Железничко поврзување на Кавадарци
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1198
Printed Date: 07-Jul-2025 at 15:05
Topic: Железничко поврзување на Кавадарци
Posted By: axel
Subject: Железничко поврзување на Кавадарци
Date Posted: 21-Feb-2011 at 12:09
Железница во Кавадарци?
Ангел Данов
КАВАДАРЦИ - Стопанството од Кавадарци има
потреба од железнички сообраќај, бидејќи ќе се намалат транспортните
трошоци на фирмите. Со изградба на дел од железничката пруга,
кавадарчани ќе можат да патуваат со воз.
За оваа идеја стана
збор на средбата на кавадаречкиот градоначалник, Александар Панов, и на
бизнис-заедницата со директорот на „Македонски железници - Транспорт“,
Оливер Деркоски. Притоа, беше договорено да се скенира теренот и да се
изготви финансиска конструкција.
„Ова е се' уште идеја, а не
проект во реализација. Во иднина ќе настојуваме кавадарчани да добијат
железничка пруга, а фирмите поевтин транспорт. Најнапред ќе ги согледаме
финансиските параметри. Потоа ќе одлучиме дали железницата ќе се гради
преку јавно приватно партнерство, дали може да помогне државата, а зошто
да не се искористат и европските фондови“, рече градоначалникот Панов.
Првиот
човек на „Македонски железници“ ја поздрави идејата на градоначалникот.
„До Кавадарци треба да се изградат 5-6 километри, еден крак што би го
поврзал Кавадарци со железничката инфраструктура. Во градот има
стопански капацитети што имаат потреба од железница“, нагласи Деркоски.
Изградбата
на еден километар пруга чини најмалку милион евра во зависност од
теренот. ИГМ „Трејд“ од Кавадарци искажала подготвеност делумно
финансиски да ја поддржи реализацијата на ова идеја.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4CCBDDC3C6CBE14796F8D11DAC9C5CD4
|
Replies:
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 21-Feb-2011 at 21:55
Мислам дека има повеќе од 5-6 км, но сеедно пруга до Кавадарци е одлична идеја, и ако се вклучи јавно приватно партнерство има шанси и да се оствари
------------- Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/
|
Posted By: axel
Date Posted: 21-Feb-2011 at 22:09
sekako deka e odlicna ideja,plus vo kavadarci ima nekolku golemi stopanski kapaciteti sto im treba zeleznicko povrzuvanje a sekako benefit e i za gragjanite na kavadarci.i kako so pisuva pogore vo tekstot igm e podgotvena delumno dinansiski da ja podrzi ovaa ideja feni isto taka bi mozel da go napravi toa drug del so pomos na drzavata ili preku eu fondovite za lokalen ekonomski razvoj
|
Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 21-Feb-2011 at 23:15
Ова би било одличен економски проект кој брзо би се исплатил. За градење се околу 12км, но како што пишува во најавата, цената е во зависност од теренот. Не верувам дека целава приказна би чинела нешто повеќе од 35 милиони евра што според мене не е многу. Ја поздравувам идејата и се надевам дека ќе се оствари во блиска иднина...
Според мене изградбата би чинела 20 мил. евра, експропријација на земјиште некаде околу 8 мил. евра, и изработка на студија и испитување на теренот 7 мил. евра...
-------------
|
Posted By: axel
Date Posted: 22-Feb-2011 at 12:19
Кавадарци планира изградба на железница Локалната
власт на Кавадарци и кавадаречките бизнисмени поведоа иницијатива за
поврзување на градот со железница. За таа цел деновиве градоначалникот
Александар Панов и бизнисмени од Кавадарци имаа средба со директорот на
„Македонски железници и транспорт“, на која беше речено дека
бизнисмените се заинтересирани да инвестираат во изградба на железница
до Кавадарци. Беше речено дека ќе следува скенирање на теренот и
изготвување финансиска конструкција.
Ставањето во функција на
железнички сообраќај до градот на виното ќе има големо значење за
намалување на транспортните трошоци на кавадаречките фирми, беше
едногласниот заклучок од средбата. Градоначалникот Панов рече дека се
надева оти локалната самоуправа, заедно со „Македонски железници“,
бизнис-секторот и со помош од државата, како и од европските фондови, ќе
успее да ја реализира оваа идеја.
