Print Page | Close Window

Општинска зграда Аеродром

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1141
Printed Date: 26-Apr-2024 at 06:08


Topic: Општинска зграда Аеродром
Posted By: lslcrew
Subject: Општинска зграда Аеродром
Date Posted: 17-Sep-2010 at 13:43
СЕ ПОДГОТВУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА

Аеродром ќе се сели

Новите општински канцеларии треба да се изградат до поштата во Но­во Лисиче, веднаш штом ќе се измени планот за населбата

Оп­шти­на Аеродром наскоро ќе се пресели во нова зграда во населбата Но­во Лисиче. Администрација ќе добие нови канцеларии, веднаш до пош­та­та во населбата, кога Општината ќе го измени Деталниот урбанистички план во тој дел, на што во моментот интензивно се работи.
По планските измени, ќе се објави тендер за избор на фирма која ќе го из­ра­бо­ти проектот за изгледот на новата општинска зграда.
"Пла­ни­ра­ме да се селиме, но не знаеме точно кога бидејќи чекаме да се из­ме­ни и дополни урбанистичкиот план за Реонски центар.
За­се­га нема проект како ќе изгледа зградата, но планираме во неа да ја смес­ти­ме и матичната служба", велат од Аеродром.
Спо­ред пресметките од пред неколку години, изградбата на објектот чини мно­гу, па Општината ќе треба да бара инвеститор кој за одредена ком­пен­за­ци­ја ќе го изгради објектот во габарит и димензии во согласност со Де­тал­ни­от урбанистички план.
Ка­ко што најавија тогаш општинарите, компензацијата со инвеститорот ќе би­де во соодветен сооднос, што ќе овозможи да се изгради и делот за оп­штин­ска­та зграда, без да вложи Општината пари, а останатиот дел од згра­да­та да биде во сопственост на градителот.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=631E7BB40B6E8848AEA87D5E3F023CDF



Replies:
Posted By: axel
Date Posted: 26-Jul-2011 at 11:08
ГОТОВ ПРОЕКТОТ ЗА НОВИТЕ ОПШТИНСКИ КАНЦЕЛАРИИ

Зградата на Аеродром без дуќани

Новиот општински објект, кој ќе се гради во Реонски центар, ќе биде на три ката и ќе се користи единствено за потребите на Општината, без други дополнителни дејности

Аеродром, конечно, ќе добие сопствени канцеларии. Проектот за новата општинска зграда е готов, па преселбата веќе се подготвува.
Со него е испланиран изгледот на објектот, кој ќе биде изграден во населба Реонски центар, во близина на новата пошта.
Канцелариите ќе бидат користени исклучиво за потребите на општинската администрација, односно во него нема да има дуќани за комерцијална намена.
Објектот ќе биде модерен и на три ката, а општинарите деновиве ја расчистуваат и локацијата каде што ќе се гради тој.
"Откако ќе се донесе измената на ДУП-от и ќе се издаде одобрение за градење, административната зграда ќе може да почне да се гради.
Основниот проект е дониран од Друштвотото за градежништво, посредување, трговија и услуги 'Диас Констаракшан'", изјавија од Аеродром.
Според проценките на Општината, вкупната површина на целиот објект е 10.964 квадратни метри, од кои 75 отсто деловен простор и 25 отсто гаражи, магацини и помошни простории. Според првите пресметки, за изградбата на општинската зграда ќе се потрошат 300 милиони денари.
Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски и општинските служби сега се сместени под кирија во зградата на фирмата "Брилијант".

http://www.vest.com.mk/?ItemID=75D6F3D11258324ABF78D1AABFAC107F


Posted By: N23
Date Posted: 26-Jul-2011 at 13:18
Ако е ова во делот кај зградата на Македонски Телеком, која и кога ја изградија беше како чир измеѓу толпа жбунови, ондак стварно се сериозни дека ќе се гради таму, зашто вчера кога поминав сета земја беше израмнета, околината беше ичистена прва пат после 20 години и се изгледа подготвено за градба.


Posted By: gjoko
Date Posted: 20-Mar-2012 at 23:37

ОПШТИНА АЕРОДРОМ


Нова административна зграда

Министерството за транспорт и врски неодамна издаде објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, на кое, меѓу другото, е предвидена и изградба на нова административна зграда на општина Аеродром. Според објавата на Транспорт и врски, како дел од предвидениот ДУП, локацијата на новата зграда на општината треба да се најде на план локалитетот Ново Лисиче УЕ-А.

Најповолниот понудувач на јавното наддавање ќе има обврска да изгради административна зграда на општина Аеродром и објекти за мали комерцијални и деловни единици, а по изградбата треба да го предаде објектот на користење.

Отуѓувањето на земјиштето ќе се врши по пат на електронско јавно наддавање, а пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 3 април.

Повеќе детали можат да се добијат директно преку

http://www.aerodrom.gov.mk/detalni-novosti-oglasi/items/ministerstvo-za-transport-i-vrski---obava-bro-29-402502201241-za-otuuvae-na-gradezhno-zemishte-sopstvenost-na-republika-makedoni.html - ЛИНКОТ

ВЕЧЕР


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 21-Mar-2012 at 00:58

Хмм... да не ги утнале овие броевите на градежните парцели. Бидејќи според ДУП-от 1.36, 1.37 и 1.38 се веќе постоечки станбени згради... Или пак се работи за некој друг (непостоечки, или ново-донесен) ДУП

Извадок од ДУП http://www.aerodrom.gov.mk/tl_files/za%20opstina/generalni%20podatoci/urbanistichki%20planovi/NovoLisice.jpg - Ново Лисиче УЕ-А



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Mar-2012 at 23:02
Originally posted by FoSsiL

Хмм... да не ги утнале овие броевите на градежните парцели

Нешто дефинитивно утнале...
Мене ми личи дека збрката ја имаат направено оние од општина Аеродром:

Се продава земјиште во Аеродром, купувачите ќе треба да изградат и административна зграда за општината

Вистинска рашомонијада од информации на Општина Аеродром и Министерството за транспорт и врски околу продажбата на атрактивно земјиште во Реонски Центар Аеродром. Во текот на денешниот ден министерството и општината излегоа со различни информации околу големината и бројот на градежните парцели и временскиот период за доставување на пријавите и продажбата на земјиштето, кое двете институции го поврзуваат со обврска на купувачот да изгради административна зграда за Општина Аеродром.

