Print Page | Close Window

Македонска Филхармонија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=130
Printed Date: 28-Mar-2024 at 17:35


Topic: Македонска Филхармонија
Posted By: Cloverstack
Subject: Македонска Филхармонија
Date Posted: 16-Dec-2007 at 02:42
Па мислам редно е да имаме нишка и за единствениот проект на владава кој донесе нешто квалитетно на архитектонско поле Thumbs%20Up

http://imageshack.us">

http://imageshack.us">

http://imageshack.us">


Еве ја првата вест што ја најдов на времето... Од тогаш не сум налетал на нешто друго.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=82863 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=82863

Ќе се гради концертна сала на Македонската Филхармонија

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=81&VestID=82863 - Јана Коцевска javascript:otvoriVideoPrilog%2807/nova-sala-filharmonija-20-08.wmv,%2082863%29 -
  
20.08.2007

Македонската Филхармонија конечно со концертна сала. Од околу 20-тина пристигнати проекти, првата награда му е доделена на Виктор Михајлов, кој измината година и пол е со проекти за изградба на националната опера во Белград и Турскиот театар во Скопје.

Архитектонското решение на Михајлов е уникатен објект со современ изглед, проект кој ги задоволува функционалните барања на Македонската Филхармонија, работен со акцент на акустиката.

„Концепциски е замислен како објект кој ќе опфаќа повеќе типови на музика, значи голема симфониска концертна дворана со околу 1.000, 1.100 седишта, наменета за класична музика и мала концертна дворана до 300 седишта за експериментални типови на музика, етно, џез, техно“, изјави Виктор Михајлов.

За уметниците со концертната сала конечно ќе се реши едно од круцијалните прашања, достоинствено да ги изразат своите квалитети, но и без срам од гостување на познати светски уметници.

„Мене, сега вака од прв поглед, ми се чини дека ова е најдобро и се вклопува во академија и опера до него и имаме некои забелешки за внатрешноста, можеби таму треба нешто, меѓутоа тоа е победникот“, рече Ана Котраденко, концерт мајстор.

Новата концертна сала ќе биде сместена меѓу Македонската опера и Средното музичко училиште. Ќе се почне со изградба во април наредната година, со тенденција да биде завршена во 2009-та.

Министерството за култура само за оваа година за овој проект одвоила 50 милиони денари.




Replies:
Posted By: dejan
Date Posted: 16-Dec-2007 at 03:37
Ovoj proekt mnogu me raduva! Ke izgleda ubavo pokraj rekata, i toj del ke se uredi.


Posted By: shyes
Date Posted: 16-Dec-2007 at 04:40
Навистина изгледа супер


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Dec-2007 at 13:26
Овој проект е од германски архитект Рене Рисланд. 3-то место на конкурсот.




Да не ве буни сликата од пештерата. Целиот објект симболизира карстен релјеф, пештера, а зелените фасади претставуваат „висечки градини“ како тие во Вавилон

Горе е одделен простор за панорама-лоби од каде ќе се гледа Вардар и околината и ќе даде нова одлична перспектива на тој дел од кејот.






Напречни пресеци на објектот, да се види како е замислен просторот внатре.






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Dec-2007 at 13:37
7-мо место на конкурсот - според мене навистина кич проект ама има убави рендери, па вреди да се спомне.



Објектот е симбол на 21-век, време во кое што традиционални цели се решаваат на современ начин(така архитектот го објаснува).
   
    Зградата е замислена како „кутија-во-кутија“ т.е. секоја функција на зградата во одделна кутија, кожурец.  Направена е од стакло, што значи дека е делумно проѕирна, , па би бил објект кој сигурно ќе ви го одземе вниманието.








-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Dec-2007 at 13:48
 10-то место на конкурсот.
Aрхитектот ја оправдува формата на објектот со тоа што веќе постоечката зграда на МОБ зафаќа голем простор, и затоа е потребна компактна зграда да не го загуши тој простор.














-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2007 at 13:52
Германското решение ми се свиѓа но сепак мислам дека победничкото е најдобро (барем од тоа што сум видел до сега). Ла Линеа гледам наоружан си со квалитетни рендери на оваа тема, доколку ги имаш сите постирај ги би било супер.

7 Место не ми се свиѓа а куглата е многу добра од внатре но од надвор не е по мој вкус.

Cheers


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Dec-2007 at 13:56
Тоа е горе-доле се што може да се најде за проектите. Имам уште едно тајно оружје, ама ми е во стариот компјутер - пдф фајл со невероватни рендери од околината и уште еден проект што го нема никаде - ама најважно, има најдоби рендери од победничкиот проект. Највероватно го симнале фајлот од нет, дека вчера потрошив добар саат на нет во барање.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2007 at 14:21
Originally posted by La Linea

Тоа е горе-доле се што може да се најде за проектите. Имам уште едно тајно оружје, ама ми е во стариот компјутер - пдф фајл со невероватни рендери од околината и уште еден проект што го нема никаде - ама најважно, има најдоби рендери од победничкиот проект. Највероватно го симнале фајлот од нет, дека вчера потрошив добар саат на нет во барање.


ја потрошив добра недела дена барајќи некој таков ПДФ на времето кога искочија проективе но  без успех Wallbash

Ваљда брзо имаш во план да му пристапиш на стариот компјутер


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Dec-2007 at 14:36
Мислам дека бев доволно брз.. Еве убави слики за вас убави форумџии и build-nerdovi.





Второ место.





КОМЕНТАРИИИИ!!!

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2007 at 15:14
DroolDroolDroolDrool

Топ слики. Незнам дали третата слика може да ја земеме здраво за готово за некои други работи. На пример за точната позиција на Театарот, Музејот на ВМРО, Еврејскиот музеј итн. Ако да..... Ми се свиѓа. Посебно оние згради меѓу ВМРО и Еврескиот музеј може да бидат топ. Просторот би се формирал супер. Само да бидат сите тие проекти како што треба. Ме буни дека од другата страна ја нема народна банка во планот?

Него за проектите. Втората награда е исто добра не би ми сметало и таа да победи. Сепак како никогаш до сега задоволен сум од изборот Cheers

Единствено решенијата за внатрешноста на објектот ми се подобри и кај куглата и кај втората награда. Но сепак екстериерот ми е побитен


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Dec-2007 at 15:22
ЛЕЛЕ КОЛКУ СЕ РАДУВАМ НА СЛИКИВЕ Banana

Не ми е јасно - на 3-тата слика, вметнати се проектите што не се почнати , ама се во план. ОК.
    Ама може ли некој да ми каже што е тоа до планираната Градска куќа? Тоа во средина? Некое (не)пријатно изненадување? И кој е тој мост помеѓу Камениот и „Гоце Делчев“? Question


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2007 at 15:31
Originally posted by La Linea

ЛЕЛЕ КОЛКУ СЕ РАДУВАМ НА СЛИКИВЕ Banana

Не ми е јасно - на 3-тата слика, вметнати се проектите што не се почнати , ама се во план. ОК.
    Ама може ли некој да ми каже што е тоа до планираната Градска куќа? Тоа во средина? Некое (не)пријатно изненадување? И кој е тој мост помеѓу Камениот и „Гоце Делчев“? Question


Па да затоа се прашувам дали оваа слика е доследна реплика на ДУПот и дали може да ја земеме здраво за готово.

До градската куќа гледаш дека има два објекти. Сега за сега не знаеме што ќе бидат. Последен заинтересиран за едниот од нив (не средниот тој третиот) беше Радисон САС за хотел но целата работа пропадна поради проблеми со некое денационализирано земјиште на тој простор (или барем така нам ни го сервираа медиумите). Своевремено за една од тие локации се интересираше и Шератон, мноооогу одавна. Во секој случај тие два објекти се НЕОПХОДНИ за дооформување на плоштад Македонија ваков каков што е не е плоштад него отворен простор со згради на едната страна и пасиште на другата. Верувам дека на овие локации ќе изникнат убави објекти иако истворемено не ја потценувам нашата способност да заебеме се до даска.

А за мостовите. Ако не се лажам во ДУП Мал Ринг имаше зацртано 2 пешачки моста, едниот е овој а другиот меѓу Камени и мостот на Холидеј ин (спојка меѓу кејот и платото на МНТ). Ме чуди зошто тој мост не е зацртан тука. Тој мост досега и беше во фокусот на нашите политичари овој другиов меѓу театарот и телеком не се ни спомнуваше.

