Print Page | Close Window

Тафталиџе

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1279
Printed Date: 07-Oct-2022 at 07:40


Topic: Тафталиџе
Posted By: Vladimir P
Subject: Тафталиџе
Date Posted: 15-Apr-2011 at 22:43
ДУП на Тафталиџе 2 на локацијата помеѓу улиците Теодосиј Гологанов и Прашка





Писмо на жителите од Тафталиџе до општина Карпош

Населбата Тафталиџе, изградена од странски донации по катастрофалниот земјотрес во Скопје, скоро 50 години се гради и надградува со поединечно учество на нејзините жители, но и со учество на општината Карпош на која и припаѓа.

Од поранешните бараки никнаа пристојни домови за живеење со што општината и тоа како инкасираше. Сите се опкружени со зеленило кое со љубов се негува и одржува, па од еколошки аспект доби имиџ на една од најзелените и најчисти населби на подрачјето на град Скопје. Квалитетот на живеење во оваа населба од ден на ден се повеќе се зголемува, посебно после престанокот на работа на фабриката Алумина. Имено, парцелата од поранешна “Алумина” се до гимназијата Нова, која се наоѓа помеѓу улиците “Прашка” и “Теодосиј Гологанов”, пружа убави можности за урбанизација и дооформување на градскиот имиџ на населбата.

Но зарем на овој начин?

Станбените објекти кои се предвидени да се градат, претставуваат вистинска агресија и дехуманизација на нормалниот живот на жителите, пред се од улиците “Прашка” , “Букурешка” , “Париска” и “Варшавска”. Зошто проектантите на овој проект во ниту еден момент вистински не се осврнале на ориентираноста на зградите, на нивната височина и оддалеченоста од првиот ред куќи на ул. “Прашка”. Предвидената височина од над 30m и оддалеченост од само 10-15m од куќите на ул. “Прашка” и сами знаете, господа проектанти, дека во буквална смисла на зборот го оневозможува нормалниот проток на воздух како и природната осветленост. Што Ве инспирира да проектирате бетонски ѕид пред влезните врати на жителите?

Сите сме свесни што значи овој проект за касата на општината, но исто така сме свесни дека се она што досега таа го направи за оваа населба (за што сите сме благодарни) паѓа во вода. Не ни требаат убави улици и тротоари, не ни треба се она што таа го прави за нас, ако немаме воздух и сонце, ако зеленилото исчезне во сенката на бетонскиот ѕид кој го нудите.

Од една страна поттикнувате градба на енормно високи згради, а од друга ја убивате секоја желба на жителите да продолжат со надградба на своите домови.

Зарем ова е награда што ги приватизиравме нашите дворови и тоа повеќето по првобитната повисока цена за квадратен метар?

Зарем е фер да ни го давате на увид Урбанистичкиот план сега, кога сите гледаме дека на големо се отпочнати градежните работи, зарем сакате да ни кажете дека ова е завршена работа, а со нашите забелешки формално се покривате и ја запазувате законската процедура?

Зарем нема да Ве гризе совеста да уништите квалитетно живеење на една цела населба, на стотици граѓани кои со години ја покажуваат и докажуваат својата лојалност кон општината и сопствената држава?

Зарем навистина идејата е да “поттикнете” багателно продавање на домовите и иселување?

Законот, според кој ова ни го подготвувате и Ве прави “чисти”, нема да го коментирам, но апелирам на Вашата хуманост, на Вашата стручност, на Вашата ориентираност кон европските еколошки норми и норми на градење. Апелирам и барам од Вас да ни овозможите нам, на нашите деца и нашите внуци да живееме во нормални услови.
Затоа барам:

-     Измена на урбанистичкото решение за локацијата, со објекти кои ќе бидат со други габарити (помали од предвидените) и висини помали од предвидените, кои ќе се вклопат во амбиентот на населбата:

1)     Скалесто спуштени објекти кон ул. “Прашка” или
2)    Решение со кули

-     Да поведете сметка за тоа, дека иако Законската рамка можеби дозволува ваква катност на предвидените објекти, уште побитни се урбанистичките законитости за инсолација и проветрување, кои секако нема да бидат задоволени со Вашиот концепт – ѕид со должина од стотици метри, височина над 30m , а само на растојание од 10-15m од постоечките ниски објекти во првиот ред на ул. “Прашка”. Концептот на населбата, која постои од 1964 год. не дозволува спратност поголема од П+2+поткровје.

-     Сериозно да го земете во предвид сообраќајниот метеж на ул. “Прашка” кој со Вашиот концепт – нови 4000-5000 жители и најмалку 1000 возила само се продлабочува. Улица со широчина од 5,5m секако нема да може да ја издржи таа фреквенкција на возила и паркирање на истите.


Инсистираме на писмен одговор на нашите забелешки во најкус можен рок, но не повеќе од 14 дена.


Некоја норма - формула која може да се најде во секоја обична книга и што мудро израчунале наште „архитекти“



Оставам да сами видите каков е нашиот „главен архитект“ и советниците во општина Карпош.

Мојот коментар не е за форумот @#@^$*&^%$#&&

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/



Replies:
Posted By: Supervisor
Date Posted: 15-Apr-2011 at 22:54

Се слагам за ова. Населбите Тафталиџе 1 и 2 полека почнуваат да стануваат кинески ѕидови. Инвеститори купуваат куќи и градат згради. Ова е буквално срамота. На местото каде што се градат зградите значи до Алумина албанскиот инвеститор се има договорено со градоначалникот на Карпош барем по тоа што имам слушнато што е краен преседан. Со вакво темпо едни од најубавите населби во Скопје ќе се уништат!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Apr-2011 at 00:00
Една идилична улица, населба во која мирно живеевме 46 години а која набрзо ќе постане лудница, заради алчност на општината за профит а не за подобрување на начинот на живеење на своите граѓани.



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Supervisor
Date Posted: 17-Apr-2011 at 00:16
Исто да надополнам... Страшно ме нервира тоа што го кажав горе дека се купуваат куќи за на нивно место да изникнат некакви си квази згради-печурки во целиот реон.
Што се однесува конкретно до комплексов јасно ми е дека жителиве се бунат ама од друга страна Алумина беше фабрика која ако ви текнува долги години загадуваше и претставуваше ругло за тафталиџе 1. Кога дојде време за рушење апсолутно го поддржавме проектот имајќи предвид и дека Гмалл е масивен и огромен проект па можеби ова е подобро отколку фабриката. Само не сакам вакво нешто да снајде цел ред на куќи низ населбите тоа е она најлошото.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Apr-2011 at 00:24
Originally posted by Supervisor

Исто да надополнам... Страшно ме нервира тоа што го кажав горе дека се купуваат куќи за на нивно место да изникнат некакви си квази згради-печурки во целиот реон.


Потполно се сложувам, за мене тоа е далеку поопасно отколку изградбата на ваков тип комплекси.

Новоградбите веќе комплетно ги апсорбираа дворовите во таа населба, следно ќе биде само одење во висина а тоа е погубно.

Луѓето мора да разберат дека дури и во ваква немаштија, бескрајно цепкање на објектите на 2, па на 4, па на 6 дела со разни доградби и чудни поделби за да ги решат прашањето за место за живеење за нивните деца, не е решение. Квалитетот на живеење и вредноста на имотите само опаѓаат на тој начин а проблемите растат.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Apr-2011 at 10:16
@Supervisor & @pbanks

Алумина беше фабрика која е надмина времето и местото (истиот терк на градење фабрики во град - железара), но затоа никој од жителите немаше против за новиот центар бидејќи тој само со една страна ја допира населбата и во тој дел висината е пристојна (иако никогаш не беше изложена на увит од страна на општината).

