Print Page | Close Window

Индустриска зона Жабени

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Индустриски
Forum Discription: Индустриски зони, фабрики, лесна индустрија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1233
Printed Date: 31-Oct-2020 at 14:58


Topic: Индустриска зона Жабени
Posted By: гитардемон
Subject: Индустриска зона Жабени
Date Posted: 29-Apr-2008 at 00:36
Индустриската зона Жабени  се протега на површина од  85 хектари и е сместена на патот кон Р Грција  на 5 км од граничниот премин Меџитлија.За управување со индусртиската зона е формирано јавно претпријатие  од страна на Советот на општината и донесен статут за работа . Во тек се подготовките околу реализација на инфраструктурните работи во зоната воведување на вода, електрична енергија, патишта, канализација.
  Во изградбата на индустриската зона финансиска поддршка даде и Владата на РМ во износ од 80.000.000,00 ден .

   Директор на ЈПИЗ Жабени е Трајан Котевски дипломиран машински инжинер



од http://www.bitola.gov.mk/ - http://www.bitola.gov.mk/



Replies:
Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Apr-2008 at 14:05
го барав топикот, ама не го видов... ама океј е шо си ја преместил... како и да е, ова е ептен на патот за грција, не знаев дека ќе биди толку. а рибникот одма до фабриките... мислам дека е познато кај ќе оди отпадната вода

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Oct-2008 at 13:30
он-топик:





Делегација од Општина Битола предводена од Градоначалникот Владимир Талески учествуваше на Саемот Expo rela 2008 во Минхен и се престави со проектот индустриска зона Жабени. Се остварија контакти со повеќе потенцијални инвеститори. Македонскиот штанд беше организиран од страна на GTZ и Агенцијата за странски инвестиции. На саемот покрај општините Битола, Гостивар, Аеродорм, учестуваше и Заменик Мнистерот за локална самоуправа Фарук Фератовски, Генаралниот конзулат на РМ во Минхен Васко Грков и македонските презентери во Германија Кирил Несторовски и Алберт Лиманоски.



од: http://bitola.gordsys.net/?SaemMinhen2008 - http://bitola.gordsys.net/?SaemMinhen2008

интересно е ќе има хотел? има ете и рендер од хотелот (колку што видов) а то десно е зоната како ќе изгледа. иначе еве го и планот за зоната мислам го имав постирано



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Oct-2008 at 19:50

29.10.2008 18:14

Огромен интерес за парцелите во Жабени

Изградбата на индустриската зона Жабени близу Битола, на 86 хектари, денеска и официјално стартуваше, откако претходно со одлука на локалната самоуправа е изработена проектна документација и формирано е јавно претпријатие.

Во првата фаза на 23 хектари ќе биде изградена потребната инфраструктура, што ќе шини 140 милиони денари, со средства од локалниот буџет на Јавното претпријатие и Владата.

Веднаш потоа ќе распишан тендер за откуп на парцелите од потенцијалните инвеститори, а интересот е огромен.

„Се надевам дека дел од овие инвеститори коишто потенцијално се обраќаат до владата на Р.М, ќе инвестираат и во Битола. Веќе неколкумина од нив дојдоа, ја посетија зоната, размислуваат за идните инвестиции, и се разбира чекаат уште малку поповолни политички околности за да инвестираат во Република Македонија“, изјави Владимир Талески градоначалник на општина Битола.

Општината Битола за домашните инвеститори ќе даде посебни повластувања. Индустриската зона Жабени е капитална инвестиција за економски развој на Битола, и се наоѓа на три километри до грчката граница, веднаш до меѓународниот патен правец М-5.


преземено од: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99469 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99469

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Nov-2008 at 15:25

ВО БИТОЛСКИОТ РЕГИОН


Грци ќе ја развиваат индустриската зона Жабени


Во Битола наскоро ќе почне изградбата на индустриската зона кај селото Жабени, која ќе се наоѓа на само два километри од македонско-грчката граница. За првата фаза од изградбата, Владата одобри 80 милиони денари, а Советот на општината даде 10 милиони денари. Локалната самоуправа во овој град формира и јавно претпријатие, преку кое ќе се одвиваат активностите за изградба.
Индустриската зона е капитален проект, кој ќе се простира на површина од 15.000 хектари.

- Во зоната се предвидени за изградба 90 големи локации од 3.500 до 30.000 квадратни метри за повеќе корисници од земјата и од странство. Нив ќе им бидат обезбедени сите потребни инфраструктурни предуслови за изградба на објекти. Предвидено е таа да се гради во неколу фази, од кои во првата ќе бидат ангажирани 5.000 лица со можност за максимално вработување на 30.000 луѓе. До локациите веќе е донесена технолошка вода - вели главниот архитект, Јорго Шундовски.

Индустириската зона кај селото Жабени се очекува да придонесе за проширување на сорабоката на економски план со Грција, од каде засега има голем број заинтересирани за изградба на објекти во зоната. Се преговара со грчки фирми за активирање и на железничката пруга Битола - Лерин (Грција), која минува непосредно до зоната. Во зоната е предвидена изградба на хотел и на бензински пумпи.

Во првата фаза, на површина од 85 хектари, е предвидена 104 локации за објекти, во втората на површина од 88 хектари - 121 локација, а во третата на 43 хектари - 34 локации. Непосредно до зоната е и аслфатниот пат за Грција, постои рибник и други слободни површини.


преземено од: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FAA499B6DF53D640B37114706279B0C8 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FAA499B6DF53D640B37114706279B0C8

малку стара вест, но има уште еден рендер на тоа како треба да изгледа зоната, овој пат малку повеќе 3D


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Dec-2008 at 12:45
Еве го мрежното место на ИЗ Жабени, иако сеуште е во фаза на изработка содржи доволен број на информации, а воедно има и по некој рендер дури и еден видео клип на кој се гледа како ќе изгледа отприлика сево ова.

Еве го местото: http://62.162.169.184/zabeni/index.html - http://62.162.169.184/zabeni/index.html

а еве ви врска до галеријата: http://62.162.169.184/zabeni/gallery.html - http://62.162.169.184/zabeni/gallery.html


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2008 at 13:13
Gitardemon dobro shto si go nashol linkov eve ja go porkopav malku:

[tube]Er-RiTW4cp0[/tube]






















Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Dec-2008 at 14:26


Англискиот им е... Dump Ама како и да е зоната изгледа ок, само се сомневам дека некогаш ќе се најдат доволно инвеститори за да се пополне ова цело. Веројатно ќе има некакви Грци кои ќе изградат по некоја текстилна фабрика исто како и досега што има низ цел град, па повторно ќе има неосигурани вработени кои ќе работат за празници и викенди за 5000 денари месечно. Ништо посебно, кога во Бунарџик нема инвеститори во Битола кој ќе инвестира?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2008 at 17:45
Originally posted by гитардемон

Англискиот им е... Dump Ама како и да е зоната изгледа ок,


Мене токму тоа ме багира - ако не можат да направат еден наједноставен превод на англиски, тогаш зошто да верувам дека сето друго што е милион пати покомплицирано и пообемно го направиле „на ниво“. А англискиот не да им е со грешки, туку е вистинска мизерија - веројатно го правел некој/а со максимум почетен курс по англиски и дополнително без воопшто да сака да се потруди барем да погледне во речник. Зошто да верувам дека подобри луѓе се бават со сите други работи во врска со зонава, кога токму најлесниот, а воедно нај-јавниот дел од работата е направен вака како што е направен... Плус тоа пчигледно нема никаква контрола ниту филтри за тоа што се презентира...

Dunno



Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Jun-2009 at 20:11
Измените во планот за „Жабени“ на повторна презентација
Понеделник, 01 Јуни 2009 18:36

MAJA%20zabeni%20sl%20001

Изменетиот урбанистички план вон населено места за Индустриската зона „Жабени" денес имаше презентација со цел да се покажат измените кои се однесуваат на промена на дејноста.

-Повторната презентација на Индустриската зона „Жабени" се одржа со цел да се промени дејноста на објектите. Од деловни објекти се менуваат во индустрија и сервиси, според законските процедури мора да се изврши повторна презентација, рече претседателот на Комисијата за урбанизам, Горан Михајловски.

MAJA%20zabeni%20Goran

Предлог-планот е во завршна фаза.

-Во ресорното миистерство во однос на забелешките кои сега ги дадоа на веќе изработениот план постапено е со минимални корекции, ништо не се менува во одредени парцели на зоната. Побарани се одредени согласности од железници, Фонд за патишта, тоа е завршена работа, рече изработувачот на планот, Јорго Шундовски.

Од ЕВН се интересираа за капацитетот на трафостаниците.

MAJA%20zabeni%20Jorgo

-Ниту ние не можеме да видиме колку енергетски ќе биде оптоварен системот за да кажеме дали овие 7 трафостаници ќе задоволат, рече Светлана Петковска од ЕВН.
-Доколку се потрошувачи онака како што предвидувавме, мали и средни, тогаш оваа проектна математика за енергетска согласност е доволна. Доколку се појави потрошувач кој ќе побарува поголема енергија, ќе мора да се прават нови трафостаници, рече Шундовски.

MAJA%20zabeni%20sl%20002

Присутните се интересираа и за вклучување на патот кон зоната, дали ќе биде на исто ниво или со клучка. Шундовски објасни дека тоа е ќе биде автопат на исто ниво.

-Новина во овој план е вториот влез кој постоеше до локацијата Министерството ни го избриша и сега има само еден излез/влез према индустриската зона. Ако има интересенти ќе направиме уште еден, рече Шундовски.

До 15 јуни планот ќе биде изложен, а сите субјекти своите забелешки, предлози или сугестии можат да ги достават до Комисијата за забелешки.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8475&Itemid=106 - Тера

Чисто се сомневам дека ова некогаш ќе се изгради, исто како бунарџик да не речам, ама ајде, останува да видиме.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Sep-2009 at 15:08

Оџак не зачади во „Жабени“

Се' уште не е изградена ниту една фабрика во индустриската зона, која пред три години локалната самоуправа ја најави како капитален проект за економска преродба на Битола

Бали од сено, наместо фабрики, никнуваат во индустриската зона „Жабени“ близу Битола. Три години по помпезната најава за овој капитален проект од страна на локалната власт, не е изграден ниту еден индустриски капацитет во зоната. Иако се околчи местото предвидено за градба и се постави директор, зоната не донесе странски инвестиции и не обезбеди стотици вработувања како што беше ветено.

Од локалната опозиција обвинуваат дека се работи за пропаднат проект, кој власта го користела за собирање гласови за време на избори. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, појаснува дека се посветени на проектот, а местото инфраструктурно се уредува.

- Ветуваа дека во 2010 година Битола ќе бара работна сила од другите градови, бидејќи ќе нема толку работници колку што ќе има работни места во зоната. Од сето тоа излезе дека единствен вработен во зоната за три години е само директорот Трајан Котевски. Прашуваме дали по неуспешното водење на зоната Котевски нема да си поднесе оставка, уште повеќе ако се точни информациите дека има наполнето 64 години и ги исполнува условите за во пензија - вели Валентин Груевски, претседател на ЛДП од Битола.

За опозицијата, потврда за неуспешноста на проектот е јавната електронска аукција за продажба на земјиштето, која се одржа летово, а не се јави ниту еден инвеститор. Прашуваат каде се најавуваните инвеститори од Украина, кои требаше да отворат фабрика за камиони, и бизнисмените од Солун, кои сакале да ја купат целата зона.

- Зошто на јавните наддавања се нуди земјиште за градба на деловен простор, а не за она што е изворна намена на зоната, индустријата - прашува Златко Ќурчиев од СДСМ.

Градоначалникот Талески вели дека работата се одолжи поради административни проблеми. Тој објаснува дека прво 80-те милиони денари издвоени од државата за електрификација на зоната залутале низ административните лавиринти, следувала корекција на проектот, па ново шифрирање на парцелите, а на крај и грешка во нивната продажбена цена.

- Службата што го објави огласот направи техничка грешка. Цената на тие парцели не беше реалната предвидена според законот, туку ставија друга цена како да се во централно градско подрачје - вели Талески.

Според него, се прават заложби што поскоро да се постави инфраструктурата за да се привлечат инвеститори. Разговарал и со ЕВН Македонија да се забрза поставувањето на трафостаниците. Градоначалникот го зеде во одбрана директорот на зоната Котевски зашто цени дека професионалец како него нема друг во општината.

Жанета Здравковска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C1B8AB36327EBD43AC460E4F546FD64A


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Nov-2009 at 23:14
http://bitola.gordsys.net/?ZABENI%20BITOLA.doc


МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
 
ОБЈАВА
за оттуѓување на градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање,
сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во Општина Битола ,
наменето за изградба на деловни дејности   
 
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
            Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со:
1.Урбанистички План вон населено место „ ЖАБЕНИ „ наменето за изградба на деловни дејности кои се одвиваат во големи канцелариски простори од трговски друштва ,акционерски ,управни згради ,професионали и финансиски сервиси и др. опишано во табела 1.
ПОДАТОЦИ ЗА ГРАДЕЖНАТА ПАРЦЕЛА

Предметните градежни парцели се предвидени со Урбанистички План за вон населено место Жабени и истите се наоѓаат во општина Битола. Намените и површините на градежните парцели, со податоци за катастарките парцели и почетните цени за секоја парцела поединечно, се опишани во Табела 1 подолу.
Јавната објава е објавена и на WEB страната на Министерство за транспорт и врски: HYPERLINK "http://www.mtc.gov.mk/" www.mtc.gov.mk
Електронското јавно наддавање е јавно и во целост може да се следи на web страната HYPERLINK "http://www.aukcija-mtc.gov.mk" www.aukcija-mtc.gov.mk, при што секој заинтересиран за следење на јавното наддавање ќе може да пристапи на предходно наведената web страна со јавното корисничко име „aukcija“ и лозинка „aukcija“ и ќе може да ги следи сите електронски јавни наддавања кои ќе бидат во тек.
Заинтересираните лица, за подетални информации може да се обратат и до надлежната Општина Битола.