Уште во 1999 некаде Душко Кадиевски иницираши изградба на пешачкиот мост до платото на МНТ. Требаше да се вика милениумски мост, идејата беше да се направи мост без столбови. Своевремено ми се свиѓаше идејата.

Следна беше Аларова во претходниот мандат каде ќе правеше некаков мост на цвеќето каде што по цела должина мостот ќе има незнам колку типа цвеќе бла бла.

Ништо не искочи нормално ни од едното ни од другото.

Cheers



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2007 at 16:14
@ La linea,  за материјајиве што ги постираше  Thumbs%20Up Master Rock

Покрај тоа што се запознав со некои од другите трудови на конкурсот, сега стварно имам далеку подобра претстава за тоа како победничкиот проект ќе се вклопи во просторот.

Можам донекаде да се сложам со авторот на „топката“ околу малиот простор, затоа што таму особено на зградата на филхармонијата (конкретно победничкиот проект) добро би и дошол повеќе празен простор околу нејзе. Исто така куглата има поинтересно изведена сала... Но од надвор ми се гледа некако изнасилена и дефинитивно го преферирам победникот.

Во однос на вклопување со околината, според мене најдобар е второпласираниот труд. Но пак ќе речам, кога се ќе се собере, победникот заслужено победил. Едноставно екстериерот веднаш ти го привлекува вниманието и тоа во позитивен смисол. Моите замерки на сметка на победникот се однесуваат на вклопувањето во просторот, а и колку што може да се види, големата сала е изгледа премногу едноставна... Како трибина, ништо повеќе...


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2007 at 16:24
Originally posted by La Linea






Колку повеќе ја гледам толку повеќе ми се свиѓа Applause


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2007 at 16:27
Originally posted by pbanks

DroolDroolDroolDrool

Незнам дали третата слика може да ја земеме здраво за готово за некои други работи. На пример за точната позиција на Театарот, Музејот на ВМРО, Еврејскиот музеј итн. Ако да..... Ми се свиѓа. Посебно оние згради меѓу ВМРО и Еврескиот музеј може да бидат топ. Просторот би се формирал супер. Само да бидат сите тие проекти како што треба.



Тоа е стариот мал ринг, пред да ги усвојат измените. Така да не треба да го земаш како репер баш кај театарот и музејот македонска борба.

Инаку музејот на холокаустот се гради на споени маркици, па не сум сигурен за кои згради измеѓу збориш.



А за мостовите. Ако не се лажам во ДУП Мал Ринг имаше зацртано 2 пешачки моста, едниот е овој а другиот меѓу Камени и мостот на Холидеј ин (спојка меѓу кејот и платото на МНТ). Ме чуди зошто тој мост не е зацртан тука. Тој мост досега и беше во фокусот на нашите политичари овој другиов меѓу театарот и телеком не се ни спомнуваше.


Јас мислам дека тој мостот кај телеком и онака беше изнасилен, така да добро што не се спомнува. Со изменетиот ДУП веројатно веќе не ни доаѓа во линија  со просторот пред театарот, па логично би било и да го озбришале. Што ќе ни е пешачки мост на само 100 метри од камени??? Само ќе го опструира погледот на камени од подалеку по кејот...

А оној другиот мост (кај ГТЦ) ми е ОК. Не само што е веќе ~250м оддалечен од камени, туку и сам по себе прави повеќе смисла од оној кај телеком.


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Dec-2007 at 16:30


Со оргулите позади, светлата, трибините... Drool

Победничката многу личи на таа во АРМ


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2007 at 16:53
Originally posted by Cloverstack


Тоа е стариот мал ринг, пред да ги усвојат измените. Така да не треба да го земаш како репер баш кај театарот и музејот македонска борба.

Инаку музејот на холокаустот се гради на споени маркици, па не сум сигурен за кои згради измеѓу збориш.


Зборам за зградите меѓу Македонска борба и Ибни Пајко. Значи двете непостоечки што го дозаокружуваат плоштадот.


Јас мислам дека тој мостот кај телеком и онака беше изнасилен, така да добро што не се спомнува. Со изменетиот ДУП веројатно веќе не ни доаѓа во линија  со просторот пред театарот, па логично би било и да го озбришале. Што ќе ни е пешачки мост на само 100 метри од камени??? Само ќе го опструира погледот на камени од подалеку по кејот...

А оној другиот мост (кај ГТЦ) ми е ОК. Не само што е веќе ~250м оддалечен од камени, туку и сам по себе прави повеќе смисла од оној кај телеком.


Па доколку се задржеше стариот мал ринг, и овој кај телеком ќе имаше логика. Фактички ќе ги спојуваше улиците формирани од Офицерски дом/Телеком и ВМРО/Театар од другата страна. Обструкција на поглед немора да има, се работи за пешачки мост и може да се направи гразиоен дизајн кој нема да го блокира многу погледот.

За оној од другата страна сум дефинитивно ЗА. Мислам дека еден таков мост би му дал многу поголемо значење и перспектива на платото пред МНТ.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2007 at 17:00
Originally posted by pbanks



Па доколку се задржеше стариот мал ринг, и овој кај телеком ќе имаше логика. Фактички ќе ги спојуваше улиците формирани од Офицерски дом/Телеком и ВМРО/Театар од другата страна. Обструкција на поглед немора да има, се работи за пешачки мост и може да се направи гразиоен дизајн кој нема да го блокира многу погледот.

За оној од другата страна сум дефинитивно ЗА. Мислам дека еден таков мост би му дал многу поголемо значење и перспектива на платото пред МНТ.


Па добро сега, преку река не може а не ни треба да се спојуваат сите улички... Мене ми е глупо да градиме некое мовче на точно 100м од симболот на градот - Камениот Мост.

А за другиот кај ГТЦ и јас сум дефинитивно ЗА, меѓу другото и ради причината што ја наведуваш Thumbs%20Up


Posted By: shyes
Date Posted: 17-Dec-2007 at 15:42
La Linea,  супер слики фала ти многу. Thumbs%20UpApplause


Posted By: dejan
Date Posted: 18-Dec-2007 at 01:39
Wow, kakvi sliki, fala la linea!

Taa topka zgrada mnogu mi se svigja isto.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Mar-2008 at 19:41
Еве уште неколку рендери од идејните проекти

1 Овој го имаме веќе видено

2 А овој го немаме










Posted By: blejdsk
Date Posted: 30-Mar-2008 at 04:07
A KOJ ODLICIJA DA GO GRADAT ,,,ILI TOA USE NE SE ZNAE,,,,TAJNOST A?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Mar-2008 at 11:31


Па имаш на претходната страна човече!

Bash Big%20smile


Posted By: blejdsk
Date Posted: 30-Mar-2008 at 15:32
PreviousDa da ,,,pardon zaboraiv ,,t.e se zbuniv ,,,,mislev za proektot muzejot na VMRO i zrtvite od komunizmot toj ne znaeme kako ke izlea,,,,


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Mar-2008 at 23:41

Победничкиот е далеку најдобар иако проектот бр.2 е добар



Posted By: dejan
Date Posted: 12-Jun-2008 at 15:06
Што се случи со филхармонијава? Кога ке се гради? И се тоа..


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Jun-2008 at 15:11
Мислам дека требаше да се гради паралелно со останативе проекти ко Спомен Куќата и Музејот на ВМРО. Изгледа го оставаат најдоброто за крај Roll%20eyes

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: dejan
Date Posted: 12-Jun-2008 at 15:19
Ah! Pa prvo ve spremat za edno arhitekturno razocaruvanje, pa posle so filharmonijava za edno golemo odusevuvanje


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jun-2008 at 15:19
Originally posted by dejan

Ah! Pa prvo ve spremat za edno arhitekturno razocaruvanje, pa posle so filharmonijava za edno golemo odusevuvanje


Edno?


Posted By: dejan
Date Posted: 12-Jun-2008 at 15:25
Originally posted by pbanks

Originally posted by dejan

Ah! Pa prvo ve spremat za edno arhitekturno razocaruvanje, pa posle so filharmonijava za edno golemo odusevuvanje


Edno?