Самата кула, ако е „единечна“ и e на самиот агол тогаш е прекопат спотското игралиште така да не смета на осончување и заткривање на визура на куќите од тој дел на ул. Прашка.

Собраќајот на молот е целиот отгнат од населбата и е од страната на ул. Т.Гологонов.



Е сега за таканаречениот станбен комплекс „Grand Prestige“ или подобро „Grand Madhouse“.

Еве го ДУП-от донесе во 2005 година, kade visinata na objektite e 16.2 m



Едини заклучок зашто е и овој и така лош урбанистички проект променет е само алчноста на општината - администрацијата

Но да прејдам на суштината:

По најавите секоја зграда ќе има по 160 станбена единици, вкуно згради 8 (не рачунајќи ги останатите) тоа се 1280 станбени единици, во просек 1.5 автомобили (што не соодветствува со норми каде се 2.2- 2.5, рачунајќи и посетители) тоа доаѓа минимум 1920 автомобили кои поради несоодветната сообраќајна комуникација мораат да се движат нис ул. Прашка која е само со широчина од 5,5 m



Ако се додадат и четирите згради кој се предвидени во ДУП-от и сега за сега се со висина на 16,2 м (кој секако ќе се променат и тие во ~30 м.) приближно 80 (160) станбена единици мин. 480 (960) автомобили.

Излегува на таа јадна улица треба да се движат 1920 + 480 = мин 2400 (3380) возила на 5.5 м улица.

Но секако тука треба да се урачунаат и постојните жители, двет училишта една поликлиника, еден административен објект .... ~ 5000 автомобили на 5.5 метарска улица.

Ве заморив со податочи, кој за жал нашите урбанисти, архитекти, општински мастиљари не се занимаваат.

Секако тука треба да се осврне и на ружа на ветрови, осончување, начин на домување ....

КИНЕСКИОТ ЗИД И ВО ТАФТАЛИЏЕ НИКНУВА

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lupo
Date Posted: 17-Apr-2011 at 11:01
pa moze glavnite vlezovi od garazite ke bidat direktno od Gologanov?

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: N23
Date Posted: 17-Apr-2011 at 11:41
Факт е дека ова е единствен начин општините да собираат пари. Сега преостанува да се притисне општината ул. прашка или да ја реновира или барем малку да ја прошири доколку стварно треба колите од таму да проаѓаат. Друг факт е дека умре времето кога се мислеше на семејни куќи и сл. Сега Тафталиџе е на 5 минути од Центар и нормално е дека ќе се тепаат инвеститори за да градат таму. А сигурен сум дека ако на некој од сопствениците што има таму куќа му дојде инвеститор со непристојна понуда, као 3 стана и една продавница, ќе се почне масовно продавање на куќите. Реалноста е сурова, но граѓаните во битка со финансиите исто како и општината сигурно ќе ја одберат варијантата со становите.


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Apr-2011 at 12:19
Originally posted by lupo

pa moze glavnite vlezovi od garazite ke bidat direktno od Gologanov?


Доколку се изгради Јужен Булевар, и Гологанов биде колекторска улица тоа прави логика, но бидејќи очигледно се наостриле Гологанов да го претвораат во булевар (дали трајно, дали привремено е споредно со оглед на тоа дека зградите се градат) директни излези на булеварот би имале лоши последици.


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Apr-2011 at 12:27
Originally posted by N23

Факт е дека ова е единствен начин општините да собираат пари. Сега преостанува да се притисне општината ул. прашка или да ја реновира или барем малку да ја прошири доколку стварно треба колите од таму да проаѓаат.


Не се слагам, ниту има место да се шири ниту пак е предвидено таму да има позначајна сообраќајна артерија.


Друг факт е дека умре времето кога се мислеше на семејни куќи и сл. Сега Тафталиџе е на 5 минути од Центар и нормално е дека ќе се тепаат инвеститори за да градат таму. А сигурен сум дека ако на некој од сопствениците што има таму куќа му дојде инвеститор со непристојна понуда, као 3 стана и една продавница, ќе се почне масовно продавање на куќите. Реалноста е сурова, но граѓаните во битка со финансиите исто како и општината сигурно ќе ја одберат варијантата со становите.


Да, ова е реалноста но е погрешен пристап, можеби граѓаните добиваат некои ситни станчиња и продавници, но реално губат многу. Населбата се натрупува со луѓе, инфраструктурата кубури да ги опслужи тие луѓе, се намалува зеленилото, се намалува приватниот простор итн. „Луксузот“ на една населба (и соодветно вредноста на недвижностите) зависи токму од овие работи, од квалитетот на живот кој населбата може да го пружи. Значи со овој пристап нивниот капитал во недвижности се раситнува и губи на цена.

Земи го за пример Водно, кое веќе нема Е од елитна населба (па кој сакал нека живеел таму). Додека до пред 10на години имаше плацови кои вредеа и по милион ЕУР, денеска просекот и таму се сведе на 1200-1400ЕУР за станбен простор, не така различно од скопскиот просек.



Posted By: Supervisor
Date Posted: 17-Apr-2011 at 12:35

Апсолутно се слагам. Бидејќи Гологанов како колекторска улица на Јужен Булевар во една насока би го вртела сообраќајот во спротивна насока како што е предвидено, до најблиската раскрсница е најправилно решение. Ама како што тргнала работата со проширувањето на Гологанов во 2+2 во двонасочна улица ќе мора да се прави семафоризирана раскрсница што е буквално примитивно решение. Ова важи и за раскрсницата кај Веро и за целата траса.
Решението за проширување на Теодосиј Гологанов е само една голема катастрофа која ќе го снајде градот и само непознавачите можат да ја поддржат како алтернатива на Јужен Булевар.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Apr-2011 at 12:38
Originally posted by Vladimir P

@Supervisor & @pbanks

Алумина беше фабрика која е надмина времето и местото (истиот терк на градење фабрики во град - железара)


Се сложувам, воопшто не го спорам ова.


Е сега за таканаречениот станбен комплекс „Grand Prestige“ или подобро „Grand Madhouse“.

Еве го ДУП-от донесе во 2005 година, kade visinata na objektite e 16.2 m



Едини заклучок зашто е и овој и така лош урбанистички проект променет е само алчноста на општината - администрацијата

Но да прејдам на суштината:

По најавите секоја зграда ќе има по 160 станбена единици, вкуно згради 8 (не рачунајќи ги останатите) тоа се 1280 станбени единици, во просек 1.5 автомобили (што не соодветствува со норми каде се 2.2- 2.5, рачунајќи и посетители) тоа доаѓа минимум 1920 автомобили кои поради несоодветната сообраќајна комуникација мораат да се движат нис ул. Прашка која е само со широчина од 5,5 m



Ако се додадат и четирите згради кој се предвидени во ДУП-от и сега за сега се со висина на 16,2 м (кој секако ќе се променат и тие во ~30 м.) приближно 80 (160) станбена единици мин. 480 (960) автомобили.

Излегува на таа јадна улица треба да се движат 1920 + 480 = мин 2400 (3380) возила на 5.5 м улица.

Но секако тука треба да се урачунаат и постојните жители, двет училишта една поликлиника, еден административен објект .... ~ 5000 автомобили на 5.5 метарска улица.

