Print Page | Close Window

Реконструкција на театарот во Гевгелија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1132
Printed Date: 10-May-2024 at 14:03


Topic: Реконструкција на театарот во Гевгелија
Posted By: lslcrew
Subject: Реконструкција на театарот во Гевгелија
Date Posted: 22-May-2009 at 09:58
Реконструкција на Народниот театар во Гевгелија

http://netpress.com.mk/vestiimages/56256/teatar.jpg">

Народниот театар во Гевгелија ќе биде целосно реновиран. Средствата за реконструкција се обезбедени од ИПА фондовите на Европската унија.

“На општина Гевгелија од ИПА фондовите им се доделени 500.000 илјади евра за реконструкција на Народниот театар“, изјави градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов.


http://netpress.com.mk/vest.asp?id=56256&kategorija=1




Replies:
Posted By: La Linea
Date Posted: 22-May-2009 at 10:27
Oва со 5 милиони евра мора да е грешка.

НАРОДЕН ТЕАТАР МЕЃУ ДЕСЕТТЕ ПРВОНАГРАДЕНИ

Проектот за реконструкција на Народниот театар во Гевгелија е избран меѓу десетте првонаградени проекти за чија реализација од страна на Европската комисија се одобрени 5 милиони евра.
Општина Гевгелија, во септември минатата година, аплицираше до ЕУ програмата ИПА-2007, по објавениот повик од страна на Делегацијата на Европската комисија во нашата земја, ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа, со проектот за реконструкција на Народниот театар. За таа цел, беа изработени идеен и основен проект, а Советот на општина Гевгелија донесе посебна одлука за аплицирање. Проектот ја мина селекционата фаза и беше оценет со 80.5 кои беа доволни да се најде меѓу првонаградените десет прогласени од страна на Управниот одбор на проектот.
Народниот театар во Гевгелија е изграден во 1953 година и претставува едно од позначајните културно-архитектонски зданија под ова поднебје. По земјотресот во 1990 година и пожарот што го зафати во 1996 година, Народниот театар е надвор од употреба. По опожарувањето беше извршена санација на покривната и целата конструкција на објектот. Но, неговата внатрешност, столаријата, ентериерот и надворешната фасада останаа во руинирана состојба. Со основниот проект за реконструкција предвидено е целосно реновирање на внатрешноста, поставување на нова електрична инсталација и систем за греење, нова столарија и санација на санитарните јазли.


http://www.gevgelija.gov.mk/html/mkd-vesti.html



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 29-May-2009 at 14:35
Хм да се спремат за реновирање на театарот ама иако е во засрамувачка состојба сепак 5 милиони евра се многу а денари пак малку

Originally posted by La Linea

Oва со 5 милиони евра мора да е грешка.

НАРОДЕН ТЕАТАР МЕЃУ ДЕСЕТТЕ ПРВОНАГРАДЕНИ

Проектот за реконструкција на Народниот театар во Гевгелија е избран меѓу десетте првонаградени проекти за чија реализација од страна на Европската комисија се одобрени 5 милиони евра.
Општина Гевгелија, во септември минатата година, аплицираше до ЕУ програмата ИПА-2007, по објавениот повик од страна на Делегацијата на Европската комисија во нашата земја, ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа, со проектот за реконструкција на Народниот театар. За таа цел, беа изработени идеен и основен проект, а Советот на општина Гевгелија донесе посебна одлука за аплицирање. Проектот ја мина селекционата фаза и беше оценет со 80.5 кои беа доволни да се најде меѓу првонаградените десет прогласени од страна на Управниот одбор на проектот.
Народниот театар во Гевгелија е изграден во 1953 година и претставува едно од позначајните културно-архитектонски зданија под ова поднебје. По земјотресот во 1990 година и пожарот што го зафати во 1996 година, Народниот театар е надвор од употреба. По опожарувањето беше извршена санација на покривната и целата конструкција на објектот. Но, неговата внатрешност, столаријата, ентериерот и надворешната фасада останаа во руинирана состојба. Со основниот проект за реконструкција предвидено е целосно реновирање на внатрешноста, поставување на нова електрична инсталација и систем за греење, нова столарија и санација на санитарните јазли.


