Институт за композити и роботика - Прилеп
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Образовни
Forum Discription: Училишта, универзитети, институти, библиотеки...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1303
Printed Date: 02-May-2024 at 23:30
Topic: Институт за композити и роботика - Прилеп
Posted By: my Macedonia
Subject: Институт за композити и роботика - Прилеп
Date Posted: 14-May-2011 at 15:57
Поставен камен темелник на приватната научна установа “Институт за современи композити и роботика” http://www.mia.mk/image1.jsp?slikaid=83699589&imgType=n
|
Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-May-2011 at 17:09
„Микросам“ гради институт за роботика во Прилеп
Во присуство
на претседателот на Република Македонија д – р Ѓорге Иванов, прилепската
фабрика „Микросам“ ги постави темелите на објектот на првиот приватен
Институт за современи композити и роботика.
Институтот
е прв од овој тип во регионот, со постдипломски и докторски студии
согласно Болоњскиот концпет. Со соодветен кадар со кој располага
Институтот низ интердисциплинарен пристап ќе се развива фундаменталната и
применета наука во областите на современите композити и роботиката.
Институтот е ориентиран кон соработка со водечки и светски институти од
областа на современите композити и роботика.
Предвидено е објектот на Институтот во непосредна близина на
,,Микросам,“ да се протега на илјада метри квадратни, од кои дел за
лаборатории, а дел за настава и истражувања.
Ваквите активности, со кои ,,Микросам,“ уште еднаш го потврдува
големиот рејтинг на полето на високата технологија, следат откако
Министерството за образование и наука ја прифати апликацијата за
отворање Институт за современи композити и роботика, чија цел е подигање
на нивото на образованието во земјата, како и техничко - техонолошкиот
развој на Република Македонија. http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=75137 |
|
Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-May-2011 at 17:09
MIA foto
|
Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 01:59
Еве некои линкови:
- МИКРОСАМ
http://www.mikrosam.com/ - www.mikrosam.com
- ИНСТИТУТ ЗА СОВРЕМЕНИ КОМПОЗИТИ И РОБОТИКА
http://www.iacr.edu.mk/ - www.iacr.edu.mk
|
Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 02:09
btw...Институтот се занимава и со нано-материјали, кои се материјали на ИДНИНАТА. Нивна цел во градежништвото е да се додаваат во бетонот, за значително да ја подобрат неговата јакост.
|
Posted By: alexgizh
Date Posted: 01-Aug-2012 at 15:29
Иванов го отвори Институт за роботика
Претседателот Ѓорге Иванов денеска го пушти во употреба првиот приватен Институт за композитни материјали и роботика во Македонија и на Балканот.
- Во предвечерјето на нашиот најсветол празник Илинден, со гордост можам да кажам дека ваквите иницијативи непосредно придонесуваат кон исполнување на заветот оставен од нашите Илинденци и нивниот сремеж за слобода, правда и достоинство. Со Институтот за современи композити и роботика, Република Македонија слободно и достоинствено се вклучува во тој натпревар на најсовремени процеси и решенија за иднината - изјави Иванов.
Институтот за современи композити и роботика е на 1.500 метри квадратни со предавални, истражувачки училници, компјутерски лабаратории и со модерна лабараторија од 400 метри квадратни со високософистицирана опрема за композити.
|
http://www.plusinfo.mk/vest/51765/Ivanov-go-otvori-Institut-za-robotika - Извор
------------- The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|