Print Page | Close Window

Од регионот - Софија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Јавен превоз
Forum Discription: Автобуски, трамвај, ЛРТ, метро, тролејбус...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1191
Printed Date: 29-Mar-2024 at 10:41


Topic: Од регионот - Софија
Posted By: Andrej_LJ
Subject: Од регионот - Софија
Date Posted: 12-Feb-2011 at 13:26
Првиот пост го оставам празен, за да го надополнам со општи информации подоцна, кога ќе ги соберам и ќе ги презентирам по интересен за Вас начин. Засега темата ќе почне на ново, додека се види дали ќе може да се извлечат дел од дискусиите поврзани со Метрополитен Софија, кои сега се во Јавен превоз во Регионот.
 



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте



Replies:
Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 13:41

Започнуваме со малку информација за метростаницата Обелја (Метростанция „Обеля“), која се наоѓа во југо-западниот дел на Софија и каде завршува МД 1, а треба да почнува МД 2. Се работи за надземна станица во периферниот дел на градот, каде има паркинзи и каде завршуваат голем број на приградските автобуски линии. Станицата е пуштена во дејствие во 2003 година. Еве како изгледаше станицата пред да се започне со изградбата на Втората линија:

 
 
 
 
МД 2 започнува  исто така надземно, се до станицата Бели Дунав, која ќе биде подземна. Помеѓу овие две станици се наоѓа уште една надземна станица-Ломско Шосе. Слики од изградбата на ескадата, јануари 2011 година, превземени од Chillio:
 
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 13:59
Продолжуваме кон станицата Ломско Шосе. Слики од форумот ГТСофија, Difian:
 


 


 


 

Довозување на потребните метални конструкции:

 


 

Изградба на мост над канал:

 


 


 

Поглед кон Обелја:

 


 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 14:44
Продолжуваме кон МС Ломско Шосе:
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 14:51
И кон МС Бели Дунав:
 
 
 
 
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 16:37
МС Надежда е централната станица за истоимениот и многуљуден кварт. Станицата веќе е поккриена, при што внатре се работи на пероните и платформите, вестибулите и излезите на станицата. Бул. Ломско Шосе, под кој се наоѓа веќе започна да се реконструира целосно:
 
 
 
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 16:41
Внатрешноста на станицата:
 
 
 
 
Надворешноста:
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 16:41
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 16:47
Метростаница Хан Кубрат и тунелите долж Ломско Шосе:












-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 16:50






Долж булеварот Ломско Шосе, кон претходната станица-Надежда:







-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 16:53
Малку слики од МС Банишора, кај населбата Триаголника, каде беше и стартовата шахта, каде влезе тунелопробивната штит-машина, која сега патува кон станицата Лавов Мост. Крајната дестинација на ТБМ е станицата НДК, додека сета земја се праќа на ленти се до шахтата кај Триаголника, од каде се извозува со камиони:
 
 
Стартовата шахта на ТБМ:
 
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 16:57
Самата метростаница Банишора:
 
 
 
 
Тука се гледа местото, каде што МД 2 ќе се расклонува на север кон населбата Илијанци, каде треба да биде и идното сопствено депо на МД2. До тогаш, депото на МД1 во Обелја ќе ги опслужува сите возови на линиите 1 и 2.
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 17:02
Следна станица е МС Централна Гара, каде се наоѓаат Централната железничка и Централната автобуска станици. Исто така веќе е покриена и се работи внатре. На првите слики се гледаат тубусите, кои се употребуваат при формирање на тунелите кога ТБМ/Кртицата ќе помине низ земјата. Сега машината се наоѓа помеѓу Централна Гара и Лавов мост:
 
 
 
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 17:03
Внатрешноста на станицата, односно платформите и машините кои ја опслужуваат тунелопробивната машина:
 
 
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 17:05
Станицата Лавов мост исто така е во напредната фаза на изградба и ја чека тунелопорбивната машина да помине низ неа, кон ЦУМ, Халите и станицата Сердика 2.
 
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 17:07
 
Тука се гледа јасно еден од излезите од станицата, кој е на многу повисоко ниво од тунелите и платформите:
 
 
Ете го отворот каде треба да избие ТБМ:
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 17:10
Стигнавме до централната станица, каде ќе има трансфер на МД1. Оваа станица сеуште не е одлучено како ќе се вика, но предлозите се неколку: Сердика-2, Средец или Св. Неделја. Тука се гради и археолошкиот комплекс, кој ќе биде под коловозите на бул. Марија Луиза и над самата метростаница на МД2. Во овој комплекс ќе бидат изложени наодите од неколку историски епохи на Софија. Се гради исклучително подземно.
 
 
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 17:13
Следната станица е на крајот на бул. Витоша, односно пред Националниод Дворец на Културата. Станицата делумно е изградена во времето на изградбата на целиот комплекс НДК и сега само се довршува внатрешноста и се прави врската со станицата Сердика-2, односно тунелот под Витошка.
 
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 17:16
Станицата која веројатно е во најнапредната фаза на изградба е таа крај хотелот Хемус, крстена Свети Наум (иако има уште предлози како Арсеналска, Музеј на Земјата и луѓето или Хемус). Дури и внатрешното оформување веќе почна да добива форма:
 
 
 
 
 
На сликите се гледаат дури и поставените шини под платрофмите:
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 17:19
Последната станица е Џејмс Баучер, каде што засега ќе завршува МД2, а за во иднина се планира истата линија да биде продолжена во два смера. Едниот е јужно се до Обиколницата, а другата насока е кон исток, се до Студентски Град.
 
 
 
 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 17:21
 
 
 
Ова е моменталната сосотојба на сите 11 станици од Линијата 2, кон денешен датум, односно фебруари 2011 година. Следуваат уште двете станици на МД 1 -Младост 3 и Цариградски Шосе.
 
 
Cheers


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Feb-2011 at 17:35
И за крај станицата Цариградско Шосе, каде се гради и најголемиот подземен П+Р паркинг:













-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 13-Feb-2011 at 13:19
Уште малку слики од репортажата на весник Дневник на метростаницата Цариградско Шосе (декември 2010):












-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 13-Feb-2011 at 13:27
Неколку многу интересни и креативни промоторски плакати, изработени во врска со иницијативата СПАСИ МЕТРОТО, која се занимава со борба за давање гласност на проблемите кои може да доведат ако третата линија на метрото во Софија биде изградена како лесно метро. Се работи за граѓанска иницијатива, предимно од членовите на ССЦ-БГ, кои работата ја водат многу сериозно и посветено. Се испраќаат писма со многу прашања кон градоначалничката Јорданка Фандакова и гиректорот на Метрополитен Стојан Братоев. Исто така беше привлечен и добар медиски интерес со репортажата на познатата телевизија бТВ.