http://www.gevgelija.gov.mk/html/mkd-vesti.html



Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-May-2009 at 18:03
Јас па прочитав 50.000.000 денари!? Не ми текнува каде, ама овде не.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 29-May-2009 at 18:51
Се распрашав и од сигурни извори дознав дека се работи за сума од 500.000 евра.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-May-2009 at 19:00
Или го прочитав то знам дека беше со нулите и со валутата нешто. Епа честито тогаш! А има воопшто претстави во театарот, или е само стара напуштена зграда?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 29-May-2009 at 20:18
Засега нема ништо по значајно освен што таму вежбаат играорната секција и има изложби на ликовни уметници , но се надевам дека со реновирањето ке има и театарски претстави


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-May-2009 at 21:19
Не да бидам грешно сфатен, ама Гевгелија иако е еден од помалите градови во Македонија (сериозно, има села во кумановско и тетовско поголеми од Гевгелија), градот е навистина многу посетен, ама недоволно развиен. Јас имам другари тука во Грција кои онака на заебанција се закренале ај да видиме што има од другата страна, па не само Грци туку и странци. И ми рекоа само банки и менувачници (за да извадиш пари), кладилници и казина (за да ги изгубиш парите), и аптеки и ординации (за да се опоравиш), што е и многу точно, и мислам дека тоа важи за сите градови кај нас, тоа ни е животот. Но зборот ми е дека Гевгелија е многу поважен град и повеќе треба да се инвестира отколку да речеме Делчево или Дебар, кои исто така се погранични, бидејќи реално Гевгелија е единствениот блиску до голема магистрала и до толку голем град, и до држава од ЕУ (и Делчево е до ЕУ, ама поважен бугарски град има на дури 3-4 часа оттаму). Па така за сите тие што поминуваат по Е-75, а уште повеќе што се во Солун и онака ради заебанција сакаат да видат нешто друго, кои не се и така малку, треба да се фрли некое евро и од владата, која кога веќе се дава пари за општините, треба да посвети баги внимание на Гевгелија. Тука може да се каже истото и за Битола, но Битола не е ни на Е-75 ни толку блиску до Солун, па не е толку важно. Значи треба да бидеме и малку шармантни, бидејќи ние си ја знаеме реалноста во државата, но ако на случајниот минувач му покажеме само едно нешто поубаво, нека е и единствено во цела држава, можеби ќе го излажеме пак да дојде. Мислам дека сум до негде во право?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-May-2009 at 21:27


Офтопик во оваа нишка но да се надоврзам дека се сложувам со тебе.

Јас некаде од 1998 барем еднаш годиншно одам во Гевгелија каде се наоѓаме со неко(и) пријател(и) од Солун (Грци) онака на ручек и на зезање. Градот многу малку мрдна за тие 10 и кусур години. Сосема случајно дознавме за ресторанот во с. Мрзенци уште тогаш и доколку не го знаевме тоа место навистина немаше да знаеме каде да одиме и што да правиме.

Шеталиштето од плоштадот кон железничката е обично пусто кога и да одам, има многу малку туристички шмек, секогаш имаме проблем да најдеме некое фино местенце за пијачка (освен баровите во тој трговскиот центар до плоштадот не може да најдеме ништо друго).

Сума сумарум тој е впечатокот и освен што се подсредија неколку локали во непосредна близина на плоштадот навистина многу малку е направено а Гевгелија заслужува повеќе. Не само заради причините кои ти ги наброја но градот иако многу мал е симпатичен и може да биде пријатно место за релаксација.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 31-May-2010 at 23:21

Ќе се реконструира театарот во Гевгелија

Со пари од европските фондови ќе се изврши целосна реконструкција на Народниот театар во Гевгелија.

