Print Page | Close Window

Катна гаража кај НУБ Св.Климент Охридски

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Паркинзи и гаражи
Forum Discription: Паркинзи, катни гаражи, подземни гаражи...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1218
Printed Date: 22-Oct-2019 at 04:34


Topic: Катна гаража кај НУБ Св.Климент Охридски
Posted By: alexgizh
Subject: Катна гаража кај НУБ Св.Климент Охридски
Date Posted: 13-Mar-2011 at 05:02
Последниве 2-3 дена се заградува просторот до НУБ „Св.Климент Охридски“, но како по обичај, нема никаква табла. Дали се работи за некоја интервенција на паркот, некој споменик или можеби зграда?




-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Mar-2011 at 05:08
Od ovoj plan i pokraj toa shto mu e nadvor od opfatot i se gleda samo stara podloga so park shto vrska nema, sepak se poznava ulichka so nekako v vlez. Dali se raboti za nekakov objekt s podzemna garaza ili pa samo garza, za shto nemame najava, ne e jasno. Sledi denovive da vidime shto ke se sluchuva, no mene me naveduva od toa shto go kazuvash deka e ogradeno i od ova vlez/izlez vo planot deka se raboti za zgrada.

http://opstinacentar.gov.mk/resources/internal/file_views/1202/1_DUP%20PRESVETA%20BOGORODICA.jpg


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2011 at 14:16
Пред 2-3 години се трубеше дека тука ќе има катна гаража. Сепак од тогаш многу поактуелни станаа други локации за гаражи, некои и почнаа да се градат, а оваа одамна не е воопшто спомната. Земајќи го тоа во предвид, навистина многу чудно делува тоа што просторот се оградува...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Mar-2011 at 14:35


Насловот на нишкава со прашалникот!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 16-Mar-2011 at 09:16
Денеска видов дека кај влезот во градилиштето поставиле рампа на која има логоа од Макоил. Но немора да значи дека ќе биде бензинска, нели Макоил доби некои тендери и за други работи скоро?

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Observer
Date Posted: 16-Mar-2011 at 11:38
Макоил ја доби катната гаража кај плоштадот.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 16-Mar-2011 at 12:56
Тогаш јасна е работата. Или подземен паркинг, или катна гаража. Иако можеби е потребна една бензинска во строгиот центар (најблиску се кај Транспортен Центар од едната, и карши Соборниот Храм од другата страна), воопшто не ми оди на таа локација, блиску до административни објекти од типот на НУБ, МАНУ и судовите.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2011 at 15:28
Не е на плоштад гаражата туку таа до собрание.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 16-Mar-2011 at 16:01
Чекај, каде треба да има гаража кај собрание? Да не мислиш на подземен паркинг?

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2011 at 16:02
Toa e. Pozadi dom na arm. Na toa livadicheto shto trebashe da ima podzemen.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-May-2011 at 12:10
ПОКАНА

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во 14 часот, ќе присуствува на поставувањето на камен-темелникот на катна гаража која ќе биде градена од страна на "МАК ОИЛ", во близина на НУБ "Свети Климент Охридски". 

Потоа во 14:30 часот, градоначалникот Трајановски ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на монтажното паркиралиште во Општина Аеродром (булевар „Србија“ во непосредна близина на Полициската станица).


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4256&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-May-2011 at 15:13




Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-May-2011 at 15:19
Поставен камен темелник на катната гаража спроти Судска палата

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/86996/katna%20garaza%20kaj%20sutska.JPG">

Премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајаноски и градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ денеска присуствуваа на поставување камен темелник на новата катна гаража лоцирана во близина на Националната универзитетска библиотека “Климент Охридски“, спроти Судска палата.

“Инвестицијата на оваа катна гаража ќе придонесе за разрешување на проблемот со паркирање на овој дел од градот каде многу граѓани имаат потреба за посета на околните институции“, рече Тодоровиќ и истакна дека решавањето на овој проблем започна уште пред околу осум месеци.

Инвеститорот Мите Јовановски, директорот на МАКОИЛ рече дека планира катната гаража, со капацитет од 265 паркинг места да биде завршена за 210 работни места. 

Град Скопје за изградба на оваа катна гаража од Буџетот издвои 3,5 милиони евра.

