Print Page | Close Window

Плоштад Филип Втори (Карпошово востание)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1346
Printed Date: 23-Oct-2018 at 22:06


Topic: Плоштад Филип Втори (Карпошово востание)
Posted By: pbanks
Subject: Плоштад Филип Втори (Карпошово востание)
Date Posted: 12-Jan-2009 at 00:36
Иако плоштадов сеуште не е изграден мислам дека нема да пречи да отвориме една фото нишка за него и неговото окружение Cheers



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2009 at 00:44
1 Излгледот на плоштадот во Јануари 2009 година. Навистина тажно Ohno. Во позадина се гледаат трите објекти во изградба. Реконструкција на стариот театар, Музејот на холокаустот и Музејот на ВМРО

2

3 Поглед во правец на турската чаршија

4 Ибни Пајко и хотелот Stone Bridge

5

6

7

8

9

10 Уличката кон МНТ

11 Зградата во продолжение на Ибни Пајко кон турска чаршија

12 ЕОС Матрикс

13

14 Комерцијална банка




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Jan-2009 at 00:49
Previous
10 Уличката кон МНТ

- Кон Музичко уцилиште

11 Зградата во продолжение на Ибни Пајко кон турска чаршија

- Министерство за транспорт и врски

Извини морав Smile


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2009 at 00:55


Нема гајле Стварно не знаев дека Министерството за транспорт и врски е таму


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Jan-2009 at 01:54
Ибни Пајко ми е исклучиелно грда зграда! Малку помалку грди, но сепак грди се комерцијална и МТЦ. На овие два објекта само им треба добра обнова на фасадата, додека Ибни Пајко му треба телемно реновирање, односно прво доведување до степенм на карабина, па после комплетно нов конецпт и нова фукција. Сега незнам која улога ја игра и за што се користи но оваа локација прилега за деловен простор или хотел.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2009 at 02:00
Originally posted by lslcrew

Ибни Пајко ми е исклучиелно грда зграда! Малку помалку грди, но сепак грди се комерцијална и МТЦ. На овие два објекта само им треба добра обнова на фасадата, додека Ибни Пајко му треба телемно реновирање, односно прво доведување до степенм на карабина, па после комплетно нов конецпт и нова фукција. Сега незнам која улога ја игра и за што се користи но оваа локација прилега за деловен простор или хотел.


Јас не сум толку остар со оценките за ниеден од тие три објекти. Главниот проблем за мене се повторно елементите на урбано дивјаштво.

На Ибни Пајко која беше реновирана пред неколку години може да приметиме

- расштркани клима уреди
- различни прозорци од стандардните на првиот кат лево (5 прозорци)
- стари ролетни на први кат од страна (х2) и на трети кат од десно (х4). Или требале сите да ги задржат старите ролетни (што мислам дека ќе беше поубаво) или требаше сите да преминат на новите

Јас познавам една девојка која до скоро живееше таму. Но незнам дали само страничниот дел е за домување (онаму каде што се гледаат балконите) или и овој фронталниов кој можеби и сега е за деловни простории.

Особено ми се допаѓа што објектите се исфрлени и се на столбови.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Jan-2009 at 02:21
Originally posted by pbanks

... Особено ми се допаѓа што објектите се исфрлени и се на столбови.

За жал можда едино моесто во Скопје


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 25-Mar-2011 at 15:39
Луѓе како што знам на плоштадчево ќе се поставува четири фонтани од кои по една покрај веќе поставените споменици, и две во средина каде што ќе бидат поставени ФилипII и неколку војници. Има ли некој информација плус околу овој дел, гледам нема дискусија веќе година ипол на нишкава, треба да ја разработиме


Posted By: alexgizh
Date Posted: 25-Mar-2011 at 15:43
Се' додека немаме нов опиплив материјал, дискусијата ќе кружи околу шпекулации и желби.

Јас сум искрено засегнат од можноста улицата покрај театарот и комплексот музеи да влегува директно во еден од лаковите на Камениот Мост, по што ќе понира кон подземниот паркинг на Уставниот Суд / Археолошкиот Музеј. За мене подобро решение е да понира пред комплексот музеи.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: OCB
Date Posted: 11-May-2011 at 23:50
ОПШТИНА ЦЕНТАР НАЈАВУВА ПОЧЕТОК НА ИЗГРАДБАТА

Плоштад со фонтани кај црквата „Свети Димитрија“



Распишани се огласи за надзорни органи на плоштадот Карпошево востание, а и за Мостот на уметноста, но од Центар не прецизираа временска рамка, само рекоа дека во завршна фаза е целиот проект

Општина Центар набрзо ќе ја почне изградбата на плоштадот Карпошово востание, како и на Мостот на уметноста, информираат надлежните. Плоштадот треба да се гради од левата страна на Вардар, на просторот кај црквата „Свети Димитрија“, додека мостот ќе се гради меѓу Камениот мост и оној на „Холидеј ин“.

Иако веќе се распишани огласи за надзорни органи над изградбата на сите три инвестиции, од Општина Центар не појаснија за кого точно е закажан почетокот на градежните работи.

- Во завршна фаза е целиот проект за отпочнување на градежните активности. Со комплетирање на истата и дефинирање на активностите ќе бидете информирани навремено - одговори Јовица Ацковски, портпарол во Општина Центар.

Според Детаљниот урбанистички план „Мал Ринг“, на просторот пред „Свети Димитрија“ предвиден е комплекс од фонтани, како и споменик на војводата Карпош, поставен во февруари годинава. Ацкоски не откри кои други дополни содржини ќе бидат вметнати на овој простор, а не ја соопшти ни цената на чинење.

- Војводата е излеан во бронза, качен на коњ и е висок 5 метри, а заедно со постаментот е 8,5 метри. Леењето за споменикот на Карпош чини околу 650.000 евра - објаснуваат општинарите.

Овој споменик е излеан во скопската леарница „РЖ Институт“. На постаментот има релјефи од бронза со површина од 10 квадрати. Од Центар не одговорија дали на оваа локација ќе биде поставена и скулптура воин на Филип Втори, како што неофицијално, со месеци нагаѓаат членови на Советот на Општина Центар.

Во врска со Мостот на уметноста, од Центар исто така избегнаа да прецизираат за почетокот на изградбата. Не ја обелоденија ниту фирмата-изведувач, само рекоа дека наредниве денови со неа треба да потпишат договор.

Тој ќе биде пешачка врска меѓу кејот од десна страна на Вардар и новата зграда на Обвинителството и на Финансиската полиција, од лева. Ќе има армирано-бетонска и метална конструкција и е идејно решение на Коста и Викторија Манагаровски, кој е автор на уште неколку проекти од „Скопје 2014“, меѓу кои Триумфалната порта, Градската куќа, хотелот на плоштадот Македонија, куполите над Собранието.

На Мостот на уметноста е предвидено да бидат поставени 29 спомен-обележја, меѓу кои на Лазар Личеновски, Блаже Коневски, браќата Миладиновци, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Ристо Шишков и други. По 14 скулптури ќе бидат поставени од двете страни на мостот и тие ќе бидат со висина од по 2 метра, додека спомен-обележјето на браќата Миладиновци ќе биде во средишниот дел со висина од 3 метри. Леењето с` уште не е почнато затоа што тендерската постапка е во тек.

Анела Петрова
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A711A564700B76469C50658B0FFA51C7


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-May-2011 at 02:25
не знам за вас, ама за мене, злато во секоја пешачка зона и основна работа која треба да биде исполнета се убаво дизајнирани фонтани, барем пристојно поплочување и на мали делови со хортикултура, но убаво средени
ако намераваат во иднина целиот тој простор да поседува барем малку атрактивност е да ја исполнат сета површина од булеварот Гоце Делчев до улицата меѓу камен мост и стоковната куќа со горенаведеното


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-May-2011 at 15:54
bas super sto mislele za plostadot. Samo neka pocnat sto pobrzo, konecno kje se urbanizira i toj del so novi gradbi Cheers
Za mostot nemam nikakov komentar.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 19-May-2011 at 19:38
Колку што разбрав од погорниот текст по завршувањето на овој плоштад споменикот на Карпош ќе биде дислоциран.
Мислам дека тоа ќе биде најдобро решение затоа што моменталната положба му ја зима целата импозантност и енергија на овој прекрасен споменик, прво затоа што е под нивото на камениот мост и второ затоа што големината на Археолошкиот Музеј дава лажно оптичко чуство дека споменикот е помал од што во реалност е.


Posted By: Alex
Date Posted: 21-May-2011 at 13:21
Ne veruvam deka spomenikot na Karpos ke bide dislosiran. Na video prezentacijata za Skopje 2014 predviden e na mestoto kade e sega ( na toa mesto bil ubien...).


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-May-2011 at 18:48
е добро де, што ако е убиен карпош на тоа место? по таа логика ниеден од спомениците не треба да биде таму каде што е... поради причината дека е убиен на таа локација, плоштадот според мене легитимно му е посветен на него и затоа целото внимание на ликот треба да е сместено на плоштадот, а не во некое ќоше


Posted By: krale
Date Posted: 24-May-2011 at 20:14
Originally posted by Alex


Ne veruvam deka spomenikot na Karpos ke bide dislosiran. Na video prezentacijata za Skopje 2014 predviden e na mestoto kade e sega ( na toa mesto bil ubien...).


Не бил убиен на тоа место. На камени мост има плакета на местото каде што е убиен (наткнат на колец на мостот).



Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-May-2011 at 20:27
Јас колку што знам бил обесен на дрво баш таму каде што е споменикот (тогаш коритото било малку поинакво), па главата му била надената на колец и на приказ на мостот. Така имам прочитано и на форумов, и по весници.


Posted By: krale
Date Posted: 24-May-2011 at 20:36
А може...