Ве заморив со податочи, кој за жал нашите урбанисти, архитекти, општински мастиљари не се занимаваат.

Секако тука треба да се осврне и на ружа на ветрови, осончување, начин на домување ....

КИНЕСКИОТ ЗИД И ВО ТАФТАЛИЏЕ НИКНУВА



Интересна анализа, не сум размислувал за овој проект од овој агол. Иако сметам дека треба да има некаков „buffer“ од згради помеѓу булеварот и самата населба (каков што всушност има и на страната на Партизанска), аргументите се на место.


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Apr-2011 at 12:42
Originally posted by Supervisor


Ова важи и за раскрсницата кај Веро и за целата траса.
Решението за проширување на Теодосиј Гологанов е само една голема катастрофа која ќе го снајде градот и само непознавачите можат да ја поддржат како алтернатива на Јужен Булевар.


Раскрсницата кај Веро е одличен пример како не треба да биде, а како ќе биде доколку од Гранд Престиж пуштат 2 приклучока кон Гологанов.


Posted By: N23
Date Posted: 17-Apr-2011 at 14:44
Originally posted by pbanks



Не се слагам, ниту има место да се шири ниту пак е предвидено таму да има позначајна сообраќајна артерија.
Да, ова е реалноста но е погрешен пристап, можеби граѓаните добиваат некои ситни станчиња и продавници, но реално губат многу. Населбата се натрупува со луѓе, инфраструктурата кубури да ги опслужи тие луѓе, се намалува зеленилото, се намалува приватниот простор итн. „Луксузот“ на една населба (и соодветно вредноста на недвижностите) зависи токму од овие работи, од квалитетот на живот кој населбата може да го пружи. Значи со овој пристап нивниот капитал во недвижности се раситнува и губи на цена. Земи го за пример Водно, кое веќе нема Е од елитна населба (па кој сакал нека живеел таму). Додека до пред 10на години имаше плацови кои вредеа и по милион ЕУР, денеска просекот и таму се сведе на 1200-1400ЕУР за станбен простор, не така различно од скопскиот просек.


Па да, у право си, не мислев на некоја сообраќајна алтернатива, али барем сегашната состојба мора да се смени, последен пат коа возев ми изгледаше улицата прилично очајна. Е сеа, пред некој ден имав прилика да слушам излагање на Стевче кај мене на факс и човекот сосема реално си ги кажуваше проективе како добивка за општината и урбанизација на тој дел. Факт е дека треба да се урбанизира тој дел, можеше подобро со парк, пешачка зона, можеби и мали стнабени згради, со 2-3 спрата, бидејќи реално сликата во тој дел е релативно неурбанизирана (зборам за делот кај алумина и малце понатаму). Нормално, ако јас дојдам кај градоначалникот и му дадам 2 милиони евра за комуналии, не верувам дека би ме одбил ако се знае дека со тие средства општината може да изгради многу објекти за подобрување на животот.
Водно ми е болка. Особено што иам одличен поглед на Водно баш од кај шо ми е компјутерот и не ми се верува како успеаја за 3-4 години да го окупираат во толкав број. А и да го уништат наравно.
Јас во друга нишка пишав дека сум против градење на згради и во Аеродром, ама ако се знае дека Аеродром и нема капацитети ко Гази Баба да има големи примања, мораат општиниве да продаваат слободно земјиште за да земаат пари, а нормално и градоначалникот малце да се нафатира. Да би биле богати оптшините, со решени сообраќајни решенија, со пропратна инфраструктура, со сите овозможени услови за пријатен живот, мислам дека ниту граѓаните би се решавале на ваков потег, а ниту пак би седеле со скрстени раце доколку се прават вакви индијански решенија. Се дотогаш вакви грдосии ќе никнуваат.


Posted By: krale
Date Posted: 17-Apr-2011 at 15:39
Originally posted by Vladimir P

Една идилична улица, населба во која мирно живеевме 46 години а која набрзо ќе постане лудница, заради алчност на општината за профит а не за подобрување на начинот на живеење на своите граѓани.



Не можам да сфатам вакви постови. Пробав. Не можам.


А што треба улицата да остане иста и во следните 200 години? Зар не треба да се очекува дека градот расте и се шири, и дека не може парцели во скоро центар на град да останат ливади? За ливади се знае кај има.

Ќути и трај што и куќите не ви ги предвиделе да се рушат и да се прави комплекс врз целата населба. Тоа (кога би имало закон во оваа држава) би било многу логично и одлично решение, наместо со Тафталиџе да се случи истото што се случи со Д. Маало - тотален хаос и самовластие во никаква урбанистичка целина.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Apr-2011 at 17:56
@krale,

Ајде ко на деца да ти објаснам за да можеш да сватиш, ќе пишувам споро.

Улицава која е широка 5.5 м е постојна и не може да се шири.

- Зашто.

Бидејќи од левата страна има приватни објекти-стари а од десната веќе изградени нови приватни објекти - Машино промет, школите Нова-1, Нова-2, К-15, и уште еден објект.

- И ?

Ни едните ни другите веќе не може да се рушат за да се направи поширока улица која ќе опслужува веќе огромен број на возила.
Или тоа значи, дека ќе остане уште 200 години, освен акој некој сето тоа не го откупи па потоа промени.

И мој Креле, заклучок за сето ова е:

Урбанистите (луѓе кој проектираат одредени заедници) кога го правеле Тафталиџе го проектирале за одреден број на станари, но денешниве урбанисти пробуват да спикаат многу патници во едно возило (што не е дозволено).

А за домашна е:

- Да повториш што е УРБАНИСТ, проектант, архитект, екологист, животна средина ... НОРМИ ...



П.С. Крале каде виде, каде прочита, овие парцели да останат ливади, ..... Значи прво се гледа после се чита и сето тоа се анализира е после ќе можеш да сватиш и на крај да коментираш.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: fichot
Date Posted: 17-Apr-2011 at 21:57
Прашка и донекаде Варшавска веќе се хаос секое утро кога ги носат децата на школо во НОВА и КЕМАЛ/КОМЕНСКИ а тек што ќе биде кога ќе никне комплексов...само чудно ми е што се крева глас само за тоа, а не и за Г-МОЛ.
Се надевам дека сепак поголем дел од сообраќајот ќе се одвива преку МТГ.


-------------


Posted By: krale
Date Posted: 17-Apr-2011 at 23:53
Епа не може Владимире да се живее во град, а да се нема коли на улица. Значи за тоа си постојат селата.

Што па мене, или некој во градов, го интересира дали тебе ќе ти се наруши идилата што ти ја пружил градот 46 години? Што па има тебе да те праша дали улицата ти одговара или не, дали ќе ти фрли сенка комшијата или не? Да не е твоја улицата случајно?


Posted By: Supervisor
Date Posted: 18-Apr-2011 at 00:01

Види батка не може преку ноќ да се смени урбанистички план. Втора работа каде (освен кај нас) се случува во среде населба која е планирана за повеќенаменски куќи и колекторски улици за жителите на тие куќи по одредени норми кои се исполнуваат да се продаваат истите и на нивно место да се градат згради?? Не само што е унаказување на просторот туку се губи функционалноста и се загушуваат уличките кои не се предвидени за згради и објекти со висина од 15 метри.
Знаеш кој е проблемот? Ваквите печурки се купуваат од страна на провинцијалците (не сакам никој да навредам) и се доселуваат од село, во град па и многу не бираат. Проблемот е до општините и до маркиците тука има многу матни игри се за пари!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: krale
Date Posted: 18-Apr-2011 at 00:15
А кој вика дека урбанистички план не се менува преку ноќ? Што, да не треба комшиите да го гласаат проектот? Па кај го има тоа у свет?