Моментално во изградба се три катни гаражи, од кои две ги гради Град Скопје, а една Општина Центар. Наскоро ќе почне изградба на уште две катни гаражи, со што вкупниот број на понудени паркинг места во градот ќе биде некаде околу 3.000. http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=86996&kategorija=1


Posted By: alexgizh
Date Posted: 27-May-2011 at 15:44
...да биде завршена за 210 работни места.


Веројатно денови?


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: FT
Date Posted: 27-May-2011 at 15:54
Вака на прв поглед не е ништо посебно, но мислам дека има надеж.

-------------


Posted By: Djole88
Date Posted: 27-May-2011 at 17:47
Originally posted by alexgizh

...да биде завршена за 210 работни места.


Веројатно денови?


Да да денови мислеле. Сега правев груба пресметка, земено во предвид празници, спојувања, лоши временски услови(поради зимата), би требало ова време идната година да биде отворена и да функционира

П.С: Ова треба да е тест за Макоил и нивната способнотс за градење катни гаражи. Незнам на која страна во вест поврзана за оваа катна гаража кажаа дека Макоил планира градба на 4 или 6 катни каражи :S


Posted By: build.mk
Date Posted: 27-May-2011 at 22:16
1


2


3


4


Posted By: fichot
Date Posted: 28-May-2011 at 01:34
Просто е неверојатно какви атрактивни локации се арчат за гаражи.

-------------


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 28-May-2011 at 11:05
Originally posted by fichot

Просто е неверојатно какви атрактивни локации се арчат за гаражи.


Не е тоа толку страшно, тоа едноставно дел од еволуцијата на еден град, кога економијата во однина за минимум некои 10-15 години рипне и се покаже голема потреба од деловен простор, многу едноставно или може да се пренамени или сруши и изгради деловен простор на истата локација, нормално се тоа приватни инвеститори би го правеле на кои им се исплати таков потфат. Во основа тогаш ако економијата стане и до толку доволно силна најверојатно ќе почнат да се создаваат многу повеќе исклучиво подземни гаражи,


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-May-2011 at 11:20
Steta sto niz centarot se gradat golem broj katni garazi namesto podzemni parkinci. Vo centar ima mnogu atraktivni lokacii sto za zal se upotrebuvaat za katni garazi namesto hoteli, banki, restorani, nesto atraktivno za gradot. Se nadevam deka ova kje bide poslednota katna garaza vo toj region(centar), i opstinarite da pomislat na nekoj podzemen parking, t.e namesto katni garazi mozat da se gradat podzemni parkiulista kako kaj sobranieto.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 28-May-2011 at 12:39
Ајде сега, до пред 2-3 години се пекаше нон-стоп по катни гаражи, а кога се градат не чинеле. Градов има огромна потреба од паркинг места, а таа потреба само ќе расте со изградбата на сите објекти во центарот. Колку и да се подобрува јавниот превоз во иднина, бројот на возила постојано ќе се зголемува, а исто битен е моментот и што паркирањето на тротоари полека оди во историја.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-May-2011 at 13:00
Поентата на центарот не е да стане што е можно позакрчен во иднина, туку да се намали сообраќајот што е можно повеќе. Тоа не се постигнува со стимулирање на паркинг во строгиот центар, туку со паркинг одоколу, и постепено претворање на центарот во пешачка зона, со евентуални подземни (транзит) тунели. Тоа е барем оптимално решение.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 28-May-2011 at 15:40
Originally posted by гитардемон

Поентата на центарот не е да стане што е можно позакрчен во иднина, туку да се намали сообраќајот што е можно повеќе. Тоа не се постигнува со стимулирање на паркинг во строгиот центар, туку со паркинг одоколу, и постепено претворање на центарот во пешачка зона, со евентуални подземни (транзит) тунели. Тоа е барем оптимално решение.


Гитар како што спомнав погоре ова е само дел од еволуцијата на еден град која најмногу е во зависност со економијата. По неколку години ако економијата се подобри ќе се дојде до заклучокот дека треба да се дивергира сообраќајот од центарот. Многу интересен пример се некои кинески градови во кои колеги биле, и ги имаат посетувано на една-две години во последниве неколку години. Таму поради брзиот раѕвој на економијата не ни стигнуваат да имаат време да раѕмислуваат премногу за во иднина и прават по потреба како кај нас. И моментално се во ситуација да имаат толку многу возила што и покрај трипати проширени булевари пак доведуваат до закрчување на сообраќајот, и поради овој факт полека почнува да се размислува дека реално решение за да се постигне саканата брѕина на транспорт на жителите е да се истиснат приватните возила и да се преминае на многу густ но добро функционален јавен транспорт. Бидејќи со таквата сообраќајна неподвижност неможе ни да се има понатамошен економски развој.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 28-May-2011 at 16:18
Фасадава неодоливо потсетува на онаа на http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=497 - ДНК код .