Според податоците на Општина Аеродром, распишан е оглас од надлежното министерство на 25.2.2012 година, во кој се нудат три градежни парцели опфатени со ДУП „Ново Лисиче УЕ-А“, со вкупна површина од 2.640 метри квадратни или поединечна површина од 760, 930 и 950 метри квадратни, кои се продаваат по почетна цена од 5.000 денари за метар квадратен. На нив ќе можат да се подигнат објекти со приземје и кат, со вкупна висина до 7 метри. Од локалната самоуправа напоменуваат дека најповолниот понудувач на јавното наддавање ќе има обврска да изгради административна зграда и да и ја предаде на користење на општината.

Од друга страна, Министерството за транспорт и врски денеска објави дека исто така со почетна цена од 5.000 денари за метар квадратен се нуди една градежна парцела со површина од 4.269 метри квадратни опфатена со ДУП „Локалитет Реонски Центар УЕ-А“. Предвидената намена е за комерцијален и деловен простор, а висината на објектот може да достигне 28 метри, односно приземје и седум ката. Според објавата на министерството, најповолниот понудувач ќе има обврска да склучи договор со општината за изградба на административна зграда за нејзини потреби на соседна парцела, во согласност со проект изготвен од страна на локалната самоуправа.

 
../?p=13469 - #
Објавено на 20.03.2012 во категорија ../?cat=28 - Вести .

Тагови: ../?tag=%d0%b0%d0%b4%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Административни , ../?tag=%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Деловни , ../?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8 - Комерцијални , ../?tag=%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b0-%d0%b0%d0%b5%d1%80%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%be%d0%bc - Општинска зграда Аеродром , ../?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје , ../?tag=%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8 - Тендери и лицитации

http://www.build.mk/?p=13469


Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Apr-2012 at 07:27

Среда, 21 Март 2012


Проектот за новата општинска зграда во Аеродром која ќе ја гради приватен инвеститор веќе е изготвен.

aerodrom1-zgrada500

Најповолен понудувач ќе биде тој што ќе победи на наддавањето за земјиштето на кое има маркица за деловно административен објект, а кое Министерството за транспорт и врски вчера го огласи на продажба.

Најповолниот понудувач на јавното наддавање ќе има обврска да изгради административна зграда на општина Аеродром и да и ја предаде на користење. Отуѓувањето на земјиштето ќе се врши по пат на електронско јавно наддавање, додека пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 3-ти Април, информираат од општината.

Оној што ќе го купи земјиштето ќе има обврска да го изгради и новиот објект.

Земјиштето ќе се продава по пат на електронска лицитација, а почетната цена за квадрат ќе биде 5.000 денари.

Се работи за парцела од 4.200 квадратни метри која се наоѓа на почетокот на Ново Лисиче, близу Поштата.

aerodrom2-zgrada500

aerodrom3-zgrada500

aerodrom-zgrada500


http://kurir.mk/republika/skopje/65073-FOTO-Likot-na-novata-opstinska-zgrada-vo-Aerodrom




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-May-2012 at 14:45
Уште еден обид, од пред десетина дена:

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3742 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3742



Мада поради пост-фестум поигрување и манипулирање, овие тендери со специјални услови сосема го изгубија легитимитетот, еве што вели во делот за регулирање на односите помеѓу општината и потенцијалниот инвеститор:

1.        Најповолниот понудувач е должен пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште предмет на оваа објава,во рок од 15 дена од завршување на јавното надавање  да склучи договор со општина Аеродром со кој ќе ги уреди правата и обрските  за изградба и реализација на деталниот урбанистички план за ГП 1.2 Детален урбанистички план локалитет Реонски Центар-УЕ А, на општина Аеродром, т.е. договор за изградба на  објект со намена В4 –јавни институции односно административна зграда за потребите на општина Аеродром.


3.       Реализицијата на градбата во рамките на градежната парцела 1.3, согласно одредбите за реализација на Деталниот урбанситички план локалитет реонски центар УЕ А“ може да започне и да се одвива  фазно, по завршување на изградба на административната зграда на општина Аеродором со ентерериерно уредување согласно изготвен основен проект со тех. број 43/11 од 06.2011 година за ГП 1.2



Е сега би било добро доколку некој може да објасни каква заштита претставуваат овие штуро дефинирани услови во пракса.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2012 at 15:36
Никој не сака да го гради новото седиште на општина Аеродром

Пропадна продажбата на градежно земјиште во Реонскиот Центар Аеродром на кое приватен инвеститор ќе можеше да гради објект со комерцијални и деловни содржини, а воедно требаше да преземе обврска и за изградба административна зграда за потребите на општина Аеродром. Новата општинска зграда треба да никне на соседната парцела, во согласност со проект изготвен од страна на локалната самоуправа.

На јавно наддавање со почетна цена од 5.000 денари за квадрат беа понудени 4.269 метри квадратни на кои е предвиден објект со приземје и седум ката, максимална висина од 28 метри и максимална бруто развиена површина од 19.120 метри квадратни. Услов за најповолниот понудувач беше во рок од 15 дена од завршувањето на јавното надавање да склучи договор со кој ќе ги уреди односите со локалната самоуправа и да обезбеди банкарска гаранција за навремено и квалитетно завршување на работите на општинската зграда, во износ од 300.000 евра.

 


http://www.build.mk/?p=15966 - #
Објавено на 15.06.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b0%d0%b4%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Административни , http://www.build.mk/?tag=%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Деловни , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8 - Комерцијални , http://www.build.mk/?tag=%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b0-%d0%b0%d0%b5%d1%80%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%be%d0%bc - Општинска зграда Аеродром , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8 - Тендери и лицитации


http://www.build.mk/?p=15966



Posted By: jyvation
Date Posted: 28-Jan-2015 at 22:19
АЕРОДРОМ ЌЕ СЕ СЕЛИ

Општината објави оглас за привремено сместување на друга локација, оти пропаднаа двата обида за изградба на канцеларии со јавно-приватно партнерство

Општина Аеродром ќе се сели во нова зграда. Таа објави оглас за привремено сместување на друга локација, оти за сегашниот простор на улицата Венијамин Мачуковски плаќа кирија од 6.000 евра месечно. Сопственикот на зградата во која сега е сместена Општината, побарал во рок од 30 дена да се иселат, со најава дека се повлекува од договорот за изнајмување.
На новото месо, кое планира да го изнајми на минимум четири години, ќе биде додека не се изгради нова општинска зграда следната година.
"Новите канцеларии треба да се наоѓаат на територијата од мостот на железничката пруга покрај Вардар до булеварот Февруарски поход, покрај булеварите Видео Смилевски-Бато и Србија и покрај пругата која граничи со општините Центар и Кисела Вода. Колку точно ќе изнесува закупот, ќе зависи од понудата и од локацијата", вели Маја Манчевска, портпарол на Општина Аеродром.