Табела 1
HYPERLINK mailto:GRADE@NO ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ НАМЕНЕТО ЗА ИЗГРАДБА НА ДЕЛОВНИ ДЕЈНОСТИ,
НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА БИТОЛА
Р. бр.
Парцела број и намена
КП. бр. во
КО Битола
Површина во м2
Поч.цена (денари)
Вкуп.поч. цена (ден.)
Депозит (денари)

ГП бр.61- деловни дејности
88/16
5031
2.000,00
10.062.000,00
1.006.200,00

ГП бр.62- деловни дејности
88/17
4928
2.000,00
9.856.000,00
   985.600,00

ГП бр.63- деловни дејности
88/18
4899
2.000,00
9.798.000,00
   979.800,00

ПРАВО НА УЧЕСТВО
           Право на учество на јавното наддавање имаат:
Физички лица, државјани на Република Македонија
Правни лица:домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост и правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирано во Централен регистар на Република Македонија.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање, согласно условите од Објавата, во затворен плик со назнака на пликот “за јавно наддавање” комплетирана со следните докази (приложени во оригинал или копие заверено кај овластен нотар):
Пријава, напишана од самиот подносител, во која се наведени податоците за што се однесува пријавата, што се доставува во пријавата (кои документи) и сметка на подносителот на пријавата на која ќе му биде вратен депозитот за учество на јавното наддавање.
Доказ за платен депозит.
За физичките лица уверение за државјанство.
Доказ за регистрација  на правното лице од Централен регистер на Република Македонија или друг содветен регистер доколку подносителот на пријавата е странско правно лице.
Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице.
e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се одвива постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно на која адреса ќе бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на web страницата, како и упатство за начинот на пристап и постапката за јавно наддавање.
Подносителите на пријави потребно е да достават во пријавата за учество на јавно наддавање и фотокопиа од лична трансакциона сметка на која ќе може да им биде вратен депозитот за учество на јавно наддавање доколку не се избрани за најповолни купувачи.
При поднесувањето на пријавата за учество на електронското јавно наддавање, подносителот на пријавата од писарницата на Министерството за транспорт и врски, може да подигне и пишано упатство за целата постапка за електронското јавно наддавање.
Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да бидат предмет на разгледување и на понудувачите нема да им се дозволи право на учество на јавното наддавање.
.
    Доколку не постојат технички услови да се спроведе електронско јавно наддавање, подносителите на комплетните пријави ке бидат дополнително известени со писмено или телефонско известување за тоа на кој начин ке се спроведе јавното наддавање.
ПОЧЕТНА ЦЕНА
               Почетна цена на јавното наддавање од метар квадратен , за секоја парцела поединачно е опишано во Табела 1 . 
ДЕПОЗИТ
      1. Депозитот за учество на јавното наддавање изнесува 10% од почетната цена на јавното наддавање за утврдената површина на градежната парцела, како што е дадено во табела 1 . Депозитот се плаќа во денари.
      2. Депозитот се уплатува вирмански или преку пошта на Буџет на Република Македонија, Народна Банка на Република Македонија, сметка 130010025669613, Приходна шифра и програма 733111-10 со назнака “депозит за јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште”, за градежна парцела за која се наддава;
      3. Депозитот се враќа на подносителите на пријавите за јавно наддавање кои ќе се откажат од учество во јавното наддавање, како и на учесниците во јавното наддавање кои не понудиле најповолна цена, во намален износ за трошоци на постапката во износ од 10% од депонираните средства;
      4. На понудувачите чии понуди не се прифатени им се земаат податоци на записник што ќе послужат за враќање на депозитот во согласност со Објавата на начин на кој е извршена уплатата.
      5. Депозитот нема да му биде вратен на најповолниот понудувач доколку истиот не пристапи кон склучување на договорот или доколку истиот не постапи согласно точка 8 од поглавјето ПОСТАПКА. 
РОКОВИ
           Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се доставуваат најдоцна до 09.12.2009година, на адреса на Министерството за транспорт и врски: ул.”Црвена Скопска Општина” бр.4, во Скопје или непосредно во архивата на Министерството.
Јавното наддавање ќе се оддржи на ден 16.12.2009година, во 10,00 часот, на web страната HYPERLINK "http://www.aukcija-mtc.gov.mk" www.aukcija-mtc.gov.mk
ПОСТАПКА
1. На денот на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на web страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на електронското јавно наддавање.
2. Електронското јавното наддавање може да отпочне со најмалку двајца учесници во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.
3.   Електронското јавното наддавање го следи Комисија, формирана од Министерот за транспорт и врски
4.  Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето кое е предмет на објавата по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците поединечно и постапно.
5.  Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 100,00 денари.
6.  Електронското јавното наддавање ќе трае 30 минути, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците на електронското јавно наддавање биде дадена понуда, крајниот рок за завршување на електронското јавно наддавање се продолжува за уште две минути. Продолжување на крајниот рок е дозволено најмногу три пати, во текот на едно електронско јавно наддавање.
7. Учесникот на наддавањето кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
8.  Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување кое Комисијата го издава по завршувањето на Јавното наддавање да ги уплати средствата согласно постигната крајна цена од наддавањето. Од кога учесниците ке ги уплатат средствата во определениот рок ,уплатениот депозит ке им биде вратен намален за трошоците на постапката во инос од 10% од депонираните средства.
9.  Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средства во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени.
10. По извршената уплата во утврдениот рок Министерот за транспорт и врски склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште, што е предмет на оваа Објава. Со договорот најповолниот понудувач се обврзува дека во рок од 6 месеци од извршената солемнизација на договорот, ќе обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект со урбанистичкиот план, од надлежната општина, а истиот ќе го изгради во рок од 2 години од прибавеното одобрение. Доколку објектот не се изгради во определниот рок, договорот ќе се раскине.
11.Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежното земјиште.
12. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
13.Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенција за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.
14.Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Министерот за транспорт и врски во рок од 3 дена од оддржаното јавно наддавање. По приговорот со решение одлучува Министерот за транспорт и врски.
    Лице за контакт: Самарџиска Виолета , тел.02/ 3145-565,3145-447


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Dec-2009 at 15:52
РОКОВИ
           Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се доставуваат најдоцна до 09.12.2009 година, на адреса на Министерството за транспорт и врски: ул.”Црвена Скопска Општина” бр.4, во Скопје или непосредно во архивата на Министерството.
Јавното наддавање ќе се оддржи на ден 16.12.2009година, во 10,00 часот, на web страната HYPERLINK "http://www.aukcija-mtc.gov.mk" www.aukcija-mtc.gov.mk


Хм, тоа е за неколку дена! Ај баш да видиме.

P.S. Оваа тема не би требало да биде во комерцијални?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Dec-2009 at 00:40
ЛДП за Жабени
САБОТА, 19 ДЕКЕМВРИ 2009 18:12


Градоначалникот и ВМРО ДПМНЕ ветија подобрување на економската состојба, намалување на невработеноста и зголемување на животниот стандард, но ништо од тоа нема, реагираат од ЛДП.

-Градоначалникот како главно оружје го користи Жабени, но од проект се претвори во шпанска серија. Пред 3 дена имаше аукција за Жабени, но сето заврши како тажна приказна, изјави Александар Касаповски, ЛДП.

Бараат одговорност за ова.



-Никој не се јави за купување, нема ниту абер од вработување освен единствениот вработен директорот Трајко Котевски. ЛДП ги повикува градоначалникот и директорот да се повлечат од проектот Жабени, рече Касаповски.



Од ЛДП велат дека доколку и двајцата се уште веруваат во овој проект да кажат кога ќе се отвори првата фабрика и кога ќе бидат првите вработувања.

Маја Богоевска


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=15736&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=15736&Itemid=106

Значи ништо од овој проект

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Feb-2010 at 19:01
Жабени чека пари од рускиот долг кон Македонија
ЧЕТВРТОК, 11 ФЕВРУАРИ 2010 17:16



Спогодбата за регулирање на клириншкиот долг на Русија кон Македонија ќе биде потпишана во април годинава во Москва. Според амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Владимир Солоцински, во април треба се одржи уште една седница на македонско-руската владина комисија за економска соработка, при што вицепремиерот Зоран Ставревски ќе ги потпише неопходните документи. Финансиите од клириншкиот долг ќе бидат искористени за гасификација на Македонија.



- Се надеваме дека гасификацијата ќе придонесе за развој на економијата и за извозниот потенцијал на Македонија, како и за решавање на проблемот со невработеноста и на други социјални проблеми - рече Солоцински.
Градоначалникот на општина Битола рече дека со голем интерес ќе го следат процесот на гасификација на Македонија, затоа што е во интерес и на
Битола.



-Ќе биде голем придонес во делот на стопанството, а ние многу време одделуваме токму за тоа и сакаме еден дел, а тоа е индустриската зона „Жабени" да се приклучи на се ова за што разговараме - рече Владимир Талески, градоначалник.
Клириншкиот долг изнесува околу 62 милиони долари, а во првата фаза ќе се гасифицираат 80% од стопанството и 20% од домаќинствата.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17773&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17773&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: axel
Date Posted: 04-Apr-2010 at 22:39
Економија

04.04.2010

Најавена како индустриска зона, како рај за инвестициите, како место каде ќе има голем економски бум, зоната Жабени кај Битола и натаму е пусто место. Од инвестициите, инвеститорите, странските и домашни постројки и натаму ништо...

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=447 - http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=447



Posted By: Makedonij
Date Posted: 02-Oct-2010 at 13:10
Дали 1 евро за м2 ќе донеси инвестици во Жабени

http://utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/DAD63125B9C587488B80AF2478A844FB.jpg

Цената на земјиштето во Индустриската зона Жабени крај Битола падна на едно евро
за метар квадратен Владината одлука за се намали почетната цена за јавните наддавања за земјиште за изградба на стопански и индустриски објекти ја израдува локалната власт од Битола која веќе неколку години назад никако да привлече инвестиции во зоната крај Жабени.
„Изминатиот период бидејќи индустриската зона Жабени ја нудевме на повеќе саеми, на повеќе места, на повеќе инвеститори, но имаше луѓе кои се интересираа и доаѓаа во општина Битола и се интересираа токму за индустриската зона Жабени. Бидејќи
ваквата одлука не беше донесена се појавија инвеститори кој бараа поволности во
целиот регион,“ изјави градоначалникот на Битола Владимир Талески.
Меѓутоа настрана од зоната Жабени со инвестициони проблеми се соочува целото
битолско стопанство се жалат биснисмените.
Нови капацитети во Битола не се отвораат а и тие штоги имаме , не се на завидно ниво. Ниту оние инвестиции кои што се со грчки капитал не се којзнае што.,, нагласува Ѓорги Кочовски член на УО на регионалната стопанска комора од Битола.
Стопанствениците се согласни дека инвестицитте во градот под Пелистер замреле во
сите полиња на развојот. Несигурната законска регулатива во државата, малиот и
затворен пазар , лошите кредитни услови за развој се најголемите причини за
економската стагнација на овој крај кој е само на 14 километри до Европската унија.
,,Битола се соочува и со инфраструктурни проблеми, кредитни, административни, затоа проблемите треба да се отвораат дел по дел и да се решаваат. Ако работите и
порблемите стојат во едно место тогаш и инвестициите ќе бидата замрени како што се сега.,,вели Никола Трпеновски сопственик на ресторанот и хотелот ,,Капри ,,во Битола. Локалната самоуправа во Битола покрај Жабени на инвеститорите им го нуди и просторот на поранешната битолска касарна.

http://www.kanal77.com.mk





-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: axel
Date Posted: 11-Feb-2011 at 19:11
Објавен тендер за локација во „Жабени“
 
11.02.2011 | 15:33
Извор: http://www.makfax.com.mk/ - Макфакс
Прочитано: 71 пати
Испрати на пријател
http://www.facebook.com/share.php?u=http://www.tocka.com.mk/index12.php?ID=32930 - Сподели на Facebook
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот
 
Министерството за транспорт и врски распиша тендер за јавно наддавање за градежно земјиште, кое наоѓа во индустриската зона „Жабени“, општина Битола.
 
Станува збор за 30 градежни парцели кои се наменети за изградба на објекти за изградба на објекти наменети за лесна и незагадувачка индустрија, сервиси, стоваришта кои се со површини од 3.326 м2 до 21.460 м2, како и две градежни парцели, наменети за изградба на објекти за мало стопанство, со површини од 895 м2 и 920 м2.

Предвидено е почетната цена за ова јавно наддавање да изнесува 61 денар (евро) од метар квадратен, се појаснува во соопштението

Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават до 15.03.2011 година, а јавното наддавање ќе се одржи на 21.03.2011 година во просториите на министерството.


http://daily.mk/cluster3/7dc361bf93d9a1e91c4bb722a3cce8dc/592814


Posted By: axel
Date Posted: 14-Feb-2011 at 11:46
Кинези заинтересирани за „Жабени“

Градоначалникот на Битола, Владимир Талевски за „Макфакс“ вели дека постои голем интерес за инвестирање во индустриската зона „Жабени“, чија изградба е во финална фаза.
 
„Имаме интерес од десетина домашни и странски компании кои овде сакаат да градат кланица, млекара и погон за сушење и преработка на зеленчук. И кинеска компанија најави своја посета на зоната во март“, вели Талевски.

Индустриската зона „Жабени“ се протега на 86 хектари. Деталниот-урбанистички план е готов, а завршени се и административните процедури.

„Изградена е и водоводна мрежа, а донесена е техничка вода. Зоната има и телефонија, одводна канализација, а во финална фаза е и нејзината електрификација, во која Владата се вклучи со 90 милиони денари. Веќе функционира помалата трафостаница за 20 хектари, а се работи на поставување и на големата-главна трафостаница„, информира битолскиот градоначалник.

За привлекување на што поголем број на инвеститори општината Битола, освен владината одлука за закупување на државно земјиште за 1 евро од метар квадратен се реши и за ослободување од комуналии.

„Заинтересираните инвеститори кои ќе се пријават до 31 март и кои до следната година ќе го изградат објектот и ќе вработат над 20 вработени, ќе добијат 100 отсто ослободување од комуналиите. Три месеци по овој рок заинтересираните под истите услови ќе добијат 75 отсто, а тие по шест месеци, 50 отсто ослободување за плаќање на комуналии. Во било кое време заинтересираните кои во следниве две години ќе изградат објект и ќе вработат над 300 лица ќе добијат исто така 100 отсто ослободување од комуналии„, вели Талевски.

Министерството за транспорт и врски пред неколку дена распиша тендер за јавно наддавање за градежно земјиште во „Жабени“.

Станува збор за 30 градежни парцели кои се наменети за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија, сервиси, стоваришта, како и две градежни парцели, наменети за изградба на објекти за мало стопанство.

http://daily.mk/cluster3/58d0716400c4f02e0a3e82e15d4eb285/595349


Posted By: axel
Date Posted: 16-Feb-2011 at 14:09

Кинези и Германци доаѓаат во „Жабени“?

Информации од кабинетот на градоначалникот велат дека десетина компании во зоната сакале да градат кланица, млекарница, погон за сушење и преработка на зеленчук

БИТОЛА - Во зоната „Жабени“ доаѓаат Кинези и Германци? Кинеска компанија најавила посета на Битола во текот на март. Вакви информации се слушаат од кабинетот на градоначалникот Владимир Талески. Наводно, десетина домашни и странски компании во зоната сакале да градат кланица, млекарница, како и погон за сушење и преработка на зеленчук.

Четири години битолчани слушаа приказни за индустриската зона „Жабени“, која според ветувањата на власта, требаше да предизвика економски бум во регионот. Ако и' се верува на власта дека тргнале инвеститори, тогаш сагата „Жабени“ ќе има среќен крај. Но, слушајќи ги критиките на опозицијата, се наметнува прашањето колку им треба да стигнат и каде заглавија тие загреани странски инвеститори што со години се очекуваа во „Жабени“?

Последните настани поврзани со битолската зона повторно ја заинтригираа јавноста, а особено изјавите на градоначалникот Владимир Талески дека „опозицијата е виновна за тоа што во Жабени се' уште нема инвестиции“. Ваквите поплаки Талески ги кажа јавно, на седница на Советот и за тоа доби силен аплауз од политичките противници. На седницата се одлучуваше за идно спојување и делење на парцелите во „Жабени“ во интерес на инвеститорите. Ова стигна на дневен ред, бидејќи Талески веќе примил писмо со намери од извесен германски инвеститор, кој се распрашувал за Жабени.

„Овој период сме на прагот да го финализираме еден од најмоќните проекти во Битола, ‘Жабени‘. Меѓутоа опозицијата цело време се обидува да го маргинализира проектот, да каже дека ова е лага, дека нема ништо од тоа, дека работиме незаконски и дека ова не и' треба на Битола. Искрено да ви кажам, досега имаше неколку заинтересирани инвеститори, кои токму поради дилемите што ги создаваше опозицијата, ги одвраќаа од намерата да инвестираат во општината“, изјави градоначалникот Талески, заблагодарувајќи се за аплаузот од своите политички опоненти.

Последната седница на битолскиот Совет беше под знакот вонредна за да се дебатира околу новите погодности што треба да им ги понуди општината на можните инвеститори во „Жабени“. Опозицијата во тоа препозна само уште еден блеф на власта, и тоа во време кога се навестуваат предвремени избори.

„Дај Боже да дојдат инвеститори во ‘Жабени‘. Ќе направиме се' што треба за да им угодиме на стопанствениците. Ама писмо со намера да инвестира, секој може да прати, па дури и јас. И после да каже пу, пу не важи“, искоментира Кочо Баљари, советник на СДСМ. Неговиот партиски колега Златко Ќурчиевски изрази недовербата дека во зоната ќе дојдат инвеститори. „Не се плашиме дека ‘Жабени‘ ќе профункционира. Господине Талески, се плашиме дека пак лажете. Зошто истата приказна ја верглате четири години? Прво имавме најави за инвеститори од Украина, од Германија, па од Америка. Сега инвеститори ќе носел министерот Веле Самак. Кажете барем една причина зошто сега да ви веруваме“, праша социјалдемократот Ќурчиевски.

Сепак, битолската опозиција и натаму цврсто верува дека „Жабени“ е фатаморгана, бидејќи на земјиштето нема услови за градба. Советникот Ќурчиевски, повикувајќи се на анализите направени од градежниот институт „Македонија“, тврди дека индустриската зона е на локација што плива, а трошоците за изградба на вакво место би биле многу поскапи од вообичаено.

