Print Page | Close Window

Станбена населба Лисиче

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1180
Printed Date: 26-Apr-2024 at 04:29


Topic: Станбена населба Лисиче
Posted By: lslcrew
Subject: Станбена населба Лисиче
Date Posted: 18-Jun-2009 at 13:52
ЌЕ СЕ УРБАНИЗИРААТ ЗАПУСТЕНИТЕ ДЕЛОВИ ВО АЕРОДРОМ
Наместо ниви и депонии, ќе никнат 18 згради

Осумнаесет нови станбени згради е предвидено да се изградат во наредниот четиригодишен период на територијата на општина Аеродром. Според програмата за работа на градоначалникот Ивица Коневски, ќе се градат четиринаесет објекти со вкупно 770 нови стана, коишто ќе бидат наменети за продажба. Дополнително, во соработка со Владата ќе се подигнат уште четири згради со 193 стана наменети за млади брачни двојки. За граѓаните од Аеродром, ваквата програма на Општината е добар начин да се урбанизираат оние делови, кои во моментов се запустени и претворени во ниви, во диви депонии или простори обраснати со трева. Тие сметаат дека на тој начин ќе се зголеми бројот на жители во и така најмногубројната скопска општина, што ќе резултира со поголеми инвестиции, па ќе треба да се изградат нови болници, училишта, градинки, трговски центри и пазари кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. - Дел од територијата на општината се уште не е доволно урбанизирана. На некои места се садат житни култури, се ораат ниви, се чуваат домашни животни. Се надевам дека со изградбата на овие станбени објекти во целост ќе се искоренат нивите, ливадите и пластениците, коишто на општината и даваат лош изглед “ вели Ката од Ново Лисиче. Сепак, надлежните општински служби се уште не ги имаат дефинирано точните локации каде ќе се градат осумнаесетте нови објекти. - Зградите ќе мора да бидат изградени во согласност со деталниот урбанистички план на општината како и со ГУП на град Скопје. Засега е познато дека дел од новите згради ќе се градат во Реонски Центар Аеродром и тоа во соработка со Владата “ велат од Одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Тие објаснуваат дека градежните работи за објектите ќе му бидат доверени на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. - Во понатамошниот период со етапно донесување на ДУП ќе се предвиди изградба на станови и во други населби, со што во целост ќе се реализира предвидениот проект “ додаваат од Аеродром.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1734&ArticleID=115957



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 12:57
Јавен тендер за изградба на 14 згради и три висококатници во скопската општина Аеродром

http://netpress.com.mk/vestiimages/58980/min_trasport_vrski.jpg">

Министерството за транспорт и врски денеска распиша јавен повик за  јавно наддавање за отуѓување на државно градежно земјите, наменето за изградба на 14 станбени згради во скопската општина Аеродром.
 
Исто така, се планира и јавно наддавање за отуѓување на градежно земјите за изградба на високотаници.
 
Ресорниот портпарол Драган Симоновски, рече дека предмет на електронско јавно наддавање е градежно државно неизградено земјиште кое е наменето за изградба на 14 станбени објекти, земјиште со вкупна површина од 22.180 квадратни метри. Почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 4.200 денари од квадратен метар.
 
“Предмет на јавното електронско наддавање е градежна парцела, предвидена со ДУП, со намена за изградба на три висококатници, кои согласно планот претставуваат објекти за времено апартманско сместување, големи трговски единици и катни гаражи. Вкупната површина на градежната парцела изнесува 21.247 квадратни метри со површина за градење од 10.000 м2. Минималната висина на висококатницата ќе треба да изнесува 25 катови“, вели Симоновски.
 
Почетната цена за ова ќе изнесува 7.000 денари од квадратен метар.

Најповолниот понудувач треба во рок од шест месеци да ја обезбеди потребната документација од општината и рок од три години да ја комплетира изградбата.

Симоновски подвлече дека објавите за учество на јавните електронски наддавања се објавени во домашните печатени медиуми, на интернет страницата на министерството и во весникот “Фајненшл Тајмс“.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=58980&kategorija=1



Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:20
Еве малку подетално. Првата локација е дел од реонски центар, а втората е земјиштетот до бензинската макоил, позади средното хемиуско училиште.
На јавно наддавање две локации на државно градежно земјиште во општина Аеродром - 10.7.2009
Државно градежно неизградено земјиште на две локации во општина Аеродром ќе биде дадено на јавно наддавање за изградба на станбени објекти и висококатници.

Земјиштето со вкупна површина од 22.180 метри кадратни, што се наоѓа на булеварот „АСНОМ“,  е наменето за изградба на 14 станбени објекти и почетната цена на јавното наддавање е 4.200 денари од метар квадратен. 

Втората градежна парцела на булеварот „Србија“ е наменета за изградба на три висококатници. Вкупната површина на парцелата е 21.247 метри квадратни со површина за градење од 10.000 метри квадратни, а почетната цена на јавното наддавање е 7.000 денари од метар квадратен. Минималната висина на висококатницата ќе треба да изнесува 25 катови.

Јавното електронско наддавање за првото земјиште ќе се одржи на 2 септември, а пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 18 август, додека аукцијата за втората градежна парцела ќе се одржи на 18 септември, а понудите треба да се достават до 4 септември.

Најповолниот понудувач ќе треба во рок од шест месеци да ја обезбеди потребната документација од општината, а во рок од три години да ја комплетира изградбата на објектите.

- Со реализацијата на овие проекти ќе се овозможи раздвижување на пазарот на недвижности, поточно со зголемување на капацитетот на станбени единици ќе се овозможи намалување на продажната цена на становите во Скопје, но исто така ќе се овозможат нови инвестиции, нови вработувања, рече на денешната прес-конференција портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски.

Тој посочи дека се очекува инвестициите да изнесуваат приближно 50 милиони евра, а од оттуѓувањето на градежното земјиште би се обезбедиле 4.300.000 евра од кои 80 отсто ќе се слеат во буџетот на локалната самоуправа, а 20 отсто во државниот буџет.

Објавите за учество на јавните наддавања се објавени во домашните печатени медиуми, во Financial Times и на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски, а  испратени се и до економските промотори на Република Македонија.

www.mtc.gov.mk


Дискусија за висококатниците во нишката http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=89 - Облакодери во Скопје .


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:26
lsl, првата локација не може да биде во Реонски Центар доколку е точна информацијата дека се работи за Бул. АСНОМ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:29
Се збркав со локацииве. Ги мешам двата булевара, асном и всбато. Мене па ова асном ми дфојде како потврда на сомнешот дека се работи за реонски. Question Инаку каде точно се сега па овие локации?!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:32
za da znaeme site (i od drugi gradovi) dajte koordinati, togas se e najdobro


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:41
За првата локација ни мене не ми е јасно



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 10-Jul-2009 at 14:40

Земјиштето со вкупна површина од 22.180 метри кадратни, што се наоѓа на булеварот „АСНОМ“, е наменето за изградба на 14 станбени објекти и почетната цена на јавното наддавање е 4.200 денари од метар квадратен.

 41°59'16.26"N 21°28'44.28"

bi trebalo da e tuka ako e na ASNOM. a moze i ne.no dobro bi bilo i tamu da se izgradi nesto



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2009 at 14:51


Според ГУП-от на просторот помеѓу Вардар и Ново Лисиче ќе да е предвидено зеленило или рекреативни зони, но кај нас никогаш не се знае.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 16:07
Да не се работи за оваа локација за 14 станбените згради?! 41°58'59.84"N 21°29'1.38"E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2009 at 16:41
Originally posted by lslcrew

Да не се работи за оваа локација за 14 станбените згради?! 41°58'59.84"N 21°29'1.38"E
Во право си, по се изгледа тоа ќе да е бидејќи во делот што гравитира кон Бул. АСНОМ има точно 14 предвидени објекти.
Еве што успеав да ископам. Матно е, но сепак... Делот е зумиран каде што пишува „ДУП дел од Горно Лисиче“



Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 17:42
Денеска на прес конференцијата во министерството на видео бим ја покажале локацијата, оваа јас што ги пуштив координатите, на вести сега видов. Значи, сигурно се работи зза оваа локација Кловер што го постираше дуп-от..


