Print Page | Close Window

Телеком арена (арена Филип II Македонски)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Спортски
Forum Discription: Стадиони, сали, спортско-рекреативни објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=12
Printed Date: 16-Apr-2024 at 12:56


Topic: Телеком арена (арена Филип II Македонски)
Posted By: pbanks
Subject: Телеком арена (арена Филип II Македонски)
Date Posted: 09-Sep-2007 at 19:14

Не се знае кога ќе започне изградбата на северната трибина

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=49&VestID=83663 - Емилија Јовановска  
09.09.2007

Се уште не се знае кога ќе започне изградбата на северната трибина на Градскиот стадион. Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор велат дека најверојатно градежните работи ќе отпочнат кон крајот на годината.

Не е познато ни која фирма ќе го гради стадионот, иако тендерот беше распишан уште во март. Обезбедени се и пари за изградбата, повеќе од 10 милиони евра, но процедурата доцнела од административни причини, велат во ПУИК.

„Ги исполнуваме условите за градење на тој стадион. По добивањето на локациски услови, коишто се составен дел од втората фаза на тендерот, ние ќе го објавиме вториот дел од тендерот и после локациски услови доаѓа одобрението за градење. Ќе го поднесеме барањето и општината Центар ќе треба да ни издаде одобрение за градење“, изјави Ивица Коневски, директор на ПУИК.

Засега е предвидено да се изгради само северната трибина, која ќе биде висока 35 метри, а според проектот, ќе наликува на јужната.

За да се изгради стадион според сегашните правила на ФИФА и на УЕФА, морало да се направат промени и на проектот. Првичниот проект за изградба на Градскиот стадион е направен во 80-тите години.

Шест месеци биле потребни за измените на проектот, велат во ПУИК. Од десетте фирми кои првично се пријавиле на тендерот за изградбата на трибината, седум ги исполнуваат условите.

Од Македонија се четири - „Бетон“, „Гранит“, „Пелагонија“ и „Карпош“, и уште три странски компании - две од Грција и една од Австрија.

Една од фирмите која сакаше да ја гради северната трибина беше „Инпорекс“, сопственик на „Кинескиот ѕид“. Не се пријавила на тендерот, но германскиот сопственик понудил 10 милиони евра за изградбата.

Според неговиот проект, северната трибина ќе останеше на сегашната висина, со што немаше да пречи на становите од „Кинескиот ѕид“. Така тие не би изгубиле од својата атрактивност.




Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Sep-2007 at 20:36
Да де, стално нешто касни и стално истите приказни... Битанги!

Најавата нели беше дека у септември стартува изградбата... А сега у септември уште не знаеме кој победил на тендерот Confused

Не само тоа, туку воопшто ништо не знаеме. Али ја памтам ко слон. Еве пак да ве потсетам на ова:
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1036&ArticleID=68216 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1036&ArticleID=68216

Еве цитат од текстот:
За десетина дена ќе се знаат сите детали и тогаш ќе организираме презентација за да ги запознаеме граѓаните точно како ќе се гради трибината - додаде Коневски.
(Коневски е директор на ЈПССДП)

Е сега ова беше објавено (веќе уште тогаш после долго одолговлекување), на 10-ти Март. Десет дена после таа дата е 20-ти Март. Сега сме 9-ти септември. Единствената информација што ни беше сервирана за оваа точно половина година е дека испратиле некаква си „делегација“ во Лондон, да го видела новиот Вембли Disapprove
„Делегацијата“ кога се врати, гордо ни соопшти дека градски ќе бил како Вембли (што и да им значи тоа)

Целава работа смрди-труе. Тука е нормално и Кинескиот зид, за сето ова да биде уште поголема каша.


А за оваа скоро цела година дудлање околу стадионот, станав редовен посетител на сајтот на ЈПССДП, со надеж дека конечно ќе дадат било каква информација. За сето ова време на страницата за проекти ве чека следното:
Секцијата е во изработка

Воопшто сајтот е речиси празен, а последната (било каква) вест е објавена на 02.03.2007
И сега после сето ова нив ли да им верувам дека добро ќе ја завршат работата околу стадионот?

Dead




-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Nov-2007 at 18:48
Roll%20eyes

ТЕНДЕР ЗА СЕВЕРНАТА ТРИБИНА НА „ГРАДСКИ“
Седум фирми во трка за доградба на стадионот

Проектот за надградба на северната трибина на Градскиот стадион во Скопје почнува да се реализира денеска со отворање на понудите. Во игра кој ќе ја добие оваа капитална инвестиција на Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор се „Бетон“, „Гранит“, „Маврово инженеринг“, „Алпина“, две грчки фирми што првпат се јавуваат на тендер во Македонија и „Карпош АД“. Дел понудувачи за „Време“ велат дека ова е првпат на транспарентен начин да се врши изборот на изведувачот на градежните зафати. - Првпат се гради според европски критериуми - клуч на рака. Оној што ќе биде избран за изведувач на работите треба за 18 месеци да ја заврши доградбата на северната трибина. Ако се задоцни со градењето, се плаќаат дневни казни - велат дел понудувачи. Тие велат дека од конкурентите што се јавиле на понудата, само две фирми имаат искуство во изградбата на вакви објекти. - Малкумина знаат дека „Бетон високоградба“ учествувала во изградбата на Маракана во Белград. Ако фирмата „Алпина“ е вистинската австриска фирма што ја градеше Алијанц-арената во Минхен, тогаш може да очекуваме дека ќе имаме стадион од светско ниво - напоменуваат понудувачите. Тие стравуваат дека тендерот може да заврши во рацете на неквалификувани претпријатија. - Видете што се случи со зградата на „Џонсон контрол“ во Бунарџик. Првин прокисна покривот, па потоа се запали. Не сакаме да имаме негативни последици од нестручната изградба на северната трибина - додаваат тие.

Г.Г.



Извор: http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1263&ArticleID=81106 - Време


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2007 at 19:02
Па нели понудите беа доставени уште многу одавна??? Зошто дури сега се отвараат?


Во секој случај околу стадионов имаше и уште има такви заебанции што на секоја вест ќе гледам крајно скептично, се додека не се потврди со сигурност.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Dec-2007 at 16:37
Nuts.... ili mozda mislele Fevruari 2008??
 
Новата северна трибина ќе биде готова до февруари

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/18950/Gradski-sever.jpg">

Новата северна трибина на Градскиот стадион ќе биде изградена до февруари идната година, најави Владата.

„Владата издвои 6 милиони евра за изградба на северната трибина на Градскиот стадион“ рече премиерот Никола Груевски.

Според Груевски, Владата ќе ги префрлела парите на јавното претпријатие до крајот на месецот, а кон крајот на декември Владата ќе почне со рушење на трибината, за да биде готова до февруари.

Парите биле издвоени од буџетот од 2007 година.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 04.12.2007 16:21:11

Извор: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=18950&kategorija=1 - Нетпрес


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2007 at 17:09
Nuts

Добро кажано


И баш ме интересира колку може да се изгради за 6 милиони... И ова ќе биде градено на којзнае колку рати. Се плашам дека и во февруари 2009 нема воопшто да се гледа крајот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Dec-2007 at 20:31


mene vo princip najvekje me interesira kako seto toa treba da izgleda.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2007 at 21:55
Последна верзија на која што сум наишол е дека ќе се гради по стариот проект, то ест симетрична северна трибина и комплетен стадион со атлетска патека. Пошто кинескиот ѕид уште не е решен, очигледно сето тоа ќе изгледа многу лошо. Ама тоа е сепак милион пати подобро отколку да се менува изгледот на стадионот. Ако кинескиот не се руши или конфискува, тогаш бар ќе биде испод бетонска трибина и тоа е каква-таква казна за газдите. Ама не верувам дека баш толку е спремна работава,  ниту 6 милиони се реално доволни за да добиеме комплетирана трибина. Којзнае дали воопшто се решени некои клучни работи, па можеби ни надлежните не го знаат конечниот изглед... Ми изгледа дека се брзаат да почнат неколку популистички проекти зашто за пола година скоро сигурно идеме на предвремени избори. А кога ли ќе бидат завршени проектите вклучувајќи го и стадионов, тоа господ знае... Roll%20eyes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2007 at 22:04
Не искоментирав за суштината на твојата дилема Џуро... Во право си, сите не интересира како ќе изгледа. А надлежните мува не ги лази што туркаат вакви работи без никаква презентација. Се се прави во матно... Тоа не е само неодговорно, туку остава и голем простор за сомневање во корупција. Да биде уште полошо уште одавна најавуваа дека ќе го претстават проектов, ама сега се прават мутави Bash


Posted By: kire85
Date Posted: 05-Dec-2007 at 01:07

kraj na dekemvri ke se prefrlat parite od vladata, januari 2008 ke pocne da se rusi severna, a februari 2008 treba da POCNE izgradbata, a ne da zavrsi. Kolku ke trae seto toa....imajki ja vo predvid nasata organiziranost nekjam ni da pomislam na takvo nesto....odma mi se temni.

 

Владата ќе купи нови автобуси за Скопје

Скопје /04/12/ 16:48

Инвестиции во купување на нови автобуси за Скопје, доизградба на Градскиот стадион, реконструкција на скопската Зоолошка градина и електрификација на индустриската зона во Битола, најави Владата.

Одлуката за ова ја донесе Владата на последната седница, соопшти денеска на прес конференција премиерот Никола Груевски, јавува Макфакс.

Премиерот појасни дека инвестициите ќе се реализираат до крајот на оваа година, а средствата од околу 12,3 милиони евра се од тековниот буџет.

Владата обезбедила 4,4 милиони евра за купување на 45 до 50 модерни еколошки автобуси за потребите на град Скопје,а парите до крајот на декември ќе му бидат префрлени на Јавното сообраќајно претпријатие –ЈСП.

Груевски соопшти дека Владата на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен простор ќе му префрли околу шест милиони евра за изградба на северната трибина на градскиот стадион во Скопје.

Предвидено е во јануари да се урне постојната северна трибина,. а во февруари да почне изградбата на целосно нова трибина, која ќе биде идентична со јужната трибина на Градскиот стадион.

Околу 700,000 евра од тековниот буџет ќе бидат наменети за реконструкција и модернизација на Зоолошката градина во Скопје. Според Груевски, со ова главниот град на Македонија ќе добие европска зоолошка градина.

Премиерот додаде дека Владата обезбедила 1,2 милиони евра за електрификација и изградба на потребната инфраструктура во индустриската зона во Битола./

www.makfax.com.mk



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Dec-2007 at 01:33
Originally posted by kire85

Kolku ke trae seto toa....imajki ja vo predvid nasata organiziranost nekjam ni da pomislam na takvo nesto....odma mi se temni.




Пак подобро да оди споро ради неорганизираност, отколку да е чисто предизборен маркетинг без план да се заврши.

Земи го на пример патот Велес-Прилеп преку Бабуна. Беше почнат во средината на 90-тите предизборно, лично од Црвенковски. Чисто предизборно, веројатно без сериозен пристап за да се изгради. До денеска не е мрднато на тоа поле... Единствено и тоа што е изградено пропаѓа во меѓувреме. А не се баш занемарливи пари фрлени и за тоа малце што е изградено Roll%20eyes Такви слични проекти за жал имаме на претек... Па се плашам да не ги дочека слична судбина сите овие проекти што ни ги најавува владата, зашто големи се шансите догодина да се оди на предвремени избори.

Сега знам дека ќе улета Great Makedon и ќе направи дистинкција меѓу Бранко и Грујо Big%20smile, ама јас лично сум многу скептичен... Дур не отидам на стадион да навивам од нова северна трибина, нема да верувам. Имам доволно искуство со разноразни ветувања за така лесно да наседнувам.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Dec-2007 at 13:44
Еве нешто што излегло во Македонски Спорт. Искрено скептичен сум и за цената и за рокот, ама дај боже времето да ме побие. А добро е тоа што ќе се оди и со нов покрив. Ми се допаѓа концептот за покривот - баш го замислував како делумно транспатентен. Cheers

http://imageshack.us">



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 05-Dec-2007 at 15:42
Дали јас добро читам во скенираниот текст дека целата инвестиција би чинела 15 милиони Евра??? Па тоа веќе и не е така мала сума, но нели вчера владата одобри само 6М? Дали е ова пак некоја паушална, новинарска недореченост?


