Пуштена во употреба новата општинска зграда на ЈегуновцеНа 18 Декември (2012) во присуство на голем број на граѓани и гости на
свечен и симболичен начин, на празникот на општина Јегуновце со
пресекување на црвена лента беше пуштена во употреба новоизградената
општинска зграда. Чинот на денешното пуштање во употреба на новоизградената општинска
зграда на празникот на општина Јегуновце на 18 Декември, претставува
значаен настан за сите граѓани од општината, бидејќи оваа зграда во
иднина ќе претставува дом за сите граѓани од општина Јегуновце, дом во
кој ќе се изработуваат и понатаму нови проекти, разрешуваат настанатите
проблеми и дом во кој граѓаните ќе добијат подобри и поквалитетни услуги
“, изјави градоначалникот Коцески.  
Поговорот на градоначалникот Коцески и официјалното пуштење во употреба
на новоизградената општинска зграда, граѓаните ги разгледаа работните
канцеларии на државните службеници кои во иднина треба да овозможат,
навремена услуга кон граѓаните и унапредување на меѓусебната
комуникација. Современата и модерна градба на општинска зграда, претставува една
функционална целина која обединува цели одделенија на општината и се
концепирани како океански простории, каде што секој вработен има по 6 м²
работна површина, додека раководителите се сместени во канцеларии кои
се во дирекна врска со одделението. Општинската зграда е со бруто површина од 421 метар квадратен, а
целокупната инвестиција на овој капитален објект изнесува 9.590.340,93
денари со вклучен ДДВ, средства се обезбедени од Буџетот на општина
Јегуновце. Новата општинска зграда е оправдана инвестиција бидејќи Локалната
самоуправа на општина Јегуновце беше сместена во приватен објект за кој
плаќаше кирија. http://regioni.mk/new_site/%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0/
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|