Print Page | Close Window

Претседателски парк на цивилизациите

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1372
Printed Date: 26-Apr-2024 at 05:28


Topic: Претседателски парк на цивилизациите
Posted By: Граѓанин
Subject: Претседателски парк на цивилизациите
Date Posted: 20-Jul-2011 at 11:47

Паркот со статуи се преселил од Калето до „Езерце“


 

Никој не знае зошто претседателскиот парк на цивилизациите со скулптури од историски личности од повеќе земји ќе се гради во Градскиот парк, наместо пред влезот на тврдината, како што беше првично предвидено

 
 
%20  

Во паркот на цивилизациите ќе има претставник и од некој наш деец, но се уште не се знае кој

Паркот на цивилизациите, кој по иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов треба да го направат градските власти, наместо пред тврдината Кале, ќе се гради покрај езерцето во Градскиот парк, но никој не знае зошто е направена таа промена. Местото е замислено како парк со многу скулптури, кои би биле донација од странски држави и би претставувале славни личности од нивната историја. Првичната идеја беше тоа да биде европски парк, со дејци од земјите на Европската Унија, но подоцна тоа беше сменето.

Статуите на светските големци, според најновиот детален урбанистички план за јужниот дел од Градскиот парк, ќе се наоѓаат покрај езерцето, каналот со кој се полни со вода и ресторанот „Езерце“, поточно на потегот покрај тениските терени на клубот „Југ“. Општинарите од Центар велат дека градската управа, како носител на проектот, побарала паркот да биде впишан на таа локација. Но градските власти тврдат дека не знаеле за промената и дека одлуката веројатно ја донел кабинетот на претседателот. Од кабинетот на Иванов, пак, одговараат дека нивна е само иницијативата, а конкретната реализација им ја оставиле на локалните власти.

- Не знаеме кога ќе профункционира паркот. Треба да се заврши целата процедура во општината, да се усвои планот, за да можеме да испратиме иницијативи до сите претставништва и амбасади, за тие да одлучат која скулптура сакаат да ја постават. Во паркот на цивилизациите ќе има претставник и од некој наш деец, но сé уште не сме одлучиле кој - објаснија од кабинетот на претседателот Иванов.

Ако се исполнеше првичната замисла за паркот на цивилизациите, тој ќе се направеше веднаш до воениот отворен музеј на Кале, кој исто така е предвиден на таа локација, но нема најави кога ќе се прави. Но целиот тој простор и онака е затворен од пред шест месеци, бидејќи сé уште трае истрагата за тепачката околу изградбата на музеј-црквата на Калето. Беше најавено дека пристапот таму ќе биде забранет сé додека тој случај не се истурка до крај, а, според мислењата на некои правни експерти, за тоа може да бидат потребни и години.

Во меѓувреме, градската управа веќе распиша конкурс за идејно решение за постаментите на скулптурите, но оттаму не откриваат до каде е таа процедура.

Извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72011108104&id=14&prilog=0&setIzdanie=22335




Replies:
Posted By: axel
Date Posted: 23-Nov-2011 at 00:18

Претседателскиот парк остана на хартија

Проектот не е реализиран и по една година од одлуката за изградба, а главна причина е изборот на локацијата

Деспина Трајковска



Идејата на претседателот Ѓорѓе Иванов да изгради парк во кој амбасадорите ќе донираат скулптури на значајни личности од своите земји се' уште е само на хартија, иако помина повеќе од една година откако е промовирана идејата. За толку време единствено се смени само името на замислената зелена оаза со скулптури и од Европски парк таа стана Парк на цивилизациите. Така предложи иницијаторот Иванов, со образложение дека со првичната верзија на името би се ограничил бројот на државите заинтересирани да учествуваат во проектот.

Во меѓувреме и градските власти избраа идејно решение за постаментите на кои ќе се поставуваат скулптурите. Но, најбитното од се', за изградба на паркот не се потврди соодветна локација. Прво беше во план дел од Кале, а сега актуелен е вториот дел од Градскиот парк. Но, и за таму се чека конечната верзија на урбанистичкиот план со која ќе се утврди планираниот простор.

Инаку, и градските власти, а и од Кабинетот на претседателот Иванов тврдат дека се подготвени да го изградат несекојдневното зелено катче веднаш штом биде усвоен предметниот ДУП.

„Освен што донесовме одлука за поддршка и учество во проектот, избравме и како ќе изгледаат постаментите на скулптурите. Со тоа завршивме со досега договорените наши обврски за реализација на идејата. Дали ќе учествуваме и финансиски, или на некој друг начин во понатамошната реализација, ќе се утврдува допрва, откако ќе се донесе ДУП-от“, велат од Градот Скопје од каде објаснуваат дека локацијата на Кале отпаднала од игра бидејќи станувало збор за заштитено подрачје.

И од Кабинетот на Иванов велат дека ќе ја продолжат реализацијата на проектот веднаш штом биде донесен потребниот урбанистички план.

„Чекаме да биде усвоен ДУП-от за и официјално да ги информираме амбасадите во државава и другите странски земји присутни во Македонија преку разни облици. Сепак, во меѓувреме сите се запознаени со нашата идеја во неформалните контакти и со задоволство најавија дека ќе донираат скулптури“, велат од Кабинетот на претседателот.