Моите две омилени:





Тука можете да погледнете за што станува збор:
http://www.facebook.com/spasimetroto
http://spasimetroto.org/

И видео од репортажата на бТВ во врска со изградбата на третиот метро-дијаметар:
http://www.youtube.com/watch?v=xg9GfmgGx0A



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: kultuzin
Date Posted: 13-Feb-2011 at 13:42
Само не ми е јасно зошто толку би ни било важно метрото во Софија, како да е прво во светот.Ако сакаш да видиш метро ремек дело тогаш гуглај за метрото во Порто Португалија каде што луѓето карпи бушеле и е навистина чудо на архитектурата. Инаку ова е навистина метро како метро.
Како и да е секоја чест за трудот иако не ја сфаќам поентата.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 13-Feb-2011 at 14:02
Никој не претендира дека меторто на Софија треба да ти биде важно. Никој не те принудува да кликнеш на било која тема со сила, тоа го правиш доколку те заинтересира. Скраја да е дека е прво по било што во светов. Ова го правам затоа што е убедливо најблиското метро до нас, во земја која беше слична на нашата, но и е едно од најбрзо развивачките се метро системи во Европа. Што сепак не е за потценување, ресурсот со кој располага Бугарија не е голем, а се успева да се направи нешто квалитетно и големо, со мислење за интегриран јавен транспорт и одржливост на системот на долг рок. Исто така мене лично Бугарија ми е многу драга и со задоволство го следам нејзиниот напредок.

Што се однесува за ЛРТ мрежата во Порто, верувај јас сум доста добро информиран, но не ми сугестирај што да претставувам. Сепак ако тебе те интересира, никој не ти брани да направиш ти слична репортажа, анпротив тоа е добредојдено. Но, како што гледам ќе треба доста да проучиш, затоа што Порто нема ништо налик на класичното метро на Софија, туку класична ЛРТ мрежа, која има само 7 километри подземен дел. Но, оставам ти да ги проучиш деталите на ова "метро", кое исто така не се одликува по ништо од другите низ светов. Всушност незнам зошто нешто треба да е прво на светот за да биде претставено тука... Ако си бил во Германија, Бенелукс итн. ќе видиш дека и новите метро мрежи се градени сосема скромно и едноставно, затоа што примарната цел на системите од таков тип е да придвижуваат брзо и комфортно лица од точка А до точка Б, не да бидат први во светот по било што.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: kultuzin
Date Posted: 13-Feb-2011 at 14:17
Не ми е поентата да се расправам туку поентата ми е да знам што е поентата на темата. Сега после твоето излагање малку ми се појасни работите. Инаку вака темата ми личеше на монолог или one man show што секако не е поентата на форумите.Сум бил во Германија и сум се возел со метро сум имал за среќа прилика да се возам со метро во многу големи градови но ете тоа комбинираното решение во Порто каде што трамваите бувално преку мост влегуват во стена ми оставило најголем впечаток.
Инаку кога веќе зброуваме за метро и Германија во моментов се гради во Карлсруе комбинирано решение за низ центарот на градот и мислам дека овој модел би бил најидеален за Скопје.
На овој линк може подетално да се информираш, ако сакаш се разбира.
http://www.diekombiloesung.de/kombiloesung/




Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 13-Feb-2011 at 14:34
Ама темата постои само еден ден, а веќе има 250+ посети, што не е лошо со оглед на тоа што не станува збор за прв пат претставена тематика, туку само за продолжение. Монолог е затоа што е следење на континуиран развој, но токму Софиското метро има поттикнато бројни дискусии, меѓу кои и таа дали на Скопје му е потребно метро и каква всушност мрежа ни е нужна. Понатаму, ова мене ми е хоби и искрено не би ми пречело и да е чиста презентација, без претенции да се развиваат значајни дискусии. Всушност форумов е доста ограничен во поглед на квалитетни дискусии на многу подрачја, заради недоволно познавање на тематиката од доволен број на челнови. Сепак, темава е наменета за целиот јавен градски транспорт на градот, не само за метрото.
Треба да се разграничат поимите, кои во јавниот транспорт се многу важни, затоа што со себе носат огрпмни разлики во нивните капацитети, дизајн, време на изведба, комфорт, брзина, превозна способност итн. итн.. И Карслуе и Порто се градови кои имаат брзи трмаваи/ЛРТ мрежи кои се многу далеку од класичното метро по сите овие параметри. Сепак и двата града се многу помали од Софија и е разбирливо што си изградиле вакви мрежи, примерни за нивните димензии и потреби, но тие и натаму си остануваат само ЛРТ/трам мрежи, кои се доста поминорни од класичното метро. Тука треба да се нагласи дека Порто има одлична мрежа, која е модерно дизајнирана и изведена, но која чини фантастични 3,5 милјарди евра, наспроти неколкукратно поефтината варијанта на Софија, иако се работи за изградба на инфериорното ЛРТ во споредба со класичното метро.
Инаку бап пред некој ден ги разгледував шинските возила од поголем капацитет кои возат низ Карлсруе, кои иако стари би биле идеални за град како Скопје, затоа што се компатибилни како со уличната, така и со железничката мрежа. Ете, за градови како Скопје и Порто, ЛРТ мрежа е сосема доволен носител/столб на јавниот транспорт, но за Софија за жал тоа е далеку под потребите. Затоа и се формираше иницијативата СПАСИ МЕТРОТО, кое се бори за класично метро по трасата на МД3.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: kultuzin
Date Posted: 13-Feb-2011 at 14:50
ОК Андреј сега се разбравме. Мене трамваите и метроата не ми се хоби па затоа сакав малце објаснување околу темата зошто вака ми беше премногу сува.Инаку сум размислувал и јас за вакви лрт (иако незнам што значи претпоставувам трамваи кои излегуваат и на шини за возови) за во Скопје и мислам дека е фантастична идеа зошто во близина има најмалку четири пет града кои би можеле да се поврзат со Скопје. Затоа и го спомнав Карлсруе кое иаку е мал град има најдобра трамвајска мрежа во Европа и е поврзан со трамвај со сите околни градови во радиус и до 100 км.
Затоа мислам дека на Скопје репер би требало да му биде Карлсруе а не Софија особено што во мемоентов како што кажав се работи на подземна травајска линија во централното градско подрачје а на скопје тоа би му било доволно по партизанска и јане сандански нема потреба трамваите да бидат под земја. Друга интересна работа во Карлсруе е тоа што освен шините ќе ги прават и улиците во центарот под земја исто така интересен проект за Скопје.
И што е исто така инетересно од крајот на 2011 ќе познат да ги менуват старите С Банови како што ги викат тие меѓуградски траваи со нови кои ќе бидат со пневматска амортизација, така да старите иако се навистина ТОП полека ќе им стануват вишок, што секако би била добра зделка за евентуалното трамвајско решение во Скопје.


