Print Page | Close Window

Антички град Стенае

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Културно наследство
Forum Discription: Археолошки локалитети, цркви, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1243
Printed Date: 26-Apr-2024 at 21:23


Topic: Антички град Стенае
Posted By: mitatos
Subject: Антички град Стенае
Date Posted: 25-Mar-2011 at 13:17
Просек е всушност денешна Демир Капија. Името Демир Капија го даваат Турците кога го освојуваат во 1385, во превод значи „Железна Порта“. Средновековното име Просек е словенско и е само превод на античкото име на градот кој некогаш постоел тука-Стенае, што значи всечен во карпите. Денес ова место се забележува кога патувате по вардарската магистрала, крај Демир Капија односно на ридовите кои ја оформуваат Демиркаписката клисура долга 10 километри. Клисурата започнува кај Демир Капија, а завршува кај село Удово

Во минатото за да се направи пат, луѓето го всекувале патот странично во карпите и бил широк онолку колку да помине запрежна кола и добиток. Затоа контролата на овој теснец била многу лесна за оној кој владеел тука. На таа месност лежат и денес остатоци од долги камени ѕидови и неколку тврдини што ги бранеле планинските премини. Во овој теснец се граничат атарите на селата Демир Капија, Корешница и Человец; под имињата на овие села се евидентирани одделни стари тврдини, кои во минатото претставувале еден одбранбен систем, една целина. slika1 Населен е уште во антиката кога пајонските владетели изградиле комплекс на тврдини за да се одбранат од агресивното Македонско кралство на југ. Најлесен начин било да ја затворат клисурата и изградиле низа погранични тврдини. Во римско време на устието на реката Бошава во Вардар од малата пајонска населба нараснал градот кој на современата наука и е познат како Стенае, но не е сигурно дали навистина тоа било името на оваа населба. Стенае е сместена пред влезот во клисурата, а на нејзините темели денес лежи малото градче Демир Капија. Тогашните жители својот економски просперитет го наоѓале во рударството: вадење и преработка на железо и бакар, како и испирање на злато во Дошница. Во доцната антика со упадите на варварите од
север,населението се повлекува на високите непристапни карпи. Античките тврдини се возобновени, а Стенае полека запустело. Од оваа позиција се бранел премиот кој им го сечел патот на варварите во своите походи кон југ во Солунско поле и копнена Грција. Новата населба на ридовите која е обновена во 6 век (веројатно за време на Јустинијан I) го добива името Мирополес.









slika3

Слика2 ( Средновековен Просек обележан на снимка од Google Earth)


За овој град нема многу информации во нашиот форум,па ја нешто најдов на нет,се наога близу демир капија тука на сајтот има доволно информации, ако не го мрзи некој нека постира нешто.

http://www.cdnh.edu.mk/frame.aspx?ProektID=71


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)



Replies:
Posted By: alexgizh
Date Posted: 25-Mar-2011 at 13:50
Просек е средновековното име на Демир Капија (на турски демир = железо, капија = врата). Античкото име е Стенае. Бидејќи mitatos ја отвори нишкава, му давам избор за да се преимени нишката во:

1. Средновековен град Просек, или
2. Антички град Стенае.

Па, пријателе, бирај


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: mitatos
Date Posted: 25-Mar-2011 at 14:24
ок, сменето е,само да го полниме со информации малку =)

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Makedonij
Date Posted: 26-Mar-2011 at 21:09
@ Средновековното име Просек е словенско и е само превод на античкото име на градот кој некогаш постоел тука-Стенае, што значи всечен во карпите.


Јас стварно незнам кои се стручњаците шо преведуваат?

СТЕНА Е ( по наше ЅИД Е), на словенски?