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Sep-2009 at 02:11

Никој не сака да гради комплекс згради

Никој не е заинтересиран да изгради комплекс од 14 станбени згради во населбата Лисиче, зад бензинската пумпа на „Макпетрол“. Иако Министерството за транспорт и врски неодамна даде на продажба државно земјиште наменето за изградба на комплексот, на меѓународниот јавен повик не се пријави ниту една компанија. Така, вчера не се одржа закажаното јавно наддавање. Од ресорното министерство информираат дека согласно со законските процедури, наскоро тендерот за продажба на државното земјиште повторно ќе биде објавен. Дали под истите услови, допрва ќе се утврдува. На првиот неуспешен повик, еден од главните критериуми за учество беше 14-те згради да ги изгради еден инвеститор. Вкупната површина на предметната парцела изнесува 22.180 квадратни метри, а почетната цена на еден квадрат изнесуваше 4.200 денари.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=01BD242BBFF9F84588F22C2EDC3B0497


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2009 at 11:23

Проектот нова населба во Лисиче ќе чека нови времиња

Обемот на градежниот зафат, рецесијата, како и големата инвестиција, а малиот и неизвесен профит, се главните причини што ниту една фирма не сакаше да купи државно земјиште од 22.480 квадрати, наменето за 14 станбени згради од по седум ката, коментираатградежници

%20
Поранешната нива со жито, а сегашна државна градежна парцела од 22.480 квадратни метри меѓу Ново и Горно Лисиче, се чини дека уште неколку години ќе остане запуштена и обрасната со диви треви, а наместо нови 1.500 до 2.000 жители таму ќе може да се сретне само по некој коњ или коза што локалното население ги оставило да се напасуваат. Никој не се јави на повикот на државата да го продаде ова земјиште на лицитација, со почетна цена од 4.200 денари за квадрат, односно околу еден и пол милиони евра за целата површина. Предвидените 14 станбени седумкатници со деталниот урбанистички план за населбата Горно Лисиче ќе треба да почекаат подобри времиња за да станат реалност.


СОМНИТЕЛНА ИСПЛАТЛИВОСТ


Без разлика на тоа за колку пари се продава земјиштето, самиот обем на проектот, според градежниците, ги одвраќа инвеститорите, кои би требало да дадат огромни пари за изградбата, а потоа со продажбата на становите да останат на нула или да имаат сосема мала заработка во однос на влогот. Сумата потребна за да се изгради една зграда зависи најмногу од проектот за неа и од материјалите што се употребуваат, но во Скопје просекот изнесувал околу 300 до 400 евра по квадрат. Тоа значи дека за објект со основа од околу 400 квадратни метри и со седум ката би бил потребен еден милион евра, односно 14 милиони за сите згради. Ако плацот се купи по најниската цена, инвестицијата би чинела 15,5 милиони евра, плус трошоците за комуналии, кои не би биле мали бидејќи се прави цела нова населба со улици, паркинзи, водовод, канализација, електрична мрежа и целосна инфраструктура. Значи потенцијалниот градител би требало да вложи дваесетина милиони евра.

Од друга страна, тој би добил околу 36 илјади квадратни метри станбена површина за продавање. Цените на становите во тој дел од градот се движат околу 700 до 800 евра, што значи дека би собрал околу 25 милиони евра. Но и самата продажба е неизвесна, бидејќи во непосредна близина на парцелата е реонскиот центар Аеродром, каде што сé уште се градат и се продаваат голем број станови по тие цени. Во овој дел од градот, според познавачите, понудата на недвижности ја надминува побарувачката.


САМО ЗА ГОЛЕМИ ИГРАЧИ


Во услови на рецесија ретко која фирма би се нафатила на толку голема инвестиција, коментира Елена Пандева од компанијата „Жикол“, која се занимава и со изградба на објекти и со трговија со недвижности.

- Тешко може да се најде инвеститор за да направи дури 14 згради одеднаш, и тоа со комплетна инфраструктура. Ако се даваат парцели за поединечни објекти, можеби ќе успее изградбата на населбата. Во спротивно, понудата станува можна само за големите играчи, кои се многу претпазливи во овој период. Освен тоа, тој дел од градот не е многу атрактивен за градење. Ние како компанија сме повеќе заинтересирани за центарот и за Аеродром - вели Пандева.

Според условите во распишаниот оглас, ако некој го купеше земјиштето, ќе имаше рок од шест месеци да обезбеди градежни дозволи и потоа уште три години да ги изгради објектите.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=94995941&id=14&prilog=0&setIzdanie=21780


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Sep-2009 at 15:48

Втора шанса за новата населба во Лисиче





 

Министерството за транспорт и врски вчера повторно распиша оглас за продажба на земјиште од 22.180 квадратни метри во Горно Лисиче, веднаш до населбата Ново Лисиче, кое според деталниот урбанистички план е наменето за изградба на 14 станбени згради

 

 
%20  
Пред само една недела пропадна првиот повик, бидејќи до крајниот рок не се пријавила ниту една фирма за да го купи ова неизградено земјиште, кое е во државна сопственост. Плацот се наоѓа зад бензинската пумпа на „Макпетрол“ и спроти ресторанот „Мирко 919“.

Според јавниот повик, заинтересираните кандидати ќе можат да се пријавуваат до 16 октомври, а јавното наддавање е закажано за 29 октомври оваа година. Плацот се нуди со почетна цена од 4.200 денари за квадратен метар, односно за вкупно еден и пол милиони евра.

Минатата недела заврши и пријавувањето за купување парцела во општината Аеродром наменета за изградба на три висококатници покрај булеварот Србија. Од министерството за транспорт и врски не кажаа дали има заинтересирани кандидати, кои на 18 септември треба да учествуваат на електронското наддавање.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91091015146&id=14&prilog=0&setIzdanie=21784


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Sep-2009 at 13:25

Пропадна аеродромскиот Менхетн

Иако некои градежни фирми сметаа дека изградбата на трите висококатници во Аеродром е поатрактивна од земјиштето во Горно Лисиче наменето за 14 станбени згради, сепак најверојатно и двете парцели ќе почекаат уште пред да станат реалност

%20
Пропадна и јавниот повик на државата за продажба на парцела во општината Аеродром, наменета за изградба на три висококатници покрај булеварот Србија, бидејќи не се пријавиле заинтересирани купувачи. Земјиштето се простира на 21.247 метри, а според деталниот план објектите може да бидат високи и до 500 метри. Ова е втора објава на Министерството за транспорт и врски да продаде земјиште на лицитација, која не привлече ниту еден инвеститор. Пред само две недели не се продаде ни земјиштето во Горно Лисиче, веднаш до населбата Ново Лисиче, каде што беше предвидена изградба на 14 станбени згради, па мораше да се повтори објавата и да им се даде втора шанса на купувачите.

Иако некои градежни фирми сметаа дека изградбата на трите висококатници во Аеродром е поатрактивна од земјиштето во Горно Лисиче наменето за 14 станбени згради, сепак најверојатно и двете парцели ќе почекаат уште пред да станат реалност.

