Print Page | Close Window

[Р-1204] Куманово - Св. Николе *

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1239
Printed Date: 25-Apr-2024 at 00:59


Topic: [Р-1204] Куманово - Св. Николе *
Posted By: axel
Subject: [Р-1204] Куманово - Св. Николе *
Date Posted: 02-May-2010 at 17:11
eve i del od regionalniot pat kumanovo-sv nikole

http://img535.imageshack.us/i/p2904101541.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us

http://img697.imageshack.us/i/p2904101543.jpg/">



Replies:
Posted By: I.M.
Date Posted: 26-Apr-2014 at 20:04
Овој рег пат е во очајна состојба.Необележан,без сигнализацвија на многу места..недај боже ноќе да возиш.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 26-Apr-2014 at 21:09
А што во Куманово не е во очајна состојба?

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Apr-2014 at 00:06
кумановке


Posted By: I.M.
Date Posted: 28-Apr-2014 at 13:46
gjoko на изглед може не,али карактерно...Big%20smile
Иначе како што вика phenomenon се е во очајна состојба,инфраструктурата посебно.Почни од градските улици и булевари па до регионалните патишта кон Св.Николе,Паланка па и автопатот кон Скопје.


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Apr-2014 at 16:01
Јас не сум во Куманово подлго време,ама сега брзо бев на една ден(пробувавме кола за купување) и многу негативно се изненадив од состојбата на патиштата.Незнам на друго место дали има патишта во таква очајна состојба.

Незнам кои улици се во надлежност на градот ,а кои се на државата,но таму работите нечинат


Posted By: daci92
Date Posted: 28-Apr-2014 at 16:14
Originally posted by gjoko

Јас не сум во Куманово подлго време,ама сега брзо бев на една ден(пробувавме кола за купување) и многу негативно се изненадив од состојбата на патиштата.Незнам на друго место дали има патишта во таква очајна состојба.

Незнам кои улици се во надлежност на градот ,а кои се на државата,но таму работите нечинат

Од тие во Куманово сите се во надлежност на градот освен овие како овој за кој се коментира кој се од државна важност.Инаку Куманово од 2001ва наваму само пропаѓа според мое мислење (особено инфраструктурно) и нема план наскоро тоа да се смени.


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Apr-2014 at 19:01
јас лично многу се изненадив,но несакав да коментирам чисто заради избегнување на било какви етикетирања


Posted By: phenomenon
Date Posted: 28-Apr-2014 at 19:28
Вака, состојбата на Куманово ќе се обидам да ја опишам во неколку реченици, со голи факти, без никакви етикетирања. Куманово пропаѓа зашто е заложник на паразитите од градскиот Совет кои за проблемите што ги мачат граѓаните на Куманово и за самиот град Куманово се интересираат како за ланскиот снег. За жал,поради овие креатури Куманово започна да наликува на Детроит во мало, т.е. одредени делови од градот започнаа да опустошуваат, некои целосно, а некои делумно. Па така ги имаме рак-раните Автобуска Станица, Житомел, некогашниот Супермаркет, комплексот Стар Мерак, Занаетчискиот Дом, ТЦ Гарнизон, подрумските простории на Нама, Чоробенското Ќоше, Пионерскиот Дом, Тутунскиот Комбинат, Кумановската Бања, TЦ Гоце Делчев и многу други - сите празни и запуштени.
Лично имам некое кобно претчувство дека Куманово незапирливо е тргнато по патот на Дојран и Мелник кои од некогаш значајни центри се сведоа на безначајни села.

Инаку, за патов, го имам одено пешки сегментот од Доброшане до Орашац, поминувајќи преку страшниот Искрин Мост, и на ниедно место немав чувство дека се движам по меѓуградски пат. Ни хоризонтална, ни вертикална сигнализација, ни патокази, ништо.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: I.M.
Date Posted: 29-Apr-2014 at 22:38
Originally posted by phenomenon

Вака, состојбата на Куманово ќе се обидам да ја опишам во неколку реченици, со голи факти, без никакви етикетирања. Куманово пропаѓа зашто е заложник на паразитите од градскиот Совет кои за проблемите што ги мачат граѓаните на Куманово и за самиот град Куманово се интересираат како за ланскиот снег. За жал,поради овие креатури Куманово започна да наликува на Детроит во мало, т.е. одредени делови од градот започнаа да опустошуваат, некои целосно, а некои делумно. Па така ги имаме рак-раните Автобуска Станица, Житомел, некогашниот Супермаркет, комплексот Стар Мерак, Занаетчискиот Дом, ТЦ Гарнизон, подрумските простории на Нама, Чоробенското Ќоше, Пионерскиот Дом, Тутунскиот Комбинат, Кумановската Бања, TЦ Гоце Делчев и многу други - сите празни и запуштени.
Лично имам некое кобно претчувство дека Куманово незапирливо е тргнато по патот на Дојран и Мелник кои од некогаш значајни центри се сведоа на безначајни села.

Инаку, за патов, го имам одено пешки сегментот од Доброшане до Орашац, поминувајќи преку страшниот Искрин Мост, и на ниедно место немав чувство дека се движам по меѓуградски пат. Ни хоризонтална, ни вертикална сигнализација, ни патокази, ништо.


Ја сум од Куманово и целосно се слагам со тебе,да не испадне дека мешаме политика,голи факти се во прашање видливи од планина.
Градот пропаѓа факт е,никава инвестиција,ама баш никаква,локалната власт е целосно незаинтересирана,но и централната ништо подобра не е.

Во врска со регионалниот пат,баш пред некој ден го возев навечер,најочајно е од затворот Кшање па натаму према Св.Николе,скроз необележан,дури нема ни средишна линија,нити стубчиња да светат во црниот мрак ни банкини..ништо.Мало невнимание и отиде со колата у неповрат,безбедност 0,асфалтот исто.