„Почвата во селото Жабени е со релативно слаби геомеханички карактеристики. Постоењето рибник во непосредна околина укажува на езерско-барски седименти, на почва со тиња. Таму има и подземни води, што значи тешко е да се градат објекти без дополнителни градежни материјали. Земјиштето плива во вода“, набројуваше Ќурчиевски.

Министерството за транспорт и врски пред неколку дена распиша тендер за јавно наддавање за градежно земјиште во Жабени. Станува збор за 30 градежни парцели за изградба на објекти со лесна и незагадувачка индустрија, како и две градежни парцели наменети за изградба на објекти за мало стопанство. Сите претходни тендери за Жабени беа промашени. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C57CDC50EB4D3D418C564B0C795A394A


Posted By: axel
Date Posted: 05-Mar-2011 at 13:35
Бизнисмени од Турција во посета на општина Битола

Битола, 3 март 2011 (МИА) - По иницијатива на здружението „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола, денеска во овој град престојуваа 23 бизнисмени од Турција кои остварија средба со градоначалникот Владимир Талески и разговараа за економскиот потенцијал на локалната самоуправа и можностите што ги нуди индустриската зона „Жабени“.

Битолскиот градоначалник ги претстави сите поволности за градба во зоната „Жабени“, нејзината атрактивна локација која е во непосредна близина на македонско-грчката граница, како и поставената инфраструктура на првите 86 хектари од овој објект.

- На 21 март ќе биде првото отворање на понудите на потенцијалните инвеститори. Интересот е голем, а на тоа претходеа и 17 писма на намери од видни бизнисмени кои сакаат да градат во индустриската зона „Жабени“. Тие што ќе купат простор во зоната до 31 март ќе имаат обврска да го изградат својот објект до крајот на 2012 година и да вработи 20 лица, истакна градоначалникот Владимир Талески.

Бизнисмените од Турција беа предводени од Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на Стопанската комора на Македонија-Турција „МАТТО“. Нивното доаѓање во Битола е составен дел на програмата од нивниот престој во државата и саемот на турски производи за широка потрошувачка што се одржува во Скопје.

- Нашите бизнисмени сакаат да инвестираат и да склучат договори за деловна соработка со фирми од Битола. Ние ги познаваме условите за инвестирање и сигурен бизнис во Македонија, како и можностите на индустриската зона „Жабени“ и очекуваме позитивни одлуки посебно за инвестиции во делот на земјоделството и сточарството, посочи претседателот на „МАТТО“, Туна Ејуп Кахвеџи.

На денешната средба меѓу бизнисмените од Турција и градоначалникот Владимир Талески, присуствуваа и стопанственици од Регионалната стопанска комора со седиште во Битола.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81691937&lId=1&pmId=


Posted By: N23
Date Posted: 07-Mar-2011 at 21:08
Порано многу ме радуваа ваквите најави, ама после доза на тотално неуспешни слободни зони, се надевам дека ова е за сериозно, а не само некоја неостварена желба.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 22-Mar-2011 at 15:57
Продадени 19 парцели од индустриската зона „Жабени“ - Битола

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска на прес-конференција соопшти дека во ЈП Индустриска зона „Жабени“ продадени се 19 парцели со вкупна површина од 25 хектари.


Парцелите ги купиле девет бизнисмени од Македонија и три од странство, односно од Италија, Германија и Грција, кои деновиве ќе потпишат купопродажен договор со Министерството за транспорт и врски и ќе добијат одобрение за градба од општина Битола.

- Фирмите што купија парцели за градба во зоната делуваат во прехранбената индустрија односно производство и преработка на млеко, фирми кои се определиле за складирање и преработка на овошје, како и фирми од дрвната и текстилната индустрија. Нашите првични проценки се дека преку овие фирми ќе се вработат околу 500 лица, посочи градоначалникот Талески.

Битолскиот градоначалник најави продажба на уште десет парцели за кои е заинтересирана голема компанија чии намери се да вложи околу 20 милиони евра во индустриската зона „Жабени“-Битола.


http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/prodadeni-19-parceli-od-industriskata-zona-%E2%80%9Ezabeni%E2%80%9C-bitola - http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/prodadeni-19-parceli-od-industriskata-zona-%E2%80%9Ezabeni%E2%80%9C-bitola

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: axel
Date Posted: 01-Apr-2011 at 11:56

Битола распродадена - купувачите државна тајна?

Локалната власт во Битола во март продаде стотици хектари земјиште, но не ги открива фирмите што го купиле

Битола - Предизборен трик или реалност - локалната власт во Битола во март распродаде стотици хектари земјиште на странски и на домашни инвеститори. Но, сепак, власта не открива кои се фирмите од земјата и од странство што решиле да вложат во градот под Пелистер и да ја заживеат со години замрената економија. Имињата на инвеститорите се кријат како да се најстрога државна тајна.

На последниот тендер Министерството за транспорт и врски продаде дури 19 парцели, или околу 25 хектари во индустриската зона „Жабени“. Се распродаде и добар дел од имотот на поранешната битолска касарна. Таму три фирми купиле дури 10 парцели. Во исто време Владата нашла купувач и за имотот покрај граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница. Странски инвеститор на границата со Грција ќе гради хотели и казина. Таа е истата локација каде што едно од здруженијата на Македонците од егејскиот дел на Македонија најавуваше изградба на споменик посветен на македонскиот егзодус во Грција.

Меѓутоа, за граѓаните, а особено за опозицијата, ваквите убави вести за Битола отвораат место за сомнеж откако локалната власт веќе две недели молчи и не открива кои се инвеститорите, односно кои се фирмите што решиле да ги вложат своите пари во градот.

Битолските либерелдемократи се сомневаат дека распродажбата на Битола е само предизборна приказна, која лесно ќе се заборави по изборите.

„Зошто власта не излезе со имињата на инвеститорите, особено на оние 12 странски и домашни фирми што купиле земјиште во „Жабени“. Дали ова не е предизборен трик што ќе заврши по изборите. Велат дека во „Жабени“ се продадени 19 парцели. Ако секоја парцела во просек е 5.000 квадратни метри, според цената на земјиштето, тоа се вкупно околу 100 илјади евра. Затоа прашуваме дали партијата на власт би можела да им нареди на своите партиски фирми да купат по една парцела со цел да се постигне ефект пред изборите. И дали се точни шпекулациите дека парцелите во „Жабени“ ги купија фирми блиски до власта во Битола“, вели Валентин Груевски, советник на ЛДП во Битола.

Според најавите на локалната власт - германски, италијански и грчки капитал влегува во „Жабени“. Во зоната се планира изградба на фабрики за дрвна индустрија, прехранбена со преработка на месо и млеко, овошје и зеленчук, како и текстилни капацитети.

И за касарната станува збор за две странски фирми и една домашна, кои ќе градат објекти за домување и еден хотел, додека, пак, за комплексот на Меџитлија со сигурност станува збор за странска инвестиција. Сепак, кои се инвеститорите, власта одбива да обелодени.

„Би замолил, додека не ги издадеме одобренијата за градба, да не ги објавуваме фирмите. Едноставно, во овој период треба да ги заштитиме фирмите. Не знам какви се нивните планови. Дали ќе градат веднаш, дали ќе градат во фази или, пак, одеднаш. Тие детали не ги знам, но очекувам по уплатата на парите и договорот со Министерството за транспорт и врски, инвеститорите да дојдат со проект во Општината“, рече градоначалникот Владимир Талески.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E78FF4EC07112048AD7A76F11E228643


Posted By: axel
Date Posted: 18-Apr-2011 at 09:39

Австралијци заинтересирани за економската зона „Жабени“

Пратеникот во федералниот парламент на Австралија од Перт, Лук Симкинс, каде што претежно живеат македонски иселеници од битолскиот крај, при посетата на Битола деновиве изрази интерес за инвестирање во индустриската зона „Жабени“.

- Битолчаните во Австралија, кои заедно со останатите Македонци масовно ми ја дадоа поддршката за пратеник, ме замолија да ја посетам Битола за од прва рака да се информирам за поволностите што ги нуди индустриската зона „Жабени“, бидејќи многу се заинтересирани да инвестираат во својот роден крај. Убеден сум дека Македонците кои живеат во Австралија ќе ја продлабочат економската соработка со Битола - изјави Симкинс.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, го информираше Симкинс за можностите за инвестирање во „Жабени“ и битолската касарна и изрази надеж дека по склучувањето на спогодбата помеѓу австралиската и македонската влада за користење на австралиските пензии во Македонија ќе се вратат во родниот крај

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=47E9F012AE2E324B8A407029B6BCE860


Posted By: axel
Date Posted: 04-May-2011 at 08:57

Фамозните инвеститори во „Жабени“ добија куќен ред

Советот на Општина Битола изгласа Правилник како треба да се однесуваат фирмите со просторот во зоната

БИТОЛА - Како бисери на ѓердан се нижат инвеститорите во индустриската зона „Жабени“ во Битола. Локалната власт вешто манипулира со бројки, но уште повешто ги крие имињата на фирмите. Вредните инвестиции не биле 12, колку што првично ги најави градоначалникот Владимир Талески, туку 13. Со оваа бројка излезе директорот на зоната, Димче Шеровски, и притоа потврди дека дури 11 од нив веќе ги солемнизирале договорите.

Битолската чаршија зборува, ако власта и натаму продолжи да ги крие имињата на инвеститорите, ќе им отвори работа на обложувалниците. Интересот особено пораснал откако градоначалникот Владимир Талески најави многу голем германски инвеститор во „Жабени“, кој ќе отвори две илјади нови работни места. Надежите се дека најголемиот број вработувања ќе ги донесе инвестицијата на германски гигант, кој, наводно, ќе вложи над 20 милиони евра.

Енигмата кои се домашните, а кои странските фирми што купија плацеви во „Жабени“ ќе потрае барем до почетокот на изборната кампања, велат познавачите на условите. Дотогаш локалната самоуправа од Битола се досети да направи куќен ред за зоната.

Советот на Општина Битола изгласа Правилник како треба да се однесуваат инвеститорите со просторот во зоната во текот на градбата, по завршувањето, како да се организираат комунални дејности. Инвеститорите во иднина треба да добијат амин од Општината за се' што ќе наумат да прават. Тоа е потребно и за поставување кабелска или фиксна телефонија и за ограда околу објектите во зоната.

„Имаме многу инвеститори. Од 13, само двајца не го потпишале договорот за солемнизација, бидејќи немале време. Во ’Жабени’ имаме нови инвеститори за преостанатите парцели. Горд сум на овој капитален проект“, изјави директорот на ЈП „Жабени“, Шеровски.

Но, токму деталната листа на правила што ќе мора да ги почитуваат инвеститорите во „Жабени“, за опозицијата беше нејасна.

„Во еден дел пишува дека ЈП ‘Жабени‘ ја нуди својата стручност и помош и за геомеханичките испитувања на земјиштето. Дали тоа значи дека инвеститорите пред да направат геомеханички испитувања за носивоста на земјиштето и неговата подобност за градба на објекти треба да се советуваат со раководството на Жабени?“, праша Наташа Струмениковска, советничка на СДСМ. Според Златко Ќурчиевски, советник на СДСМ, парадоксално е да се потпишува правилник од двете страни, фирмата и зоната.

Но, за власта, правилата се правила и мора да се почитуваат. „Ова е куќен ред. Јавното претпријатие ќе се занимава со уредување и организирање на просторот, а за тоа мора да има некаков правилник“, смета Златко Милошевски, советник на ВМРО-ДПМНЕ.

Првите градби за „Жабени“ се најавуваат за оваа есен. Во зоната ќе има фабрики за дрвна индустрија, капацитети за преработка на месо и на млеко, за овошје и за зеленчук. Потоа фабрики за текстил. Градоначалникот Талески пресметал дека „Жабени“ ќе отвори нови 2.500 работни места. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5F4F8270EB7E854E8FF5DC505689BA13


Posted By: axel
Date Posted: 31-May-2011 at 10:19
Германска фирма инвестира во Индустриската зона “Жабени“ во Битола

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/87112/zabeni%5D.jpg">

Германската фирма, “Кромберг и Шуберт“ инвестира во фабрика за производство на автомобилски делови во индустриската зона “Жабени“ во Битола.

Инвестицијата во новата фабрика се очекува да изнесува околу 20 милиони евра и иницијално ќе има 400 нови вработувања. Со полн капацитет, фирмата очекува да има над 2.500 вработувања. Моментално, фирмата има купено земјиште и ги презема сите активности за планирање и градба во блиска соработка со општината Битола и локалните градежни фирми. 

Се очекува фабриката да биде готова и да започне со производство на кабловски инсталации за автомобилски производители во Европа во првата половина на 2012 година. 

“Кромберг и Шуберт“ е германска фамилијарна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Со над десетина илјади вработени низ цел свет фирмата развива и произведува високо технолоши производи, како кабли, кабловски исталации, пластична технологија и мехатроника. 


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=87112&kategorija=2


Posted By: JOE
Date Posted: 31-May-2011 at 13:43
ОДлична вест.Се надевам дека не е само предизборна 


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 08-Jun-2011 at 21:50
Како надополнување на веста од axel

Инвестицијата изнесува 20 милиони евра. Првично ќе отворат места за 400 нови вработувања. Со полн капацитет, фирмата очекува да има над 2.500 вработувања, потврдија деновиве од германската фирма, а ќе произведуваат автомобилски делови.

 Престижната германска фирма “Кромберг и Шуберт“ ги потврди најавите за изградба на фабрика во индустриската  зона  “Жабени“ во Битола. Станува збор за високо рангирана компанија која се занимава со изработка на делови за автомобилската индустрија, чија инвестиција изнесува повеќе милиони евра. 

Во “Кромберг и Шуберт“ пред неколку дена информираа дека уште во февруари годинава, одлучиле да изградат фабрика за производство на автомобилски делови во индустриската зона “Жабени“.                           

Одлуката, како што велат во компанијата, е резултат на долгорочна студија, иницирана во 2008 година во чии рамки била спроведена целосна анализа на Македонија и други земји низ повеќе релевантни деловни фактори. Се предвидува новиот производствен погон да изработува кабелски инсталации за автомобилски производители во Европа.

Инвестицијата во новата фабрика се очекува да изнесува околу 20 милиони евра и иницијално ќе има 400 нови вработувања. Со полн капацитет, фирмата очекува да има над 2.500 вра-ботувања. Моментно, фирмата има купено земјиште во индустриската зона “Жабени“  и ги презема сите активности за планирање и градба во  индустриската зона “Жабени“. Германската фирма очекува блиска соработка со Општината Битола и со локалните градежни фирми. Се очекува фабриката да биде готова и да почне со производство во првата половина на 2012 година.

Во германската компанија велат дека се задоволни од поддршката на Владата, институциите и Општината Битола.

-Нашата анализа и големиот број посети во регионот го потвр-дија деловниот план за оваа инвестиција и ние очекуваме и понатамошна одлична поддршка додека ја градиме фабриката и евентуалниот почеток на производството. Одлуката за инвестирање во Македонија е важен чекор во нашето проширување како дел од стратегијата за меѓународно производство - информираше деновиве, Мартин Пасерн, директор на групацијата “Кромберг и Шуберт“.



-------------


Posted By: axel
Date Posted: 29-Jun-2011 at 18:48

ЗК „Пелагонија“ најавува изградба на млекарница во Жабени

  • Објавено: пред 7 часа |
  • Прочитано: 64 |
  • http://www.plusinfo.mk/print/ZK-Pelagonija-najavuva-izgradba-na-mlekarnica-vo-Zhabeni - Печати |
http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/06/29/D3218B5A55BA3F449817C5A7032B6A28.jpg

Земјоделскиот Комбинат „Пелагонија“ од Битола ќе гради млекарница, која, според најавите, ќе биде лоцирана во новата индустриска зона Жабени, објави вчера националното радио Канал 77 со седиште во Штип.


Инвестицијата ќе достигне до најмалку 2 милиони евра. Од друга страна, ЗК „Пелагонија“ е еден од најголемите кооперанти на Битолската млекарница ИМБ.  


- Нашата идеја е оваа млекара на почетокот да биде изградена со капацитет од дневен прием на 50,000 литри. Нашето производство се движи од 23,000 до 25,000 литри. Купивме 12,000 метри квадратни, добивме и имотен лист. Ви тек се активностите околу изработка на елаборат кој ќе покаже каква ќе биде исплатливоста на млекарата која планираме да ја изградиме - потврдува Драги Петровски директор на ЗК “Пелагонија“ од Битола за Канал 77. 


