Print Page | Close Window

Традиционална архитектура во Македонија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1221
Printed Date: 23-Apr-2024 at 14:18


Topic: Традиционална архитектура во Македонија
Posted By: G.I. Joe
Subject: Традиционална архитектура во Македонија
Date Posted: 14-Mar-2011 at 22:00




Replies:
Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 14-Mar-2011 at 22:03









Posted By: Buliwyf
Date Posted: 14-Mar-2011 at 22:26
Интересна анализа и споредба на "македонската традиционална куќа" низ повеќе региони во Македонија. Интересна е историјата на архитектурата, инсолацијата, отвореноста/заствореноста, конфорот(релативно висок), како круцијални и пресудни фактори.

Иако градовите кај нас се појавуваат од антика до денес, она што нам ни е познато како наша традиција се формира во XIX век, од предиодот со постепените реформи во Отоманската имерија. Кога сме кај градката куќа таа може да се подели во две групи христијанска и муслиманска куќа. Муслиманските се граделе на поголема и равна површина со простран двор и високи огради, кои биле најчесто со приземје и кат. Внатрешноста била била украсувана со разни детали и мотиви. Додека христиајнската куќа била градена на непревилен ридест ртерен, што е причина за градење во висина со асиметрична форма поради ограничената локација за градба.

Е сега интересна е споредбата на куќи во поедини градови како скиците погоре. Охридската куќа(рибарска) се карактеризирале со два влеза, едниот према улицата и другиот према езерото. Крушевската градска куќа се карактеризира со затвореност поради острата клима и чардакот е затворен. Струмичката куќа се карактреризира со поголема отвореност и со големи чардаци поради благата клима. И ред други примери.

-------------


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 15-Mar-2011 at 02:35
dobra podloga za moderna interpretacija .. standardi , galerii imale , posebna banja vo sekoja soba !  so ogled na toa so se pravi vo denesno vreme vo Mak. , mozam da recam voda mozime da mu nosime na nasive predci Big%20smile
Nuts


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 15-Mar-2011 at 02:38
se nadevam imate dobra dioptrija , poso tesko se cita napisanoto od slikite Smile


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Mar-2011 at 23:20
добро се читаат буквите
G.I Joe од каде ти се материјаливе? има некоја книга целосно посветена на ова или нешто друго е?


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 16-Mar-2011 at 18:50
Материјали (дел од нив) за писмениот дел од испитот по Архитектура и уметност во Македонија на АФС....предметот е во трета година, а кога ќе се положи овој дел, се полага усно за кое има еден тон материјал што се учи од милион книги...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Makedonij
Date Posted: 16-Mar-2011 at 21:27
ГИЈ, обично ме нервираш со постовите, но секоја чест и благодарност за ови податоци, инаку овоо е од некоја книга или? Аке е дали таа може некаде да се купи?

Оште еднаш благодарам за постот.Thumbs%20Up


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 17-Mar-2011 at 04:41
Originally posted by Dave Gahan

Материјали (дел од нив) за писмениот дел од испитот по Архитектура и уметност во Македонија на АФС....предметот е во трета година, а кога ќе се положи овој дел, се полага усно за кое има еден тон материјал што се учи од милион книги...


tocno taka Thumbs%20Up kolega ??!! Big%20smileWink

ke gi postiram preostanatite crtezi denovive


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 17-Mar-2011 at 16:20
Мислам дека професорката има книга издадено на темава, само не сум сигурен за насловот...името и е Јасмина Хаџиева-Алексиевска, па можеш да побараш по продавнициве за книги или библиотеките...во библиотеката на Архитектонски факултет ја има сигурно...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Makedonij
Date Posted: 17-Mar-2011 at 18:55
Jas nogu teško možam da ja pobaram, no nekoj od vas bi možel da mi napravi usluga?Yes
Jas sum nogu daleko za da ja baram po Skoje!Thumbs%20Up


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Mar-2011 at 18:59
gi joe kade se naogja ova mesto?Mozes da mi dajdes koordinati??

-------------


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 21-Mar-2011 at 20:59
Originally posted by my Macedonia

gi joe kade se naogja ova mesto?Mozes da mi dajdes koordinati??


Za Arhitektonskiot fakultet prasuvas koordinati ?  41°59'58.80"N 21°25'9.14"E


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Feb-2016 at 22:11

Касапана од фрактална архитектура, уште Касапови да имаа нешто со Андон Ќосето - Касапот во прицип разиграноста на формите кај традиционалната мак. куќа е аналогна на ваквата претпоставка, се миксало и се дополнувало од сите страни [ http://balkanarchitecture.org/macedonia/macedonia.php - 1 ][ http://www.turkishculture.org/picture_shower.php?ImageID=2818 - 2 ] но дефинитивно препознатливи сме по лебдечките еркери кои претпоставувам биле од исток увезени но кај нас дополнети и надградени со европски елементи

http://marh.mk/category/до-xx-век/ - http://marh.mk/category/до-xx-век/

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1189&PID=196524#196524 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1189&PID=196524#196524


http://www.cdnh.edu.mk/multimedija2006/veles_proekt/Veles/Drugi_strani/Stara_gradba.htm - http://www.cdnh.edu.mk/multimedija2006/veles_proekt/Veles/Drugi_strani/Stara_gradba.htm

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=681&PID=89891#89891 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=681&PID=89891#89891

http://balkon3.com/poznatite-kuki-na-veles-chardaci-nitu-na-nebo-nitu-na-zemja/ - http://balkon3.com/poznatite-kuki-na-veles-chardaci-nitu-na-nebo-nitu-na-zemja/





