Print Page | Close Window

Станбени комплекси-Grand Prestige,Домино,Trim&Lum

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1101
Printed Date: 02-Dec-2020 at 16:12


Topic: Станбени комплекси-Grand Prestige,Домино,Trim&Lum
Posted By: Vladimir P
Subject: Станбени комплекси-Grand Prestige,Домино,Trim&Lum
Date Posted: 25-Feb-2010 at 22:21
Се сруши погонот Гранит 41°59'53.23"N 21°23'53.12"E


2010-02-25


2010-02-25

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Feb-2010 at 22:49
За тука сеуште немаме најава некоја официјална излезена. Далеку е од г-малл и не е во негов склоп, а тука според дуп-от колку што се сеќавам имаше најава за некој станбени кули?


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 26-Feb-2010 at 09:14
Ова е делот на Гранит механизација (до G-mall)и околниот крш, што веројатно по овој урбанизам ќе се среди во наредниот период - %20 - http://199.236.67.122/karpos/42-DUP-GRANIT-1.pdf или нешто во тој фазон само со некакви измени...некаде се збореше дека до 8 ката ќе бидат истиве објекти - непотврдена информација...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: axel
Date Posted: 31-Mar-2010 at 17:39

ЗАВРШИВМЕ 160, ПОЧНУВАМЕ 200 НОВИ ПРОЕКТИ

Над 160 завршени проекти од 14 април минатата година до денес, и нови 200 проекти во сферата на комуналните дејности, урбанизмот, културата, образованието, спортот, социјалната политика, туризмот, екологијата, објави на денешната конференција за печат Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Во изминатиот период во Општината Карпош се асфалтирани улици во должина од 5,5 километри, изградени се нови паркинзи на површина од 4,4 илјади квадратни метри, близу 11,6 километри поплочени тротоари, изградени се околу 2,3 километри нови жардињери, покриени се канали во должина од над 400 метри за сума од 16 милиони денари...Освен тоа, донесени се девет детални урбанистички планови, реновирани училиштата „Петар Поп Арсов“ и „Лазо Трповски“(фасади, столатија и пиокриви), заменети прозорците и вратите на ОУ „Вера Циривири Трена“, како и покривот и ламарината на ОУ „Војдан Ченодрински“.

Поставени се вкупно 1.633 светилки, а функционирањето на општинската администрација е зајакнато со набавка на нови компјутерска опрема, нови возила. Организиравме една и учествувавме на уште една саемска манифестација, на „ЕМ умеам, ем можам“ и на Саемот на општини на ЗЕЛС „ ЕКСПО 2009“.

Отворени се четири училишта  од вонобразовниот процес, за глума, за цртан и анимиран филм, за фолклор и за унапредување на физичката култура во одделенската настава. Доделени се 44 индивидуални стипендии на талентирани ученици, 12 помошти за спортски клубови, организиравме училишни лиги во спорт, помагавме домашни и меѓународни културни и спортски настани. На социјално загрозени семејства доделивме 234 помошти во вредност од 2,3 милиони денари.Тоа значи, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски дека секој ден имавме по еден проект и започнувавме уште еден нов.

За оваа година планираме 110 нови проекти во комуналната сфера и уште 100-тина во сферата на култуарата, образованието, спортот,рече Јакимовски.

За оваа година тој најави и четири капитални инвестиции како што се оние на „Мен Фешн„ голем трговски центар, потоа на „Газет Глоуб“ односно фирмата ГЕ Македонија, кај поранешна „Алумина“, станбено- деловен комплекс, доаѓање најави и на словенечки „Меркатор“ кој во рок од шест месеци мора да почне да гради, како и Импекс-Л фирмата која ќе вложи 50 милиони евра во станбена изградба кај бараките на Гранит во Тафталиџе 1. Од овие капитални објекти, но и од други помали инвестиции, Општината очекува да инкасира околу 12-13 милиони евра по основ на комуналии. Градоначалникот Јакимовски ја најави и изградбата на новата општинска зграда, која не би требало да чини повеќе од 1,5 милиони евра. NAJINTERESNIOT E POSLEDNIOT DEL.                                                                                                                                                  http://www.karpos.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=494:press&catid=51:glavni 



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2010 at 18:43
Станбените блокови кај Гранит требаше да бидат висококатници (10-тина спрата) или како требаше?!


Posted By: axel
Date Posted: 02-Apr-2010 at 00:00
sepak za 6 stanbeni zgradi mn se 50 mln evra.moze povekje kje odat vo visina.nz kako e spored dup..


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Sep-2010 at 21:00
Znae nekoj od vas sto se slucuva ovde(vednas do g-mall)?Se zborese za nekakvi gradbi............??

septemvri 2009
http://img202.imageshack.us/i/ppp1m.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us

posle mekolku meseci:

http://img839.imageshack.us/i/pppht.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us


-------------


Posted By: Supervisor
Date Posted: 28-Sep-2010 at 22:33
Ќе се градат станбени згради веќе се почнати... И улицата од кај Ѓорѓи Димитров треба да продолжува и да излегува кај Теодосиј Гологанов (ако биде Јужен Булевар нормално не би требало да има поврзување директно кон него).

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: build.mk
Date Posted: 25-Dec-2010 at 20:29
Голем станбен комплекс ќе никне во Тафталиџе

На површина од 24.000 метри квадратни помеѓу улиците Мирополит Теодосиј Гологанов и Прашка во скопската населба Тафталиџе, на поранешниот простор на „Гранит механизација“, инвеститорите „Импексел-2“ и „Еуро актива“ започнаа со изградба на станбениот комплекс „Гранд Престиж“ кој ќе го сочинуваат шест згради со катност П+8+Пк. Од источната страна комплексот се граничи со парцелата за најавениот ../?p=325 - трговски центар „G-Mall“ .

Првиот објект кој се гради е на урбанистичка парцела 3.2, на новопланирана улица „3“, со вкупно 160 станбени единици. Зградата ќе има три влеза, а секој од влезовите директна врска до подземниот паркинг кој е предвиден на две нивоа. Становите ќе бидат гарсоњери, двособни, трособни и три и пол собни, со квадратура помеѓу 45 и 90 метри квадратни. Проектант и изведувач е „Импексел-2“.



1


2


3




http://www.build.com.mk/?p=6257 - http://www.build.com.mk/?p=6257




Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 25-Dec-2010 at 21:01
Врвниот дострел на македонската архитектура на 21 век - полукружна баџа

Зградиве ни се како сандаци, ни конзола, ни балкон, ни бутур...да се искористи се' до даска...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lupo
Date Posted: 25-Dec-2010 at 21:19
Barem prviot sprat da bese komercijalen ili deloven

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: Мартин
Date Posted: 25-Dec-2010 at 21:29
И како и секогаш, имам замерки заради поткровјето.Ohno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Dec-2010 at 21:30
Може и ќе просперира нешто посериозно покрај толкав мол. Што ќе ти уште толку деловен простор веднаш до сериозен комплекс. Па и да го немаше молот пак е премногу тоа деловен простор за населението што гравитира тука и што плус ќе гравитира. Поткровјето тоа е, го навикнавме веќе. За ситна пара од комуналии се прават секакви глупости. А и оџачињава чурат. Да не бидат после без парно, па да биде ете на сликата се гледа убаво дека на дрва се греат.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 25-Dec-2010 at 23:42
Зошто одма у старт мора да се плука, па мислам дека се е подобро од тоа што е сега.Многу добра вест и заслужува пофалба, ако ништо друго, заради разубавувањето на тој дел( кој го поминал пешки знае за што зборам).Башка што многу позитивно е што се поврзува улицата од Румунска до Теодосиј (не знам точно како се вика).Иначе за деловниот простор на приземје Лсл е потполно во право немам што да додадам тука.А поткровјево веќе кога е решено да биде вака, подобро вака отколку да биде ко кров стандарден триаголен. И уште нешто, се надевам дека ќе се остави доообар простор од зградите до булеварот па така во иднина се остава простор, здравје, да се формира една убава широка пешачка патека, бидејќи сеа дали е се на се широка 2 метри од крај до крај. Кај Олимпико веќе е повлечена линијата навнатре, така да мора да се мисли за во иднина.


