Print Page | Close Window

[Р-1106] Скопје * - Македонски Брод

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1237
Printed Date: 27-Apr-2024 at 18:14


Topic: [Р-1106] Скопје * - Македонски Брод
Posted By: lslcrew
Subject: [Р-1106] Скопје * - Македонски Брод
Date Posted: 11-Sep-2008 at 23:07

ИСПРАВЕНА НЕПРАВДАТА КОН 55 СЕЛА ОД ПОРЕЧКИОТ КРАЈ


Ќе се гради пат до Порече преку Јасен


Желбата на скопјани со потекло од Порече да добијат директен пат од главниот град до Македонски Брод, станува реалност. До почетокот на октомври Агенцијата за државни патишта ќе распише домашен тендер за избор на изведувач на 8,4 километри долгиот пат кој ќе минува по старата траса на резерватот Јасен. Од Агенцијата велат дека Владата ја одбра поевтината варијанта која ќе минува низ државно земјиште со што се избегнуваат трошоци за експропријација на земјиштето.
- Завршен е проектот за изградба на патот Македонски Брод - Скопје, треба да следи тендер за избор на изведувач, кој би го изградил патот за седум до осум месеци. Со тоа Македонски Брод ќе биде приближен до Скопје. Станува збор за локација која ќе поминува низ резерватот Јасен и мислам дека Владата е во право што ја дозволи трасата бидејќи претходните влади ја избегнуваа - ни изјави градоначалникот на општина Македонски Брод, Милосим Војнески.

Со овој зафат ќе се доизградува регионалниот пат К1 и тоа од месноста Коломот до мостот кај село Близанско. Од Агенцијата велат дека секоја друга варијанта која би го заобиколила резерватот ќе беше подолга за дваесетина километри и ќе бараше време за пробивање на патот и средување на имотноправните односи со жителите.
Поречани се задоволни што по десет години упорно барање успеаја да ја исправат неправдата која е нанесена кон 55 села од поречкиот регион по запирањето на патот кој водеше низ резерватот Јасен со кој стопанисува Министерството за одбрана. Со доизградбата на овој пат патувањето на поречани до Скопје би се скратило за најмалку еден час, а се добива и нова патна врска со Кичево и Прилеп..

http://vecer.com.mk/?ItemID=FA8C0C1D4BAC1A4CBAA7651432D2F455



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Sep-2008 at 23:14
Зашто мислам дека селото Близанско требаше да биде потопено?! Инаку тој мост што се спомнува е мостот на езерото Козјак. Ај ако може да обележи које таа траса по која треба да биде патов.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 12-Sep-2008 at 09:00
Стварно одлична вест. Патот почнува од пред Драчево, па Марков Манастир, Нова Брезница, Јасен.... Ќе пробам да се снајдам на ГЕ, но и да го обележам.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 12-Sep-2008 at 09:51
Еве како мислам дека ќе оди патот. Последните 2 прави линии се моја намерна импровизација бидејќи резолуцијата на тој дел на МК во ГЕ е очајна, па несакав да нагаѓам како би одел патот. Во секој случај патов оди од Марков Манастир преку каменоломот на Усије кај Говрлево па кај патот што се одвојува за Матка 2 продолжува за Нова Брезница каде се двои за браната Козјак и Јасен. Знам дека од Брезница до Јасен има уште 10тина км па тамо моментално има рампи. Понатака импровизирав но мислам се добива отприлика слика за патот.




Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 12-Sep-2008 at 13:52
prekrasna vest no so golemo zadocnuvanje, makedonski brod e veke mrtov grad.. se nadevam deka vo dogledno vreme ova patna mreza ke donese investicii vo porece.

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Oct-2008 at 15:39
Cheers

Јавен повик за изградба на патот од Скопје до Поречје

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/42491/avtopat.jpg">

Агенцијата за државни патишта објави јавен повик за избор на најповолен понудувач за изградба на регионалниот пат К1-Р-104 и реализацијата на врската со Р-104, од Коломот до мостот кај село Близанско.

Како што соопштуваат од министерството за транспорт и врски оваа одлука ја донела денеска Владата, а се очекува изградбата на регионалниот пат К1-Р-104 и реализацијата на врската со Р-104, од Коломот до мостот кај село Близанско  кој е во должина од 8,4 километри да започне на 30 јануари 2009 година и да заврши на 30.07.2010 година.

По изградбата на ХЕЦ „Козјак“ и нејзиното пуштање во работа, беше потопен  локалниот пат кај мостот Здуње, до Коломот, кој претставуваше единствена патна врска на месното население од Поречје кон Скопје. Заради тоа за патување од Скопје кон Поречје се користат обиколните патишта преку Прилеп или Кичево, кои се со приближна должина од по 200 километри. По изградбата на патот од Скопје до Поречје, драстично ќе се намали времето за патување на оваа релација и ќе се реши овој горлив проблем за жителите кој не бил решен во изминативе 18 години.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=42491&kategorija=2


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Mar-2009 at 16:08
Патот Македонски Брод - Скопје пократок за 150 километри



Македонија
По многу години исчекување поречанци го дочекаа почетокот на изградбата на патот што ќе го поврзува овој крај со Скопје. Првата делница од 89 километри од мостот Близанско до Коломот ќе ја гради АД „Бетон“. Оваа делница ќе биде со две сообраќајни ленти и ќе овозможи скратување на патот од Македонски Брод до Скопје, преку Кичево од сегашните 200 на 40 километри. Градежните работи треба да завршат за 18 месеци. Целиот проект ќе чини над половина милијарда денари. Патот ќе овозможи заживување на регионот, како и побрза и полесна комуникација на граѓаните од Македонски Брод и од Прилеп со Скопје.

Почетокот на работите го означи премиерот Никола Груевски со поставување на камен-темелникот на трасата кај мостот Белица на езерото Козјак. Тој воедно го најави и почетокот на владината програма за инвестиции од 8 милијарди евра во изградба на инфраструктурните објекти.

За годинава, рече тој, планирани се уште 16 делници на регионални патишта во земјава. Тој за две недели го најави почетокот на изградбата на делницата Радовиш - Струмица, Куклиш - Банско, на обиколницата кај Охрид и на патот до скицентарот Кожув.

- Ова е почеток на решавањето на најголемиот проблем на поречанци. Ова е реализација на едно наше ветување. Со овој пат почнува инвестицискиот циклус за изградбата на проекти што ќе бидат основна на висок и одржлив раст и подобрување на стандардот на граѓаните - рече премиерот Никола Груевски.