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Dec-2007 at 17:19
ako izgleda vaka site grevovi okolu slucajov bi bile prosteni

Edvaj cekam da go vidime renderov vo kolor ko sto treba. Ne mi e jasno zosto nema nekoja konferencija za pecat barem za toa


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Dec-2007 at 17:50
Originally posted by UrbanFreak

Дали јас добро читам во скенираниот текст дека целата инвестиција би чинела 15 милиони Евра??? Па тоа веќе и не е така мала сума, но нели вчера владата одобри само 6М? Дали е ова пак некоја паушална, новинарска недореченост?



6 милиони за северната трибина, а 15 за цел стадион. Јас барем така сватив. Ама јас баш мислам дека тоа е навистина мала сума. Реков дека се надевам дека грешам - дај боже за тие пари да добиеме пристоен стадион, не мора да е светско чудо.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 05-Dec-2007 at 19:12
Мислам дека на секој иден рендер од стадионов треба да биде ставен и Кинескиот Ѕид... чисто онака, да имаме у предвид како тоа би изгледало Crazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Dec-2007 at 19:17
Ако, боље е без кинески ѕид. Ако го стават праќаат лоша порака. Ваљда ќе се руши...


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 06-Dec-2007 at 01:06
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by kire85

Kolku ke trae seto toa....imajki ja vo predvid nasata organiziranost nekjam ni da pomislam na takvo nesto....odma mi se temni.




Пак подобро да оди споро ради неорганизираност, отколку да е чисто предизборен маркетинг без план да се заврши.

Земи го на пример патот Велес-Прилеп преку Бабуна. Беше почнат во средината на 90-тите предизборно, лично од Црвенковски. Чисто предизборно, веројатно без сериозен пристап за да се изгради. До денеска не е мрднато на тоа поле... Единствено и тоа што е изградено пропаѓа во меѓувреме. А не се баш занемарливи пари фрлени и за тоа малце што е изградено Roll%20eyes Такви слични проекти за жал имаме на претек... Па се плашам да не ги дочека слична судбина сите овие проекти што ни ги најавува владата, зашто големи се шансите догодина да се оди на предвремени избори.

Сега знам дека ќе улета Great Makedon и ќе направи дистинкција меѓу Бранко и Грујо Big%20smile, ама јас лично сум многу скептичен... Дур не отидам на стадион да навивам од нова северна трибина, нема да верувам. Имам доволно искуство со разноразни ветувања за така лесно да наседнувам.


Nemase da pravam distinkcija megu Branko i Grujo zasto toa e nesporedlivo.. Branko vetuvase selski cesmi......
Grujo uste vo prvata godina od vladeenjeto napravi poveke od kolku sto branko napravi vo site negovi predizborni kampanji.... isto taka blagodarenie na Grujo slusnavne premier da izustuva zborovi kako 'ekonomija' prv pat vo makedonskata istorija Thumbs%20Up

Ne Velam deka Grujo e svetec, ama covekot se trudi da ja izvadi makedonija od kalta vo koja sto e zakopana... i ako segasnava vlast prodolzi da ja podobruva ekonomskata situacija vo makedonija .. na slednite parlamentarni izbori makedonija ke bide izvlecena od kalta no seuste neizmiena i valkana, no barem ke moze da dise.... ako ovaa vlast povtorno pobedi na izborite vo 2010... togas do izborite vo 2014 (MK ke se izmie od svojata smrdea) ke imame demokratska drzava so pazarna ekonomija so dobar standard na graganite i mala nevrabotenost +reformirano i razvieno zdravstvo/obrazovanie/sudstvo.

Applause jas sum po priroda optimist.. zatoa koga vlasta dava 6 milioni za stadionot ne treba da kukame deka bile "malce" tuku da receme, ejj toa se 6 milioni koj dosega nikoja druga vlast ne gi dala..... koga vlasta ke dade pari za 50 novi avtobusi da ne placime deka toa ne e dovolno tuku da receme... ejj, sukur sto na nekogo mu teknalo barem malce da pomogne vo javniot prevoz... i na kraj trifunce treba da stavi slika od Grujo do negovata rozova Masna i da se krsti vo nego zasto site nadleznosti negovi koj toj ne gi napravi, grujo mu gi pravi... kako sportska sala.. zooloska.. gradski stadion... avtobusi itn.Cheers




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Dec-2007 at 01:55


Јас сум во Македонија и верувај уште не сум почуствувал ништо од овие убавини што ги спомнуваш. Нормално треба време, ама од она што до сега го гледам многу работи одат во лоша насока, а овие убави работи што ги кажуваш се 99% на ниво на најави, нема многу конкретно придвижување... Но тоа е мое субјективно мислење, како што и ти имаш право да имаш свое мислење.



Е сега за објективниот дел:

Originally posted by GreatMakedon

jas sum po priroda optimist.. zatoa koga vlasta dava 6 milioni za stadionot ne treba da kukame deka bile "malce" tuku da receme, ejj toa se 6 milioni koj dosega nikoja druga vlast ne gi dala..... koga vlasta ke dade pari za 50 novi avtobusi da ne placime deka toa ne e dovolno tuku da receme... ejj, sukur sto na nekogo mu teknalo barem malce da pomogne vo javniot prevoz... i na kraj trifunce treba da stavi slika od Grujo do negovata rozova Masna i da se krsti vo nego zasto site nadleznosti negovi koj toj ne gi napravi, grujo mu gi pravi... kako sportska sala.. zooloska.. gradski stadion... avtobusi itn.Cheers


Власта не дава свои пари, туку ги распоредува јавните приходи. На ова поле донекаде можеме да бидеме задоволни, ама само кога ќе видиме дека навистина се реализираат проектите, а не во фаза во која што сме сега. Па колку пати ќе наседнуваме на удирање камен темелници и сл.

А кога сме веќе кај распоредувањето на јавните приходи, ниту Трифун, ниту скопјани не треба да бидат воопшто благодарни или задоволни од тоа распоредување. Не знам како го замислуваш делот дека Груевски му ги врши работите на Трифун... Сме збореле за ова и порано. Град Скопје е прво буквално ограбен од страна на централната власт, а потоа ни фрлаат трошки и ние треба да сме среќни??? Е така не оди... И згора на се со тие пари Грујо и компанија тераат популизам и триумфализам Bash

Ваквата поставеноста на финансиите на градот е голема пречка за развојот на целата Македонска економија, зашто најголем дел од економската активност се одвива во Скопје. На градов очајно му требаат пари за да ја развива и одржува инфраструктурата. А пари ќе имаше доволно за пристојно темпо на развој доколку во Скопје останат барем малку поголем дел од парите кои што се создаваат тука. Моментално централната власт му ги зема сите пари на градот, а му враќа трошки (и тоа проследено со безобразно фалење од типот: гледајте сите колку сме дарежливи и великодушни)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Dec-2007 at 02:34
Еве подетално од Утрински

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4DB03BBC01F4074F943FD09E37179421 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4DB03BBC01F4074F943FD09E37179421

Градскиот стадион како „Вембли“

Утре ќе биде познато која фирма понудила најповолни услови на тендерот за изградба на северната трибина на Градскиот стадион

МИОДРАГ МИЦКОВИЌ

Веќе нема дилеми дека Скопје ќе добие модерен фудбалски стадион, кој, кога ќе биде довршен ќе ма околу 50.000 седишта. Пред десетина дена беа разгледани сите понуди на распишаниот меѓународен тендер за изградба на северната трибина на Градскиот стадон во Скопје на кој учествуваа седум фирми. Тоа се „Бетон“, „Гранит“, „Маврово инжењеринг“, „Алпина“, „Карпош“ и две фирми од Грција.

Комисијата за јавни набавки на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во текот на утрешниот ден официјално ќе објави чија понуда, како најповолна е прифатена. Иако, во јавноста процуре веста дека изведувач на градежните работи на Северната трибина ќе биде „Бетон“, кој има најповолна понуда, дефинитивната одлука ќе биде позната утре кога во Јавното претпријатие ќе биде потпишан договор со изведувачот.

Меѓутоа, некои работи се познати. Најпрвин, на последната седница на Владата на Република Македонија е донесена одлука да се доделат шест милиони евра за изградба на северната трибина, која според тендерската документација треба да биде завршена за 18 месеци. Северната трибина ќе биде „копија“ на јужната, треба да има 18.000 седишта, со сите придружни објекти, поттрибински простор. На северната трибина ќе бидат обезбедени места и за новинарите, со телефони и сите други објекти потребни за телевизиските преноси.

Целиот проект за изградба на северната трибина и докомплетирање на Градскиот стадион е направен во проектанското биро на „Бетон“, кое инаку беше проектант и кој ја градеше јужната трибина.

Според информациите до кои дојдовме, сегашната северна трибина ќе биде урната, во текот на градежните работи на целиот тој простор ќе биде поставена челична мрежа за да можат да се играат нормално натпревари на Градскиот стадион со оглед дека во текот на летово екипите од Македонија ќе играат во европските купови, а веќе од август се и првите натпревари на репрезентацијата во квалификациите за светското првенство.

Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор од Фудбалската федерација е побарано какви се' услови се потребни за одигрување на меѓународните натпревари кога се врши санација на стадионот и кога се изведуваат поголеми градежни зафати.

Освен тоа, Владата даде и зелено во склопот на садионот, да се доизгради и реновира сегашнаа атлетска патека која е доста руинирана и на која не можат да се организираат големи меѓународни натпревари.

Според првиот проект, требаше да остане сегашната, со шест атлетски патеки, со тоа што пред јужната трибина, каде има доволно простор би се доизградиле уште две патеки за 110 и 100 м. тоа го дозволуваат правилата на Светската федерација. Требаше да биде потпишан договор меѓу МОК и италијанската фирма „Мондо“, која требаше да ја постави новата патека на стадионот, но тој не беше потпишан иако беа обезбедени средства во износ од 330.000 евра. Од тие средства 33 отсто обезбедуваше Светската атлетска федерација, 33 отсто Европскиот олимписки комитет и 33 отсто Македонскиот олимписки комитет. Меѓутоа, сега постои нова варијанта, на стадионот да бидат изградени осум патеки, за да може на него да се одржуваат дури и европски првенства. Меѓутоа, тоа ќе ја зголеми цената, потребни се уште 50.000 евра за тие две кружни патеки и околу 45.000 евра да се симне сегашниот тартан од патеките, да се изврши дренажа, да се стави нова подлога за да може да интервенира италијанската фирма „Мондо“. Но, сето тоа може да се реализира кога ќе бидат при крајот градежните работи на северната трибина која ќе мора да се помести за неколку метри наназад, за да се направи место за двете атлетски патеки. На јужната не е проблем, има доволен простор. Во секој случај, средствата за изградба на северната трибина се обезбедени, се чека да се потпише договор со најповолниот понудувач и да се почне со работа. Во меѓувреме, сите времени објекти, кои беа лоцирани зад северната трибина се урнати, тој простор е исчистен така што тука ќе нема проблеми. Но, сепак се' уште има работа. Учесниците во тендерот, кои не се избрани имаат право на жалба, потоа фирмата која победила на тендерот треба да обезбеди градежна дозвола и други потребни дозволи за да почне да се реализира проектот. Едно е сигурно, за 18 месеци, Градскиот стадион ќе го видиме во ново руво, мнгоу помодерен отколку што е сега, а потоа на ред е доизградбата и на источнат аи западната трибина (стоење) тоа ќе биде едно прекрасно фудбалско здание.