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: shyes
Date Posted: 26-Dec-2010 at 03:00
не е лош проектов, по мое, ке беше поубаво ако покривот да беше со зеленило но ај, па кој знае мозе да му текне на некого во иднина да се до изгради


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 26-Dec-2010 at 09:12
Originally posted by StreetStruck

....заслужува пофалба, ако ништо друго, заради разубавувањето на тој дел( кој го поминал пешки знае за што зборам).Башка што многу позитивно е што се поврзува улицата од Румунска до Теодосиј....А поткровјево веќе кога е решено да биде вака, подобро вака отколку да биде ко кров стандарден триаголен.


Јас живеам многу блиску и секој ден поминувам од тука и да, добро е што ќе се гради нешто што личи на градско - дека ќе разубави допрва ќе видиме...

Позитивноста за вадење на мали станбени уличиња на толкава улица преиспитај си ја, ова не е таа улица што мислиш - таа удира во дворот на денешна Алумина и е малку подалеку од овде...приклучувањето на Гологанов од вакво уличе ќе биде играње руски рулет или ќе си стаат уште еден семафор како кај Веро, па ќе дреме цел град во кола уште повеќе...сообраќајното решение (вакво како е прикажано) е по ДУП и е нон-сенс, не ми е јасно како поминува кај сообраќајците...

Што се однесува до кровот - а стварно, што ако беше некаква друга корисна површина - игралиште за деца на пример или нешто друго што не се продава по 1500 евра по квадрат...за обликувањето не ми се зборува, ама за содржината !?

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 26-Dec-2010 at 11:03
Да, имаш право за улицата,збунка. Али пак на некој начин ќе бидат поврзани,наместо да се вртат цели кругови,е сеа дали е добро такво решение не знам.

Зошто стално збориме што ако беше,ех да беше, нема такво нешто и готово, што сеа ќе си ја лупаме главата.Да, се согласувам дека би било поубаво, да не кажам "посветски", али тоа е тоа.Ретко има денес од нашиве фирми што може да понуди друг концепт и тоа е реалноста.Едноставно за профит се работи, не за престиж. Стално се збори како да сме Дубаи,Абу Даби и сл.Не дека не треба да се стремиме кон тоа, но пак ќе кажам, реалноста е таа.


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: Max
Date Posted: 26-Dec-2010 at 12:31
се ок, но ова помодарствово да се лепат странски етикети на проектите е малку смешно, кај беше она говорете македонски, зар овие законски не се обврзани да истакнат табла со македонски превод!?!


Posted By: Keeray
Date Posted: 26-Dec-2010 at 13:33
Не се .само македонски изведувачи и продавници итн итн се задолжителни да го прават тоа. како би изгледало Мекдоналдц на кирилица да го пишува .ако беше домашен изведувачот ке беше не кирилица/македонски


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 26-Dec-2010 at 13:58
Ne e los, mi se odpagja


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Dec-2010 at 14:16
Originally posted by Keeray

Не се .само македонски изведувачи и продавници итн итн се задолжителни да го прават тоа. како би изгледало Мекдоналдц на кирилица да го пишува .ако беше домашен изведувачот ке беше не кирилица/македонски


Вака би изгледало, и не би му пречело никому освен на тие искомплексираните што си мислат дека ако е на латиница е подобро.



Само дебили се палат на имиња како Grand Prestige.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 26-Dec-2010 at 14:25
Previous Like

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Max
Date Posted: 26-Dec-2010 at 14:49

Originally posted by Keeray

Не се .само македонски изведувачи и продавници итн итн се задолжителни да го прават тоа. како би изгледало Мекдоналдц на кирилица да го пишува .ако беше домашен изведувачот ке беше не кирилица/македонски

да! за ова имаме дебатирано во повеќе нишки, каде убаво се констатира како го пишуваат мекдоналдс русите и бугарите, нејсе има и закон кој ги обврзува сите на кирилица да ги истакнуваат своите фирми, проекти итн.



Posted By: krale
Date Posted: 26-Dec-2010 at 14:54
Најголемата смешка е што толку се китиме со Кирил и Методиј, а во својата матична земја место кирилицата да биде „светиња“, дозволуваме турли-тава. Не дека се залагам за укинување на латиницата скрос, во глобализациско време е и тоа глупост, ама треба да си ја цениме повеќе кирилицата.


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Dec-2010 at 15:51
Имаме некаде дискутирано за користење кирилица. За да не се иде во офтопик, можете да продолжите со дискусијата овде:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=370 - Именување на улици и објекти forum_posts.asp?TID=370 -


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Dec-2010 at 19:59
Originally posted by StreetStruck

Зошто одма у старт мора да се плука, па мислам дека се е подобро од тоа што е сега.Многу добра вест и заслужува пофалба, ако ништо друго, заради разубавувањето на тој дел( кој го поминал пешки знае за што зборам).Башка што многу позитивно е што се поврзува улицата од Румунска до Теодосиј (не знам точно како се вика).Иначе за деловниот простор на приземје Лсл е потполно во право немам што да додадам тука.А поткровјево веќе кога е решено да биде вака, подобро вака отколку да биде ко кров стандарден триаголен. И уште нешто, се надевам дека ќе се остави доообар простор од зградите до булеварот па така во иднина се остава простор, здравје, да се формира една убава широка пешачка патека, бидејќи сеа дали е се на се широка 2 метри од крај до крај. Кај Олимпико веќе е повлечена линијата навнатре, така да мора да се мисли за во иднина.


Ова е во спротивност со она што го имаш во твојот потпис Незнам зошто сте толку хиперсензитивни на критика, небаре таа е нешто лошо.

Како и да е. Проектов е прилично масивен и ми се допаѓа како се менуваат куќарките во тој дел со нешто вакво. Воопшто ако гледаме малку пошироко во пакет со потенцијалната изградба на Г-Мол, продолжетокот на БС комплексот па и воопшто развојот по должината на бул. 8 Септември, тој дел од градот можеби најструктуирано и најквалитетно се развива.

За подкровјето што да се каже. Начинот на кој е оформено го расипува впечатокот, го обезличува комплексот. Не дека формата е особено инвентивна и уникатна, но гледам обиди да се разигра фасадата (зависи од изборот на материјали дали тоа ќе изгледа добро или лошо).