Манчевска нагласи дека Општината ќе биде сместена под кирија додека не се реши изградбата на сопствено седиште, преку јавно-приватно партнерство.
"Досега имаше два обида за изградба на општинска зграда преку Министерството за транспорт и врски, но неуспешни, најверојатно, поради неатрактивност. Затоа сега се изработува измена на Деталниот урбанистички план, кој се очекува да се донесе до крајот на годинава. Во 2016 година одново ќе се објави повик за јавно-приватно партнерство", рече Манчевска.
Постојниот проект за нова општинска зграда предвидува објект на три ката, кои ќе бидат користени само за потребите на општинската администрација, односно во него нема да има дуќани за комерцијална намена.
Според проценките на Општината, вкупната површина на целиот објект е 10.964 квадратни метри, од кои 75 отсто деловен простор и 25 отсто гаражи, магацини и помошни простории.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=10397AEBCAA9934FA70539B869310673 - http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=10397AEBCAA9934FA70539B869310673


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Dec-2020 at 13:46
На што ќе се фокусирате во 2021 година?

Во 2021-та, односно во четвртата година од мојот мандат, фокусот ќе биде насочен кон заокружување на ветените проекти, односно довршување на клучните и капиталните проекти. Со буџетот за 2021 година повторно предвидуваме повеќе средства за заштита на животната средина, за развој на спортот во општината, посебна грижа и поддршка за децата со посебни потреби. Исто така, предвидена е и доградба на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром, со што ќе се зголеми капацитетот на згрижување на децата. Хортикултурно ќе уредиме уште две површини – на булеварот Јане Сандански и на булеварот АСНОМ, зад Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), а ја почнавме и постапката за изградба на нова општинска административна зграда. Исто така, наскоро ќе почнат реконструкцијата на амбулантата во населбата Лисиче и изградбата на домот на спортовите, со помош на Владата, а во напредна фаза е и изградбата на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, кој ќе биде готов наесен

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/со-буџетот-за-2021-година-предвидуваме-по/


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 25-Dec-2020 at 20:12
Значи освен школото што веројатно се кофинансира, апсолутно ништо. Кои капитални проекти?


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jan-2021 at 14:45
Објавен конкурс за избор на идејно решение за општинска зграда во Аеродром
Општина Аеродром објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда.
Со изградбата на општинска зграда ќе се создаде можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализираат издатоците од буџетот на Општината.
Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бара да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност.
Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица од областа на архитектурата, а крајниот рок за предавање на трудовите е 1 март.
Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за нова општинска зграда, и тоа 300 000, 100 000 и 50 000 денари.

https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jan-2021 at 14:50
ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЌЕ ГРАДИ ОПШТИНСКА ЗГРАДА, РАСПИШАН КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Општина Аеродром ќе гради општинска зграда за повеќе да не дава пари за кирија. Деновиве објавен е конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна зграда. Зградата ќе се гради во населбата Ново Лисиче, на просторот после крстосницата со булевар Србија и ќе биде со површина од 4.500 квадратни метри.

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин вели дека сè уште не се дефинирано финансирањето на објектот и кога би стартувале градежните работи.

„Се решивме за овој чекор бидејќи од формирањето на Општината во 2005 година ние даваме пари за кирија. Месечниот трошок за кирија ни е 8.000 евра или 96.000 евра годишно. Доколку се решиме сами да ја градиме без помош од Владата тогаш ќе земеме кредит од домашна комерцијална банка“, вели Марин.

Конкурсот трае до 1 март. Во него покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, се бара да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност.

Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за нова општинска зграда, и тоа 300 000, 100 000 и 50 000 денари.


%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-aerodrom-ke-gradi-opshtinska-zgrada-raspishan-konkurs-za-idejno-reshenie/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2021 at 01:46
edit


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Mar-2021 at 17:22
ПРИСТИГНАА 22 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА НОВА ОПШТИНСКА ЗГРАДА



Пристигнаа вкупно 22 идејни решенија за проектирање управна зграда на Општина Аеродром по објавениот анонимен конкурс. Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за трите најдобри идејни решенија за нова општинска зграда, и тоа 300 000, 100 000 и 50 000 денари. Право на учество на конкурсот имаа правни и физички лица од областа на архитектурата, а покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бараше да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност. Со изградбата на општинската зграда ќе се создаде можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализираат издатоците од буџетот на Општината.

https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Mar-2021 at 12:51
Избрани се првите три наградени идејни решенија за проектирање управна (општинска) зграда на Општина Аеродром.

По 16 години постоење, конечно Општина Аеродром ќе добие своја зграда со што ќе се скратат трошоците за месечна кирија, а аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги.
Зградата, покрај административниот дел, ќе содржи и мултифунционален центар за собири на граѓани каде што ќе можат да се организираат средби, венчавки и друг тип културни настани, интрегрирана подрачна единица и други простории што ќе бидат отворени за граѓаните.







https://www.facebook.com/marinzlatko/


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Mar-2021 at 17:00
Ова беше локацијата за зградата,долго време стои оградена со тараби мислев дека е за нешто друго?



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Mar-2021 at 17:47



Не е таа. Локацијата за општинска зграда е на крстосницата на бул. Јане Сандански со бул. Србија:

41°58'54.33"N 21°28'16.51"E



Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Mar-2021 at 20:50
Ок,фала ти сум имал сосем грешна претстава за позицијата на објектот.


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Apr-2021 at 14:33
Би требало да е ова локацијата





Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Apr-2021 at 10:23
За урбанистичките аспекти на локацијата за новата административна зграда на Општина Аеродром



Општината Аеродром, на крајот на минатата година распиша конкурс за нова административна зграда за свои потреби. Повикот траеше до 1ви март, 2021 година и на истиот пристигнаа 22 идејни решенија, што е одличен одзив.

Post festum ја коментираме локацијата и урбанистичките аспекти на истата, која е производ на таканаречениот македонски урбанизам со сите негови контрадикторности.

Локацијата во однос на поширокото опкружување е на позиција, која е атрактивна, визуелно достапна и сообраќајно пристапна. Се наоѓа на јужниот агол од раскрсницата на бул. „ Видео Смилевски Бато“ и бул, „Србија“ креирајќи фасадна крива на фронтот со што ја омекнува својата појавност. Просторот е жив и раздвижен и на прифатливо растојание од општинскиот центар ( Т.Ц Бисер ). До тука е се како треба, но…



Од катастар на РМ

Предвидена е мала градежна површина која опфаќа доминантен дел од парцелата. Од тука не е возможно да создадете претпростор, пјацета, зеленило т.е партерно уредување кое соодветно ќе го третира идниот објект со достојна и урамнотежена атрактивност. Во случај да се обидете ќе морате да создадете компромис во проектната задача и со тоа автоматски да не ги исполните докрај бараните услови.

