Print Page | Close Window

Гаражни објекти (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Паркинзи и гаражи
Forum Discription: Паркинзи, катни гаражи, подземни гаражи...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1097
Printed Date: 19-Mar-2024 at 10:14


Topic: Гаражни објекти (општо)
Posted By: pbanks
Subject: Гаражни објекти (општо)
Date Posted: 25-Jun-2008 at 08:20
Имам впечаток дека како и во многу други случаи претходно (средишни жардинерии, павер тротоари, безвезни трговски центри итн), сега забегуваат со катниве гаражи. Па имаат насадено маркици на секој чекор...

Катна гаража на местото на „Тинекс“ и ресторанот „Македонска куќа“

Деновиве беше урната кафеаната „Врти сучи“, веднаш до дисконтот на „Тинекс“

Дисконтот на „Тинекс“ и ресторанот „Македонска куќа“ на Јужен булевар летово ќе бидат урнати до темел. Таква судбина пред десетина дена ја снајде и кафената „Врти сучи“. Уривањето на објектите, како што информираат од Општина Центар, е заради реализација на Детаљниот урбанистички план, според кој, на потегот кај посочените објекти има предвидено маркичка за изградба на катна гаража. Земјиштето ќе се оттуѓи преку јавна лицитација, како што беше случај и со двете соседни локации во насока на ТЦ „Рамстор“, а кои се дел од истиот ДУП и каде што се урнаа триесетина привремени објекти. Милан Пижула, главен градежен инспектор во Општина Центар, вели дека налогот за уривање на посочените привремени објекти го издало Министерството за транспорт и врски.

„По барање на Министерството, ние сме должни да го расчистиме просторот од привремените објекти, за да може земјиштето да се даде на продажба. Кога ќе се случи тоа, не би можел да кажам. Единствено знам дека локацијата е наменета за изградба на катна гаража“, вели Пижула, според кого сопствениците на објектите навреме биле информирани за уривањето и никој од нив не се побунил.

Инаку, во овој дел, покрај посочените објекти, планирано е и уривање, односно дислокација на Цветниот пазар. Иако во изминативе две години во неколку наврати се најавуваше акција за уривање на единствениот пазар од таков вид во градов, сепак, до реализација не дојде. „Не знам кога ќе се урива таму. Јас се' уште немам добиено налог за акција во тој дел. Единствено знам дека ДУП и таму предвидува изградба на некој објект“, додава Пижула. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=55A69A33699168489F059318B3903B81 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=55A69A33699168489F059318B3903B81



Replies:
Posted By: vardar
Date Posted: 25-Jun-2008 at 08:34
Па нека забегаат.... катни гаражи се повеќе од потребни. Но не треба да се секираме премногу, нашиве инвеститори многу лесно пренаменуваат катна гаража у 70% деловен простор 30% гаража така да.....


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Jun-2008 at 08:39
Originally posted by vardar

Па нека забегаат.... катни гаражи се повеќе од потребни. Но не треба да се секираме премногу, нашиве инвеститори многу лесно пренаменуваат катна гаража у 70% деловен простор 30% гаража така да.....


Па не се сложувам. Веројатно таков бил пристапот и кога го граделе 345453те квази трговски центри во Скопје и денеска голем дел од нив се запустени, неискористени и претставуваат ругло.

И за ова треба да има издржаност, некаква студија... Немам впечаток дека такво нешто постои или барем тоа не е презентирано на јавноста.

На крајот на краиштата не постои начин да најдеш паркинг простор за сите на секоја локација како сме намислиле ние. Центарот треба да биде поврзан пред се со добар јавен превоз и треба да се наметне тренд на помало користење на возила низ центарот.


Posted By: vardar
Date Posted: 25-Jun-2008 at 08:50
Originally posted by pbanks


И за ова треба да има издржаност, некаква студија... Немам впечаток дека такво нешто постои или барем тоа не е презентирано на јавноста.
 
Eј па и ти сега, студија за нешто толку важно Crazy Не верувам!
 

 Центарот треба да биде поврзан пред се со добар јавен превоз и треба да се наметне тренд на помало користење на возила низ центарот.
 
Thumbs%20Up


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2008 at 09:14
На овој дел се планираше уште една уличка како онаа пред рамстор. значи треба да легне уште една спојна на Јужен со......како се викаше сега оваа пред рамсторр, Мито ли беше?!Некаде пред цветен треба да биде.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Aug-2008 at 18:54
Инкау еден стар објект измеѓу јужен и МХ-Ј се руши. Мислам дека е тинексот бидејќи од две страни на тинексот се гледаат рушевини. еве овдека само страната од кај рамстор ја евидентирав.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Sep-2008 at 01:15

Катните гаражи се „изгубија“ во деловните објекти

Според Градежната инспекција, двата објекта се градат во согласност со издадените одобренија и проекти

Деспина Трајковска

Комерцијално-деловни објекти наместо катни гаражи. Вакви две зданија најмногу за една година ќе профункционираат во центарот на градот, каде што хронично недостасуваат паркинг-простори. Од Општина Центар, која ги издаде дозволите за градба на објектите спроти ТЦ „Рамстор“ и во Капиштец, уште тогаш информираа дека одобренијата дозволуваат изградба на катна гаража во комбинација со деловен објект. Притоа, општинарите не објаснија кој и по чие барање извршил измена на Детаљниот урбанистички план за да се добие ваквата намена на објектите, односно би се вцртале постојните маркички.

„Се' е легално и според планот. Моја работа е да ја надгледувам работата на теренот, а што и како претходно се случувало, не е моја работа, ниту, пак, ме интересира“, ни изјави Милан Пижула, главен градежен инспектор во Општина Центар, според кого градежните работи и на двата објекта се изведуваат согласно со издаденото одобрение за градба и проектите.

Објектот до ТЦ „Рамстор“, кој треба да претставува катна гаража, како дел од проектот за деловен објект на НЛБ Тутунска банка, неодамна во делови почна да се застаклува. Дали со стакло ќе се затвори целиот објект, вчера не добивме одговор. Ајдован Адемовски, сопственик на „Сити плаза“, кој е делумен инвеститор на катната гаража и деловниот објект, поради отсуство од земјава не беше достапен за коментар. Пред половина година, тој појаснуваше дека катната гаража ќе биде една од најсовремените во регионов, целосно затворена и со можност за паркирање на покривниот дел од објектот. „Единствено тоа ќе остава впечаток дека станува збор за катна гаража и тоа доколку се гледа од некој повисок објект“, изјави тогаш Адемовски, категорично отфрлајќи ги шпекулациите дека наместо катна гаража, таму се гради хотел.

Од изградбата на втората катна гаража во центарот на градот, спроти централата на „Жито лукс“ во Капиштец, уште кога се поставуваше камен-темелникот беше потенцирано дека таа нема да претставува класичен наменски објект за паркирање. Објектот на површина од 3.500 квадратни метри ќе има приземје, три ката и потпокрив и ќе биде со капацитет од 500 возила. Во приземјето ќе има голем супермаркет и 20 локали, чиј инвеститор е сопственикот на маркети „Тинекс“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=283D2458F85C17479B22B186AD4C5C24


Стварно незнаев каде да ја спикам веста! Се мислам дека имавме една нишка за катна гаражи, општо. Ај пребацете ја, кај што е најлогично да е!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Dec-2008 at 17:31
За подземна гаража три милиони денари

Изработката на еден урбанистички проект за подземни гаражи планирани на локации во центарот на градот, според податоците наведени во финансиски извештаи, ја чинела Општината Центар приближно колку и изградбата на една водоводна мрежа, фекална мрежа или атмосферска канализација. Повеќе од три милиони денари чини изработката на проект за подземна гаража кај паркот „Жена-борец“, планирана на површина од околу 30.000 квадратни метри, за ист проект со слична површина наменет за плоштадот Македонија се потрошени 2,5 милиони денари, а по половина милион чинат проектите за гаражи кај „Палома бјанка“ и Собранието. Наспроти тоа, за изградба на водоводна мрежа во населбата Крњево, Општината издвоила околу милион денари, за фекална мрежа на улицата Орце Николов околу 1.200.000 денари, а за атмосферска канализација на улицата 29 Ноември речиси два милиона. Извештаите за сработеното во изминатите единаесет месеци, кои се усвоија на последната седница на Советот на Центар, наидоа на неодобрување кај советниците од опозициската СДСМ. Советничката Благородна Крстевска-Мојсовска праша зошто повеќе пари се потрошени за одржување на зеленилото отколку за поправање на улиците. - Зошто во зимските месеци јануари и февруари се потрошени суми од 249.500, односно 270.000 денари за одржување на зеленило? Или за хортикултурно уредување на една локација и набавка на 30 мали и уште толку големи четинари се потрошени 389.000 денари, кога во „Паркови и зеленило“ ќе ви потврдат дека цената на мини-садниците е 270 денари, а на големите садници 600 денари за парче? “ праша советничката Мојсовска од СДСМ. Од општинската администрација никој не одговори со објаснување дека градоначалничката Виолета Аларова е болна и затоа не присуствува на седницата. Спорни за советниците од опозицијата беа и предвидените суми во буџетот за наредната година од околу 21 милион денари за урбана опрема, наспроти само 12 милиони денари за патна инфраструктура. Тие обвинија дека Општината идната година ќе троши повеќе пари за други намени отколку за дупките по кои граѓаните секојдневно газат. Пари ќе се трошат и за изработка на детални урбанистички планови и тоа околу 300.000 евра, исто толку и за изградба на пешачки мост, а стотина илјади евра ќе се наменат и за уривање.


¨
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1576&ArticleID=104048 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1576&ArticleID=104048
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-May-2009 at 00:58

Монтажен паркинг во Капиштец

По должина на улицата Народен фронт, над постојниот паркинг ќе се изгради платформа што ќе ги прибере возилата што се паркирани на коловозот

Со двокатен монтажен паркинг по должина на улицата Народен фронт, Општина Центар планира да го реши големиот проблем со паркирањето во густо населената населба Капиштец. Градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ вели дека изградбата на монтажниот паркинг нема да биде скапа инвестиција и многу ќе го олесни животот на граѓаните од овој дел од градот. Се предвидува да се изгради платформа долга неколку стотици метри, веднаш покрај коловозот, над постојниот паркинг. Граѓаните што живеат во високатниците по должина на улицата Народен фронт, велат дека од напливот на возила не помага ниту оградувањето на паркинзите што им припаѓаат само на станарите.

- Кога ќе ме прашаат моите пријатели како паркирам кога си одам дома, станувам свесен дека секој ден се соочувам со неверојатна нервоза. Толку многу сум се привикнал на тоа лудило што и не забележувам зошто сум нервозен кога ќе влезам дома. На целата улицата е неверојатен метеж, паркирани се и автомобили и приколки што не се во возна состојба, има еден куп „туристи“ што паркираат во Капиштец, а одат пеш до центар. Веќе не е предност да се живее во урбани услови, оти почнавме да живееме еден врз друг, качени на грб. Да имам избор, со задоволство би се иселил оттука - вели Јовче Марковски од Капиштец. Градоначалникот Тодоровиќ најави дека решавањето на проблемот со паркинг-просторот ќе биде приоритет во неговиот мандат.

- Не се знае колку возила има по улицата во Капиштец. Толку се начичкани што не може ниту да се исчисти сметот под нив, а да не зборувам за загрозеноста во сообраќајот, оти возилата одвај се разминуваат. Сакаме над постојниот паркинг да направиме уште еден, по цела негова должина. Тоа ќе биде паркинг на шрафови, што ќе се поставува директно на асфалтот, без темели. Објектот ќе биде многу сигурен и ќе може да ги прибере сите возила што сега се паркирани на едната коловозна лента - вели Тодоровиќ.Тој додава дека цената за користење ќе биде симболична.

- Јас сум за бесплатен паркинг, но граѓаните секогаш одат да паркираат таму каде што е бесплатно, па се создава голем метеж. На Општина Центар не и' е цел да профитира од паркинзите, би се наплаќало симболично, околу 200 денари месечно, а граѓаните за тие пари ќе имаат гарантирано место за паркирање - вели Тодоровиќ. Советот на општината Центар пред неколку години формира и јавно претпријатие за паркирање, па општинарите се надеваат дека лесно ќе може да се управува со новиот паркинг.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6ED17FC9A14A214F869A5F31D8F36679



Posted By: beTon
Date Posted: 12-May-2009 at 01:26
а каде е проширувањето на булеварот кое го најави Коце? инаку за тоа федер паркинзите мислам дека нашле лошо место небаре станува збор за периферна или мала локација па дај ајде нафрли железо на секој чекор, вакво нешто можат да тераат по внатрешните паркинзи кај зградите или пак нека им направат уште една катна гаража тука кај бараките под завод за рехабилитација во капиштец...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2009 at 01:52


Проширувањето воопшто не го тангира ова, оваа улица е друга.

Инаку се слагам, монтажни метални паркинзи се несоодветни за таму. Нека работат на вистинско решавање на проблемот - катни гаражи и подземни гаражи.


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-May-2009 at 15:13
Соодветни или несоодветни, тие се единственото нешто што ќе го спаси капиштец од хоророт наречен паркирање. За да се изгради катна гаража/подземен паркинг, ниту постојат средства ниту пак постои било каков план и проект па да може во најбрз можен рок да се почне со изградбата. Се слагам со идејата на Општина Центар да се направи монтажен метален паркинг, од проста причина што ситуацијата на „Народен фронт“ е до толку лоша што естетика или скапи долготрајни решенија не доаѓаат во обзир - барем засега. Друго прашање е каде би ја насадиле таа катна гаража, така што би им одговарало на жителите во околните згради онака како што им одговара моменталниот паркинг простор. 

Не заборавајте дека проблем со паркинг има по цела должина на улицата, така да замислете колку катни гаражи би требало да се направат, каде би ги сместиле и како ќе ги натерате жителите кои досега си паркирале бесплатно да плаќаат за паркинг простор.  Дури и да не бараше ситуацијата толку итна интервенција, за мене ова решение повторно ќе беше најдобро.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: beTon
Date Posted: 12-May-2009 at 15:34
линеа ова е привремено решение кое и баш не е најдобро, тие коли испопаркирани наоколу, како прво се повеќе од привремените гости на тој простор. особено кафаните, додека за тие што живеат таму мислам има доволно паркинг како што реков фали уште една гаража некаде на горниот дел од Васил Ѓорѓов, а друг мислам релевантен момент е дали и колку естетски ова е добро решение, сепак не е до толку затнат просторот таму за да нема некое поартикулирано чаре.
се плашам дека ваквата пракса може да продолжи низ цел центар! оваа идеја е добра за под железничка, за некои внатрешни улици, но не и за главните артерии, евентуално некој приватник да закрпи некоја во центар но повторно не по цена да доминира во опкружувањето како да станува збор за некоја индустриска зона...
  


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jul-2009 at 10:35
НА МЕСТОТО НА ЗЕЛЕНИЛОТО ЗАД УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА
Катна гаража од 12 метри ќе никне сред зеленило

Уште една парцела за катна гаража се продава во општина Центар. Министерството за транспорт и врски деновиве распиша оглас, со кој се бара инвеститор што ќе гради на земјиштето зад новиот објект на Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“, на кое сега има зелена површина. Во деталниот урбанистички план „Пресвета Богородица“, кој Општината Центар го донесе пред речиси две години, се предвидува на површина од 2.200 квадратни метри да никне гаража, висока 12 метри. Објектот треба да обезбеди 240 места за паркирање. Во огласот е наведено дека земјиштето се продава по цена од 3.800 денари за квадратен метар, а понудите може да се достават до 24 август. За истиот ден е закажано електронско наддавање за земјиштето, што е новина во работата на Министерството, со која секој ќе може да ја следи продажбата на интернет. Досега на подрачјето на Центар за изградба се предвидени 13 катни гаражи, велат надлежните од Општината. Министерот Миле Јанакиески, во неодамнешниот повик до општините што побрзо да донесуваат детални урбанистички планови, изјави дека во Скопје се во тек постапки за изградба на катни гаражи и кај Работничкиот дом „Кочо Рацин“, на четири ката и со капацитет од 500 возила, на паркингот до ТЦ „Плаза“ и кај „Нова Македонија“. Вакви објекти од поодамна се вцртани и на локацијата зад трговскиот центар „Буњаковец“, каде што сега постои паркинг што го користат жителите од зградите, како и до поликлиниката „Идадија“, на кои катните гаражи се уште не се изградени. Со последните измени во деталните планови за делови од „Големиот ринг“, гаражи на повеќе катови се предвидени и на други локации низ градот, една зад хотелот „Бристол“, а друга зад зградите спроти Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. За можни локации се споменуваат и Старата железничка станица, населбата Маџир мало, паркот „Жена-борец“, Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ и на сегашниот отворен паркинг во скопскиот центар, спроти хотелот „Холидеј ин“. Сепак, во моментов на подрачјето на општината се гради само една катна гаража, а една чека да биде пуштена во употреба. Првиот објект се гради на паркингот до Универзална сала, во кој, освен места за паркирање, ќе има и административен простор. А и вториот, кој е во Капиштец, исто така, е комбиниран со канцеларии и со дуќани, а ќе има и супермаркет. Катна гаража требаше да се отвори и до новата дирекција на „Тутунска банка“, во близината на трговскиот центар „Рамстор“, но објектот, што е залепен за административната зграда, се уште не се користи, ниту пак се знае дали во него се изградени места за паркирање или уште деловни простории.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1764&ArticleID=118298



Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jul-2009 at 10:37
Да не се лажеме "катна гаража"! Не за друго, барем да си знаеме кај да постираме, во деловни или во комерцијални?! Dunno


Posted By: vardar
Date Posted: 17-Aug-2009 at 01:08
 

Ќе се гради катна гаража зад Градскиот стадион

Кога ќе има натпревари ќе може да се користат и паркиралиштата во ГТЦ и кај салата „Борис Трајковски“

Сања Наумовска

Паркирањето кај арената „Филип Втори“ ќе се решава со изградба на паркинг и на катна гаража од левата страна на Вардар, но и со употреба на веќе постојните паркинзи во блиската околина. Според плановите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, предвидено е да се изградат 1.520 паркинг-места во продолжение на улицата „Лазар Личеноски“, што се протега веднаш зад стадионот, на спротивниот брег на реката Вардар. Локациите се предвидени со ДУП „Парк 1“, донесен во 2004 година и ДУП „Парк 2“, кој општина Центар го изгласа годинава. Во текот на следните неколку месеци планирано е да се изработат проектите и да почне изградбата на паркиралиштето.