Posted By: beTon
Date Posted: 15-Feb-2016 at 08:28


ако се види подобро од тоа првата фуснота во горниот пост пр. под табот на Грција претставени се градби од Егејска Македонија кои се идентични со градителскиот стил на мијачките и костурските тајфи кои греле ширум балканот од Истанбул па се до Венеција
дилемата ми е колку и каде е потипичен ваквиот стил на расфрлани еркери, дали истите биле норма во отоманската империја, и колку истиот стил е застапен навор од географска Македонија односно масовно присутен во друг регион, иако заради Мијаците пр. цел Елбасан или Драч биле извезени со еркери во минатото, а претпоставувам тоа било случај и со Москополе со оглед дека власите ко позафатени лихвари ги најмувале токму мијачките и костурските градителски тајфи да им ги скротат домоите

да не бидам погрешно разбран, не ми е цел да фрлам чалам, ами пробувам да го фатам моментот на даден тренд во дадено време, ко што е тоа случај со фракталните еркери кои токму тука во Македонија доживеале експлозија, макар истите претходно ко обични конзолни испусти биле веќе норма во византија, а можеби и грешам бидејки аберов не ми е потпен на нечие истражување од некој историчар на уметност, но и да имало таков тешко дека истиот би можел да посочи каде и во колкава мера се јавил некој архитектонски тренд а кој потем станал специфика за одредено поднебје
во овој контекст попрво би помогнала поука ко онаа од митот за Курбизје кој за време на својот архи аџилак по балканот бил изненаден од македонските градови и нивната фракталност како во урбанизмот така и во архитектурата, која изненаденост ето велат потем ја преточил во своите револуционерни архи пориви, визии кои ги црпел од 1906 до 1912 кога архитектонски се сефтосал ... токму во тој период Македонија имала доживеано архи процут, едно заради неимарите кои ко тајфи чинам дури и се такмичеле кој како и за колку време би кренал некоја чорбаџиска палата, но воедно било време и на печалбари кои ко архитекти пеле занат по надвор а потем го комбинирале со локалната ука за да истераат монументални архи парчиња, примерот со AАндреј Дамјанов или Стојан Везенков [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=557&PID=124066#124066 - 1 ]
од тој период најдобар поглед на овој тренд со еркери може да се добие од фотомонографијата Македонија во Слики издадена во 1919

http://promacedonia.com/rami/am/ - http://promacedonia.com/rami/am/

добро би било да се најдат слични фото ковчези та да се споредуваат и трендови и те атмосферата, и по румелиските вилаети, но и по големите отомански центри на блискиот исток, а само така и би оживеале тогашните патеписи пр. на Евлија Челебија, на сето ова ако има некој кабает да ги врзе и локалните хортикултурни трендови та сето тоа и да замириса убаво средновековно, посекако тогаш цвеќето било она што денес е телевизијата, занимација која го разубавувала и денот и светот но со пофин и подуховен стил

во овој контекст имаме нешто абер и за македонската градина но не ми се верува дека истата биднала особено автохтона во однос на останатите балкански региони со оглед дека цветала во време на пустоши, кога релативно преживувалале и селските тврдини од куќи а не пак бавчите по двороите ... нејсе, тек преку ваквата дума пр. засветлуваат поинаку не само патеписите но и цела историја на овие простори особено Црковната [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=625&PID=207977#207977 - 1 ] ако се има предвид дека на кревањето и одржувањето на духоносната архитектура трпеливо се посветувале цели заедници [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=625&PID=186334#186334 - 2 ] па така и селските Цркви, па и најрурлните Манастири, биле најубавите претставници на локалната градба и градина [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=337&PID=89341#89341 - 3 ]

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=196461#196461 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=196461#196461






Posted By: beTon
Date Posted: 15-Feb-2016 at 09:34


еве примери од Егеј [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1363&PID=138236#138236 - 1 ] и од Пирин [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=972&PID=184621#184621 - 2 ] а за Вардарот и не треба да спомнувам [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=129501#129501 - 3 ]

~

Дејги Душо Измачена е работава во однос животот во бетон и копнежот за камен, иако за кратко пишувам од село а в камена куќа, она печалбарска со полметро ѕидои, но за жал со пвц дограма и лимен кров нанеа, можеби гротескно, но за градски луѓе веројатно и ваков кросовер е добредојден за полесно да се аклиматизираат и комфорно уживаат во зимувањето, до душа ова пластикава незнам веќе дали и некаде ја нема, ќе повторам загреота, но како велат на поклонет коњ нели не му се пули во забалото, бар скалите се зачувани ко дрвени ако ништо друго, а кога ги гледам селава испустени би прифатил и ваков компромис само за да се вратат во живот ко некогаш, ајде до следната катаклизма има доволно време за преку ИПАРД истиот и озбилно да се релативизира  [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=197650#197650 - 1 ] та зар никој несака да живее сред убаини со овци, мечки, волци, селска идила и контраразузнавање по старата селска калдрма ил макадам

~

кога на архитектурата пак ќе и се пришие историскиот момент, воопшто на урбаниот табиет на некое место неговите преданија и митови, сето ова оживува особено, ова село во кое сум сега е трипати опожарено од турците пред по и за време Илинден, а претходно пак било на рутата на Виа Игнациа, претпоставувам во среден век Петар Делјан тука мрсел нечии руси коси, а денес дише осамено чекајки на идните еко-револуционери да го оплеменат со везени пиперки по стреите и чардаците





Posted By: +Protagorist
Date Posted: 22-Feb-2016 at 21:34


може ли некој да посочи колку тоа Килерот, Кералот (кералчето) односно Шпајзот бил задолжителен дел од тремот кај братската куќа, иако логично е дека уште во неолит намирниците се чувале в соба   но сепак мислам дека тек потем кога  почнале стоката да ја одвојуваат во плевна, дури тогаш се отворило простор кујната со се килерот да добијат засебно место...