Изградбата на патот од Белица до Скопје се реализира со средства од Агенцијата за патиштата, а соинвеститор со 25 отсто учество е и АД ЕЛЕМ.

- Оваа делница ќе ја олесни комуникацијата и со неа се остварува сонот за изградба на патот Виа игнација. Тој ќе овозможи стопански и демографски развој на регионот - рече Влатко Чинговски, директор на ЕЛЕМ.

Наташа Волкановска, директорка на агенцијата, рече дека за реализација на сообраќајните проекти се обезбедени 120 милиони евра од заеми и 50 милиони евра од буџетот.





http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=335&ArticleID=19706


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Apr-2009 at 13:22
Денеска започнува реконструкција и на регионалниот пат Илинден-Калуѓерец Р-10.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Apr-2009 at 13:32
Originally posted by lslcrew

Денеска започнува реконструкција и на регионалниот пат Илинден-Калуѓерец Р-10.

Р-104

Сите „Р“ патишта имаат троцифрена идентификација.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Apr-2009 at 13:47
Епа ондак новинариве имале грешка!

Требеше да си проверам ја пред да постирам! Bash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Apr-2009 at 12:40
ЗА ПОДОБРА СООБРАЌАЈНА ИНФРАСТРУКТУРА
Се реконструира патот од Илинден до Калуѓерац

Кај крстосницата меѓу патот за Драчево и за селото Батинци почна реконструкцијата на дел од регионалниот пат Илинден - Калуѓерец во должина од 19 километри. Патот Р-104 ќе ги поврзува општините Илинден, Кисела Вода, Сопиште, Зелениково, Студеничани и Македонски Брод, како и повеќе населени места. На него ќе се изврши надградба на асфалтниот коловоз од крстосницата кај село Батинци до село Говрлево и надградба на патот кон „Марков манастир“. За реконструкцијата се обезбедени 144 милиони денари. Градежните работи ќе бидат завршени во наредните пет месеци, а ќе ги изведува градежната фирма „Алпина баот“. Премиерот Никола Груевски, кој го означи почетокот на работите, посочи дека подобрувањето на патната мрежа е еден од основните предуслови за да се обезбеди забрзан, олеснет и ефикасен транспорт на стоки и патници низ нашата земја што им е од особена важност на странските и на домашните инвеститори. Поправката на оваа делница е дел од капиталниот проект на Владата за реконструкција и рехабилитација на 11 регионални патни правци во земјава.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1675&ArticleID=111658


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Mar-2010 at 15:41
Козјак - нов Охрид?
Со „катамаран“ ќе превезувале туристи до плажите на најголемото вештачко езеро, во чија околина ќе имало и угостителски и сместувачки капацитети за да се поминел цел годишен одмор. Ова се плановите на јавното претпријатие „Јасен“ за развој на шумскиот резерват
%20

Патот што за неколку години директно ќе го поврзе Скопје со поречкиот крај нема да биде само алтернативна беспатаринска траса кон Охрид, туку ќе води кон нови туристички атракции. Ако се остварат плановите на „Јасен“, (со полно име: јавно претпријатие за заштита и управување со повеќенаменското подрачје), во иднина, наместо на Охридско Езеро, скопјани ќе се сончаат на плажите на Козјак, на 50-60 километри од дома, а ќе им бидат достапни и многу други можности за рекреација во познатиот шумски резерват.


НАД 1.000 ПОСЕТИТЕЛИ ВО ЗАБРАНЕТАТА ЗОНА


Јасен е шума како и многу други. Главно зимзелена, со некои листопадни делови, таа излегува на најголемото вештачко езеро, ги опфаќа врвовите на Караџица, големите неиспитани пештери, а содржи и репродуктивни центри за диви животни. Зафаќа 325 квадратни километри или еден и пол отсто од територијата на државата. Но посебна е по тоа што долго време била забранета зона, резервирана само за политичките елити. Не само преубавата природа туку и љубопитноста да се види што се криело таму со децении привлекле над 1.000 туристи откога резерватот стана отворен.

Посетителите таму можат да ловат, да пешачат, да се качуваат по карпи, да јаваат, да возат планински велосипеди, да испитуваат пештери, да набљудуваат ретки растителни и животински видови, а наскоро и да се капат.

- Ќе направиме плажи на неколку места, а во езерото ќе пуштиме пловило од типот „катамаран“. Со него ќе се пренесуваат туристите до места во кои ќе можат да го поминат целиот ден, па и неколку дена, бидејќи ќе има угостителски и сместувачки капацитети. Патот што ќе се пробие низ резерватот ќе има само позитивно влијание врз нас и се надеваме дека тој ќе овозможи Јасен со Козјак да стане место за годишен одмор - вели Михаил Малохов, директорот на „Јасен“.

Тој нагласува дека сите активности, како тие досега така и во иднина, кога ќе се развие летниот туризам, на посетителите ќе се одвиваат под будното око на чуварската служба, која ќе надгледува да не се уништува природата и, особено, да не се вознемируваат дивите животни. Како што нагласи Малохов, планираат многу туристички атракции, но не сакаат да го загубат статусот на едно од најдобрите пет ВИП-ловишта во светот.


ПАТ И ЗА ЛУЃЕТО И ЗА ЖИВОТНИТЕ


Здружението „Порече“ вршеше голем притисок да се направи директен пат од Скопје до овој крај, затоа што иако е многу блиску до главниот град, тој е еден од најсиромашните и најзаостанатите во земјава, а има огромни можности за економски развој. И планираното отворање за туристички посети тие го гледаат како шанса да заживеат повеќето села, во кои би се развивал алтернативниот туризам.

- Ни беше потребен овој пат. Сега се прави делницата од Близански мост до месноста Коломот, но оттаму треба да продолжи кон Пуста Брезница и да се поврзе со регионалниот пат. Не е во ред да патуваме и по четири часа преку Кичево за да стигнеме до место 50 километри оддалечено од Скопје - вели Стојан Стојчевски, член на здружението „Порече“.

Делницата што сега се гради е долга 8,4 километри и се пробива со динамит. Таму привршуваат најтешките работи и се очекува наскоро да почне расчистувањето на теренот и самата изградба на патот широк шест метри, според сите стандарди за регионалните патишта. Го гради „Бетон“, чии инженери очекуваат најголемиот дел работи да бидат завршени до крајот на годинава.