„Се работи за дел од веќе постојниот паркинг, веднаш до полигонот, што ќе се реконструира, а на дел ќе се направи катна гаража. Планирано е на овој потег, до крајот на 2013 година кога ќе бидат завршени западната и источната трибина, да се изгради уште еден пешачки мост меѓу двата веќе постојни мостови, што се наоѓаат меѓу Забавниот парк и зградата на Царина“, информираат од Јавното претпријатие.

Се верува дека трите мостови на овој дел зад стадионот ќе ги задоволат прописите на Меѓународната фудбалска федерација, но и потребата од брз влез и излез на посетителите на фудбалските натпревари. Во таа насока, со Градот Скопје и општината Центар е договорено проширување на патеката на кејот на Вардар, во широчина од 8 метри, на потегот од пешачкиот мост до вториот влез во северната трибина.

Со оглед на тоа дека по целосното завршување на проектот за реконструкција на Градскиот стадион,(сега арена „Филип Втори“), тој ќе има капацитет од 34.000 гледачи, планираните паркинг-плацови и гаража ни од далеку нема да ги задоволат потребите на објектот. Тоа стана и повеќе од очигледно на последниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и на Шпанија, кога во потрагата по слободно паркинг-место, по можност и бесплатно, се создаде вистински хаос во Дебар маало и во околината.

Според прописите на ФИФА и на УЕФА, паркинг-просторот во функција на стадионот треба да се наоѓа во радиус од еден до 2,5 километри. Тоа значи дека веќе постојните паркиралишта во ГТЦ, „Холидеј ин“, па и она на салата „Борис Трајковски“ ќе треба да се користат кога има натпревари.

Од ЈПССДП информираат дека паркинг-местата најблиску до стадионот ќе бидат под посебен режим, односно на располагање на ВИП-гостите, репортажните возила и на другите сервисни служби.

„Со тоа ќе се избегне масовна мешаница во пристапните улички до стадионот. Доколку посетител сака да паркира најблиску до објектот, тоа ќе му биде овозможено, но билетот за паркинг-местото сигурно ќе биде неколку пати поскап од самата влезница, како што е секаде во Европа“, велат од Јавното претпријатие.

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A75ECB79AB61A94585F02A61B6479740 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A75ECB79AB61A94585F02A61B6479740


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Aug-2009 at 11:25
Продадени над 3000 квадрати градежно земјиште во Прилеп

http://netpress.com.mk/vestiimages/61059/min_trans_vrski.jpg">

Над три илјади квадратни метри градежно земјиште во Прилеп се продадени преку јавно електронско надавање од Министерството за транспорт и врски.

Од таму информираат дека за најповолен купувач била избрана фирмата “Дравас инжинеринг“ од Струмица која за плацот од 3.203 метри квадратни понудила повеќе од 15,5 милиони денари. На продаденото градежно земјиште според Деталниот урбанистички план на Прилеп е предвидено изградба на деловно трговски центар со катна гаража.  Продажбата е направена на 27 месецов, а купувачот ќе има 15 дена откако ќе добие писмено известување да ги уплати парите на сметката на министерството.

Струмичката фирма, според договорот што треба да биде потпишан, ќе има рок од шест месеци да обезбеди дозвола за градба и уште две години за да го изгради предвидениот објект. Доколку одредбите од договорот, купувачот на ги исполни, договорот ќе се раскине.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=61059&kategorija=2


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 30-Aug-2009 at 12:30
Previous
Имаше објава на prilep.gov.mk,но лошото е што не знам каде се наоѓа.
Деновиве ќе пробам да разберам,ако е местото што мислам дека е,се наоѓа во строг центар,дел од пазарот.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Aug-2009 at 00:54
Се продаваат 2200 државни квадрати за катна гаража

Почетната цена на електронското јавно наддавање на градежна парцела изнесува 3.800 денари за метар квадратен, а наддавањето ќе се врши чекорно со зголемување на вредноста со секој чекор не помалку од 500 денари

Зад Универзитетската библиотека Свети Климент Охридски", односно пред основното училиште "Кирил и Методиј", на булеварот Крсте Мисирков во центарот на Скопје ќе се гради катна гаража. Парцелата е вцртана во Деталниот урбанистички план "Пресвета Богородица". Станува збор за маркичка со димензии од 2200 квадрати на која може да се гради објект на површина од околу 1400 квадрати и максимална висина до 12 метри. Инвеститорот ќе треба да обезбеди место за паркирање за 240 возила.
Ова градежно земјиште е сопственост на државата и деновиве Министерството за транспорт и врски распиша оглас за негова продажба по пат на електронско јавно наддавање. Објавата ја има на веб-страницата на Министерство за транспорт и врски: њњњ.мтц.гов.мк, електронското јавно наддавање ќе се одржи на 28 септември годинава, во 12.00 часот, а ќе може да се следи на адресата њњњ.аукција-мтц.гов.мк.
Почетната цена на електронското јавно наддавање на градежна парцела изнесува 3.800 денари за метар квадратен, а наддавањето ќе се врши чекорно со зголемување на вредноста со секој чекор не помалку од 500 денари. Наддавањето може да стартува со најмалку двајца учесници и ќе трае 30 минути, при што ако во истекот на последните две минути од страна на учесниците на електронското јавно наддавање биде дадена понуда, крајниот рок за завршување на електронското јавно наддавање се продолжува за уште две минути.
Сообраќајните експерти предлагаат да се градат што повеќе катни гаражи, особено во централното градско подрачје, бидејќи тврдат дека тие се еден од условите за растоварување на сообраќајот но, досегашната практика покажува дека планираните катни гаражи многу лесно добиваат комерцијална пренамена и прераснуваат во трговски центри со места за паркинг само за своја употреба.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=AC270361F647B344801733E0B330B4D8


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Oct-2009 at 07:32

 
Подземна гаража меѓу Собрание и АРМ

Земјиштето е со површина од 2.432 квадратни метри

Подземна гаража во близина на Собранието на Македонија ќе се гради на државно земјиште, кое Министерството за транспорт и врски ќе го даде под закуп на 20 години. Објектот ќе се гради под паркингот и зеленилото лоцирано меѓу задниот влез во Собранието и страничниот влез на Домот на АРМ, зад зградата на МНР. Во Министерството за транспорт вчера не одговорија дали новата подземна гаража ќе биде во функција само на овие институции, или, пак, ќе биде на располагање на скопјани. Во јавната објава за наддавањето не е наведено ниту колку ката под земја ќе се гради објектот.

Земјиштето со вкупна површина од 2.432 квадратни метри ќе биде доделено на јавно наддавање што ќе се одржи на 13 ноември во 13 часот. Локацијата се наоѓа во Малиот ринг и според Деталниот план, изработен од општина Центар, е предвидена за изградба на паркиралиште.

Според условите во објавата, почетната цена на наддавањето е 380 денари за квадрат, што значи дека потенцијалниот закупец за закупнина ќе треба да одвои најмалку 924.160 денари годишно. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се доставуваат до 4 ноември, а наддавањето ќе се одвива на Интернет-страницата aukcija-mtc.gov.mk, информираат од Министерството. Во наддавањето за подземната гаража можат да учествуваат македонски државјани и фирми, како и странски фирми што имаат регистрирано фирма во Македонија. Закупецот, по потпишувањето на договорот за закуп ќе треба да плати годишна закупнина и во рок од шест месеци да обезбеди градежна документација. Подземната гаража треба да биде изградена за две години. (С.Н.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=91DD6D147663934BB7AF5F98EA8FEF72 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=91DD6D147663934BB7AF5F98EA8FEF72


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 21:53
Nuts како замислил мали ѓокица... повеќето локации се релативно логични (освен безидејното расфрлање со скап квадарат во центарот на градот со некакви катни гаражи), но после сите искуства со пропаднати тендери, со катастарски заврзлами и со нерасчистено правно-имотни односи и дополнително во оваа економската криза сум скептик дека било каков сериозен инвеститор ќе се заинтересира.

На сајтот на Министерството за транспорт и врски се потрудиле да направат некакви ПДФки за ова што ќе се случува но 90% линкови им се грешни, на некои фали комплетно фајлот. Како и да е ги извлеков сите освен два и ќе ги постирам во продолжение.

Се продава државно земјиште за изградба на хотели, облакодери

02.11.2009 18:47
 

 

Хотели на крајбрежјето на реката Вардар, деловни центри и катни гаражи во центарот на метрополата, висококатници во населба Аеродром, голф терени.

Атрактивни локации за изградба на овие објекти до крајот на годината ќе понуди на продажба Министерството за транспорт и врски.

Деновиве објавен е оглас со кој се информираат потенцијалните инвеститори за операцијата продажба на луксузно државно земјиште, по што најдоцна до крајот на декември ќе се оди на втората фаза - закажување на датуми за јавни лицитации.

Се нудат вкупно 23 локации на територијата на целата државата, а дел од предвидените проекти како оној за голф терените веќе и се познати за јавноста но останаа нереализирани најчесто поради бирократски бариери.

Во транспорт и врски велат дека локациите сега се чисти и подготвени за продажба но не се открива колку пари планира да собере државата. Квадратен метар земјиште ќе се продава по утврдена почетна цена а купувач ќе биде оној што на лицитациите ќе понуди најмногу. Во милионските проекти замислени од страна на владата предвидена е и изградба на деловен центар кај Соборниот храм, катни гаражи кај судската палата, кај јужен булевар спроти дирекцијата на Макпетрол и во строгиот центар на градот кај полициската станица Беко.

На кејот на Вардар во близина на скопско Кале се нудат локации за изградба на три хотели еден до друг од висока категорија. Во населбата Аеродром се продава земјиште каде треба да никнат највисоките згради во македонија од по 25 ката.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115752 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115752


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 21:56
Прво... Поплавата на катни гаражи.

Катна гаража Беко




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 21:57
Катна гаража Судска палата




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 21:57
Катна гаража Маџир Маало




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 21:57
Катна гаража Музеј на холокауст




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 21:58
Катна гаража Парк (ваљда онаа за стадионот)




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 21:58
Катна со деловен центар (ова ми личи во Капишетец карши Дилајла, мислам дека и Дилајла се гледа на извадоков од ДУП)




Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Nov-2009 at 04:33

Куманово ќе гради подземна гаража

КУМАНОВО - Подземна гаража вредна 30 милиони денари ќе се гради во Куманово, информираа од локалната самоуправа, презентирајќи ја програмата за уредување градежно земјиште која опфаќа реализација на повеќе проекти. За капитални инвестиции што ќе се реализираат во 2010 година, Општината ќе одвои околу 300 милиони денари.

„Меѓу најзначајните објекти е изградба на подземна катна гаража во централното градско подрачје за која се одвоени 30 милиони денари“, информира началникот на Секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска. За уредување на сообраќајниците во градот ќе се потрошат 25 милиони денари. (МИА)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=85D910B1B04D7B4B98CA8798200C56A7



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Nov-2009 at 14:23

Монтажниот паркинг во Капиштец ќе се прави в година

Жителите на населбата порачуваат дека градоначалникот Тодоровиќ не смее да го заборави ова ветување бидејќи тој во предизборниот период проектот го најавуваше како приоритетен




„Решение за паркинг простор на улицата Народен фронт во населбата Капиштец“, беше натписот на огромен билборд со кој Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар, во предизборниот период привлекуваше гласови во овој дел од градот. Според илустрацијата, големото монтажно паркиралиште, од едниот до другиот крај на улицата, треба да го удвои капацитетот на сегашниот простор за оставање на автомобилите.

Овој проект беше еден од приоритетите во предизборната кампања на Тодоровиќ, но кога се промовираше буџетот на општината веќе беше утврден и во него немало доволно пари за да се направи уште оваа година. Затоа од неговиот кабинет велат дека решението ќе треба да ја почека својата реализација до наредната година. Но сé уште не се утврдени деталите за објектот, односно не се знае колку паркинг-места ќе има тој и дали ќе може да се користи бесплатно. Од општината велат дека засега не се планира наплата, но не се исклучува ниту можноста со платформата да стопанисува јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“.

- Целта е да овозможиме повеќе места за локалните жители бидејќи постои голем метеж од паркирани возила на улицата Народен фронт. Затоа во првите неколку месеци користењето ќе биде бесплатно. Но, ако таму се паркираат и возила од други населби и ако повторно се создава хаос, тогаш општинското претпријатие ќе го преземе раководењето и ќе се воспостави практиката во која жителите плаќаат минимално за месечни картички, а другите за секој час - објасни Јовица Ацковски, портпаролот на општината Центар.

И граѓаните на Капиштец го чекаат овој проект и велат дека нема да го заборават ветувањето од градоначалникот.

- Дури и ако се плаќа некоја минимална сума, по 200 денари како во другите места, ќе биде прифатливо за да се спасиме од овој хаос. По половина час вртиме со автомобилите за да најдеме место, многу често цел километар оддалечено од влезот на зградата. Паркирањето ни е најголем проблем во Капиштец, па затоа ова ветување не смее да остане само на хартија - вели Филип Митровски, жител на населбата.

Општината наскоро ќе распише конкурс за избор на идејно решение за паркингот, процедура што би требало да заврши до декември, а потоа ќе почне техничката изработка на елаборатот.

Капиштец е населба во која проблемот со паркирање е мошне изразен бидејќи таа е направена на мал простор, има високи згради со по педесетина станови, два трговски центри, повеќе супермаркети и други деловни и комерцијални објекти, а освен улицата Народен фронт и просторот до неа, има само уште неколку мали паркиралишта, од кои дел се преземени од јавните претпријатија за паркирање.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11169103991&id=14&prilog=0&setIzdanie=21838


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Nov-2009 at 20:57
„Макоил“ ќе гради подземна гаража во центарот на Скопје
Автор: Александар Поповски     18:04 | 19 ноември 2009


Скопје

Компанијата „Макоил“ победи на аукцијата за користење на државно земјиште на 20 години и ќе гради подземно паркиралиште на површина од 2.432 м2, на територијата на Општина Центар во Скопје.

Ова е епилогот од јавното наддвање што во четвртокот се одржа во просторите на министерството за транспорт и врски.

Почетната цена на закупнината  за предметната градежна парцела на
изнесуваше 380 денари  по метар квадратен, а со статусот најповолен понудувач се стекна компанијата „Макоил“, која на наддавањето понуди највисока цена од 680 денари за метар квадратен .

Вкупната понудена цена изнесува 1.654.440 денари (околу 30.000 евра), кои ќе треба да се уплатат во рок од 15 дена од приемот на писменото известување.


http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/94559/view - http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/94559/view

Макфакс има навистина подобар сајт сега, а и некако подобри вести.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Nov-2009 at 21:17
Убава вест, но не ми текнува која локација беше ова. Знае некој?


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 20-Nov-2009 at 01:19


До Собранието ќе се гради подземна гаража

Компанијата „Макоил“ ја доби под закуп локацијата што се наоѓа во непосредна близина на Собранието на Македонија, а е наменета за изградба на подземен паркинг.

На вчерашното електронско јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски, за земјиштето со површина од 2.432 квадратни метри, „Макоил“ понуди највисока цена од 680 денари за квадрат. Тоа значи дека за закупнина ќе треба да плаќа по 1.654.440 денари годишно. Компанијата е должна во рок од 15 дена откако ќе го прими писменото известување од ресорната комисија, да ги уплати средствата за едногодишна закупнина. Потоа има рок од шест месеци да обезбеди одобрение за градење, а објектот ќе треба да го изгради најмногу за две години.

Подземната гаража ќе се гради под постојниот паркинг и зеленилото меѓу задниот влез во Собранието и страничниот влез на Домот на АРМ, зад зградата на МНР. Земјиштето се издава под долготраен закуп на период од 20 години. Засега не е познато дали подземната гаража ќе биде на едно или на повеќе нивоа. (Б.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C18784ADA73F5D4EAF179B7483D53F22

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Nov-2009 at 16:19
Се си мислам дека Дневник е попрецизен за локацијата на „втората“ гаража. За капацитетот којзнае кој е попрецизен, ама се работи за разлика од 20 паркинг места, па не е ни битно.

Ќе се градат гаражи до Судската палата и до Парламентот





 

Сопственикот на „Макоил“, кој на лицитација ги добил двете локации, се надева дека сите потребни документи ќе ги собере до март и ќе почне да гради

 
 
%20  
Во март се очекува да почне да се гради новата подземна гаража на паркиралиштето зад Собранието на РМ. Мите Јовановски, сопственикот на компанијата за нафтени деривати „Макоил“, кој местото за изградба на подземна гаража го добил под закуп на 20 години од Министерството за транспорт и врски, истакна дека планира посериозно да навлезе во бизнисот со паркирање. Тој додаде и дека пред неколку месеци на лицитација добил и земјиште кај Судската палата, каде што е предвидено да изгради катна гаража.

- Мислам дека бизнисот со паркирањето ќе стане еден од најисплатливите бизниси во градов затоа што се води војна за паркинг-место. Сакам што побрзо да ги добијам сите потребни документи и да почнам со изградба на објектите. Планирам и двете гаражи да почнам да ги градам во исто време и побрзо да завршам - кажа Јовавовски.