Posted By: Galileo
Date Posted: 11-Mar-2011 at 19:11
Zapochnati sa konsultantski raboti za budeshtata Linija 3 na Sofiiskoto metro.Ochekva se stroejat na Linija 3 da startira posle 20014 godina
Консултант вече работи по проекта за третия метродиаметър на София

Относно изграждането на трета линия на метрото (от кв. "Княжево", през "Красно село" и "Сердика", центъра до кв. "Васил Левски") със средства от оперативната програма "Транспорт" общинското дружество "Метрополитен" вече има консултант, който разработва проект.

С него то ще може да кандидатства през следващия програмен период след 2013 г. за европейско финансиране за третата линия. Това казва заместник-кметът на София по транспорт Любомир Христов в интервю за вестник "Дневник".

За продължаването на първия метродиаметър до летището и до Бизнес парка и в момента има разговори с Европейската комисия. "Метрополитен" работи по проектирането на тези два участъка.
Следи се много внимателно усвояването на средствата по отделните оперативни програми, категоричен е Христов.
Той припомни, че министър Томислав Дончев е поел пряк ангажимент там, където има изоставане в усвояването, средствата да бъдат пренасочени към метрото, ако е възможно.

По думите на заместник-кмета има теоретична възможност още в рамките на този програмен период - до 2013 г., да се намери финансиране.
Европейската комисия оценява строителството на софийското метро като един най-успешните инфраструктурни проекти, финансирани от еврофондовете.
http://stroitelstvo.info/infrastructure/2011/03/09/1055845_konsultant_veche_raboti_po_proekta_za_tretiia/ - http://stroitelstvo.info/infrastruct...ta_za_tretiia/
__________________


Posted By: pavche
Date Posted: 14-Mar-2011 at 23:08
TBM-от во Софиjа е веке каj Лавов мост Smile 

http://img850.imageshack.us/i/img8511resize.jpg/">

http://img714.imageshack.us/i/img8512resize.jpg/">

http://img696.imageshack.us/i/img8514resize.jpg/">

http://img856.imageshack.us/i/img8517resize.jpg/">

http://img852.imageshack.us/i/img8518resize.jpg/">

http://img46.imageshack.us/i/img8520resize.jpg/">

http://img822.imageshack.us/i/img8529resize.jpg/">

http://img10.imageshack.us/i/img8541resize.jpg/">

http://img809.imageshack.us/i/img8542resize.jpg/">

http://img862.imageshack.us/i/img8546resize.jpg/">


Сликите се од FloatingShift од SSC


Posted By: pavche
Date Posted: 29-Mar-2011 at 11:57
Уште малце слики од вчерашната инспекциja на изградбата на метрото при Лавов Мост.






















Posted By: pavche
Date Posted: 01-Apr-2011 at 08:23
Новата метростаница на МД1 каj Цариградско шосе во Софиjа(слики brank, SSC)









И биферниот паркинг на истото место за 1500 коли (слики bobjo6666, SSC)










Posted By: pavche
Date Posted: 09-Jun-2011 at 21:25
TBM-от во Софиjа е веке во станица Сердика 2, во Ларгото.
Остава уште само еден тунел до станица НДК да прокопа.

малце слики от foto.stroitelstvo.info










Ова ке биде станица Сердика 2 од МД2






TBM-от, коj идва от станица Лавов Мост.











И две слики од подземниот архелеожки премин во Ларгото, помегу Сердика 1, Срдика 2 и постоечкиот подземен премин каj Президентството.







Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Jun-2011 at 13:32
Еве неколку понови слики од градскиот превоз на Софија. Ќе ставам по 1-2 слики во пост додека не се премине страницава, која е преполнета и многу бавно се отвораат сликите. Започнувам со дел од поновите автобуси:

Линија 11 за жк. Овча Купел:



Линија 72:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Jun-2011 at 13:34
Автобус Тедом на линијата 75 (Орлов мост-Ст. Гео Милев):



Мерцедес на линијата 404 (гараж Дружба-Централна гара):



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Jun-2011 at 13:34
Зглобен Мерцедес на линијата 204:





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Jun-2011 at 13:36
Две слики на Мерцедеси, кои се движат на линијата 1 (Гео Милев-Кокалјанско ханче). Сликани се на пресно обновениот кружен тек на 4ти километар или плоштадот на Авиацијата:





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Jun-2011 at 13:57
Малку трамваи:

Татра Т6А2СФ на линијата 10:



Трамвај Дјуваг на линијата 22:



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Jun-2011 at 14:00
Трамвај Т6М 700 на линијата 7 со новата колор шема на трамваите во Софија:



Трамвај Татра Т4D-C на линијата 22 (жк. Красна Полјана-Автостанција Изток):



Трамвај Татра Т6Б5 на линијата 20 (Гара Искар-метростанција Сливница):



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Jun-2011 at 14:03
Тролејбус Нископодов Икарус 280 Т, пред новата спортска сала во Софија-Арена Софија, во близина на плоштадот на Авиацијата:





Тролејбус МАН:





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Jun-2011 at 14:04
Тролејбуси Škoda 26Tr Solaris на линиите 4, 5 и 11 сликани на плоштадот на Авиацијата (4ти километар):