Од Министерството за транспорт и врски, кое требаше да ги изврши јавното наддавање и продажбата, истакнаа дека до крајниот рок, односно до 4 септември оваа година, не се пријавила ниту една фирма за да го купи неизграденото земјиште до булеварот Србија, кое е во државна сопственост.

- Нема пристигнато пријави за учество на повикот, со што автоматски се откажува електронско јавно наддавање закажано за 18 септември. Во наредниов период повторно ќе распишеме објава за отуѓување на оваа градежна парцела – објаснија од Министерството.

Земјиштето што се покажа како неатрактивно за потенцијалните инвеститори се нудеше со почетна цена од 7.000 денари за квадрат, односно за два и пол милиона евра за целата површина.

Од Министерството очекуваа дека продажбата на овој плац и изградбата на висококатниците ќе донесе нови инвестиции, со што би се отвориле работни места, како и ќе се раздвижи пазарот на инвестиции и ќе се зголеми капацитетот на станбени единици и намалување на цените на становите.

Во тек е објавата за плацот, пак, што се наоѓа зад бензинската пумпа и спроти ресторанот „Мирко 919“ во Горно Лисиче, кој се продава со почетна цена од 4.200 денари за квадратен метар или за вкупно еден и пол милиони евра. Кандидатите ќе можат да се пријавуваат до 16 октомври оваа година, а јавното наддавање е закажано за 29 октомври.

За првиот оглас не помогна ниту тоа што продажбата беше објавена во познатиот британски весник „Фајненшл тајмс“, во македонските медиуми, на интернет-страницата на Министерството, а им бил даден и на економските промотори на Македонија. Според условите во огласот, ако некој го купи земјиштето ќе треба за шест месеци да ги обезбеди сите потребни дозволи, а во рок од три години да ги изгради објектите

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9149109324&id=14&prilog=0&setIzdanie=21787


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Oct-2009 at 20:10

Само две згради наместо нова населба во Горно Лисиче





 

На јавното наддавање в четврток ќе се нудат само две од предвидените 14 парцели за седумкатници, бидејќи за останатите 12 немало доволно интерес кај инвеститорите

 
 
%20  
Не успеа ниту вториот обид да се направи нова населба во Горно Лисиче, врз државно земјиште со површина од 22.180 квадратни метри. Наместо 14 згради од по седум ката, како што се предвидува со деталниот урбанистички план за ова подрачје, засега ќе се градат само две, бидејќи за толку парцели имало доволен број заинтересирани понудувачи, по двајца, за да учествуваат на јавното наддавање на 29 октомври. Од Министерството за транспорт и врски, кое ја води оваа постапка, информираа дека до крајот на рокот за пријавување на наддавањето за останатите 12 плаца пристигнала само по една понуда, со што условите за тоа да се одржи не биле исполнети.

Можноста секоја парцела да се продава одделно беше предвидена со повторниот оглас, откако никој не се пријави на првиот јавен повик што заврши на 2 септември оваа година, со кој се бараше инвеститор што ќе ги направи сите 14 згради одеднаш. Освен што земјиштето се подели на делови, немаше други измени во повикот, па така парцелите повторно ќе се продаваат со почетна цена од 4.200 денари. Истото важи и за роковите, односно ако наддавањето биде успешно, инвеститорите ќе треба да обезбедат градежни дозволи за шест месеци, а целосно да ги направат објектите за најмногу три години откога ќе ги потпишат договорите со министерството. Се очекуваше со продажбата на сите плацеви да се соберат вкупно еден и пол милиони евра, но со оглед на тоа што 12 дела нема да се продаваат, таа сума најверојатно ќе биде помала. Има најава дека во наредниов период ќе се распише уште еден оглас за да се продадат и останатите локации од ова државно земјиште.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1027910028&id=14&setIzdanie=21821


Posted By: Sale SK
Date Posted: 26-Jan-2010 at 02:05
Зад бен­зин­ска­та пум­па Мак­пе­трол кај Но­во Ли­си­че и спро­ти ре­сто­ра­нот „Мир­ко 919“ ќе се гра­ди но­ва стан­бе­на на­сел­ба, во ко­ја се пред­ви­ду­ва да жи­ве­ат око­лу 1.500 жи­те­ли. Фир­ми­те кои од др­жа­ва­та ги ку­пи­ле пар­це­ли­те за град­ба, најм­но­гу за две го­ди­ни тре­ба да ги из­гра­дат об­је­кти­те.
На гра­ѓа­ни­те на оп­шти­на Ае­ро­дром вче­ра им бе­ше из­ло­же­на јав­на пре­зен­та­ци­ја во вр­ска со де­тал­ни­от ур­ба­ни­стич­ки план за ло­ка­ли­те­тот Гор­но Ли­си­че ур­ба­на еди­ни­ца А.
На­црт-пла­нот пред­ви­ду­ва из­град­ба на на­сел­ба со се­меј­ни ку­ќи, стан­бе­ни згра­ди, ко­мер­ци­јал­ни и де­лов­ни еди­ни­ци, бен­зин­ска пум­па и зе­ле­ни по­вр­ши­ни. Пар­це­ли­те за град­ба се на­о­ѓа­ат зад бен­зин­ска­та пум­па Мак­пе­трол кај Но­во Ли­си­че и спро­ти ре­сто­ра­нот „Мир­ко 919“. Спо­ред де­тал­ни­от ур­ба­ни­стич­ки план, во овој дел би тре­ба­ло да има од 350 до 400 ста­но­ви, ка­де што би мо­же­ле да жи­ве­ат око­лу 1.500 жи­те­ли.
Др­жав­но­то зем­ји­ште, на кое ќе се гра­ди на­сел­ба­та (22.180 ква­драт­ни ме­три) е про­да­де­но е за 2,4 ми­ли­о­ни евра на пос­лед­но­то јав­но над­да­ва­ње што се одр­жа на 31 де­кем­ври ми­на­та­та го­ди­на. Од вкуп­на­та су­ма, 80 про­цен­ти одат во бу­џе­тот на оп­шти­на Ае­ро­дром, а 20 про­цен­ти во др­жав­на­та ка­са.
Пла­це­ви­те кои ги ну­де­ше др­жа­ва­та се со по­вр­ши­на од 1.445 до 2.060 ква­драт­ни ме­три, а ма­кси­мал­на­та ви­си­на на згра­ди­те што тре­ба да се из­гра­дат се дви­жи од 19 до 21 ме­тар.

На јав­но­то над­да­ва­ње, по три пар­це­ли ку­пи­ле фир­ми­те „На­стел” и „Ди­јас кон­стракшн”, по две „Адо­ра ин­же­не­ринг”, „Но­ва град­ба” и „Ал­фа им­порт”, а еден плац ку­пи­ла ком­па­ни­ја­та „Глиц”. Си­те тие пла­ти­ле по 10.200 де­на­ри за ква­дра­тен ме­тар. Пет пла­ца би­ле про­да­де­ни по 5.200 де­на­ри од ква­дра­тен ме­тар.

Спо­ред до­го­во­ре­но­то, фир­ми­те има­ат рок од шест ме­се­ци да обез­бе­дат гра­деж­на доз­во­ла од оп­шти­на Ае­ро­дром, а об­је­кти­те тре­ба да би­дат из­гра­де­ни најм­но­гу за две го­ди­ни. Г.М.Б.

Dneven vesnik Spic 25.01.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2010 at 15:54
ВО ЛИСИЧЕ НОВ СТАНБЕН КОМПЛЕКС


Четиринаесетте седумкатници на потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ и ресторанот „Мирко 919“ во Лисиче, за нецела година ќе почнат да се градат. Симоновски вели дека треба да помине фазата на солемнизација, по што ќе почне да се одвива рокот од шест месеци за добивање на одобрението за градба.

