Print Page | Close Window

Коридор 10

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1103
Printed Date: 29-Apr-2024 at 18:28


Topic: Коридор 10
Posted By: Vladimir P
Subject: Коридор 10
Date Posted: 15-Oct-2010 at 08:15
ЕБОР со заем за реконструкција на железничкиот коридор 10
Автор: Симеон Серафимовски
15 октомври 2010, 07:39
Извор: Макфакс

Скопје
Заменикот претседател на Владата и Министер за финансии Зоран Ставрески и директорката за транспорт на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Сју Барет, денеска ќе потпишат договорот за заем за финансирање на Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10.

Настанот ќе се одржи во Министерството за финансии со почеток во 12.00 часот.

http://www.makfax.com.mk/_home/home#118670 - http://www.makfax.com.mk/_home/home#118670


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2010 at 14:15
Cheers
ЕБОР одобри 17,6 милиони евра за Коридорот 10 во Македонија

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/78074/pruga150.jpg">

Европската банка за обнова и развој ќе и позајми на Македонија 17,6 милиони евра со цел да се финансира изградбата и подобрување на пругите кои се клучни за Коридорот 10.
 
Министерот за финансии и вицепремиер  Зоран Ставревски по потпишување на договорот заедно со директорката за транспорт на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Сју Барет рече дека оваа инвестиција ќе овозможи реновирање на 53 километри од пругата.
 
Ќе бидат опфатени три секции од Коридорот 10, тоа се: Табановце – Куманово, Миравци – Смоквица и Ногаевци – Неготино. Додаде дека тоа е прва инвестиција после 50 години за реконструкцијата на пругата на Коридорот 10.
 
“Според пресметките на стручните лица од Министерството за транспорт и врски, со овие инвестиции и реновирањето на пругата на овие 53 километри ќе се овозможи да се забрза протокот на стоки односно брзината на возовите на овие секции ќе се зголеми од сегашните 50 километри на некаде  околу сто километри во просек“, рече министерот за финансии.
 
Тој кажа дека средствата се добиваат по исклучително поволни услови, рок на отплата 15 години, грејс период три години и каматна стапка од 2,1 отсто годишно.
 
“Имајќи го предвид значењето на модернизацијата на железничката мрежа за унапредување на локалната и меѓународната трговија и економскиот раст во Македонија и во регионот, ова претставува приоритетен проект“,  истакна Сју Барет.

Во рамките на проектот ќе се финансира  и студија за оправданоста за завршување на делот од железничкиот Коридор осум кон бугарската граница, додаде директорката за транспорт на ЕБОР.

Коридорот 10 треба да обезбеди врска преку Македонија со Европа на север и со Грција на југ. Модернизацијата на пругата, како и изградбата на Коридорот ќе имаат значајна улога во унапредување на индустријата и меѓународната трговија.

Инвестицијата на ЕБОР е надополнета со грант финансирање во вредност од 1,2 милиони евра од Посебниот акционерски фонд на банката, Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), заедно со финансирањето од владите на Франција и Германија.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=78074&kategorija=2



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Oct-2010 at 22:38
И видео веста за реконструкција на железничкиот коридор 10

[TUBE]Of-ZuPFeyUo[/TUBE]

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 17-Oct-2010 at 21:13

Возовите ќе возат 100 наместо 50 километри на час

 

Македонија ќе ја модернизира железничката пруга по Коридорот 10 со заем од 17,6 милиони евра, кој го додели Европската банка за обнова и развој, со што брзината на возовите по оваа пруга треба да се зголеми од сегашните 50 на 100 километри на час

 
 
%20  
Договорот за заемот го потпишаа вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот за транспорт на ЕБОР Сју Барет, пренесе МИА.

Со заемот ќе се финансира подобрување на 53 километри пруга од должината на Коридорот 10, односно делниците Табановце - Куманово, Ногаевци -Неготино и Миравци – Смоквица. Ставрески вчера рече дека ова е прва инвестиција во железничките пруги во Македонија во последните 50 години.

Тој информира дека станува збор за поволен кредит со ниска камата, рок на отплата од 15 години со грејс-период од три години.

Таа изрази подготвеност на банката за учество во финансирање на завршувањето на Коридорот 8, за железничката пруга кон Бугарија.
 
 


-------------


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 20-Jan-2011 at 13:32

Возовите уште долго ќе не клацкаат со 50 километри на час

Ремонтот на пругите е одложен за септември, иако првично беше најавено дека ќе започне во април

Сања Наумовска

Се изјалови најавата дека патниците во македонските возовите ќе возат со стотка на саат. Причина е одлагањето на реконструкцијата на железничките пруги, која ќе започне дури во септември, а не како што беше првично планирано, во април. Деновиве се очекува да биде потпишан договорот со француската фирма „Систра“, која е избрана на повикот за консултант. Компанијата ќе треба да ја подготви документацијата за тендерот за избор на изведувач и да врши надзор над градежните работи. Изборот на консултант е услов за користење на кредитот од Европската банка за обнова и развој од 17,6 милиони евра, кој минатата година го доби Македонија за обнова на дел од железничката инфраструктура. Во Македонски железници информираат дека тендерот за избор на изведувач треба да се подготви до крајот на февруари, а меѓународниот повик ќе биде распишан во март.

Реконструкцијата на пругите ќе трае до крајот на 2013 година. Според проектот, ќе се обновуваат три делници од Коридорот 10, чија линија започнува од Салцбург, и преку Загреб, Белград, Скопје завршува во Солун. Во Македонија поминуваат 213 километри, од кои со финансиската поддршка од ЕБОР ќе бидат обновени 54 километри. Целосно ќе бидат заменети дрвените прагови, стари над 4 децении, со нови бетонски делови. Ќе се обновуваат и шините, особено најоштетените делови на свијоците. Во реконструкцијата на пругите ќе биде опфатен и толчникот, од кој ќе се отстранат нечистите делови и ќе се заменат со нови. Ремонтот на пругата ќе биде насочен првенствено кон елементите од горниот строј, но не се исклучени зафати на на долниот строј каде што се детектирани критични точки.

Во Министерството за транспорт и врски потврдуваат дека е во тек постапката за избор на консултант што ќе биде вклучен во реализацијата на проектот, што претставува еден од условите за ефективност на потребните средства. Финансиите за ангажираниот консултант се обезбедени од француската влада. Предвидено е јавната постапка за вршење ремонт на првиот пакет, односно делниците Табановце - Куманово и Миравци - Смоквица во вкупна должина од 26 км да се објави во првата половина од 2011 година, по што ќе се избере изведувач на работите согласно со правилата на ЕБОР. Јавната постапка за вториот пакет за ремонт на делниците Згрополци (Ногаевци) – Градско – Неготино во вкупна должина од 28 км е предвидено да започне во првата половина од 2012, по што ќе се избере изведувач на работите согласно со правилата на ЕБОР, информираат од транспорт и врски.

„По изборот на изведувачите, во септември градежните работи ќе започнат на делницата Миравци - Смоквица со должина од 13 километри. По завршувањето, во март 2012 година реконструкцијата ќе продолжи на потегот од Табановце до Куманово, а од септември идната година до крајот на 2013 година ќе се обновува најдолгата делница од 28 километри од Ногаевци до Неготино“, вели Владимир Пановски, заменик-директор во „Македонски железници - инфраструктура“.

Реконструкцијата на пругата ќе обезбеди побрзо движење на возовите по Коридорот 10, а со тоа и побрз проток на патници и стока во товарниот сообраќај. Пругата покрај Коридорот 10 има добри перформанси и со дополнителните вложувања ќе може да се постигне максималната брзина на движење на возовите од 120 километри на час. Моментално возовите по македонските пруги патуваат со максимална брзина од 50-60 километри, а само да одредени делници до 100 километри на час, информираат од МЖ инфраструктура.


извор: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=31C1FF8569F88A4EBC8911D6E44ADF58 - Утрински Весник



-------------


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Feb-2011 at 13:08
Еве зашто ни треба брз коридор X, товарен сообраќај кој носи најповеќе прихот.


15-02-2011 Велес

Една од најдолгите композиции кој сум ги видел, штета што неуспеав да направам видео смимка

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 20-Feb-2011 at 13:20
Wow kako vo Svajcarija!!!!!

-------------


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 20-Feb-2011 at 14:19
За жал наместо најчесто на форумов да збориме за вакви работи, патишта, железници, ние се напињаме и си мачкаме очи со некои ситни проектчиња што немаат некое или подобро да кажам никакво макроекономско влијание. И најжалосно е што баш проектите за развој, обнова и изградба на патиштата и железничката инфраструктура тапкаат во место, односно со тоа и се уназадуваат бидејќи не се ни обновува инфраструктурата.
Ама како и секогаш, изгледа уште ќе си го користиме она чекаме подобри времиња, ќе биде.Smile


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Feb-2011 at 14:35
Originally posted by StreetStruck

... си мачкаме очи со некои ситни проектчиња што немаат некое или подобро да кажам никакво макроекономско влијание. ...

Не би се сложел со тебе, а разлогот со пример:

Ако овие 30 години секоја година се правеше во случајов по 5 км пруга (микро проект) до сега ќе го имавме коридор X кој за жал сега треба темелно да се обновува одвајајќи огромни средства за да достигнеме некој нормален проток.

ЗАТОА СЕКОЈ ПРОЕКТ Е ДОБАР АКО СЕ ОСТВАРИ ПА МАКАР ТОЈ ВО МОМЕНТОВ ИЗГЛЕДА МИНИМАЛЕН

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: N23
Date Posted: 20-Feb-2011 at 14:57
Ме интересира дали после изградбата на тие делови од пругата и хипотетички со купувањето на новите електромоторни гарнитури, би можеле на таа делница да возат и повеќе од 120 км/час или за поголема брзина се потребни посебен тип на прагови и шини?


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Feb-2011 at 15:05

За брзини над 120 км/час најголем фактор е правецот т.е. благи кривини, или соодветен терен. А тоа во клисурата е нерентабилно или неизводливо земи го како сакаш.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 20-Feb-2011 at 17:48
Владимир не си ме сфатил. Баш јас истото како тебе го мислам. За проектчиња мислам на плажи на Вардар и слични работи. Моја грешка, можеби требаше да кажам на што мислам.Thumbs%20Up

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: N23
Date Posted: 20-Feb-2011 at 18:18
Originally posted by Vladimir P


За брзини над 120 км/час најголем фактор е правецот т.е. благи кривини, или соодветен терен. А тоа во клисурата е нерентабилно или неизводливо земи го како сакаш.


Фала Владмир. Ме интересираше затоа што ако може за истите пари да се овозможи вожња со 140 км/ч би било многу и економски и од друг аспект поволно. Али и вака е добро. Уште кога би нашле пари за Бт-Ск, па да можеме во Бтитолаза 2 саати да сме, на кафенце на Широк Сокак пусти желби.....


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Feb-2011 at 18:57

Уф, колку би сакал и јас,
но сепак сме мала економија која неможе да издржи големи проекти, него чекор по чекор да се усредсредиме на приоритетите кој можад да донесат повратно инвестирање, во случајов коридоридор по коридор.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 20-Feb-2011 at 21:20
Јас би рекол дека најпрвин треба да мислиме на возови кои ќе се движат до 120 км/ч. Брзите пруги во Македонија ќе почекаат, а единствена опиплива можност гледам во проектот Вардарска долина и поместувањето на пругата, но тој филм барем во нареднава деценија нема да го гледаме.


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 07-Jul-2011 at 18:51

Коридорот 10 пред четворката

Коридорот%2010%20пред%20четворката
Свето Николовски
Продолжува конкуренцијата меѓу трансевропските коридори 10  и 4. Се погласни се тврдењата дека се настојува да се заобиколат Македонија и Србија, особено на железничкиот дел од десетката. Коридорот 4 тргнува од Дрезден и преку Прага, Виена, Будимпешта, Софија ги поврзува со Солун, односно Истанбул.

