Обнова на црквата Свети Ѓорѓи во Мала Речица
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Верски
Forum Discription: Цркви, џамии, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1160
Printed Date: 23-Jun-2025 at 10:17
Topic: Обнова на црквата Свети Ѓорѓи во Мала Речица
Posted By: Plugger
Subject: Обнова на црквата Свети Ѓорѓи во Мала Речица
Date Posted: 04-Jan-2011 at 03:27
Обнова на црквата Свети Ѓорѓи во Мала Речица во 2011 година
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija - Македонија
Манастирската црквата Свети Ѓорѓи во
тетовска Мала Речица што беше изгорена во конфликтот во 2001 година,
десет години по случката, во текот на 2011 година треба да биде целосно
обновена.
Во текот на есента 2010 година иницијативен одбор ја започна
реконструкцијата на овој православен храм. Поттикот за обновувањето
дошол од верниците.
Иако во Мала Речица нема христијани, соседите и мештаните од
муслиманска вероисповед даваат голема поддршка за обнова на оваа црква.
Освен црквата во манастирскиот комплекс ќе се градат пропратни објекти.
Поставеноста на црквата во повисоките планински ридови, укажува дека е
изградена во османлискиот период, а постојат записи дека во 1934 година
исто така била запалена и обновена 1935 година.
Александар Самарџиев http://sitel.com.mk/video/makedonija/obnova-na-crkvata-sveti-gjorgji-vo-mala-rechica-vo-2011-godina - http://sitel.com.mk/video/makedonija/obnova-na-crkvata-sveti-gjorgji-vo-mala-rechica-vo-2011-godina
|
Replies:
Posted By: Makedonij
Date Posted: 04-Jan-2011 at 19:53
 
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Jan-2011 at 18:11
За првпат по една деценија во манстирскиот комплекс посветен на
Свети Георги победоносец во Мала Речица кај Тетово, напоредно со
реализацијата на проектот за негово возобновување се создадени услови за
одбележување на Бадник
06.01.2011
 
Денеска сите патишта водеа кон манстирскиот комплекс Свети Георги
победоносец во тетовското село Мала Речица. Таму за првпат по една
деценија, напоредно со реализацијата на проектот за возобновување на
манастирската црква се создадоа услови за одржување на црковно народен
собир и за одбележување на Бадник со прикажување и продолжување на
вековните обичаи и традиции на овој православен празник.
Во присуство на голем број православни верници во ова древно православно
светилиште, надлежниот епархиски намесник на Тетовското намесништво
Мирко Станкоски , во сослужение на повеќе свештеници, изврши мал
водосвет, ја благослови пченицата и ги прережа погачите што ги
подготвија членовите на Манастирското настојателство. Потоа на
присутните им беа делени парченцата леб во кои беа вметнати 5 парички
кои ги пронајдоа петмина верници кои ќе бидат кумови на празнувањето на
Бадник во Мала Речица во 2012 година.
Потоа беа осветени Бадникот и бадниковиот оган во дворот на ова древно
светилиште. Меѓу присутните имаше верници кои на Бадник се во Мала
Речица од своето најрано детство.
Во Мала Речица беше и Менка Цветановска од Тетово која штотуку пристигнала од аџилок.
За сите присутни на црковно народниот собир во Мала Речица беше
подготвен, чај а според обичаите и традициите некои делеа и топла
ракија. Обичај е да се земе и од благословената пченица која исто така
ја подготви манастирското настојателство.
Јован Булески http://www.kiss.com.mk
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: Makedonij
Date Posted: 18-Jan-2011 at 21:09
Организацијата на жени при општинската организација на
"Обединети за Македонија" од Тетово даде свој придонес за возобновување
на црквата Св.Ѓорѓија во село Речица
Организацијата на жени при општинската организација на "Обединети за
Македонија" од Тетово денес во соработка со сите општински организации
на жени на оваа политичка партија на ниво на цела држава презема
хуманитарно-социјално и културни активности во интерес на сите граѓани.
По тој повод Организацијата на жени од Тетово, даде свој придонес од
финансиско материјален карактер за возобновување на црквата Св.Ѓорѓија
во село Речица, која секако во иднина ќе биде наше духовно светилиште за
зачувување на нашите корени и огништа на овие простори.