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Dec-2010 at 20:04
Офтопик. Се надевам дека бранов на урбанизација нема да застане кај ТЦ Олимпико туку кај студентскиот Гоце Делчев. Сметам дека објекти како Олимпико е подобро што побрзо да ги снема.

Конкретно највеќе ми бодат очи ТЦ Олимпико (кој е колку толку разработен) и трговскиот кај кулата Горење (карши трговскиот кој го градат  Балфин/Фешн груп)


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 26-Dec-2010 at 22:25
Previous
Не сум хиперсензитивен на критика ни најмалку, но таа да биде поткована барем малку. Стално приметувам дека се збори колку да се каже нешто. Ако тој простор таму седи таков каков што е сега, никој ни збор нема да рече,зошто на никој не му текнува, но кога ќе се направи нешто конкретно...А за потписот, прочитај го мојот втор пост за темава (кажувам не дека не треба да се стремиме кон Абу Даби и Дубаи). Но пак ќе нагласам, жалосно или не, неаме ние нафта и сл и некој шеик тука на кој што му е дојдено само до престиж и ништо друго не го интересира.Постепено си доаѓаат тие работи да се разбереме.А до тогаш ова е реалноста. Во сон живеење многу многу не треба,колку и да е убаво тоа. А башка што никој тука не гледа од очите на инвеститорот,ама тоа е.


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Dec-2010 at 22:43
Originally posted by StreetStruck

Previous
Не сум хиперсензитивен на критика ни најмалку, но таа да биде поткована барем малку. Стално приметувам дека се збори колку да се каже нешто. Ако тој простор таму седи таков каков што е сега, никој ни збор нема да рече,зошто на никој не му текнува, но кога ќе се направи нешто конкретно...А за потписот, прочитај го мојот втор пост за темава (кажувам не дека не треба да се стремиме кон Абу Даби и Дубаи). Но пак ќе нагласам, жалосно или не, неаме ние нафта и сл и некој шеик тука на кој што му е дојдено само до престиж и ништо друго не го интересира.Постепено си доаѓаат тие работи да се разбереме.А до тогаш ова е реалноста. Во сон живеење многу многу не треба,колку и да е убаво тоа. А башка што никој тука не гледа од очите на инвеститорот,ама тоа е.


Незнам сега за која критика зборуваш. Колку што јас паметам се даде забелешка само за поткровјето и факт е дека такви поткровја има на секоај втора зграда во градов што навистина создава аверзија.

Втора работа. Воопшто не требаат многу пари за добар вкус. Постојат мали објекти кои имаат вкусен спој на елементи, има големи згради кои знаат да бидат конгломерат на разноразни глупости.

Исто така не ми е јасно каде прочита дека некој сака овој дел да остане неурбанизиран. Па мислам дека се подразбира тој момент, затоа сме и собрани на форумов, не верувам дека некој е против урбанизација.

Нема везе да не се ценкаме...

Да се надоврзам на твојот коментар за спојките со околните улици.

Ако Гологанов стане главен булевар (на сметка на Јужен) тогаш навистина овие дополнителни спојки ќе бидат чирови (пример е масакрот кој се случува на крстосницата кај Веро неколку стотици метри од локацијава која ја дискутираме). Доколку пак Гологанов си остане колекторкса улица за јужен булевар како што треба да биде, дополнителниве спојки одлично ќе дојдат.

Ова секако не е нешто што е во рацете на инвеститорот на овој проект туку е во рацете на градот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Dec-2010 at 02:37
Originally posted by lupo

Barem prviot sprat da bese komercijalen ili deloven
А зошто? Која е придобивката од тоа?
Плус тоа во Скопје (и низ Македонија воошто) се претерало и сеуште се претерува со тие станбено деловни-хибриди. Не велам дека се лоши по дифолт, туку дека ги практикуваме и таму каде што треба и таму каде што не треба. Според мене таквата екцесивност е резултат на:
- Лошо зонирање, премногу станови во центарот, премногу „мало стопанство“ во станбени квартови.
- Ниска бизнис култура која резултира со тоа да и релативно реномирани фирми функционираат во разноразни ќумези, мезанини, подруми...
- Урбана мафија која на секакви матни начини успева да трансформира станбен, па и задолжителен паркинг простор предвиден во некоја парцела, во многу поисплатливиот деловен простор.

Во случајов баш одлично што инвеститорите го скокнале деловниот простор. И не дека тоа го направиле од алтруизам, туку како што некој кажа, веројатно добро се пресметале каква е побарувачката во тој реон и особено какво влијание ќе има соседниот G-mall врз идниот развој на настаните.


Originally posted by Max

зар овие законски не се обврзани да истакнат табла со македонски превод!?!
Мислам дека е очигледно дека се работи за рендери, а не за табла од градилиште.


Originally posted by Keeray

ако беше домашен изведувачот
Изведувачот е домашен



Originally posted by StreetStruck

Да, имаш право за улицата,збунка. Али пак на некој начин ќе бидат поврзани,наместо да се вртат цели кругови,е сеа дали е добро такво решение не знам.
Originally posted by pbanks

Ако Гологанов стане главен булевар (на сметка на Јужен) тогаш навистина овие дополнителни спојки ќе бидат чирови (пример е масакрот кој се случува на крстосницата кај Веро неколку стотици метри од локацијава која ја дискутираме). Доколку пак Гологанов си остане колекторкса улица за јужен булевар како што треба да биде, дополнителниве спојки одлично ќе дојдат.

Ова секако не е нешто што е во рацете на инвеститорот на овој проект туку е во рацете на градот.
И со Гологанов како колекторска улица на Јужен Булевар (како што треба да биде), ваквите улички сепак ќе бидат чирови од многу аспекти. Наместо ул. Париска (профил 2х2 и која е дел од една оска која сега поаѓа дури од кај салата Борис Трајковски) да продолжува право кон клучка со Јужен булевар (и со тоа да биде пандан на ул.Лондонска кај ТЦ Олимпико), овде имаме нагло завршување и возење цик-цак по маалски улички. Плус тоа на ул.Прашка ќе се формираат две крстосници на 30 метри оддалеченост. Еве скица како ќе изгледа сето тоа:






Додуша во ГУП-от не е предвидено ул.Париска да се пробие до Јужен Булевар, но во околности кога имаме целосно редефинирање на овој простор (вклучувајќи и отстранување на објектот кој стоеше на трасата), и плус припрема на нов ГУП, мене ми изгледа екстремно глупаво да не се направи ништо во врска со ова. Но изгледа на нашата затапена администрација и е најлесно да не „комплицира“ премногу и работите да ги истурка по линија на помал отпор, а без да погледнат ни подалеку од сопствените носеви... слично како и со новите урбанистички планови за Касарната во Битола и уште цел куп такви примери. Еве извадок од ГУП-от за овој реон:






А сообраќајната ситуација таму не е ни до крај јасна, со оглед на тоа дека соседниот ДУП (за G-mall) има третман небаре како за воена тајна. На сајтот на Општина Карпош сеуште не е објавен, а уште кога беше усвоен планот, имаше некакви глупави објаснувања зошто не можел да биде објавен ради техникалии:
Засега планот останува недостапен за јавноста. Од Заводот за урбанизам на Македонија (изготвителите на ДУП-от) уверуваат дека наскоро до општината ќе го достават во електронска форма во која ќе биде достапен за сите.
http://www.build.mk/?p=700 - http://www.build.mk/?p=700

Е сега ова беше на пред повеќе од една година  Bash

Целава ситуација е класика на која се имаме навикнато - нетранспарентност и ставање трн во здрава нога.