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 06-Dec-2007 at 09:40
Мене искрено не ми е јасно зошто конечно од еднаш не се заврши изградбата? Се сложувам со GM дека и на 6те милиони треба да гледаме со радост НО кога веќе се прави јас сум за тоа да се прави до крај. Ја знаеме паушалностна на нашиот народ и нашите власти (кои и да се) и знаеме мал милион проекти кои што демек биле во прва фаза за некогаш да продолжат и тоа не се случило (примери: Нова Железничка, Куќата чир на Водњанска, стадионот, Јужен Булевар еден куп деловни згради....). Сево ова ме плаши дека ќе добиеме само уште една епизода од сапуницата наречена Стадион која којзнае кога ќе биде довршена. А сите очекуваме незнам какви спортски резултати во држава која има едвај 1/4 стадион (а сега ке има 1/2).


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 06-Dec-2007 at 23:21
cloverstack... tocno taka ti zivees vo Makedonija i samiot znaes kolku tesko se zivee, samiot sum videl so moj oci kolku tesko se zivee vo makedonija pa zatoa nikogas ne sum rekol deka tamu e raj, zasto da bese jas dosega ke bev preselen nazad vo MK.
Edinstveno nesto sto velam e deka veruvam makedonija situacijata se podobruva vo mnogu sveri, posto do pred nekoja godina rabotite odea samo nadolu.

Videte, jas odam Makedonija ednas na tri ipol godini (vo prosek).. i na sekoe odenje gledam podobruvanje, Skopje denes e mnogu poubav grad od pred deset godini, isto taka Ohrid. Toa znaci deka nekoj raboti se dzivat napred, samo treba tempoto da se zabrza.


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Dec-2007 at 23:41


точно е Скопје има направено напредок во многу сфери но реално и многу назадуваше во овие 15на транзициони години. Одржување на зеленило, екологија, улично осветлување, одржување на инфраструктурата..... Да не зборам за деградацијата на некои други аспекти на урбано живеење како последица на комплетното уништување на системот на вредности од '91 па навака. Да не зборам за големиот раст на криминалот итн...

Сепак.... да не навлегуваме во политика, ова е сепак thread за градскиот стадион. Јас сум генерално на линија со UrbanFreak и GreatMakedon. Ме радува што конечно се алоцираат пари за ваков тип на проекти после подолго време но и јас се надевам за комплетно, финално решение а не пак за некоја дропка. Самата изградба по фази кај нас е покажана како многу опасна и од еден друг аспект кој UrbanFreak не го покри. Секоја гарнитура тргнува со филозофијата дека се почнува од неа и комплетно го игнорира логичкиот тек на работите при продолжување на некој проект. Значи ако се направи северна и јужни трибина како на Вембли како што се фалат сеа овие, ништо чудно следната гарнитура на тоа да прикачи западна и северна трибина како од Сан Сиро и на крај ќе добиеме типичен Скопски хибрид/мутант кој не личи на ништо. Примери такви има безброј. Еве последен е со плоштадот и фонтаната каде поради промена на власта се игнорира еден убав проект, комплетно компатибилен со изгледот на плоштадот и се турка нешто шесто. Недовршени булевари, недовршени населби, недовршени трговски центри, недовршени урбани целини.... Тоа е нашата реалност. Така да се надевам дека каков и да усвојат мастер план за стадионот ќе го истуркаат до крај.


Posted By: shyes
Date Posted: 08-Dec-2007 at 17:13
Добар ќе личи стадионот кога ќе се заврши     


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Dec-2007 at 21:56
u najava Banana

ako elektronskata verzija na Utrinski vesnik vecerva bide identicna na pecatenata (po prasanje na sliki) verojanto kje imame 2 novi rendera od stadionot edniot ist ko ovoj so go postavi Clover a drugiot pogolem samo od severnata tribina

Samo da bidat vo boja, onie vo vesnik bea B&W


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2007 at 00:03
на здравје момци Cheers... Мене ми се свиѓа генерално иако би сакал да видам некој поасален рендер на кој што може да се запазат деталите. Но формата ми е супер

Во јануари ќе се урива северната трибина, изградбата ќе стартува во март

По нејзината изградба таа ќе биде главна трибина на Градскиот стадион

МИОДРАГ МИЦКОВИЌ

Деновиве ќе биде познато која од седумте фирми кои учествуваа на меѓународниот тендер за изградба на северната трибина на Градскиот стадион има најповолна понуда и ќе потпише договор со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор за нејзина изградба. Тендерската комисија веќе ги разгледа доставените понуди, но, конечната одлука која фирма ќе биде избрана, ќе биде донесена откако Владата ќе ги префрли шесте милиони евра што ги вети за изградба на северната трибина. Сепак, извори на „Утрински весник“ неофицијално велат дека победник на тендерот ќе биде градежната фирма „Бетон“, која веќе го има подготвено и проектот за идниот изглед на Градскиот стадион, кој откако ќе биде довршен, ќе претставува исклучително убав и модерен стадион. Во Јавното станбено претпријатие очекуваат дека до крајот на годинава ќе биде потпишан договорот со фирмата што ќе ја добие работата и веќе во јануари, веднаш по новогодишните и божикните празници ќе се почне со целосно уривање на постојната северна трибина. Според планот, изградбата треба да стартува на 1 март.

Проектот за изградба не само на северната трибина, туку и на источната и западната трибина (сегашното стоење), е целосно во согласност до Детаљниот урбанистички план. Според објавениот тендер, фирмата која понудила најповолни услови за изградба на трибината, ќе мора да ја изгради за 18 месеци, што е предвидено како услов во тендерот.

Северната трибина, кога ќе биде довршена ќе биде главна трибина на Градскиот стадион и ќе и' го преземе приматот на сегашната јужна трибина. Заедно со покривната конструкција, ќе биде висока 35 метри, за едно до два метра пониска од јужната и ќе има 11.400 седишта. На неа ќе биде изградена и модерна ВИП-ложа за гости, кои тука ќе ги имаат сите услови што ги нуди еден модерен стадион, без да минуваат низ темните простории на стадионот како досега при влезот на јужната. Новинарските места ќе останат на јужната трибина. Кога ќе биде довршена северната трибина, Градскиот стадион ќе има 28.000 седишта. Во поттрибинскиот простор ќе бидат изградени повеќе соблекувални, кои ќе ги користат клубовите што ќе играат на Градскиот стадион, со сали за масажа, сауна и други потребни простории. За играчите кои ќе доаѓаат на Градскиот стадион се подготвува специјална сообраќајница која обезбедува директен влез на стадионот, така што спортистите ќе бидат максимално заштитени. Во план е и изградба на голем паркинг-простор.

Инаку, сите привремени објекти кои беа лоцирани зад сегашната северна трибина се урнати, така што градежните работи ќе можат нормално да се одвиваат. Во текот на изградбата на северната трибина ќе биде поставена специјална челична мрежа за да може непречено да се играат не само првенствени туку и меѓународни натпревари, бидејќи, како што е познато, нашите клубови во текот на летните месеци ќе играат во европските купови, а веќе од септември ги очекуваат и квалификациските средби за настап на светското првенство.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=79B575BD3586FA4FA9EAAC405FC1C505 - Утрински весник


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Dec-2007 at 00:10
Cheers Cheers Само да не почнат со финансиски скандали, кочење на изградба и одложување за друга година.

    Си замислувам уште сега како на север ќе грми МАКЕДОНИЈА НАВИВА ЗА ВАС!!!



Cheers

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2007 at 00:13


ако ја земеме спортската сала како репер, тогаш се би требало да биде како што треба. Таму работата стварно добро се заврши. Иако процедурава за стадионот до сега беше многу нетранспарентна, реализација на проектот во оваа форма би ги искупил сите гревови.

Yes Cheers
Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Dec-2007 at 01:06
Одлично! Banana

Само да нема заебанции...


А малце ме буни зошто северна би била 1-2 метри пониска од јужна Question


Posted By: kire85
Date Posted: 12-Dec-2007 at 02:02
Originally posted by pbanks

на здравје момци Cheers... Мене ми се свиѓа генерално иако би сакал да видам некој поасален рендер на кој што може да се запазат деталите. Но формата ми е супер

Во јануари ќе се урива северната трибина, изградбата ќе стартува во март

По нејзината изградба таа ќе биде главна трибина на Градскиот стадион

МИОДРАГ МИЦКОВИЌ

Деновиве ќе биде познато која од седумте фирми кои учествуваа на меѓународниот тендер за изградба на северната трибина на Градскиот стадион има најповолна понуда и ќе потпише договор со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор за нејзина изградба. Тендерската комисија веќе ги разгледа доставените понуди, но, конечната одлука која фирма ќе биде избрана, ќе биде донесена откако Владата ќе ги префрли шесте милиони евра што ги вети за изградба на северната трибина. Сепак, извори на „Утрински весник“ неофицијално велат дека победник на тендерот ќе биде градежната фирма „Бетон“, која веќе го има подготвено и проектот за идниот изглед на Градскиот стадион, кој откако ќе биде довршен, ќе претставува исклучително убав и модерен стадион. Во Јавното станбено претпријатие очекуваат дека до крајот на годинава ќе биде потпишан договорот со фирмата што ќе ја добие работата и веќе во јануари, веднаш по новогодишните и божикните празници ќе се почне со целосно уривање на постојната северна трибина. Според планот, изградбата треба да стартува на 1 март.

Проектот за изградба не само на северната трибина, туку и на источната и западната трибина (сегашното стоење), е целосно во согласност до Детаљниот урбанистички план. Според објавениот тендер, фирмата која понудила најповолни услови за изградба на трибината, ќе мора да ја изгради за 18 месеци, што е предвидено како услов во тендерот.

Северната трибина, кога ќе биде довршена ќе биде главна трибина на Градскиот стадион и ќе и' го преземе приматот на сегашната јужна трибина. Заедно со покривната конструкција, ќе биде висока 35 метри, за едно до два метра пониска од јужната и ќе има 11.400 седишта. На неа ќе биде изградена и модерна ВИП-ложа за гости, кои тука ќе ги имаат сите услови што ги нуди еден модерен стадион, без да минуваат низ темните простории на стадионот како досега при влезот на јужната. Новинарските места ќе останат на јужната трибина. Кога ќе биде довршена северната трибина, Градскиот стадион ќе има 28.000 седишта. Во поттрибинскиот простор ќе бидат изградени повеќе соблекувални, кои ќе ги користат клубовите што ќе играат на Градскиот стадион, со сали за масажа, сауна и други потребни простории. За играчите кои ќе доаѓаат на Градскиот стадион се подготвува специјална сообраќајница која обезбедува директен влез на стадионот, така што спортистите ќе бидат максимално заштитени. Во план е и изградба на голем паркинг-простор.

Инаку, сите привремени објекти кои беа лоцирани зад сегашната северна трибина се урнати, така што градежните работи ќе можат нормално да се одвиваат. Во текот на изградбата на северната трибина ќе биде поставена специјална челична мрежа за да може непречено да се играат не само првенствени туку и меѓународни натпревари, бидејќи, како што е познато, нашите клубови во текот на летните месеци ќе играат во европските купови, а веќе од септември ги очекуваат и квалификациските средби за настап на светското првенство.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=79B575BD3586FA4FA9EAAC405FC1C505 - Утрински весник
 
Одлично!! Дај боже да не ја заташкаме и оваа работа, па после со задоволство да идеме на Градски.... Ептен ми се допаѓа изгледот....уствари проектот е истиот од Пољуд и у време Југославија кога беше замислено да се изградат и двата стадиона, ама како и по обичај у Хрватска се изгради а јужносрбијанците кој ги е**.Ohno
 
Нема везе, 10 пати е послатко коа самите ќе си го доградиме Градски!
 
Има ли некој информација за источна и западна, односно кога тие би можеле да се изградат како на рендерот? Многу ме интересира!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2007 at 02:15


па незнам за запад и исток, ама некако ми е глупо ако го прекинат проектов само север. Ако тие не се направат во еден здив сега ако тргне работата ќе се заташкаат на неодредено време посебно што не се грандиозни како северната трибина што значи не се толку подобни за политичка промоција. Незнам да се надеваме на најдоброто.

Искрено овој рендер што го гледам ми се свиѓа далеку повеќе него Пољуд.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Dec-2007 at 03:18
хмммммм...