Au da, zaboraviv za Makedonska Borba


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 31-Dec-2008 at 03:08
Во јануари спомен-куќата на Тоше, во февруари Филхармонијата


Според министерката за култура, за наредната 2009 година буџетот наменет за проекти од областа на културата ќе биде поголем за 54 отсто во однос на минатата година


Кон крајот на јануари 2009 година, во Крушево ќе биде поставен камен-темелник на спомен-куќата на Тоше Проески, поточно на неговиот роденден, а во февруари ќе започне изградбата на концертната сала на Македонската филхармонија. Министерката за култура Елизабета Милеска-Канческа вчера даде отчет за она што беше сработено во 2008 година, но и најави заокружување на неколку капитални објекти во текот на 2009 за кога е планиран поголем буџет за 54 отсто во однос на 2008.
а спомен-куќата на Тодор Проески изработени се сите проекти и избрана е фирмата која ќе ја гради. Во однос на концертната сала на Македонската филхармонија изработени се сите проекти и вклучени се и странски експерти во делот на акустиката, која е од големо значење. Интензивно се работи и на подготвителните работи за реконструкција на Универзалната сала и изградба на Турскиот театар и на двата нови театри на местото на Драмскиот и Македонски народен театар, како и за поставување на 40 скулптури во централното градско подрачје, за што се избрани 28 автори кои ќе треба да ги изработат скулптурите до крајот на годината, изјави вчера Канческа-Милевска.

Во делот на капитални инвестиции на 30 јануари се најавува и промоција на спомен-куќата на Мајка Тереза. Според Канческа-Милевска, и на изградбата на стариот театар интензивно се работи, а избрана е и фирма која во рок од 8 месеци треба да ја изработи сценската технологија и акустика. Во однос на музејскиот комплекс "Македонска борба", како што потенцира, интензивно се работи на изградбата и на изработката на восочните фигури, а до 10 јануари треба да бидат склучени и договори со уметниците кои ќе ги изработуваат портретите на познатите личности од различни историски периоди.

Министерката Канческа-Милеска за 4 јануари најави и промоција на едицијата 130 тома "Македонска книжевност" од македонските автори и авторите припадници на заедниците. Проектот за преводи на дела на автори, кои добиле Нобелова награда, пак, како што вели, е при крај и до 5 јануари ќе се избере и издавачката куќа која ќе продолжи со нивно издавање. Во 2009 година продолжуваат и активностите на 15 археолошки локалитети во Македонија, каде мината година беа откриени над 10.000 предмети, а на локалитетот Градиште кај Охрид ќе бидат изградени уште 16 праисториски куќички на вода.

Она што е најавено како новитет во наредната година е воведување на посебна категорија национален уметник за да се издвои врвната култура и уметност.


http://vecer.com.mk/?ItemID=40FD96E5C8F36042BCF9F7B994813F14



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Dec-2008 at 03:19
Конечно вест, и тоа добра, за проектот кој мислам кај сите нас предизвикува позитивни чуства.

Cheers


Posted By: kire85
Date Posted: 31-Dec-2008 at 03:23
taka e Cheers

proektot e stvarno prekrasen....a kolku vreme e predvideno za izgradba?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Dec-2008 at 03:29


Еве оваа информација датира од времето кога беше објавен проектот во јавноста, во декември 2007:
Ќе се почне со изградба во април наредната година, со тенденција да биде завршена во 2009-та.
Значи цирка година и пол...

Е сега пошто во старт касни цела година, би било логично да рачунаме со 2010, ама не сум баш толкав оптимист. Проектов е специфичен и има уште поголем потенцијал да се развлечка него ли други „поедноставни“ проекти кои исто така по обичај не ги завршуваме на време.


Posted By: beTon
Date Posted: 31-Dec-2008 at 04:06

мислам вчера беше, беа Паско и Елизабета кај Јанко во емисија каде меѓу другото на крајот спомна министерката дека МНТ ќе се рушел заради новата опера, Јанко ја подпраша како демек баш ќе се руши, на што доби потврден одговор!

изгледа министерката мислеше дека ќе се руши платформата над гаражата која е во склоп на МНТ, но сепак звучеше ептен како отиде постијниов МОБ  

ќе беше добро и тука од оваа страна на вардар да пуштеа уште една подземна улица 



Posted By: maestro
Date Posted: 02-Jan-2009 at 10:29
Супер информација! Едвај чекам да го видам објектот во живо!   


Posted By: BOJAN
Date Posted: 02-Jan-2009 at 21:49
За спомен куќата на Мајка Терезе динамит во Новата година, а за објектот на Филхармонија едно големо браво.
П.С. Мајка Тереза ја почитувал, но дотичниот архитект што го проектираше објектот го уништи Скопје!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2009 at 12:01
За новата концертна сала имаме архитект, немаме акустичар
Автор:  Ангелина Димоска
Култура
Изградбата на новата концертна сала за Македонската филхармонија ќе започне кон крајот на идниот месец. До крајот на месецов треба да се затвори меѓународниот тендер за изведба на звучната акустика, најважниот сегмент во реализацијата на овој комплексен архитектонски проект, изработен од архитектот Виктор Михајлов.

- Акустиката е најважниот сегмент во реализацијата на овој објект. Македонија нема искуство со изведба на музички објекти, па затоа тендерот е меѓународен, зашто ни треба помош и искуство од тимови што работеле на акустична изведба на концертна сала. Не е проблемот што првпат се реализира ваков проект во земјава, туку тоа што во суштина се работи за многу комплексен високотехнолошки објект во кој треба да се внимава на многу аспекти - вели архитектот Михајлов, чиј проект беше избран како најдобро идејно решение на конкурсот што минатата година го распиша Министерството за култура.


Ништо не смее да и се остави на случајноста

Проектот за изградба на концертна сала во која ќе биде сместена Македонската филхармонија ќе се реализира етапно, во повеќе фази, а предвидено е да заврши кон крајот на 2010 година.

- Изградбата ќе се одвива етапно, се работи за комплексна архитектонска структура. Ништо не смее да и се остави на случајноста за објектот да функционира беспрекорно - вели Михајлов.

И од Македонската филхармонија, која веќе шест и пол децении „привремено“ е сместена во Домот на АРМ, велат дека очекуваат новата концертна сала да функционира беспрекорно и да има совршена акустика.

- При изработката на проектот бев вклучена во тимот. Ме консултираа за повеќе аспекти од изградбата на објектот, а најмногу за акустиката. Проектот има одлично идејно визуелно решение, но нам поважни ни беа неговата функционалност и намена, а пред сè акустиката. Филхармоничарите доволно се измачија свирејќи во неакустичната сала на Домот на АРМ, па затоа очекуваме новата концертна сала да има совршена акустика - вели Маја Чаначевиќ, директорка на филхармонијата.

Еднаш се гради концертна сала

Сега, кога конечно ќе почне да се гради концертна сала, сите очекуваат проектот да се изведе професионално и со сите нишани.

- Па еднаш се гради концертна сала. Затоа мора да се внимава на нејзината изведба, да биде прецизна и на високо ниво. На музичарите најважна им е акустиката, зашто сала со добра звучност и дава поинаква визура на симфониската интерпретација - вели Чаначевиќ.

Во новата концертна сала, која ќе се гради на просторот меѓу Факултетот за музичка уметност и Македонската опера и балет, ќе има две концертни сали, простории за вежбање, гардероби, ресторан, продавница за музичка литература и музика...

- Проектот е одличен, локацијата е совршена. Очекуваме со реализацијата на овој објект да бидат задоволени сите неопходни услови за работа на Македонската филхармонија. Музичарите ќе имаат простор за вежбање и за проби, две сали, една поголема, другата помала, повеќенаменска за камерни концерти, трибини и конференции, продавница во која ќе има музичка литература и цедиња од продукцијата на нашата куќа. Музичарите ќе добијат и соодветни пултови и мобилни столчиња. Се надевам дека просторот ќе стане вистински културен центар, храм на музиката во кој ќе слушаме врвни светски музички имиња од светот на класиката - вели Чаначевиќ.

КОНЕЧНО концертна сала за филхармонијата

Изградбата на современа сала за симфониско концертирање е еден од неколкуте капитални објекти во културата што Министерството за култура планира да ги реализира до 2010 година.

Големата концертна сала ќе има капацитет од 1.000 до 1.200 седишта, а малата наменета за камерна музика ќе има 300 седишта. Ова е максимумот иако салите се со флексибилен капацитет.

Инаку, победникот на конкурсот за идејното решение на Филхармонијата Виктор Михајлов токму за овој проект освои четврто место за најдобра градба во Европа, на конкурс во Германија.

