Print Page | Close Window

Мостови (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1366
Printed Date: 20-Apr-2024 at 00:24


Topic: Мостови (општо)
Posted By: pbanks
Subject: Мостови (општо)
Date Posted: 03-Feb-2008 at 23:59

ПЕШАЧКИОТ МОСТ КАЈ СТАДИОНОТ ГОДИНАВА НЕМА ДА СЕ ГРАДИ

Градскиот стадион ќе остане без паркинг

Од Општина Центар се надеваат дека северната трибина нема да се изгради до 2009 година и затоа не ја предвиделе изградбата на мостот што треба да го поврзе стадионот со паркиралиштето



Пешачкиот мост преку Вардар, кој треба да го поврзува паркингот што ќе се гради на улицата Лазар Личеноски под Кале и Градскиот стадион, чија северна трибина е во изградба, нема да се гради годинава зашто Општина Центар не го предвидела во програмата за работа. За сметка на тоа, како приоритетна за Општината е изградбата на Мостот на цвеќето, што ќе ги спои Градскиот трговски центар и платото пред Македонската опера и балет.

Изградбата на мостот кај стадионот е од исклучително значење за спортскиот објект, бидејќи според детаљниот урбанистички план, паркирањето за посетителите е предвидено од другата страна на реката, на паркингот што треба да се гради на „Лазар Личеноски“. Доколку Општина Центар не го изгради мостот до 2009 година, до кога е предвидено да се заврши северната трибина, неизвесно е каде ќе паркираат посетителите, оти стадионот ќе биде недостапен од предвиденото место за паркинг.Од Општина Центар велат дека мостот е предвиден во урбанистичката документација, но за оваа година неговата изградба не е предвидена.

- Овој пешачки мост не е предвиден за годинава. За него нема ниту проектна документација, а во нашата Програма за работа во 2008 година како приоритетен е ставен Мостот на цвеќето, што ќе ги спојува ГТЦ со Македонската опера и балет. Се надеваме дека северната трибина нема да биде изградена до 2009 година, па поради тоа и овој мост не е предвиден. За изградбата на трибината, сепак, е потребен подолг временски период. Засега не знаеме ниту колкав ќе биде ниту колку ќе чини мостот кај стадионот - вели Лидија Неделковска, шеф на кабинетот на градоначалничката на Центар, Виолета Аларова.

Директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП), Ивица Коневски, кое ја води изградбата на трибината, не сакаше многу да коментира околу пешачкиот мост.

- Се надевам дека тој мост ќе биде изграден во 2009 година, бидејќи е предвиден во детаљниот план, а за него постојат и локациски услови. Неговата изградба е обврска на општинските власти - вели Коневски.

Додека пешачкиот мост кај стадионот не е ниту под точката разно во плановите на Центар, таму веќе наголемо се изработува проектната документација за Мостот на цвеќето. За изградбата на овој мост, со кој градоначалничката Аларова сака да го одбележи вториот мандат, во општинскиот буџет се предвидени 450 илјади евра. Во изградбата со 70 отсто од потребните пари ќе учествува и Комерцијална банка, која има интерес овој објект што поскоро да се изгради, бидејќи така централата на банката ќе биде подостапна.

За изградбата на Мостот на цвеќето, кој од двете страни ќе биде преполн со цвеќиња, се зборува со години, но тој дури неодамна беше внесен во урбанистичкиот план за локалитетот „Пресвета Богородица“. Мостот кај стадионот, пак, е предвиден во плановите во 2004 година.

Анела Петрова



http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=5CD73D3480B32143859B0FD3350630B1&arc=1



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2008 at 01:46

ГРАД СКОПЈЕ


Санација на 12 мостови


Градските власти ги подготвуваат проектите за санација на мостовите во Скопје. Според надлежните се работи за 12 мостови, од кои 2 се пешачки и десет се за автомобилски сообраќај.

- Градежните зафати што ќе се преземат се однесуваат на неколку фази како што се санација и заштита на конструкцијата и евентуална замена на коловозните површини и тротоарите. Со проектот се планира и нивната илуминација и евентуален простор за рекламирање, вели Аљоша Шопар, раководител на секторот за планирање во Град Скопје. Тој вчера најави и проект за уредување на левата страна од мајор корито на Вардар. Според Шопар, се работи за две локации, од кои едната е спроти кајак клубот каде што се влева Лепенец и втората, е на потегот од Камени мост до МАНУ. На овој дел, како што вели тој, ќе се решава пристапноста како главен проблем, а ќе се внесат и нови содржини во соработка со студентите на архитектонски факултет.

Во дел од проектите што вчера беа најавени е и изградба на околу 5 пешачки надвозници кои би биле типски и исти за сите булевари. Проектот треба да биде готов до крајот на неделата.



http://vecer.com.mk/?ItemID=61C97304B541E34ABF4124F64342B585


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Apr-2008 at 23:47
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8C82019B835AF948B1B39EF06B56D3D9 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8C82019B835AF948B1B39EF06B56D3D9

Градот ќе ги санира оштетените мостови на Вардар

Во текот на следните два месеца повеќе фирми ќе изготват проекти за идните реконструкции

Сања Наумовска

Градот Скопје ќе реконструира 12 моста на Вардар, од кои четири се пешачки. На сите мостови веќе е направена обиколка и е подготвена фотодокументација врз основа на која во текот на следните два месеца повеќе фирми ќе изготват проекти за идните реконструкции. Со проектите, велат во Градот, ќе се знае колку време и финансии ќе бидат потребни за секој мост поединечно, од што ќе зависат и динамиката и редоследот на реконструкциите. Се очекува во почетокот на летото да започне обновата на дел од мостовите кои се во најтешка состојба.

Најголеми оштетувања, според првичните забелешки на стручњаците, имаат постарите мостови, оној кај „Холидеј ин“, кај Народна банка, мостовите „8 Септември“ и „Обединети нации“. Кај сите е регистрирано оштетување на коловозот, тротоарите, оградата и конструкцијата, а во голем дел ќе треба да се менува или дополнува и осветлението. Во план на градските власти е и декоративно осветление, кое на мостовите „Обединети нации“ и „8 Септември“ може да се комбинира и со додавање реклами.

Во подобра состојба се поновите мостови, кај Транспортниот центар, мостот „Близнак“ на булеварот „Србија“ и скоро обновуваните „Гоце Делчев“ и железничкиот мост на „Адолф Циборовски“. Тие ќе се декорираат само со помодерно осветление и реклами, а на „Близнак“ ќе му се менуваат и рабниците на тротоарите.

Што се однесува до четирите пешачки моста на Вардар, „Газела“, мостот кај автополигонот, под Кале и кај Топланата Исток, освен „Газела“, кој е понов и само ќе се осветлува, на сите други им претстои реконструкција на конструкцијата, оградата и осветлението.

„Проектот за реконструкција на мостовите на Вардар е во почетна фаза. Откако е направена обиколка на сите мостови, ќе следува изработка на проекти за секој поединечно. Очекуваме до лето да знаеме од кои мостови ќе започне реконструкцијата“, вели Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам во Град Скопје, нагласувајќи дека во меѓувреме ќе се соработува и со Министерството за внатрешни работи заради обезбедување согласност за работа на мостовите кои се објекти од висок приоритет. Реконструкцијата ќе биде под надзор и на ИЗИИС, институција што има обврска секоја година да ја проверува и следи состојбата во која се наоѓаат мостовите.



Posted By: vardar
Date Posted: 18-Apr-2008 at 00:10
Првпат слушам вакво нешто Question
 

ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ ГИ ПРИВРШУВААТ АНАЛИЗИТЕ ЗА САНАЦИЈА

Скопските мостови ќе добијат козметички третман

Предмет на анализа се 12 моста, на кои ќе бидат обновени коловозите, тротоарите, оградите и осветлението

Мостовите во целиот град ќе се санираат и ќе се проверува нивната безбедност. Не се работи за нивна целосна реконструкција,што подразбира и зацврснување на конструкцијата и на носечките столбови, туку за обнова на некои делови. Ќе се поставува нов коловоз онаму каде што треба, искршените огради ќе се заменат со нови и ќе се поправат пукнатините на тротоарите. Ќе бидат санирани само мостовите во градското подрачје, но не и во неговата околина.

ОБНОВА НА 12   МОСТА
 

Екипи од Градот веќе се на терен и прават детаљни анализи на дванаесетте моста што ќе бидат санирани, по што ќе почнат планираните активности. Од Градот не прецизираа кога тоа ќе се случи, оти за тоа ќе можат да зборуваат по завршувањето на анализите. Не прецизираат ниту колку ќе чини обновата, бидејќи не се завршени проектите.Градоначалникот Трифун Костовски му издаде налог на Секторот за урбанизам да направи проект за санација на сите мостови во Скопје. Со проектот се опфатени 10 сообраќајни и два пешачки моста, а проектната анализа треба да покаже во кој обем тие ќе се санираат. При правењето на анализата стручните екипи ја утврдуваат состојбата на коловозот, тротоарите, оградите, осветлението, илуминацијата и конструкцијата на објектите - велат во одделението за односи со јавноста во Градот. Заедно со мостовите, ќе се врши проверка и обнова на неколку надвозници во Скопје. Во моментов, како што информираа градските власти, се менува оградата на надвозникот „Дијамант“ во населбата Автокоманда.

ДУПКИ И СЛАБИ ОГРАДИ

Скопските мостови со години се во лоша состојба, а тоа многупати досега го потенцираа токму и градските власти. На некои оградата не им е безбедна, други со години се со искршени тротоари, трети се со пукнатини на коловозот. Таков пример е Мостот Гоце Делчев, кој, иако пред пет години беше целосно реконструиран со француска донација, сега има големи пукнатини што будат сомнеж за неговата безбедност. Во најочајна состојба е Мостот Обединети нации во населбата Карпош 4. Пред крајот на мандатот на претходниот градоначалник Ристо Пенов, неговата администрација тврдеше дека Мостот Обединети нации „плаче“ за целосна реконструкција, но дека не можат никако да најдат пари за реализација на таков скап зафат. Еден од мостовите на кои му треба поиздржлива ограда е Мостот Слобода кај хотелот „Холидеј ин“, каде што често се случуваат сообраќајни несреќи.Обновата на мостовите и на надвозниците е дел од Акцискиот план на градоначалникот Костовски за годинава, најавен пред два месеца.

Јорданка Ивановска
Фото: Маја Златевска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B2ED2684FCD708438778008D674E0894 - Dnevnik
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Apr-2008 at 00:35
Originally posted by vardar

Првпат слушам вакво нешто Question
 

 
Види само малку погоре Bash Big%20smile


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Apr-2008 at 00:42
Suicide  Runaway 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Apr-2008 at 10:42
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F08E10265442AA42BC0152681EEDDDAA - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F08E10265442AA42BC0152681EEDDDAA

Ограничен сообраќајот на мостот „Гоце Делчев“

Од 30 април, среда, поради реконструкција на мостот „Гоце Делчев“, Градот Скопје ќе воведе изменет сообраќаен режим. Во периодот од 30 дена, градежните работи ќе се изведуваат во две фази. Во првата фаза ќе се реконструира коловозот на лентата која води од улицата „Илинденска“ кон Старата чаршија, а во втората фаза коловозот во правец од трговскиот центар „Мавровка“ кон Владата. (С.Н.)



Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Apr-2008 at 17:20
30 дена за нов асфалт Crazy

Мислам дека има многу делници во градот (ако 100-200м колку што е долг Гоце Делчев воопшто може да се нарече делница) кои се далеку поургентни за реновирање.


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Apr-2008 at 09:54

ВО НАРЕДНИТЕ 30 ДЕНА


Санација на мостот Гоце Делчев


Почнувајќи од денеска, во наредните 30 дена, на мостот "Гоце Делчев" ќе се вршат реконструктивни зафати. Од Градот велат дека се работи за попуштање на фугите на еден дел, односно за мала пукнатина помеѓу мостот и улицата, од страна на Владата, која во наредните денови ќе се санира. Поради градежните работи, на мостот ќе се воведе редуциран режим на сообраќај.

- Реконструктивните градежни активности ќе се изведуваат во две фази, при што во првата фаза активностите ќе се изведуваат долж коловозот на мостот, кој од булеварот "Илинден" води кон објектот на Судска палата. Во втората фаза градежните зафати ќе се вршат долж коловозот кој од објектот на стоковната куќа "Мавровка" води кон објектот на Владата на Р. Македонија, објаснуваат во Градот.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7D4718787597464DA214A08A6E144E91 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7D4718787597464DA214A08A6E144E91
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Sep-2008 at 09:49
Реконструкција на железниот мост во Велес

Решение за проблемите со безбедноста на Железен мост
Поради се поголемиот ризик за граѓаните кои секојдневно поминуваат по Железен мост, Општина Велес во соработка со ЈП „Македонски железници“  подготви проект за решавање на проблемот. Проектот за адаптација на Железен мост на пругата Велес-Кочани, на прес конференцијата што се одржа на 3 септември годинава го презентираше градоначалникот Аце Коцевски.  Проектот предвидува изградба на пешачки мост во должина од 244 метри и 12 метри пристап. Пешачкиот мост ќе има приоди од двете страни, а ќе биде со корисна површина во ширина од 1,80м.
 
Средствата за  реализација на проектот чија цел е да ја зголеми безбедноста на граѓаните при преминувањето на Вардар во овој дел од градот се предвидени во Буџетот на општината. Како што најави Коцевски се очекува проектот да се реализира до крајот на годинава. За проектант на овој значаен инфраструктурен зафат е избран Проф д-р. Симеон Танев.


http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=807


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2009 at 23:14
Железни потпирачи го држат да не попушти мостот Гемиџии


Велешани, кои живеат во близина на мостот, се загрижени да не дојде до попуштање на конструкцијата и негово уривање


Состојбата на мостот Гемиџии, кој ја поврзува левата со десната страна на Велес, е се полоша. Надлежните од Општината и од Фондот за регионални и магистрални патишта и натаму не преземаат ништо за да се санираат пукнатините на десната страна на мостот, веднаш до железничката рампа. Иако, мостот во ваква состојба се наоѓа веќе неколку месеци, надлежните засега само со потпирачи го спасуваат мостот да не попушти. Граѓаните на Велес, кои живеат во близина на овој мост, се повеќе ја искажуваат својата загриженост за состојбата.
-Секојдневно ги следиме промените на мостот и сме многу вознемирени.


Апелираме што побрзо да реагираат надлежните, за да се спречат евентуални несакани последици - велат жителите.

Во Фондот за регионални и магистрални патишта, кои се надлежни за состојбата на мостовите, се информирани за случајот. Нивни екипи се појавиле на лице место пред неколку месеци, биле направени одредени мерења, но оттогаш ништо не е направен за да се санираат пукнатините. На мостот Гемиџии, преку кој се одвива речиси целокупниот сообраќај во Велес, според стручњаците, не е алармантна само пукнатината на горниот дел туку во прашање е оштетувањето и на првиот потпорен столб. Стабилноста на столбот, но и на мостот веќе една година се обезбедува со железни потпирачи. Жителите од Велес веруваат дека Фондот, кој целосно е запознат со состојбата на мостот, во најскоро време ќе преземе мерки. Мостот е изграден во шеесетите години на минатиот век.

http://vecer.com.mk/?ItemID=0F5DAD7D52932849BA04DA116DA5290F


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jan-2009 at 16:19
ПОПУШТА КОНСТРУКЦИЈАТА НА НАЈФРЕКВЕНТНАТА СООБРАЌАЈНИЦА ВО ВЕЛЕС
Распука мостот Гемиџии

Попушти конструкцијата на мостот Гемиџии во Велес по педесетина години од изградбата. Секојдневно паѓаат камења, бетон и малтер од носечките столбови. На мостот има дупки што зјаат и се големи по десетина сантиметри, но и пукнатини што се простираат одозгора се до темелот на мостот. Железничката пруга Скопје - Гевгелија, која е директно поврзана со мостот, дополнително ја комплицира ситуацијата.
Во овие пет месеци, колку што трае стравот на велешани да не се урне мостот, надлежното ЈП "Македонија пат" интервенираше само еднаш. Постави железни столбови со кои го потпре мостот одоздола, непосредно под железничката пруга. Но тоа не го сопре пропаѓањето на конструкцијата.
Од Општина Велес велат дека уште лани летото побарале помош од Агенцијата за државни патишта и од ЈП "Македонија пат".
"До денеска, за жал, ништо не презедоа. Ме убедуваа дека нема место за паника и за страв, оти дупките и пукнатините не биле толку големи за да влијаат на статиката на мостот. Ми ветија дека следната недела ќе дојдат во Велес со експерти од Градежниот факултет, дека е направена проектна задача и штом временските услови ќе дозволат, ќе се премине кон конкретно санирање на мостовската конструкција", изјави градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Мостот Гемиџии ги поврзува двете страни на Вардар на најфреквентната сообраќајница во градот.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162599&idg=9&idb=2582&rubrika=Makedonija


Posted By: vardar
Date Posted: 03-Feb-2009 at 14:06

ЕКСПЕРТИТЕ НАПРАВИЛЕ УВИД

Мостот Гемиџии бил безбеден за сообраќај


Мостот Гемиџии, кој ги поврзува двата дела на Велес, е безбеден за сообраќај. Ова го констатираа стручни екипи од јавното претпријатие Македонија пат, Државната агенција за патишта и експерти кои деновиве направија увид на состојбата на мостот. По медиумските алармирања дека е загрозена безбедноста на мостот бидејќи попуштила конструкцијата, експертите излегоа на терен и утврдија дека одронувањето настанува поради дождовите и солта, која се користи во зимскиот период.

Според експертите, напукнувањето на десната страна, кај првиот столб, не влијае на безбедноста и стабилноста на мостот кој е главната сообраќајна врска во градот преку Вардар.
Експертите, по извршениот увид, ги информираа градоначалникот и другите надлежни служби во општината Велес дека мостот Гемиџии е безбеден за сообраќај и дека нема никаква опасност за нормално одвивање на сообраќајот по него.

Од ЈП Македонија пат и Државната агенција за патишта најавуваат дека во најскоро време ќе подготват проект за санирање на постојните оштетувања на мостот кои ги вознемирија велешани. Санирањата се очекува да бидат извршени во март или почетокот на април, годинава.
Мостот Гемиџии е изграден во шеесетите години на минатиот век и е главната сообраќајна врска, која преку Вардар ги спојува двете страни на Велес.

 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=45D117B28FEBA3498CE24CB6B309D3D6 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=45D117B28FEBA3498CE24CB6B309D3D6


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Feb-2009 at 17:33
ЌЕ СЕ БОЈАДИСУВААТ ОГРАДИТЕ НА МОСТОВИТЕ ВО ГРАДОТ

Градот Скопје од утре почнува акција за бојадисување на оградите на 12 – те мостови во Скопје. Оградите на мостовите, како и досега, ќе бидат бојадисани во жолта боја.

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ по налог на Градот Скопје утре ќе работат на мостот „Гоце Делчев“, а доколку послужат временските услови, ќе продолжат со бојадисување на оградите на мостовите кај хотелот „Холидеј ин“, кај комплексот банки и кај хотелот „Александар Палас“. Бојадисувањето ќе продолжи и на другите мостови во градот.

Градот Скопје наредната недела ќе почне со реконструкција и на тротоарите на мостот „Обединети нации“ при што ќе бидат пополнети дупките на асфалтот и другите оштетувања. Ова ќе значи почеток на долгорочната акција на Градот Скопје за санација на пешачките патеки на мостовите во Скопје

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2370&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2370&mid=24&tabId=1&tabindex=0
 


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Feb-2009 at 01:42

Фото вест

Предизборната шминка ги зафати и мостовите. Градот, кој неодамна најави нивна обнова, се чини дека ќе се задоволи само од бојадисување на заштитната ограда. Очигледно темите како безбедност, проодност и реконструкција ќе бидат оставени како материјал за кампањите и почетокотот на некој друг градоначалнички мандат.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9A785F3647B6AE44AD91496676124678



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Feb-2009 at 23:09
На Железниот мост ќе се прави пешачки премин


Градежната фирма Делта Пром ќе ја гради пешачка патека во Велес преку Железниот мост, со цел да се поврзат жителите од левата и од десната страна на Вардар. Овој избор следува по завршувањето на тендерската постапка за изградба на пешачката патека, за што неодамна дозвола даде и Министерството за транспорт и врски.

Оваа фирма, според тендерската комисија, дала најповолна понуда во висина од 78.049 евра. Од локалната самоуправа информираа дека изборот е направен помеѓу три градежни фирми. Од тендерот отпаднале скопската фирма Факом, чија понуда изнесувала 140.813 евра и велешкото градежно претпријатие Изгрев со понудени 94.407 евра.

Во Општината велат дека по добиените услови за градба, од Министерството за транспорт и врски сега чекаат дозвола за да почнат градежните активности. Согласност за изградбата на пешачка патека преку железниот мост даде и ЈП Македонски железници. Со изградбата на пешачката патека, жителите од левата страна на влезот во Велес, посебно од населбата Речани, нема да бидат принудени повеќе на десната страна на градот да одат преку новиот, стариот или пак преку малото мовче.

Инаку, до шеесеттите години на минатиот век, Железниот мост беше единствениот преку кој се одвиваше, покрај железничкиот и целокупниот автобуски и патнички сообраќај во Велес. По изградбата на Новиот мост, преку Железниот мост, беше направена мала пешачка патека која претставуваше опасност за минувачите.

http://vecer.com.mk/?ItemID=0FFAB23D817EF64A84FCA464E72239FC



Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Mar-2009 at 16:49
Предизборно се средуваат мостовите




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Mar-2009 at 17:57
Previous Истото место од 11-03-2009 година




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Mar-2009 at 01:46
Нови тротоари за мостот „Обединети нации“ и за оној кај „Александар палас“

Тротоарите по асфалтирањето ќе бидат заградени со столпчиња за да се спречи паркирањето

Мостот „Обединети нации“ и оној кај хотелот „Александар палас“ ќе добијат нови тротоари. Градот Скопје започна проект за целосна реконструкција на пешачките зони на овие два моста кои беа многу оштетени. Ќе биде поставен потполно нов асфалт, како и заштитни столпчиња, за граѓаните во иднина да имаат безбедно место за движење. За проектот, од буџетот на Градот се издвоени околу пет милиони денари.

Градежните работи се одвиваат паралелно на двата моста, а екипи на „Улици и патишта“ ќе обноват вкупна површина од близу 1.400 квадратни метри.