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-May-2011 at 21:42
каде и да бил убиен, не е битно, плоштадот е просторот кој е посветен на него... тоа беше дискусијата


Posted By: OCB
Date Posted: 24-May-2011 at 22:25
Интересен податок

Во чест на Карпош, дел од брегот на Снежниот остров на Антартикот е наречен Karposh Point. Локација:



Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-May-2011 at 23:54
Е добро, имаш Св. Климент Охридски на Антарктикот. Секако бугарска база


Posted By: Bojanix
Date Posted: 22-Jun-2011 at 12:38
Јас за прв пат пишувам на форумов иако ве читам доста време. Вчера на еден друг форум пишав за изградбата на споменикот на Филип II на плоштадот Карпошово востание. Да се цитирам

[quotе]Новиот споменик на Филип, што ќе биде лоциран на плоштадот Карпошово Востание кој се наоѓа веднаш после Камени Мост, доколку не се лажам ќе биде поголем и од тој на Александар Македонски за два - три метра. Споменикот нема да биде на коњ туку во стоечка положба, а под него исто така ќе има војници од фалангата и филозофи (ваљда Аристотел) и исто така ќе биде во вид на фонтана. Ќе има и уште две фонтани со скулптури на истиот плоштад. Едната со скулптури од коњи, а на другата ќе има скулптури од мајки и деца.[/quotе]

Само да се исправам, ќе има 4 фонтани од кои тие со коњите ќе бидат две и ќе бидат лоцирани веднаш до спомениците на св. Климент и Наум и св. Кирил и Методиј. Тоа најубаво ќе се види од следниве слики

http://imageshack.us/photo/my-images/546/clipbu.jpg/">

Позицијата 1 е фонтаната со скулптурата со Филип плус некои други скулптури. 2 е фонтаната со скулптури на мајки и деца и 3 и 4 се фонтаните со коњите.

Идеме со првичните цртежи за фонтаната 1

http://imageshack.us/photo/my-images/641/clip2sp.jpg/">

http://imageshack.us/photo/my-images/850/clip3u.jpg/">

http://imageshack.us/photo/my-images/827/clip4fs.jpg/">

http://imageshack.us/photo/my-images/828/clip5m.jpg/">

Фонтана 2

http://imageshack.us/photo/my-images/709/clip6w.jpg/">

http://imageshack.us/photo/my-images/143/clip7f.jpg/">

http://imageshack.us/photo/my-images/6/clip8p.jpg/">

http://imageshack.us/photo/my-images/807/clip9.jpg/">

Фонтани 3 и 4

http://imageshack.us/photo/my-images/577/clip10.jpg/">

http://imageshack.us/photo/my-images/560/clip11.jpg/">

http://imageshack.us/photo/my-images/577/clip12u.jpg/">

http://imageshack.us/photo/my-images/121/clip13.jpg/">

И сега пресеците направени во Аутокад

http://imageshack.us/photo/my-images/137/clipmodified.jpg/">

http://imageshack.us/photo/my-images/17/clip2modified.jpg/">

http://imageshack.us/photo/my-images/580/clip3modified.jpg/">



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jun-2011 at 13:00
Одлични материјали Bojanix 

За тоа што велиш за висината на Филип, тоа се однесува само на скулптурата или комплет со постаментот? И дали знаеш до која фаза е стигнат проектов?


Posted By: Bojanix
Date Posted: 22-Jun-2011 at 13:04
Па сигурно комплет, нема ваљда само скулптурата да биде поголема од 27 те метра на Александар


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jun-2011 at 13:07
Originally posted by Bojanix

Па сигурно комплет, нема ваљда само скулптурата да биде поголема од 27 те метра на Александар


Не мислев на тоа
Туку дали скулптурата на Филип ќе биде поголема од скулптурата на Александар и Букефал или споредбата се однесува на вкупната висина на спомениците заедно со постаментите.


Posted By: Bojanix
Date Posted: 22-Jun-2011 at 13:16
Искрено да ти кажам не сум запознаен ниту за големината на скулптурата, ниту до која фаза е проектов. Овие слики ги добив од човек кој е дел од проектот Скопје 2014, не сум сигурен ниту тој дали ги знае сите детали, така да не би сакал да шпекулирам.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Jun-2011 at 13:22
Odlicni materialiCheersFala!
Ne bi sakal da znam kolku kje ciniBig%20smile


Posted By: makonix
Date Posted: 22-Jun-2011 at 13:23
fala ti za informaciite, se nadevam nema da mu napravis problem na covekot sto ti gi dal informaciite, koga vaka prezentirani javno. Inaku od ona sto mozam da go vidam, fontanite se daleku postilirizirani od ona sto dosega e napraveno, i ima mnogu barokni elementi. Za razlika od drugite objekti kade preovladuva noeklasicizmot


Posted By: gjoko
Date Posted: 22-Jun-2011 at 13:25
bravo Bojanix и откопувај ако можиш и понатаму тоа што можи да се стави во јавност,не да им направиме проблеми


Posted By: OCB
Date Posted: 22-Jun-2011 at 13:33
Статија во „Време“ од 12 декември 2010

Филип ќе го чува влезот во Чаршијата?

„Филип Втори“ е мистериозната скулптура на воин што, во грандиозни размери и за сума од пет милиони евра ќе биде поставена на плоштадот „Карпошово востание“, меѓу зградата на Министерството за транспорт и за врски и црквата „Свети Димитрија“ во Скопје, тврдат извори од Општина Центар иако никој официјално не го открива идентитетот на воинот. Само леењето на бронзената скулптура во италијанската леарница „Фондерија артистика Гуастини“, која се наоѓа во гратчето Гамбелара во областа Калабрија, ќе чини три милиони евра, а вкупната проценета вредност на споменикот е пет милиони евра.

Воинот ќе го придружуваат и други елементи од бронза, а на плоштадот „Карпошово востание“, според Деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“, се планира изградба и на четири фонтани. Во договорот со „Фондерија артистика Гуастини“, кој е склучен на 16 август, а во петокот беше објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, стои дека треба да се излее скулптура на воин, без да се прецизира за кого станува збор, но според нашите информации, станува збор токму за скулптура на Филип Втори.

Градоначалникот на општина центар Владимир Тодоровиќ во телефонска изјава за „Време“ не потврди дека се работи за скулптура на Филип Втори, но, исто така, и не ги демантираше сознанијата дека станува збор за скулптура на таткото на Александар Македонски, чијшто споменик веќе се знае дека ќе биде поставен од другата страна на Вардар, на централниот дел од плоштадот „Македонија“.
- Не можам да ви кажам точно за кого станува збор. Тоа е воин. Е, сега, дали потоа ќе личи на Филип, не знам, ќе видиме. Нека не ве буни цената на скулптурата. Таа не се формира според тоа кој е ликот, чијашто скулптура се прави, туку според големината на скулптурата. Колку е поголема толку повеќе пари влече, без оглед на тоа кој е претставен - вели градоначалникот Тодоровиќ.

И премиерот Никола Груевски не сака да открие чиј споменик ќе го краси плоштадот „Карпошово востание“. Премиерот вчера присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на новиот објект во кој ќе бидат сместени Јавното обвинителство и Управата за финансиска полиција, кој ќе се гради на левата страна од кејот на реката Вардар, во непосредна близина на „Македонскиот народен театар“ и кој, исто така, е дел од проектот „Скопје 2014“, но одби да одговара на новинарските прашања.

Според советникот од СДСМ во Општина Центар Благородна Крстевска-Мојсовска, пак, чудно е што повторно се крие чија скулптура ќе биде поставена на плоштадот „Карпошово востание“, исто како што тоа беше правено со споменикот на Александар Македонски.
- И овој споменик го кријат, исто како во случајот со Александар. Во општинските документи стои дека се прави скулптура на воин, а за споменикот на Александар Македонски пишува дека е коњаник со придружба. Ние залудно поставуваме советнички прашања, кога не добиваме одговори. Шест месеци чекам да ми се даде финансиски извештај за сите споменици поединечно, но не ми даваат - вели Крстевска Мојсовска.
Бројката од пет милиони евра, планирани за новата скулптура, за половина милион евра е повисока од таа што ќе се потроши за Александар Велики, најголемиот споменик на плоштадот „Македонија“.

Мистеријата за подигнувањето на споменикот на Филип на влезот на Старата скопска чаршија, но и одолжувањето со признавањето на проектот за изградба на плоштадот „Скендер-бег“ ги подгреа шпекулациите за нов пазар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Упатените тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ намерно тактизира со поддршката на новиот плоштад пред стоковната куќа „Илинден“ за да може да се испазари со ДУИ и да избегне евентуална реакција на својот коалициски партнер бидејќи Филип Втори ќе го засени споменикот на Скендер-бег и според големината, но и според цената на чинење. Од ДУИ тврдат дека се е договорено и дека Владата ќе го финансира плоштадот „Скендер-бег“.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, пак, е дециден дека плоштадот ќе се гради
- Ако има какви било дилеми ве уверувам дека ќе ги снема за многу кратко време. Точно дека во моментов ова е само идеен проект, така и го презентирав. Во буџетот со ребалансот се предвидени 10 милиони денари за плоштадот „Скендер-бег“ и тоа не е тешко да се провери. Точно е дека не бев повикан на форумот на ВМРО-ДПМНЕ, но тие кажаа дека тоа било нивна партиска дебата и тоа е легитимно. Јас ги поздравувам сите дебати и ги повикувам сите да се вклучат за да направиме поубав плоштад. Нема никакви партиски пазарења ниту поврзување на овој плоштад со други проекти - вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во изјава за „Време“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2142&ArticleID=149922


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 22-Jun-2011 at 14:33
Јас сакам само да кажам. Ова е убаво, убаво да се имаат вакви материјали. Гледам доле е знакот на делта фонтане.

Но еден предлог до администраторите. Најдобро вакви материјали, како што беа и тие за фонтаната на Александар да се префрлуваат веднаш на сигурно место, во офтопик, а на тие што ги поставиле да им се даде пристап до таму.

За да не им правиме проблеми на луѓето, а воедно и да го зачуваме материјалот.

