Print Page | Close Window

Авиосообраќај (статистики)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Воздухопловство
Forum Discription: Аеродроми, авиосообраќај...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1176
Printed Date: 19-Sep-2018 at 08:52


Topic: Авиосообраќај (статистики)
Posted By: pbanks
Subject: Авиосообраќај (статистики)
Date Posted: 04-Oct-2007 at 21:16

konecno ja update-iraa detalnata statistika na airports.com.mk. Eve kako stojat rabotite za prvite osum meseci

Реализиран сообраќај 2006 - 2007

Операции на воздухоплови

Месец
2006
2007
% промена
Јануари
947
984
3,9
Февруари
868
890
2,5
Март
1021
976
-4,4
Април
1020
985
-3,4
Мај
1120
1068
-4,6
Јуни
1104
1212
9,7
Јули
1258
1402
11,4
Август
1279
1295
1,3
Септември
1096
Октомври
1100
Ноември
911
Декември
913
Вкупно Јануари-Август
8617
8812
2,3


Број на патници

Месец
2006
2007
% промена
Јануари
38704
41972
8,4
Февруари
29461
33964
15,3
Март
34222
41573
21,5
Април
40278
45558
13,1
Мај
43247
48605
12,4
Јуни
48216
57447
19,1
Јули
68293
78748
15,3
Август
67604
80142
18,5
Септември
51571
Октомври
40792
Ноември
35741
Декември
44190
Вкупно Јануари-Август
370025
428009
15,7


Карго (во тони)

Месец
2006 
2007
% промена
Јануари
156,68
165,52
5,6
Февруари
163,85
173,14
5,7
Март
198,10
185,86
-6,2
Април
169,85
174,61
2,8
Мај
186,66
186,47
-0,1
Јуни
193,83
192,86
-0,5
Јули
211,53
181,20
-7,3
Август
157,29
192,29
22,3
Септември
269,20
Октомври
193,43
Ноември
207,29
Декември
228,74
Вкупно Јануари-Август
1437,79
1451,95
1,0



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Oct-2007 at 00:00
Освен кај бројот на бројот на патници ситуацијата е тапа. Тој од друга страна иако е охрабрувачки, сепак не е баш спектакуларен како што изгледа на прв поглед (ако се земат во предвид околностите и од каков низок број тргнуваме и ако се спореди со аеродромите во регионот). Ама да се надеваме дека трендот ќе продолжи подинамично и дека ќе се зголемуваат и другите параметри.


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Oct-2007 at 16:21
ako zavrsi 15% rast do kraj na godinata, toe ne e ic loso, samo sto samo po sebe nema nisto da znasi, treba nekolku godini da imame tolkav rast za da dojdeme do nekoe normalno nivo. Ako gi imas na um Sofia, Belgrad ili Zagreb so niv i nemoze da se takmicime, no mora da go prevzememe regionalniot primat na Pristina koja mislam deka godinava belezi opagjanje sto e dobro za nas. I Tirana mislam deka e nedostizna cel, niv tek gi ocekuvaat zlatni vreminja ko kje im trgne su primorskiot turizam. Vidi samo sto se desava vo Burgas, Varna, Split, Dubrovnik, Podgorica, Tivat. A na Albancite toj im e edinstven aerodrom taka da....


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Nov-2007 at 23:11
Cheers


НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ


Надминат ланскиот број на патници


На скопскиот аеродром Александар Велики во првите девет месеци од годинава се прифатени или заминале 485.833 патници, што е зголемување од 15,2 проценти во споредба со истиот период лани. Ова е забележителен пораст, ако се има предвид дека во текот на минатата година беа превезени само четири проценти повеќе патници во споредба со 2005 година.

Најновите бројки говорат дека заклучно со 5 ноември на скопскиот аеродром биле прифатени или заминале 543.044 патници, со што е надминат вкупниот број на патници за цела 2006 година - 542.319.
Патничкиот авиосообраќај особено имаше засилен раст во минатиот месец кога бројот на патници е зголемен за 20,8 проценти во споредба со истиот месец 2006 година. Од аеродромот Александар Велики очекуваат сличен тренд да има до крајот на годинава, со што би ја завршиле 2007 година со превезени над 630.000 патници.

Во периодот јануари-септември 2007 година, 15 редовни авиопревозници оперираа на директни летови до 18 дестинации, при што се направени вкупно 10.200 операции, што е за три проценти повеќе од истиот период лани.

(С. Бл.)


Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=39F0781C07F2304E944548D8B145159A - Вечер


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Jan-2008 at 00:42
Еве ја и финалната статистика за 2007. Се надевав на 650,000 патници. Освен Сараево и двата црногорски аеродроми (кои сумарно имаат повторно над милион патници) само Скопје од регионалните аеродроми е сеуште под милион.  Заостануваме многу.

Информацијата е превземена од сајтот на аеродромот.

БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ ВО 2007 ЗГОЛЕМЕН ЗА 15.5%
4 Јануари 2008 година

Во 2007 година на Аеродромот Александар Велики Скопје беа опслужени вкупно 626,144 патници, односно за 15.5% повеќе од 2006. Ваквиот пораст се должи на воведувањето 6 нови дестинации во текот на 2007 (Париз, Сараево, Келн, Анкона/Верона и Софија), оперирањето на неколку нови превозници на редовни и чартер линии, како и на зголемените неделни фреквенции на досегашните редовни превозници.

Дестинации со најголем број на патници беа традиционалните Цирих и Виена (преку која поминале најмногу трансферни патници), и Истанбул со најголем пораст на патници во однос на 2006. На овие 3 дестинации се превезле вкупно 255,436 патници, односно 40% од вкупниот број на патници во комерцијалната авијација.

 На дестинациите во регионот (Загреб, Љубљана, Белград, како и новите дестинации Сараево и Софија) беа превезени вкупно 143,987 патници, со пораст од 25.1% во споредба со 2006.

Пофреквентни дестинации во 2007 беа и Будимпешта и Прага (преку кои најмногу се трансферира кон Источна и Северна Европа) со вкупно 85,097 патници и покачување од 13.5% во однос на 2006.

На германските дестинации (кои исто така се традиционално фреквентни) Дизелдорф, Хамбург, Берлин и новата дестинација Келн, се превезле вкупно 60,623 патници. На останатите дестинации со редовни линии: Милано, Рим, новата дестинација Анкона/Верона, Амстердам и Париз беа превезени 52,852 патници.

На туристичките дестинации (во Турција, Египет, Грција и Хрватска) во 2007 година беа превезени вкупно 18,326 патници, односно двојно повеќе од претходната година.

 

Во текот на 2007 година беа реализирани вкупно 13,085 операции на воздухоплови (за 3.5% повеќе од 2006), а кај обемот на каргото има покачување од 11% со вкупно прифатени и отпремени 2547 тони карго пратки.





Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Jan-2008 at 23:27
Последните 2 месеци се доста охрабрувачки. Кој знае на што се должи таков драстичен скок  Dunno

Total CARGO in tonnes (with trucked service)
Month
2006
2007
% change
January
156,68
165,52
5,6
February
163,85
173,14
5,7
March
198,10
185,86
-6,2
April
169,85
174,61
2,8
May
186,66
186,47
-0,1
June
193,83
192,86
-0,5
July
211,53
181,20
7,3
August
157,29
192,29
22,3
September
269,20
202,25
-24,9
October
193,43
220,21
13,8
November
207,29
313,75
51,4
December
228,74
358,52
56,7
Total Jan-Dec
2293,78
2546,7
11,0



Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Feb-2008 at 21:30
Passengers
Month
2007
2008
% change
January
41972
42226
      0,6

Unhappy

Aircraft movements

Month
2007
2008
% change
January
984
888
-9,8


Ohno

Total CARGO in tonnes (with trucked service)
Month
2007
2008
% change
January
165,52
   225,06       36

Yes




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Feb-2008 at 00:20
Абе добро е... Каргово има континуиран голем пораст. Тоа ваљда нешто зборува за економијата. А за патници ни останува да се надеваме дека бум ќе доживееме кога ќе паднат визите.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Feb-2008 at 01:31
Previous   ова се многу добри вести за карго ситуацијата. А мислам дека не е баш најдобро да се гледа бројот на патниците за Јануар месец, бидејќи во Јануари многу малце се лета. Сепак по крајот не летото можеме да видиме подобро дали ќе имаме пораст или не.
А многу фактори идат на добро, пример:

-Се најавуваат нови авионски линии (Брисел, Стокхолм, Северна Италија)
-Укинувањето на визите за Канада, Израел, и уште други
-Влезот во НАТО (Да се надеваме!) ќе донесе многу странски делегации

итн.
Да бидеме оптимисти


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Feb-2008 at 02:22
Originally posted by ProMKD

А мислам дека не е баш најдобро да се гледа бројот на патниците за Јануар месец, бидејќи во Јануари многу малце се лета. Сепак по крајот не летото можеме да видиме подобро дали ќе имаме пораст или не.


Споредбата е со минатиот Јануари, така да држи. Значи дефинитивно нема пораст. Уште полошо говори фактот што на ист принцип на споредба имавме неколку месеци со зголемување. Значи во суштина ова со јануари е опаѓање...


Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Feb-2008 at 04:07
Сакав да кажам дека нема зголемување во сферата на редовните патници (значи фирмите, бизнисмените, што МОРААТ да патуваат), тука и никој не очекува некое зголемување. Зголемувањето во авио-сообраќајот кај нас може да се очекува само кај тие што патуваат на своја воља, значи туристи, делегации, и дијаспората.  А тие  патуваат најчесто од Мај до Септември, во главна сезона.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Mar-2008 at 00:11
По разочарувачкиот јануари, одличен февруари за Петровец Cheers


Aircraft movements
Month
2007
2008
% change
January
984
888
-9,8
February
890
946
6,3

Passengers
Month
2007
2008
% change
January
41972
42226
      0,6
February
33964
38048
      12,0

Total CARGO in tonnes (with trucked service)
Month
2007
2008
% change
January
165,52
   225,06       36
February
173,14
   304,10       75,6



Posted By: vardar
Date Posted: 18-Mar-2008 at 00:25

Одлични показатели Cheers Сигурно дека имаме огромен простор за напредок ( особено кога ќе ги укинат визите) Интересно со каргото, нешто се има случено тука или цените се драстично намалени или компанииве штотуку откриле нов начин на транспорт Big%20smile



Posted By: vardar
Date Posted: 09-Apr-2008 at 06:39
Аj mi trgna so linkovi......
 
 
 

COMPARED TRAFFIC STATISTICS FOR THE PERIOD JANUARY – MARCH
7 April 2008 year

Compared to previous year, in March there is a growth of 6.0% in overall aircraft movements. Increased number of operations in commercial  aviation is expected at the beginning of Summer Season (from March 30th  2008), where growth of regular week frequency was announced by Adria Airways, BH Airlines, Turkish Airlines, MAT to Vienna and as well as Croatia Airlines during May, 2008.

 

Number of  passengers in March was increased by 17.4% compared to previous year, due to growing frequency of passengers during Easter holidays.

 

Cargo figures shows increase in last few months, and this trend is continuing in March, where there is growth of +20% in airfreight and +19.2% of total cargo (including trucked freight) compared to previous year. Cargo carriers (airmail carriers), Aviastart and ABC Air preformed one additional flight, and ABC Air from end of February changed their departing destination, so instead of Sofia flies to Tirana with transit cargo.

 

Period January - March: At Airport “Alexander the Great” Skopje from January till March, 2869 aircraft movements are realized, that is 0.7% more than same period previous year.  During this period 129 087 passengers are transported, that is +9.9% more than previous year, and 750.66 tones airfreight (including trucked freight) are handled, +43.1% more than previous year.

 

Regarding destinations, Vienna is still most frequent destination with 15.8% participation in overall passenger figure. Increasing is noticed at destinations Ljubljana, Zagreb, Budapest, Istanbul and Roma (which as a hubs for transferring passengers, took over Alitalia passengers). Regarding air carriers, great increase of passenger volume, compared to previous year, has Adria Airways (+85% from January to March), as well as Croatia Airlines (+43.3%).

