Св. Петка Велгошти - Охрид
Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Културно наследство
Forum Discription: Археолошки локалитети, цркви, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1210
Printed Date: 17-Apr-2024 at 20:18
Topic: Св. Петка Велгошти - Охрид
Posted By: Makedonij
Subject: Св. Петка Велгошти - Охрид
Date Posted: 11-Mar-2011 at 21:06
Света Петка
На падините на ридот ,"Олмец" се
наоѓа манастирот Света Петка. На средната страна од надворешниот дел на
петтостраната апида е забележан следниот запис: "Света Петка. Изградена
по повелба на цар султан Абдул Хамид.Помош на народот во времето на
игуменот Наум Илиев. Во лето 1890 22мај". Света Петка е едноброда
базилика со две куполи.Иконостасот е нов, но има икони што се
регистрирани како споменици на културата при Републицкиот завод за
застита на спомениците ,меѓу кои е Богородица со Христа. Има киват од
1833 год. Под сегашната црква има остатоци од малтер на пештерска црква. Црквата
е проширена во 1922 год.за време на свештеникот од с.Велгошти Алексо
Шокароски.Името на монахинјата Параскева ,односно Петка,на Балканот се
појавило на кралот на Х и поцетокот на ХI век.Св.Петка (Параскева) е
позната со својата чудотворна моќ за леченје на тешки заболуванја. За
градбата на манастирот Света петка има легенда вокоја се вели дека
Велгоштани почнале да и градат црква во знак на благодарност кон
светицата за добрите дела .Градбата почнала во близина на селото
.Изграденото ноќта Света Петка го разурнала . Тоа се повторило и вториот
ден ,па мајсторите третиот ден поставиле стража. На мајсторите им рекла
дека ја урива градбата зошто тука не сака да и градат црква туку на
местото каде што сега се наоѓа.
http://www.velgosti.com
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
Replies:
Posted By: ironm
Date Posted: 09-May-2020 at 18:57
Првпат гледам дека имало тема за Св. Петка, еве фотки од мојата архива.
Поглед кон манастирот
Поглед кон Охрид од манастирот
|
|