Posted By: StreetStruck
Date Posted: 27-Dec-2010 at 22:38
@ pbanks
Напиша, цитирам: " незнам зошто сте толку хиперсензитивни на критика, небаре тоа е нешто лошо" и тоа на мене ми реплицираше па да ти одговорам дека не сумSmile
И да се разбереме, се согласувам целосно и за поткровјето и за тоа дека не дека не може да се направи нешто поразлично со малце пари, но мене не ми се свиѓа што уште не почната работата мора да се искритикува одма,да не кажам влагање со клизач. Едноставно не ми се свиѓа и тоа е тоа, нема ценкање, муабет праиме.


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2010 at 22:42
Originally posted by StreetStruck

@ pbanks
Напиша, цитирам: " незнам зошто сте толку хиперсензитивни на критика, небаре тоа е нешто лошо" и тоа на мене ми реплицираше па да ти одговорам дека не сумSmile
И да се разбереме, се согласувам целосно и за поткровјето и за тоа дека не дека не може да се направи нешто поразлично со малце пари, но мене не ми се свиѓа што уште не почната работата мора да се искритикува одма,да не кажам влагање со клизач. Едноставно не ми се свиѓа и тоа е тоа, нема ценкање, муабет праиме.


СтритСтрак, и јас не сакам генеричко мрчење, само мислев дека критиките погоре се горе доле на место.

Cheers


Posted By: Portal
Date Posted: 28-Dec-2010 at 01:00
ako dobro se sekavam placot bese na Granit, sluzese za mehanizacija. Naokolu imase mali placevi so kukicki na privatni sopstvenici. Tie se zalea deka  Granit saka za nisto pari da im gi kupi da bi dooformil parcela... itn itn Sega Granit poveke ne se spomijna , jas sum greska ili... Laugh


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Dec-2010 at 14:15
Напротив, Гранит им помогна да добијат поголема висина на венец на нивните површини...во првичната варијанта на ДУП-от, овие објекти требаа да бидат П+4+Пк...
Маченици вакви во Скопје се ринат со лопата колку ги има...бараат 30% од новоизградениот објект, а учествуваат во него со 3 искршени керамиди...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: saskokovac
Date Posted: 29-Dec-2010 at 14:27
abe jas ne sum arhitekt, ali bi postavil nekoj preduslov za gradba na zgradi, nemoze koj kakva saka arhitektura da shlapne.treba da se postavi nekoj arhitekt koj ke odluci kakov tip na zgradi recimo treba za karposh takvi i takvi gradbi da ima i tocka pa neka lichat edni na drugi........


Posted By: alexgizh
Date Posted: 29-Dec-2010 at 14:35
Здраво Сашко, добредојде на форумот! Ова твое мислење го делиме сите (нормални) на форумов Тоа е најнормална работа, но за жал сеуште не функционираат работите така во Македонија.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2010 at 14:58
Сашко добредошол.

Јас не го делам, а ни тоа автоматски не ме сместува меќу ненормалните. Не е ова Северна Кореја ниту ссср пред триесетина години. Зашто инаку би имале факултет што ќе продуцира кадри што ќе направат различни проекти. Најдобро да си увеземе еден архитект и да ни каже се и да укинеме, може еве и казни да распишеме за давање предлог надвор од воспоставениот стандард. Без разлика какви згради и а се проектираат, сепак не може по личен вкус (без разлика каде е на скалата од кич до врвна архитектура) да просудуваме кој објект смее кој не смее да се гради. Едноставно се гради, тоа се купива, и така се врти кругот. Во Макдонија во овој стадиум во кој што е кога се купува стан не се купува и ахитектура туку само квадратура, што е сосема легитимно и логично, есттиката останува странично прашање.


Posted By: gorco
Date Posted: 29-Dec-2010 at 15:01
CLOVER браво за поентава со улицава одамна ја размислував можност истата да се изврши можноста за спојување на истата улица со ул. Козле иако има по некој објект, реално се се може !

Originally posted by Cloverstack

Originally posted by StreetStruck

Да, имаш право за улицата,збунка. Али пак на некој начин ќе бидат поврзани,наместо да се вртат цели кругови,е сеа дали е добро такво решение не знам.
Originally posted by pbanks

Ако Гологанов стане главен булевар (на сметка на Јужен) тогаш навистина овие дополнителни спојки ќе бидат чирови (пример е масакрот кој се случува на крстосницата кај Веро неколку стотици метри од локацијава која ја дискутираме). Доколку пак Гологанов си остане колекторкса улица за јужен булевар како што треба да биде, дополнителниве спојки одлично ќе дојдат.

Ова секако не е нешто што е во рацете на инвеститорот на овој проект туку е во рацете на градот.
И со Гологанов како колекторска улица на Јужен Булевар (како што треба да биде), ваквите улички сепак ќе бидат чирови од многу аспекти. Наместо ул. Париска (профил 2х2 и која е дел од една оска која сега поаѓа дури од кај салата Борис Трајковски) да продолжува право кон клучка со Јужен булевар (и со тоа да биде пандан на ул.Лондонска кај ТЦ Олимпико), овде имаме нагло завршување и возење цик-цак по маалски улички. Плус тоа на ул.Прашка ќе се формираат две крстосници на 30 метри оддалеченост. Еве скица како ќе изгледа сето тоа:






Додуша во ГУП-от не е предвидено ул.Париска да се пробие до Јужен Булевар, но во околности кога имаме целосно редефинирање на овој простор (вклучувајќи и отстранување на објектот кој стоеше на трасата), и плус припрема на нов ГУП, мене ми изгледа екстремно глупаво да не се направи ништо во врска со ова. Но изгледа на нашата затапена администрација и е најлесно да не „комплицира“ премногу и работите да ги истурка по линија на помал отпор, а без да погледнат ни подалеку од сопствените носеви... слично како и со новите урбанистички планови за Касарната во Битола и уште цел куп такви примери. Еве извадок од ГУП-от за овој реон:






А сообраќајната ситуација таму не е ни до крај јасна, со оглед на тоа дека соседниот ДУП (за G-mall) има третман небаре како за воена тајна. На сајтот на Општина Карпош сеуште не е објавен, а уште кога беше усвоен планот, имаше некакви глупави објаснувања зошто не можел да биде објавен ради техникалии:
Засега планот останува недостапен за јавноста. Од Заводот за урбанизам на Македонија (изготвителите на ДУП-от) уверуваат дека наскоро до општината ќе го достават во електронска форма во која ќе биде достапен за сите.
http://www.build.mk/?p=700 - http://www.build.mk/?p=700

Е сега ова беше на пред повеќе од една година  Bash

Целава ситуација е класика на која се имаме навикнато - нетранспарентност и ставање трн во здрава нога.