- Кога ќе се направи патот и кога возилата за неколку минути ќе ги поминуваат овие осум километри, нема да можат ниту да замислат дека ова место претходно беше исто како и другата страна на езерото, стрмна падина што се спушта речиси вертикално во водата - коментираат градежниците.

Со проектот за патот се внимавало и тој да не го наруши, односно што помалку да го наруши екосистемот околу езерото и шумскиот резерват „Јасен“, бидејќи коловозите обично го прекинуваат и го ограничуваат движењето на инсектите, влечугите и на други видови, на тој начин негативно влијаејќи на целиот синџир на исхрана. Но на делницата од Близанско до Коломот на три места ќе се остават подземни пасажи за животните, за да се намалат штетните влијанија.

Од Коломот кон Брезница, пак, низ срцето на резерватот сé уште води патче широко од два до два и пол метра, кое беше отворено за сообраќај до 2003 година. Возилата се движеа во една насока, бидејќи никаде нема место за да се разминат, а на секои четири часа правецот во кој беше дозволено возење се менуваше. Затоа претставниците на здружението „Порече“ коментираа дека ако тој коловоз остане единствена врска меѓу Скопје и езерското крајбрежје, заедно со селата, нема да има голем ефект од досегашните вложувања на државата во патиштата во овој регион.

Како ќе се премине преку тешкиот терен низ Јасен ќе се знае откако ќе се избере фирма што ќе го изработи основниот изведбен проект за таа патна делница долга дваесетина километри. Со тоа ќе се утврди и нејзината точна траса.

%20

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32410154451&id=9&prilog=0&setIzdanie=21943


Posted By: axel
Date Posted: 30-Aug-2010 at 10:44

Пробиен патот Скопје-Македонски Брод кај резерватот Јасен

Патот Скопје Македонски Брод покрај резерватот Јасен е пробиен, потпорни ѕидови се градат..Механизацијата работи врз негово проширувањето..

На места делницата од скопско Драчево до Поречко Близанско во должина од 40 километри се подготвува за асфалтирање. И ако градежниците работат вчера и денеска над 2000 скопјани и тетовчани без проблеми доаѓаа до езерото Козјак.до Тажево и селото Белица.

Од октомври,велат локалните жители,до викенд наслеби- те крај езерото и до поречие ќе се стигнува многу брзо. Близу Здуње со градат и се урбанизираат нови населби. 60 годишната мистерија што во себе ја носеше воено стратешкиот и ловен резерват јасен,со патот е срушена. Поради него,велат поречани реката треска, и недопрените природните убавини беа тешко достапно и не искористени...

По пробивањето на патот и со поврзувањето со Скопје иднината се гледа во развој на туризмот и во искористувањето на рудните богатства ...

29.08.2010, 17:33

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=64271


Posted By: gorco
Date Posted: 30-Aug-2010 at 13:05
 Applause

ApplauseApplauseApplauseApplauseApplauseApplause

За големо браво е овој патен правец.  Се радувам за патов исто колку и Поречани.

Инаку во контекст на патните правци ... со новиве снимки на Earth-от, убаво може дасе забележи до кој степен и изграденоста на пругата кон Паланка и Деве Баир, како и уште некоја нова траса, веројатно за пат од Куманово до Кратово (или можеби грешам). Тоа е во близина на с. Шупли Камен, Кумановско.


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2010 at 00:57
30.08.2010
Р-104
Скопје - Македонски брод само 40 километри пат
Скопје, 30 август – Само 40 километри ќе треба да патуваат граѓаните од Скопје до Македонски брод и во обратна насока откако е пробиен патот покрај резерватот Јасен.

Оваа делница, речиси шест децении, не беше пробиена и претставуваше загатка за граѓаните на Македонија.

Официјалното пуштање во употреба се очекува за октомври.


Но, сега, механизацијата работи на проширување на патниот правец, а граѓаните веќе го користат патот за движење во двете насоки.

По пат, застануваат на релаксација на езерото Козјак, Тажево и кон селото Белица.

Претходно, до Македонски брод се патуваше преку Тетово, Гостивар и Кичево и таа делница изнесуваше околу 200 километри.

Исто така, граѓаните можеа да одат до Брод преку Велес и Прилеп.

http://www.zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208120405&s=27209153317&ID=308109192


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 09-Sep-2010 at 13:01
Само 40 километри ќе треба да патуваат граѓаните од Скопје до Македонски брод и во обратна насока откако е пробиен патот покрај резерватот Јасен.


Тешко, Скопје - МБ воздушната линија е скоро 60км. Roll%20eyes


Posted By: alexgizh
Date Posted: 09-Sep-2010 at 13:08
Новинарска работа. Точниот податок е дека патот се СКРАТУВА за 40тина километри, а не дека изнесува 40тина километри.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Oct-2010 at 23:14
Р-104

ИЗГРАДБАТА НА ПАТОТ НИЗ ПОРЕЧИЕТО НЕМА ДА ЈА НАРУШИ ИНТИМАТА НА РЕЗЕРВАТОТ "ЈАСЕН"


Сменско возење низ македонскиот Јелоустон


Патот ќе ги има сите инфраструктурни решенија, па дури и ограда која ќе оневозможува дивечот да претрчува преку патот. Тоа е еден совршено модерен, но и скап пат кој, за жал, во првата фаза, стасува само до Коломот од каде до спојот со патот кај Нова Брезница, остануваат уште 15-18 километри низ резерватот кој е со широчина од 2 до 2,5 метри и не овозможува движење на возила во двете насоки. Поради тоа ќе се воведат временски термини за возење низ "Јасен", односно два часа ќе бидат дозволени за движење на оние возила кои ќе доаѓаат од Македонски Брод кон Скопје, а потоа два часа ќе бидат слободни за возилата во спротивна насока, вели директорот на ЈП "Јасен", Михаил Малахов


Оддалечени само на 30-тина километри од Скопје, над 1.500 жители од поречките села Здуње, Близанско и од околните села на брегот на вештачкото езеро "Козјак", до Македонски Брод патуваат еден, а до Скопје повеќе од три часа. Причина е што пред неколку години почна полнењето со вода на акумулацијата и кај селото Здуње го потопи единствениот пат што ги поврзуваше 52-те поречки села со скопската населба Драчево. Владата го задолжи тогашното ЕСМ да пробие пат преку планината Козјак за да го доближи Поречието до Скопје на само 50-тина километри, наместо повеќе од 200 во еден правец, колку што има патот преку Кичево.