 

http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=447&id=91 - Airports



Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Apr-2008 at 23:07
Не е лошо. Ако се задржи оваа стапка на раст и ако дај боже порасне до 12% (лани имавме раст од 15.5%) оваа година ќе ја преминеме бројката од 700.000 патници годишно Cheers

Ако до година укинат визи (за што сум скептик) сигурно ќе имаме раст над 20% таа година.

СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ СО СПОРЕДБА ЗА ПЕРИОД ЈАНУАРИ - МАРТ
7 Април 2008 година

Во споредба со минатата година, вкупниот број на ОПЕРАЦИИ НА ВОЗДУХОПЛОВИ во МАРТ бележи пораст од 6.0%. Пораст на бројот на операции во комерцијалната авијација се очекува со почетокот на Летниот Ред на летање (од 30 март 2008), во кој зголемување на редовните неделни фреквенции најавија Adria Airways, Malev, BH Airlines, Turkish Airlines, MAT за Виена и во текот на мај и Croatia Airlines.

 

БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ во МАРТ има забележителен пораст од 17.4% во споредба со минатата година, (тоа се должи на зголемената фреквенција на патници за велигденските празници).

 

Забележителен пораст на ОБЕМОТ НА КАРГО во последниве неколку месеци продолжува и во Март, со зголемување од +20% на обемот на авионското карго, и +19.2% на вкупното карго (заедно со камионскиот сервис) во споредба со минатата година. Од карго превозниците (за авиопошта) и Aviastart и  ABC Air  реализираа по еден дополнителен лет, а ABC Air  од крајот на февруари во полетување ја смени дестинацијата, односно наместо за Софија оди за Тирана со транзит карго.

 

Период ЈАНУАРИ – МАРТ: На Аеродромот Александар Велики- Скопје во периодот јануари-март се реализирани вкупно 2869 операции на воздухоплови, однсно 0.7% повеќе од истиот период минатата година. Во истиот период се превезени вкупно 129 087 патници (тоа е за 9,9% повеќе од лани, и прифатени се и отпремени вкупно 750.66 тони пратки (заедно со камионскиот сервис) односно +43.1% повеќе од минатата година.

 

Гледано по дестинации, Виена се зацврсти како топ дестинација со 15.8% учество во вкупниот број на патници Најголем пораст има Љубљана, Загреб, Будимпешта, Истамбул и Рим (кои како хабови за трансферирање на патници ги презедоа патниците на Alitalia ). Гледано по превозници, најголем пораст на бројот на патници во однос на минатата година  има кај Adria Airways (+85% за периодот јануари- март), како и кај Croatia Airlines (+43.3%).


http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=90 - http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=90


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-May-2008 at 12:55
Еве статистика за сообраќај на Охридскиот аеродром, мислам дека ја немаме дискутирано до сега. Освен во златните години (4 на број) нема некое големо отстапување од просекот и бројот на патници и денеска се движи во некоја нормала (за жал).

Traffic statistics 1970-2006
Year
Movements
Passenger
Cargo
1970
308
11 674
2,9
1971
476
16 021
8,1
1972
430
14 312
1,7
1973
474
17 783
5,7
1974
440
21 304
15,8
1975
468
27 570
38,7
1976
542
35 693
64,1
1977
498
28 939
168,9
1978
611
35 826
214,8
1979
961
54 115
402,3
1980
859
50 168
398,4
1981
778
57 231
325,3
1982
998
56 581
396,3
1983
710
47 485
403,3
1984
932
44 154
602,1
1985
1 022
63 301
408,8
1986
1 384
93 369
355,9
1987
1 792
132 844
351,2
1988
1 720
110 287
417
1989
1 556
84 846
231,1
1990
1 298
67 811
119,9
1991
1 590
60 440
86,8
1992
862
34 344
127
1993
1 037
48 022
124,7
1994
448
18 681
20,9
1995
869
34 397
19
1996
2 318
101 191
781,9
1997
1 110
42 531
4,1
1998
1 136
55 396
37,9
1999
1 846
77 281
169,8
2000
2 051
65 941
138,3
2001
998
53 954
37,1
2002
1 079
60 209
51
2003
1 032
51 082
26,6
2004
656
32 497
15,8
2005
1 088
53 930
18,5
2006
1 025
50 366
14,1
2007
1 109
45515
15,37





Posted By: ProMKD
Date Posted: 18-May-2008 at 18:23
што се случува 96 година со волкав пораст?!??!


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-May-2008 at 18:58
Originally posted by ProMKD

што се случува 96 година со волкав пораст?!??!


Амплитудите низ 90те се во периодите кога се реконструираше скопскиот аеродром а такви реконструкции имаше неколку.

'96 колку што се сеќавам се надграгдуваше системот за осветлување на пистата и аеродромот не работеше неколку месеци


Posted By: vardar
Date Posted: 12-Jun-2008 at 14:27
 
 

ОБЕМ НА СООБРАЌАЈ ЗА МАЈ 2008 АЕРОДРОМ “АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ” - СКОПЈЕ
12 Јуни 2008 година

MAJ - Карактеристично за месец Mај, како и во претходниот месец, е зголемувањето на вкупниот број на ОПЕРАЦИИ НА ВОЗДУХОПЛОВИ за 17.7% во споредба со минатата година, со реализирани вкупно 1258 операции. Се должи на зголемувањето на бројот на редовните неделни линии на неколку превозници во Летниот Ред на летање што резултираше со пораст на редовните линии од 6% во однос на лани, како и на зголемувањето на генералната авијација .

Беа превезени вкупно 55127 ПАТНИЦИ што е пораст од 13,4% во споредба со мај минатата година, а прифатени се и отпремени вкупно 244,32 тони КАРГО ПРАТКИ односно за 31,0% повеќе од лани.

Кумулативно за период Јануариај:  На аеродромот Александар Велики Скопје во периодот јануари - мај се реализирани вкупно 5241 операции на воздухоплови, односно 6.8% повеќе од истиот период минатата година. Покрај Adria Airways, BH Airlines, Malev  и Turkish Airlines  кои го зголемија бројот на неделните линии од крајот на март со почетокот на Летниот Ред на летање, во текот на мај како што беше планирано со Летниот Ред, Croatia Airlines воведе нова линија за Загреб (со слетување во сабота и полетување во недела.

Во периодот јануари - мај се превезени вкупно 232 468 патници со зголемување од 9.8% во однос на минатата година.  Континуираниот пораст  кај скоро сите дестинации продолжува и понатаму, со најголемо покачување кај Љубљана (+79%),  Загреб (+33%) и Истанбул (+24%). Според бројот на патници, петте најфреквентни дестинации се Виена, Цирих, Истанбул, Љубљана и Загреб, а кај новите дестинации Сараево, Софија и Тирана продолжува покачувањето на бројот на патници од месец во месец.

Обемот на карго во периодот јануари - мај со вкупно прифатни/отпремени 1227,97 тони карго пратки (заедно со камионскиот сервис) има зголемување од  +38.7%  во споредба со минатата година. Пораст има кај сите категории авионско карго (кај обемот на превезена стока, пошта, на карго линиите, редовните линии) и тоа 36.3% во однос на минатата година, а кај камионскиот сервис (врз база на Air Waybill), покачувањето е 51.7% во однос на лани.

 


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jun-2008 at 14:32


Убаво е ко ќе прочита човек текст со волку плусеви

Само 10% раст не не води ни на 700.000 патници годишно. Треба повеќе


Posted By: vardar
Date Posted: 12-Jun-2008 at 14:37
Originally posted by pbanks



Убаво е ко ќе прочита човек текст со волку плусеви
 
 
Така е само што најважниот "плус" ми е некако мал Smile
 
Во периодот јануари - мај се превезени вкупно 232 468 патници со зголемување од 9.8% во однос на минатата година. 
 
 


Posted By: vardar
Date Posted: 12-Jun-2008 at 14:42
Originally posted by pbanks



Само што го изедитирав постот а ти веќе си искоментирал
 
 
Big%20smile  LOL


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jul-2008 at 15:10

Се надевав на поголем број патници али тоа е....само 8.5%

 

ПРЕГЛЕД НА ОБЕМОТ НА СООБРАЌАЈ ЗА ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 2008 ГОДИНА
11 Јули 2008 година

Кумулативно за период ЈАНУАРИ-ЈУНИ:  На аеродромот “Александар Велики” Скопје во периодот јануари - јуни се реализирани вкупно 6407 операции на воздухоплови, односно 4.8% повеќе од истиот период минатата година. Со почетокот на Летниот Ред на летање (започна од 30 март), бројот на неделните фреквенции со нови редовни линии ги зголемија  Adria Airways за Љубљана (+3 во споредба со минатата година), Turkish Airlines за Истанбул (+1), МАТ за Рим и Виена, а во текот на мај и  Croatia Airlines воведе нова линија за Загреб. Како нови во однос на  периодот јануари-јуни 2007, се и летовите на BH Airlines (3 пати неделно за Сараево) и на Bulgaria Air (3 неделни фреквенции за Софија и 3 за Тирана) кои започнаа да оперираат во втората половина на 2007 година. Во споредба со лани, намалување на неделните фреквенции има за Цирих , германските дестинации Дизелдорф и Хамбург/ Берлин (МАТ и Helvetic Airways) .
Бројот на операции на воздухоплови во комерцијалната авијација е зголемен за 0.5% во споредба со истиот период 2007, а некомерцијалната авијација (воените летови, генералната авијација и останатите) има зголемување од 21.5% во однос на лани. Според бројот на операции, најфреквентни типови на воздухоплови во комерцијалната авијација се Canadair 900 и Airbus 320.
Во периодот јануари-јуни се превезени вкупно 291 918 патници со зголемување од 8,5% во однос на минатата година.  Кај сите дестинации има зголемување на патничкиот сообраќај во споредба  со истиот  период лани, освен кај Цирих и германските дестинации Дизелдорф и Хамбург/Берлин. Најфреквентна дестинација и понатаму е Виена, а најзебележителен пораст има кај Љубљана, Истанбул и Загреб.
Обемот  на  карго во  периодот  јануари-јуни со вкупно  прифатени/отпремени 1453,25 тони  карго  пратки  има  зголемување  од  34,8%.  Пораст  има  кај  сите  категории карго (кај обемот на  превезена  стока, пошта,  на редовните линии, на  камионскиот  сервис врз база на Air Waybill),  а  најмногу  на  карго линиите.  Најголем   пораст  имаше  во  февруари  a зголемувањето во однос на минатата година изнесува 20.6%.  Најголем обем на карго од редовните линии пристигнува од карго хабовите Виена, Истанбул и Софија (за авиопошта).

 
 
http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=121 - http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=121


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jul-2008 at 15:14


Ти го фати ритамов со статистикава

Да бидеме реални статистиката не е лоша иако сите би сакале и треба да е многу подобра. Не се случило ништо спектакулрано што би го забрзало растот (вистински раст на странските туристи или на бизнисмени, поголем број на Македонци кои патуваат како резултат на либерализиран визен режим итн.)

Реално мислам дека треба да сме задоволни ако бројката е >=10% треба да е ОК. Сепак тоа би била рекордна бројка ако ги изземеме годините на косовската криза или кога аеродромот се реконструираше па се леташе преку Охрид.


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jul-2008 at 15:32
Ми тргна Big%20smile 
 
Во периодот јануари - мај се превезени вкупно 232 468 патници со зголемување од 9.8% во однос на минатата година.
 
На ова мислев, до мај бевме многу блиску до 10% што е ок со оглед на моменталната ситуација (со визи итн кои ти ги наведе) но некако јуни послабо.
Интересно е од месец до месец колку варира....на пример јануари само +0.6% а Март +17.4% во однос на 2007, сега незнам дали е ова нормално или не али интересно во секој случај.
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Sep-2008 at 08:39
пошто vardar заебава.... Poke 

растов дефинитивно опадна...