- Парцелите се веќе продадени и треба само да се почека префрлањето на земјиштето на име на инвеститорите за да може тие да почнат да градат – вели Симоновски.

На оваа локација, која истовремено ќе биде и нова населба, треба да се изградат 14 згради, од по седум ката на површина од 22.180 квадратни метри. Предвидено е објектите да имаат околу 400 стана.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=312101044378&id=14&prilog=0&setIzdanie=21932


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Mar-2010 at 18:41
не ми е јасно, на едно место викаат стокатници, на друго седумкатници Nuts



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 12-Mar-2010 at 19:12

црвено стокатнициBig%20smile

сино седумкатнициSmile



Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Mar-2010 at 11:46
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1975&ArticleID=136903# - ПОЛОВИНА ГОДИНА ОТКАКО Е ПРОДАДЕНО ЗЕМЈИШТЕТО ВО ЛИСИЧЕ
Новата населба чека дозвола за градба

Елена Мачевска

Изградбата на четиринаесетте згради во населбата Лисиче се уште тапка во место затоа што фирмите што го откупија земјиштето од Министерството за транспорт и за врски немаат извадено дозволи за градба. Од надлежното министерство, велат дека земјиштето со површина од вкупно 22.180 квадратни метри на кое ќе се гради е отуѓено по пат на јавно наддавање од страна на заинтересираните фирми.
- Во моментов, договорите за отуѓување на градежното земјиште се во фаза на утврдување на сопственоста, по што ќе почне да тече рокот од шест месеци за добивање одобрение за изградба на објектите - вели Драган Симоновски, портпаролот на Министерството за транспорт и за врски. Новата населба ќе никне од двете страни на бензинската пумпа „Макпетрол“ во населбата Лисиче и наспроти ресторанот „Мирко 919“. Според првичните процени направени од Министерството за транспорт и за врски, во зградите ќе има околу 400 стана, во кои би требало да се вселат повеќе од 1.500 жители. На последното наддавање беа продадени 13 плацови од вкупно 14. Плацовите што ги нудеше државата се со површина од 1.445 до 2.060 квадратни метри, а максималната висина на зградите ќе изнесува од 19 до 21 метар. По три плаца за градење купија фирмите „Настел“ и „Дијас констракшн“, по два „Адора инженеринг“, „Нова градба“ и „Алфа инпорт“, а компанијата „Глиц“ еден плац. Највисоки цени биле постигнати за земјиштата што ги купиле фирмите „Адора“ и „Глиц“, кои платиле по 10. 200 денари за еден квадратен метар. Пет плаца на лицитацијата биле продадени по цена од 5.200 денари за еден квадратен метар, а за другите градежни површини заинтересираните фирми понудиле цена од 6.200 денари, потоа од 8.300 денари и од 8.700 денари за еден квадратен метар. Еден од вкупно 14 понудени плацеви за градба беше купен на претпоследното јавно наддавање од страна на фирмата „Настел“, која за парцелата голема 1.510 квадратни метри, плати 5.200 денари за еден квадратен метар. Оваа населба, која ќе биде сосема нова, треба да биде целосно завршена за најмногу три години од денот кога ќе бидат потпишани договорите меѓу фирмите што победиле на тендерот и надлежното министерство. Обидите да се отуѓи ова земјиште од страна на Министерството за транспорт и за врски почнаа некаде од средината на минатата година, кога за целата површина се бараше еден инвеститор, кој би ги градел сите 14 станбени објекти. Тогашната почетна цена беше 4.200 денари за еден квадратен метар или околу еден и пол милиони евра за сите 22.180 квадратни метри. На ова прво наддавање никој не се пријави и тоа пропадна. Потоа Министерството донесе одлука земјиштето да го подели на парцели за полесно да го продаде.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1975&ArticleID=136903


Posted By: axel
Date Posted: 04-Aug-2010 at 04:46

АЕРОДРОМ ПОДГОТВУВА ИЗГРАДБА НА 14 СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ

Згради место лубеници во Лисиче

Изградбата на зградите е предвидена со деталниот урбанистички план за населбата, но од Општината засега не откриваат детали околу висината и изгледот на новите градби

Ќе се градат 14 згради во населба Лисиче. Новите станбени објекти во населбата во која сега има само куќи, ќе се градат во нивата близу автобуската постојка за последна 5-ка и 15-ка.
Таа сега е засадена со лубеници, а еден дел е обраснат и со грмушки и дива трева.
Изградбата на зградите е предвидена со деталниот урбанистички план за оваа населба, кој Советот на Општна Аеродром го донесе неодамна.
Што точно општинските урбанисти предвиделе во овој дел, од Аеродром засега не кажувааат.
Од таму само потврдија дека локацијата ќе се урбанизира со згради, без да откријат какви било други детали околу висината и изгледот на новите градби.
"Во моментов се изготвува решение за локациски услови, па кога ќе заврши целата постапка ќе има и повеќе детали за изградба на зградите", велат од Аеродром.
На изградбата на зградите реагира тамошното население. Според нив, Општината ќе уништи уште едно зеленило за да гради згради.
Лисичани негодуваат оти на само неколку метри од нивата е новоизградената населба Расадник која врие од згради, па новите 14 објкети, велат тие, воопшто не им се потребни на граѓаните на оваа локација.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=66DACC4CA437D7498B8C8529EF7E4F22


Posted By: alexgizh
Date Posted: 04-Aug-2010 at 11:31
Originally posted by axel

АЕРОДРОМ ПОДГОТВУВА ИЗГРАДБА НА 14 СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ

Згради место лубеници во Лисиче

Изградбата на зградите е предвидена со деталниот урбанистички план за населбата, но од Општината засега не откриваат детали околу висината и изгледот на новите градби

Ќе се градат 14 згради во населба Лисиче. Новите станбени објекти во населбата во која сега има само куќи, ќе се градат во нивата близу автобуската постојка за последна 5-ка и 15-ка.
Таа сега е засадена со лубеници, а еден дел е обраснат и со грмушки и дива трева.
Изградбата на зградите е предвидена со деталниот урбанистички план за оваа населба, кој Советот на Општна Аеродром го донесе неодамна.
Што точно општинските урбанисти предвиделе во овој дел, од Аеродром засега не кажувааат.
Од таму само потврдија дека локацијата ќе се урбанизира со згради, без да откријат какви било други детали околу висината и изгледот на новите градби.
"Во моментов се изготвува решение за локациски услови, па кога ќе заврши целата постапка ќе има и повеќе детали за изградба на зградите", велат од Аеродром.
На изградбата на зградите реагира тамошното население. Според нив, Општината ќе уништи уште едно зеленило за да гради згради.
Лисичани негодуваат оти на само неколку метри од нивата е новоизградената населба Расадник која врие од згради, па новите 14 објкети, велат тие, воопшто не им се потребни на граѓаните на оваа локација.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=66DACC4CA437D7498B8C8529EF7E4F22


LOLBananaRollinBashWallbashSuicide


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2010 at 17:54
Поставен камен-темелник за изградба на 14 станбени објекти во општина Аеродром - 21.11.2010
http://mtc.gov.mk/new%5Fsite/images/storija_pic/2936/1.jpg">

 

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалниците на Град Скопје и општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Конески денеска присуствуваа на поставување камен-темелник за изградба на 14 нови станбени објекти во скопската населба Ново Лисиче.

Зградите со вкупно 750 станови ќе ги градат домашни компании кои учествуваа на јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште. Се очекува тие да бидат готови за околу две години. Вкупната инвестиција се проценува на околу 25 милиони евра. 

