Print Page | Close Window

Клиника Жан Митрев (поранешна Болница Филип II)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Здравствени
Forum Discription: Болници, клиники...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1262
Printed Date: 22-Oct-2019 at 12:07


Topic: Клиника Жан Митрев (поранешна Болница Филип II)
Posted By: Cloverstack
Subject: Клиника Жан Митрев (поранешна Болница Филип II)
Date Posted: 06-Apr-2010 at 12:38
Продажба на земјиште за здравствена институција во Карпош

Министерството за транспорт и врски објави оглас за отуѓување на државно градежно земјиште за изградба на здравствена институција, по пат на јавно наддавање. Предмет на огласот е парцела во близина на Воена Болница, зад бензинската пумпа на Макпетрол, со големина од 8.400 метри квадратни. Објектот е предвиден со ДУП за Локалитет Карпош 2, чив опфат е помеѓу ул. Бледски Договор, бул. Илинден, бул 8-ми Септември и бул. Партизански одреди, а кој е донесен на 23.12.2009. Со деталниот урбанистички план, кој општината го донесе по барање на владата, се предвидени два нови здравствени објекти со приземје и 4 спрата, високи по 21 метар. На парцелата на која се однесува огласот треба да никне зграда со површина на габаритот од 2541 метри квадратни и максималната изградена површина од 12707 метри квадратни. Со условите на огласот се бара да бидат обезбедени 260 болнички легла и 100 паркинг места.

Почетна цена за метар квадратен изнесува 12.000 денари, односно 100.800.000 за целото земјиште. Пријавите за учество можат за да се доставуваат најдоцна до 05.05.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 12.05.2010, во просториите на Министерството за транспорт и врски, со почеток во 11 часот.


http://www.build.com.mk/?p=2601 - http://www.build.com.mk/?p=2601



Replies:
Posted By: axel
Date Posted: 08-Jun-2010 at 12:57
“Филип Втори“ го доби земјиштетот за изградба на здравствени објекти во Карпош

Приватната здравствена установа “Филип Втори“ го доби земјиштетот во населбата Карпош наменета за изградба на здравствени објекти на јавно наддавање, информираше Министерството за транспорт и врски.

“За локацијата со вкупна површина од 8.400 м², ПЗУ „Филип втори“ од Скопје уплати вкупно 105.000.000 денари, согласно највисоката постигната цена на јавното наддавање од 12.500 денари по метар квадратен“, соопштуваат од Транспорт.

Според ДУП за локалитет Карпош 2, помеѓу улицата Бледски договор, булевар Илинден, улицата 8 –ми Септември и булеварот Партизански одреди на оваа локација е предвидено да се изгради објект со намена здраствени инситуции со можност од алтернативна класа на намена за мали комерцијални и деловни дејности.


http://www.time.mk/read/55d695bdf0/b8bc6c8eec/index.html


Posted By: axel
Date Posted: 01-Mar-2011 at 20:54

Жан Митрев ќе гради нова болница

11 години професионалност и доверба, одбележува денеска кардиохирургијата Филип Втори. Првиот човек, доктор Жан Митрев вели - продолжуваме со нови проекти во интерес на пациентите, наскоро ќе се гради нова болница. Со него во вестите на Канал 5, зборуваше Мирјана Мирчевска – Јовановиќ.

- Филип Втори постои веќе втора деценија. Две единици, како што велат значи голем нов почеток. Го следиме нашиот развој и потребите кон нашата работа од страна на пациентите и неминовно е да дојдеме до овој стадуим на проширување на просторот во кој се наоѓаме, т.е. изградба на нова болница, бидејќи во овој простор каде што се наоѓаме нема повеќе ниту сантиметар кој што не е искористен. Извршуваме над 35.000 прегледи годишни, над 2.000 различни видови на интервенции, значи огромна бројка на пациенти кои што неминовно бараат адекватни просторни услови, вели д-р Жан Митрев.

Целото интервју погледнете го на видеото:
01.03.2011, 18:02

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=72025


Posted By: axel
Date Posted: 02-Mar-2011 at 18:57
ja ima na a1 na reklama novata bolnica na zan mitrev 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Apr-2011 at 15:24
Ајде нишка и за овој проект.

Објект како од осумдесетите, со бонус „антика“. Веројатно лично Д-р Жан Митрев бил главен „архитект“.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Apr-2011 at 16:33
Токму спротивното, објектов е многу фино спакуван, античкиот елемент над влезот е нормално уклопен и сосема доволно антика има вообјектопв, сепак болницата се вика Филип Втори и ќе фалеше да ја немаше.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 03-Apr-2011 at 16:42

Мене ме потсеќа на Зебра (катната гаража на Тинекс). Стилот ми е сосем ок за локацијата и намената на објектот.



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 04-Apr-2011 at 08:12
Originally posted by Cloverstack

Ајде нишка и за овој проект.Објект како од осумдесетите, со бонус „антика“. Веројатно лично Д-р Жан Митрев бил главен „архитект“.
Ептен си во право...го осакатил објектов уште во старт...
...мавајте со камења после по архитектите...како би било да доаѓаат пациенти и за нивни пари да му кажуваат by-pass како се прави најправилно...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Apr-2011 at 08:16
Жан Митрев само си го отработи статусот во оптеството, никој не дојде на тацна да му го даде како што барате како фела. Особено што не се споредува лично здравје со работи што се вака за во слободно време есететика на објекти и ничив живот не зависи од тоа. Најверојстно овие оценки што ги давате веќе не се ни сомневам, не се од професионални причини. Една друга работа што особено во вакви случаеви се злоупотребува. Сте избрале професија да ви биде неегзактна наука каде се функционира, а финалното решние е по вкус без разлика дали на инвеститор или архитект. Не е тоа ни медицина со едно решение ни математика ни технологија, уметност е. Влегувајќи во таква професија треба малку на факултет и да ви кажат како стојат работите и кој ги дава парите. Дипломата не е никаква лиценца за уредување на просторот и неможе за туѓи пари да се тера чалам кој побездушен проект ќе нацрта. Така нема во ниедно општество во свет и џабе е цело плачење дека ние нешто тука архитектите безмалку ги линчуваме. Сериозно да си ја сватите, на волкот му се остри забите зашто сам си коле офца.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 04-Apr-2011 at 09:04
Originally posted by lslcrew

...Влегувајќи во таква професија треба малку на факултет и да ви кажат како стојат работите и кој ги дава парите. Дипломата не е никаква лиценца за уредување на просторот и неможе за туѓи пари да се тера чалам кој побездушен проект ќе нацрта....


А што е лиценцата? Диплома од медицински? или од ветеринарен?
Твојата „љубов“ кон архитектите ми е добро позната...исто како и непознавањето на многу теми за кои цели „докторати“ полни со небулози се изначитавме овде...
Не ми е јасно само во што го глеаш „плачењето“...те погодува кога некој ќе каже дека се стрескани еден куп пари за поголем куп од невкус...има ли поголема бездушност во реченицата „кој ги дава парите“!? Очигледно ти е животна девиза...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Apr-2011 at 09:15
@lsl

По којзнае кој пат не потсеќаш дека за тебе цивилизациските норми не значат ништо и дека единствениот начин кој го прифаќаш е оној на силата и агресијата, каде посилниот има право на се, послабиот на ништо. Целото знаење, организација, специјализација.... кое човештвото ги акумулирало во својата историја не вреди пет пари пред налетот на агресијата.