-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Jun-2011 at 14:31
Во Софија се случија многу важни промени во однос на идниот развоја на метрото и целиот шински јавен транспорт во градот. Главната промена се однесува на третипот метродиаметар на Софија-МД3. Промените се следните:

-идеата за ЛРТ се напушта и линијата ќе биде класично метро.
-дефинитивно трансферните станици со другите метродиаметри ќе бидат на Софискиот униврзитет (со МД1) и на НДК (со МД2).
-самата траса на МД3 ќе се менува во двата краја (источниот и западен), за да се опфатат поголеми квартови и да се искористи веќе постоечката трамвајска мрежа,која има многу карактеристики на ЛРТ (и постепено истата да се надогради во право ЛРТ) по булеварите Цар Борис 3, каде минува трамвајот со број 5 на запад и булеварот Ботевградско Шосе, каде минуваат трамваите 20 и 22 на исток.
-целосно проектот за третата линија на метрото треба да чини најмногу 900 милиони евра, пари кои во поголемиот дел ќе дојдат од ЕУ, во новиот програмен период (2014-2020). Така до 2018 година треба да биде изграден делот преку ценнтарот и продолжението на линијата кон едниот крај на градот (не се прецизира дали ќе се оди прво на исток кон квартовите Левски, Подујане и Хаджи Димитар или на запад кон квартовите Красно село и Овча Купел).
-се најавува дека следната година ќе почне изградба на уште една отсечка од метрото, северното продолжување на МД1 кон квартовите Дружба 1/2, Искар и Аеродромот на Софија. Ова продолжување ќе има 4 станици (две подземни и две надземни) и ќе биде долго 5 километри. На станицата Искар се планира да има врска со националната железничка мрежа, каде би запирале сите локални (крајградски и приградски) и меѓуградски возови и би се конектирала на метро мрежата. Друг интересен факт е што метрото конечно ќе стигне до се повеќе искористениот аеродром на Софија, каде е предвидена изградба на интермодиален терминал. Финансиите доаѓаат од ЕУ и се пренасочени од други проекти, за кои нема проектна готовност и се вкупно 120 милиони евра.
Еве како изгледаше претходниот план на метро шемата:


Со црвено е МД1
Со плаво е МД2
Со зелено е МД3

А еве како ќе изгледа новата шема:


Со виолетово се планираат трасите на ЛРТ кои ќе довезуваат патници кон метрото од квартовите кои директно не се опслужени со овој вид на рапиден шински систем. Овие линии се предвидуваат по булеварите Цар Борис 3, Ботевградско Шосе и Булгарија. Обележани се местата каде ќе се врши трансфер помеѓу метро линиите (вкупно 7 такви трансферни метро-метро станици) и 3 станици каде ќе се врши трансфер од ЛРТ на метро.




Еве една свежа статија во врска со МД3:


7000 пътници местят метрото

Трасето завива към „Хаджи Димитър”, за да се возят повече хора
Финансираме проекта с 900 млн. евро от Брюксел

ЗДРАВКА АНДОНОВА

18.06.2011 г.

7000 столичани повече ще се возят с метрото, ако трасето на третия лъч завие към „Хаджи Димитър” и мине под бул. „Владимир Вазов”. Причината е, че там метрото ще е по-натоварено с пътници, отколкото по останалите обсъждани трасета.

Пътникопотокът в района е около 98 хил. души, докато от бул. „Ботевградско шосе” към центъра с мотрисите биха се предвижили близо 91 хил. души, показват измерванията на консултанта – чешката фирма „Метропроект Прага”, научи „Монитор”. В понеделник ще бъдат готови окончателните 4 варианта за маршрута на третия метродиаметър, от които общинарите ще изберат най-рентабилния.

Първоначалният план на Столичната община бе метрото да тръгне от Княжево и през центъра да стигне до бул. „Ботевградско шосе”. От няколко седмици обаче на „Московска” 33 коментират варианта

подземната железница да завие под бул. „Владимир Вазов”

Така метрото ще могат да ползват хората от кварталите „Хаджи Димитър”, „Сухата река” и „Левски”. Вероятно трасето ще бъде разширено и към „Овча купел”.

„Вариантите са различни – ще се обсъжда и леко метро, и подземно метро. Най-вероятно в централната част трасето ще минава под земята, а в периферията ще бъде надземно”, обясни пред „Монитор” шефът на общинското предприятие „Метрополитен” инж. Стоян Братоев. По предварителни планове третият метродиаметър трябваше да бъде от типа на т.нар. леко метро, което представлява скоростен трамвай.

Строителството на подземен тунел обаче ще излезе доста по-скъпо коментират транспортните експерти. Според главния архитект на столицата Петър Диков индикативната стойност на различните варианти варира от 350 до 900 млн. евро. „Пътникопотокът, рентабилността и цената ще бъдат основните критерии за избор на вариант за трасето. При по-голям брой очаквани пътници цената няма да има такова силно значение при избор на маршрута”, обясни още Стоян Братоев.

Идейният проект за метрото от Княжево до „Левски” трябва да бъде готов догодина, за да може бенефициентът - общинското предприятие „Метрополитен”, да поиска финансиране от Брюксел още в началото на следващия програмен период – през 2014 г. Дотогава трябва да бъдат приети и подробноустройствени планове, както и да бъде избран изпълнител на проекта.

„Ще разделим трасето на два-три лота, които ще се строят от различни компании. До 2018 г. трябва да е готова централната част, която ще е подземна, както и една от крайните отсечки, която може да е леко метро”, обясни още Стоян Братоев.

Пресичат линиите при НДК и Алма Матер

Трите линии на метрото ще се пресичат на НДК и на Ректората на Софийския университет „Св. Климент Охридски”. Там пътниците ще могат да се прекачат от един влак на друг, ако това им е необходимо, за да стигнат от точка А до точка Б.

Станцията на Алма матер, която в момента има осем изхода, ще стане спирка 3 в 1. Местата, на които в момента спират автобусите и тролейбусите около университета, ще бъдат преместени до изходите на метростанцията. Така столичани ще могат да чакат на едно и също място, за да хванат и трите вида транспорт.

„Проектът е готов отдавна. За него не са необходими много средства. Идеята е хората да не вървят по 30-40 метра от спирките на автобусите и тролейбусите до станцията на метрото, а да имат директен достъп”, обясниха от „Московска” 33.