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-May-2011 at 20:07
Заради фасада и намена на одредена зграда читаме мислења дека не треба да се изгради. Абе тоа се ситници во споредба со целите објекти. Како воопшто тој начин на размислување сеуште е широко присутен мене не ми е разјаснето. Ајде на страна тоа, ќе се сложам со Фресно за тоа што го кажа околу катните гаражи воопшто. Зградата е далеку посоодветна од тоа ѓубрето тамо, макар имала и најлоша фасада и најлоша намена, така да е ок. А особено што е приватен проект, заслужува поддршка, сигурно имале некоја рачуница пред да влезат во финансирање.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-May-2011 at 22:03
А тебе јасно ти е зошто поточно сметам дека намената на зградава е проблем? Не поради зградата сама по себе, туку поради тоа што тоа значи за градот. Мене не ми е јасно како твојот начин на размислување е уште присутен во 21 век.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 29-May-2011 at 00:19
Што е проблем, ти си ги наоѓаш проблемите очигледно. Кое е тоа образложение, за намалувањето на сообраќајот, ти разбираш ли дека тука се двата основни судови, МТВ, Универзитетот, Народната библиотека, Секторот за лични документи на МВР, МКЦ и ред други да не ги редам, а немаше паркинг. Луѓе се паркираа кај ќе стигнат, сто посто тој што дошол од друг град да заврши работа нема у Карпош да се паркира. Епа дечко дај да ги срушиме сите работи па може така ќе се постигне намалувањето на сообраќајот и центарот ќе остане незакрчен. На лоша основа ти е поставен ставот и гледиштето. Паркинг места се и повеќе од потребни, независно дали ќе се решат сообраќајните проблеми.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: N23
Date Posted: 29-May-2011 at 01:39
Овде и пред МТВ се досега најпогодените локации за катна, заедно и со таа кај Беко, али таму веќе имаше паркинг простор. Делот кај Библиотеката беше составен дел на мозаикот кој Скопје го прави најбагдатски град во Европа, а можда и пошироко. После изградбата можно е да ги тргнат од таму и дивите превозници и таа прашлива депонија убаво да се среди. Скопјани не сакаат да употребуваат автобус, па коа не можеме да ги научиме на автобус, барем да направиме повеќе катни и да го расчистиме градов од диви паркиралишта. Во тој дел, малце подоле хронично фали уште една катна или подземна, особено поради фреквентноста на вработени во Мавровка.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 29-May-2011 at 10:27
Епа ете ти прават нели кај Судот, односно кај МТВ, а здравје ако го прават и Скендербег нели, ќе има подземна. И овој сега тоа се вкупно три и тоа со не така мал капацитет.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 29-May-2011 at 10:32
Originally posted by N23

Овде и пред МТВ се досега најпогодените локации за катна, заедно и со таа кај Беко, али таму веќе имаше паркинг простор. Делот кај Библиотеката беше составен дел на мозаикот кој Скопје го прави најбагдатски град во Европа, а можда и пошироко. После изградбата можно е да ги тргнат од таму и дивите превозници и таа прашлива депонија убаво да се среди. Скопјани не сакаат да употребуваат автобус, па коа не можеме да ги научиме на автобус, барем да направиме повеќе катни и да го расчистиме градов од диви паркиралишта. Во тој дел, малце подоле хронично фали уште една катна или подземна, особено поради фреквентноста на вработени во Мавровка.