Неговата должина од дури 4,340 километри во почеток е неконкурентна во однос на Коридорот 10, но посебен проблем за нас е конкурентноста на делницата од Будимпешта, преку Софија за Солун. Романија и Бугарија вложуваат огромни финансиски средства во електрификација на пругата, изградба на втор колосек, драстично зголемување на просечната брзина и завршување на новиот мост на Дунав.

Досега Коридорот 4 имаше предност кога се во прашање инвестициите, но последниве 2 години Србија и Македонија координирано ги зголемуваат вложувањата во модернизација на железничката линија, зголемувањето на максималните брзини и скратувањето на царинските формалности. Македонија лани доби кредит од ЕБОР во износ од 17,6 милиони евра за реконструкција на пругата од Табановце до Гевгелија. Од своја страна Италија е заинтересирана да учествува во изградбата на 10 ката и поврзувањето на Западниот Балкан со остатокот на Европа.

„Трениталиа е заинтересирана за учество во изградбата на железничкиот коридор 10 и за развој на железничката мрежа од Бар кон Белград, Темишвар и Киев од Коридорот 11“ –изјави генералниот директор на Италијанските државни железници Мауро Морети.

Според Морети се создава единствен пазар на транспортни услуги, а Италија од своја страна преку воведување нови возови на линијата Венеција – Белград сака да ја подобри поврзаноста на регионот со  Западна Европа. Експертите 1 тврдат дека за изградбата на К-10 се потребни 4,6 милијарди евра, изградбата би требало да заврши до 2020-та кога возовите на пругите ќе се движат по два колосека, развивајќи брзини од 160 километри на час. Најголема предност на десетката во однос на четворката и натаму останува помалото растојание меѓу Будимпешта и Солун и засега поголемите просечни врзини  на возовите.

Извор: http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/19668/koridorot_10_pred_chetvorkata.aspx - МРТ


-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Jul-2011 at 20:15
а нашиве изгледа ко да чекаат прво да се изгуби профитабилноста на Македонските железнички правци, па после да ги реновираат и градат, брилијантно Applause


Posted By: Тркало
Date Posted: 07-Jul-2011 at 22:38
Се шо сакаш е можно.Само да се потрудиш.Така и нашава приказна со железниците.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Jul-2011 at 18:11
Царинските пречки го забавуваат транспортот на Коридор 10

[TUBE]rcQlxbeKyNg[/TUBE]

Извор: Канал 5 ТВ http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=77580 - http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=77580

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: polval
Date Posted: 19-Jul-2011 at 19:46
Originally posted by BOJAN

Јас би рекол дека најпрвин треба да мислиме на возови кои ќе се движат до 120 км/ч. Брзите пруги во Македонија ќе почекаат, а единствена опиплива можност гледам во проектот Вардарска долина и поместувањето на пругата, но тој филм барем во нареднава деценија нема да го гледаме.


За кажаново  Cheers. Ако имаше економски интерес за тоа , досега некој ќе сакаше да изгради брза пруга низ Македонија имено на коридорот 10. Вака, ми се чини дека возовите како превозно средство ќе заминат во историјата пред да се создадат економски услови за градење такви брзи пруги во Македонија. Еве во Бугарија се гради пруга за максимални 160 км/ч од Пловдив до Свиленград. Помали делови од пругата Софија - Карлово - Бургас и Софија - Пловдив - Бургас се оспособени за брзини до 140 км/ч, доста пријатно возење, испробано од прва рака.


Posted By: axel
Date Posted: 29-Jul-2011 at 06:14
Тендер за поправка на Коридорот 10

Државната компанија „Македонски железници – Инфраструктура“ отвори тендер за обновување на пругите на секции што се дел од Коридорот 10, објави Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Железничката компанија ќе искористи дел од кредитот на ЕБОР за финансирање на овој проект, пишува банката во објавата на поканата за учество на тендерот, која е публикувана на нејзината веб-страница. Работите за обновување на пругите ќе се вршат на делници со вкупна должина од над 24 километри или поточно на делниците Табановце - Карпош (5,7 километри), Карпош - Куманово (5,9 километри) и Миравци - Смоквица (12,5 километри). Краен рок за поднесување понуди е 26 септември.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=66B55C114A97B74DA913951547FB924B


Posted By: Max
Date Posted: 03-Aug-2011 at 18:31

http://edessa.topo.auth.gr/x/Rail_Maps_GIS.html - http://edessa.topo.auth.gr/x/Rail_Maps_GIS.html

(истите) http://www.invest-in-serbia.com/databits/corridor_x/Corridor_X_maps_rail.htm - http://www.invest-in-serbia.com/databits/corridor_x/Corridor_X_maps_rail.htm

http://www.kx-plus.com/en/Downloads/index.jsp - http://www.kx-plus.com/en/Downloads/index.jsp

http://edessa.topo.auth.gr/X/New/2010_Documents/2010_07_05_WCTR10.pdf - http://edessa.topo.auth.gr/X/New/2010_Documents/2010_07_05_WCTR10.pd f

Rail Border Stations – Situation in 2007-08

Border Station

Main Problems

Planned Measures

Need for further improvement


 

 

Presevo (passengers)

and

Ristovac (freight)

Inspection services are at the road border station, Unsatisfactory passenger service level

Macedonian border railway line modernisation

Increase of the level of service offered, proportionally to passengers needs


Tabanovce

Lack of engines, Lack of railway tracks, Long lasting administrative procedures of customs and railways, Lack of expertise of staff, Absence of centralised computer system within Railways, Lack of lighting, Lack of walkways between railway tracks

No

Asphalt pavement of the access road, Construction of objects and facilities for all services, Improvement of all infrastructure, Staffing of veterinary control, Creation of conditions for introducing integrated control with border services from Serbia


Gevgelija

Lack of engines, Lack of railway tracks, Missing computer link among all customs outposts, Old computer and IT equipment, Insufficient number of staff, causing lack of quality of procedures

Yes, but due to railways privatization process are delayed

Establishment of IT communication links among all customs outposts, Improve IT and hardware equipment and existing software, Staffing of station to achieve full operational capacity

Medzitlija

Not in use

 

 

 


Idomeni

Cement of corridors between railway lines, Lighting of lines, Maintenance of buildings, Insufficient number of customs staff and Railways staff, Not sufficient external inspection of wagons, Incorrect loading documents

Yes. INTERREG III for maintenance and upgrade of buildings. Customs included in project for the upgrade of electronic services

Staff training on PC usage

Supply of cameras, tracing means CIM (COTIF) (1/7/2006) could be submitted and checked electronically

Mesonissio

Not in use

 

 



Posted By: Max
Date Posted: 05-Aug-2011 at 23:29

  • http://en.wikipedia.org/wiki/Cargo_10 - http://en.wikipedia.org/wiki/Cargo_10

[tube]AzTuCvhny3c[/tube]

  • http://www.hznet.hr/fgs.axd?id=5550 - http://www.hznet.hr/fgs.axd?id=5550
  • http://www.hznet.hr/fgs.axd?id=4539 - http://www.hznet.hr/fgs.axd?id=4539

[tube]Pc4XJYYBo74[/tube]

  




Posted By: Max
Date Posted: 06-Aug-2011 at 16:25

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1040&PID=75244#75244 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1040&PID=75244#75244

компанијата не е особена предност и од рентање ќе бидеме во ќар, http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476&PID=107041#107041 - освен ако не им го препуштиме тоа на кинезите ... ако се модернизира  пругата а воедно се скастрат  и царинските постапки, и те како ќе имаме ќар од  каргото по К-10, тука фактор плус е и најавената приватизација на солунското пристаниште, што дополнително ќе влијае на онаа статистика за 700(к-10) vs 7000(к-4)

Now only 2% of freight between Turkey and western Europe is carried by rail. Some 22% goes by road and 75% by ship http://www.economist.com/node/17046693 - http://www.economist.com/node/17046693



Posted By: Max
Date Posted: 07-Aug-2011 at 17:21

 

Originally posted by Vladimir P

За брзини над 120 км/час најголем фактор е правецот т.е. благи кривини, или соодветен терен. А тоа во клисурата е нерентабилно или неизводливо земи го како сакаш.
може и тоа [ http://hr.wikipedia.org/wiki/Nagibni_vlak#Isplativost - 1 ][ http://www.hrt.hr/index.php?id=48&tx_ttnews%5Btt_news%5D=122214&tx_ttnews%5BbackPid%5D=23&cHash=43ece1b19c - 2 ] но ако се изместува к-10 нема потреба, евентуално за к-8...  

покрај хрватска и србија, вардарска долина отвара можност и ние да добиеме брза железница, прашање е само дали грција ќе може дополнително да инвестира во к-10 доколку не ја приватизира железницата како би се комплетирал коридорот... еу-проекција е 160км/ч до 2020, прашање е колку ќе биде истата надмината и која носивост би ја имале тие пруги по к-10 

EU-HSL 2010 http://www.uic.org/IMG/jpg/europe.jpg - http://www.uic.org/IMG/jpg/europe.jpg  

EU-HSL 2020 http://www.airport-on-rails.org/galeria/hs_net_2020en.jpg - http://www.airport-on-rails.org/galeria/hs_net_2020en.jpg

EU-HSL 2025 http://www.uic.org/IMG/jpg/europe_2025.jpg - http://www.uic.org/IMG/jpg/europe_2025.jpg  

Up today, no accident with injured passenger at more than 200 km/h [ http://www.uic.org/spip.php?article443 - 1 ] ова веќе им е застаренo      




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Aug-2011 at 19:06
Originally posted by Max

Originally posted by Vladimir P

За брзини над 120 км/час најголем фактор е правецот т.е. благи кривини, или соодветен терен. А тоа во клисурата е нерентабилно или неизводливо земи го како сакаш.
може и тоа [ http://hr.wikipedia.org/wiki/Nagibni_vlak#Isplativost - 1 ][ http://www.hrt.hr/index.php?id=48&tx_ttnews%5Btt_news%5D=122214&tx_ttnews%5BbackPid%5D=23&cHash=43ece1b19c - 2 ] но ако се изместува к-10 нема потреба, евентуално за к-8...  

Сите коридидори се претежно за брз транспорт на карго а примерите што ги даваш се патнички нагибни возови, такви карго нема

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: mitatos
Date Posted: 19-Sep-2011 at 15:32

Пругите напролет на ремонт

Сања Наумовска


Иако во почетокот на годината беше најавено дека градежните работи за подновување на истрошените пруги ќе стартува во септември, сепак, моментно се' уште не е завршен тендерот за избор на изведувач.

Стартот на реконструкцијата на три делници од железничкиот Коридор 10 ќе започне напролет. Ова е второ одложување на проектот вреден 17,6 милиони евра, кој ќе се финансира со кредит од Европската банка за обнова и развој. Како што информира Министерството за транспорт и врски, јавниот повик за избор на градежна фирма, која ќе го изведува ремонтот на делниците Табановце – Куманово и Миравци – Смоквица, е објавен во јули, а крајниот рок за доставување на понудите е 26 септември. По периодот за евалуација и процена на понудите, се очекува договорот со најповолниот понудувач да биде склучен дури во декември.

„Предвидено е од март да започнат градежните работи на двете делници со вкупна должина од 26 километри што треба да завршат до март 2013 година“, информираат од Транспорт.

Во Македонија од Коридорот 10, кој започнува во Салцбург и завршува во Солун, поминуваат 213 километри. Со финансиската поддршка од ЕБОР, ќе бидат обновени вкупно 54 километри истрошена железничка инфраструктура. На пругите целосно ќе бидат заменети дрвените прагови стари над четири децении со нови бетонски делови. Ќе се обновуваат и шините, особено најоштетените делови на свијоците. Во реконструкцијата на пругите ќе биде опфатен и толчникот, од кој ќе се отстранат нечистите делови и ќе се заменат со нови.

Пругата по должина на Коридорот 10 има добри перформанси и со дополнителните вложувања ќе може да се постигне максималната брзина на движење на возовите од 120 километри на час. Моментно возовите по македонските пруги патуваат со максимална брзина од 50 до 60 километри, а само да одредени делници до 100 километри на час.