Овој ден е посветен на сите во државата, без разлика на тоа дали се
работи за човечки судбини или пак културно историски обележја, на сите
кои се на некој начин заборавени од државата и оставени самите да се
снаоѓаат или опстојуваат во овие тешки години на живот на социјално
материјална криза, пишува во соопштението на Организацијата на жени при
општинската организација на "Обединети за Македонија" од Тетово
http://www.kiss.com.mk
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: axel
Date Posted: 04-Apr-2011 at 11:54
Се обновува црквата во Мала Речица
ТЕТОВО - Манастирската црква „Св. Ѓорѓија“ во тетовска Мала Речица
интензивно се обновува. По подигањето до карабина во текот на минатата
есен, на ред е целосно довршување на црквата, а истовремено се започнати
подготовките за изградба на трпезаријата и конаците.
Според
Будимир Апостолски, член на иницијативниот одбор за обнова на црквата,
овие три дена се расчистува теренот, особено просторот каде што треба да
се доизгради храмот, конаците и трпезаријата. Апостолски вели дека по
повик на иницијативниот одбор за донации, досега биле собрани десетина
илјади евра, меѓутоа само изградбата и уредувањето на црквата ќе чини
над 30.000 евра. За црковниот храм имало донации и во градежни
материјали.
Апостолски веќе го изработува иконостасот. За
целосна обнова на манастирскиот комплекс се потребни околу 50.000 евра.
Иницијативниот одбор се надева дека најголем дел од работите ќе завршат
уште годинава и се очекува патрониот празник да биде одбележан со сите
почести како што била вековната традиција. Манастирот „Св. Ѓорѓија“ во
Мала Речица претставува споменик на културата од 14 век. Во конфликтната
2001 година беше подметнат пожар во кој изгореа сите објекти. (Г.Е.) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8329CDC490BBD44C9754C40C7C5CD624
|
Posted By: Makedonij
Date Posted: 04-Jun-2011 at 18:03
По десет години повторно бијат камбаните во црквата во М. Речица
 По десет години,
повторно биеја камбаните во манастирскиот комплекс Св. Ѓорѓија, во
тетовска Мала Речица. Се продолжи традицијата на славење на Ѓурѓовден во
ова древно црковно светилиште. Се отслужи света литургија, се избраа
кумовитe. Верниците не ја криеја возбудата, што после една деценија,
денешниот празник повторно го слават тука.
Во овој крај речиси сите жители се од муслиманска вероисповед. Но,
од иницијативниот одбор велат дека на обновата на манастирот се радуваат
и ја помагаат сите оти веруваат дека Св. Ѓорѓија има чудотворна моќ.
Манастирскиот комплекс беше уништен за време на конфликтот во
2001-та. Уништени беа икони и фрески од непроценлива вредност. Неговата
обнова започна пред половина година и се очекува да биде готова до
крајот на годината.
Милена Стојановска, 6.5.2011
video:http://www.time.mk/read/251d7fe148/b0a298f652/index.html
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: gorco
Date Posted: 05-Jul-2011 at 10:20
Дечки, Драган или некој друг тетовец, може ли координати од црквата ?
Баш ме интересира кај се наоѓа ?
-------------
|
Posted By: Makedonij
Date Posted: 06-Jul-2011 at 14:17
Привршува обновата на манастирската црква Свети Ѓорѓи во Мала Речица19.06.2011 - 14:04
Манастирската црква Свети Ѓорѓи во тетовска Мала Речица е во завршната фаза на изградбата.
Црковниот објект условно речено е затворен, односно завршена е
градбата на сите ѕидови сосе покривот, а поставени се сите прозорци и
двојна влезна врата.
До објектот е спроведена и електрична енергија. Деновиве се довршува надворешниот изглед односно фасадата на црквата.
Од Иницијативниот одбор велат дека средства и понатаму ќе треба за да
доврши црквата и пропратните објекти. Донациите од верниците и фирмите
стигнуваат во зависност од нивните можности.