Вкупно дадените просторни побарувања ( околу 4000 м2 корисна површина ) бараа максимално окупирање на габаритот предвиден од урбанистите, влијаејќи безкомпромисно врз архитектонското решение. Тоа е типично за македонскиот тековен урбанизам, кој нема посебен третман кон објекти со општествено значење, одземајќи ги условите за визионерско делување.

Општината одлучила да ја препоплови оригиналната парцела и да ја откине од утробата, создавајќи две од кои помалата парцела е со максимални параметри. Очигледно државните институции и кога работат за себе не покажуваат до крај респектабилен однос кој ќе е исчекор кон повисок квалитет.



Од детален урбанистички план / Reonski Centar UE A Blok 1 i 2

Како производ на ова, соседната парцела е со намена – трговски содржини (иако во соседството има веќе неколку). Предвидената површина за градба го деградира постоењето на новата општина, наметнувајќи и се да создаде неразбирлив полублок.



3D модел на максима според ДУП

Нелогичноста на ваквата организираност е крунисана со различните височини каде општината е П+3, додека комерцијалниот објект доминира со П+7. Зар не беше логично овој сосед, да биде со иста височина?! … Особено засегнува фактот дека надвишувањето не смее да се случува на југот, бидејќи со тоа го одземате природното осончување на северот, додека секоја логика на урбанизмот доминантата би ја сместил на аголот ( обратно од предвиденото).

Обликувањето на површината за градба на општинската зграда отстапува и од фронтот на соседниот објект блокирајќи го природното движење и наметнува заокружување. Знаејќи ја набиеноста на програмата, создавањето на природен трем во приземјето беше невозможна мисија.

Она што остава простор за поинакво делување е сопственоста на оваа соседна парцела ( државен посед ) и нејзината неизграденост. Од тука можеме да се надеваме дека пред изработката на основиот проект ќе може да се извршат урбанистички промени како објектот на општината би добил соодветен третман.



Анализа на возможни промени во габарит / Прима Инженеринг

Постојат три возможни позитивни ситуации:

да се корегира урбанистичкиот план и да се изедначат височините на соседниот објект;
доколку се инсистира на поголема височина на трговскиот објект, тогаш да се ревидира градежната линија и истиот да се повлече во правилна правоаголна основа;
да се избриши оваа намена и да се предвиди јавен простор кој ќе се интегрира со општинската зграда.
Поентата на ова пишување сепак не е со цел да го деградира архитектонскиот дел од конкурсот, туку да укаже на урбанистичките нелогичности и можноста истите да се корегираат.

Архитектурата сепак претставува најдобар можен одговор во рамките дефинирани помеѓу барањата на инвеститорот, урбанистичките параметри и личниот авторски сензибилитет.



Овој конкурс многу веројатно дека продуцирал интересни и добри решенија согласно параметрите, но сега треба да се остави простор победничкиот проект да се реализира во неговата оригиналност. Да не се дозволи импровизација како со лошиот пример на Општина Карпош.

Објектите не може да се набљудуваат одделно, туку во контекст на околината, затоа овој конкурс може да покаже легитимитет на овој процес и да донесе позитивен урбанистички заклучок – да ја корегира соседната парцела и целосно промени во позитивен наратив кон новата општинска зграда!

Автор на статија: Filip Koneski

https://marh.mk/za-urbanicistickite-na-lokacijata-za-nova-zgrada-aerodrom/?fbclid=IwAR1ceiNg_epsd1Kc35Wwgi6ZTPdTS-GLltx7xbOCKwDYSNtts3rKgKWZmTA

-------------
За сè има вторпат


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 07-Apr-2021 at 12:49
Ако ништо друго, барем нека направат промена во издадениот дел за да ја прати градежната линија и да има нормален тротоар. И нормално да предвидат огромен број подземни паркинг места (што сигурно нема да е случај), бидејќи околните паркинзи веќе се оптеретени од ПСС, НЛБ, Лиса итн.

Друг проблем е трагикомичниот приклучок на булеварот кај Лиса, кој веќе колабира, но и отсуство на официјален приклучок за булевар Србија. Сега има само еден див приклучок.


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Apr-2021 at 13:48
Административна зграда за Општина Аеродром / ШаркА







Анализирајќи го севкупниот скопски контекст на моментална урбана состојба и актуелната хиперурбанизација, овој тим зема поголема слобода, (секако, на сметка на успешноста на проектот на конкурсот) пред се со цел да го покаже својот став и насоката како би требало да изгледа не само зададената локација, туку и односот кон/во градот! Проектот се јавува како реакција на урбанистичките планови кои ја минимизираат важноста на објектите од јавен интерес и јавниот простор, додека приоритет даваат на станбен, комерцијален и деловен простор.

Општинската зграда би требало да има отворен јавен простор (мал плоштад) кој би можел да се користи за повеќе намени, би го олеснувал и подобрувал пешачкиот пристапот кон општината, би создавал врска со околината и би ги акцентрал и зголемил граѓанските, демократските вредности. Овој проект претставува коментар за планот на локацијата и го акцентира како приоритетно општото добро преку создавање не само на општинска зграда, туку и препознатливо место кое поттикнува позитивни вредности. Затоа, проектот „ШаркА“ се протега на моментално целото неизградено земјиште: на државното земјиште предвидено за општинската зграда и просторот зад неа, предвиден за деловни намени. Просторот за деловниот објект со својата издолжена форма и дозволена височина од 28 метри, има потенцијал да се изгради во крут масивен блок, кој изграден во иднина би ги спречил воздушните струења и би создал дополнителна непријатна и клаустофобична атмосфера, за која дадената локација, а и градот немаат капацитет! Со оглед на непосредната близина на деловни и трговски центри, и дехуманизираната армосфера на локацијата, потребата за паркови и зеленило во градот и покрај булеварите; новите урбанистички трендови и секако почитта на околниот контекст и архитектонскиот континум, овој тим својот проект свесно го постави на моментално целиот неизграден простор.

ПРОЕКТ | КОНЦЕПТ



Проектот „ШаркА“ претставува јавен објект, односно административна зграда на Општина Аеродром. Името на проектот „ШаркА“ произлегува од зборовите: шума (алудирајќи на моменталниот светски тренд – урбани шуми), парк (тоа што е потребно за граѓаните на градот Скопје) и „А“ како името на општината – Аеродром. Лоциран на агол на крстосница, во локација опкружена со висококатници и булевари, се појавува потребата од креирање на зелен, одржлив, инклузивен, социјален и повеќенаменски простор, кој не би бил наменет само за вработените во општината, туку и за сите граѓани.