нешто во врска со покривот - од рендерот изгледа дека пак нема баш комплетно да покрива и дека десетина реда ќе бидат „откриени“ (како и до сега на јужна)

ај ваљда уште не е све прецизирано


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Dec-2007 at 05:22
Originally posted by Cloverstack

А малце ме буни зошто северна би била 1-2 метри пониска од јужна Question


Сега се сетив на можноста дека ова евентуално може да е ради кинескиот зид. Просторот е ептен кнап, не за самата трибина, туку за пристапот и инфраструктурата околу неа... можеби морале малку да го модифицираат проектот...

Не знам, се надевам дека не е накаква импровизација ради таа усрана дивоградба Wallbash

Во секој случај, баш е чудно зошто северната трибина би била пониска, макар и минимално.


А кинескиот ѕид... да се надеваме дека ќе дочекаме негово рушење Thumbs%20Up


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2007 at 04:45
Уште едно тврдење од утрински во полза на Бетон. Наводно тендерот е завршен и Бетон е победник, а другите учесници се известени за ова. Ако е ова точно, очекувам  конечно некаква презентација после периодот за жалби.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FE1DA5EB53E1CC4FB317F4139C119BCB - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FE1DA5EB53E1CC4FB317F4139C119BCB

„Бетон“ ќе ја гради северната трибина на стадион

Градежното претпријатие „Бетон“ од Скопје, неофицијално, е победник на меѓународниот тендер за изградба на северната трибина на Градскиот стадион, бидејќи има доставено најповолна понуда. Извори на „Утрински весник“ велат дека во текот на вчерашниот ден по писмен пат за оваа одлука се известени сите учесници на тендерот кои имаат право на жалба во рок од седум дена од денот на добиеното известување. Меѓутоа, според сите информации, понудата на „Бетон“ заедно со комплетниот проект за изградба не само на северната туку и за докомплетирање на целиот стадион со нови трибини и на источната и на западната трибина, била најповолна и најкомплетна. По истекот на рокот за жалби, Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор со фирмата што победила на тендерот официјално ќе потпише договор за почеток на изградбата.

Предвидено е во текот на јануари и февруари северната трибина целосно да биде урната, веќе во март да почне нејзината изградба која треба да трае 18 месеци. Урнатиот дел ќе биде заштитен со метална мрежа за да може на стадионот непречено да се играат меѓународни натпревари. (М.М.)



Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Dec-2007 at 11:45
 
Оваа вест више станува досадна едно 10 објави во последниве недела дена прочитав каде се вели дека Бетон неофицијално ќе бил изведувач. Па конечно и официјално нека го објават тоа.
 
BTW изгледа си пропуштил еден момент во чланакот чим не си го искоментирал. Пишува дека понудата на Бетон важи за сите трибини а не само за северната.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2007 at 15:24


Постирав пошто сега има новост - тендерот бил завршен и Бетон наводно бил и формално избран.

Иначе за тоа со сите трибини не знам шо да мислам. Па се знае за што е тендерот... Не може другите да конкурираат за северна а Бетон за сите. Изгледа пак е некое новинарско глупирање.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Dec-2007 at 15:25
Originally posted by Cloverstack



Постирав пошто сега има новост - тендерот бил завршен и Бетон наводно бил и формално избран.
 
abe u redu e, jas gi komentiram novinarite koi 10 pati objavuvaat edna ista vest


Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Dec-2007 at 17:18
Ова треба да го сватам сериозно - Бетон ќе ги докомплетира не само северната , туку и исток и запад? Некако не ми е баш на место...

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2007 at 17:36
Originally posted by La Linea

Ова треба да го сватам сериозно - Бетон ќе ги докомплетира не само северната , туку и исток и запад? Некако не ми е баш на место...


Планот од почеток беше за целосна доизгрдба. А дали овој тендер е само за северната или за цел стадион, тоа уште не го знаеме благодарение на нетранспарентните институции и безвезни новинари.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2007 at 10:36
Cheers
 
Ваљда ќе може некако да се набави оваа презентација.
 
Презентација на новиот изглед на Градскиот стадион

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/20451/Gradski-sever.jpg">

Градежната компанија „Бетон“ и Јавното претпријатие за стпанисување со станбен и деловен простор денеска ќе потпишат договор за изградба на Северната трибина на Градскиот стадион, соопшто ЈПССДП.

На потпишувањето на договорот за градење е најавена видео презентација на новиот изглед на Градскиот стадион.

Договорот ќе биде потпишан во просториите на ЈПССДП во 12 часот.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=20451&kategorija=1 - http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=20451&kategorija=1


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2007 at 15:38
Cheers
 
1

2

3

4

5

6


Posted By: La Linea
Date Posted: 27-Dec-2007 at 16:33
Master Master Master PBANKS Одлични материјали, и ми се допаѓа изгледот на стадионов.

Кога ќе се заврши ќе биде непрепознатлив - . А демек и стаклен покрив ќе има? И сменета фасада?


CheersОдлична вест !!!


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Dec-2007 at 17:28


Кога ќе се изгради, ќе идам редовно и на досадни утакмици, само од мерак да го гледам Yes LOL


Од кај рендериве педер? Big%20smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2007 at 17:32




ништо спектакуларно.. од Нетпрес се. Ми беа ветени и некои рендери од прва рака но искочи дека е тоа топ сикрет материјал. Се надевам дека после јавнава презентација ќе имам пристап и до нив. Иначе сликиве (според имињата на фајловите) се скриншотови од некој клип. Би било фино тоа да се види


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2007 at 17:34
Originally posted by La Linea

Master Master Master PBANKS Одлични материјали, и ми се допаѓа изгледот на стадионов.

Кога ќе се заврши ќе биде непрепознатлив - . А демек и стаклен покрив ќе има? И сменета фасада?


CheersОдлична вест !!!


покривот е топ (се надевам дека ќе биде стаклен иако истовремено ме плаши помислата како тоа ќе изгледа после десет години кога нема да биде измиен ни еднаш).

За фасадата сум резервиран. И околу боите и околу стаклата. Ваљда нема да стават некој глуп малтер и никакви стакла (не дај боже плави рефлектирачки). Но ми личи дека на рендериве фасадата е направена колку да ја има. Можеби изведбата ќе биде уште поимпресивна од ова што го гледаме.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Dec-2007 at 17:36
Originally posted by pbanks





ништо спектакуларно.. од Нетпрес се. Ми беа ветени и некои рендери од прва рака но искочи дека е тоа топ сикрет материјал. Се надевам дека после јавнава презентација ќе имам пристап и до нив. Иначе сликиве (според имињата на фајловите) се скриншотови од некој клип. Би било фино тоа да се види



Па стварно не би имало никаква логика уште да се топ сикрет сега после презентацијата Crazy

Иначе гледај ТВ, сигурно ќе го видиш клипот. Ја го фатив сега на МТМ урбани вести LOL


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2007 at 18:47
eve nesto sklepav na brzina

[tube]7vDzF7EVksc[/tube]


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Dec-2007 at 18:54


Одлично!


Туку гледате ли колку деловен простор ќе гледа директно во кинескиот ѕид, на само мала оддалеченост од него? Изгледа се оштрат да го рушат Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Dec-2007 at 22:33
Рокот за изградба на трибината е 18 месеци, но од Бетон ветуваат дека ќе дадат се од себе таа да биде завршена порано. Да се надеваме дека ќе успеат, зашто имаме малку незгоден распоред во квалификациите за светското првенство во 2010. Последните натпревари дома ги играме на:

06.06.2009 против Норвешка и
10.06.2009 против Исланд

Потоа имаме натпревари во гости... Норвешка и Исланд ќе ни се последна шанса да го сефтосаме стадионот во квалификациона утакмица во 2009. Наредната шанса ќе биде дури после речиси година и пол, најрано можно во септември 2010. Па ајде дечки засукајте ракави Yes


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2007 at 23:06


Мене повеќе ме интересира оној делот дека веднаш по северната трибина следуваат и исток и запад. Така се спомнува на крајот на клипот на А1. Мислам дека е најбоље ова да се заврши во еден здив и да го комплетираме овој проект. Па колку може да коштаат уште тие две, северната е големиот залак тие две би требало да се "сиќа" споредено со неа.




Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 28-Dec-2007 at 00:36
Одлични вести, и проектов се повеќе ми се допаѓа, барем спрема рендериве. Ме интересира и дали се планира некоја реконструкција и реновирање и на јужната трибина после целиот вој зафат со северната, источната и западната трибина. Се надевам нема да штрчи на крајот. Барем за тоа не би требало преголеми средства.


Posted By: dejan
Date Posted: 28-Dec-2007 at 12:49
Odlichen ke izgleda, fala za slikite. Taman, edvaj chekam da go dovrshat!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 28-Dec-2007 at 17:48
Originally posted by Cloverstack



Одлично!


Туку гледате ли колку деловен простор ќе гледа директно во кинескиот ѕид, на само мала оддалеченост од него? Изгледа се оштрат да го рушат Cheers


Не само тоа, туку за мене е несфатливо кој би сакал да купи стан волку близу до стадион, со поглед кон градежен шут во Вардар. Кинески ѕид сам ќе си се сруши Cheers.

Инаку, пројде адреналин низ мене кога ги видов рендериве. Стварно се надевам дека асално ќе ја изградат северна. Thumbs%20Up




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2007 at 21:21
Originally posted by pbanks



Мене повеќе ме интересира оној делот дека веднаш по северната трибина следуваат и исток и запад. Така се спомнува на крајот на клипот на А1. Мислам дека е најбоље ова да се заврши во еден здив и да го комплетираме овој проект. Па колку може да коштаат уште тие две, северната е големиот залак тие две би требало да се "сиќа" споредено со неа.

Јас мислам дека нема да бидат баш „сиќа“ исток и запад, барем по големина. Веројатно заедно ќе бидат над 10000. Но сепак, од финансиски аспект веројатно си донекаде во право, зашто цената на северна сигурно е поголема ради содржините што треба да се наоѓаат таму.


Originally posted by UrbanFreak

Одлични вести, и проектов се повеќе ми се допаѓа, барем спрема рендериве. Ме интересира и дали се планира некоја реконструкција и реновирање и на јужната трибина после целиот вој зафат со северната, источната и западната трибина. Се надевам нема да штрчи на крајот. Барем за тоа не би требало преголеми средства.

Па како што рече pbanks, најдобро е веднаш да се продолжи со доградба на исток и запад. А Јужна е најлогично да се реновира во некоја мерка. Ако ништо друго, самата промена на кровот ќе биде огромен чекор во таа насока. Само не ми е јасно кога точно ќе го менуваат кровот на јужна. Ваљда тоа би идело паралелно со изградбата на источна и северна.


Originally posted by gotsomekicks

Кинески ѕид сам ќе си се сруши Cheers.

Во голема мерка си во право (иако јас мислам дека страната спрема стадион е таа што ќе им прави проблеми...). Но во меѓувреме кинескиот зид ќе ни го сјебе стадионот. Затоа поише би преферирал малце TNT да заигра таму Yes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2007 at 22:05
Него приметив дека немаме постирано официјална вест од потпишувањето и презентацијата, па еве да ставам од утрински весник и од македонски спорт.

Неколку забелешки:

- Цената на северна сепак излезе дека е 15 милиони (реалистична бројка), а не 6 милиони како што некои извори пишуваа на почеток и направија голема збрка... Само не ми е јасно од кај ги ископаа тие 6 милиони.