Министерот Јанакиески смета дека ова ќе претставува дополнителен импулс во градежништвото и очекува со изградбата на овие објекти да се намали цената на станбен метар квадратен.

- Ова претставува уште еден дополнителен стимул за развој на градежништвото во Република Македонија. Очекувам до крајот на оваа година да следи истиот тренд во градежништвото и во 2011 година тоа да биде двигател на економскиот раст во нашата земја, рече Јанакиески.

Градоначалникот Конески, во чија општина се бидат изградени објектите, за идната година најави повеќе од 200 милиони евра инвестиции во градежништвото во општината.

- Ова е прв бран инвестиции во општина Аеродром. На почетокот на идната година очекуваме повеќе од 200 милиони евра инвестиции во градежништвото со што ќе бидеме една од општините со најмногу инвестици во овој сектор, рече Конески.

Извор: (МИА)


http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2936


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 21-Nov-2010 at 19:25
На Сител има и видео. Ако може некој да го постави...

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/novi-14-zgradi-so-750-stanovi-vo-novo-lisiche - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/novi-14-zgradi-so-750-stanovi-vo-novo-lisiche


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Nov-2010 at 16:19
Еве уште некои материјали во врска со овие 14 згради

1


2


3


4


5


6


7




Posted By: Djole88
Date Posted: 23-Nov-2010 at 15:02
Фала богу едно од најгрдите маала(села) ќе го снема од видикот, а и самите ниви покрај булевар ќе ги снема. Срамота беше на 3-4 км од град ниви да има. Плус мора градов да се шири поради сеуште огромниот наплив на луѓе од внатрешноста


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 23-Nov-2010 at 17:59
dobro ni kalku kreativnost da se nemalo vo resenijata


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 23-Nov-2010 at 18:08
plus to zalepija objekti do soobrakjajnicata ...5 metri dali ima .   najdobrite naselbi ubranisticko sredeni  , a sega Dilajla virusot pak napagja  WallbashGunzMad


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 23-Nov-2010 at 18:12
15 metri barem k.........  ,  kako so e niz cela naselba !! pristojno da e


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Nov-2010 at 19:15
GIJoe за каде тоа нападнал вирусол Дилајла. Ај погледни го планот поубаво, добро си е испланирана населбата, како и секоја друга стамбена новопроектирана населба во Скопје.

Да не пишуваш три поста еден по друг како ќе ти текнуваат речениците, има Post Options во горниот десен агол на постот и после тоа има опција Edit Post.



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 23-Nov-2010 at 19:32
Originally posted by lslcrew

GIJoe за каде тоа нападнал вирусол Дилајла. Ај погледни го планот поубаво, добро си е испланирана населбата, како и секоја друга стамбена новопроектирана населба во Скопје.Да не пишуваш три поста еден по друг како ќе ти текнуваат речениците, има Post Options во горниот десен агол на постот и после тоа има опција Edit Post.


Ова пак особено се однесува на Фосил!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 23-Nov-2010 at 19:49
Хехехех... во право си.... само што кај мене се најчесто цели пасоси... ама ги средувам кога ќе видам што сум направил... што да правам, едноставно не можам да задржам мисла подолго од 10 секунди....не памтам... заборавам што сакам да кажам...


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 24-Nov-2010 at 02:41
Originally posted by lslcrew

GIJoe за каде тоа нападнал вирусол Дилајла. Ај погледни го планот поубаво, добро си е испланирана населбата, како и секоја друга стамбена новопроектирана населба во Скопје.


gi gledam tie pravoagolnicite dolu zacrtani so se 5 metri oddaleceni od bulevarot Big%20smile

Originally posted by lslcrew

Да не пишуваш три поста еден по друг како ќе ти текнуваат речениците, има Post Options во горниот десен агол на постот и после тоа има опција Edit Post.


fala,  sega nauciv za opcijata . ke se zaigram vaka LOL


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 24-Nov-2010 at 03:08
Ако убаво гледам, паркирањето пак го имаат решено (нерешено) како во стариот дел на ново лисиче и општо во аеродром, а тоа е улица-паркинг. Не знам дали зградите ќе си имаат свој подземен паркинг, но ако немаат, кога тогаш ќе се дојде до тоа дереџе да кружиш низ улициве за да се паркираш и да се убутуваш меѓу коли зошто ќе има паркирано и од страните и на средина од улицата, а да не спомувам дека пак ќе се изгубат тротоарите.Али да не грешам душа, ако има некој некакви конкретни информации радо нека ме побие, ќе ми биде драгоSmile И да не ме сфати некој погрешно немам ништо против проектов, напротив го подржувам и  сметам дека се трга една грда слика за "селската идила",што сега паѓа во очи, со цела почит за населба лисиче, да не се навреди некој.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2010 at 03:23
Има и една друга работа што мислам дека кога зборуваме за паркинг решенија треба да ја земем во предвид. Аеродром и Ново Лисече се проектирани по стандарди во кои се бара 1.2 паркинг места по стан. Ова маало е проектирано со нови стандарди кај што се бара 1,8 места по стан, Така да тоа значи дека на стари две маркинг места доаѓаат три нови паркинг места или педесет проценти повеќе. Принципот паркинг-улица мене лично ми се допаѓа и е многу флексибилен и лесно достапен за возачите, а и безбеден е зашто никогаш на нив никој не се осудува да вози брзо. А и посебно за маала без подземни гаража, па и со подземни на некои згради е добар модел за пристап до сите згради и паркирање за сите.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 24-Nov-2010 at 03:53
Зборам од оваа гледна точка, зошто во аеродром е гунгула за паркирање и сега се иде на катни гаражи зошто си имаат проблем луѓето и баш заради тоа најдобро е да се црпат искуства од таму. Не викам дека изгледа лошо и дека не е одвоен поголем простор за паркинг места, само зборам да не дојде до истиот проблем, не зборам за 5 години туку на подолг период, али ништо страшно што не може да се реши покасно...Само убаво би било на време да подразмислат малце и од таа гледна точка

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2010 at 20:04
Мене најмногу ми боде очи што продолжуваат да се применуваат несфатливо кратки сегменти за приклучок кон булеварите. Во општина Аеродром има веќе има еден куп такви и очекувано многу лошо функционираат. Погледнете само како е кај Три Бисери:
41°59'21.38"N  21°27'33.56"E
Кога ќе се одземе просторот за пешачкиот премин, таму нема место да се построи ниту едно цело возило. Па се прават колони во двата правци на паркингот и настанува хаос на семафорот, а и уличката на паркингот се зачепува. Вакви точки има цел куп низ Аеродром, некои пократки сегменти, некои подолги, некои семафоризирани, некои не, некои пооптеретени некои помалку... но генерално лошо функционираат, а и таму каде што сеуште нема проблеми, сигурно ќе има во иднина бидејќи допрва треба да се дооформат булеварски профили и да се поставуваат семафори (како на булевар Авној).

И за жал гледам продолжуваат да планираат вакви приклучоци... И кај реонски центар е така и кај аква паркот и кај комплексот на ФФМ е така предвидено. А еве и во Лисиче иста приказна...

Ouch




Posted By: FoSsiL
Date Posted: 27-Jan-2011 at 04:38
Ја отварам нишкава поради големиот напредок во изградбата на зградите. Се надевам дека модераторите подобро ќе ја средат и ќе префрлат материјали од други нишки, но и од самиот портал build.mk.

Па еве што забележав вчера накај 10 и пол.





















Ако може некој да оди да слика со подобра камера. И во сончево време. И да не биде преку матните стакла на автобуските прозорци.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Jan-2011 at 11:12
Овдека не збориме за реонски центар туку за оној сегмент позади последна 5ка?