Новата млекарница, според плановите, ќе биде насочена кон преработка на млекото од фармите на комбинатот со намера да се намалат неговите загубите.


Млекарскиот бизнис во земјава се очекува да претпри тектонски измени во следниот период. Сопствениците на Битолската млекарница ИМБ, британскиот инвестициски фонд „Салфорд Капитал“ објави дека има намера да се повлече од Балканот и да ги продаде своите компании, од кои најголем дел се во Србија, но во кои влегува и ИМБ. Допрва ќе се види кава ќе биде иднината на оваа наша најголема млекарница ако таа го изгуби својот најголем кооперант, кој еве, и самиот има намера да отвори своја конкурентска млекарница.


Од друга страна, токму во овој, период на лицитација се нуди објектот на поранешната млекарница „Сведмилк“, и ако се најде купувач за нејзиниот имот, и таа би требало да започне со работа. Прашање е само дали че успее да најде кооперанти, откако претходните ја изгубија довребата и голем дел од нив го продадоа добитокот од кој добиваа млеко и потоа му го продаваа на „Сведмилк.“ Дали сега повторно би се нашле заинтересирани земјоделци, кои би биле спремни повторно да набават добиток и да продаваат млеко на новите газди на млекарата, иако претрпеа големи загуби за претходно даденото и неплатено млеко, останува да се види.

http://www.time.mk/read/215dcbc9c5/a54494328c/index.html


Posted By: JOE
Date Posted: 29-Jun-2011 at 23:33
http://www.youtube.com/watch?v=rQAiWUjGMJk&feature=player_embedded">

Pristapen pat do Zabeni



http://www.youtube.com/watch?v=rQAiWUjGMJk&feature=player_embedded - http://www.youtube.com/watch?v=rQAiWUjGMJk&feature=player_embedded


Posted By: mcnikola
Date Posted: 30-Jun-2011 at 11:15
Конечно нешто видливо да се придвижи во Битола на економски план.Да се надеваме дека до година ке има изградено некоја  фабрика за да се врати моралот кај луѓето зошто освен РЕК Битола кој е најголем вработувач во регионот нема многу перспектива и населението излезот го бара или во Скопје или надвор од државата.


-------------
Some days wouldn't be special, if it wasn't for rain
Joy wouldn't feel so good, if it wasn't for pain


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 20-Jul-2011 at 20:56

http://informator.ws/novosti-od-bitola/24391-2011-07-20-13-21-17.html - ЗК “Пелагонија“ ќе гради млекарница во “Жабени“

20 July 2011

Покрај десетината останати инвеститори своја инвестиција во индустриската зона “Жабени“ најави и ЗК “Пелагонија“ најголемиот земјоделски комбинат во државата и пошироко

         

ЗК “Пелагонија“ одлучи да гради своја млекарница  и во иднина млечните крави да ги “молзи“ за свој интерес, а не за интерес на други млекарници, кои благодарение на млекото што го даваат  квалитетните млечни крави во сопственост на Комбинатот правеа огромни профити.

Причината за изградба на своја млекарница е што млекарниците кои моментно откупуваат млеко со ниските откупни цени ги доведоа до работ на егзистенцијата  млечните фарми. Токму поради тие причини ЗК “Пелагонија“ беше доведен во дилема дали да ги  затвори фармите со кои стопанисува или пак Комбинатот да изгради своја млекарница.

Вкупната вредност на млекарницата ќе изнесува околу 2 милиони евра, а во првиот момент во оваа млекарница ќе бидат вработени триесетина високостручни кадри.




-------------


Posted By: axel
Date Posted: 19-Aug-2011 at 14:17

Се отвора уште една млекарница во Битолско

Уште една млекарница ќе се отвори во Битола. Минатата недела во Централниот регистар на Македонија е основана нова компанија со основна дејност преработка на млеко и производство на сирење. Името на новата млекарница е Друштво за призводство на млеко и млечни производи, трговија на мало и големо ИМБ Индустрија за млеко Велковски.

Новата млекарница ќе се гради во индустрискта зона Жабени во Битола. Основниот влог, односно почетната инвестиција за изградба на млекарницата е 7.000 евра, а нејзин основач, според податоците од Централниот регистар, е Друштвото за производство, трговија на големо и мало, угостителство и туризам Технометал Велковска Рада од Битола.

Со млекарницата ќе управува Димитар Велковски.Изминатите неколку месеци млекарница почна да гради и поранешниот директор на ИМБ-Млекара Битола, Живко Радевски, а со производство на млеко и млечни производи планира да почне и земјоделскиот комбинат Пелагонија.

Во Битолскиот регион се и двете најголеми млекарници во македонија, ИМБ и Идеал Шипка.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72488/se_otvora_ushte_edna_mlekarnica_vo_bitolsko.aspx?iId=2314


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2011 at 16:15
Ова со млекарите има олем простор, производи како зденка, кајмаци, павлака, маслац, чоколадно млеко, кремсир и такви слични производи речесисе да е увозно од Србија или Босна или па некои подалечни земји. Голем простор има.


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 23-Aug-2011 at 23:02







-------------


Posted By: mladen_s
Date Posted: 25-Aug-2011 at 14:19

Го има некој гледано „Париз, Тексас“? Уште музиката од Ry Cooder фали на сликиве..

Туку ајде.. може ќе го биде...


Posted By: JOE
Date Posted: 27-Aug-2011 at 01:19
Што чекат Кромберг и Шуберт ? или предизборно за лажење бешее само....


Posted By: axel
Date Posted: 31-Aug-2011 at 15:57
15:22  http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=86420230&lId=1&pmId=501 - Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ го доби одобрението за градба во битолската зона
Битола, 31 август 2011 (МИА) - Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ денеска доби одобрение за градба на фабрика за автомобилска опрема која ќе биде лоцирана во индустриската зона „Жабени“- Битола

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=86420577&lId=1&pmId=501


Posted By: SpringFalcon
Date Posted: 31-Aug-2011 at 16:15

Со оглед дека споменатиот од консултантското биро подолу ми е школски другар и сериозен човек, може да му се верува на зборовите...



bitolaГрадоначалникот Владимир Талески денеска на прес-конференција соопшти дека завршени се сите формалности и се создадени услови идната недела да почне подготовката на парцелите на кои ќе се гради и функционира идната фабрика за изработка на кабли за возила.

- Условите што ги понудивме резултираа со доаѓање на фирма гигант во Битола. Денеска го врачивме првото одобрение за градба и очекуваме инвеститорот да почне со подготовка на локациите овој понеделник, а воедно и да повлече други фирми што ќе се стационираат во индустриската зона „Жабени“. Оваа и другите фабрики значително ќе го намалат проблемот со невработеноста во нашиот град, истакна Талески.

Од консултантската фирма „Иванов“-Битола потврдија дека  магацинскиот дел и просторот за производство на кабли ќе биде изграден до март, а административниот објект и партерот ќе бидат завршени кон крајот на мај 2012 година.

- Во првата фаза очекуваме вработување на околу 2.500 лица со можност за максимален капацитет на вработеност од околу 4.000 лица, од нив околу 250 лица ќе бидат со високо образование, а останатите со соодветни квалификации, посочи Михаил Димитровски, претставник на консултантската и проектантска фирма „Иванов“-Битола.

Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ е со 100-годишна традиција која изработува и пакува кабли за автомобили од светски познатите брендови „БМВ“, „Ауди“ и „Мерцедес“ со 30 големи фабрики на сите континенти.

http://kurir.mk/republika/opstini/40856-Video-Avtomobilska-oprema-ke-se-proizveduva-vo-Bitola



Posted By: JOE
Date Posted: 31-Aug-2011 at 16:55
Тешки нека вработат 2500 луѓе, и да земат барем плата 300 евра, градо ке живни, а ако вработат 4000 Битола ке доживеј вистинска преродба !


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Aug-2011 at 17:06
Бројката од 2500 ми звучи многу амбициозно, но најбитно е да се отвори капацитетот во било каков формат. Секоја фабрика од овој тип е голем плус за Македонија а особено е добро што би се правела надвор од Скопје како за промена.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Aug-2011 at 19:25
Одлична вест ова за Kromberg & Schubert

Но навистина што е со бројкиве за најавените вработувања? Ако 2500 звучи многу амбициозно, што правиме тек со 4000 ?!? Со денешна технологија навистина не ми е јасно што може да работат 4000 луѓе во фабрика за кабли. Ова е завидна бројка дури и за оние гранки кои се трудово најинтензивни...

Инаку во првата најава за Kromberg & Schubert беше спомнато дека во прва фаза ќе биле 400 вработувања која во наредни фази евентуално би пораснала во најголема гринфилд инвестиција во земјава и бројот на вработени би нараснал до 2500:
http://www.msi.gov.mk/?q=node/112 - http://www.msi.gov.mk/?q=node/112



Posted By: JOE
Date Posted: 31-Aug-2011 at 19:58
Како што разбрав, впонеделник камен темелник ке се поставува

Нешто подетално има на ова видео

[tube]AWx4TFUmEJg[/tube]


Posted By: kultuzin
Date Posted: 31-Aug-2011 at 20:17
Се убаво арно ама 2,5 илјади до 3 илјади вработени и кога сум најоптемистички расположен неможам да поверувам. Сепак се работи за произведувач на кабли а не на Автомобили.


Posted By: JOE
Date Posted: 20-Sep-2011 at 19:32

Менаџерите од компанијата „Кромберг и Шуберт" задолжени за човечки ресурси денеска ја посетија Битола, се сретнаа со претставници од универзитетот „Свети Климент Охридски", техничкиот факултет, општина Битола и договорија формирање на тим кој треба да помогне во изборот на лица кои ќе работат во фабриката која треба да се гради во индустриската зона „Жебени".


-Со изградбата на новата фабрика предвидено е да се вработат околу 2.500 луѓе од различни профили – рече Зигмунт Франаш, менаџер за човечки ресурси.


-Бидејќи во Битола нема фабрика за автомобили, ќе овозможиме тренинг за било кој профил, од луѓе на лента до менаџери и директори – рече Роберт Ласк, менаџер за HR.


Техничкот факултет ги презентира постојните студиски програми кои би биле од корист за идната фабрика, но најави и отварање на нови токму за задоволување на идните потреби на фабриката.

¬ Позитивно е за нас што ќе се зголеми интересот за техничките науки, особено за машинскта струка. Во идната академска година ќе се изготви студиска програма за мехатоника – рече проф. д-р Весна Ангелевска, декан.


Активностите на „Кромберг и Шуберт" ќе бидат мотивација за сите оние кои сакаат да инвестираат во индустриската зона „Жабени", смета градоначалникот.

-Присуството на „Кромберг и Шуберт" ќе ни помогне во решавање на најголемиот транзициски проблем невработеноста и нивното доаѓање е од голема важност за земјата и регионот затоа што тие поставуваат високи стандарди до кои другите треба да се доближат – рече Владимир Талески, градоначалник.

Фабриката се очекува да биде изградена и да почне со работа на пролет, изјавија претставниците на германска компанија „Кромберг и Шуберт".


Posted By: axel
Date Posted: 04-Nov-2011 at 14:44

Преводот ги избрка Германците од Жабени?

Битола - Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ ги одложува градежните работи во Индустриската зона „Жабани“ крај Битола за изградба на фабрика за автомобилски кабли. Проблемот бил технички, и тоа на релација Влада на Македонија и германската компанија, тврдат од локалната власт во Битола. Според информациите со кои располага градоначалникот Владимир Талески, багерите ќе добијат зелено светло за работа откако ќе биде соодветно преведен договорот меѓу Германците и македонските власти.

„Идните неколку седмици треба да се довршат повеќе технички работи што се однесуваат на релација Влада - германски инвеститор. Се работи за договор што треба да се преведе на многу стручен и соодветен јазик. Усогласувањето ќе заврши брзо“, рече Талески.

Според градоначалникот, без разлика на одложувањето на градежните работи, германската „Кромберг и Шуберет“ ќе ги добие сите општински олеснувања за инвестицијата во „Жабени“.

„Фабриката ќе проработи во април или во мај наредната година, а рокот што и' е даден на компанијата ’Кромберг и Шуберт‘ е крајот на 2012 година. Тие ги исполнија сите услови од првиот дел од договорите. Се пријавија и купија парцели. Вториот дел од нашите критериуми како Општина е германскиот инвеститор да изгради фабрика и да вработи најмалку 20 нови работници до крајот на 2012 година. Свесни сме дека за три дена не можат да изработат главен проект и затоа го дадовме рокот и оставивме плус цела градежна сезона за да ги изградат објектите и да ги стават во функција“, вели Талекси.

„Кромберг и Шуберет“ ќе биде прва инвестиција во „Жабени“ која, според големите планови, треба да обезбеди работа за стотици битолчани. Во меѓувреме, Талески тврди дека се завршени водоводната и канализационата мрежа во зоната, и сега се работи на промена на планот за изградба на пречистителна станица. Плановите се менувале поради неочекувано големата заинтересираност да се инвестира во „Жабени“. Покрај најавените 19 инвестиции, за битолската зона биле заинтересирани уште три фирми. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0E21873A377EFB41A1A9C829629C895F


Posted By: axel
Date Posted: 09-Nov-2011 at 18:47
http://www.time.mk/read/NONE/641b57e3fd/index.html

Инвеститори заглавени во администрација

Германската компанија „Кронберг и Шуберт“ која инвестира во индустриската зона Жабени никако да почне да гради поради сложените административни постапки.

  • http://www.makdenes.org/articleprintview/24385917.html - Печати
  • http://www.makdenes.org/emailtofriend/article/24385917.html - Испрати на е-маил
  • http://www.makdenes.org/content/article/24385917.html#relatedInfoContainer - Оставете коментар
  • Размена:
http://gdb.rferl.org/8C0EFCB4-DB31-466C-B45B-170DA6615047_mw800_s.jpg">



Текстови на слична тема

  • http://www.makdenes.org/content/article/24341377.html - Нема бизнис без инфраструктура
  • http://www.makdenes.org/content/article/24337463.html - Странски инвестиции - Лет во место
  • http://www.makdenes.org/content/article/24255503.html - Пелагонија ги нуди индустриските зони во странство
  • http://www.makdenes.org/content/article/24212303.html - Не се откриваат инвеститорите во Жабени
  • http://www.makdenes.org/content/article/3549161.html - Битолското стопанство во „стечај“
Големина на буквите
http://www.makdenes.org/author/20442.html - Жанета Здравковска

09.11.2011

Во индустриската зона Жабени инвеститори дојдоа, купија парцели, но никако да ги удрат темелите од фабриките заради сложените административни постапки. Германската компанија за производство на автомобилски кабли „Кронберг и Шуберт“ уште пред два месеца добија дозвола за градба, а сега ќе треба да ја менуваат заради промена на планот во зоната. Имено, Жабени мора да располага со пристапен пат зашто не е дозволено индустриска зона да излегува на транзитна сообраќајница. Со тоа се помести дел од инфраструктурата, па сега германската компанија за да ги спои купените парцели треба да докупи дел од местото кое некогаш било предвидено за пат.
Тие купија десет парцели кои беа поделени со пат кој минуваше помеѓу нив. Тој пат кој беше меѓу парцелите сега не постои и треба да го докупат.
Владимир Талески, градоначалник на Битола

„Тие купија десет парцели кои беа поделени со пат кој минуваше помеѓу нив. Меѓутоа тие бараа целина за сите парцели. За да се ​направи тоа, дел од ингеренциите беа во општините, дел во Владата и Министерствата. Тој пат кој беше меѓу парцелите сега не постои и треба да го докупат делот кој беше пат порано, а немаа можност да го докупат зашто не се продаваше“, вели битолскиот градоначалник  Владимир Талески.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески.
​​
По ова германските инвеститори ќе треба да добијат нова довола за градба за сите десет парцели. Воедно, процедурата се издолжува и со комплетирањето на документацијата.
Се работи за договор кој треба да се преведе со стручен јазик од македонски на германски. Тоа потоа ќе треба да се завери, постапка која ќе бара најмногу две до три седмици.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.