Приземјето и партерното решение се обединети во еден и единствен течен простор, низ кој граѓаните лесно би можеле да се движат и да поминуваат. На овој начин движењето не се ограничува само преку тротоарите и влезовите, туку е флуидно (слободно тече) низ целата локација, која истовремено преставува и јавен социјален простор, отворен за движење и комуникацијата. Партерот содржи локално високо зеленило, кое го намалува звучното и воздушното загадување од околните булевари. Решението се повикува на концептот на слободно пешачко движење, типичен за плочниците помеѓу станбените згради во општината изведени при оригиналните планови за населбата Аеродром. На тој начин, концептот на проектот „ШаркА“ произлегува од локалната архитектура и моменталните потреби на општината и истите ги обединува во ново решение, креирано според светските принципи на одржлива, хумана и зелена архитектура. Овој проект го истражува концептот на симбиоза помеѓу објектот и потенцијалното содзавање на урбана шума, како современ концепт за заштита на животната средина и борба против климатските промени.

ФОРМА | ПРОГРАМА



Објектот е поделен во два, меѓусебно поврзани делови. Првиот е издолжен блок со слободно призмје, кој преку ходник се спојува со вториот дел составен од три меѓусебно поврзани кубуси. Ваквата форма произлегува од природната зададеност на локацијата, односно од потребата оптимално да се искористи сончевата светлина.

Просторите кои ги создаваат кубусите во приземјето се обликувани да создаваат мали и разнолики градини, кои го подобруваат биодиверзитетот на самата локација и би претставувале и интимни катчиња за релаксирање на вработените во општината, како и граѓаните и минувачите. Во таа смисла, целта е овој објект да не е само административна зграда, туку да претставува активен простор за сите граѓани во текот на целиот ден, со содржини кои би ја гарантирале безбедноста и социјализацијата и во вечерните часови (како на пример: кино проекции, скејт парк, дневна детска грижа).

За таа цел објектот преку слободното приземје и партерното уредување, ослободува простор за различни социјални активност, како на пример кино-проекции на отворено во летно време, шетање, одмарање, детска игра, рекреација.

Слободниот покрив на објектот и корвната градина ги продолжува истите функции само на повисоко ниво до кое лесно се пристигнува преку надворешните, вертикални комуникации кои овозможуваат пристапност до било кое ниво, без притоа да се влегува во самиот објект. Истиот нуди можност и за социјална активност на отворено, рекреација, како и урбано градинарство и слични одржливи концепти.

Внатрешното решение претставува јасен и едноставен економичен простор со природна светлина и вентилација и ги вклучува сите содржини побарани во проектната програма.

https://marh.mk/administrativna-zgrada-za-opshtina-aerodrom-sharka/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Apr-2021 at 17:38
Административна зграда за Општина Аеродром / MXMLS

Генерален опис
На крстопатот на две градски магистрали, нашето предлог идејно решение за новата општинска зграда се најавува себеси како нова фокална точка на реонскиот центар во општина Аеродром. Надоврзувајќи се на постоечкиот и планираниот архитектонско-урбанистички контекст, решението ги следи формалните естетски тенденции на своите соседи, притоа зрачејќи со експресивност преку иновативни решенија во обликувањето на обвивката. Решението претставува спој на два волумени, различни по карактер и форма. Во ортогоналниот бочен волумен доминира полната ѕидна маса, додека заоблениот, кој и според својата ориентација е попојавен од ортогоналниот, радира со својата леснотија и порозност.







Технички детали

Објектот се карактеризира со висок степен на енергетска ефикасност при неговата секојдневна експлоатација. Системите на градба, греење, ладење и вентилација кои се планирани во овој проект се најсовремени примери за рационална и енергетски ефикасна градба.

Источниот обод на објектот е проектиран да биде обвиен со неносиви префабрикувани бетонски фасадни панели кои се одликуваат со висок степен на енергетска ефикасност, односно термичка и звучна изолација, како и заштита од директно утринско осончување преку формата на отворите во самите панели.

Она што исто така е карактеристично за нив е дека се далеку по лесни и ефикасни за монтажа, елиминирајќи ја потребата од голема работна сила и тешка машинерија при изградба на објектот.

Северната, односно северозападната фасада е проектирана во два слоеви, првиот е трослојно стакло со висок степен на енергетска ефикасност, а вториот е напрегната мембрана од фиберглас која штити од директна светлина во текот на денот, а овозможува висока естетска вредност како денски, така и навечер кога доаѓа до израз нејзината транслуцентност и порозност, симулирајќи ефект на лантерна.

Во однос на греење и ладење на објектот, предвиден е системот на геотермални пумпи кои ја циркулираат водата десет метри под котата на теренот каде температурата е константна низ сите четири годишни времиња. Во ладните месеци, топлата вода се испумпува во цевките вградени во цементната кошулица на подот на сите надземни етажи, затоплувајќи го објектот преку системот на т.н. “Радијално греење”, а во топлите месеци, разладената вода го лади воздухот кој циркулира во системот за вентилација и истиот контролирано го разладува објектот.

Овие системи се најрационални бидејќи ја редуцираат потребата за употреба на електрична енергија до 70%. Во однос на проветрувањето, атриумот е простор кој овозможува природна вентилација на сите заеднички простории и комуникации преку отворање на стаклениот покрив во неработните часови.



https://marh.mk/administrativna-zgrada-za-opshtina-aerodrom-mxmls


Posted By: user8642
Date Posted: 10-Apr-2021 at 20:33
Ова со прозорите во коцкастиот дел (не полукружниот) сум сигурен дека сум го видел некаде. Незнам дали е стандардно архитектонски решение, или е само тука копирано мазнато од некаде. Ама сигурен сум дека сум го видел кај некои слики од свет примери бруталистички.

Инаку решение изгледа фино, пристојно, нормално.


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Apr-2021 at 11:32
Kонкурсен труд „Идејно решение за административна зграда на општина Аеродром“ /Карангелеска -Тодоровска, Илиевска, Треневска, Грчева



ЛОКАЦИЈА

Локацијата предвидена за управна (административна) зграда на Општина Аеродром се наоѓа на аголот помеѓу булевар „Србија“ и булевар „Видое Смилевски Бато“, во урбана зона која е во брз развој и прераснува во нов локален центар. Во урбаниот блок каде е позициониран објектот се среќаваат објекти со најразлични намени (деловни, комерцијални, станбени, верски итн.), кои се одликуваат и со најразлични обликовни карактеристики. Поради тоа, целта при концепирање на општинската зграда беше насочена кон оформување на нова, препознатлива точка во блокот и во општината, која сама по себе ќе поседува обликовни и амбиентални квалитети, но нема за цел нужно да воспостави континуитет на околната изградена структура.