Не бери гајле ти за скопјани, кога ќе се дојде во ситуација автомобилскиот сообраќај да биде во инфаркт а со тоа и автобускиот, ќе почнат да се применуваат правила како во кина: доѕволено возење автомобил со парна регистрација и непарна регистрација на наизменични денови додека не се игради шински јавен транспорт и тек тогаш тие исти скопјани ќе почне полека да им станува побитно да стигнат негде побрзо со ЛРТ отколку поспоро со кола.
Нажалост ние имаме таков менталитет да менуваме навики само кога ќе дојде нож до коска, така да и ако нешто долгорочно испланирано се изгради пред да се појави потреба за него нема да биде користено....пример обиколницата на скопје.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-May-2011 at 12:46
Луѓе пак ве тера памет да мислите на менталитет и слични кривци за неодговорна администрација. Скопје нема никогаш доживеано некаква политика на наасочување на возила од автомобили во автобуси. Тоа неможе да биде само нови автобуси и една неуспешна трета лента. Да нови треба и се основен услов да почне да се привлекува населението кон автобусите, но има други милијарда работи со редовите и линиите за кои сега не е тука место. Катната гаража е е лесоно пренаменлива, макар што незнам зашто за тоа почнавте да кажувате дали требало или не требало. Пред некој ден зборевме за проектирани паркинг места во рамки на дуповите, како одеднаш била вишок, од кај па знаете дека нема потреба, особено во ситуација што инвеститор е приватна компанија, која со присуството покажува дека е рентабилно да се има катна гаража тука. Дајте бре малку, понекогаш ставрно имам проблем да сватам што сакаат некои луѓе, овде не зграда, не гаража, не таква, не овака, не биле во мода катни подземни гаражи биле. Епа сега........ Ако прашам што, ќе добијам некаков одговор филозофски или некоја слика од некој футуризам допрва излезен од студијата на стартрек, зашто така се правело незнам каде. До кога ваќа ќе ги деградираме сите дискусии.

Фактот што Скопје добива уште една зграда урбанистички која ги следи линиите која утре може да биде приватна, државна, катна гаража, трговски, болница, канцеларии што сака може да биде, неможе да биде реаливизиран со нејзиниот првичен статус, односно што сега прво ќе биде катна гаража. Тоа е градежен капитал што останува, утре можеме да му смениме фасада или намена.


Posted By: 4skopje
Date Posted: 29-May-2011 at 14:38
Vo pravo si epten ,da ne se povtoruvame !
Applause


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 29-May-2011 at 19:14
Самио да прашам, нели од владата градат катна гаража меѓу МТВ и Кривичен суд. Не би била оваа катна со таа во конкуренција, пред се за тие што идат на Универзитетот?


Posted By: Stefano
Date Posted: 30-May-2011 at 20:09
@mirakuliks ako si parkiral preku den vo rabotna nedela okolu sudovite nitu 17 katni garazi nema da se dovolni za da ja akumuliraat taa guzva vo toj reon..dobredojdeni se katnite garazi tuka..a treba i da se sredat i izgradat novi parkinzi okolu benzinskata na Makpetrol kaj MTV ima prostor vo toj del..za prosiruvanje so parking mesta.


Posted By: Djole88
Date Posted: 31-May-2011 at 00:01
Паркингот на универзитетот е доволен, ама гужвата од МТВ, Библиотека, судовите(сега и нов се гради), па би рекол и од Мавровка, Чаршија, театарот, тоа е реон со голем проблем за паркирање


Posted By: N23
Date Posted: 31-May-2011 at 23:46

Не би се согласил со Универзитот. Преоптоварен е паркингот, од страна на Правен, константно луѓе се паркираат и по трева и на тротоари поради немање доволно место на паркингот.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 30-Jul-2012 at 17:35
Поминав денес близу катнава гаража. Луѓе мои, немате поим каква жар црвена боја имаат лупнато преку целиот објект. Не ми се веруваше.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Zoc
Date Posted: 11-Aug-2012 at 00:40
Вчера после подолго време поминав од тука и кога ја здогледав гаражава страшно непријатно се изненадив...па ако така остане како што е сеа,тоа ќе биде ужас невиден!    


Posted By: alexsend
Date Posted: 11-Aug-2012 at 08:38
Ужас

Дали некој може да објасни како објект кој е најавен дека ќе изгледа вака-->


се ретвори во-->


Ова дозволено ли е? Не е манипулација на јавноста? Каде се институциите?


Но не, убаво е да се гради, нели не се градело никогаш па надокнадуваме и на ова поле, на квантитет секако. Треба да сме среќни за тоа што го добиваме, не да критикуваме.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 13-Aug-2012 at 08:44
ова бензиска ли беше !!!?..опааа и на 4 нивоа. Ни BP нема олкави.
Не верувам дека има волку неписмени архитекти. Тоа е се до непрокопсани инвеститори... инвеститори на повеќе нивоа.. и ова се случува и случува и случува....


-------------
.....   .......