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 27-Jan-2011 at 12:46
Да. Кај што имаше ниви со лубеници (бостан). Сакам да кажам на Февруарски поход е.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: zarko
Date Posted: 28-Jan-2011 at 14:15
Еве тазе фотки







Posted By: FoSsiL
Date Posted: 28-Jan-2011 at 14:25
Браво Жарко.

Ааааааааа, што ви зборев. Овие не се нормални. "Летаат".


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jan-2011 at 14:55
Wow... јас оведека немам поминато неколку месеци... Тогаш беше ливада... Запрепастен сум Eeek


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jan-2011 at 16:44
Па после овие поголемите населби низ Скопје ова е пр проект ваков Слично се осетив кога атцлвск постираше слика од аеродром со терминалот. Така и тука ме зачуди ова.


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Jan-2011 at 19:08
во ред е изградбата, но не знам зошто се запнаа за нови простори, кога сеуште се немаат пополнето старите, што правиме со Реонски центар, Расадник и други ниви и села низ град каде требаше да никнуваат станбени згради?
и кога веќе се градат нови и нови објекти за домување, треба истите да се поддржат со инфраструктура! на овој комплекс мислам дека како мелем би му дошло поврзувањето на бул. Авној со Гоце Делчев, во спротивно Јане Сандански и Бул. Србија ќе колабрираат, исто така, се надевам дека помислиле на квалитетен паркинг, да не се бламираме после со зонски паркирања и монтажни паркинзи!
и последно нешто, камо со ова темпо да се градеа некои други оибекти во државава Roll%20eyes


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 24-Feb-2011 at 15:50









-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Djole88
Date Posted: 26-Feb-2011 at 13:34
На ова место брзината на градење е невидена. Цела зима работат турбо, па сега уште кога ќе затопли ќе биде уште подобро. Мене само ме загрижува дали инфраструктурата ќе издржи толку многу згради на простор кој до пред некој месец беше ниви и мочуришта? Струја, Вода, Парно, на таква инфраструктура мислам, за улици лесна работа


Posted By: zarko
Date Posted: 26-Feb-2011 at 15:00
Еве некои слики од денес 26.02.2011









Posted By: axel
Date Posted: 26-Feb-2011 at 15:08
braavo zarko Cheers


Posted By: axel
Date Posted: 26-Feb-2011 at 15:12
i nesto so mi se dopagja kako so gledam od renderot nema potpokriv Applause


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 26-Feb-2011 at 15:32


Posted By: fichot
Date Posted: 27-Feb-2011 at 01:56
Не ви се чинат објектите како премногу близу еден до друг? Мислам на толкави ливади можеле тро да ги подраздвојат а?

-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 27-Feb-2011 at 10:35
Јас сум навистина запрепастен. За само еден месец колку до изградиле. Па овие ќе направат цела населба за неколку месеци.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 27-Feb-2011 at 10:54
Ај што се блиску, туку и целиот простор помеѓу објектите е асфалтна плоча. Нема зеленило, површини за престој на отворено, детски игралишта.

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: N23
Date Posted: 27-Feb-2011 at 20:23
Боље да се еден до друг, без зеленило и сл, затоа што се гадам од пола скопје каде што има т.н. зелени површини, затоа што културните скопјани обожаваат да проаѓаат преку трева и да ги паркираат колите на тие зелени површини, па после тоа наместо трева иаме простори со кал. И така у близина имаат премногу зеленило и место за шетање, иако мислам дека и тука ќе им направат некое паркче.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Mar-2011 at 16:25
zarko неодамна постираше свежи фотки од овде, од тогаш нема некоја голема разлика, но сепак локацијава ми беше успат денеска, па еве спукав и јас неколку

1


2


3


4


5


6



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 21-Mar-2011 at 16:36
Почнати се со поставување цигли. Поминав од таму пред некој ден, сликав, не се некои којзнае какви слики, а и немам нет да ги пуштам.

Во секој случај, ова е сериозна изградба. Иако брзото темпо го поставува прашањето на цврстина и сигурност на објектите. Но мислам дека го земале тоа во предвид и дека нема да има проблеми.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Mar-2011 at 17:10
Originally posted by FoSsiL

Иако брзото темпо го поставува прашањето на цврстина и сигурност на објектите.
Ајде сега  Roll%20eyes
Колку да се потроши муабетот...


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 21-Mar-2011 at 17:16
Па не, навистина го мислев ова. Јас не сум експерт. Ама вака и по дома што ме збореле. И кога се збореше за Северна трибина на Градски. Не велам дека тоа е така и дека ќе има проблеми. Но сепак го поставив прашањето, како податок кој треба да се има во предвид во секој случај. Не наведувам на ништо. Само го поставувам како можност да се направи мала расправа околу ова. Мислам дека е доста интересна и легитимна, сериозна работа.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Ljubopitko
Date Posted: 24-Mar-2011 at 23:39
Прекрасно е ова што се гради. Само ме интересира дали некој мисли кај ке учат децата од тие 14 згради ? Пошто во школото " Лазо ангелевски " нема место ни за децата од Ново лисиче, а да не ги спомнувам и тие од РЦ Аеродром каде исто нема школо а има доста млада популација


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2011 at 23:47


Овде всушност се предвидени 30-тина станбени згради. Според урбанистичките планови, и за оваа населба и кај РЦ Аеродром се зацртани по едно основно училиште, по едно средно училиште и по една градинка. Дали и кога ќе се градат, којзнае...


Posted By: Ljubopitko
Date Posted: 24-Mar-2011 at 23:52
Originally posted by Cloverstack



Овде всушност се предвидени 30-тина станбени згради. Според урбанистичките планови, и за оваа населба и кај РЦ Аеродром се зацртани по едно основно училиште, по едно средно училиште и по една градинка. Дали и кога ќе се градат, којзнае...

Зградиве за година - две ке бидат населени, само се плашам дека додека се направат школите -моето дете ке брка пензија.


Posted By: nouseforname
Date Posted: 25-Mar-2011 at 01:45
da se soglasuvam deka vo aerodrom moralno e da se napravi nekoe podobro sredno zosto sega mora da se odi duri do karpus centar...za sto se trosi mn vreme na patuvanje


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Mar-2011 at 01:09
доколку се гради нова населба таму, претпочитам да се следи примерот на Јане Сандански и Ново лисиче, вака ќе добиеме само уште еден реонски центар без никаков редослед и мочуришта измеѓу
инаку убаво е што се прошируваат просторите на градот и се урбанизираат рурални подрачја, но како што беше дискутирано и порано, сега за сега не гледам реална потреба од нови населби
а тоа дека треба да се гради средно училиште во Аеродром специјално за неговите жители, не се согласувам, како прво, Аеродром е најдобро поврзан со сите средни училишта, и како второ, не е тоа основно училиште или градинка, па да се прави веднаш до врата на граѓаните


Posted By: dule
Date Posted: 27-Mar-2011 at 16:00
Напредок во изградбата на станбениот комплекс во Ново Лисиче





Posted By: dule
Date Posted: 28-Mar-2011 at 13:44
Уште малце слики од новата станбена населба во Ново Лисиче
















Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Mar-2011 at 14:38
Супер фотки Дуле, сериозен напредок во изградбата Thumbs%20Up


Posted By: dule
Date Posted: 21-Apr-2011 at 17:54
На некои од зградите се местат прозорците,уште две парцели се подготвуваат за изградба на згради и скоро сите згради се изsидани со цигли.Сериозен напредок можеме да констатираме.

1.

2.

3.

4.ѓ

5.

6.


