Print Page | Close Window

Св. Јован Бигорски

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Културно наследство
Forum Discription: Археолошки локалитети, цркви, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=122
Printed Date: 19-Apr-2024 at 13:35


Topic: Св. Јован Бигорски
Posted By: pbanks
Subject: Св. Јован Бигорски
Date Posted: 10-Dec-2007 at 23:08
Овој сите го знаеме... Фото сесија од Април 2007 Cheers



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Dec-2007 at 23:10
1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

31

32

33


Posted By: волан
Date Posted: 13-Jan-2008 at 12:36
Убава фото сесија ... можело и троа текст да оди ... но и фотките зборуваат.

-------------
волан


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Jan-2008 at 22:44
Знае ли некој дали воопшто е возможно во македонските манастири да се престојува? И која цена? Навистина е добро место да се наполнат батерии после долга и напорна година.

Сигурен сум дека во Св. Наум цената е 200 евра ноќевање, а за другиве не знам.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: dejan
Date Posted: 14-Jan-2008 at 00:49
Jas sum slushnal deka e mozhno. Zapoznav eden mlad decko koga bev vo Skopje vo 2006, i on zhiveeshe vo mashki manastir edno vreme, zaboraviv koj...neznam dali se plakja??


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jan-2008 at 07:37
Originally posted by La Linea

Знае ли некој дали воопшто е возможно во македонските манастири да се престојува? И која цена? Навистина е добро место да се наполнат батерии после долга и напорна година.

Сигурен сум дека во Св. Наум цената е 200 евра ноќевање, а за другиве не знам.


Ухууу 200 евра во Св. Наум? Тоа е изгор.

Јас знам баш за Јован Бигорски, беа едни мои другарки. Ама тоа беше пред некое време, па можеби нешто се сменило. Не платија ништо, ама мораа да присуствуваат на тоа како се вика... (ќе простите на незнаењево).... Значи вечерта присуствувале кога се молеле и пееле монасите и рано сабајле исто така. А тоа било прилично долго, другарка ми ми рече дека скоро се онесвестила.

Dunno


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jan-2008 at 09:01

Незнам точно каде се може да се престојува но сигурно има такви манастири. Ми спомнаа дека МПЦ биле прилично услужни на маилот кој е на нивниот сајт и ги давале сите детали околу условите, цената (ако ја има) итн.



Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 08-Sep-2008 at 14:44
WOW

-------------


Posted By: La Linea
Date Posted: 05-Mar-2009 at 00:30
Што е тоа во позадината знае ли некој?!




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2009 at 01:28
01.


02.


03.


04. Долот карши манастирот!


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11. На таблава незнам што пишува, ама ваљда е нешто кое датира уште од изградбата кој аптем незнам од кој век е!


12. Roll%20eyes


13.


14.


15. Таванска розета веднаш после влезот!


16.


17. Чешмите од спотот на Манчевски.


18. Нова крштилница од лани.


19.


20. Еве констракшн апдејт од новите конаци кои се во фаза на изградба!


21.


22.


23. Крштилницата!


24.


25. БаФча.


26.


27. Е оваа направијава незнам што е. Многу ми е нејасна.


28.


29. Превод?!?! Dunno


30.


31. Ова е подот под розетата од неколку слики погоре.


32. И ова незнам што пишува!


33. Градежен шут на паркингот пред манастирот.


34. Шутов не бил само градежен.....


35. Уште шут....


36. еве може да приметите колку е блиску ќубрево до влезната порта! (Ете ми го југото на сликата, ова белото! )



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 18:37











Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 18:38













Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 30-Sep-2009 at 11:34

Пожар во манастирот Св. Јован Бигорски


30.09.2009 11:36
Пожар во манастирот Св. Јован Бигорски

 

Во 4 часот утрото избувна пожарот во манастирот Св. Јован Бигорски. Проблеми во инсталацијата на електричните и плинските уреди во кујната, според првичните сознанија, се причина за пожарот, изјави Екрем Зендели, заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пламенот прво ги зафатил кујнскиот дел, по што се проширил во трпезаријата, конаците и библиотеката, кои се целосно изгорени, но нема повредени лица. Противпожарните служби успеале да го заштитат стариот дел од црквата, а монасите ги извлекле поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Ангажирани биле и хеликоптери на АРМ кои помогнале за локализирање на пожарот.

Пожарот избувнал во 4 часот изутрина и веднаш било пријавено во полициската станица во Ростуше. Противпожарните екипи од Дебар и Тетово до 7 часот утрото се бореле со огнената стихија.

Во манастирот пристигна претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Таму е висока црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, а таму е и директорот на Управа за заштита на културното наследство Паско Кузман. Местото го обезбедува полицијата.