- Ова доволно говори за квалитетот на неговиот архитектонски дизајн за концертната сала на Македонската филхармонија, кој тој го изработи во соработка со Александар Наумчевски - велат од Министерството за култура. Михајлов пред две години победи и на конкурсот за идејно решение на Турскиот театар, а претходно и на регионално ниво, на конкурсот за операта во Белград.

Со реализацијата на овој капитален објект во културата, Македонската филхармонија конечно ќе добие концертна сала и ќе го реши повеќедеценискиот круцијален проблем со кој се соочуваше во изминативе шест и пол децении.





Што сè ќе се (из)гради во близина на салата

- Нов театар по урнек на стариот, кој се урна пред земјотресот (спроти старата автобуска станица).

- Музејот на жртвите на комунизмот (на просторот на старата автобуска станица).

- Музеј на холокаустот (под Кале).

- Археолошки музеј (на просторот кај Комерцијална банка, во близината на МОБ и Факултетот за музичка уметност).


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=299&top=1&ArticleID=16483



Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2009 at 12:03


Како се приближува март, така повеќе фарса се пласира у јасвност. Дај боже да е како што пишува у текстот. Ако е ова проектот што ќе се гради само напред. Ми се свиѓа иако малку има нијански како да заличува на соборна! Ама нема везе тоа е класична ротонда, кај нас таква има само на соборна па затоа и ми личи на соборна. Да се употребуваше повеќе, тогаш ќе си бевме навикнати! Иако низ прсти ни пројдоа многу повеќе проекти кои беа далеку поубави од овој, јас ќе бидам среќен и доколку Скопје добие еден ваков објект како последниов што е на сликата!

Edit: Јас накнадно приметив дека на првата страна од нишкава го има истиов проект, ама тука на последнава слика ми изгледа малку модификуван, дали е тоа поради аголот на сликата или слично!


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jan-2009 at 12:47


Дефинитивно има модификации на проектот но би сакал да видам повеќе агли пред да кажам дали е тоа кон полошо.

Уште со предлог решението имаше дискусии дали толку заоблена структура се вклопува покрај јасните линии на МНТ и останатите структури во тој дел. Сега гледам облините уште повеќе се потенцирале.


Posted By: anDarko
Date Posted: 26-Jan-2009 at 13:54
жално е што ваков репрезентативен објект (кој убедливо е најубав од сите објекти чија изградба моментално се турка во градов) ќе биде затворен во локација кон која нема да име отворен поглед ниту од Вардар, ниту од бул. Гоце Делчев. Уште ако навистина ги збутаат и сите оние други објекти во околината (зграда за Археолошки музеј/архив/суд + нова зграда за Министерството за надворешни работи), е тогаш архитектонски највпечатливиот објект (филхармонијата) ќе биде тотално скриен и загушен.

Ваков објект бара ширина и видливост во лоцираноста...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2009 at 13:59
Објектов нема простор каде да се спика подкровје накнадно, а тоа ме радува! Yes


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jan-2009 at 14:00
@anDarko

Од страна на Вардар погледот ќе биде доволно отворен спрема мене. Можеби би било убаво да биде уште поблиску до реката но во случајов тоа не би правело логика. Вака подреден со влезот во МНТ и со уличката која води кон плоштадот Карпошово востание прават убава целина спрема мене. Платото пак пред двата објекта може навистина да се уреди во нешто прекрасно.




Posted By: anDarko
Date Posted: 26-Jan-2009 at 14:06
пак ми е премногу заглавен во околината...значи само предната страна ќе се гледа, другите страни нека не се ни трудат и да ги уредуваат бидејки и онака нема од каде се видат...штета...

а кои се па сега онаие две згради во коцкаста и прекршена форма кои ќе бидат помеѓу филхармонијата и Бул. Гоце Делчев?


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jan-2009 at 14:10
Originally posted by anDarko

пак ми е премногу заглавен во околината...значи само предната страна ќе се гледа, другите страни нека не се ни трудат и да ги уредуваат бидејки и онака нема од каде се видат...штета...


Држи ова што го велиш не дека не држи. Но мислам дека на тој простор со кој се располага ОК ја решиле работата. Експонирани локации кон Вардар имаат единствено стариот театар, музејот на ВМРО и маркицата кај мостот кај Холидеј Ин. ОК и оваа што ја измислија сега кај Комерцијална. И мене ми се допаѓаат објекти отворени кон реката и се надевам дека деловите Маџир маало, паркингот карши Холидеј ин, околу Св. Богородица ќе се решаваат на малку различен начин.


а кои се па сега онаие две згради во коцкаста и прекршена форма кои ќе бидат помеѓу филхармонијата и Бул. Гоце Делчев?


Тоа се генерички рендери веројатно во согласност со маркиците за тие локации. За таму сеуште се немаат одбрано проекти ниту знам каква намена имаат. Едно време спомнуваа станбени објекти се надевам дека нема таква глупост да направат.


Posted By: anDarko
Date Posted: 26-Jan-2009 at 14:18
се согласувам, можело и бетер да биде...али ептен е жално што конечно имаме современ објект пред изградба а кој нема да биде доволно во израз...

малце е нескромна споредбата, али види како е поставена сиднејската опера - на полуостров, од три страни опкружена со вода, едноставно сите погледи се во неа...а кај нас филхармонијава ќе се остане заглавена во ќош...

http://artlex.com/ArtLex/t/images/theatr_sydney.opera.lg.jpg -


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2009 at 14:20
Ете добри маркици за археолошки музеј! Тука е и оној куршумли ли е кој ли е ан!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2009 at 14:25
Добро бе анДарко, па Скопје нема оќеан!

Ваква една сала у Охрид концертна на вода би било супер и за Филхамојата да свири во Охрид и за сите оие фестивали преку лето! Некоја сала со можност за кабриолет, односно да може и да се отвора! (не е ова ништо ново има и низ свет)


Posted By: anDarko
Date Posted: 26-Jan-2009 at 14:28
Originally posted by lslcrew

Добро бе анДарко, па Скопје нема оќеан!

Ваква една сала у Охрид концертна на вода би било супер и за Филхамојата да свири во Охрид и за сите оие фестивали преку лето! Некоја сала со можност за кабриолет, односно да може и да се отвора! (не е ова ништо ново има и низ свет)


Big%20smileApplause немој некој ќе те прочита и ќе посака вакво нешто, а можеби и на тркала да ја стават, таман за до охрид да тркне за Охридско лето Thumbs%20Up
Applause


Posted By: vardar
Date Posted: 27-Jan-2009 at 00:57
Хмммм незнам шо да кажам за измениве, ми се допаѓа како е изменет делот кон мнт али незнам за облините.....ај уште некој рендер нека искочи 
 
 
Иначе за локацијата целосно се согласувам со анДарко, штета што е на локација каде што ќе биде „скриена“ , ваков објект заслужува подобра локација, според мене најдобро ке беше да  се стави до мнт карши холидеј ин (мислам новата на МНР) дури и на плоштад до офицерски ќе беше подобро. Вака заѕидана од три страни и отворена само кон холидеј ин. Нема ни од плоштад да се гледа ни ништо, само ќе може да се ѕирка од некои мали и тесни улички.....заслужува подобра локација, штета.
 
 
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jan-2009 at 02:26
Originally posted by vardar

според мене најдобро ке беше да  се стави до мнт карши холидеј ин
 
Thumbs%20Up


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Jan-2009 at 14:18
не знам колку ќе се согласите, ама мислам дека ќе беше добро и да беше ставена некаде карши холидеј ин , на кеј кај паркингот
но сепак, и за таа локација до МНТ е добро прилагодена и испланирана Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jan-2009 at 14:46
Чекај ме збуни со тоа „на кеј“, за големиот паркинг ли збориш?

Ако на тоа мислиш јас не би се сложил. Двете спомнати локации до МНТ (актуелната и онаа што ја посочи вардар) прават многу поголема логика затоа што се во склоп на еден иден прилично компактен културен центар на градот (иако многу неспретно и дилетантски се реализира). Исто така филхармонијава, музичката академија, операта и балетот се сродни работи кои ќе имаат корист од големата физичката блискост на нивните објекти.

Од друга страна пак големиот празен простор кај паркингот карши Холидеј Ин може и треба многу поразлично да се искористи, наместо ад-хок да се вметне еден објект кој после може да го поремети концептот на некакво сеопфатно решение.
Мислам дека тој простор треба однапред .
Тој простор највеќе би сакал да го видам како чист деловен кварт, а и планот да се оди во висина ми фаќа око.