Да не филозофирам премногу на кратко само ќе кажам. При крај сум со изградба на семејна куќа. Ништо особено, дневна, кујна и 3 спални соби. За еден таков „обичен“ објект од фрлањето посен бетон па се до поставувањето паркет, доколку не го консултирав архитектот ќе направев еден тон грешки кои скапо ќе ме чинеа во понатамошната експлоатација на куќата.

Што останува тогаш за еден ваков специјализиран комплексен објект каде специфични процеси и функционалности треба да бидат предвидени?



Posted By: StreetStruck
Date Posted: 04-Apr-2011 at 11:44
Добро муабетов ви звучи ко стварно Жан Митрев да ја проектирал...Crazy
Па нормално дека архитект ја проектирал и нормално дека ќе бидат запазени сите стандарди и норми што важат во медицинава. На крај краево битен е надворешниот изглед но не и пресуден, побитно е функционалноста да биде на врвно ниво. А башка што не изгледа нешто толку лошо од надвор. Сигурен сум дека и рендеров не ја доловува правата слика, така да мислам дека во живо ќе изгледа поубаво од ова.


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Apr-2011 at 12:01
Originally posted by StreetStruck

Добро муабетов ви звучи ко стварно Жан Митрев да ја проектирал...Crazy
Па нормално дека архитект ја проектирал и нормално дека ќе бидат запазени сите стандарди и норми што важат во медицинава. На крај краево битен е надворешниот изглед но не и пресуден, побитно е функционалноста да биде на врвно ниво. А башка што не изгледа нешто толку лошо од надвор. Сигурен сум дека и рендеров не ја доловува правата слика, така да мислам дека во живо ќе изгледа поубаво од ова.


Секако дека од рендеров не сфативме се (односно ништо) за проектот, и дека муабетот што се разви е во многу поширок контекст а не за самиот проект.





Posted By: N23
Date Posted: 04-Apr-2011 at 12:13
Веројатно Жан Митрев дал "наредба" како да изгледа, провизорно го нацртал и после го дал на далеку постручни луѓе од него да го средат во целост. За жал факт е дека на ова поднебје, кој дава пари тој и кажува како ќе изгледа. Изгледа тотално нефер спрема архитектите, ама еден мој професор константно повторува една реченица, животот не е фер, секогаш победува посилниот. Архитектите се тие кои добиваат пари за проектот и најчесто го прават по наредба и мерка од тој што уложува средства. Не би навлгал во тоа дали е тоа деградација на професијата архитект, меѓутоа силата и моќта се насекаде во светот на прв план. Затоа и Жан, а сигурно во консултација и со некои функционери, дошол до оваа идеја. Среќа во несреќа е што не е ко зградине на кеј, има нешто болничко во неа.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 04-Apr-2011 at 12:18
Originally posted by StreetStruck

Добро муабетов ви звучи ко стварно Жан Митрев да ја проектирал...


Очигледен е архитектонскиот „зафат“ со триаголен тимпанон, кој е неспоив со тоа што се случува со другиот дел од решението на фасадата...и се гледа тоа од авион...стварно не ми се јасни непотребни емотивни реакции на таа тема...



-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 04-Apr-2011 at 13:22
Function over form... maybe?

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 04-Apr-2011 at 14:04
Нема никакви непотребни емотивни реакции, уствари нема никакви емотивни реакции.
Ништо не ме чуди. Факт е дека инвеститорот си имал свои барања но исто така факт е дека цифрата која би требало да се одвои од неговиот џеб кога објектот би бил некое си мало ремек дело, би била многу поголема. Јас едноставно гледам од друга страна, кои би биле придобивките од болницава. Знам дека сите сакаме да видиме нешто единствено и невообичаено, но тоа е тоа.
И извини N23, бидејќи сочувствуваш со архитектите, сакаш да кажеш дека они, кои да се, со тие пари кои им биле на располагање не можеле да изнајдат подобро решение. Апсолутно не се сложувам со тоа бидејќи верувам дека можат да ги вметнат и барањата на инвеститорот но и финалниот производ да изгледа многу подобро, само доколку се има визија. Јас што поима немам од таа струка па ова можам да го нацртам (зборам за надворешниот изглед). А ако се воделе строго според идеите на Жан Митрев тогаш не ни заслужуваат да се нарекуваат архитекти бидејќи не успеале да наметнат свое видување и не успеале да стават свој белег и печат. Верувам дека доколку инвеститорот види нешто поубаво од својата замисла, а цената не се разликува многу би го прифатил тоа. Заклучокот е дека архитектите ова го сработиле без да сакаат да се докажат и да се издвојат, неможе никој да ме убеди дека немале простор за колку толку слобода при проектирањето (пишувам колку толку заради барањата кои инвеститорот сигурно ги наметнал).
Пак ќе кажам дека изгледот не ми смета толку, побитно ми е тоа што го добиваме ние како општество од болницава, а знам дека ќе се сложат сите дека тоа не е спорно.


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: N23
Date Posted: 04-Apr-2011 at 14:15
Јас само ја кажувам реалноста. Конкретно во дејноста во која се образувам, иако се смета за една од најотворените, дејност во која можеш гласно да го кажеш своето мислење, па се наидува на пречки и наместо свое мислење за пари се интерпретира нечие друго мислење. Што ако му дале друг предлог па овој да им рече не сте вие задолжени предлог да ми давате него јас го сакам мојот, па да ги избрка од проектот. Премногу е сурово општествово за да се обиде на некој да му се прикаже подобра идеја. Јас не спорам дека можат далеку поквалитетен проект да изработат, сигурен сум дека сега да седнат ќе нацртаат поубав за истите пари, ама во прашање е инвеститорот. Веројатно поголем дел од нив одат на варијанта ако инвеститорот сака така, така нека му биде, само јас да не ги изгубам парите. Кога архитектите би се ценеле многу повеќе и би заработувале големи пари, сигурен сум дека работите другачие би се одвивале. Проблем е доколку ова е целосно дело на некој архитект, без и мала доза на притисок од страна. Е тогаш е стварно лошо. А доколку е обратно, не би имал зашто да ги критикувам архитектите кога и тие работат за парче леб. Многу е поважно внатрешноста на оваа болница како ќе биде проектирана, затоа што мислам дека дури после внатрешниот изглед би можеле да спориме и сл. Очигледно и самото име го дало правецот за проектирање на ваков екстериер. Се додека напред не стават некој лав или споменик ок е.


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 04-Apr-2011 at 14:55
Не одат поголем дел по гзот на инвеститорите, сите одат така, јасно е ко ден. Башка што кај нас од тоа што се гради се приметува една заспаност и неинвентивност, така да не е баш за бранење и одобрување работата на архитектите. Искрено нивната професија самите си ја сведоа на дај ми пари до утре ќе ти биде готово проектчето. А да бидеме искрени вршат помала работа од другите подизведувачи како статичари, електроинжинери, машински инжинери итн, за жал. Архитектите не се толку ограничени со стандарди, форми и што ти ја знам што уште не. А пуни се пари, најискрено.
Ја реков се кладам дека ако архитектот направи нешто поубаво за око од замислата на инвеститорот и тоа во рамките на барањата и финансиските можности на инвеститорот, инвеститорот би прифатил такво решение. Затоа и постои таква професија- архитект, за да направи нешто што на другите не би им паднало ни на памет, а камо ли на тоа дело да му дадат живот. Но кај нас изгледа поубаво им е со малку труд да ги земаат истите пари. Факт е од тоа што секојдневно го гледаме дека немаат жар во тоа што го работат, а времево во кое живееме им нуди предизвици колку сакаш, само што се научиле дека и со помалку труд ќе си го добијат своето (парите). А друга работа е што нема во државава, во градовите, во општините, некој кој што ќе кажува што може да помине за градба, а што не може. Со тоа им се дава уште поголема можност да ја истакнат својата неинвентивност.
И да не ја бараме кривицата во другите, тие треба да си се изборат за струката, за професијата. Почитта и просторот кои ќе им се дадат треба сами да си ги придобијат и заслужат.