Во врска со куќите си баш во право, истото го кажав и јас, нека биде среќен што државава е хаос, иначе треба по некоја логика и куќите да се срушат - цела населба, и да се изгради една урбанистичка целина, а не ко Д. Маало да никнат зградички без никаков ред и поредок.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 18-Apr-2011 at 00:21
Епа истото се случува и во тафталиџе! И во Козле и по другите населби. А на тоа се должи неконтролиран раст и трка за пари. Скопје ги премина границите на популација иако е тоа друга тема сепак е многу значајно да се спомне градот стана дупка, секој втор во државава има стан во Скопје. Се гледа крах на тоа и страшни последици.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Supervisor
Date Posted: 18-Apr-2011 at 00:23
Да не заборавиме градот нема никаква стратегија за растот! Се гради неконтролирано изникнуваат цели населби преку ноќ без урбанистички планови и се косат со други пак сето тоа за пари. Ова буквално го нема никаде ама ете таква држава сме како сме тргнале Скопје ќе биде еден и единствен град во Македонија.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Apr-2011 at 00:25
Е мој кРАЛЕ далеку си од дискусија, нити читаш нити разбираш а сепак коментираш.

ГРАДОТ ПОСТОИ ЗА ГРАЃАНИТЕ А НЕ ОБРАТНО.

очито себичноста која е полна во тебе и во голем дел на овие наречени ѓрагани го прави градот каков ни е, па затоа по градот можеме на секој чекор да ја видиме деструктивноста на таквото размислување.

НЕ Е МОЕ, ПА МОЖАМ ДА ПРАВАМ ШТО САКАМ.

П.С. Иначе да ти објаснам уште еден факт кој за тебе можда е чуден

Не живеан на таа улица но ме засега зашто тамо живеат мои сограѓани.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Apr-2011 at 03:22
За почеток, жестоко мора да се реагира на однос кој го покажувате кон Владимир, ве молам покажете должна почлит пред се како кон соговорник, потоа како постар човек и постар член, затоа што приметувам некој повисок тон.

Сега моето мислење за работава. Бадијала е расправата за колку е широка улицата кога мораме да го расчистиме основното дека идиличните маала со растење на градот се поместуваат на подалекуод центарот и ова е природен процес и зашто воопшто да го перцепираме како некое наилство или незнам како се е формулирано, неможеме природните процеси да ги саботираме. Јас се залагам за малку поголема флексибилност во однос на адреса, односно да не се зема тоа толку трагично доколку некој има проблем со промените на неговата улица кои доаѓаат со времето, да може слободно да си го побара амбиентот на друго место, наместо со сите сили да се обидува да спречи нешто што кога тогаш ќе дојде.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 18-Apr-2011 at 08:44
Originally posted by krale

Епа не може Владимире да се живее во град, а да се нема коли на улица. Значи за тоа си постојат селата.

Што па мене, или некој во градов, го интересира дали тебе ќе ти се наруши идилата што ти ја пружил градот 46 години? Што па има тебе да те праша дали улицата ти одговара или не, дали ќе ти фрли сенка комшијата или не? Да не е твоја улицата случајно?


Вакви „контра - само за да е контра“ коментари не заслужуваат внимание ни секунда за да се читаат и им се чудам на другиве форумџии што се замараат да ти одговорат, посебно Владимир со 5 пати поголем стаж овде и со многу поиздржани ставови и репортажи(што само малку членови ги постираат овде)...

Јас имам целосно разбирање за жителите на Тафталиџе, затоа што и самиот живеам таму, а и да не е така...со тоа што и самиот сум убеден дека и сега реагираат многу касно...нешто слично се случува во делот во кој јас живеам - се гради „катна гаража“ на место каде што нема никаква потреба од нејзе - урбанист е инвеститорот во копродукција со градоначалникот, ама нажалост моите комшии (и јас вклучително) реагиравме мноооогу касно...во оваа фаза малку работи може да се променат...

Во последно време се поретко се логирам на форумов, баш од овие причини - прво вакви НЕХУМАНИ ПОГЛЕДИ на свет од типот „ме заболе за твојата идила“ што може да ги има во Сомалија евентуално и некои земји од таков карактер и вакви ТЕШКИ ГЛУПОСТИ од типот „да не е твоја улицата!?“ - недостојно муабет ни за пред маалска продавница, а не за форумов...која ви е поентата што пишувате, стварно не ми е јасно...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 18-Apr-2011 at 09:23
Procitav se, i kje kazam bravo za ovie ziteli!Brem reagirale, ako se stori nesto super ako ne togas ne....
Mislam deka zitelite imaat dobri argumenti, zosto bi ne trebalo da se gradat vakvi golemi gradbi. Mene najprvin mi se dopagjase proektot ama, ne znaev deka ima ulica od 5.5 metri..ne samo toa tuku i drugite pricini sto stojat vo pismoto, znaci ne go poddrzuvam.
Sepak, imate rok od 14 dena e kako pritisok, jas bi zemal drugi zborovi kako, kje ne raduvase nas zitelite ako dobieme pozitiven odgovor i slicno....
Inace, nekoj kje si kaze, sto mu e na zitelite, i vo drugite metropoli se gradat vakvi grandiozni zgradi iako ima sprotivno kukji...
Da, ama tamu e vekje gradeno, nema sto da spasi, a ovde ima sto da se spasi posto seuste ne e pocnato...

poz do vladimir


-------------


Posted By: krale
Date Posted: 18-Apr-2011 at 09:40
Originally posted by Vladimir P

Е мој кРАЛЕ далеку си од дискусија, нити читаш нити разбираш а сепак коментираш.

ГРАДОТ ПОСТОИ ЗА ГРАЃАНИТЕ А НЕ ОБРАТНО.

очито себичноста која е полна во тебе и во голем дел на овие наречени ѓрагани го прави градот каков ни е, па затоа по градот можеме на секој чекор да ја видиме деструктивноста на таквото размислување.

НЕ Е МОЕ, ПА МОЖАМ ДА ПРАВАМ ШТО САКАМ.

П.С. Иначе да ти објаснам уште еден факт кој за тебе можда е чуден

Не живеан на таа улица но ме засега зашто тамо живеат мои сограѓани.


Gradot postoi bas taka za site negovi ziteli. Kaj bi bile ako site glasaat sto sakaat a sto ne da se gradi kaj komsijata? Ova sto vie go barate go nema nikade vo svet.

Sosema legitimno pravo e NA gradot da planira stanben prostor za svoite gragjani I najmalku treba da se slusaat komsiite sto imaat samo svoi sebicni licni interesi vo vakva situacija.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Apr-2011 at 10:15
Originally posted by lslcrew


Сега моето мислење за работава. Бадијала е расправата за колку е широка улицата кога мораме да го расчистиме основното дека идиличните маала со растење на градот се поместуваат на подалекуод центарот и ова е природен процес и зашто воопшто да го перцепираме како некое наилство или незнам како се е формулирано, неможеме природните процеси да ги саботираме. Јас се залагам за малку поголема флексибилност во однос на адреса, односно да не се зема тоа толку трагично доколку некој има проблем со промените на неговата улица кои доаѓаат со времето, да може слободно да си го побара амбиентот на друго место, наместо со сите сили да се обидува да спречи нешто што кога тогаш ќе дојде.