„Идните неколку седмици треба да се дозавршат технички работи кои се однесуваат на релација Влада-„Кронберг и Шуберт“. Се работи за договор кој треба да се преведе со стручен јазик од македонски на германски. Таквото усогласување брзо ќе се заврши. Тоа потоа ќе треба да се завери, постапка која ќе бара најмногу две до три седмици“, додава Талески.

Според него, сето ова нема да доведе до одложување на градбата на фабриката која во иднина треба да вработи 2000 битолчани. Тој вели дека компанијата нема да ги загуби поволностите што ги дава општината за бесплатни комуналии зашто го исполнила првиот услов, земјиштето го купила до 31 март годинава, а до крајот на идната треба да ја изгради фабриката и да вработи најмалку 20 лица.




Posted By: mladen_s
Date Posted: 09-Nov-2011 at 18:57
А важно направија ДУП пред да имаат заинтересирани инвеститори и за тоа се фалеа една година...

Добро, можеби и не се криви општините, редно е некој да размисли за поинкави урбанистички алатки, барем кога се во прашање индустриски зони и пренамена на касарни и слично..


Posted By: axel
Date Posted: 25-Nov-2011 at 19:37

Кромберг и Шуберт во Битола ќе почне со гардба до Нова година

  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Германски Кромберг и Шуберт во декември ќе стартува со градење во Битола. Долгоочекувата фабриката за кабли на возила која својата инвестиција ќе ја лоцира во индустриската зона жабени веќе од мај се очекува да почне и со вработувања на работници. Во прво време ќе вработат околу 500 лица, а потоа оваа бројка ќе се зголеми на 2 500.

    Талески очекува уште 6 нови инвестиции во Битола, за изградба на хотел, но има интерес и за вложување во дрвна, прехрамбена, млечна индустрија.

    Во меѓувреме владиниот тим изминатата недела ги презентираше инвестициските можности на македонија. Веќе стигнаа најави за интерес за инвестирање на неколку австриски и германски компании, поголем дел од автомобилската индустрија.

    Во дел од преговорите се вклучени и Сименс и БМВ. Владиниот тим си подаде рака со текспорт, компанија која веќе има два погона во Скопје и Кочани, сега ќе гради фабрика за заштитна облека во Виница. Инвестицијата е околу милион евра а ќе вработи околу 200 лица.

    Вкупните инвестиции до август годинава изнесуваат 197, 3 милиони евра.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kromberg-i-shubert-vo-bitola-ke-pochne-so-gardba-do-nova-godina


    Posted By: JOE
    Date Posted: 02-Dec-2011 at 20:18
    Ќе се гради нова фабрика во Жабени
    Петок, 02 Декември 2011 18:28
    Сподели


    Општина Битола, денес го издаде второто одобрение за градба, на нов инвеститор во Индустриската зона Жабени.

    „ Се работи за ИМВ Велковски во Жабени која е Г2 од втор градежен објект."- вели м-р Владимир Талески градоначалник на општина Битола.


    Денешниот настан, бил резултат на повеќе годишната заложба на општината, со инвестиции во зоната, како во докумантацијата така и во инфраструктурата, поволностите за секој кој ќе купи парцела во Жабени до 31 март, ќе изгради објект до крајот на 2012г и ќе вработи најмалку 20 лица, 100% е ослободен од комуналии, допринеле, стопанствениците битно да се заинтересираат за инвестиции во Жабени.


    „ Тие поволности мотивираа многу наши стопанственици и се охрабрија да инвестираат."- вели Талески

    Инвеститорот, аплицирал во март на конкурс и добил 10 000 м2. Во Жабени добиле локација првично за 2000 и дополнителни 2000м2 за втора фаза на градба.


    „ Првата фаза проектот е за собирен центар за млеко кој ќе поченеме уште веднаш да го градиме ќе го собираме суровото млеко, бидејќи Пелгонија би требало и има вакво млеко."- вели Мирко Велковски ИМВ Велковски.

    За првата фаза, веќе биле проектирани 25 вработувања и за втората планирале уште нови 25, кога планираат отварање на млeкарница, но со посебна дејност.

    „ Не е конзумна млекара туку од млeчната лактоза, што е многу барана во светот, значи од тие млечни шеќери, ќе произведуваме олигосахариди."- вели Велковски

    Задоволен од брзината и леснотијата при добивањето на одобрението за градба, Велковски ги повика стопанствениците, да ги искористат бенефитите кои ги нуди, само битолската и ниедна друга општина.

    http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=43093:kje-se-gradi-nova-fabrika-vo-zhabeni&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=156 - Линк



    http://www.youtube.com/watch?v=BxHf7SQv6Aw&feature=share - Изјавите


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Dec-2011 at 18:57

    http://sky.mk/ekonomija/8853-%D0%9C%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%B1%D0%B5%D0%B7-%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BE%D1%80-%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B5-%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BA-%D0%B8-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%80-%D0%A2%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%98%D0%BD%D0%B4%D1%83%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%BE%D0%BD%D0%B0-%D0%96%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B8.html - Министерот без ресор Веле Самак и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески во посета на Индустриската зона "Жабени"

    Министерот без ресор Веле Самак  во придружба на градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска ја посети и разгледа Индустриската зона "Жабени" која се наоѓа во непосредна близина на македонско-грчката граница.
    "Цел на посетата е на терен да се уверам какви се состојбите во оваа индустриска зона и со каква владина поддршка можеме да продолжиме. Се информирав за подготовката и градежните активности што треба да ги изврши компанијата "Кронберг и Шуберт" од Германија, бидејќи во последните неколку недели завршија сите административни процедури околу нивната инвестиција, одобренија и договор за државна помош" изјави министерот Самак.

    Очекуваме, нагласи, во наредните неколку недели договорот официјално да биде потпишан.

    "Со тоа оваа најголема инвестиција во Македонија по однос на очекуваниот број на вработувања, околу 2.500, ќе има големо значење за цел регион, за Битола, за Прилеп и другите општини" истакна министерот Самак.

    Тој потврди дека надлежните направиле се инвестицијата на "Кронберг и Шуберт", која се движи меѓу 20 и 25 милиони евра, да не ја заобиколи нашата држава бидејќи станува збор за солидна можност за нови вработувања.

    http://www.time.mk/read/NONE/5803cf104d/index.html



    Posted By: axel
    Date Posted: 22-Dec-2011 at 17:35
    Почнува реализацијата на инвестицијата на „Кромберг и Шуберт“- ќе се вработат над 2.000 лица

    Скопје, 22 декември 2011 (МИА) - Инвестицијата од 20 милиони евра на германската компанија „Кромберг и Шуберт“ формално почна да се реализира. Договорот се потпиша денеска во Владата, а финишот на инвестицијата се очекува во третиот квартал од наредната година кога треба да почне производството на новата фабрика во индустриската зона Жабени во Битола каде ќе бидат вработени на почетокот 400 лица, бројка која во првите пет години ќе достигне до 2.000.

    Договорот го потпишаа министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и претставниците на германската компанија Волфганг Тупи и Сами Загуани.

    Фабриката во Жабени ќе изработува кабелски инсталации за автомобилски производители во Европа како што се „фолксваген“, BMW, „ауди“ и „мерцедес“.

    За германската компанија одлучувачко да инвестира во Македонија била квалитетната работна сила и конкурентските услови, рече претставникот од компанијата Тупи.

    - Најважно прашање за секоја инвестиција е обучена работна сила која е на располагање и ова беше најрелевантно, истакна Тупи.

    Според премиерот Груевски, најважно од оваа инвестиција и она што радува се новите работни места која бројка е околу 2.000 директни вработувања, но почетокот на работењето на фабриката во Битола ќе отвори и индиректни работни места како што се во транспортот, логистиката, сервисирање и други потреби кои компанијата ќе ги користи.

    - Директно и индиректно се очекува отворање на значителна бројка нови работни  места што е од огромно значење за Битола и целиот Пелагониски регион и претставува значаен чекор во решавање на тешкиот предизвик на недоволната вработеност кај граѓаните во овој дел од државата. За мене како премиер на државата нема подобар момент од вакви моменти  кога се отвораат нови работни места, рече премиерот Груевски по потпишувањето на Договорот, кој, како што истакна, покажува дека во Македонија продолжува инвестицискиот циклус.  

    Според него, овие вработувања се нови извори на приходи за многу семејства и многу млади луѓе и можности за подобрување на стандардот на граѓаните. Владата, рече, ќе продолжи и натаму да биде фокусирана на ова поле. Секое ново отворено работно место е значајно и за секое отворено ново работно место вложуваме максимум од нашите потенцијали.

    Покрај отворањето на работните места, истакна Груевски, позитивно од реализацијата на оваа инвестиција е и подобрувањето на трговскиот биланс за 20 милиони евра, како и зголемување на бруто домашниот производ преку додадената вредност за Македонија која во првите шест години се очекува да изнесува околу 140 милиони евра.

    Изрази верување дека со посветената работа на Владата, германската компанија во индустриската зона во Битола ќе добијат соседи, други компании кои планираат да отворат свои капацитети што ќе значи нови работни места во оваа индустриска зона.

    - Македонија со посветена работа и во актуелниве сложени услови на економски предизвици во Европа со мерките и политиките што ги презедовме во изминатите неколку години постепено успеа да ја зајакне својата конкуретност до ниво на препознатливост како атрактивна инвестициска дестинација. За тоа најдобра потврда се веќе реализирани проекти и тековните инвестиции како и интересот и најавите што ги добиваме од потенцијални глобални инвестиции за доскорешно почнување нивни проекти во Македонија, истакна премиерот Груевски и додаде дека овој пристап на континуирани реформи во многу области, како и резултатите од нив даваат за право да веруваат дека успешно ќе се справат и со новите надворешни економски предизвици кои доаѓаат од еврозоната.   

    Самак потенцира дека ова е најголема гринфилд инвестиција во Македонија по бројот на вработувањата.

    - На компанијата обезбедивме поддршка во рамки на законите што ги имаме,  пакет на бенефиции не многу различен од она што се даваат во слободните индустриски зони, со цел да се обезбеди токму тие 2.000 работни места да бидат  во Македонија, а не во друга земја, рече Самак.

    Тој додаде дека инвестицијата е резултат на петгодишни разговори, средби, анализи, дискусии, пресметки, ветувања, одлагања и да се дојде денес до потпишување на договор.

    - Со оваа фабрика вртиме нова страница во историјата на Битола и Прилеп и ја ставаме лошата транзиција зад нас. Гледајќи со неа на една нова и подобра иднина за овој регион, истакна Самак.

    За вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски реализацијата на оваа инвестиција е потврда дека Македонија е земја која има што да понуди и дека знае како да понуди.

    - Стратегијата на Владата за привлекување странски инвестиции дава резултатити и ние ќе продолжиме со она што го правиме досега со уште поголем интензитет имајќи ги предвид состојбата во која се наоѓаме. Ќе продолжиме и со роуд шоата и со промоција на државата и со интензивни разговори со компании, бидејќи гледаме дека и во вакви времиња има компании кои бараат алтернативни дестинации за инвестирање, рече Пешевски.

    „Кромберг и Шуберт“ е германска семејна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Има над 20 фабрики во светот со 25.000 вработи. Главен пазар е Европа, но се присутни и во Северна и Јужна Америка и Африка. Фирмата развива и произведува високо технолошки производи, како кабли, кабловски инсталации, пластична технологија и мехатроника. Со искуство и компетентност, фирмата е заснована како важен партнер на автомобилската индустрија.

    http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=89767311&lId=1



    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 17-Jan-2012 at 00:36
    Од пред 4 дена

    Стартува градбата на фабриката “Кромберт и Шуберт“

    Турската градежна компанија “Пера констракшан“ која треба да ја гради фабриката на Германците “Кромберт и Шуберт” во Жабени, започна со подготовките на теренот за изградба на фабриката во индустриската зона.

    Покрај подготовките на теренот за градба на Фабриката денеска оваа градежна компанија, која отвори сестринска градежна фирма со седиште во Скопје, “ Пера констракшан - интернационал ДОО Скопје “ објави конкурс за прием на десетици архитекти, градежни инжинери, техничари, работници , техничари за заштита при работа, кои ќе бидат ангажирани во изградбата на Фабриката.

    Инаку Турската градежна фирма “ Пера констракшан” го градеше трговскиот центар “ Рамстор “ и аеродормот “Александар Велики “ во Скопје, со кој стопанисува турската компанија ТАВ. (М.М.)

    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=745879C9DDA88046BCC402A31ADC4F23


    Posted By: axel
    Date Posted: 20-Jan-2012 at 18:06

    Се продаваат парцели во Жабени

    петок, 20 јануари 2012, 17:51

    Се продаваат 31 парцела во индустриската зона Жабени во Битола. Општина Битола денеска објави нов оглас за продажба на државно земјиште по пат на електронско јавно наддавање. Земјиштето е наменето за изградба на деловни и комерцијални објекти за производство, дистрибуција и сервисирање на стоки и услуги. Јавното наддавање ќе се одржи на осми февруари,а заинтересираните компании треба да ги достават пријавите најдоцна до 31-ви јануари. Од општина Битола соопштуваат дека досега се продадени 29 парцели во индустриската зона Жабени. Одобренија за градба добија две компании, германската Кромберг и Шуберт и Велковски од Битола. Од општината очекуваат во наредниот период да започне изградбата на 12 фабрики во зоната.

    http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=45126


    Posted By: axel
    Date Posted: 21-Jan-2012 at 12:46

    „Кромберг и Шуберт“ нема да плаќа персонален данок

    Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ нема да плаќа персонален данок на доход и ќе плаќа само 50 отсто од обврските по основа на задолжителни социјални надоместоци и придонеси за вработените во период од неколку години.
    Владата одлучила германската компанија да добие регионална државна помош за реализација на инвестицискиот проект - изградба на фабрика за производство на кабелски инсталации за автомобилската индустрија.
    Со владината одлука ќе се покрие дел од износот за вкупните оправдани инвестициски трошоци на компанијата за реализација на проектот со кој треба да се отворат нови работни места.
    Според комисијата за заштита на конкуренцијата, која веќе ја разгледала оваа владина одлука, нема ништо спорно во доделувањето ваков вид државна помош. Точниот износ на државна помош не го откриваат ниту Владата, ниту КЗК.
    В.Н.

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1211295065&id=10&prilog=0&setIzdanie=22485



    Posted By: axel
    Date Posted: 09-Feb-2012 at 13:38

    http://kurir.mk/republika/opstini/60246-Prodadeni-16-parceli-vo-industriskata-zona-Zabeni - Продадени 16 парцели во индустриската зона „Жабени“

    Во индустриската зона „Жабени“ на спроведеното јавно електронско наддавање, продадени се 16 парцели чии сопственици се три компании од Австралија, една германско-грчка, а останатите се инвеститори од Македонија. 

    bitola-industriska-zona-240
    Ова го соопшти градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески кој рече дека дека 15 парцели ќе бидат наменети за објекти од индустријата, а една е за комерцијални цели.

    - Продадено е земјиште со површина од 9,2 хектари кое заедно со претходната продажба значи дека во индустриската зона „Жабени“ досега се продадени околу 34 хектари или над 60 отсто од предвидените површини за изградба на фабрики и други стопански објекти, истакна Талески.

    Во индустриската зона „Жабени“ свој бизнис ќе може да почнат 24 инвеститори кои изградбата на објектите ќе ја почнат на пролет според критериумите на општина Битола за да ги искористат и поволностите предвидени со условите за продажба на парцели во таа зона, посочи битолскиот градоначалник.

    На новинарско прашање во врска со процедурата за предложената локална урбанистичка планска документација за изградба на џамија во местото викано „Средно поле“ во битолското село Лажец, градоначалникот Владимир Талески истакна дека општината има законска обврска да спроведе регуларна и транспарентна процедура.

    - Ние сме должни на најрегуларен начин да спроведеме постапка за измена или дополнување при донесување на детален урбанистички план. Планот е јавно изложен и секој граѓанин може да го погледне и да даде свои забелешки кои потоа ги разгледуваат стручни комисии и претставници на Советот на општина Битола. Убеден сум дека за проблемот кој подолго време го има ќе се најде решение на задоволство на сите граѓани од местото за каде е предвиден урбанистичкиот план, одговори градоначалникот Талески.