Француската фирма „Систра“ е избрана на повикот за консултант во проектот што ќе треба да ја подготви документацијата за тендерите и да врши надзор над градежните работи.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EB7DC64A5B82444CA77F554C577DBBCE


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 19-Sep-2011 at 17:04
Остаревме дури да се 'ремонтира' коридорот 10, а камоли да се изгради 1 метро нова пруга Unhappy


-------------


Posted By: axel
Date Posted: 26-Sep-2011 at 17:53

ЕБРД именува супервизор за надградбата на Коридорот 10


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/09/26/Koridor-10-300x.jpg

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ја назначи италијанската компанија за консалтинг од областа на инжинерингот „Италфер С.п.А.“  за супервизија на 36-месечната програма за наградба на 150 километри од Коридорот 10 во Македонија и Србија.


„Италфер С.п.А.“ е консултантска компанија основана од „Италијанските железници“ во 1984 година во Рим. Компанијата работи на полето на традиционалните и брзите железници, како и на градскиот железнички транстпорт (метроа), нудејќи целосен опфат на услуги од транспортни развојни планови, визибилити студии и детален дизајн, како и подготовка на тендерски документации, услуги од областа на набавката, управување со проекти, тестирање, инспекции, техничка помош, проектно финансирање и слично.


Има работено на редица проекти на територијата на бивша Југославија, Источна Европа и Централна Азија.

http://daily.mk/cluster3/fc26e3d7f01c73794b09ee3a7edbf31b/917711



Posted By: mon
Date Posted: 27-Sep-2011 at 00:14
Znaci li ova deka posle tie 36 meseci ce imame sansi da vidime
nekoja od modernite evropski lokomotivi kako vlece i kaj nas?
 
Toa bi bilo ubava gledka!
Thumbs%20Up


-------------
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-Sep-2011 at 11:40
Originally posted by mon



Znaci li ova deka posle tie 36 meseci ce imame sansi da vidime
nekoja od modernite evropski lokomotivi kako vlece i kaj nas?
 
Toa bi bilo ubava gledka!
Thumbs%20Up



Друже оваа вест значи дека ќе нема можност некој да си присвои дел од доделените финансиски средства, да врши коруптивни дејанија или пак фушерајски да ја обнови пругата за да не ни се случи по 2-3 месеци да имаме ограничување на брзината на возовите.


Posted By: mon
Date Posted: 28-Sep-2011 at 01:34

Ne se razbravme Bojan; mojata poenta bese dali posle obnovuvanjeto na tie

"150 kilometri od Koridorot 10 vo Makedonija i Srbija" ce ima sansi nekoja od evropskite
lokomotivi da protutni so nekoja kompozicija i niz Makedonija, kako sto toa go napravi Simensovata ES 64 F4-032 niz Srbija.
 
Eventualnite "prisvojuvanja na dodelenite finanasii, koruptivni dejanija ili fuseraji" ne bi gi spomnuval tuka,
mi ja rasipuvaat fantazijata na eventualna kompozicija kako na onaa od videoto od Belgrad,
samo ovoj pat vo Skopje.
Wink


-------------
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net


Posted By: axel
Date Posted: 06-Oct-2011 at 15:59

Ќе стане ли Коридорот 10 вистинска конкуренција за Коридорот 4?

Ќе%20стане%20ли%20Коридорот%2010%20вистинска%20конкуренција%20за%20Коридорот%204?
Мартин Пушевски
Ќе успее ли идејата Коридорот 10 да стане здрава конкуренција на Коридорот 4? Доколку поранешните ЈУ – републики во скоро време не постигнат договор околу побрзиот транспорт на стоки, ова тешко може да се случи. Коридорот 4 поминува низ земји од Европската Унија, каде што не постојат царински формалности и пречки за побрз превоз на стока. Почнува од Германија. Минува низ Чешка, Унгарија, Романија, Бугарија, па се до Турција. Преку Коридорот 10 се уште постојат разни формалности што го отежнуваат транспортот, па токму затоа многу компании и  избегнуваат да го користат.

„Функционирањето на Карго 10, односно на здружението кое сакаме да фунцкионира на коридорот 10, во кое Македонски железници – транспорт пристапи на определен начин, почнува да функционира. Се работи за голем зафат. Целта е да се намалат формалностите, непотребните задржувања,  да се зголеми комерцијалната брзина на транспортот на стоки по коридорот 10, а со тоа да се направи и една конкуренција на коридорот 4”, изјави Кире Диманоски, македонски железници - транспорт

Функционирањето на Коридорот 10 е од интерес и за Словенците. Тие се надеваат дека наскоро ќе влезат на пазарот во Македонија, бидејќи ги отстраниле неправилностите во врска со сертификат за сигурност. Конкуренцијата во железничкиот сообраќај е добредојдена, ќе го подигне квалитетот на услугите – велат од Македонски железници – транспорт.

„Целта на алијансата „Карго 10”е да се скратат процедурите на границите меѓу екс-ју земјите, царинските и инспекциските процедури, се со цел да се забрза превозот преку овие граници со што ќе му бидеме поголема конкуренција на коридорот 4”, Марио Матиќ, претставник на Словенечки железници

Но, уште една олеснителна околност за компаниите е и новиот карго-терминал на аеродромот „Александар Велики”.

„Поради старите и ограничени услови за складирање на стока, порано не бевме во можност се да прифатиме, меѓутоа сега, со новата карго-терминална зграда се отвораат вистинските можности и се очекува во блиска иднина сите компании што ги користеле околните аеродроми да дојдат на нашиот. Спремаме и нова ценовна политика, со што ќе бидеме и многу поконкурентни”, изјави Орхан Сабит, постар надзорник на карго-терминалот

Новиот карго –терминал ќе ги опслужува сите типови авиони и ќе биде отворен за секаква стока, со што значитечно се подобрува конекцијата за транзитот.

http://daily.mk/cluster3/282a37ce5d808a19f6aa9fa5b0c0a278/933590


Posted By: N23
Date Posted: 30-Dec-2011 at 00:53

Упознат е некој со ова?

  1. Ремонт на пругата Неготино – Дуброво..................................2.000.000 Е

За реализација на овој проект финансиските средства беа обезбедени од буџетот на Р. Македонија .Изработен е ремонт на железничка линија во должина од 6,2 километри, при што беа заменети дотраените дрвени прагови со бетонски и дел од шините.Со тоа се овозможи да на овој дел од пругата возовите се движат со брзина за која е проектирана пругата од 120 км/час .

и патем слики да видиме.



Posted By: BOJAN
Date Posted: 30-Dec-2011 at 18:15
Originally posted by N23

Упознат е некој со ова?


Ремонт на пругата Неготино –
     Дуброво..................................2.000.000 Е</span>



За реализација на овој проект финансиските
средства беа обезбедени од буџетот на Р. Македонија .Изработен е ремонт на
железничка линија во должина од 6,2 километри, при што беа заменети дотраените
дрвени прагови со бетонски и дел од шините.Со тоа се овозможи да на овој дел од
пругата возовите се движат со брзина за која е проектирана пругата од 120
км/час .

и патем слики да видиме.



Да, да, во текот на секоја година се реализираат вакви помали зафати, но се работи за многу мали делници. Не сакам да зборувам на памет, но на пример, ние менуваме само 6-7 километри секоја година а тоа е многу мал сегмент во однос на староста на нашите пруги. Наредната година треба да се опфати поголем ремонт долж Коридорот 10, но сепак она што треба да се промени од железничка инфраструктура е далеку поголемо.


Posted By: N23
Date Posted: 30-Dec-2011 at 19:59

Previous

Сосема си во право дека треба далеку повеќе да реновираме. Но ме изненади што сепак се реновирале и 6 км оваа година, што секако не е за пофалба, но ми дава надеж дека штом се реновирале оваа година 6, догодина 50, би можеле да се надеваме дека за 10-тина години ќе иаме ако ништо друго барем реновирана постоечка железничка мрежа, барем коридор 10 и кракот 10д.



Posted By: krkilipa
Date Posted: 31-Dec-2011 at 07:25
Последен ремонт на Коридор 10 извршен е пред 2 години баш на таа делница. Единствената македонска компанија која врши ремонт на пруги е пред распаѓање. Пруга со 120 км/ч во Македонија нема во последните 20-25 години. Инаку гледано од балканска перспектива, македонските пруги се во добра кондиција и слободно би ги оценил со 3 во скала од 1-5.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 31-Dec-2011 at 12:39
Originally posted by krkilipa

Последен ремонт на Коридор 10 извршен е пред 2 години баш на таа делница. Единствената македонска компанија која врши ремонт на пруги е пред распаѓање. Пруга со 120 км/ч во Македонија нема во последните 20-25 години. Инаку гледано од балканска перспектива, македонските пруги се во добра кондиција и слободно би ги оценил со 3 во скала од 1-5.


Хм, дали тоа значи дека извршениот ремонт од пред 2 години не е квалитетно направен? Реконструкција на една иста делница по два пати во толку краток период е навистина лудост, покрај големата дотраена инфраструктура.


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 10-Apr-2012 at 20:22

Потпишан договор за ревитализација на пруги од Коридорот 10

Јавното претпријатие Македонски железници - Инфраструктура и германскиот конзорциум „Wiebe & Alpine“ денеска во Скопје потпишаа договор за реализација на проектот „Ремонт на пругите Табановце - Карпош - Куманово“ и „Миравци - Смоквица“.

Проектот, кој предвидува целосен ремонт на две делници од Коридорот 10 со вкупна должина од 25 километри, ќе се реализира со финансиски средства во износ од 6,986 милиони евра, обезбедени од Владата на Република Македонија преку кредит од Европската банка за обнова и развој.

- Се предвидува целосен ремонт на долниот и на горниот слој и на сите други елементи на двете делници, рече генералниот директор на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека со средствата од кредитот од ЕБОР во вкупен износ од 17,6 милиони евра се предвидува и ревитализација на делницата Ногаевци - Неготино во должина од 30 километри со што целосно ќе се заокружи Коридорот 10.

- По реконструкцијата на овие делници пругата по целиот Коридор 10 ќе може да се користи со проектираната брзина од 120 километри на час, посочи Асани.

Во врска со Коридорот 8 истакна дека ќе следува потпишување договор со фирмата која ќе треба да ги преработи основниот и изведбениот проект за делот Куманово - Бељаковце.

- Веќе имаме одобрени пари од ЕБОР преку Вест Балкан инструментот за делот од Бељаковце преку Крива Паланка до Деве Баир, а има и одлука со ИПА фондовите за делот од Кичево до Лин во Албанија. Таму наскоро ќе почне процедура за избор  на консултант кој ќе го прави и главниот и изведбениот проект, појасни Асани.

Германскиот конзорциум „Wiebe & Alpine“, кој беше избран на јавен тендер, е должен во рок од 60 дена по потпишувањето на договорот да изврши пренесување на опремата до градилиштето, да изврши набавка на потребните материјали и да го формира градилиштето во станицата Куманово.

Со ремонт на пругата ќе се започне од делницата Табановце-Карпош во мај годинава, а рокот за изведба е една година.

Последниот ремонт на делниците Табановце - Карпош - Куманово“ и „Миравци - Смоквица“ е направен во 1970 година.

Со новиот ремнот се предвидува замена на 30 сантиметри од лошиот земјан материјал, поставување геотекстил и геомрежа, вградување нов квалитетен камен материјал, комплетна земна на дотраените дрвени прагови со армирано-бетонски и замена на шините и изолираните лепени состави со нови. Ќе се обноват и пероните и стојалиштата и 11 патни премини во исто ниво на двете делници.