Делегацијата на ЕУ во нашата земја распиша тендер за реконструкција, како дел од програмата за општински инфраструктурни проекти, за кои се доделени вкупно 514.000 евра за 11 проекти во исто толку општини.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7061E129C734B24BA38E62C52A9FD6C2 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7061E129C734B24BA38E62C52A9FD6C2


Posted By: Makedonij
Date Posted: 21-Oct-2010 at 07:57

Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов во Делегацијата на ЕУ го потпиша договорот за реконструкција на Народниот театар во Гевгелија, која со доделените средства од ИПА-програмата ќе ја изведува фирмата ВИА ДОО од Вевчани.

Со проектот „Реновирање на Народниот театар во Гевгелија“ општина Гевгелија аплицираше во ИПА-Програмата за 2007 година за подобрување на општинската инфраструктура. По одобрувањето на проектот од страна на Делегацијата на ЕУ на општина Гевгелија и беа доделени 500.000 евра за реновирање на Народниот театар.

Веднаш потоа од страна на Делегацијата на ЕУ во нашата земја беше распишан меѓународен тендер, а за најповолна беше избрана понудата на фирмата ВИА Доо од Вевчани.

Инаку, свечената церемонија околу реализацијата на овој значаен проект ќе се случи на 13 ноември, кога амбасадорот на ЕУ во нашата земја Ерван Фуере и градоначалникот Иван Франгов ќе го потпишат договорот.

http://gevgelija.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 15-Nov-2010 at 15:33
 Нов театар во Гевгелија

Денеска во Гевгелија, во присуство на претставникот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, директорот на изведувачките работи од Вевчани Ѓорѓи Угриновски, вработените во мисијата на ЕУ во Македонија, претставници на локалната самоуправа и на сите политички партии во општината, свечено беше потпишан договорот за реконструкција на Народниот театар во Гевгелија.

Со овој договор делегацијата на ЕУ на општина Гевгелија и додели 500.000 евра за реализација на овој проект.

Европратеникот Фуере обраќајки се на присутните го истакна своето задоволство што пред своето заминување од Македонија може да потпише договор за реконструкција на еден храм на уметноста и ја истакна општина Гевгелија како предводник во прекуграничната соработка со општините во соседна Грција.

Градоначалникот Франгов пак, од своја страна, истакна дека со реализација на овој проект повторно ќе се создадат услови за обновување на театарскиот живот во Гевгелија, и го покани господин Фуере да присуствува на првата премиера во обновениот театар.

Се очекува реконструкцијата на театарот да заврши во 2011 година.

http://gevgelija.gov.mk/mk/components/com_joomgallery/img_pictures//_1/november_2010_20101113_2025519736.jpg


Делегацијата на ЕУ во нашата земја распиша тендер за реконструкција на Народниот театар во Гевгелија, како дел од програмата за општински инфраструктурни проекти, за што беа доделени 514.000 евра.

Тендерот се однесува на сите 11 проекти од исто толку општини во земјата, чија реализација беше одобрена од ЕУ делегацијата. Тендерот е објавен на веб страницата http://www.delmkd.ec.europa.eu/ - , а пријавите заинтересираните правни лица можат да ги достават до 9 јули 2010 година. Веќе наредниот ден, односно на 10 јули 2010 година ќе бидат отворени понудите.

Општина Гевгелија во програмата на ЕУ делегацијата за инфраструктурни проекти аплицираше со проектот за реконструкција на Народниот театар, кој беше прифатен и одобрен за финансирање. Според проектот предвидена е целосна реконструкција на ова културно здание, како на градежниот дел, така и на електричната, водоводната, канализационата и мрежата за ладење и греење. По окончувањето на тендерската постапка се очекува да започнат и извдбените работи.