Подземната гаража што ќе се наоѓа зад Собранието предвидено е да биде на три нивоа со капацитет од 225 паркинг места. Влезот во гаражата ќе биде меѓу Собранието и Домот на АРМ. Во подземниот паркинг нема да има поставено лифтови за возилата затоа што, според сопственикот, многу побезбедно е возилата да се спуштаат по свиоци, отколку со лифтови.

Проектот по кој ќе се прави подземната гаража сé уште не е целосно подготвен, но Јовановски вели дека сака да се консултира со некои јапонски експерти затоа што во Јапонија имало најмногу убави гаражи.

- Не се знае кога може да снема струја или да се случи некаков дефект, затоа се одлучив да не поставувам лифтови за кои ќе треба да се преземе голема одговорност. А за проектот не сакам да кажувам нешта што нема да се остварат. Постои голема можност да ангажирам експерти од Јапонија, кои ќе помогнат во изработката на проектот - додаде Јовановски.

Земјиштето под кое ќе се наоѓа гаражата градот ќе треба да го уреди и да го поплочи со бехатон-плочки, да постави клупи и да насади зеленило. Исто така, предвидено е и на сите четири агли да биде поставен по еден споменик, но сé уште не се знае кои споменици ќе бидат поставени.

Катната гаража, пак, кај Судска палата ќе треба да има место за да се паркираат 250 возила. Во неа планирано е поставување автосалон и автомијачница, каде што возачите ќе можат да ги средуваат своите автомобили.

Земјиштето за изградба на подземен паркинг кај Собранието опфаќа 2.432 метри квадратни, а Јовановски го доби под закуп на електронско наддавање во четвртокот. Почетната цена на земјиштето била 380 денари за метар квадратен, а Јовановски понудил 680 денари, со што секоја година тој ќе треба да и плаќа годишна кирија на државата од околу 27 илјада евра.
 
   
Автор: Александра Денковска, Радмила Заревска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11239102872&id=14&prilog=0&setIzdanie=21844


Истовремено ќе добиеме две подземни гаражи

Првата гаража ќе се гради на просторот помеѓу Собранието и Домот на АРМ, а втората ќе биде лоцирана до Народната библиотека „Свети Климент Охридски“. Инвеститор е „Макоил“

Скопје во исто време ќе добие две подземни гаражи. Едната ќе биде на просторот каде што сега е паркот меѓу зградата на Собранието, Домот на АРМ и киното „Култура“, а втората ќе се гради до Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“. Инвеститор е „Макоил“, кој на јавни лицитации во Министерството за транспорт и врски го доби правото на долготраен закуп на парцелите.

И двете гаражи ќе бидат на три нивоа и со ист капацитет - за околу 270 возила.

- Секое ниво ќе биде со површина од 2.200 до 2.400 квадратни метри, односно гаражите ќе имаат вкупна површина од 7.200 квадрати. Подготвени сме да почнеме со изградбата веднаш штом ќе се потпише договорот и ќе се обезбедат сите потребни документи - вели Мите Јовановски, директор и сопственик на „Макоил“.

Подземните гаражи ќе се градат осум месеци и би чинеле по 2,5 до 2,8 милиона евра за една. За изградбата ќе биде ангажирана некоја од поголемите македонски градежни фирми, „Бетон“, „Маврово“, „Пелагонија“ или „Илинден“.

- Откако ќе биде готов проектот, ќе ги повикам градежните фирми и од нивните понуди ќе ја изберам најповолната - вели Јовановски.

Земјиштето за подземната гаража зад Собранието е со површина од 2.432 квадратни метри. „Макоил“, на аукцијата што се одржа во четвртокот во Министерството за транспорт и врски, го доби земјиштето на долготраен закуп, на 20 години. Фирмата понуди највисока цена од 680 денари за квадратен метар, односно вкупно 1.654.440 денари (27.000 евра). Почетната цена на закупнината изнесуваше 380 денари.

Од Министерството за транспорт велат дека најповолниот понудувач „Макоил“ е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување да ги уплати парите за едногодишна закупнина, во согласност со постигнатата крајна цена.

- Ако најповолниот понудувач не ги уплати парите во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено и нема да се склучи договор за долготраен закуп - велат од Министерството за транспорт.

Со договорот „Макоил“ ќе биде обврзан во рок од шест месеци да обезбеди одобрение за градба за предвидениот објект и да го изгради во рок од две години.

Земјиштето на кое ќе се гради подземната гаража кај Народната библиотека „Свети Климент Охридски“, „Макоил“ го купи пред два месеца по цена од 300 евра за квадрат. Тоа е со површина од 2.200 квадратни метри. За ова парцела веќе е склучен договорот со Министерството за транспорт и е платена потребната сума.

Анела Петрова


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7D1DF8F436950E4780E168DC640B2D0E


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Nov-2009 at 21:38
Исто така, предвидено е и на сите четири агли да биде поставен по еден споменик, но сé уште не се знае кои споменици ќе бидат поставени.

извинете за офтопик, ама јас стварно веќе не знам што им е проблемот со спомениците, не виделе споменик никогаш во животот?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Nov-2009 at 14:44
Aбе им кажал и на овие некој дека споменик и скулптура не е исто? Во Скопје сè уште нема ни еден споменик, сите оние глупости на улица Македонија се скулптури. Значи не дека солам памет, ама не е исто. Поарно што се скулптури, да беа споменици...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2009 at 13:43

Катна гража врз привремени објекти во Автокоманда

Куќарките во кои порано биле сместувани градежни работници, а каде што сега живеат триесетина семејства, можно е да се уриваат, но нивните жители не веруваат дека ваквите планови ќе се остварат



Гаража на шест ката, висока 21 метар, е предвидена да се гради на местото каде што сега се наоѓаат привремени објекти на улицата Јани Лукровски во населбата Автокоманда. Станува збор за куќарки што порано биле наменети за престој за работниците што ги граделе околните згради и кои подоцна останале да живеат во нив, правејќи надградби и доградби. Од општината Гази Баба велат дека катната гаража е внесена во новиот детален урбанистички план за населбата, но тие не знаеле кога таа ќе се изградела или кој ќе ја правел.

Жителите на овие објекти, пак, кои до пред десетина години беа куќарки со по најмногу две соби, не веруваат дека таквиот урбанистички план некогаш ќе се реализира.

- Дваесет години слушаме приказни дека нашите домови ќе се уриваат, а нас ќе не селат, но досега никој не дошол да помести ниту една тула, а камоли цела градба. Овие куќи се направени по земјотресот во 1963 година и во нив биле сместени градежни работници. Откако нивната работа завршила тука, никој не ги урнал привремените објекти, па работниците заедно со своите семејства од внатрешноста се преселиле овде. Пред речиси 20 години стигна првата најава за уривање. Тогаш слушавме дека ќе се прави зграда, а сега и катна гаража. Ниту досега не се случи нешто, ниту веруваме дека ќе се оствари и овој план. Ова веќе не се привремени објекти, туку домови во кои луѓето живеат со децении, некои имаат и по два ката. Тука живееме триесетина семејства - вели Борче, еден од жителите на овие објекти.

Општинарите од Гази Баба, пак, се категорични дека планот ќе се реализира.

- Куќите ќе се уриваат и на нивното место ќе се направи гаража на шест ката со капацитет од 304 возила. Не знаеме кога точно ќе почне да се реализира овој проект. Нема да има претходни акции за рушење, сето тоа ќе се направи со самата изградба - рекоа од Гази Баба.

Според Министерството за транспорт и врски, пак, овие жители не смееле да ги доградуваат објектите во кои се сместени, бидејќи тие се привремени и општината требало веднаш да ги регистрира и да ги отстранува доградбите.

- Законски не се дозволени доградби и надградби на привремени објекти. Инспекторите од општината треба да извршат контрола и да го урнат тоа што е додадено на градбите - вели Драган Симоновски, портпаролот на ова министерство.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1219103765&id=14&prilog=0&setIzdanie=21851


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Dec-2009 at 02:09

Катни гаражи и монтажни паркинзи ќе го решат паркирањето во Гази Баба

Во населбата Автокоманда е планирана изградба на две катни гаражи

Снежана Калабакова


Општината Гази Баба планира да го решава паркирањето со изградба на две катни гаражи во Автокоманда и монтажни паркиралишта на две нивоа во другите населби. Паркирањето е најголем проблем во Автокоманда и во населбата Ченто кај зеленото пазарче.

За Автокоманда веќе е донесен ДУП и во него се предвидува изградба на една катна гаража близу спортската сала меѓу булевар „Александар Македонски“ и улица „Јани Лукровски“. Втората, според планот, треба да се гради на улица „Бамбел“ во таканаречениот Бапчорски двор. Првата ќе биде на приземје и шест ката и капацитет за 304 паркинг-места со вкупна површина од 8.155 квадратни метри. Градежната парцела е со големина од 2.000 квадратни метри, а предвидената површина за градба опфаќа 1.165 квадрати. Од Општина Гази Баба велат дека на оваа локација има привремени објекти во приватна сопственост.

За втората катна гаража во ДУП е предвидена градежна парцела од 2.427 квадратни метри, од кои 1.339 квадрати се предвидени за градба. Објектот ќе има приземје и четири ката, а на вкупна површина од 6.695 квадратни метри се предвидени 240 паркинг-места. И оваа локација не е чиста и доколку Општината почне да гради, ќе треба најпрво да ги расчисти имотно-правните проблеми.

Од Гази Баба велат дека планот е донесен, но Општината засега нема пари за изградба на катните гаражи. Уште е нејасно кој и кога ќе почне да ги гради. Велат дека тешко се наоѓаат инвеститори за ваков тип објекти, се бара концесионер, а можно е да се изградат и со јавно приватно партнерство. Градоначалникот Тони Трајковски појаснува дека од тие причини проблемите со паркирањето ќе ги решава со монтажни паркиралишта на кат, како поевтина варијанта.

„ДУП за Автокоманда е донесен и доколку се обезбедат средства ќе почне и изградбата на катните гаражи. Ако се појави инвеститор, што е потешка варијанта, ќе го решиме тоа и ќе почнат активностите за расчистување на земјиштето. Сопствениците на куќите на локацијата зад спортската сала ќе ги обештети инвеститорот на новата станбена зграда што се изгради во близината, бидејќи тој таму треба да гради паркиралиште. Со реализација на ДУП-от ќе ги решаваме и привремените објекти, а постапката ќе ја допрецизираме со Министерството за транспорт и врски“, вели Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба.

Тој дообјасни дека паркиралиштата на монтажни конструкции, по примерот на Словенија, можат да имаат двојно поголем капацитет од обичните. Станува збор за оградени метални конструкции на кат, кои не чинат многу. Општинските служби веќе прават пресметки колку би чинела изградбата на едно такво паркиралиште, кое ургентно би се поставило на пазарчето во населбата Ченто.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7631B896C48B504FA22269AD5C59C4B8


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Dec-2009 at 02:53
А зошто пример не се градат насекаде подземни гаражи со убави паркчиња над нив?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Dec-2009 at 23:14
Originally posted by гитардемон

А зошто пример не се градат насекаде подземни гаражи со убави паркчиња над нив?
затоа што катните гаражи кај нас се лесна опција за деловен или трговски објект LOL, а и сеуште сме заостанати за се да ставаме под зџемја, како паркинзите, што е всушност убаво и насекаде се применува Smile


Posted By: axel
Date Posted: 06-Jan-2010 at 00:29

Државата ќе даде локации за катни гаражи

Владата за без пари ќе отстапи седум локации на „Градски паркинг“ и на Јавното станбено претпријатие

Деспина Трајковска


Државата ќе се откаже од продажба на сопствените парцели наменети за изградба на катни гаражи во Скопје и без надомест ќе им ги отстапи на Градот, односно на ЈП „Градски паркинг“ и на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Владината намера со овој чекор е во Скопје, конечно, да се изгради вистинска катна гаража, откако се изградија неколку објекти од приватни лица кои повеќе личат на деловни центри отколку наменски објекти за паркирање што треба да решат еден од најгорливите проблеми во градот.

Оваа идеја, која никој од надлежните не сака официјално да ја потврди, но ниту ја демантира, неофицијално веќе е речиси ставена и на хартија. Од Министерството за транспорт и врски вчера очигледно во насока за реализација на замисленото, без никакво образложение, ја повлекоа објавата за продажба на локацијата наменета за катна гаража кај Судска палата. Од таму не ни одговорија дали тоа значи дека Владата дефинитивно ја менува политиката на отуѓување на државните парцели. Потврдуваат дека и двете претпријатија пројавиле интерес за изградба на катни гаражи но потенцираат дека отуѓувањето на земјиштата ќе се врши исклучиво согласно законот.

Инаку, токму парцелата кај Судска палата, како и оние кај Работнички дом, кај „Технометал Вардар“, потоа кај музејот на холокаустот, како и локациите на Јужен булевар, во Маџир Маало и една на левиот брег на Вардар под Кале, ќе се доделат на двете јавни претпријатија. Неофицијално, начелно е договорено ЈП „Градски паркинг“ да ги изгради катните гаражи кај „Технометал Вардар“ и кај Цветен пазар, а ЈПССДП онаа кај музејот на холокаустот и на просторот што ќе се утврди допрва со ДУП, помеѓу зградата на МЕПСО и „Т-хоум“.

Од ЈПССДП вчера речиси ги потврдија нашите сознанија. Велат дека со заклучок на Владата веќе се подготвуваат да ја почнат постапката за добивање на парцелата во близина на плоштадот „Македонија“.

„Точно е дека државата ќе ни ја отстапи посочената парцела, која наскоро со измени на планот ќе биде дефинирана за катна гаража. Инаку, за останатите локации не би сакал ништо да коментирам“, вели Владимир Бахчовановски, директор на Јавното станбено претпријатие.

Според него, парите потребни за изградба на овој и евентуално на другите објекти ќе бидат издвоени исклучиво од претпријатието кое и ќе стопанисува со катните гаражи.

Панче Стојановски, директор на ЈП „Градски паркинг“, вчера не сакаше да ги коментира нашите сознанија. Единствено потенцираше дека смета оти токму ова претпријатие е субјектот што треба да гради и да стопанисува со катни гаражи, за да се оформи целосно системот на паркирање во Скопје, покрај веќе воведеното зонско и затворено паркирање.

„Во секој случај, доколку државата навистина има намера да ни додели локации, тоа ќе значи дека таа ќе покаже слух за паркирањето во Скопје, што е еден од најгорливите проблеми на градот, а истовремено ќе стави крај на навидум изградените гаражи, односно заинтересирани субјекти кои досега изградија се', само не катна гаража“, вели Стојановски.

За шпекулациите и начелното отстапување на државните парцели, од кои дел ќе му припаднат на Градот преку претпријатието за паркиралишта, скопскиот градоначалник тврди дека нема никакви сознанија. „Верувајте, првпат слушам од вас“, тврдеше вчера Трајановски, во чија изборна програма е наведена и изградба на катни гаражи. Се чини токму добивањето локации од државата, без никаков надомест, е предуслов за реализација на неговите предизборни најави, бидејќи, реално, Градот, односно ЈП „Градски паркинг“, не е финансиски моќен да учествува на тендер кога евентуално би се отуѓувале парцela                                                                                                                                                                                                                                   http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E1C134ADA81F54792FADD7D8322E23A                                                                                 



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 06-Jan-2010 at 02:01

Смешно е како државата не најде начин да го сакционира и стави ред во пренаменувањето на катните гаражи во деловни објекти.

Горнава варијанта можеби не е лоша,но со загубите што ги покажуваат овие претпријатија секоја година,не знам колку брзо ќе се реализираат градбиве.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jan-2010 at 02:16
Па мора од некаде да се почне. Крајно време е локациите за катна гаражи да бидат катни гаражи. А ова е за почеток еден добар потег. Кога приватниот сектор не успеа да се одважи ида не пренаменува локации редно време е да се стави малку ред, колку толку. И добро е што има воља, за разлика до сега што нималку ја немало. Може би по дефиницја се смета дека државата не е добар стопанственик но сепак мора општествено да се решава проблемот. Доколку ги добиеме овие неколку катни гаражи, веќе сосема друг ќе биде стандардот и полесно некој би се осудил да пренамени локација за катна гаража. Иако немора да значи но сепак друг ќе биде ефектот кога Скопје веќе ќе знае што е катна гаража, наспроти што е зебра или што е импексел, што е нлб, или слични случаеви. Сепак потегов ќе го оценам како добар.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jan-2010 at 02:48
Не ми пречи пристапов, ама на линија сум со овај_стариов. Смешно е и патетично што државата наводно не можела да најде друг начин да се справи со пренаменувањето на катни гаражи во деловни објекти.


Posted By: Baze
Date Posted: 08-Jan-2010 at 23:39

Ќе нема веќе приватни катни гаражи

Министерството за транспорт и врски деновиве ја повлече продажбата на парцелата наменета за изградба на катна гаража кај Судска палата, со површина од 4.300 квадратни метри. Од Министерството не кажуваат кои се причините за ваквата одлука. Но, претпријатието „Градски паркинг“ открива дека имале неформални разговори сите седум катни гаражи што треба да се градат во Скопје да ги изгради државата преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) и „Градски паркинг“.

Директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски, изјави дека се воделе неформални разговори за локациите предвидени за катни гаражи да им се дадат на двете јавни претпријатија, за на тој начин да се прекине тенденцијата на парцелите предвидени за паркирање да никнуваат комерцијално-деловни објекти.

- Ја поздравувам оваа идеја и сметам дека кога ќе се спојат сите системи на паркирање, и отворените и затворените, ќе се создадат услови за решавање на овој проблем. Воедно, на тој начин ќе се воспостави поголема контрола на цените во катните гаражи. Тие тогаш би биле пониски за разлика од цените на зонското паркирање. Во суштина, со седум државни катни гаражи проблемот со паркирањето во Скопје ќе биде решен - вели Стојановски.

