Print Page | Close Window

Парк на езерата - Аеродром

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1376
Printed Date: 27-Apr-2024 at 18:05


Topic: Парк на езерата - Аеродром
Posted By: axel
Subject: Парк на езерата - Аеродром
Date Posted: 27-Jul-2011 at 11:50

ОПШТИНА АЕРОДРОМ РАСПИША ТЕНДЕР ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ ГОЛЕМ ВОДЕН ПАРК

27.07.2011 10:33

 

„Општина Аеродром деновиве распиша тендер за изградба на нов голем воден парк што ќе се гради покрај кејот на реката Вардар во непосредна близина на спортската сала „Јане Сандански" и со тоа граѓаните не само што ќе добијат ново зелено катче за рекреација и место на кое ќе можат да се разладуваат во топлите денови, туку ќе дадеме уште еден придонес за екологијата на тој начин што ќе се облагороди овој со години наназад запуштен простор" изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски на денешната (27.7.2011 година) прес-конференција.

Паркот на езерата ќе се простира на околу 11.015 квадратни метри, од кои околу 1.800 квадратни метри ќе бидат водена површина со 4 езерца.

Следејки го падот на теренот во централниот простор на паркот на подигнато плато сместено е најголемото езерце, кое се простира на околу 900 квадратни метри, а ќе содржи две фонтани во централниот дел, кои ќе се прелеваат една во друга. Во средина на централната фонтана ќе биде поставена метална модерна скулптура со форма на симболот на Општина Аеродром. Во најмалото езерце ќе има поставено украсно соларно дрво со светлечки ефекти, додека останатите две езерца ќе содржат по два водопади, мост и гејзери.

На околу 5.420 квадратни метри, пак, ќе има тревни површини со висока и ниска вегетација и што е најважно паркот ќе има три сопствени бунари, кои ќе се користат за полнење на езерата, а за тревниците ќе има вграден автоматски систем за наводнување.

Осветлувањето на паркот, кон кој ќе гравитираат 10 влезови, ќе биде со канделабри во централниот дел на паркот, како и ниско амбиентално светло низ целиот парк. Осветлени ќе бидат и езерата и фонтаните со амбиентално светло со ефекти со што ќе се добие сосема друг изглед на паркот ноќе.

Исто така, паркот, ќе има архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини, збогатени со жардиниери со место за седење, шеесетина клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема.

Пешачките патеки со површина од 3.795 квадратни метри ќе бидат обработени со различни типови на гранит, базалтни коцки, кулир и бехатон.

Со изградбата на новиот парк, Општина Аеродром уште еднаш ќе го потврди атрибутот на најзелена општина, што го носи поради фактот што во неа има 28 квадратни метри блоковско зеленило по глава на жител, во споредба со европскиот проектантски стандард од 8,5 квадратни метри по глава на жител.

 

tl_files/novosti2011/zivot/2707/voden%20park%201.jpg


http://www.aerodrom.gov.mk/novosti-zhivot.213/items/opshtina-aerodrom-raspisha-tender-za-izgradba-na-nov-golem-voden-park.html



Replies:
Posted By: FoSsiL
Date Posted: 27-Jul-2011 at 18:29

Локацијата е оваа --> 41°59'36.42"N 21°27'48.00"E

Каде што по ДУП тербаше најпрвин да се гради Хотел, па потоа Сала за Хокеј, но најпосле изгледа испадна дека ќе се гради овој парк.



Ја промашив секцијата / тоест треба да биде во подсекцијата Пешачки зони и Паркови, па ако може префрлете ја темава.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 27-Jul-2011 at 19:00
Браво за локацијата. Ако е таа што мислам, десно од Тенискиот клуб АС кога се гледа на МАПС.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jul-2011 at 08:27


Блиску си ама не е од десната страна туку од левата така гледано
Ете фосил постфестум едитирал и ставил координати...

Е сега, како што кажа фосил, овде останува нејасно што се случува со претходната маркичка. Беше планиран хотел, ама од општина аеродром рекоа дека немало интерес, па тука ја префрлија салата за зимски спортови ( http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/___RzaP/BIMAS%202010kscst/07%20salahokej.jpg - http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/___RzaP/BIMAS%202010kscst/07%20salahokej.jpg ), а таму каде што требаше да биде салата, му дозволија на Петар Наумовски да си ја прошири парцелата за аква-паркот:
http://www.build.mk/?p=6973 - http://www.build.mk/?p=6973

Епа сега што се случи со салата за зимски спортови??  И што се случува со дупот, дали е во процедура некаква измена или си тераат по старо, да ги погазуваат урбанистичките планови токму оние кои треба да се грижат за нивно спроведување.