-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jun-2012 at 00:58
Започнува реконструкцијата на железничкиот Коридор 10, експертите предупредуваат да не биде површна



Според директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Ирфан Асани, германскиот конзорциум „Вибе и Алпине“ (Wiebe & Alpine) денеска треба да го започне ремонтот на железничкиот Коридор 10 на делниците Табановце – Куманово и Миравци – Смоквица, во вкупна должина од 24,1 километри. Со првата фаза од реконструкцијата на пругата од Табановце до Гевгелија ќе се променат 30 сантиметри од лошиот земјен материјал на овие делници, на долниот строј од пругата ќе се постави геотекстил и геомрежа, ќе се вгради нов камен материјал, а планирана е и целосна замена на дрвените прагови со нови армирано – бетонски. По завршување на обновата на железничката пруга брзината на возовите ќе се зголеми од сегашните 40 на 120 километри на час. http://www.build.mk/?p=14141 - Во согласност со договорот, градежните активности е предвидено да завршат во период од една година по неговото потпишување , а инвестицијата во овие две делници ќе изнесува околу 7 милиони евра.

 

 

 

 

Наспроти оптимизмот од раководните структури на железницата, дел од експертите имаат извесна доза на сомнеж за резултатите што ќе ги донесе претстојниот ремонт на инфраструктурата. Во априлскиот број на списанието „Пресинг“, во издание на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, градежниот инженер Филип Ивановски се осврнува на загрижувачката положба во која се наоѓаат пругите во земјава. Задржувајќи се на добиениот заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), тој напоменува дека одобрените средства не треба да се потрошат на безначајно редење на бетонски прагови во должина од 63 километри. „Луѓето од техниката треба да знаат дека ќе бидат одговорни за залудно потрошените средства. Со сумата од 17,6 милиони евра може да се изврши посериозна реконструкција на одвај 15 – 20 километри пруга“, заклучува инженерот Ивановски.

Од МЖ – Инфраструктура пристигнува и информацијата дека во наредните недели треба да се објави и тендерот за избор на компанија што ќе го изведе ремонтот на делниците Ногаевци – Градско, Градско – Кукуричани и Кукуричани – Криволак – Неготино, со вкупна должина од 30,9 километри. Градежните работи на овие сегменти до железничкиот Коридор 10 ќе започнат во текот на идната година и ќе завршат во првата половина од 2014 година. ЕБРД преку кредит ги обезбеди финансиските средства за овој проект, а значајно е да се напомене дека истовремено финансиски средства се обезбедени и за http://www.build.mk/?p=5041 - реконструкција на 112 километри пруги од овој паневропски коридор на територијата на Србија , со што во наредниот период би требало да се укинат ограничувањата на брзините и да се обезбеди побрз превоз на патници и стоки.




http://www.build.mk/?p=15705 - #
Објавено на 06.06.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b0%d0%bb%d0%bf%d0%b8%d0%bd%d0%b5-%d0%b1%d0%b0%d1%83 - Алпине , http://www.build.mk/?tag=wiebe - Вибе , http://www.build.mk/?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%be - Градско , http://www.build.mk/?tag=%d0%b6%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b7%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0 - Железница , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b0%d1%80%d1%85%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b8-%d0%b8-%d0%be%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d1%81 - Комора на овластени архитекти и овластени инженери , http://www.build.mk/?tag=koridor-10 - Коридор 10 , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b8 - Кредити , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d1%80%d0%b8%d0%b2%d0%be%d0%bb%d0%b0%d0%ba - Криволак , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d1%83%d0%ba%d1%83%d1%80%d0%b8%d1%87%d0%b0%d0%bd%d0%b8 - Кукуричани , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be - Куманово , http://www.build.mk/?tag=%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%86%d0%b8 - Миравци , http://www.build.mk/?tag=%d0%bd%d0%b5%d0%b3%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%be - Неготино , http://www.build.mk/?tag=%d0%bd%d0%be%d0%b3%d0%b0%d0%b5%d0%b2%d1%86%d0%b8 - Ногаевци , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%bc%d0%be%d0%ba%d0%b2%d0%b8%d1%86%d0%b0 - Смоквица , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d1%86%d0%b5 - Табановце , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8 - Тендери и лицитации

http://www.build.mk/?p=15705


Posted By: polval
Date Posted: 10-Jun-2012 at 09:38
Аирлија, фирмите Wiebe и Alpine влеваат доверба. Да се надеваме дека проектот успешно ќе се заврши.


Posted By: alexsend
Date Posted: 12-Jun-2012 at 09:44
Вчера на вести имаше една лоша информација што се однесува до коридор 10.
Со оглед на тоа што замената, коридорот 4, поминува само низ земји на ЕУ и за разлика од нашиов антички (може намерно не го модернизирале се шалам) тој е нов и доста модерен, веќе западњациве немаат интерес од десетката. Скоро сите кои имаат опција се префрлале на коридор 4.
Тоа значи дека коридор 10 ќе си остане за регионална употреба само, воглавно на државите на екс ју. Без било какво посериозно меѓународно значење или извор на финансии.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=92477


Posted By: polval
Date Posted: 21-Jun-2012 at 09:58
Коридорот 10 поради војните во Југославија не се користеше, во меѓувреме не можеме да очекуваме комшиите да седат со скрстени раце, така да се случи тоа што се случи.


Posted By: toasumjas
Date Posted: 21-Jun-2012 at 16:16
ме интересира дали брзината ќе се зголеми на 120км/час поради тоа што тоа е максимална брзина на возовите кај нас или воопшто тоа е максималната брзина со која ќе може да се вози по пругата без оглед на тоа дали возот би можел да развие и многу поголема?


Posted By: kultuzin
Date Posted: 21-Jun-2012 at 17:36
Originally posted by toasumjas

ме интересира дали брзината ќе се зголеми на 120км/час поради тоа што тоа е максимална брзина на возовите кај нас или воопшто тоа е максималната брзина со која ќе може да се вози по пругата без оглед на тоа дали возот би можел да развие и многу поголема?


Od nasite novinari moze se da ocekuvame.
No koga se dava vakva informacija bi trebalo da se odnesuva na prugata, zatoa sto prugata se restavrira a ne vozovite.


Posted By: Тркало
Date Posted: 22-Jun-2012 at 01:14
Originally posted by toasumjas

ме интересира дали брзината ќе се зголеми на 120км/час поради тоа што тоа е максимална брзина на возовите кај нас или воопшто тоа е максималната брзина со која ќе може да се вози по пругата без оглед на тоа дали возот би можел да развие и многу поголема?


Максималната брзина на Кенеди локомотивите (серија 661) е 120 км/ч, тука негде се и Макоса гарнитурите (освен ако поради староста не се задржани истите перформанси, а е доста логично.Сепак, ремонтираните би требало да ја држат таа брзина).
Електричните би требало да се со поголеми брзини, особено за последните репарирани во Кончар 140-160км/ч., 80% сум сигурен.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Jun-2012 at 01:28
Но, тука на оваа пруга, максималната односно проектираната брзина на пругата е 120 км/час дури и да имавме локомотиви за поголеми брзини. Значи според мене се работи за втората причина. 

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 22-Jun-2012 at 02:28
Според она што го имам видено во германија и како се класифицираат железничките делници, сум скоро сигурен дека станува збор за проектираната максимална брзина на пругата по која ќе можат да се движат возовите. Повторно од моето набљудување на германскиот железнички систем имам впечаток дека има стандарди по кои се градата железнички делници, како радиус на кривина, изолираност од околина, тип на електрификација и комуникација според кои се одредува кои се максималните брзини со кои возовите безбедно смеат да се движат по дадената пруга. На пример ICE делниците во германија по кои максималната е над 220 км/ч обично имаат целосно бетонски основи за разлика од тие кои се предвидени за 160 км/ч каде пругите се на бетонски прагови врз чакал


Posted By: polval
Date Posted: 22-Jun-2012 at 08:40
Да, има такви стандарди за градење железнички пруги. Имам некои постари книги каде што се обработени елементи на колосек и контактна мрежа за брзини до 160 км/ч на ЈЖ.



Posted By: toasumjas
Date Posted: 22-Jun-2012 at 10:50
Ако е така не ми е јасно зашто не извршиме реновирање на пругите кое ќе овозможи поголеми брзини. Па 21 век сме побогу! Која нова моторна гарнитура и да ја купиме во иднина ќе има максимална брзина многу поголема од проектираната!


Posted By: polval
Date Posted: 22-Jun-2012 at 18:12
По мое мислење исклучиво поради пари, поточно недостаток на истите. Друга причина не ми паѓа на памет.


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Jun-2012 at 22:30
Originally posted by polval

По мое мислење исклучиво поради пари, поточно недостаток на истите. Друга причина не ми паѓа на памет.
парите веќе одамна е глупаво да бидат изговор...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Jun-2012 at 22:45
Луѓе заборавате дека апгрејд на пруга до брзини од 160/200 км/час чини многу, многу повеќе од изградба на автопат, особено низ планински терен каков што имаме во Македонија. Тоа вклучува целосна автономност на трасата (со денивелирани премини), правење на втор паралелен колосек, реконструкција на сите станици за бесконфликтно преминување на патниците, исправување на радиусите на кривите, пеглање на наклоните...
Друг фактор што треба да се земе в предвид е сплетот на околности дека Македонија засега останува комплетно изолирана и зависна на К10, коридор кој забрзано станува подреден на паралелниот К4. Грција е во рецесија од која нема да излезе во следнава декада, а Србија ја приоретизира делницата кон Бугарија, наместо кон Македонија.  Затоа мислам дека е тотално непотребно да се реконструираат пругите на К10 над 120 км/час, а парите да се вложат во довршување на изградбата на К8 кон Бугарија и изградба на пруга кон Охрид и Албанија. Секако мислам дека има огромен потенциал во пругата кон Албанија, особено на делницата Скопје-Тетово-Гостивар, како и фактот дека Охрид ни е главниот туристички центар, кој мислам дека би доживеал ренесанса доколку се пушти пругата Софија-Скопје-Охрид-Тирана.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: polval
Date Posted: 23-Jun-2012 at 18:59
Недостатокот на пари не е изговор туку точно една од причините. Да го споменеме одржувањето на железниците, дупките по патиштата може и да се игнорираат, железницата не трпи таков тип на импровизации.

Значи:
трошоци за одржување на пруги = сериозна сума

трошоци за одржување на патишта=сума на пари која може и да не се потроши бидејќи возачите секогаш може да бидат обвинети дека не знаат да возат ако им се случи да го оштетат возилото на дупка која е на патот веќе подолг временски период, нели требало веќе да знаат дека таму има оштетување на патот.


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 09-Jul-2012 at 15:10

http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/77212-Rekonstrukcija-na-prugite-od-Koridorot-10 - Реконструкција на пругите од Коридорот 10


Владата денеска го најави официјалниот почеток на реконструкцијата на железничката инфраструктура од Коридорот 10, со подготовка на проектни студии и проектната документација за железничките делници Куманово-Дељадровце, Драчево-Велес и Битола-Кременица.

235-5000

Проектот во износ од 1,4 милиони евра се финансира со 1,24 милиони евра од ИПА компонентата за регионален развој и 200 илјади евра средства од Буџетот на Република Македонија.

- Проектот е фокусиран на подготовка на проектни студии и документација за овие коридори со цел комплетнирање на целокупната документација со што Македонија ќе има зрели проекти за натамошни чекори кои ќе доведат до целосна рехабилитација на железничката инфраструктура, рече на денешната прес-конференција во Владата министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Според него, имплементацијата на вакви проекти во железничката инфраструктура во земјава како стратешка транспортна точка во регионот ќе ги зајакне врските со соседните држави, но и протокот на стоки од и во Македонија. Проектот, како што рече, е и потврда дека институциите на системот имаат доволен капацитет да спроведуваат проекти во соработка со ЕУ и да влечат средства од ИПА фондовите.

Средствата за изработка на проектната документација за овие три железнички делници изнесуваат 1,45 милиони евра, од кои најголем дел 1,24 милиони се обезбедени преку ИПА компонентата за регионален развој, а останатите 200 илјади евра од буџетот на Република Македонија.