ВОЗЕЊЕ НИЗ ЈАСЕН
На терен ситуацијата е следна. Од Драчево преку Марков Манастир до село Нова Брезница е изграден модерен широк пат кој ги задоволува стандардите за безбедно возење во двете насоки. Оттука започнува тесен кривулест пат кој поминува низ резерватот "Јасен" со кој стопанисува истоименото јавно претпријатие. Низ резерватот е забрането да се вози. Но, затоа пак, од страната на Македонски Брод веќе е пробиен и нивелиран современ пат со широчина од над девет метри кој го обиколува езерото "Козјак" од неговата лева страна. Засега патот е пробиен до месноста Коломот и се очекува до тука да биде асфалтиран на почетокот на идната година. Патот го гради "Бетон", а финансиер е Агенцијата за државни патишта.

-Патот ќе ги има сите инфраструктурни решенија, па дури и ограда која ќе оневозможува дивечот да претрчува преку патот. Ќе има специјални пропусти под патот, за да може дивечот да стигне со водата и да се напојува. Тоа е еден совршено модерен, но и скап пат кој, за жал, во првата фаза, стасува само до Коломот од каде до спојот со патот кај Нова Брезница, остануваат уште 15-18 километри кој се надевам дека во наредната фаза ќе биде завршен - вели директорот на ЈП "Јасен", Михаил Малахов.

Засега, патот низ резерватот кој е со широчина од 2 до 2,5 метри не овозможува движење на возила во двете насоки. Малахов вели дека поради тоа ќе се воведат временски термини за возење низ "Јасен", односно два часа ќе бидат дозволени за движење на оние возила кои ќе доаѓаат од Македонски Брод кон Скопје, а потоа два часа ќе бидат слободни за возилата во спротивна насока.

-Така граѓанитеод Поречието ќе имаат можност за само 40 километри од Македонски Брод да стасаат до Скопје. Засега, тие мораат да поминат многу поголема должина и од Македонски Брод преку Кичево, Гостивар, Тетово да стигнат во Скопје, што е барем 3-4 пати поголема должина. Тоа се ефектите од тој пат, за кој се надевам дека многу брзо ќе почне да се реализира и оваа втора фаза и ќе заврши наредните години - вели Малахов.

Тој смета дека движењето на возила по патот низ резерватот нема да ја наруши интимата на овој простор кој долги години беше затворен за посетителите.
-Патниот правец низ резерватот влегува во една зона во која, во принцип, минимална е заштитата, бидејќи во таа зона и нема некои определени големи природни богатства кои би требало да бидат заштитени на посебен начин. Од таа причина, доволна е една ограда која нема да дозволи претрчување на дивечот и негово уништување од несовесни граѓани, или предизвикување на пожари. Значи, ќе се направи безбедносна зона која ќе оневозможи такво нешто да се случи. Ова не е единствен случај на планетава, такви јавни патишта имаме секаде низ светот, како што е националниот парк во САД, Јелоустон, каде што има огромни сообраќајници по средината на паркот, а во него нема никакви проблеми - вели Малахов.

СКОК НА НЕДВИЖНОСТИТЕ
Новиот пат кој ќе го скрати патувањето на скопјани до Охрид и акумулацијата "Козјак" кое е на само 30 километри од Скопје, предизвикува во последно време вредноста на земјиштето околу езерото драстично да скокне. Малахов вели дека сопствениците на земјиштето околу езерото им ја подигаат цената, односно таа добива поголема вредност бидејќи има интерес тука за градење на куќи за одмор или за постојано живеење.

-Има голем скок на недвижностите од речиси 500 насто. Тоа значи ако порано квадрат земјиште околу езерото чинеше 2-3 евра, сега чини 50 евра. Искрено се надевам, дека инспекциските служби, односно општините кои се задолжени за урбанизација на тој простор, ќе бидат побрзи од оние кои имаат намера да купат земјиште и сето тоа да биде регулирано. За куќите што ќе се градат да бидат во склад со архитектурата на подрачјето на Поречието, да бидат решени сите комунални проблеми, како што е загадување на овој бисер на природата во Македонија. И тие куќи да имаат единствена намена, а тоа е да бидат место каде што би можеле да се одмараат, а не да се прават бетонски палати кои никому нема да му служат бидејќи ќе бидат мртви споменици за желба за покажување кој и колку пари спечалил - додава Малахов.

Инаку, плановите на ЈП "Јасен" за езерото Козјак се навистина големи.
-Се надевам дека 2011 година кога се отвора тендерот за нов концесионер за акумулацијата "Козјак", ќе го добиеме (концесијата истекува првите денови од 2011 година). Доколку тоа се случи ќе продолжиме со нашите активности. Планот ни е да изградиме над педесетина објекти над вода со куќички кои ќе се издаваат на заинтересирани граѓани кои имаат намера да престојуваат подолг период на истите, каде што ќе ги имаат сите услови што ги има кое било туристичко место во нашето опкружување, по многу пониски цени, но сега во Македонија - истакнува Малахов.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B51BCC3793541C41B4AFD91E62EF9E01


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2011 at 05:29


Posted By: OCB
Date Posted: 11-Aug-2011 at 16:25
30 јули 2011

Пуштен во употреба рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец



Премиерот Никола Груевски денеска го пушти во употреба рекунструираниот регионален пат Илинден-Калуѓерец, во должина од 19 километри, со што ќе се подобри патната врска за жителите од општините Кисела Вода, Илинден и Сопиште.

- Во завршна фаза е изградбата на новопробиениот пат во Поречието во должина од 10 километри, со кој се обезбедува претходно прекинатата патна врска кон Македонски Брод изјави директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Валкановска.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E2A4965F6023FF4781928C08F88CEF37



Posted By: Supreme
Date Posted: 06-Dec-2011 at 13:19
Уште е непрооден?


Posted By: The Man
Date Posted: 12-Feb-2014 at 00:33
Еден мал апдејт, овие информации ми се од летото 2011 година, ќе се распрашам наскоро за да дознаам каква била ситуацијата во лето 2013 година.
Прво, овој патен правец сега е обележан како Р1106 и има поинаков почеток и крај од поранешната ознака Р-104.



