓа пазарот е уште една придобивка - конечно локацијата “зелено пазарче“ ќе се расчисти и Скопје ќе добие малку зеленило во тој дел.

Што се однесува до оваа градба најважно е да има ИСКЛУЧИТЕЛНО ДОБРА ВЕНТИЛАЦИЈА - зошто инаку непријатниот мирис ќе ги одвраќа Скопјани.
Уште една многу важна работа е решавањето на паркирањето - доколку не се предвидело подземен паркинг тогаш мора да се најде некое решение во близина ....


Posted By: OCB
Date Posted: 03-Feb-2012 at 00:52
[tube]I7h6NBlzDDM[/tube]


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 03-Feb-2012 at 03:29
Друже воопшто не ми е јасно од кога КАМ маркетите толку напреднале да отворат трговски центар, или се работи за нешто друго ?!?!?Question


Posted By: WNBARCH
Date Posted: 03-Feb-2012 at 08:55
напреднале оддамна.уште во 2010 е поуспешна компанија од тинекс.аплицираа веќе разработен модел.газдата на алди(ист модел на малопродажба) е најбогат германец со 20 милјарди...


Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Feb-2012 at 19:31
интересен е објектот ама локацијата е премногу екслузивна за него, не поради изгледот, туку поради функцијата... еднаш се зезнавме со Рамстор, не мора сега да ја продолжуваме таа традиција на далечина помала од 100 метри...

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 15-Apr-2012 at 03:24
Почнаа ли овде градежните активности, и ако почнале ако знае некој нека каже до каде се.


Posted By: axel
Date Posted: 11-May-2012 at 19:54

„Кам“ се шири покрај Јужен булевар

Компанијата КАМФУД победи на јавното наддавање за уште една парцела близу Јужниот булевар во Скопје.

Земјиштето со површина од 2.085 квадратни метри компанијата го добила за сума од околу 225.000 евра како единствен заинтересиран понудувач.

Според деталниот план, КАМФУД, кој е во најтесна врска со маркетите „Кам“ во земјава, на парцелата ќе може да изгради објект со основа не поголема од 435 квадратни метри и височина до 5 метри.

Намената на земјиштето е пред се за супермаркет, но меѓу другото дозволено е да има и угостителски дејности или деловни простории.

Во сопственост на КАМФУД е и соседната, поголема парцела, на која компанијата најави изградба на затворен пазар.

Се очекува целиот реон наскоро да прерасне во градежна зона, бидејќи во непосредна близина е комплексот јужен булевар- земјиште кое неодмна го купи турски Лимак за да изгради објекти високи и до 70 метри за станови, деловни простории и хотели.

http://www.plusinfo.mk/vest/42685/Kam-se-shiri-pokraj-Juzhen-bulevar



Posted By: mr bombastic
Date Posted: 26-Aug-2012 at 16:55
Се уште ли овде ситуацијата е статус-кво или мрднато е од мртва точка?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2012 at 18:29


Има ископ само на дел од парцелата и колку што можев да воочам направен е поодамна. Не забележав никаква активност ниту некаква механизација стационирана на градилиштето.



Posted By: Djole88
Date Posted: 21-Jul-2013 at 00:17
штета што не се гради на локацијава, незнам што стана, дали кризава ги премисли или нешто друго е во прашање ?


Posted By: OCB
Date Posted: 21-Jul-2013 at 13:25
Земјиштето беше купено во јули 2009. Според договорот за купо-продажба, инвеститорот требаше во рок од 6 месеци да извади градежна дозвола, а потоа во рок од 2 години да го изгради објектот. Според тоа, крајниот рок за завршување на градежните активности бил јануари 2012. Договорите условени со рокови предвидуваат пенали доколку инвеститорот не се држи до договореното. Пред законските измени, беше предвидено и одземање на земјиштето од страна на државата.

Доколку инвеститорот е близок на властите, општината може да му „помогне“ преку неиздавање на градежна дозвола со што не започнува да тече рокот за изградба. Што се случува со овој договор и со сличните нему (пр. http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=279 - Radison Blu Skopje ) не можеме да дознаме затоа што на новинарите им е премногу тешко, преку Законот за пристап до информации од јавен карактер, да дојдат до официјални информации за тоа дали Општина Центар издава градежни дозволи според договорот и доколку издава дали инвеститорите и плаќаат пенали на државата за непридржување кон договорите. Овој одговор по службена должност може да го даде и Комисијата за спречување од корупција, а има и неколку невладини чија цел е откривање на корупција.


Posted By: SugarBlue
Date Posted: 06-Aug-2015 at 12:56
Што бидна со ова "чудо"?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2015 at 17:28
Originally posted by SugarBlue

Што бидна со ова "чудо"?
Истото што бидна и со другите далавери на Орце Камчев покрај Јужен Булевар (Радисон Блу и Еквест Мол) - бидна дупка со потенцијал за мочуриште. Битно земјиштето си го стави во џеб.


