Print Page | Close Window

[Р-2236] Св. Николе - Пробиштип *

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1241
Printed Date: 06-Jul-2025 at 06:56


Topic: [Р-2236] Св. Николе - Пробиштип *
Posted By: lslcrew
Subject: [Р-2236] Св. Николе - Пробиштип *
Date Posted: 01-Nov-2010 at 07:06
Р-210

АРМ ги поврзува Свети Николе и Пробиштип

Инженерска единица на Армијата на Република Македонија интензивно работи на пробивање и проширување на патниот правец меѓу селата Куково, на територијата на општина Пробиштип и Мечкуевци од страна на општина Свети Николе.

Станува збор за делница во должина од 5,6 километри, која од сегашните 3 метри наменети за коловоз, ќе биде проширена на 6 метри. Се очекува деновиве да почне и тампонирањето на проширената траса. Двете соседни општини, Пробиштип и Свети Николе, во оваа фаза на изградба учествуваат со сместување и обезбедување исхрана за војниците од инженерската единица на АРМ.

Асфалтирањето на пробиената и тампонирана траса, според најавата, ќе биде обврска на двете општини.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=82FD774C17A4F7409435BC62EF1A7713



Replies:
Posted By: Makedonij
Date Posted: 09-Nov-2010 at 17:56

http://www.probistip.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=276%3A2010-11-09-08-26-58&catid=41%3Anastani&Itemid=269&lang=mk - Се гради делница од регионалниот пат Пробиштип - Свети Николе


Градежните работи на дел од патниот правец Пробиштип - Свети Николе се во тек. Оваа делница која преостана од патот кој е во должина од 28 километри поодамна беше пробиена, на одредени места беше и тампонирана, но од причина што беше оставена така, атмосферските води повторно го ископаа патот и истиот беше прооден само со теренско возило. Армијата на Република Македонија одново го проби и почна да го тампонира. Откако ќе завршат со тампонирањето патот ќе биде подготвен за асфалтирање. Од таа причина од Опшина Пробиштип е упатено барање до Агенцијата за државни патишта на Република Македонија, каде бараме оваа делница да биде ставена во програмата за изградба и одржување на државните патишта за 2011 година. Овој патен правец е од големо значење за општина Пробиштип од причина што се крати не само растојанието помеѓу Пробиштип и Свети Николе, туку значително се намалува и растојанието помеѓу Пробиштип и Скопје.
http://www.probistip.gov.mk/images/pat%20s.nikole1.jpg
http://www.probistip.gov.mk/images/s.nikole2.jpg
http://www.probistip.gov.mk/images/s.nikole3.jpg
http://www.probistip.gov.mk



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Nov-2013 at 00:07
Пуштен во употреба реконструираниот пат Пробиштип-Свети Николе



Денеска е пуштен е во употреба целосно модернизираниот регионален патен правец Свети Николе-Пробиштип во должина од 28 километри, што досега не беше функционален. Станува збор за проект на Владата вреден 52 милиона денари што го реализира ЈП „Македонија пат“.

Според премиерот Никола Груевски, пред многу години тоа беше само земјен пат и жителите паметат само ветување од многу политичари, дека ќе се изгради модерен пат. „Можеше да се помине само со теренско возило, а при врнежи од дожд патот беше целосно во прекин. Сега е целосно израмнет, тампониран и асфалтиран во должина од 5,5 километри и ширина на асфалтен коловоз 5,5 метри“, рече Груевски.

На дел од овој патен правец, од приклучокот кај Свети Николе кон селото Немањица извршена е рехабилитација на посточекиот коловоз со негово приширување за 1,5 метар и е поставен целосно нов асфалтен слој во должина од 2 километра. За да се зголеми безбедноста на сообраќајот и патниот правец да биде функционален по целата должина од 28 километри, поставени се заштитени безбедносни огради на постоечките мостови и сообраќајни знаци, а е извршено и бележење со хоризонтална сигнализација на коловозот.

Груевски потсети дека Владата работи на изградба на патната инфраструктура и годинава ќе биде заокружена со реконструкција и ревитализација на вкупно 136 километри патишта.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=B8CC121178DD444EB6688A2619CFA2BD - http://www.utrinski.mk/?ItemID=B8CC121178DD444EB6688A2619CFA2BD

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window