Print Page | Close Window

Мермер

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1317
Printed Date: 20-Jun-2025 at 11:50

Topic: Мермер
Posted By: krale
Subject: Мермер
Date Posted: 26-May-2011 at 07:32
Originally posted by buildz

Поентата ми е дека ние имаме квалитетен мермер и баран низ светот, ама му го дадовме на грците, а кај нас се вградува египетски мермер, кој иако донесен од Египет има 3 пати пониска цена од нашиот.

Грците го продадоа комбинатот во 2009та. Има нови газди.

Replies:
Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 26-May-2011 at 09:22

Точно е,грците го продадоа на холандски инвестициски фонд.

-------------
build.mk, гради форумска историја

Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-May-2011 at 11:10
А како тоа „им го продадовме мермерот на Грците или на Холанѓаните“? Требаше да остане државен рудникот? Изгубивме пари нешто со тоа што им се дал на Грците? Или требаше некој Минчо или Трифун да го земе, за да биде „македонски“. На некои луѓе концептот на денешниот систем не им е јасен.

Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 11:37
Originally posted by 4skopje

Dali nasiov e ko Levi's, a egipetskiot ko Wrangler !?Ako e poeftin dali toa treba da se svati deka nekoj stedi na sredstva ili ako e poskap deka nekoj se rasipuva so sredstva !?

"BIANCO SIVEC е комерцијалното име за ситно – грануларен доломитски мермер кој се ископува во областа на Прилеп, во Република Македонија. Мермерот СИВЕЦ е широко познат на научниот и на бизнис светот и е меѓу најдобрите во светот со одредени квалитативни предности (споредено со други мермери) како што се: белината на мермерот, неговата хомогена форма и микро – грануларна структура. Овие квалитативни карактеристики го прават мермерот од СИВЕЦ многу баран и конкурентен во однос на другите мермери на меѓународниот пазар."

"Исто така мермерот од прилепско се ископувал и во минатото. Археолошкиот локалитет Хераклеа кај Битола е создадена во средината на IV век пред нашата ера. Во Хераклеа столбовите, капителите, склуптурите и материјалот за ѕидање се од бел сахароиден доломидски мермер од подрачјето на Прилеп. Употербуван е и во изградбата на Стоби кај Градско. Прилепскиот мермер исто така се употребувал интензивно за градење во регионот на југо – источна Европа уште од 3 век п.н.е. па се до 5 век од н.е."

Значи! Цената кажува за квалитетот и за неговата атрактивност. И ако двата мермери не беа од Македонија, тогаш нека го бираат кој сакаат. Но, кога веќе го имаме тука, кога можеле во Хераклеа и Стоби да го вградуваат, кога можеле во Македонија да го вградуваат(за време на Југославија) и јас да се гордеам со тоа, зошто да не се вградува и во Проектот "Скопје 2014", па и нашите внуци, правнуци, да се гордеат со тоа.

Значи имаме НАШЕ и КВАЛИТЕТНО, а користиме ТУЃО и не толку барано.

Posted By: 4skopje
Date Posted: 26-May-2011 at 11:52
I jas sakam Prilepskiot da se vgraduva i site ovie raboti gi znam,samo sto prasanje e veke dali toj e nas(osven sto Prilep e vo Makedonija, kombinatot e stranska firma)Ako e nas neka go dadat podarok ili minimalna cena  bidejki ne go sadele,tuku go vadat od ridot!!!

Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 11:54
Originally posted by гитардемон

А како тоа „им го продадовме мермерот на Грците или на Холанѓаните“? Требаше да остане државен рудникот? Изгубивме пари нешто со тоа што им се дал на Грците? Или требаше некој Минчо или Трифун да го земе, за да биде „македонски“. На некои луѓе концептот на денешниот систем не им е јасен.

Да појасниме! Тоа "им го продадовме на грците", не значи буквално, туку даден му е под концесија. Ама тие масовно го ископуваат рудникот, и секојдневно блокови од мермерот Сивец на камиони се носат во Грција и на тоа тие заработуваат.

btw...Мермерен Комбинат - Прилеп, како грчка фирма, во склоп на фирмата F.H.L. Kiriakidis Group котира на атинската берза, па дури и за време на светски кризи.
Белиот мермер е како злато, го нема во изобилство, го има во мали количини и затоа достигнува висока цена на светскиот пазар.