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Jan-2009 at 18:34
сум се збунил со кејот нешто, мислев на пракингот кај холидеј ин, но се согласувам со твоето мислење


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jan-2009 at 14:50
Еве тука на клипот има и некој рендер од внатре, има и илустрација како ќе изгледа од кај вардар и има интервју со архитектот!

[tube]u7mL-ofUvJI[/tube]


Posted By: гитардемон
Date Posted: 31-Jan-2009 at 16:19
Ќе се започне во април наредната година, со тенденција да биде завршена во 2009-та... Ова е од 2008 или не знај шо збора жената?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2009 at 16:24


Да, очигледно е од 2007 (не 2008), кога заврши конкурсот и кога проектов беше избран.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jan-2009 at 16:25
Веста е стара од 2007-ма е! Тогаш го најавувале за лани у април да почне, асега да биде готов! 


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 31-Jan-2009 at 16:27
pa ili e staro ili se zbunila deka seuste sme 2008,a ako planiraat da ja zavrsat za 8 meseci,racunajki do krajot na 2009 do dekemvri i im uspee toa togash stvarno ke bidat za pofalba...ama toa da vidam nema da veruvam ke mislam deka sonuvamBig%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jan-2009 at 16:30
8 месеци е во план, рачунај уште 1 месец поради временски улови, уште по некој месец зашто обавезно ќе никне некоја деназионализациона постапка, ич да не е, ич да не е, година дена! Ако ја почнат сега пред избори да и фрлат лопата, другата година на пролем ќе биде добро ако ја имаме!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2009 at 16:40
Не забегувајте, реално е ваков објект да се гради подолго затоа што е многу специфичен.

Они планирале април 2007 - крај на 2009, што значи цирка година и пол. У превод по моја проценка значи минимум 3 години  Crazy

А уште е прашање кога конечно ќе се почне со градба, така да којзнае кога ќе се заврши...


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 31-Jan-2009 at 18:07
Ни јас не верувам дека за една год. би се завршило и одма да почне со градба и јас му давам мин. 3 год. не е мал проект нешто,не е зграда па да очекуваме брзо да се заврши, само година дена ке изгубат на кровотBig%20smile


Posted By: гитардемон
Date Posted: 31-Jan-2009 at 18:54
50 мил EUR? па добра сума е (ако слушнав добро), сигурно нема да го зафркнат со толку пари (ако влезат сите во изградбата)

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2009 at 20:53
Originally posted by гитардемон

50 мил EUR


Question

Од каде овој податок? Во клипот како и во пишаните вести од тоа време се спомнуваа 50 милиони денари, се разбира за таа буџетска година, ваљда за некакви почетни и подготвителни активности. Што стана со парите и дали биле за нешто искористени, пренаменети, или „испариле“, тоа тешко дека ќе дознаеме во моментов.





Posted By: гитардемон
Date Posted: 31-Jan-2009 at 21:05
Во право си, денари, мене некако ми се слушна евра. Со 50 милиони евра ќе имавме градба невидена, и јас што мислев

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 03-Feb-2009 at 15:54
Инаку, од backstage, да ви кажам дека уште нема јунак што ќе ја реши уникатнава кровна конструкција, па затоа изведбениот проект се влечка и ќе се влечка уште којзнае колку, што уште не ми е јасно зошто се избра на конкурс решение што не е економски исплатливо и изводливо (а друго прашање и колку беше коректно архитектонски решено, ама ајде), така да, не верувам дека брзо ќе ја видиме зградава во реалноста, без оглед колку пари се издвоени за неа, на жалост....

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Feb-2009 at 16:00
Originally posted by Dave Gahan

а друго прашање и колку беше коректно архитектонски решено, ама ајде

Добив впечаток дека има практично консензус во симпатиите кон екстериерот (барем оргиналната варијанта, за овој последниот рендер што процури не знам што да мислам).
Кои ти се замерките поточно?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Feb-2009 at 16:03
Мислиш нема фирма што знае да изведува ваков кров?! Па зошто тогаш не се иде на меќународен тендер за изведувачи?!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 03-Feb-2009 at 16:16
Колку што знам, иако доби прва награда, авторот имаше додатен рок, по завршувањето на конкурсот да си го доврши објектот затоа што решението не задоволуваше голем број од програмските барања зададени во конкурсот и веројатно наградата ја доби заради количината на прилозите што ги предаде и квалитетната презентација (бројот на прилози, 3Д-а и сл)...а што се однесува до екстериерот, формата веројатно е добра, нема да ја коментирам, ама поставеноста во однос на МНТ (со кој што меѓу другото овој објект треба да е во тесна врска) во најмала рака може да се нарече "вртење грб", како од таа страна да е некоја населба од типот на Маџир маало или Ново маало, па да сака да ја скрие....со други зборови - не кореспондира воопшто, затоа јас ќе кажам дека немам особени симпатии спрема овој објект (во однос на официрски и мајка тереза е space shuttle, ама па од друга страна тие се многу лош репер)...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Feb-2009 at 16:21
Originally posted by Dave Gahan

Колку што знам, иако доби прва награда, авторот имаше додатен рок, по завршувањето на конкурсот да си го доврши објектот затоа што решението не задоволуваше голем број од програмските барања зададени во конкурсот и веројатно наградата ја доби заради количината на прилозите што ги предаде и квалитетната презентација (бројот на прилози, 3Д-а и сл)...а што се однесува до екстериерот, формата веројатно е добра, нема да ја коментирам, ама поставеноста во однос на МНТ (со кој што меѓу другото овој објект треба да е во тесна врска) во најмала рака може да се нарече "вртење грб", како од таа страна да е некоја населба од типот на Маџир маало или Ново маало, па да сака да ја скрие....со други зборови - не кореспондира воопшто, затоа јас ќе кажам дека немам особени симпатии спрема овој објект (во однос на официрски и мајка тереза е space shuttle, ама па од друга страна тие се многу лош репер)...


Дали можеби овие нови ревидирани рендери кои излегоа се обид да ја корегираат грешката која ти ја посочуваш?

Сепак мислам дека и МНТ пред се се отвара кон платото и тоа малку понапред од овој објект. На некој начин и МНТ и филхармонијава "си вртат грб" едни на други. Ако доаѓа човек од плоштадот Карпошово востание или пак од страната на Вардар секако централна нишка е токму платото кое ги поврзува сите овие работи иако филхармонијата е вовлечена навнатре.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 03-Feb-2009 at 16:32
Originally posted by pbanks

Сепак мислам дека и МНТ пред се се отвара кон платото и тоа малку понапред од овој објект. На некој начин и МНТ и филхармонијава "си вртат грб" едни на други.

Може и да е така (додуша немам таков впечаток), ама МНТ е веќе постоечки објект...инаку рендерите се истите....

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Feb-2009 at 16:36
Originally posted by Dave Gahan

инаку рендерите се истите....
Си го пропуштил тоа што излезе во Нова Македонија


Ова е од 2006 кога беше конкурсот


А ова е пропратна слика од текст во Нова Македонија што излезе пред една недела



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 03-Feb-2009 at 16:44
Во ред, може и да е така, не го читам сајтот на НМ, ама и не гледам некоја драматична разлика...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Feb-2009 at 16:57
Штознам мене сосема поинаку ми легнува и покрај истите материјали и заоблениот кров, крајниот изглед е сосема различен.
Особено се менува поентата за вртење грб кон МНТ (по тоа прашање ионака сум поблиску до видувањето на pbanks), но сепак оргиналното решение ми е многу поприфатливо. За оваа новава модификација ли којзнае што е, не можам да изградам мислење само од тој агол, чекам повеќе рендери. Но првичниот впечаток не ми е позитивен.


Posted By: anDarko
Date Posted: 05-Feb-2009 at 09:49

Информација за Културен центар

Олга Папеш, Скопје

Од медиумите дознаваме дека со новиот ДУП на просторот пред Македонската опера и балет, на платформата, на самиот кеј на Вардар се предвидуваат административно-деловни објекти. Ние, повозрасни архитекти, кои сме работеле во тоа време, кога се проектирале и граделе објектите од Културниот центар, должни сме да ве информираме за сите замисли, за целокупната концепција, за да можете да донесете издржан, конструктивен и зрел заклучок.