има една интересна книга која допира до овие моменти, но истата е  само мал дел од традициите на различните региони в Македонија,  пр. некому килерот му бил под душеме ко кај јапонците [ https://adysgarden.wordpress.com/2013/03/20/making-under-floor-storage/ - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2078&PID=176389#176389 - 2 ] а некаде тоа било галерија на таван доколку станувало збор за едноспратна куќа, та зар не сме познати по езгиите, чинам ако некого прашаат која е главната одлика на Македонците единствена а универзална би била - Импровизацијата, што се вели https://www.youtube.com/watch?v=LTnSEFsInp0 - и брусли да ни позавиди  

http://www.iea.pmf.ukim.edu.mk/MKD/Kniga_Trpeski.pdf - http://www.iea.pmf.ukim.edu.mk/MKD/Kniga_Trpeski.pdf

http://iskonmakedonija.blogspot.mk/2011_05_01_archive.html - http://iskonmakedonija.blogspot.mk/2011_05_01_archive.html

~

едит: за неупатените, да не ве чуди муабетот за Килерот,  истиот веројатно  е одомакинет гурбетлиски превод за шпајзот http://www.makedonski.info/show/килер/м - http://www.makedonski.info/show/килер/м  




-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: beTon
Date Posted: 18-Sep-2016 at 05:18

интересна аналогија за потеклото на мак.арх. дека не треба да се гледа како отомански или византиски сублимат на стилови туку попрво античко неолитски кросовер на кој се надоврзуваат следните автохтони архи изрази, што донекаде е точно доколку се споредуваат неолитските колиби и средновековните братски куќи како профана арх. или пак http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1189&PID=128333#128333 - античките тумули и http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=625&PID=138477#138477 - средновековните куполи[/url како сакрална архитектура

https://soundcloud.com/user-427976499/korenite-na-makedonskata-arhitektura - https://soundcloud.com/user-427976499/korenite-na-makedonskata-arhitektura

се останато вреди да се чуе и анализира од аспект на архитект [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=143&PID=48776#48776 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=552&PID=214940#214940 - 2 ] кој ако не ги инспирирал и мотивирал посекако отворено ги подржал надлежните за скопското патинирање, иако нивната мотивација е пред се финансиски фундирана, а затоа и недоносена во изведбата ... во еден дел заради макроекономски спин, во друг туристички, трет дневнополитички (кој мислам е и најкорисен денеска) со кој се дефокусира вниманието од името и одродувањето односно постојаното уценување на масите за еа-пенетрација, вака власта речиси им го бапна проектов на медиумите и дома и надвор како најбитна тема, купувајки време во однос на се' ... но нема оправдување зошто посреди сета класика не најдоа простор за кросовер со византиската архи мисла ...

конечно последното неокласично скопско патинирање даде акцент токму на византиските и отоманските споменици на културата кои претходно здраво беа угушени од брутализмот, за сега вака да добиеме токму архи шопска салата на која речиси неокласицизмот и легна како сирење, но ко што и порано имам истакнато одговорните не увидоа дека идентитот не е нит сирење нит кашкавал та со рендање да го посипуваат, но ајде фастфуд времиња потреби и желанија, па и разбирлива е сета еклектичност, баш бидна идеален архи-еклер работава [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=509&PID=215188#215188 - 1 ]

~
зошто ова го постирам овде, просто нека им биде за поука на идните генерации да синкретизираат што повеќе мак. арх. традиционални елементи во своите архи визии, ако не директно индиректно и експериментално, но нека бидат храбри и што поавтентични, искрено би сакал бар Керамопластиката [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=490&PID=39272#39272 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3061&PID=197904#197904 - 2 ] да добие на тренд и цена, да ја редат и на огради и на прозори, макар и ко витраж или пак алубонд лепенка, битно некаде некако да истакнеме од каде ни е коренот и изворот од кој се напојува ... речиси чукни во дрво е работава бидејки за ова и ден денес нит професорите имаат акал ...

... да не говорам што фракталниот момент ни од блиску го немаат наследено од своите предци кои не само во акралната него и во профаната архитектура изобилно го користеле, па еркерите не се само класичен испуст, туку и изортиран давајки им на куќите динамика па и мелозвучност во одност цела околина









Posted By: beTon
Date Posted: 18-Sep-2016 at 16:00


колку значи расцветана авлија во една сцена, нормално и фотографот бар малку од малку да има осет за сцена и техника, но да знае да брка и моменти, а не само попатни фотографии



а и традиционалната градба во различни сезони, а не пак периоди, различно зрачи, истава http://marh.mk/%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D1%83%D1%9C%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%87%D0%BE-%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BD-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81-%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98-%D0%BD/ - Куќата на Кочо Рацин горе делува неверојатно транзиционо, додека тука е како од чорбаџиска бајка

еве на следниов пример Куќата на Васил Главинов колку и со една две ластарки надпорти знае да развесели визура, а не пак ко во минатото кога градината и нејзините цветни фрактали по сокаците биле речиси неодминливо доминантен елемент и кај селските и кај градските куќи во земјава, повеќе како домакински фетиш него малџиски чалам, нормално домакинките немале комп и тв па слободното време го минувале хортикултурно преку пролетта и летото