Јасен ни е системот на сите, фирмите се продаваат, политичарите се богатат, а ние ќутиме и им потенцираме на другите: "На некои луѓе концептот на денешниот систем не им е јасен." Е на тој начин никогаш нема да успееме.

Posted By: krale
Date Posted: 26-May-2011 at 11:57
Фирмата грците ја продадоа во 2009та, не сте во тек.

Инаку, што се однесува до тоа зошто не Прилепски, тоа не е ништо невообичаено и за други земји. На пример Малезија ja извезува скоро целата своја висококвалитетна нафта, а увезува поевтина од С. Арабија и слични земји.

Се прави проста математика на исплатливост, нема тука веќе „патриотски мермер“ без потреба.

Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 12:03
Originally posted by krale

Во тек сум! Не е битно кој е газда, битно е дека не сме ние! А кој и де е газда, грците сеуште работат со мермерот.
Прв им е на листата на производи:
http://fhl.gr/sivec-marble.php - http://fhl.gr/sivec-marble.php

Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 12:05
И не можеш нафтата да ја споредуваш со мермерот. Нафтата ја тураш и ја трошиш, а мермерот има декоративна вредност.

Posted By: krale
Date Posted: 26-May-2011 at 12:37

Зашто да не може да се спореди? Извезуваш поскап, купуваш поевтин. Основа на добрата трговија за се, па зошто да не и за мермер?

Ах, да заборавив, ова е посебен „патриотски мермер“. Ќе ги направи „попатриотски“ споменици или нешто?

Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 12:49
Не е така! Ова е нешто многу поразлично. Ние не го извезуваме, други го извезуваат место нас и го земаат шлагот, за разлика од Малезија која сигурно сама ја извезува нафтата.
Тие ја продаваат нафтата и земаат пати за еден барел, а ние не земаме пари од еден блок мермер. Дозволено им да ископуваат колку сакаат.

Posted By: krale
Date Posted: 26-May-2011 at 12:51
Не се секирај, државата и вака и така си го зема својот дел. Само што не се богати Минчо, туку некој холандски фонд. Што ќар имаш ТИ ЛИЧНО од тоа?

НЕкои луѓе уште не сфатиле како функционира системот.

Posted By: ebivetre
Date Posted: 26-May-2011 at 12:59
Originally posted by krale

Зашто да не може да се спореди? Извезуваш поскап, купуваш поевтин. Основа на добрата трговија за се, па зошто да не и за мермер?

Ах, да заборавив, ова е посебен „патриотски мермер“. Ќе ги направи „попатриотски“ споменици или нешто?

Токму така - ќе направи попатриотски споменици и монументални градби. И ТОА БЕЗ НАВОДНИЦИ!

И секогаш кога ќе се спомнуваат градбите, и сега и эа 100 години ќе може да се потенцира квалитетот на нашиот, Прилепски мермер.

За споредбата со нафтата немам коментар.. Раэмисли си сам дали е соодветна споредбата.

Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 13:05
Originally posted by krale

Не се секирај, државата и вака и така си го зема својот дел. Само што не се богати Минчо, туку некој холандски фонд. Што ќар имаш ТИ ЛИЧНО од тоа?

НЕкои луѓе уште не сфатиле како функционира системот.

хахаха...а кој е подобро да се богати, "Минчо" или холандскиот фонд???

А ЈАС ЛИЧНО живеам од тој КАМЕН!!!

Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-May-2011 at 14:58
Originally posted by buildz

Јасен ни е системот на сите, фирмите се продаваат, политичарите се богатат, а ние ќутиме и им потенцираме на другите: "На некои луѓе концептот на денешниот систем не им е јасен." Е на тој начин никогаш нема да успееме.