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Apr-2011 at 15:10
Originally posted by StreetStruck

Не одат поголем дел по гзот на инвеститорите, сите одат така, јасно е ко ден. Башка што кај нас од тоа што се гради се приметува една заспаност и неинвентивност, така да не е баш за бранење и одобрување работата на архитектите. Искрено нивната професија самите си ја сведоа на дај ми пари до утре ќе ти биде готово проектчето. А да бидеме искрени вршат помала работа од другите подизведувачи како статичари, електроинжинери, машински инжинери итн, за жал. Архитектите не се толку ограничени со стандарди, форми и што ти ја знам што уште не. А пуни се пари, најискрено.
Ја реков се кладам дека ако архитектот направи нешто поубаво за око од замислата на инвеститорот и тоа во рамките на барањата и финансиските можности на инвеститорот, инвеститорот би прифатил такво решение. Затоа и постои таква професија- архитект, за да направи нешто што на другите не би им паднало ни на памет, а камо ли на тоа дело да му дадат живот. Но кај нас изгледа поубаво им е со малку труд да ги земаат истите пари. Факт е од тоа што секојдневно го гледаме дека немаат жар во тоа што го работат, а времево во кое живееме им нуди предизвици колку сакаш, само што се научиле дека и со помалку труд ќе си го добијат своето (парите). А друга работа е што нема во државава, во градовите, во општините, некој кој што ќе кажува што може да помине за градба, а што не може. Со тоа им се дава уште поголема можност да ја истакнат својата неинвентивност.
И да не ја бараме кривицата во другите, тие треба да си се изборат за струката, за професијата. Почитта и просторот кои ќе им се дадат треба сами да си ги придобијат и заслужат.


Бидејќи вака лесно подели еден куп квалификации, ме интересира дали случајно беше на http://www.build.mk/?p=7160 - OUTBOX 2010 , да видиш 10на одлични проекти на група наши современи архитекти во подем?

Се работи за изложба на конкрусни трудови кои одговорните власти СВЕСНО БИРААТ да не ги прикажат на јавноста.

Наместо да ја усмерите критика онаму каде е навистина потребна, не само што премижувате пред извртениот систем на вредности кој како општество го практикуваме, туку и јавно го подржувате притоа, единствено лоцирајќи ја одговорноста на архитектите кои според вас не треба да заработуваат за живот туку да се претворат во гладијатори кои ќе се борат да докажат...... што? Дека професијата и дипломата имаат вредност? Дека управувањето со животниот простор е одговорна работа која има далекусежни економски, социјални, демографски, енергетски и какви уште не последици? Да докажуваат работи кои се нормални во било која земја од развиениот свет?

Не ми е целта да изигрувам адвокат на архитектите, тие си имаат голем дел од вината зошто не се подобро слушнати и разбрани.

Но да спориме за вакви елементарни работи, небаре архитектурата е некаква експериментална споредна вуду дејност, па дури допрва треба да се етаблира, а како наука постои илјадници години е стварно.... Nuts


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Apr-2011 at 17:00


Продолжеток на дискусијата во нишката за улогата на архитектурата во општеството:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=552&PID=93943#93943 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=552&PID=93943#93943


Posted By: Makedonij
Date Posted: 05-Apr-2011 at 15:41
Originally posted by Cloverstack

Ајде нишка и за овој проект.

Објект како од осумдесетите, со бонус „антика“. Веројатно лично Д-р Жан Митрев бил главен „архитект“.



Ednostvna, mi se dopaga, nešto poveke za objekt za bolnica ni ne znam da si predstavam...
Ima nekakvi dimenziski podatoci?


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 06-Apr-2011 at 20:04
 Апсолутно кредибилитетот на форумов ја бара критиката за проектот на оваа болница, меѓутоа во вакви ситуации и за вакви установи ми е многу побитно како ќе функционира сево ова одвнатре. „Школката“ во какви случаи ми е навистина од секундарно значење.

-------------
.....   .......


Posted By: axel
Date Posted: 17-Feb-2012 at 18:24
a pocna li da se gradi bolnicava ?? 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2012 at 13:59

Жан Митрев удри темели на новата болница?

Пред неколку месеци биле поставени темели на болницата, без да се обелодени во јавноста

Јасмина Јовановска



Дали, конечно, почна да се гради долгонајавуваната нова болница на д-р Жан Митрев, која треба да биде сместена во паркот на бившата Воена болница? Ваквото прашање се наметнува откако, како што дознаваме, молчешкум биле поставени темели на болницата, и тоа уште пред неколку месеци. Но, градежните работи не се одвиваат со вообичаено темпо за голем градежен објект. И снимката од теренот на локацијата каде што треба да се подигне новата болница не покажува некоја поголема раздвиженост на градежна механизација.

Од управата на болницата „Филип Втори“ не сакаат да откријат дали воопшто е стартувано со изградба на новиот објект, зошто темелите на новата болница се удрени далеку од очите на јавноста, ниту, пак, дали и колку се работи на нејзината изградба. Од таму не ни дадоа одговор ни колку е сериозно почнато со изградба, или темелите се само шминка дека се работи на болницата, посебно што за секој градежен објект има рокови за реализација. 

Неофицијални извори велат дека за новата болница на д-р Митрев се бара кофинансиер, а во игра се ставаат и некои американски фирми. Но, ни д-р Митрев ни од „Филип Втори“ не не' удостоија со објаснување на овие прашања.

Новата болница на д-р Митрев беше најавена уште пред пет години. Маркичка за изградба Општина Карпош и' додели во 2009 година, кога и болницата ја внесе во урбанистичкиот план како здравствен објект. Во 2010 година, д-р Митрев од Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање купи 8.400 квадратни метри државно земјиште во дворот на Воената болница. За него плати 1,7 милиони евра. Лани, на 11-годишнината од постоењето на „Филип Втори“, д-р Митрев и официјално го најави почетокот на изградбата на новата болница.

За три години, како што тогаш рече тој, Македонија ќе добие нова болница „Филип Втори“ од светски ранг. Болницата ќе се простира на 20.000 квадратни метри, ќе располага со 9 операциски сали и 200 болнички кревети. Болницата ќе биде комплекс од два објекта и ќе се состои од приземје и четири ката. Болницата, појасни тогаш д-р Митрев, ќе биде целосно македонска инвестиција.

Тој уште најави дека веќе потпишал договор за соработка со голем концерн, кој менаџира повеќе од 60 болници во Германија и четири универзитетски центри, со што ќе се создадел европски кадар за потребите на новата болница.