346456-500

Приоритет ќе биде реализацијата на делницата Битола-Кременица, која, како што рече министерот, е значајна за разој на регионот на Пелагонија и поврзувањето со Грција. Делницата треба да почне да се реконструира во 2013 година, работите ќе се изведуваат 24 месеци. Предвидено е рехабилитацијата да чини околу 9 милиони евра од кои 8,6 милиони повторно ќе бидат обезбедени од ИПА компонентата за регионален развој, а останатите 400 илјади евра од буџетот на Република Македонија.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, подгоготвката на проектите за рехабилитација на железничките линии на двата коридора е увертира за една голема инвестиција во железничкиот сообраќај.

- Во периодот од 2014 година Македонија ќе почне со имплементација на проекти во износ од околу 22 милиони евра кои ќе се финансираат во рамки на оперативната програма за регионален развој, а предвидуваат активности за секторот железници поврзани со двата железнички паневропски коридора во Македонија, посочи Ставрески.

Тој додаде дека како позначајни од овие проекти кои ќе имаат ефекти за граѓаните на Република Македонија,  се реконструкцијата и модернизација на железничките станици. За реконструкцијата на Железничката станица во Скопје во вредност од 2,7 милиони евра, се очекува тендерот да биде распишан следниот месец, а работите да почнат наредната година. Следната фаза, како што додаде, е реконструкција на сите железнички станици долж Коридорот 10, што се очекува да чини околу 6 милиони евра.

- Ќе се рехабилитираат сите железничките станици кои се во најлоша состојба и имаат потреба од итна рехабилитација, и на тој начин ќе се подобрат условите за граѓаните кои ја користат железницата, рече Ставрески.

Проектот, како што истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски ќе го зголеми капацитетот на Коридорот 10, ќе ја зголеми брзината на движење, ќе бидат намалени негативните ефекти врз животната средина, ќе биде подобрена безбедноста, ќе се зголеми протокот на меѓународната трговија, на товарниот сообраќај, а ќе придонесе и кон зголемување на компетитивноста на коридорот 10 во однос на коридорот 4.  Коридорот 10, додаде,  е важен за Македонија бидејќи над 90 отсто од трговијата се одвива преку него.

Евроамбасадорот Аиво Орав на прес-конференцијата истакна дека Европската унија вложува во транспортната инфранструктура и потенцира дека и во иднина ќе поддршката на транспортниот сектор во Македонија останува приоритет. Според него, целта е да се создаде единствена транспортна мрежа која е важна за подобрување на социекономските услови.

Железничкиот Коридор 10 во Македонија кој е основен елемент на централната транспортна мрежа, почнува на север од граничниот премин Табановце и завршува со јужниот граничен премин во близина на Гевелија. Кракот 10д од Коридорот 10 почнува во Велес и завршува на граничниот премин Кременица во близина на Битола. Со рехабилитацијата, брзината шна движење ќе се зголеми на 120 или 160 километри на час.

Најголемиот дел од железничката инфраструктура во Македонија не е реновирана во последните 30 години. Осум отсто се рехабилитирани во изминатите 10 години. Пред 20 години низ македонските железници се превезувале 10 милиони тони стока на годишно ниво, а денес 3 до 4 милиони тони.



-------------


Posted By: alexsend
Date Posted: 09-Jul-2012 at 22:19
Од Табановце до грчката граница по нови пруги со брзина од 160 километри на час
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6D026766FE5B1A41957CCA925BEC3166

Текстот намерно не го копирав затоа што битен е само насловот, приказната ја има погоре. Името на весникот во комбинација во феноменалниот наслов ме тера на смеење...ќе помине време па ќе видиме, дај воже да сум грешка


Posted By: gjoko
Date Posted: 09-Jul-2012 at 22:55
и јас го прочитав и верувај исто помислив да не го постирам текстот,од други причини,а вредно е за споменување дека нема да се реконструира делот на коридорот кој ќе биде потопен со евентуална изградба на вардарска долина.

конечно нешто да се гледа барем малку понапред од утре,па да не фрламе пари за џабе(нормално сила да го реализираат овој проект имаат само кинезите,кои ни се последна сламка на спас)


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Jul-2012 at 23:35
Несакам да звучам опозициски, ама сепак 200 илјади евра од Буџетот и 2,4 милиони евра за реконструкција на железницата во Скопје се многу малку средства.


Posted By: Denko
Date Posted: 09-Jul-2012 at 23:51
Ovie se rasfrlaa so milioni... de 2,4 de 9, de 22 veke ne mozam da gi sledam, kako i bi mozel koga shibaat so 160km/h kon jug... 


Posted By: Dexter26
Date Posted: 10-Jul-2012 at 00:05
Previous
 
Па вообичаено така се полни балонот со долгови или со непотребни инвестиции, а бидејќи е повеќе од јасно дека железницата плаче по обнова, ова дефинитивно не е непотребна инвестиција, но со оглед на фактот дека најголемиот дел од парите не се македонски пари, следува заклучокот дека станува збор за полнење на балон со долгови.
 
Колку за потсетување, така започна нарачката на двокатните градски автобуси за Скопје, прво планираа да нарачаат помеѓу 10 и 30 нови двокатни градски автобуси, па скокнаа на 50 двокатни градски автобуси, па 80, па 100, па 120, па 150, за да на крајот нарачаат 200 нови двокатни градски автобуси + 2 двокатни градски автобуси со отстранливи покриви - кабриолети, а подоцна уште 15 такви кабриолети ги нарачаа.
 
Така се полнеше балонот со непотребни инвестиции, а ова со железницава е само почеток, со тек на време ќе се зголемуваат и сумите и должината на пругата која ќе планираат да ја обноват, туку да не им текне на нашинците и нови двокатни возови да нарачаат, во ретро стил се разбира, е тогаш ептен ќе ја нае_еме.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Jul-2012 at 00:09
За жал сега немам многу време за подетална анализа и оценка на проектов, но две работи треба да се јасни:

ИПА фондовите се ЕУ фондови кои се неповратни (не треба да враќаме ништо). ЕБРД пак има најдобри каматни стапки за големи инфраструктурни кредити.

Стручната јавност се огласи и кажа дека овие средства се крајно недоволни за целосен ремонт на пругата, однсно за апгрејд. Станува збор за реконструкција и делумно осовременување со мало подигнување на брзините (веројатно враќање кон проектната брзина на пругата која моментално е снижена заради неодржување, но не и подигнување на проектираната брзина на пругата). Сфатете го ова како крпење на дупки или преасфалтирање на парчиња, наместо целосно преасфалтирање на една улица (од основа до асфалт).

Дали е ова правилниот потход за долгорочно решавање на проблемот, или крпење на сегашната ситуација?-моето мислење во некоја следна пригода.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Dexter26
Date Posted: 10-Jul-2012 at 00:16
Previous
 
Знам дека парите од ИПА фондовите се неповратни, но самиот факт дека над 90% од оваа инвестиција ќе бидат платени со немакедонски пари, со пари кои не доаѓаат од даноци, говори повеќе од доволно дека си имаме работа со влада која не е заинтересирана за инвестирање во нова и современа железница, ај да не навлегувам во фактот дека ја затворија железницата за странски железнички транспортери.
 
И да, во целост се согласувам со тебе, ова е крпење дупки, и самата влада го признава тоа, велат дека станува збор за реконструкција, односно за обнова, никаде не го спомнуваат изразот осовременување на железницата, и да, ова е само крпење на сегашната ситуација и не е правилниот потфат за долгорочно решавање на проблемите во железницата.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2012 at 15:16
Од МИА:
Со рехабилитацијата, брзината шна движење ќе се зголеми на 120 или 160 километри на час.
Што треба да значи ова или/или ?!?
Во зависност инспирацијата на градежните работници ли ? Ако им тргне и едно Ауди да не извадат ?

Како треба да го сфатиме макар спомнувањето на 160 km/h особено кога ќе се земе во предвид неконкретноста и непрецизноста на иформацијата, а и минорните финансиските средства за проектот. Дали воопшто има простор да се надеаме на такви брзини на некоја од споменатите делници, или веќе и за вакви егзактни податоци може да се сервираат комплетни дезинформации?



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Jul-2012 at 15:21
Апсолутно НИКАКО неможе да се надеваме на ни километар повеќе од 120 на саат! Тоа е проектираната брзина на линијата (и тоа само на некои делови)! Средствата се повеќе од мизерни, инаку до сега сите земји ќе имаа експресни железници.
Не заборавај дека со овој зафат само се санира пругата, додека нема никакво ублажување на кривите или наклоните (демек максималната проектирана брзина на трасата нема да се подигнува). Да не зборуваме дека пруги помеѓу 130 и 160 се класифицираат како брзи, така што неопходно е вкрстување на различни нива со сите видови на сообраќај, што вклучува патни премини, претпазни огради за добиток, огради кои штитат од бука... но и самите железнички станици мора да имаат денивелирани коридори за премин на патниците помеѓу пероните. Не смее во никаков случај да се дозволи преминување на пруга, па да налета експрес со 160 на час кој не застанува на некоја селска станица.

Демек поредното плештење на глупости без никаков допир со реалноста.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Jul-2012 at 16:36
Македонија нема шанса никогаш да добие пруга со брзини од 160 км/час,освен делницата Гостивар -Тетово,каде и сега се равиваат добри брзини од 120-130(Томо знае подобро).Токлу мала а толку планинска земја,со градови и села на многу блиски растојанија,како и премини за замјоделски машини и селки премини(Сулари на пример)нема ама баш никаква шанса да добие брза железница.

И да се фрлат милијарди евра да се добие брза железница,секојдневни глетки ќе бидат несреќи,прегазени коли и трактори,нагли кочења и слично.

доволно е за Македонија да се заменат дрвените прагови со бетонски да се заменат шините со нови,како и зајакнување на мостовите посебно на правецот Гостивар-Кичево,бидејќи овој правец во иднина ќе се користи за носење на железо и железна руда од тајмиште,како и во поблиска иднина носење на јаглен од Косово за ТЕЦ Осломеј.

просечни брзини(ама стварно такви брзини) од 80-100 км на час за нас ќе значат како да патуваме со ТГВ


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 09-Nov-2012 at 22:22

Ајде и ова чудо да го видиме......Laugh




Почитувани,

 

Ве информираме дека утре (сабота, 10.11.2012 година) Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ќе присуствува на означувањето на почеток на градежните работи за рехабилитација и модернизација на железничката пруга долж Коридорот 10 во Република Македонија.

 

Настанот ќе се одржи во 13.30 часот, на железничката станица во Куманово.

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да присуствуваат со цел проследување на информациите до пошироката јавност.

 

 

Со почит,

Министерство за транспорт и врски



http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=4012


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Nov-2012 at 17:14
Почнуваат големи инвестиции во железницата
Сабота, 10 Ноември 2012 15:17

На железничката станица во Куманово денеска стартуваа градежните работи за ремонт на железничките делници Куманово - Табановце и Миравци - Смоквица од Коридорот 10. Активностите се дел од владиниот проект „За целосен ремонт на делниците долж Коридорот 10“ во должина од 54 километри за кои се обезбедени 17,6 милиони евра.

Покрај Табановце-Куманово и Миравци-Смоквица наскоро треба да ревитализира и делницата Ногаевци-Неготино.

- Со почетокот на големата реконструкција на железничките пруги значително ќе се подобри функцијата на железницата, ќе се зголеми безбедноста на овој транспорт и ќе се овозможи побрзо движење на возовите до 120 километри чија што просечна брзина сега е од 40 до 50 километри, изјави премиерот Никола Груевски на одбележувањето на почетокот на градежните работи за ревитализација на пругите.

Ревитализацијата на пругите треба да биде завршена за една година, а ќе ги изведува германскиот конзорциум „Wiebe & Alpine“.

Покрај ревитализацијата на овие делници, укажа Груевски, почнати се подготвителни активности за ремонт на пругата Битола - Кременица што моментно не се користи. Со тоа повторно ќе се стави во употреба со што ќе се подобрат можностите за транспорт и превоз помеѓу Македонија и Грција. Нејзиниот ремонт, според премиерот, е значаен и за индустриската зона „Жабени“ кај Битола, а истовремено ќе се излезе во пресрет и на барањето на бизнис-заедницата за воспоставување железничка врска помеѓу Пелагонискиот регион и северниот дел на Грција.