Како политичарите се богатат, со приватизацијата ли? Па тогаш народот е крив што дозволил некој да се богати лично, наместо да се богати државната каса. Што го кривиш системот?
А приватизацијата е нешто најнормално во секоја капиталистичка држава, затоа и ти реков дека не ти е јасен системот.

Originally posted by buildz

Во тек сум! Не е битно кој е газда, битно е дека не сме ние! А кој и де е газда, грците сеуште работат со мермерот.
Прв им е на листата на производи:

Кои сме „ние“? Македонската држава? Нели политичарите ги крадат парите, зошто да биди државен рудникот? Кажи кој треба да работи со мермерот .

Originally posted by buildz

Originally posted by krale

Не се секирај, државата и вака и така си го зема својот дел. Само што не се богати Минчо, туку некој холандски фонд. Што ќар имаш ТИ ЛИЧНО од тоа?

хахаха...а кој е подобро да се богати, "Минчо" или холандскиот фонд???

А ЈАС ЛИЧНО живеам од тој КАМЕН!!!

Па изгледа затоа и си толку носталгичен по стариот систем каде што си имал загарантирана плата без да му ја мислиш многу. Епа биди среќен што извезува фирмата во странство, и затоа ти уште живееш од тој камен. Ако не била извозно ориентирана, 90% од работиниците ќе си седеле дома бидејќи домашната побарувачка за прилепски мермер е минимална. Извозот е единствено решение.

А дали Минчо плаќа данок, Грк или Холанѓанец, за државата е тотално неважно. Не гледам што лично ти добиваш од тоа кој е газдата?

Posted By: krale
Date Posted: 26-May-2011 at 15:07
Ако Минчо управува, тој ќе зема голем ќар, а со помош на тој ќар ќе има зголемено политичко влијание, кое пак за возврат може да му „прогледува низ прсти“ за данок, за неплаќање на работници, итн., веќе видено многу пати.

Така да подобро да се богати холандскиот фонд, ако тоа значи повеќе данок во буџетот на РМ.

Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 16:31
by гитардемон:
"Ако не била извозно ориентирана, 90% од работиниците ќе си седеле дома бидејќи домашната побарувачка за прилепски мермер е минимална. Извозот е единствено решение."

Извозот не зависи од тоа кој е газда, мермерот секако е баран низ светот.

Originally posted by krale

Ако Минчо управува, тој ќе зема голем ќар, а со помош на тој ќар ќе има зголемено политичко влијание, кое пак за возврат може да му „прогледува низ прсти“ за данок, за неплаќање на работници, итн., веќе видено многу пати.

Така да подобро да се богати холандскиот фонд, ако тоа значи повеќе данок во буџетот на РМ.

А што му фали на рудниците во Мариово за гранит кои се од македонски газди? Норамлно си работат и барем парите остануваат во Македонија.

Не можите да ме убедите дека е подобро странци да работат со рудниците. До кога ќе се чувствуваме неспособни??? Вие помеѓу газди и слуги, одбирате да бидеме слуги!

Posted By: krale
Date Posted: 26-May-2011 at 16:40
Приватната сопственост НЕ ПОЗНАВА странци.

За мене олигарсите се полоша опција, отколку добри странски компании. Гледаме во земји како Русија, што се решија за олигархија, што направи тоа за руското општество - тотална непочит ни на закон, ни на ништо. Од друга страна гледај во земји како Чешка, Маџарска, државите просперираат Шкода прави МИЛИЈАРДИ за чешката држава, и сето тоа без домашни злоупотреби.

Системов е докажан на многу места во светот не треба да измислуваме топла вода.

Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-May-2011 at 16:52
Originally posted by buildz

Извозот не зависи од тоа кој е газда, мермерот секако е баран низ светот.

Ти мислиш дека сите газди се исто способни за раководење на фирма? Мислиш дека Минчо или Sинго исто лесно ќе најдат пазар за извоз како холандски инвестиционен фонд? Не знам во кое време живееш, ама без промовирање на пазарот и кока-кола ќе престане да биде барана низ светот. Не гледам да се тепа некој за мермерот, да моли да му продадат на сред Прилеп, баш напротив, некој напорно работел со години, и уште работи за тој да се нуди и да се продава во странство.