И се надевам дека ќе има уште многу вакви примери, како што беше за Александар а сега и за Филип.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: OCB
Date Posted: 22-Jun-2011 at 15:40


Од следново http://www.youtube.com/watch?v=D5zRnGQrkac&feature=player_embedded - видео . Забележано од alexgizh.


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 22-Jun-2011 at 15:44
Добар пронајдок.
Благодарам.

---

И тоа за филип.
Значи очи за ситници има на форумот, Македонија да се подреди по конец.

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: markoboj
Date Posted: 22-Jun-2011 at 18:30
Повторно правиме историска грешка. Најголемите и најскапи споменици за Александар и Филип, место за луѓето кои загинаа за да живееме во слободна Македонија Гоце, Даме, Мисирков, Карев, Сандански, Ченто. Нивните споменици се бубачки во однос на Филип и Александар.

Јас ова го гледам како предавство на оснивачите на Македонија.
Разликата во големина естетски ги занемарува „другите споменици“, и дава порака на неупатените посетители дека Аце и Филип се најважните личности во нашата историја.

Се надевам дека нема да го изградат. Сепак надежта последна умира


Posted By: N23
Date Posted: 22-Jun-2011 at 19:15
Чекајте малце, дали ја добро разбрав дека и Филип ќе биде во слична големина на Аце и дека оваа глава е од новиот споменик за Филип?


Posted By: alexgizh
Date Posted: 22-Jun-2011 at 19:43
Originally posted by N23

Чекајте малце, дали ја добро разбрав дека и Филип ќе биде во слична големина на Аце и дека оваа глава е од новиот споменик за Филип?


Филип ќе биде во слична големина на Александар. Сосе постамент ќе биде 2-3 метра повисок, значи вкупно 30тина и ситно метри.

Од она што го пронајдов, дали се работи за главата на Филип незнам. Всушност низ целото видео се гледаат скулптури кои ги изработува леарницата а на кои не сме ние нарачатели, така што немора да значи. Меѓутоа, факт е дека големината на главата отприлика соодветствува со онаа на Александар, а и факт е дека Александар нема мустаќи, а Филип има. Деталот со очите е сличен како на Александар, што наведува дека скулпторот е ист.

Пак ќе споменам, јас сум убеден дека скулптурите наменети за плоштадот Карпошово Востание се веќе во изработка, ако не и изработени, но неможам да гарантирам дека тоа на screencap-от е токму Филип.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 22-Jun-2011 at 19:48
Originally posted by markoboj


Повторно правиме историска грешка. Најголемите и најскапи споменици за Александар и Филип, место за луѓето кои загинаа за да живееме во слободна Македонија Гоце, Даме, Мисирков, Карев, Сандански, Ченто. Нивните споменици се бубачки во однос на Филип и Александар.

Јас ова го гледам како предавство на оснивачите на Македонија.
Разликата во големина естетски ги занемарува „другите споменици“, и дава порака на неупатените посетители дека Аце и Филип се најважните личности во нашата историја.

Се надевам дека нема да го изградат. Сепак надежта последна умира


Какво непознавање од твоја страна, Александар и Филип имаат еднаква важност за македонската историја истот како и Гоце и Даме, разликата е во тоа што Филип и Александар биле владетели, а Гоце и Даме се бореле за слобода. Александар и Филип се интернационално познати низ целата светска популација додека Гоце, Даме итн. ги познаваме на локално ниво.

Не велам дека поради тоа Филип и Александар заслужуваат поголеми споменици, но нивните интернационалната познатост на нивните потвизи што до ден денес се анализираат во светот ги прават тие споменици да бидат поимпозантни.


Posted By: MGS
Date Posted: 22-Jun-2011 at 20:08
Ајде бе кај има место за споменик на Филип Втори,па уште и поголем од Александар.Дали се овие нормални???


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 22-Jun-2011 at 20:39

@MGS  Така се збоеше и за Александар, па убаво се вклопи со плоштадот.

@Bojanix Applause за материјалите, сега имаме претстава како сето тоа би изгледало. Според мене е повеке од одлично! Cheers

Останува да видиме.



Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Jun-2011 at 20:57
спомеников на Филип лоциран меѓу плоштад Карпошово востание и старата чаршија е уште еден нелогичен идиотизам во поставувањето споменици... значи осет да се немало за целина, композиција, и идеја и значење позади истите Suicide


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 22-Jun-2011 at 22:54
Originally posted by zabegan

спомеников на Филип лоциран меѓу плоштад Карпошово востание и старата чаршија е уште еден нелогичен идиотизам во поставувањето споменици... значи осет да се немало за целина, композиција, и идеја и значење позади истите Suicide


Zabegan, од А-Ш стојам позади ова....

...и немаше да пишувам сега воопшто, ама посебно ме провоцираат неколку форумски членови што така опасно го дрват со квази-историја деновиве, да ни отекоа до колена (си знаат што)...или пишувајте за скулптурите, плоштадите, светилките, кантите за ѓубре - што сакате од овој карактер или не пишувајте ништо - доста ни е и за коњаникот на коњ и за коњаникот без коњ и за татко му и за коњите што им текна волку коњи да гледаме, отрувте со вангелштајн-историја...знаеме и кој се и што се и зошто не се викаат како што треба...аман веќе!

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Jun-2011 at 23:27
инаку да не бидам погрешно разбран во некои сфери, фонтаната е добро изведена, ми се допаѓа и се гледа дека конечно некој вложил малку повеќе труд во дизајн, наместо досегашното шаблонско безвезно градење на Ск2014
но од друга страна пак, сметам дека споменик на Филип на таа локација е феноменална утка, како и остатокот од спомениците лоц ирани таму, најпрво од гледна точка на името и историското значење на плоштадот, каде одговара само Карпош и Карпошово востание
меѓудругото, не ми е јасна целта во тоа сите пешачки коридори да се натрупаат со споменици, фонтани и остали „култивираности“, таа улица е единствена која води кон чаршијата и е дел од една огромна пешачка целина, бидејќи поврзува многу работи, а протокот на пешаци е огромен и ќе се зголеми со огледа на тоа колку објекти ќе има на тој простор, да се додаде на целата збрканост на просторот, камениот мост навлегува длабоко во плоштадот и дирекно во улицата, што намалува простор за експериментирање со скулптури и фонтани
да не испадне дека плукам, имам неколку идеи како да се изведе целиот простор околу „Карпошово востание“ само не знам да ги нацртам


Posted By: FT
Date Posted: 22-Jun-2011 at 23:31
Originally posted by zabegan

имам неколку идеи како да се изведе целиот простор околу „Карпошово востание“ само не знам да ги нацртам

Ти кажи ги, јас и Фосил ќе се обидеме да нацртаме.


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Jun-2011 at 00:16
Originally posted by FT

Originally posted by zabegan

имам неколку идеи како да се изведе целиот простор околу „Карпошово востание“ само не знам да ги нацртам

Ти кажи ги, јас и Фосил ќе се обидеме да нацртаме.
ништо од тоа, не можам да изнајдам симетрично решение и многу ми смета камениот мост со тоа што навлегува во плоштадот
многу е коплициорано за објаснување, ма ќе се обидам
плоштадот се спушта на ниво на платформата под камениот мост со жардиниерите, ќе се отвори и камениот мост и полесно ќе се поврзе плоштадот со кејот, со самата кружна форма и пониското ниво, по границите на плоштадот ќе има скалила во кружна форма, а следејќи ја нивната кружна форма да има млазови фонтани, кои за да не зафаќаат простор можат да бидат изведени нешто слично на ова и се флексибилни со тоа што нивниот простор може да се искористи и како пешачки простор:


од истите млазови може да се направи композиција на поширок простор кој ќе ја зафаќа и улицата кон чаршијата, се разбира, самите улици кои водат до плоштадот мора да бидат целосно пешачизирани и да се збогатени со урбана опрема и добро искомпонирано поплочување Smile
за споменикот сеуште не сум сигурен, не можам да му најдам соодветен простор


Posted By: FT
Date Posted: 23-Jun-2011 at 00:43
Те разбрав, многу добро те разбрав,само малку тешко оди цртањето. :S


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 23-Jun-2011 at 02:56
Но колку што знам таму треба да има подземни улици, а со тоа мислам дека спуштањето на плоштадот би било пречка за овие подземни улици, барем како што се зацртани во ДУП, или пак обратно.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jun-2011 at 03:08
Честитам на истражувањето. Импресивно дело, го чекаме да се прави. Клип не дава некоја ориентација за димензиите особена, ама според тоа што се гледа стругачот отрпилика ако главата е повеќе од метар ипол тука отприлика тогаш споименикот треба да е околу десетина метри. А проектот за нивелација би требалчо и од карши да се пресели и старите скали а се доведат до некоја слична форм како тука што се планира за да се допие повеќе простор покрај новите згради народни и офицерски дом. Каде и да е очекуваме повеќе информации кога веќе протече спомеников. Очекуваме и ако има нови информации да не информираш благовремено да бидеме во тек.