- Голем паркинг просторот е испланиран како што дискутиравме во една прилика на SSC, од другата страна на Вардар. Според мене ќе мора да се планира и уште еден пешачки мост. Да се надеваме навистина атрактивен за разлика од постоечкиот во близина.
Кога сум веќе кај ова, сакам да кажам дека стадионот има одредени недостатоци ради неговата локација, но самата негова естетска појава во поширокиот центар на градот е доволна компензација за проблемите. Замислете само како ќе изгледа од Кале, од кеј и од многу други места... Thumbs%20Up

- Во Македонски спорт пишува дека веќе првиот натпревар од наредните квалификации (против Шкотска на 06.09.2008) ќе го играме пред 25000, то ест дека веќе ќе бидат поставени седиштата на северна и дека таа ќе биде отворена за публика. Значи тогаш недовршени ќе бидат внатрешните простории, но ние ќе ја сефтосаме северна веќе за 9 месеци! Се молам оваа информација да е точна Smile

- Мило ми е што Бетон ја исфрли од игра големата Alpine Cheers



Од утрински, со ново рендерче Big%20smile

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BC0E7FFAD2B66D418831D9946F0F9CE8 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BC0E7FFAD2B66D418831D9946F0F9CE8


Северната трибина ќе биде изградена за 18 месеци


Инвестицијата е вредна 896 милиони денари, а ќе има места за 10.032 гледачи

ВЕСНА ДУКОВСКА

Градежното претпријатие „Бетон“ и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор вчера потпишаа договор за изградба на северната трибина на Градскиот стадион. „Бетон“ ќе треба за 18 месеци да ја заврши изградбата на трибината, во која ќе бидат инвестирани 896 милиони денари. Бидејќи се обезбедени сите потребни дозволи, со работа ќе се почне веднаш и веќе в петок ќе стартува демонтажата на столчињата и уривањето на трибината, што ќе претставува официјален почеток на изградбата.

„Овој ден е особено значаен за сите нас, особено за спортистите кои ќе бидат поттикнати за големи победи. Ќе се трудиме да го запазиме временскиот рок и квалитетот на изведба. Конечно, Владата настапи не како центарфор, туку како арбитар, воспоставувајќи тендерски критериуми за правичност во изборот. Ќе се потрудиме објектот да го завршиме и пред предвидениот рок и ќе дадеме се' од себе градот, конечно, да добие стадион каков што заслужува“, рече Мичо Насковски, претседател на Бордот директори на „Бетон“

Северната трибина ќе има капацитетот од 10.032 места. На неа ќе се наоѓа и ВИП-ложата и во иднина таа ќе биде главната трибина на стадионот. Ќе располага со 9 атлетски патеки, три повеќе од сега, кои ќе бидат според светски стандарди. „Во функција на стадионот ќе бидат 4.600 квадратни метри, а за комерцијален простор во трибината се предвидени 7.000 квадрати. Составен дел се и 7.600 квадрати внатрешни улици, пристапни платформи и вертикални комуникации. Според сообраќајното решение дадено во локациските услови, паркинг- простор е предвиден на улицата ’Лазар Личеновски‘“, рече директорот на Јавното станбено претпријатие, Ивица Коневски, и појасни дека по завршување на изградбата, ќе биде распишан тендер за изградба и на источната и на западната трибина, со цел да се заокружи современиот изглед на стадионот во целост.

„Бетон“ ја доби работата за изградба на северната трибина на меѓународен тендер на кој се јавија седум фирми. Во тесна борба ги победи австриската „Алпине“ и скопски „Гранит“.




Од Македонски Спорт:

http://www.sport.com.mk/?ItemID=C1C9E51DB7854B46BFFC7E1FCC00313C - http://www.sport.com.mk/?ItemID=C1C9E51DB7854B46BFFC7E1FCC00313C

СЕВЕРНАТА ТРИБИНА НА НАШИОТ НАЈГОЛЕМ ФУДБАЛСКИ ХРАМ ЌЕ ДОБИЕ ЕВРОПСКИ ЛИК

Почнува да се гради "Градски"

* ЈПССДП и ГП Бетон вчера поптишаа договор за изградба на северната трибина која ќе собира точно 10.032 гледачи, рокот на изградба е 18 месеци, а проектот ќе чини околу 15.000.000 евра

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и Градежната компанија "Бетон" вчера на свечен начин го потпишаа договорот за изградба на Северната трибина чија реализација почна да се спроведува веднаш по поптпишувањето.

Проектот ќе чини 896 милиони денари со вклучено ДДВ, рокот на изградба е 18 месеци, новата северна трибина ќе собира точно 10.032 гледачи и ќе беде главна трибина, која ќе биде резервирана за ВИП гостите. Оваа трибина ќе ги има сите пропратни елементи кои треба да ги содржи. Во функција на стадионот таа ќе има 4.600 м2, за комерцијален простор се предвидени 7.000 м2, а за внатрешни улици, платфпорми и комункикации ќе бидат резервирани 7.600 м2.

"Со сегашното потпишување на договорот го финализираме процесот на избор на најоглем понудувач за изградба на Северната трибина на Градскиот стадион во Скопје. Договорот го потпишуваме со една од најреномираните македоски градежни фирми ГП "Бетон", која достави и најдобра понуда на овој тендер. Се надеваме дека рокот кој е составен дел од договорот а тоа се 18 месеци од денот на потпишување ќе биде почитуван во целост и се надеваме дека многу проано ГП Бетон ќе ја изгради Северната трибина. Новиот лик на Градскиот стадион ќе биде еден од најрепрезетаивните стадиони на Балканот со европкси лик и со тоа се надеваме дека тоа ќе претставува потсрек на македонсиите спортисти. Значи Македонија конечно ќе добие стадион таков како што и доликува, истакна првиот човек на ЈПССДП Ивица Коневски.

ГП Бетон оваа година прославува шест децении од своето постоење, а овој голем и значен проект е круна на работењето на оваа наша градежна реномирана фирма.

"Денеска е голе ден за нашата компанија и за инвеститорот владата на Република Македонија и вопшто на сите граѓаи на нашата држава, затоа што конечно по подолго време државата одвои средства за еден ваков капитален објект. Она што е важно ние како компанија која рдовно учествува на поголемите тендери низа години нанзад, политиките на досегашите влади ги чувствуваше различн. Фудбалски кажано, претходните Влади се однесуваа како цетарфори сакаа по скеоја цена да дадат гол. За прв пат една влада се однесува како арбитар, бидејќи за критериумите кои ги даде ЈПССДП на чело со актуелниот директор можеме да упатиме максимални честитики и задоволство. Веруваме дека оваа градба ќе се трудиме да има врвен квалитет и ќе претсатвува објект што ќе се гордееме сите, истакна директорот на бордот директори на "Бетон" Мичо Насковски.

В. Фотиновски

Север ќе се "руши" на 5. јануари

Нема чекање. Градежните работи стартуваат денес, а првата фаза ќе опфати демонтажа на старите столчињата. В петок на 5 јануари нардната година и официјално ќе почне да се руши Северната требина, а тоа ќе го означи стартот на израдбата на новата модерна "северна" трибина на Градски стартува изградбата.

"Конечно ќе пристапиме со реализација, а тоа е од голем инетрес за целета земја. Со завршувањето на изградбата на Северна трибина планираме да објавиме тендер за изградба на Источна и на Западна трибина, а со тоа и да се заокружи процесот на изградбата на целиот стадион, истакна на вчерашниот прес директорот Коневски.

Атлетска патека со девет "пруги"

Покрај изградбата на Северната трибина ќе се "дотерва" и атлеската патека. Во моментот атлетската патека на Градскиот стадион е составена од шест линии, но новата атлетска патека на "Градски" ќе содржи девет линии и ќе биде на нивото на сите европски и светски патеки. Теренот ќе остане ист како што е.

Ќе има паркинзи

Како што информирше на вчерашиот прес директорот на ЈПССДП Ивица Коневски според градежната довола која што ја имаат добиено од општината Центар ги има добиено условите за сообраќајното решение и за паркингот. Според таа дозвола паркингот е предвиден да се изгради на улицата Лазар Личеноски. Дозволата е веќе добиена и иницијативата околу паркинзите може веднаш да се реализира.

Ќе се играат натпревари

Нашата најдобра репрезентација и покрај изградбата на северната трибина ќе ги игра натпреварите за престојниот циклус за СП на "Градски". До дуелот со репрезентацијата на Шкотска во септември наредната година, се планира на новата Северна трибина да бидат поставени столчиња. Значи против шкотите ќе играме пред 25.000 гледачи.




Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Dec-2007 at 01:38
 BananaОптимист сум за ова! Рендериве се Drool

Ќе се потрудиме објектот да го завршиме и пред предвидениот рок и ќе дадеме се' од себе градот, конечно, да добие стадион каков што заслужува“, рече Мичо Насковски, претседател на Бордот директори на „Бетон“


Само напред момци!! Applause


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2007 at 01:44
Чекајте, чекајте... сега ми светна - кај е семафорот? Roll%20eyes

Или рендериве се ептен некоја тешка импровизација или дечкиве заборавиле да предвидат простор за една таква „ситница“ Nuts

Не верувам дека имаат направено толкав превид, ама сепак ова е Македонија, каде што се прават работи од типот на кинески ѕид, тифани, клучка континентал, куќа на водњанска...

BTW еден добар семафор за жал ќе не чини прилично...


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Dec-2007 at 02:02
Previous Question Највероватно во лет го правеле рендеров, да се види само изгледот на стадионот, немале време за цепидлачење... се надевам дека е тоаConfused


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: shyes
Date Posted: 29-Dec-2007 at 16:16
Изсгледа супер Thumbs%20Up


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2008 at 03:20
Еве нови контрадикторни информации, пред се за капацитетот и за околностите под кои ќе се играат квалификационите натпревари... А толку ли е тешко ЈПССДП да излезе со официјални бројки за тоа колкави ќе бидат капацитетите??? Ohno

Во секој случај, не знам од каде новинаров ја „набавил“ информацијата за вкупен капацитет од 45000, ама мислам дека е тотално нереална.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C6C709E6DE718C48B28D6FBFB2E3DC67 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C6C709E6DE718C48B28D6FBFB2E3DC67

ФУДБАЛ - ПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО СКОПЈЕ

Северна се руши, ФФМ гради стратегија

Ако во септември безбедносните услови дозволуваат да се игра, нема да се бара алтернатива во Прилеп или во Струмица

Изградбата на нова северна трибина на Градскиот стадион во Скопје е најавено да стартува утре, со уривање на постојната. Инвестицијата, вредна околу 14 милиони евра, предновогодишно ја верификуваа Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) и градежната фирма-изведувач „Бетон“. Рокот на изведба на градежните работи е 18 месеци. Овој градежен тајминг ја доведе ФФМ на почетокот од новата година да размислува каков потег да повлече. - Во исчекување сме на конкретни одговори за да знаеме како и во кој правец да реагираме. Првиот состанок со луѓето од ЈПССДП на оваа тема е закажан за наредната недела. Треба да добиеме одговор што ќе значи и во која фаза ќе биде објектот непосредно пред септемврискиот почеток на квалификациите за СП 2010 година. Сето ова битно ја менува ситуацијата околу организацијата и ефектите од квалификациските натпревари - вели Никола Костов, генералниот секретар на ФФМ.

Градскиот стадион во Скопје, ваков каков што е, без соодветните безбедносни услови за гостите и за службените лица, засега е единствениот лиценциран објект од УЕФА за одигрување на официјалните репрезентативни натпревари. Македонија во 9. квалификациска група за СП 2010 ќе игра со Холандија, Шкотска, Норвешка и со Исланд. Против првите две рангирани селекции, Холандија и Шкотска, на 6 и 10 септември годинава треба да биде домаќин.

- На крајот од месецов во Загреб ќе патуваме на конгрес на УЕФА. Тоа ќе биде убава можност со луѓето од Хрватска, кои на крајот на 90-тите години од минатиот век изведуваа градежни работи на стадионот „Максимир“ и играа квалификациски натпревари, да размениме искуства и да ги запознаеме челниците на УЕФА со новонастанатата ситуација со стадионот во Скопје. Надлежната комисија на УЕФА за безбедност на стадионите ќе треба да каже што се' треба да се направи и дали ќе може во ваква ситуација да се користи објектот за играње квалификациски натпревари. Доколку инвестицијата за безбедност е неисплатлива, тогаш целосно ќе се препуштиме на проноаѓање алтернативно решение - додава Костов.

Македонија во изминатите седум квалификациски циклуси за ЕП и за СП, своите натпревари како домаќин ги играше во Скопје. Друг објект за одигрување на овие натпревари немаме на располагање.

- Ако бидеме принудени излез од оваа ситуација да бараме, тогаш алтернатива ќе бараме на реновираните стадиони во Струмица и во Прилеп. Не се комплетни, но друг избор нема. Навреме треба да ги тргнеме сите дилеми за да почнеме да работиме на елиминирање на недостатоците - додава Костов.