Во моментов ископани се двата тротоара на мостот кај „Александар палас“ и еден на „Обединети нации“. Целосно се заштитени подземните инсталации на пешачките патеки, а деновиве ќе се работи на втората фаза од реконструкцијата. Ќе бидат поставени нови армирано-бетонски плочи, кои пред да се асфалтираат ќе стојат отворени дваесетина дена заради сушење на бетонот. Во последната фаза ќе следува асфалтирање и заградување на пешачките зони со столпчиња. Според прогнозите, доколку дозволат временските услови, проектот ќе заврши за триесетина дена.

„Додека траат градежните работи оставен е доволно простор за нормално движење на пешаците, а има и соодветна сигнализација за предупредување. По завршување на реконструкцијата, тротоарите ќе бидат заградени заради безбедност на пешаците, но и за да се оневозможи паркирање на возила, што е и главна причина за уништување на асфалтот“, вели Илија Мартиновски, директор на „Улици и патишта“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=BE22599E70F00C42AC9781D7A30CE382


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Apr-2009 at 00:51
Crazy
Снема боја за оградата на мостот „Гоце Делчев“

Оградата на мостот Гоце Делчев остана недобоена. Пред повеќе од еден месец ЈП „Улици и патишта“ започна да ја префарбува оградата со нова боја, но набрзо работата застана. Објаснувањето од претпријатието е дека им снемало боја. Најавија дека деновиве ќе продолжи фарбањето на оградата на мостот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8972593654565148A5CD50638B17BAFA


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Apr-2009 at 13:17
без зафрканција, фарбањето на ограда е комплицирана и макотрпна работа која бара многу многу боја LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Apr-2009 at 12:09

Нов асфалт за кратерите на мостот Обединети нации

На градските власти конечно им текна да ги закрпат дупките на пешачката патека на мостот Обединети нации. Мостот речиси една година беше раскопан, со огромни дупки на секој чекор. Граѓаните од овој дел на градот се жалеа дека навечер дупките не се гледаат, па честопати пропаѓаа во нив.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=394E6E4828723748AAFBB1FB8FF1D84E


Posted By: vardar
Date Posted: 01-Jul-2009 at 03:33
 

Само два моста годинава ќе добијат нови пешачки патеки

Градот нема пари за обновување на пешачките патеки на мостовите кај „Холидеј ин“ и кај НБМ

Градот Скопје нема да инвестира во обновувањето на пешачките патеки на мостовите кај „Холидеј ин“ и кај Народна банка. Иако се во лоша состојба, сепак, овие мостови не влегуваат во финансиските планови на градската администрација. За годинава, подновени пешачки делови ќе имаат само мостовите кај „Александар палас“ и „Обединети нации“ во Влае. За нив од градскиот буџет се издвоени околу 5 милиони денари.

Моментно градежните работи се одвиваат паралелно и на двата моста, а екипи на „Улици и патишта“ обновуваат вкупна површина од близу 1.400 квадратни метри. Во иднина, информираат од јавното претпријатие, пешачките делови од мостовите ќе бидат заградени со столпчиња. Овие делови од мостовите се наменети за движење на велосипеди и на пешаци, велат од „Улици и патишта“, поради што мора да се спречат тешките возила да го оштетуваат асфалтот.

„Моментно во тек е реконструкцијата на велосипедската патека на мостот ’Обединети нации‘. Се обновува само едната страна од мостот, зашто другата страна е во добра состојба. Заменети се оштетените армирани бетонски капаци со нови, а деновиве, по подобрувањето на временските услови, ќе биде нанесен и последниот слој асфалт“, велат од Градот.

Раскопани се и тротоарите на мостот „8 Септември“ кај хотелот „Александар палас“, каде што е завршена демонтажата на оштетените бетонски капаци. Во тек е леењето на капаците, што се работи на мостот, а е започнато и поставувањето на заштитни столпчиња. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B71D3FF6B9FBDF4BA2D04159028CB748 - Utrinski


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jul-2009 at 00:14
Мостот на револуцијата и „Гоце Делчев“ ќе блескаат како Камени

Од Градот велат дека мостовите генерално се дотраени и неугледни, па затоа ќе ги разубавуваат со нови огради и илуминација

Мостот на револуцијата кај МАНУ и мостот Гоце Делчев ќе добијат нова ограда, но и сосема ново осветлување со кое Градот Скопје сака да ги разубави овие објекти и да им даде нов лик. Неодамна Камениот мост доби ново осветление кое ги воодушеви граѓаните зашто им се отвори поинаква перспектива за значајното обележје. Веќе се распишани конкурси за идејни решенија за нови заштитни огради и илуминација на мостовите. Рокот за доставување на предлозите од авторите е 4 септември.

Она што е нејасно е зошто Градот се решил на ваков чекор, имајќи предвид дека годинава веќе беа санирани оградите на сите мостови во Скопје, односно тие беа поправени и бојосани. Од градското одделение за односи со јавност објаснуваат дека причината за сосема нови решенија за оградите и осветлението лежи во нивната старост.

- Дотраените и неугледни мостови во Скопје беа основна причина поради која градоначалникот Коце Трајановски распиша јавни конкурси со кои треба да се изработи идејно-обликовно решение за заштитна ограда и илуминација на Мостот на револуцијата и на мостот Гоце Делчев. Оградите на мостовите датираат од нивната изградба и не кореспондираат со естетско-урбанистичките потреби на градот Скопје, како престолнина на Република Македонија - изјавија од Градот.

За тоа каков ќе биде обликот, бојата, формата на оградите и илуминацијата, ќе се знае по изборот на најдобро конкурсно решение. Конкретните решенија, велат градските власти, треба да произлезат од трудовите на анонимните учесници, кои ќе ги оценува посебна комисија.

Првата награда за најдобро авторско решение изнесува 60.000 денари, втората 40.000 денари, а третата 20.000 денари. Ќе бидат откупени и три труда со 15.000 денари.

Градските власти велат дека при кроењето на Буџетот за 2010 година ќе се обидат да одвојат пари за разубавување и на другите позначајни мостови на Вардар.

Пред неколку месеци Градот го спроведе проектот за уредување на коловозните и на тротоарските површини на мостовите. Беа санирани 10 моста за сообраќај, плус два пешачки. Се обновија оградите, осветлението и поголемите оштетувања на тротоарите и на коловозите за да се зголеми безбедноста на возачите и пешаците.

Скопските мостови со години, како што многупати информирале и самите градски власти, не се во добра состојба. Проблемот со оградите, пукнатините и искршените тротоари делумно се реши годинава, но она што е поголем проблем се целосните реконструкции за кои се потребни многу пари. Градските власти не милуваат да зборуваат многу на оваа тема бидејќи со години се занимаваат само со „козметика“. Еден од мостовите во Скопје, кој се води како критичен и одамна е посочен за реконструкција, е мостот Обединети нации во Карпош 4, а ништо подобар не е и железниот мост во Сарај.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F576C83257926F42A315A26EC08A518E

Неможе новинарски текст да пројде, абарем малку да не се начне во материјална расправа барем во последната реченица. Еве начнале, ама се гледа дека не се упатени. Мостот UN лани се санинараше и може им промакнало на новинариве, а мостото во Сарај треба долгорочно да остане пешачки или па да се сруши како опасен поради тоа што веднаш до него треба да се гради нов.


Posted By: vendetta
Date Posted: 31-Jul-2009 at 01:12

ГРАД СКОПЈЕ РАСПИША КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ОГРАДА И ИЛУМИНАЦИЈА НА ДВА МОСТА


1000 евра награда за нов имиџ на Мостот "Гоце Делчев"

Дотраените заштитни огради на овој, но и на Мостот на револуцијата кај МАНУ ќе се заменат со нови, но како ќе изгледаат, ќе се знае на почетокот на идниот месец


Дотраените заштитни огради на Мостот "Гоце Делчев" и "Мостот на револуцијата" кај МАНУ ќе се заменат со нови, но како ќе изгледаат ќе се знае на почетокот на идниот месец. До тогаш е отворен анонимниот конкурс за избор на идејно решение за ограда и илуминација на мостовите кој деновиве го објави Град Скопје. Пристигнатите трудови ќе ги разгледува специјално формирана жири-комисија која најдобрите ќе ги награди со по 60.000 илјади денари, на второ и треторангираниот ќе им додели по 40.000, односно по 20.000 денари, а ќе откупи и три труда од по 15.000 денари.

Од Град Скопје информираат дека со изборот на најдобро идејно решение, според кое ќе се знае во каков облик, боја и специјални светла ќе се изработат, ќе се направи првиот чекор за обнова на двата моста кои се наоѓаат во централното градско подрачје а кои се во многу лоша состојба.
- Откако се изградени, заштитните огради на мостовите само се санирале, никогаш не се заменети со нови. Овојпат ќе се обидеме да побараме модел што најмногу ќе одговара на намената, но и на целокупниот амбиент. Сепак, кога конкретно ќе се реализира проектот не можеме да кажеме бидејќи тоа е долга процедура, а зависи и од финансиските средства - велат одговорните од Градот. Тие потсетуваат дека во изминатиов период работеа на реконструкција на мостовите, комплетно ги санираа пешачките патеки и коловозите на мостовите, ги крпеа оштетените делови од оградите, ги пребојадисаа, а го реконструираа и осветлувањето.

Македонската метропола е една од ретките градови што можат да се пофалат дека лежат на неколку реки, кои придонесуваат за неговиот неповторлив шарм. Некогаш, пишува во аналите, мостовите на Вардар, Треска, но и на Серава, Лепенец, Пчиња, Маркова и Кучевишка Река биле заштитен знак на Скопје, но денеска се повеќе запуштени, стари и неатрактивни, а некои, како Железниот мост во Сарај се во сериозна безбедна состојба. Сите досегашни градски татковци инвестираа во нивно шминкање, но и покрај нивната добра волја и многубројните иницијативи никогаш немаа доволно средства за нивна целосна обнова.

Елизабета АРСОСКА

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9D8C6CD2E5682A4284B6BA1996B3F537 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9D8C6CD2E5682A4284B6BA1996B3F537


-------------
------------------------------


Posted By: mitatos
Date Posted: 31-Jul-2009 at 14:16
ova vest mi se dopaga, stvarno toj mostot vo manu e vo katastrofalna sostojba, kako asfaltot taka i ogradite i patekata za pesaci i za tocaci , se nadevam ke imame ubavo idejno reshenie i moderen dizajn za ovoj del od gradot

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Jul-2009 at 16:52
се надевам дека ќе одберат прикладна ограда за модерен мост како Гоце Делчев, и мене не ми се допаѓале никогаш жолтите огради на мостовите, но пак не можам да си замислам какви би им одговарале, од естетски и функционални причини


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Sep-2009 at 10:31

Движењето на кејот ќе биде блокирано најмалку три години

До средината на 2012 година делови од кејот ќе бидат претворени во градилишта

До средината на 2012 година патеките на долниот дел од кејот, делови од левата страна на Вардар во близина на Камениот мост и околината ќе бидат блокирани за речиси каква било комуникација. Поради почнатата изградба на мостот „Око“ и во исчекување на реализацијата на проектот за две фонтани во Вардар, граѓаните не може да минуваат по вообичаените траси за рекреација. Наместа кејот целосно е заграден со лимени тараби, со што е спречено користењето на пешачката и велосипедска патека.

Веќе една година е блокирана и должината на кејот од „Холидеј ин“ до плоштадот, поради изградбата на деловниот објект на аголот. Се чини пешачката и друг вид комуникација во реонот уште толку ќе се усложни и изблокира за речиси една година за кога е најавен почетокот на изградбата на подземната улица која ќе води до деловниот објект што се гради на местото на некогашна Народна банка.