„Секоја година во наредните пет години 10-ина најдобри студенти од штипскиот универзитет ’Гоце Делчев‘ ќе заминат на петгодишна специјализација во Германија. По нивното враќање во Македонија, следува вработување во ПЗУ ’Филип Втори‘“, изјави лани Митрев.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=5F6FB0F00020C14DA6307E043AE647E8 - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=5F6FB0F00020C14DA6307E043AE647E8


Posted By: Dexter26
Date Posted: 18-Aug-2012 at 14:25
Previous
 
Едно се плановите на Жан Митрев, а друго се плановите на актуелната власт и на една друга болница чиишто сопственици се блиски до актуелната власт.
 
Истата таа друга болница сакаше да се всели под кирија во сегашните простории на кардиохирургијата Филип Втори во воената болница, но не успеа, кардиохирургијата Филип Втори ќе остане во тие простории во воената болница во наредните 10 години ако добро помнам, за што ќе плаќа дефинитивно не-евтина кирија, а од тука следува фактот дека кардиохирургијата Филип Втори веќе се соочува со високи трошоци само за кирија, како и за ред други најосновни фактори неопходни за да една кардиохирургија функционира исправно и со полн капацитет, поради што сосема нормално и разбирливо е одолговлекувањето на изградбата на новата болница Филип Втори во општина Карпош.
 
Само нека внимава Жан Митрев да не му отстапи висината на подрумот или на приземјето на новиот објект не само за некој метар, туку и за некој милиметар, бидејќи може да му се случи да заврши изградбата на карабината на објектот и веднаш да му го срушат заради глупости, како што веќе направија со еден станбен комплекс во Скопје кој се наоѓа веднаш до ФОН Универзитет и допрва треба да се сруши во целост за да почне повторно да се гради од 0 (НУЛА).


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Aug-2012 at 14:45
единствената добра страна од уривањето на КОСМОС е поука на сите инвеститори да си внимаваат што прават.друго све е штета за цела држава


Posted By: Џоле
Date Posted: 13-Mar-2014 at 15:26
Нешто се гради пред болницата 8-ми Септември (поранешна Воена болница), ама не се сеќавам што беше. Ако знае некој, нека пише.

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/13126724825/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/13126724825/ - DSC03100 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Jun-2014 at 06:07
Напредува изградбата на болницата „Филип Втори“

Оперативата на градежната фирма „Модинг“ од Тетово веќе две години активно работи на изградбата на Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“, кај Градската болница „8 Септември“ во скопската населба Карпош-3. Здравствениот објект со приземје и три ката во моментов е доведен на ниво на карабина, а допрва ќе се работи на изведба на стаклената фасада и на ентериерното уредување. Специјалната болница се гради на парцела со површина од 8.400 метри квадратни, купена на јавно наддавање во текот на 2010 година за 1,7 милиони евра. Изградбата започна кон средината на 2012 година, а за надзор беше ангажиран „Градежен институт Македонија“.









http://www.build.mk/?p=35543 - http://www.build.mk/?p=35543

-------------
За сè има вторпат


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 02-Jun-2014 at 11:22
Гледам тимпанонот со трем на главниот влез го измениле и го направиле повисок и подоминантен во однос на прикажаниот од рендерот. Далува многу неокласицистички, нешто како оној на Археолошки.


Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Jun-2014 at 17:00
имам слушано дека мора да го има на секој објект од `одбраното` друштво.кој знае што е вистина


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Jul-2014 at 08:59
Филип Втори - најдобра болница, Жан Митрев - најдобар здравствен менаџер

Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори" ја доби наградата за најдобра болница, а д-р Жан Митрев е прогласен за најдобар здравствен менаџер на овогодишниот Самит за здравје и туризам, кој од 1 до 4 јули се одржа во Стреса, Италија.

Секоја година Јуроп бизнис асембли (Europe business assembly) ја прогласува најдобрата здравствена установа со најдобар менаџер, како и најдобриот велнес-центар на територијата на Европа и Блискиот Исток. Годинава интернационалното признание му припадна на „Филип Втори" и на менаџерскиот тим на болницата.

Изборот на номинирани установи и менаџери се прави според неколку критериуми, како што се: елоквентност и стручност на персоналот, мултидисциплинарни медицински служби, национални и интернационални акредитации, научно-истражувачка работа, модерна медицинска опрема, писма на задоволство од пациентите, ефективност, фокусирање кон пациентите и нивното задоволство и процес на безбеден третман, како и примена на нови методи и технологии.

На самитот академик Жан Митрев со 10-минутна презентација на тема „Специјална болница Филип Втори - минато, сегашност, иднина" го пренесе секојдневието во работата на овој реномиран центар, соопштуваат од болницата.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/filip-vtori-najdobra-bolnica-zhan-mitrev-najdobar-zdravstven-menadzher - http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/filip-vtori-najdobra-bolnica-zhan-mitrev-najdobar-zdravstven-menadzher

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Aug-2014 at 13:14
Денес...

https://flic.kr/p/oBoH4K"> https://flic.kr/p/oBoH4K - DSC04833 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/oBoHkr"> https://flic.kr/p/oBoHkr - DSC04829 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Aug-2014 at 15:41
https://flic.kr/p/oBPzX8"> https://flic.kr/p/oBPzX8 - DSC04963 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/oBQdZU"> https://flic.kr/p/oBQdZU - DSC04964 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Sep-2014 at 16:26
Ми се чини дека оваа зграда ќе биде некоја чудна комбинација на елементи. И веројатно ќе нема врска со рендерот.

https://flic.kr/p/p4s9GJ"> https://flic.kr/p/p4s9GJ - DSC05538 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/piUqRj"> https://flic.kr/p/piUqRj - DSC05535 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/p4s9ZN"> https://flic.kr/p/p4s9ZN - DSC05536 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/p4soW4"> https://flic.kr/p/p4soW4 - DSC05539 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/p4rAq1"> https://flic.kr/p/p4rAq1 - DSC05540 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Sep-2014 at 12:46
https://flic.kr/p/pqSk3s"> https://flic.kr/p/pqSk3s - DSC05624 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Oct-2014 at 16:39
Било куда, антички столбови свуда:









Posted By: mr bombastic
Date Posted: 29-Oct-2014 at 03:35


Па наравно, не за џабе е Филип други


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Nov-2014 at 17:08
https://flic.kr/p/pNRho2"> https://flic.kr/p/pNRho2 - DSC06388 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/p9wMqR"> https://flic.kr/p/p9wMqR - DSC06389 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Feb-2015 at 16:43
https://flic.kr/p/r3d79Z"> https://flic.kr/p/r3d79Z - DSC07070 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/qKUwZa"> https://flic.kr/p/qKUwZa - DSC07071 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Feb-2015 at 20:15
кичерај невиден... може да се изведе класична геометрија во модернизам бре луѓе, аман... не мора столбовите и тимпанонот да бидат буквално во некој антички коринтски, јонски или каков и да е стил... геометријата го дава ефектот
тимпанонот е само еден голем триаголник на паралелно и симетрично поставени цилиндри, тоа е битниоит дел, а не музите во извајани во тимпанонот


ова како вишок материјал да им останал од Ск2014, па го прикрпиле тука


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Feb-2015 at 02:14
Кога би го немало влезот со тимпанонот, зградава веројатно би била некоја пристојна модерна архитектура (според мене). На пример, на првата фотка, на која се гледа задниот дел, баш ми има некаков современ шарм, некаков минимализам.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 04-Feb-2015 at 09:17
Не се сложувам со мислењето дека ова е НЕВИДЕН КИЧЕРАЈ од две причини. Првата е дека кичерај се имаме изнагледано до Стамбол и назад, а ова не е во тој кош. Второ, според мене, ова е ретко културен модерн објект со постмодерна артикулација на антички елементи. Се сложувам дека можеби е некомплетно доследно истретиран, во поглед на видлива ритмика на фасадата, освен бихромните стакла, или пак можеби похрабра интерпретација на централниот сегмент со помодерни изразни средства. Имајќи во предвид дека сеуште сме во интелектуална транзиција на општествено ниво, и дека препишувањето ни е сеуште омилена алатка, овој објект треба да испадне добро. Сепак, чекам да видам што е предвидено со непосредната Landscape архитектура, ако е воопшто нешто такво планирано, а за болница од ваков тип, мислам дека и потребна.