Инаку, манастирот го основал монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква, а обновен е во 1743 година.

Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас изработен од мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов - Гарката од селото Гари, кој за среќа остана недопрен од пожарот.

Ohno
Eeek


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 30-Sep-2009 at 11:36

Надопонета вест - навистина голема штета!

Пожар во манастирот Св. Јован Бигорски

30.09.2009 11:36
Пожар во манастирот Св. Јован Бигорски

 

Во 4 часот утрото избувна пожарот во манастирот Св. Јован Бигорски. Проблеми во инсталацијата на електричните и плинските уреди во кујната, според првичните сознанија, се причина за пожарот, изјави Екрем Зендели, заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пламенот прво ги зафатил кујнскиот дел, по што се проширил во трпезаријата, конаците и библиотеката, кои се целосно изгорени, но нема повредени лица. Противпожарните служби успеале да го заштитат стариот дел од црквата, а монасите ги извлекле поважните предмети кои биле во опожарените објекти.

Ангажирани биле и хеликоптери на АРМ кои помогнале за локализирање на пожарот.

Пожарот избувнал во 4 часот изутрина и веднаш било пријавено во полициската станица во Ростуше. Противпожарните екипи од Дебар и Тетово до 7 часот утрото се бореле со огнената стихија.

 

 

Во манастирот пристигна претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Таму е висока црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, а таму е и директорот на Управа за заштита на културното наследство Паско Кузман. Местото го обезбедува полицијата.

Инаку, манастирот го основал монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква, а обновен е во 1743 година.

Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас изработен од мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов - Гарката од селото Гари, кој за среќа остана недопрен од пожарот.





Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Sep-2009 at 11:40


Голема штета, но сепак во несреќата има и среќа. Црквата со иконастасот се недопрени. Ми делува дека интервенцијата била навремена, сепак се работи за локација до која не се стига за 5 минути.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Sep-2009 at 11:49
Со оглед на достапноста на манастирот и близината со противпожарните бригади мислам дека реакцијата била колку толку навремена и нема простор за жалење. Всушност мислам дека на манатирот може би и му фалел сопствен систем за противпожарна заштита. Нешто што сега ќе мора да се вгради со реконструкција. Фала богу што е спасено тоа што е, како иконостасот и црквата, а слушнав и дека некоја галерија на икони била извадена по брза постапка надвор од опожарениот објект. Незнам колкава е улогата на хеликоптерот во целата акција но со близината на дебарското езеро мислам дека го прави ефетивен во некоја мера. Друга работа е што објектот бил од, како го викаа, дрвена пластика или така нешто типично за пред неколку векови што само по себе го прави објектот фитиљ. Огромна штета! Сега не ни останува ништо друго освен да се фатиме за работа и да го обновиме! Со Господ напред!

01.


02.


03.


04.


05.

www.mia.com.mk


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Sep-2009 at 12:21
06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.



Posted By: pavche
Date Posted: 30-Sep-2009 at 13:29
Originally posted by lslcrew



29. Превод?!?! Dunno





Во времѫ смиренаго игумена Михаила в/(от?) село (Галичнико)?
Братѫ христиѫны пите сладка и студена водица охладите
жедна ваша душица и поминате Неофита Монах
бил родом
в/(от?) село Вехчаны Охрицко
(кобуилегосен?) источник (гавоз?) конец и богу слава


Sad news about that fire ... Ohno


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 30-Sep-2009 at 17:17
Оваа вест ми го расипа денот уште од сабајле, а сега кога ги видов сликиве
...мувла народ сме, очајни...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Sep-2009 at 18:13
Unhappy




Originally posted by Dave Gahan

Оваа вест ми го расипа денот уште од сабајле, а сега кога ги видов сликиве
...мувла народ сме, очајни...


?????? Ај те молам образложи!?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: alexgizh
Date Posted: 30-Sep-2009 at 18:15
Манастирот ќе го изградиме пак!

А за коментарот на Gahan, и мене не ми беше јасно за што се однесува тоа... мислам дека не е нормално секогаш и сегде да се плука по своето.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Sep-2009 at 18:26
Претпоставувам дека Гахан реагира бидејќи како и да ја вртиме веројатно е дека човечка негрижа е причина за ова (во смисла на застарени или неправилни инсталации за нафта, струја итн).

Не дека такви работи не се случуваат, но сепак се работи за еден од нашите највредни културни споменици и треба да се обрнува специјално внимание кон безбедноста на овие објекти од сите аспекти.

Сепак спрема мене најлошото е избегнато, она што треба да направиме е да извлечеме поука и да воведеме поголеми сигурности мерки и за Бигорски и за останатите културни споменици од ваков ранг.