Тој информираше дека „Градски паркинг“ имал желба да конкурира на тендерите на Министерството за транспорт и врски, но немал доволно пари за самостојно да инвестира во изградба на катна гаража.

Директорот на ЈПССДП, Владимир Бахчовановски, потврди дека бил донесен заклучок на Владата, но само за изградба на катна гаража на просторот меѓу објектите на МЕПСО и телекомот. Тој истакна дека засега нема официјални податоци за другите паркинзи.

Бахчовановски не сакаше да коментира дали и другите локации за катни гаражи ќе им бидат доделени на двете јавни претпријатија, но рече дека се заинтересирани и понатаму, покрај основната дејност, да стопанисуваат и со катни гаражи.

- Тоа е доходовна работа. Имаме искуство затоа што стопанисуваме со најголемиот паркинг во Скопје, спроти хотелот „Холидеј ин“ и би сакале и во иднина да ја задржиме оваа дејност. Сметам дека е најдобро државни претпријатија како нашето и како „Градски паркинг“ да ги градат катните гаражи, бидејќи практиката со приватните фирми се покажа несоодветна. Ние ќе градиме објекти што ќе бидат исклучиво со намена катни гаражи. Во Скопје веќе нема каде да се паркира. Се градат згради, а не се води сметка за паркинг - вели Бахчовановски.

Од Министерството за транспорт потврдија дека „Градски паркинг“ и ЈПССДП имаат интерес да градат гаражи.

- За Министерството е најважно да се изградат катните гаражи, со цел да се реши паркирањето - велат оттаму.

Надлежните појаснуваат дека земјиштето наменето за гаражи ќе се оттуѓува, односно ќе се дава под закуп во согласност со Законот за градежното земјиште и Уредбата за начинот и постапката за оттуѓување на државното земјиште.

Парцели за катни гаражи, освен кај Судска палата, се предвидени и кај Работнички дом, кај „Технометал Вардар“, кај Музејот на холокаустот, на Јужен булевар, во Маџир Маало и под Кале.

Во Скопје засега функционира само катната гаража „Зебра“, која е комбинирана со трговско-деловни простории. Катната гаража во објектот на Тутунска банка до „Рамстор“ не се користи. Сега се градат две катни гаражи, зад Универзалната сала и пред поликлиниката „Идадија“. Сите се приватни.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=954743C0EBC27A4D9A8E255FCB59555D - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=954743C0EBC27A4D9A8E255FCB59555D
Дневник 08,01,2010
 
Неможев да најдам посебна нишка за катни гаражи ако има извинете
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Jan-2010 at 06:16

Нова катна гаража и монтажни паркиралишта во Аеродром

Со монтажните паркиралишта ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“

Поставување на две монтажни паркиралишта, изградба на нова катна гаража и оспособување на подземните гаражи за паркирање, се проекти што ќе се реализираат на подрачјето на Општина Аеродром во текот на годинава, најавија вчера градоначалниците Ивица Коневски и Коце Трајановски. Целта е да се ублажи недостигот од паркинг-места во Општината. За таа намена, од тековниот општински буџет се обезбедени 700.000 евра, а финансиска поддршка ќе даде и Град Скопје.

Засега е сигурно дека со монтажните паркиралишта ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“. Едното од нив најверојатно ќе се наоѓа во близина на дискотеката „Колосеум“ кај Железничка станица, а за паркирање ќе се плаќа симболично.

За ублажување на проблемот со паркирање, општинарите вчера стартуваа и со расчистување и осветлување на подземните гаражи во Аеродром, на вкупно пет локации со вкупен паркинг простор од околу 3.000 места.

„Се надевам дека овој наш потег ќе ги натера сопствениците на гаражите конечно да почнат да ги користат просторите за основната намена, а не за магацини и слични работи. Во тој случај дополнително ќе се отворат нови паркинг-места“, истакна Коневски и укажа дека во ниту еден случај зголемувањето на паркинг-местата во Аеродром нема да се случи на сметка на постојното зеленило. Имено, новата катна гаража, планирана да се гради дијагонално од новата пошта во Ново Лисиче и монтажните паркиралишта ќе се наоѓаат на празни неискористени локации.

Градоначалникот Трајановски, пак, информираше дека Градот освен што ќе помогне за обезбедување повеќе паркинг-места во Аеродром, презема активности и за ублажување на проблемите со паркирање и во централното градско подрачје. Во таа насока, во тек се преговори државата на ЈП „Градски паркинг“ бесплатно да му отстапи локации за изградба на катни гаражи.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A22CE8574610CA4290057961949BD743


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jan-2010 at 12:09
Градски катни гаражи, но со деловен простор

Од Кабинетот на Трајановски вчера не прецизираа за плановите за изградба на катни гаражи

Деспина Трајковска

Градоначалникот Коце Трајановски дефинитивно се демантираше сам себе кога станува збор за изградбата на катни гаражи во Скопје. Не се потврдија неговите наводно збунувачки реакции по пишувањето на „Утрински весник“ дека Градот од државата без надоместок ќе добие локации за изградба на катни гаражи, со кои би стопанисувал ЈП „Градски паркинг“. Очигледно градската управа веќе е сопственик на парцелите и на нив ќе гради наменски објекти, но, сепак, со деловен простор. Со тоа Трајановски ќе ги побие тврдењата од предизборието дека ќе изгради вистински катни гаражи, бидејќи досега изградените од страна на приватни субјекти повеќе личат на комерцијални центри.

Имено, од завчера Градот Скопје бара идејни решенија за изградба на две катни гаражи, едната на улица „Даме Груев“ спроти полициската станица „Беко“ и другата на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во близина на постојниот Цветен пазар. И за двата објекта се бара авторите на идејните решенија да понудат терк за застаклени објекти и да се овозможува природна вентилација. Простор наменет за катна гаража во која, освен место за паркирање, ќе има и деловен простор е парцелата спроти „Беко“, на површина од 3.313 квадратни метри. Се предвидува објектот да има приземје, седум нивоа над земја, две подземни нивоа и притоа приземјето и првиот кат да бидат наменети за деловен простор. На останатите нивоа, како што е наведено во објавата за идејното решение, да се распореди паркинг-простор со наплата за минимум 833 лесни возила.

Другата катна гаража за која Градот бара идејно решение, таа во близина на Цветниот пазар, ќе се гради на површина од 2.485 квадратни метри и ќе може да достигне висина до 21 метар. Таа, барем според објавата за идејно решение, ќе биде исклучително наменски објект за паркирање.

Од Кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски вчера единствено потврдија дека распишале јавен повик за идејни решенија.

„Кој ќе стопанисува со објектите, кој ќе ги гради се' уште не е дефинирано. Инаку Градот официјално се' уште не е сопственик на парцелите“, одговорија од Кабинетот на Трајановски.

Преземените чекори на градската управа очигледно се доказ на сменетата владина политика за отуѓување на наменските парцели, иако пред две седмици, кога „Утрински весник“ всушност пишуваше за такви сознанија, од Министерството за транспорт и врски тврдеа дека отуѓувањето ќе се врши во согласност со законот, односно тие ќе се продаваат. Оттаму вчера не добивме никаков коментар, а од Владата најавија дека денеска ќе информираат дали бесплатно му ги отстапиле парцелите на Градот.

Неодамна, пак, тврдењата на ресорното Министерство беа демантирани. Владимир Бахчовановски, директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, потврди дека со заклучок на Владата веќе ја почнале постапката за добивање парцела во близина на плоштадот „Македонија“, меѓу зградата на МЕПСО и „Т-хоум“, на која ЈП ќе гради катна гаража. Инаку, токму и ЈПССДП, освен Градот, преку ЈП „Градски паркинг“ е заинтересиран да инвестира во изградба на катни гаражи, со кои подоцна ќе стопанисува.

„Точно е дека државата ќе ни ја отстапи посочената парцела, која наскоро со измени на планот ќе биде дефинирана за катна гаража. Инаку, за останатите локации не би сакал ништо да коментирам“, изјави неодамна Бахчовановски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9504227E4A84914AA83DE367F6BE436A

ПРОДОЛЖУВААТ ОБИДИТЕ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ПРОСТОР ЗА ПАРКИРАЊЕ
Градот ќе гради стаклени гаражи

Роза Петкова

Две катни гаражи ќе се градат на улиците Даме Груев и Мито Хаџивасилев-Јасмин за кои Град Скопје викендов распиша конкурс за идејни решенија. Овој потег од градските власти следува откако, неофицијално, Министерството за транспорт и врски најави дека локациите за неколку катни гаражи, предвидени со урбанистички планови во строгиот центар, ќе им ги отстапи на „Градски паркинг“ и на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Двете гаражи за кои Градот распишува конкурс, најверојатно, ќе му бидат дадени за стопанисување на градското претпријатие за паркиралишта. Во огласот стои дека катната гаража на Даме Груев, поточно на паркиралиштето пред „Лотарија на Македонија“, ќе биде на површина од 3.313 квадратни метри, со приземје, седум нивоа над земја и две под земја. За разлика од најавите на надлежните дека катните гаражи што ќе ги гради Градот, односно државата ќе бидат исклучително наменети за паркирање, во конкурсот е наведено дека приземјето и првиот кат на објектот ќе имаат деловна намена. Останатите нивоа треба да овозможат простор за минимум 833 лесни возила, чиешто паркирање ќе се наплаќа. Катната гаража на Мито Хаџивасилев-Јасмин, според пропозициите, ќе зафаќа површина од 2.485 квадратни метри, а објектот ќе има максимална висина до 21 метар. Во расположливиот габарит треба да се сместат максимален број возила во согласност со стандардите и нормативите за паркирање, стои во огласот. За двете гаражи се бара застаклена фасада што ќе овозможи природна вентилација. Со трудовите треба да се достави и идејно сообраќајно решение. Право на учество имаат сите правни и физички лица државјани на Република Македонија. За учество на конкурсот заинтересираните мора да поседуваат овластување „Б“ за проектирање, а за доделување договор за јавна набавка, треба да имаат лиценца „Б“ за проектирање за изработка на идеен и основен проект. Градот ќе додели по 250.000 денари за првата награда, за втората 120.000, а за третата 100.000 денари. Краен рок за приложување на трудовите е 15 март. Жири-комисијата која ќе ги разгледува пристигнатите решенија ќе ги објави резултатите во рок од десет дена од денот на завршување на конкурсот, и потоа ќе направи изложба на конкурсните трудови. Освен овие, во јавноста се споменуваат уште неколку локации за катни гаражи кои нема да се даваат на приватни инвеститори, туку ќе ги градат локалната и централната власт, и тоа меѓу зградите на МЕПСО и „Македонски телеком“, кај работничкиот дом „Кочо Рацин“, кај Судска палата, кај Музејот на холокаустот, на Јужен булевар, во Маџир маало, под Кале. Досега катни гаражи се најавуваа повеќе пати, но се изградија само во комбинација со комерцијални и деловни простории. Таква е катната гаража „Зебра“ во Капиштец, која има супермаркет, продавници, хотел и канцеларии. Во моментот катни гаражи се градат и зад Универзалната сала, пред поликлиниката „Идадија“ и во Аеродром, до „Мекдоналдс“.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1918&ArticleID=131452



Posted By: Baze
Date Posted: 19-Jan-2010 at 19:41
Градски катни гаражи, но со деловен простор

Од Кабинетот на Трајановски вчера не прецизираа за плановите за изградба на катни гаражи

Деспина Трајковска

Градоначалникот Коце Трајановски дефинитивно се демантираше сам себе кога станува збор за изградбата на катни гаражи во Скопје. Не се потврдија неговите наводно збунувачки реакции по пишувањето на „Утрински весник“ дека Градот од државата без надоместок ќе добие локации за изградба на катни гаражи, со кои би стопанисувал ЈП „Градски паркинг“. Очигледно градската управа веќе е сопственик на парцелите и на нив ќе гради наменски објекти, но, сепак, со деловен простор. Со тоа Трајановски ќе ги побие тврдењата од предизборието дека ќе изгради вистински катни гаражи, бидејќи досега изградените од страна на приватни субјекти повеќе личат на комерцијални центри.

Имено, од завчера Градот Скопје бара идејни решенија за изградба на две катни гаражи, едната на улица „Даме Груев“ спроти полициската станица „Беко“ и другата на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во близина на постојниот Цветен пазар. И за двата објекта се бара авторите на идејните решенија да понудат терк за застаклени објекти и да се овозможува природна вентилација. Простор наменет за катна гаража во која, освен место за паркирање, ќе има и деловен простор е парцелата спроти „Беко“, на површина од 3.313 квадратни метри. Се предвидува објектот да има приземје, седум нивоа над земја, две подземни нивоа и притоа приземјето и првиот кат да бидат наменети за деловен простор. На останатите нивоа, како што е наведено во објавата за идејното решение, да се распореди паркинг-простор со наплата за минимум 833 лесни возила.

Другата катна гаража за која Градот бара идејно решение, таа во близина на Цветниот пазар, ќе се гради на површина од 2.485 квадратни метри и ќе може да достигне висина до 21 метар. Таа, барем според објавата за идејно решение, ќе биде исклучително наменски објект за паркирање.

Од Кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски вчера единствено потврдија дека распишале јавен повик за идејни решенија.

„Кој ќе стопанисува со објектите, кој ќе ги гради се' уште не е дефинирано. Инаку Градот официјално се' уште не е сопственик на парцелите“, одговорија од Кабинетот на Трајановски.

Преземените чекори на градската управа очигледно се доказ на сменетата владина политика за отуѓување на наменските парцели, иако пред две седмици, кога „Утрински весник“ всушност пишуваше за такви сознанија, од Министерството за транспорт и врски тврдеа дека отуѓувањето ќе се врши во согласност со законот, односно тие ќе се продаваат. Оттаму вчера не добивме никаков коментар, а од Владата најавија дека денеска ќе информираат дали бесплатно му ги отстапиле парцелите на Градот.

Неодамна, пак, тврдењата на ресорното Министерство беа демантирани. Владимир Бахчовановски, директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, потврди дека со заклучок на Владата веќе ја почнале постапката за добивање парцела во близина на плоштадот „Македонија“, меѓу зградата на МЕПСО и „Т-хоум“, на која ЈП ќе гради катна гаража. Инаку, токму и ЈПССДП, освен Градот, преку ЈП „Градски паркинг“ е заинтересиран да инвестира во изградба на катни гаражи, со кои подоцна ќе стопанисува.

„Точно е дека државата ќе ни ја отстапи посочената парцела, која наскоро со измени на планот ќе биде дефинирана за катна гаража. Инаку, за останатите локации не би сакал ништо да коментирам“, изјави неодамна Бахчовановски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9504227E4A84914AA83DE367F6BE436A - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9504227E4A84914AA83DE367F6BE436A


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jan-2010 at 14:59
ЦЕНТАР РАСПИША ОГЛАС
Се бара изведувач на монтажен паркинг

Општина Центар бара најповолен понудувач за изградба на монтажното паркиралиште во Капиштец, на улицата Народен фронт. Вчера општината распишала оглас со кој бара фирма што ќе ја испорача монтажната конструкција за паркирање автомобили, ќе изработи главен, изведбен проект со ревизија и ќе го постави објектот. Главен критериум за избор ќе биде најповолната економска понуда. Понудите може да се доставуваат до 16 февруари, кога ќе се одржи и јавното отворање.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1921&ArticleID=131787


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jan-2010 at 16:48


подетално:

Монтажно паркирање за 500 возила во Центар

Монтажната катна гаража, за која Општина Центар распиша идејно решение, ќе се наоѓа на местото на постојниот паркинг во Капиштец, кој се протега по целата должина на улицата „Народен фронт“ од последна автобуска станица на „23“ до кафеаната „Интермецо“. Како што објаснуваат од Општината, тоа ќе биде монтажна конструкција на две нивоа со капацитет за паркирање на 500 возила. Предвидено е објектот да се изгради и да стане функционален најдоцна до 2012 година. Со него ќе стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, кое ќе го наплаќа паркирањето, а за жителите од околината ќе има повластени цени.

„Целиот проект ќе се реализира во три фази. Во претстојниот период ќе се изработи технички елаборат каде што ќе се види капацитетот до улицата ‘Народен Фронт‘, се' со цел да се надмине проблемот со паркираните возила на и онака прометната улица. Градбата ќе се изведува во три фази. Објектот ќе располага со околу 500 места за паркирање еднакво распоредени на двете нивоа“, објасни Јовица Ацковски, портпарол во Општина Центар. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=31A0045F44363841BD007FD1988D8955


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 23-Jan-2010 at 16:59
мене ова ми е непрактично и грдо решение


Posted By: krale
Date Posted: 24-Jan-2010 at 01:52
Мислам дека е одличен проект, за евтини пари да се дуплира капацитетот на паркинзите низ градов. Се разбира, во Капиштец се надевам поентата е колите да се тргнат од улицата и тротоарот, а ако остане како што е на рендеров, ќе биде тотален промашај: горе празно, тротоарите полни.


Posted By: axel
Date Posted: 25-Jan-2010 at 00:29

Владата ќе гради нови катни гаражи

„Има начелна согласност од Владата и од Министерството за транспорт и врски околу можноста Градот Скопје да финансира изградба на катни гаражи“. Ова викендов го изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, откако за идејата претходно разговарале со премиерот Никола Груевски. Планот е катните гаражи да почнат да се градат во 2011 година. Проектот ќе се реализира во соработка со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Неделава претставници од Градот и од Министерството за транспорт и врски ќе ги разгледаат условите и процедурите за реализација на проектот. (Сн.К.)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=35445CEC15BDD943B82DA1ED628F9D2C


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 25-Jan-2010 at 11:42
Може ли во овој град, во кој живее 1/4 од целата популација во Македонија да се изгради нешто без помошта на Владата? Тука не станува збор за метро! Ова е катна гаража, која приватниците ја градат на секој чекор, а институција што би требало да биде богата колку 1/4 од републиката неможе тоа да си го дозволи? Па што  тогаш имаме градоначалници, штом за се треба амин и помош од Владата? Навистина делот од даноците кој се одделува за буџетите на општините е смешен и Трифун имаше целосно право за медиумската акција која ја спроведе, како и за предлогот Скопје да се обедини во една градска општина со повеќе реона. 