Граѓаните уште отсега реагираат на ваквите состојби на терен. Речиси секојдневно се жалат дека од минатата недела кога се загради дел од кејот поради изградба на „Око“ тие се спречени да се рекреираат. Особено се гневни велосипедистите на кои им е прекината директната велосипедска врска од Центар кон Карпош или, пак, кон Аеродром. Ниту пешаците веќе не можат непречено да ја користат патеката. Сепак, нивните поплаки се безвредни ако се има предвид дека инвеститорите со дозвола од Градот така ги организирале градилиштата.

На маки наскоро ќе бидат и рибарите на кои секојдневјето очигледно ќе им биде нарушено во наредниве месеци поради изградбата на фонтаните во Вардар. Нивната изградба се' уште не е почната, се очекува деновиве а ќе трае седум месеци. Рокот за изградба на мостот „Око“, пак, е 18 месеци.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=ED2ECEA70B90374AAC89405E2531220B


Све, све, ама ова со рибарите не им требало! Crazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Sep-2009 at 18:47
Дали ова ја вклучува и „барокната ограда“ на мостот Гоце Делчев? Дали и таа глупост ќе биде репризирана на 5-6 тендери?  Stern%20Smile

ПРОПАДНА КОНКУРСОТ
Нема кој да ги светне мостовите

Град Скопје не избра идејно решение за осветлување и за нова заштитна ограда за мостот „Гоце Делчев“ и „Мостот на револуцијата“. Според градските власти, комисијата така одлучила затоа што пристигнале само три трудови, од кои едниот бил дисквалификуван поради тоа што не ги исполнувал условите. - Предложеното решение за „Мостот на револуцијата“ не го подобрува естетскиот изглед на мостот значајно, а оградата не се разликува од постојната. Трудот за мостот „Гоце Делчев“ не ги исполнува условите за максимална тежина на оградата - велат во Градот. Надлежните повторно ќе го распишат конкурсот, а работата на мостовите планираат да ја почнат в година.

Р.П.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1820&ArticleID=122310


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Sep-2009 at 15:45
Реално потребен проект, само се надевам нема да биде преблиску до предвидениот булеварски мост за поврзување на АВНОЈ со Гоце Делчев, бидејќи со неговата изградба ќе стане бесмислен.
Вака од око ми се чини дека најдобро би било доколку мостот е во правец север-југ, од источната страна на салата МЗТ.

УШТЕ ЕДНА ГРАДБА НА ВАРДАР
Аеродром и Гази Баба ќе се поврзат со мост

Општините Аеродром и Гази Баба ќе градат нов пешачки мост на реката Вардар, кој ќе се наоѓа во близина на спортската сала „МЗТ“ и ќе има цел да ги поврзува двете општини. Според најавите, мостот најверојатно ќе почне да се гради идната година затоа што општините за оваа година немаат издвоено пари за таа намена. - Веќе подолго време се водат преговори за изградба на овој мост затоа што постои реална потреба на тој начин да се поврзат двете општини. Претставници од Аеродром, Гази Баба и од Градот постојано вршат консултации во врска со подготвувањето на проектот и најверојатно тој ќе почне да се гради веќе следната година и“велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Е.М.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1821&ArticleID=122386


Posted By: Supervisor
Date Posted: 24-Sep-2009 at 18:40
Тука помеѓу МЗТ и Ќерамидница треба да се спои булеварот Гоце Делчев со мост не знам за каков пешачки сега се заговара па таму како прво не е ни урбанизирано. Глупости.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Max
Date Posted: 24-Sep-2009 at 19:44

салата на МЗТ се наоѓа на кривина од реката, колскиот мост ќе биде на западниот крак а пешачкиот мост на источниот крак од свиокот на вардар, блиску еден до друг, но сепак пешачки мост тука не е на одмет, вака директно спортските центри на овој потег кај досегашната бетонска база на маврово, ќе бидат поврзани со автокоманда преку подвозникот кај Ќерамидница!

 



Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Sep-2009 at 20:00
доколку е така, тогаш најубаво е да има еден мост, широк, со широк простор за пешаци, не гледам голема потреба да се градат два посебни моста


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Sep-2009 at 14:03


Додека се изгради булеварскиот мост, низ Вардар ќе протече уште доста вода. А сегашната ситуација е таква што нема никаков мост на сегмент долг точно 2km.
Доколку овој пешачки мост не е преблиску до предвидениот булеварски мост, тогаш нема апсолутно никакви аргументи против него, баш напротив, тој е насушно потребен. Единствена дилема која останува е точната локација. Надлежните тоа веќе требаше да го имаат одговорено... ваљда не се до толку кусогледи за да не го земат во предвид зацртаниот булевар и мостот кој треба да се гради за него.


Posted By: vardar
Date Posted: 28-Sep-2009 at 05:00
 

АРХИТЕКТИТЕ БЕЗ ИНСПИРАЦИЈА ИЛИ БЕЗ МОТИВАЦИЈА


Пропадна конкурсот за нов имиџ на двата моста на Вардар


Нема замена за дотраените заштитни огради, ниту нови светлосни ефекти на Мостот "Гоце Делчев " и "Мостот на револуцијата" кај МАНУ, бидејќи конкурсот за идејно решение Пропадна. Според одговорните од Град Скопје, на јавниот повик се пријавиле само три автори, од кои едниот бил дисквалификуван поради неисполнување на пропишаните услови за учество.

За предложеното решение за "Мостот на револуцијата", комисијата оценила дека не го подобрува естетскиот изглед на мостот и не се разликува од постоечката ограда, а за трудот за мостот "Гоце Делчев" дека не ги исполнува условите за максималната тежина на предложената ограда што, според нивно мислење е особено важен услов за статичката стабилност на мостот. Овој предлог, воопшто не го третирал и специфичното осветлување, односно илуминацијата на мостот.
- Во недостиг на други пријавени на конкурсот, жири-комисијата одлучи да не додели награди и да не предложи откуп на ниеден труд. Со намера да ги уредиме заштитните огради и осветлувањето на овие два моста, како почеток на циклусот на уредување на заштитните огради на мостовите, повторно ќе објавиме конкурс - информираат од Град Скопје. Тие се уште не знаат дали повторната објава ќе претрпи измени, особено за зголемување на вкупниот фонд на награди заради дополнителна мотивиација на идејните творци. На стариот конурс беше понудена парична награда од 60.000 евра за прворангираниот труд, а за второто и третото место 40.000, односно по 20.000 денари, а беше планиран откуп и на три труда од по 15.000 денари.

Откако се изградени, заштитните огради на мостовите само се санирани, никогаш не се заменети со нови. Градските власти планираа да изберат модел којшто најмногу ќе одговара на намената, но и на целокупниот амбиент и в година тие да се заменат.

РЕКОНСТРУКЦИЈА
Закрпени тротоарите на мостот во Карпош 4

Екипи на ЈП "Улици и патишта" деновиве завршија со асфалтирање на пешачката патека од едната страна на мостот Обединети нации.
- Целосната асфалтирана површина на пешачката патека изнесува 210 квадратни метри, а за нејзиното асфалтирање беа употебени 31 тон асфалтна маса. На патеката во должина од 100 метри и широчина од 210 сантиметри беше вграден асфалтен слој со дебелина од 6 сантиметри.
Со ова, целосно заврши реконструкцијата на мостот "Обединети нации" предвидена во програмата на Град Скопје, што опфати промена на поклопните армирано-бетонски капаци со нови според потребните димензии, санација на гредите и поставување на заштитна столпчиња со амблемот на Град Скопје.

По асфалтирањето на пешачката патека на мостот "Обединети нации", екипите на ЈП "Улици и патишта" наскоро ќе почнат и со асфалтирање на пешачката патека на мостот "8 Септември".

(Е.А.)

 
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=37AD4B0F32098C4B82A3AC692CF43CD6 - Vecer


Posted By: vardar
Date Posted: 28-Sep-2009 at 05:04

АСФАЛТИРАНА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА НА МОСТОТ „ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ“

 
 
 
 
 
skopje.gov.mk


Posted By: vardar
Date Posted: 14-Oct-2009 at 07:05
 
АСФАЛТИРАНИ ПАТЕКИТЕ НА МОСТОТ 8-МИ СЕПТЕМВРИ
 
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ го завршија асфалтирањето на пешачките и велосипедските патеки од двете страни на мостот „8-ми Септември“ во близина хотелот „Александар Палас“.
Целосната асфалтирана површина на патеките од двете страни на мостот изнесува 1500 квадратни метри, а за нивното асфалтирање беа употребени вкупно 210 тони асфалтна маса. Патеките се во должина од 126 метри и широчина од 5,74 метри, а вградениот асфалтен слој е со дебелина од 5 саниметри.
Со овие активности, целосно завршува реконструкцијата на мостот „8-ми Септември“ предвидена во програмата на Град Скопје, што опфати промена на поклопните армирано бетонски капаци со нови според потребните димензии, санација на гредите и поставување на заштитна столпчиња со амблемот на Град Скопје по должината на мостот.
 
 
 
 
 
 
skopje.gov.mk


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Nov-2009 at 00:41

Два предлога за оградата и илуминацијата на мостот „Гоце Делчев“

Тројца автори конкурирале за идејно решение за мостот „8 Септември“

За оградите и илуминацијата на мостовите „Гоце Делчев“ и „8 Септември“ има вкупно петмина заинтересирани автори кои ги нудат своите решенија како терк по кој би се извршила обновата на објектите. На јавниот повик за избор на идејно-обликовно решение на заштитните огради и илуминацијата на мостовите, за „Гоце Делчев“ имало двајца заинтересирани, а за другиот мост тројца.

Од Градот информираат дека надлежната комисија се' уште не ги отворила понудите, така што и натаму е неизвесно дали доставените понуди ќе влезат во игра, оти постои можност да не ги исполнуваат бараните критериуми за учество, што беше случај за пропаѓањето на првиот јавен конкурс.

„Очекуваме најдоцна за две недели да заврши целата постапка. Тогаш ќе знаеме дали и по кое решение ќе се обновуваат мостовите. Тоа важи и за идејното решение за хортикултурно и партерно уредување на Градскиот парк. На тој конкурс има доставено една понуда“, вели Неделчо Крстевски, портпарол на градоначалникот Коце Трајановски.

Тој укажува дека и во случај да се избере конечно решение, предвидениот проект годинава сигурно нема да почне да се реализира на терен, со оглед на времето потребно за изработка на основен проект и избор на изведувач.

Ова е повторен обид на градските власти за избор на идејно решение за обнова на оградата на мостовите, откако првиот конкурс беше поништен, бидејќи единственото понудено решение за „Гоце Делчев“ не ги исполнуваше пропишаните услови. Надлежните информираа дека трудот не ги исполнувал критериумите за максимална тежина на предложената ограда, како особено важен услов поради статичката стабилност на мостот, а во решението воопшто не била истретирана илуминацијата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B9BE7D50B57C01428E9B1BFDE04AAB00


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Jan-2010 at 06:15

Мостот кај „Холидеј ин“ со орнаменти од културното наследство

Градоначалникот тврди дека во обновата на оградите нема да се користат антички примеси

Деспина Трајковска


Мостовите кај „Холидеј ин“ и кај „Александар палас“ ќе се обноват по теркот на идеите на истите автори според чии идејни решенија се гради музејот на ВМРО и се лијат четирите лава наменети за мостот „Гоце Делчев“. Тоа, според едниот од авторите, но и според тврдењата на градоначалникот Коце Трајановски, не значи дека мостовите ќе имаат антички орнаменти или симболи од времето на Александар Македонски. Иако се' уште не сакаат јавно да ги обелоденат, авторите велат дека станува збор за решенија, според кои, мостовите ќе добијат современ изглед искомбиниран со модерни детали и примеси од богатото македонско културно наследство.