ФУНКЦИЈА

Објектот на новата административна зграда е концепиран на начин да овозможи беспрекорни услови за работа на вработените, но во исто време да стане и нова препознатлива точка во општината, отворена за сите нејзини граѓани.

Со проектот се предлага едноставен просторен модел, кој се обидува да воспостави рамнотежа помеѓу ефикасноста на функцијата на објектот и естетските вредности на истиот. При проектирањето водено е сметка на функционалноста, дизајнот, адаптабилноста на просторот, одржливоста, како и рационализација на содржините и комуникациите низ објектот.

По вертикала, функционално објектот е поделен на три целини. Приземје кое ја содржи скоро целата јавна програма, катовите наменети за администрацијата и подземни нивоа со паркирање и сите економско – технички содржини.

Во основа, исто така постои јасна дистинкција на три содржини и тоа: административен блок- дел наменет само за пристап на вработени; сервисен блок кој е позициониран долж соседната зграда на јужната стана, и ги опфаќа сите комуникации,тоалети и помошни простории; и атриум, кој ги обединува двата дела, како функционално така и визуелно.

Главниот влез го воведува корисникот директно во просторен атриум, кој е составен дел од влезното фоаје, преку кое посетителите можат да се дистрибуираат кон заедничките содржини во приземјето, кон комуникациите или кон интегрираните подрачни единици (матична служба, катастар, јавни приходи, пошта и слично).

Визуелното доживување на сите четири нивоа, отвореноста, комуникацијата и динамичната атмосфера која се создава, овозможува чувство на заедништво. Така внатрешното обликување е во нераскинлива врска со функционалната распределба на содржините, што ја рефлектира потребата за транспарентност во работата на овој тип на институции, пропратено со лесна пристапност и јасно распределени содржини.

АТРИУМ

Со цел да се овозможат квалитетни услови за работа, доминантна тема во просторната организација претставува „атриумот“. Тој овозможува влез на природна светлина, а истовремено придонесува за поквалитетно просторно, амбиентално и сензорно доживување на објектот. Атриумот кој е јасно видлив од пристапната улица, како нагласена вертикала во склоп на влезниот портал, односно пукнатина, се провлекува скоро низ целата должина на објектот. На тој начин, преку влезот, надворешниот простор протекува во приземјето и влезното фоаје, каде се организирани најголем дел од содржините за јавно користење. Новиот застаклен „двор“ е замислен како нов простор за средби, што ќе даде нова социјална димензија која е особено важна за објектите од јавен карактер.

АДМИНИСТРАТИВЕН БЛОК

Содржините наменети за вработени се развиваат на три нивоа, организирани во јасни трактови, сите природно осветлени и лесно пристапни.

Работните простори, односно канцелариите и салите за состаноци на поединечните сектори се организирани на првиот и вториот кат, додека на третото ниво се наѓаат содржините наменети за работа на советот на Општината Аеродром и градоначалниот.

ОБЛИКУВАЊЕ

Во надворешното обликување на објектот постојат два основни визуелни елементи.

Доминантен фасаден елемент се ритмично поставените брисолеи, пред стаклената, транспарентна обвивка. Нивната бела ненаметлива структура, со својот ритам од вертикални елементи разбиени со суптилните хоризонтали, оддава смиреност и ја потенцира елеганцијата од секој агол при движење. Покрај тоа што овозможуваат дискреција на функциите, брисолеите преку нивната структура допридонесуваат за засенување на објектот во текот на летниот период.



Втор, но подеднакво важен обликовен елемент е нагласениот влезен портал, кој визуелно го дели објектот на два дела. Неговата нагласена вертикалност и материјализација во темна боја, јасно го воведува корисникот во внатрешноста на објектот и со тоа овозможува лесно читање на функцијата на објектот и однадвор.

Со својата појавност, новата општинска зграда истовремено станува доминанта во своето опкружување, но и логично суптилно завршување на низата новопроектирани објекти во својата непосредна околина.

Целта во проектантскиот процес беше да се обмисли отворен, современ објект кој промовира дијалог помеѓу властите и граѓаните, кој овозможува максимално рационален и функционален работен простор, но истовремено и естетски иновативен и репрезентативен објект.

https://marh.mk/konkursen-trud-karangeleska-todorovska-ilievska-trenevska-grceva


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Apr-2021 at 11:33
Кој предлог проект ви се допаѓа од трите погоре презентирани?


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Apr-2021 at 17:48
Овој што си го објавил во пост #27 e, всушност, победничкото решение, така што тоа и ќе се гради.

Инаку, сите три ми се допаѓаа, но првиот најмногу, кога би требало да пресечам, поради поголемите стаклени површини.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Apr-2021 at 11:37
Презентација на проектот за новата зграда - Општина Аеродром

[tube]nDpLcR5Qc2g[/tube]

https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Apr-2021 at 12:55
УПАВНА ЗГРАДА ОПШТИНА АЕРОДРОМ / OТП СУДИО







https://marh.mk/opshtina-aerodrom-otp-studio/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-May-2021 at 15:02
Советот на Општината ја усвои тригодишната развојна програма и ја утврди и динамиката за изградба на општинската (управна) зграда.
Набрзо ќе биде објавена јавна набавка за изработка на главен проект за зградата, а потоа ќе следува и избор на изведувач на градбата.
За почетните активности во врска со изведбата до крајот на оваа година веќе се испланирани 15 милиони денари, а другите средства ќе бидат предвидени со буџетите во 2022 и 2023 година.
Со изградбата на општинската зграда заштедуваме средства од буџетот кои досега беа наменети за висока месечна кирија, а аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги.
Реализираме уште еден капитален проект од интерес на сите граѓани.

https://www.facebook.com/marinzlatko


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-May-2021 at 14:05
ОПШТИНА АЕРОДРОМ ИЗБРА ПРОЕКТ ЗА ОПШТИНСКА ЗГРАДА, ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ



Општина Аеродром почнува со постапката за изградба на општинската зграда. Откако на јавен конкурс беше избрано идејното решение за изгледот на објектот, Советот на Општина Аеродром на последната седница ја усвои тригодишната развојна програма со која се предвидени и обезбедени средства. Согласно со предвидениот план, во најкус можен рок ќе биде објавена јавна набавка за изработка на главен проект за административната зграда, а веднаш потоа ќе следува избор на изведувач на самата градба.