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Dec-2017 at 19:13
Превземено од фб




Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Jan-2018 at 19:25
Тука работите напредуваат(превземено од фб)




Posted By: alexsend
Date Posted: 29-Jan-2018 at 19:36
Супер, се одглавија работите!
3/4 подземни паркинг нивоа, интересно.
И сега објектов ќе биде само 5 метри висок? П+1
Затворен пазар и супермаркет КАМ?
Нема рендер?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Jan-2018 at 11:12

Нема рендер на градилиштето,барем кога поминував пред неколку недели.Инаку се работи интензивно дури и под рефлектори.Еве уште една фотка.



Posted By: alexsend
Date Posted: 01-Feb-2018 at 18:08
Поставена е мала табла со рендер во боја на аголот кај Катната гаража од страна на јужен.
И не е 5 метри висина туку приземје со 2 ката, магија
Симпатично изгледа во секој случај!

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Mar-2018 at 18:27
Од фејсбук



Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Mar-2018 at 19:01
Еве уште една фотка од фб,само незнам што ќе биде со оној дел кај што се гледа багерот таму нема никаква активност а со овој другиов дел скоро дошле до приземје.





Posted By: alexsend
Date Posted: 14-Mar-2018 at 16:27
4 подземни нивоа?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-May-2018 at 17:18
Превземено од фб



Posted By: alexsend
Date Posted: 04-May-2018 at 18:21
Колку само арматура има тука, овој објект ќе надживее се

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-May-2018 at 17:34
Еве уште една фотка-превземена од фб каде може да се види дека со другиот дел се стигнати до приземје



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 20-Jun-2018 at 19:12
Од фб (се гледа измената ма фасадата позади)


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Aug-2018 at 11:54
Од фб

https://www.imageupload.co.uk/image/4jBH">


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Sep-2018 at 13:03
Еве уште две од фб.Не им ја разбирам поентата со толку подземни нивоа,многу време изгубија во тоа.





Posted By: alexsend
Date Posted: 15-Sep-2018 at 16:57
Да не има приклучок од подземниот булевар па гледале на исто ниво да бидат.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Sep-2018 at 15:03
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Dec-2018 at 14:43
Од фб



Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Mar-2019 at 17:14
Денес...



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Apr-2019 at 10:55
31 март, фотката е од фејсбук



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Apr-2019 at 16:25
[tube]mZCHsDAtWIA[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Apr-2019 at 19:25
Сликав со мобилен, а и врнеше, така што...



-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Apr-2019 at 19:29
Mi se cini ili nekako mnogu sporo odi gradbava kako za eden Kam market neznam samo zosto imaat tolku podzemni nivoa a i kolku ke odi vo visina?


Posted By: alexsend
Date Posted: 10-Apr-2019 at 06:45
Нема причина да брзаат. Темпираат да се изгради паралелно со околните објекти за домување.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Aug-2019 at 10:59


https://www.porta3.mk/struchnost-koja-dominira-sedum-decenii/?fbclid=IwAR3HfLsVsDmRnctRh_QSqyGK3BVdYHM5kRgsAvHwMl8rmTnFsPAwkT-dMRk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Sep-2019 at 12:18
Неколку денешни,карабината е веќе завршена односно избетонирана,други активности нема.Веројатно ќе почекаат да се завршат објектите од соседниот комплекс па можеби потоа ќе довршуваат иако и тоа нема многу логика бидејќи и сега можат да го завршат и отворат Кам-от на прометно место се...







Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Oct-2019 at 17:04
Мала промена од последниот апдејт-денес се поставуваше скеле околу целиот објект





Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Dec-2019 at 18:10


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Apr-2020 at 12:21


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-May-2020 at 00:44




Posted By: David
Date Posted: 17-May-2020 at 11:46
Колку е грд и непотребен кам-ов..


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-May-2020 at 12:06
Сличен со оној што се гради во Битола (во боја и материјали):



...со тоа што овој во Битола нема да биде само трговски центар, туку ќе има и деловен/канцелариски простор. Можеби и скопскиов ќе биде со сличен концепт.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 17-May-2020 at 17:37
Кој иновативен „бункер“ стил, браво за КАМ. Другиот деловен центар во близина на КАМ во Скопје барем колку толку личи на нешто.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 21-May-2020 at 19:35






-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jul-2020 at 10:48
Неколку денешни











Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Jul-2020 at 15:57
убава колекција на индустријални лименки добивме на толку атрактивна локација... КАМ, Рамстор, НЛБ... ЛИМЕНКИ!
единствена што се одвојува од цел простор е катната гаража, која за жал е катна гаража

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Jul-2020 at 20:00




-------------
За сè има вторпат


Posted By: carver91
Date Posted: 24-Jul-2020 at 16:55
дали ќе имаат модни продавници или кафе / пекара? Или само супермаркет.?


Posted By: MGS
Date Posted: 07-Aug-2020 at 10:39
Плочките меѓу елементите в кујна ми се слични на фасадава. Јааако.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 07-Aug-2020 at 16:18
Индустријска хала сред строг центар



Print Page | Close Window