-------------
.....   .......


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Feb-2015 at 10:03
Вчера ги сечеа дрвјата пред зградата во изградба, така што мислам дека се подготвува некаков парк со нови дрвца, а не исклучувам и некаква/некакви фонтани или езерца кои би вовеле некаков спокоен амбиент пред болничката установа. Сепак, останува да се види што ќе се случи.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: xnx
Date Posted: 04-Feb-2015 at 11:05
fasadava(bez timpanonot normalno) izgleda prilicno pristojno


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Feb-2015 at 12:05
Па не би рекол дека е кичерај објектов, колку што не е употребена инвентивноста на вакви објекти.
Јас би идел без ваков влез во објектот и би употребувал малку по необични материјали.Би идел со дрво и со нерефлектирачко стакло какво што е употребено во страничните делови.


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Feb-2015 at 22:21
Originally posted by Џоле

Кога би го немало влезот со тимпанонот, зградава веројатно би била некоја пристојна модерна архитектура (според мене). На пример, на првата фотка, на која се гледа задниот дел, баш ми има некаков современ шарм, некаков минимализам.
без него ќе беше индустријална лименка/стакленка без воопшто карактер...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Feb-2015 at 22:26
Originally posted by Gradinarot

Не се сложувам со мислењето дека ова е НЕВИДЕН КИЧЕРАЈ од две причини. Првата е дека кичерај се имаме изнагледано до Стамбол и назад, а ова не е во тој кош. Второ, според мене, ова е ретко културен модерн објект со постмодерна артикулација на антички елементи. Се сложувам дека можеби е некомплетно доследно истретиран, во поглед на видлива ритмика на фасадата, освен бихромните стакла, или пак можеби похрабра интерпретација на централниот сегмент со помодерни изразни средства. Имајќи во предвид дека сеуште сме во интелектуална транзиција на општествено ниво, и дека препишувањето ни е сеуште омилена алатка, овој објект треба да испадне добро. Сепак, чекам да видам што е предвидено со непосредната Landscape архитектура, ако е воопшто нешто такво планирано, а за болница од ваков тип, мислам дека и потребна.
не е проблемот самото присуство на класични елементи, туку насилното мешање на стилови без воопшто софистицираност... од истото си пати и цело Ск2014, поради тоа што некој не знаел како да инкорпорира класицизам врз современ објект со современи потреби и функционалност, па залепил еден куп неартикулирана пластика, врз фасада која нема соодветна геометрија.,.. за ентериерот па да на збориме

затоа и кажав, класичниот момент може да се долови со самата геометрија, и тоа е најбитното... материјалите и деталите може да се модификуваат според ред фактори
еве еден таков обид на пример (иако и овој пример не е нешто совршен)



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 05-Feb-2015 at 18:53
Комерцијалнава е добра насока за конкретниов објект и она што ми беше како мисла. Се сложувам дека можеби премногу се онанира на античката пластика, најверојатно водени од, како што кажува и самиот глагол, некои пониски старсти. Исто, се надевам дека можеби дрвата што наоколу се сечат, ке бидат соодветно компензирани, а не само за подобрав видик кон објектот.

-------------
.....   .......


Posted By: jyvation
Date Posted: 20-Feb-2015 at 02:51



извор:Општина Карпош


Posted By: fichot
Date Posted: 21-Feb-2015 at 22:49
Зачудувачки, објектов како ретко кој друг, подобро испадна отколку на рендерите. Тоа античкиот дел ми е скроз непотребен и во најмала рака несмасно вклопен на модерната позадина.



Posted By: alexsend
Date Posted: 22-Feb-2015 at 11:56
Вчера поминував покрај објектот и коментарите ми беа исти. Одлично е испаднат, модернистички, со големи стаклени површини

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Feb-2015 at 13:25
Влезот (со тој тимпанон) е како чир. Остатокот е пристоен. Од задната страна зградава изгледа мошне фино.

Ајде, да се цитирам самиот себе:

Originally posted by Џоле


https://flic.kr/p/r3d79Z"> https://flic.kr/p/r3d79Z - DSC07070 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr


-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Feb-2015 at 17:56
од што се навикнавме на катастрофите од Ск2014, сега и вакви подпросечни објекти ни изгледаат фино... искрено, мене лично, објектов ми личи на административен објект во индустриска зона

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: BOJAN
Date Posted: 23-Feb-2015 at 11:08
А мене долг период ми пречи што некој дозволува да се градат приватни клинички центри веднаш до јавни здравствени установи. Допрва овде треба да никне и една Систина. Исто така, кај Клинички центар и Неуромедика гради. И за ова никој не коментира. Не знам што е поентата, јавното здравство и така го срамнија со земја.

Некој ќе рече дека е потребно приватно здравство за оној што има подлабок џеб, ама да се дозволи во урбанистички план на едно место да се сконцентрираат јавни и приватни здравствени установи сметам дека е барем некоректно.


Posted By: alexsend
Date Posted: 23-Feb-2015 at 18:09
Толку беше од јавното здравство. Сега приватниве се финансиски но и маркетиншки супериорни. Сите лекари кои вредат ќе добијат покана ва влез во нивните тимови. Само оние слабите и недокажани во иднина ќе бидат дел од јавниот сектор, а со оглед на примањата и условите нема да бидат мотивирани да работат. Жално но вистинито.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Bojan10
Date Posted: 23-Feb-2015 at 22:12
Не знам колку си запознаен, ама лекарите бараат да се вратат и се враќаат од приватно во јавното здравство.

Таму нема легање и развлекување, мора напорно да се работи. Тука кила оперираат и имаат углед, а и не им е така мала платата.

Во приватното ќе останат само најдобрите и најамбициозните. Во јавното е полабаво, а не се вредни сите луѓе и не се спремни да се жртвуваат.

-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: Kid_A
Date Posted: 23-Feb-2015 at 22:40
Originally posted by Bojan10

Не знам колку си запознаен, ама лекарите бараат да се вратат и се враќаат од приватно во јавното здравство.

Таму нема легање и развлекување, мора напорно да се работи. Тука кила оперираат и имаат углед, а и не им е така мала платата.

Во приватното ќе останат само најдобрите и најамбициозните. Во јавното е полабаво, а не се вредни сите луѓе и не се спремни да се жртвуваат.


Не само што им е голема платата, туку земаат и многу мито од пациенти коишто се во брзање и беспомошни, па ги уценуваат. Во приватно здравство тој не може да земе мито, затоа што имаат голема и силна контрола што работат.