Од Коридорот 10 предвидена е реконструкција и на железничката пруга на делниците Куманово - Дељадровце и Драчево - Велес, а ќе почнат активности и за рехабилитација и надградба и на поголемите железнички станици.
http://kurir.mk/images/stories/2012/03/04/kumanovo500.jpg
- Покрај инвестирање во нови и ремонт на старите пруги планираме набавка и на повеќе нови гарнитури на возови и вагони, за подобрување на безбедноста и сигнализацијата на пругите, за автоматска регулација на брзината на светлината, како и други проекти кои јасно ставаат до знаење дека работите во македонскиот железнички транспорт конечно се раздвижуваат на подобро, истакна премиерот Груевски
http://kurir.mk/images/stories/2012/03/04/gruevski-janakieksi500.jpg
Најдоцна до мај, најави, треба да почне и изградбата на железничката пруга кон Бугарија на делницата Куманово-Бељаковце и веќе се во тек подготовките.

Премиерот укажа и оти Владата почна проект за набавка на 150 вагони и 4 локомотиви. Во тек е избор на консултант кој треба да помогне за подготовка на тендерска документација. Кон крајот на првиот или почетокот на вториот квартал следната година треба да заврши анализата и да се објави тендерот за набавка и кон крајот на 2013 да се склучи договор за набавка на локомотивите од кои поголемиот дел би пристигнале во 2014 година.

Според вицепремиерот Зоран Ставрески, во услови кога никој не може да прогнозира колку ќе трае европската должничка криза Владата на Република Македонија продолжува со напорите да ја поттикне економската активност на земјата преку одржување високо ниво на капитални инвестиции.

- Финансиите за проектот во износ од 17,5 милиони евра се обезбедени во услови кога економската криза налага поголема конкурентност и инвестиции во железничката инфраструктура како најекономичен начин на транспорт на стоките и затоа за Македонија е значајно да се подобри брзината на стоките, безбедноста на железницата и на Коридорот 10 и на Коридорот 8, посочи Ставрески.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески нагласи дека почетокот на градежните активности за рехабилитација на пругите се многу значајни за инфраструктурата и се само сегмент од визијата на Владата за подбрување на состојбите во таа област. Владата реализира и голем број други активности, меѓу кои и реконструкцијата на делницата Куманово-Бељаковце од Коридорот 8 во должина од 30 километри и очекуваме крајот на месецов или почетокот на следниот да имаме и распишан јавен повик за градежна компанија која ќе работи на овој проект и во првиот квартал наредната година да склучиме договор за градежни работи, наведе Јанакиески.

Веќе се изработени, додаде, и физибилити студија и идејни проекти за поврзување со Албанија делницата Кичево-Лин и на почетокот на следната година да има повик на изработка на главен проект.

Градежните работи за рехабилитација на пругите од Коридорот 10 опфаќаат санација на долниот строј на пругата, подобрување на техничките карактеристики на горниот строј на пругата преку замена на трулите дрвени прагови со нови армирано бетонски како и замена на шините и положување нов толчаник. Исто така, со проектот е предвидено обнова на горниот строј на девет патни премини во ниво и истовремено ќе се врши замена на постојаните стојалиштата со нови бетонски елементи.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/91487-Pocnuvaat-golemi-investicii-vo-zeleznicata - http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/91487-Pocnuvaat-golemi-investicii-vo-zeleznicata


Posted By: Dexter26
Date Posted: 10-Nov-2012 at 18:39
Originally posted by gjoko

Почнуваат големи инвестиции во железницата
Сабота, 10 Ноември 2012 15:17

На железничката станица во Куманово денеска стартуваа градежните работи за ремонт на железничките делници Куманово - Табановце и Миравци - Смоквица од Коридорот 10. Активностите се дел од владиниот проект „За целосен ремонт на делниците долж Коридорот 10“ во должина од 54 километри за кои се обезбедени 17,6 милиони евра.
 
...
 

 
...
 
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/91487-Pocnuvaat-golemi-investicii-vo-zeleznicata - http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/91487-Pocnuvaat-golemi-investicii-vo-zeleznicata

 
Речиси сите се фатиле со рацете за стомаците, прашувајќи се:
 
Од каде пари за сето ова ?
 
Што чекале досега ?
 
Кога ќе заврши ова ?


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Nov-2012 at 19:22
Остајте тоа, не сме премногу глупави за да разбереме дека е ова една медиумска помпа. Дали забележавте дека цел владин кабинет работеше врз шини и бетонски прагови кои се поставувени НАД постоечкиот колосек. Голем скандал за мене е ова, се разбира дека треба да се направи промоција на проектот, ама не морале да биде баш бодријаров симулакрум. Многу килаво, а и некако гледам дека австријците си ангажирале од МЖ - Инфраструктура возила за реконструкцијата, така што не ми е јасно зошто самото претпријатие не го реализираше проектот, наместо да се бара градежна компанија.


Posted By: stratus
Date Posted: 10-Nov-2012 at 19:55
Ако сакавме наша фирма да работи ќе мораше чусто од буџетски пари да се направи проектот а не од странски кредити, па вака тие го диктираат тендерот


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Nov-2012 at 19:59
имам гледано емисија на Дискавери за градбата на шпанската супебрза железница,и таму вака се ставаа шините на бетонските прагови,и така заедно се носеа со посебен вагон и се положуваа на `коловозот`.нормално после тоа се става чакалот.

дали е ова истото или сепак се работи за медиумска промоција,незнам


Posted By: axel
Date Posted: 10-Nov-2012 at 21:30
videte ne e problem koja firma ke go pravi vazno da mrdne od mrtva tocka makar i samo stranski firmi rabotele na proektot,problem e t,e najgolem problem e sto IZBORI SE BLIZAT... I SE E JASNO NEMA STO DA SE DISKUTIRA,pocnuvaat golemi proekti u navodnici samo pred izbori a ovie im se 4tvrti i vaka e 20 godini nanazad ja iskreno ne veruvam da ima mnogu lugje koi veruvaat vo ovie proeti,i koi veruvaat deka ke bidat zavrseni za brzo vreme.ne zboruvam samo za k8 tuku i za avtopatistata energetski objekti i t  n. ima eden golem proekt koj veruvam deka ke se zavrshi dfo kraj a toa e sk 2014,ke se zavrsi sigurno i toa nadgraden i prosiren do beskraj ccc koja mizerija sme sramota da ti e maka od sopstvenata drzava toa e ......


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Nov-2012 at 23:21
Originally posted by gjoko

имам гледано емисија на Дискавери за градбата на шпанската супебрза железница,и таму вака се ставаа шините на бетонските прагови,и така заедно се носеа со посебен вагон и се положуваа на `коловозот`.нормално после тоа се става чакалот.

дали е ова истото или сепак се работи за медиумска промоција,незнам
ако одговараше на коментарот на Бојан, мислам дека збореше за тоа како новите прагови со шините се поставени директно врз постоечки колосек (види ја фотографијата)

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Dexter26
Date Posted: 11-Nov-2012 at 00:12
Previous
 
Го видов тоа на фотографијата, но се надевав дека го извадиле постоечкиот колосек на местата на кои ја поставуваат новата железничка пруга и не сакав да верувам дека ја поставуваат новата пруга врз веќе постоечки колосек. 
 
Дали е тоа во ред и безбедно пред се ?


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Nov-2012 at 00:30
добро,еве се испостави дека тоа е направено за да се покаже(најмногу премиерот) како ќе се монтираат шините на праговите.има и видео како премиерот(како пред избори) ги заштрафува затегачите на шините со специјална машина.значи се работи за чист маркетинг за фирмата,премиерот,министрите,и целиот проект.

подобро вака него да покажуваат со раце:овде ќе биде тоа,овде ќе биде она(имагинарно нешто)

еве некоја слика од Владимир,ги гледав попладнето на српски форум,ама несакав да ги ставам да не испадне дека му фрлам реклама на премиерот.








Posted By: tomo441
Date Posted: 11-Nov-2012 at 15:38
Sepak ova e samo oficijalno objavuvanje na pocetokot na rabotite... prugata e na dobar del smeneta i posodirana. Da, Da,
SE RABOTI!!!


Posted By: Dexter26
Date Posted: 11-Nov-2012 at 15:55
Previous
 
Добро што се работи, но сеуште никој не ми одговори на прашањето:
 
Дали е во ред и пред се, безбедно за да се поставува нова железничка пруга врз веќе постоечка и застарена железничка пруга ?


Posted By: tomo441
Date Posted: 11-Nov-2012 at 17:07
Originally posted by Dexter26

Previous  Добро што се работи, но сеуште никој не ми одговори на прашањето:  Дали е во ред и пред се, безбедно за да се поставува нова железничка пруга врз веќе постоечка и застарена железничка пруга ?




Ako mislis deka novata pruga se postavuva vrz starata, togas gresis.
Za da se postavi novata pruga potrebno e (i se pravi) :
-se vadi starata pruga (sini i pragovi)
-se vadi stariot tolcenik do "0"
-se stava specijalna folija koja ne dozvoluva propagjanje na tolcenikot i negovo mesanje so zemjata
-se stava nov tolcenik do odredena nivelacija
-se postavuvaat novite pragovi i sini
seto toa nakraj se posipuva so uste tolcenik, se nivelira i ucvrstuva itn.

Po ova, delot od remontiranata pruga, odreden vremenski period se pusta so namalena brzina (vo zavisnost od 20-30 km/h)za da "legne" i po izvrsenata proverka, ako e se vo red se pusta so redovna brzina.



Posted By: Dexter26
Date Posted: 11-Nov-2012 at 17:15
Previous
 
Благодарам за информацијата.
 
На фотографијата во наредниот цитат изгледа како да се поставува новата железничка пруга врз старата железничка пруга, но бидејќи ти велиш дека не е така, очигледно погрешно сум разбрал.
 
Originally posted by gjoko

Почнуваат големи инвестиции во железницата
Сабота, 10 Ноември 2012 15:17

На железничката станица во Куманово денеска стартуваа градежните работи за ремонт на железничките делници Куманово - Табановце и Миравци - Смоквица од Коридорот 10. Активностите се дел од владиниот проект „За целосен ремонт на делниците долж Коридорот 10“ во должина од 54 километри за кои се обезбедени 17,6 милиони евра.
 
...
 

 
...
 
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/91487-Pocnuvaat-golemi-investicii-vo-zeleznicata - http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/91487-Pocnuvaat-golemi-investicii-vo-zeleznicata



Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Nov-2012 at 17:22
Декс,веќе напоменав дека вероватно ова е промотивно поставување,пред камери да се покаже како ќе се гради.се одбрало местото како за бина,ништо повеќе


Posted By: Dexter26
Date Posted: 11-Nov-2012 at 17:44
Originally posted by gjoko

Декс,веќе напоменав дека вероватно ова е промотивно поставување,пред камери да се покаже како ќе се гради.се одбрало местото како за бина,ништо повеќе

 
Готово сега, тоа е веќе јасно.
 
И се разбира дека нема да ги поштедам нашинците од критиката дека ова е очајнички, идиотски, несериозен и пред се, тапа потег од нивна страна, со цел да демонстрираат некаква лажна одлучност и лажна решителност при обновувањето на македонските железнички пруги. Bash


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 12-Nov-2012 at 22:28
Не ми е јасно како ќе се одвива сообраќајот додека трае реконструкцијата на овие делници?


Posted By: BOJAN
Date Posted: 13-Nov-2012 at 00:32
Originally posted by mr bombastic

Не ми е јасно како ќе се одвива сообраќајот додека трае реконструкцијата на овие делници?


Се работи за меѓународен коридор, така што целосно затворање на пругата сигурно нема да има. Мислам дека ќе се работи во одредени периоди од денот, може да дојде до промена на возниот ред на одредени патнички и товарни возови, некои може привремено да се укинат, а на делницата на која се работи возовите ќе сообраќаат со минимална брзина од 20 км/ч. Пак ќе кажам, ова се мои претпоставки. Доколку има било каква промена на возниот ред, тогаш би имало соопштение од МЖ-Инфраструктура.