На градските стадиони „Младост“ во Струмица и „Гоце Делчев“ во Прилеп со пари од проектите на ФИФА и УЕФА, обезбедени преку ФФМ, се изградени нови трибини. Во Струмица е по сите стандарди, има и осветление, но ни оддалеку не ги задоволува стандардите за играње на ноќен натпревар. Во Прилеп има нова административна зграда и трибина што не е покриена, а нема никакво осветление. На двата објекта, покрај инфраструктурните проблеми на и околу стадионите, заеднички именител им е лошата состојба на тревливиот терен. Македонската фудбалска репрезентација досега во Струмица има одиграно еден пријателски натпревар, во далечната 1995 година, со Бугарија (0-0), додека пак во Прилеп на тест-средби беше домаќин четирипати, каде што има максимален скор од победи, против Малта (1-0), двапати со Албанија (1-0 и 3-1) и со Финска (1-0).

Покрај репрезентацијата на Македонија, Градскиот стадион во Скопје како домашен терен го користат и прволигашите Вардар и Работнички К. За нив изградбата на северната трибина нема да значи и преселба на друг терен доколку градилиштето биде обезбедено, како во времето од 80-тите години, кога се градеше „Југ“ и се играа прволигашки натпревари во тогашната Прва лига на Југославија.

Според планот за Градски, на крајот овој фудбалски храм во Македонија треба да биде модерен спортски објект. По завршувањето на северната трибина, капацитетот од сегашните 18.000 ќе биде зголемен на 25.000 седишта. Кога објектот ќе биде комплетиран со третата фаза, со нови трибините зад головите, „Исток“ и „Запад“, капацитетот ќе биде 45.000 посетители.

(Д.Н.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2008 at 16:31
Вистинското рушење почна денеска CheersПретходните неколку дена се одвиваше демонтирање и преселување.

И повторно контрадикторни информации во врска со натпреварите и капацитетот. Овој пат беше спомната бројка од 40000, лично од директорот на ЈПССДП.

http://sitel.com.mk/vesti_det.asp?ID=23311&kategorija=%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0 - http://sitel.com.mk/vesti_det.asp?ID=23311&kategorija=%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0

ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА СЕВЕРНАТА ТРИБИНА НА ГРАДСКИ


На Градскиот стадион во Скопје денеска почна уривањето на постојната северна трибина. На нејзиното место за година и пол треба да биде изградена нова современа трибина за што средства обезбеди Владата на Македонија.
На почетокот на уривањето присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој најави дека расчистувањето на остатоците од старата трибина треба да биде завршено за најмногу две недели, а кон крајот на јануари да почне изградбата на новата северна трибина.
- Северната трибина ќе биде изградена за 18 месеци. Пред еден месец обезбедивме средства за нејзината изградба и тие се префрлени на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Новата трибина ќе биде порепрезентативна од старата и се надевам дека ќе ги израдува сите љубители на фудбалот и спортот, рече Груевски.

Премиерот истакна дека ќе се реновираат и источната и западната трибина на Градскиот стадион откако ќе бидат завршени градежните работи на северната.

Тој најави изградба и на други објекти во Скопје, кои ќе започнат кон средината на оваа година.

Директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор Ивица Коневски рече дека проектот ќе чини 897 милиони денари.

- Планот е по изградбата на северната трибина да се објави тендер и за источната и за западната трибина на Градскиот стадион. Во тој случај капацитетот на целиот стадион ќе биде 40 илјади гледачи, истакна Коневски.

Коневски нагласи дека северната трибина ќе биде помодерна од јужната и ќе го преземе приматот главна трибина. Според планот, северната трибина треба да има и комерцијален простор и музеј на фудбалскиот клуб „Вардар“. За време на изградбата на новата трибина, според Коневски, непречено ќе се одвиваат сите сопртски натпревари на Градскиот стадион.

Постојната северна трибина на Градскиот стадион е изградена во 1932 година.


Posted By: dejan
Date Posted: 04-Jan-2008 at 16:47
Dajte sliki.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2008 at 16:57


Јас не можам да најдам сега за сега, ама ионака не е ништо спектакуларно. Обично рушење со механизација.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2008 at 17:01
Да не ставам уште една вест за почетокот на рушењето, еве само извадок од А1 ради тоа што е спомнат кинескиот зид:

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88168 - http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88168


Новата трибина со целиот комерцијален простор и паркинг ќе зафаќа значително поголема површина, отколку сега. Ќе биде многу близу до спорното здание зад неа „кинескиот ѕид“, дури и повисока од него.

За премиерот Груевски, кој денеска го поздрави стартот на проектот, решение за проблемот постои.

„Тоа веќе го презема судот и се надевам дека судот ќе го реши, а ние непречено ќе си го градиме овој објект“, вели Никола Груевски, претседател на Влада на РМ.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2008 at 17:10
Дејане, еве ти најдов и слики Big%20smile

1
http://imageshack.us">

2
http://imageshack.us">

3
http://imageshack.us">

4
http://imageshack.us">




Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Jan-2008 at 17:21
Tоп! ајде, уште година ипол и... Cheers

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 04-Jan-2008 at 18:17
Да, да. Што реално гледано и не е многу време. Инаку, имам една интересна вест. Завчера на отворената владина седница фатив како усвојуваат предлог за изградба на 145 нови спортски сали во школите. Овие 145 ќе се надоврзат на 35-те кои ги финансира „Агенцијата за млади и спорт„. Значи се на се 180 нови спортски сали во рок од 2-3 години Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2008 at 18:25
Originally posted by gotsomekicks

Да, да. Што реално гледано и не е многу време. Инаку, имам една интересна вест. Завчера на отворената владина седница фатив како усвојуваат предлог за изградба на 145 нови спортски сали во школите. Овие 145 ќе се надоврзат на 35-те кои ги финансира „Агенцијата за млади и спорт„. Значи се на се 180 нови спортски сали во рок од 2-3 години Cheers



Убаво звучи, ама во суштина овој истиов филм веќе го имаме гледано... Нели ги памтиш големите најави на ДПМНЕ и Тупурковски од 1998? Тогаш степенот на реализација беше некаде блиску до нула. Ај да видиме колку сали ќе добиеме во вториов обид Nuts


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Jan-2008 at 18:37
    Се мисли на спортски сали од типот на , сали за физичко? Навистина амбициозна бројка. И половина од ова да се оствари е спектакуларно - 90 сали!




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2008 at 18:49
Originally posted by La Linea

    Се мисли на спортски сали од типот на , сали за физичко? Навистина амбициозна бројка. И половина од ова да се оствари е спектакуларно - 90 сали!



Мислам дека највеќе се сали за физичко, но има и други типови.

Ако се оствари најавава, тогаш ќе ни треба и посебна нишка за ова Big%20smile


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 04-Jan-2008 at 18:53
Да се надеваме. Него, еве, Агенција за млади и спорт веќе изградија неколку... баш пред некоја недела Ставревски беше на отварање. Ако некој има точна бројка на изградени сали (од оние 35 ветени) нека сподели... 


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Jan-2008 at 19:02

Јас се сеќавам дека отворија една во Делчево мислам пред 10тина дена. И мене ми звучи преубаво и преамбициозна оваа бројка, но изгледа сме хронично научени ветувањата никогаш да не се остваруваат. Да се надевме дека сега ќе биде поинаку.



Posted By: dejan
Date Posted: 05-Jan-2008 at 08:45
Originally posted by Cloverstack

Дејане, еве ти најдов и слики Big%20smile


Fala mnogu!Big%20smileLaugh
Super seCheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jan-2008 at 17:58
Два интересни детали од денешниот текст во Дневник:

Првиот е во врска со апсурдноста на кинескиот ѕид

По завршувањето на изградбата, северната трибина ќе биде оддалечена од таканаречениот „кинески ѕид“ само 10 метри, кои се предвидени за сервисна улица, а пристапните платформи до трибината ќе поминуваат на само два метра од зградата.



Вториот е потврда за нов пешачки мост Thumbs%20Up

Паркингот за потребите на стадионот ќе биде од другата страна на Вардар, под Кале, а според детаљниот урбанистички план, оттаму до стадионот е предвиден пешачки мост - вели Конески.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DFEB99023FDADF438FD253400167AC81 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DFEB99023FDADF438FD253400167AC81


Posted By: shyes
Date Posted: 08-Jan-2008 at 12:50
Тој Кинескиот Ѕид, ќе се урни или некој/нешто го спори тој процес, непочна ли да се уреват, али само неколку спратови се урна тогаш. Вака ако со години оди, уште тоа ни треба,  можда поарно ќе е да се откопи земјиштето од тој што го изгради и после терај работа.


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Jan-2008 at 21:07


shyes тоа со рушењето беше

1. фарса
2. сеуште е во процедура
3. државата е немоќна да го дотурка до крај
4. друго

Решението што го нудиш ти е многу скапо дури и за многу побогата држава. Не е во прашање само земјиштето туку и 5катница со огромна квадратура која којзнае колку кошта по пазарна вредност. А и не сме должни да го плаќаме криминалот на некои државни службеници. Некој таа локација ја пренаменил преку ноќ за да никне тоа чудо (теоретски инвеститорот е релативно чист пред законот) така да проблемот пред се треба да се бара во структурите на локалната самоуправа и на Министерството за транспорт и врски каде што намената на оваа локација од 2(3) катен хотел прерасна во 5 катна станбена грдосија.

Кога треба да начукаат кипови од лавови таму кај што не треба се максимално ефикасни во процедурите а во вакви случаи секогаш се прават луди, демек не знаат од каде да почнат.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Jan-2008 at 02:13
Applause


Мада јас гајам надеж дека за бр. 3 не си скроз во право. Мора да се надеваме... Ваљда ќе се сруши а газдата ќе остане со празни раце без обесштетувања и сл.


Posted By: shyes
Date Posted: 11-Jan-2008 at 05:31
Да ли се знае кој дал таква дозвола за градба на тоа местото?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jan-2008 at 05:40
Originally posted by shyes

Да ли се знае кој дал таква дозвола за градба на тоа местото?


Да

Имаше и две затворски казни ако не се лажам. Тука мора да се оддаде признание, тоа мислам дека беа првите казни изречени за такви манипулации. Ама работата е во тоа што за кинескиот ѕид очигледно морале да бидат вмешани многу повеќе луѓе и некои крупни риби. Е сега дали нема докази или некој ги штити навистина не знам.


Posted By: shyes
Date Posted: 11-Jan-2008 at 09:05
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by shyes

Да ли се знае кој дал таква дозвола за градба на тоа местото?


Да

Имаше и две затворски казни ако не се лажам. Тука мора да се оддаде признание, тоа мислам дека беа првите казни изречени за такви манипулации. Ама работата е во тоа што за кинескиот ѕид очигледно морале да бидат вмешани многу повеќе луѓе и некои крупни риби. Е сега дали нема докази или некој ги штити навистина не знам.


Сигурно имало повеќе луѓе што биле вмешани.


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Jan-2008 at 14:57
Дали се споменуваше Аларова меѓу обвинетите? Ако добро памтам, ја имаа на пик...

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jan-2008 at 15:16
Originally posted by La Linea

Дали се споменуваше Аларова меѓу обвинетите? Ако добро памтам, ја имаа на пик...