Железницата стига до летището година по-рано

Метрото ще стигне до летището година по-рано. По план трасето от бул. „Цариградско шосе” до аерогарата трябваше да бъде готово през 2015 г., но може да бъде построено с икономии от други проекти по оперативна програма „Транспорт” още през 2014 г., обясни шефът на „Метрополитен” Стоян Братоев.

Трасето ще е продължение на първи метродиаметър, ще е с дължина 5 км и 4 метростанции. То ще започва от предстоящата за откриване догодина метростанция „Международен изложбен център” на бул. „Цариградско шосе” и под „Дружба” ще стига до летището.

В момента има изготвен идеен проект и вървят последни отчуждителни процедури. Очаква се до есента да има одобрение за финансиране по оперативна програма „Транспорт” на ЕС. Индикативната стойност на отсечката „Цариградско шосе” - летището е 120 млн. евро.

Линк към новината във вестник "Монитор"


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Александар
Date Posted: 17-Jul-2011 at 11:10
Јуче су у Београду виђени половни трамвају ЧКД-Т4Д на железничкој станици Макиш, према речима неких чланова намењени су Бугарској. Зна ли неко нешто више?


Posted By: pavche
Date Posted: 21-Aug-2011 at 16:39
Неколко слики на некои од новите станици во изградба по прошируването на метро системата на Софиja.




Mladost 3











Tsarigradsko Shose







Sv. Naum(Hemus)









credits: Difian, Repcho (gtsofia.info) | brank (SSC)




Posted By: pavche
Date Posted: 21-Aug-2011 at 16:48
Nadezhda











Banishora











Централна гара









credits: Difian(gtsofia.info)


Posted By: BOJAN
Date Posted: 21-Aug-2011 at 22:27
Големи честитки за Софија, се надевам дека со забрзано темпо ќе се дозавршат станиците, сум поминал доста метро станици низ Европа и можам да кажам дека навистина изгледа феноменално она што се гради во бугарскиот главен град


Posted By: pavche
Date Posted: 23-Aug-2011 at 11:01

62 млн. евро за градския транспорт в София


Ще бъдат купени нови тролейбуси и ще се ремонтира трамвайната линия по бул. "България"

Днес ще бъде подписан договорът за финансирането на проекта "Интегриран столичен градски транспорт”, съобщават от Министерството на регионалното развитие и благоустройството (МРРБ).

Проектът ще се реализира в рамките на приоритетна ос 1 "Устойчиво и интегрирано градско развитие”, операция 1.5 "Системи за устойчив градски транспорт” по Оперативна програма "Регионално развитие” 2007-2013 г. на Европейския съюз.

Общата му стойност е 62 млн. евро, от които 50 млн. евро са безвъзмездна финансова помощ. Предвижда се да бъдат закупени 50 нови тролейбуса, ще се ремонтира трамвайната линия по бул. "България” и ще се изгради нова линия от Семинарията до Дървеница.

Също така ще бъдат инсталирани 600 електронни информационни табла и интелигентна транспортна система, която да дава приоритет на превозните средства на градския транспорт.

"Интегриран столичен градски транспорт” е вторият голям проект по смисъла на чл. 39 на Регламент на Съвета ЕО 1083/2006 в рамките на ОПРР, който е изпратен за одобрение в ЕК.

http://inews.bg/%D0%91%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%8F/62-%D0%BC%D0%BB%D0%BD-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%8F-%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82-%D0%B2-%D0%A1%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%8F-_l.a_c.327_i.106906.html - Извор




Posted By: pavche
Date Posted: 01-Sep-2011 at 14:04
The End!

TBM-от по вториот метро диамет'р на Софиското метро ja заврши своjата работа денес! Smile



















Cheers


Posted By: BOJAN
Date Posted: 02-Sep-2011 at 00:34
Се надевам дека оваа вест ќе се најде во барем некој од македонските медиуми. За вакви крупни настани од соседството воопшто не се известува кај нас, не знам од кои причини. За мене Софија граби напред со сета брзина.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 11:34
Го започнувам овој голем апдејт на работата која се одвива на проектот наречен Метрополитен Софија, со изградбата на станицата Цариградски Шосе на линијата М1, каде се гради и буферен П+Р паркинг за 1200 возила. Првите слики се од периодот јуни-јули 2011 година. Сликите се на членот Difi@n од форумот gtsofia.info











Тогаш се работеше на покривната конструкција на паркингот и самата станица. Отсекот Младост 1 - Младост 3 - Цариградско Шосе треба да се отвори во Април 2012 година. Последнава станица ќе биде крајна на линијата М1 се до 2014 година, кога се очекува да биде пуштен и делот на линијата до Аеродромот Софија, преку жк. Дружба и Гара Искар.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 11:38
...додека вториот дел на слики го претставува истото место, само 2 месеци покасно. Покривната плоча на паркингот и станицата се целосно завршени, положена е изолацијата и булеварот Цариградско Шосе е целосно преасфалтиран и реконструиран. Се работи на внатрешното оформување на паркингот и станицата, работа која неможе да се види. Сликите се вчерашни (09.09.2011), направен од Локум и превземени од ССЦ;

На првата слика се гледа еден од излезите од станицата и буферниот паркинг:










-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 12:04
Уште неколку слики, направени на 01.09.2011, односно пред една недела, каде се гледа изградбата на МС Цариградско Шос, како и новиот бизнис комплекс Капитал Форт, највисоката зграда во Бугарија:








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 12:08
Изградбата на станицата Младост 3. Првите слики се од јули оваа година, додека вториот дел се од крајот на август, 2011 година:

Во далечината се гледа комплексот на Цариградско Шосе, популарно наречен Софиското Сити, каде се наоѓа и станицата:







И сликите кои се најсвежи од ова градилиште:








Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 12:37
Нека погледнеме и како се одвива работата на М2. Започнуваме од крајната јужна станица Джејмс Баучер, која затоа што се наоѓа на рид е доста длабока. Со ова се руши митот дека метрото во Софија е плитко-има доста делови и станици кои се доста длабоки, особено МС Света недела (која е трансферна на М1 Сердика) и се наоѓа на цели 26 метри под земјата, под неколку нива на галерии и премини...