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Sep-2009 at 18:56
Манастирот беше беспрекорно чуван како од монасите така и од постетителите! А можам да кажам едно огромно браво на монасите што изреагираа така трезвено во таква ризична ситуација, и огромно браво за брзата реакција на противпожарната служба што спречија уште поголема катастрофа Applause




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Sep-2009 at 18:59


Се сложувам Линеа. Секако никој нема нив да ги окриви, макар и некој од нив да згрешиле. Живи луѓе се грешат.

Но доколку се укаже дека проблем била инсталацијата или нешто слично стандардите мора да се подигнат, треба да научиме лекција од ова. Со оглед дека се работи за објект од културата кој е под заштита, претпоставувам дека тука пред се одговорност би имале разноразните заводи кои треба да го одработат овој дел од работата.

Но напразно зборувам, сепак се ова шпекулации и претпоставки, да видиме што ќе покаже истрагата.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 30-Sep-2009 at 19:07
Јас само сакав да кажам дека сме несреќи...ништо повеќе...
Многу убаво ја познавам историјата на манастирот, се наежувам само кога ќе ми текне на иконостасот во црквата, а не кога ќе го видам и фала Богу што не беше зафатена од пожарот...не ми беше целта никого да навредам, посебно не монасите, имам посебен респект кон нивната посветеност...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-May-2010 at 04:13
http://picasaweb.google.com/Aseda64/GeZaIH# - Г.Трайчев, „Бигорски монастир Св.Ив.Предтеча“

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-May-2010 at 04:19
Може некој да ми објасни што е ова на 3-та (18-та) слика со столбовите како некој портал?! Каде се влегува преку портава и каде е денеска, односно на кое точно место од комплексов била и што им денес тука? На 2-ра (17-та) слика може да се примети колку каква била состојбата на манастиров пред стотина години, тогаш и се направени сликиве на почеток на 20-ти век. На левата страна од сликата се гледаат два помали објекти што исто така ме збунуваат. Едниот, полевиот колку што можам да видам е на оние тидини што се препознатливи за Бигорски. Долни палат го нема. Интересно и Галичник е град.


Posted By: Max
Date Posted: 31-May-2010 at 03:32
тоа е Балдахин т.е. Цибориум http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=490&PID=39263#39263 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=490&PID=39263#39263 кој најчесто се поставува пред Олтарот внатре во Храмот, но исто така се поставува и во дворот на Храмот врз Писцината за Покрстување или односно врз Фиалата, а во случајов бидејќи има извор може да се каже Балдахин врз Крине. иако крине се однесува на цилиндрична структура врз окното на бунар...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Aug-2010 at 19:36

Монасите од Бигорски правеле илинденски топчиња

Манастирот „Св. Јован Бигорски“ бил стожер на сите подготвителни активности за востанието

Киро Кипроски

Бигорски - На крајот на 19 и во почетокот на 20 век во Галичник, во Мијачијата и во селата по долината на реката Радика беше присутен слободарскиот дух. Населението, неможејќи да го издржи османлискиот јарем и пљачкосувањата што ги вршеле арнаутските качачки банди од Албанија, ги прифаќале принципите на Тајната македонска одринска револуционерна организација за учество во вооружено востание, за да се изборат за национална и социјална слобода. Галичаните ја отфрлале се' поприсутната големосрпска и големобугарска пропаганда. Целосно се носочувале кон револуционерните организации, формирале комитети, поткомитети и преземале други форми на дејствување, за подобро да се подготват за големиот ден - за востанието.



Манастирот „Св. Јован Бигорски“ бил стожер на сите подготвителни активности за револуционерното Илинденско востание, при што одиграл многу значајна улога во координацијата и во организацијата на населението за нивно вклучување во сеопштото востание. Тука се одржувале голем број тајни активности на Галичко-реканскиот комитет за собирање облека, храна, оружје за востаниците. Во активностите биле вклучени монасите на чело со игуменот на манастирот, јеромонахот Партениј, кои успевале да конструираат и да изработат две топчиња, со кои беше почната вооружената борба против Османлиите во реонот на Копачка. Според професорот д-р Ванче Стојчев, илинденците имале 17 дрвени топчиња, од кои шест во Крушево, а четири топчиња Османлиите заробиле во Битола и ги однеле во Истанбул, кои се чуваат како воени трофеи.