Генерално се сложувам со тебе, но сето тоа мора да оди низ одредени рамки а не стихијно. Со други зборови ако се утврди дека Тафталиџе го менува својот карактер, ако тоа се направи како што треба како низ админстративни, така низ граѓански и на крајот секако низ експерстски филтри тоа би било во ред. Значи да се направи комплетно нова структура на населбата, да се направат нови парцели и да се пристапи кон „надградбата“.

Кога го нема тој пристап, добиваме квази резултати како овдека, така и на многу други места во градот.

Сепак би го повторил мојот став за оние објекти кои Супервисор ги нарекува печурки. Според мене, тие се уште поголем проблем кој во голема мерка веќе ја уништиле „хуманоста“ на Тафталиџе, а претходно имаат апсорбирано цели населби во градот.

Друга варијанта би била новиот развој да освојува нови простори без да задира во постоечките урбани ткива. Таков пристап имаат најчесто американските градови кои се шират до бескрај и кои имаат повеќе густи „кластери“ низ градот обвиткани од сите страни во населба ала Тафталиџе.



Posted By: krale
Date Posted: 18-Apr-2011 at 10:42
Па не може, едноставно не е пракса никаде во свет, за секоја зграда што се гради, комшиите да дадат одобрение. ДО кога луѓето ќе мислат дека све е општествена сопственост? Не, и државата и градот мораат да го гледат СВОЈОТ интерес, а не само на група граѓани кои имаа лични интереси на штета на останатите.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Apr-2011 at 11:14
Повторно се промашува основната тема, се работи чисто за технички норми на градење и меѓу другото и на апсорпсија на сообраќај низ една улица, а со тоа и нејзините понатамошни проблеми.

Растење на еден град не значи прво правење на објекти без земање во предвит на веќе кажаните норми, а потоа, лупаме глава и на форумов „дебатирање“:

- во каков сообраќаен хаос живееме,
- тесни улици,
- нема доволно паркинг места,
- зеленилото се заменува со бетон,
- нема пешачки и велосипетски патеки,
- се помал е притисокот на вода,
- улиците ни пливаат во вода после првиот дожд,
- нема пристап на пожарна до одредена локација,
- .....
- и да не редам уште стотици проблеми (види на форумов) кој искачаат - ни се рушат ко домино со никулец од само една уличка.

Затоа постојат урбанисти и ....... кој сето тоа треба да го предвидат минимум 50-тина години однапред.

* А сега за идиличните мала кој мислам дека ги свативте погрешно. Тргнете ги горе наведените проблеми и веќе имате идилично мало, населба, општина, град.

Еве еден пример на мојата теза, изгради па потоа тражи му чаре. Локација која се наоѓа на 500 - тина метри од оваја.



Во најкратки црти: Како кај нас се „планира“

- Нашите урбанисти уцртале зграда на хартија (која за жал трпи се)
- Инвеститорот „добива“ дозвола и се гради зграда.
- Зградата добива „техничка согласност“
- И ..
- Се увидува дека нема сообраќаен пристап.
- Па потоа се наоѓа соломонско решение да се направи улица која излага на третоар и удира на автобуска постројка.









И сега станарите среќно си ги кршат амортизерите а пешаците и оние што чекаат автобус им спомнуват некои мајки, сестри ... идила

Решение - Се надеваат дека некој од постојните куќи и зелени површини ќе се срушат и ќе направат помошен влез од другата улица, со еден збор ќе го крпиме она што во почетокот не сме го предвиделе, или не сме сакале заради некој други причини.

ПРВО, ПЛАНИРАНА ИНФРАСТУКТУРА, ПОТОА ГРАДБА СО НОРМИ И ДОБИВАШ ИДИЛИЧЕН ГРАД.

** Со ова ја прекинувам од моја страна „дискусијава“ за која мислам дека понатаму е бесцелна, и сето друго ќе бидат празни кафански муабети.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: krale
Date Posted: 18-Apr-2011 at 12:04
Премногу заведува споредбава што ја даваш. Едното нема воопшто решен сообраќаен пристап, а другото има и те како цел сообраќаен прстен околу урбанистичката парцела. Значи се согласувам дека улиците треба да се пошироки, но со оглед на тоа дека ова нема да биде главен пристап во зградите (тоа ќе биде од Теодосиј Гологанов), не гледам некоја причина да се буните, освен ако не сакате и понатаму да гледате во ливади од дворовите.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Apr-2011 at 16:56
Од друга страна мислам и дека воопшто не е коректно принципиелно да сега се фаќаме за сламки демек еве спорен објект,  улицата била толку метри, капацитет или некои сосема други параметри, кога намерата е јасна да се задржи сопственото маало надвор од социолошките текови и да се зачува комоцијата што досега била. Затоа и не сакам да навлегувам во параметрите и да пласираме сега наводнои аргументи зашто треба да се спречи градбата. Со цела почит Владимир, мислам дека освен што е касно само си го губите времето, а и под прашање е оправданоста на акцијата.

пбанкс, се работи за широк простор неизграден и сега еден од примерите во Скопје што има нормални маркици е овој, така да е планирано, не е тоа туку така преку ноќ сменето.




Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Apr-2011 at 17:04
Originally posted by lslcrew


пбанкс, се работи за широк простор неизграден и сега еден од примерите во Скопје што има нормални маркици е овој, така да е планирано, не е тоа туку така преку ноќ сменето.


Јас и погоре реков дека овој „бафер“ треба да биде урбанизиран. Но неможам ниту да останам глув на аргументиве кои ги дава Владимир.

Игнорирањето на можностите на постоечката инфраструктура и непланирањето на новата е многу опасно.

Знаеш дека моментално градам куќа и моментално имам сериозни проблеми да се поврзам со мрежата на ЕВН и Телеком. А се наоѓам на главна улица онаму каде градам, што останува за оние во внатршените улички.

Но тоа е резултатот кој се добива кога единствената цел на општините е да профитираат од комуналиите додека тој градежен развој не се следи инфраструктурно.

Уште повеќе, ако зборуваме за совршено сценарио, инфраструктурниот развој треба да биде пред изградбата на одреден објект, парцела, кварт а градбата да следи потоа.

Од таму, доколку веќе Општина Карпош се решила добро да профитира од овие комуналии, треба да претстави и план што ќе прави со добиените пари и како ќе го подржи сето ова инфраструктурно.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 18-Apr-2011 at 22:11
Originally posted by pbanks

Originally posted by lslcrew


пбанкс, се работи за широк простор неизграден и сега еден од примерите во Скопје што има нормални маркици е овој, така да е планирано, не е тоа туку така преку ноќ сменето.


Јас и погоре реков дека овој „бафер“ треба да биде урбанизиран. Но неможам ниту да останам глув на аргументиве кои ги дава Владимир.

Игнорирањето на можностите на постоечката инфраструктура и непланирањето на новата е многу опасно.

Знаеш дека моментално градам куќа и моментално имам сериозни проблеми да се поврзам со мрежата на ЕВН и Телеком. А се наоѓам на главна улица онаму каде градам, што останува за оние во внатршените улички.

Но тоа е резултатот кој се добива кога единствената цел на општините е да профитираат од комуналиите додека тој градежен развој не се следи инфраструктурно.