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 29-Dec-2010 at 15:59
Originally posted by lslcrew

Сашко добредошол.
Не е ова Северна Кореја ниту ссср пред триесетина години. Зашто инаку би имале факултет што ќе продуцира кадри што ќе направат различни проекти....
Не може еднаш да ја земеш Австрија или Германија како пример!?
Таму нема режим, па нема да ти дозволат да правиш секакви будалаштини....


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2010 at 16:16
Друго е будалаштини, друго е лењир на десетина блока. И никаде во ниедна држава нема естетски совет што по субјектина оценка вика ова ова може ми се допаќа, ова неможе не ми се допаѓа.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Dec-2010 at 16:56
Originally posted by lslcrew

Друго е будалаштини, друго е лењир на десетина блока. И никаде во ниедна држава нема естетски совет што по субјектина оценка вика ова ова може ми се допаќа, ова неможе не ми се допаѓа.


Да, да, таму градат кој како ќе им текне. Особено Лондон.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2010 at 16:58
Тоа можеш да го кажеш за низ Дебар Маало и Кисела Вода, за Grand Prestige е во согласност со планови. Тоа што може не некои не ви се допаѓа немора да му долепувате и дека е контра планови.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Dec-2010 at 17:04
Не мора да е контра планови за да не добие дозвола за градба. Пак ти викам, пробај ова да го изградиш ете во Лондон, нека има парцела баш како за ова, па види дали ќе добие градежна дозвола. Како што има „фејс контрол“ во дискотеките, така има и „фасад контрол“ во секторите за урбанизам - ако е грдо, нема да пројде.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2010 at 17:13
Originally posted by гитардемон

ако е грдо, нема да пројде.
Во нормално општество се дефинираат пишани правила. А грдо и убаво се субјективни оценки. Така мислиш ти дека е, ама не е.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 29-Dec-2010 at 17:27
Originally posted by lslcrew

И никаде во ниедна држава нема естетски совет што по субјектина оценка вика ова ова може ми се допаќа, ова неможе не ми се допаѓа.


Од искуство ти кажувам дека не е така како што мислиш. Општинскиот архитект не е само за да ти каже до која висина да одиш и во кој габарит. Таква е кај нас праксата и сите си мислат дека така е од Господ дадено.

Амбиенти не се ствараат со триста мислења од 100 архитекти. Мора да има диригент...тоа - „мои се парите, јас ќе кажам како ќе изгледа, а вие е„(*е се!“ го има само во вакви дивјачки средини како нашава...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2010 at 17:32
Значи пропишувањето стилови и готови проекти фасади на плоштад и оние за катните гаражи и хотели се соема легитимно решение. Кога водевме дискусија за нив, други работи слушавме тогаш. Пак и изборот на човекот или комиијата што ке го има тој легитимитет се носи субјективно. Нема никаков архитектонски усваен суд што ќе може да бута проект. Па и врвен суд да е пак мора да одлучува по правила, а не по лична субјективна оценка. Не е ова никаков мис па има жири комисија, па и така да е пак се повеќе луѓе кои се надгласуваат. Врвна совет не постои. Патем докоолку беше распишан проект и з овие локации за згради како и оние за плоштадот ќе ги поддржам. Тука е пропишана висина и маркица и крај. И со лебеди гипсени да е зградата е легитимна и немокј неможе да ја оспорува по лично видување.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Dec-2010 at 17:40
Значи по твојата логика градење на Petite Rechica куќарки на Широк Сокак, и во старото јадро на Охрид, е дозволено, само затоа што новокомпонираните куќарки имале димензии во согласност со маркицата?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2010 at 18:12
Originally posted by lslcrew

Значи пропишувањето стилови и готови проекти фасади на плоштад и оние за катните гаражи и хотели се соема легитимно решение. Кога водевме дискусија за нив, други работи слушавме тогаш.
Кога веќе ја одвлечка таму работата, еве да ти реплицирам. Ќе беше сосема легитимно, ама ако беше производ на работата на еден поширок стручен тим со вистински авторитет, кој ќе бараше адекватни решенија по однапред зацртани критериуми, се разбира транспарентни. Ама бидејќи не е така, туку во случајот се работи за каприц на неизживеани политичари, кои мислат дека знаат се и прават како ќе им прдне, значи НЕ, не е воопшто легитимно.

-----------------------------------------------------------

А конкретно за Гранд Престиж, можело и многу подобро, но ако ги мериме со скопскиот просек, тогаш треба да бидеме и среќни, тоа е нашата жална реалност. Штета е што поткровјето толку го расипува впечатокот, бидејќи фасадата барем на рендериве ми изгледа многу симпатично.



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 29-Dec-2010 at 18:15
Originally posted by lslcrew

Значи пропишувањето стилови и готови проекти фасади на плоштад и оние за катните гаражи и хотели се соема легитимно решение.....
Напротив....таму е склопен ансамбл од објекти, такви какви што се, не ги ставам во никакво обликовно единство и им се наметнува нов начин на обликување, што е трагично ретрограден, а уште потрагично е што го немало претходно ни во подалечно, ни во поблиско опкружување. Барокната катна гаража (една од многуте) е насадена до телеком - кој е постар и кој кого треба да почитува?

Нема никаква легитимност на гипсани лебеди...овде на некое ниво (урбанистичко се надевам) е одлучено да се градат објетки со таа висина, што не го потценувам, затоа што подржувам растење на скопските згради во вертикала (во реално можни услови), ама овие објекти во непосредна близина имаат други, исто високи 10 ката и други станбени блокови во релативно мал радиус што може да се земат како референтни...

Пак ќе повторам, зошто се инсистира на вакви кровни решенија(станбени) и зошто не се бара задолжителна количина на конзолни испуштања и стаклени површини? Ова се 2 најбитни елементи за целиот проблем околу тоа како изгледаат објективе...и се согласувам дека се очајни, може и претходно некаде напишав...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 29-Dec-2010 at 18:18
Originally posted by Cloverstack


А конкретно за Гранд Престиж, можело и многу подобро, но ако ги мериме со скопскиот просек, тогаш треба да бидеме и среќни, тоа е нашата жална реалност. Штета е што поткровјето толку го расипува впечатокот, зошто фасадата барем на рендериве ми изгледа многу симпатично.


Моја претпоставка е дека во борбата архитект-инвеститор, инвеститорот си го добил поткровјето, а архитектот се трудел да извади нешто од фасадата, ама со врзани раце затоа што објектов реално нема архитектонска пластика, туку најобична геометрија...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2010 at 21:44
Епа инвеститорот може да си најде друг архитект, обратно неможе. Така е така и ќе биде.

И по која логика транспарентно, со интегритет и слични карактеристики, автопматски значи дека ќе биде нешто што би ти се допаднало. Поткорвјата низ Скопје се грешка и јас стојам зад тоа, ама тоа во никој случај не ги урушува другите принципи ниту па дава аргументи да се зборува дека морале да се воведуваат некои којзнае какви естетски стандарди и комисии. Немора ние по секоја цена да го нагажираме цело општество да вади пшроекти што ќе им се допаднат на одредена група луќе.