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Jan-2010 at 09:37
Originally posted by Andrej_LJ

Може ли во овој град, во кој живее 1/4 од целата популација во Македонија да се изгради нешто без помошта на Владата? Тука не станува збор за метро! Ова е катна гаража, која приватниците ја градат на секој чекор, а институција што би требало да биде богата колку 1/4 од републиката неможе тоа да си го дозволи?


Па, за Зебра во Капиштец, јадевме трици дека нема осмина од најавуваните паркинг места и тоа во избори може некој да го искористи за добивање политички поени, а вака државата ќе си го легализира криминалот и нема да се збори за стопанственикот дека е лопов, туку ќе се заташка нешто во рамките на министерството за транспорт и врски и никому ништо после...важно Скопје ќе се дави со места за паркирање и во иднина, само да продолжат со вакви глупости...јас лично, не очекувам ништо да се промени на темава, исто се фаќа дали некој ќе лапне локација или ќе се насади во изграден објект, дури второво е многу поелегантно решение...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: axel
Date Posted: 31-Jan-2010 at 16:32
Проект: Ќе се градат осум катни гаражи во Скопје

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/67458/vlada-zgrada-150x150.jpg">

Осум катни гаражи ќе се градат во централното градско подрачје на Скопје. Ова е заеднички проект на Владата, Град Скопје и општина Центар,економски битен и за Скопје и за државата  бидејќи покрај економските аспекти решава и дел од проблемите на граѓаните на Скопје, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, по завршувањето на средбата.

Тој додаде дека со истиот ќе се создадат дополнителни околу 3 000 паркинг места во центарот на градот. Очекуваната инвестиција ќе се движи од 23 до 30 милиони евра.

Се предвидува до крајот на годината да бидат завршени сите подготвителни работи и во 2011 година  треба да почне изградбата на објектите.

“Од вкупно осумте катни гаражи, четири ќе ги гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, две ќе ги гради општината Центар и две ќе ги гради Градот Скопје. Во најголем дел од случаите се работи за земјиште кое е во сопственост на Република Македонија, и Владата го доделува или ќе го додели на овие институции , со цел да се изведе успешно овој проект.“, рече Пешевски.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски посочи дека  градот ќе гради две гаражи кај Беко и спорти “Авто Македонија“, кај Стара железничка станица. Двете ќе имаат околу 2.700 паркинг места.

ПУИГ ќе гради на четири локации, две ќе бидат на левата и десната страна на АД Мепсо и ЕЛЕМ, третата е кај старата Меѓуградска автобуска станица и четвртата кај Работнички дом.
 
Инаку, на денешната работна средба покрај вицепремиерот Пешевски, градоначалниците на Скопје и Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, директорот на ПУИГ, Владимир Бахчовановски, присуствуваше и премиерот Никола Груевски.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=67458&kategorija=1


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 01-Feb-2010 at 01:23

Во центарот на Скопје дури осум катни гаражи

Срцето на главниот град се претвора во место за паркирање

Билјана Ангеловска


Осум катни гаражи со вкупна инвестиција од 25 до 30 милиони евра ќе се изградат на територијата на општина Центар во текот на наредната година и со нив ќе се обезбедат околу 3.000 паркинг-места. Ова го предвидува изменетиот Детален урбанистички план за „Мал ринг“, што го усвои Советот на Oпштината во петокот.

Измените беа донесени по повеќечасовна дискусија на која опозицијата од петни жили се трудеше да укаже на незаконската постапка по која се менува урбанистичкиот план, неговата неусогласеност со Генералниот план на Скопје и дополнителните проблеми што ќе настанат со неговата практична имплементација. Сепак, откако беше јасно дека изнесените аргументи не се доволно силни за мнозинството да ги земе предвид, советниците од СДСМ ја напуштија салата, па одлуката за усвојување на измените беше едногласно усвоена со 12 гласа.

За неа гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и од НСДП и ЛДП, Иванчо Вучевски и Љубомир Тасев, кои како и при сите досегашни одлуки на Советот на Центар, како конструктивна опозиција редовно гласаат идентично со колегите од мнозинството.

Лидерот на ЛДП, Јован Манасиевски, се согласува дека во Општина Центар има непослушен сопартиец, за чие дејствување партијата нема начин како да го дисциплинира. „Ние имаме еден советник што не ги почитува ставовите на партијата и тој советник ЛДП не го смета за свој. Ние немаме инструменти да натераме некој советник да се повлече од советничката листа, меѓутоа, факт е дека тој е избран од редовите на ЛДП, но, за жал, не ги застапува ставовите на партијата“, рече вчера Манасиевски.

Според новиот ДУП „Мал ринг“, во строгиот центар на Скопје ќе се градат осум катни гаражи и два објекта наменети за државната администрација, што ќе никнат на левиот брег на Вардар, за јавно обвинителство, финансова полиција и за МНР. Со самото тоа, според советниците на СДСМ во Центар, ќе се создаде дополнителен сообраќаен метеж, бидејќи сите овие објекти ќе привлечат околу 100.000 луѓе повеќе во центарот, што само ќе ја блокира сообраќајната мрежа што воопшто не се доградува соодветно на додавањето нови објекти.

Сите осум новопредвидени катни гаражи ќе бидат на државно земјиште. Во текот на годинава ќе се изработуваат проектите, а наредната ќе стартува нивната изградба. Четири катни гаражи ќе гради и со нив ќе стопанисува Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, а по две ќе добијат Градот Скопје и Општината Центар. Градот ќе гради катни гаражи на локациите кај „Беко“ и кај старата железничка станица, поточно кај „Автомакедонија“.

Објектот кај „Беко“ ќе биде на површина од 26.000 квадратни метри, ќе има седум ката и ќе располага со околу 800-900 паркинг-места, а првиот кат ќе биде наменет за деловен простор. Гаражата кај „Автомакедонија“, пак, ќе има 30.000 квадрати корисна површина и места за 1.000 возила. И двата објекта ќе чинат по околу 8 милиони евра, со нив ќе стопанисува градското претпријатие за паркирање, а средствата ќе ги обезбеди Градот Скопје преку кредити.

Двете катни гаражи што ќе ги гради Општина Центар ќе бидат една зад Државниот архив и друга на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ веднаш до „Нова Македонија“. И двата објекта ќе имаат по 400 места за паркирање.

Јавното станбено претпријатие, пак, ќе ги добие двете локации на самиот плоштад, лево и десно кај МЕПСО и ЕЛЕМ, локацијата кај музејот на холокаустот и онаа кај Работнички дом. Ќе стопанисува со вкупно 1.300 паркинг-места, а како што рече директорот Владимир Бахчовановски, доколку се одлучи да се воведе паркирање со лифтови, тогаш би можело да се обезбедат и дополнителни 500 места. Објектите на плоштадот ќе бидат високи по 29 метри и ќе бидат на приземје и девет ката, гаражата кај музејот на холокаустот ќе има три ката и 200 места, а таа кај Работнички дом ќе располага со 500 места за паркирање, со 15 метри височина. (Б.А.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=E28F63E9C70F7F4C9B1A6325337B29DE


-------------------------------------------------------------------------------

Зарем вреди да се коментира??? Толкави простори за градење, толку високи објекти со по 8-9 ката и смешни бројки за планираните паркинг места... Па до кога вака буквално ЌЕ НИ ГИ КРАДАТ ЈАВНИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ПОВРШИНИ???



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Feb-2010 at 01:49
Може сомнежите да ги преточиш во бројки?! Не сум пресметувал уште.


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Feb-2010 at 01:55
Јас ова го навестував низ муабетиве уште пред некое време.

Дека се забега со зацртување на катни гаражи во центарот и во еден толку типичен за нас кампањски пристап ќе изгубиме прескапо земјиште во сред центар на град.

Некој можеби ќе каже дека и катните гаражи се профитабилни но воопшто не е тоа поентата.

Поентата е што нешто друго, далеку попрофитабилно и посоодветно може да се направи со ист тој простор.

Особено ми бодат очи двете катни гаражи кај плоштадот. Таму треба да се оди во земја и проблемот со паркирањето да се реши во рамките на новопроектираните објекти.

Слично треба да биде и од другата страна на реката каде повторно се работи за новопроектирани објекти и паркирањето требаше да се предвиди во нив.

Сепак имам разбирање за една катна гаража во тој дел, со оглед на тоа дека ја имаме и стоковна куќа мост, почетокот на чаршијата, комерцијална банка итн.

Од другата страна, мислам дека катната гаража Беко е апсолутно издржана а исто така катни гаражи се потребни и во делот накај јужен булевар со оглед на тоа дека се градат и планираат повеќе нови објекти, а веќе Рамстор сам по себе прави неверојатна гужва (се надевам дека трговскиот кој се гради на железничка ќе си го има далеку подобро решено проблемот).

За крај останува уште едно прашање. Кои од околните сообраќајници се предвидени да трпат толкав влив/одлив на коли. Сите гледаме каков проблем прави Рамстор од едноставна причина што едниот влез (од кај музеј на град скопје) каде влезната рампа собира 3-4 возила ни од блиску не може да ги прими сите возила кои чекаат за влез, затоа се формираат ненормални колони кои блокираат цела лента на МХ Јасмин а истата приказна е и кај влезот на Јужен Булевар каде колите чекаат во ред на сред булевар. Да не зборувам каков хаос создаваат и колите кои излегуваат од паркингот на Рамстор на МХ Јасмин.

Значи. Дали некој проценил/анализирал колку Гоце Делчев, Даме Груев, МХ Јасмин, Железничка итн се способни да го примат товарот кој ќе им го наметнат сите овие силни гаражи?


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 01-Feb-2010 at 02:08
Еве ги моите негодувања:

1) Навистина не сум експерт, за да пресметам како оди тој сооднос меѓу вкупната квадратура на објектот и паркинг местата! НО, СИТЕ ДО ЕДЕН овие објекти според мене ќе се изградат како Тинексот во Капиштец. Односно, ќе нидат комбинирани комерцијални објекти со паркинг гаражи. Самиот факт дека објектите ќе креираат побарувачка по нови паркинг места (затоа што делумно ќе бидат комерцијални), автоматски кажува дека тие не се наменети да ја олеснат состојбата во околината. Не лажеа дека и Рамстор и Тинекс ќе решеле некаков проблем на околината но сите знаеме колку неславно заврши ова.

2) Проблем е како што наведе Пбенкс што уличната мрежа едноставно ќе се преоптовари и ќе клекне, како МХЈасмин.

3) Со каква цел и образложение ние не формираме ЕДНО ГРАДСКО претпријатие за паркинг? Да се задоволи секое ниво на властта? ЈПССДП како дел од владата, потоа за градот и за општината. Ама каде го видоа ова? Нели се тегнеа во Загреб, Нирнберг, Шпании мајчината им, ова таму го има ли, нели скенираа се мафтаа таму?

4) Која е потребата да се паркира на Плоштад? Демек таму каде што на македонецот ќе му кефне, мора да се креира место да ја остави колата ли? Ајде ти ЛСЛ, пошто само негодуваш, да ми кажеш еден пример на град кој ги решава своите паркинг проблеми (ова не е само паркинг проблем, туку проблем како да се реши во градот проблемот со мобилноста на луѓето и како што знаеме тој не се решава со паркинг место на секоја локација за секоја кола!), на овој начин.

НЕЗНАМ ДО КОГА ЌЕ ИМАМЕ ВАКВИ КРЕТЕНИ НА ВЛАСТ И ДО КОГА ЌЕ СИ СЕДИМЕ СО СКРСТЕНИ РАЦЕ ВО ВРСКА СО ТОА?!?


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Feb-2010 at 02:11
Според правилник паркинг место е со димензии 5х3, 15м2. Од бројките што се дадени излага ~24м2 ако се изземе еден кат пропорционална квадартура, односно првиот кат за деловен простор. 24м2 е сосема реална бројка сметајќи ги комуникациите. Така да не гледам кражба некоја освен ако деловниот кат, првиот, го рачунаме како кражба.

Околу комуникацијата не гледам проблем ако се работи за рамномерно часовно дистрибуиран сообраќај, што и нема да биде случај макар се работело у за булеварски пристап до гаражите со оглед дека главната гужва ќе биде сабајле еден час и попладне еден час. Меѓувремено ќе има нормален сообраќај. Всушност и не гледам толкав проблем со комуникациите.

Некако сум скептичен кон ова паркирање со лифт. Може да се расипе, треба време кола по кола да иде, треба дополнително човек што ќе го работи тоа. Сепак, а ко тоа значи дополнителни неколку стотини паркинг места може и да е добро компромисно просторно решение.

Кога ќе сублимирам, го поддржувам проектот, единствена сега за сега замерка што имам е неунифицираноста во едно јавно претпријатие што ќе стопанисува со целиот државен паркинг простор во Скопје. Ова и не е толкав, за мене проблем, пошто е и имагинарен адмиинистративен и многу многу полесно се решава одколку градење 8 згради.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Feb-2010 at 02:26
Па не го спуштаме нивото сега на дискусијава, незнам дали јас негодувам?! Те прашав убаво дали може да пресметаш некои бројки, не го поставив прашањето предходно воопштоп од некоја друга позиција туку незнам зашто ти призвуче дека сакам во нешто да те побивам.

А дали ќе градиме кадешто на македонецот ќе му ќефне?! Па види ако има слободно место ќе градиме. Незнам јас по која тоа рачуница и по кое правило би барале од пола милион жители да се придржуваат кон нефункционални концепти на некои предходници. Сите нешто се залагаат за либерално општество, а читам тука северно-корејски ставови. Сега ај ако не, да не градиме катни гаражи. Ставрно не сакам да звучи дека очекувам од некого беспоговорно да каже дека проектот нема маана, всушност нити постои совршен проект, но далеку ќе се подобри паркирањето во градот. Некои пориви едноставно неможам да ги разберам.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Feb-2010 at 02:30
Нормално останува сомнежот кон катната гаража пред Холидеј Ин. Стварно незнам како планираат дса го изведат тоа, вероватно не планираат некој гостин во хотелот да има ауспух пред нос кога ќе излезе на тераса.

Исто така би сакал да го актуелизирам прашањето што го покренав пред некој ден во нишката за мал ринг како за едната од гражаите би добиле скоро дупло поголема површина.
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=55592#55592 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=55592#55592


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 01-Feb-2010 at 02:31
Ајде вака да го погледнеме проблемот, точно кај Беко.



На Гугл Рт вика дека една страна на објектот е 70 метри (и тука ја земаме песимистичката варијанта, затоа што просторот е 90 метри). Ако претпоставиме дека гаражава ќе има форма на 1/4 од цел круг, можеме да пресметаме дека површината на објектот би била (ЕР на квадрат по ПИ)/4. Следува дека (5000 по 3.14)/4=3900 метри квадратни. Ако објектот има 7 ката, има и приземје и минимум две нивоа под земја, што прави најмаклу 10 ката површина од по 3900 метри квадратни, што прави скоро 40000 метри квадратни корисна површина. Таа ако ја поделиме со 24 те метри што ти ги спомена, би добиле  1666,666 места. Дали е тоа еднакво на 800те места што ги споменува градот, или ДУПЛО ТОЛКУ?! Која е потребата за нов деловен простор таму? Тука стои и недоградената зграда на ЈугоБанка, што самата има мизерен паркинг простор за својата големина, а како што се најавува целата ќе биде зафатена од неколку министерства. Овој објект со 1600 места не би ги зодоволил ни потребирте на граѓаните од постоечките локали и ЈугоБанка, камо ли ако ми напкаат додатен деловен простор. Сигурно иста е приказната и лагата со другите објекти.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Feb-2010 at 02:45
Маркицата е многу помала од оваа што ја нацрта, отвори го дупот за мал ринг види во табела колку е, а ако се сомневаш во табелата прецртај ја сам и во ГЕ-про измери површина.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Feb-2010 at 19:22
Еве малце поелаборирано особено од аспект на пропустната моќ на планираните пристапи до новите катни гаражи. Има поенти кои ми се чинат без врска (круна е онаа веќе редовна „теорија“ за тоа како можеме да куртулиме од издувни гасови доколку сообраќајот и паркирањето биде под земја), но мислам повеќето се валидни поенти:

Без нови улици, катните гаражи ќе го колабираат сообраќајот

Малиот ринг станува големо тесно грло, нема решение за пристапот до паркинзите

Сања Наумовска


Проширување и приспособување на постојната сообраќајна мрежа или, пак, реализација на планираните улици предвидени во Генералниот урбанистички план на Скопје е единственото решение за нормално функционирање на осумте нови катни гаражи предвидени да се градат во центарот на градот. Отворањето нови 3.000 места за паркирање го решава стационарниот сообраќај, но, дефинитивно, предизвикува зголемена фреквенција на возила во централното подрачје, коментираат сообраќајните инженери.

Надминувањето на проблемот треба да се бара во паралелното решавање и на паркирањето и на уличната мрежа, на која во овие услови и' се заканува колапс. Неопходна е изградба на Јужен булевар, булеварот „Крушевска Република“ и подземната сообраќајница под плоштадот „Македонија“, кои директно ќе го „хранат“ Малиот ринг со сообраќај.

Според архитектот Јован Тагасовски, самиот Генерален план на Скопје предупредува дека доколку до 2020 година не се изградат планираните сообраќајници, особено големите булевари, главниот град ќе се задуши во сопствениот сообраќај.

„Малиот ринг станува големо тесно грло. Изградбата на административни објекти на кејот на Вардар ќе привлече огромен број луѓе и возила во центарот на градот. Постојната сообраќајна мрежа, дефинитивно, нема да го издржи тоа“, вели Тагасовски.