Ако добро памтам, вака ми пренесоа роднините... Постои асфалтирана делница од местото викано Капина до мостот преку езерото Козјак, еве видео од некој поречанец кој го снимил своето патување. https://www.youtube.com/watch?v=hRemoCLfZO8

Од тој дел до спојот на Р1106 со Р2132, во близина на с.Белица не е асфалтирано, туку само е тампонирано, обележано е на сликата погоре со темно жолта боја, за која во легендата пишува дека означува земјен пат. Моменталната ситуација на овој дел не ја знам, можеби е асфалтирано во овие 2 и пол години.

Е сега одиме малку погоре (се извинувам за нелогичниот редослед на исказиве), накај Скопје. Најпроблематичниот дел, од Капина до Кула мислам дека воопшто не е чепнат, патот е широк од 2-2,5м и сеуште постои режим за движење на веб страницата на Јасен, што значи дека тој дел сеуште е во иста состојба. (http://www.jasen.com.mk/Default.aspx?id=9548055d-7838-4736-a9ee-a238c408b529)

Може да погледнете подолу за кој дел станува збор.




Posted By: Sashko
Date Posted: 12-Feb-2014 at 01:01
Originally posted by The Man

Еден мал апдејт, овие информации ми се од летото 2011 година, ќе се распрашам наскоро за да дознаам каква била ситуацијата во лето 2013 година.
Прво, овој патен правец сега е обележан како Р1106 и има поинаков почеток и крај од поранешната ознака Р-104.





Постои ли некаде ваква мапа со новите ознаки на патиштата за целата територија на Македонија?


Posted By: The Man
Date Posted: 12-Feb-2014 at 20:03
Да, повели http://www.roads.org.mk/221/patna-mreza


Posted By: phenomenon
Date Posted: 12-Feb-2014 at 20:19
Обележувањата на картата ме ставија во недоумица. Како може во исто време едната коловозна лента од автопатот да се обележи како автопат Аа, а втората лента што оди паралелно како брз пат Аб? Па така имаме ситуација кога одам од Куманово до Катланово да возам по автопат, а кога се враќам назад да возам по брз пат. Зошто ли и тогаш плаќам патарина? Истиот случај е и со насоката Катланово-Велес која е брз пат, за разлика од насоката Велес-Катланово која е автопат.Wallbash


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 12-Feb-2014 at 20:40
Кога ќе погледнам подобро оваа карта е смешна. Не се обележани следниве патни значајни патни правци:

- Илинден-Миладиновци-Дељадровци
- Куманово-Пчиња-Студена Бара
- Војник-Бајловце
- Куманово-Ваксинце-Лојане
-патот 2237 е скратен само до Мл. Нагоричане иако тоа е стариот паланечки пат и оди дури до Ранковце
- не се обележани патиштата за Патишка Река и Црни Врв и многу, многу други пропуштени правци.


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: The Man
Date Posted: 13-Feb-2014 at 08:49
Originally posted by phenomenon

Обележувањата на картата ме ставија во недоумица. Како може во исто време едната коловозна лента од автопатот да се обележи како автопат Аа, а втората лента што оди паралелно како брз пат Аб? Па така имаме ситуација кога одам од Куманово до Катланово да возам по автопат, а кога се враќам назад да возам по брз пат. Зошто ли и тогаш плаќам патарина? Истиот случај е и со насоката Катланово-Велес која е брз пат, за разлика од насоката Велес-Катланово која е автопат.Wallbash


http://www.roads.org.mk/228/patarina

Каде што велат: „Според член 58 од Законот за јавни патишта ("Службен весник на РМ" бр. 84/2008, бр.52/2009 и бр.124/2010) плаќање на надоместок за употреба на пат (патарина) може да се воведе за: 1) употреба на автопат, експресен пат, магистрален пат или нивен дел и 2) употреба на мост, вијадукт или тунел, изграден заради скратување на трасата на постојниот пат.“


Posted By: prasalnik
Date Posted: 29-Sep-2016 at 08:17
Изградба/Реконструкција на пат Р1106 Скопје-Македонски Брод (преку Јасен)


Posted By: prasalnik
Date Posted: 29-Sep-2016 at 08:19
Дали се планира проширување на пат Р1106 Скопје-Македонски Брод (преку Јасен)?
Се работи за цел еден регион од Македонија кој е многу блиску до Скопје, а нема патна делница која може да се користи во секое време и целосно да се искористи за секакви потреби.


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 29-Sep-2016 at 10:28
Може ли некој да каже каква е ситуацијата со овој патен правец ? Јас колку што можев да видам патот од околу 40 километри целосно е пробиен , но околу 20 километри не се асвалтирани туку има само тампон поставено и потребно е тој дел и да се прошири ?


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Oct-2016 at 08:35
ЌЕ СЕ ОБНОВУВА ПАТОТ ДО МАКЕДОНСКИ БРОД НИЗ „ЈАСЕН“

До крајот на годината треба да започне реконструкцијата на дел од патот од Скопје до Македонски Брод, кој минува низ резерватот „Јасен“. Ќе се обноват 14,5 километри регионален пат кои се во исклучително лоша состојба. Поголем дел од делницата не е асфалтирана, а сообраќајот е крајно отежнат.

Делови од патот Скопје - Македонски Брод, со должина од околу 70 километри беа обновувани и во 2011 и 2012 година, но не целосно, поради што во одредени делови од годината по овој пат е дозволено патување само со теренски возила. Сообраќајницата која минува низ „Јасен“ го крати патувањето од Скопје кон Македонски Брод за околу 100 километри.

Тендерот за реконструкција на делницата од мостот кај селото Близанско до месноста Калуѓерец, објавен на почетокот на минатиот месец, предвидува буџет од 212 милиони денари, или, околу 3,5 милиони евра.

Како што информираат од Јавното претпријатие за државни патишта, компанијата која ќе има најповолна понуда ќе треба обновата да ја заврши за 15 месеци од потпишувањето на договорот.

„Целосно ќе се реконструира делница од 14,5 километри, од која во моментов делови се асфалтирани, а делови се земјен пат во лоша состојба. Според проектот, патот ќе има две ленти со ширина од 3,5 метри, по една во двата правци и по две банкини од двете страни со ширина од по 1 метар. На секои 500 метри ќе има дополнителни асфалтни џебови, наменети за разминување со тешки товарни возила“, велат во Јавното претпријатие.