Освен за првичниот изглед на Паркот, од кај Иванов велат дека се' уште е рано да се зборува колку пари ќе чини неговата изградба и кој ќе ја финансира.

Планирано е Паркот да биде еден вид зелена оаза во која ќе се поставуваат скулптури на познати личности донирани од амбасадите во државава. Иницијаторот Иванов ќе инсистира тоа да бидат исклучиво значајни личности од областа на културата и уметноста.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=384C3CD21A3FFA4887B8CB12C6EF4C22


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 26-Oct-2017 at 07:33

ако Грујо и покрај кохабитацијата не најде за сходно да му угоди на Претседателот за оваа иницијатива,тогај може сега Зајко тоа експресно да го стори за да добие благонаклоност после то условеното доделување на мандатот ...

може ќе му опне и за ова услов, први скулптури да донираат Русија и Кина за да видиме бар уетнички кое е нивната позиција во однос на земјава како меѓународен фактор, со оглед дека јасно е што ќе истопорат членките на евро-атланскиот блок, врати прозори и базенчина, да се пошлапкаме уште малку во сите парадокси кои од таму ни ги претставуваат како демократскa придобивкa

а на мисла сум, дека не треба да се чека на ЕУ оти за ваков перформанс ако не е трома ќе биде скептична, што сака овој Ѓоре да напраи art-UN сред сесрдно и сестрано блокирана земја, нихт, ќе треба да испаштаат пак и пак заради најдолната нивна членка, та да удрат и јавна штопна, затоа може ние да им скокнеме припомош со скулптурална адаптација на Мировата карикатура од http://caricaturque.blogspot.mk/2010/03/ante-portas-cartoon-project-book-from.html - анте портас





Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Oct-2017 at 07:51
Ова е напуштена и заборавена идеја, а и приоритетите се други.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 26-Oct-2017 at 08:55

хаха, ќе беше и те каков приоритет ако Фрчко беше ретседник, но што велиш поарно Ѓоре и на овој премиер да не му побаеует ништо, за да не го фтаса клета судба заради игнорирање повисок авторитет, фикус фикус ама се исушија изгледа палмите оти не му одеа по ќејфот, што е тојнкрив што овие се уфилмале премиерски ко цареи, а не се ништо друго туку државнни чиновници, така рече економи на чифликот, но кој ни е и нам крив што тоана гласање така им го осигуруваме, иако последнава власт и баш нема некоја луфта централно

се додека не си укнат глата и сватат сите дека сеслужбеници во служба на народот, како држава никогаш и неа да не биде, Хрватска пример од риспект кон ТуџМан и неговото дело, слично ко претходно кон титО, мижеше некое време и лужбено на аутизмот наполитичките елити, но со време се спастри пред да влезат в ЕУ та почнаа и премиери и тајкуни и ратни профитери да чистат, иако можеби прекасно оти истите веќе ја заборџиле до 88% од бдп-то им, е ние сеуште сме на пол пат од нив, но се надевам нема да треба да ги стигнее за да се освестиме ...

~

инаку што е до оваа иницијатива, треба и вреди да се спотера истата, бидејќи професорот е единствен наш Претседател кој бил меѓународно истретиран како достоен за функцијата, бреј уште што не ојде у орбита на МВС ... конечно како држава должни сме ваквата негова досетка да не ја изигнорираме бидејќи потенцијално спречи граѓанска војна со начинот на кој ја изменаџира односно амортизира тиранскиот-спин на шаренава влада, но нели нам диоптријата ни ет строфо партиска, та ако претходно беше про десница одеднаш бидна про левица, бреј чинам ниеден Претседател што сме го имале до сега не бил на ова ниво нит стручно нит пак ко личност подобна за Претседател ...

ова може и симболично да се стори и со некој павиљон во тоа паркчето кај МСУ а во кој ако не масивни бар минијатурни скуптури да донираат амбасадите ... и ако не друго заради дефокусирање од последните невозможби грчки црвени линии, та вака симболично да искажат европеите подршка за нашиот сизифов ксмет, она да треба да префрлимс отаде за да сватиме дека сме всушност свои на своето и без 100%-тотно интегрирање во евро-атланските клубои






Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 24-Jun-2020 at 23:44

Why (k)Not Cartoon (p)Park

https://www.bestcartoons.net/Client-Area/Car/Alive-Contests/Skopje-2018-Macedonia/i-Wp7Z3Tp - https://www.bestcartoons.net/Client-Area/Car/Alive-Contests/Skopje-2018-Macedonia/i-Wp7Z3Tp

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=742&KW=road-ruin&PID=241714#241714 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=742&KW=road-ruin&PID=241714#241714



Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 25-Jun-2020 at 02:34



https://www.pinterest.com/jovaday/outdoor-exhibition/ - https://www.pinterest.com/jovaday/outdoor-exhibition/

http://www.artvehicle.com/events/193 - http://www.artvehicle.com/events/193

http://www.triumphdisplaygroup.com/gallery/ - http://www.triumphdisplaygroup.com/gallery/

[tube]_z9clPob39k[/tube]




Print Page | Close Window