http://gevgelija.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 27-Nov-2010 at 20:44
Започна реконструкцијата на Народниот театар во Гевгелија, кој во наредните 12 месеци, со доделените 500.000 евра од Делегацијата на ЕУ, треба повторно да биде ставен во употреба.
 http://gevgelija.gov.mk/mk/components/com_joomgallery/img_pictures/__2/december_2010_20101201_1327303581.jpg

Официјалното отпочнување на изведбените работи го означи тим лидерот на проектот Лука Лолобриџида на средбата со изведувачот, надзорот и претставници на општина Гевгелија. В

сушност со потпишувањето на работната програма понудена од страна на изведувачот – ВИА ДОО од Вевчани започнаа и изведбените работи. Во првиот месец ќе се расчистува објектот, а веќе во наредниот месец ќе започнат и градежните работи. Народниот театар треба да биде готов до ноември идната година.

http://gevgelija.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 03-Dec-2010 at 21:42
Реконструкција на театарот

Започнаa изведбените работи за реконструкција на Народниот театар во Гевгелија, која во наредните 12 месеци со доделените 500.000 евра од Делегацијата на ЕУ, ќе ја изведува компанијата ВИА Доо од Вевчани.



Работниците на ВИА од Вевчани го заградија објектот на кој ќе се врши реконструкција и во наредните месец дена ќе биде извршено расчистување и подготвување на објектот за реконструкција. Веднаш потоа и ќе започнат изведбените работи.

Инаку, официјалното отпочнување на изведбените работи го означи тим лидерот на проектот Лука Лолобриџида на средбата со изведувачот, надзорот и претставници на општина Гевгелија. Всушност со потпишувањето на работната програма понудена од страна на изведувачот – ВИА ДОО од Вевчани започна да тече рокот на изведбата на реконструкција на овој објект.

http://www.youtube.com/watch?v=HNvxBh5TTy4

-------------
www.realmadrid-mk.blogspot.com


Posted By: Makedonij
Date Posted: 04-Dec-2010 at 16:14
Шо е целта, да ставеш Информација, која е потполно иста?Roll%20eyes

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 25-Dec-2010 at 10:24
состојбата
http://www.inpress.com.mk/WBStorage/Articles/F608FB289F795D47A0B2E9696C2680E0.jpg
http://gevgelija.gov.mk/mk/images/aktuelno/prezentacija11.jpg



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 11-Mar-2011 at 04:39
Еве слика од што се работеше во Декември.



Еве и слика од Македонското знаме поставено во Гевгелија - гледано од старата чаршија.


И врвната естетика (екологија) во центарот на градот веднаш позади Тедико, односно спротива од паркот со знамето, судот и ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА.

(верувајте, обично е полошо... сликата е сликана во добар ден изгледа)


-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: bob39
Date Posted: 11-Mar-2011 at 18:08
Sva "srecja" znameno se vee inace ovaa gnasotija tesko negde da se najde.

-------------
Трговски центри= убиство на Скопје


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 12-Mar-2011 at 06:02
Previous
???


-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: build.mk
Date Posted: 11-May-2011 at 21:55
Народниот театар во Гевгелија ќе биде повторно отворен до крајот на годината

Санационите активности на Народниот театар во Гевгелија се одвиваат според зацртаното темпо. Досега е извршена целосна реконструкција на покривот, а во моментов се работи на внатрешно уредување на оваа културна установа. Завршено е бетонирањето на подот во сите делови и во тек е поплочувањето, поставувањето на електроинсталациите и замената на столаријата.

Следната фаза од санационите активности предвидува обнова на фасадата, за што подготовките се веќе започнати, и внатрешно малтерисување и уредување на овој културен објект. Општина Гевгелија аплицираше со проектот „Реновирање на Народниот театар во Гевгелија“ до ИПА – Програмата во текот на 2007 година. Делегацијата на ЕУ за санацијата на оваа културна установа обезбеди 500.000 евра, а дополнителни средства за комплетно завршување на објектот додели и општина Гевгелија од сопствениот буџет. Пуштањето во употреба на објектот се очекува кон крајот на годината, по повод шест децении од постоењето на оваа културна установа.