Црквата во 2001 година беше уништена, а обновата започна на крајот на
2010 година. Годинава за прв пат се одбележаа и верските празници
Бадник и Ѓурѓовден. Видео: http://daily.mk/cluster3/26d680d572824bd84cb37af6fbc56a18/785123
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: Makedonij
Date Posted: 06-Jul-2011 at 14:20
Поставени крстови на манастирската црква Свети Георгиј во тетовска Мала Речица
05.07.2011

Во манастирскиот комплекс Свети великомаченик Георгиј победоносец во
тетовска Мала Речица, архиерејскиот намесник при Тетовското архиерејско
намесништво протојереј Мирко Станкоски во сослужение на на
свештенослужители од намесништвото, протојереј Љубиша Блажевски и
свештенојереј Дарко Наумоски изврши света тајна и мал водосвет. На
православниот чин присуствуваа верници и членови на иницијативниот одбор
за возбновување на манастирската црква во манастирско православно
светилиште кое во 2001 година беше запалено и уништено.
Пред влезот на возобновената црква во манастирскиот двор во живописното
подножје на Шар Планина во Мала Речица беше извршено осветување на
крстовите. Чуствувам потреба да се радувам со сите вас, заедно со
браќата свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. а со
архиепископски благослов од нашиот надлежен епархиски архиереј, неговото
високо преосвештенство Господин Кирил да го извршам опвој свет чин,
подвлече Мирко Станкоски.
Притоа му беше оддадено посебно признание на управителот на Еурометал
мебел Тетово, Горан Синадиноски од Тетово и на неговите соработници кои
ги изработија и донираа крстовите.
По осветувањето вработените од Еуромебел ги поставија новоизработените
крстови . Едниот на камбанеријата а вториот на манастирската црква.
Двата осветени и новопоставени крстови ќе го красат ова манастирско
светилиште кое е едно најстарите од ваков вид во Тетовско и
пошироко.Работите се одвиваат според утврдената динамика и како што
пристигнуваат донациите така тие уште повеќе се забрзуваат, соопшти
изјави Будимир Апостолски член на иницијативниот одбор за возобновување
на манастирскиот комплекс Свети Векликомаченик Ѓорѓи во Мала Речица
Нови донации секој според своите можности постојано присигнуваат и се
очекува работите да бидат забрзани и околу внатрешното уредување на
камбанетријата, иконостасот и другите делобви од манастирската црква.
http://www.kiss.com.mk
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: Makedonij
Date Posted: 01-Oct-2011 at 11:47
18.08.2011, 18:48 Оштетена црквата во тетовска Мала Речица

Тетово - Манастирската црква „Св. Ѓорѓија“ во тетовска Мала Речица е
оштетена од непознати вандали што влегле насилно во внатрешноста. Според
СВР - Тетово, оштетувањето се случило во средата околу 12 часот.
Криминалците насилно со тврд предмет отвориле еден прозорец и влегле во
внатрешноста, каде што очекувале дека ќе најдат пари или вредни
предмети. При пребарувањето се искршени две мермерни плочи, а има
оштетувања и на фасадниот дел од црквата.
Обновата на црквата во
Мала Речица е започната во ноември минатата година. Објектот е подигнат
на старите темели и е целосно обновен. Според информации од
Иницијативниот одбор за обнова на манастирската црква, досега се
потрошени околу 20 илјади евра, главно, како ктиторство на граѓани,
бизнисмени и претпријатија, како и со финансиска поддршка и благослов на
МПЦ. Црквата и другите објекти во манастирскиот комплекс во Мала Речица
беа изгорени во два подметнати пожара во 2001 година.
„Ги
интензивираме работите и очекуваме за Ѓурѓовден, 6 мај 2012 година, да
се изврши официјалното осветување. Во овој период, освен црквата, која
целосно ќе биде реконструирана, работиме и на обнова на конакот и
трпезаријата, а на крајот ќе биде оградувањето на целиот простор. Сакам
да нагласам дека зад завчерашните оштетувања на црквата не стојат
жителите на Мала Речица. Ова е дело на неранимајковци и провокатори што
сметам дека ќе ги откријат месните жители“, рече Мирче Деспотовски, член
на Иницијативниот одбор за обнова на манастирот во Мала Речица. (Г.Е.)
http://www.utrinski.com.mk
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: Makedonij
Date Posted: 01-Oct-2011 at 11:52
Црквата Свети Ѓорѓи во Мала Речица повторно оштетена
Неодамна возобновената црква Свети Ѓорѓи
во Мала Речица, е оштетена во внатрешноста, надворешната фасада, како и
кровната конструкција.