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Jun-2011 at 14:41
Originally posted by lslcrew

Честитам на истражувањето. Импресивно дело, го чекаме да се прави. Клип не дава некоја ориентација за димензиите особена, ама според тоа што се гледа стругачот отрпилика ако главата е повеќе од метар ипол тука отприлика тогаш споименикот треба да е околу десетина метри. А проектот за нивелација би требалчо и од карши да се пресели и старите скали а се доведат до некоја слична форм како тука што се планира за да се допие повеќе простор покрај новите згради народни и офицерски дом. Каде и да е очекуваме повеќе информации кога веќе протече спомеников. Очекуваме и ако има нови информации да не информираш благовремено да бидеме во тек.
размислував и за тоа, само тука дискусијата главно беше околу „Карпошово востание“ па го изземав тој дел
генерално се согласувам со тоа такво нешто да се изведе и на плоштад Македонија, мада мислам дека прифатливо е и без таква изведба, сепак се различни плоштади со различна форма, и препоставувам кога биле дизајнирани тие скали, не било мислено толку на плоштади колку што се мислело за истакнување на камениот мост

а за споменикот, па според неговата форма, реално и да се сака да се изведе некаква триесет метарска верзија, виртуелно не е возможно на тој простор, освен ако нема форма на некаков обелиск, па претпоставувам ќе има многу помали димензии
инаку, целата композиција заедно со фонтаните е она што му пречи на просторот, не самиот споменик


Posted By: kultuzin
Date Posted: 23-Jun-2011 at 16:05
Истата авторка го даде и решението за релјефите на Портата Македонија, како и за воинот на Плоштадот Карпошово востание од другата страна на Вардар. Неофицијално ќе биде висок 13 метри, во стоечка положба, поставен на фонтана околу која ќе има помали скулптури. Според деталниот урабнистички план овде ќе има вкупно четири фонтани. Пред воинот ќе има уште еден водоскок со скулптури на мајки со деца, а од двете страни на Камениот Мост пред веќе поставените споменици на просветителите уште две помали фонтани. Преуредувањето на просторот помеѓу црквата Свети Димитрија и Министерството за транспорт и врски треба да почне наското. Договорите се веќе склучени, изградбата е доверена на „Бетон”, а избрани се и фирмите кои ќе го вршат надзорот.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/18299/tri_godini_za_neshto_shto_kje_trae_so_vekovi_%E2%80%93_kako_se_izrabotuvashe_spomenikot_.aspx

Значи овдека работата е во прилично развиена фаза и токму онака како што ги имаме регистрирано рендерите. Она што е интересно е тоа што овој проект не е опфатен со Скопје 2014 а очигледно веќе подолго време се подготвувал.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 23-Jun-2011 at 16:09
Значи да очекуваме за брзо време оградување на тој простор таму и почеток на работите.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Bojanix
Date Posted: 23-Jun-2011 at 17:58
Споменикот најверојатно ќе биде висок 29 метри заедно со скулптурата и постаментот. Сега гледам и МТВ ја објавиле оваа вест во која спомнуваат дека Филип ќе биде висок 13 метри, што значи постаментот ќе биде висок 16 метри и за еден метар повисок од тој на Александар, што е многу логично ако се земе во предвид дека под главната скулптура на Филип останатите скулптури ќе бидат распоредени на две нивоа. Инаку и според некои неофицијални информации можно е да се реновира и Министерството за транспорт и врски пред кое ќе биде лоциран Филип, при што најверојатно ќе се интервенира и кај фасадата и плус ќе се дигнат нови два спрата, ме интересира само дали ќе ја чепкаат зградата на Ибни Пајко ако се знае дека е прогласена за културно наследство или ќе ја остават така.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 23-Jun-2011 at 18:21

16 метри постамент? Многу голема висина е тоа... Тоа значи ќе биде повисоко и од моменталнава фонтана со споменик на плоштад ...


Posted By: Bojanix
Date Posted: 23-Jun-2011 at 18:30
На Александар споменикот колкав е постаментот? И да според информациите што ги добив би требало да е повисок, сепак е се тоа неофицијално така да можно е да се работи и за грешка.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 23-Jun-2011 at 19:14
На Ацко е 15м постаментот, а бронзата е 13м


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Jun-2011 at 19:33
луѓе, не верувајте на шпекулации, барем форумов има искуствои со „новинари“ и вадење димензии од ракав, испомешани лончиња и никаков речникплус кажуваат дека е неофицијално, па така да, има време додека да се расчистиме со димензии... и со Александар беше вака
инаку, претпоставувам дека се мисли споменикот во целост со постаментот и фонтаната дека е 13 метри, а не скулптурата на Филип, а и не знам како стана правило постаментот да биде повисок од скулптурата, нема врска тоа, не тресете зелени, барем засега, додека немаме факти...

инаку, продолжува да ме иритира фактот што некој ко за иунает си прави манџа од споменици и композиции кои немаат никаква смисла, не знам која е целта на сето тоа
значи имаме споменици на Карпош, на просветителите, на мајки и деца и како капаче Филип во простор од маалска уличка и нешто што не е ни доволно големо да биде наречено плоштад, а во сета таа збрка се уфрлува и камениот мост од река директно вкопан во плоштадот


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 23-Jun-2011 at 19:40
За Ацко добивме информација од членот кој работел на фонтаната. Така да информацијата е точна.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Jun-2011 at 19:46
Originally posted by FoSsiL

За Ацко добивме информација од членот кој работел на фонтаната. Така да информацијата е точна.
не не, зборев за сите претходни шпекулации пред да се изгради споменикот, ако се сеќаваш, како да имаше натпревар во димензионирање на споменикот


Posted By: alexgizh
Date Posted: 23-Jun-2011 at 21:52
Originally posted by Bojanix

Споменикот најверојатно ќе биде висок 29 метри заедно со скулптурата и постаментот. Сега гледам и МТВ ја објавиле оваа вест во која спомнуваат дека Филип ќе биде висок 13 метри, што значи постаментот ќе биде висок 16 метри и за еден метар повисок од тој на Александар, што е многу логично ако се земе во предвид дека под главната скулптура на Филип останатите скулптури ќе бидат распоредени на две нивоа. Инаку и според некои неофицијални информации можно е да се реновира и Министерството за транспорт и врски пред кое ќе биде лоциран Филип, при што најверојатно ќе се интервенира и кај фасадата и плус ќе се дигнат нови два спрата, ме интересира само дали ќе ја чепкаат зградата на Ибни Пајко ако се знае дека е прогласена за културно наследство или ќе ја остават така.


За зградата на Министерството за Транспорт и Врски од месечината се гледа дека ќе и ја менуваат фасадата. Нема шанса да ја остават ваква, не им одговара „идеолошки“. А впрочем и сега зградата има некои столбови кружни доле, може многу лесно да ја ре-фасадираат. За доградбата незнам, не сум сигурен дали сега е иста висината со Ибни Пајко. А Ибни Пајко нема никаква потреба да се менува, пред неколку години ја реставрираа фасадата и сега е сосем пристојна.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Jun-2011 at 22:40
а зошто да се менува фасадата на министерството, не ми е јасно како и со многу други фасади, ама како што кажа alexgizh најверојатно не им се совпаѓа со идеологијата Dump


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 23-Jun-2011 at 22:54
Originally posted by zabegan

а зошто да се менува фасадата на министерството, не ми е јасно како и со многу други фасади, ама како што кажа alexgizh најверојатно не им се совпаѓа со идеологијата Dump



А што има врска ако ја сменат фасадата ?

Фасадата на Министерството за Транспорт и Врски е топ 10 најгрди фасади во свет, мислам што ли размислувал архитектот кога ја правел, не знам воопшто дали тие испусти-елементи што ги вадел пред прозорите имаат некаква функција ?

Сеедно фасадите од неокласиката, барокот се факт "потешки" по својата вредност, покомплексни по својата изработка и замисла и што е најважно поубаво делуваат и го разубавуваат просторот одколу тие правени во тој раниот модернизам или попознат кај нас како -комунизам архитектура- од што е унаказено Скопјево со бројни примери.

И да, не ми е јасно Ибни Пајко какво наследство е или што и да е, па е заштитена, не знам за внатрешната функционалност на објектот, но однадвор кога ќе ја видам, поготово деталот со буквите, ми се повраќа искрено

Дури министерството не би го чепкал, ама Ибни Пајко дефинитивно е утка во фасадата, немора да е во барок, може и модерно да си остане но би ја сменил. Мое мислење.

--

Околу фонтаната, мене бар вака во основа ми се допаѓа, композицијата се разделува на две еднакви пешачки патеки кои патем се нешто пошироки и од Камени мост, тоа значи доволен широк простор за проток на луѓе од двете страни, движењето е флуидно овозможувајќи истовремено набљудување на фонтаната покрај, за подоцна да спојат двете патеки во една и понатаму кон чаршијата. Сега не знам со висините, малце тоа 16 метри постамент во тој простор како би изгледало...но да не шпекулирам ...


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Jun-2011 at 00:06
ама сеуште не ми е јасно што толку ви сметаат посебни објекти во градови мора по секоја цена да има се лупне фасада... фактот што на тебе или одредена група ви бил некој објект грд не значи дека е најлошиот објект на светот ци дека треба да му се менува фасада, јас мислам дека сме единствена нација која е решена дека класичните стилови се единствените кои нешто вредат и дека се друго е шунд... дај оладете малку и поштедете ги фасадиве, зарем не можете да ги оставите на раат да си постојат без да ги реметите со ставови за тоа што било култура и уметност, како што се однесуваат цивилизирано и во други градови каде постојат разновидни фасади, мешѓу кои и „комуњарски“
и впрочем што е тука целта, зградата да глуми дека е изградена во 18-ти век наместо оригиналното потекло од пеесетите и дека кај нас не постоело ни турско, ни југославија??? по патетично и позабегано нешто од тоа немам слушнато...
не намеравам да држам лекции за фасадите на објектите, и на мене многу објекти не ми се допаѓаат па не инсистирам на нивна промена, прекинете да ги силувате објектите со лични вкусови

фонтаната далеку од тоа дека одговара на просторот, тоа што ја држи формата на улицата не значи дека одговара на условите, на тој простор треба да се развие проток од пешаци многу поголем од сегашниот, а дури во моментов протокот е голем... но ако ништо друго, барем во право си за тоа дека движењето е флуидно и барем теши тоа што немаме целосно затварање на улици ко што е црквата на плоштад на пример


Posted By: Bojanix
Date Posted: 24-Jun-2011 at 00:10
За споменикот се сложувам, толкаво здание не знам на кој начин би одговарало да стои на една релативно тесна уличка која води кон старата чаршија. Додека за министерството, проектот најверојатно е готов и претпоставувам дека со отпочнувањето на работата кај фонтаните би запчнала и реконструкцијата на фасадата и надградбата на самата зграда.