Од таму посочуваат дека остатокот од патот кој минува низ „Јасен“ е во добра состојба и ги исполнува условите за пофреквентен сообраќај. И по реконструкцијата патувањето низ резерватот ќе биде со посебен режим на движење.

Во моментов, од Скопје и источните делови на земјава до Македонски Брод и селата во Поречието се стигнува со кружење преку Тетово, Гостивар и Кичево. Од тие причини жителите на овој крај одамна бараат обнова на сообраќајницата и побезбедни услови за патување низ резерватот, каде што често има прекини поради одрони на патот. Патот го скратува и патувањето кон Охридско Езеро и туристичките места, но отвора големи можности за алтернативен туризам. Резерватот „Јасен“ има прекрасна природа, излегува на вештачкото езеро „Козјак“, на шумите и врвовите на Караџица, а крие и неистражени пештери.

http://utrinski.mk/?ItemID=BCC9F75AD97A184FB9AD82CA9C56C0F5 - http://utrinski.mk/?ItemID=BCC9F75AD97A184FB9AD82CA9C56C0F5

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Jan-2017 at 12:17
ПАТОТ НИЗ „ЈАСЕН“ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ОД ПРОЛЕТ

Патот од Скопје кон Македонски Брод, низ резерватот „Јасен“ од оваа пролет ќе почне да се гради. Јавното претпријатие за државни патишта неодамна склучи договор со скопската градежна фирма „Ескаватори – МК“, која беше избрана на тендерот за реконструкција на делницата од 14,5 километри. Градежните работи треба да завршат за една година, а ќе чинат околу 1,6 милиони евра.

Обнова на сообраќајницата низ „Јасен“ се очекуваше повеќе години, со оглед на тоа дека го скратува патувањето кон Македонски Брод за стотина километри. Во моментов, од Скопје и источните делови на земјава, до Македонски Брод и селата во Поречието се стигнува со кружење преку Тетово, Гостивар и Кичево. Од тие причини, жителите на овој крај одамна бараат обнова на сообраќајницата и побезбедни услови за патување низ резерватот, каде што често има прекини поради одрони на патот. Делови од патот Скопје - Македонски Брод, со должина од околу 70 километри беа обновувани и во 2011 и 2012 година, но не целосно, поради што во одредени делови од годината по овој пат е дозволено патување само со теренски возила.

Сообраќајницата го скратува и патувањето кон Охридско Езеро и туристичките места, но отвора големи можности за алтернативен туризам. Резерватот „Јасен“ има прекрасна природа, излегува на вештачкото езеро „Козјак“, на шумите и врвовите на Караџица, а крие и неистражени пештери.

Како што информираат од Јавното претпријатие за државни патишта фирмата „Ескаватори-МК“ реконструкцијата на делницата од мостот Близанско до Калуѓерец ќе треба да ја започне на почетокот од оваа градежна. Посочената делница се наоѓа надвор од резерватот и во моментов е тесна и неасфалтирана. Според договорот, фирмата има рок од 12 месеци за завршување на работите.

„За гореспоменатата делница договорот предвидува асфалтирање на коловозот во должина од 14,5 километри и широчина од 3,5 метри, како и поставување на сообраќајна опрема и патна сигнализација. Договорната цена со ДДВ изнесува 101,1 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на претпријатието“, посочуваат од Државни патишта.

На секои 500 метри на делницата треба да има дополнителни асфалтни џебови, со што ќе се овозможи движење на тешките товарни возила. Сепак, и по завршувањето на реконструкцијата веројатно е дека ќе биде задржан режимот за движење на возилата низ „Јасен“. Патот во резерватот е многу тесен и дозволува минување на само едно возило во еден правец. Во моментов, според информациите од Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје, важи режимот воспоставен во октомври минатата година, според кој во двата правци, од Скопје кон Македонски Брод и обратно, се минува по еден час, двапати дневно, наутро и попладне.

http://utrinski.mk/?ItemID=0D80F7FB34F62E42A5AB0670B2CD193E - http://utrinski.mk/?ItemID=0D80F7FB34F62E42A5AB0670B2CD193E

-------------
За сè има вторпат


Posted By: phenomenon
Date Posted: 25-Jan-2017 at 13:29
Originally posted by Џоле

ПАТОТ НИЗ „ЈАСЕН“ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ОД ПРОЛЕТ

Патот од Скопје кон Македонски Брод, низ резерватот „Јасен“ од оваа пролет ќе почне да се гради. Јавното претпријатие за државни патишта неодамна склучи договор со скопската градежна фирма „Ескаватори – МК“, која беше избрана на тендерот за реконструкција на делницата од 14,5 километри. Градежните работи треба да завршат за една година, а ќе чинат околу 1,6 милиони евра.

Обнова на сообраќајницата низ „Јасен“ се очекуваше повеќе години, со оглед на тоа дека го скратува патувањето кон Македонски Брод за стотина километри. Во моментов, од Скопје и источните делови на земјава, до Македонски Брод и селата во Поречието се стигнува со кружење преку Тетово, Гостивар и Кичево. Од тие причини, жителите на овој крај одамна бараат обнова на сообраќајницата и побезбедни услови за патување низ резерватот, каде што често има прекини поради одрони на патот. Делови од патот Скопје - Македонски Брод, со должина од околу 70 километри беа обновувани и во 2011 и 2012 година, но не целосно, поради што во одредени делови од годината по овој пат е дозволено патување само со теренски возила.

Сообраќајницата го скратува и патувањето кон Охридско Езеро и туристичките места, но отвора големи можности за алтернативен туризам. Резерватот „Јасен“ има прекрасна природа, излегува на вештачкото езеро „Козјак“, на шумите и врвовите на Караџица, а крие и неистражени пештери.

Како што информираат од Јавното претпријатие за државни патишта фирмата „Ескаватори-МК“ реконструкцијата на делницата од мостот Близанско до Калуѓерец ќе треба да ја започне на почетокот од оваа градежна. Посочената делница се наоѓа надвор од резерватот и во моментов е тесна и неасфалтирана. Според договорот, фирмата има рок од 12 месеци за завршување на работите.

„За гореспоменатата делница договорот предвидува асфалтирање на коловозот во должина од 14,5 километри и широчина од 3,5 метри, како и поставување на сообраќајна опрема и патна сигнализација. Договорната цена со ДДВ изнесува 101,1 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на претпријатието“, посочуваат од Државни патишта.