Македонија пополека, но сигурно добива приватно здравство по сите светски норми, со квалитетен кадар, опрема и инфраструктура, но за жал тоа за многумина е скапа опција.

Јавното здравство мрдна од мртва точка, но сеуште е многу далеку од некое нормално ниво на функционирање. Единствено болниците во Скопје се реновираа и средија, но останатите сеуште работат во субстандартни услови со премал и неквалификуван кадар.

Во помалите урбани и рурални средини докторите и сестрите ни се со просечно знаење и стручност, затоа што се тоа што вредело и било капацитет останало да работи во Скопје или емигрирало во странство. Има многу голема разлика од доктор до доктор, од знаење до знаење, од научно-медицинско истражување до лечење обичен грип или настинка, а кај нас само титула доктор да носи сите во него светост гледаат и тој муабет “докторот ми кажа така“


Posted By: maks
Date Posted: 16-Mar-2015 at 12:44
Браво Gradinarot! Солидна просторно волуменска анализа, што очајно недостасува на форумов, при коменитрање на новите градби во Скопје.

-------------
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!


Posted By: maks
Date Posted: 19-Mar-2015 at 19:17
И едно дополнување. И покрај тоа што играта на старо и ново во суштина може да изгледа привлечно, овде самиот факт што гледаме  прекопиран тимпанон(триаголен завршеток) кој вака прочистен, го имате и на Археолошкиот музеј и Владата, е невкусен детал во оваа современа и елегантна фасада. Со други зборови, постојат варијации на вакви тремови, а вака изгледа како да е по нарачка од страна за трети цели, а не за естетиката на самиот објект.
Моја сугестија би била, влезната партија да не биде во вар бела или пастелна боја туку во некој потемен и поцврст материјал, можеби сиво - син гранит или мермер.


-------------
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Mar-2015 at 21:32
Originally posted by maks


И едно дополнување. И покрај тоа што играта на старо и ново во суштина може да изгледа привлечно, овде самиот факт што гледаме  прекопиран тимпанон(триаголен завршеток) кој вака прочистен, го имате и на Археолошкиот музеј и Владата, е невкусен детал во оваа современа и елегантна фасада. Со други зборови, постојат варијации на вакви тремови, а вака изгледа како да е по нарачка од страна за трети цели, а не за естетиката на самиот објект.Моја сугестија би била, влезната партија да не биде во вар бела или пастелна боја туку во некој потемен и поцврст материјал, можеби сиво - син гранит или мермер.
за ова со бојата се согласувам, може да се усогласи со бојата на остатокот од објектот, ако ништо друго

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Apr-2015 at 17:45
До болницата се гради нова сервисна улица, Новопроектирана-1.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 02-Apr-2015 at 18:31
Болницава вака ќе треба да ја сликаме... без тоа чирот глуп.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: jyvation
Date Posted: 19-Apr-2015 at 16:32
Originally posted by Џоле

До болницата се гради нова сервисна улица, Новопроектирана-1.








извор:Општина Карпош


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Apr-2015 at 09:01




-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 24-Apr-2015 at 09:21
Ljubitel sum na ovaa kombinacija od neoklasika (ili kako i da se vika ovoj stil so jonski ili dorski stolbovi) so moderna arhitektura. No vo ovoj slucaj ne sum sigruno deka mu uspealo na arhitektot dobro da gi iskombinira ovie dva momenta.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Apr-2015 at 17:31
личи како местото да му е покрај автопат кај Гевгелија

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-May-2015 at 17:13
Пристапната улица до болницата од страна на бул. „8 септември“



-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 13-Jun-2015 at 10:53
СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ПО ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ "ФИЛИП ВТОРИ" ДОБИ ПАЛМИ

Дрворед од палми е поставен пред влезот на болницата, а палми има и во зелените островчиња на паркингот во изградба.

Од "Филип Втори" вчера не сакаа да кажат зошто одлучиле да засадат палми токму на влезот на болница, и од каде ги набавиле.
Директорот на ЈП"Паркови и зеленило" Душан Авировиќ рече дека палмите засадени пред болницата не се од нивното претпријатие.
"Првпат слушам дека се садат палми пред 'Филип Втори'. Дрвјата не се наши", рече Авировиќ.



http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=C9C2F06803BDC64EB459D365FBA4845B - http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=C9C2F06803BDC64EB459D365FBA4845B


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Jun-2015 at 16:50
Привршува изградбата на болницата „Филип Втори“

Изградбата на Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ се ближи кон својот крај. По тригодишниот период на изведба, објектот со приземје и три ката е со целосно завршен екстериер, чиј изглед го карактеризираат античките столбови и стаклената фасада. Во моментов се изведуваат градежно – занаетчиски работи, подот и ѕидните површини. Надвор од самиот објект, работници започнаа хортикултурно да го уредуваат просторот, при што досега се засадени 20-тина палми.

Истовремено, општина Карпош инвестираше во изградба на новопроектирана улица, со која ќе се обезбеди пристап до идната приватна болница. Сегашните очекувања се дека здравствениот објект ќе го добие својот целосен изглед до крајот на летниот период. Градежните работи на терен ги изведува фирмата „Модинг“ од Тетово, додека надзорот над работите го врши Градежниот институт „Македонија“. Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ се гради од средината на 2012 година.











http://www.build.mk/?p=44869 - http://www.build.mk/?p=44869

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Jun-2015 at 01:58
со палмиве, стаклото и тимпанонот напред, личи на хотел од Лас Вегас

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Navigator
Date Posted: 23-Jun-2015 at 09:01
Вчерашни, мои







Posted By: jyvation
Date Posted: 16-Aug-2015 at 21:39
Партерно уредување..









Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2015 at 22:13
На првата слика потсетува на некој хотел од Лас Вегас

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Jan-2016 at 17:29
https://flic.kr/p/D5DC82"> https://flic.kr/p/D5DC82 - Skopje by https://www.flickr.com/photos/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/D5DA3F"> https://flic.kr/p/D5DA3F - Skopje by https://www.flickr.com/photos/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/CCwDJd"> https://flic.kr/p/CCwDJd - Skopje by https://www.flickr.com/photos/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 12-Jan-2016 at 17:37
Палмите одлично се вклопуваат со архитектурата на објектот кој личи како да е некаде на медитеранот.


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Jan-2016 at 01:00
Originally posted by kultuzin

Палмите одлично се вклопуваат со архитектурата на објектот кој личи како да е некаде на медитеранот.


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Jan-2016 at 05:03
Повеќе личи како да е на блискиот исток, туку ајде нека ти е.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 14-Jan-2016 at 17:17
Originally posted by гитардемон

Повеќе личи како да е на блискиот исток, туку ајде нека ти е.


Па и Блискиот Исток излегува на Средоземното Море...


Posted By: kultuzin
Date Posted: 14-Jan-2016 at 17:41
Originally posted by гитардемон

Повеќе личи како да е на блискиот исток, туку ајде нека ти е.


Може и блиски исток немам ништо против. Може и Калифорнија ако сакаш.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Jan-2016 at 19:10
Зградава како зграда и не е лоша, солидна е. Но тоа тимпанонот и столбовите се надевам во иднина ќе ги отстранат зашто немаат смисла.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-Jan-2016 at 05:46
Originally posted by ehrlich

Originally posted by гитардемон

Повеќе личи како да е на блискиот исток, туку ајде нека ти е.