Posted By: Bojanix
Date Posted: 24-Jun-2011 at 00:38
Originally posted by zabegan

ама сеуште не ми е јасно што толку ви сметаат посебни објекти во градови мора по секоја цена да има се лупне фасада... фактот што на тебе или одредена група ви бил некој објект грд не значи дека е најлошиот објект на светот ци дека треба да му се менува фасада, јас мислам дека сме единствена нација која е решена дека класичните стилови се единствените кои нешто вредат и дека се друго е шунд... дај оладете малку и поштедете ги фасадиве, зарем не можете да ги оставите на раат да си постојат без да ги реметите со ставови за тоа што било култура и уметност, како што се однесуваат цивилизирано и во други градови каде постојат разновидни фасади, мешѓу кои и „комуњарски“и впрочем што е тука целта,зградата да глуми дека е изградена во 18-ти век наместо оригиналното потекло од пеесетите и дека кај нас не постоело ни турско, ни југославија??? по патетично и позабегано нешто од тоа немам слушнато...не намеравам да држам лекции за фасадите на објектите, и на мене многу објекти не ми се допаѓаат па не инсистирам на нивна промена, прекинете да ги силувате објектите со лични вкусовифонтаната далеку од тоа дека одговара на просторот, тоа што ја држи формата на улицата не значи дека одговара на условите, на тој простор треба да се развие проток од пешаци многу поголем од сегашниот, а дури во моментов протокот е голем... но ако ништо друго, барем во право си за тоа дека движењето е флуидно и барем теши тоа што немаме целосно затварање на улици ко што е црквата на плоштад на пример


Можеби ова не е по темава, ниту пак јас имам некаква допирна точка со архитектура, но ме интересира лично. Кога веќе почнавме да говориме за стилови, доколку би ти се укажала шанса да влијаеш на ликот на Скопје и располагаш со соодветни средства кои би можеле да се искористат за таа намена. Дали ти би срушил некои круцијални обијекти од градов кои лично тебе не ти се допаѓаат и би изградил сосема нови на нивно место кои би соодветствувале со временскиот период во кој живееме, од каде што нормално би ја црпеле својата оригиналност или пак не би сменил ништо?


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Jun-2011 at 00:38
ќе ми објасни некој што ви смета кај објектов без да забегуваме со култури и комунизам??? што е проблемот со стилот и со изгледот на објектот? (да да, и мене не ми се допаѓа на изглед, но тоа не е поентата која се бара тука Crazy)






Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 24-Jun-2011 at 07:47
Originally posted by zabegan

ама сеуште не ми е јасно што толку ви сметаат посебни објекти во градови мора по секоја цена да има се лупне фасада... фактот што на тебе или одредена група ви бил некој објект грд не значи дека е најлошиот објект на светот ци дека треба да му се менува фасада, јас мислам дека сме единствена нација која е решена дека класичните стилови се единствените кои нешто вредат и дека се друго е шунд... дај оладете малку и поштедете ги фасадиве, зарем не можете да ги оставите на раат да си постојат без да ги реметите со ставови за тоа што било култура и уметност, како што се однесуваат цивилизирано и во други градови каде постојат разновидни фасади, мешѓу кои и „комуњарски“и впрочем што е тука целта, зградата да глуми дека е изградена во 18-ти век наместо оригиналното потекло од пеесетите и дека кај нас не постоело ни турско, ни југославија??? по патетично и позабегано нешто од тоа немам слушнато...не намеравам да држам лекции за фасадите на објектите, и на мене многу објекти не ми се допаѓаат па не инсистирам на нивна промена, прекинете да ги силувате објектите со лични вкусовифонтаната далеку од тоа дека одговара на просторот, тоа што ја држи формата на улицата не значи дека одговара на условите, на тој простор треба да се развие проток од пешаци многу поголем од сегашниот, а дури во моментов протокот е голем... но ако ништо друго, барем во право си за тоа дека движењето е флуидно и барем теши тоа што немаме целосно затварање на улици ко што е црквата на плоштад на пример


Не, туку да се смени грдата слика која е карактеристична за градови како Скопје, Сараево, Белград во мал процент и други (и тоа другиве немаат таква слика во самиот центар). Не се менува цело Скопје фасадите кои се градени во централното подрачје а очигледно немало некое посебно внимание да изгледаат убаво и да го разубавуваат просторот. Инаку јас тоа не го чувствувам како обид да се каже дека тука биле градени објекти од 18 век него едноставно да се разубави визуелно прсторот, а алатка што се употребувала за тоа се орнаментика и други естетски елементи и финеси кои даваат карактеристична отменост на композицијата. И не значи дека ако нешто е грдо или во најмала рака просечна архитектура-фасада, дека не смее да се пипа и мора да остане така од респект према авторот. Чим он не дал доволно од себе да нешто изгледа во најмала рака поубаво од вообичаеното во самиот центар тогаш логично е други да мислат и да променат некои работи.

Сеедно, дури и да не се менуваат фасадите во тие стилови, да се корегираат во модерен стил, со вистински бои, почисти површини, фини прозори и други детали кои би придонеле за разубавување мене би ми се допаднало.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 24-Jun-2011 at 08:06
Инаку на минситерствово за транспорт, единствено нешто што ми се допаѓа е вовлекувањето на приземјето со што се добиваат видливи слободностоечки столбови со трем (иако и тоа не ми се допаѓа како е изведено, приземјето треба да е уште вовлечено навнатре, како авторот да се двооумел, да извлечам - да не, и на крај направил некое несигурно површно извлекување кое не знаеш дали треба да служат столбовите да ги носат катовите над приземјето или само се ставени да ја држат настрешницата на објектот), над приземјето зградава ме асоцира на: болница, затвор, евентуално касарна на ЈНА. Тоа е мое мислење, можеби некој не би се сложил.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 24-Jun-2011 at 08:59
Originally posted by HugoGoulding

Инаку на минситерствово за транспорт, единствено нешто што ми се допаѓа е вовлекувањето на приземјето со што се добиваат видливи слободностоечки столбови со трем (иако и тоа не ми се допаѓа како е изведено, приземјето треба да е уште вовлечено навнатре, како авторот да се двооумел, да извлечам - да не, и на крај направил некое несигурно површно извлекување кое не знаеш дали треба да служат столбовите да ги носат катовите над приземјето или само се ставени да ја држат настрешницата на објектот), над приземјето зградава ме асоцира на: болница, затвор, евентуално касарна на ЈНА. Тоа е мое мислење, можеби некој не би се сложил.


Мене токму на државна болница (сега се вика градска, нели?) ме асоцираат тие издадените елементи на фасадата. Колку што можам да приметам, баш истите се.

Туку, може ли некој со сигурност да ми каже дали оваа зграда е пониска од Ибни Пајко? Ако е така, тогаш поддржувам надградба.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: stratus
Date Posted: 24-Jun-2011 at 10:41
Пониска е за два ката


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 24-Jun-2011 at 11:06
Originally posted by alexgizh


Мене токму на државна болница (сега се вика градска, нели?) ме асоцираат тие издадените елементи на фасадата. Колку што можам да приметам, баш истите се.Туку, може ли некој со сигурност да ми каже дали оваа зграда е пониска од Ибни Пајко? Ако е така, тогаш поддржувам надградба.


Да не мислиш на воена болница?


Posted By: OCB
Date Posted: 24-Jun-2011 at 11:26
Можеле барем малку да ја едитираат сликата која ја преземале од форумов

Два­е­сет и пет­ме­тар­ски Фи­лип се лее во Ка­ла­бри­ја



Спо­ме­ни­кот кој се оче­ку­ва да би­де по­го­лем од оној на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски и тре­ба да би­де по­ста­вен на пло­шта­дот „Кар­по­шо­во во­ста­ние”, на ле­ва­та стра­на од Ка­ме­ни мост, по­ме­ѓу цр­ква­та „Све­ти Ди­ми­триј” и Ми­ни­стерс­тво­то за транс­порт и вр­ски, е во фа­за на ле­е­ње, доз­на­ва­ме од оп­шти­на Цен­тар.

Скулп­ту­ра­та ко­ја не­о­фи­ци­јал­но ќе го прет­ста­ву­ва Фи­лип Вто­ри во сто­еч­ка по­лож­ба, ќе би­де по­ста­ве­на на фон­та­на во об­лик на сол­за и под не­го ќе има вој­ни­ци од фа­лан­га­та и фи­ло­зо­фи.

Спо­ме­ни­кот е но­сеч­ки­от еле­мент на це­ли­от комп­лекс кој се со­стои и од уште три фон­та­ни.

Две од нив ќе би­дат по­ста­ве­ни во не­по­сред­на бли­зи­на на спо­ме­ни­ци­те на Св. Кли­мент и На­ум и Св. Ки­рил и Ме­то­диј и на се­ко­ја од нив ќе би­дат прет­ста­ве­ни по че­ти­ри ко­њи.

На не­кол­ку ме­три од Ка­ме­ни­от мост ќе би­де по­ста­ве­на уште ед­на фон­та­на во об­лик на сол­за на ко­ја ќе би­дат прет­ста­ве­ни мај­ки со де­ца.

Се прет­по­ста­ву­ва де­ка спо­ме­ни­кот на Фи­лип Вто­ри за­ед­но со по­ста­мен­тот ќе би­де за око­лу два или три ме­три по­ви­сок од оној на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски по­ста­вен на пло­шта­дот „Ма­ке­до­ни­ја”.

Во­и­нот, од­нос­но Фи­лип Вто­ри ќе би­де из­ле­ан во брон­за во ита­ли­јан­ска­та ле­ар­ни­ца „Фон­де­ри­ја ар­ти­сти­ка Гу­а­сти­ни”. Во до­го­во­рот склу­чен со ле­ар­ни­ца­та, об­ја­вен на ин­тер­нет-стра­ни­ца­та на Би­ро­то за јав­ни на­ба­вки на­ве­де­но е де­ка тре­ба да се из­лее скулп­ту­ра на во­ин, но не­ма по­кон­крет­ни ин­фор­ма­ции во од­нос на иден­ти­те­тот на лич­но­ста прет­ста­ве­на на спо­ме­ни­кот.