На секои 500 метри на делницата треба да има дополнителни асфалтни џебови, со што ќе се овозможи движење на тешките товарни возила. Сепак, и по завршувањето на реконструкцијата веројатно е дека ќе биде задржан режимот за движење на возилата низ „Јасен“. Патот во резерватот е многу тесен и дозволува минување на само едно возило во еден правец. Во моментов, според информациите од Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје, важи режимот воспоставен во октомври минатата година, според кој во двата правци, од Скопје кон Македонски Брод и обратно, се минува по еден час, двапати дневно, наутро и попладне.

http://utrinski.mk/?ItemID=0D80F7FB34F62E42A5AB0670B2CD193E - http://utrinski.mk/?ItemID=0D80F7FB34F62E42A5AB0670B2CD193E


Џоле, патот од Скопје кон Македонски Брод ќе се гради или ќе се асфалтира делница од 14.5 km? И ако сега патот е тесен, дали предвидената широчина од 3.5 m e доволна за непречено разминување на два автомобила без забавување и застанување?

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Staki
Date Posted: 25-Jan-2017 at 15:37
Ќе се асфалтира делницата од 14.5 км со ширина од 3.5 метри. На секои 500 метри ќе има џебови за да може да се разминуваат возилата.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 25-Jan-2017 at 15:51
Originally posted by Staki

Ќе се асфалтира делницата од 14.5 км со ширина од 3.5 метри. На секои 500 метри ќе има џебови за да може да се разминуваат возилата.


A дали тие џебови меѓусебно ќе бидат оптички видливи? Се сомневам. Тогаш, како може да ти биде безбедно двонасочното движење по таква делница?

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: daci92
Date Posted: 25-Jan-2017 at 16:12
Во текстот е убаво напоменато дека режимот на движење ќе остане истиот после обновата ,а тоа значи дека само во еден правец ќе се вози во одредено време како и досега, разликата со џебовите ќе биде во тоа тешко товарно возило да застане или да се престрои само за да го поминат лесните возила, за да не се созадава колона и застој.


Posted By: Влатко
Date Posted: 26-Jan-2017 at 11:31
овде станува збор за реконструкција на Близанско - Калуѓерец, значи од мостот до селото Калуѓерец......повторно нема да се спои на потегот во јасен односно после Нова Брезница до Близанско.


Posted By: prasalnik
Date Posted: 13-Mar-2017 at 12:14


„Ескаватори-МК“ ќе го обновува патот Скопје – Македонски Брод низ „Јасен“




http://build.mk/eskavatori-mk-ke-go-obnovuva-patot-skopje-makedonski-brod-niz-jasen/






Posted By: prasalnik
Date Posted: 11-Jul-2017 at 13:11
Овој пат ниту ќе се обнови, ниту ќе се прошири, ниту ќе може да се користи како магистрален пат.
Оние кои купија плацеви за викендици од државата нема да можат да направат ни полско WC таму, а не викендици. Така убава природа и вода, ќе остане без луѓе да уживаат во неа. Тој регион не само што е заборавен од Господ, туку и од власта и државата.
Немојте да се надевате дека некогаш ќе се направи или прошири овој пат. Заборавете ги плацевите и викендиците. Може само да ги искршите колите, исечете гумите, и ставите во трошоци, а нема да можете да си одите.
Толку блиску до главниот град, а толку далеку од цивилизација.


Posted By: Тркало
Date Posted: 05-Oct-2017 at 16:36
https://m.facebook.com/darko.zlateski.58/posts/pcb.10211034661717838/?photo_id=10211034658757764&mds=%2Fphotos%2Fviewer%2F%3Fphotoset_token%3Dpcb.10211034661717838%26photo%3D10211034658757764%26profileid%3D1283668968%26source%3D48%26refid%3D52%26_ft_%3Dqid.6473450025887062425%253Amf_story_key.3519264294014765763%253Atop_level_post_id.531234807212362%26__tn__%3DEHH-R%26cached_data%3Dfalse%26ftid%3D&mdf=1 - Македонски Брод - Скопје

За истиот пат зборуваме ,така?


Posted By: BOJAN
Date Posted: 06-Oct-2017 at 09:38
Би требало да е тој, бидејќи за него беше комплетиран тендер за изведба и во моментов треба да се работи на негово проширување и санација.


Posted By: prasalnik
Date Posted: 13-Aug-2018 at 13:42
Дали е точно дека во Владата на РМ се планира проширување на патот Скопје до Македонски Брод, и тоа од село Нова Брезница преку ЈП Јасен во ширина од 5 м а во должина од 12 км со двонасочен сообраќај и временски неограничен? За премин низ ЈП Јасен ќе се постават рампи со скенери за регистарски таблички и дозволен премин од 1 час и патарина за премин.


Posted By: prasalnik
Date Posted: 17-Dec-2019 at 10:43
Ова ли е пат за 21ви век. Еден цел регион е замрен затоа што нема пат.
https://www.facebook.com/stojan.petrovski.399/posts/108296827312223



Posted By: prasalnik
Date Posted: 17-Dec-2019 at 10:43
https://www.facebook.com/stojan.petrovski.399/posts/108296827312223


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 18-Dec-2019 at 10:47
Originally posted by prasalnik

https://www.facebook.com/stojan.petrovski.399/posts/108296827312223

\

Za zal drzavata seuste nema pronajdeno resenie za delnicite kriticni so odroni , i vo 21 vek eve vekje 2020 godina nasata drzava nemoze da go resi problemot so delnicite kade sto ima odroni , mislam deka imame najkriticni delnici kade sto vozis nad karpi koj vo sekoj moment moze da padnat , strasna rabota , neznam samo do koga vaka ke se tera neseriozno


Posted By: elnino
Date Posted: 19-Dec-2019 at 17:19
а дека има решение, фирмата шо работеше на карпите во демир капија, швајцарци, гео бруг еве еден линк,
https://www.youtube.com/watch?v=0naTUJ1bygg


Posted By: elnino
Date Posted: 19-Dec-2019 at 17:21
https://www.youtube.com/watch?v=Xi9JIAMBVHY&t=421s


Posted By: Влатко
Date Posted: 20-Dec-2019 at 07:45
Јас работам во фирма кој што се занимава исклучиво со проектирање и продажба на материјали за погоре наведената проблематика но секогаш на институциите им изгледаат скапи решенијата и се решаваат за едноставни а притоа опасни варијанти. Неодамна понудивме решение за можно свлечиште во Општина Кисела Вода, не го прифатија и загина човек. Кај нас, по се изгледа дека човечките животи се поефтини од сериозни решенија против одрони или пак потпорни структури против свлечишта.