Согласно со основната поставка на проектот на Кензо Танге, предвидено е формирање на јаки мега-урбани структури кои ќе бидат носители на главните функции во централното подрачје: Транспортен центар, Трговски центар, Културен центар, Универзитетски кампус и др. Локацијата на Културниот центар во централното подрачје на градот зазема особено значителна и скапоцена положба, што наметнува одговорен и студиозен пристап кон програмското и ликовното решавање (тоа е постигнато со избраниот конкурсен труд). На левиот брег на Вардар и пред земјотресот имало објекти од културата: стариот театар, Филозофскиот факултет, Библиотеката и др.

Како почитување на традицијата на левиот брег на реката, предвиден е комплексот Културен центар со: опера, концертна сала, ексклузивна киносала, објекти за едукација - музичко-балетско училиште и факултет за музички уметности, придружни функции - продавници за музички инструменти, музичка опрема - сервисирање, книжарница за музичка литература, апартмани за гостувачки професори - уметници, апартмани за талентирани студенти, придружено со простори за угостителски содржини.

Масите на Филхармонијата, оперско-балетската зграда, киното, просторно создаваат некаква школка отворена кон Вардар, така што таа платформа е прекрасен простор за летна сцена. Значи, имаме простор заштитен од околниот сообраќај ориентиран на свежината на реката, а притоа прикрепен на објекти од културата (училишта, филхармонија, опера и балет) што значи достапност до персонал, опрема и учесници. Вонредни погодности. Дали е тешко да се разбере дека тој простор треба да се зачува? За жал, комплексот Културен центар не е доизграден. Ако се изведе филхармонијата и придружните услужно-трговски дејности и ако се санира подот на платформата, ќе може просторот да заживее, ќе може цело лето да се изведуваат настапи и културни настани на отворен простор, покрај реката, а за скопската клима нема подобро решение.

Дали е тешко да се разбере дека тој простор треба да се зачува заштити од непредвидени градби? Зошто сето тоа треба да го уништиме, зошто тој простор убаво замислен да го обезвредниме подигнувајќи објекти на кејот?

Да размислиме!

Ова ќе биде генерациска грешка. Грешка на векот!

Како заклучок: тој простор припаѓа на градот, на граѓаните и како генерација сме должни да го зачуваме.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A8D10A6CB4E2F84687979505AC509CB6







Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Feb-2009 at 16:01
Од медиумите дознаваме дека со новиот ДУП на просторот пред Македонската опера и балет, на платформата, на самиот кеј на Вардар се предвидуваат административно-деловни објекти.

Прв пат слушам за вакво нешто

Или се работи за многу лошо дефинирање на маркиците 7.9 и 7.10 или е нешто „изгубено во преводот„...


Posted By: anDarko
Date Posted: 05-Feb-2009 at 16:05
мала збунка изгледа...верувам мисли на објектот на Археолошкиот Музеј (+ архив и уставен суд) и зградата на МНР. Али тие се малце по на десно, према мостот каде сега се продаваат дребулии и стари книги. Така да платото сепак ќе остане...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Feb-2009 at 16:17
Да

Археолошкиот музеј воопшто не пречи, а МНР можеби нешто минимално. Во секој случај не се пред платото, ниту имаат деловен карактер.

Но сепак со тие два објекти има цела низа проблеми од сосема друга природа и се слагам дека и едниот и другиот не треба да опстанат во урбанистичкиот план ниту пак да се реализираат не дај боже.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Mar-2009 at 04:42

Почнува изградбата на филхармониската сала

В среда ќе почне изградбата на новата концертна сала, која е предвидено да трае 14 месеци

Тина Иванова

Во среда, во 13,30 часот, на локацијата меѓу Македонската опера и балет и Факултетот за музичка уметност, ќе почне изградбата на новата концертна сала на Македонската филхармонија. „Конечно“, се радуваат филхармоничарите, „по шест децении како кираџии во Домот на АРМ, ќе имаме свој дом, ќе имаме концертна сала која ќе ги задоволува светските стандарди“.

Идејното решение за зградата на Филхармонијата е на архитектот Виктор Михајлов, кој токму со овој проект освои четврто место за најдобра градба во Европа на конкурс во Германија, а кој пред две години победи и на конкурсот за идејно решение на Турскиот театар, а претходно и на регионално ниво, на конкурсот за операта во Белград. Главниот проект пак, го изработи „Македонија проект“, додека градежните работи ќе ги изведува познатата фирма „Алпине Бау“ од Австрија, која има свои претставништва и во уште неколку европски земји. Според договорот, како што ни изјави министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, новата концертна сала на Македонската филхармонија ќе биде готова за 14 месеци.

Инаку, изградбата на современа концертна сала за симфониско концертирање е еден од неколкуте капитални објекти во културата кои Министерството за култура ветува дека ќе ги реализира до 2010 година. Објектот на Македонската филхармонија ќе има две концертни сали. Во едната, која ќе има капацитет од 1000 до 1200 седишта, е предвидено да се изведуваат симфониските концерти и сите концерти за големи ансамбли, додека во помалата, со капацитет до 300 седишта, ќе биде сала наменета за камерна музика или за поспецифични концерти кои третираат и поинакви жанрови покрај класичната музика, како што е џез-музиката на пример.

Музичарите од филхармонијата ја поздравуваат изградбата на новата симфониска концертна сала и велат за нив, најважно е таа да има добра акустика. „Една држава не може да биде држава без филхармониска сала, без повеќе концертни простори, без национална галерија, без музеи, без театри, без кина. До сега ние, филхармоничарите, живуркавме како подстанари во Домот на АРМ. Постојано имавме проблеми со несоодветна акустика, со провевот и со ред други технички недоследности кои ни попречуваа во работата. Се надеваме дека државата ќе инвестира и во други објекти наменети за културата. Среќни сме што идните генерации музичари ќе можат да работат во соодветен амбиент“, едногласни се филхармоничарите.

„Почетокот на изградбата на новата концертна сала за Македонската филхармонија, која ќе биде и наш иден дом, претставува навистина историски момент, момент на надеж и решавање на многу проблеми со кои се соочуваа музичарите долги години наназад“, вели директорката на Филхармонијата, Маја Чаначевиќ. „Непостоењето на соодветен простор сите овие години, т.е.од основањето на овој оркестар, кој оваа година го прославува својот 65-ти роденден, придонесе во голема мерка назадување на оркестарот. Јасно е дека за да се негува нешто мора да постојат и соодветни услови за тоа, така е и со уметноста. Особено музиката е многу деликатна во тој поглед, бидејќи се работи со инструменти кои се жива материја и како тоа ќе се чуваат и каде ќе се свири на нив директно влијае на квалитетот на звукот. Постојат уште безброј чинители кои, доколку имавме концертна сала, сега, верувам, Филхармонијата ќе беше на уште повисоко ниво од она што е сега. Но, среќни сме што 25 март ќе биде денот, т.е. почетокот е крајот на сите наши проблеми поврзани со условите за работа и просторот. Концертната сала ќе овозмози збогатување на музичкиот живот во нашата држава воопшто. Не само во поглед на оркестарот на Македонската филхармонија, но и голем број можности да се поканат ансамбли, солисти, кои љубителите на класичната музика во Македонија заслужуваат да ги видат и слушнат во живо. Јас искрено се надевам на што поскоро завршување на нашиот иден дом и веќе со голема возбуда го чекаме денот кога ќе го одржиме и првиот концерт за прв пат во Македонија во вистинска концертна сала“, истакнува Чаначевиќ.

На прашањето, што им е на музичките уметници најбитно да го имаат во новата концертна сала, Чаначевиќ вели: „Музичарите во Македонија се навистина скромни луѓе кои, очигледно добро работат и во најлошите услови. Но, сега тоа време е минато и она што како музичар го очекувам од концертната сала, а како директор напорно работев за да го имплементирам, се неколку работи. Примарна е се разбира акустиката која во голема мерка придонесува за квалитетот на концертот. Освен акустиката, за нас музичарите се многу важни и дополнителните простории каде можеме да престојуваме и индивидуално да ги подготвуваме делата за концертите. Не помало значење има и осветлувањето на салата. Сите овие сегменти, кои навидум се безначајни, во суштина се премногу голем фактор кој влијае на секојдневното оркестарско живеење“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2BE7F3A9890AE147B5AA5C6BCC36F022


Posted By: anDarko
Date Posted: 23-Mar-2009 at 23:32
еве и една проекција за изгледот на објектот навечер...некако повеќе ми се допаѓаше првичната варијанта со помалце заоблениот покрив на влезната партија - повеќе се вклопуваше со острите линии на околните објекти (МНТ, Комерцијална Банка...). Во секој случај, убедливо најубавиот обејкт од сите кои се градат/се во најава во Скопје, т.е. единствениот кој е барем на пристојно ниво во поглед на локацијата (мада малце можеше да му се даде повеќе простор на објектов - заслужува!), функцијата/намената и времето во кое се гради.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Mar-2009 at 23:49
Originally posted by anDarko

некако повеќе ми се допаѓаше првичната варијанта со помалце заоблениот покрив на влезната партија - повеќе се вклопуваше со острите линии на околните објекти (МНТ, Комерцијална Банка...)
Го делам твоето мислење со тоа што разочарувањето кај мене би го дефинирал како значително, особено сега кога новава верзија ја видов со прикажани постоечките објекти.