Posted By: I.M.
Date Posted: 29-Apr-2014 at 22:39
Originally posted by gjoko

јас лично многу се изненадив,но несакав да коментирам чисто заради избегнување на било какви етикетирања

Слободно етикетирај,никој нема да ти се наљути.


Posted By: gjoko
Date Posted: 29-Apr-2014 at 23:26
ма јас бегам мене да не ме етикетираат,ни на крај памет нема да ми биди јас да лепам такви работи


Posted By: ehrlich
Date Posted: 30-Apr-2014 at 00:28
Одма се приметува кога на некој не му оди. Истото беше и со Скопје во времето на Трифун Костовски, градот просто пропаѓаше, ништо не се случуваше. И не мора да ги посетуваш толку често градовите за да видиш како ти е се развиваат. Додека во Прилеп се изградија еден куп работи, за Куманово скоро и да не се слуша, освен во делот за црна хроника.


Posted By: Denko
Date Posted: 04-Jul-2014 at 14:05
Pred tri dena go vozev ovoj pat i mozam da kazam deka istiov izgleda ocajno. Osven nekoj nov soobrakaen znak se ostanato e od vremeto na Jugoslavija...


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Jun-2016 at 13:39
Вчера се враќавме за Скопје, преку патот Свети Николе-Куманово. Оваа делница е очајна за реконструкција и проширување. Не направив фотографии зашто беше ноќе.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 26-Jul-2019 at 18:56
Вчера вечерта возев мал дел од патов, убаво реконструиран, обележан само по средина и слабо вертикално означување, според муабет со пријател само до Искрин мост бил реновиран но не и понатаму ,а знам дека Китанов и Сугаревски изјавуваа дека цел ќе биде реконструиран.
Би сакал да дознаам дали нешто после Искрин мост се случува или стагнира.


Posted By: ironm
Date Posted: 14-Aug-2019 at 13:59
СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ КУМАНОВО-СВЕТИ НИКОЛЕ, ПРОЕКТОТ ЧИНИ 2,9 МИЛИОНИ ЕВРА

Се реконструира регионалниот пат Куманово-Свети Николе во должина од 42 километри. Овој патен правец е единствената врска на Куманово кон источниот дел на земјата и се наоѓаше во катастрофална состојба. Вредноста на проектот е 2,9 милиони евра, обезбедени преку Европската банка за обнова и развој.

„Кога прашав кога последен пат овој пат е чепнат ми беше речено од времето на Тито. Значи 50 години никој овие патишта не ги погледнал. И друг пат имам кажано не е лошо да се градат нови патишта, но тоа не значи дека треба да ги заборавиме старите патишта да ги оставиме на забот на времето“, изјави Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, кој заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, извршија увид во активностите на лице место во селото Орашац.

Реконструкцијата започна во јуни и досега целосно се завршени 10 километри, на 15 километри е заменет прв слој на асфалтот и од следната недела отпочнува со целосно поставување на вториот слој и на останатите 32 километри.

„Иако рокот на реконструкцијата е планирано до пролет изведувачите ни рекоа дека ќе се потрудат оваа градежна сезона сите 42 километри да ги завршат, информираат надлежните.

Во Североисточниот регион со реконструкција се опфатени повеќе регионални патишта во должина од 120 километри, од кои дел се завршени или се работа како што се делниците Куманово-Опае, Пелинце-Старо Нагоричане, Куманово-Никуштак, а во наредниот период ќе се отпочне со работа на меѓународниот пат Крива Паланка-Ранковце, Страцин-Ранковце, Куманово-Страцин.

Министерот Сугаревски рече дека во моментот во целата држава се работи на 550 километри патна мрежа, а во Куманово се инвестираат околу 60 милиони евра, на дел во патната и дел во комуналната инфраструктура.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-rekonstruira-patot-kumanovo-sveti-nikole-proektot-chini-2-9-milioni-evra/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-rekonstruira-patot-kumanovo-sveti-nikole-proektot-chini-2-9-milioni-evra/




Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Sep-2019 at 09:16
Завршена е рехабилитацијата на 10 km од регионалниот пат Р1204, делница Куманово – Свети Николe. Вредност: 1,2 милиони евра

фото: фб профилот на Горан Сугарески







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Dec-2019 at 10:25
Увид во реконструкцијата на патот Куманово - Свети Николе

https://flic.kr/p/2i15rqC"> https://flic.kr/p/2i15rqC - Увид во реконструкцијата на патот Куманово - Свети Николе by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Северна Македонија , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ehrlich
Date Posted: 23-Feb-2020 at 16:32
Патов е сериозно добро направен, иако кога бев пред месец дена не беше целосно завршен во поглед на работите околу патот.

1. Така, се уште на повеќе места заштитните огради не беа целосно закопани, иако морам да ги пофалам дека имаат поставено многу метри заштитни огради на целиот пат во двете насоки.
2. Се гледа се вложиле напори и се направени одводи до самиот пат.

Сепак, негативностите на овој пат се:

1. Ниту едно одморалиште не е чепнато, поправено.
2. Искрин мост е оставен да пропаѓа, па така на спојките зјаат кратери, кои се доста опасни.
3. Патот низ селата пред Куманово не е поправен.


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Apr-2020 at 10:14
Ако не грешам, по 4:10 минута (и сѐ до 11:10 минута), може да се види неодамна реконструираниот пат Свети Николе-Куманово.

[tube]VbanA3M-CZA[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ehrlich
Date Posted: 16-Apr-2020 at 17:42
Да, да, тој пат е прикажан Можеби најдобро изведен пат во Македонија.



Print Page | Close Window