ОБЕМ НА СООБРАЌАЈ ЗА АВГУСТ 2008 АЕРОДРОМ “АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ” - СКОПЈЕ
10 Септември 2008 година

Со вкупно 84 180 превезени патници, Август е најфреквентен месец оваа година според бројот на патници, од кои 52 000 (62%) беа во полетување. Во однос на истиот месец минатата година бројот на патници е зголемен за 5.0%, а кумулативно за периодот јануари-август 7.2%.

                                   

Во текот на август беа опслужени вкупно 1329 операции на воздухоплови со пораст од 2.6% во споредба со истиот месец минатата година, а кумулативно за периодот јануари-август вкупниот број на операции е зголемен за 3.9%.

 

Исто како и во јули, карактеристични за август беа чартер линиите на кои имаше најголем пораст во однос на минатата година (24.6% во бројот на операции на воздухоплови  и 32.2% во бројот на патници) што најмногу се должи на туристичките чартери. Од почетокот на годината заклучно со крајот на август (претежно во летните месеци јуни, јули, август)  на директни чартер летови за туристичките дестинации во Турција, Египет, Шпанија, Тунис и Сицилија беа превезени 26 767 патници (75.3% повеќе од лани), а за разлика од минатите години, тие продолжуваат и во септември. Најфреквентни се Анталија и Шарм ел Шеик.

 

Кај дестинациите со редовни линии, во периодот јануари-август, најфреквентни се Виена и Цирих, а најголем пораст на бројот на патници во однос на минатата година има кај Љубљана, Истанбул, Будимпешта  и Загреб.  Вкупниот ОБЕМ на КАРГО (од авионските линии, како и од камионскиот сервис врз база на Air Waybill) во текот на август изнесува 20.38 тони со зголемување од 6.8% во споредба со истиот месец минатата година и 31.9% кумулативно за периодот јануари-август. На 31 август пристигна  Boeing 747-200, кој во иднина би требало да оперира на карго линии.


http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=444&id=127


Posted By: vardar
Date Posted: 23-Sep-2008 at 12:21
Shifty  LOL
 
Не да се правдам али баш пред некој ден сакав да постирам апдејт али страницата не отвараше нешто и го баталив, иначе како шо викаш растот е минимален....  Unhappy


Posted By: vardar
Date Posted: 28-Nov-2008 at 10:14
http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=403 - Аеродроми
 
 
Реализиран сообраќај 1990 - 2007


Операции на воздухоплови

Година Вкупно Индекс во однос на претходна година
1990 3466 /
1991 7158 106,5
1992 7079 -1,1
1993 10681 50,9
1994 10843 1,5
1995 11692 7,8
1996 8618 -26,3
1997 8995 4,4
1998 10321 14,7
1999 23912 131,7
2000 24234 1,3
2001 16673 -31,2
2002 13725 -17,7
2003 12428 -9,4
2004 10940 -12,0
2005 12101 10,6
2006 12637 4,4
2007 13085 3,5


Број на патници

Година Вкупно Индекс во однос на претходна година
1990 312492 /
1991 397660 27,3
1992 390025 -1,9
1993 577425 48,0
1994 603447 4,5
1995 590144 -2,2
1996 427267 -27,6
1997 431112 0,9
1998 503563 16,8
1999 965697 91,8
2000 1019905 5,6
2001 495204 -51,4
2002 508258 2,6
2003 494247 -2,8
2004 494611 0,1
2005 521339 5,4
2006 542319 4,0
2007 626644 15,5


Карго (во тони)

Година Вкупно Индекс во однос на претходна година
1990 1872.4 /
1991 1088,3 -41,9
1992 1022,9 -6,0
1993 4338,5 324,1
1994 6936,3 59,9
1995 10605,3 52,9
1996 3209,5 -69,7
1997 4880,7 52,1
1998 5239,9 7,4
1999 11681,5 122,9
2000 4335,4 -62,9
2001 3262,2 -24,8
2002 3271,2 0,3
2003 2316,2 -29,2
2004 2382,1 2,8
2005 2305,4 -3,2
2006 2334,64 1,3
2007 2546,68 11,0

 

Реализиран сообраќај 2007 - 2008

Операции на воздухоплови

Месец
2007
2008
% промена
Јануари
984
888
-9,8
Февруари
890
946
      6,3
Март
976
1035
6,0
Април
985
1114
12,9
Мај
1068
1256
17,5
Јуни
1212
1168
-3,4
Јули
1402
1423 
 1,4
Август
1295
 1329
 2,6
Септември
1188
 1159
 -2,4
Октомври
1089
 
 
Ноември
1000
 
 
Декември
994
 
 
Вкупно Јан - Јун        
10002
10310
3,2


Број на патници

Месец
2007
2008
% промена
Јануари
41972
42226
0,6
Февруари
33964
38048
12,0
Март
41573
48813
17,4
Април
45558
48277
6,0
Мај
48605
55125
13,4
Јуни
57447
59452
3,5
Јули
78748
 82591
 4,9
Август
80142
 84180
 5,0
Септември
57824
 59457
 2,8
Октомври
49279
 
 
Ноември
42581
 
 
Декември
48951
 
 
Вкупно Јан - Јун
485833
518183
6,7


Карго (во тони)

Месец
2007
2008
% промена
Јануари
165,52
225,06
36
Февруари
173,14
304,10
75,6
Март
185,86
221,50
19,2
Април
174,61
232,97
33,4
Мај
186,47
244,34
31,0
Јуни
192,86
225,28
16,8
Јули
181,20
 262,15
41,5 
Август
192,29
 205,38
 6,8
Септември
202,25
 185,17
 -8,4
Октомври
220,21
 
 
Ноември
313,75
 
 
Декември
358,52
 
 
Вкупно Јан - Јун
1658,26
2105,95
27,0

 
-


Posted By: maestro
Date Posted: 28-Nov-2008 at 14:40
Од ова може да се каже дека 2000 била најуспешна година за аеродромите?


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Nov-2008 at 14:45
Originally posted by maestro13

Од ова може да се каже дека 2000 била најуспешна година за аеродромите?


па не, 2007 била најуспешна. 1999 и 2000 воопшто не се референтни бидејќи се резултат на косовската криза и неработењето на аеродромот во Приштина.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Nov-2008 at 14:52

Исто така, во 1995 каргото има најголема бројка од сите години (освен 1999). Дали тоа е нешто последица од грчкото ембарго, па сите работи кои нормално доаѓале со брод, дошле со авион? Мал бев тогаш, не знам

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Dec-2008 at 23:23

Во ноември превезени 41.334 авиопатници


Во текот на ноември беа превезени вкупно 41.334 патници што е за 2,9 проценти помалку од истиот месец лани. Како што соопштуваат од скопскиот аеродром, бројот на патници на редовните лини има зголемување од 4,4 проценти во однос на истиот месец 2007 година, а на чартер линиите намалувањето е 81,4 отсто.

Кај патничкиот сообраќај по дестинации продолжува истиот тренд. Топ дестинација е Виена, но и натаму најголем пораст има кај Љубљана (53%), Истанбул (21,3%), Будимпешта (19.2%) и Загреб (16.%). Најголем пад на бројот на патници има кај Цирих (-16.6%), помал пад има кај Белград и кај Хамбург/Берлин

Од 22 ноември започна да оперира кон Македонија новиот превозник Germania Fluggesellschaft (СТ) со една неделна фреквенција за/од Дизелдорф. Поради тоа, за прв пат од почетокот на годинава, во ноември кај дестинацијата Дизелдорф има зголемување на бројот на авиооперации и патници во споредба со истиот месец 2007 година.

За периодот јануари-ноември, превезени беа вкупно 607.746 патници што е зголемување од 5,2 проценти во однос на истиот период лани.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4EF9746201E35442A6B3829678A33475




Posted By: vardar
Date Posted: 09-Jan-2009 at 06:23

ЗА НОВОГОДИШНИОТ И БОЖИКНИОТ ШПИЦ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ


Гастабајтерите не долетаа од страв од кризата


Глобалната финансиска криза се повеќе го зема данокот во прометот на патници во авиосообраќајот кој е во опаѓање. Ова ни го поврдија и од скопскиот аеродром Александар Велики, од каде не информираа дека оваа зима во периодот од 20 декември 2008 до 7 јануари 2009, биле превезени најмалку патници во последниве години - 26.700.
- Ова е последица на позабавениот тренд во авиосообракајот на глобално ниво во последните неколку месеци, а е предизвикан од глобалната економска криза - коментираат од аеродромот Александар Велики.

Во изминативе години, во зимскиот период најмногу се патуваше во периодот меѓу католичкиот и православниот Божиќ, кога луѓето ги користеа празниците да отпатуваат некаде или да се видат со своите роднини и пријатели. Бројките кажуваат дека овој пат, притиснати од кризата, нашите гастабајтери ги одложуваат патувањата за подобри времиња. Најмногу патници пристигнале од традиционалните Швајцарија, Германија и Италија на директните линии, но и како трансферни патници преку хабовите Виена, Љубљана, Загреб, Будимпешта и Прага. Директни специјални чартер летови за Новата година имало многу малку.
- Фреквенцијата на патници на Александар Велики за време на божиќниот и новогодишниот шпиц вообичаено се зголемува во просек за околу 10 до 15 проценти. За разлика од летниот шпиц, кога во периодот јуни-септември фреквенцијата се зголемува просечно за 55 до 60 проценти. Сепак, во зимски услови луѓето потешко се одлучуваа да патуваат - истакнуваат аеродромските власти.

Во споредба со последните две години, најдобра година во однос на бројките за божиќниот и новогодишниот шпиц, била минатата година. Во периодот од 20 декември 2007 до 7 јануари 2008, биле превезени 31.400 патници, а во истиот период претходната 2006/2007 година биле превезени 28.000 патници.

И покрај забавениот тренд во последно време, аеродромот Александар Велики има пораст на бројот на патници за цела 2008 година за 4,1 проценти во однос на претходната година.
Од домашниот авиопревозник МАТ се пожалија дека ги чувствуваат последиците од светската економска криза преку намалување на бројот на патници. Како пример, од МАТ ја посочуваат дестинацијата Цирих кон која, од Скопје единствено тие летаат.
- Досега не се случило да имаме дневно и по педесетина патници помалку на летовите кон Цирих. Деловните патувања се повеќе се намалуваат, а ги нема ниту гастабајтерите кои порано ни ги полнеа авионите - велат од МАТ.

 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FE1A911BFE81154F99BAEA3BB3376261 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FE1A911BFE81154F99BAEA3BB3376261


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2009 at 19:07
Штета колку амбициозно почна годинава а растот на крај искочи маргинален.

Еве интересна статистика за Балтичките аеродроми. Талин, Вилниус и Рига се прилилно слични градови по големина со Скопје а и балтичките земји се слични по големина на Македонија така да може да ги искористиме како пример што евентуално може да не очекува кога регионов колку толку ќе се стабилизира. Мислам дека во нашата констелација Тирана ќе стане балканската Рига додека Скопје и Приштина ќе бидат во рангот на Вилниус и Талин. Прашањето е само за колку време.

Riga
2000 - 574 000
2001 - 622 000
2002 - 628 000
2003 - 712 000
2004 - 1 059 000
2005 - 1 872 000
2006 - 2 493 000
2007 - 3 160 954
2008 - 3 691 000 (+530k)

Vilnius
2000 - 521 529
2001 - 584 171
2002 - 634 991
2003 - 719 850
2004 - 994 164
2005 - 1 281 872
2006 - 1 451 000
2007 - 1 717 222
2008 - 2 048 000 (+330k)

Tallinn
2000 - 559 658
2001 - 573 493
2002 - 605 697
2003 - 715 859
2004 - 997 461
2005 - 1 401 059
2006 - 1 541 832
2007 - 1 728 430
2008 - 1 811 536 (+83k)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2009 at 19:52


Тирана сама по себе може да предњачи, но Скопје ја има можноста да се истурка како регионален мини-хаб, така да ако правилно се работи среднорочно ситуацијата може да е сосема подруга. Во прилог на тоа одат и турските амбициозни планови.


