Св.Пантелејмон - Пантелеј, Кочани
Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Културно наследство
Forum Discription: Археолошки локалитети, цркви, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1263
Printed Date: 18-Jul-2025 at 12:01
Topic: Св.Пантелејмон - Пантелеј, Кочани
Posted By: Makedonij
Subject: Св.Пантелејмон - Пантелеј, Кочани
Date Posted: 03-Apr-2011 at 20:01
Ногу убав манастир, кој не е ногу познат по Македонија но е прекрасен, сам го тражив веќе да го посетам но не успеах, патот секогаш ме носеше околу тоа место, но не и таму.

Изграден е во 1864 година. Возобновен е во 1885 година од игуменот Мартинија. По својата
архитектура претставува трокорабна базилика, со три куполи.
Фрескоживописот е од зографот Димитар Андонов Папрадишки од 1888-1892
година, од кој зограф се и иконите на иконостасот. Во 1988 година, по
интервенција на Митрополиотот Брегалнички Стефан, од страна на Заводот
за заштита на спомениците е извршена детална реставрација на кровната
конструкција, кубињата и фреските.

елото Пантелеј, сместено на падините на Осоговските планини,
се наоѓа на идеална надморска височина од 766 метри што го прави
своевидна воздушна бања и локалитет за одмор и рекреација во кој било
период од годината.

Манастирскиот
комплекс во негова непосредна близина го прави уште поатрактивно и
заедно со асфалтниот пат достапно за секој што би сакал да има духовен
спокој и прекрасни мигови во питомата природа.
Манастирот и селото постоеле уште во периодот на владеењето на српскиот
жупан Стефан Немања (1166-1196 г.), со поинаква местоположба од
денешната. Старото село Пантелеј веројатно се наоѓало северозападно од
денешната населба, во месноста Трештеник, а во негова близина била
изградена и црква посветена на великомаченикот и добродетел Свети
Пантелејмон. Подоцна, во периодот на владеењето на султанот Мехмед IV
(1648-1687 г.) оваа црква е срушена.

Во 1519
година султанот Селим I наредил попис во Османлиската империја и според
тогашните податоци во Пантелеј живееле 11 семејства со околу 50 жители, а
во втората половина на 16 век бројот се зголемил на 160-180. Кон крајот
на 18 и почетокот на 19 век во селото живеело само едно семејство во
месноста Колибиште, а подоцна се доселиле жители од поблиските и
подалечните населби, образувајќи го денешното село. За неговото
создавање придонеле и блиските злетовски рудари во кои работеле селаните
од Нивичани, Бели, Тркање, Бање и други, а неговата местоположба нудела
блискост и посигурност. Според пописот од 2002 година селото брои 64
жители, пред се население во поодминати години.

Во 1872
година била изградена малата црква "Успение на Пресвета Богородица", а
во 1885 год. и прекрасниот манастир "Свети Пантелејмон". Според
преданието за изградбата на манастирот, на една триесетгодишна слепа
девојка, по име Нејтана, на сон и се сонило да појде близу местото каде
се уште постоеле урнатини од некоја постара црква, да копа и да пронајде
вода со која ќе се излекува. Утредента отишла на местото и почнала да
копа, иако селаните и зборувале да престане. Таа не ги послушала и
продолжила да копа со раце, криејќи ја причината за својата упорност.
Откако се изморила од долгото копање, легнала болна и по извесен период
умрела, без да ја пронајде сонуваната вода. На претсмртниот час ги
собрала селаните и им кажала за сонот и нејзината желба да прогледне,
задолжувајќи ги да копаат се додека не ја пронајдат водата. По нејзината
смрт, за кратко време тие ја пронашле сонуваната вода и таа брзо се
прочула по својата лековитост. Местото станало собиралиште на луѓето кои
барале здравје од секакви болести, а подоцна овде е подигнат и
сегашниот манастир. Во неговата внатрешност и денеска има извор со вода
за која селаните веруваат дека има лековити својства.

Големината
на селото и повеќето извори со планинска вода во близина на манастирот,
па и самиот негов двор со конаците, нуделе сигурен престој за секој
патник што ќе поминел или ќе се задржел во овие предели. По
осамостојувањето на http://www.mpc.org.mk/ -
МПЦ (1958 г.) манастирот потпаѓа под Злетовско-струмичката епархија
(подоцна Брегалничка), а по посетата на владиката Наум започнува
неговата обнова и претворање во туристичко-религиозен центар на
регионот. Со реконструкцијата на црквата, манастирот и околните конаци,
како и изградбата на асфалтниот пат во 80-те години на минатиот век,
Пантелеј не е заборавено село. Во неговата околина се појавуваат
новоградби, викенд куќи, а за верскиот празник во август доаѓаат повеќе
илјади посетители.


http://www.kocani.gov.mk
------------- ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|