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 20-Dec-2019 at 12:24
Da znaev za proektot na Demir Kapija deka go rabotese stranska firma i deka postavi zastitna ograda , ama samo tamu , a kaj se drugite delnici ...


Posted By: prasalnik
Date Posted: 28-May-2020 at 13:12
Дали некој има информација дека ЕЛЕМ треба да го изгради патот покрај езеро Козјак (Поречко езеро) и тоа од Здуње преку Гургурски Лаки до Брана Козјак?

Таков бил договорот кој е потпишан за да се потопи стариот пат.

Ако има некој инфо нека пише.


Posted By: Bakica
Date Posted: 28-May-2020 at 14:00
Znae li nekoj kakov e statusot na ovoj paten pravec? Asvaltiran li e celiot pat od Skopje do Makedonski Brod?


Posted By: ehrlich
Date Posted: 28-May-2020 at 17:16
Патниот правец преку Гургурски Лаки нема шанси никогаш да се направи, пробала војската на времето, ама е откажано тоа. Воедно ако се продолжи некогаш тоа, тогаш ќе треба уште еден мост на Козјак, или да се користи самата брана.

Инаку, целиот е асфалт делот преку Јасен (кој нели знаете е со времен пристап). Делот од мостот кај Близанско до Белица е со нов асфалт од пред 2-3 години.


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 28-May-2020 at 18:09

ќе да не било приоритет!? со Асфалт стигнато е до Брана, но им се видело скапо натака, веројатно Варовник па и ризично освен скапо, и за работа и за инвестирање и за одржување еден таков Патен Правец ... сепак Може и Треба бар привремено да сторат Велосипедска Патека, но повторно мора да се осигура од одрони https://mk.wikipedia.org/wiki/Сува_Гора#Особености - планината Сува
Originally posted by http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=200&KW=Здуње&PID=237244#237244 - Zelenikovo

]туку знае ли некој што бидна со Вело Патеката на Козјак [ https://web.archive.org/web/20151224111935/http://www.build.mk/?p=47697 - 1 ] нели тука требаше да оди Р-104 кој по изградбата на ХЕЦ Матка2 наместо преку с.Здуње кон Брод го свртеа преку НПЈасен и с.Близанско сега попознат како Р-1106 [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1237&PID=167598#167598 - ][ http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/10/Izvestuvanje%20za%20namera%20-%20Izgradba%20na%20Nova%20Breznica-Kula-Kolomot.pdf - ] но ме чуди буџетот за велосипедската патека хм за таа цена тешко да ја сторат во таа должина, чинам уште порано веќе беше пробиена трасата и тампонирано грубо кога испитуваа геомеханика на тло ...
...



[ http://archive.is/OJnEY#selection-227.38-227.39 - 1 ]

PROSTOREN PLAN NA REGIONOT NA AKUMULACIJATA KOZJAK
...
Sega{nite regionalni soobra}ajni vrski so Skopje se obavuvaat po
obikolnite patni pravci, preku Makedonski Brod, Ki~evo, Gostivar i Tetovo,
ili preku ograni~eniot re`im na koristewe (dva pati dnevno) na patniot
pravec: Zduwe, preminot "Kula" i Nova Breznica.
Edna od pri~inite {to do sega ne e oformena podobra soobra}ajna
infrastruktura, se mo{ne te{ki i strmi tereni, osobeno vo kawonot na rekata
Treska i relativno golema nadmorska visina na naselenite mesta, {to gi pravi
mo{ne skapi i te{ki za izgradba.
Soobra}aen koncept

9.1.1. Regionalni vrski

Za ostvaruvawe na racionalna i prifatliva regionalna vrska,
kako prioritetna zada~a se postavuva doizgradba na regionalen paten pravec
R - 104: Skopje - Suvodol, koj e delumno realiziran na delnicite: Suvodol -
Samokov - Raste{ i vo delot Nova Breznica - branata "Kozjak".

Za doizgradba, celosno oformuvawe i profilisawe na ovoj regionalen
paten pravec, neophodna e izgradba na delnicite: Raste{ - Gurgurska Laka,
Gurgurska Laka - branata "Kozjak", Nova Breznica - Govrlevo, kako i izgradba na
paralelna regionalna vrska pome|u: Regionalen pat R-104 - Zduwe, Zduwe -
Blizansko i Blizansko - Regionalen pat R - 104, so {to vo celost bi se oformil
regionalen paten sistem zaradi povrzuvawe na ovoj prostor so Grad Skopje i
po{irokite prostori na Republikata:



1. http://app.gov.mk/wp-content/uploads/2014/03/PP-na-akumulacijata-Kozjak.pdf - http://app.gov.mk/wp-content/uploads/2014/03/PP-na-akumulacijata-Kozjak.pdf

2. http://app.gov.mk/wp-content/uploads/2014/03/A30307-prostoren-plan-na-regionot-na-rekata-treska.pdf - http://app.gov.mk/wp-content/uploads/2014/03/A30307-prostoren-plan-na-regionot-na-rekata-treska.pdf


Posted By: Blagh
Date Posted: 11-May-2021 at 09:51
Од 17:30 минута на последната епизода на Код има детална репортажа за моменталната состојба на патот и колку значи за Поречанскиот регион нова патна врска

[TUBE]X85vRwQbtoE?t=1060[/TUBE]


Posted By: Влатко
Date Posted: 12-May-2021 at 07:05
Дали некој знае во каква состојба е патот низ Јасен?


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 12-May-2021 at 08:40
Jas pominav proslata esen niz Jasen. Patot e prooden ne e nov no se gleda deka e vojnicki odrzuvan. Iskreno toa e najubaviot predel niz Makedonija niz koj sum pominal. Ako sakas da odis, proveri samo raspored kako e napraven po smerovi, leten ili zimski bidejki patot e edno smeren i na 2 ili 3 chasa se propustaat vozila vo sekoj pravec.


Posted By: Влатко
Date Posted: 12-May-2021 at 11:38
Да, знам за смеровите, ме интересираше асфалтот.


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Oct-2022 at 10:27
Викендов возев низ Јасен, патот главно е оваа ширина:



Инаку, убав предел е Поречието, убава природа, посебно есен:







-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window