Posted By: beTon
Date Posted: 12-Jan-2009 at 22:22

pbanks прогнозиве ти се ептен сликовити, можно е секакво сценарио, но бројката на патници незначи и поголем профит, бидејќи ако влетаат кај нас авио такси компаниите, мислам дека само може да трпи последици само профитот на постојниве компании, иако во очите на патниците ова  би било  и повеќе од добредојдено, сепак мое мислење е дека зголемениот број патници заедно со  дампинг цените нема да донесе нешто многу повеќе профит во авио бизнисот. така да и во двата случаи овој сектор нема да покаже поголеми финансиски резултати од постојниве. ова зборувам исклучиво за патничкиот авиотранспорт, додека околу каргото за тоа не можат ништо да кажам со оглед дека истиот кај нас минимално се експлоатира, што значи сигурно ќе има поголем профит во иднина но колку и како не би нагаѓал! 

во секој случај подобро ефтини него изгор карти. но се плашам дека целта на овие авио такси компании не им е правење пари, туку рушење на конкуренција, бар од оние сознанија што ги имам сите говорат дека од милосрдие никој не пушта некаде авион со смешни цени како што кажа минатиот пат Кире со 1 евро карта...

незнам зошто но имам чувство дека доколку не влезе најавуваниот странски капитал во мат, или пак ако владата не им излезе во пресрет сигурно на културен начин ќе ја заглават работата! е дури тогаш ќе видиме дали и како ќе влетуваат компании кај нас доколку целосно се либерализира авиосообраќајот, што лично мене баш и не ми се верува, но Грујо и се е можно, иако по се изгледа дека ТАВ и компанија во таков случај ќе понудат флота која ќе биде македонски знаменосец!   



Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2009 at 22:49


Па добро овие три града ги одбрав освен по критериумите кои ги набројав и по тоа тоа дека си бивши кандидати и сегашни членки на ЕУ. Убаво може да видиме како влезот во унијата се одразил кај нив на авиосообраќајот. Доколку би ги имале бројки од 1991-2000 веројатно сликата би ни била комплетна. Како и да е НЗС е дека во 2000-2001 овие аеродроми имале малтене идентични бројки како скопскиот а и растот им се движел со темпо на желка како кај нас.

Значи независно од сето ова што го велиш ако претпоставиме дека во следниве 10на години теоретски можеби ќе влеземе во таа ЕУ (настрана политичките препреки кои нема да ги дискутираме тука) можеме да очекуваме барем бројки како во Талин ако не од друго од инерција. А ако се потрудиме можеби ќе биде и подобро.



Posted By: beTon
Date Posted: 12-Jan-2009 at 23:44

види не е спорно дека ќе се зголеми прометот, но велам дека ќе биде ист обртот доколку се зголеми бројот на патниците а тоа зголемување се случува исклучиво доколку постојат атрактивни цени, плус сметај дека во еу не влегуваме брзо, а оној момент кога ќе влеземе истата многу веројатно е и дека нема да постои онаква како што сега ја познаваме, односно се повеќе верувам дека оваа досегашна благосостојба и безрезервно субвенционирање на се и сите нема да поминува, како до сега што беше тоа пракса. затоа се повеќе мислам дека како најдобра алтернативна варијанта за патниците во иднина евентуално ќе биде брза К10 пруга, со оглед дека и нафтата ќе расте а и моменталнава криза ќе наметне темпо на штедливи авио патувања, што значи дека дури и потенцијално и доколку влеземе во еу за брзо време тешко е да се предвиди колку и како ќе се развива авио бизнисот кај нас!

премногу непознати има за човек да може да прогнозира посмело, останува да се надеваме дека позитивно ќе влијаат паѓањето на визната бариера и интерконекцијата на турските компании  кои тераат кон еу и заедно со влезот на авио таксистите(и комерцијалните и приватните) и бројката и профитот да фатат нагорна линија!



Posted By: La Linea
Date Posted: 09-Feb-2009 at 20:06

Бројот на патници на скопскиот аеродром зголемен за 4,1%

Скопје /09/02/ 13:49

Бројот на патници на скопскиот аеродром „Александар Велики“ лани се зголемил за 4,1 насто во однос на 2007 на вкупно 652.339.

Според соопштението на аеродромот лани биле реализирани 13303 операции на воздухоплови односно 1,7 насто повеќе од 2007.
 
Лани биле прифатени и отпремени 2777.06 тони карго пратки, што е растеж од 8,9 насто во споредба со претходната година.
 
Најфреквентен период бил јуни-септември, со туристичките чартери, на кои биле превезени околу 30 илјади патници, што е за 62 насто повеќе од 2007 година.
 
На Аеродромот Александар Велики, покрај домашната авиокомпанија МАТ оперирале уште 12 странски превозници на редовни линии, шест превозници оперирале на чартер летови, а карго операции биле ангажирани три превозници.
 
Новите превозници кои започнаа да оперираат во втората половина на 2007 -BH Airlines, German Wings и Bulgaria Air ги продолжија своите летови и во 2008 година за новите дестинации Сараево, Келн и Софија, а Bulgaria Air од февруари ја воведе и Тирана како нова дестинација.
 
Во ноември започна да оперира и новиот превозник Germania Fluggesselschaft со редовни летови од/за Дизелдорф еднаш неделно.
 
Околу 47.5% од вкупниот број на патници во полетување трансферирале до своите крајни дестинации. Најчести втори дестинации биле во Америка, Германија, Велика Британија и Франција, Холандија, Белгија, Скандинавските земји и Арапските Емирати./крај/со/мп


http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=140409&NrIssue=894&NrSection=10


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-May-2009 at 20:22
Македонија на трето место во Европа по бројот на прелети

http://netpress.com.mk/vestiimages/56390/Boing.jpg">

Македонија се наоѓа на  трето место во Европа, по бројот на прелети, со зголемување од 11, 5 отсто за месец април 2009, во споредба со април минатата година, според официјално објавените податоци од ЕУРОКОНТРОЛ за остварени единци од прелети, информира  македонската Агенција за  цивилно воздухопловство.

По негативниот тренд, како и во останатите земји од континентот, а како последица на рецесијата, во првите три месеци од годинава, со отпочнувањето на летниот ред на летање од 29 март,  Македонија бележи значителен пораст на прелетите. Зголемувањето на прелетите низ македонскиот воздушен простор се должи на превземените мерки и остварената соработка со соседните земји и пошироко во регионот, преку имплементација на нови воздушни патишта и оптимизација на граничните коридори, се вели во соопштението од Агенцијата.

Понатаму во истото се наведува дека како резултат на менаџирањето со воздушниот простор во изминатиот период се очекува трендот на зголемување на прелетите во Македонија да продолжи и во текот на летната сезона и покрај рецесијата и предвиденото намалување на воздушниот сообраќај на европското и светско ниво.

Поголем процент на зголемување на прелети имаат остварено само   Босна  Херцеговина со 14, 2 отсто  и Молдавија со 11,6 отсто. Во истиот период просекот на европско ниво е со намалување од - 4,5 отсто.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=56390&kategorija=2


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-May-2009 at 20:37
Значи се работи за трето место според порастот на бројот на прелети, не за трето место според бројот на прелети како што кажува во насловот. Крајно различни податоци... Очигледно не може ден да помине без некоја новинарска глупост.

Барем веста е добра   Cheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Oct-2009 at 18:38
Еве и мал апдејт за Тиранскиот аеродром за повторно да се осетиме како ѓубриња.

Albania 's Tirana airport posts 9% passenger rise in Jan-Sept

Tirana International Airport registered 1,063,393 passengers in January-September, up 9% on the year.

The airport recorded 15,260 air traffic movements, up 4.5%, and handled 1,217 tons of cargo, down 16%, manager TIA said in a statement.

Twelve operators use the facility ( http://www.tirana-airport.com.al/ - www.tirana-airport.com.al ) with 30 direct connections to the Albanian capital.



Еве го постоечкиот нов терминал на Тирана кој е под концесија на Hochtief кој во 2000 година беше прилично сигурен играч за управување со Скопскиот аеродром, но како и обично дневната политика ја изјалови работата и тогаш. Терминалов што го гледате е предвиден за 1.5 милиони годишно.



Бидејќи бројката од 1.5 милиони е веќе реална за тиранскиот аеродром Hochtief веќе пристапи кон изведба на фаза 2 од проектот, во сличен дух со постоечкиот терминал.




Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 16-Nov-2009 at 16:43
Една многу поразителна статистика за небото над Македонија. Последни во анализата:
Авио-пасажер на глава на жител:



Од регионот најдобро котираат Хрватска, Турција и Бугарија, зачудувачки пред земји како Словенија, Полска или Словачка. Инаку како може да усвоиме за демек НАЦИОНАЛЕН превозник, компанија која: 1) Монтенегро е мала компанија. 2) ЈАТ со децении работи на изгуба и тоа голема, самата судбина на компанијата е неизвесна, поврзана со многу скандали и малверзации, рентаат авиони затоа што флотата им е неискористена и застарена...Ohno




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Nov-2009 at 16:58
 

не би ги земал толку при срце овие информации. Како прво нијансите кои се менуваат од Македонија па барем до Полска (ако не и до Бугарија) се минорни (би требало да имаме околу 1 милион патници за полскиот просек).

Второ, досега визниот режим беше реална пречка за Македонија и Албанија од оваа листа. Ефектите од либерализацијата очекувам да ги осетиме уште догодина.

Трето (иако поврзано со второто), главните дестинации на македонците генеррално се соседна Грција, па потоа Бугарија, Хрватска и Црна Гора и евентуално Турција, Србија и Албанија. Освен Турција сите до една дестинации логични за земски сообраќај исто како што за Словенците е пологично да одат во Австрија, Италија, Хрватска, Швајцарија (земји каде највеќе одат) со кола (затоа и нивната статистика не е импресивна).

Земјите кои имаат подобар просек поседуваат една или повеќе од следниве специфики

- земја со изразита економска активност (пр. Австија, Холандија...)
- земја со развиен туризам (пр. Грција, Шпанија...)
- земја со зафрлена географска локација (пр. Балтичките, Скандинавските земји...)

Да резимирам, поентата не ми е дека сме супер, и дека ни цвета авиосообраќајот туку дека многу малку е потребно работата драстично да се смени (ако се работи паметно). Погледи ги статистиките за балтичките аеродроми низ годините како пример за ова.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 16-Nov-2009 at 17:09
Пбанкс мене ми е сосема јасно дека работите можат многу лесно да тргнат нагло во нагорна линија...АКО СЕ РАБОТИ ПАМЕТНО! Некакви знаци да си видел на ова поле? Затоа што јас не. Плус не е баш така малку ни треба да се стигне Литванија или Полска, затоа што тоа значи за нас двојно зголемување на патниците. Во држава со еден полу-функционурачки аеродром, и без нормална домашна компанија, тоа е малку тешко и бавно.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 16-Jan-2010 at 04:06
Незнам дали немаме посоодветна нишка за оваа информација. Аеродромот во Софија, за изминатата 2009 година одбележа минимално намалување на бројот на патници, заради кризата. Сепак целта од над 3 милиони опслужени патници беше постигната. Поточно бројката е над 3,1 милиона.



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Mar-2010 at 18:58
Точна ли е оваа бројка? Кои коридори генерираат ваков проток? И ако е точна бројката, кај се одлеваат парите? (јес да се одлеваат многу пари и да не е точна бројката)






 

 
%20  
Системот на контрола на летање лани опслужил 113.138 прелети и 11.176 полетувања и слетувања на скопскиот и охридскиот аеродром. Заедно со операциите на државните воздухоплови и генералната авијација, бројот на операции во минатата година надминува 130.000, а македонскиот сервис на контрола на летање го користеле повеќе од 120 милиони патници.

Со овие податоци излегоа од М-НАВ, државна компанија за услуги во воздухопловната навигација, која од Агенцијата за цивилно воздухопловство ја доби лиценцата за работа, во согласност со европските стандарди и регулативи. За финансиските резултати на М-НАВ и за бројот на вишокот на вработени, од оваа компанија вчера не сакаа да зборуваат, поради „свечениот повод од добивањето на уверението за оспособеност“.
 