-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:02
Продолжуваме кон следната станица, на раскрсницата помеѓу бул. Черни Врх и ул. Св. Наум. Станицата ќе се вика Св. Наум, но заради близината на хотелот Хемус, така и е познатотот, работно име. Нејзината конструкција делумно е изградена уште во времето на комунизмот и затоа е во најнапредна фаза на изградба. Може да се рече дека остануваат само крајните детали и инсталациите. Оваа е една од само двете островни станици на М2 (покрај онаа на НДК) и според мене е една од најубавите во целиот систем, заради својот свеж, модерен дизајн и својата пространост:










-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:03
Еве ја и самата станица:
















-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:07
Пристигнуваме до следната станица, МС НДК (Национален Дворец на Културата), на раскрсницата на бул. Витоша и бул. Патриарх Евтимиј. И оваа станица е делумно изградена во времето на градбата на НДК (значи пред 1981 година) и е со островен перон. Архитектурното, внатрешно оформување сеуште не е започнато, затоа што таму е и местото, од каде што сега се вати тунелно пробивната машина, која ја заврши својата работа, прокопувајќи го тунелот од Надежда до НДК.










-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:11
Следната станица е најголемата и централно поставена станица на М2. Таа е и првата права трансферна станица во Софија, каде што ќе се сечат М2 (Св. неделја) и М1 (Сердика). Оваа станица е досегашната најдлабока од целиот систем, на -26 метри под земјата, а за архитектурното оформување се најавува вистинско уметничко-архитекторно чудо, бидејќи останките од древна Сердика и Средец, ќе бидат инкорпорирани во целиот комплекс на подземни пространства, преходи и тунели... Еве како треба да изгледа самата станица, која иако има странични перони, ќе има и огромен свод:










-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:19
Следна станица е онаа кај Лавов мост, но поради отсуство на свежи материјали одиме директно ан Централна Гара, која исто така е доста длабока и во фазана внатрешно уредување:














-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:26
Продолжуваме северно, до Обелја (М1) преку станиците Банишора-Хан Кубрат-Надежда-Бели Дунав-Ломско Шосе. Сликите се од периодот јуни-јули 2011 година:












-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:28
Околу Надлез Надежда и станицата Хан Кубрат и Банишора:







И во жк. Надежда:










-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:34
Пристигнуваме до последната подземна станица во северниот дел на М2, онаа на пресечката на бул. Ломско Шосе и ул. бели Дунав. Оваа голема раскрсница опкружена со многу блокови, нуди одлична перспектива за сликање на работите. Затоа решив да ви претставам како врвела работата во претходните неколку месеци, односно во периодот Јули-Авгус-Септември 2011 година:



Јули 2011: поглед кон центар и кон делот каде што веќе е изградена подземната конструкција на метрото, тоа е покриено и бул. Ломско шосе повторно е во функција по опсежна и целосна реконструкција.









... и поглед кон Обелја, каде што метрото излегува на површината, односно преминува на ескада (која се гледа на сликиве во далечината), ја достигнува надземната станица Ломско шосе и оди до Обелја:








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:37
... така било во Јули, додека на почетокот на септември, на ова исто место има голем и очигледен напредок. Станицата е скоро во целост покриена, се работи на рампата преку која возовите ќе преминуваат од тунелот на ескадата, изградени се сите излези на станицата, на секоја страна на раскрсницата и веќе се поставуваат рабниците, односно се трасира вториот дел на бул. Ломско Шосе, кое треба исто така целосно да се реконструира и пушти во сообраќај есенва.

Поглед кон центар:









И поглед кон Обелја:






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:41
Продолжуваме кон претпоследната станица на М2, надземната Ломско Шосе, која е на ескада и така ја достигнува и терминалната Обелја. Овие слики се исто така стари околу два месеци, така што напредокот тука во моментов е уште поголем:













-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 15:43
Така доаѓаме до последната станица, онаа веќе изградената во жк. Обелја, каде што завршува и М1:










-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 16:02
За крај повторно се враќам на линијата М1, односно на делот во изградна помеѓу Младост 1-Младост 3 и Цариградско шосе. Како што беше напоменато, овој сегмент треба да се пушти во април-мај 2012 година. Изградени се двете станици, тунелите помеѓу нив и буферниот П+Р паркинг за 1200 возила, а моментално се работи на архитектурата на двете станици и паркингот како и на сите комуникацијски системи во метрото:

Младост 3:
















-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 16:04
Тунелите кои ги сврзуват двете станици исто така се готови, се работи на пругата и комуникацијските мрежи:












-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 16:06
И крајната станица на М1-Цариградско шосе, на која се работи во внатрешноста:







Вестибјулите кои водат до излезите и паркингот, како и самиот паркинг:





Со тоа ја завршувам оваа опсежна репортажа, која е закаснета неколку месеци. Се надевам дека ви се допадна! Cheers


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Sep-2011 at 16:23
Originally posted by Александар

Јуче су у Београду виђени половни трамвају ЧКД-Т4Д на железничкој станици Макиш, према речима неких чланова намењени су Бугарској. Зна ли неко нешто више?


Да, овие се дел од трамваите купени втора рака за Софија, од Германија од градот Хале. Купени се супер очувани трамваи за смешна цена. така за еден трамвај+ приколка, се платени по 125 000 лева или околу 60 000 евра. Купени се по 20 трамваја и 20 приколки, со што делумно и привремено ќе биде осовремен стариот возен парк на Софија. Неможе да се купуваат нови трамваи во овој момент, затоа што финансиските и проектантски усилија се насочени кон изградбата на метрото, многу од трамвајните линии ќе се менуваат тому заради него (со цел да се избегне дуплирањето)... Исто така треба да се изградат целосно нови траси и реконструираат старите, затоа што новите трамваи би се растуриле од старата инфраструктура. Приоритет на Софија е метрото и обнова на целосниот тролејбусен возен  парк. Еве неколку слики од старо-новите трамваи, кои сеуште не се пуштени во сообраќај:














-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 13-Oct-2011 at 10:29
Новите трамваи во Софија, увоз втора рака од германскиот град Хале, веќе почнаа да возат по улиците, главно на линијата 8 (жк. Лјулин-Судската палата):
















-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 29-Oct-2011 at 11:51
Неколку слики од воздух, на кои се гледа изградениот дел или делот во градба на Метрополитен Софија:

М1, надземниот дел околу станицата Г. М. Димитров. Овој дел познат како Интерпред изобилува со нови бизнис згради и деловни центри:





Изградбата на метрото во самиот центар на градот пред ЦУМ и Президентството:





Изградбата на М2 близу хотел Хемус и станицата Св. Наум:





-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 30-Oct-2011 at 09:50

Третият лъч на метрото стига до НБУ

Публикувана: Петък, 28-ми Октомври 2011, автор(и): http://www.24chasa.bg/Authors.asp?Request=Profile&AuthorId=10904 - Даринка Илиева ; прочитания: 2440; коментари: 4
http://www.24chasa.bg/Images/Cache/Image_1093813_6.jpg">Третият%20лъч%20на%20метрото%20стига%20до%20НБУ

http://www.24chasa.bg/Article.asp?ArticleId=1035613 - Третият лъч на метрото ще стига до Нов български университет, предвижда проектът за трасе, което беше избрано вчера от експертния съвет по устройство на територията.