Posted By: stratus
Date Posted: 28-Jul-2011 at 10:40
За салата има замена во карпош, а се слуша и замена за аква паркот во карпош. Нема да ме чуди доколку Пеце си изгради згради на локацијата за аква паркот. Познат е по такви работи


Posted By: Mjölnir
Date Posted: 28-Jul-2011 at 11:22
Паркот изгледа убаво и нема сомнение дека ќе биде полн погодок имајќи го предвид новизградениот парк Јане Сандански кој е преполн. Само едно прашање, нели АСНОМ/АВНОЈ требаше да продолжува на тоа место со мост или грешам?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jul-2011 at 11:30
Во прво си, булеварот треба да продолжува, ама според формата на парков, таман е вметнат на просторот што ќе остане слободен:




Posted By: Baze
Date Posted: 28-Jul-2011 at 11:36

Парк со четири езерца кај салата „Јане Сандански“

Парк со четири езерца, фонтани, мостови, скулптура и гејзери ќе се гради во Аеродром, на кејот на Вардар. Градоначалникот Ивица Коневски вчера информираше дека Општината Аеродром го распишала тендерот за избор на изведувач на паркот, кој е предвиден до спортската сала „Јане Сандански“, на местото познато како Паркот на пензионерите.

Ќе се простира на површина од 11.015 квадратни метри, од кои 1.800 квадрати ќе бидат водена површина, односно четири езерца со различна форма и големина. Во најголемото езерце ќе има две фонтани и метална модерна скулптура со форма на симболот на Општина Аеродром. Во останатите ќе бидат поставени украсно соларно дрво со светлечки ефекти, водопади, мост и гејзери. Останатиот дел од паркот ќе биде уреден со висока и ниска вегетација, а полевањето ќе се врши од три сопствени бунари.

Осветлувањето на просторот, езерата и фонтаните ќе биде приспособено за попријатен амбиент на граѓаните. Во паркот ќе има архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини, жардиниери со место за седење, шеесетина клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема.

- Граѓаните не само што ќе добијат ново зелено катче за рекреација и место на кое ќе можат да се разладуваат во топлите денови, туку ќе дадеме уште еден придонес за екологијата со облагородување на овој запуштен простор - изјави градоначалникот Коневски.

Овој воден парк, потенцираат општинарите, не е планираниот аквапарк кој треба да го гради поранешниот кошаркар Пеце Наумовски во непосредна близина.

Изградбата ќе почне штом ќе биде избран изведувачот, а се очекува да биде готов за неколку месеци.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F13F3FBB3387404FABED04634A457CAC - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F13F3FBB3387404FABED04634A457CAC


Posted By: Baze
Date Posted: 28-Jul-2011 at 11:39

Вештачки езера покрај Вардар во Аеродром

Вештачки езерца, фонтани, соларно дрво со светлечки ефекти, водопади, мост, гејзери, зеленило, шеесетина клупи за седење... Сето тоа ќе ја исполни површината од 11.000 квадрати покрај кејот на Вардар во непосредна близина на спортската сала „Јане Сандански“ каде што Општина Аеродром ќе гради воден парк. Надлежните од вчера се во потрага по фирма што ќе го изгради ова несекојдневно катче.

Планирано е до паркот да водат 10 патеки, зеленилото да се одржува со три бунари што ќе ги изгради Општината, а осветлувањето ќе биде со канделабри во централниот дел и ниско амбиентално светло. Осветлени ќе бидат и езерата и фонтаните. Во средина, пак, на централната фонтана ќе биде поставена модерна метална скулптура со форма на симболот на Општина Аеродром.