патем изротирани еркери, ова мислам не е правилен архи термин, знае ли некој како поточно се викаат ваквите испусти можеби полу-еркер или кос-еркер ...



http://www.veles.herobo.com/index.php/kultura/spomenici-veles/91-spomen-kuka-vasil-glavinov - http://www.veles.herobo.com/index.php/kultura/spomenici-veles/91-spomen-kuka-vasil-glavinov



ме чуди до сега немам налетано на абер за тоа кои биле неимарите на попознатите мак.тра. градби, веројатно историчарите, етнолозите или архитектите со време требало да разберат кои тајфи биле прочуени, а доколку постојат такви податоци дефакто треба некој да ги популаризира, можеби Архивот на РМ во некој устабаџиски анали, а доколку немаат инфо дури и ден денес не е касно да се прибира истото но за денешни услови најефективно преку јавна медиумска анкета, бар додека дедовците на заминување сеуште имаат вишок чаршиска меморија за споделување ... камо на вакви теми локално секој град да имаше по една тв-бурекџилница каде место политика би се бистреле културно-историски мотиви



Posted By: beTon
Date Posted: 27-Sep-2016 at 15:21

еден од начините како после земјотрес да се осигура стара камена куќа без струкнурно да се гиба истата

а ете со малку оштроумност сето тоа може и фино пејсажно да се замаскира



Posted By: +Protagorist
Date Posted: 29-Sep-2016 at 14:48

во однос последниот пост за селски туризам во нишката ЗРЖ еве за кои и какви куќи говорам дека би требало да се национализираат како културно наследство (оние кои немаат решена сопственост и нема изгледи да се реши) а ко такви и државата да ги обнови индиректно [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=195048#195048 - 1 ] можеби доволно како емотивна компензација за семејствата на кои ќе им се конфискува дадена куќа да им се даде право еднаш годишно да имаат бесплатен престој таму пр, месец дена туристички престој, така и волкот сит и овците на број, а потенцијално бар 10% од традиционалната архитектура по селата обновена и впрегната во рурален туризам, запчаник кој потака може да повлече и социјални спони, а потенцијално и самоодржливи комуни

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=216075#216075 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=216075#216075

аберов од линкуваниов пост разберете го како револуционерна можност за ослободување на градски заробените сограѓани, чии стремежи за слобода заглавиле пред тв или комп, на страна што нема ни кој да ги организира, да не звучам ко Пере Тошев но дефинитивно е време да се формира бар ~ организација за ослободување ~ [ https://web.archive.org/web/20130708052625/http://www.mn.mk/makedonski-legendi/7260-Pere-Tosev - 1 ][ https://web.archive.org/web/20160929095523/http://misterijamk.blogspot.mk/2011/07/blog-post.html - 2 ][ http://archive.is/2aZTI - 3 ] иако не мора востанието да е урането [ https://web.archive.org/web/20160929094241/http://old.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce462/Tekst42.htm - 1 ][ https://issuu.com/loza.mk/docs/makedonium-antologija/42 - 2 ][ https://web.archive.org/web/20160929092616/http://issuu-downloader.abuouday.com/view.php?url=issuu.com%2Floza.mk%2Fdocs%2Fmakedonium-antologija - 3 ] колку да се фрли чалам ко во случајот со http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1124&PN=3 - етно селото

~

во следните неколку поста еве примери од полураспаднати куќи во едно исто маало од едно подпелистерско село, бар оние куќи кои не беа толку зажбунети и можев да ги фотнам, вакви ги има на илијадници ширум земјава, навистина жално и греота сето ова да се поштомдоса!

предниот дел од третиот спрат на куќава го ѕидале со тули, а денес потенцијално може да се обнови со балирана слама [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=337&PID=13517#13517 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=337&PID=158522#158522 - 2 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1039&PID=123601#123601 - 3 ] реално за целосна автентична обнова нема ни простор ни време во ваков случај, а евентуални компромиси заради ипард се дозволиви само како природен материјал а во костец асеизмичка интервенција ~ сламените бали гарантираат лесна конструкција ем здрава изолација, идеален компромис за секоја селска куќа      

фактички бидејќи е на рид куќата е скалесто исправена со визба до патот приземје над патот, а спратот над тумба














-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 29-Sep-2016 at 14:58

оваа е гро план од куќата горе десно во продолжение на горната фотка


~

и не мора да се напола распаднати за да се отуѓат, што ако не се направи бидејќи не се безбедни или пак заради културно наследство, да се национализираат заради небрежност, та штета е и за оние кои се колку толку во добра состојба да се запуштат, и под итно да им се наложи на сопствениците, или итно да мора да ги обноват во своја режија, или тоа да го направат во сослух со државата, а за сметка на таквата помош да мораат куќата да ја стават туристички на располагање на општината ... но само комуналии да почнат да наплаќаат општините, мислам дека и самите сопственици ова ќе го бараат доброволно како компромис, со оглед дека најголемиот дел немаат регулирано сопственички права, па како повеќе деленици на една куќа ова и за нив би било повеќе од прифатливо ...



... пр. следнава куќа е сопственост на поранешен македонски владика во бугарската егзархија, и ај што истиот сигурно нема свои наследници ами и подалечните роднини посекако нит ќе ја наследат нит пак би плаќале за неа комуналии








-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 29-Sep-2016 at 21:00

интересна појава ова малиот отвор под кушакот, сигурно нешто како испустен канал, но бидејки е мал ем ниско на метар висина, веројатно бил за вода, но ако е тоа случај на тој дел фасадата би била замината, можеби простор каде бил заглавен држач за ограда некогаш, друг чуден момент е што нема ни оџак, хм мистична куќа и ко род и ко архитектура ...