Уште повеќе, ако зборуваме за совршено сценарио, инфраструктурниот развој треба да биде пред изградбата на одреден објект, парцела, кварт а градбата да следи потоа.

Од таму, доколку веќе Општина Карпош се решила добро да профитира од овие комуналии, треба да претстави и план што ќе прави со добиените пари и како ќе го подржи сето ова инфраструктурно.


Kje izgradi nova opshtinska zgrada.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-Jul-2011 at 19:09
После целосна обнова на улица Виенска од страна на општина Карпош, некој свати дека буквално сите атмосверски шахти се за неколку сантиметри повисоки од самата улица.

Искочки соломонско решение до вдлабнатините во кој се собираше вода (читај езера) да се ископат нови - помошни шахти.





И така нашиот „надзор“ и нашите „претпријатија“ си го решива проблемот, а граѓаните .... стално пократки.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Aug-2011 at 21:35
Пристигна одговорот од општина Карпош на петицијата на граѓаните.



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Nov-2011 at 20:33


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Dec-2021 at 17:58
Тафталиџе од мирно маало стана преполно со автомобили паркирани по улиците





Преполни улици со автомобили паркирани од двете страни, немање паркинг, небезбедни тротоари за пешаци, топлотни острови како последица на сè повеќе бетон, а исчезнување на зеленило. Ова е сликата од населбата Тафталиџе. Жителите велат дека секој си прави што сака, паркинзи на јавен простор, депонии за остатокот од реновирање по дома, но и бесплатен хорор-адреналински парк за околните деца

Преполни улици со автомобили паркирани од двете страни, немање паркинг, небезбедни тротоари за пешаци, топлотни острови како последица на сè повеќе бетон, а исчезнување на зеленило. Ова е сликата од населбата Тафталиџе.

Ова што се случува во оваа населба како што велат жителите на Карпош е како резултат на тоа што при планирање на просторот, планерите се водат првенствено од апетитите на градежниците за што поголем профит. Карпошани во рамки на фејсбук-групата Независни за Карпош – За заштита на Карпош објаснуваат дека проблемот е што има уште простор за градење.

– Укинувањето на ДУП за З 06 требаше да овозможи со новите планови да се исправат сите овие грешки и да се овозможи колку-толку нормален живот на сите оние постојани, но и новодојдени жители на овој простор – реагираат граѓаните.

Тие го посетиле просторот кој останал неизграден, од З 06, блок 05 и блок 06. Тоа е делот помеѓу големите згради на Прашка, на потегот од гимназијата „Нова“ кон Алумина.

– Поголем дел од живеалиштата се напуштени, но има и значителен дел кој сè уште живеат таму опкружени со нешто што треба да личи на градилиште од една страна, a од друга страна e современ станбен комплекс – опишуваат карпошани.

Тие прашуваат дали градилиштето треба да постои, со оглед на тоа што се нема дозвола за градба, а ги повикуваат инспекциските служби на општина Карпош тоа да го проверат. Но, како што велат, така е повеќе од година ипол, необезбедено, со лесен пристап од сите страни.

– Оставено е така, секој си прави што сака, паркинзи на јавен простор, депонии за остатокот од реновирање по дома, но и бесплатен хорор – адреналински парк за околните деца – потенцираат жителите.

Од Општина Карпош одговорија дека на посочената локација имало одобрение за подготвителни работи на инвеститорот „Трим и Лум“ и дел од просторот е ограден во подготовка за градење, но градежна инспекција го затворила градилиштето и на инвеститорот му е поништено одобрението за подготвителни работи.

– Од таа причина, на лице место сега, дел од градилиштето е заграден, а дел е отворен бидејќи доколку се огради целиот простор што би требало да биде градилиште, би се затворил пристапот на куќите кои се наоѓаат зад таа парцела – објаснуваат од Општина Карпош.

Како што нагласуваат оттаму, поради тоа што во овој момент не е возможно да се огради целата парцела и да се заштити, таа се полни со ѓубре и отпад.

-Бидејќи Одобрение за градење нема во овој момент, ситуацијата на терен е онаква каква што е затекната при поништување на одобрението за подготвителни и затворањето на градилиште. Посочената локација е во приватна сопственост, и во однос на отпадот кој се собира таму, овластениот инспектор за животна средина ќе излезе на терен и доколку има услови ќе поведе инспекциска постапка и ќе му наложи на сопственикот да ја исчисти парцелата – децидни се од инспекторатот на Општина Карпош.

https://www.vecer.press/тафталиџе-од-мирно-маало-стана-преп/ - https://www.vecer.press/тафталиџе-од-мирно-маало-стана-преп/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jun-2022 at 15:28
ПРОТЕСТ НА ЖИТЕЛИ НА ТАФТАЛИЏЕ: Распукани ни се sидовите, вода капе во собите, а со глувци се бркаме секој ден!









Жителите на десетина куќи на Тафталиџе (просторoт помеѓу улиците „Митрополит Теодосија Гологанов“ и „Прашка“) пред малку излегоа на протест поради неносењето на урбанистичкиот план со кој е предвидено изградба на згради на овој простор, со што би им бил решено станбеното прашање. Велат дека и тие сакаат да живеат во убави станбени услови како нивните соседи од комплексот „Гранд Престиж“, но некој во советот на општина Карпош како намерно да го кочи носењето на ДУП-от кој треба да им овозможи хумано живеење на нив и нивните деца.

Жителитe за весникот ВЕЧЕР велат дека простот ќе биде со блокирање на улицата „Митрополит Теодосија Гологанов“ секој ден од понеделник до петок од 14 до 16 часот и истиот е пријавен во МВР, а е со цел јавно да го искажат својот револт од опструкциите и игрите што се прават во Советот на општина Карпош.

Жителка на ова маало вели дека според информациите што ги има, опструкциите ги прават советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица.

– Сметам дека им се додворуваат на гласачите за следните избори застапувајќи ја идеата за зелен град без урбана мафија, а на грбот на нас обичните луѓе од куќите кои чекаме 100 години да се урнат – вели оваа жителка која во трошна куќа градена пред 50-60 години живее најмалку 15-тина години.    

Вели дека тоа се куќи коишто пред многу децении се неплански градени, потоа доградувани, а денес се распаѓаат. Не можат да направат реконструкција на куќите затоа што општината не им дава одобренија за градење, туку само дозволи за препокривање затоа што било планирано да никнат станбени згради.

– Од посилните земотреси претходните години, а и од градењето на околните згради, ѕидовите на куќите распукаа. Еднаш, кога дојдоа службеници за проценка на штетите од земјотресите, кога ги видоа распуканите ѕидови, не прашаа дали планираме тука да живееме. Што требаше да им одговориме. Секако, тоа ни е домот. Каде да одиме? Кога имаше земјотреси, си велев само детето тогаш да ми биде на школо. Затоа што куќата е трошна – потенцира оваа жителка.

Друг жител, објаснува дека куќите им се оставени на забот на времето и не се вложува во нивно одржување затоа што секоја градежна интервенција ќе се смета за дивоградба.

– Како што ќе фати пороен дожд, тече од сите страни. Гредите на таванот се гнили, не може ни да се качиш нешто да се поправи. Може да падне, да се повредиш. Капе на нозете каде што спие детето. Со пластични садови сме по собите. Сега, деновиве, тешко беше, мирисаше на влага – вели овој жител.

