Print Page | Close Window

„Мала“ промена - многу дилеми - решение?!?!

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1128
Printed Date: 31-May-2020 at 10:37


Topic: „Мала“ промена - многу дилеми - решение?!?!
Posted By: aminta
Subject: „Мала“ промена - многу дилеми - решение?!?!
Date Posted: 10-Nov-2010 at 01:24

Здраво на сите, одамна го читам форумов, наоѓам често многу корисни работи и еве последните недели имам една дилема па би сакал да ја поставам тука со надеж дека ќе прочитам корисни коментари.

Имено ова подолу се скици од мојот стан, којшто е нов и за кој имам некои замисли. Првата слика е иницијалниот - сегашен план. Станот си е супер ако остане вака 2 собен, 57 квадрати + 4 тераса - прекрасно. Но, ние сакаме да направиме 2 промени, а тоа е да се затвори трпезаријата (7 м2) и да се направи детска (има парно, прозор), да се премести трпезаријата на влезот во кујната, да се затвори таа влезна врата (број 2) , да се отстрани врата 3 од кујната и да се направи нов влез во дневнатааа. еее тука е проблемот


Иницијално - постоечко решение

од овде почнуваат моите теми на варијација. Овде направив само отваранје на пролаз право, со тоа што при целосно отварање на вратата ќе се затвора онаа од спалната. 

 
Прво решение

Во наредната слика имам варијанта кога сакам да го изолирам влезот во спалната соба и да отворам паралелно со неа влез во дневна, ама се мислам дали воопшто се поставува вака врата да "лебди" без припојување кон ѕид, а и плус сигурно со 1 м2 ако не и повеќе ќе ја скратам дневната соба.


Второ решение

И последното мое решение е исто како претходното само со лизгачка врата. Би сакал исто така ако знаете да ми кажете дали на вакви влезови се поставуваат лизгачки врати, дали постојат врати како "хармоники" можеби кои би можеле да се вклопат во првото или последното решение.


Трето решение

Во очекување на одговори,

Поздрав и се најубаво




Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Nov-2010 at 03:28
Еве ти еден мој предлог како дополнување на овој.



Гледам кај се столбовите, па нема да имаш проблем да го прошириш малку ходиникот на сметка на трпезаријата некој пола метар и наместо онаа врата за која имаш дилема дали ќе се отвора и ќе се испречува према спалната, да ставиш некоја хармоника или обично некој пролаз без врата.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2010 at 03:31
Aminta, дали вратата помеѓу ходникот и дневната/трпезаријата ти е ради приватност (во однос на влезната врата)? Во тој случај за второто и третото решение воопшто не ти треба врата, но претпоставувам дека имаш и нешто друго на ум, ама прецизирај што е тоа.
Но доколку нема врата, со тоа и преградата би можела да биде поедноставна, поефтина и да зафаќа помалку простор, па не е лошо тоа да го ставиш на вага.

Што се однесува до првото решение, можна е варијанта каде вратата би била поставена обратно (на преградниот ѕид) и да се отвара во правец кон излезната врата. Малку ќе го стесни ходникот, но мислам многу подобро отколку да се блокира вратата кон спалната.



Print Page | Close Window