„Со изградбата на управната зграда заштедуваме средства од буџетот кои досега беа наменети за плаќање месечна кирија, а аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги. Реализираме уште еден капитален проект од интерес на сите граѓани“, вели градоначалникот Златко Марин.

Зградата ќе се гради во населбата Ново Лисиче, на просторот после крстосницата со булевар Србија и ќе биде со површина од 4.500 квадратни метри.

Општина Аеродром месечно за кирија плаќа 8.000 евра или 96.000 евра годишно. Од буџетот на Општина за оваа година се почетокот на изградбата се обезбедени 15 милиони денари, а останатите средства ќе се предвидат со буџетите за 2022 и 2023 година.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-aerodrom-izbra-proekt-za-opshtinska-zgrada-ke-se-gradi-vo-narednite-tri-godini/


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Aug-2021 at 07:00
Почна постапката за изведба на новата управна зграда на Општина Аеродром



Почна постапката за изведба на новата управна зграда на Општина Аеродром, за што е објавена јавна набавка за изработка на основен проект и нејзина изградба.

На претходно објавениот јавен конкурс на кој пристигнаа 22 идејни решенија, беше избрано решението на авторите Нина Карангелеска-Тодоровска, Марта Илиевска, Марија Треневска и Марија Грчева. Комисијата која ги оценуваше пријавените идејни решенија беше составена од проф. д-р Страхиња Трпески, членовите Дејан Чадиќ и Зоран Пауноски.

Со ова, Општина Аеродром по 16 години постоење, конечно ќе добие своја зграда. Тоа е од исклучително значење затоа што со нејзината изградба веќе нема да се плаќа висок месечен наем, а исто така и аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги.

Зградата, покрај административниот дел, ќе содржи и мултифунционален центар за собири на граѓани каде што ќе можат да се организираат средби, венчавки и друг тип културни настани, интрегрирана подрачна единица и други простории што ќе бидат отворени за граѓаните.

Целта е зградата да биде нова препознатлива точка отворена за сите и да претставува нов дом на сите аеродромци.

https://nezavisen.mk/pochna-postapkata-za-izvedba-na-novata-upravna-zgrada-na-opshtina-aerodrom/ - https://nezavisen.mk/pochna-postapkata-za-izvedba-na-novata-upravna-zgrada-na-opshtina-aerodrom/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 31-Aug-2021 at 16:34
Си викам сакаат да наместат уште еден тендер пред да си одат од власт.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Sep-2021 at 10:52
Повторно најави за изведба на административни објекти на општините

Општина Аеродром ја започна постапката за изградба на нова општинска зграда, а и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски неодамна на фејсбук се пофали дека после повеќе од 40 години, локалната власт ќе добие нов модерен административен објек на местото на старите бараки.

Општина Аеродром по 16 години постоење ќе добие своја зграда, по што нема повеќе од општинскиот буџет да се издвојуваат големи суми за месечен закуп, а и граѓаните, како што посочуваат од локалната власт, ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите услуги што им се потребни.

Постапката за изведба на новата управна зграда веќе е започната, односно, објавена е јавна набавка за изработка на основен проект и за нејзина изградба.На претходно објавениот јавен конкурс, на кој пристигнале 22 идејни решенија, беше избрано решението на авторите Нина Карангелеска-Тодоровска, Марта Илиевска, Марија Треневска и Марија Грчева.

-Зградата, покрај административниот дел, ќе содржи и мултифунционален центар за собири на граѓани каде што ќе можат да се организираат средби, венчавки и друг тип културни настани, интегрирана подрачна единица и други простории што ќе бидат отворени за граѓаните – велат од Општината и додаваат дека целта е новата управна зграда да биде препознатлива и отворена за сите и да претставува нов дом на сите аеродромци.

https://www.slobodenpecat.mk/povtorno-najavi-za-izvedba-na-administrativni-objekti-na-opshtinite/ - https://www.slobodenpecat.mk/povtorno-najavi-za-izvedba-na-administrativni-objekti-na-opshtinite/


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Oct-2021 at 09:26
Аеродром ќе добие мултимедијален и ИТ центар, новата општинска зграда зад зградите Џевахир

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски, кој е избран во првиот круг на неодамнешните локални избори, ветува дека новата општинска зграда ќе биде со истата квадратура како онаа што ја предвидуваше досегашниот градоначалник, но ќе чини двојно помалку. На местото во Реонскиот центар каде беше планирано да биде изградена општинската зграда, ќе биде направен парк на површина од пет илјади метри квадратни.

– Ако ја погледнете квадратурата и цената предвидена за тој објект, ќе видите дека цената е несразмерно висока земајќи ги предвид пазарните вредности за изградба на објект од таа големина. Дополнително, жителите кои живеат во Реонски центар не сакаат таму општинска зграда. Тој е дел од општината каде итно е потребен нов парк. Затоа ветивме дека на таа локација, жителите ќе добијат парк од пет илјади метри квадратни со специјални содржини. Тоа е наше предизборно ветување и така ќе го реализираме, изјави денеска Муцунски.

https://kanal5.com.mk/aerodrom-kje-dobie-multimedijalen-i-it-centar-novata-opshtinska-zgrada-zad-zgradite-djevahir/a499256 - https://kanal5.com.mk/aerodrom-kje-dobie-multimedijalen-i-it-centar-novata-opshtinska-zgrada-zad-zgradite-djevahir/a499256


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Oct-2021 at 10:28



На таа аголна локација во „Реонски“ е многу пологично да има репрезентативен објект, отколку парк. Парк може да се направи околу црквата што се гради (наместо просторот таму да се начичка со гадни станбени квадари), исто така на дел од парцелата до училиштето Александар Македонски (и пак да остане доволно простор за изградба на средно училиште како што е предвидено).

Тимчо треба уште во старт да си ги преиспита приоритетите и да се позанимава со зеленило и паркови во деловите од општината кадешто навистина се очајно потребни, а не да решава НЕПОСТОЕЧКИ проблеми во Реонски центар.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 21-Oct-2021 at 10:51
Originally posted by Cloverstack




На таа аголна локација во „Реонски“ е многу пологично да има репрезентативен објект, отколку парк. Парк може да се направи околу црквата што се гради (наместо просторот таму да се начичка со гадни станбени квадари), исто така на дел од парцелата до училиштето Александар Македонски (и пак да остане доволно простор за изградба на средно училиште како што е предвидено).

Тимчо треба уште во старт да си ги преиспита приоритетите и да се позанимава со зеленило и паркови во деловите од општината кадешто навистина се очајно потребни, а не да решава НЕПОСТОЕЧКИ проблеми во Реонски центар.