Вели дека некои доброситуирани соседи ги испразниле куќите и си заминале од таму, но некои пак, неможејќи да ги издржат ветувањата од општината кои ги споредуваат со ветувањата на европските лидери кон нашата држава за влез во ЕУ, самоиницијативна ги поправиле куќите. Но, не сите можат тоа да го сторат.

Зградите од комплексот „Гранд Престиж“ се во нивна непосредна близина. Кога пред повеќе од една деценија почнало копањето на темелите за зградите, кај околните жители на овој простор на Тафталиџе се родила надежта дека после толку години ветувања, работите ќе се мрдат од мртвата точка и дека следни за уривање ќе бидат нивните субстандардни живеалишта. Тие ги истрпиле сите непријатности што ги носи градењето, буквално во нивните дворови.

– Како што се градеа зградите околу нас, како што се копаше длабоко за темелите, така излегуваа глувци. За овие години, околу стотина глувци влегле во куќата. Стапици, лепаци, стаорци, ужас, а 21 век. На сета мака, мажот ми вели, да даваат субвенции за ова, ќе се збогатевме – иронично коментира жителка на маалото која вели дека детето и пораснало со галамата на градежните машини.

Иако ги истрпиле сите непријатности за време на градењето на „Гранд Престиж“ и никаде не се пожалиле за тоа, денес кога тие го дигаат гласот да им се помогне и тие да добијат современи домови за живеење, добиваат опструкции токму од дел од станарите на зградите, кои, не сакале други згради до нивните бидејќи, ќе немало провев и им била потребна зелена површина.

– Дополнителен проблем ни се жителите од околните згради. Повеќето имаат домашни миленичиња. Кај „Веро“ има парк за домашни миленици, има и парк отспротива, но сите ги носат во таа една педа тревната површина пред нашите куќи. Измет на секој чекор, треба четири очи да отвориш за поминувајќи, да не ги донесеме дома. Кучињата мочаат под прозорецот на соседот. Некои родители ги носат децата за нужда во таа трева до нашите куќи и прозорци. Еднаш, играа деца на платото пред зградите. Се стрчаа покрај нашите прозорци. Си реков, деца, играат криенка. Утредента имаше што да видиме, на неколку места под прозорците – измет. Си завршиле работа. Да не зборувам дека ни се има случено да им го нема домашниот миленик и сами, без да заѕвонат да прашаат дали може да влезат, влегуваат во нашето дворно место без да прашаат, зад куќа, барајќи го своето куче, маче. Пред некој месец, влезе жена да ги рани мачките што минуваат низ дворот, не сме ги ранеле. Немаат ни срам ни перде. Не ни бил заграден дворот. Па, да беа во Америка, каде што дворното место не е оградено, веднаш ќе им повикаа полиција – револтирано коментира оваа жителка.

Таа констатираа дека и богаташите од зградите и советниците во општината не ги сметаат за луѓе.

– Со нула не множат. Кому му е во интерес од своите топли домови да гледаат во нашите трошни куќи. За пратениците од ВМРО- ДПМНЕ, кои се против усвојувањето на урбанистичкиот план за градење, ние сме никој. Така рече на прес конференцијата Роберт Велјановски, освен на Стевчо, никој друг нема интерес да гради таму. Нив, очигледно, само ги интересира да дојдат на власт, да им се додворат на останатите гласачи со политиката за зелена околина. А, тука не живеат фантоми, живеат луѓе со име, презиме. Во 21 век, со куќи чии покриви прокиснуваат, со деца што живеат во влага, на кои не може да им дојде другарче без да се плашат утре да не бидат жигосани, затоа што децата знаат да бидат и сурови – вели таа.

Деновиве советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош, Роберт Велјановски, истакна дека по ниедна цена нема да се дозволи понатамошна бетонизација на Карпош на штета на зелениот простор во општината.

– ВМРО-ДПМНЕ не е пријател на градежната мафија и никогаш нема да биде сојузник на бизнисмени кои сакаат да профитираат на грбот на народот и на животната средина. Заложбите на Јакимовски за бетонизација на Карпош се личен интерес на него и неколку бизнисмени. Несогласувањата на оваа тема се од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Карпош. Господинот Стевчо Јакимовски наместо да се сврти кон граѓаните, нивните потреби и барања за почист Карпош, со повеќе зелени површини и содржини за рекреација, тој одбра да продолжи по стапките на Стефан Богоев. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не одобрија неколку обиди на Јакимовски за вцртување на згради на различни локации низ Карпош, кои освен за интересот на бизнисот не му служат никому. Јакимовски и покрај нашите бројни апели за прекин на бетонизацијата продолжува со намерите да штанца градежни дозволи – истакна Велјановски.

https://www.vecer.press/протест-на-жители-на-тафталиџе/ - https://www.vecer.press/протест-на-жители-на-тафталиџе/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jun-2022 at 11:18
Зошто го укинале планот за само 3 маркици да не се градат,кога веќе толку ја набутаа Прашка не знам што толку ќе загрозеа тие 2-3 згради.?

-------------------------------------------------------------------------------
КУЌИТЕ НИ ПАЃААТ, БАРАМЕ ДА СЕ ВРАТИ ДЕТАЛНИОТ ПЛАН КОЈ ГО УКИНА УСТАВЕН СУД ЗА ДА МОЖЕ И НИЕ ДА ИЗГРАДИМЕ ЗГРАДИ, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИТЕ НА ТАФТАЛИЏЕ 1

Жителите на населбата Тафталиџе на улицата Теодосиј Гологанов, во близина на поранешната фабрика „Алумина“, бараат Општина Карпош веднаш да го донесе Деталниот урбанистички план (ДУП) Тафталиџе 1, кој во 2016 беше укинат од Уставен суд. Жителите на куќите, кои сега се заробени со згради високи 10 ката, бараат и тие да можат на нивните парцели да градат згради, велејќи дека условите во кои сега живеат се од минатиот век и куќите им се распаѓаат.

Тие веќе три дена протестираат блокирајќи ја улицата Теодосиј Гологанов секој ден од 14 до 16 часот, а следен чекор, како што велат, е барање да присуствуваат на седница на Советот на Општина Карпош за да ги изнесат нивните проблеми и барања.

„Бараме да се врати односно да се донесе повторно стариот план со кој и ние ќе можеме да си го решиме станбеното прашање, односно да се изградат згради. Ова е главен град и згради мора да има, не може да се живее во вакви услови. Околу нас се дигнаа 10-катници и тоа на земјиште што беше чисто односно немаше приватни имоти, а сега ние не може да градиме “, велат жителите на Тафталиџе 1.

Деталниот урбанистички план за Тафталиџе 1 е донесен во 2013 година во времето на Стевчо Јакимовски. По донесување на планот на овој потег се дигнаат 4-5 десекатници со голем габарит, на земјиште кое беше празен празен простор односно немаше куќи и сопственици кои требаше да се обештетат. Како што велат жителите, нивните згради не почнале да се градат бидејќи воделе преговори со инвеститорите, за кои е потребно време бидејќи сопственици се повеќе семејства.

„Додека ние се договориме со инвеститорот планот го укинаа, а мојата куќа веќе почна да се урива. На овој дел со планот се предвидени 3 згради од 10 ката. Не може на овие згради околу нас да им се даде толкава катност односно 10 ката, а сега нам да ни се намалува. Ги повикуваме советниците од Општината да дојдат да видат каде живееме па после да кажат дали треба да се донесе ДУП-от“, рече еден од граѓаните кој протестираше.

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека ги разбира луѓето и нивните барања бидејќи имаат големи проблеми, но планот не може да се донесе оти советниците не го поддржуваат.