Posted By: zookisk
Date Posted: 13-Nov-2012 at 09:00
Originally posted by mr bombastic

Не ми е јасно како ќе се одвива сообраќајот додека трае реконструкцијата на овие делници?



Воведен е затвор на пруга секој ден од 09:00 до 17:00 часот се додека трае реконструкцијата...


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 16-Jan-2013 at 22:56

Информација - Објава на тендер

На 17.01.2013 година се објавува тендер  за ремонт на железничката делница од Коридорот 10 помеѓу Ногаевци и Неготино во должина од 31 километар.

Последниот ремонт на горенаведените пруги е извршен во 1967 година ( пред 46 г.)

Ремонтот ќе се состои од комплетна замена на дотраените дрвени прагови со армирано- бетонски прагови, комплетна замена на  шините со нови, прочистен стариот и надополнет со нов толчаник.

Постоечките 6 ( шест )патни премини во ниво ке бидат изработени со горен строј од рециклирана гума и нов асфалтен приод во должина од 20 метри од двете страни, со што значително ке се подобри безбедноста при поминување на возилата преку патните премини.Исто така се планира пероните на 6 ( шест )стојалиштата да се реконструираат со вградување на нови армирано-бетонски елементи.

Ова представува вториот тендер од предвидениот ремонт на 55 км пруга на Коридорот 10 , со финансиска подршка преку заем од ЕБОР во висина од 17.6 милиони евра.

Со првиот тендер беше опфатен ремонтот  на делниците Табановци – Куманово и Миравци – Смоквица во должина од 24 километри кој е  во тек .

Вкупна реализација на кредитот од ЕБОР со ремонт на делниците опфатени со двата тендера ке биде завршен до крајот  на 2014 година.

Бенефит од ремонтот е овозможување на возење со проектираната брзина од над 100 км/час и зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај, а со тоа и зголемување на квалитетот на превозот на патниците и транспортот на стоки.




www.mzi.mk/news-info.php?id=163



Posted By: MIKI1
Date Posted: 23-Jan-2013 at 12:56
Originally posted by tomo441

Originally posted by Dexter26

Previous  Добро што се работи, но сеуште никој не ми одговори на прашањето:  Дали е во ред и пред се, безбедно за да се поставува нова железничка пруга врз веќе постоечка и застарена железничка пруга ?




Ako mislis deka novata pruga se postavuva vrz starata, togas gresis.
Za da se postavi novata pruga potrebno e (i se pravi) :
-se vadi starata pruga (sini i pragovi)
-se vadi stariot tolcenik do "0"
-se stava specijalna folija koja ne dozvoluva propagjanje na tolcenikot i negovo mesanje so zemjata
-se stava nov tolcenik do odredena nivelacija
-se postavuvaat novite pragovi i sini
seto toa nakraj se posipuva so uste tolcenik, se nivelira i ucvrstuva itn.

Po ova, delot od remontiranata pruga, odreden vremenski period se pusta so namalena brzina (vo zavisnost od 20-30 km/h)za da "legne" i po izvrsenata proverka, ako e se vo red se pusta so redovna brzina.


tomo441,
мало дополнување кон Твојов пост.

Не се работи за фолија, туку се работи за т.н. геотекстил. Тоа е синтетички материјал, произведен со ткаење, пакуван во ролни, кој се вметнува во проектираното место во одреден објект, најчесто при темелење, изведување насипи под пруги и патишта, насипи за речни корита и сл. Геотекстилот, кој се вградува со одреден облик, најчесто со преклопување и свивање, служи за задржување на обликот од материјалот кој се обвива со геотекстилот и така обвиениот материјал, ја задржува својата форма, носивост и стисливост, со тек од времето не ги губи своите механички својства, не се меша со околните материјали, а пропушта природно движење на подземните води.

Во поразвиените земји, не само новите, туку и постарите железнички правци веќе се реконструирани со ваков тип материјал, кој е прилично евтин, а врши голема работа.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Feb-2013 at 09:32
Започната ли е реконструкцијата на првите две делници од Коридорот 10? Има ли некој подетални информации околу проектот, дали се работи на терен, на кој начин се врши реконструкцијата? Фотографии би биле одлична работа, особено во сегментот на машинското отстранување на дотраените материјали и поставувањето нови прагови и шини.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Apr-2013 at 10:06
Колку ни е конкурентен Коридорот 10 или пак зошто треба да очекуваме и понатамошен пад на обемот на превоз на стоки:

Како Македонската железница, од крстосница, стана слепо црево на Балканот?

Железничкиот Коридор 10 ( север-југ) полека ја губи конкурентноста во однос на Коридорот 4 ( исток-запад). Застарената инфраструктура, царинските формалности и задржувањето на граничните премини во регионот се повеќе ги пренасочуваат европските компании да го користат Коридорот 4, правец кој почнува од Германија, минува низ Чешка, Унгарија, Романија, Бугарија до Турција.

Битката за транспортните железнички коридори стигна до точка на вриење. Нов удар за, и така слабата конкурентност на Коридорот 10 зададе Бугарија која неодамна ги намали цените за пристап кон железничката инфраструктура на Коридорот 4 и со тоа ја зголеми предноста пред Коридорот 10 кој поминува низ Македонија. Ваквиот поразителен податок е нотиран во годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај лани, доставен до Собранието.

„Бугарското регулаторно тело не извести дека ја намалуваат таксата за пристап по возен километар од 4 евра на 2,7 евра. Со оглед дека надоместокот за пристап на Коридорот 10 кој поминува низ Македонија се уште изнесува 5 евра по возен километар, може да се каже дека истиот станува неконкурентнен во однос на Коридорот 4 кој поминува низ Бугарија“, се вели во извештајот на Агенцијата.

Експертите констатираат дека штом еднаш се воспостават токовите на стоки преку Коридорот 4, Коридорот 10 ќе биде испратен во историјата.

„Не е потребно да се има само добра инфраструктура, неопходно е транспортот по пругите да биде евтин и на тој начин да се убедат компаниите да ги користат услугите на Коридорот 10 наместо на Коридорот 4“, велат добро упатени експерти во железничкиот бизнис..

Единствена можност македонската железница да ги намали цените за пристап до инфраструктурата е да успее да го зголеми нивото на транспорт, состојба која најбрзо може да се постигне со либерализација на железничкиот превоз и влез на приватни оператори. Но, уште минатата година Владата донесе конена одлука да забрани либерализација на Железницата под изговор дека влезот на приватни оператори во земјава ќе значи низа отпуштени работници од МЖ Транспорт.

Во замена за либерализацијата, Владата вети зајакнување на позицијата на националната железничка транспортна компанија преку обнова на возниот парк и набавка на нови товарни и патнички вагони, но истите треба да се испорачаат дури во 2016 година.

Обемот на товарниот превоз со Железницата во слободен пад

Во меѓувреме, железничкиот товарен сообраќај е во континуиран пад, како по обемот на поминати километри така и во обемот на превезена стока. Лани со железница биле превезени 2.538.879 тони разновидна стока што е за 8,36% помалку од 2011, додека обемот на превоз изразен преку тонски километри изнесувал 422. 983. 411 нето тонски километри што е за 11,68% помалку од 2011 година.

Минатата година се остварени 726 илјади возни километри во товарниот сообраќај што е за 17,78% помалку од 2011 година. Ако се земе предвид дека токму возните километри се основа за пресметка на надоместокот за користење на железничката инфраструктура, која управителот на инфраструктура го наплаќа од превозниците, тогаш станува јасно дека нема пазарна логика за намалување на цената за надоместок за користење на пругите.

Во земјава, железницата се уште најмногу ја користат компаниите од металопреработувачката и рударската дејност како и нафтената индустрија..

Патниците незадоволни од услугите на Железницата

Минатата година не е констатиран само пад на товарниот железнички сообраќај туку и на бројот на патници кој лани се намалил за 28,83% во споредба со 2011 година.

Агенцијата за железнички сообраќај нотирала и дека во крајно лоша состојба се наоѓаат железничките станици во земјава кои не се доволно осветлени, имаат необележани перони а хигиената е на незадоволително ниво. Констатирано е и дека Железницата е во дефицит со капацитети согласно потребата за превоз на патници особено за време на викенди и државни празници..

Агенцијата за железнички сообраќај се уште не може да си ги наплати побарувањата

Иако уште лани, Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај предвидела изработка на неколку методологии за оценување на квалитетот на услуги на патниците, на железничките превозници како и анализа на пазарот на железнички услуги на конкурентноста во однос на патниот сообраќај, ниту една од нив не се реализирала поради недостаток на финансиски средства.

Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај, лани им тарифирала вкупно 130 илјади евра на двете јавни претпријатија МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт како годишна такса за регулирање на пазарот на железничките услуги. Од овој износ 30% биле фактурирани на МЖ Инфраструктура а 70% на МЖ Транспорт. Парите требало да бидат уплатени на сметка на Агенцијата најдоцна до 30 септември, ама до крај на минатата година, Инфраструктура извршила делумна уплата од 33 илјади евра, а МЖ Транспорт се уште ги немала подмирено обврските.

С.Н

Извор: интернет - портал „Фактор“, http://faktor.mk/archives/40476


Posted By: daci92
Date Posted: 16-Apr-2013 at 11:23
Да прашам дали некој знае што стана со рехабилитацијата на Коридорот 10 ,до каде е , што е поправено до сега ,дали се работи активно на терен и такви работи ?


Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Apr-2013 at 16:02
Друже, на линков можеш да прочиташ повеќе информации за постоечката реконструкција на делниците: http://www.mzi.mk/news-info.php?id=177&&cat=7


Posted By: daci92
Date Posted: 16-Apr-2013 at 20:03
Гледам добро оди на Миравци- Смоквица ,само неможев да најдам информации за Куманово- Табановце па се надевам дека и таму иде добро.


Posted By: axel
Date Posted: 01-Jul-2013 at 09:26

Возовите заглавија на старата пруга

Дали „Вибе“ ќе ја продолжи реконструкцијата на Коридорот 10 по банкротот на „Алпине“

Сања Наумовска



Кој ќе ја доврши реконструкцијата на македонските пруги на Коридорот 10, дали и колку време ќе доцни проектот, но и колкави ќе бидат дополнителните финансиски трошоци ако треба да се бара нов изведувач се главните прашања за „Македонски железници - Инфраструктура“, откако минатата недела австриски „Алпине бау“ прогласи банкрот. Во моментов извесно е дека за исполнувањето на желбата на нашите стари пруги да се вози со 120 километри на час, наместо со 40, можеби ќе треба уште малку да се почека.

Во јавното претпријатие „Инфраструктура“, пак, деновиве владее оптимизам дека работата, сепак, ќе биде завршена без застој и дополнителни трошоци. Очекуваат градежните работи да ги преземе партнерот на „Алпине“, градежната компанија „Вибе“. Од двете делници, во текот на изминатава година целосно е завршена реконструкцијата на Миравци – Смоквица, додека, пак, од втората Табановце – Куманово остануваат само уште три километри. Заради ефикасната работа во изминатата година се очекуваше проектот да биде завршен и порано од проектираниот термин во ноември.

Во спротивно, пак, доколку ангажираната компанија не продолжи со градежните работи, ќе изминат најмалку неколку месеци за избор на нов изведувач. Тоа дополнително ќе ја одложи обновата на пругите не која се чекаше долго време. Во тој случај би се активирале и банкарските гаранции кои го обезбедуваат тендерот, па во јавното претпријатие не очекуваат никаква финансиска штета.

За целосно подновување на железничкиот Коридор 10, ќе треба да се реконструира и делницата Ногаевци - Неготино, во должина од 30 километри. Во моментов во тек е тендерот за избор на изведувач, а градежните работи би требало да завршат во 2014 година.