На словенски (словенечки), тај збор се користи секојдневно, најногу се употребува за истоименка на ѕид или истименка на голема карпа односно камен зид по планините. Thumbs%20Up




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 26-Mar-2011 at 21:24
Повеќе за Просек ТУКА:

http://www.cdnh.edu.mk/frame.aspx?ProektID=71 - http://www.cdnh.edu.mk/frame.aspx?ProektID=71


Имате од рекострукција и се шо е поврзано со него


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 08-Apr-2012 at 13:45
Просек е всушност денешна Демир Капија. Името Демир Капија го даваат Турците кога го освојуваат во 1385, во превод значи „Железна Порта“. Средновековното име Просек е словенско и е само превод на античкото име на градот кој некогаш постоел тука-Стенае, што значи всечен во карпите (на словенечки, стена значи ѕид). Денес ова место се забележува кога патувате по вардарската магистрала, крај Демир Капија односно на ридовите кои ја оформуваат Демиркаписката клисура долга 10 километри. Клисурата започнува кај Демир Капија, а завршува кај село Удово. Тешко е да се замисли дека во овој дом на орлите некогаш се наоѓал вистински град кој го контролирал патот од север кон југ (денес Скопје-Солун). Ридовите кои се издигаат над 220 метри високо се пресечени со реката Вардар. Во минатото за да се направи пат, луѓето го всекувале патот странично во карпите и бил широк онолку колку да помине запрежна кола и добиток. Затоа контролата на овој теснец била многу лесна за оној кој владеел тука. На таа месност лежат и денес остатоци од долги камени ѕидови и неколку тврдини што ги бранеле планинските премини. Во овој теснец се граничат атарите на селата Демир Капија, Корешница и Человец; под имињата на овие села се евидентирани одделни стари тврдини, кои во минатото претставувале еден одбранбен систем, една целина.

http://i258.photobucket.com/albums/hh275/kicevonet/Mart%202008/PROSEK-google.jpg"> http://i258.photobucket.com/albums/hh275/kicevonet/Mart%202008/Prosek-obelezana-blending.jpg">

Населен е уште во антиката кога пајонските владетели изградиле комплекс на тврдини за да се одбранат од агресивното Македонско кралство на југ. Најлесен начин било да ја затворат клисурата и изградиле низа погранични тврдини. Во римско време на устието на реката Бошава во Вардар од малата пајонска населба нараснал градот кој на современата наука и е познат како Стенае, но не е сигурно дали навистина тоа било името на оваа населба. Стенае е сместена пред влезот во клисурата, а на нејзините темели денес лежи малото градче Демир Капија. Тогашните жители својот економски просперитет го наоѓале во рударството: вадење и преработка на железо и бакар, како и испирање на злато во Дошница. Во доцната антика со упадите на варварите од север, населението се повлекува на високите непристапни карпи. Античките тврдини се возобновени, а Стенае полека запустело. Од оваа позиција се пранел премиот кој им го сечел патот на варварите во своите походи кон југ во Солунско поле и копнена Грција. Новата населба на ридовите која е обновена во 6 век (веројатно за време на Јустинијан I) го добива името Мирополес.

Античките тврдини се запазени и во средновековието кога со мали преправки повторно се користат. Ги следат истите линии на градба од антиката. Словенското име Просек го добива не подоцна од 10 век. Забележано е како црковно средиште — енорија во рамките на Мегленската епархија, во повелбата на Василиј II од 1019 г. Во доцниот 12. век кога Византија ослабнала, струмичкиот феудалец Добромир Хрс го приклучил Просек кон својот имот (1186 г.?). Овие настани ги забележил современикот Никита Хонијат. Еве неколку фрагменти: „…(Просек) лежи на две стрмни карпи меѓусебно разделени, но наблизу поставени една наспроти друга. Еден единствен тежок и тесен пат води горе кон него. Карпата е стрмна и сосем недостапна … (Хрс) ја присвоил пркосната тврдина која Ромеите ја напуштиле и ја оставиле без посада. Тој таму прибрал одбрани борци, поставил насекаде справи за фрлање, изградил и ги наполнил амбарите со жито и пуштил овци и говеда да пасат по тесните појаси на ридот. Имено, тврдината не е малечка, таа се простира многу далеку …” По ова следи описот на борбите со кои византискиот цар лично се обидувал Просек да го врати под своја власт (1199 г.).
http://i258.photobucket.com/albums/hh275/kicevonet/Mart%202008/Prosek-obelezana-blending.jpg -