    Јавната презентација и јавната анкета за изградба на џамија во село Лажец, како и за изградба на стопански објект во местото викано „Гарван“ во село Кукуречани ќе се одвиваат до 14 февруари, додека јавната анкета за работната зона северно од патот кон село Новаци ќе се одвива до 21 февруари во просториите на општина Битола

    http://kurir.mk/republika/opstini/60246-Prodadeni-16-parceli-vo-industriskata-zona-Zabeni



    Posted By: axel
    Date Posted: 27-Feb-2012 at 09:58

    Нашинци од Австралија ќе градат фабрики во Жабени

    Нови 16 парцели со вкупна површина од 9,2 хектара се продадени во индустриската зона крај Битола

    Битола - Нови 16 парцели со вкупна површина од 9,2 хектара се продадени во индустриската зона „Жабени“ крај Битола преку електронско наддавање. Според Општината, сопственици на 12 парцели се три компании од Австралија, една е со германско-грчки капитал, а останатите се домашни фирми.

    Засега не се откриваат имињата на фирмите ни на бизнисмените кои ќе градат во „Жабени“, ниту, пак, со кои дејности ќе се занимаваат. Единствено е познато дека инвеститорите од Австралија се наши иселеници од Перт, Мелбурн и од Сиднеј. Од фирмите што купија парцели во зоната досега се обелоденети само имињата на „Кромберг и Шуберт“ и „ИМБ Велковски“.

    „Во ’Жабени‘ досега се продадени околу 33-34 хектари земјиште, што е над 60 отсто од предвидените површини за изградба на фабрики и други стопански објекти. Во зоната има 86 хектари, но целата површина не е предвидена за фабрики. Таму има и патишта, паркинзи, простор предвиден за зеленило и паркови. Што значи за фабрики планираме околу 58 хектари од земјиштето“, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

    Инвестициите на австралиските бизнисмени во „Жабени“ неодамна ги потврди и Милорад Додевски, пратеник во Македонија од Австралија и Нов Зеланд. Тој вели дека не само бизнисмени од македонската заедница, туку, генерално, од австралискиот бизнис-сектор имале големо интересирање за инвестирање во нашата држава.

    „Треба да разбереме дека далечината си го прави своето. Не е лесно човек се' да остави и да дојде да инвестира тука. Но, со вакви поволни услови зошто да не се инвестира во родната грутка. Затоа и градоначалникот го поканивме да дојде во Австралија и да ги презентира можностите не само пред македонската заедница, туку воопшто и пред бизнисот во Австралија“, рече Додевски во Битола.

    Градоначалникот Талески се надева дека напролет новите инвеститори ќе ги завршат своите проекти и ќе побараат градежна дозвола, а до крајот на 2012 година ќе никнат и новите фабрики. Според него, веќе се создадени услови за намалување на процентот на невработеност во градот и во Пелагонискиот регион во целина.

    „Ние дадовме поволности, но инвеститорите ако сакаат да ги искористат, треба да ги исполнат условите што ги имаме. Се надевам дека кон крајот на 2012 година ќе ги изградат објектите и ќе вработат минимум по 20 нововработени лица. Вработувањето ни беше и главна цел“, нагласува Талески. (А.Б.)


    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F9918F0E7667704196FFD6F23F40E0A6


    Posted By: JOE
    Date Posted: 13-Mar-2012 at 18:39
    http://www.youtube.com/watch?v=jYJZNfg6hds&feature=player_embedded - http://www.youtube.com/watch?v=jYJZNfg6hds&feature=player_embedded

    Кронберг и Шуберт" ќе биде готова до ноември евентуално декември
    изјава од градежната фирма ПЕРА КОНСТРАКШН


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 15-Mar-2012 at 01:33

    ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ЖАБЕНИ КАЈ БИТОЛА


    Започна изградбата на фабриката на "Кромберг и Шуберт"


    Во фабриката ќе се изработуваат кабелски инсталации и мехатроника за автомобилски компании од Европа. Доколку компанијата работи со полн капацитет ќе обезбеди вработување на над 2.500 лица кои живеат на територијата на Битола, односно 3% од вкупното население во општината што ќе значи намалување на невработеноста за 30%


    Германската компанија "Кромберг и Шуберт" почна со изградба на својата фабрика во индустриската зона Жабени. Во фабриката ќе бидат вложени 20 милиони евра, а ќе ја гради турската градежна фирма "Пера Констракшн".
    -Почнавме со тампонирање и дренажи и набрзо ќе почнеме со другите активности. Се надеваме дека до крајот на ноември, евентуално декември годинава, ќе заврши изградбата. Му благодарам на градоначалникот за поволностите кои ни ги даваат градските власти во индустриската зона - изјави почесниот конзул на Р. Турција Ајдуван Адемовски на неговата средба со градоначалник на општина Битола, Владимир Талески, а на која присуствуваше и амбасадорот на Република Турција.

    "Пера Констракшн" во Македонија го градеше трговскиот центар Рамстор, потоа НЛБ Банка, ТАВ Аеродромот - терминална зграда, Џонсон Мети, во моментот гради фабрика во Бунарџик.
    Градоначалникот Талески изјави дека со турскиот амбасадор разговарале во Битола да дојдат турски инвеститори.
    -Јас сум убеден дека Турција навистина и од срце е заинтересирана да инвестира во Република Македонија. Го понудив она што во моментов е најдобро во РМ - индустриската зона Жабени, Касарната... Амбасадорот беше изненаден од сето она што го имаме како услови. Побара материјали и сите материјали што ги имаме за презентација му ги дадовме. Уште веднаш ќе се сретне со дел од инвеститорите кои сакаат да инвестираат во Република Македонија - рече Талески.

    Тој истакна дека амбасадорот првпат слушнал за поволноста што ја дава Општина Битола под одредени услови за 100% ослободување од комуналии. Инаку, 26 потенцијални инвеститори купија околу 34 хектари земја во Жабени или 45 парцели.

    Во фабриката на Кромберг и Шуберт" ќе се изработуваат кабелски инсталации и мехатроника за автомобилски компании од Европа. Доколку компанијата работи со полн капацитет ќе обезбеди вработување на над 2.500 лица кои живеат на територијата на Општина Битола, односно 3% од вкупното население во Општина Битола што ќе значи намалување на невработеноста за 30%. Кромберг и Шуберт" е компанија позната во светски рамки по изработка и пакување на кабли за автомобили од светски познатите брендови БМВ, Ауди и Мерцедес.



    -------------


    Posted By: axel
    Date Posted: 07-May-2012 at 18:10

    Кромберг и Шуберт до крај на годината ќe почне со производство во Битола

     

    Германската компанија Кромберг и Шуберт која гради фабрика во битолската индустриска зона Жабени и чија инвестициска вредност се проценува на околу 20 милиони евра, наскоро ќе почне да ги реализира првите вработувања, менаџери за индустриски инжинеринг и менаџер за квалитет.
     
    “Тоа што го зацртавме како цел се реализира, очекуваме до крајот на ноември фабриката да биде изградена а тоа значи почеток со нововработени лица. Изведувачите имаат сериозен пристап во овој проект и објект, поставена е подземната инфраструктура, вградени се 58 специјални носачи и арматура за големата хала каде ќе се произведуваат делови за автомобилската индустрија“, вели градоначалникот на Битола Владимир Талески.
    Кромберг и Шуберт во Битола планира да вработи до 2.500 работници, посочи градоначалникот Талески.
    Германската компанија ја сочинуваат четири деловни единици, кабли, мрежи, пластична технологија и мехатроника, а своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили „БМВ“, „Мерцедес“, „Ауди“ и други и вработува преку 23.000 луѓе ширум светот.
    http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/83726/kromberg_i_shubert_do_kraj_na_godinata_kje_pochne_so__proizvodstvo_vo_bitola.aspx



    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 02-Jul-2012 at 19:08

    КАМЕН - ТЕМЕЛНИК НА ПРВАТА ФАБРИКА ВО ЖАБЕНИ

    slika

    Во индустриската зона “Жабени” крај Битола, денеска е поставен камен темелникот на првата фабрика. Инвеститор е германската комапнија “Кромерг и Шуберт”, која  овде ќе произведува  кабли за потребите на автомобислката индустрија. Според најавите првата фабричка хала ќе биде изградена во ноември  годинава, а производствениот процес ќе започне во март 2013 година

     

    -Она што ние го планираме е реалзиација на планираната инвестиција од 20 милиони евра и 2500 вработувања. Наш приоритет ќе бидат квалификувани и мотивирани работници, високообразован кадар и кадар со средно образование. За изградба на нашите капацитети за производство на кабелски инсталации баравме место кое што ќе ги задовли нашите потреби. Патот не донесе токму во Македонија, а во Битола  добивме услови кои ни одговараат, изјави Мартен Пасерн,   оперативен директор на “Кромберг и Шуберт” 

     

    Приемиерот Никола Груевски,  кој денска присуствуваше на поставувањето на камен темелникот на фабриката во ‘Жабени”,  вели дека преговорите со германскиот инвеститор Владата ги започнала во 2007 година. Според него во бизнисот работите не се случуваат преку ноќ,туку понекогаш се потребни повеќе години за да се реалзираат проектите.

     

    -Ова ќе биде најголема гринфилд инвестиција по број на вработувања во поновата историја на  Република Македонија. Исто така овој камен темелник е камен темелник на нова и посветла иднина на целиот овој регион. Во новата фабрика ќе можат да се вработата многу луѓе кои порано работеле во индустријата во Битола, Прилеп, ресен и другите околни места, рече премиерот Никола Груевски.

     

    Од локланата самоуправа во Битола, велат дека во индустриската зона “Жабени” досега  26 инвеститори купели 60 проценти од парцелите за изградба на фабрики,  а веќе следната недела ќе биде  распишан нов тендер за продажба на останатите парцели.



    -------------


    Posted By: JOE
    Date Posted: 03-Jul-2012 at 00:01












    Posted By: JOE
    Date Posted: 02-Oct-2012 at 19:55
    Видео каде има инсерти од изградбата на фабриката на Кромберг и Шуберт

    %20 - http://www.youtube.com/watch?v=xI-N2-Pmyo0&feature=player_embedded

    Слики







    Posted By: JOE
    Date Posted: 07-Oct-2012 at 01:06









    Posted By: gjoko
    Date Posted: 07-Oct-2012 at 01:14
    овие далеку стигнале,браво


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 07-Oct-2012 at 13:57

    За 5 месеци треба да произведуваат, немаат време за чекање


    @ JOE
    Оној патот со кривината, тое е некој пристапен пат до зоната или една од тие полукружните улици во внатрешноста на зоната што ги имаше на старите „рендери“.



    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 07-Oct-2012 at 15:22

    Колку за ориентација... 



    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: JOE
    Date Posted: 07-Oct-2012 at 17:57
    Originally posted by Cloverstack

    За 5 месеци треба да произведуваат, немаат време за чекање@ JOEОној патот со кривината, тое е некој пристапен пат до зоната или една од тие полукружните улици во внатрешноста на зоната што ги имаше на старите „рендери“.


    Да ти кажам точно незнам, сликите ми се преземени, а планирав да одам имаше организиран превоз за посета на жабени ама не стигнав да појдам. Мислам дека се работи за главниот пристапен пат, ама со сигурност неможам да ти гарантирам оти не сум бил на лице место. А ништо чудно и да е пат само за КроШу.


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 09-Nov-2012 at 18:31
    Се асфалтира пристапниот пат во индустриската зона „Жабени“
    Петок, 09 Ноември 2012 17:27

    Градоначалникот на Битола, Владимир Талески денеска присуствуваше на почетокот на инфраструктурното уредување на индустриската зона „Жабени“, односно асфалтирање на пристапниот пат и новиот влез во зоната.



    За реализација на новото сообраќајно решение обезбедена е согласност од Фондот за патишта и 15 милиони денари пари од општината.

    - Под асфалт ќе биде површина од 4.600 квадратни метри во форма на елипса која доаѓа во влезната врата на фабриката на германската компанија „Кромберг и Шуберт“ која веќе вработи 60-тина лица кои се обучуваат во странство. Во следната фаза ќе изградиме тампониран паркинг кој ќе го користат сите што ќе доаѓаат во зоната, истакна градоначалникот Талески.

    Тој потсети дека овој инвестициски проект ќе биде зајакнат со железничкиот приклучок - влез кој е предвиден согласно реконструкцијата и ревитализацијата на железничката пруга Битола-Меџитлија до границата со Република Грција.

    Талевски очекува до Нова година да почне изградбата на три нови фабрики. -Напролет ќе почнеме со вкупно пет нови фабрики во индустриската зона „Жабени“. Овој ангажман ќе овозможи на многу наши сограѓани да им го решиме најголемиот проблем, а тоа е невработеноста, истакна Талески.

    http://kurir.mk/republika/opstini/91407-Se-asfaltira-pristapniot-pat-vo-industriskata-zona-Zabeni- - http://kurir.mk/republika/opstini/91407-Se-asfaltira-pristapniot-pat-vo-industriskata-zona-Zabeni-


    Posted By: JOE
    Date Posted: 09-Nov-2012 at 22:23
    Нов пристап до Жабени







    Видео



    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=tbuaSU4xjA0 - http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=tbuaSU4xjA0


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 28-Nov-2012 at 00:54
    На продажба се нудат уште 16 парцели во Жабени

    Локалната власт од Битола објави оглас за продажба на 16 локации во индустриската зона „Жабени“. На заинтересираните инвеститори им се нудат градежни парцели со површина од 3.579 до 13.102 метри квадратни за изградба на објекти за комерцијални и деловни дејности и за индустриски објекти со намена на производство, дистрибуција и сервис. Вкупната големина на огласеното земјиште изнесува 99.472 метри квадратни. Општина Битола ја проценила вредноста на понудените локации на 900 денари за метар квадратен кај оние со намена за комерцијални и деловни дејности, додека почетната цена на парцелите наменети за производство, дистрибуција и сервис изнесува 61 денари за метар квадратен. Доколку успешно се реализира електронската аукција, тогаш во државниот буџет и во оној на локалната самоуправа ќе се слеат најмалку 18 милиони денари, односно 300 илјади евра. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 27 декември, додека новите инвеститори во индустриската зона „Жабени“ ќе се знаат на 8 јануари 2013 година.

    Од целокупниот простор со вкупна планирана површина од 216 хектари досега се продадоа преку 34 хектари градежно земјиште, што претставува повеќе од половина од планираните парцели во првата од трите фази на реализација на индустриската зона. Германскиот гигант од автомобилската индустрија „Кромберг и Шуберт“ во моментов ја гради http://www.build.mk/?p=16512 - фабриката за производство на кабелски инсталации за автомобили со предвидена површина од 22.500 метри квадратни. Општина Битола константно вложува финансиски средства во изведба на неопходната инфраструктура во рамките на индустриската зона, а државата http://www.build.mk/?p=15805 - со средства од европските ИПА фондови ќе изгради пруга со која индустриските капацитети ќе се поврзат со железничката делница од Битола до грчката граница.

     
    http://www.build.mk/?p=20686 - #
    Објавено на 27.11.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

    Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b0 - Битола , http://www.build.mk/?tag=%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Деловни , http://www.build.mk/?tag=%d0%b6%d0%b0%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%b8 - Жабени , http://www.build.mk/?tag=%d0%b6%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b7%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0 - Железница , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%b7-%d0%b6%d0%b0%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%b8 - Индустриска зона Жабени , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d1%83%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8 - Индустриски , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d1%83%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b7%d0%be%d0%bd%d0%b8 - Индустриски зони , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8 - Комерцијални , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%b4%d0%be%d1%80-10%d0%b4 - Коридор 10Д , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8 - Тендери и лицитации


    http://www.build.mk/?p=20686


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 10-Dec-2012 at 19:55
    Над 150 вработени во „Кромберг и Шуберт“
    Понеделник, 10 Декември 2012 18:38

    Еден од најзначајните проекти за развојот на Општина Битола и регионот, најзначајната инвестиција – проектот „Индустриска зона Жабени“ ги донесе очекуваните резултати. Над 150 граѓани веќе работат во фабриката на светски познатиот бренд „Кромберг и Шуберт“, а дел од нив се обучуваат во опремените работилници во СОУ „Таки Даскало“ во Битола.