На реконструкцијата на Коридорот 10 се чекаше со децении, најчесто поради финансиски причини, поради кои и не беше започната ниту изградбата на пругата Исток - запад, од Бугарија до Албанија. Кога минатата година во април конзорциумот „Вибе и Алпине“ го доби тендерот за реконструкција на првата фаза на пругите Табановце – Куманово и Миравци – Смоквица, во вкупна должина од 24,1 километри, беше најавено дека проектот ќе заврши до ноември годинава.

Сепак, поради банкротот на австриската градежна компанија, деновиве се запрени активностите на терен. Според проектот, со ремонтот на двете делници треба да биде извршена комплетна замена на дотраените дрвени прагови со нови армирано-бетонски, и да бидат поставени и нови шини. Се врши и целосно прочистување на загадениот толчаник, кој ќе биде дополнет и со нови количини. Се обновуваат и три железничките перони на станиците во Карпош, Милетково и Стара Смоквица. Во текот на обновата ќе се обезбедат и 11 патни премини преку пругите на двете делници, со премини од рециклирана гума и асфалтни приоди, со што ќе се зголеми безбедноста на преминување на автомобилите преку пругата. Обновата е финансирана со кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 17, 6 милиони евра, од кои во оваа фаза се користат 7 милиони евра.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8B64F2DA8C9EDF41A2E7DDBBD994BA5A



Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Jul-2013 at 09:33
И во овој текст нема јасен став на МЖ-Инфраструктура, едноставно треба да излезат во јавност и да кажат што се случува, работава овде е maybe


Posted By: daci92
Date Posted: 01-Jul-2013 at 12:25
Незнам дали има некоја компанија кај нас домашна која има таква машинерија да може да ја изврши обновата доколку има мислам дека би можело да се направи некаков директен договор со таа компанија да ја доврши реконструкцијата на тие 3км кој фалат и да не биде никаков проблем со роковите ,мислам дека и кредиторите би биле разумни за ова решение за директен договор во 4 очи само за побрзо завршување на делниците.

Бојан не е само тоа проблемот ,погледни колку објекти градат Алпине кај нас и во соседна Србија од кој во Србија ако не се лажам ги градат и двете делници на автопати кој моментално ги гради Србија кон Македонија и Бугарија, а никаде нема јасен став ниту од подрачните компании ниту од инвеститорите.


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Jul-2013 at 07:51
Пругата од Ногаевци до Неготино ќе се реконструира

Денеска ќе се потпише договорот за ремонт на пругата од Ногаевци до Неготино на Коридор 10.

Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 10 милиони евра. Според раководството на Железница Инфраструктура, бенефитот од ремонтот на пругата долга 30 километри е зголемување проектираната брзина од 100-120 км/час и зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај.

http://ekonomski.mk/?p=47754 - http://ekonomski.mk/?p=47754

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zookisk
Date Posted: 17-Jul-2013 at 15:26
Двајцата директори меѓу другото разговараа за поставување на заедничка станица каде ќе се врши примопредавањето на возовите, а разгледана е и опцијата за повторно воведување на патничкиот воз до Солун: - Ќе се обидеме да го воведеме тој воз, но се зависи од тоа колку е исплатливо да се воведе таа линија. Не треба да се доведеме во ситуација да влеземе во загуба, истакна Асани на прес-конференцијата по средбата.


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Jul-2013 at 18:48
За три и пол пати намален железничкиот транспорт под Коридор 10

Поради лошата железничка инфраструктура, за три и пол пати е намален железничкиот транспорт по Коридорот 10, во споредба со периодот пред економската криза. Од МЖ Инфраструктура велат дека состојбата во која се наоѓа Коридорот 10, го прави далеку понеконкурентен од Коридорот 4. Честите штрајкови на грчките работници, дополнително го отежнуваат сообраќајот. Директорите на Македонската и грчката железница, кои по 25 години пауза, конечно се сретнаа да разговараат за проблемите и да ја интензивираат соработката, објаснија дека штрајковите не им создаваат големи загуби на бизнисмените, бидејќи тие однапред се најавени и транспортот се регулира според нив.

За да забрза и олесни транспортот по Коридор 10, денеска МЖ Инфраструктура потпиша Договор со бугарската фирма ЦК-13 Холдинг ЈСЦ, за реконструкцијата на железничката пруга од Ногаевци до Неготино. Со тоа ќе се заокружи санирањето на 28-те црни точки на железничките пруги низ државата, каде возовите мораат да се движат со намалена брзина, поради старите и дотраени пруги.

За реконструкција на оваа делница, се обезбедени 9.5 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Последниот ремонт на делницата Ногаевци-Неготино е извршен пред дури 45 години.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=60050#.UebYRo0wfTo - http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=60050#.UebYRo0wfTo

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jul-2013 at 00:23
Интересна вест ама поминала незабележана на форумов.

Колку и да е неизвесен рокот во кој би се извело ова, добро е што сериозно се работи на проектна документација  Thumbs%20Up

Но она што навистина многу ме чуди е фактот како воопшто може во 2013 година, макар една од варијантите да предвидува едноколосечна пруга со проектирана брзина од 120 km/h за оваа толку важна делница. Не само што е дел од пан-европски коридор, туку е и најважната железничка отсечка во Македонија. Со оглед како се развиваат железничките технологии, додека ова се реализира, таа брзина ќе биде смешна и потполно неадекватна. Добро е што консултантите преку споредбата на проценетите трошоци во суштина ја маркирале таа варијанта како бесмислена.


Инаку колку што можам да заклучам, барем дел од кракот што ќе се формира од старата пруга (од Орешани до местото каде што ќе биде потопено) би можел да остане во функција како дел од приградска железница или слично.



Изградбата на ХЕ „Велес“ ќе ја измести пругата помеѓу Скопје и Велес


Нова двоколосечна пруга со максимална брзина на движење на возовите од 160 километри на час, нова едноколосечна пруга која ќе се гради покрај постоечкиот автопат Скопје – Велес или пак темелна реконструкција на постоечката пруга од Драчево до Велес се трите можни сценарија за поквалитетно железничко поврзување долж Коридорот 10 во Македонија. Реализацијата на овој проект во наредните години би се остварила, доколку Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) се одлучи да ја гради хидроелектраната „Велес“ близу Башино Село, која е дел од проектот „Вардарска долина“, со што дел од пругата Скопје – Велес ќе биде потопена и ќе мора да се дислоцира.

 

http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Zeleznica/K10/Izmestuvanje%20na%20Dracevo-Veles/0102.jpg">#


На вчерашната презентација, компаниите што ја изработуваат проектната документација ги обелоденија досегашните реализирани активности од подготовката на физибилити студијата, проценката за исплатливост на инвестицијата и студијата за оценка на животната средина и социјалните аспекти. Македонската фирма „ДЕКОНС ЕМА“, како подизведувач на проектната документација, до крајот на август треба да ја изработи првичната верзија од студијата за оценка на животната средина за овој проект, додека во претстојниот период треба да се завршат и физибилити студијата и анализата за исплатливост на дислокацијата на оваа пруга.

Врз основа на направените анализи, од понудените три варијанти, како најповолна и преферирана траса што ќе ги поврзува Скопје и Велес е избрана двоколосечната пруга во должина од 32,6 километри. Таа би се реализирала од десната страна на реката Вардар, по неа возовите би се движеле брзина од 160 километри на час и во нејзини рамки би се изградил најдолгиот тунел во Македонија со должина од девет километри. Оваа солуција вклучува изведба на тунели во вкупна должина од 10,7 километри, мостови со вкупна должина од 470 метри и галериски простор со должина од 300 метри. Покрај ваквото сценарио, проектантите нудат верзија за изградба на нова пруга која би минувала покрај постоечкиот автопат од Скопје кон Велес во должина од 36,5 километри, која финансиски би чинела речиси идентично на претходната верзија, но би овозможила движење на возовите со максимална брзина од 120 километри на час.

 

http://www.build.mk/docs/users/1/Infrastruktura/Zeleznica/K10/Izmestuvanje%20na%20Dracevo-Veles/0101r.jpg">#

 

 

Проектантите нудат и трета опција за реконструкција на постоечката железничка делница која би ја задржила сегашната траса и со чиј ремонт би се подигнала брзината на возовите на 120 километри на час. Избраните консултанти ги предложија овие три солуции врз основа на изработениот проект за дислокација на пругата од страна на Градежниот факултет во 1982 година. На вчерашната средба со свое мислење излезе и претставникот на ЕЛЕМ, според кого најисплатлива варијанта е да се изгради нова пруга за поврзување на Скопје и Велес која што би минувала преку Свети Николе. Тој истакна дека хидроелектраната „Велес“ треба да се изгради до 2030 година, а за овој енергетски објект веќе е изработен идеен проект и неговата проценета вредност изнесува 251 милиони евра. Според државната компанија, дислокацијата на пругата би се извела во рок од три години, додека изградбата на хидроелектраната би завршила во период од седум години.

Врз основа на потребата за санација на железничкиот Коридор 10, http://www.build.mk/?p=16669 - во 2012 година од европската ИПА програма за регионален развој се издвоија 1,4 милиони евра за изготвување на проектната документација за реконструкција и изградба на пругата од Драчево до Велес, за реконструкција на секцијата од Куманово до Дељадровце и од Битола до Кременица. Австриската „ИЛФ Консалтинг“ (ILF Consulting Engineers), заедно со подизведувачот „ДЕКОНС ЕМА“ во моментов работат на подготовка на документацијата за пругата од Драчево до Велес, додека проектите за останатите две делници се во понапредна фаза на изработка.



http://www.build.mk/?p=27033 - #
Објавено на 19.07.2013 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b0 - Битола , http://www.build.mk/?tag=%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%81 - Велес , http://www.build.mk/?tag=%d0%b4%d0%b5%d1%99%d0%b0%d0%b4%d1%80%d0%be%d0%b2%d1%86%d0%b5 - Дељадровце , http://www.build.mk/?tag=%d0%b4%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81-%d0%b5%d0%bc%d0%b0 - ДЕКОНС ЕМА , http://www.build.mk/?tag=%d0%b4%d1%80%d0%b0%d1%87%d0%b5%d0%b2%d0%be - Драчево , http://www.build.mk/?tag=%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%bc - ЕЛЕМ , http://www.build.mk/?tag=%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b3%d0%b5%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b0 - Енергетика , http://www.build.mk/?tag=%d0%b6%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b7%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0 - Железница , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bb%d1%84 - ИЛФ , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=koridor-10 - Коридор 10 , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%b4%d0%be%d1%80-10%d0%b4 - Коридор 10Д , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0 - Кременица , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d1%83%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be - Куманово , http://www.build.mk/?tag=%d0%bc%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%b8 - Мостови , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b5 - Свети Николе , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d1%83%d0%bd%d0%b5%d0%bb%d0%b8 - Тунели , http://www.build.mk/?tag=%d1%85%d0%b5-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%81 - ХЕ Велес , http://www.build.mk/?tag=hidroelektrani - Хидроелектрани

http://www.build.mk/?p=27033


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jul-2013 at 00:27


Еве ја и мапата во поголема резолуција (иако може да се кликне и на тамбот во самата вест)

Бело - нова пруга на површина
Портокалово - тунели
Цијан - мостови
Темно сиво - постоечка пруга

Може добро да се види и локацијата на предвидената брана и површината на идното вештачко езеро  Cheers




Posted By: BOJAN
Date Posted: 21-Jul-2013 at 10:48
Консултантите ја проектирале бидејќи знаат дека ние ќе ја избереме верзијата за изградба на пруга до 120 километри на час. Истиот случај е и со пругата од Коридорот 8. Од консултантската куќа неколку пати нагласија дека ја преферираат и ја препорачуваат опцијата за изградба на двоколосечна пруга со максимална брзина од 160 километри на час. На настанот во Дом на АРМ беа 10 луѓе, со се новинарите. Интересот е толкав за ваков проект.

Инаку се сложувам, постоечката пруга до Зелениково треба да остане во функција за градска железница, од овој регион има доста корисници на возовите, така што ако правиме ваков проект во иднина, таа ќе биде од полза.



Print Page | Close Window