~

од спротива под неа уште една полураспадната грамада, а на која и паднал токму предниот јужен дел кој бил од плитар, додека како кај куќата од првиот пост погоре сите останати од трите страни сеуште стојат, ваквата состојба колку што се сеќавам е можеби две децении, а за да се ревитализирапосекако ќе треба и некој цирклаж, иако со пола метар камен ѕид макар само и тространо врзан ни тоа не треба







интересно дека ни последните земјотерси не успеаја да ги сотра



-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 30-Sep-2016 at 07:07


може кога би немале разгалени имиња кај револуционерите ко Гоце Пере Даме може во овој случај би успеале народ да ослободиме, но уште на Никола да гледаат како Николче и ето шанса за дефокусирање, а после ќе исполнуваме футуристички хирови ко разводнети етно села или меани меѓу пицерии, нели се во име на профитот наместо животот, та зар не стремиме кон изботирана иднина [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=742&PID=198281#198281 - 1 ]


~

еве сличен пример како погоре каде исто предниот дел од горниот спрат е со керпич, но не настрадал толку ко останативе, можеби бидејки лицето не му е на југ туку на запад, но за ова фактор може не е само сонцето туку и локално ветерот за во комбинација со дожд така да влијаел на срозување на фасадите ... инаку куќиве се кренати пред околу еден век, повеќето печалбарски, а има и братски а такви ко цели касарни, но бидејќи беа фрактално камуфлирани од зеленило та ги заобиколив, здравје во друга прилика

кај овој пример интересно е дека не само предниот дел од фасадата него сите освен задниот кон плевната е малтарен со украсна фасада, што за двоспратна куќа дефинитивно укажува дека домакините биле печалбари, а според стилот куќата е крената некаде околу балканските војни, интересно кај нас ќе да нема никој некаква студија за фасадна орнаментика од 19-ти и 2о-ти век









-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 03-Oct-2016 at 08:08

кадар на маалото каде се фотнати куќите



-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 25-Dec-2018 at 18:44
пред некоја минута само што потфатив на МРТВ изворна песна во интерпретација на Васка Илиева ... поточно крајот ... вели

КУЌА ЧАРДАКЛИЈА со ДУШЕМЕ ЈАЈЛИЈА ем ПЕНЏЕРЕ ЌОШЛИЈА та и ТАВАН АМАЈЛИЈА

првиот и третиот епитет разбирливи, но вториот и четвртиот не ми се познати, има ли некој абер на што се однесуваат овие два епитети Под Јајлија и Плафон Амајлија, поледново претпоставувам се однесува за Таваница т.е. Плафон а не за Таван под Кров ... можеби амајлија е формата или пак резбани орнаменти на Таваницата!?

Јајлија како збор е вбројан под Предмети со одредени надворешни карактеристики, a http://archive.is/TiUDe - како турцизам - стр.59 од Филолошкиов Зборник , логично форма на Јајце но немам сртенатот таков Под т.е. Душеме, Патос ... можеби Лакиран Под е во прашање да свети ко Погача премачкана со Јајце ...

има ли некој Етнолог на форумов!?


Posted By: Max
Date Posted: 22-Aug-2023 at 13:25

... неразбрав Медо шчо сторил со тулите да не има некој абер!?, а интересно би било да се види колку како асеизмички терало чиста тула наспроти натисната во Бондрук [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1189&KW=%D0%B1%D0%BE%D0%BD%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%BA&PID=106455#106455 - 1 ] може во ИЗИИС имаат некоја студија!?


Originally posted by http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=707&PID=45282#45282 - medo

]
Одлични написи за македонските куќи, мислам дека се 6. [ https://web.archive.org/web/20090823053648/http://my.opera.com/macedonians/archive/monthly/?startidx=4 - 1 ] https://web.archive.org/web/20090823053638/http://my.opera.com/macedonians/archive/monthly/?startidx=3 - http://my.opera.com/macedonians/archive/monthly/?month=200807


Originally posted by http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=557&PID=109242#109242 - Max

]
Даворин Трпески ВИРТУЕЛНИ МОДЕЛИ НА ЖИВЕАЛИШТА ОД МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ГРАДИТЕЛСТВО (Институт за Етнологија и Антропологија) https://web.archive.org/web/20091229101203/http://www.iea.pmf.ukim.edu.mk:80/MKD/Kniga_Trpeski.pdf - http://www.iea.pmf.ukim.edu.mk/MKD/Kniga_Trpeski.pdf
Виртуелни модели на живеалишта од македонското народно градителство / Даворин Трпески ; [превод на англиски Благица Богдановска]. - Скопје : Природно-математички факултет, 2006 (Скопје : Алфа 94). - 128 стр. : илуст. ; 24 см + 1 ЦД-РОМ



Posted By: beTon
Date Posted: 29-Aug-2023 at 00:53

[ https://www.google.com/search?client=opera&q=Петар+Муличкоски+-+„Духот+на+македонската+куќа-2000„&sourceid=opera&ie=UTF-8&oe=UTF-8 - 1 ][ https://www.google.com/search?&client=opera&q=Muličkoski&sourceid=opera&ie=UTF-8&oe=UTF-8 - 1 ][ https://www.google.com/search?&client=opera&q=Mulichkoski&sourceid=opera&ie=UTF-8&oe=UTF-8 - 1 ]

Originally posted by http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=557&PID=108271#108271 - Max