Градоначалникот Трајановски накусо објасни дека и двата моста ќе имаат ограда од ковано железо, најверојатно канделабри кои со својот изглед ќе даваат посебен белег, а на ниту еден од нив нема да има скулптури или други елементи за кои се шпекулира во јавноста. Столбовите на мостот кај „Холидеј ин“ ќе бидат повпечатливи од досегашните и на некои делови ќе има кружни форми.

„Идејното решение, генерално, е изработено со користени елементи од нашето културно наследство. Шпекулација е дека тоа е во антички стил“, ни изјави вчера Константин Јанев, автор на првонаграденото решение за обнова на мостот кај „Холидеј ин“. Тој истовремено е автор и на четирите лава кои ќе го „чуваат“ мостот „Гоце Делчев“, а учествувал и во обновата на Ристиќевата палата.

Авторот на избраното идејно решение за заштитна ограда и илуминација на мостот „8 Септември“, Зоран Јордановски, наводно, веќе работел на одредени корекции на решението. Тој моментално е во Фиренца, на пракса во една компанија. Неговиот татко не' информираше дека за Јордановски ова ќе биде втор голем проект на кој ќе работи и тоа кратко време по магистрирањето. Прв проект му бил објектот на музејот на ВМРО.

Од Градот не сакаат да предвидуваат кога теренски ќе почне реализацијата на проектите. Велат во тек е избор на фирма што ќе ги изработи основните и изведбени проекти врз основа на идејните решенија, по што ќе се распише тендер за изведувач.

Инаку, градските власти велат дека се' уште трае постапката за избор на идејно решение за обнова на мостот „Гоце Делчев“. Тоа е втор обид, откако првиот беше поништен, бидејќи единственото понудено решение не ги исполнуваше условите пропишани со конкурсот. На вториот повик се понудија два труда кои се' уште се предмет на анализа од надлежната комисија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7DAF731B8C80184B9E4A5BF48BBE54FF



Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Jan-2010 at 21:08
„Иако се' уште не сакаат јавно да ги обелоденат, авторите велат дека станува збор за решенија, според кои, мостовите ќе добијат современ изглед искомбиниран со модерни детали и примеси од богатото македонско културно наследство.“
 
што си замуслуваат бе, дека ние имаме толку многу доверба?
 
и што има фали на столбовите и канделабрите на мостот кај Холидеј ин, во ред, оградата треба да се менува, но зошто упорно да додаваме и додаваме на веќе осмислени простори?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jan-2010 at 16:44

Нема нова ограда на мостот „Гоце Делчев“

Ниту во вториот обид не е избрано идејно решение, според кое, би се обновила оградата на мостот „Гоце Делчев“. Со образложение дека пристигнатите трудови не одговараат целосно на програмските барања, Градот Скопје го поништи повикот на кој биле доставени четири труда. Од истите причини надлежните го поништија и првиот конкурс.

„Недоследно почитување на прописите во конкурсот од типот на параметри и димензии, е една од причините за поништување на повикот. Оние трудови, пак, што ги исполнија овие услови, не доставија квалитетни идејни решенија“, објаснија вчера градските власти и најавија дека наскоро ќе распишат нов конкурс, трет едноподруго и под истите услови. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AA3884D44CDCC147AA5E449B177B1D9D


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jan-2010 at 15:36
ПРОПАДНА И ВТОРИОТ КОНКУРС НА ГРАД СКОПЈЕ
„Гоце Делчев“ ќе ја почека барокната ограда Конкурсот за идејно решение за нова заштитна ограда и за осветлување на мостот „Гоце Делчев“ пропадна по вторпат. Град Скопје викендов, преку соопштение во медиумите, објави дека го поништил конкурсот. Како причина е наведено дека пристигнатите трудови не ги исполнувале условите што се барале. Конкурсот истече во ноември минатата година, кога пристигнаа три идејни решенија за овој мост. Речиси три месеци градските власти ги разгледуваа пристигнатите трудови за на крај да соопштат дека ниту еден не одговарал на пропозициите. Во меѓувреме, во јавноста се шпекулираше дека новата ограда на мостот ќе биде во барокен стил за да се вклопи со лавовите, кои наскоро ќе се постават. Во исто време стигнаа предупредувања од француската фирма што последна го санираше „Гоце Делчев“ пред неколку години дека новите содржини на мостот не смеат да го преоптоварат бидејќи ќе влијаат на неговата безбедност. Пред десетина дена Градот избра идејни решенија за изгледот на мостовите кај хотелот „Холидеј ин“ и кај МАНУ. Наградените автори, Константин Јанев и Зоран Јордановски не ги образложија своите решенија. Тие само кратко соопштија дека мостовите нема да бидат украсени во барокен стил, туку ќе имаат орнаменти од македонското наследство и ограда од ковано железо. На првиот конкурс, кој градските власти го распишаа летото, пристигнаа само три трудови. Еден беше дисквалификуван поради тоа што не ги исполнувал условите, а за другите Градот образложи дека решението за „Мостот на револуцијата“ не го подобрува неговиот естетски изглед, додека оградата не се разликува од постојната. За мостот „Гоце Делчев“, пак, новото решение не ги исполнуваше условите за максимална тежина на оградата. Пари за мостовите, според властите, се обезбедени во буџетот, а точната сума ќе се знаела по изработката на основните решенија.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1926&ArticleID=132230


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Feb-2010 at 17:35

Трета среќа за разубавување на мостот Гоце Делчев

По два поништени конкурса за идејно решение за заштитна ограда и илуминација на мостот „Гоце Делчев“, Градот Скопје распиша трет конкурс. Крајниот рок за поднесување на трудовите е 15 март годинава.

Двата претходни конкурса, како што објаснија градските власти, беа поништени поради тоа што пристигнатите идејно-обликовни решенија, од една страна, не го подобрувале естетскиот изглед на мостот, а од друга, не ги исполнувале условите за максимална тежина на предложената ограда, што е важно за статичката стабилност на објектот. Неофицијално, еден од трудовите нудел ограда во барокен стил, со цел да се вклопи со лавовите што Општина Центар планира да ги постави на почетокот од двете страни на мостот.

- Дотраеноста и неугледноста на оградите беа главни причини Градот да распише конкурси за разубавување на неколку скопски мостови - велат градските власти во однос на нивната одлука за менување на сегашната инфраструктура.

По неуспешните два конкурса, паричните награди во третиот се зголемени во просек за околу 30 отсто. Првата награда, која претходно изнесуваше 60.000 денари, сега е зголемена на 90.000 денари, втората е двојно повеќе, односно 45.000 денари, а третонаградениот е предвидено да добие исто како и во претходните конкурси, односно 15.000 денари. Проектите, освен што треба да понудат решенија за разубавување на мостот, предвидено е да ја дефинираат и финансиската конструкција.

И додека се чека труд што ќе понуди најдобро естетско решение за мостот „Гоце Делчев“, подготвителните работи за менување на оградите на мостовите кај „Холидеј ин“ и кај хотелот „Александар палас“ се во тек. Ќе се избира фирма што ќе ги изработи основните и изведбени проекти врз основа на идејните решенија, по што ќе се распише тендер за изведувач.

Како што неодамна објасни градоначалникот Коце Трајановски, мостовите ќе добијат современ изглед, искомбиниран со модерни детали и примеси од богатото македонско културно наследство. Според него, двата моста ќе имаат ограда од ковано железо, како и канделабри во тој стил. (Ј.И.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8C58748C53B81240AAB02EF63E94FCB6


Posted By: mitatos
Date Posted: 01-Feb-2010 at 20:34
A da videvme renderi od konkurentite ne ke bese loso

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 25-Mar-2010 at 00:11
Нема предлози за оградата на мостот „Гоце Делчев“
 

Ниту една понуда не била доставена на повикот за избор на идејно решение за обнова на мостот „Гоце Делчев“. Ова е трет пат едноподруго повикот што го распишува Градот Скопје да биде неуспешен. Овој пат никој не доставил предлог за обновата на оградата и илуминацијата на мостот, за разлика од претходните два обида кога имаше по два труда. Но, ниту тогаш Градот не избра терк по кој ќе се обнови објектот. Официјалното образложение на надлежните беше дека трудовите понудиле решенија со кои дополнително би се оптоварила конструкцијата на мостот. Од Градот најавуваат дека наскоро ќе распишат нов, четврти идентичен повик. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DCB52042D4F9984AABA936A3F3967B0E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DCB52042D4F9984AABA936A3F3967B0E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Mar-2010 at 18:39
Конкурсот за ограда на мостот „Гоце Делчев“ ќе ги надмине автобусите



 
Комисијата ги поништи трите тендери затоа што идејните решенија што пристигнаа не ги исполнуваа условите пропишани во тендерската документација  

 
%20  
За набавка на двокатни автобуси Министерството за транспорт и врски распиша дури пет тендери, а за заштитната ограда и осветлувањето на мостот „Гоце Делчев“ ова е веќе четврти тендер. Отворена е и можноста да има и уште еден тендер доколку идејните решенија не бидат направени според тендерската документација. По поништувањето на конкурсите од градот објаснија дека тие се поништени затоа што ниту еден од пристигнатите трудови не ги исполнил условите, естетски не го подобрувале изгледот на мостот, а и тежината на оградата била поголема од предвиденото.

Конкурсните трудови треба да пристигнат најдоцна до 7 мај на адреса на Градскиот совет, булевар Илинден бб. Најдоброрангираниот труд ќе се оценува според целосното почитување на програмските барања, изводливост и одржливост, инвентивност во пристапот на обликување, економичност на решението, како и задоволување на сите правни прописи и нормативни акти за проектирање мостови и јавни објекти. За најдобрите трудови се предвидени и награди од 90.000 за првонаградениот, 45.000 за вториот и 15 илјади за третопласираниот.

Откако се распиша третиот тендер за изработка на идејно решение за оградата на мостот „Гоце Делчев“, во јавноста се појавија шпекулации дека од градот сакаат новата ограда да биде во барокен стил за да одговара на лавовите што општината Центар планира да ги постави на мостот, како и со новите објекти што се предвидени да се изградат во околината. Градоначалникот Коце Трајановски објасни дека оградата треба да има современ изглед со модерни детали, но со примеси од македонското културно наследство. Според него, мостот треба да има ограда од ковено железо.
 