„Новиот план за овој дел е нарачан да се прави во времето на мојот претходник Стефан Богоев. На сите советниците планот им е презентиран, но нема согласност да се донесе. Јас можам да гарантирам дека моите два советника ќе гласаат за него, но за другите не. На една парцела се јавуваат по неколку сопственици, па тоа се големи семејства и за да може да се решат нивните барања предвидена е толкава катност. Ние наскоро ќе го пуштиме планот на јавна анкета и ќе ја почнема постапката, но неговото усвојување зависи од советниците“, вели Јакимовски.

Јакимовски во Советот на Општина Карпош веќе не е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако минатат недела ја раскина, велејќи дека не може веќе да ги трпи изживувањата и притисоците од лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски.

Во Советот на Општина Карпош СДСМ има 8 советници, ВМРО-ДПМНЕ 7, Левица 4 и по два советника имаат ГРОМ и независната советничка група „Независни за Карпош“.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kukite-ni-pagaat-barame-da-se-vrati-detalniot-plan-koj-go-ukina-ustaven-sud-za-da-mozhe-i-nie-da-izgradime-zgradi-velat-zhitelite-na-taftalidhe-1/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kukite-ni-pagaat-barame-da-se-vrati-detalniot-plan-koj-go-ukina-ustaven-sud-za-da-mozhe-i-nie-da-izgradime-zgradi-velat-zhitelite-na-taftalidhe-1/

-------------
Carpe diem


Posted By: Théoden
Date Posted: 16-Jun-2022 at 14:58
Originally posted by stef4o

Зошто го укинале планот за само 3 маркици да не се градат,кога веќе толку ја набутаа Прашка не знам што толку ќе загрозеа тие 2-3 згради.?


Па не се 2-3, туку уште 10 згради треба да се градат според укинатиот план.

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1101&PID=239838#239838 - На темата за овие станбени комплекси сум го ставил ДУП-от и некое мое видување како почовечки би се уредил просторов:

Originally posted by Théoden

Дека ќе го остават просторот вака, тоа сигурно дека не. Но барем сега има надеж за некои подобрувања, кои ќе бидат повеќе од само козметички како кај повеќето од новите планови во Општина Центар. Стариот ДУП беше прилично хаотичен. Crazy


Ќе биде убаво ако се избришат внатрешните згради и се остави тој простор празен за да се искористи за паркинг и зеленило. Со оглед на распоредот и бројот на сегашните парцели, би било многу проблематично, но можеме да сонуваме.







Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jun-2022 at 17:19
Да има повеќе згради предвидено на потегов но не знам како ќе се реши ситуацијата,дали повторно ќе се врати истиот план.Секако ќе се гради пак комплекс со неколку згради кај Алумина во близина



-------------
Carpe diem


Posted By: Denko
Date Posted: 21-Jun-2022 at 14:20
Ne razbiram koja e celta. Se odi li na toa Skopje totalno da se betonizira i vivne vo oblaci so desetokatnici ili barem vo ovoj del, kade se kukite da se urbanizira vo moderen zelen stil, pa da se izgradat 3-katni moderni zgradi so podzemni garazi i istaknat zelen pojaz!


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Jul-2022 at 09:17
Фото+видео) Изиграни 17 семејства во Карпош, им ги срушиле куќите, становите уште ги нема





Четириесетина граѓани на Карпош со двочасовна блокада на булеварот „Теодосиј Гологанов“ побараа да се донесе Деталниот урбанистички план (ДУП). Велат дека повеќе од пет години живеат под кирија бидејќи куќите им се срушени од инвеститор кој на нивните имоти требало да гради згради. Целиот процес застанал откако поранешните градоначалници Богоев и Шилегов го укинале ДУП-от од 2016 година и оттогаш не е донесен нов.

Горан Ѓоргиевски, станар на Тафталиџе1 за НоваТВ вели дека куќата му била срушена пред година и шест месеци и покрај тоа што се уште немало одобрение за градба на зграда. Му било ветено дека наскоро ќе му бидат доделени станови, но тоа не се случило.

„Во 2013 година потпишавме договор и дојдовме до фаза до пред градење, но во тоа време имаше избори и функцијата ја презема Стефан Богоев. Беше поништен ДУП-от, а околу нашиот простор се изградија многу згради на местото каде што беше празен простор. ДУП-от беше прекинат со изговор дека не бил на огласна табла. Иако беше најавено дека ќе се донесе нов ДУП за 4 месеци, не се донесе ни во наредните 4 години“, вели Ѓоргиевски.

Како што вели тој проблемот е и во инвеститорот и во Општината. Срушена била и неговата нова куќа, а сега живее под кирија чекајќи подобро утре. Нивните згради не почнале да се градат бидејќи воделе преговори со инвеститорите, за кои е потребно време бидејќи сопственици се повеќе семејства.

„Во меѓувреме во 2016 година со жалби и поплаки се договоривме да започне процедурата. Од Министерство за транспорт и врски велеа дека се е во ред, но кога поднесувавме во Општината имаше проблем. Дојдовме до фаза каде инвеститорот доби одобрение за подготвителни работи. Не чекајќи да се одобри целата административна процедура, пред да има одобрение за градба се премина во фаза на рушење на куќите. Срушена беше и мојата нова куќа. Сега 17 семејства живееме под кирија, а излез не гледаме никаде“, дополнува Ѓоргиевски.

Уште еден загрижен граѓанин кој се уште не е иселен вели дека живее со мали деца а неговата куќа се распаѓа и во пределот околу фабриката Алумина во моментов воопшто не е безбедно за живеење. Покрај неубавите услови за живот почнале да бидат и стражари за сопствените имоти, вели тој.

„Сета оваа мака додека не допре до советот на Општината ние нема да престанеме со протестот и со искажување на нашето незадоволство. Ова више не се издржува, крајно е безобразно. До лани градоначалник немавме, советот беше добар, сега градоначалник имаме што ги разбира нашите маки, но советот не е добар, односно гледаат преку нашите маки што нив најверојатно не ги засегаат да си купат политички поени од останатите граѓани на општина Карпош“, вели тој.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека граѓаните од него имаат поддршка, но тој не може да го реши проблемот затоа што ДУП-от треба да помине во совет на Општина Карпош. Според него советниците преку урбанистичките планови се пресметувале со него.

Порано не беше вообичаено плановите да се решаваат со советниците, сега на работни средби понудувам повеќе варијанти, јас ги прашувам нив како да им помогнеме на луѓето они молчат. Тие преку плановите се пресметуваат со мене, но во тоа не успеваат. Така страдате вие, не јас. Јас барам да ми дадат автентично толкување од парламент. Не е работата предлогот да се донесе на седница, да не се изгласа и да пропадне. Има советници за кои Општината е тастатурата пред нив и не ги интересираат вашите маки“, изјави Стевчо Јакимовски на средбата со засегнатите граѓани.

Во Советот на Општина Карпош СДСМ има 8 советници, ВМРО-ДПМНЕ 7, Левица 4 и по два советника имаат ГРОМ и независната советничка група „Независни за Карпош“.

https://novatv.mk/foto-video-izigrani-17-semejstva-vo-karposh-im-gi-srushile-kukite-stanovite-ushte-gi-nema/ - https://novatv.mk/foto-video-izigrani-17-semejstva-vo-karposh-im-gi-srushile-kukite-stanovite-ushte-gi-nema/

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window