Posted By: moki
Date Posted: 13-Aug-2012 at 10:03
Slucajno denes pominav od tamu - takva grozota do sega nemam videno. Prvo - mestoto ne i e tamu voopsto
Vtoro - go unistuva ambientot koj go ima okolu NUB
treto - boite se grozota
Ednostavno neli da mu se odzeme diplomata na toj arhitekt koj moze da proektira vakva grozotija

-------------
minatoto e kradec na ubavata idnina. zaboravete go!


Posted By: Spiridon
Date Posted: 13-Aug-2012 at 11:42
Cirkus Medrano.Na 300 m. od GTC.


Posted By: OCB
Date Posted: 06-Sep-2012 at 21:39
Le garage









Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 06-Sep-2012 at 22:23
KATNA GARAŽA WTF?!?

Нели се донесе некој зкон за обавезна употреба на македонското писмо, кирилицата?

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: fichot
Date Posted: 07-Sep-2012 at 02:04
Леле грдосија, битно ги има боите на знамето.



Posted By: alexsend
Date Posted: 07-Sep-2012 at 07:34
Пронајди ја сличноста





-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: xnx
Date Posted: 07-Sep-2012 at 09:41
samo da bese namesto crvena nekoja neutralna boja so zoltive detali ke ripnese nekolku ocenki pogore


Posted By: MGS
Date Posted: 07-Sep-2012 at 13:06
Originally posted by Andrej_LJ

KATNA GARAŽA WTF?!?

Ми се повраќа кога ќе видам македонски јазик напишан на латиница.
За катнава гаража немам коментар.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 07-Sep-2012 at 14:29
Катната гаража ќе биде функционална. Такада сите негативни коментари се излишни. Туку синдромот македонски е побитен -секогаш нешто нечини.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: MGS
Date Posted: 07-Sep-2012 at 14:43
Па и надворешниот изглед е важен,да се вклопува со околината.Ако гледаме така,дај нека нацртаат пениси и вагини на фасадата.Битно ќе биде функционална.


Posted By: tonikostov
Date Posted: 07-Sep-2012 at 15:35
Originally posted by Supervisor

Катната гаража ќе биде функционална. Такада сите негативни коментари се излишни. Туку синдромот македонски е побитен -секогаш нешто нечини.


Катната гаража ќе биде функционална - тоа е неспорно. Но, ако видиш како требало да изгледа гаражата, а како изгледа сега - не зезај... Под сите критериуми за естетика е. Боде очи...


Posted By: xnx
Date Posted: 07-Sep-2012 at 16:49


Posted By: xnx
Date Posted: 07-Sep-2012 at 16:50
koga ke se trgne onaa odvratna crvena boja, moze da se vidi deka dizajnot i ne e taka losh


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Sep-2012 at 17:24
црвената боја не е тоа што е лошо всушност (иако е доста нападна и силна боја)
проблемот е најпрво затоа што не се гради онака како што е најавувано, и како второ, што направена е ужасна комбинација од црвено и жолто, и како трето, тоа што фасада што се наоѓа во строг центар на градот е со фасада бетер од лименкине Веро и Рамстор...
меѓудругото, јас сум голем противник на изградба на надземни катни гаражи во денешно време, особено во густи централни подрачја (плус тоа што се пренаменуваат во деловни) но тоа е веќе друга тема...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-Sep-2012 at 19:07
еднаш веќе имам пишано.во истамбул на времето беше тренд(сега незнам како е)да се градат паркинзи испод големите улици.на пример по целата должина на Партизанска,испод булеварот кај судска палата,истод рекорд,испод улицата пред Собрание итн.

вака би се постигнала многукратна добивка.ем би се отстраниле грдите гаражи пред зградите како во карпош,улиците би биле многу попроодни ако се искористи целата ширина само за возење,и вкупниот лик на градот ќе се смени.исто можи да се направи на пример и испод булеварот пред НБРМ


Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 07-Sep-2012 at 19:32

Originally posted by Supervisor

Катната гаража ќе биде функционална. Такада сите негативни коментари се излишни. Туку синдромот македонски е побитен -секогаш нешто нечини.

Тогаш зашто се менуваат фасадите на плоштад кога зградите се веќе функционални? 



-------------
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Sep-2012 at 17:30
Originally posted by gjoko

еднаш веќе имам пишано.во истамбул на времето беше тренд(сега незнам како е)да се градат паркинзи испод големите улици.на пример по целата должина на Партизанска,испод булеварот кај судска палата,истод рекорд,испод улицата пред Собрание итн.

