Организацијата на ранжирните реони се регулира со возниот ред секоја година.
Таа зависи од потребите на корисниците за железнички транспортни услуги.
Потребите на крисниците се регулираат директно со железничките транспортни фирми
или со шпедитерските фирми, кои пак прават договори со железничките транспортни фирми.
Кај нас железничка транспортна фирма е МЖ Транспорт АД - Скопје.
Железничките транспортни фирми
кај фирмите менаџери за железничката инфраструктура,
кај нас тоа е ЈП МЖ Инфраструктура - Скопје,
поднесуваат барање за траси на товарните возови кои би сообраќале на нивните пруги.
Од поднесените барања за траси на возовите,
железничките инфраструктурни фирми изготвуваат возен ред
во кој се утврдуваат трасите на возовите и
ранжирните станици во кои ќе се врши преаранжирање на возовите
и нивното задржување во ранжирните станици.
За да се намали потребата од преаранжирање на возовите
во ранжирните станици во текот на патувањето на возот,
возовите сега претежно се формираат во почетната станица
со состав кој не се менува до крајот на патувањето.
Тоа се т.н. блок возови и соодветно
за нив се обезбедуваат траси од почетната до крајната станица.
Возовите кои немаат фиксен состав од почетната станица,
во текот на патувањео се преаранжираат во ранжирните станици.
За ваквите возови се утврдуваат траси од една до друга ранжирна станица
и самите ранжирни станици.
Вака утврдените траси и ранжирни станици се опфатени со возниот ред
и со тоа се утврдува организацијата на ранжирните реони.
За да биде појасно гореизнесеното ќе го илустрирам со два примери.
Во станица Скопје Југ се формира блок воз кој директно патува до станица Ријека,
во Хрватска, по траса која не се менува во попатните ранжирни станици.
Попатни ранжирни станици се Трубарево, Поповац, Лапово и Макиш во Србија,
Винковци и Загреб Ранжирни Колодвор во Хрватска.
Ако во станица Скопје Југ не е оформен блок воз,
тогаш вагоните што треба да стигнат до Ријека
се вклучуваат во возови формирани во попатните ранжирни станици.
Значи тие вагони ќе патуваат во состав на повеќе возови,
со траси соодветни за нив утврдени со возниот ред и
тие траси се опфатени со организацијата на ранжирните реони.
Организацијата на ранжирните реони е главната работа
на железничките инфраструктурни фирми кои менаџираат со пругите и
ранжирните станици и за своите услуги соодветно
од железничките транспортни фирми наплатуваат трошоци
за користење на пругите и ранжирните станици.
Бидејќи крајниот корисник плаќа се, затоа негов интерес е да се формираат
блок возови со фиксни траси од почетната до крајната станица,
па со тоа цената за железничкиот транспорт се намалува,
а се намалува и времето на патување на стоката.
-------------
ПОЗДРАВ ОД ЖЕЛЕЗНИЧАРОТ
ПО ПРОФЕСИЈА И ПО ДУША