Добромир Хрс (се сретнува и како Хриз) Во втората половина на 12 век Византија била зафатена во борбата против Србите и Бугарите.Тоа го искористил крупниот македонски благородник Добромир Хриз за да се ослободи од византиската власт. Хриз бил најпрвин упаравител на градот Струмица. Откако собрал 500 приврзаници, во 80-те години на 12 век ја отфрлил византиската власт и се осамостоил. Потоа своето седиште го пренел од Струмица во Просек (кај Демир Капија), на реката Вардар. Со центар во Просек, Добромир Хриз формирал независно феудално владеење. Хриз ги завладеал и околните територии и градови, како, Прилеп, Битола и др. Византијците се обиделе да го освојат Просек и да го ликвидираат независното владеење на Добромир Хриз. Меѓутоа, доживеале пораз и морале да се повлечат. Потоа бил склучен мир со Византија, а Хриз бил оженет со една византиска принцеза. Не се знае како завршило неговото владеење. Во 1202год. му се губи секаква трага.

Стрез (не е познат остатокот од името). Во почетокот на 13 век во еден дел на Македонија, со центар во Просек, се осамостоил благородникот Стрез. Тој бил роднина на бугарската царска фамилија и учествувал во борбите околу бугарскиот престол. Во 1207год. Стрез се утврдил во градот Просек и започнал да владее како независен владетел. Потоа ги освоил и околните македонски територии. Во составот на независното владеење на Стрез влегувале териториите од Скопје до Охрид и Бер на југ, а на исток териториите до планините Огражден и Беласица. Стрез бил воинствен владетел. Постојано преземал походи за проширување на своите територии, особено на југ кон Солун. Поради тоа морал да води неколку војни против Солунското латинско кралство. Во почетокот имал успех и освоил некои латински територии, но подоцна бил принуден да се повлече. Решавачката битка со Латините се одиграла пролетта 1211год. Во Пелагонија. Стрез доживеал катастрофален пораз во битката и повеќе не преземал напади на Солунското латинско кралство. Потоа започнал да се подготвува за напад на Србија. Меѓутоа, во текот на подготовките, во 1214год. Бил убиен од заговорници.

Историјатот на Просек во следната половина од векот бил многу бурен. Во 1201 г. Византија воспоставила тука власт, а една година подоцна тоа го сториле Бугарите. Ч’смен, управникот на Просек, во 1205 г. тргнал со војската на Солун и загосподарил за кусо време со неговото подградие. Во 1207 г. со Просек завладеал севастократор Стрез, одметнувајќи се од  бугарската власт. Просек станал престолнина на големо кнежевство кое што го опфаќало целото Повардарие и Пелагонија.  По смртта на Стрез (околу 1215 г.) Просек (и Повардарието) паѓаат под Латините од Солун, а во 1216 г. под деспотите од Епир. Во 1230 г. Просек со Повардарието го земаат Бугарите. Во 1246 г. паѓа под власта на Никеја. Околу 1328/30 г. Србите го освоиле Повардарието и во Просек управува српски кефалија. Турците го зазеле Просек веројатно во 1385 г. Во турските документи од 16. век тука е забележано село Демир Капија, чие што име преживеало до нашите дни.


Средновековен Просек-Илустрација од Средновековни градови и Тврдини во Македонија-Иван Микулчиќ. http://i258.photobucket.com/albums/hh275/kicevonet/Mart%202008/PROSEK-ilustracija.jpg - Клик за поголема резолуција.

http://kicevo.blog.mk/page/11/ - http://kicevo.blog.mk/page/11/
http://i258.photobucket.com/albums/hh275/kicevonet/Mart%202008/Prosek-obelezana-blending.jpg -



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ



Print Page | Close Window