вака би се постигнала многукратна добивка.ем би се отстраниле грдите гаражи пред зградите како во карпош,улиците би биле многу попроодни ако се искористи целата ширина само за возење,и вкупниот лик на градот ќе се смени.исто можи да се направи на пример и испод булеварот пред НБРМ
тоа е тоа што се бара, и не треба да го правиме само поради тоа што е тренд, туку и дека е многу порационално и покорисно трошењето на просторот, кој ако не се искористи за улици и пешачки зони, ќе се искористи за паметно изведени административни, деловни и културни објекти


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 08-Sep-2012 at 18:55
и мислам дека нема да кошта повеќе од цената за градба на катна гаража


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 13-Sep-2012 at 20:46
Се е океj но "KATNA GARAŽA"им е наjголемиот кикс, требало да стои на кирилица а доколку сакале да го напишат на латиница тоа требало да биде на преведено на англиски или во краен случаj "KATNA GARAZHA" .. Не е ова синдромот македонски дека секогаш нешто нечини туку СЕКОГАШ НЕШТО НЕЧИНИ. Ништо каj нас не може да биде перфектно и мора нешто да биде fail.


-------------
ಠ_ಠ


Posted By: alexsend
Date Posted: 13-Sep-2012 at 20:53
Каде е сега оној закон за јазикот?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: lion
Date Posted: 13-Sep-2012 at 20:57
Премногу нападна дреч црвено-жолта..ОК сваќам дека заштитните бои на Макоил се црвена и жолта,ама па треба барем малце разум..ист начин како што се претерува и со 16/8 кракото сонце,та почнаа и по капаци на шахти да го ставаат.


Posted By: build.mk
Date Posted: 13-Sep-2012 at 23:00
Нови 275 паркинг места во центарот на Скопје

Новоизградената катна гаража на компанијата „Макоил“ лоцирана покрај булеварот Крсте Петков Мисирков, непосредно до Националната и универзитетска библиотека во Скопје [ http://www.build.mk/?page_id=7058&m=%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B6%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B1 - »мапа ], од денеска е пуштена во употреба. Објектот се простира на основа со површина од 1.340 метри квадратни и располага со 275 паркинг места.  http://www.build.mk/?p=7876 - Изградбата започна во мај минатата година , а инвестицијата беше во висина од 3,5 милиони евра. „Макоил“ во централното градско подрачје располага со градежно земјиште наменето за комерцијални гаражни објекти и на три други локации (зад објектот „Метропол“ на Плоштадот „Македонија“, на улицата Орце Николов близу „МЕПСО“ и во Ново Маало спроти „Веро Центар“), а неодамна http://www.build.mk/?p=18254 - го загуби правото да гради подземна гаража кај републичкото Собрание .

 

 

http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Parking/Katna%20garaza%20NUB/Katna%20garaza%20NUB%200201.jpg">Катна%20гаража%20на%20„Макоил“%20кај%20НУБ http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Parking/Katna%20garaza%20NUB/Katna%20garaza%20NUB%200202.jpg">     Катна%20гаража%20на%20„Макоил“%20кај%20НУБ http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Parking/Katna%20garaza%20NUB/Katna%20garaza%20NUB%200203.jpg">     Катна%20гаража%20на%20„Макоил“%20кај%20НУБ http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Parking/Katna%20garaza%20NUB/Katna%20garaza%20NUB%200204.jpg">     Катна%20гаража%20на%20„Макоил“%20кај%20НУБ



http://www.build.mk/?p=18517 - #
Објавено на 13.09.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%bd-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf - Бетон Штип , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%b6%d0%b0-%d0%bd%d1%83%d0%b1 - Катна гаража НУБ , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b8-%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%b6%d0%b8 - Катни гаражи , http://www.build.mk/?tag=%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%b8%d0%bb - Макоил , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Паркинг , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b8%d0%be-2000 - Студио 2000 , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b8%d0%bc-%d0%b8%d0%bd%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Тим инженеринг


http://www.build.mk/?p=18517


Posted By: kire85
Date Posted: 14-Sep-2012 at 19:39
Знам дека замеркава не е ништо во споредба со целокупниот изглед на гаражава, но не можам да се воздржам. Просто се ежам кога гледам како овде катна гаража на латиница. Crazy Wallbash

Со голема веројатност сме народ со најмала почит кон вредностите на својот јазик и писмо. Бугарите дури и брендирани светски марки како Шератон или Мекдоналдс ги пишуваат на кирилица, а ние што сме квази европски ориентирани им се смееме.



Print Page | Close Window