„Низ вековите Бигорскиот манастир одиграл значајна улога во јакнењето и зацврстувањето на македонскиот дух на населението, не само во неговата околина, туку и на поширокиот регион на западниот дел на денешната територија на Македонија“, вели игуменот на манастирот, архимандритот Партениј. На почетокот на минатиот век Бигорски бил главна база за дејствување во подготовките на Галичко-реканскиот комитет и дал голем придонес населението од сите села околу реката Радика да бидат организирани и покрстени како членови на ВМРО. Документите во печатена и во електронска форма, заедно со многу книги и документи, како што рече отец Партениј, изгореле во минатогодишниот пожар што го зафати манастирот. Но, се прават напори да се обезбедат тие документи, кои се наоѓаат во архивите на соседните држави.

Во Бигорскиот манастир била создадена мајсторска работилница и складиште за оружје.

Монасите Гаврил и Гаврил Русин излеале и направиле две топчиња. Во една ноќ, неколку дена пред 2 август 1903 година, браќата Филип и Угрин Канчевски, од Галичник, кои потекнувале од угледна сточарска и патриотска фамилија, со свои коњи ги презеле топчињата и со мака низ стрмнините над манастирот, успеале да пристигнат до местото Краиште. На патот кон Крушево биле обезбедувани од галичката чета. Патот ги водел низ планината Бистра, за да пристигнат на договореното место над селото Душегубица (Кичевско). Ноќта спроти Илинден, со двете манастирски црешови топчиња беше објавено Илинденското востание.

„Скришум, да не чујат шпионите, дедо ми Филип ми раскажуваше за својот подвиг, за движењето ноќе низ планинските беспаќа, да не ги откријат непријателите, со брат му Угрин успеале да ги пренесат црешовите топчиња од Бигорскиот манастир до договореното место што им го дал Комитетот“, се сеќава осумдесетгодишниот д-р Јанко Канчески. Покрај топчињата, кои биле натоварени на еден коњ и камуфлирани, облеката и храната за востаниците биле товарени на неколку коњи, собрани од галичани. За храброста на дедовците, додава тој, ми раскажуваа и татко ми Коста и чичковците Тане, Заге и Драган.



Шеесет и тригодишниот Миле Канчески ни вели дека дедо му Угрин, на 24 години, бил многу храбар и голем македонски патриот, секогаш подготвен да го даде животот за Македонија, за македонскиот народ да се ослободи од османлиското ропство, кое било неиздржливо. За пренесувањето на црешовите топчиња од Бигорскиот манастир во Крушево ми зборувал татко му Ладе, со аманет на дедо му, приказната да се пренесува од колено на колено, на децата и внуците, а тие, исто така, да им ја пренесуваат на своите деца и внуци се' додека постои родот и породот.

„Чувствата се големи и импресивни кога сознав дека моите предци во илинденскиот период се зафатиле да ги пренесат црешовите топчиња и да бидат активни во подготовката на Илинденското востание, многу се израдував и горда сум што потекнувам од револуционерна-патриотска фамилија“, со восхитување зборува праправнуката на Филип, Елизабета Канческа-Милеска, министерка за култура, и додава: „Не дека потекнувам од семејството на моите прадедовци Филип и Угрин, кога татко ми ми раскажуваше за нивниот подвиг од очите почнаа да ми капат солзи, од нивната храброст, од подвигот што го направиле во тоа тешко време“.

Авторот Георги Трајчев својата „Книга за Мијаците”, отпечатена во 1941 година, во Софија, речиси 30 години по нејзиното пишување, им ја посветува на Галичник и на Мијаците и на Бигорскиот манастир. Авторот по потекло бил Мијак, роден во Крушево, а во Галичник престојувал како инспектор по образование.



Манастирот служел и како главна база на дејствување во подготовка на комитетите. На тој начин сите села што се наоѓале на двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО. Сите служби биле организирани од игуменот јеромонахот Партениј и од монасите Гаврил Карапела и Гаврил Руснака (кој бил добар техничар), запишал Трајчев.

Покрај мажите од Галичко-реканскиот регион, кои учествувале во подготовките на Илинденското востание, и жените активно учествувале во подготовките на Илинденското востание.

Во периодот од 15 август 1902 до 20 јуни 1903 година организацијата имала многу успешни активности во подобрувањето на организираноста, а посебно во собирањето пари, при што биле собрани 560 наполеони и големо количество облека. На Смилевскиот конгрес (23 април 1903 година) било донесено решение Галичко-реканскиот реон да остане легален орган и по објавувањето на востанието, да му биде на располагање на Кичевскиот револуционерен реон за да му доставуваат храна, облека, пушки, патрони, лекови, а во случај на напад на османлиските војски во Кичевскиот регион да можат четите да се префрлаат во Галичко, каде што ќе ги кријат.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=69B0A1E5964EEF418A8FDD5AEAB7C78B



Print Page | Close Window