   
Автор: М.Р.Ј.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=318101025429&id=10&prilog=0&setIzdanie=21937

Странците не' прелетуваат

Контролата на летање во минатата година опслужила 10 пати повеќе прелети отколку полетувања и слетувања од аеродромите во Скопје и во Охрид

Странските патници многу почесто ја прелетуваат земјава отколку што ги користат скопскиот и охридскиот аеродром. Според последниот податоци, македонските контролори на летање во минатата година опслужиле 113.139 прелети и 11.176 полетувања и слетувања на аеродромите „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“. Ова е уште една потврда дека авиокомпаниите и понатаму го користат македонското небо само за прелетување до аеродромите во другите земји од регионот.

И покрај слабиот интерес за користењето на двата аеродрома, како и тешкотиите за организирање прелети поради затвореното небо над Косово, раководството на операторот за воздухопловна навигација М-НАВ објаснува дека компанијата работи многу успешно. Деновиве Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) на М-НАВ му издаде уверение за оспособеност за давање навигациски услуги, што практично значи дека операторот ги применува највисоките европски стандарди во работењето.

Раководството на М-НАВ смета дека добиеното уверение позитивно ќе влијае врз довербата и интересот на странските компании да оперираат од аеродромите во земјава. Но, потребно е многу повеќе од тоа.

- Атрактивноста на аеродромите во Скопје и во Охрид, како за редовните превозници, големите компании, чартерите или нискотарифните компании, многу повеќе зависи од други фактори. Тоа се либерализација на користењето на воздушниот простор, финансискиот фактор, нивото на услуги на аеродромите, финансиската моќ на локалното население, како и интересот за патувањата - рече Николет Тагарински, извршен директор на М-НАВ.

Пред сезоната на годишните одмори, македонските патници се во исчекување да добијат редовен авиопревозник, откако пред повеќе од половина година компанијата МАТ ја изгуби дозволата за летање. Засега единствено чартер-компанијата „Скај вингс“ побарала дозвола од АЦВ за редовен авиопревозник, но нејзината апликација се' уште се разгледува.

- Очекуваме позитивен одговор од Агенцијата, особено сега кога набавивме уште еден авион. Договорот за него е потпишан и се очекува од 1 април да биде во земјава - вели Ајан Џафероски, претседател на бордот на директори на „Скај вингс“.

Прогнозите на „Евроконтрол“ за годинава предвидуваат дека бројот на операции на македонската Контрола на летање ќе се зголеми од четири до осум отсто, додека до 2012 година се очекува М-НАВ да опслужи повеќе од 150.000 полетувања, слетувања и прелети.

Од Белград до Лондон за 35 евра

Додека македонските патници се надеваат дека конечно некоја нискотарифна авиокомпанија ќе влезе на нашиот пазар и ќе понуди евтини летови, на белградскиот аеродром три вакви компании ќе им нудат евтини билети во текот на летната сезона. Освен „Ники флај“, која има летови до Виена, пред извесно време влез на српскиот пазар најавија и унгарската нискотарифна компанија „Виз ер“ и шпанската „Спан ер“.

Унгарската компанија од 12 јуни ќе лета од Белград до Дортмунд по цена од 25 евра во еден правец и за Лондон за 35 евра, додека Шпанците ќе летаат до Барселона по слични цени. Интерес за влез во Србија најавија и грчката „Олимпик ер“ и нискотарифната латвиска компанија „Ер Балтик“.

Даница Тунтевска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4A50BA470AC7F5438A0A3BDC3F142D70


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Mar-2010 at 14:23

Благ пораст на превезени патници на македонските аеродроми

Автор: http://makfax.com.mk/_user/51/profile - Александар Поповски
20 март 2010, 12:58
Извор: Макфакс

Вкупно 36.153 патници биле превезени во февруари на аеродромите во Македонија, што претставува пораст од 3,3 отсто во однос на истиот период лани кога биле превезени 34.883 патници.

Ова денеска го соопшти министерството за транспорт и врски додавајќи дека само на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје се регистрирани 34.481 патник што во однос на истиот месец претставува зголемување за 1,7 отсто

Зголемен е и бројот на реализирани чартер линии кои во февруари 2010 година изнесува 76 што претставува зголемување за 61,7 отсто во однос на 47 чартер линии реализирани во февруари 2009 година.

Истовремено на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во февруари вкупниот број на патници изнесувал 1.672 патници, што е зголемување за 70,6 отсто во однос на истиот месец минатата година кога на овој аеродром биле регистрирани 980 патници.

На овој аеродром се бележи и зголемување на бројот на операции на воздухоплови за 14,3 отсто во февруари 2010 година, споредено со истиот месец минатата година.

http://makfax.com.mk/_tools/article/102378/view


Posted By: BOJAN
Date Posted: 21-Mar-2010 at 00:52
Наспроти тврдењата на Министерството за транспорт и врски за февруари 2010 година, Државниот завод за статистика констатира поголемо намалување на бројот на превезени патници и стока во последното тромесечје од 2009 година.

Имено, бројот на превезени патници е намален за 32,5% во однос на последното тромесечје од 2008 година, додека превозот на стока е намален за 3,8% во однос на 2008 година. Единствено позабележително зголемување е забележано кај чартер полетувањата и слетувањата.

Извор: http://www.stat.gov.mk/pdf/2010/8.1.10.04.pdf - http://www.stat.gov.mk/pdf/2010/8.1.10.04.pdf


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Jun-2010 at 10:47
Бројот на превезени патници во воздухопловниот сообраќај е зголемен за 10,8% во првото тромесечје од 2010 година во однос на истиот период лани. Редовниот авио сообраќај бележи намалување од околу 15%, но затоа пак бројот на патници превезени со чартер-летови е повеќе од тројно зголемен во однос на минатата година. Вкупниот број на превезени патници изнесува 127.856 соопшти Државниот завод за статистика.
Истовремено, превезената стока во воздухопловниот сообраќај бележи значително намалување во однос на првото тромесечје од 2009 година за 22,8%. 


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 08-Oct-2010 at 16:49
Некој го знае ли бројот на патници во 2009 година на аеродромите во Скопје и Охрид?

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Supervisor
Date Posted: 08-Oct-2010 at 17:36
Originally posted by Andrej_LJ

Некој го знае ли бројот на патници во 2009 година на аеродромите во Скопје и Охрид?


SKP 700.000 rast 18% najgolem rast vo region

за OHR не сум сигурен има бројка ама варира


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 08-Oct-2010 at 17:43
Токму заради овие твои изнесени податоци и прашувам. Ајде дај ми некаков линк, каде и официално ја има оваа информација.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Oct-2010 at 17:47
Originally posted by Andrej_LJ

Токму заради овие твои изнесени податоци и прашувам. Ајде дај ми некаков линк, каде и официално ја има оваа информација.


И јас ја приметив оваа информација на Џанки (ако не се лажам напиша 750к на ССЦ) и се заинтересирав колку е релевантна.

ТАВ во својот веќе надалеку прочуен транспарентен дух, ги има тргнато тие статистики од сајтот.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 08-Oct-2010 at 18:02
http://www.anna.aero/european-airport-traffic-trends/

Тука има статистики за 2008/2009 и 2009/2010 до Август месец. Македонија е единствената земја во регионот и една од ретките во Европа која не е вклучена! Паѓа во очи дека аеродромот во Задар на база 08/09 има 36% раст, што е двојно повеќе од Скопје како што го прикажуваат за лидер во регионот. Затоа информациите треба да се проверуваат пред да се презентираат, инаку се работи за обична заблуда.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: alexgizh
Date Posted: 08-Oct-2010 at 18:53
И Црна Гора ја нема во извештајот, не е Македонија единствената земја.

"Затоа информациите треба да се проверуваат пред да се презентираат, инаку се работи за обична заблуда."




-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Oct-2010 at 19:02
Башка отсуството на информација не го менува показателот на 0%. 700к неможе да биде бројка. Тоа е проценка само некоја. Вистинска бројка тешко дека може да содржи пет цифри нули. Завод за Статистика не ли има нешто такво?


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 08-Oct-2010 at 19:35
Originally posted by alexgizh

И Црна Гора ја нема во извештајот, не е Македонија единствената земја."Затоа информациите треба да се проверуваат пред да се презентираат, инаку се работи за обична заблуда."


Која ти е целта на овој пост не разбрав. Знам дека не е вклучена, ниту истата ја сметам за некаков фактор. Заштитуваш нечие фрлање од ракав на бројки ли? Инаку ако имаш да кажеш нешто по темата слободно направи го. Прашањето беше колку е годишниот сообраќај на аеродромите во Македонија во последниве години.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: alexgizh
Date Posted: 09-Oct-2010 at 02:14
За бројките се согласувам. Коментарот беше чисто цепидлачки, колку да те потсетам дека ниту ти не си ги проверил информациите, нешто за што ги обвини медиумите Ништо лично.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Oct-2010 at 20:37
Originally posted by Andrej_LJ

http://www.anna.aero/european-airport-traffic-trends/

Тука има статистики за 2008/2009 и 2009/2010 до Август месец. Македонија е единствената земја во регионот и една од ретките во Европа која не е вклучена! Паѓа во очи дека аеродромот во Задар на база 08/09 има 36% раст, што е двојно повеќе од Скопје како што го прикажуваат за лидер во регионот. Затоа информациите треба да се проверуваат пред да се презентираат, инаку се работи за обична заблуда.


Во денешното издание на Капитал или Бизнис 24 (не сум сигурен) имаше опсежен чланак за авиосообраќајот.

Меѓу друго имаше сообраќајна статистика цитирана од ТАВ. Скопскиот аеродром имал раст оваа година од 18% или во бројки од ~420.000 на ~490.000 во првите 9 месеци од годинава.

Охридскиот аеродром пак имал раст од 40%.

Главнината на растот се должи на зголемениот број чартери  и се поврзува со визната либерализација.




Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Dec-2010 at 21:38
АЕРОДРОМ СОФИЈА во првите 11 месеци на 2010 година има обслужено 3 240 000 патници, што е раст за 6% од претходната година. Имајќи во предвид дека декемеври е секогаш силен и раздвижен месец, ништо чудно бројката да натфрли 3 500 000 патници.

Доста нови линии се најавуваат за АЕРОДРОМОТ ВО ПЛОВДИВ. Рајан Ер од пролет ќе го зголеми бројот на летови кон Лондон, а денеска стана јасно дека ќе лета и за Шпанија (во конкуренција беа и Германија и Италија, но тие остануваат за понатаму). Стискам палци Пловдив да се претвори во база на Рајан Ер за регионов, како што е Венеција-Тревисо во регионот на Словенија.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Jan-2011 at 19:20
Еве ги податоците за трите најголеми аеродроми во Република Бугарија, за изминатата 2010 година:

СОФИЈА - 3. 300 000 патници (+5,2%)
БУРГАС - 1. 900 000 патници (+11,8%)
ВАРНА - 1, 230 000 патници (+0,8%)
ПЛОВДИВ - сеуште непознато

ВКУПНО во целата држава за 2010 година, околу 6,5 милиони патници.
Со овој резултат Софија е на четврто место на Балканот, по аеродромите во Истанбул, Атина и Букурешт.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 19-Jan-2011 at 20:48
Уште малку статистика, но овој пат не е од нашиов регион. Станува збор за Рижскиот Аеродром, видете за каков раст станува збор. Останува да се надеваме дека би можело ваква судбина да не сполети и нас:


Riga International Airport

Passengers
2010: 4,663,647
2009: 4,066,854
2008: 3,690,549
2007: 3,160,945
2006: 2,495,020
2005: 1,878,035
2004: 1,060,426
2003: 711,753
2002: 633,322

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Jan-2011 at 21:18

On 13 December 2002 Latvia officially concluded accession negotiations with the European Union at the European Council in Copenhagen, together with nine other EU candidate countries.

Latvia's Accession Treaty was signed in Athens on 16 April 2003.

It is expected that the ten candidate countries will accede to full EU membership on 1 May 2004.


http://www.mfa.gov.lv/en/eu/history/4358/4391/ - http://www.mfa.gov.lv/en/eu/history/4358/4391/

Ништо не е случајно Од 2004 па натаму сè е полесно, како што кажуваат бројките.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2011 at 21:44
Растот е прилично константен. Незнам јас какви биле активностите околу Рига аеродром но погрешно ги лоцираш и проблемите и решенијата. Може ти да си имаш  почит кон еу но може и вака да ги свртиме бројките па да не изгледа така сликата.