Posted By: stratus
Date Posted: 21-Apr-2011 at 18:59
Можеби сепак требаше да има поголем простор мечѓу зградите, па макар и да беа повисоки.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 21-Apr-2011 at 19:27
Drool Кај стигнале овие со градбава... Имаше во Вести нишката како информација дека до Октомври ќе бидат спремни за вселување.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: dule
Date Posted: 21-Apr-2011 at 19:35
Па би требало тие што се карабина со цигла да бидат готови до Октомври,а има најави дека ќе се градат уште неколку станбени згради во овој реон а и убаво е тоа што сите згради се на иста висина.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 21-Apr-2011 at 20:21
И што немаат поткровје. 

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: OBX
Date Posted: 05-May-2011 at 03:58
Би било убаво кога би постоел некој закон или некоја регулатива со којашто би се забранило билокакво менување на надворешниот изглед на овие и воопшто на сите нови згради во Скопје, кога зборувам за надворешен изглед мислам на заградување тераси, пробивање нови и затворање стари прозори итн, сето ова за да се задржи првичниот изглед на зградите кој е и најубав!


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-May-2011 at 09:09
Originally posted by OBX

Би било убаво кога би постоел некој закон или некоја регулатива со којашто би се забранило билокакво менување на надворешниот изглед на овие и воопшто на сите нови згради во Скопје, кога зборувам за надворешен изглед мислам на заградување тераси, пробивање нови и затворање стари прозори итн, сето ова за да се задржи првичниот изглед на зградите кој е и најубав!


Потполно се сложувам. Или во најлош случај доколку се прават измени тие мора да бидат добро издржани, експертски поткрепени и општо прифатени. Секако не зборувам за измени од типот населба Пролет со доградба на тераси по вертикала.


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 05-May-2011 at 10:58
Не положувам многу надеж во овој станбен блок, освен ако не го извадат со хортикултиура, јавни содржини, парковски пред се, и издржана фасада. Ново Лисиче и Аеродром имаат убави примери на блоковско решавање на станбен простор, ова ми изгледа ептен социјално, башка веднаш до бензиска, па не сме толку загрозени со простор, луѓе треба да живета таму.

-------------
.....   .......


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 11:20
Originally posted by OBX

Би било убаво кога би постоел некој закон или некоја регулатива со којашто би се забранило билокакво менување на надворешниот изглед на овие и воопшто на сите нови згради во Скопје, кога зборувам за надворешен изглед мислам на заградување тераси, пробивање нови и затворање стари прозори итн, сето ова за да се задржи првичниот изглед на зградите кој е и најубав!


Менување на изглед не треба да се забранува. Тоа е некогаш во добра насока.

Нема потреба ни да се забранува доградување, бидејќи маркиците си кажуваат колку може да се гради. Лошото е што тие маркици се менуваат по желба на инвеститорите. Општините треба повеќе да се грижат за општото добро на граѓаните, а не само да соберат приход од комуналии.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 05-May-2011 at 11:43
Не не не... Има разлика помеѓу згради изградени во 60-70-80тите, и сега. И има разлика помеѓу да не ги речам бараки и зградите кои се градат во Лисиче.

Значи неможе на зграда која е добро осмислена, која има прецизни градежни линии да се доградува или да се надградува. И нема можност и простор, а нема ни потреба.




-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 11:56
Toa што некој денес мисли дека е супер решение, не значи дека ќе важи и за 10 години. Затоа таков закон кој забранува менување на изглед е погрешен и не постои никаде во свет (освен за згради кои се културно и историско наследство).

Менување на површината, како што спомнав, е регулирано со условите за градба. Што значи за тоа си постои закон.


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-May-2011 at 12:53
Originally posted by krale

Toa што некој денес мисли дека е супер решение, не значи дека ќе важи и за 10 години. Затоа таков закон кој забранува менување на изглед е погрешен и не постои никаде во свет (освен за згради кои се културно и историско наследство).


Напротив таков закон во многу многу построга форама постои во сите развиени општества. Во моментов немам време да истражам какви точно има регулативи каде, но од лично искуство во Америка, прописите се толку строги и конзервативни што точно ти е пропишано и во која боја треба да ти биде кровот или прозорците во одредена зона.


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 12:59
Точно дека такво правило постои, дури и во Британија и некои други земји, за планско уредени соседства.


Но, една работа е да се уреди каков треба да биде објектот (отприлика), а друго е да се забрани менување на изгледот. ВО речиси сите пост-комунистички земји се случува масовно менување на изгледот - и тоа не безврска како кај нас, туку плански и систематски. Тоа и мора да се случи, ако сакаме странците да престанат да коментираат колку грд град е Скопје. А најмногу е нагрден баш во тоа време.


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-May-2011 at 13:12
Originally posted by krale

Точно дека такво правило постои, дури и во Британија и некои други земји, за планско уредени соседства.

Но, една работа е да се уреди каков треба да биде објектот (отприлика), а друго е да се забрани менување на изгледот. ВО речиси сите пост-комунистички земји се случува масовно менување на изгледот - и тоа не безврска како кај нас, туку плански и систематски.


Епа незнам каде е тогаш недоразбирањето, и јас го реков тоа погоре неколку поста.


Тоа и мора да се случи, ако сакаме странците да престанат да коментираат колку грд град е Скопје. А најмногу е нагрден баш во тоа време.


Скопје е „грдо“ исклучиво бидејќи е неодржано, преполно со доградби, надградби и транзициски чирови. Доколку има асално одржување не би имало никакви коментари за изгледот (освен за центарот кој е недоделкан) бидејќи ама баш по ништо скопските објекти (збориме пред се за станбените во нишкава) не се разликуваат од она што може да се најде во Минхен, Мадрид или било каде во Европа.


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 13:41
E со последново не се сложувам. Погледни една нишка имаше на скајскрејпер, за коми блоковите во Скопје, и ќе видиш дека 80% од грдотијата на градов се токму тие блокови кои ако не им се промени систематски фасадата (па дури можеби ни тогаш) не ќе може да се разубави градот.


Posted By: OBX
Date Posted: 05-May-2011 at 14:08
Вакво правило постои скоро секаде во западниот свет и тоа важи дури и за пружање алишта на тераса. А кога сме веќе кај источна европа од она што јас го имам видено по интернетов можам да забележам дека скоро и да нема драстични промени на надворешниот изглед на таканаречените коми блокови, туку само си имаат добиено нови фасади и сето тоа изгледа далеку по пристојно...


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 14:49
Originally posted by OBX

Вакво правило постои скоро секаде во западниот свет и тоа важи дури и за пружање алишта на тераса. А кога сме веќе кај источна европа од она што јас го имам видено по интернетов можам да забележам дека скоро и да нема драстични промени на надворешниот изглед на таканаречените коми блокови, туку само си имаат добиено нови фасади и сето тоа изгледа далеку по пристојно...


Најдобро реновирање на коми-зграда што сум видел досега, изведе Олимпус во Прага на еден тотално никаков објект. Со стаклената конструкција му дадоа СКРОС друг лик и излезе одлично.

Еве фотка, не е баш прикажано се, ама се гледа мислам дека доволно.

\\

Еве и некои други примери од Будимпешта и Букурешт.

Пред и потоа.















Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-May-2011 at 14:50
Кај беше едно школо во Македонија, мислам дека беше во Штип неможам сликата да ја најдам. Како со две кофи боја од коми-чир се трансформира во фрапантно различен и убав објект.


Posted By: Djole88
Date Posted: 05-May-2011 at 14:50
Originally posted by Gradinarot

Не положувам многу надеж во овој станбен блок, освен ако не го извадат со хортикултиура, јавни содржини, парковски пред се, и издржана фасада. Ново Лисиче и Аеродром имаат убави примери на блоковско решавање на станбен простор, ова ми изгледа ептен социјално, башка веднаш до бензиска, па не сме толку загрозени со простор, луѓе треба да живета таму.