„Со изградбата на новиот парк, Општина Аеродром уште еднаш ќе го потврди атрибутот на најзелена општина поради фактот што во неа има 28 квадратни метри блоковско зеленило на глава на жител, во споредба со европскиот проектантски стандард од 8,5 квадрати“, истакна вчера градоначалникот Ивица Коневски при промоцијата на проектот за новиот парк. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A6221B2824A3744C93ABB8F99D98D0D7 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A6221B2824A3744C93ABB8F99D98D0D7


Posted By: Baze
Date Posted: 28-Jul-2011 at 11:41

ОПШТИНА АЕРОДРОМ БАРА ИНВЕСТИТОР ЗА УШТЕ ЕДЕН ГРАНДИОЗЕН ПРОЕКТ
Воден парк со езерца, водопади и гејзери ќе го красат Кејот на Вардар

Паркот на езерата ќе се простира на околу 11 илјади квадратни метри, од кои околу 1.800 квадрати ќе бидат водена површина со четири езерца. Во средината на централната фонтана ќе биде поставена метална модерна скулптура со форма на симболот на Општина Аеродром, а во најмалото езерце ќе има поставено украсно соларно дрво со светлечки ефекти, додека останатите две езерца ќе содржат по два водопади, мост и гејзери


Аеродромци ќе добијат уште едно зелено катче за рекреација и место на кое ќе можат да се разладуваат во топлите денови. Покрај Кејот на Вардар во непосредна близина на спортската сала "Јане Сандански" ќе се гради нов голем воден парк со езерца, водопади и гејзери.
Ова го соопшти градоначалникот Ивица Коневски кој рече дека деновиве е распишан тендер за инвеститор кој ќе има желба да вложи во облагородувањето на овој со години наназад запуштен простор.
- Паркот на езерата ќе се простира на околу 11 илјади квадратни метри, од кои околу 1.800 квадрати ќе бидат водена површина со четири езерца. Следејќи го падот на теренот во централниот простор на паркот на подигнато плато сместено е најголемото езерце, кое се простира на околу 900 квадратни метри, а ќе содржи две фонтани во централниот дел, кои ќе се прелеваат една во друга. Во средината на централната фонтана ќе биде поставена метална модерна скулптура со форма на симболот на Општина Аеродром, а во најмалото езерце ќе има поставено украсно соларно дрво со светлечки ефекти, додека останатите две езерца ќе содржат по два водопади, мост и гејзери. Исто така на околу 5.400 квадратни метри, ќе има тревни површини со висока и ниска вегетација и што е најважно паркот ќе има три сопствени бунари, кои ќе се користат за полнење на езерата, а за тревниците ќе има вграден автоматски систем за наводнување, изјави градоначалникот Коневски на вчерашаната промоција на проектот.
Тој додаде дека осветлувањето на паркот, кон кој ќе гравитираат 10 влезови, ќе биде со канделабри во централниот дел на паркот, како и ниско амбиентално светло низ целиот парк.
- Осветлени ќе бидат и езерата и фонтаните со амбиентално светло со ефекти со што ќе се добие сосема друг изглед на паркот ноќе. Паркот, ќе има архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини, збогатени со жардиниери со место за седење, шеесетина клупи, канти за отпадоци како и друга урбана опрема. Пешачките патеки со површина од 3.795 квадратни метри ќе бидат обработени со различни типови на гранит, базалтни коцки, кулир и бехатон, информираше Коневски.

(А.И.) Фото: Ѕ.ПЛАВЕВСКИ

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=30D0DDCE31460349BD91A024BFB03DD7 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=30D0DDCE31460349BD91A024BFB03DD7


Posted By: Baze
Date Posted: 28-Jul-2011 at 11:51

Парк со четири езерца во Аеродром

Запуштената и обрасната полјана наспроти влезот на спортската сала „Јане Сандански“ во Аеродром, покрај кејот на Вардар, за осум месеци ќе прерасне во парк со четири езерца, соопштија вчера општинарите

Проектот ќе се реализира за осум месеци

Паркот ќе се простира на површина од околу 11.015 квадратни метри, од кои 1.800 квадрати ќе бидат водна површина. Во централниот дел ќе се наоѓаат езерцата, од кои најголемото ќе се простира на 900 квадратни метри и ќе содржи две фонтани, кои ќе се прелеваат една во друга, а во средината ќе се постави метална скулптура со симбол на општината. Во најмалото езерце исто така ќе има скулптура од украсно соларно дрво со специјални светлечки ефекти. Другите две, пак, ќе имаат водопади и гејзери.