Абе она сегде си го има бутнато носот, тоа не е спорно. И мислам дека кинескиот ѕид е логично од нејзе да има добиено бар „логистичка“ подршка.
Нешто ја имаа земено на пик, ама олабавија у последно време. Па нели гледаш само колку ревносно се бори за сите идиотски идеи на власта у последно време? Јас искрено се надевам дека барем одкога ќе ја истрошат до крај, ќе и ги заборават „услугите“ и пак ќе ја подберат малце. Таа жена има многу работи за кои треба да одговара пред законот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Jan-2008 at 23:02
Yes

Фото вест

Урната е половина од северната трибина на Градскиот стадион. Екипи на градежното претпријатие „Бетон“ неколку дена со тешка механизација ја уриваат старата трибина, а потоа ќе почнат да градат нова, вредна 15 милиони евра.



http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=F2B4A50FC00EA24FBF51B4AB3ADCEE72&arc=1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2008 at 01:07
CheersCheersCheers Cheers

 Thumbs%20Up Thumbs%20Up Thumbs%20Up Thumbs%20Up Thumbs%20Up Thumbs%20Up

CheersCheersCheers Cheers

 Thumbs%20Up Thumbs%20Up Thumbs%20Up Thumbs%20Up Thumbs%20Up Thumbs%20Up

CheersCheersCheers Cheers


Posted By: волан
Date Posted: 12-Jan-2008 at 17:03

http://volanskopje.blog.com.mk/node/121616 - Градски стадион ... се доизградува !!

еве и тука на горниот линк моји размислувања за темата ...



-------------
волан


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2008 at 03:14
Уште еден текст со дискутабилна веродостојност... Има многу податоци, ама за жал не може да се земат здраво за готово, затоа што текстов има очигледни грешки.

- Зошто 3-4 години за комплетна доизградба кога северна ќе се гради максимум 18 месеци, а во март ќе имало тендер за источна и западна?!?

- Рефлектори на источна и западна..? Директно зад головите и толку ниско? Тешко богами...

- Источна и западна по 3500? Тоа изгледа премалку...


Ме буни и она со излезите. И тоа со редовите (нивоа ?!?).  И таа „подземна“ улица... Аман више со новинариве Wallbash



Барем имаме уште еден мал, ама убав рендер. Патем кажано, нели зградата под северна ви изгледа малку различна на овој рендер?

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=15404AA32C125244AA7158110BF162E9 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=15404AA32C125244AA7158110BF162E9

Северната трибина ќе биде покомфорна и побезбедна

Во март ќе биде распишан тендер за изградба на источната и на западната трибина

МИОДРАГ МИЦКОВИЌ

За три до четири години се очекува да биде комплетно доизграден сегашниот Градски стадион во Скопје, кој, кога ќе биде завршена неговата реконструкција на трите трибини: северната, западната и источната ќе може да прими околу 30.000 гледачи. Официјално, изградбата на новата северна трибина започна на 4 јануари и веќе за две недели интензивна работа, Градежното претпријатие „Бетон“, кој победи на тендерот за изградба на овој капитален спортски објект, веќе целосно ја урна трибината и за неколку дена ќе почнат работите околу поставувањето на темелите за огромната бетонска конструкција, која кога целосно ќе биде завршена, ќе има 10.030 седишта. Иако, северната трибина е практично копија на јужната, сепак, таа во многу нешта ќе се разликува од неа. Пред се' ќе биде многу покомфорна за гледачите, со оглед дека ќе има 2.370 седишта помалку, бидејќи досегашната главна трибина - јужната има 12.400 столчиња за седење.

Според најновиот проект, на северната трибина ќе биде лоцирана и ВИП ложата, на неа ќе биде преселена и новинарската ложа иако беше предвидено таа да остане на јужната. Новина е што северната трибина ќе биде многу покомфорна и побезбедна од јужната. Ќе има дури 12 излези така што во рок од десет минути во случај на пожар или евентуално друга несреќа, ќе може да се испразни. Седумте излези ќе бидат лоцирани на првото ниво од трибината на ниво од околу шест метри од оградата, а преостанатите четири околу 15 метри. Еден излез е предвиден за гостите во ВИП ложата. Во првиот ред се предвидени и 20 седишта за инвалиди. На горниот дел од северната трибина ќе бидат изградени шест затворени кабини за телевизиските коментатори плус контролна соба за тв преносите. Во првото ниво ќе има 31 ред, а потоа уште 19 реда во горниот дел каде ќе бидат сместени и новинарските места. Во поттрибинскиот простор ќе биде изградена таканаречена подземна сообраќајница по која фудбалерите и ВИП гостите ќе можат безбедно да доаѓаат на стадионот.

Во поттрибинскиот простор се предвидени и нови соблекувални за повеќе екипи со комплетен санитарен машки и женски јазол за гледачите кои ќе бидат лоцирани непосредно до влезовите. Тука се предвидени и две сали за допинг контроли, неколку бифеа за брза храна, простории за брза помош и се' она што го предвидуваат прописите на ФИФА и УЕФА бидејќи целиот проект е правен според нивните стандарди. Целосната финансиска конструкција е затворена, Владата на Република Македонија обезбеди поголем дел од средствата, така што за изградба на северната трибина според сите пресметки ќе бидат потрошени 890 милиони денари, заедно со ДДВ или 14,5 милиони евра.

Во обезбедените средства е предвидено и поставување на минијатурни рефлектори кои ќе бидат вградени веднаш под покривот на северната трибина исти такви рефлектори ќе бидат подоцна вградени и на јужната трибина така што со почетокот на изградбата на источната и западната трибина, кога целосно ќе биде завршена северната, ќе се демонтираат и отстранат сегашните четири столба на кои е поставени рефлекторите за осветлување на теренот бидејќи ќе пречат во изградбата на двете трибини, кои исто така ќе бидат покриени и на нивната конструкција под покривите ќе бидат вградени рефлектори. Секоја од неа ќе има 3.500 седишта.

Кога сме веќе кај изградбата на источната и западната трибина на Градскиот стадион дознаваме дека кон средината на март ќе биде распишан меѓународен тендер за нивната изградба. Навистина, идеен проект на целиот Градски стадион постои, но потребен е основен проект кој бара распишување на тендер, а потоа и Изведениот проект. Се очекува сите тие процедури да бидат завршени за 18 месеци, кога треба во употреба да биде предадена северната трибина и веднаш да се пристапи кон изградба на двете преостанати трибини за целосно обликување на Градскиот стадион.

Во комплетирањето на целиот овој објект, предвидено е и изградба на паркинг простор, според прописите на ФИФА и УЕФА. Паркинг простор треба да се наоѓа во радиус од 1 до 2,5 километри од стадионот. Според Деталниот Урбанистички План, предвидено е да се изградат 1.500 паркинг места во продолжение на улицата „Лазар Личеноски“, која се протега веднаш зад Градскиот стадион, на спротивниот брег на реката Вардар. Во тој план е предвидено и изградба на уште еден мост за пешаци на просторот меѓу двата веќе постоечки моста, кои се наоѓаат меѓу забавниот парк и зградата на Царина. Се верува дека трите моста на овој дел зад Градскиот стадион ќе ги задоволат прописите на меѓународната фудбалска федерација.




Posted By: волан
Date Posted: 18-Jan-2008 at 15:09
Форум Плус, број 120, 11.01.2008

Скопје какво што не го познавате

 

http://www.forum.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=172&EditionID=171&ArticleID=5374&Page=1 - Историја на Градскиот стадион

 

Деновиве нè израдува веста дека започнуваат работите на северната трибина на Градскиот стадион, со што тој ќе добие уште поубав, европски лик. Тоа беше и поводот да ја раскажеме неговата историја. Градскиот стадион е еден од кодовите на Скопје, спортски и духовен амблем и препознатливост, како што некогаш тоа беа Стариот театар, Офицерскиот дом и Народната банка

 

Пишува: Данило КОЦЕВСКИ

 

Некогаш во Градскиот парк постоеле повеќе фудбалски игралишта кои директно или индиректно се поврзани со историјата и градењето на стадионот кој ќе стане гордост на скопјани. За да ја дознаам неговата историја, меѓу другите го консултирав и г-дин Петар Петровски (чичко Петре, кој веќе имаше деведесет години и кој почина предминатата година). Тој најчесто ми закажуваше состаноци пред стариот Кермес. Тука, во тишината, без врева, за да можеме добро да се слушнеме еден со друг, тој ми ја раскажуваше историјата на старо Скопје и својата младост. Бев прилично изненаден кога “на лице место” ми покажа каде се наоѓал еден од првите “вистински” стадиони во градот. Токму на местото каде што денес се наоѓа споменикот на Гоце Делчев во паркот! Тоа било игралиштето на клубот ССК. И не само тоа. Како страстен навивач на тогашна Победа (Партал-Победа) се сеќаваше на сите играчи, дури и на нивните професии: еден од халфовите во тимот бил Вуната, шнајдер по професија; лево крило бил Асан Тасламан, тишлер; лева полутка Цаки, кондураџија; центарфор Глигор, машиновозач; центархалф Ѓокица, вработен во Артилериска работилница; бекови Швабата и Назим, голман Андреја, дограмаџија. Меѓу скопјани настанало незапаметено славење кога Победа поразила еден познат белградски клуб. Мажите ги фрлале жирадо шапките во воздух, а жените - своите чевли! Весниците духовито пишувале: “Ете, глушецот ја лапна мачката!”

 

ПРВИОТ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР

 

Но, првиот натпревар во фудбал во Скопје е одигран многу порано, на полјанката кај некогашната Учителска школа (Идадија) во 1909 г., каде што денес е поставен споменикот на Фудбалската топка како сеќавање на тој настан. На тоа место во 1919 г. е одигран и првиот официјален фудбалски натпревар меѓу скопски Напредок и клубот на офицерите на англиската војска. Бидејќи победиле скопјаните, тоа била нашата прва “меѓународна” победа. Така, на тој простор на Идадија и паркот никнувале првите игралишта и стадиони со дрвени седишта и огради. Таа проблематика најдобро е истражена од доајенот на нашето спортско новинарство, Ивко Панговски. Интересен е податокот дека еден од првите стадиони со дрвени седишта се наоѓал во близина на денешната кафеана Езерце, за подоцна да биде префрлен од другата страна на насипот, кај денешното игралиште на Работнички. Тоа било игралиштето на Граѓански, а подоцна и на ССК. Сиве овие фудбалски терени, според сеќавањата на чичко Петре, но и другите, ги разделувал јазот чиј еден дел и денес минува низ паркот (кај езерцето) и воденицата на Јусуф Морина која таму се наоѓала.   

Во периодот непосредно пред Втората светска војна, на просторот каде што денес се наоѓа Градскиот стадион, сè повеќе се “стегал” обрачот од повеќе игралишта за да подоцна се изгради најголемиот и најрепрезентативен стадион. Пред војната, на истото место се наоѓал комплекс од три фудбалски игралишта, од кои последно (на денешното помошно, до источната трибина) е изградено игралиштето на клубот Југ. Современиот и модерен денешен Градски стадион почнал да се гради во 1945 г. Тој можел да прими помалку од 25.000 гледачи. Дел од стадионот бил изграден во текот на 1945 г., а дел следната година, кога биле изградени првите трибини од тврд материјал. Јужната трибина била завршена дури во 1950 г. Новата јужна трибина била започната со изградба кон крајот на седумдесеттите години, а во употреба е дадена во 1983 г. Куриозитетен е и податокот дека новото осветлување е предадено во употреба во 1987 г., на натпреварот меѓу Вардар и Порто, во рамките на Купот на шампионите.

 

СЛАВНАТА ЧЕТВОРКА

 

Навистина е тешко, речиси и невозможно да се опише значењето на Градскиот стадион за спортската и, воопшто, духовната култура на градот. Да се опишат успесите и победите на Вардар, но не само неговите. Неблагодарно е дури да се спомене име на фудбалер или спортски работник, а притоа да не се испуштат имињата на стотици други. Од денешен аспект е тешко дури и да се објасни какви сè фудбалски еуфории доживуваше Скопје пред земјотресот, особено кога играше славната четворка: Партизан, Црвена ѕвезда, Динамо или Хајдук. Река од луѓе се слеваше кон Градскиот стадион, а по натпреварот, долго во ноќта се прераскажуваа интересните мигови од натпреварите. Во кафеаните Македонија, Идадија, Победа, но и во дуќанот на мајстор Панта, чистачот на чевли, на скопското корзо или во слаткарницата Пошта. Градскиот стадион си имаше и свои славни, навивачки “маскоти”: Марко Јовановски или Панче Уневски, без кои не можеше да започне фудбалски натпревар.