]трите книги на проф. Петар Муличкоски - „Духот на македонската куќа[/URL]-2000„, Духот на македонскиот град-2002„ и „Духот на македонската градба (конструкциите)-2006„ сите изданија на БИГОСС



~

[ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1189&PID=196565#196565 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4515&PID=271809#271809 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=681&PID=89891#89891 - 1 ]


ТРАДИЦИОНАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА
МАКЕДОНСКАТА КУЌА ОД 19-ОТ ВЕК

Екатерина Намичева 1, Петар Намичев 2
1 Архитектонски факултет, Универзитет „ФОН“, Скопје
ekaterinanamiceva@gmail.com
2 Ликовна академија, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
petar.namicev@ugd.edu.mk

[ https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/3657 - 2 ]









Апстракт


Традиционалната куќа содржела конструктивен систем кој употребувал локални материјали камен, земја и дрво, како и нивна дообработка. Живеалиштата со приземје и кат најчесто се изградени со масивен камен ѕид во приземјето и бондручен систем на катот, како најчесто практикувана комбинација на двата конструктивни системи.

Примената на каменот при градење на куќата започнувала од темелите, преку носечките ѕидови на масивниот систем на градење, па сè до покривањето со камени плочи.

Земјата се применувала во различна форма на нејзина дообработка, за подовите, како врзно средство за ѕидовите од камен, за облагање на преградните ѕидови од плет и др.

Дрвото покрај конструктивниот бондручен систем се применувало за изработка на вратите, прозорците, покуќнинските предмети и други декоративни елементи на куќата.

Најзначајни елементи при традиционалното градење се еколошкиот пристап при изборот и користењето на основните материјали од околината, нивната колоритна ускладеност со природната околина и конструкцијата на градбата била прилагодена на потребите и можностите на локацијата, семејството и урбаниот простор кој бил предвиден.

Клучни зборови: куќа, камен, земја, бондрук, ѕид



1. Вовед


Традиционалната станбена архитектура од 19-от и почетокот на 20-от век има свој
развоен пат во однос на просторните, конструктивните и естетските особености на објектите за
живеење.

Во првичниот период живеалиштата имале скромна просторна и конструктивна
концепција, прилагодени на потребите на просечниот жител и неговото семејство.

Развојот во првичните живеалишта со форма на вкопани простори во земјата или надземните живеалишта,

– 108 –


биле од привремен карактер со лесно кршлива конструкција. Материјалите кои се применувале се прибирале од околината и од самиот почеток човекот стекнувал искуство за цврстината и можностите на основниот градежен концепт.

Камениот во обработена или необработена форма се применувал за носечките масивни ѕидови во приземјето, на рамен или стрмен терен. После прибирањето на каменот од непосредната околина тој се дообработувал за одредени позиции на конструкцијата на куќата, на аголни места, со форма на рамки на прозорците и вратите, со што добивал статус на примарен материјал, особено во планинските населби, каде климата диктирала одредени конструктивни законитости. Камените парчиња се поврзувале со врзни средства, најчесто со малтер (варов), кал или поретко без врзно средство, најчесто за оградни ѕидови.

Дрвените греди се обработувале и поставувале како носечки елементи, поврзани со косници и дополнителни дрвени структури на растојанието помеѓу нив, околу кои се нанесувале слоеви за обложување на површините на ѕидовите. На тој начин се формирал ѕиден конструктивен систем на бондручна конструкција со дрвен скелет, која понатаму се развивала во зависност од големината на градбата.

Во овој период според постоечката документација и истражувања можат да се издвојат неколку основни типови на конструктивни системи, кои се применувале според местоположбата, катноста или применетиот конструктивен систем. Според катноста како првични живеалишта се приземните едноделни или повеќеделни, кои се граделе во бондручен систем (Македонски брод), со масивни камени ѕидови (Мариово, битолско), или во комбинација на овие два система (Овче Поле, Пијанец). Кај комбинираниот конструктивен модел на една основа во едно ниво, најчесто задниот и еден од страничните ѕидови биле од камен и ја носеле целата конструкција, на која се надополнувала останатата флексибилна бондручна конструкција. Дел од помошните простории се вкопувале во теренот, во дел од површината на основата во приземјето (Берово, Прилепско).

Живеалиштата со приземје и кат најчесто се изградени со масивен камен ѕид во
приземјето и бондручен систем на катот, како најчесто практикувана комбинација на двата конструктивни системи [1].

Во приземјето поради постоењето на неправилната конфигурација на теренот, се применувал камениот ѕид со што се постигнувала израмнување на приземјето, на тој начин се формирала подлога за поставување на бондручната конструкција од второто ниво, со помала сопствена тежина. Овој тип на живеалишта, како просторен и конструктивен систем бил најраспространет на целата територија на Македонија (кратовско, велешко, струмичко, прилепско, битолско, скопско).

Според потребите на семејствата куќите се развиле во однос на својата просторност и додавање на уште најмногу две нивоа. Приземниот дел бил надоградуван со уште два ката, и најчесто со еркери исфрлен од линијата на габаритот, со примена на бондручни елементи (Малешево, Пијанец, Скопска Црна Гора). Освен камените ѕидови во приземјето и одредени носечки ѕидови на катот, останатиот дел бил со бондручна конструкција или отворени површини (чардак, трем).

Во планинските предели и кај објектите во три нивоа камениот ѕид бил присутен на целата конструкција (Галичник, Река).


2. Традиционално ѕидање со камен


Изработката на ѕид од камен претставува основен елемент за поставување на куќата на теренот. Најчесто се прави ископ на темели, до релативно цврсто тло (40 до 100 см).