Име­то на авто­рот на „во­ин со при­друж­ни еле­мен­ти и че­ти­ри фон­та­ни” не е офи­ци­јал­но поз­на­то, но се прет­по­ста­ву­ва де­ка и овој пат ста­ну­ва збор за Ва­лен­ти­на Сте­фа­нов­ска, автор­ка­та на спо­ме­ни­кот на Але­ксан­дар по­ста­вен на пло­шта­дот Ма­ке­до­ни­ја.

Од­лу­ка­та за по­ста­ву­ва­ње на „во­ин со при­друж­ни еле­мен­ти и че­ти­ри фон­та­ни” е до­не­се­на од оп­шти­на Цен­тар во 2008 го­ди­на, а не­о­фи­ци­јал­но доз­на­ва­ме де­ка таа стиг­на­ла на ин­ци­ја­ти­ва на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра за из­град­ба на спо­ме­ник на Фи­лип Вто­ри.

Спо­ред то­гаш­на­та од­лу­ка автор­ски­от до­го­вор из­не­су­ва 92.000.000 де­на­ри (око­лу 1.5 ми­ли­о­ни евра), од кои 30 ми­ли­о­ни де­на­ри (500.000 евра) по­кри­ва оп­шти­на Цен­тар. Од СДСМ из­ја­ви­ја де­ка спо­ред нив­ни­те ин­фор­ма­ции за ли­е­ње­то се да­де­ни 182 ми­ли­о­ни де­на­ри (око­лу 3 ми­ли­о­ни евра), а су­ма­та со автор­ски­от хо­но­рар се оче­ку­ва да до­стиг­не 4-5 ми­ли­о­ни евра.

Гра­до­на­чал­ни­кот на оп­шти­на Цен­тар, Вла­ди­мир То­до­ро­виќ, во де­кем­ври ми­на­та­та го­ди­на за „Вре­ме” не ги одре­че, но ни­ту ги по­твр­ди ин­фор­ма­ци­и­те де­ка ста­ну­ва збор за спо­ме­ник на Фи­лип Вто­ри, и до­да­де де­ка не мо­же да би­де си­гу­рен да­ли спо­ме­ни­кот по по­ста­ву­ва­ње­то ќе на­ли­ку­ва на та­тко­то на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски.

http://www.plusinfo.mk/vest/5992/Dvaeset-i-petmetarski-Filip-se-lee-vo-Kalabrija


Posted By: alexgizh
Date Posted: 24-Jun-2011 at 12:11
Originally posted by mirakuliks

Originally posted by alexgizh


Мене токму на државна болница (сега се вика градска, нели?) ме асоцираат тие издадените елементи на фасадата. Колку што можам да приметам, баш истите се.Туку, може ли некој со сигурност да ми каже дали оваа зграда е пониска од Ибни Пајко? Ако е така, тогаш поддржувам надградба.


Да не мислиш на воена болница?


Тоа де, ги испомешав сите Сабајлечки беше, нерасонет...


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Jun-2011 at 17:20
Originally posted by HugoGoulding

Originally posted by zabegan

ама сеуште не ми е јасно што толку ви сметаат посебни објекти во градови мора по секоја цена да има се лупне фасада... фактот што на тебе или одредена група ви бил некој објект грд не значи дека е најлошиот објект на светот ци дека треба да му се менува фасада, јас мислам дека сме единствена нација која е решена дека класичните стилови се единствените кои нешто вредат и дека се друго е шунд... дај оладете малку и поштедете ги фасадиве, зарем не можете да ги оставите на раат да си постојат без да ги реметите со ставови за тоа што било култура и уметност, како што се однесуваат цивилизирано и во други градови каде постојат разновидни фасади, мешѓу кои и „комуњарски“и впрочем што е тука целта, зградата да глуми дека е изградена во 18-ти век наместо оригиналното потекло од пеесетите и дека кај нас не постоело ни турско, ни југославија??? по патетично и позабегано нешто од тоа немам слушнато...не намеравам да држам лекции за фасадите на објектите, и на мене многу објекти не ми се допаѓаат па не инсистирам на нивна промена, прекинете да ги силувате објектите со лични вкусовифонтаната далеку од тоа дека одговара на просторот, тоа што ја држи формата на улицата не значи дека одговара на условите, на тој простор треба да се развие проток од пешаци многу поголем од сегашниот, а дури во моментов протокот е голем... но ако ништо друго, барем во право си за тоа дека движењето е флуидно и барем теши тоа што немаме целосно затварање на улици ко што е црквата на плоштад на пример


Не, туку да се смени грдата слика која е карактеристична за градови како Скопје, Сараево, Белград во мал процент и други (и тоа другиве немаат таква слика во самиот центар). Не се менува цело Скопје фасадите кои се градени во централното подрачје а очигледно немало некое посебно внимание да изгледаат убаво и да го разубавуваат просторот. Инаку јас тоа не го чувствувам како обид да се каже дека тука биле градени објекти од 18 век него едноставно да се разубави визуелно прсторот, а алатка што се употребувала за тоа се орнаментика и други естетски елементи и финеси кои даваат карактеристична отменост на композицијата. И не значи дека ако нешто е грдо или во најмала рака просечна архитектура-фасада, дека не смее да се пипа и мора да остане така од респект према авторот. Чим он не дал доволно од себе да нешто изгледа во најмала рака поубаво од вообичаеното во самиот центар тогаш логично е други да мислат и да променат некои работи.

Сеедно, дури и да не се менуваат фасадите во тие стилови, да се корегираат во модерен стил, со вистински бои, почисти површини, фини прозори и други детали кои би придонеле за разубавување мене би ми се допаднало.
ова е веќе нешто друго, секогаш е добредојдено освежување и промена на објектите
тоа што ме иритира е што се инсистира на „лепотанскиве“ стилови... инаку не сум против промена на објектите... но најчесто се залагам за тоа секој постоечки објект да си го задржи својот изглед, изгледот му ја покажува историјата
 сепак сметам дека треба да се внимава на тоа стилот кој ќе се искористи при промената да биде добро одбран и зградата да не изгуби многу од својот оригинален изглед... значи да се има осет, а не да се забегува
не знам колку да се грди објективе и не знам колку да ти се допаѓа некој стар стил, не е хумано на таков начин да се однесуваме со секоја фасада во градов и да наметнуваме свои разбирања за убавина врз сите објекти
инаку, ако играме асоцијации, зградава може единствено да ме асоцира на судот недалеку од оваа локација поради скоро идентичниот дизајн, а визуелниот ефект кој го постигнува кај мене е истиот ефект како Уставниот суд на пример... поентата е во тоа што зградата има озбилен, строг и чист изглед, и затоа најчесто вакви фасади се бирани за болници, научни институти па и административни објекти од политиката, така да, лично немам проблем  со овој објект посебно, само реновација, одржување и мали промени во деталите му се потребни, ништо друго


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Jun-2011 at 17:23
офтопик:
ќе биде ли логично темава да се смени во „Плоштад Карпошово востание“?


Posted By: lupo
Date Posted: 25-Jun-2011 at 14:28
Moze nekoj da napravi 3d so ostanatite zgradi segasni i planirani i da se napravi sporedba vo visina i prostor?

-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: Шпер
Date Posted: 25-Jun-2011 at 15:28
Ова според мене е тотално непотребно....

А и вчера даваа на МТВ на вестите, проектот сигурно ќе се реализира...


-------------


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Jul-2011 at 23:34
се спрема почеток на градба на плоштадот карпошово востание:




http://www.plusinfo.mk/vest/7138/Ploshtadot-se-podgotvuva-za-prechek-na-Filip-Vtori - http://www.plusinfo.mk/vest/7138/Ploshtadot-se-podgotvuva-za-prechek-na-Filip-Vtori



Ограден е просторот помеѓу Министерството за транспорт и врски и црквата Св. Димитриј каде што се планира поставување на фонтана со споменикот на Филип Втори кој ќе биде повисок за неколку метри од оној на Александар Македонски - неодамна поставен на плоштадот „Македонија“.

Од Општина Центар изјавија дека во моментов се прават подготвителни работи за изградба на плоштадот „Карпошово востание“, за што е ангажирана фирмата „Бетон“.

Работниците не информираа дека просторот се подготвува за поставување фонтана која треба да биде готова за околу два месеца.

Фонтаната во облик на солза на која ќе се издигне споменикот на Филип Втори е носечкиот елемент на целиот комплекс составен од уште три фонтани кои треба да се постават на просторот помеѓу Камениот мост, Министерството за транспорт и врски и црквата „Св. Димитрија“.

Во непосредна близина на спомениците на Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум ќе има уште две фонтани на кои ќе бидат поставени скулптури на мајки со деца, а веднаш до Камениот мост се планира фонтана со четири коњи.




Posted By: BOJAN
Date Posted: 06-Jul-2011 at 00:08
Во интервјуто за Дневникот на МТВ Валентина Стефановска вели дека споменикот ќе биде висок вкупно 28 метри со постаментот, мислам дека треба го погледнете видеото: http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/19205/ekskluzivno_za_mtv_-_avtorkata_na_'voinot_na_konj'_go_ovori_ateljeto.aspx %20 -


Posted By: OCB
Date Posted: 06-Jul-2011 at 01:23

Еден од спомениците кои ќе бидат поставени на плоштадот.





Posted By: macedonia
Date Posted: 06-Jul-2011 at 03:15
I like the idea of the fountains but I don't understand the reasoning behind the statues, if it is indeed true.


Posted By: ebivetre
Date Posted: 06-Jul-2011 at 10:14
Originally posted by Dave Gahan

Originally posted by zabegan

спомеников на Филип лоциран меѓу плоштад Карпошово востание и старата чаршија е уште еден нелогичен идиотизам во поставувањето споменици... значи осет да се немало за целина, композиција, и идеја и значење позади истите Suicide


Zabegan, од А-Ш стојам позади ова....