До Кавадарци треба да бидат
изградени околу 6 километри пруга и тоа еден крак, бидејќи во близина
минува пругата која оди до комбинатот „Фени“. Кавадарци е втор град по
обрт на капитал во државата и затоа од непроценливо значење е негово
поврзување со железничката инфраструктура на државата, беше нагласено на
средбата. Железницата, како што беше истакнато, ќе донесе нови
инвестиции и нови вработувања, а за изградба на пругата се потребни
неколку милиони евра. Кавадарчани велат дека ова е добра идеја со оглед
на тоа што железничкиот транспорт е најевтин, после морскиот. (С.Д.)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D97C9DA2794FDC4EBCA8FC8C349B66D3
|
Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 22-Feb-2011 at 23:54
Значи само 6 километри од Фени до Кавадарци да се изградат и проблемот решен.
------------- Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Feb-2011 at 18:52
И јас се изненадив дека пругата која завршува кај Шивец/Фени е толку блиску до Кавадарци. Навистина се работи за 5-6 километри кои фалат и тоа може да се протне по исклучително лесен терен (на трасата обележана на скицата подолу која се држи блиску до патот Р-107 практично нема никакви препреки, ниту пак некакви осетни вертикални разлики). Би рекол дека проценката на Даниел е премногу песимистичка  Поголеми трошоци веројатно треба да се очекуваат за: - реконструкција на постоечкиот дел Градско-Шивец (има ли некој сознанија во каква состојба е тој?) - електрификација (што мислам дека би било логично со оглед на фактот дека се работи за кратка гранка која се двои од електрифициран коридор - не би се исплатело поради толку краток сегмент по К10 да се движат дизел локомотиви и гарнитури, ниту пак да се менуваат локомотиви во Градско) - изградба на пропратна инфраструктура во Кавадарци, индустриски колосеци и слично - изградба на станична зграда во Кавадарци
Мене всушност ме чуди зошто овој проект на времето не бил во пакет со поврзувањето на Фени.
Инаку на скицава имам обележано само до таму до каде што е потребно за патничка станица, а за индустријата треба продолжување кон север за уште ~ 1 километар. Но Кавадарци изгледа баш прикладно за ваква траса. Патничката станица би била на само 5 минути пешачење од центарот на градот и разумно достапна за целиот град, а на само чекор од таа станица е збиено и грото на кавадаречката индустрија.

|
Posted By: axel
Date Posted: 25-May-2011 at 20:53
Проект на ВМРО-ДПМНЕ и на ИГМ трејд за јавно-приватно партнерство
Ќе се гради пруга до индустриската зона во Кавадарци?!
http://www.kapital.mk/clientControls/s.jovanova@kapital.com.mk - Соња Јованова
 Изградба
на нова железничка пруга од Градско до Кавадарци предвидува ВМРО-ДПМНЕ
во својата предизборна програма. Станува збор за пруга во должина од
шест километри на релација Градско-Шивец-Кавадарци, а ќе има за цел да
им ја олесни работата на големите компании од Кавадарци, односно да им
ги намали трошоците за транспорт. Партијата на Никола Груевски ветува
дека проектот ќе го реализира од 2013 до 2016 година врз принципот
јавно-приватно партнерство. За овој проект особено е заинтересиран
сопственикот на фабриката за заварени цевки и профили ИГМ трејд од
Кавадарци, Илија Гечев.
“Нормално дека реализацијата на пруга
кон Кавадарци е реално остварлива инвестиција, која ќе функционира како
јавно-приватно партнерство, впрочем, нешто што функционира секаде во
свет. Значи, ако остане истата влада ќе потпишеме договор наредната
година и за четири години ќе ја изградиме пругата. И нема само ние да ја
користиме. Тука се Тиквеш, Дрвниот комбинат и некои други, но ние ќе
финансираме најмногу затоа што и најмногу ќе ја користиме“, додава
Гечев.
Поврзувањето на Кавадарци со постојната железничка пруга
од Коридорот 10, проект напишан во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, не е нова
идеја. Локалната бизнис-заедница, заедно со градоначалникот на
Кавадарци, Александар Панов, уште на почетокот од годинава бараше од
директорот на МЖ Транспорт, Оливер Деркоски, железнички сообраќај да се
воведе и во Кавадарци со цел да се намалат транспортните трошоци на
фирмите од овој крај. Според пресметките, најмалку еден милион евра ќе
чини изградбата на само еден километар пруга, но дополнителни трошоци ќе
има и за изградба на дополнителна инфраструктура, електрификација и
слично.