Процентуална разлика во однос на предходна година

2010:  14,67%
2009:  10,19%
2008:  16,75%
2007:  26,69%
2006:  32,85%
2005:  77,10%
2004:  48,98%
2003:  13,38%
2002: ----

Освен некоја инекција што е внесена може да констатираме и дека еу го пригушила растот. Дури и кризата последна економска си оставила потпис на бројкиве. Повторно викам, не знаеме дали реновирале, граделе нов. Можно е да се должи на приближување на некои реални очекувани бројки кои предходно поради економски или политички логики биле придушени, затвореностна предходен систем и слични работи. Има многу фактори, не е тоа туку така линерна работа на црно и бело. Значи не ни сакам да се правам наудрен дека го нема тој првичен наивно наречен оптимистички ефект, го има, и се приметува и во два списока и бројчаниот и процентуалниот, но сепак растот неможе туку така да се препише на една инстанца.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Jan-2011 at 21:57
Како заклучи дека ЕУ го пригушила растот кога тука не ни имаме бројки од пред донесувањето на одлуката за пристап кон ЕУ?

Ме интересира особено каде ја лоцира „затвореноста на претходниот систем“ во аеродромскиот сектор, и како ти извлече заклучок дека аеродромот во Рига бил особено погоден од политиките на злобниот комунистички режим во СССР.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2011 at 22:09
Originally posted by гитардемон

Како заклучи дека ЕУ го пригушила растот кога тука не ни имаме бројки од пред донесувањето на одлуката за пристап кон ЕУ?
Преку намалување на процентуалниот раст.
Ме интересира особено каде ја лоцира „затвореноста на претходниот систем“ во аеродромскиот сектор, и како ти извлече заклучок дека аеродромот во Рига бил особено погоден од политиките на злобниот комунистички режим во СССР.
Па сигурно патувањата меѓу тогашниот исток и тогашниот запад не биле честа појава како што е денеска. И стварно веќе изморени сме од овие муабети нити ти реков некаде злобен ниту ссср не спомнав. Не го врти одма во погрешна насока муабетов.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2011 at 12:17
Originally posted by lslcrew

Преку намалување на процентуалниот раст.


Природно е како што се движат кон „точката на заситеност“ процентуалниот раст да се намалува.

Кога економијата во Германија расте 3% се смета за добра година, кога во Кина расте 8% се смета за лоша.

Овдека е јасно како бел ден како пристапот кон ЕУ дал позитивен потстрек.

Секако, не е тоа туку така едноставно, Рига (ако не се лажам) далеку отскокна пред другите балтички аеродроми и се наметна како своевиден регионален хаб. Очигледно добро ја искористиле приликата која им се пружила.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2011 at 14:29
2001 имале реконструкција на аеродром и некои крила доградувано. Регионален хаб е за неколку авиокомпании. А авиокмпанија не помислува да смести некаде хаб на аеродром без транзит како скопскиов до сега. Затоа и неможеме да развиеме некоја појака авиокомпанија. Еве предлог до оние кои веќе влегле во овој бизнис некогаш и до иселениците. Сигурен сум дека може да оперира еден изнајмен авион Скопје Сиднеј или Скопје Њујорк одкога ќе се направи пистата и кога ќе има транзит може и некој од Европа да му се случи евтината карта да му биде преку Скопје па да има лет што знам еве на пример Љубљана Скопје и натаму према Сиднеј.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2011 at 14:40
Не е се во реконструкцијата туку и во севкупните можности и способноста да се искористат. Одличен пример за тоа е скопската обиколница, која иако е одличен инфраструктурен проект 2 години потоа, сеуште ни од далеку не ги исполнува очекувањата поради Х други причини, а најмалку поради самата обиколница.

Слично е и со оваа тема. Рига можела да изгради што сака, но ако ги немало вистинските околности, ако ја немало политичката стабилност која им ги донесе членството во ЕУ и НАТО, а воедно економските поволности кои тоа си ги носи како и очигледната способност на Латвијците да ги искористат пружените можности.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2011 at 14:47
Skopskata obiolnica e prazna zasto sednal nekoj na Google earth i rekol ke pravime krug okolu Skopje zashto taka dobro izgleda, lupnal po masa i ete obikolnica. Zaradi drugo e prazna. Ama da ne izgradela ke letale gragjanite od komshiski aerodromi. Da nemala tranzit nikogash nemalo da stane hub. Ima iljada aerodromi shto ne se clnki nikade i duri se od posiromashni drzavi pa imaat seriozen soobrakaj i ogromen tranzit sobrakaj. Iran e drzava pod sankcii, politichki podole nemoze da bide, pa Teheran e eden od najznachajnite tranzit tochki da toj del od Azija.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2011 at 15:02
Originally posted by lslcrew

Skopskata obiolnica e prazna zasto sednal nekoj na Google earth i rekol ke pravime krug okolu Skopje zashto taka dobro izgleda, lupnal po masa i ete obikolnica. Zaradi drugo e prazna. Ama da ne izgradela ke letale gragjanite od komshiski aerodromi. Da nemala tranzit nikogash nemalo da stane hub. Ima iljada aerodromi shto ne se clnki nikade i duri se od posiromashni drzavi pa imaat seriozen soobrakaj i ogromen tranzit sobrakaj. Iran e drzava pod sankcii, politichki podole nemoze da bide, pa Teheran e eden od najznachajnite tranzit tochki da toj del od Azija.


Што треба да биде поентата на ова? Да замижиме пред фактите дека без исклучок, може да се направи корелација помеѓу членството во ЕУ и бумот на аеродромите во источноевропските земји?

Исто како што е битно да сме инфраструктурно спремни (што значи дека е одлично што конечно се гради аеродромот) битно е и да знаеме да се позиционираме и да го искористиме тоа. Не само што овие две работи не одат една без друга, туку втората е веројатно и побитна со оглед на тоа дека постојат аеродроми кои кубурат со капацитет а сепак сообраќајот расте.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2011 at 17:00
Корелацијата е далеку од 99%. Има некој ефект ама минимален. Поентата е дека треба да си го гледаме аеродромот и државата да обезбеди услови што повеќе компании домашни да може да се основаат макар и биле со еден изнајмен авион со еден лет неделно, нормално и странски што ќе имаат интерес да врзат лет повеќе тука. Пак викам еднаш погоре пишав, почетниот наивне оптимитчки како ид а се вика ефект го има и се бележи во една до две години, ама никаков влез во еу неможе да донесе утре илјада авиони, пак растот мора да се обезбеди преку постојана работа. Најбитно е да почекаме да се догради терминалот и да Скопскиов аеродром од крајно-почетна дестинација да конечно стане и некој јазел колку толку. Воопшто да влезе како меѓустаница во компјутерите на оние што издаваат билети. Тогаш ќе споредуваме бројки и со Рига, со Солун, Софија, Белград и со секој Аеродром што сакаме. Ќе видиме колку еу има удел и колку политиката остава потпис. Зашто ќе имаме реални параметри да споредуваме.  Сега сме земале некое селско аеродромче да го споредуваме со хаб европски и заклучоците се еу и само еу е тој што обезбедува расти развој на авионски сообраќај. Вака од страна да се чита наивно изгледа споредбава.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Jan-2011 at 17:13
Не, туку ти не сакаш да прифатиш општоприфатени и докажани работи. Ај нека не е како што викаме. Ќе покаже времето.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2011 at 17:23
Па не прифаќам црно-бела слика. Мозокот во шкаф и еу=златно теле. Особено не во вакви примери кај што се споредува аеродром што може да служи како почетна или крајна станица со аеродром што е европски регионален хаб. Тоа не се ни општоприфатени ниту докажани работи. Еве ај да почекаме како што викаш да покаже времето, еве да почне да функционира новиот аеродром, тогаш ќе имаме реални параметри за споредување. Стварно ќе имаме што да ставиме на кантар.Летонија го реконструирала аеродромот во 2001 тоа е 10 години пред нас. Нема врска тоа ни со еу, ни со ништо. На време почнале да си ја работат државата додека ние се зафркававме.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2011 at 17:53
Originally posted by lslcrew

Корелацијата е далеку од 99%. Има некој ефект ама минимален. Поентата е дека треба да си го гледаме аеродромот и државата да обезбеди услови што повеќе компании домашни да може да се основаат макар и биле со еден изнајмен авион со еден лет неделно, нормално и странски што ќе имаат интерес да врзат лет повеќе тука. Пак викам еднаш погоре пишав, почетниот наивне оптимитчки како ид а се вика ефект го има и се бележи во една до две години, ама никаков влез во еу неможе да донесе утре илјада авиони, пак растот мора да се обезбеди преку постојана работа. Најбитно е да почекаме да се догради терминалот и да Скопскиов аеродром од крајно-почетна дестинација да конечно стане и некој јазел колку толку. Воопшто да влезе како меѓустаница во компјутерите на оние што издаваат билети. Тогаш ќе споредуваме бројки и со Рига, со Солун, Софија, Белград и со секој Аеродром што сакаме. Ќе видиме колку еу има удел и колку политиката остава потпис. Зашто ќе имаме реални параметри да споредуваме.  Сега сме земале некое селско аеродромче да го споредуваме со хаб европски и заклучоците се еу и само еу е тој што обезбедува расти развој на авионски сообраќај. Вака од страна да се чита наивно изгледа споредбава.


Воопшто не е наивна споредбата туку со леснотија превидуваш една цела низа параметри која е запакувана под таа ЕУ/НАТО интеграција. Може ние да изградиме копија на Hartsfield-Jackson од Аталанта, но џабе ќе ни биде ако нема причини луѓето да патуваат кај нас, а компаниите да транзитираат преку нас.

Во тој контекст ти го дадов и примерот со обиколницата на Скопје.

На хартија тој проект ги има сите параметри да биде исклучително искористена сообраќајница.

- дел од меѓународен коридор
- јазол со единствениот коридор на Косово кон светот
- релативна близина до градот и индустриските зони
- постоење на не така малку приградски села „од таа страна на обиколницата“

Сепак на терен очигледно е дека ништо од ова не значи многу.

Следствено, се додека ние немаме сериозен извоз, се додека немаме многу повеќе странски инвестиции, се додека немаме поголема платежна моќ каде повеќе ќе патуваме и додека немаме поразвиен туризам каде повеќе луѓе ќе патуваат кај нас, се додека сме надвор од европскиот политички „mainstream“ и нема причина за тековна комуникација Скопје-Европските центри на политичка моќ... Се додека сме вон регионалните механизми за соработка........................ Се ќе биде џабе.

Сакале да признаеме или не, многу од ова е поврзано со таа ЕУ интеграција која не е само политички чин, туку и многу поголемо отварање на сите сегменти на животот кон целиот континент.

Ако ти тука гледаш минимален ефект, тогаш...


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2011 at 17:57
Originally posted by lslcrew

Па не прифаќам црно-бела слика. Мозокот во шкаф и еу=златно теле. Особено не во вакви примери кај што се споредува аеродром што може да служи како почетна или крајна станица со аеродром што е европски регионален хаб. Тоа не се ни општоприфатени ниту докажани работи. Еве ај да почекаме како што викаш да покаже времето, еве да почне да функционира новиот аеродром, тогаш ќе имаме реални параметри за споредување. Стварно ќе имаме што да ставиме на кантар.Летонија го реконструирала аеродромот во 2001 тоа е 10 години пред нас. Нема врска тоа ни со еу, ни со ништо. На време почнале да си ја работат државата додека ние се зафркававме.


Ова е веќе друго нешто. Со ништо не го оправдувам влечкањето на 3 прехтодни гарнитури чив заложник остана целото македонско воздухопловство. Затоа и сум голем подржувач на ова што се случува во моментот со ТАВ, бидејќи искрено ми е гајле за дизајнот на терминалот или за ситуацијата со касарната, тоа се спрема мене второстепени работи, а битно е дека конечно се модернизира инфраструктурата за да спремни ги дочекаме приликите кои евентуално ќе ни се пружаат а секако и во меѓувреме да правиме развој на овој сектор во рамките на можностите.