Оштетувањата се случиле вчера помеѓу 12 и 16 часот кога немало никого околу црквата, каде се уште се изведуваат градежни работи.
Откако бил случајот пријавен во полицијата, извршен е увид во присуство на свештениците и членови на црковниот одбор.
За нецел месец ова е втор пат како засега неутврдени сторители вршат сквернавење на возобновенaтата црква во Мала Речица.
Александар Самарџиев Видео: http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/crkvata-sveti-gjorgji-vo-mala-rechica-povtorno-oshtetena ------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: Makedonij
Date Posted: 01-Feb-2012 at 15:39
Пожар во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Мала Речица
Тетово, 1. февруари 2012 (ИНПРЕС)
извор: Мвр фото: архива
Доцна синоќа, непознат сторител предизвикал пожар во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во тетовска Мала Речица.
Запалени биле четири-пет дрвени врати поставени на северната страна од манастирот, при што биле зафатени два прозорци, испуакни се стаклата, а оштетени се внатрешниот и надворешниот ѕид и таванот.
На местото на настанот излезена е екипа од противпожарна единица Тетово, а пожарот е изгаснат.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: Dragan
Date Posted: 01-Feb-2012 at 19:29
Originally posted by gorco
Дечки, Драган или некој друг тетовец, може ли координати од црквата ?
Баш ме интересира кај се наоѓа ? |
Еее извини за одговорот што каснам не сум приметил, озбилно немам појма каде е таа црква во мала речица, скоро 20 год, никој таму не поминува мислам македонец да се прошета, да види, пошто е наречена enemy territory, или пак ако влезеш, ке излезеш со еден бубрег помалку   , шала настрана ме сфати што сакав да кажем, али све мислим дека е овде некаде 41°59'49.95"N 20°56'41.03"E
-------------
|
Posted By: gjoko
Date Posted: 01-Feb-2012 at 21:56
луѓе,во Кичево јас сум инспектор за пожари(крим полиција) и одговорно тврдам дека со пожарите треба многу внимателно да се постапува.не е така секогаш како што изледа на прв поглед.во моето 12 годишно искуство сум среќавал секакви пресврти во истрагите.многу внимателно треба да се пристапи,и најважно е да нема нагаѓања по медиуми,бидејќи отполсе вистината тешко се пробива
|
Posted By: Makedonij
Date Posted: 29-May-2014 at 09:17
http://sitel.com.mk/mk/kviz/bez-poeni -
http://www.sitel.com.mk/mk/vesti/makedonija - Македонија | 6. мај 2014 - 18:26
Тетовчани Ѓурѓовден го прославија во Манстирот во Мала Речица
Манастирската
црква посветена на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во тетовска
Мала Речица, која денес го одбележуваше празникот посветен на својот
патрон е во завршна фаза од реконструкцијата. Овој
православен храм беше запален во 2001 година, а во 2010 започна
обновата која оваа година треба да биде крунисана со осветување. Верниците во се поголем број присуствуваат на празнувањата во оваа црква,а така беше и на денес. По повод патрониот празник имаше водосвет и режење на славкиот колач.
http://www.sitel.com.mk/mk/tetovchani-gjurgjovden-go-proslavija-vo-manstirot-vo-mala-rechica
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Posted By: Makedonij
Date Posted: 29-May-2014 at 09:18
На 12. 10. 2014, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот
тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со свештеници од Тетовското
архиерејско намесништво изврши осветување на новата трпезарија и
осветување на темели за нов објект во манастирскиот комплекс „Св.
Георгиј Победоносец“ во с. Мала Речица. Митрополитот ги благослови и им
заблагодари на сите членови од иницијативниот одбор за посветеноста и
грижата за одржување на ова свето место кое е многу значајно за Тетовци.
http://s1046.photobucket.com/user/Makedonij/media/Crkvi/a_zps39ff24e2.jpg.html">
http://s1046.photobucket.com/user/Makedonij/media/Crkvi/b_zpsac91d4ac.jpg.html">
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|