Posted By: BorisG
Date Posted: 03-Jan-2011 at 19:39
Ве молам дали некој има информација за цените на становите и за тоа кога ќе биде можно вселување во првата зграда


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 03-Jan-2011 at 20:37
Ако не се најде некој сајт во меѓувреме, ќе сликам еден огромен билборд што го имам овде во комшии...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: metodius
Date Posted: 13-Jan-2011 at 22:08

Од ова што е приложено, проектов ми е типичен за она што се случува во Скопје.


-------------
Ни земја, ни небо,
Ни пекол, ни рај.

Само ние и сега.


Posted By: axel
Date Posted: 14-Jan-2011 at 12:45

Престижни станови во „Гранд престиж“ кај Алумина

Становите ќе се продаваат по цена од 1.000 до 1.250 евра за квадратен метар

Деспина Трајковска

Ексклузивен станбен комплекс „Гранд престиж“ ќе никне најмногу за три години на местото на некогашната локација што и' припаѓаше на механизацијата на „Гранит“, веднаш до „Алумина“. Станува збор за македонска инвестиција тешка речиси 50 милиони евра на „Импексел 2“ и на „Еуроактива“. Ќе се градат шест ексклузивни станбени десеткатници, секоја на парцела од околу 4.000 квадратни метри. На продажба ќе се понудат речиси 1.000 стана, со површина од 49 квадрати, па се' до над 100 квадрати, колку што ќе имаа ексклузивните апартмани.

Иако се најавува како најекслузивен станбен комплекс изграден досега во Скопје, цените во „Гранд престиж“ ќе се движат како и во обичните станбени реони низ градов. Во зависност од начинот на плаќање при купувањето (овозможено е учество од 30 отсто, до купување во кеш), еден квадрат ќе се движи од 1.100 до 1.250 евра.

На идните станари ќе им биде овозможен клуч на рака и со комплетно решено внатрешно уредување на станот, во смисла на архитектонско решение, избор на бои и стилови на мебелот...Сето тоа ќе го сработат тимови на инвеститорите што се јавуваат и како комплетни носители и изведувачи на проектот. Се очекува „Гранд престиж“ да биде целосно изграден во рок од три години.

На терен веќе се работи, отворени се градилишта за две од планираните шест згради. „Градежните работи на терен интензивно се одвиваат. Отворена е градежната јама за зградата што се граничи со улицата ‘Прашка‘, а наскоро очекуваме паралелно да почне со работа и градилиштето за соседната зграда, една од трите што ќе излегува на ‘Метрополит Теодосиј Гологанов‘“, вели Сашо Стојчески, менаџер за градба и технички раководител во „Импексел 2“.

Во меѓувреме, инвеститорите привршуваат и со дооформување на парцелите за останатите четири згради и очекуваат со целата постапка да завршат најдоцна до пролет кога автоматски би започнала и нивната изградба.

Паркирањето за сите станари ќе биде решено со систем на подземно паркирање. Комплексот ќе има две подземни паркинг-нивоа, а дополнително ќе има и надземен паркинг, кој, практично, во основа ќе се користи за пристап до зградите. Секоја од нив ќе има по три влеза, во двата ќе бидат распоредени по 50 стана, а во еден 60.

Околината на комплексот ќе биде партерно уредена на европско ниво, ќе има парковски површини, детски катчиња...За потребите на комплексот, Општина Карпош ќе има обврска да изгради и две нови сервисни улички.

Практично, „Гранд престиж“ ќе го означи и урбанизирањето на овој дел од Скопје. Комплексот ќе се граничи со најавениот израелски шопинг-мол „Газит глоуб“. До стартот на овој проект, „Гранд престиж“ во изминатиот период е регистрирана како најголема инвестиција во Карпош. Од комплексот, Општината ќари речиси 1,5 милиони евра по основа на комуналии.

Инаку, еден од инвеститорите, „Импексел 2“, досега во Скопје е препознатлив по станбено-деловниот комплекс изграден кај подвозникот кон Црниче, а моментално привршува и со изградбата на комбинираната катна гаража зад Универзална сала.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=281EFE2BB7A7C24FAA094E15B19FEC30


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 17-Jan-2011 at 09:42
Originally posted by Dave Gahan

Ако не се најде некој сајт во меѓувреме, ќе сликам еден огромен билборд што го имам овде во комшии...


http://www.impeksel2.com.mk/ - Официјален сајт

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Jan-2011 at 12:31
Мислам дека портфолио со полоши проекти од нивните не е можно да постои!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 17-Jan-2011 at 12:56


...ова дека некој бараше информации за купување стан...може и не треба рекламирање, ама ај...што да кажам објективе, све мој до мојега

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: nylon
Date Posted: 17-Jan-2011 at 17:39
Originally posted by гитардемон

Мислам дека портфолио со полоши проекти од нивните не е можно да постои!


Транзициско-ориентален стил!
Дефинитивно треба да се размислува за специјални дозволи со кои ќе се одобрува изгледот на објектот (иако мислам дека е правно тешко изводливо), бидејќи се повеќе Скопје изгледа како некој град од внатрешноста на Турција.


Posted By: N23
Date Posted: 04-Feb-2011 at 02:15
Кога ја спомна Турција, ова поише личи на мал провинциски град во Турција, пошто годинава бев во Измир, Едрене и некои побитни турски градови, каде дефинитивно вакви градби се во изумирање. Вакви се градат смао по мали затуцани местенца. Ете до кај отиде нашата архитектура.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Feb-2011 at 02:58
Originally posted by сајтот на IMPEKSEL-2

Фирмата е изведувач и коинвеститор на можеби најубавата џамија градена во поново време на просторите на Балканот. Како компанија во нејзин состав има стручен кадар од сите полиња на градежништвото, располагајќи со 3 архитекти, 3 градежни инженери, 2 градежни техничари и 70 вработени за теренска оператива. За тековните стандарди во македонија, оваа бројка на стручен кадар и вработени можеби најдобро ја одсликува сериозноста на компанијата Импексел - 2. Некои од поважните објекти кои треба да се апострофираат се станбено - деловниот објект на ул. Огњан Прица кој претставува еден од технички најподготвените објекти во Скопје со сопствен надземен и подземен паркинг, сопствено обезбедување и сите останати содржини кои се дел од модерното живеење. Од полето на инвестициите вреди да се спомене дека во подготовка е проект за станбено - деловен комплекс кај локалитетот Алумина, кој ќе биде најмодерен во Македонија.


А објектот со кој се особено горди е овој (го споменавме и поназад):



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: MAKImk
Date Posted: 07-Mar-2011 at 16:29
Gordi se na goleminata na objektot ili na sto?
Bez navreda - estetski gledano objektot na slikata vo gorniot post e katastrofa ! toa e moe licno mislenje ..

-------------
I don't believe in morality in architecture. MICHAEL GGRAVES


Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-Mar-2011 at 22:55
Тоа беше саркастично. Кога ова стигна да им е коњот за трки (како се вика на наше де), тогаш што останува за другите нивни проекти...

Види им го портфолиото, ќе повратиш.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Mar-2011 at 17:48
Благодарност до http://www.build.mk/forum/member_profile.asp?PF=197 - Б.Ѓ.Т. за фотосесијава.

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.


20.


21.