    - Вкупно 153 наши граѓани се нововработени, тие се примени, дел од нив веќе работат во „Кромберг и Шуберт“, некои од нив се на обуки во други земји, кај другите фабрики на инвеститорот, но последниве 80 новопримени треба да се обучуваат пред да влезат во фабриката за работа со таа најсовремена технологија. Се договоривме да дојдеме овде и да најдеме простор во СОУ Таки Даскало за да се обезбеди обуката, директорот прифати, а обуката се одвива во соработка со Кромберг и Шуберт, изјави градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески.

    Обуката се спроведува во две смени, а обучувачи се експерти кои ја познаваат технологијата која што се користи во Кромберг и Шуберт. На овој начин, се остварува и соработка на училиштето со фабриката „Кромберг и Шуберт“, што ветува нови придобивки и за училиштето.

    - Многу ми беше мило што можевме да излеземе во пресрет на една реномирана фабрика како што е „Кромберг и Шуберт“, моментно обуката се спроведува во просториите на нашето училиште. Во соработка со градоначалникот и Општина Битола излегуваме во пресрет на компанијата. Во натамошниот период сме подготвени да излеземе во пресрет со кадар и простор и за други инвеститори доколку има интерес. „Кромберг и Шуберт“ во интерес на ваквата соработка ќе донира материјали потребни за училиштето, изјави Владимир Трифуновски, директор на СОУ „Таки Даскало“.

    Соработката ветува можности и за други институции за кои се очекува перспективно да соработуваат со новите инвеститори. На овој начин се решава и долгогодишниот проблем на транзицијата, невработеноста.

    До крајот на март 2013 година во фабриката „Кромберг и Шуберт“ се очекува да се вработат околу 500 граѓани.
    http://kurir.mk/makedonija/vesti/95176-Nad-150-vraboteni-vo-Kromberg-i-Subert - http://kurir.mk/makedonija/vesti/95176-Nad-150-vraboteni-vo-Kromberg-i-Subert


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 12-Dec-2012 at 23:01

    Кромберг & Шуберт

    Фуче  Cheers






    Еве ги и рендерите










    Posted By: axel
    Date Posted: 18-Jan-2013 at 17:54

    Мирсад Јонуз ќе гради фабрика во Жабени

    Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација Мирсад Јјонуз ке гради на индустриската зона жабени во Битола. Денеска доби одобрение да гради фабрика за производство на пластика.

    Одобрение за градба во индустриската зона Жабени денеска е врачено за изградба на фабрика за производство на пластика.

    Инвеститор е Мирсад Јонуз, поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, чиј претставник денеска го прими одобрението најавуви старт на градежните работи штом тоа го дозволат временските услови.

    ,,Ќе се вработат доволен број на луѓе. Со отворањето на градежната сезона ќе се почни да се гради.,,-рече денеска Џевдет Фејзуловски, претставник на инвеститорот.

    Наскоро ќе бидат издадени и други одобренија за градба во Жабени.

    ,,До мај ќе бидат издадени вкупно пет одобренија од општината. Покрај Кромберт и Шуберт идната градежна сезона очекуваме изградба на нови седум фабрики.,,-рече Владимир Талевски, градоначалник на Битола.

    Одобрението за градба на фабриката за пластика е трето по ред во зоната Жабени, по одобренијата за градба на фабриката ,,Кромберт и Шуберт,, која веќе работи и вработува 200 лица и една млекарница која чека средства од ИПА фондовите.

    http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=104243


    Posted By: axel
    Date Posted: 20-Jan-2013 at 20:18

    Во индустриската зона Жабени ќе никне и хотел

    Голем хотел ќе никне во индустриската зона Жабени кај Битола, соопштуваат локалните власти, но не кажуваат кој е инвеститорот и каков тип на хотел ќе се гради. Велат дека хотелот ќе ги опслужува потребите на бизнисмените, посетителите и минувачите.

    Во индустриската зона Жабени, освен фабрики ќе се гради и голем хотел, соопштија од општина Битола. Парцелата е веќе продадена, но надлежните не соопштуваат кој е инвеститорот и каков тип на хотел ќе се гради.
    ​​
    Ќе се појави вистинска потреба и за деловен простор. Очигледно е дека таму ќе се заинтересираат дел од банките да имаат свои претставништва. Ќе се отвори простор за деловни објекти кои ќе им даваат услуги на инвеститорите.
    Владимир Талески, градоначалник на Битола.
    „Индустриската зона Жабени главно има намена за стопанство, но во еден дел има и комерцијални објекти. Таму и за хотели е едно евро со наддавање. Летото минатата година беше продадена парцела за хотел, уште инвеститорите немаат дојдено со барање да добијат одобрение за градба. Тие наддаваа, си ја купија парцелата, договорот е солемнизиран. Каков ќе биде хотелот не знам се додека не го донесат проектот“, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески. 

    Запрашани која е потребата меѓу фабрики да има и хотел, од општина велат дека тој ќе ги опслужува потребите на бизнисмените, посетителите, минувачите.
    ​​
    „Ќе се појави вистинска потреба и за деловен простор. Очигледно е дека таму ќе се заинтересираат дел од банките да имаат свои претставништва. Ќе се отвори простор за деловни објекти кои ќе им даваат услуги на инвеститорите. Но, досега немам сознанија дали тоа токму ќе се случува во тој хотелски комплекс“, вели Талески.

    Од општината додаваат дека во хотелот ќе можат да престојуваат и работниците, иако најголемиот дел од нив, според најавите ќе бидат битолчани со место на живеење оддалечено на неколку километри. Досега во Жабени се продадени 49 парцели, па за продажба останува уште една третина од зоната. Сепак, фабрика има изградено само германската компанија „Кронберг и Шуберт“. 

    Освен во Жабени, парцела за градба на уште еден хотел е продадена на растојание од пет километри во близина на граничниот премин Меџитлија каде се очекува да биде отворено и казино, па да се привлечат посетители од Грција.

    „Очекувам во идниот период и тие да побараат одобрение за градба. Мислам дека е голема придобивка зашто на тој начин се зголемува конкуренцијата, инвестициите и можностите за вработување“, вели Талески.

    http://www.makdenes.org/content/article/24878643.html?utm_source=daily.mk


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 30-Mar-2013 at 15:52
    сабота, 30 март 2013, 14:38

    Македонија
    „Кромберг и Шуберт“ го испрати првиот контигент извоз за Романија

    Во присуство на премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Битола Владимир Талевски, денеска од фабриката за автомобилски делови „Кромберг и Шуберт“ замина првиот контингет кабли за автомобилите „Миниморис“ и „БМВ“

    Првиот контингент кабли е за извоз во Темишвар, Романија. Од страна на главибнот менаџер, Груевски беше информи дека до сега во фабирката се вработени вкупо 360 работници а од понеделник со работа ќе почнат нови 40 вработени. Според планот за фабриката, до крајот на годинава во „Кромберг и Шуберт“ треба да се вработат 1000 битолчани кои заедно со останатите вработени ќе започнат со производство на кабли за автомобилскиот гигант „Ауди“.
    Автор:М.М.
    http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=16112 - http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=16112


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 26-May-2013 at 17:38
    80 нови работници во Кромберг и Шуберт



    Фабриката на германската компанија Кромберг и Шубер“ во индустриската зона Жабени, Битолско викендов вработила нови 80 работници.

    Тие со работа ќе почнат утре, со што вкупниот број вработени во оваа ќе достигне 580 лица, пренесе Нова Македонија.Од новопримените повеќето се со средна стручна подготовка.

    Фабриката каде се произведува автомобилска опрема кон крајот на март почна со извоз на првите производи за автомобилските гиганти БМВ и Мини Морис. Инвестицијата во Македонија е проценета на 20 милиони евра, а на промоцијата пред неколку месеци беа најавени над 2.000 вработувања.

    http://lider.mk/2013/05/26/80-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B3-%D0%B8-%D1%88%D1%83%D0%B1%D0%B5%D1%80%D1%82/ - http://lider.mk/2013/05/26/80-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B3-%D0%B8-%D1%88%D1%83%D0%B1%D0%B5%D1%80%D1%82/


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 11-Jul-2013 at 23:18
    битолчани кај сте?само ја ќе ви пишам

    четврток, 11 јули 2013, 13:47

    Македонија
    Во “Кромберг и Шуберт“ вработени нови 200 работници

    Бројот на новите вработени битолчани, кои најдоа работа во германскиот гигант за автомобилската индустрија “ Кромберг и Шуберт” постојано се зголемува

    Со вработувањето на новите над 200 вработени во изминатите два месеци бројот на вкупно вработените битолчани во “ Кромберг и Шуберт”   се искачи над 750.
    Според зборовите на првиот човек на индустриската зона “Жабени“ Сашо Илковски, најголемиот број од новопримените работници се главно оператори, со средна стручна подготовка, кои   веднаш ќе бидат директно вклучени во процесот на производство на фабриката.
    -Во “ Кромберг и Шуберт “ постојано има отворен конкурс за прием на нови работници со средна стручна подготовка. На огласната табла пред капијата на фабриката нон стоп се објавуваат огласи за прием на оператори. Со последните вработувања моментно вкупниот број на вработени лица во “ Кромебрг и Шуберт “ сега изнесува над 750 работници, со тенденција нивниот број постојано да се зголемува, вели директорот на индустриската зона “ Жабени “ Сашо Илковски.
    Според зборовите на првиот човек на индустриската зона “ Жабени “ Сашо Илковски најголемиот дел од производството на автомобилски кабли се пласира на пазарот во Романија, каде “ Кромберг и Шуберт “ има уште една фабрика, за конфекционирање на кабли, наменети за потребите на автомобилите “БМВ Х 1” и “ мини морис”, а наскоро покрај за потребите на “БМВ Х 1” и “ Мини Морис” наскоро во “ Кромберг и Шуберт” ќе започне производството на кабли за потребите на возилата од марките “ мерцедес” и “ ауди”
    Инаку се очекува во фабриката на “ Кромберг и Шуберт “ во наредните месеци бројот на ново вработените лица да достигне над 1000 работници.   
    Автор:М.М Фотографија:Нова Македонија
    http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=21106 - http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=21106


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 03-Aug-2013 at 16:00

    Индустриската зона во Жабени бележи пораст на вработувањатa

     

    Околу 750 лица досега се вработени во фабриката на германскиот гигант од областа на автомобилската индустрија „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“. Вработените во оваа зона во близина на македонско-грчката граница главно се битолчани, но доаѓаат и од другите градови во регионот.

    - Во моментот „Кромебрг и Шуберт“ располага со околу 750 вработени. Бројка која и претходно е планирана од нивна страна, со тенденција овој број да се зголемува и во иднина - вели директорот на ЈП за стопанисување со индустриската зона „Жабени“ Сашо Илковски.

    Се очекува трендот на нови вработувања да продолжи, а во меѓувреме се издадени и нови одобренија за градба на фабрики.

    - Очекуваме до крајот на оваа година да бидат 1000 вработени, следната година уште 1000, и таа после неа уште 500 само во „Кромберг и Шуберт“. Инаку, до овој момент имаме издадено пет одобренија за градба на фабрики - вели Владимир Талески, градоначалник на Битола.

    Зоната располага со соодветна инфраструктура во која и натаму ќе се вложува, а со железничко поврзување ќе се намалат трошоците за транспорт и ќе се зголеми конкурентноста.

    - Претставници на ЕУ беа на лице место овде во врска со реконструкцијата на железничката пруга Битола – Кременица - вели Илковски.
    Инвеститорите кои досега решија да вложат во „Жабени“ работат во областа на прехранбената индустрија, производството на пластика и пластични делови.

    http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=13900


    -------------


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 24-Sep-2013 at 21:02

    Општината создава услови за инвеститорите во Жабени

    Вторник, 24 Септември 2013 17:52

    USLOVI_ZABENI_002

    „Се работи за асфалтирање на влезот во Жабени, првата улица до првата изградена фабрика, како и паркинг просторот. Се што се однесува на јавните површини во овој дел се обезбедува преку финансиските средства на општината, а она што е предвидено во проектите го обезбедуваат инвеститорите. Ова беше зацртано и се завршува навреме. Се работи за паркинг простор околу 5000 м² и улица во должина од 700 метри. Како што гледате Кромберг и Шуберт веќе го активира и своето сменско работење и овој дел им беше многу потребен, токму затоа го обезбедуваме и паркинг просторот, а после ова следува и хортикултурно уредување на просторот. Овој проект претставува голем подвиг за општина Битола и целиот регион, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

    USLOVI%20ZABENI%20004

    Во Индустриската зона Жабени во моментот во фабриката на Кромберг и Шуберт веќе се вработени 836 граѓани, а во декември се очекува да бидат вработени уште 200 граѓани со што ќе биде надмината предвидената бројка на вработувања до крајот на 2013 година. Во 2014 година во Кромберг и Шуберт предвидено е да се вработат уште 1000 граѓани, а во 2015 уште 500. Доколку динамиката се одвива според досегашните проекции во следната фаза се очекува изградба на уште една хала во фабриката и вработување на уште 1500 граѓани во Кромберг и Шуберт.

    Во зоната продадени се 48 парцели на 28 инвеститори, а издадени се 6 одобренија за градба" рече д-р Владимир Талески градоначалник на Битола.


    [tube]MDydyrP9_jY[/tube]

    http://www.tera.mk/2013092470729/aktuel/opshtinata-sozdava-uslovi-za-investitorite-vo-zhabeni


    -------------


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 28-Sep-2013 at 15:11

    Во „Кромберг и Шуберт“ се работи во три смени – најавени нови вработувања


    Германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ кој се распосла на парцела во индустриската зона Жабени, работи со полна пареа, објавува Нова Македонија.

    Зголемените нарачки за кабли за автомобилската индустрија диктираат и ново темпо, па  во „Кромберг и Шуберт“ се работи буквално во три смени.

    Раководството во фабриката и локалната самоуправа ги дематираат шпекулациите дека наводно голем број вработени даваат откази бидејќи се незадоволни од условите за работа и од германската дисциплина, информирајќи дека напротив, постојано расте бројот на вработени.

    “Во моментов во „Кромберг и Шуберт“ се вработени вкупно 836 лица, а до декември се очекува да бидат вработени уште 200 нови работници, со што ќе биде надмината предвидената бројка на вработувања од 1.000 лица до крајот на 2013 година, која беше поставена со бизнис-планот на раководството на фабриката”, вели битолскиот градоначалник Владимири Талески за Нoва Македонија.

    Од Општина Битола велат дека очекуваат од следната година во фабриката да се вработат уште најмалку 1.000 лица, а вкупниот број вработени до 2015 година да се заокружи на 2.500 работници.

    -Во „Кромберг и Шуберт“ тврдат дека на тоа нема да застанат со вложувањето во индустриската зона Жабени. Имено, според информации од овој гигант, сопствениците на „Кромберг и Шуберт“, кои наскоро ќе пристигнат во Битола и ќе присуствуваат на свеченото отворање на фабриката, планираат во индустриската зона да изградат уште една фабрика, во која ќе бидат вработени уште 2.500 работници. За реализација на таквите планови тие веќе имаат купено градежни парцели во непосредна близина на првата фабрика, пишува Нова Македонија



    -------------


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 16-Oct-2013 at 16:02
    Германската инвестиција "Кромберт и Шуберт" свечено ќе биде отворена во петок
    Фабриката "Кромберг и Шуберт", ќе биде свечено отворена во петок во индустриската зона Жабени во Битола.
    На свеченоста свое обраќање ќе имаат Ханс Отто Кромберг сопственик на „Групацијата Кромберг и Шуберт ГмбХ“, премиерот Никола Груевски, министерот задолжен за странски инвестиции Веле Самак како и градоначалникот на Битола Владимир Талески.

    „Кромберг и Шуберт“ е германска фамилијарна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Со над десетина илјади вработени низ цел свет фирмата развива и произведува високо технолоши производи, како кабли, кабловски исталации, пластична технологија и мехатроника.


    -------------


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 23-Oct-2013 at 14:55

    „Жабени“ доби нов жител, грчката компанија „Виндор“

    Во индустриската зона во Битола, „Жабени“ денеска се поставија темелите на уште една фабрика, специјализирана за производство на врати и прозорци од ПВЦ и алуминиум.

    Станува збор за грчката компанија „Виндор“ од Лерин.

    На свеченоста присуствуваше и сопственикот Костас Мицопулос, чии сеемен бизнис датира од 1974 година.