Де голема работа бензиска имало. Ако гледаш така јас живеам во Козле во зградите спроти бензиската. Па фала богу ништо не смета Баш врши работа, работи 24/7 365дена во годината

А за се останато, токму така. Ептен е ниви наоколу, ќе треба доста средување и доградување други објекти и слично за местово да заличи на населба. Сега за сега изгледа како насадени згради на сред село со ниви


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 14:57
Originally posted by lslcrew

Кај беше едно школо во Македонија, мислам дека беше во Штип неможам сликата да ја најдам. Како со две кофи боја од коми-чир се трансформира во фрапантно различен и убав објект.


Да се сеќавам на темата. И скали мислам дека изградија на влезот, иако мислам дека зградичето датира од пред коми периодот, ама не сеќавам точно.


Posted By: dule
Date Posted: 05-May-2011 at 16:06
Originally posted by Gradinarot

Не положувам многу надеж во овој станбен блок, освен ако не го извадат со хортикултиура, јавни содржини, парковски пред се, и издржана фасада. Ново Лисиче и Аеродром имаат убави примери на блоковско решавање на станбен простор, ова ми изгледа ептен социјално, башка веднаш до бензиска, па не сме толку загрозени со простор, луѓе треба да живета таму.


Локацијата на зградите е предобра  затоа и брзо се изградија (а не како чудовиштето Космос).Бидејки во околина има основно училиште ,универзитет,трговски центар и е поврзана со булевари.Од споротива од Ново Лисиче ги има најубавите паркови во градот.Од општината и градежните претпријатија има најави дека наскоро ќе се отпочнат со градба уште згради бидејки инвеститорите гледаме дека се задоволни и со продажбата.Исто така се наоѓа на одлично ,мирно,тивко и убаво место кое со задоволство можеме да го наречеме елитен нов комлекс во градот и во населбата Ново Лисиче.


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 17:54
Мислам дека не се изградија брзо заради локацијата, туку заради тоа што луѓето им веруваат, наспроти инвеститорите на Космос, кои се докажани измамници.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-May-2011 at 17:58
Како се докажало тоа? Не сум баш во тек со овие урбани мафии, имало нешто пресуда против ФИНЕ или некој од овие?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 18:09
Не. Не во правна смисла.

Мислев на докажани измамници кога станува збор за рокови итн., што е видливо и со зградата и управувањето на ФОН.

Дополнителен терет се и односите на Цаноски со Велија. Со други зборови, сето ова претставува голема причина некој да не купи овде стан - а со тоа и инвеститорите немаат доволно средства да градат и се се врти во круг.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 05-May-2011 at 18:38
Крале ама јас колку шо можам да видам овие згради сега што се градат ниту се коми, ниту се грди.

Зградите можеби не се којзнае што, но за таква населба се сосема пристојни и мислам дека барем за нив во иднина не би била потребна промена на фасада. Зашто предходно зборувавме за тераси и доградби, има голема разлика помеѓу овие две нешта.

Бидејќи друго е некој да си изгради поткровје или пак една вертикала тераси, а друго е промена на цела фасада.

А за тоа што зборевме дека може да им се зголеми површината мислам дека не може. Најмногу поради тоа што нема простор една од друга зграда, и бидејќи има прописи кои и тука треба да се почитуваат, не можеш на тој другиот во соседната зграда да му влезеш во спална или во дневна.

Но секако ако зборуваме за организирана, планирана и сестематска промена на фасади секако дека сум за. Но мислам дека за оваа нова населба тоа нема да биде потреба, освен кога со тек на време фасадите ќе се оштетат, па да им треба освежување. Може и целосно да се смени, бно и вака да бидат како што биле ќе бидат пријатни.

Е секако сум ‘‘за‘‘ за полека заедно и организирано со општините или пак со инвеститори зависно од ситуацијата да се почне со промена на фасади на многу згради во многу општини, или пак ако ништо друго барем освежувања. Добар пример е Карпош, но сепак тоа е незначително во однос на тоа колку згради се останати.

Но, од друга страна пак има баш коми згради кои изгледаат супер, баш пријатни и јас не би им ја сменил фасадата... На пример Зелените во Аеродром, или пак 4те Кули во Скопјанка, иако таму и може нешто да се промени.

За Центар, поготово строгиот, како што е Градски Ѕид и Кулите на Градски Ѕид. Тука секако дека сум за промена на фасади, и тоа што е можно побрзо. Иако би рекол дека и тие фасади имаат нешто свое убаво, но сепак поради сивилото од бетон што го создаваат неопходна е промена на фасада. Тука исто така би ја вметнал и зградата пред Т- Мобиле, близу Тифани, потоа Тифани иако таа заслужува и рушење. Потоа можна е, но сепак претпазлива реконструкција и делумна промена на фасада на Телекомот и Поштата бидејќи тие сепак имаат своја автентичност, препознатливост, и архитектонска и културна вредност, па затоа со многу голема претпазливост со се што би се правело на нив или со нив.

Мислам дека е потрбна и промена на фасада и реконструкција и на Палома Бјанка. Го мрзам тој алуминиум, ако и тоа.

Има Скопје многу за промена, и мислам дека полека, полека тоа треба да ни стане тренд и потреба.

И така.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: fichot
Date Posted: 05-May-2011 at 18:44

ЛОЛ. Изгледа дека еден од станарите (првата зграда под таа на Олимпус) се противел на реконструкцијата. 

Патем, поголем дел од реконструкцииве се направени од фирми сместени во истите. Станариве кај нас на крај памет не им паѓа молерисување на фасадите, камоли реконструкција. 




-------------


Posted By: dule
Date Posted: 05-May-2011 at 22:02
Originally posted by krale

Мислам дека не се изградија брзо заради локацијата, туку заради тоа што луѓето им веруваат, наспроти инвеститорите на Космос, кои се докажани измамници.


Утре ќе напраам фотки.Огромен напредок во градбата и пример за сите.


Posted By: dule
Date Posted: 05-May-2011 at 22:05
Originally posted by гитардемон

Како се докажало тоа? Не сум баш во тек со овие урбани мафии, имало нешто пресуда против ФИНЕ или некој од овие?


Пример се зградите во Лисиче и уште еднаш огромна пофалба за инвеститорите.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-May-2011 at 22:12
Innocent until proven guilty е нешто несфатливо за вас изгледа. Готово, и го ставивте човекот в апсаана. Баш така, темата е за КОСМОС, не за тоа што те пратил коалиционерот на Sинго (невиниот) да пишуваш. Да?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: krale
Date Posted: 05-May-2011 at 22:34
Originally posted by гитардемон

Innocent until proven guilty е нешто несфатливо за вас изгледа. Готово, и го ставивте човекот в апсаана. Баш така, темата е за КОСМОС, не за тоа што те пратил коалиционерот на Sинго (невиниот) да пишуваш. Да?


Не се пали одма, само реков дека луѓето се сомневаат, бидејќи и досега имаат доста сомнителни бизнис зделки. Тоа не е предмет на innocent until proven guilty, тоа е факт - луѓето не купуваат станови во Космос од страв од инвеститорите.


Posted By: dule
Date Posted: 05-May-2011 at 22:39
Originally posted by гитардемон

Innocent until proven guilty е нешто несфатливо за вас изгледа. Готово, и го ставивте човекот в апсаана. Баш така, темата е за КОСМОС, не за тоа што те пратил коалиционерот на Sинго (невиниот) да пишуваш. Да?

.



Print Page | Close Window