Neli gledas pozadi opstinskata zgrada vo reonski kolkavo zdanie e isplanirano da lapne nekoj levicar u dusha... Svaka chast za detevo ne zavisno od partija vakvi gradonacalnici ni trebaat. A montesori parkovi i gradinki ni trebaat niz cela drzava za da napraime kvanten skok u mentalitetot so slednata generacija. Inace ima eden proces na zgradobranizacija na parkobranite samo zatoa sto nivnite izgubile vo odredeni opstini... zalno... Sekoja pogolema javna povrsina sto ke stane park namesto zgrada na zsf ili sanic e za pozdravuvanje. Ako ne dojdese detevo tuka Majcin Dom prikaska ke se sodzidase. Svaka cast Timcho!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Oct-2021 at 12:06

Сериозно ли?

Добро, ајде ќе видиме колку паркови ќе никнат на пример во Стар Аеродром и во Мичурин. И колку маркици на ЗСФ, Саник и останатата багра ќе бидат избришани. Дај боже да си во право, колку и да звучи наивно твојава еуфорија.


Патем кои се тие паркобрани (и тоа си го членувал зборот) што ги зафатил „процес на зградобранизација“?



Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 21-Oct-2021 at 12:26
Licno poznavam 3ca koj im smeta gradbata na parkot vo Reonski centar. Populizam bilo parkovi so ke gradel Timcho tamu. Kao ednive koa gradat parkovi toa e progresivno a drugive koa gradat e populizam. Inace ne me fakja euforija za zal mnogu od markicite ke ostanat, no za konkretnata tema mislam deka site treba da go pozdravime. A daj boze da ima i drugi vakvi primeri. Za mene ova e sprecuvanje na uste eden Majcin Dom, a takvi markici ima niz aerodrom mnogu. Na primer noviot proekt na golden art pokraj bulevar Srbija za koj veke imaat gradezna dozvola...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Oct-2021 at 15:56



Ова нема допирни точки со ситуацијата кај Мајчин дом.

Кај Мајчин дом во ДУП-от не постоеше градежна маркичка. Беше државно земјиште со вцртано зеленило. Како такво (земјиште без маркичка), камуфлирано низ неколку трансакции му беше багателно продадено на Орце Камчев. Потоа Ивица Коневски му нацрта маркичка (и тоа маркичка сосема вон градежна линија), со што многукратно му ја крена цената на земјиштето. Камчев тогаш му го препродаде земјиштето на Фатмир Етеми (ЗСФ КОМ) и таму никна станбено-деловна зградурина. Неодамна дознавме и дека Коневски на необјаснет начин се стекнал со деловен простор во истиот објект во вредност од 450.000 евра и плус со загарантиран закуп од 12 години:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3553&PID=252597#252597 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3553&PID=252597#252597


А во Реонски центар работите стојат вака. Сосема логично на аголната локација е вцртан објект (најмалку од пред 15 години, а најверојатно уште со првиот ДУП за овој простор, кога и да било тоа). А и од кога памтам, за таму се збори за општинска зграда.

Ако било проблем јавно-приватното партнерство како модел за изградба на општинската зграда, Тимчо нека ја гради општинската зграда од буџет, тоа ќе го поздравам. Слободно и нека го избрише поголемиот - издолжениот дел од маркичката, единствено е важно е да се оформи убав аголен објект.

Да се „спасува“ зеленилото во Реонски центар на ваков начин, дури и под претпоставка дека е добронамерно, е погрешно. За паркови во Реонски центар има доволно место и пологични локации. Не мора и не треба жртва да биде аголната локација и општинската зграда.



Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Oct-2021 at 16:48
Која би била новата локација зад Џеваир кулите не е прецизно кажано?

Инаку да се сложувам дека таа аголна локација треба да се искористи за оформување убав објект за општинската зграда.


Posted By: Théoden
Date Posted: 21-Oct-2021 at 18:08
Не е овде таков проблем административната зграда, каков што е планираниот трговски објект (а реално станбена зграда) што треба да никне зад неа. Пишувано е понапред на оваа тема. Тој објект би зафаќал површина од околу 4000 м2, а општинската зграда околу 1000 м2. А сега новиот градоначалник ветува парк од 5000 м2, што би значело дека ќе ја опфати цела парцела. Скептичен сум за ова ветување, но ако се реализира, можеби е подобро да се прежали таа локација ако се заштити овој поширок простор од некоја нова грдосија.
Идеално би било да се направи општинската зграда на аголот како што е планирано, а остатокот од парцелата да се остави за парк.


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Oct-2021 at 22:45
може многу лесно да се ревидира проектот и да се направи само општината, а останатиот простор да остане јавен за партер зеленило, што е уште подобро за тоа зеленило можеби
мини-паркчиња на ќошиња од прометни булевари е глупост измислена во последниве 10-15 години... популизам неписмено составен и реализиран без разлика кој бил на власт... наместо да имаш асални генерални планови каде треба да има зелени рекреативни појаси, а каде треба да се градат објекти и со каква намена и габарит, ние имаме нафрлање на рандом проектчиња низ градот никнаати од тоа колку е вредно секое дрвце и како секоја необработена нива треба да се остаи така или да се направи „парк“
и таквото размислување со години го тера градов у мајчину
еве и паркот од карши што го направија, единствено што го спасува е каква-таква изолација од стариот дрворед на булеварот

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: anna75
Date Posted: 09-Nov-2021 at 14:11
Има ли инфо каде поточно ќе биде новата општинска зграда?


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Nov-2021 at 08:11
Аеродром - прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови!
Денеска на моја иницијатива до советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда



https://www.facebook.com/TimcoMucunski - https://www.facebook.com/TimcoMucunski


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Nov-2021 at 18:05
Originally posted by anna75

Има ли инфо каде поточно ќе биде новата општинска зграда?


Последно беше кажано дека ќе се бара локација зад Скај Сити ама незнам каде поконкретно.



Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Nov-2021 at 18:15
македонската политика продолжува да се води по популизам изграден врз кафански муабети... немаше никаква потреба од ова стварно, единствено можеа да ја скрата површината на објектот со маркицата позади
да сакаа тука да има паркови, немаше да направат такви бљувотини од населби ко реонски, туку ќе беше изградено огледално крило на Ново Лисиче исто како што е со Јане Сандански од двете страни на булеварот... сега наместо сериозна општинска зграда, Аеродром ќе добие уште еден глорифициран украсен тревник на булевар, што најверојатно ќе кошта тродупло повеќе отколку што треба
а меѓудругото, слушнав дека не е воопшто сменет планот, туку е даден предлог

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares



Print Page | Close Window