    „Објектот брзо ќе го изградиме. На почеток ќе биде на површина од 340 метри квадратни, а конечната форма ќе биде поставена на 2.500 метри квадратни. Веднаш ќе се вработат 20 лица, а потоа ќе се зголемува бројот на нововработени во зависност од потребите на компанијата. Ќе продаваме во Македонија, а ќе извезуваме и во Грција. Тешко време е да се инвестира, но треба да се инвестира, бидејќи ако застанеш, тогаш нема развој. Инвестирав бидејќи тука има добри луѓе“, истакна Мицопулос.

    Грчката инвестиција е втора по ред во зоната „Жабени“ по влезот на гигантот „Кромберг и Шуберт“.



    -------------


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 23-Oct-2013 at 20:26
    [tube]2hNBK8t54-4[/tube]

    -------------


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 27-Apr-2014 at 17:40

    Бизнисмен од Австралија во Жабени ќе гради фабрика за чипс

    За две недели ќе започне изградбата на фабрика за чипс во ИЗ ''Жабени'' во Битола, а инвеститор е австралиски бизнисмен по потекло од Битола, кој дванаесет години работи во оваа држава

      За две недели ќе започне изградбата на фабрика за чипс во ИЗ "Жабени" во Битола, а инвеститор е австралиски бизнисмен по потекло од Битола, кој дванаесет години работи во оваа држава. Инвестицијата во прва фаза ќе чини околу два милиони австралиски долари и за почеток ќе бидат  вработени 70 лица. Ова денеска во ``Жабени`` го најави полномошникот на австралискиот инвеститор при средбата со првите луѓе на индустриската зона и претставниците на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции.

    - За две недели, кон средината на мај, треба да започнеме со изградбата на фабриката. Во првата фаза го градиме производниот дел на фабриката, а во втората фаза ќе се гради ладилник со магацин за компири - рече м-р Владо Поповски, ополномоштен претставник на автсралискиот бизнисмен.

    Од Австралија во ИЗ"Жабени" ќе инвестираат тројца бизнисмени со македонско потекло, а од Агенцијата највуваат и нови странски инвеститори.

    - Мислам дека во "Жабени", за многу скоро, ќе има и нови странски инвеститори кои ќе придонесат за овој регион да се креираат нови работни места и економски развој, секако - рече Климент Шеќеровски, заменик директор на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции.

    Во "Жабени" германскиот индустриски гигант "Кромберг и Шуберт" веќе работи со 1.300 вработени, а од 28 потенцијални инвеститори во зоната со купени 48 парцели, деветмина добија дозволи за градба.

    http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=75598#.U10yv1dIGk8 - извор


    -------------


    Posted By: Razbirash
    Date Posted: 28-Apr-2014 at 21:28
    Што плати даваат Кромберг и Шуберт?Има ли 200 евра или минималец?


    Posted By: ovaj_stariov
    Date Posted: 28-Apr-2014 at 21:31
    Почетна плата кај обичен работник започнува со минималец, но колку што разбрав после третиот месец имало поакачување па на 6 месеци и така. Ова онака неофициално од пријатели

    -------------
    build.mk, гради форумска историја


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 28-Apr-2014 at 21:35
    и да се исполнат сите најави за фабрикиве,крајниот ефект ќе биде една појава опишана во капиталот на Маркс-работници по фабрики работат за минималец, и несмеат да писнат.

    А замислете кај нас тоа е плафонот што можиме да го добиеме.Значи без тоа е бетер,масовна невработеност


    змија или магаре


    Posted By: daci92
    Date Posted: 29-Apr-2014 at 00:26
    Originally posted by Razbirash

    Што плати даваат Кромберг и Шуберт?Има ли 200 евра или минималец?

    Јас колку што разбрав некој почнуваат со 9 ,некој со 10 некој со 12 (ова зборувам за работниците и е зависно според квалификациите) и потоа следат покачувања во зависност од ефективноста и напредокот но не се многу големи.
    Ова важи за претежно сите компании што дојдоа во Македонија.


    Posted By: stratus
    Date Posted: 29-Apr-2014 at 09:22
    Почетна плата е минималец и покачување има само за прекувремено или за работење во втора смена. Инжинерите кои се малку на број земаат од 15-25илјади, додека неколкуте менаџери по 40тина. Ваквите фабрики и мене не ми се мили, но добро е да има по некоја во секој град, чисто за одреден меѓупериод за стекнување на искуство и не седење без никаква плата. Не би ми било ќеф доколку сите невработени што ги има, а бараат работа во земјава, вака би се вработиле. Условите за работа биле релативно добри, имало ред и оброк во работното време.
    Инаку моментално се вработени 1200-1300 работници и како што чув за ветената бројка од 2500 мака мачат да најдат во битолскиот регион па носеле работници од Прилеп, Ресен..


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 29-Apr-2014 at 12:10
    Во држава со 30% невработеност нормално е дека фирмите ќе дават минималец. Добро е што почнаа да се отварат скоро во сите региони во Македонија, така што со намалување на навеработеноста автоматски ќе почнат да се качуват и платите. 


    Posted By: daci92
    Date Posted: 29-Apr-2014 at 13:40
     Култизин тешко дека така ќе покачиме плати ,плати се покачуваат со добри синдикати и добра организација на вработените а воедно и комуникација со државата, платите сами по себе со зголемувањето на вработеноста нема да се качат барем не на задоволително ниво ,туку можеби некој 20-25% би се покачиле кај овие минималциве (се што е испод 15 треба да се смета за минималец) кај другите сметам дека засега не треба да се покачуваат бар додека не се добие некоја приближна сума на сите а не разликата да биде 300%.

    Инаку без домашни компании кој ќе даваат солидни плати и работа за едуциран кадар џабе ни се овие компани кај кој би можеле да стекнеме знаење и искуство бидејќи немаат конкуренција и строго диктираат плати на пазар. Но секако позитивно е бар да ја намалиме невработеноста бидејќи таа е најголемиот извор на сиромаштијата моментално во државава.


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 30-Apr-2014 at 18:05

    Даци покрај тоа што во регионите каде што доаѓаат овие фирми се намалува невработеноста и се зголемува куповната моќ, според мене можеби и најбитен фактор е дека овие фирми воведуваат други стандарди на работа кои подоцна би требале да бидат пример и за нашите работодавци. Значи секаков вид на осигурување на вработените, дисциплина и хигиена на работно место, заштита при работа и слични работи кои верувам дека ќе се спроведат приближно на Германските стандарди. Исто така во овие фирми ќе се обучат луѓе некој за поедноставни но некој и за менаџерски и инженерски функции, значи во овој дел што  е многу битно може да се подобрат условите за практично образување на средношколци и студенти. Потоа се зголемуваат и можностите на нашите домашни фирми за пласирање на своите производи за потребите на овие компании а зошто да не за снабдување и на оние филиали кои се надвор од Македонија. Исто така треба да се земаат предвид и сите оние кои секојдневно вршат некоја услужна дејност а тоа се превозници и снабдувачи на храна. Освен тоа овие фабрики некој ги гради и одржува така да и во тој дел има луѓе кои имале некоја добивка. Исто така со зголемување на бројот на вакви компании се зголемува и потребата и исплатливоста за изградба на инфраструктура. Да не зборувам дека луѓето што зимаат плата од овие фирми своите пари некаде ги трошат и тн. и тн. Ова се оние придобивки кои во моментов ми паднаа на памет.

    За платите може да се дискутира, како и за исплаќањето на прекувремената работа. Може и да се дискутира за тоа што овие неколку фирми се исклучиво трудови и најголем дел од вработувањата се ниско квалификувана работна сила., а продуктите немаат некоја голема додадена вредност ниту пак некој "know how". Но според мене тоа е и некој    природен развој на една држава, сликовито кажано период кога учиме да зборуваме и одиме, после тој период логично би било да учиме и да пееме и трчаме. А тој период се најавува со фирмата  со фирмата најавена во Велес (Маркард или така нешто се викаше неможам да се сетам во моментов)

    Така да како и да завртиш овие фирми се добредојдени во Македонија се додека се држат на законите и екологијата .



    Posted By: daci92
    Date Posted: 30-Apr-2014 at 22:42
    Секако дека се добредојдени ,но нас ни се потребни фирми кој ќе даваат готов производ од тука. Моментално Ванхол најавува такво нешто (со тоа што се гради фабрика во Штип на наша фирма која ќе произведува школки за автобусите) и што според некој муабети ќе се шири наскоро (за 1-2 години). Ги знам и јас придобивките и тие се многу поголеми ,ама во функционална економија и доколку нашите компании можат да понудат сервисни услуги.
    Инаку обично транспортерите добро заработуваат од овие компании , случајно познавам еден транспортер кој работи/работел за компанија во бунарџик и беше презадоволен ,односно вика дека од таа фирма го заработува лебот и плаќа даноци ,а другите му се како некоја дополнителна заработка.


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 30-Apr-2014 at 23:11


    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 30-Apr-2014 at 23:25
    Originally posted by daci92

    Секако дека се добредојдени ,но нас ни се потребни фирми кој ќе даваат готов производ од тука. Моментално Ванхол најавува такво нешто (со тоа што се гради фабрика во Штип на наша фирма која ќе произведува школки за автобусите) и што според некој муабети ќе се шири наскоро (за 1-2 години). Ги знам и јас придобивките и тие се многу поголеми ,ама во функционална економија и доколку нашите компании можат да понудат сервисни услуги.
    Инаку обично транспортерите добро заработуваат од овие компании , случајно познавам еден транспортер кој работи/работел за компанија во бунарџик и беше презадоволен ,односно вика дека од таа фирма го заработува лебот и плаќа даноци ,а другите му се како некоја дополнителна заработка.


    Даци ти пишав и погоре прво се учи одење а после се трча. Значи за да правиш готови производи потребно е да имаш прво доволно фирми што ќе произведуваат полупроизводи. Па види нашите фирми неможат да ги снабдат ниту овие додавувачи со потребни делови а не пак да се потпрат со фирми кои ќе произведуваат готов производ. Освен тоа а можеби и поважно е образованието. Се разбира дека е најдобро да се произведува готов производ кој има и најголема додадена вредност но за да се дојде до тој степен прво треба да го поминеме овој процес кој моментално се случува со Македонија. 



    Posted By: JOE
    Date Posted: 02-Sep-2014 at 15:20






               
    Се бара работник повеќе во германската „Кромберг и Шуберт“




         
    Досега во фабриката се вработени вкупно над 1.950 работници и, ако се знае дека неделно во фабриката се вработуваат по најмалку триесетина нови работници, постојат реални услови во текот на идната недела да ја достигнеме бројката од вкупно 2.000 работници, велат во компанијата




         
    Осумстотини деца на вработените ја посетија компанијата

    Зоната „Жабени“ го размрда пазарот на трудот во Битола

    Во наредните неколку дена бројот на вработените во германската фабрика „Кромберг и Шуберт“, која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“, ќе достигне 2.000 работници. Според информациите од компанијата за изминатите 8 месеци од крајот на минатата 2013 година, во оваа фабрика се вработени околу 1.200 нови работници.

    - Досега во фабриката се вработени вкупно над 1.950 работници и ако се знае дека неделно во фабриката се вработуваат по најмалку триесетина нови работници, постојат реални услови во текот на идната недела да ја достигнеме бројката од вкупно 2.000 работници - велат од „Кромберг и Шуберт“.
    Се вработуваат работници од разни профили, но најголемиот број од нив се со средна стручна подготовка. „Кромберг и Шуберт“ секојдневно во Агенцијата за вработување и на огласната табла објавува огласи за нови вработувања, а речиси секој ден се спроведуваат интервјуа со кандидатите за вработување.

    Во компанијата не кријат дека во завршна фаза се подготовките за организирање голем музички хепенинг во Градскиот парк, со што и официјално ќе биде означено вработувањето на двеилјадитиот работник.

    Школски прибор за децата на вработените

    Строго држејќи се до германската прецизност и темелност, во „Кромберг и Шуберт“ ништо не се препушта на случајот, па така и реализацијата на амбициозниот проект за 2.000 вработувања ќе биде одбележан на специфичен германски начин, во природа, со музички хепенинг во кој ќе земат учество дечињата на сите вработени. На тој начин, како и со организирањето на заедничкиот ручек што во изминатите три дена оваа компанија го организира во кантината на фабриката за над 800 деца на вработените, како и доделувањето на школски прибор за сите нив пред почетокот на новата учебна година, „Кромберг и Шуберт“ на најдобар начин покажува дека покрај тоа што се грижи на вработените да им овозможи добри услови за работа, многу води сметка и за семејната традиција и за фамилијарните врски на сите вработени.

    Во компанијата се водат од филозофијата дека само среќен работник, кој има хармонизрана семејна врска, може да го даде својот максимум во процесот на производство. Таму се свесни дека работник што има семејни проблеми никогаш не може да се внесе доволно во работата и да го даде својот придонес во производството.

    - При прошетката на одредени клучни места во погонот, претставници од раководството на фабриката на конкретни оддели им го објаснуваа процесот на производство, а посетите завршуваа со заедничко дружење и со забава во кантината на фабриката, каде што децата цртаа, се дружеа и меѓусебно подобро се запознаваа - нагласуваат во „Кромберг и Шуберт“, каде што не кријат дека постојаното подобрување на работната атмосфера, зајакнувањето на тимскиот дух и колегијалноста, како и грижата за вработените остануваат врвен приоритет за менаџментот на фабриката.

    Ќе се произведуваат кабли за „Ауди“

    Инаку, во фабриката моментно се произведуваат кабли за автомобилската индустрија за возилата „мини морис“, „бмв“ и „мерцедес“. Додека порано каблите што се произведуваа во „Кромберг и Шуберт“ одеа на доработка во Романија, сега комплетно е заокружен процесот на производство и сите кабли што се произведуваат се пласираат на странските пазари. Наскоро во „Кромберг и Шуберт“ ќе почне производството на кабли за возилата на „Ауди“, со што уште повеќе ќе се зголеми производството, а тоа ќе придонесе до ново зголемување на бројот на вработените.

    Во „Кромберг и Шуберт“ не кријат дека доколку продолжи ваквиот пораст на производство наскоро бројот на вработените ќе достигне до 3.500 работници, по што оваа фабрика ќе биде компанија со најголем број вработени во земјава, многу повеќе отколку што во моментот вработува РЕК „Битола“.
    Имено, „Кромберг и Шуберт“ е германска семејна фабрика со над 110-годишна традиција, која моментно вработува над 27.000 работници во 22 држави во светот.

         
    Автор: Менде Младеновски

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82614192716&id=9&prilog=0&setIzdanie=23260#.VAAfrLUSbHM.facebook     


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 02-Sep-2014 at 15:34
    ЗНае некој какви се условите на работа во Кромберт , плати , работно време , одмор.


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 02-Sep-2014 at 17:42
    Битола има ментален проблем како и Кичево поради термоелектраните.Имено во РЕК Битола работат над 3000 луѓе а платите им се многу големи во споредба со останатите државни институции.

    ВО РЕК Осломеј најниска плата има чистачка која зема 25 000 денари,а кај нас инспектор во крим полиција со се стаж зема 23-24 000 денари.Инженерите кои одат по смени земаат над 50 000 денари.

    Е што е проблемот.проблемот е што тие што не се вработени во рек-овите кога ќе им се понуду работа во фабрика како Кробмерт за 12-15 000 денари несакаат да чујат за тоа.не прифаќаат и се надеваат дека некако ќе влезат во електраните преку пријатели,партии(тука најчесто користат уцени пред избори),......и нормално се ствара љубомора.

    Дополнително тензијата ја креваат вработенитево електраните кои се однесуваат да речам `неконтролирано`.Скоро сите одат на работа со коли наместо со фабричките автобуси(така им било `поевтино),по цел ден се по кафани,трошат без милост,а многу од нив од бес почнаа да се коцкаат.

    Тоа предизвикува голема завист кај останатите граѓани и све потешко можат да се најдат работници за по проватните фирми.

    Сите без исклучок одбиваат со зборовите-јас да работам за 200 евра а оние од РЕК-от да беснеат од пари?

    Моментално во кичево најзаглавени во кредити се баш вработените во РЕК-от.Изгубија компас за реален живот и влегуваат од еден во друг кредит.Повеќе од половината воопшто не земаат плата,бидејќи скоро целата им оди на кредити.



    Print Page | Close Window