   
Автор: А.М.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=33110104023&id=14&prilog=0&setIzdanie=21948


btw оваа банална тема со оградиве веќе нарасна до толку да треба да се одвојува посебна нишка  Roll%20eyes


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 05-Apr-2010 at 22:12

ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ГРАДОТ РАСПИШУВА КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ


Се уште се бара нов изглед за мостот Гоце Делчев


Откако е изграден мостот заштитната ограда е само санирана, никогаш не е заменета со нова. Овојпат, ќе се обидеме да побараме модел којшто најмногу ќе одговара на намената, но и на целокупниот амбиент. Сепак, кога конкретно ќе се реализира проектот не можеме да кажеме, бидејќи тоа е долга процедура, а зависи и од финансиските средства - велат одговорните од Градот


Градските власти не се откажуваат од идејата мостот Гоце Делчев да добие нов лик. Деновиве, по четврти пат е распишан конкурс за избор на идејно решение за заштитна ограда и илуминација, кој ќе биде отворен за пријави се до 7 мај. Пристигнатите трудови ќе ги разгледува специјално формирана жири-комисија која одлучи најдобрите да ги награди со по 90.000 илјади денари, а второ и треторангираниот со 45.000, односно по 15.000 денари. Откако жири-комисијата ќе го изврши рангирањето, ќе биде организирана изложба на конкурсните трудови

Претходните три конкурси што ги распиша Градот беа прогласени за неуспешни. Првите два поради тоа што понудите не биле усогласени со барањата, односно комисијата сметаше дека понудените идејни решенија дополнително би ја оптовариле постојната конструкција на мостот. На третиот пак, не беше доставена ниту едно идејно решение за обнова на оградата и илуминацијата на мостот.

Од Град Скопје се надеваат дека овојпат ќе се пријават повеќе трудови и ќе имаат шанса да го изберат најдоброто идејно решение, со што ќе се направи првиот чекор за обнова на мостот кој се наоѓа во Центар а кој е се во многу лоша состојба.
- Откако е изграден мостот заштитната ограда е само санирана, никогаш не е заменета со нова. Овојпат, ќе се обидеме да побараме модел којшто најмногу ќе одговара на намената, но и на целокупниот амбиент. Сепак, кога конкретно ќе се реализира проектот не можеме да кажеме, бидејќи тоа е долга процедура, а зависи и од финансиските средства - велат одговорните од Градот.

Тие потсетуваат дека во изминатиов период работеа на реконструкција на мостовите, комплетно ги санираа пешачките патеки и коловозите на мостовите, ги крпеа оштетените делови од оградите, ги пребојадисаа, а на некои го реконструираа и осветлувањето.

(Е.А.)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D282442B257B6746984204639B79291A - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D282442B257B6746984204639B79291A



Posted By: axel
Date Posted: 27-Apr-2010 at 11:00
ДОДЕКА ВО ГРАДОТ СЕ ГРАДАТ НОВИ
На скопските мостови зјаат големи дупки

Роза Петкова

Дупките и процепите, низ кои слободно се гледа Вардар под нозете на минувачите, на мостот кај комплексот банки, со години само се закрпуваат, наместо асфалтот целосно да се реконструира. Градските власти, без оглед која гарнитура е на позиција, со мостовите се справуваат на истиот начин, ги прикрпуваат поударните дупки, додека во исто време на десетина нови места се отвораат уште пукнатини. Скопјани се согласуваат дека им пречи лошата состојба на мостот, особено што тој е врска на центарот на Скопје со повеќе важни институции, и е една од најфреквентните сообраќајници. - Не можам да се сетам кога мостов бил како што треба. Од кога знам за него, преку целата година има дупки и страшно е да се помине по нив. Претходно и дел од оградата немаше, а кога поминуваат камиони или автобуси целиот се тресе. Важно се гради мост „Око“ на неколку метри подолу, додека овој се распаѓа - ни рече Ивана Н. од Скопје, една од минувачите, кои редовно го користат мостот. Во слична состојба е и мостот кај „Холидеј ин“, каде што на еден од тротоарите зимава пропадна поголемо парче асфалт, а откако екипите на „Улици и патишта“ го покрија, сега повторно се гледаат пукнатини на истото место. За надлежните од Град Скопје се е под контрола, затоа што тие редовно ги проверувале мостовите. - Стабилноста и безбедноста ја спроведуваат стручни институции, како што е Градежниот факултет. Сите мостови се апсолутно безбедни и градежни зафати од ваков карактер не се неопходни. Она што е неопходно се интервенциите на коловозот и на велосипедско-пешачките патеки - велат од Одделението за односи со јавност. Оттаму не заборавија да потсетат дека ги бојадисале оградите и ги поправиле онаму каде што требало и дека минатата година целосно ги реконструираа патеките на мостот „Обединети нации“ и „8 Септември“, како и тротоарот кај надвозникот кај „Александар палас“. - Во текот на зимскиот период беа санирани повеќе ударни дупки на мостовите, кои настанаа поради временските услови. Тоа беа привремени мерки за затворање на ударните дупки, со цел да се обезбеди сигурно минување на автомобилите и на пешаците преку мостовите. Град Скопје оваа година предвиде 230 милиони денари во програмата за реконструкции на градските улици. Дел од работните активности и средства ќе бидат наменети за коловозните и за пешачките површини на мостовите -велат од Одделението. Во општина Центар, која е инвеститор на мостот „Око“, меѓу зградата на Уставниот суд и ГТЦ, сметаат дека не треба да инвестираат и во поправка на старите мостови, затоа што тие биле во градска надлежност. Според портпаролот Јовица Ацковски, општината е надлежна само за пешачките мостови, а оние по кои се движат возила потпаѓаат под Градот.


Измешани надлежности


Откако се поделија, Градот и општините никако не можат да се спогодат што во чија надлежност е. Иако постојат закони, тие не послужија многу за да се реши вечната дилема, кој треба да излезе на терен за да поправи една обична распукана улица. Сепак, искуството покажа дека властите, и тоа како, се ажурни да преземат одговорност, секако, ако имаат некоја корист од тоа. Најсвеж пример за тоа е изјавата на градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, на една од последните седници на Советот, кога наспроти општопознатиот факт дека улицата Македонија припаѓа на општината, која плати и за нејзината реконструкција, обелодени дека со делбениот биланс таа била сопственост на Градот. Наспроти тоа, кејот „13 Ноември“ кој Градот го поправаше и припаѓал на општината. На прашања од советниците зошто општина Центар и натаму се ангажира и распишува тендер за поправка на расклатените плочки на улицата, Тодоровиќ одговори дека е тоа од причина што тие го изнајмуваат просторот за различни манифестации, од кои собираат пари за општинскиот буџет.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2006&ArticleID=139494


Posted By: axel
Date Posted: 09-May-2010 at 22:04

ВЕЛЕШКИОТ МОСТ


Критична состојбата со Гемиџии


Состојбата со мостот Гемиџии во Велес станува се покритична. Конструкцијата на мостот, изграден во шеесетите години на минатиот век, во последниве години попушти на десната страна, во близина на железничката линија Велес-Гевгелија. Пукнатините стануваат поголеми особено по последните дождови и по покачувањето на нивото на Вардар. Огромните наноси на дрва и друг материјал, уште повеќе ги оптоварија темелите на мостот и тие предизвикаа пукнатините значително да се зголемат. Стручњаците предупредуваат дека со ова е нарушена стабилност на мостот.

Од пред неколку години мостот Гемиџии, кој ја поврзува левата со десната страна на градот и преку кој се одвива целокупниот сообраќај, на местото каде што попушти, е потпрен со метална конструкција. Во Општината Велес велат дека Фондот за магистрални и регионални патишта е одговорен за одржување и поправка на најголемиот мост во Велес. Од Фондот лани извршија испитувања на статиката и констатираа дека мостот Гемиџии и покрај пукнатините, е безбеден за сообраќај, меѓутоа дека мора во скоро време да се санира и да не се дозволи и понатаму да биде потпрен со металната конструкција. Оттогаш помина доста време, а мостот не е саниран.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5528442BD6BF224E9CB1037A0679611C


Posted By: Jumbo
Date Posted: 15-May-2010 at 02:50
Кога сме кај мостовите треба да се размислува и за пофункционални мостови значи не само да се мисли на пешачки мостови, сите знаеме дека Вардар не е пловна река но сепак може да се гледа барем малку по рационално на нештата, како на пример мостовите над реката Чикаго во истоимениот град кои се изградени во дваесетите години од 20 век река која според должината е помала од Вардар а има многу повеќе мостови во краток размер, не би сакал ова да звучи како правење споредба но мислам дека на Скопје му требаат повеќе сообраќајни мостови за да се заштеди гориво и време, погледнете колку непотребни пешачки мостови има низ градов на чело со Влајко.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-May-2010 at 03:04


Дефинитивно требаат повеќе сообраќајни мостови во Скопје (иако контекстот со Чикаго е сосема различен и толкава густина ни од далеку не ни треба)

Повеќе мостови и се планирани, но за жал кај нас работите предолго остануваат само на хартија. Еве го важечкиот сообраќаен ГУП:
http://www.build.com.mk/docs/GUP-Transport.jpg - http://www.build.com.mk/docs/GUP-Transport.jpg

Јас избројав уште 11 предвидени нови сообраќајни мостови преку Вардар. Ама којзнае кога ќе се реализираат, нас инфраструктурата веќе 2 децении ни е последна на листата на приоритети  Wallbash


Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-May-2010 at 16:43
А пешачки мостови? Особено што сега кејот е уреден од двете страни, баш ме интересира како може од едната страна да се префрли човек на другата, без да мора да се качи догоре да премине преку сообраќаен мост.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 26-May-2010 at 19:11

Се санираат тротоарите на мостот кај МАНУ
 
 
Скопје, 26 мај 2010 (МИА) - Градот Скопје ја почна реконструкцијата на пешачките и на велосипедските патеки на мостот на булеварот „Кочо Рацин“, кај МАНУ.

На патеките, како што информираат од Град Скопје, ќе се санираат секундарните носачи, ќе се исчисти навлезениот шут, ќе се направат нови бетонски плочи, а потоа површината ќе се покрие со асфалт. Во тек се и градежните работи за санација на патеката на мостот од страната на хотелот „Холидеј ин“.

За да се овозможи непречено извршување на градежните работи Градот Скопје ги информира граѓаните дека движењето по тротоарот на мостот кај МАНУ од денеска е забрането. Забраната ќе важи во наредните 20 дена, а потоа градежните работи ќе се префрлат на тротоарот од другата страна на мостот.

За целосна санација на пешачките и на велосипедските патеки на мостот кај МАНУ Градот Скопје ќе потроши околу 6 милиони денари, а работите ги извршуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=6&vId=74195807&lId=1&title=%d0%9c%d0%90%d0%9a%d0%95%d0%94%d0%9e%d0%9d%d0%98%d0%88%d0%90+-+%d0%9b%d0%9e%d0%9a%d0%90%d0%9b%d0%9d%d0%90+%d0%a1%d0%90%d0%9c%d0%9e%d0%a3%d0%9f%d0%a0%d0%90%d0%92%d0%90 - http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=6&vId=74195807&lId=1&title=%d0%9c%d0%90%d0%9a%d0%95%d0%94%d0%9e%d0%9d%d0%98%d0%88%d0%90+-+%d0%9b%d0%9e%d0%9a%d0%90%d0%9b%d0%9d%d0%90+%d0%a1%d0%90%d0%9c%d0%9e%d0%a3%d0%9f%d0%a0%d0%90%d0%92%d0%90


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jun-2010 at 22:57
Мора да се санира


Пукнатините на мостот "Гемиџии" во Велес се повеќе се шират. Бетонот се распаѓа и одронува. Водоводната цевка поставена долж мостот е во опасност да пукне и да направи поплава бидејќи бетонскиот блок е целосно одвоен од конструкцијата на мостот и лежи врз цевката. Искршените гранки и трупци насобрани на раклите дополнително вршат притисок на самиот мост.
-На мостот "Гемиџии" му е потребна итна санација. Доколку тоа не биде сторено во најскоро време, водоводната цевка може да пукне и без вода за пиење да останат сите жители од левата страна на Велес. Состојбата со пукнатината е повеќе од критична - вели Ордан Тутунџиев, советник од ЛДП чија куќа е веднаш до самиот мост.