Неколку од предвидените осум катни гаражи моментно се со нерегулиран или несоодветен пристап. Ова особено важи за гаражите кај „Телеком“ и МЕПСО, кон кои би се пристапувало по тесни улички со мала пропусна моќ. Стручњаците имаат забелешка и на катната гаража предвидена во близина на зградата на некогашната „Нова Македонија“, која има добра улична мрежа во околината, но лежи на трасата на Јужен булевар. Катната гаража кај „Беко“, пак, ќе има пристап само од еднонасочна улица. Најсоодветно се планирани гаражите кај Работнички дом и кај Меморијалниот центар на холокаустот. Останува, велат сообраќајните експерти, да се доработува сообраќајната мрежа за поголема пристапност на гаражата кај „Аутомакедонија“ и зад Државниот архив.

„Пред неколку години ДУП ’Мал ринг‘ предвидуваше три катни гаражи во центарот, кај ’Телеком‘, кај Работнички дом и кај ’Беко‘, а останатите места за паркирање се обезбедуваа во подземниот паркинг под плоштадот. Тоа, според мене, и денес е најдоброто решение. Со него се избегнува задушување на сообраќајот на улиците низ центарот, а наедно со подземното паркирање се намалуваат и издувните гасови, па се задоволува и еколошкиот критериум“, вели инженерот Пламен Гавровски.

Тој советува, покрај паркирањето и главните сообраќајни артерии, паралелно да се размислува и за квалитетен алтернативен јавен превоз. „Осумдесет нови автобуси нема ништо да подобрат во град со ваква големина. Потребен е трамвај, особено што со нови административни згради се навлекуваат се' повеќе луѓе во центарот“, коментира Гавровски.

За планерот Стефан Калајџиски од проектантското биро „Зебра“, на центарот му требаат сите осум предвидени катни гаражи, бидејќи се чувствува голем притисок од возила во текот на денот. Сепак, тој се согласува дека за да функционираат гаражите, мора да се обезбеди соодветен пристап до нив.

„Улиците во центарот моментно ја немаат доволната пропусна моќ за да го задоволат очекуваниот прилив на возила кон новите паркиралишта. Мора итно да се работи на планирање и проектирање нови улици“, вели Калајџиски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4DF187CE43AC3849B25725644A227C1E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Feb-2010 at 23:57
Катни гаражи од центарот не се слагам дека дополнително ќе дозагужат. Првенствено ќе ги опфатат возилата што се испопаркирани во околните улички, но после тоа ќе мора овие улички да се оддржуваат со две ленти слободен просток за од/до катните гаражи. Едно возило да застане на таа уличка повторно ќе има тахикардија. Пристапот би бил проблем доколку би оставиле ситуацијата со паркирање по улички да е вакво како сега. Двајца редари и пајак возило и малку воља би биле доволно за оддржување на редот.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Feb-2010 at 00:32
"Октет" составен од катни гаражи решение за паркингот


Од Општина Центар информираат дека планот за изведба што ќе започне годинава, ќе се спроведува во 3 фази. Во претстојниот период се изработува технички елаборат за да се види капацитетот на улиците кои ќе водат до катните гаражи, а со цел да се надмине проблемот со метежот и да се изврши мерење на бројот на тамошните потребни паркинг-места


Владата, Градот Скопје, Општината Центар и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор се решени да стават ред со паркинг-просторот во централното градско подрачје. Со заедничкиот прокт кој неодамна го обелоденија овие субјекти за изградба на осум катни гаражи во Скопје, планираат обезбедување на околу 3000 слободни паркинг-места. Локациите на кои ќе се градат гаражите во најголем дел ќе бидат на државно земјиште, а инвестицијата ќе се движи од 25 до 30 милиони евра, информираше неодамна вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, по состанокот во Владата со градоначалниците на Скопје и Општина Центар.
Наспроти обвинувањата кои се огласија деновиве дека со изградбата на новите 8 катни гаражи ќе се стесни проточното сообраќајно грло во Малиот ринг поради малите постоечки улички, градските власти се убедени дека до тоа нема да дојде. Според нив, постоечката сообраќајна мрежа која набргу ќе се проширува, а во неа спаѓаат и дел од постоечките булевари соодатно ќе одговорат на потребите на интензитетот на сообраќајот. Тие велат дека собраќајните инжинери кои го подготвуваат детеалниот план особно ќе обрнат внимание на пристапните сервисни улички кои ќе водат до гаражите.

Четири од нив ќе гради државата преку станбеното претпријатие, и тоа двете кај телекомуникацискиот центар, кај скопскиот театар и до Работничкиот универзитет. Градот и Општината ќе прават по две гаражи. Градските ќе бидат најголеми, ќе се наоѓаат кај Беко и кај Старата железничка станица и заедно ќе можат да примат до 1.900 возила. Инвестицијата за двете катни гаражи ќе чини по 7-8 милиони евра, кои градот Скопје ќе ги обезбеди преку кредити, во соработка со Градски паркинг, кој ќе стопанува со катните гаражи. Општината ги доби локациите кај Државниот архив до МТВ и до поранешната зграда на Нова Македонија.
Од Општина Центар информираат дека планот за изведба што ќе отпочне годинава, ќе се спроведува во 3 фази. Во претстојниот период со изработка на технички елаборат за да се види капацитетот на улиците кои ќе водат до катните гаражи, се со цел да се надмине проблемот со метежот и изврши мерење на бројот на тамошните потребни паркинг-места.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6762EB7F90A5C5489AF929A7EAEDBEFB


Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Feb-2010 at 01:06
не ми е јасно што па сега се фатија за катните гаражи кога во градов нема простор, а кај па го нема па уште ги пикаат на најнепогодни места за таков објект, многу подобри за Скопје се подземните гаражи и има простор за нив
и не ми е јасно што мислат со ова, ќе прошируваат сервисни улички или? Big%20smile
„Тие велат дека собраќајните инжинери кои го подготвуваат детеалниот план особно ќе обрнат внимание на пристапните сервисни улички кои ќе водат до гаражите.“



Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2010 at 03:18

И катната гаража кај МЕПСО во барокен стил

Јавното станбено претпријатие ќе гради уште три застаклени катни гаражи, со еден кат деловен простор

Деспина Трајковска


Една со барокна и три со стаклени фасади ќе бидат катните гаражи во центарот што ќе ги гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Изгледот на фасадите на објектите што се градат покрај кејот на Вардар налагал и катната гаража што ќе се гради на постојното зеленило меѓу МЕПСО и „Македонска пошта“ од страната на Вардар да биде во рустичен стил. Другите три катни гаражи на ЈПССДП ќе бидат застаклени. Засега е сигурно дека сите објекти ќе имаат по еден кат наменет за деловен простор, а допрва ќе се утврдува дали паркирањето во нив ќе се врши по принципот со лифтови или, пак, објектите ќе бидат класични, односно со рампи.

Владимир Бахчовановски, директор на ЈПССДП вели дека најверојатно денеска ќе бидат објавени јавните повици за избор на идејно решение за четирите објекти. Врз основа на понудените решенија и потоа направените пресметки за изработка на проектите, ќе се утврди начинот на паркирање во гаражите.

„Постојниот Детален урбанистички план утврдува колку минимум места за паркирање треба да се обезбедат, но по разгледувањето на неколку опции, заклучивме дека капацитетот може да се зголеми доколку се искористи принципот на паркирање со лифтови. Конечните одлуки ќе ги донесеме по изборот на идејните решенија“, вели Бахчовановски, кој тврди дека станбеното претпријатие е финансиски доволно моќно да ги изгради објектите.

Според првичните процени, пресметувајќи го периодот за избор на идејните решенија, изработката на проектите и други неопходни процедури, изградбата на катните гаражи би стартувала наредната година со рок на изведба од 18 месеци.

Согласно со договорот меѓу Владата, Градот Скопје и ЈПССДП, станбеното претпријатие ќе гради катна гаража на постојниот мал паркинг кај „Телеком“, потоа на просторот меѓу МЕПСО и управната зграда на „Македонска пошта“ од страната на Вардар, потоа до Музејот на холокаустот и една катна гаража пред „Работнички дом“. Таа, всушност, ќе биде и најголемата, иако не и највисока. ДУП дозволува изградба на објект на четири ката, но од претпријатието размислуваат да побараат дозвола за два дополнителни ката што би се искористиле за деловен простор.

Катните гаражи кај „Телеком“ и МЕПСО ќе имаат по девет ката и ќе бидат високи 29 метри. Доколку паркирањето се врши преку рампа, катната гаража кај „Телеком“ би овозможила паркирање на 267 возила, а по принципот паркирање со лифт дури 406 места. Другата катна гаража, пак, сигурно ќе обезбедува 315 места за паркирање, додека онаа кај Музејот на холокаустот, според ДУП, налага капацитет од минимум 200 места за паркирање, со можност да се зголеми на 320 доколку паркирањето се врши со лифт.

Според Бахчовановски, направените анализи покажале дека овој принцип на паркирање во определени ситуации е подобар, бидејќи е функционален за објекти на мала површина, каков што е случајот со катните гаражи кај „Телеком“ и МЕПСО. Истовремено се обезбедува и поголем капацитет за паркирање, а се намалува и количеството издувни гасови од возилата во околината.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=599318D76AB56D43A839BC40357D1543



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2010 at 03:36
Изгледот на фасадите на објектите што се градат покрај кејот на Вардар налагал и катната гаража што ќе се гради на постојното зеленило меѓу МЕПСО и „Македонска пошта“ од страната на Вардар да биде во рустичен стил.
Идиоти! Одете веќе еднаш на психијатриска проверка...


ДУП дозволува изградба на објект на четири ката, но од претпријатието размислуваат да побараат дозвола за два дополнителни ката што би се искористиле за деловен простор.
Шо убо. Ама нели приказната беше дека приватниците така пренаменувале (мада не чувме кој им дозволувал), па сега државава превзема во свои раце за да нема такви пренамени? А бидејќи приземјето е веќе планирано за деловни простории значи работава испаѓа 3 спрата деловни и 3 спрата паркирање односно пола-пола. Може некој да ми објасни која е суштинската разлика со ТЦ Зебра на пример?


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 04-Feb-2010 at 04:21
А- ете ја мојата теорија за заговор од пред неколку дена. Овие лопови немаат намера да решат никаков проблем туку само да се изналапаат со пари! Видоа дека приватнициве упсеаа да пробутуваат деловни објекти под превезот на катни гаражи (што меѓу неписмените новинари и простиот народец што се ослонува на чул-не дочул се мега-популарни) и сега и тие сакаат да ќарат. Никој од овие објекти нема да го реши паркинг проблемот на околината, напротив ќе создаде уште поголем хаос, како и секој објект претходно (Рамстор, Зебра, новиот кај Универзална, новиот кај поликлиниката Млин Балкан...). Им тргна новава форма на лоповлук и криминал кон градот и граѓаниве. АБЕ ОВА ГО НЕМА НИГДЕ! ТРЕБА НАВИСТИНА ДА СЕ ПОКРЕНЕ НЕКАКВА АКЦИЈА!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Feb-2010 at 03:53

Монтажни паркинзи на нивоа, спас за Општина Аеродром

Општината и „Градски паркинг“ договориле четири локации од кои годинава ќе се реализираат две

Монтажно паркирање на две или повеќе нивоа ќе го решава проблемот со паркирањето во Аеродром. Општинските власти и јавното претпријатие „Градски паркинг“ договориле четири локации за кои ќе се изработуваат проекти за монтажни паркиралишта, од кои годинава веројатно ќе се реализираат две. Целта е, велат надлежните, во Аеродром да се обезбедат повеќе паркинг-места, а тоа да не биде на сметка на зелените површини. „Ова е скап модел на паркирање, но брзо се реализира“, велат во јавното претпријатие „Градски паркинг“.

Монтажни паркиралишта ќе има под Транспортниот центар, во близина на дискотеката „Колосеум“. Слободниот простор под Транспортниот, меѓу поштата и кејот на Вардар наскоро ќе биде уреден како паркиралиште, а на дел од него ќе се направи уште едно ниво. Дополнителни паркинг-места на ниво ќе има и во Ново Лисиче, кај трите кули, каде што има најголем проблем да се најде слободно место. Монтажно паркиралиште е планирано на веќе постојниот паркинг покрај касарната „Гоце Делчев“, каде што ќе се добијат дополнителни 300 до 400 места, а моментално се размислува и за соодветна локација во близина на маркетот „Веро“.

„Овие паркиралишта функционираат како катни гаражи, со рампи за качување и симнување, само што се прават од монтажни елементи и се приспособливи и побрзо се изведуваат. Планираме на основната монтажна конструкција да додадеме некоја украсна ограда или, пак, да заградиме делови со плексиглас заради естетика, со оглед на тоа дека станува збор за станбени средини“ , вели директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски.

Во инвестицијата ќе учествуваат Општина Аеродром, која ќе обезбеди 70 проценти од средствата, Град Скопје и јавното претпријатие. Стојановски вели дека по дефинирањето на локациите, „Градски паркинг“ во рок од еден месец ќе изработи проекти, врз чија основа Аеродром ќе може да распише тендер.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1135A3E32B80414486F5DF13D74E61F3


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Feb-2010 at 06:47

Се бара идејно решение за катна гаража кај „Телеком“

Фасада во барокен стил, класицизам, неокласицизам, романтизам или неоромантизам, три ката деловен простор и место за паркирање за најмалку 315 возила. Ова се дел од главните услови што се бараат во јавниот повик за идејно решение за изградба на катната гаража на местото на постојното зеленило помеѓу МЕПСО и „Македонска пошта“, од страната на Вардар, проект на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

Заинтересираните автори во предлозите за изгледот на објектот треба да вметнат и нови технологии во паркирањето што се користат во Европа и во светот. Врз основа на понудените решенија, од ЈПССДП дополнително ќе утврдат дали паркирањето ќе се врши преку електронска рампа или со лифтови, што би овозможило поголем капацитет на паркинг-места.

Објектот ќе се гради на површина од речиси 10.000 квадратни метри и ќе има девет ката. Потребата од рустичната фасада од ЈПССДП ја правдаат како обврска наметната со урбанистичкиот план кој налага сите објекти во реонот да имаат стилски фасади.

Останатите три катни гаражи што ќе ги гради станбеното претпријатие ќе имаат стаклени фасади. Едната од нив ќе се наоѓа на аголот до музејот на холокаустот, другата на постојниот мал паркинг меѓу МЕПСО и „Телеком“, а катна гаража ќе има и кај Работнички дом.

Сите ќе бидат инвестиција на претпријатието од каде што очекуваат изградбата на објектите да стартува наредната година, со оглед на потребните процедури за избор на идејни решенија, изработка на проекти, избор на изведувач... Рокот за изведба, најверојатно, ќе биде една и пол година.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DA0A93B1F12C304198F0BF2F9CB3EEFA


Posted By: Vahr
Date Posted: 12-Feb-2010 at 10:33
[QUOTE=lslcrew] [quote]<p ="WB_UTRINSKIVESNIK_Naslov" id="ArticleTitle">Се бара идејно решение за катна гаража кај „Телеком“



добро знаете кај е објавен овој конкурс? Го има негде онлине? бев на огласи-известувања и на страната на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор ама не најдов ништо т.е. огласи-известувања воопшто не функционира а другава е последен пат у 2009 апдејтувана?!
Знае ли некој каде може да се погледа тоа чудо од конкурс?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Feb-2010 at 10:44


https://e-nabavki.gov.mk/eProcurementIntegration/PublicAccess/Dossie/dosieSIS.aspx?EntityId=8d445f2e-b6ad-4151-9ae8-d4d27812796f&Level=2


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Mar-2010 at 02:00

Одбрани три локации за монтажни паркинзи во Аеродром

Неколку стотици нови паркинг-места ќе има зад „Бисер“, покрај „Веро“ и во Ново Лисиче

Општина Аеродром во текот на март ќе распише тендер за изградба на монтажни паркиралишта на три локации, зад ТЦ „Бисер“, кај „Веро“ и во Ново Лисиче. Моментално во завршна фаза е изработката на проектите врз чија основа се очекува во Општината да се отворат неколку стотина нови паркинг-места. Според градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, монтажните паркиралишта се планирани на најфрекфентните локации, каде што паркирањето е најголем проблем за граѓаните. Паркиралиштата ќе бидат на две нивоа, а изградбата ќе ја финансира Општината.

Првата локација каде што ќе се отворат близу 500 нови паркинг-места се наоѓа зад ТЦ „Бисер“, во продолжение на веќе постојниот паркинг-покрај оградата на касарната „Гоце Делчев“. На приземното ниво е планирано да има 370 нови места, додека на првото монтажно ниво уште 120 места за паркирање. Дополнителни паркиралишта ќе се направат и кај „Веро“, а за тоа ќе се искористи дел од зелениот појас широки три метри на потегот кон булевар „Србија“.

Проблемот со паркирањето ќе биде решен со монтажни катни гаражи и во Ново Лисиче, каде што ниедна од зградите нема подземен паркинг, објаснува градоначалникот Коневски. Паркиралиштето ќе се прави во близина на Прокредит банка, каде што ќе се гради на површината на веќе постојниот паркинг, а ќе се искористи и дел од околното зеленило. Со овој паркинг ќе бидат отворени од 150 до 200 нови паркинг-места.

„Со воведувањето на зонското паркирање и со изградбата на монтажните гаражи за две до три години во Аеродром нема да има проблем за наоѓање место за паркинг“, најавува Коневски. (С.Н.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A954512165896F449A6B0634AFAAEF34



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 23-Mar-2010 at 00:44
Пратениците останаа без паркиралиште
 
 
Сегашниот паркинг кај Домот на АРМ е даден под закуп на 20 години за 26.800 евра
 
Оливера Војновска
 
На просторот на паркиралиштето меѓу Собранието и Домот на АРМ ќе се гради подземна гаража. Земјиштето е дадено под закуп на 20 години на приватната фирма „Макоил“ по симболична цена од 680 денари за квадратен метар, односно вкупно за 26.800 евра. Пратеничката од СДСМ Весна Бендевска вчера на седницата за пратенички прашања праша кој функционер од ВМРО-ДПМНЕ дозволил урбаната мафија да влезе во дворот на Собранието и да го запоседне паркиралиштето на кое возилата ги оставаат пратениците. Таа од собраниската говорница го повика јавниот обвинител Љупчо Шврговски да провери на каков начин е направена зделката и каква е одговорноста на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и на спикерот Трајко Велјаноски.