Третата линия ще минава през бул. “Вл. Вазов”, бул. “Е. Георгиев”, Орлов мост, НДК, Медицинска академия, кварталите Красно село и Овча купел и ще прави връзка с жп линията София - Перник. Тя бе избрана сред пет варианта, но също претърпя корекции.

“Вместо по ул. “Президент Линкълн” метрото ще пресича ул. “Монтевидео”. Така то ще обслужва кварталите Овча купел-1 и Овча купел-2. Ще има станция близо до НБУ. Отдавна имаме искания на студенти за по-удобен градски транспорт. Така при най-ниска цена с подземните влакчета ще могат да се возят най-много пътници”, заяви главният архитект на София Петър Диков.

Трасето ще е дълго 15,5 км, от които 8,4 км ще са открити участъци. То ще има 18 станции и ще може да вози по 162 000 души на ден. Третият лъч ще има връзка с първата и втората линия, а строителството му ще струва 720 млн. евро, обясни шефът на метрополитена Стоян Братоев.

Проектът за третата линия трябва да е готов до края на 2013 г., за да може през 2014 г. София да кандидатства за европейско финансиране и да стартира самото изграждане. Той ще бъде разработен от чешката фирма “Метропроект”, която спечели конкурса.

Според Диков естакадите ще са частично покрити, но последните модели влакове били с по-ниски шумови характеристики от автомобил.

Експертният съвет реши да се направят подробни устройствени планове на цялото трасе, да се проучат най-добрите локации на станциите и връзките им с останалата градска среда, за да са възможно най-удобни. Паралелно със старта на строителството трябва да бъде направена и програма за оптимизация на трамвайния и тролейбусния транспорт.



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 08-Nov-2011 at 21:01
Да размислуваа нашите власти како бугарските несомнено ќе имавме среден јавен превоз.


Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 08-Nov-2011 at 22:17
Шаренилото на софиjскиот jавен и приватен превоз:
















Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 08-Nov-2011 at 22:21













Posted By: BOJAN
Date Posted: 09-Nov-2011 at 00:19
Кај и да е за 5-10 години овие софиски автобуси од фотографиите ќе ги гледаме во Скопје во сопственост на приватните превозници, разбира се со истите излепени реклами.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Dec-2011 at 13:35
Поопсежен апдејт на проширувањето на метрото во Софија. Сликите се комбинација од месеците октомври и ноември, значи не се најнови. Започнуваме со станицата Цариградско Шосе:

Ескалаторите беа донесени во октомври:



Буферниот П+Р паркинг:





Влезовите во паркингот и станицата:






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Dec-2011 at 13:38
Одамна се работи и на внатрешното оформување на станицата, затоа денеска треба да се пред крајот. Ова продолжување на М1 (Младост 1 - Младост 3 - Цариградско Шосе) треба да е готовор во Април 2012, кога треба да почнат едномесечните тестови по трасата, за потоа во Мај да се пушти во употреба:














-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Dec-2011 at 13:39











-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Dec-2011 at 13:58
Започнуваме од северниот дел на линијата М2 (Обелја-Лозенец), поточно со станицата Обелја, каде М2 ќе има трансфер на М1 (како и во центарот на станицата Сердика-Св. Неделја). Се работи на ескадата, која потоа продолжува кон станицата Ломско шосе, на истоимениот булевар:









Понатаму линијата продолжува на ескада, се до станицата Ломско Шосе, која е единствена надземна станица на М2. Костурот на станицата веќе е јасен:







И линијата конечно преминува под земја, на почетокот на бул. Ломско Шосе, во чија близина се наоѓа третата станица на М2-Бели Дунав:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Dec-2011 at 14:33
Првата подземна станица долж М2, односно третата по ред на истата линија е станицата Бели Дунав, на крстосницата на Ломско Шосе со ул. Бели Дунав. Рендерите се излезени, мислам дека ова ќе биде една интересна станица за својата локација (крајни населби на Софија). Зошто дел од ознаките на рендерите се напишани на јапонски, останува енигма за сите Crazy:







Внатре интензивно се работи по нејзиното оформување, но сепак се далеку зад работата на некои други станици (како што подоцна ќе видите голем дел од станиците се скоро готови):






-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Dec-2011 at 14:39
Следната станица Надежда, во истоимената населба, позната како железничарскиот град на Софија. Рендерот е излезен, но не соодејствува многу со работата на теренот:













-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Dec-2011 at 14:50
Самата станица во голема мера веќе го има добиено конечниот вид. Изгледа многу посветло и поголемо отколку на рендерите. Според мене оваа станица е многу убава, скромна, но со доста естетика. Слики од фазите на внатрешното уредување:
















-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 05-Dec-2011 at 14:52
...


и скоро завршената верзија на станицата:









Тунелите се одамна ископани и со нетрпение ги чекаат првите преполни со патници композиции.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 01:25
За жал слики од следната станица (Хан Кубрат) неможев да најдам. Затоа предлагам да погледнеме ноемвриски слики од станицата Централна гара, односно централната железничка и автобуска станица на градот. Бидејќи истата е поставена на клучно за градот место, каде покрај многуте автобуси и возови транзитираат и доста трамвајски и градски автобуски линии, оваа станица ќе треба да се справи со големи напливи на патници. Затоа пероните се направени доста пошироки, а до самата станица водат бројни подземни пешачки тунели-најдолгиот од нив се протега се до главната автобуска станица која е одаалечена неколку стотици метри.