Слично, мислам дека обиколницата на Скопје не е утнат проект и дека порано или подоцна работите ќе си дојдат на место.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2011 at 18:02
Обиколницата, источниот дел е избран потег на непотребно поврзување на Хиподром со Момин Поток. Ако мислевме на контунуиран развој, кога внатрешниов ќе се засити и чќе се јави потреба од втор првстен тогаш да градиме, кај нас го изградија и сега како со Влајко што требаше да се помести раскрницатѕа, вештачки да се создададе проблем за решението да се покаже како успешно така и тука, ај ќе забраниме транзитетн сообраќчај на градки автопат за да решениетпо на некој што одлучил погрешно се покаже како успешно. Тоа е проблемот. И сега многу правиме паралела и глупаво е да ги мешаме вака темите и офтопик да идеме.

пбнакс не ми паќа на памет да ги оспорувам ефектите што таа организација ќе ги има врз Македонија но не ми паќа ни на памет како на тотем да е и да мислам дека се од тамо се дава и од тамо се зема. Ако остави една држава се да и оди преку тие организации така и ќе и биде, неинвентивност, ништо свое ништо ново. Ако си ги решава проеблемите тој дел нема некои којзнае колкави ефекти по државата.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2011 at 18:19
Originally posted by lslcrew

Обиколницата, источниот дел е избран потег на непотребно поврзување на Хиподром со Момин Поток. Ако мислевме на контунуиран развој, кога внатрешниов ќе се засити и чќе се јави потреба од втор првстен тогаш да градиме, кај нас го изградија и сега како со Влајко што требаше да се помести раскрницатѕа, вештачки да се создададе проблем за решението да се покаже како успешно така и тука, ај ќе забраниме транзитетн сообраќчај на градки автопат за да решениетпо на некој што одлучил погрешно се покаже како успешно. Тоа е проблемот. И сега многу правиме паралела и глупаво е да ги мешаме вака темите и офтопик да идеме.


Воопшто не е глупава паралелата мислам дека е соодветна со оглед на тоа се работи за практичен пример како еден голем сообраќаен инфраструктурен проект не зависи сам од себе туку од низа други параметри. Слично е и со аеродромот.

Е сега краток офтопик Mислам дека обиколницата не е утната и веројатно работите би дошле на место со сите можни клучки како и со прстенот на булевари Србија-Хрватска-БиХ.......  Тој прстен ќе биде одличен зa справување со внатрешен сообраќај а обиколницава пак ќе биде супер за транзитот на еден разработен коридор 8.


пбнакс не ми паќа на памет да ги оспорувам ефектите што таа организација ќе ги има врз Македонија но не ми паќа ни на памет како на тотем да е и да мислам дека се од тамо се дава и од тамо се зема. Ако остави една држава се да и оди преку тие организации така и ќе и биде, неинвентивност, ништо свое ништо ново. Ако си ги решава проеблемите тој дел нема некои којзнае колкави ефекти по државата.


Државата не постои сама за себе, денеска е време на глобализација. Македонија не е изолирано острово, туку интегрален дел од овој континент и затоа неможе да се однесуваме како интеграцијата во тие организации да не е битна. Што е тоа свое, ново што треба да го направиме? Треба да измислиме нов економски, социјален систем? United in diversity звучи фино, но реално правилата на игра се прилично јасни, одавна апсолвирани, дебагирани... Ние треба само да ги примениме.

Ова им е јасно на многу посилни и поголеми држави од Македонија, незнам врз која основа треба ние да сме толку арогантни и да се правиме дека се можеме сами. Тука воопшто не се работи за поклонување на тотеми, туку за реал политика.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2011 at 18:36
Правилата на игра се јасни само има кога тие правила го прешле основниот морал и отишле кај што не треба да помислат да сенјдат. Таква вештачка ситуација не може да се одржува со години. Ова кога веќе вака во ракавици зборуваме, да го кажам и јас од околу. И ова за некого (поданиците и апологетит е на булдожер политиките) звучиубаво, за некого не, но сепак и после се прифатете го фактото дека Скопскиов аеродром може воопшто да влезе во споредување со било кој аеродром одкога ќе се пушти новата зграда и кога физички практично ќе има можности да се зголемува сообраќајот. Сега и да дојде компанија да сака да направи некои секундарен хаб или барем некој транзит да организира, она нема физичка можност за тоа. Зградата е таква да тоа не го нуди, може ли ова да стане конечно јасно, без да бладаме за еу, без сите други секундарни и терцијарни фактори. Едни и јасно, скопската зграда на аеродромот е таква да дестимулира дополнителен сообраќај. Македонија ниту а еизолирана држава, ниту глуми контитентатлна ексториторијалност. Тука сме, соработуваме, но факт е дека касно почнавме како држава да воопшто помислуваме да ги решаваме овие проблеми. Зградата треба ние да ја нарпавиме, никаква европа неможе вечерта кога ќче влеземе во еу да ни донесе зграда со хеликоптер. Пак развојот сами какодржават го одработуваме.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2011 at 18:48
Originally posted by lslcrew

Правилата на игра се јасни само има кога тие правила го прешле основниот морал и отишле кај што не треба да помислат да сенјдат. Таква вештачка ситуација не може да се одржува со години. Ова кога веќе вака во ракавици зборуваме, да го кажам и јас од околу.


Се е тоа фино, и на сите ни пречи лицимерието на таа политика... Но тука не зборуваме ниту за лицимерието ниту за политиката како таква, туку едноставно спориме дека постои сериозна корелација помеѓу тие ЕУ интеграции (и повторно ќе повторам се што тие интеграции носат со себе) и можноста за раст на авиосообраќајот.



 И ова за некого (поданиците и апологетит е на булдожер политиките) звучиубаво, за некого не, но сепак и после се прифатете го фактото дека Скопскиов аеродром може воопшто да влезе во споредување со било кој аеродром одкога ќе се пушти новата зграда и кога физички практично ќе има можности да се зголемува сообраќајот. Сега и да дојде компанија да сака да направи некои секундарен хаб или барем некој транзит да организира, она нема физичка можност за тоа. Зградата е таква да тоа не го нуди, може ли ова да стане конечно јасно, без да бладаме за еу, без сите други секундарни и терцијарни фактори. Едни и јасно, скопската зграда на аеродромот е таква да дестимулира дополнителен сообраќај.


И јас пак ќе повторам дека терминал е битна работа, но не и клучна. Точно, има примарни, секундарни, терцијарни фактори, но конкретниов кој го дискутираме го рангираш премногу ниско.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2011 at 05:04
Џабе се расправаме да оставиме да се пушти новиот аеродром и да споредуваме после тоа кога двата аеродрома ќе имаат скоро слични технички пожности па да видиме како ќе раснат бројките. Вакви аеродроми end-destination 51-ва америчка држава да станеме не ги вади од кал.


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2011 at 18:04
Посебна нишка за статистика...




Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 21-Jan-2011 at 18:05
Само наша статистика или и странска? Претпоставувам второто затоа што ние немаме нешто многу за приказ.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2011 at 18:07
Originally posted by Andrej_LJ

Само наша статистика или и странска? Претпоставувам второто затоа што ние немаме нешто многу за приказ.


Второто...


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2011 at 18:07
Во недостиг на официјални податоци за сообраќајот на Скопскиот аеродром во 2010, еве ја горе доле регионалната листа. Од ССЦ.  Сега приметив дека голем дел од бројките се од 2009

1. Istanbul airport ( Gokçen + Ataturk) - 43 275 091
2. Athens airport ( 2009 ) - 16 138 000
3. Sofia airport - 3 296 936
4. Belgrade airport - 2 769 102
5. Zagreb airport - 1 930 163
6. Ljubljana airport ( 2009 ) - 1 433 855
7. Tirana airport ( 2009 ) -1 394 688
8. Prishtina airport ( 2009 ) - 1 191 978
9. Skopje airport ( ? ) - 700 000
10. Sarajevo airport - 540 383



Posted By: axel
Date Posted: 10-Aug-2011 at 12:50

ТАВ Македонија ја зголеми главнината за 27,4 милиони евра

За 17% се зголемил бројот на патници во јули на двата македонски аеродроми, Александар Велики во Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид. Според статистичките податоци на ТАВ холдингот, во јули на двата аеродроми во Македонија се регистрирани вкупно 113.819 патници, што е за 17% повеќе споредено со јуни 2010 година, кога се регистрирани вкупно 97.610 патници. Зголемување на бројот на патници има и за првите седум месеци од годината. Во периодот јануари-јули се регистрирани вкупно 453.527 патници, што е за 13% повеќе споредено со истиот период минатата година, кога се регистрирани вкупно 401.692 патници.

Раст е забележан и кај авиосообраќајот. Во јули на двата аеродроми прелетале вкупно 1.349 авиони, што е за 2% повеќе споредено со истиот месец во 2010 година. Во првите седум месеци прелетале вкупно 6.366 авиони, што е за 4% повеќе споредено со 6.357 прелетувања регистрирани во првите седум месеци минатата година.

Освен раст на бројот на патници и прометот на авиони, ТАВ Македонија, компанијата која управува со двата македонски аеродроми, ја зголеми и основната главнина на друштвото регистрирано во Македонија. Според податоците од Централниот регистар на Македонија, Друштвото за трговија и услуги ТАВ Македонија ДООЕЛ-Петровец ја зголеми основната главнина за 27,4 милиони евра. Уплатата ја изврши ТАВ холдингот од Истанбул.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72080/tav_makedonija_ja_zgolemi_glavninata_za_27,4_milioni_evra.aspx?iId=2304


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 11-Aug-2011 at 02:55
Originally posted by axel

<h2>ТАВ Македонија ја зголеми главнината за 27,4 милиони евра</h2>
              
              

За 17% се зголемил бројот на патници во јули на двата
македонски аеродроми, Александар Велики во Скопје и Свети Апостол Павле
во Охрид. Според статистичките податоци на ТАВ холдингот, во јули на
двата аеродроми во Македонија се регистрирани вкупно 113.819 патници,
што е за 17% повеќе споредено со јуни 2010 година, кога се регистрирани
вкупно 97.610 патници. Зголемување на бројот на патници има и за првите
седум месеци од годината. Во периодот јануари-јули се регистрирани
вкупно 453.527 патници, што е за 13% повеќе споредено со истиот период
минатата година, кога се регистрирани вкупно 401.692 патници.

Раст
е забележан и кај авиосообраќајот. Во јули на двата аеродроми прелетале
вкупно 1.349 авиони, што е за 2% повеќе споредено со истиот месец во
2010 година. Во првите седум месеци прелетале вкупно 6.366 авиони, што е
за 4% повеќе споредено со 6.357 прелетувања регистрирани во првите
седум месеци минатата година.

Освен раст на бројот на патници и
прометот на авиони, ТАВ Македонија, компанијата која управува со двата
македонски аеродроми, ја зголеми и основната главнина на друштвото
регистрирано во Македонија. Според податоците од Централниот регистар на
Македонија, Друштвото за трговија и услуги ТАВ Македонија
ДООЕЛ-Петровец ја зголеми основната главнина за 27,4 милиони евра.
Уплатата ја изврши ТАВ холдингот од Истанбул.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72080/tav_makedonija_ja_zgolemi_glavninata_za_27,4_milioni_evra.aspx?iId=2304


Браво за ТАВ, ама мислам дека причината за поголем број на патници не е само во тоа што ТАВ го презема аеродромот.
Имам забележано дека голем број на наши иселеници се во Македонија оваа година, поголем број од предходните години. Мислам дека голем дел се должи на ова, но немам бројки. Да се надеваме дека државата ќе излезе со некои конкретни бројки за тоа кој ни дошол преку аеродром.