Шврговски, кој присуствуваше на седницата, писмено ќе и' одговори на Бендевска, бидејќи, како што рече, случајот бара подолго истражување. Од Кабинетот на Велјановски одговорија дека земјиштето е на општина Центар, а не на парламентот, така што немаат никаква врска со неговото доделување. Оттаму велат дека по аукцијата на земјиштето Собранието побарало од Министерството за транспорт и врски и од Општина Центар промена на деталниот план, со цел над подземната гаража да има паркиралиште за пратениците, но и да се внимава на влезот во гаражите од сообраќајно -безбедносен аспект. Се' уште чекаат одговор.

Министерот Јанакиески вчера беше во Собранието, но од него немаше никаква реакција на обвинувањата на Бендевска. Попладнето се огласи портпаролот на Министерството за транспорт, Драган Симоновски, кој соопшти дека станува збор за државно земјиште на кое ќе се гради подземна гаража на две нивоа, за што имало лицитација. Почетната цена била 380 денари за квадратен метар, а земјиштето и' било доделено на фирмата „Макоил“, која понудила 680 денари за квадратен метар. Според Симоновски, оваа приватна фирма има обврска секоја година да плаќа по 1,655 милиони денари, односно околу 27.500 евра.

Пратеничката Бендевска вчера прво од говорницата во парламентот, а потоа и во изјава за медиумите тврдеше дека на 19 ноември минатата година Министерството за транспорт на аукција и' го доделило просторот за паркирање на Собранието на приватна фирма.

„ ’Макоил’ го доби паркиралиштето само за 680 денари по квадратен метар и за стопанисување со него во следните 20 години, треба да издвои вкупно 26.800 евра. За тоа некој мора да сноси одговорност“, констатира Бендевска. Притоа го посочи министерот Јанакиески, бидејќи, како што рече, се' уште не доставил сообраќајно решение потпишано од надлежна институција со соодветна законска ревизија.

„Одговори очекуваме и од министерката Јанкуловска, за тоа дали подготвила безбедносно мислење влезот на подземниот паркинг да биде директно до влезот на Собранието - пријавница за странки, вработени и пратеници. Најголем одговор треба да даде Велјаноски. Тој треба да каже дали дал согласност за измена на сопственост на парцелите што го дефинираат просторот околу собраниската зграда и дали соодветно реагирал“, рече таа.

На појаснувањето од Кабинетот на спикерот дека земјиштето е сопственост на општина Центар, Бендевска праша „зошто тогаш Собранието не се јавило на аукцијата и за сума од 20.000 евра да го реши проблемот за паркирање“. Од Кабинетот на Велјаноски и' одговорија дека парламентот „ниту може да се јави на аукција ниту има право да стопанисува со паркиралишта“.

Инаку, Бендевска вчера побара од Шврговски да ги испита тврдењата дека генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски земал плата и од Собранието и од Владата во периодот кога бил дел од Кабинетот на премиерот Никола Груевски.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=35BAA21B62D4024A9215C3B18419CA27 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=35BAA21B62D4024A9215C3B18419CA27


Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Mar-2010 at 06:11
Оттаму велат дека по аукцијата на земјиштето Собранието побарало од Министерството за транспорт и врски и од Општина Центар промена на деталниот план, со цел над подземната гаража да има паркиралиште за пратениците, но и да се внимава на влезот во гаражите од сообраќајно -безбедносен аспект.


Абе за чист бришан простор сте слушнале? Ете паркче нека биде, поплочен нека биде. Ама требало нивните коли над земја да бидат паркирани, ако некој им постави бомба во собрание на можат одма да си заминат.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Mar-2010 at 00:06
За две катни гаражи - 21 решение
 

Градот Скопје има можност од 21 идејно решение да избере две по кои ќе се градат катните гаражи со кои ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“. На јавниот повик за избор на идејни решенија стасале дури дваесетина предлози. Вкупно десет идејни решенија имало за катната гаража предвидена да се гради спроти полициската станица „Беко“, додека за онаа на „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ биле поднесени 11 предлози. Надлежна комисија од Градот наскоро ќе треба да одлучи кое од решенијата ќе се искористи за изградба на објектите.

Согласно со урбанистичкиот план, катната гаража кај „Беко“ ќе има седум ката и две подземни нивоа. Приземјето и првиот кат ќе бидат наменети за деловен простор, а останатите за паркирање. Катната гаража, пак, кај Јужен булевар, исто така, е предвидена да биде седумкатен објект. Таа целосно ќе се искористи за паркинг-простор. И во двата повика за избор на идејни решенија беше наложено авторите да достават предлози за изградба на застаклени објекти. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2F20FC2CE38A474CA5E5F605FFF68F90 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2F20FC2CE38A474CA5E5F605FFF68F90


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Mar-2010 at 23:30
МВР не дало дозвола за гаражата кај Собранието
 
 

Додека МВР чека да го види проектот, фирмата „Макоил“, која ја доби концесијата на 20 години и ќе ја гради гаражата, постави тараби и оформи градилиште, а деновиве очекува и дозвола за градба

Министерството за внатрешни работи, кое се грижи за безбедноста на Собранието, дало само начелна согласност за изградба на подземната гаража, и тоа без одговорните да го видат проектот, но и сообраќајното решение, соопштија од МВР. Оттаму немаа други информации за овој случај, за кој пратеничката Весна Бендевска предупреди посочувајќи го како пример на фушерај и урбанистички криминал. Затоа и не можеа да ни одговорат на прашањето дали во иднина оваа гаража ќе биде опасност за безбедноста на овој јавен објект со висок ризик.

- За изградба на објектот дадовме само начелна согласност. Конечното мислење ќе го дадеме откако ќе ги видиме проектот и сообраќајното решение за да видиме дали ќе ни претставува проблем при обезбедување на Собранието - изјави портпаролот Иво Котевски.

И додека МВР чека да го види проектот, фирмата „Макоил“, која ја доби концесијата на 20 години и ќе ја гради гаражата, веќе постави тараби, оформи градилиште, а деновиве чека и дозвола. Тој не кажа дали ако му одговорат негативно на Министерството за транспорт и врски, изградбата ќе се запре.

Дека безбедноста била нарушена уште од првиот ден, говори и информацијата оти механизацијата и тарабите на фирмата „Макоил“ го спречиле нормалното движење на службените возила кај официјалниот влез. Од собраниските служби изјавија дека биле принудени да испраќаат писмен допис до МВР за оттаму да реагираат до „Макоил“ да го ослободи влезот.

Портпаролот на Собранието на Македонија, Тодор Пендаров, изјави дека сега се' е во ред. Појасни дека парламентот како институција не е надлежен за изградбата на гаражата, која ќе се гради на неколку педи од зградата. Затоа и никој за ништо не ги консултирал за безбедноста.

 
- Ние немаме ништо со изградбата, ниту со безбедносните аспекти. Јавните институции ги обезбедува МВР - рече Пендаров.

Подземната гаража ќе се гради на местото на тревникот до Домот на АРМ, спроти киното „Култура“. Ќе биде на две нивоа, со капацитет за 150 паркинг-места и со површина од 2.500 квадратни метри.

Пратеничката Весна Бендевска од СДСМ обвини за криминал со договорот за концесија со паркиралиштето на Собрание. Таа ги повика највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ да кажат како дозволиле незаконски урбаната мафија да го запоседне просторот околу Собранието, а на тој начин да бидат нарушени безбедносните стандарди.

- Кога се случи промената на сопственоста на објектот и на дворното место? За тоа мора некој да сноси одговорност. Неа мора да ја сноси министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, затоа што се' уште не доставил сообраќајно решение, но и министерската за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, затоа што не дала мислење дали се задоволени безбедносните стандарди за влезот на подземниот паркинг - укажа Бендевска.

Министерството за транспорт и врски ги нарече невистини и лаги обвинувањата на Бендевска. Според портпаролот Драган Симоновски, локацијата зад Собранието е дадена под закуп на легален начин, преку електронскиот систем за аукција.

- Почетната цена на закупнината беше 380 денари за квадратен метар. Најповолен понудувач била фирмата „Макоил“, која понуди речиси двојно повеќе од почетната - 680 денари за квадратен метар или околу 25.000 евра за закупнина на годишно ниво. По 20 години, земјиштето и објектот се враќаат во сопственост на Македонија - изјави портпаролот.

Тој информира дека за период од 20 години, државата ќе инкасира приближно 540.000 евра. Воедно демантира дека Собранието некогаш било сопственик на земјиштето. Напротив, станува збор за посебна градежна парцела, која отсекогаш била сопственост на Македонија, за која има и имотен лист.

Сопственикот и управител на фирмата „Макоил“, Мите Јовановски, изјави дека ќе инвестира три милиони евра во подземната гаража, но се сомнева дали за 20 години ќе ги извади тие пари.

- Како може да ме вбројуваат во урбаната мафија кога земјиштето го добив законски - изјави Јовановски.

Тој информира дека е во тек постапката за добивање градежна дозвола од Општина Центар, по што ќе почнат градежните работи.
 
Анела Петрова
Јорданка Ивановска
 
Ќе почне и изградбата на трите куполи
 
Собранието набрзо ќе стане едно големо правливо градилиште од задната и од предната страна. Освен што ќе се гради катна гаража, ќе почне и предвидената изградба на трите куполи на покривот на зградата на Собранието. Пратениците ќе мора да се паркираат каде што ќе се снајдат, бидејќи надземниот паркинг, како што објаснија од Министерството за транспорт и врски, ќе биде вратен во првобитна состојба, дури по завршувањето на градежните работи.

Фирмата што ќе ја гради гаражата има рок од две години за нејзино завршување, сметано од денот кога ќе ја извади градежната дозвола.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EE4962AD56138948B325FB81D8B8417E - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EE4962AD56138948B325FB81D8B8417E


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 27-Mar-2010 at 00:49

Ќе се бара друг проект за монтажен паркинг во Капиштец

Прескапите понуди за изработка на идејно решение за монтажна катна гаража во Капиштец само ќе ја одолжат, но нема и да ја прекинат реализацијата на проектот за паркингот. Градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ вели дека нема да се откаже од идејата со монтажна катна гаража да го реши недостигот од паркинг-места во тој дел од градот. Најави дека Општината наскоро повторно ќе распише повик за избор на идејно решение, откако првиот тендер беше неуспешен. Надлежните одлучиле дека сумата од 48 милиони денари, која била најниска од трите доставени понуди, е превисока.

„И таа сума за нас беше неприфатлива. Всушност, сите понуди беа над нашите очекувања. Во секој случај, не се откажуваме од идејата за проектот и наскоро ќе распишеме нов тендер“, вели Тодоровиќ, кој информира дека Општината ќе одвои најмногу до 40 милиони денари за изработка на идејното решение за монтажниот паркинг.

Инаку, предвидено е монтажната катна гаража да се наоѓа на местото на постојниот паркинг што се протега од почетокот од улицата „Народен фронт“ до кафулето „Интермецо“ во населбата Капиштец. Тоа ќе биде монтажна конструкција на две нивоа со капацитет за паркирање на 500 возила. Предвидено е објектот да се изгради и стане функционален наредната година, а со него ќе стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=537D7818B53DA54EB6E2DB64073C7C74 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=537D7818B53DA54EB6E2DB64073C7C74


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Mar-2010 at 01:11
Просторот се чисти за почеток на градба на нова катна гаража - вели Димоски.

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=656&PID=61911#61911

?! Ова е вероватно нова најава за уште една катна гаража во прилеп. Не ми изгледа реченицава како да се работи за рециклажа на стари вести.


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 30-Mar-2010 at 02:09
Islcrew Според текстот, пазарот за дребулии во Прилеп кој што се наоѓа до реката, ќе се преместува во склоп на зелениот пазар, каде се извршуваат активностите. А на празното место на пазарот за дребулии треба да се гради нова катна гаража.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 30-Mar-2010 at 08:03

Uste pred nova godina mestoto go kupi strumicka firma.
Spored oglasot trebase da se gradi trgovski centar v cij sklop ke ima katna garaza.
E sega zosto ja spomnuvaat samo garazata,mozi ke bidi prviot primer kaj sto nekoj dobil markicka za trgovski i ja prenamenil vo garaza

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: axel
Date Posted: 30-Mar-2010 at 11:19

Понудите на првиот тендер за изведба на гаражата биле превисоки, а, според Тодоровиќ, за паркингот општината може да издвои од 35 до 38 милиони денари

 
 
%20  
Монтажниот паркинг на улицата Народен фронт во населбата Капиштец, чија изградба градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, ја најави во својата предизборна програма сé уште не е направен. Причина за тоа, како што објасни градоначалникот, е што сите понуди на првиот тендер за изведба на монтажната гаража биле превисоки. Според Тодоровиќ, за поставување на паркингот општината може да издвои од 35 до 38 милиони денари, а трите фирми што се пријавија на неодамнешниот тендер понудиле над 48 милиони.

- Наскоро повторно ќе се распише тендер за монтажното паркиралиште. Искрено се надевам дека овој пат фирмите што ќе се пријават ќе дадат пониски понуди. Во секој случај се надевам дека на Народен фронт наскоро ќе се постави ваков паркинг - објасни Тодоровиќ.

На тендерот за поставување на монтажното паркиралиште учествуваа три фирми - „Прототип“, „Факом“ и „Кратер“. Понудата на „Кратер“ од 48 милиони денари беше најниска.

Жителите на Капиштец му порачуваат на градоначалникот Тодоровиќ во никој случај да не ги заборави предизборните ветувања, со што ќе се реши хроничниот проблем со паркирањето во овој дел од градот.

- Паркирањето е проблем на оваа населба цели три децении. Зградите на улицата Народен фронт немаат ни гаражи, па автомобилите ги паркираат на коловозот или по тротоарите. Понекогаш се чувствуваме како да сме заробени од автомобилите. Нема место ниту за велосипедисти, ниту две возила нормално да се разминат, а камоли за нас пешаците. Особено околу „Беверли хилс“ е пренатрупано, поради банките и неколкуте фирми - се жалат жителите на Капиштец.

Иако во општинските планови не се знае колку точно слободни места ќе се создадат со паркиралиштето што треба да се постави на улицата Народен фронт, за паркингот би требало да се наплатува по 200 денари месечно. Според досегашните најави на Тодоровиќ, со паркингот најверојатно ќе стопанисува претпријатието „Паркинзи на општината Центар “.
                                                                                                                                                            http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=330101049414&id=14&prilog=0&setIzdanie=21947      


Posted By: axel
Date Posted: 08-Apr-2010 at 23:20

Четири идеи за барокна катна гаража кај МЕПСО

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор има на увид четири идејни решенија од кои ќе го избере моделот на катната гаража во барокен стил што треба да се гради на постојното зеленило помеѓу МЕПСО и „Македонска пошта“ од страната на Вардар. Конечниот избор се очекува надлежните да го извршат најдоцна за две недели. Во меѓувреме, актуелни се и тендерите за проектирање на објектите на трите застаклени катни гаражи предвидени да се градат кај малиот паркинг кај „Телеком“, кај Музејот на холокаустот и пред Работнички дом.

„Комисија составена од претставник на ЈПССДП, Општина Центар и Министерството за култура ќе одлучува за поднесените идејни решенија за катната гаража што треба да се гради во рустичен стил. Вкупно се доставени четири идејни решенија, иако имаше подигнати шест тендерски документации. Очекувам најдоцна за две недели да завршиме со таа постапка и веднаш потоа да го нарачаме основниот проект. Со оглед на сите неопходни процедури, се надевам изградбата на сите четири објекти да стартува наредната година и да заврши за 18 месеци“, вели Владимир Бахчовановски, директор на станбеното претпријатие.

Според него, засега единствено е сигурно дека сите катни гаражи ќе имаат по еден кат наменет за деловен простор, а допрва ќе се утврдува дали паркирањето во нив ќе се врши со лифтови или тие ќе бидат класични, односно со рампи. (Дс.Т.)                                                                                                                                                        http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=05E2316544E99A4E8582203AFB83E3E7 



Posted By: SkyBoy
Date Posted: 09-Apr-2010 at 00:48
Previous
 
Јас очекувам и 3-4 пропаднати тендери пред да започне изградбата. Од искуство. Big%20smile


Posted By: axel
Date Posted: 09-Apr-2010 at 01:32
toa e standardno kaj nas LOL


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 10-Apr-2010 at 14:40

Инвеститорот се кае што го закупил собранискиот паркинг

Нека ми ги вратат парите и нека си прават гаража каква што им одговара - Миле Јовановски, сопственикот на „Макоил“, фирмата инвеститор

 

По големиот број обвинувања за тоа како „Макоил“ го добила земјиштето за изградба на подземната гаража до Собранието и колку тој објект ќе ја загрози безбедноста на законодавниот дом, Миле Јовановски, сопственикот на фирмата-инвеститор, вели дека е подготвен да крене раце од целиот проект ако Владата му ги врати парите што досега ги вложил.

- Многу пати се покајав што се нафатив да ја правам таа гаража. Досега сé сум правел легално, така го добив и плацот. Не сум заслужил ваков однос, моето име постојано да се споменува во негативен контекст. Затоа би се согласил уште веднаш да го вратам земјиштето ако ми ги вратат парите, па државата нека си прави гаража каква што и одговара - вели Јовановски.