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Mar-2009 at 23:59
Kaко за споредба:






Ќе пробам да не звучам грубо, но изгледот со волку драстични измени многу помалку ми се допаѓа. Тоа е тоа, филхармонијата останува најдоброто нешто што ни се нуди, и ако почнеме и ова да го сере*е, тогаш стварно не знам што ни останува...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Mar-2009 at 02:24
Прееска на Канал5 имаше интервју со директорката на Филхармонија. Еве успеав да фатам нешто од телевизор со телефон. Директорката спомна дека овој објект бил еден од четирите објекти на топ листата за културни објекти за оваа година во европа. Така да значително ќе не испромовира надвор.






01.


02.


03.


04.


05.


06.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Mar-2009 at 12:05
Почнува изградбата на новата концертна сала за филхармоничарите



Култура
Новата концертна сала за Македонската филхармонија ќе почне да се гради утре (13.30 часот) со свечено поставување на камен-темелникот на просторот меѓу Македонската опера и балет и Факултетот за музичка уметност, просторот каде што според генералниот урбанистички план ќе се издигне новата, толку посакувана сала за филхармоничарите. На свеченото поставување на камен-темелникот ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канчева-Милевска.

Изведувач на градежните работи е австриската фирма „Алпине Бау“ од Салцбург, која, според договорот, за 12 месеци треба да ја заврши првата фаза од изградбата - карабина со решено градежно и сообраќајно уредување. Изведбата на електриката и акустиката на салата ќе следуват по оваа фаза. Сè уште не е избран изведувачот на акустиката, најважната работа во изведбата на ваков тип објекти.

- Распишавме тендер за изведба на акустика, така што наскоро ќе ја одбереме најдобрата понуда - вели Анита Јовановска, портпаролка на Министерството за култура.

И архитектот Виктор Михајлов по чиј проект и идејно решение ќе се гради новата концертна сала истакна дека акустичната изведба е најважниот сегмент во изградбата на овој објект.

- Македонија нема искуство со изведба на музички објекти, па затоа тендерот е меѓународен, зашто ни треба помош и искуство од тимови што работеле на акустична изведба на концертна сала. Не е проблемот што првпат се реализира ваков проект во земјава, туку тоа што во суштина се работи за многу комплексен високотехнолошки објект во кој треба да се внимава на многу аспекти - вели Михајлов.

Сега, кога конечно ќе почне да се гради концертна сала, сите очекуваат проектот да се изведе професионално и со сите нишани.

- Па еднаш се гради концертна сала. Затоа мора да се внимава на нејзината изведба, да биде прецизна и на високо ниво. На музичарите најважна им е акустиката, зашто сала со добра звучност и дава поинаква визура на симфониската интерпретација - вели Маја Чаначевиќ, директорка на Македонската филхармонија.
Новата концертна сала, која ќе се гради на просторот меѓу Факултетот за музичка уметност и Македонската опера и балет, ќе има две концертни сали, простории за вежбање, гардероби, ресторан, продавница за музичка литература и музика... Големата концертна сала ќе има капацитет од 1.000 до 1.200 седишта, а малата наменета за камерна музика ќе има 300 седишта. Ова е максимумот иако салите се со флексибилен капацитет.

Со реализацијата на овој капитален објект во културата, Македонската филхармонија конечно ќе добие концертна сала и ќе го реши повеќедеценискиот круцијален проблем, со кој се соочуваше во изминативе шест и пол децении како потстанар во Домот на АРМ.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=349&ArticleID=20977



Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Mar-2009 at 13:04
конечно ја дочекавме филхармонијата покрај сите други глупости Cheers
што убаво ќе изгледа покрај уставниот суд Crazy
морам да бидам песимист, ама и ова изгледа ќе заглави ко сите други асални објекти во градов


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2009 at 13:46
Originally posted by zabegan


што убаво ќе изгледа покрај уставниот суд Crazy

Заборавив на нивната близина...

Замислете само како ќе изгледа она што ќе се гледа покрај кејот: Уставен Суд - модернистичкиот дел од објектот на комерцијална банка - новава сосема заоблена верзија на филхармонијата - МНТ опера и балет - објектот за МНР за кој допрва треба да видиме што измислиле разноразните Вангели и Жанови... (понатака, преку улицата продолжува со некаков си комплекс за МПЦ)

Каква прекрасна композиција Suicide


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2009 at 14:00
Originally posted by lslcrew

Директорката спомна дека овој објект бил еден од четирите објекти на топ листата за културни објекти за оваа година во европа. Така да значително ќе не испромовира надвор.
Каква е таа топ листа па сеа. Ова во најмала мерка ми звучи прилично извртено и напумпано.


Posted By: Брус
Date Posted: 24-Mar-2009 at 16:09
да не постои некој правец во архитектурата каде што на 1км2 се градат градби со сите стилови што се појавиле во изминативе 3 милениуми? Мислам, јас не сум архитект па да си прашам. Ако не постои еве шанса да испромовираме и ние македонците нешто ново.  

-------------
„Човечката глупост е бесконечна, за вселената не сум сигурен“     
               А.Ајнштај


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2009 at 16:28
Постои таков правец иако не сум сигурен дека помеѓу архитектонската фела е признаен како легитимен правец со сите карактеристики. Правецот се вика Кич. Тоа е стар правец и датира од многу одамна, но најголем процут доживеал во Скопје во почетокот на 21-от век. Нанајистакнати претставници биле Вангел Божиновски, Слободан Живковски, Искра Атанасова, Владимир Лековски и слични архитекти во функција на политиката.


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Mar-2009 at 16:53

нели требало тука да има и филмски центар до филхармонијата!? може тој ќе го направи претопот од класика во футиризам понатака Smile сигурно таман ко за филмски центар пола ќе биде артнуво а пола пример конструктивизам, евентуално ваква комбинација од објект може да ја спаси ситуацијата на строги противречности, но за ова не треба архитект да се есапи туку некој надреален вајар!



Posted By: beTon
Date Posted: 24-Mar-2009 at 22:42

Левиот кеј на Вардар ќе биде културен центар на државата

http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1687&stID=29384&pdate=20050128 - Покрај МНТ треба да се градат зграда на филхармонијата и палата на филмот

Филхармонијата треба да е сместена помеѓу МНТ и Музичката академија, а Палатата на филмот помеѓу МНТ и мостот на Вардар. Пред објектите ќе има амфитеатрално уреден плоштад на културата

Левиот брег на Вардар, од Старата меѓуградска автобуска станица до мостот на улицата †Стив Наумов° (кај †Холидеј инни) треба да биде културен центар на Скопје, во кој, покрај Македонскиот народен театар и Музичката академија треба да има и зграда на филхармонијата и палата на филмската уметност.

Идејата потекнува од средината на седумдесеттите години, а ја промовирале група словенечки архитекти. Идејниот проект и макетата многу години поминале во подрумот на МНТ, за денес да се претстават на јавноста како една добра замисла за организирање на просторот во Малиот ринг. Во времето кога е граден новиот театар, замислата за културниот центар постоела, а можните локации каде што би се изградиле зградата на филхармонијата и палатата на филмот сў уште се слободни. Според макетата, зградата на филхармонијата е сместена помеѓу МНТ и Музичката академија, а палатата на филмот помеѓу МНТ и мостот на Вардар. Пред објектите ќе биде амфитеатрално уреден плоштад на културата, какви што имаат многу западноевропски градови и на него ќе можат да се одржуваат претстави на отворено. Идејата за културен центар покрај Вардар стана интересна откако градските власти најавија дека во 2005 година приоритет ќе им биде реконструирање на левиот брег на Вардар, заедно со изградбата на Меморијалниот центар на холокаустот на местото на Старата автобуска станица и довршувањето на црквата †Света Богородицааи, чиј ктитор е познатиот бизнисмен Трифун Костовски.