Originally posted by buildz

А што му фали на рудниците во Мариово за гранит кои се од македонски газди? Норамлно си работат и барем парите остануваат во Македонија.

Не можите да ме убедите дека е подобро странци да работат со рудниците. До кога ќе се чувствуваме неспособни??? Вие помеѓу газди и слуги, одбирате да бидеме слуги!

Меѓу холандски инвестиционен фонд, и македонски велепоседник, мислам дека ти е јасно кое е подоброто решение. Како и да е, како остануваат рече парите во Македонија? Со тоа што македонските газди ќе купат финска јахта паркирана во Сани на Халкидики, и со тоа што ќе купат германско Порше?

Никој не прави избор помеѓу газди и слуги, бидејќи јас и ти (барем за рудник) секогаш ќе бидеме слуги, без разлика од која држава се сопствениците. Освен ако не ни падни огромно лото, нормално. Или ти лично се идентификуваш со Трифун, и подобро тој да се богати отколку пензискиот фонд на Германија (бидејќи и тие се инвестициски фондови)?

Не се ни обидувам да те убедам, само се обидувам да ти укажам на грешката. Ова го имаме разговарано и со друг член порано, за некоја слична тема. Мислам дека и нему не му беше јасно што значи либерализиран пазар. Интересна тема, штета што ја затеравме во оваа нишка.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-May-2011 at 19:36
Момци еве каде ги префрлив постовите од нишката за летниковецот, ама се надевам понатаму повеќе ќе се дискутира за самиот мермер, наместо за Минчо и Трифун.

Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 19:51
Јас мислам дека за се има решение. Можеше едноставно државата да вади блокови и да ги продава на фирми во Македонија и во странство кои ќе го преработуваат и монтираат мермерот, па би се создал таков ланец на продажба од кои ќе профитира и државата и многу фирми...како наши, така и странски.

Тогаш ќе се знае што е наше и што прават македонците.
Ама изгледа најлесно им е да го продадат нештото.

Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 19:55
Еве каде имаме мермерни руди во Македонија:

     "Мермери во Македонија"
     "Мермерите како геолошки формации во геолошката градба на Република Македонија се присутни во неколку региони и тоа: Прилепски регион, Кичевски регион, Гостиварски регион и Тиквешки регион.

- Во регионот на Прилеп мермерните маси се составен дел на пелагонискиот метаморфен комплекс и притоа се појавуваат неколку петрографски типови на мермер: бели сахараодни мермери кои се присутни во зоната на Сивец – Небрегово; калцитски сиви мермери кои се присутни во зоната на Козјак; ситнозрнести доломитски мермери со структура која е поситна од белите сахараодни мермери во зоната на Беловодица – Мелница; црни мермери кои се присутни во зоната на Дебреште. Исто така мора да се истакне фактот дека мермерите во регионот на Прилеп се исклучително доста застапени и поради тоа се развиени бројни капацитети за производство и преработка на мермер.

- Во регионот на Кичево има појава на неколку локалитети на мермер од кои најпознати се локалитетите Пласница каде што има светло – сиви и бели мермери и Миокази каде што има светло – сиви, жолтеникави и црвени.

- Во регионот на Гостивар најзначајни локалитети се Бањица и Педалиште Исто така и овие мермери се обоени типови на мермер при што во некои случаеви се појавуваат и мермерни бречи. По боја се сиви, светло – сиви, светло – кафеави до црвени.

- Во Тиквешкиот регион постои една зона на мермери и мермерни бречи која се наоѓа на потегот од селата Мрзен до Камен Дол. Тука станува збор за мермери кои се обоени и тоа од сиви, жолтеникави, црвеникави па се до црни."

Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 20:09
Поделба на градежниот камен:

    "Природниот камен е еден од најстарите градежни материјали кој заради големата распостранетост во природата и различните физичко – хемиски особини, многу често и денеска се употербува во современото градежништво. Во зависност од областа каде што се применува, градежниот камен се дели на две основни групи:
- Технички камен
- Украсен, декоративен или архитектонски камен

Техничкиот камен е материјал кој се употербува како конструктивен материјал во необработен или обработен облик или како агрегат при изведба на инженерски објекти во градежништвото.