Тој сé уште не обезбедил градежна дозвола за објектот, бидејќи се подготвувал идејниот проект, а тој процес бил сложен поради природата на градбата, која треба да биде на три нивоа под земја. Било извршено дупчење во земјиштето за да се направат елаборати според кои ќе се подготвува проектот.

Горан Михајловски, заменик-министерот за транспорт и врски, завчера изјави дека бил направен превид од безбедносен аспект, бидејќи кон гаражата ќе се пристапува од улицата 11 Октомври, по уличката меѓу парламентарната зграда и Домот на АРМ, која се користи и за да се дојде до главниот влез на законодавниот дом. Затоа тој најави дека ќе се преиспита овој аспект за да се најде соодветно решение. Вчера од Министерството не објаснија што точно ќе се преиспитува, но единствениот алтернативен пристап е тој зад Собранието, повторно во неговата непосредна близина. Инвеститорот Јовановски вели дека влезот ќе го направи од каде што ќе му кажат.

- Не го смислив јас ни сегашниот пристап, туку така стоеше во урбанистичкиот план - вели Јовановски.

Собранискиот портпарол Тодор Пендаров вели дека тие не се засегнати со овој случај, бидејќи како институција немаат никакви врски ниту со издавањето на земјиштето, ниту со сопственото обезбедување.

- Тој објект нас ни значи исто колку и жичницата на Водно. Сеедно ни е дали ќе се гради или нема. Министерството за внатрешни работи е задолжено за нашата безбедност. Тие треба да кажат дали гаражата ќе го загрози Собранието - вели Пендаров.

Но ниту МВР засега нема процена дали со изградбата на подземниот паркинг ќе настане безбедносен проблем. Оттаму велат дека прво треба да го видат проектот, за нивните стручни лица да дадат оцена.

- Првична согласност сме дале, но конечната може да се добие откако ќе видиме план како точно ќе изгледа целиот објект и што сé ќе содржи. Тогаш тој може или да се одобри, или да се отфрли, или да му се дадат некои забелешки за да се подобри безбедноста - вели портпаролот Иво Котевски.

Според Министерството, не постојат стандарди за тоа колку собраниската зграда треба да биде изолирана, односно оддалечена од други објекти, бидејќи таа и сега е опколена со станбени и деловни згради, како и со многу паркинзи, а граѓаните постојано поминуваат покрај парламентот. Како ќе се чува законодавниот дом зависело од степенот на обезбедување што бил потребен во одреден момент, бидејќи кога доаѓале високи странски државници се случувало да се расчистат сите околни паркинзи и да се надгледуваат блиските згради.

„Макоил“ го доби земјиштето од околу две и пол илјади квадрати со јавно наддавање. Почетната цена за годишната закупнина била 380 денари за квадратен метар, а оваа фирма понудила 680 денари. По 20 години, кога ќе истече договорот, плацот, заедно со изградената гаража, ќе и се врати на државата.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=410101029284&id=9&setIzdanie=21955 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=410101029284&id=9&setIzdanie=21955


Posted By: nenad
Date Posted: 11-Apr-2010 at 12:48
Originally posted by axel

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор има на увид четири идејни решенија од кои ќе го избере моделот на катната гаража во барокен стил што треба да се гради на постојното зеленило помеѓу МЕПСО и „Македонска пошта“ од страната на Вардар. Конечниот избор се очекува надлежните да го извршат најдоцна за две недели. Во меѓувреме, актуелни се и тендерите за проектирање на објектите на трите застаклени катни гаражи предвидени да се градат кај малиот паркинг кај „Телеком“, кај Музејот на холокаустот и пред Работнички дом.

„Комисија составена од претставник на ЈПССДП, Општина Центар и Министерството за култура ќе одлучува за поднесените идејни решенија за катната гаража што треба да се гради во рустичен стил. Вкупно се доставени четири идејни решенија, иако имаше подигнати шест тендерски документации. Очекувам најдоцна за две недели да завршиме со таа постапка и веднаш потоа да го нарачаме основниот проект. Со оглед на сите неопходни процедури, се надевам изградбата на сите четири објекти да стартува наредната година и да заврши за 18 месеци“, вели Владимир Бахчовановски, директор на станбеното претпријатие.

Според него, засега единствено е сигурно дека сите катни гаражи ќе имаат по еден кат наменет за деловен простор, а допрва ќе се утврдува дали паркирањето во нив ќе се врши со лифтови или тие ќе бидат класични, односно со рампи. (Дс.Т.)                                                                                                                                                        http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=05E2316544E99A4E8582203AFB83E3E7 

Jas veke se izgubiv vo site tie objekti sto treba da se gradat na plostadot. Dali nekoj moze da mi prikaze na mapa sto se ke ima tamu od spomenici, zgradi, garazi.... Dali ima mesto za nekoe drvce mozebi?



Posted By: SkyBoy
Date Posted: 05-May-2010 at 00:18

Одбрано решението за барокната катна гаража

За катната гаража на Јужен булевар Градот треба да одлучи меѓу 10 понудени идејни решенија

Јавното станбено претпријатие ќе ја гради барокната гаража зад МЕПСО по идејно решение на „ГМС проект“, додека Градот Скопје се' уште го одбира изгледот на едната од двете катни гаражи кои е предвидено да имаат стаклени фасади. Од ЈПССДП веќе утврдиле и дека пристапот за паркирање во другите три катни гаражи ќе се врши преку лифтови.

Ова е моменталниот исход од речиси двемесечните активности на Јавното станбено претпријатие и Градот, откако државата одлучи да им отстапи локации за изградба на објекти за паркирање, при што ЈПССДП доби можност за изградба на четири катни гаражи, а Градот, односно ЈП „Градски паркинг“ две.

Владимир Бахчовановски, директор на Јавното станбено претпријатие, вели дека се подготвува документација за нарачка на основниот проект за барокната катна гаража, а истовремено течат постапките и за проектирање на останатите три објекти.

„Реално, имајќи ги предвид неопходните процедури, очекуваме со изградба на гаражите да започнеме во почетокот на идната година. Со оглед на досега направените процени, утврдивме дека имаме доволен буџет сите четири проекти да ги тераме истовремено“, вели Бахчовановски.

Јавното станбено претпријатие освен зад МЕПСО, ќе гради катна гаража и на постојниот мал паркинг кај „Телеком“, потоа кај Музејот на холокаустот и пред Работнички дом.

Од Градот, пак, информираат дека надлежната комисија го избрала идејното решение за катната гаража кај „Беко“, а се' уште одлучува кое од пристигнатите десет идејни решенија ќе се искористи за основа на планираната стаклена фасада на наменскиот објект што треба да се гради на „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. И двете катни гаражи ќе имаат стаклени фасади, по еден кат резервиран за деловен простор, а инвеститор ќе биде ЈП „Градски паркинг“. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1A28DA8112E7B044B216678059B4FCA0 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1A28DA8112E7B044B216678059B4FCA0


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 07-May-2010 at 23:20
lsl негде спомена дека приметил расчистување, епа еве што било..
 
 

Се прави место за катна гаража на „Јужен булевар“

Од понеделник ќе продолжи уривањето на привремените објекти на „Македонски железници“ во близина на дисконтот на „Тинекс“ на „Јужен булевар“. Екипи на „Тера трејд“, ангажирани од Општина Центар, од завчера го чистат теренот за да се реализира ДУП „Стара железничка станица“, кој на тоа место предвидува изградба на катна гаража. Освен на оваа локација, за в понеделник е планирано и уривање на урбана опрема на неколку угостителски објекти во централното градско подрачје.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=83B44C56E12B834AB4638F64FF03C621 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=83B44C56E12B834AB4638F64FF03C621


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-May-2010 at 00:07

БЛИЦ ВЕСТ: Расчистување на теренот за катна гаража на Јужен Булевар

Во тек е уривањето на привремените објекти на Македонски Железници помеѓу Јужен Булевар и ул. Мито Хаџивасилев Јасмин, на просторот спроти дирекцијата на „Макпетрол“. Според ДУП „Стара железничка станица“ таму е предвидена катна гаража на површина од 2.485 метри квадратни со бруто развиена површина од 13.046 метри квадратни и максимална висина од 21 метар.


1


2


http://www.build.com.mk/?p=3305 - http://www.build.com.mk/?p=3305


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-May-2010 at 00:40
01.


02.


03.


04.


Posted By: axel
Date Posted: 08-May-2010 at 11:10

ГРАДОТ ЌЕ ГО РЕШАВА ХАОСОТ СО ПАРКИРАЊЕТО

"Тинекс" урнат за катна гаража

Со неколку багери, некогашниот објект на "Македонски железници" беше срамнет со земја. Деталниот урбанистички план "Стара железничка станица" предвидува затворена гаража на три ката со површина од 2.485 квадратни метри

Дисконтот "Тинекс" кај Цветен пазар е срушен. На негово место е предвидено да се гради катна гаража. Маркетот уште пред извесно време беше преселен, а во објектот останаа да живеат неколку ромски семејства. Со неколку багери, некогашниот објект на "Македонски железници" беше срамнет со земја. Деталниот урбанистички план "Стара железничка станица" предвидува затворена гаража на три ката со површина од 2.485 квадратни метри. Оваа, за разлика од гаражата предвидена кај зградата на Лотарија на Македонија, во која е планирано првите два ката да бидат деловен простор, ќе биде исклучително наменета за паркирање.Ова е една од неколку најавени катни гаражи кои Град Скопје, односно ЈП "Градски паркинг" ќе ги гради за решавање на хаосот со паркирањето во главниот град.
Од кабинетот на градоначалникот Трајановски велат дека во тек е јавен повик за подготвување проект, но не кажуваат колку пари ќе чини. Засега нема ниту одговор од Министерството за транспорт и врски дали веќе му го доделило земјиштето на Град Скопје, и дали е купено или добиено без пари.
Според неофицијални информации, веќе извесно време Град Скопје водел преговори со Министерството за транспорт и врски без пари да му се доделат земјишта за изградба на катни гаражи. Нив треба да ги гради ЈП "Градски паркинг", а не приватен инвеститор. Со тоа ќе се овозможело Скопје конечно да добие вистинска катна гаража, а не како досега наместо место за паркирање, да никнуваат деловни објекти.
(Љ.С.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=12AB3F0F7214DD449606AF14DA19C4C4


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-May-2010 at 19:13
До каде е уривањето на јужен булевар...





Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-May-2010 at 09:36
СРАМТА НА СКОПЈЕ

Се руши без заштитна ограда, тотално загадена сета околина и прекрасна глетка на кампери

















-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jun-2010 at 01:20

Уште една катна гаража во Капиштец

Уште една катна гаража во комбинација со комерцијален и деловен простор ќе никне веднаш до трговскиот центар „Беверли хилс“, на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец. Објектот ќе се наоѓа на единствениот слободен неуреден простор во тој дел на Капиштец, веднаш до станбените објекти и постојните два трговски центра - „Беверли хилс“ и „Капиштец“.

Министерството за транспорт и врски распиша објава за продажба на градежната парцела со површина од 1.735 квадратни метри, која е во сопственост на Македонија. Таа ќе се продава со јавно наддавање, со почетна цена од 6.600 денари за квадратен метар. Лицитацијата е закажана на 23 јули, а сите заинтересирани правни и физички лица може да аплицираат до 16 јуни.

Станува збор за градежна парцела на која според урбанистичкиот план за Капиштец е предвидена изградба на катна гаража со трговски и деловен центар, висока 10,5 метри.

За жителите на Капиштец, поконкретно за делот околу „Беверли хилс“, од Општина Центар најавија и изградба на монтажна гаража на два ката. Од Општината информираат дека на конкурсот за избор на изведувач пристигнале три понуди, кои деновиве ќе бидат отворени.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Jun-2010 at 13:39
НА ПРОСТОРОТ КАЈ ЦВЕТНИОТ ПАЗАР
Теренот чист, гаражата ќе почека

Roza Petkova

На период од 99 години Град Скопје го доби на користење земјиштето за изградба на катна гаража кај Цветниот пазар, кое во изминатиов период интензивно се расчистуваше. Ова го потврдија во Министерството за транспорт и за врски и во Градот, кој ќе ја земе парцелата под закуп, без надоместок, во согласност со Законот за градежно земјиште. Но, и покрај тоа што, речиси сите објекти на тој терен, меѓу кои и поранешниот дисконт на „Тинекс“ и други складишта, веќе се срушени, градежните работи по се изгледа нема да почнат во брзо време. Извесно е дека просторот до цветниот пазар најмалку до крајот на годината ќе остане празна рушевина, среде центарот на Скопје. Градот кој распиша конкурс за изгледот на катната гаража во јануари, пред прагот на летото, се уште не ги има објавено резултатите, иако, според конкурсните услови и наградените трудови, требаше да бидат избрани до април, а потоа и да се покажат пред јавноста на изложба. Слична е ситуацијата и со конкурсот за гаражата кај „Лотарија на Македонија“. Надлежните само објавија дека три решенија се избрани, а кои се авторите и како изгледаат нивните трудови остана тајна. - Комисијата именувана од страна на Град Скопје донесе одлука за избор на најдобри решенија за катни гаражи и деновиве истата ќе биде објавена во печатените медиуми. За катната гаража се доделени три награди. По објавувањето на шифрите, авторите ќе се идентификуваат и ќе продолжат сите постапки, предвидени со конкурсната објава. Земјиштето кај Цветниот пазар му е доделено на Градот и по изработката на комплетната документација, регулирањето на финансиските обврски и спроведувањето на постапките за јавни набавки, во согласност со Законот, ќе почне изградбата на катната гаража - велат од одделението за односи со јавност. Според маркиците во деталните урбанистички планови, градската гаража на улица Даме Груев, поточно на паркиралиштето пред „Лотарија на Македонија“, ќе се протега на површина од 3.300 квадратни метри, ќе има приземје, седум ката и две подземни нивоа. Приземјето и првиот кат се резервирани за деловна намена, а ќе се паркира во останатите катови. Тие треба да соберат минимум 830 возила. Висок до 21 метар и на помала површина од 2.400 квадратни метри ќе биде објектот за втората гаража, на улицата Мито Хаџи Василев-Јасмин. Двете катни гаражи ќе имаат стаклени фасади. Нивната изградба треба да чини по седум до осум милиони евра, пари што првично беше најавено дека Градот ќе ги обезбеди преку кредити, во соработка со „Градски паркинг“, кој ќе ги стопанисува објектите. Паркирањето во нив ќе се наплаќа, а по колку, засега никој не сака да соопшти. Од јавното претпријатие „Градски паркинг“ уверуваат дека со зголемување на слободните места за паркирање ќе се спушти и цената, која засега во строгиот центар на градот е најригорозна.


Katna gara`a i zad novoto „Vero“


Centarot na Skopje }e dobie u{te edna katna gara`a, i toa zad noviot trgovski centar „Vero“. Objektot }e se nao|a na ulicata Svetozar Markovi}, vo naselbata Novo Maalo, na povr{ina od 2.270 kvadratni metri i }e bide visok do 16 metri.
- Namenata na prostorot e komercijalni objekti - katna gara`a i vo soglasnost so DUP }e sobira 365 vozila. Taa e vcrtana na ovaa lokacija, so namena katna gara`a za opfatot, odnosno da bide vo funkcija i da gi opslu`uva gra|anite od toj del na op{tinata – veli portparolot Jovica Ackovski.
Ministerstvoto za transport i za vrski raspi{a oglas za proda`ba na zemji{teto, a po~etnata cena e 3.800 denari za kvadraten metar. Najpovolniot ponuduva~ }e se izbere na javno naddavawe, koe }e se odr`i na 12 juli.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2043&ArticleID=142568



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jun-2010 at 23:32

За земјиште за катна гаража
Градот ќе плати 250.000 евра

На сопствениците на плацот ќе им се дадат уште и
300 квадрати дуќани

Сања Наумовска

Градот Скопје ќе им плати 250.000 евра и ќе им даде над 300 квадрати деловен простор на тројца сопственици на куќата, која мора да биде урната заради изградбата на катната гаража на паркингот кај Лотарија. Советот на Скопје на денешната седница ќе треба да го одобри обештетувањето, со кое, пак, не се задоволни сопствениците на објектот. Тие сметаат дека за зградата со приземје, два ката и подрум, во која покрај станбен, има и деловен простор, не се обештетени според комерцијалните цени, туку според градежната цена на објектот.

Преговорите за откуп на зградата траат веќе неколку години, а неодамна ги финишираше Градот Скопје откако му беше доделена локацијата за изградба на катна гаража.

На местото на овој објект Градот Скопје ќе гради катна гаража на приземје, седум ката и две подземни нивоа. На приземјето и на првиот кат ќе има деловен простор. Останатите нивоа, според идејното решение, се паркинг-простор со капацитет од минимум 833 лесни возила.

Сопственичка на станбениот простор, на дел од дуќаните и дворната површина на зградата ќе добие обештетување од 250.000 евра, три деловни простории од по 60 квадратни метри во новата катна гаража, како и 8 места за паркирање.

На вториот сопственик на дел од дуќаните ќе му се доделат два дуќана од по 51 квадрат и четири гаражни места. На третиот сопственик, пак, според одлуката на Советот, ќе му припадне еден дуќан од 50 квадратни метри. Градската власт се обврзува да ја плати и вредноста на изгубената кирија за дуќаните додека трае изградбата на катната гаража.

Во објектот кој ќе се урива, сопственост на дел од деловниот простор има и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, кое, исто така, ќе добие соодветна замена со иста квадратура во објектот што ќе биде изграден.

„Одлуката се носи поради исклучителниот јавен интерес на граѓаните утврден со генералниот и Детален урбанистички план за изградба на објекти од јавен интерес, поточно катна гаража. Сопствениците ќе бидат обештетени во постапка за експропријација, со спогодба што ќе се потпише во Министерството за финансии“, информираат од Градот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0A2DB0BEA3342A42836929CD3B206A3B



Print Page | Close Window