...и немаше да пишувам сега воопшто, ама посебно ме провоцираат неколку форумски членови што така опасно го дрват со квази-историја деновиве, да ни отекоа до колена (си знаат што)...или пишувајте за скулптурите, плоштадите, светилките, кантите за ѓубре - што сакате од овој карактер или не пишувајте ништо - доста ни е и за коњаникот на коњ и за коњаникот без коњ и за татко му и за коњите што им текна волку коњи да гледаме, отрувте со вангелштајн-историја...знаеме и кој се и што се и зошто не се викаат како што треба...аман веќе!



Ne da te nerviram, ama ne mozam da odoleam -

Imeto na spomenikov da ne treba da bide -

"TATKO MU NA VOINOT NA KONJ"




NE mi e jasno sto se glupiraat so iminjava?

Ako poentata e da se podignat nacionalnite cuvstva so grandiozni i monumentalni spomenici od po 30tina metra, togas neka odat do kraj so toa! Ne preku zadna vrata za nekoj da ne ni se naljuti...



Posted By: spaceman091
Date Posted: 06-Jul-2011 at 10:21
Originally posted by gjoko


Ограден е просторот помеѓу Министерството за транспорт и врски и црквата Св. Димитриј каде
што се планира поставување на фонтана со споменикот на Филип Втори кој
ќе биде повисок за неколку метри од оној на Александар Македонски -
неодамна поставен на плоштадот „Македонија“




povisok od aleksandar makedonski ?   


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 06-Jul-2011 at 12:11
Originally posted by macedonia

I like the idea of the fountains but I don't understand the reasoning behind the statues, if it is indeed true.


Well to be honest I think it's kind of a balance.

Through history, Macedonia has had a strong following of female deities (the Great Mother, to mention one) and the same has filtered down through Christianity (account for the widespread respect shown for the Virgin Mary). This said, it is certain that women play a vital role in Macedonian society but they have recently not been honored by one single monument (someone can correct me if I'm wrong).

On the account of the above, I can only speculate that the statues will be in place to honor all the Macedonian mothers of past that endured historical hardships and gave birth to what has come to be a long lineage of great sons. Also it will serve as a testament noting that it's these mothers that ultimately give birth to great sons and daughters.

That's my 2 cents.

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 06-Jul-2011 at 13:29
Мое мислење е дека Валентина /фаворизирана или не/ одлично го има изделкано вајарскиот занает.
Тоа го покажуваат нејзините дела.
Последнава  Мајка со Дете е за респект, не само поради одлично сработените детали, кои веќе стануваат нејзино обележје, туку и во способноста на оживување на истите.
Ете во секое зло и по некое добро.
Од убава уметност глава не боли.
Не сакам во ваков контекст да го спомнувам чинењето, тоа ке остане на судот на народот.
 
 


-------------
.....   .......


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 06-Jul-2011 at 13:40
Мајката и детето можеби се Олимпија и Александар


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 06-Jul-2011 at 14:25
Добра е мајкава у секој случај   


Posted By: fichot
Date Posted: 06-Jul-2011 at 16:01
milf

-------------


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 06-Jul-2011 at 17:22
Изгледа некоj не чита активно,само неколку саати после обjавуването на сликите овде излезе стaтиjа,дури и коментарот на Fresno го ставиле за наслов
И Олимпија со Александар на плоштадот Карпошово востание

На една од фонтаните, дел од плоштадот Карпошово востание, лоциран на просторот помеѓу Камениот мост, Министерството за транспорт и врски и црквата „Св. Димитрија“ ќе биде поставена скулптура која ќе ја претставува Олимпија, мајката на Александар Македонски со нејзиниот син во раце, дознаваме неофицијално.

Фонтани на кои ќе бидат претставени скулптури со мајки со деца ќе бидат поставени на левата и десната страна од Камениот мост , во непосредна близина на спомениците на Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум.

Веднаш до Камениот мост се планира поставување на уште една фоната на која ќе имачетири бронзени коњи.

Фонтаните се дел од комплексот чиј носечки елемент е споменкот на Филип Втори, за кој се претпоставува дека за два до три метри ќе ја надмине висината на неодамна поставениот споменик на Александар Македонски на плоштадот Македонија.

Име­то на авто­рот на комплексот со наслов „Во­ин со при­друж­ни еле­мен­ти и че­ти­ри фон­та­ни” не е офи­ци­јал­но поз­на­то, но се прет­по­ста­ву­ва де­ка и овој пат ста­ну­ва збор за Ва­лен­ти­на Сте­фа­нов­ска, автор­ка­та на спо­ме­ни­кот на Але­ксан­дар Македонски.

Скулптурите се изработуваат во ита­ли­јан­ска­та ле­ар­ни­ца „Фон­де­ри­ја ар­ти­сти­ка Гу­а­сти­ни” на Калабрија.


http://www.plusinfo.mk/vest/7330/-I-Olimpija-so-Aleksandar-na-ploshtadot-Karposhovo-vostanie - http://www.plusinfo.mk/vest/7330/-I-Olimpija-so-Aleksandar-na-ploshtadot-Karposhovo-vostanie

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Superman
Date Posted: 06-Jul-2011 at 17:37
13 метарски Филип II Македонски вгодина на обновеното “Карпошево востание”

Никола Крстиќ

На местото на правливата калдрма и неуредниот паркинг нов комплекс со споменици и фонтани. Почна да се преуредува Карпошево востание, просторот меѓу Министерството за транспорт и врски и црквата Свети Димитрија кој досега беше плоштад само на хартија. Крајно време беше влезот во Старата чаршија да добие нов лик, велат граѓаните.

-Мислам дека треба да се заокружи, не може овде да остане така, влез во Чаршија е.
-Се што се гради, се е убаво, останува за век и веков.
-Многу убаво е, прекрасно е” - велат граѓаните.

Идејното решение за комплексот е на Валентина Стевановска, скулпторката која го изработи Воинот на коњ. Централно место ќе зазема фонтаната-постамент во облик на солза висока 15 метри на која ќе биде поставен 13 метарски споменик, официјално именуван само како Воин, за кој во јавноста се шпкулира дека ќе го претставува Филип II Македонски. Пред веќе поставените паметници на просветителите ќе има два водоскока со скулптури на коњи, а на четвртиот водоскок ќе бидат поставени скулптури на мајки со деца. Ова е глинениот модел во конечна големина на една нив. Ексклузивно за МТВ авторката ги отвори вратите на ателјето и проговори за нејзиниот нов голем проект.

“Ова е една од фигурите што ќе биде поставена од другата страна на мостот односно на Карпошево Востание, таму ќе биде поставен воинот, ќе има повеќе придружни фигури, ќе има фонтана една со плус други помали три кои ќе претставуваат една целина. Има повеќе придружни фигури, има повеќе релјефи, има војници, коњи, лавови” вели Валентина Каранфилова – Стевановска, академски скулптор (02 07 2011).

Изградбата на комплексот му е доверена на “Бетон” кој доби на меѓународниот тендер на Општина Центар. Според работниците кои ги затекнавме грубите градежни работи ќе завршат за околу два месеца,

-Што ќе се гради овде?
-Споменик.
-До кога треба да биде готов?
-Не знам.
-А чиј споменик?
-На Филип Македонски - вели еден од враобтените на градилиштето.

Сепак, поставувањето на спомениците веројатно ќе почека до наредното лето бидејќи се уште се прават во италијанската леарница „Фон­де­ри­ја ар­ти­сти­ка Гу­а­сти­ни”. Механизмот на фонтаните го изработува “Делта” истата италијанска фирма задолжена и за фонтаната на Плоштадот Македонија.

Според деталниот урбанистички план, предвидена е и изградба на подземен паркинг и подземна сервисна улица. Кога плоштадот ќе биде оформен на него ќе излегува и музејскиот комплекс “Македонска борба” чијашто изградба е при крај, предната фасада е веќе готова, а отворањето најверојатно ќе биде на Илинден.

http://mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/19573/13_metarski_filip_ii_makedonski_vgodina_na_obnovenoto_%93karposhevo_vostanie%94.aspx - http://mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/19573/13_metarski_filip_ii_makedonski_vgodina_na_obnovenoto_%93karposhevo_vostanie%94.aspx

-------------
The One Whose Name Cannot Be Spoken...


Posted By: kultuzin
Date Posted: 06-Jul-2011 at 20:20
Во текстот на плусинфо има неколку грешки и повеќе шпекулации затоа не би го земал здраво за готово. Во врска со комплексот фонтани и споменици има неколку точки кои навистина незнам како ќе се решат:
Прво фонтаната со Мајка и Дете е поставена централно директно цо средина на мостот и директно пред Филип.
Второ двете фонтани со коњите се директно пред просветителите Св.Кирил и Методиј од едната и Св.Климент и Наум Охридски.
Незнам како ќе се изведе сето тоа а да овозможи сепак доволно простор за пешаците и да не се прекриват спомениците еден со друг.
Верувам дека авторката ги предвидела овие точки и дека самиот плоштад има доволно простор за четирите фонтани плус просветителите.

Она што посебно ми се бендисува кај овој проект е тоа што конечно ќе се одстрани паркингот и ќе се урбанизира овој дел кој го нагрдуваше влезот во чаршијата. Со тоа ќе се добие една целина.

Сепак останува нејасно што ќе се случи со улицата 11-Март со оглед на тоа што на МТВ кажаа дека во плоштадот ќе биде ветнат и музејот на Македонска Борба.