Па и Блискиот Исток излегува на Средоземното Море...


Нит Катар нит Бахреин излегува на Средоземно Море. А ова е токму како од таму ископано.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 15-Jan-2016 at 10:16
Originally posted by гитардемон

Originally posted by ehrlich

Originally posted by гитардемон

Повеќе личи како да е на блискиот исток, туку ајде нека ти е.


Па и Блискиот Исток излегува на Средоземното Море...


Нит Катар нит Бахреин излегува на Средоземно Море. А ова е токму како од таму ископано.



Во секој случај од земја каде што има палми. Затоа реков дека палмите се вклопуваат во амбиентот


Posted By: kultuzin
Date Posted: 28-Jan-2016 at 14:10
Наскоро тимот на д-р Жан Митрев во нова болница
Од 1 март ќе не најдете и во новата болница! Довербата на пациентите, обемната работа и се потесниот простор, беа најсилните причини заради кои во 2013 година почна со градба новата зграда на болницата, која ги има сите перформанси на модерна болница од светски ранг, велат од „Филип Втори“.


Поставена на земјишна површина од 9000 м2, со ефективна корисна површина од 17 000 м2, распоредена во сутерен, нулти кат , 3 ката и посебен кат за машинство. Карабината на објектот е изградена за неполни 4 месеци, на која и претходеше високо стручна обработка на земјиштето и максимално високобезбедна поставена хидроизолација.

Системите кои се вградени во објектот се во насока на висока енергетска ефикасност, максимална безбедност и функционалност. Преку нив објектот има најниска емисија на CO2, создаден да ги задоволи највисоките стандарди во градењето, работењето и одржувањето. За две години од карабина се изгради новиот објект според највисоките светски стандарди и норми за ЕКО – болничка зграда, т.н ЗЕЛЕНА ЗГРАДА. Објектот е од затворен тип, со комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух, се со цел за максимална комфорност на пациентите, вработените и посетителите.
http://republika.mk/?p=547022


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Feb-2016 at 18:33
една од мене од денес


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Feb-2016 at 09:21
Неколку фотки од внатрешноста...







http://skopjeinfo.mk/poglednete-kako-izgleda-noviot-objekt-na-bolnicata-filip-vtori-foto - http://skopjeinfo.mk/poglednete-kako-izgleda-noviot-objekt-na-bolnicata-filip-vtori-foto

-------------
За сè има вторпат


Posted By: hcitrS
Date Posted: 20-Feb-2016 at 12:54
Ми се чини, или стварно нема пристап/лифт за колички од триумфалниот влез на болницава?


Posted By: kultuzin
Date Posted: 01-Mar-2016 at 15:29
Denes se otvara bolnicata.
Momentalno vo zivo za otvaranjeto.
http://tvnova.mk/ - http://tvnova.mk/


Posted By: Bojan10
Date Posted: 01-Mar-2016 at 21:49
Па не ни може да има



-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 01-Mar-2016 at 21:59
Добро е, не скршнале многу од рендерот. Влезов верувам дека само би се демонтирал за да се постави првично планираниот.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Navigator
Date Posted: 02-Mar-2016 at 10:40
Originally posted by Bojan10

Па не ни може да има

Рендерот се однесува на задната страна на болницата. И сега направено е многу блиску, да не речам идентично како на рендерот.


Posted By: shyes
Date Posted: 14-Mar-2016 at 01:16
Филип 2 Жан Митрев со Миленко

%20 - https://www.youtube.com/watch?v=hkozncEoAqs




-------------
“Without knowledge, skill cannot be focused. Without skill, strength cannot be brought to bear and without strength, knowledge may not be applied.”


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Mar-2016 at 03:21
дури сега приметувам, фасадава е лошо поставена или има некаква оптичка илузија од светлината?
(зборам за лимените делови на рабовите)

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: shyes
Date Posted: 16-Mar-2016 at 00:38
Originally posted by zabegan

дури сега приметувам, фасадава е лошо поставена или има некаква оптичка илузија од светлината?
(зборам за лимените делови на рабовите)


Изгледа дека е поради аголот на светлата


-------------
“Without knowledge, skill cannot be focused. Without skill, strength cannot be brought to bear and without strength, knowledge may not be applied.”


Posted By: jyvation
Date Posted: 17-May-2016 at 20:44
Специјална болница „Филип Втори“: светска медицина со човечка душа

„Идејата и желба за новата болница се развиваше со децении во текот на мојата секојдневна работа. Сакав да направам спој на архитектурата од старото време со најмодерната технологија на сегашноста. Па така, во моите скици таа доживеа стотици варијанти. Кога почнав да работам со архитектите, се одеше многу брзо, бидејќи кај мене беше доста јасно што барам да направат. Сега сум задоволен од резултатот затоа што е зграда со оргинален изглед, оптимална функционалност, еколошка и со висока енергетска ефикасност, а притоа опремена со најмодерна медицинска технологија“, д-р Жан Митрев, сопственик на болницата „Филип Втори“



Специјалната болница „Филип Втори“ е проектирана како затворена единица. Во програмата на новата болница се внесени многу нови и иновативни технологии. Во функционирањето на целиот систем на болницата е посветено големо внимание, не запоставувајќи го визуелниот аспект и потребите на околината.



Во текот на проектирањето, посебно внимание е посветено на надворешниот и внатрешниот амбиент, со тенденција за постигнување на архитектура од висок квалитет, каде пациентите, персоналот и посетителите би се чувствувале убаво.



Целта при проектирањето и изведбата на објектот била да се обезбеди хумана средина за луѓето, кои се и онака под огромен стрес, да се направи простор во кој тие ќе се чувствуваат навистина удобно. Тука пациентите се охрабруваат што побрзо да застанат на своите нозе и повторно да се вратат во својот нормален тек на животот. Движењето на пациентите е по најкраткиот пат до услугите што им се потребни, со што се намалува нивниот стрес.



Проектот е синхронизација на многу меѓусебни архитектонски, функционални и човечки потреби. Со нив се сака да се поддржи нормалната емоционална состојба на пациентите и нивните блиски, да се зачува приватноста на пациентот, особено во просториите за лекување и во заедничките простории, како и да им овозможи на персоналот и на пациентите што полесна и поефикасна работа. Резултатот е зграда која се издвојува по својот изглед, конструкција и флексибилност, која е проектирана за пациентите и нивните потреби, како и за посетителите и здравствените работници.



Функционалноста на целиот објект е поделена во зони, и тие се распоредени по сите катови. Пристапноста до сите содржини кои ги нуди болницата е понудена преку ентериерот на влезниот хол, естетски обликуван со вкус и одмереност во изразот. Влезниот хол е обработен со мермер и оникс, и застаклени отвори со витражи, така што целиот простор изгледа доста богато. Преку влезниот хол на пациентите и посетителите им се нудат сервисни услуги кои се лесно достапни и практично организирани. Во холот се наоѓа голем информативен пулт од каде што се добиваат сите потребни информации и услуги. Од тука има лесен пристап до придружните содржини како кафетерија, банка, аптека, менувачница и други услужни содржини.