Најчесто правилните природни форми на камените парчиња се поставуваат од надворешната страна на ѕидот.

На одредено растојание (80 – 120 см) во хоризонтална насока од надворешниот и внатрешниот раб се поставуваат дрвени греди – кушаци, заради обезбедување флексибилност и еластичност на камената ѕидна маса. Кушаците можело да бидат видливи на фасадата или скриени во ѕидната маса. Масивните камени ѕидови се употребувале за надворешните ѕидови.

За врзно средство се применувала смеса од кал и слама, со земја или со врзно средство малтер во почетокот на 20-от век. Редењето на каменот најчесто се изведува со редење во хоризонтални линии, на надворешната и внатрешната страна, а средината се исполнува со полнетица од обработена земја. На рабовите кај одредени куќи се применува и додатно обработен камен, како и на рамките на прозорците, вратите, одредени декоративни аголни

– 109 –


парчиња и сл. (Река, Мариово, Дебарски Дримкол). На тој начин каменот ја задоволувалконструктивната потреба и воедно декорацијата на фасадата.

Слика 1. Изглед на примена на конструктивен систем од камен ѕид во приземје и бондрук на кат, Глуво,
Кучевиште, Скопска Црна Гора


3. Дрвена конструкција


Дрвото е еден од основните конструктивни елементи на бондручниот систем, кој
најчесто се применува на повисоките нивоа. Бондручниот систем претставува скелет од дрвени столбови и греди кои се поставуваат на одредено растојание, според одреден однапред испланиран систем или според потребата на просторното решение на куќата, на самото место на градење. Укрутувањето на овој дрвен скелет се постигнува со примена на косници, со вметнување на прозорските отвори и отворите за вратите. Исполната на ѕидната маса помеѓу гредите може да се реализира на неколку начини - со плетени гранки (кои подоцна се мачкаат со заштитен слој на смеса од земја и слама), од плитар или ситен камен. Како завршен слој од внатрешната и надворешната страна се премачкува слој од смеса од кал и слама.

Подготовката на дрвените греди се извршува пред започнување со градење на куќата, каде тие се сечат од шумите и неколку месеци се сушат, за да се обработат и вградат во конструкцијата. Дрвените греди се обработуваат и на одредени делови декорираат, особено на чардакот и од надворешната страна на катот. Поставување на дрвениот скелет претставува усовршено конструктивно решение кое се изведува на местото на градење, каде се одредува распоредот и димензиите според просторното решение на куќата. Според скелетниот систем од дрвените греди се одредува положбата на прозорците и вратите, димензијата на отворениот чардак и сл. Сите елементи на дрвениот скелет најчесто се поврзуваат со дрвени клинови, за нивно поврзување со што се добива одредена флексибилност на целата конструкција.

Дрвото покрај каменот доминира како конструктивен материјал за изработка на
вратите, прозорците, оградите на чардакот, опшивите на покривната конструкција и сл.

При доминација на каменот кај куќите - кули (Преспа, Битолско поле, Река, Дебарски Дримкол), дрвото се применувало за конструкцијата на еркерните испусти, заради можноста за зголемување на корисната површина на просториите.

– 110 –


Слика 2. Изглед на конструкција од дрвени греди и столбови од чардак, Љубанци, Скопска Црна Гора.

За конструктивните елементи од дрво се користело цврсто дрво (бука, костен) додека за елементите од дрво кои се обработувале и декорирале, како за огради, опшиви, скелетниот систем, се користи лесно и меко дрво, (бор, чам, ела).

Стопанските објекти во селскиот двор (амбар, плевна, кош) имаат специфична форма и конструктивен систем, најчесто од дрвени елементи (скопско), а поретко од камен (Мариово, кратовско). Врз приземјето од камени ѕидови налегнувале хоризонтални гредиперници(скопско). Ѕидовите често околу вертикалните стапови- колца, биле од плетени гранки – плот, каде во зависност од типот на плетење се добивала различна структура (Порече, Скопска Црна Гора). Тоа било изразено особено кај кошевите, со што се обезбедувала циркулација на воздухот.

Дрвото се користело во ентериерот на куќата за изработка на внатрешните врати,
прозорците, таванските облоги и покуќнинските предмети [2]. Притоа примената на дрвото се користело при обработката на долапите, мусандрите и таванските површини со примена на декоративни елементи со геометриски или вегетабилни мотиви.

Слика 3. Изглед на примена на скелетен бондручен систем на кат, Растоица, Бабино,Д. Хисар.


– 111 –



4. Земја


Земјата, односно иловицата служи исто така како основен материјал со неколку
намени, како врзно средство за ѕидовите, како исполна за ѕидна маса, материјал за премачкување, облоги, за исполна на подовите, меѓукатните конструкции од дрвени греди, таванските површини и сл. Таа најчесто се наоѓа околу куќата или во нејзина близина, се подготвува со вода, се меша со слама и други омекнувачи и зацврстувачи (животински измет), за да може да се обликува според нејзината намена. Одредени површини лесно може дополнително да се корегираат, поради кратката трајност на материјалот, поради физички или атмосферски оштетувања.

Непечената тула (ќерпич) се користела со ѕидање со сличен систем како печената тула.

Димензиите на ѕидовите имале димензии од 50 до 80 см, особено на носечките ѕидови, додека преградните имале дебелина од еден или два реда на тули (16 до 24 см дебелина). Ѕидањето со ќерпич се користело во 19-от и првата половина на 20-от век, како традиционален конструктивен материјал и систем на градење.