Декоративниот (украсен) или т.н. архитектонски камен се применува како конструктивен и како декоративен елемент на еден објект. Се користи за фасади, скали, подови, носиви елементи, споменици, итн."

      Геолошката градба на Република Македонија е со голем број на карпи кои можат да се употербат како декоративно – украсен камен, како што се: мермери, гранити, габрови, базалти, сиенити, дацити, андезити, разни видови на шкрилци, гнајсеви, травертини, оникси и др. Од сите овие рудни богатства од декоративен камен што ги има Република Македонија најпознати и најмногу се експлоатираат мермерот, гранитот, травертинот и ониксот.

Еве некои примероци од нашите рудници:

Posted By: krale
Date Posted: 26-May-2011 at 20:24
Originally posted by buildz

Јас мислам дека за се има решение. Можеше едноставно државата да вади блокови и да ги продава на фирми во Македонија и во странство кои ќе го преработуваат и монтираат мермерот, па би се создал таков ланец на продажба од кои ќе профитира и државата и многу фирми...како наши, така и странски.

Тогаш ќе се знае што е наше и што прават македонците.
Ама изгледа најлесно им е да го продадат нештото.

Ахаха комунизам пак а? Пробано е тоа, државата да биде стопанственик. Сите фирми ги доведе до просјачки стап. Затоа се знае најдобро решение - ПРИВАТНИК што знае да работи. И тој ќар и државата своето.

Posted By: buildz
Date Posted: 26-May-2011 at 20:40
Никој не спомна комунизам, а постои и државно-приватно партнерство!
Ама чекај, ќе им заврши концесијата на странците, па после ќе им ја мислиме. Рудникот СИВЕЦ има капацитет на ископувње уште 500 години!

Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-May-2011 at 02:20
Да си го прочитате прво законот за минерални суровини и концесии па после малку подетално да зборуваме зашто вака не се разбираме. Зависи каква суровина се ископува толку е висината на концесијата во произведен  краен маетрјал. Кај камени незнам колку е, но кај некои руди е околу 2% на крајниот производ, До скоро беше 0,5%. Ова се исклучително ниски добивнки за државата. И во капитализам единствено место каде државата си го бара интересот е во овие проценти. А тоа кога збирувате за да се купуваат и продаваат рудници такви категории не постојат, се мисли на фирмите кои патем носителите на концесиите се фирмите. Крајниот производ неможе да го прави државата, затоа што не се очекува од неа тоа да го прави. А за тоа дали холандски фонд или Трифун е друго прашање за кое вреди да се разговара. Друго е прашањето, колку тука се развиваат компании што ќе парираат на тие странски фондови.

Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 27-May-2011 at 13:12
Originally posted by buildz

Никој не спомна комунизам, а постои и државно-приватно партнерство!
Ама чекај, ќе им заврши концесијата на странците, па после ќе им ја мислиме. Рудникот СИВЕЦ има капацитет на ископувње уште 500 години!

Ова е проверен податок? Доколку е така, зошто паралелно не се отворат повеќе рудници и не се зголеми изработката и продажба на мермер ?

-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו

Posted By: buildz
Date Posted: 27-May-2011 at 15:37
Originally posted by UrbanFreak

Originally posted by buildz

Никој не спомна комунизам, а постои и државно-приватно партнерство! Ама чекај, ќе им заврши концесијата на странците, па после ќе им ја мислиме. Рудникот СИВЕЦ има капацитет на ископувње уште 500 години!

Ова е проверен податок? Доколку е така, зошто паралелно не се отворат повеќе рудници и не се зголеми изработката и продажба на мермер ?

Податокот е точен! Го има на официјалната веб-страна на компанијата. Во првиот пасус:
http://mermeren-sivec.com.mk/mak/quarries.asp - http://mermeren-sivec.com.mk/mak/quarries.asp

Рудникот Сивец се состои од 12 соседни рудници кои функционитаат како една целина. Се ископува од сите и се носи надвор.

Print Page | Close Window