Амбулантниот и ургентниот центар се наоѓаат на приземјето. Организирани се во добро обликувани целини со амбуланти, ординации, како и хируршки блок за брзи интервенции. Ургентниот центар е организиран со посебен влез и пристап за непречено работење, преку рампа со пристап за возила. Опремен е да одговори на секоја итна потреба на пациентите. Во склоп на ургентниот центар е организиран и оперативен дел за итни хируршки интервенции.





Целиот ентериер е дизајниран на таков начин што го хуманизира карактерот на болничкото опкружување, со почитување на техничките и нормативните ограничувања за еден ваков тип на објекти. Дизајнот на просторот обезбедува голема флуидност на внатрешната циркулација. Големите прозорци во ходниците нудат природна светлина како и поглед кон надворешноста. Во ходниците се поставени пултови за сестрите и персоналот, кои се во близина на собите на пациентите. Организирани се и опремени во секој момент да им ја пружат најдобрата услуга на оние што тука се лекуваат. Се внимавало многу на употребата на бои и материјали, како на ѕидовите така и на подовите.





Целата зграда е исполнета со дневна светлина во оние простори каде што таа е потребна и пожелна. Сместувачките капацитети на објектот се опремени и изградени за да обезбедат врвна нега, хигиена и третман на пациентите. Посветено е големо внимание да се обезбеди максимален комфор и суптилна средина која пациентите ќе ја препознаат преку примената на високо технолошки материјали кои нудат беспрекорна хигиена.



Освен болнички соби, во болницата е овозможено и апартманско сместување на пациентите и нивните семејства по принципот на висока класа на хотелско сместување. Просторот е опремен со висококвалитетни материјали и мебел кои обезбедуваат врвна хигиена, комфор и пријатно опкружување, што е многу важно за брзо заздравување на пациентите. Во близина на собите се направени и полу-јавни места кои нудат простор за средби и одмор на пациентите со своите најблиски.





Во собите за интензивна нега, освен опрема која е потребна за лекување на пациентите, вградени се материјали кои на просторот му даваат топлина и го намалуваат чувството на болничко опкружување.

Оперативниот блок е составен од четири хируршки сали опремени за сите видови на интервенции. Опремени се со најнова и врвна опрема и технологија за ваков вид на објекти, за прв пат применети кај нас.

Во објектот е вградена иновативна технологија, системот „Иглу“, што обезбедува максимална термичка и ѕвучна изолација, проветрување на површините, заштита од атмосферските влијанија, највисок степен на хигиена како и безбедност на сите вградени инсталации при експлоатација и одржување.





Во целиот објект на Специјалната болница „Филип Втори“, вградена е иновативна технологија и во системот за снабдување со вода, преку материјали кои овозможуваат енергетски заштеди и помал трошок на енергија. Системите за довод на струја, вода и други енергенси, се направени така што исклучуваат каква било можност за попречување или застој во функционалноста на кој и да било дел од објектот.

Сите плафони се изведени во хигиеник изведба со извонредни акустични параметри, изведени според најновите иновативни решенија на најреномирани светски производители. Дел од таваниците се опремени со „Chill beam“ енергетски ефикасни уреди за греење и ладење, кои нудат идеална распределба на разладениот или загреаниот воздух низ просториите.



Повеќето од подовите се изведени од линолеум кој обезбедува лесно и тивко движење. Линолеумот нуди висока хигиена и изгледа естетски добро. Ѕидовите се обработени со фиберглас кој е антибактериски и антифунгициден. Естетски се обликувани со дезени и антибактериска завршна обработка со бои во голем избор, што му даваат на целиот простор многу топлина.

Во болицата е направен ресторан од отворен тип кој им нуди пријатен простор како на пациентите така и на посетителите. Ентериерот на ресторанот е модерно обликуван со многу вукус и одлично познавање на примена и употреба на материјалите за ентериерно обликување. Ресторанот е простор кој служи како точка на спојување на сите активности во објектот.



На катот, централно е поставен амфитеатарот и тој претендира да биде центар на сите активности во објектот. Амфитеатарот е изведен како мултинаменски простор кој е приспособен да одговара на сите потреби на корисниците на овој објект. Во него ќе се одржуваат предавања, тематски настани, обуки и разни тим билдинг активности.



Администрацијата е организирана како еден простор ориентиран кон тимска работа. Во објектот се наоѓа и менаџерски блок кој, исто како и администрацијата, е опремен со приклучоци за современи уреди, со материјали кои обезбедуваат висока хигиена, комфор и пријатно опкружување. Просторот, како и во административниот дел, го потврдува впечатокот дека грижата за комодитетот и чувствата на вработените е исто така многу важен.



На најгорниот кат од објектот се наоѓа техничкиот кат. На него се поставени клима комори со енергетска класа А, преку кои целосно се контролира воздухот во објектот. Топла вода во објектот се обезбедува на енергетски ефикасен начин преку гасна котлара. Со ова се покажува дека се водело сметка за заштита на животната средина. Целиот објект на болницата е опремен со систем на обесчадување, што го прави целосно сигурен и безбеден во секакви услови, како за пациентите така и за вработените и посетителите.



Специјалната болница „Филип Втори“ е импресивна здравствена установа. Во неа грижата за пациентот е главна. Создаден е простор кој, со примена на материјали и бои во ентериерот, како и самиот да лекува, каде што пациентот добива повеќе одмор и мир за побрзо закрепнување. Можеби клучот за создавање на добра атмосфера во болницата е во добрата логистика. Објектот е направен како „болница машина“ во која фукционирањето на целиот систем не е видливо за пациентите и посетителите.



Вкупен болнички капацитет:
22000м2 вкупна површина
200 болнички кревети
70 кревети на интензивна нега
20 амбуланти/итна медицина
7 операциони сали
2 ангио сали
2 компјутерски томографа
2 стерилизации

Магнетна резонанца
Најмодерна полуинтензивна нега
Сала за физикална рехабилитација
Психолошка поддршка
Кујна со ресторан
Перална

http://www.porta3.mk/specijalna-bolnica-filip-vtori-svetska-medicina-so-chovechka-dusha/ - http://www.porta3.mk/specijalna-bolnica-filip-vtori-svetska-medicina-so-chovechka-dusha/


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Nov-2017 at 12:53
Инаку, и официјално болницава е преименувана во Клиника Жан Митрев, па го сменив и насловот на темава.

http://zmc.mk/mk/page/za-nas - http://zmc.mk/mk/page/za-nas

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Feb-2018 at 10:31
Вчера поминував покрај клиникава и забележав дека влезот (оној со тимпанон и столбови) е под скелиња и мрежи, па си мислам дали е можно да добие модерна преработка? Сега веќе античката мода е одмината, можеби ќе се обидат да го осовременат влезот. Што мислите?

----------

Еве, најдов и фотка (на линкот), не ја објавувам зашто има некои пациенти на неа:

http://zmc.mk/mk/article/pacienti-nashi-prijateli - http://zmc.mk/mk/article/pacienti-nashi-prijateli

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dexter26
Date Posted: 09-Feb-2018 at 12:38
Previous
 
Не ќе да е преработка на влезот, туку мислам дека беа некакви поправки, и тоа пред 2 недели, ако не и повеќе.
 
Најверојатно поставувале безбедносни камери или осветлување.


Posted By: Мартин
Date Posted: 09-Feb-2018 at 13:04
Влезот е под скелиња и мрежи сигурно повеќе од месец дена, целосно се гледа од кај мене од балкон . Меѓутоа не знам за каков зафат станува збор.



Print Page | Close Window