Досега и многу музички ѕвезди гостуваа на тој простор, од балкански познатиот Здравко Чолиќ до светската мега-ѕвезда Џејмс Браун. Исто така, во историјата на скопскиот Градски стадион ќе остане забележано дека нашата музичка ѕвезда Тоше Проески својот последен концерт го одржа токму тука, и тоа пред дотогаш незапаметена 25-илјадна публика.

Започнува изградбата на северната трибина. Се отвора нова страница во историјата на овој легендарен објект.

 




-------------
волан


Posted By: se_manda
Date Posted: 18-Jan-2008 at 16:09
koga bil james brown u skopje?!?!? btw ja zaboraile ceca deka bila na gradski Crazy


Posted By: se_manda
Date Posted: 18-Jan-2008 at 16:14
@ Cloverstack

mislam deka fotkava na stadionot e od juzna strana,poso ako primetuvas gi ima tie skalite so se kaj tie trafikite(za hamburgeri i takvi stvari).taka da toa so vikas deka e zgradata izglea ke da e ova studiovo na sitel so e(neznam dali se uste tamu),i dole so e tehnomarket.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2008 at 16:39


Гледај според реката, тоа е дефинитивно новата северна трибина.

Плус тоа, такви скали како што кажуваш исто треба да има и од северна страна, а зградата под јужна изгледа сосема поинаку (види на сликата)

Ама нема врска, мене ионака не ми се допаѓаше првата верзија на зградата што ја видовме. А мислам дека и на оваа треба да поработат, па да добиеме некоја порафинирана верзија.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2008 at 16:54
Originally posted by se_manda

koga bil james brown u skopje?!?!?


У 90-тите, не се сеќавам точно на годината.




Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2008 at 19:37
1 Старата северна трибина е скоро готова Yes

2 Поглед на јужна

3 Растојанието меѓу Кинескиот ѕид и градилиштето

4 Кинескиот ѕид Bash




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2008 at 00:52
Ова веќе беше срамежливо најавено: дека веќе во Септември (за почетокот на квалификациите) северна ќе биде доволно оспособена да прими публика. Ова тогаш ми изгледаше многу сомнително, ама еве сега повторно нешто во тој правец.

Banana

Ајде дечки, покажете се Thumbs%20Up

http://www.sport.com.mk/default.asp?ItemID=D6A6E7A2E580064CA4F0AC90DE67F3E7 - http://www.sport.com.mk/default.asp?ItemID=D6A6E7A2E580064CA4F0AC90DE67F3E7


НАШАТА НАЈДОБРА СЕЛЕКЦИЈА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП ЌЕ ГИ ИГРА НА ГРАДСКИ

Со Шкотска на новиот "Север"

* Во АД "Бетон" велат дека до почетокот на септември ќе се направат напори новата трибина да ги прими првите посетители

Градежните работи за изградба на новата северна трибина се во полн ек. АД "Бетон" со својата механизација работи според планот и секој ден "нон-стоп" во текот на сите 24 часа го расчистуваат теренот каде што треба да "никне" новата европски модерна Северна трибина.

Информаците од АД "Бетон" велат дека до почетокот на септември ќе се направат напори новата трибина да ги прими првите посетители, а тоа значи дека со Шкотска нашата најдобра селекција ќе ја бодрат околу 25.000 гледачи. Тоа значи дека до 1 септември оваа година на средбата со Шкотска во рамките на квалификаците за СП, на новиот "Север" ќе има поставено столчиња, а во АД "Бетон" се подготвени до половината со реализацијата на овој проект да се направи и приод до новата северна трибина. Во интерес на сите е, како што велат во нашата реномирана градежна фирма, овој проект, кој до септември ќе влезе во втората фаза на изградбата, да биде подготвен да ги "прифати" првите посетители. Ако се оди според планот, а во АД "Бетон" веруваат дека ќе биде така, нашата најдобра селекција ќе ја бодрат уште десетина илјади гледачи повеќе.

Како што н$ информираа од градежната компанија АД "Бетон", во последните неколку денови претставници од Фудбалската федерација на Македонија преговараат со Јавното претпријатие за станбен и деловен простор, но која е целта на оваа средба од страна на претставниците на ФФМ не е познато. Поради тоа во АД "Бетон" ќе побараат информација од ЈПССДП за што се разговарало со ФФМ, а потоа ќе настојуваат да се сретнат и лично со претставниците на ФФМ. Инаку, оваа трибина е согласно стандардите на УЕФА и ФИФА и ќе биде една од најмодерните на балканските простори.

В. Фотиновски

Ќе се играат првенствени и куп средби

Изградбата на новата северна трибина, како што велат во АД "Бетон", нема да претставува пречка да се играат првенствените и куп натпреварите. Тоа значи дека Вардар и Работнички првенствените, односно куп натпреварите ќе ги игра на "Градски", а како што добивме информација, и финалето на Купот ќе може да се игра на нашиот најголем стадион.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2008 at 00:59
Абе нели требаше за година ипол, или тоа е со све исток и запад заедно?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2008 at 01:07


Па 18 месеци е крајниот рок за трибината да биде комплетирана со сите нишани. Овде се зборува за некој минимум за да може да прими публика што реално би значело бетонска карабина и наредени столчиња.

Инаку од Бетон повеќе пати истакнуваат дека ќе се потрудат да завршат колку можат порано пред истекот на 18 месеци.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2008 at 17:37
На проектот приметив дека се планира поктивот да биде дводелен. Пола стакло, пола метал на целиот стадион. Исто така е на Wembley, на новиот. Меќутоа тоа што е слично не е чиста случајност, него пред да се почне да се прави проекото за градски, делегација на ЈПССДП беше во Лондон да сподели искуства. Еве јас ги имам фотките од Вембли па ке постирам една да видите како би изгледал таванот на градски.




Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2008 at 18:05


топ.... DroolDroolDrool


Posted By: dejan
Date Posted: 22-Jan-2008 at 00:35
Originally posted by se_manda

koga bil james brown u skopje?!?!? btw ja zaboraile ceca deka bila na gradski Crazy

hahaLOL

Ama da izgleda super, edvaj cekam!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jan-2008 at 04:03
Интересен текст, со интересни и нови податоци.

Веќе имав нагласено дека од рендерите изгледа како да нема да бидат баш комплетно покриени трибините... Еве тоа за жал се потврдува - ќе биле покриени 80%. Зарем е толку тешко и скапо за да се покријат тие преостанати 20%? Првите редови вака секогаш ќе бидат изложени... Roll%20eyes  Единствено оправдување можам да најдам ако ова евентуално има врска со изложеноста на тревата на сонце. Ова во минатото било голем проблем за покриени стадиони, но гледајќи какви стадиони се градат денеска, сигурен сум дека модерната технологија нуди повеќе решенија. Останува нејасно зошто 80%

Друга работа - капацитетот. Бројките од 2х3500 за исток и запад и 30000 вкупно не ми изгледааат баш точни. Еве да ги земеме другите податоци во текстов - дека исток и запад ќе имаат по 31 ред.  Ако се земе и податокот дека вкупното растојание помеѓу најодалечените точки на исток и запад ќе било 233 метри, тогаш испаѓа дека внатрешниот полукруг на овие трибини ќе изнесува ~110m, а надворешниот ~160m. Средна вредност = 135m

Многу великодушно, да земеме по 70cm ширина за секој гледач:

135 / 0,7 х 31 = 5979

Дури и ако од ова се одбијат влезовите и скалите, не верувам дека е возможно да падне од 6000 на 3500.

Друга компарација можеме да направиме со тоа што јужна има мислам 50-52 реда на највисокиот дел, што значи дека источна и западна нема да бидат воопшто мали. Затоа не ми е јасно како се дошло до бројка од 3500.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DA3477FD5BFF1547ABF0E7478EF52B90 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DA3477FD5BFF1547ABF0E7478EF52B90

Градски ќе го осветлуваат 1.400 лукса


„Бетон“ има обврска северната трибина да ја заврши за 18 месеци

Источната и западната трибина ќе бидат многу помали, ќе имаат по 3.500 седишта

МИОДРАГ МИЦКОВИЌ

Работите околу изградбата на северната трибина се изведуваат со забрзано темпо, „Бетон“ има обврска трибината да ја заврши за 18 месеци. Во неа, споед едни проценки ќе бидат вградени 37.000 кубици бетон, речиси по 100 кубици на ден. Веќе на големо се копаат темелите за бетонските столбови, а северната трибина, кога ќе биде завршена, ќе одговара на сите стандарди на ФИФА и на УЕФА.

Според проектот, под покривот ќе биде монтиран цел еден венец на минијатурни рефлектори, од каде, наместо сегашните четири столба со рефлектори, ќе биде осветлуван теренот, заедно со рефлекторите, што се монтирани под покривот на јужната трибина.

Стручните луѓе од „Бетон“ и телевизијата ги разгледаа сите параметри околу осветлувањато на стадионот и на теренот, се знае каде се' ќе бидат поставени камерите за ТВ преносите, осветлувањето ќе има специјален начин на командување, така што секој рефлектор под покривот ќе се следи компјутерски. Се' е испланирано до детали. Тоа е нов начин на осветлување, сличен на оној на Олимпискиот стадион во Атина. Кога комплетно ќе бидат поставени рефлекторите под покривот, заедно со тие на јужната трибина, Градскиот стадион речиси ќе „светне“ бидејќи наместо сегашните 800 ќе има сила од 1.400 лукса што одговара на сите стандарди и барања на ФИФА и УЕФА.

Сегашните рефлектори што се монтирани на четирите столба, на четирите страни на стадионот ќе бидат демонтирани бидејќи нема да се користат за осветлувањето на стадионот како досега. Каде ќе бидат потоа поставени, зависи од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор под чија надлежност е Градскиот стадион. Најверојатно на еден од стадионите во Македонија, во Прилеп, Битола или Тетово.

Градскиот стадион со неговото комплетирање, пред се' со изградената северна трибина, ќе добие и многу посилно и поквалитетно озвучување. Звучници ќе бидат рамномерно распоредени, исто така под покривот на двете трибини. Озвучувањето ќе биде мошне силно, ќе може да го „надгласа“ секое бучно навивање, се очекува да има сила од 110 децибела. Досега, озвучувањето беше распоредено долу на теренот и не беше толку квалитетно.

Да се вратиме на источната и западната трибина, кои кога ќе бидат завршени Градскиот стадион ќе има 30.000 седишта. За нивната изградба постои идеен проект што е изготвен во Проектанското биро на „Бетон“, но мора да се распише тендер за основниот проект, а потоа постои и изведбениот проект за нивната изградба.

Источната и западната трибина ќе бидат многу помали, ќе имаат по 3.500 седишта. На секоја трибина ќе има по 31 ред, ќе имаат по шест влеза. Трибините ќе бидат високи 24 метри, речиси 11 метри пониски од јужната и северната, а под подтрибинскиот простор ќе бидат комплетно изградено се' она што е потребно за гледачите. Пред се' комплетен санитарен јазол покрај секој влез, ресторани за брза храна, просторија за брза помош и други подобности што го бара еден вака голем спортски објект.

Според комплетниот план, Градскиот стадион, кога ќе биде завршен ќе има покривна конструкција за околу 80 посто од стадионот.

Инаку, јужната трибина ја имаа проектирано, архитектите на „Бетон“ Драган Крстев, кој е починат и Тодорка Мавкова уште во 1977 година. И уште еден податок, од последната точка на западната до последната на источната трибина растојанието ќе изнесува 233 метри.



Posted By: Supervisor
Date Posted: 28-Jan-2008 at 22:09

Да браво за проектот навистина е време Скопје и Македонија да добијат стадион со европски лик. Меѓутоа се поставува прашањето дали ке се заврши до предвидениот рок бидејќи знаеме како одат работите и проектите кај нас. Како и да е навистина голем чекор напред за спортот и за Градот Скопје, при што аплауз заслужува пред се Владата без која и салата Борис Трајковски ке останеше недовршена. Тешко е да се каже дали овој проект ке биде исплатлив бидејќи фудбалската лига е под нивото. Најбиртна е иницијативата конечно да добиеме совршен стадион со кој ке се претставуваме дома. 



-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje



Print Page | Close Window