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: toasumjas
Date Posted: 16-Aug-2011 at 09:07
TUESDAY, AUGUST 16, 2011
Strong growth for Macedonian airports
Construction work inside Skopje's new terminal

With less than a month left until the opening of the brand new terminal at Skopje Alexander the Great Airport on September 8, Macedonia’s main airport, together with Ohrid, is reporting strong growth. In July, the two handled 113.819 passengers, an increase of 17% compared to the same month last year when they welcomed less than 100.000 passengers. So far this year Skopje and Ohrid have seen 453.527 passengers use their facilities, an increase of 13% compared to the first seven months of 2010.

The two airports, in particular Skopje, have lately managed to attract new airlines. Only yesterday Pegasus Airlines from Turkey commenced flights. The low cost airline Wizz Air also commenced flights a few motnhs ago while Air Berlin also began flights to the Macedonian capital recently. As a result, Skopje and Ohrid handled 1.349 aircraft in July, an increase of 2%. According to internal sources, the airport is now looking for an airline in the region to base one of its aircraft at Skopje and operate several popular routes from the start of the 2011/2012 winter season.

Construction work at Skopje Airport is entering its final phase, with the new air bridges, which will connect the aircraft to the terminal, installed. Ohrid Airport on the other hand saw a small scale face lift earlier in the year.


http://exyuaviation.blogspot.com/ - http://exyuaviation.blogspot.com/


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Aug-2011 at 09:20
Не чека нов рекорд на годишно ниво (без 1999 и 2000 кои се вонсериски) Cheers

Мислам дека бројката од 1.000.000 за прв пат не ми изгледа нереално, за некаде во следниве неколку години.

На „Александар Велики“ минале 100.000 патници за еден месец

Во јули имало 9 проценти повеќе патници во однос на минатиот јули што се врзува и со влегувањето на нискотарифни авиокомпании

Сања Наумовска

Речиси 100.000 патници во јули поминале низ скопскиот аеродром „Александар Велики“, што е зголемување за 9 проценти во однос на минатиот јули. Влегувањето на неколку нови нискотарифни авиокомпании, кои Скопје директно го поврзаа со нови дестинации и понудија евтини билети за македонските патници, ги покажа првите позитивни резултати. Концесионерот ТАВ е задоволен од бројките, но очекуваат вистинскиот бум од патници да се случи по завршувањето на модернизацијата на аеродромот, пистата и отворањето на новата терминална зграда. Ако минатата година низ „Александар Велики“ минале околу 680.000 патници, таа бројка во првите 7 месеци од годинава надминува 400.000 патници. Доаѓањето на нискобуџетната компанија „Пегасус“ од Турција е последна новина во домашниот авиосообраќај. Компанијата го поврза Скопје со Истанбул и Измир за само 29 евра, а во текот на летово со чартер-летови ќе носи туристи кон турските летувалишта Анталија и Бодрум. Авионите на „Пегасус“ до Истанбул и назад ќе летаат во вторник, четврток и недела, а до Измир и назад во понеделник и во петок. Преку Истанбул, компанијата нуди можност и за сите што патуваат до азиските и европските дестинации. 

„И покрај тоа што два локални и еден црногорски авиопревозник ги прекинаа своите летови од Скопје, ние успеавме да го зголемиме бројот на патници и на двата аеродрома, преку нашите залагања и студиозната маркетинг- стратегија. Бројот на патници во јули беше речиси 9 отсто поголем од истиот месец 2010 година, што е целосно во рамките на нашите очекувања“, информираат од ТАВ. 

Најголем пораст на бројот на патници на скопскиот аеродром имало во април, кога долетале над 55.000 патници, дури 23 проценти повеќе од истиот месец лани и во февруари, кога низ аеродромот поминале речиси 12 проценти повеќе од претходниот февруари, покажува статистиката на компанијата. 

Летните месеци донесоа зголемување на бројот на патници во однос на минатата година и на охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“. Охридскиот аеродром, со директни чартер-летови на компаниите „Финер“, „Корендон Дач ерлајнс“ и „Туи ерлајнс“, сезонски, од мај до октомври, ќе биде поврзан со Хелсинки и со Амстердам. Најголем број од патниците на „Свети апостол Павле“ се туристи од Финска и од Холандија, но и наши иселеници од Швајцарија што до Охрид стигнуваа преку чартер летовите на компаниите „Хелло Аг“ и „Еделвајс“ од Цирих. Во Охрид летово со чартери ќе долетаат и туристи од Израел, кои со компанијата „Арка ерлајнс“ ќе треба да пристигнат во септември и во октомври. 

Со сезонски чартер-летови поголем број патници одлетаа и од скопскиот аеродром и тоа кон две нови дестинации во Турција. За Анталија се лета со компаниите „Сан експрес“, „Скај ерлајнс“ и „Корендон ерлајнс“, а кон Бодрум со „Бораџет“. „Мистрал ер“ ќе го поврзува Скопје со Рим до октомври, а „ХЛ ервејз“ со Дизелдорф.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BACC37D473F33445B91A060631110176 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BACC37D473F33445B91A060631110176


Posted By: axel
Date Posted: 05-Sep-2011 at 11:19

Авиопревозот на патници се зголеми за 11,7 отсто во првото шестмесечје


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/09/05/2925090866_f79f50b191.jpg

Авионскиот превоз на патници во земјава порасна за 11,7 отсто во првата половина од годинава во однос на истиот период лани, објави државната статистика.


Бројот на патници кои излегле од земјава преку двата аеродроми изнесуваше вкупно 164.275 во првата половина од годинава, додека бројот на патници што влегле во земјава изнесуваше 170.269.


И охридскиот и скопскиот аеродром во Македонија му се дадени на управување на турскиот ТАВ. Охридскиот аеродром е веќа реновиран, а скопскиот, по изградбата на новата аеродромска зграда, свечено треба да се пушти во употреба утре.

http://www.time.mk/read/ba2cbed5c5/125c8c1a40/index.html



Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-Sep-2011 at 12:07
Ги следев бројките од државна статистика, мислам дека второто шестмесечје од оваа година треба да има значително зголемен број патници, а било прекрасно да завршиме со бројка од околу 800.000 патници. Мислам дека ова би бил максимумот за оваа година.


Posted By: WNBARCH
Date Posted: 05-Sep-2011 at 13:52
и ете дојде времето кога можеме да ја шетаме европа евтино и без визи....


Posted By: axel
Date Posted: 13-Sep-2011 at 13:46
Македонските аеродроми летово со повеќе патници во однос на истиот период лани

Скопје, 13 септември 2011 (МИА) - На македонските аеродроми во последните три месеци, споредено со истиот период лани, е зголемен бројот на превезени патници. Во јуни, јули и август годинава преку „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени 293.613 патници, а во истиот период минатата година 255.939 патници, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Најголем пораст на бројот на патници е забележан во јули годинава кога од двата аеродрома се превезени 113.010 патници што претставува пораст од 17,4 проценти споредено со јули лани, кога имало 96.271.

Преку „Александар Велики“ во летниот период годинава се опслужени 254.351 патник или за 7,83 проценти повеќе од истиот период лани, кога биле регистрирани 236.011 патници.  

Аеродромот „Св. Апостол Павле“, пак, во јуни, јули и август годинава, опслужил 39.262 патници, што е зголемување за 93,73 проценти во однос на истиот период минатата година кога на тој аеродром биле регистрирани 19.928 патници. На „Св.Апостол Павле“ се бележи и зголемување на бројот на операции на воздухоплови за 63,93 проценти во летниот период годинава споредено со истиот период минатата година.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/sveceno-otvaranje-na-pogonot-stil-kon.html


Posted By: krale
Date Posted: 13-Sep-2011 at 17:18
Originally posted by BOJAN

Ги следев бројките од државна статистика, мислам дека второто шестмесечје од оваа година треба да има значително зголемен број патници, а било прекрасно да завршиме со бројка од околу 800.000 патници. Мислам дека ова би бил максимумот за оваа година.


Мислам дека без проблем ќе се достигне таа бројка, бидејќи тек на есен почнаа некои од линиите на ВизЕр и другите авио компании.


Posted By: axel
Date Posted: 14-Nov-2011 at 14:17

Охридскиот аеродром шампион по растот на авио каргото во Европа


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/14/athens.jpg

Во групата на мали аеродроми до 5 милиони патници годишно, охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ е апсолутен шампион по растот на стоки што се транспортирале преку овој аеродром и тоа со раст од 198,1 отсто во септември годинава во однос на истиот месец лани, јавува Меѓународниот аеродромски совет, светска асоцијација на аеродроми. Како што е познато, како и со скопскиот, така и со охридскиот аеродром управува турскиот ТАВ.


Уште еден аеродром со кој управува ТАВ, истанбулскиот „Кемал Ататурк,“ исто така, бележи најголем раст во транспортот на стоки во својата група на аеродроми со над 25 милиони патници годишно и тоа до нивото од 22,5 отсто.


Најголема заслуга за ова има турскиот национален авиопревозник „Туркиш Ерлајнс,“ кој бележи забрзан раст и кај бројот на патниците и кај авио каргото и тоа раст за кој нема никакви назнаки на попуштање.


Истанбулскиот „Кемал Ататурк“ аеродром е од огромна важност за ТАВ зашто другите аеродроми со кои уптравува компанијата се далеку помали и сите заедно не се ни приближуваат до бројката од 48 милиони превезени патници, колку што ги користеле услугите на овој аеродром минатата година.


Најголем раст на авио карго транспортот е забележан во Турција, Русија и на уште неколку точки во Источна Европа.


Сепак, на европско ниво, авионскиот товарен сообраќај бележи пад од 2,5 отсто во септември годинава во однос на истиот месец лани, а како причина за тоа е намалениот меѓународен авио карго транспорт. Главните европски аеродроми какви што се оние во Амстердам, Франкфурт и Лондон бележат пад во меѓународниот авио карго транспорт од 6, 5,7 и 3,7 отсто респективно.


Од друга страна, авио транспортот на патници бележи раст од 4,8 отсто на годишно ниво во септември. Причината за овој раст во транспортот на патници е растечкиот меѓународен авиотранспрот кој забележа раст од 6,6 отсто во овој период.


Рафаел Ешајарн, економскиот директор на Меѓународниот аеродромски совет, вели дека авиотранспортот на патници „успева да се справи со економската несигурност, но глобалниот авио карго сообраќај се чини дека не е толку издржлив.“ Тој додава и дека додека големите развиени економии очекуваат разрешување на должничката криза, особено во еврозоната, меѓународната трговија и авио каргото се оставени настрана. Ешајарн, исто така, смета дека негативниот раст во авио каргото најверојатно ќе продолжи и во последниот квартал од годинава. На глобално ниво, авио каргото забележа пад од 3,7 отсто во септември и тоа е петти месец на последователен пад по ред.

http://www.plusinfo.mk/vest/22632/Ohridskiot-aerodrom-shampion-po-rastot-na-avio-kargoto-vo-Evropa



Posted By: vladegf
Date Posted: 17-Nov-2011 at 13:17
Зголемен бројот на патниците на аеродромите во земјава
17.11.2011 - 12:50:28




Во периодот септември- октомври оваа година е забележано зголемување на бројот на превезени патници на аеродромите во Македонија, во споредба со истиот период лани, информираат од министерството за транспорт и врски.

Имено, во месец септември од аеродромот “Александар Велики“ во Скопје и аеродромот “Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 82.641 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 65.878 патници, што претставува зголемување за 25,4 отсто во однос на 2010 година.

Во месец октомври од двата аеродроми во Македонија се превезени вкупно 74.703 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 62.876, што претставува зголемување за 18,8 отсто во однос на 2010 година.


Posted By: alexsend
Date Posted: 18-Nov-2011 at 09:58
Како ви личи дека ќе заврши годинава за SKP ? Ќе се доближиме ли до милион патници?


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Nov-2011 at 09:59


Милион не е шала, тоа би било раст од малтене 50% во однос на она што го имавме. Се што е во распонот 800-900.000 би било екстра за мене.


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 18-Nov-2011 at 11:30
Originally posted by pbanks

Милион не е шала, тоа би било раст од малтене 50% во однос на она што го имавме. Се што е во распонот 800-900.000 би било екстра за мене.




Print Page | Close Window