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 06-Jul-2011 at 20:33
underground

Има во ДУП Мал Ринг, прочепкај ќе видиш, а ако сака некој нека постави и слика од делот на плоштадот.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: kultuzin
Date Posted: 06-Jul-2011 at 20:51
Слушнав на крајта од прилогот на МТВ деќа ќе има подземна улица и паркинг. Супер решение. Но ми се отвори друга дилема гледајќи го плоштадот на google earth, како ќе се реши проблемот со симетријата, имајќи предвид дека камениот мост не е во центарот на плоштадот како што е случајот со плоштадот Македонија.
Од друга страна сега ми станува јасно зошто споеникот на Карпош е ставен толку напред веројатно тој ќе претставува влез во плоштадот а плоштадот освен Музејот на Македонската борба ќе се спои и со Уставниот суд и спомениците не Карпош и Димитрија Пулевски. Веројатно добро е разработен овој проект. Единствен пропуст се хидрауличните стубови кои се поставени на влезот на чаршијата за да спречат движење на автомобили , веројатно ќе бидат вишок по завршувањето на проектот.


Posted By: krale
Date Posted: 06-Jul-2011 at 21:09
Originally posted by kultuzin


Второ двете фонтани со коњите се директно пред просветителите Св.Кирил и Методиј од едната и Св.Климент и Наум Охридски.
Незнам како ќе се изведе сето тоа а да овозможи сепак доволно простор за пешаците и да не се прекриват спомениците еден со друг.
Верувам дека авторката ги предвидела овие точки и дека самиот плоштад има доволно простор за четирите фонтани плус просветителите.


Колку што забележав, фонтаните не се ПРЕД статуите на Кирил/Методиј и Климент/Наум, туку се странично од нив.



Posted By: kultuzin
Date Posted: 06-Jul-2011 at 21:13
Во право си.
Останува забелешката дека фонтаните се симетрични а просторот не е во однос на мостот и зградите од десната страна гледајки одкај камениот мост. Имам впечаток дека токму таа десна страна ќе биде залепена за зградите а на левата страна одкај црквата свети Димитрија ќе има многу повеќе простор.


Posted By: antiuser
Date Posted: 06-Jul-2011 at 21:18
Ја сум  ЗА Ск 2014 во најголем дел ..и се тоа..ама уште еден спомени  на Филип 2 и башка  поголем и од Александар ..  само ќе кажам WTF ! Sleepy 


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Jul-2011 at 21:50
ме интересира дали во сета оваа збркасо споменициве, имаат помислено на просторот во целост, како на пример, пешачизирање на целата област, урбани плочници и урбана опрема, состојбата на околните објекти и содржини, вклопеноста на идните објекти на тој простор и т.н.
или за сега споменици имаат само на ум Question Crazy

не ме разбирајте погрешно, ама досега не сме виделе проект за целиот простор, барем приближна претстава за тоа како би требало да биде, а целата област мора да биде испланирана со еден единствен план, па сите проекти да го следат, вака, само се додава еден проект врз друг, и на крај се соочуваме со ред импровизации и со тотална урбана и тематска неповрзаност
плус не ми е јасно зошто се туркаат сите проекти одеднаш, а се работи за индивидуални проекти кои можат да се прават по ред, и онака властите имаат доволно време за тоа, вака се добива хаос во центарот, а и застој во разни изградби


Posted By: Superman
Date Posted: 07-Jul-2011 at 17:38
Филип, Oлимпија и Фонтана на мајките од левата страна на Вардар

Споменикот на Филип Втори што треба да се постави пред Министерството за транспорт и врски во големината нема да заостанува зад неговиот син Александар Македонски – лоциран на скопскиот плоштад. Висок тринаесет метри и со столб од петнаесет метри ќе доминира на влезот во старата чаршија – и во неговото подножје ќе има фонтана, на која ќе бидат претставени жената на Филип Олимпија, заедно со нивниот син Александар, антички војници и лавови. На овој простор ќе има уште две фонтани со коњи – поставени до спомениците на просветителите од двете страни на Камениот мост, и последната фонтана е посветена на мајките. Ќе бидат претставени три мајки со деца и една бремена жена. Детали за проектот објави скулпторката Валентина Стевановска на Македонската телевизија.

Според официјалните договори леењето на бронзениот Филип и скулптурите на мајките и на коњите чинат три милиони евра, а хонорарот на Стевановска е 1.500.000 евра – таа тврди дека голем дел од парите го дала за материјали за изработка на скулптурите.

Скопски „Бетон„ веќе ги почна работите на терен – го огради просторот – четирите фонтани ги гради за 4. 900.000 евра. Целата работа треба да заврши до крајот на 2012 година.

Милка Смилевска

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=38860 - http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=38860

-------------
The One Whose Name Cannot Be Spoken...


Posted By: kultuzin
Date Posted: 07-Jul-2011 at 21:53
Како ги трескат милионите евра од рака алал да им е. Кој како сака си пишува со очигледна политичка тенденција во зависност на која телевизија припаѓа новинарот, но нејсе да не навлегувам во тоа поентата е дека никој не се занимава со суштината на проектот. Јас имав многу прашања и ако не беше БУИЛД со нивниот текст и скица на целиот простор со положбата на фонтаните (http://www.build.mk/?p=8540)сеуште немаше да ми бидат многу прашања одговорени.


Posted By: Baze
Date Posted: 07-Jul-2011 at 22:03

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПЛОШТАДОТ КАРПОШОВО ВОСТАНИЕ

Филип за еден метар ќе го надвиши Александар

Почна да се гради плоштадот Карпошево востание од левата страна на Вардар, замислен како комплекс од четири фонтани со скулптури, меѓу кои ќе доминира фонтана со споменик на Филип Втори Македонски, заедно високи 28 метри. Од завчера екипи на градежното претпријатие „Бетон“ почнаа да го оградуваат просторот меѓу црквата „Свети Димитрија“ и зградата на Министерството за транспорт и да ги вршат подготвителните работи.



Содржината - јавна тајна

Локалната власт информира само дека „Бетон“ треба да ги заврши градежните работи на плоштадот во рок од 18 месеци и дека партерното уредување ќе се изврши со гранитни плочки, и тоа е с`. Иако локацијата е од исклучително значење за градот, од Центар не даваат никакви детали за тоа што точно ќе се гради на местото, како ќе изгледаат фонтаните, како ќе биде претставен споменикот, со каква урбана опрема и содржини ќе се збогати просторот, што и кога ќе се гради од предвидената подземна инфраструктура... Не понудија ниту информација колку чини леењето на скулптурите, а колку изградбата на фонтаните и на плоштадот, кој е автор на идејните решенија, кога биле распишани конкурсите итн. На нашите прашања портпаролот на Општина Центар наместо одговор, ни испрати новинарски прилог со разговор со авторката Валентина Стевановска, кој беше објавен завчера на МТВ.

И покрај затвореноста на надлежните, во јавноста веќе се шират детали за проектот, а на доброинформирани форуми на интернет (www.build.com.mk) се појавија и скици за тоа како ќе изгледаат фонтаните и скулптурите. Две од фонтаните ќе имаат кружна форма и ќе бидат изградени лево и десно од Камениот мост и спомениците на просветителите. На нив ќе има стилизирани скулптури на коњи. Една од фонтаните ќе биде поставена точно пред Камениот мост, а ќе биде украсена со фигури на мајки со деца. Главната фонтана, која ќе се наоѓа пред црквата „Свети Димитрија“, е во форма на солза и од неа ќе се издига постамент висок 15 метри, украсен со скулптури на војници од фалангата и на филозофи. На постаментот ќе биде поставен споменикот на Филип Македонски, претставен во стоечка положба со крената рака, висок 13 метри, што значи дека ќе биде за еден метар повисок од споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија.

Официјалното име на споменикот на Филип е „Воин со придружни елементи“, односно Општината Центар така го нарекува. Автор на целиот комплекс со водоскоците и фигурите е академската скулпторка Валентина Стефановска, која ги изработи и идејните решенија за фонтаната и споменикот на Александар Македонски, односно „Воин на коњ“, портата Македонија и споменикот на Филип Втори кој веќе е поставен на плоштадот во Автокоманда.

Механизмот на фонтаните ќе го изработи италијанската фирма „Делта“, истата што е задолжена и за создавање на водените игри на фонтаната на плоштадот Македонија.



Атрактивна пешачка зона

Одлуката за поставување на споменикот „Воин со придружни елементи“ и четири фонтани е донесена од Советот на Општина Центар во 2008 година, на иницијатива на Министерството за култура, како и за сите споменици што досега беа поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“. Од договорите што лани во декември беа објавени на страницата на Бирото за јавни набавки, познато е дека споменикот на воинот веќе се изработува во италијанската леарница „Фондерија артистика Гуастини“. Лиењето во бронза на сите скулптури за комплексот чини 3 милиони евра, а сосе другите трошоци и авторскиот хонорар цената достигнува 5 милиони евра. Поставувањето на спомениците најверојатно ќе почека до наредното лето.

Според деталниот урбанистички план за Мал ринг, под плоштадот Карпошево востание е предвидена изградба на подземен паркинг за 70 возила. Се очекува паралелно со изградбата на плоштадот да се догради за два ката објектот на Министерството за транспорт и врски и да се направи новата фасада во барок-стил.

Со изградбата на овој плоштад и со новите објекти, како Музејот на холокаустот, Музејот на ВМРО и Стариот театар, ова значајно културно-историско јадро на градот ќе добие достоен лик и заедно со улицата и плоштадот Македонија, Камениот мост и Чаршијата ќе стане дел од атрактивна пешачка зона.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A12D1E98BA8E8242B7E240E9CC7FD5C2 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A12D1E98BA8E8242B7E240E9CC7FD5C2


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 07-Jul-2011 at 22:09
PreviousSe nadevam deka bojanix nema da ima  problemi za objavuvanjeto na planot!
Kolku pati apeliravme do administratorite, nasite apeli zaminaa vo gluvo uvo!


Posted By: kultuzin
Date Posted: 07-Jul-2011 at 23:49
На сликата што ја има на Буилд (http://www.build.mk/?p=8540) гледам до Музејот на Холакаустот маркичка 6.3 која е поделена со некаква улица која во средината има проширување. Ако некој знае да пише за што се работи, моја претпоставка е дека Маркиците се за подземен паркинг.



Print Page | Close Window