Бојан Блажевски

http://www.build.mk/?p=7580 - http://www.build.mk/?p=7580








Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Jun-2011 at 18:17
[tube]HNvxBh5TTy4[/tube]
[Tube]ZcUGhV8mSiA[/tube]


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 27-Nov-2011 at 09:27
Еве го театарот на слика од „Гевгелиски Магазин бр.53“


Еве што пишува (страна 15):


ВО ДЕКЕМВРИ – НОВ НАРОДЕН ТЕАТАР

Народниот театар во Гевгелија се очекува во декември годинава повторно да ги отвори вратите за публиката.
Реконструкцијата на ова здание е при крај, а останува уште внатрешното уредување. Градежно занаетчиските работи во
театарот се завршени, а завршено е и фасадирањето на објектот. По поставувањето на гипсените орнаменти на таванските
простории, следува завршното внатрешно молерисување. Веднаш потоа ќе биде обложен подот и поставени фотелјите
за кои тендерската постапка веќе е завршена. Во тек е постапката за уредување на сцената, така што се очекува сите
предвидени работи навреме да бидат завршени. За реконструкција на Народниот театар од страна на Европската комисија
се доделени 500.000 денари, а општина Гевгелија досега вложи сопствени 7,2 милиони денари, односно 115.500 евра.


-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Dec-2011 at 02:42
Фигаро ќе го отвори обновениот театар


Гевгелија, годинешниов град на културата, по речиси 20 години повторно ќе има своја театарска сцена. Љубителите на оваа уметност ќе уживаат во театарските претстави во возобновениот објект, кој ќе биде отворен утревечер (недела), со комедијата "Свадбата на Фигаро", во изведба на актерите од Македонскиот народен театар и во режија на Левен Цуладзе.

"Отворањето на целосно реконструираниот објект на Градскиот театар во Гевгелија е голем празник за театарската уметност во Македонија. МНТ во договор со општина Гевгелија во наредните две години ќе биде постојано присутен на сцената на овој театар, како со претставите така и со техниката. Сметаме дека "Свадбата на Фигаро" е најадекватна за отворањето, бидејќи се работи за хит-претстава, вели Дејан Пројковски, уметнички директор на МНТ.
Проектот е реализиран со финансиска поддршка на Европската комисија од 500.000 евра, додека општина Гевгелија вложи дополнителни над 100.000 евра.

Според градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов, театарот бил изграден во 1955 година, но бил прилично оштетен од земјотресот, како и од пожарот кој се случил во 1996 година.
"За почеток на сцената на новиот објект ќе работи аматерски театар, со цел да прерасне во професионален. Исто така, за почеток техниката ќе биде изнајмувана, а веќе за наредната година во буџетот ќе бидат издвоени средства за оваа намена", вели градоначалникот Франгов.
Меѓу гостите кои ќе го проследат отворањето на театарот ќе биде и Мите Грозданов, актер во пензија, кој повеќе од четири децении е чест гостин на гевгелиската сцена, најчесто како режисер.

http://vecer.com.mk/?ItemID=70C34E834107CD468CA05EF8AAAB6B84


Posted By: Makedonij
Date Posted: 28-Dec-2011 at 19:01

http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/News/teatarGEVGELIJA-1.jpg

http://gdb.rferl.org/4AF50BDB-C540-47E3-AF6A-798558BE981E_mw800_s.jpg


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 03-Apr-2012 at 08:17
Нели овај проект е завршен?

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 03-Apr-2012 at 08:34
Внатре и странично театарот е убав. Секоја чест и за поплочените столбови, но сепак предната страна каква што е сега е крајно медиокритетна за куќа, а камо ли за театар. Нажалост Unhappy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Apr-2012 at 10:06
Originally posted by Makedonij

Нели овај проект е завршен?
Да, сега ставив симболче. Благодарност за забелешката, премногу теми се, понекогаш ни промакнува стусот на проектот.



Print Page | Close Window