Во близина на овој крак минува и пругата која оди до
комбинатот Фени, која е изградена токму од оваа компанија во време кога
се основаше комбинатот. Првите луѓе на Фени велат дека по железничката
пруга во просек месечно превезуваат 35.000-45.000 тони материјал,
најчесто руда и јаглен. Но, сметаат дека за ефикасна искористеност на
оваа пруга предуслов е да има поголем број локомотиви и повеќе типови
вагони за превоз на различни товари. http://www.time.mk/read/NONE/d3feb10659/index.html
|
Posted By: Тркало
Date Posted: 26-May-2011 at 01:34
Паметна идеја,ако имаат вистинска волја и намера можат брзо да ја средат,ништо страшно не се 5-6 километри.
Друга работа ми падна напамет гледајќи ја трасава,после индустриската зона пругата да ја продолжат во правец накај Марена до Неготино.
Зошто во иднина да се пуштат 2 посебни воза за Кавадарци/Гевгелија кога би можело истиот воз по линијата Градско-Кавадарци-Неготино-Гевгелија,а делот Неготино - Градско да е чисто само за товарен сообраќај и би се заштедило на време/поголема ефикасност на целит систем.
|
Posted By: mr bombastic
Date Posted: 12-Nov-2012 at 22:40
Има ли некакви новости за Кавадарци и дали некој некогаш спомнал план за железничко поврзување на некои места во источна Македонија како Струмица, Радовиш итн.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Nov-2012 at 01:05
Хммм навистина што бидна со најавава, поминаа речиси 2 години, уште ли го скенираат теренот за 5 километри пруга?
А за поврзување на Струмица, веројатно го спомнуваат политичари онака од ракав, но не сум наишол на податок дека за тој потенцијален проект постои било каква, макар најбазична почетна документација. Инаку тоа железничко поврзување (Штип-Радовиш-Струмица) е предвидено во просторниот план на Македонија, но би се изненадил ако фигурира на некое друго место.
|
Posted By: mr bombastic
Date Posted: 15-Nov-2012 at 01:29
Да Clover не само 2 туку и уште 2 изгледа ќе го испитуваат теренот за 5 км пруга зошто тоа е навистина "голема" километража па треба се темелно и детално да се испита Ова само уште еднаш ја покажува нашата мизерија во железницата и да исто како и тебе и јас би се изненадил ако негде фигурира потенцијален проект за Штип-Радовиш-Струмица - тоа според мене би било рамно на чудо
|
Posted By: BOJAN
Date Posted: 15-Nov-2012 at 01:39
Originally posted by mr bombastic
Да Clover не само 2 туку и уште 2 изгледа ќе го испитуваат теренот за 5 км пруга зошто тоа е навистина "голема" километража па треба се темелно и детално да се испита Ова само уште еднаш ја покажува нашата мизерија во железницата и да исто како и тебе и јас би се изненадил ако негде фигурира потенцијален проект за Штип-Радовиш-Струмица - тоа според мене би било рамно на чудо
|
Видете вака, додека почне изградбата на тие 5 километри ќе бидат организирани уште барем 3-4 прес-конференции за оваа тема, ќе има 2-3 посети на лице место од министри, потоа ќе има неколку седници на влада од кои ќе излезат соопштенија за одлука во тој правец, па дури после неколку години ќе започне изградбата која ќе трае околу 3 години.
|
Posted By: mr bombastic
Date Posted: 15-Nov-2012 at 02:54
Originally posted by BOJAN
Originally posted by mr bombastic
Да Clover не само 2 туку и уште 2 изгледа ќе го испитуваат теренот за 5 км пруга зошто тоа е навистина "голема" километража па треба се темелно и детално да се испита Ова само уште еднаш ја покажува нашата мизерија во железницата и да исто како и тебе и јас би се изненадил ако негде фигурира потенцијален проект за Штип-Радовиш-Струмица - тоа според мене би било рамно на чудо
|
Видете вака, додека почне изградбата на тие 5 километри ќе бидат организирани уште барем 3-4 прес-конференции за оваа тема, ќе има 2-3 посети на лице место од министри, потоа ќе има неколку седници на влада од кои ќе излезат соопштенија за одлука во тој правец, па дури после неколку години ќе започне изградбата која ќе трае околу 3 години.
|
За жал верувам дека ќе биде токму вака Бојан......
|
|