Print Page | Close Window

Институт за композити и роботика - Прилеп

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Образовни
Forum Discription: Училишта, универзитети, институти, библиотеки...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1303
Printed Date: 18-Apr-2024 at 03:56


Topic: Институт за композити и роботика - Прилеп
Posted By: my Macedonia
Subject: Институт за композити и роботика - Прилеп
Date Posted: 14-May-2011 at 15:57
Поставен камен темелник на приватната научна установа “Институт за современи композити и роботика”
http://www.mia.mk/image1.jsp?slikaid=83699589&imgType=n



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-May-2011 at 17:09

„Микросам“ гради институт за роботика во Прилеп

Во присуство на претседателот на Република Македонија д – р Ѓорге Иванов, прилепската фабрика „Микросам“ ги постави темелите на објектот на првиот приватен Институт за современи композити и роботика.

Институтот е прв од овој тип во регионот, со постдипломски и докторски студии согласно Болоњскиот концпет. Со соодветен кадар со кој располага Институтот низ интердисциплинарен пристап ќе се развива фундаменталната и применета наука во областите на современите композити и роботиката. Институтот е ориентиран кон соработка со водечки и светски институти од областа на современите композити и роботика.

Предвидено е објектот на Институтот во непосредна близина на ,,Микросам,“ да се протега на илјада метри квадратни, од кои дел за лаборатории, а дел за настава и истражувања.

Ваквите активности, со кои ,,Микросам,“ уште еднаш го потврдува големиот рејтинг на полето на високата технологија, следат откако Министерството за образование и наука ја прифати апликацијата за отворање Институт за современи композити и роботика, чија цел е подигање на нивото на образованието во земјата, како и техничко - техонолошкиот развој на Република Македонија. http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=75137


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-May-2011 at 17:09

MIA foto


Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 01:59
Еве некои линкови:

- МИКРОСАМ
http://www.mikrosam.com/ - www.mikrosam.com

- ИНСТИТУТ ЗА СОВРЕМЕНИ КОМПОЗИТИ И РОБОТИКА
http://www.iacr.edu.mk/ - www.iacr.edu.mk


Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 02:09
btw...Институтот се занимава и со нано-материјали, кои се материјали на ИДНИНАТА. Нивна цел во градежништвото е да се додаваат во бетонот, за значително да ја подобрат неговата јакост.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 01-Aug-2012 at 15:29

Иванов го отвори Институт за роботика

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го пушти во употреба првиот приватен Институт за композитни материјали и роботика во Македонија и на Балканот.
- Во предвечерјето на нашиот најсветол празник Илинден, со гордост можам да кажам дека ваквите иницијативи непосредно придонесуваат кон исполнување на заветот оставен од нашите Илинденци и нивниот сремеж за слобода, правда и достоинство. Со Институтот за современи композити и роботика, Република Македонија слободно и достоинствено се вклучува во тој натпревар на најсовремени процеси и решенија за иднината - изјави Иванов.
Институтот за современи композити и роботика е на 1.500 метри квадратни со предавални, истражувачки училници, компјутерски лабаратории и со модерна лабараторија од 400 метри квадратни со високософистицирана опрема за композити.


http://www.plusinfo.mk/vest/51765/Ivanov-go-otvori-Institut-za-robotika - Извор

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.



Print Page | Close Window