Posted By: FoSsiL
Date Posted: 28-Mar-2011 at 19:58
Добро отсекогаш сум се прашувал. Од каде се појавуваат овие столбови, најверојатно тоа по мое мислење се нешто како потпорни ѕидови, но секогаш поминувале незабележно ваквите активности, ако секако претставуваат дел од градежните работи . Па дали мојата мисла е точна? Зашто ми се вртат уште неколку, но нејќам да ги пишувам, малку се смешни.






-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Bobi
Date Posted: 31-Mar-2011 at 22:12
Имам едно прашање:Што се тие цевките(од топлификација,од гасовод) и дали имаат намера да ги закопаат или ке го догрдат објектот со нив?
А исто така имам и усте едно прашање кое е побитно: Дали некој се разбирав во подземни води да ми објасни,што е со тие црева кој претпоставувам испумпуваат вода и што значи тоа за зградата доколку има вода во темели?

П.С. Не сум во оваа бранша ама ме интересира?


Posted By: medo
Date Posted: 01-Apr-2011 at 09:53
„Столбовите“ на сликите 11 и 12 претпоставувам дека се колови (шипови, бунари) кои останале од претходниот објект. Ако е тоа така, тие служеле за темелење на претходниот објект.

Подземната вода ја испумпуваат за да не пречи во изведување на темелите. Всушност, нивото на подземна вода го одржуваат под нивото на темелење со помош на пумпи. Тука од особена важност е колку квалитетно ќе се изведе хидроизолацијата на темелите и подрумските ѕидови, за да не дојде од појава на влага во тек на експлоатација, а со тоа и други проблеми.
Инаку цело Скопје лежи над подземни води. Каде и да копнете под 3-4 m ќе наидете на вода. Што може да се случи со самиот објект доколку под него постојано циркулира вода е големо знак ?.
Се разбира профит оставаруваат оние трагачи на подземна вода со чатали и продаваат пирамиди колку ти душа сака.


Posted By: vladegf
Date Posted: 01-Apr-2011 at 10:45
Originally posted by medo

„Столбовите“ на сликите 11 и 12 претпоставувам дека се колови (шипови, бунари) кои останале од претходниот објект. Ако е тоа така, тие служеле за темелење на претходниот објект.

Подземната вода ја испумпуваат за да не пречи во изведување на темелите. Всушност, нивото на подземна вода го одржуваат под нивото на темелење со помош на пумпи. Тука од особена важност е колку квалитетно ќе се изведе хидроизолацијата на темелите и подрумските ѕидови, за да не дојде од појава на влага во тек на експлоатација, а со тоа и други проблеми.
Инаку цело Скопје лежи над подземни води. Каде и да копнете под 3-4 m ќе наидете на вода. Што може да се случи со самиот објект доколку под него постојано циркулира вода е големо знак ?.
Се разбира профит оставаруваат оние трагачи на подземна вода со чатали и продаваат пирамиди колку ти душа сака.





za zastita na gradezna jama slusat bunarite


Posted By: Bobi
Date Posted: 01-Apr-2011 at 18:40
Фала Медо на одговоро.Не треба цовек да заврши градежен за да дознеа некој вакви информации,го пишувам ова затоа што во една фирма тоа ми го претставија како да дошла Ноева арка и дека само нивните згради се со сто посто квалитет а останатото е шљам и брука. Big%20smileBig%20smile

поздрав!!!


Posted By: Bobi
Date Posted: 16-Apr-2011 at 22:06
Има ли нови слики од објектот.Работат ли луѓето нешто или толку беше?
Ако има некој слики од работата на терен нека стави.

Благодарам!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Apr-2011 at 23:48


16-04-2011

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1279 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1279


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Bobi
Date Posted: 18-Apr-2011 at 18:04
Thumbs%20Up
фала ти !!!!


Posted By: dule
Date Posted: 25-Apr-2011 at 20:49
Се е супер само цената од 1250 евра м2 е превисока за нашиот стандард со оглед дека доколку објектот би се изградил  цената би рипнала.Треба инвеститорите да ја смалат цената реално до 1000 евра за м2 макар и тоа е превисоко за македонскиот стандард.


Posted By: Bobi
Date Posted: 11-May-2011 at 22:58
До каде е работата со зградите?Како одат работит?Има ли некој некоја слика или информација?

Фала однапред


Posted By: mitreeden
Date Posted: 22-Jun-2011 at 12:22
А има ли воопшто измена на урбанистичкиот план во однос на габаритите? На web страната на општина Карпош висината е 16.20м (http://www.karpos.gov.mk/images/dup/2008/57-mz-taftalidze-30-vanila.gif). (другиот дел со Гранит во називот (42-DUP-GRANIT-1.pdf) е тргнат од сајтот, GIS прегледникот не работи, Стевчо е транспарентен... Од 16.2 метра до 10 спрата има разлика - горе доле дупло.


Posted By: mitreeden
Date Posted: 22-Jun-2011 at 12:34
Originally posted by mitreeden

А има ли воопшто измена на урбанистичкиот план во однос на габаритите? На web страната на општина Карпош висината е 16.20м (http://www.karpos.gov.mk/images/dup/2008/57-mz-taftalidze-30-vanila.gif). (другиот дел со Гранит во називот (42-DUP-GRANIT-1.pdf) е тргнат од сајтот, GIS прегледникот не работи, Стевчо е транспарентен... Од 16.2 метра до 10 спрата има разлика - горе доле дупло.


Сепак е на web: http://199.236.67.122/karpos/42-DUP-GRANIT-1.pdf, но и тука е 16.2 метра висина.


Posted By: Bobi
Date Posted: 08-Jul-2011 at 17:22
Во ГИС-от пишува п+8+пк така да на ова не верувам дека може да се направи во 16 метри.


Posted By: axel
Date Posted: 09-Jul-2011 at 19:11
pustile reklama za kompleksot pred malku ja vidov mislam na sitel deka bese


Posted By: gorco
Date Posted: 09-Jul-2011 at 19:27
Столбовите не им знам стручен термин, но се потпорни ѕидови, за земјиштето кое е во близина, и се направени со бушење во земјата и полнење со цемент. Направени се поради длабокото копање во земја, во близина на изградени објекти или улица. Истите ги има и на јужен булевар и Мито Хаџивасилев-Јасмин, за новата катна гаража.

Originally posted by vladegf


Originally posted by medo


„Столбовите“ на сликите 11 и 12 претпоставувам дека се колови (шипови, бунари) кои останале од претходниот објект. Ако е тоа така, тие служеле за темелење на претходниот објект.Подземната вода ја испумпуваат за да не пречи во изведување на темелите. Всушност, нивото на подземна вода го одржуваат под нивото на темелење со помош на пумпи. Тука од особена важност е колку квалитетно ќе се изведе хидроизолацијата на темелите и подрумските ѕидови, за да не дојде од појава на влага во тек на експлоатација, а со тоа и други проблеми. Инаку цело Скопје лежи над подземни води. Каде и да копнете под 3-4 m ќе наидете на вода. Што може да се случи со самиот објект доколку под него постојано циркулира вода е големо знак ?. Се разбира профит оставаруваат оние трагачи на подземна вода со чатали и продаваат пирамиди колку ти душа сака.
za zastita na gradezna jama slusat bunarite


-------------


Posted By: maci
Date Posted: 17-Aug-2011 at 11:18
имате ли нови информации за овој комплекс?
цената од 1250е. е точна или шпекулација?