Ќерпичот се употребувал во региони, особено каде каменот бил дефицитарен и
потешко се пренесувал од непосредната околина. Системот на ѕидање се комбинирал дел со камен, каде била потребна поголема носивост на ѕидот, а преминувал во ѕидање со ќерпич, каде не е потребна одредена носивост на ѕидната маса [3].

Подната подлога се одредувала во зависност од просторијата, односно подот во
приземјето најчесто бил од набиена земја или поплочен со камени плочи, додека во одајата и чардакот подот бил од штици.


5. Покривање


Покривањето претставува завршен процес во оформувањето на куќата, заради заштита од климатските промени. Традиционалниот начин на покривање зависел од изборот на материјал кој се наоѓал во околината, слама, камени плочи или ќерамиди.

Системот на поставување на различни материјали бил различен и усовршен од страна на градителите на објектите. На подлогата од веќе формираната основа на конструктивниот систем се надоврзува, системот на поставување на хоризонталните греди, односно покривната дрвена конструкција од коси греди, поврзани систем од хоризонтални гредички, каде со врзно средство кал со слама како подлога, се поставуваат ќерамидите, со распоред за истекување на атмосферската вода. Гредите во конструктивниот распоред се цврсто поврзани со систем на едноставни поврзувања на дрвени елементи, кои по потреба може да се заменуваат поради дотраеност.

Слика 4. Пресек низ конструкција на еркер со ѕид со исполна1. ќерпич, 2. дрвена ограда, 3. исполна со камен, 4. плетена конструкција со премаз од кал

– 112 –


Живеалиштата кои имаат две различни височини на габаритот се формирале две
покривни конструкции (Полог, Река, Скопска Црна Гора). Најчесто применувана форма бил четвороводен, а поретко троводен покрив. Применета била одредена локална и традиционална терминологија за дрвените елементи. По должината на надворешните ѕидови, како подлога за покривната конструкција, се поставувале масивни греди - табани (Река), и со косници - паанди (Река). Средната вертикална носечка греда – тобан (Дебарски Дримкол) или главна греда (Струшко поле). Обработката на дрвените греди била груба со делкање, биле невидливи во таванот, освен кај отворените тавани. Таванските и подните греди се нарекувале – демиња, мајии, чатми, додека завршната греда - чатија, било, табан се поставувала на највисоката положба на покривната конструкција. Највисоката греда се потпирала на вертикални дрвени столбови –попови (Струшко Поле), папази (Овче Поле, Кратовско) [4].

Врз основа на применетиот материјал за покривање на куќите, тие се нарекувале во народната терминологија – сламеница (со ´ржана слама) или плочена (со камени плочи).

Сеното се употребувало кај старите најчесто планински куќи или стопански објекти (Порече, Овче Поле). Сноповите на сеното претходно се подготвувале, а со гранки се прицврстувале за носечката конструкција на покривот. Врзувањето на сламата - чуканица, се нарекувала – манаила. Сеното се менувало на неколку сезони, а се употребува како материјал и денес.

Камените плочи се применувале најчесто кај планинските куќи (Река, Мариово, Струшко Поле), каде отпорноста на материјалот одговарал на климатските услови.

Покривањето со обработени штици – шиндра, поретко се употребувал.

Ќерамидата претставува најчесто применуван материјал за покривање на куќите, а
подоцна и за стопанските објекти (Преспа, битолско, струмичко, скопско).

Над носечките греди (чатмите и маиите), се ределе штици над кој се поставува слој од кал, како подлога за редење на керамидите. Изборот на материјал за покривање се одредувал врз основа на локалните вообичаени архитектонски стандарди на градење, кои постоеле во одреден регион.


6. Заклучок


Конструктивниот систем на традиционалната куќа во Македонија се формирал низ
неколку столетија под влијание на локалните материјали кои биле достапни од непосредната околина на живеалиштата и начинот на локално сфаќање. Традицијата на формата на локалната архитектура се формирала под влијание на византискиот начин на градење и формирање на станбениот простор и декорацијата на медитеранскиот регион, во рамките на куќата од балканските земји [5].

Традиција на градење била присутна на просторите на Македонија во една долга
хронолошка рамка, од праисторијата, антиката, средниот век, иако периодот на 18-от до почетокот на 20-от век, се карактеризира со стабилна основна линија на воспоставени конструктивни стандарди. Овој период развива систем на живеалиште со конструкција развиена на територијата, со примарна доминација на каменот, дрвото или обработката на земјата. Како основни материјали, со нивна дополнителна обработка се формира конструктивен систем кој носи локални карактеристики, врз основа на што се формира препознатлив тип на живеалиште од одреден регион.

Локални материјали при изборот на конструктивниот систем имале клучна улога,
заради нивната лесна достапност, транспорт и економичност на градењето. Во одредени случаи се применувале и материјали од поголема оддалеченост, само ако граделе големите турски моќници или одредени поимотни семејства од православното население. Сепак локалните материјали доминирале и силно влијаеле на конструктивниот систем, надворешниот изглед и колоритната вклопеност на градбата како целина.

Градителските тајфи добро ги познавале материјалите, а особено локалните материјали и нивни карактеристики, на местото на градбата, што овозможувало примена на материјалите на оптимален начин, со нивна дополнителна обработка. Пренесувањето на искуства од еден во друг регион, значело подобрување на креативната концепција на конструкцијата и внесување на нови креативни решенија. Конструктивното решение значело координирање на потребите на семејството, условите на локацијата, достапноста на градежните материјали и сите заедно прилагодени на урбаната или руралната околина во пејзажот


7. МелоЕк

[tube]KoOG7008JPY[/tube]




Print Page | Close Window