Самата станица е на неколку нива под земјата:





Внатрешниот дизајн кореспондира со уредувањето на плоштадот/платото пред железничката станица и отсликува возови во движење:








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 01:30
Иако на почеткот на месец ноември внатрешното уредување на станицата е само делумно отпочнато, донесени се и монтирани ескалаторите. Како што може да се види станицата е доста длабока и над неа се наоѓаат неколку нива на пешачки коридори:









Над станицата се наоѓа вестибјулот и подземните пешачки премини и влезови. излезите на станицата се бројни и освен што водат кон сите 4 страни на раскрсницата, ќе водат и до автономните трамвајски станици кои се наоѓаат на средината на горниот булевар, до самата железничка станица и плоштадот пред неа и до автобуската станица која е доста оддалечена од метрото (на првава слика се гледа во далечината):








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 01:39
Уште малку слики од станицата централна гара, овој пат една недела покасно-13.11.2011:







Тунелите се изградени и светнати по целата траса на М2. Овој конкретно ги сврзува станиците Централна гара и Банишора:



Станицата Банишора (конечно успеав да најдам слики кои ми промакнале) се наоѓа во истоимениот кварт на Софија. не е особено важна станица, ќе има лесен светол дизајн со примеси на сиво и сино. И таа кон средината на месец Ноември беше во напредната фаза на внатрешно уредување:







И еден од подземните премини кои водат кон станицата:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 11:37
Следната станица,6та по ред долж М2, во насока од север кон југ е станицата Лавов мост, која се наоѓа под истоимениот мост и плоштад. Во средината на месец ноември се започна со работа на внатрешното уредување на станицата кое се прави според нови рендери, кои подобро кореспондираат со надворешната околина на станиата (тука М2 влегува во самиот центар на градот). Самата станица се наоѓа на неколку нива под земјата, над која има вестибјул, пешачки коридори и тунел за автомобили долж булеварот Сливница:





Горната плоча на станицата:







И влегуваме внатре во салите:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 11:40










Тука може да се види една мешалка за бетон внатре на самите колосеци на станицата:





Контурите на внатрешниот дизајн се исцртани:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 11:47
Тунелите помеѓу станиците Лавов мост и Св. Неделја (Сердика 2)се веќе скоро завршени:







Самата станица Св. Неделја е најважната и најцентралната станица на М2, каде што линијата има трансфер со М1. Двете станици (Сердика 1 и Сердика 2/Св. Неделја) се поврзани со неколку пешачки коридори. Самата станица е најдлабоката станица во целиот систем (околу 30 метри под земјата) бидејќи над неа е сместена станицата Сердика 1, линијата М1, но и археологичното ниво, каде ќе бидат изложени останките од древна Сердика, најдени на местото на изградбата. Претстои внатрешното уредување на станицата:














-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 11:58
Откако метрото го помине растојанието од над 1 км под бул. Витоша во срцето на Софија стигнува до можеби втората најважна станица долж линијата М2-онаа крај НДК (Националниот Дворец на Културата). Ова го велам бидејќи е сигурно дека кон 2014 ќе почне изградбата на линијата М3, која ќе има трансфер со линијата М2 токму под оваа станица. Инаку главната конструкција на станицата НДК беше завршено пред 30 години, односно со изградбата на целиот комплекс наречен НДК. Трасата беше конзервирана многу години и чекаше подобри времиња и чекањето се исплатеше-станицата под НДК е веројатно најаубавата станица во целиот систем, омилена на многумина. Покрај нејизната големина (островен перон, кој е многу широк, подолги платформи-125м, висок свод кој дава многу широчина...Понатаму кон станицата водат навистина бројни и долги пешачки тунели, како и цели трговски центри кои се значајни за големите станици на запад...). Но да не должам многу еве како изгледала станицата на 13.11.2011:
















-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 12:02
Над станицата се наоѓаат бројни пешачки коридори и трговски простор:


















-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 12:04
Поглед кон ископната шахта кај раскрсницата меѓу бул. Витоша и бул. Патриарх Евтимиј. Имено тука излезе надвор кртицата (ТБМ-тунелно-пробивната машина), која е веќе расклопена по одлично обавената работа во Софија:








-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 12:12
Следната станица веќе се наоѓа во квартот Лозенец, односно полека го напушта центарот на градот. Таа се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварите Черни врх, Арсеналски и Св. Наум. Станицата го носи името на еден од горните булевари- Св. Наум. Конструкцијата на оваа станица исто како и на НДК била завршена и конзервирана уште во 1981 година, како и тунелите кои ги поврзуваат овие две станици (над 1 км). Бидејќи самите станици имаат островни типови на платформи (еден заеднички за двата колосека), тунелите помеѓу нив се одделни и еднопатни. Предлагам прво да ги погледнеме старите-обновени тунели од 1981 година:









Самата станица и нејзиниот внатрешен дизајн исто така се скоро завршени. Се работи за важна станица во претставителен, богат дел на градот. Затоа станицата исто така како и НДК им е станата омилена на многумина познавачи на Метрото во Софија:













-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 12:14
Со оваа станица завршува и делот на М2 каде што станиците се со островни перони, така што и двојните тунели се собираат во еден двопатен тунел на крајот на станицата Св. Наум:









 


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 12:31
Така стигнавме до последната, засега најјужната станица на М2 во квартот Лозенец-станицата Джеимс Баучер (според булеварот под чија крстосница се наоѓа станицата). Бидејќи населбата Лозенец се наоѓа на рид и бидејќи има и подземно паркиралиште, оваа станица се наоѓа длабоко под змејата, над која има неколку нива:
















-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 12:34
Се симнуваме на нивото на платформите, односно јадрото на станицата:











И за крај слепиот крај на линијата, каде што возовите ќе го менуваат колосекот:



Така опфативме 11 од вкупно 13те станици во изградба во моментов во Софија. Останаа само Хан Кубрат (М2) и Младост 3 (М1)...

Cheers


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 12:58
Понови слики од наземниот транспорт на Софија. Започнуваме со автобусите:














-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Dec-2011 at 13:20
Тролејбуси:
Старите тролејбуси Ик280 на станицата крај СУ Св. Климент Охридски:



Иако стари, внатрешност изгледа релативно добро:



Новите Шкоди на истата станица:







И целосно обновен нископоден Ик280:




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте



Print Page | Close Window