Тутунџиев заедно со уште неколку советници од другите партии неколкупати досега поставиле советничко прашање во врска со состојбата на мостот, но одговорот на градоначалникот на општина Велес, Горан Петров секогаш бил дека мостот "Гемиџии" не е во надлежност на Општината туку на Министерството за транспорт и врски.
-Граѓаните секојдневно поминувајќи под мостот се плашат да не им падне дел од бетонот врз глава. Зарем не треба да се преземат мерки и да се санира овој мост кој е главна сообраќајна врска од едната до другата страна на Велес - вели Тутунџиев.

Општината Велес на повеќе пати досега интервенирала до Министерството за транспорт и врски за санирање на мостот "Гемиџии". Оттаму експертите констатирале дека е потребна санација но, барем до сега Министерството нема обезбедено пари иако минатата година беше ветено дека санирањето ќе биде извршено во текот на оваа година.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6A24F9B500150046A506C5D37D1F5B19


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jun-2010 at 14:19
УСПЕА ЧЕТВРТИОТ ОБИД
Избрано решение за мостот „Гоце Делчев“

По четвртиот обид Град Скопје, конечно, избра идејно решение за изгледот на мостот „Гоце Делчев“. На јавниот оглас за нова заштитна ограда и за ново осветлување, властите избрале две награди. - За оградата на мостот се избрани најдобрите идејни решенија и имињата на победниците ќе бидат објавени во дневните весници. Доделени се прва и втора награда - велат од Одделението за односи со јавност. Претходните три конкурси пропаднаа затоа што не беа исполнети предусловите, кои бараа новата ограда да не биде претешка за мостот

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2043&ArticleID=142570


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Aug-2010 at 10:43
АСФАЛТИРАН ТРОТОАРОТ НА МОСТОТ КАЈ МАНУ

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/most1%282%29.jpg">   http://www.skopje.gov.mk/images/Image/most2%282%29.JPG"> Екипи на Градот Скопје го асфалтираа тротоарот на мостот кај МАНУ, од страната на хотелот „Холидеј ин“. Во изминатиов период на пешачката патека на мостот беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беа санирани секундарните носачи, се чистеше навлезениот шут и беа поставени нови АБ бетонски капаци. Тротоарот е асфалтиран на површина од 376 квадратни метри и се употребени 35 тони асфалтна маса АБ11.

За целосна санација на пешачките и на велосипедските патеки на мостот кај МАНУ Градот Скопје ќе потроши околу 6 милиони денари.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/most4%281%29.JPG"> На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3557&mid=482&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3557&mid=482&tabId=1&tabindex=0


-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 03-Aug-2010 at 11:27

Убаво. Не е нешто големо, ама прави голема разлика. Е вакви мали проекти влијаат на цел изглед на градот, поготово стритвју. Незнам зошто е тешко или пак скапо да се реализираат вакви почести зафати. Колку, еден ден, најмногу два дена работа без припремање, само асфалтирање, зависи од големината. Така да и да трае цела недела, потоа се добива многу подобра состојба во цела околина.

Или пак фарбање огради, многу лесни зафати. Гледам по сликиве дека оградата на мостот е средена, но и да не е многу лесно е да се среди. Но на овој мост ќе се менуваше, заборавив. 



Posted By: alexgizh
Date Posted: 03-Aug-2010 at 14:26
Не е ден-два работа како што велиш, ова стоеше раскопано најмалку две недели.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 11-Aug-2010 at 16:16

Originally posted by alexgizh

Не е ден-два работа како што велиш, ова стоеше раскопано најмалку две недели.

Но реално целата работа може да се заврши и за помалку  од една недела.



Posted By: Swimmer
Date Posted: 11-Aug-2010 at 16:43
Originally posted by FoSsiL

Originally posted by alexgizh

Не е ден-два работа како што велиш, ова стоеше раскопано најмалку две недели.

Но реално целата работа може да се заврши и за помалку  од една недела.

 
се слагам.. и плочникот кај Мост стоеше раскопан поприлично долго, па тоа не значеше дека работата е тешка и долготрајна..


-------------


Posted By: Superman
Date Posted: 30-Aug-2010 at 21:57
Денеска дознав (не е потврдено 100%) дека избраниот труд за ограда на мостот Гоце Делчев е мермерна или травертинска ограда со стилизирани играорци кои се држат за раце. Како тоа би се вклопило со лавовите?!

-------------
The One Whose Name Cannot Be Spoken...


Posted By: Рок-Барок
Date Posted: 30-Aug-2010 at 22:22
Originally posted by Superman

Денеска дознав (не е потврдено 100%) дека избраниот труд за ограда на мостот Гоце Делчев е мермерна или травертинска ограда со стилизирани играорци кои се држат за раце. Како тоа би се вклопило со лавовите?!


Ја па наслушнав дека ќе биде кована...  мермер никако не би се вклопил..,можеби грешам


Posted By: alexgizh
Date Posted: 30-Aug-2010 at 22:31
Originally posted by Superman

Денеска дознав (не е потврдено 100%) дека избраниот труд за ограда на мостот Гоце Делчев е мермерна или травертинска ограда со стилизирани играорци кои се држат за раце. Како тоа би се вклопило со лавовите?!

Puke

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: fichot
Date Posted: 31-Aug-2010 at 00:18

Стилизирани играорци кои се држат за раце?

Магично.  Nuts



Posted By: Рок-Барок
Date Posted: 31-Aug-2010 at 01:05
Originally posted by alexgizh

Originally posted by Superman

Денеска дознав (не е потврдено 100%) дека избраниот труд за ограда на мостот Гоце Делчев е мермерна или травертинска ограда со стилизирани играорци кои се држат за раце. Како тоа би се вклопило со лавовите?!

Puke


нешто ваква  па и не би била лоша..  Мада играорци..Bash





Posted By: stratus
Date Posted: 31-Aug-2010 at 02:01
Оградата за мостот е од ковано железои се изработува во Битола


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Aug-2010 at 02:52
Originally posted by stratus

Оградата за мостот е од ковано железои се изработува во Битола


Имаш ли некакви додатни информации, и дали и ти си слушнал за некакви играорци?

@сите, дискусија за оградата е префрлена во оваа нишка


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Oct-2010 at 00:49

Нов мост на Црн Дрим

СТРУГА - Локалната самоуправа најавува изградба на нов мост на реката Црн Дрим во Струга. Пред почетокот на туристичката сезона еден од двата дрвени моста беше затворен за движење, а граѓаните за да стигнат на другата страна од кејот требаше да прават цел круг.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, потенцира дека се очекуваат претставници од фирмата „Искра“ од Куманово, кои треба да презентираат проекти за мостови. Дури потоа ќе се распише тендер за изградба.

Во незавидна состојба е и мостот кај испустот на реката Црн Дрим. Според Мерко, овој премин е изграден од ХЕЦ „Глобочица“, а санацијата е во нивна надлежност. (Д.Р.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=236DB9F0DE599C4F9EB9E9202760BCCF - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=236DB9F0DE599C4F9EB9E9202760BCCF


Posted By: Makedonij
Date Posted: 11-Nov-2010 at 08:13
Велешани ќе чекорат безбедно преку Вардар

На 9-ти ноември годинава, по повод најголемиот празник на Велес, Денот на општината, во употреба беше пуштена пешачката патека крај железен мост која овозможува граѓаните од урбаните заедници Речани, “Родна Ивева“ и „Богдан Каракостев“ како и приградската  населба Дурутовец за поминати само 300 метри да стигнат до центарот на градот. Патеката во употреба ја предаде градоначалникот Горан Петров кој изрази задоволство што на овој начин се овозможува инфраструктурна комуникација помеѓу жителите на двата брега на Варадар. „ Железниот мост е едно од обележјата на градот што за велешани не е само инфраструктурен објект и симбол, туку објект кој сто години претставува железничка врска со источна Македонија, но и врска со центарот на Велес “, рече Градоначалникот. Пешачката патека во целост е инвестиција на Општина Велес и изнесува околу 6.000.000 денари. Вкупната должината на патеката  е 340 метри, а на  бетонската патека  околу 200 метри.

 

 

http://www.veles.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 14-Nov-2010 at 19:56
Штета немам фотоапарат да направев фотки од обновата на дрвената брана во Струга кој се одвива овај период.За сега се заменети само дрвените носачи со бетонски носачи кои што се финишираат.После тоа најверојатно ќе се оди на промена и на останатите дрвени елементи.

Е сега дали старите дотраени елементи(ограда,под..)ќе се изработаат од друг градежен материјал или ќе се оди повторно со дрво немам инфо.

Се работи за овај мост-брана

-------------


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 09-Dec-2010 at 15:36
Започна реконструкцијата на Мостот на револуцијата


Град Скопје започна со реконструкција на Мостот на револуцијата, лоциран во централното градско подрачје.

На денешниот старт на градежните работи градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски дека во зависност од временските услови реконструкцијата треба да заврши за 120 работни дена. Иста ќе чини околу 27,6 милиони денари.

“Според направените анализи, тротоарите на мостот е неопходно да се обноват за да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Реконструкцијата ќе се одвива прво на левата страна од мостот. Ќе се обноват тротоарите, рабниците, сливниците и коловозот. Потоа ќе се монтира нова ограда којашто ќе биде изработена од ковано железо и во неа ќе бидат монтирани типски канделабри“, рече Трајановски.

Тој упати апел до учесниците во сообраќајот за внимателност и почитување на привремениот сообраќаен режим во текот на реконструкцијата.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=80073&kategorija=1

-------------


Posted By: build.mk
Date Posted: 09-Dec-2010 at 15:45




Реконструкција на Мостот на Револуцијата

Град Скопје денеска стартуваше со ../?p=1862 - најавениот проект за реконструкција на троторите, оградата и уличното осветлување на Мостот на Револуцијата во близина на МАНУ. Инвестицијата тежи околу 27,6 милиони денари. Најпрвин ќе се обноват тротоарите, рабниците, сливниците и коловозот. Потоа ќе се постави нова ограда која ќе биде изработена од ковано железо и во неа ќе бидат монтирани типски канделабри. Автор на идејното решение за заштитната ограда и за осветлувањето на мостот е Зоран Јордановски. Реконструкцијата ќе се одвива без запирање на сообраќајот и во најлош случај треба да заврши во рок од 120 дена. Изведувач е скопската фирма „Синтек“. Мостот на Револуцијата во денешната форма е изграден во 1963 година и ги поврзува булеварите Кочо Рацин и Крсте Петков Мисирков. Во наредниот период треба да следува слична интервенција и врз мостот кај Холидеј Ин, а нова ограда и осветлување ќе добие и мостот „Гоце Делчев“.

http://www.build.com.mk/?p=5989 - http://www.build.com.mk/?p=5989



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2010 at 15:51






http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3871&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Dec-2010 at 16:13
Се руши и бетонскиот парапет? Question


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 09-Dec-2010 at 16:23
Па најверојатно нема да им биде во склад со новата ограда,па планираат сето тоа да го изведат на соодветен начин.А колку тоа ја нарушува безбедноста на мостот не знам,ма да не ми изгледа дека е врзан со некоја "круцијална" арматура.