>†Овој дел од Малиот ринг треба да има посебна функција за градот и штета би било сега кога се отвора можност за тоа, да не се реализира идејата за културно катче во кое ќе бидат сместени повеќе значајни институции од областа на културата. Тука ги имаме предвид и Даут-пашиниот амам, кој повеќе години е уметничка галерија, црквата †Свети Димитријааи, зградата на Ибни Пајко, целата стара скопска чаршија и Калето. Тоа е еден природен спој на значајни културно историски споменици во кој постојат природни предиспозиции да биде културно јадро не само на градот туку и на државата. Планирам цела година да ја посветам на сериозна презентација на оваа идеја која има легитимитет од градските власти и за која ќе треба да се изработи проектти, вели Зоран Тониќ, главен градски архитект.

Тониќ нагласува дека на делот помеѓу Камениот мост и мостот †Гоце Делчев° е локацијата каде што би можел повторно да никне стариот театар, кој со својата раскошна архитектура ќе придонесе за збогатување и разубавување на центарот. Влезот на театарот, според замислата, треба да излегува на плоштадот †Карпошово востание°. Македонскиот народен театар пак, според Тониќ, ќе биде фасадно реконструиран, целосно обложен со нови заштитни материјали, ќе биде сменето осветлението и порталот. Истовремено со уредувањето на културниот центар, Градот планира и партерно уредување на кејот од мостот †Гоце Делчев° до МАНУ, кој треба да биде комплетно модерно шеталиште. Кејот ќе се поплочи, со цел да заживее и да овозможи непречена комуникација помеѓу мостовите †Гоце Делчев° и оној кај †Холидеј инни.

http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1687&stID=29384&pdate=20050128 - Утрински - Сања Наумовска - 28.01.2005

ова со филмскиов центар значи е онаа маркица сега предвидена за МНР кај мостот Стив Наумов (Нов дрвен мост) кај денешните книжари под отворено, но не и објект до комерцијална како што е на макетава горе, знам имав некаде нешто видено а тоа е оваа слика горе каде "се гледа" уште еден објект пред комерцијална банка, но тоа го имам така сварено а уствари не е друг објект туку самиот нов дел на комерцијална.  

значи претопот ќе мора да се истера преку комерцијална, не би било лошо да се интервенира некако само со цел да се добие колку толку некаков склад. инаку ваков момент на претоп, во контекст на музејот со неокласична комбинација на предниот дел од фасадата на старата зграда на комерцијална банка би било неопходно, доволно би било да се пуштат пиластри и по некој орнамент за да се заврши работа, а претопот со стакларниците пред мнт би се истерал евентуално со некое конструктивистичко решение во форма на скулптура, некаде преку ресторанот т.е. некогашната слаткарница  Бисер.  

добро тука треба и да се интервенира слично и на делот кај хотел камен мост, како и зградата на транспорт и врски, но тоа и не се така скапи интервенции доколку навистина ја испеглаат цела таа атмосфера околу карпошово востание во таков неокласичен стил.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Mar-2009 at 02:26
Интересно... Не знаев дека постои таква макета ниту таков концепт. Сега МНТ операта и балетот и те како ми прави логика (доколку овој концепт се реализирал).

А за ревидираната филхармонија се повеќе се прашувам колку ќе биде жртва, но и колку самата ќе придонесе за турли-тавата што се готви. Објектот сам по себе беше одличен (и ревидираниов веројатно не е воопшто лош), единствена поголема слабост беше укомпонираноста со околината. Но со направените модификации наместо да се решава ова, мислам дека е отидено баш во спротивен правец и тоа прилично.
Навистина штета... мислам бледнее убедливо најсветлата (со децении) архитектонска точка на Скопје.



Originally posted by beTon

ова со филмскиов центар значи е онаа маркица сега предвидена за МНР кај мостот Стив Наумов (Нов дрвен мост) кај денешните книжари под отворено
Не е баш така споредливо, маркицата за МНР за жал влегува многу подлабоко и тоа праволиниски накај Вардар, но тоа не е тема за оваа нишка...



А за оптимизмот што го пројавуваш дека некој понатака би се трудел или дека е воопшо возможно да се ускалади до некоја прифатлива мерка цел тој хаос што се ствара во околината, извини ама мислам дека е наивен. После она лајно што запнале да го градат пред коменрцијална се ќе биде џабе, а да не заборавиме дека допрва треба да видиме што ќе измислат за МНР.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Mar-2009 at 08:53
Денеска у 13ч30м камен-темељац!


Posted By: Dragan
Date Posted: 25-Mar-2009 at 18:41

ВЛАДАТА ИНВЕСТИРА 360 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ИДНИОТ ДОМ НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

На просторот меѓу Македонската опера и балет и Факултетот за музичка уметност денеска беше поставен камен-темелникот на концертната сала на Македонската филхармонија, идниот дом на најстарата национална музичка институција која годинава одбележува 65 години постоење.

Единствениот симфониски оркестар во Македонија, кој досега работеше во просториите на Домот на Армијата, ќе добие сопствен простор во модерен објект со акустика и архитектоника по светски стандарди, кој ќе се гради според идејното решение на архитектот  Виктор Михајлов. Овој проект е и четвртопласиран на листата на европски решенија за градби за 2008 година.

Зградата на левиот брег на Вардар ќе има две концертни сали - голема со околу 900 седишта и мала сала со околу 280 места за седење, како и одделни вежбалници за изведувачи на разни видови инструменти. Салата ќе има и подземно паркиралиште.

За проектот Владата вложи 360 милиони денари, изведувач е австриската компанија „Алпине Бау ГмбХ“ и изградбата треба да заврши по 14 месеци, а потоа да се уреди внатрешноста и технолошкото моделирање, во кое ќе учествува Јорг Кумел, меѓу најпознатите акустичари во светот.

Истакнувајќи го значењето на Филхармонијата како стожер и промотор на македонското музичко творештво, премиерот Никола Груевски рече дека обезбедувањето работни услови ќе овозможи адекватно развивање на институцијата.

- По повеќе од шест децении во кои Македонската филхармонија работеше како потстанар, конечно денеска почнуваме со проект кој ќе значи нов и сопствен музички дом на Филхармонијата. Целокупниот објект, современ по својот архитектонски изглед, со монументален волумен, со сферични форми и импресивен визуелен впечаток  ќе биде средиште каде што сите сегашни и идни уметници ќе ги докажуваат способностите и моќта на музиката да освојува и да облагородува, истакна Груевски на поставувањето на камен-темелникот што го освети архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека почетокот на изградбата на концертната сала е миг кој идните генерации музички автори и репродуктивни уметници ќе го паметат како испишување ново петолиние од партитурата насловена Македонска филхармонија.

- Физичката локација на оваа комплексна сала ќе го потенцира идеалниот триаголник со нејзините соседи - Македонската опера и балет и Факултетот за музичка уметност, градирајќи го до степен на заштитен знак на музичкиот идентитет на нацијата и на државата, рече Канческа-Милевск


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 25-Mar-2009 at 19:51
Хмммм... Не ли ви се чини премалку 6 милиони Евра за ваков објект? Ова ми мириса на импровизација. Само акустиката во еден ваков милион би чинел половина од овој буџет....Ова почнува да ме плаши.


Posted By: kire85
Date Posted: 25-Mar-2009 at 20:00
Originally posted by UrbanFreak

Хмммм... Не ли ви се чини премалку 6 милиони Евра за ваков објект? Ова ми мириса на импровизација. Само акустиката во еден ваков милион би чинел половина од овој буџет....Ова почнува да ме плаши.


Da i mene toa me zamisli....koga teatarot vredi 18 milioni, filharmoniska sala za koja vetuvaat deka ke bide po site standardi bi trebalo da cini najmalce dvojno povekje od najavite.


Posted By: anDarko
Date Posted: 25-Mar-2009 at 21:57
6 милиони евра мора да е цената за изведба на само карабина за која единствено е избран изведувачот. за се останато во тек е тендер, значи сумата ќе оди уште нагоре.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Mar-2009 at 16:55
не ми е јасно зашто од сите срања што треба да се изградат во градов, филхармонијата наидува на најголем отпор по медиумите и од народот
стварно глуп народ Bash


Posted By: алек
Date Posted: 26-Mar-2009 at 20:53
не ми е јасна променава на формата,
сега ми делува некако преголемо




Print Page | Close Window