Posted By: Bobi
Date Posted: 17-Aug-2011 at 19:17
точна е!!!


Posted By: maci
Date Posted: 03-Sep-2011 at 13:02
кога треба да завршат со градење?до кога е рокот?


Posted By: Bobi
Date Posted: 05-Sep-2011 at 11:28
Целиот проект до крајот на 2013г.,мада со темпото што се работат првите две згради мое лично мислење е дека ќе биде порано ако не се промангупираат па да укочат.Првите згради ќе бидат предадени за една година.Така разбрав од луѓе што имаат уплатено веќе.


Posted By: Djole88
Date Posted: 17-Oct-2011 at 15:15
Овде две згради се градат и тоа со брзо темпо, дури и во недела се работеше. Еве слики

http://pic.mk/?v=wp000017.jpg">
http://pic.mk/?v=wp000018.jpg">
http://pic.mk/?v=wp0000fmf.jpg">
http://pic.mk/?v=wp0000ata.jpg">

Ова се најверојатно двете згради кои ќе бидат одвоени од останатите 4 кои треба да формираат мало паркче измеѓу. Сега за сега за тие 4 нема никаква активност, а ме чуди дали куќите што се помеѓу комплексов и Алумина ќе се рушат, зошто некако останатиот празен простор ми е мал за 4 згради + уличка измеѓу

Едит: Еве сега најдов http://grandprestige.com.mk/ - официјален веб сајт за проектов и како што гледам цел тој потег треба да се срамни со земја. Сега дали има проблеми со обештетување на тие семејства или нешто друго незнам, но ме чуди што куќите сеуште не се срушени и сеуште нема активности за другите 4 згради кога овие две се скоро готови со карабината


Posted By: Bobi
Date Posted: 03-Dec-2011 at 18:57
nesto ja usporija rabotata?
Ili jas cesto proagjam i nekako imam custvo deka e istata slika?


Posted By: Djole88
Date Posted: 04-Dec-2011 at 15:35
со оглед на доброто(нема дожд и снег) време, работат турбо. Ќе сликам деновиве, најкасно вторник ќе има update

П.С: Еве недела скоро 16ч, таму работат


Posted By: Bobi
Date Posted: 04-Dec-2011 at 20:40
Fala druze,cekame novi fotki!!!Nekoj so novi informacii za ceni i rokovi?


Posted By: Djole88
Date Posted: 07-Feb-2012 at 21:40
Конечно дојдов до нет и слики да ставам. „Малку“ каснам, ама нема да замерите Сликите се од 28 Јануари 2012








Posted By: Bobi
Date Posted: 09-Mar-2012 at 14:43
Имам едно прашање до познавачите на работите околу градењето: - Најавено беше дека за три години ке ги завршат сите шест згради?Веќе помина една година,ни двете згради што ги почнаа не се завршени,а камо ли уште четири!Дали ке биде готов проектов на време или ке каснат бар уште три години?


Posted By: Block
Date Posted: 17-Mar-2012 at 01:11
Комплексов го гради некој албанец малиќи или така нешто


Posted By: Bobi
Date Posted: 18-Mar-2012 at 15:32
Импексел2 и Еуроактива го градат,да не е тој некој од директорите нивни?
Него дали некој дозна цена за метар квадратен и рокови?


Posted By: N23
Date Posted: 19-Mar-2012 at 00:12

Од страната на НОВА.



Posted By: maci
Date Posted: 06-Apr-2012 at 10:51
Originally posted by Bobi

Импексел2 и Еуроактива го градат,да не е тој некој од директорите нивни?
Него дали некој дозна цена за метар квадратен и рокови?

најавено беше 1250 е/м2 ,но еден познаник ми кажа дека него му понудиле 1050 е/м2


Posted By: N23
Date Posted: 26-Apr-2012 at 18:09
1.

2.


Се гледа и срушента Алумина.
Во поглед на тамошните куќи, има некој инат кој не сака и даље да си ја дае куќата, па поради работите на теренот почнал еден од ѕидовите на куќата да му пука, па има можности и на суд да идат. Дали е паметно да правиш инат во ваква ситуација, или да земеш што ти се дава, е прашање на избор и разум.

-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: axel
Date Posted: 18-May-2012 at 19:53
Стопанска банка финансира изградба на грандиозен станбен комплекс 

Стопанска банка од Скопје одобри кредит за изградба на голем станбен комплекс „Гранд Престиж“ на инвеститорите Импексел 2 и Еуроактива. Станува збор за станбен комплекс од 80.000 метри квадратни и целосната финансиска конструкција за истиот е во рангот над 60 милиони евра. Две од станбените згради се во финална фаза на изградба, а во процес на подготовка е изградбата на уште четири згради со што проектот ќе го постигне крајниот планиран изглед.

Генералниот директор на Стопанска банка, Глигор Бишев, изјави дека поддршката што ја обезбеди банката за овој проект е доказ дека тие ги следат сигналите од Народната банка за зголемување на кредитирањето.
“Освен финансиската поддршка за инвеститорите, што ќе ја добиваат во секоја фаза од реализација на проектот, Стопанска банка истовремено ќе обезбеди и кредитна поддршка за сите клиенти што ќе сакаат да купат станови. Во рамките на самиот објект ќе отвориме посебен шалтер каде сите клиенти што ги исполнуваат кредитните услви, ќе може да аплицираат и да добијат станбени кредити“, изјави Бишев.
Инвеститорите најавија дека првите две згради се очекува да бидат готови до октомври годинава. Становите ќе се продаваат по цена од околу 1.100 евра за метар квадратен, а ќе се понудат станови со различна големина, од 45 до 100 метри квадратни.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/84286/stopanska_banka_finansira_izgradba_na_grandiozen_stanben_kompleks.aspx


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-May-2012 at 20:00
значи чекале пари,затоа се доцнело со проектот


Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-May-2012 at 18:16
Мирува изградбата на станбениов комплекс, денеска не забележав работници на терен:









Posted By: Dragan
Date Posted: 29-May-2012 at 21:49
Малку вон тема незнам колку ќе пробуди интерес и желба некој да искоментира, ама еве ја ќе пишем само мое мислење, може не е ни темата, ама баш на последниве слики убоо се гледа, после воените или етничките судири у Македонија, градежништвото ни иде во друг правец, се почесто се користи масивни ѕидови од керемички тули однисни цигли, а се повеќе се користи лентовиден темел, место темел самец, и место масивни ѕидови од полна тула. И башка ситноребреста бетонскоармирна плоча, место да прават скелетен конструктивен системRoll%20eyesRoll%20eyes

-------------


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 29-May-2012 at 23:02
Толку се научивме од поуките кои ги добивме за време на земјотресот во 1963! Сега повторно масивни згради со бројни тулени ѕидови кои се рушат при многу послаби земјотреси!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Bobi
Date Posted: 14-Jun-2012 at 10:36
Каква катастрофа од згради.
Иако се најавуваат како луксузни и квалитетни по цени од 1100-1300евра добивате: Ламинат,кинеска влезна врата,кинеска плочка,кинеска санитарија .....
трагедија!!!!



Print Page | Close Window