-------------


Posted By: Supervisor
Date Posted: 09-Dec-2010 at 16:26
истово фали на мостот кај холидеј ин

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Plugger
Date Posted: 10-Dec-2010 at 06:00
Thumbs%20Up

http://sitel.com.mk/video/makedonija/pochna-rekonstrukcijata-na-mostot-na-revolucijata - http://sitel.com.mk/video/makedonija/pochna-rekonstrukcijata-na-mostot-na-revolucijata


Posted By: Plugger
Date Posted: 11-Dec-2010 at 06:40
Znaci ke ima Iluminacija na poveke mostovi niz Skopje

Стотици илјади евра за да светнат скопските мостови

четврток, 09 декември 2010, 16:27

Градоначалникот Трајановски ќе ги светне скопските мостови. Откако одлучи да прави градска плажа до Камениот Мост и четири сплавови на Вардар, од денеска ќе се става нова ограда, канделабри од ковано железо,но и илуминација на мостовите од МАНУ до Владата. Прв на списокот е мостот на Револуцијата меѓу НБМ и МАНУ за кого Градот ќе потроши 450 000 евра. Иако во тендерската документација пишува дека парите се само за ограда, градоначалникот вели- ќе се освежи и асфалтот, патеките, рабниците, но не знаеше што е најскапото во реконструкцијата.

„ Ќе се реконструира асфалтот, рабниците, тротоарот, ќе има нови канделабри и ограда од ковано железо...ќе има и илуминација.„- изјави Градоначалникот Трајановски,

„ На што ќе се потрошат најголем дел од парите- асфалтот, рабниците или оградите? “

„ Тоа не знам точно...важно е дека сумата е вкупно за сите работи“- додаде скопскиот Градоначалник

Освен за мостот на Револуцијата, веќе е потпишан договор од 310 000 евра и за мостот кај Холидеј Ин. Ќе го прави истата фирма која го доби тендерот и за првиот- „Синтек“ од Скопје. Иако е удрен потпис Трајановски вели- за овој мост ќе имало повеќе тендери па не можеле да почнат. Трет во реконструкцијата ќе биде мостот Гоце Делчев, кој засега ги доби само лавовите од о. Центар. За сите мостови има идејни решенија- како ќе изгледаат. Денеска беше презентиран само првиот, останатите остануваат тајна иако е извесно дека барем делумно ќе бидат во духот на Скопје 2014-та.

Александар Димитриевски

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=31192 - http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=31192


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-Jan-2011 at 16:34
Noviot most vo kicevo e vo finalna faza!
http://img221.imageshack.us/i/p0101110751.jpg/">
http://img46.imageshack.us/i/p0101110800.jpg/">
http://img718.imageshack.us/i/p0101111411.jpg/">
http://img341.imageshack.us/i/p010111080201.jpg/">
Ovde se gleda ,,stariot most od zelezo,, i ,,noviot most od beton ,,
http://img11.imageshack.us/i/p0101110750.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Feb-2011 at 12:51
ПРОДОЛЖУВА САНАЦИЈАТА НА ТРОТОАРИТЕ НА МОСТОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Most%20MANU%2009.02%20%281%29.JPG"> Екипите на Град Скопје интензивно работат на реконструкцијата на тротоарите на Мостот на револуцијата, што ги поврзува булеварите Кочо Рацин и Крсте Мисирков.

Од тротоарите од двете страни на мостот е отстранет оштетениот површински слој од патеките. По санацијата на подлогата, тротоарите ќе се покријат со бетонски плочи.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Most%20MANU%2009.02%20%282%29.JPG"> Деновиве се санира и површинскиот слој на мостот од надворешната страна. Притоа, оштетениот површински слој од мостот се отстранува и се нанесува нов. Се врши и заштита на инсталациите што минуваат преку мостот.

Градот Скопје апелира до возачите внимателно да го минуваат мостот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Most%20MANU%2009.02%20%283%29.JPG"> Реконструкцијата на Мостот на револуцијата се очекува да заврши за пет месеци, ако се поволни временските услови.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3976&mid=482&tabId=1&tabindex=0


-------------


Posted By: N23
Date Posted: 10-Feb-2011 at 16:34
Реконструкција на тротоарите на мостот кај МАНУ

Град Скопје почна со реконструкција на тротоарите на Мостот на револуцијата, кај МАНУ, и со заштита на инсталациите што минуваат преку мостот. Обновата ќе трае пет месеци. Градските власти апелираат возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F53C0BC30B03A746A644902B6907C4F6

Прво требаше 4 месеци, сеа 5, на крај ќе бидат и више. И за ова се пробиваат рокови. Само нз дали ќе им текне да го реновираат тротоарот прет НБРМ и пред МАНУ.


Posted By: axel
Date Posted: 21-Feb-2011 at 12:24
УШТЕ ЕДНА ГРАДБА НАД РЕКАТА ВАРДАР

Мост меѓу Аеродром и Гази Баба

Новото решение преку реката за Општина Аеродром е одличен начин да се поврзат двете општини, кои засега се споени единствено со автобуската линија со број 13

Општините Аеродром и Гази Баба ќе се поврзат со мост преку Вардар. Оваа идеја општините веќе ја зацртаа во деталните урбанистички планови. Според процените на стручњаците, најпогодно место за изградба на мостот е кај спортската сала МЗТ.
Новото решение преку реката за Општина Аеродром е одличен начин да се поврзат двете општини, кои засега се споени единствено со автобуската линија со број 13.
"Советот на Општината ја изгласа одлуката да се гради мост на Вардар. Оваа идеја е зацртана во деталниот урбанистички план Јане Снадански Г, така што се создадени услови за ваква градба меѓу Аеродром и Гази Баба", велат општинарите.
Оттаму не најавуваат точен датум кога ќе се гради мостот, но по Мостот на уметноста и мостот Око, од кои еден се гради, а еден се подготвува за изградба, овој ќе биде трета нова ваква градба над Вардар.
Додека да се реализира овој проект, автобусите со број 13 се единствена врска на граѓаните што одат од Аеродром до Гази Баба и назад, а ги има само на еден час.
(М.Ѓ.)

http://vest.com.mk/?ItemID=70E846E5EC7C5D4CA4EAB3615FC9382A


Posted By: axel
Date Posted: 28-Feb-2011 at 14:44

Текстилниот бренд „Мак примат“ ќе ги осветлува мостовите


Осветлувањето на Мостот на револуцијата, што ги поврзува булеварите Кочо Рацин и Крсте Петков Мисирков, како и на мостот кај хотелот „Холидеј ин“, меѓу улиците Стив Наумов и Војвода Васил Аџиларски, ќе го изработи познатиот македонски текстилен бренд „Мак примат“, во договор за заеднички настап со фирмите „Делта инфо“, „Адра“ и „Свем инженеринг“

 

 
%20  
Главната дејност на „Мак примат“, победник на тендерот за осветлување на мостовите на градот, е производство на женска и машка конфекција, а сопственици се и на неколку дуќани во центарот на градот, меѓу кои и поранешен „Југоекспорт“ во ГТЦ. Другите фирми од конзорциумот се занимаваат со нискоградба и завршни градежни работи, како и останато производство, што всушност и не кажува многу за нивните дејности.

За осветлување на Мостот на револуцијата градот ќе потроши 8.732.000 денари, а вкупно за целосната реконструкција 27,6 милиони денари. Додека за осветлувањето на мостот меѓу улиците Стив Наумов и Војвода Васил Аџиларски градот ќе плати 7.599.200 денари. Оградата на Мостот на револуцијата се лие од ковано железо, според идејното решение на Зоран Јордановски. Составен дел од оградата ќе бидат и 22 канделабри, а илуминацијата ќе ги нагласи контурите на мостот.
На Мостот на револуцијата во тек е санацијата на конструкцијата од долната страна, што ја изведуваат екипите на градежната компанија „Синтек“.

- Новата ограда прво ќе се постави на левата страна од мостот, а целиот зафат се очекува да заврши за два месеца. Градежните работи се одвиваат според планот, а новиот лик на мостот скопјани ќе го видат за два месеца - објасни градоначалникот Коце Трајановски при вчерашната посета на мостот.

Мостот на револуцијата е изграден во 1963 година и ова е негова прва голема реконструкција. По оваа следува и реконструкција на мостот кај „Холидеј ин“, како и на оградата на „Гоце Делчев“. Менувањето на оградите е дел од обврските на градот кон проектот „Скопје 2014“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22811104343&id=14&prilog=0&setIzdanie=22218


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Mar-2011 at 20:19
http://img863.imageshack.us/i/p110311154401.jpg/">




-------------


Posted By: Тркало
Date Posted: 14-Mar-2011 at 02:32
Дали би било изводливо да го прошират за уште две ленти ,секако сега веќе работат,па за во иднина со проширувањето на булеварите да е спремно.А до функционализацијата тој простор би бил нешто како место за одмор или слично.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Mar-2011 at 16:41
Ти да не се префрли на мостото кај Холидеј Ин?
Овој на сликава веќе има 6 ленти.


Posted By: N23
Date Posted: 18-Apr-2011 at 17:41
Ја поставуваат веќе оградата на мостот на револуцијата, па ако може некој нека ја сликне за членовите што не се во можност да ја видат. Вака провизорно што ја видов, изгледа интересно, али за поише од коа ќе ја стават целата.


Posted By: 4skopje
Date Posted: 18-Apr-2011 at 22:59
http://img816.imageshack.us/i/abcd0009n.jpg/">

http://img705.imageshack.us/i/abcd0010l.jpg/">

http://img35.imageshack.us/i/abcd0011bm.jpg/">


Posted By: Supervisor
Date Posted: 18-Apr-2011 at 23:14
Добро осветлување!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Observer
Date Posted: 19-Apr-2011 at 01:28
Париз? :-) не свртев денес од таму поучен од синоќа кога се работеше и во 1 по полноќ на улицата пред НБМ и пред новиот ВЕРО.

-------------
http://www.facebook.com/suvenirimakedonija


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 19-Apr-2011 at 09:27
BaselCheersCheers

-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 19-Apr-2011 at 13:52
Сега уште да се осветли и добро среди левиот и десниот кеј (кај него има помалку работа) на Вардар. И можеме даспоредуваме со сите останати европски градови, па и пошироко.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Apr-2011 at 18:17

МИАфото


Posted By: stratus
Date Posted: 19-Apr-2011 at 18:31
Мислев дека ке е пониска ??!!


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 19-Apr-2011 at 18:46
Да доста е висока, само тоа сонцето во средина подобро би било да не е испапчено нанадовр. Другото добро изгледа, а да се надеваме со канделабри уште подобро Cheers


Posted By: spaceman091
Date Posted: 19-Apr-2011 at 18:48
ma sve e podobro od onie zutine grdotii sto bea predhodno


Posted By: WNBARCH
Date Posted: 19-Apr-2011 at 19:12
многу жици,многу висока,проста ко на мобилен да е дизајнирана...за сега.уствари нека ја завршат првин


Posted By: 4skopje
Date Posted: 19-Apr-2011 at 21:45
Kako za promena e dobra ! Vremeto ke pokaze, a deka se e bolje od zutite e mnogu tocno !


Posted By: Bulldozer
Date Posted: 19-Apr-2011 at 22:39





Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Apr-2011 at 23:36
Висинава на оградава во најмала рака е чудна. 



Print Page | Close Window