- Иако е воден парк, сепак ќе се штеди на вода. Зеленилото, кое ќе се простира на 5.420 квадратни метри, во висока и ниска вегетација, ќе се полева по автоматски систем на наводнување со вода од три сопствени бунари - изјави градоначалникот Ивица Коневски.

Паркот ќе има десет влеза, архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини, збогатени со жардиниери, клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема, како и гранитни и бехатонски пешачки патеки. Осветлувањето ќе биде со канделабри во централниот дел, како и со ниско амбиентално светло низ целиот парк.

Тендерот за избор на фирмата што ќе го гради водниот парк е распишан, од октомври се очекува да почне изградбата на паркот, а до март идната година да биде готов.

Од задната страна на салата „Јане Сандански“ годинава треба да почне и изградбата на аква-паркот.               

Автор: С.Ј. 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72811939525&id=14&prilog=0&setIzdanie=22342 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72811939525&id=14&prilog=0&setIzdanie=22342


Posted By: axel
Date Posted: 29-Jul-2011 at 11:08

Паркот со езерца доаѓа наместо сала за хокеј


Сондажните испитувања на општината Аеродром покажале дека поисплатлива инвестиција е изградба на парк со езерца отколку хокеарски објект, па додека се гради новата содржина, ќе се промени и урбанистичката документација за да се вметне таа

 
 
%20  

Паркот со езерца ќе се простира на 11.000 м2

Паркот со четири езерца што почна да се гради вчера во општината Аеродром се прави на место што во деталниот урбанистички план е предвидено за изградба на сала за хокеј. Според општинарите, сондажните испитувања што ги направиле покажале дека поисплатливо е да се направи парк отколку хокеарски објект. Иако таа беше бомбастично најавена со другите објекти предвидени на кејот на реката Вардар, сега ќе се прави измена во урбанистичкиот план за тој да се приспособи на новите проекти на општината.

Со овие измени скопјани остануваат само со едно лизгалиште, каде што ќе може да се вежбаат хокеј или уметничко лизгање. Игралиштето за хокеј и другите придружни објекти во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во овој период паузираат поради колективниот одмор на вработените.

- Иако лизгалиштето, како и кугларницата, пингпонг-просториите и другите објекти се на пауза, бидејќи е период на годишни одмори, сепак веќе има интерес и за неа. Уште пред да почнат одморите се закажани редовните тренинзи за хокеј-клубот „Ипсилон“ и за Хокеарската федерација. Може да се пофалиме и со голем интерес од родители што сакаат нивните деца да учат хокеј или уметничко лизгање - објаснува Ивана Стојановска, портпаролка на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Од септември заинтересираните и за овој вид спорт ќе можат да резервираат термин и да ја посетат салата за хокеј во спортскиот центар.

Што се однесува, пак, до десниот брег на реката Вардар во делот од општината Аеродром, со последните измени на деталниот план беа предвидени аква-парк, тениски игралишта, хотели, а меѓу нив и салата за хокеј. Во меѓувреме во непосредна близина на спортската сала „Јане Сандански“ се изградени тениските и фудбалското игралиште.

Паркот со четири езерца што завчера го најави градоначалникот Ивица Коневски треба да биде готов и достапен за граѓаните за осум месеци. Тој ќе зафати површина од над 11 илјади квадратни метри, од кои во водна површина ќе бидат 1.800 квадрати. Најголемото езеро ќе зафати половина од водната површина, а во средината ќе има и метална скулптура со симбол на општината. Исто така, предвидени се и водопади и гејзири и други скулптури.

Сличен парк општината веќе изгради на спротивната страна од населбата Аеродром, на крстосницата меѓу булеварите Јане Сандански и Србија, каде што се постави и споменикот на Јане Сандански. Паркот што го носи името на македонскиот револуционер зафаќа 4.000 квадратни метри, има три вештачки езерца, фонтани, водопад, плоштад, а при крај е и изградбата на црквата „Свети Никола“.

Последните планови за развој на општината Аеродром, градоначалникот ги презентираше пред крајот на минатата година, кога ја претстави општината како место за инвестиции. Тогаш беа најавени над 100 семејни згради, десетина деловни објекти, нови комерцијални комплекси, административни објекти, болница, хотели, како и спортско-рекреативен центар на кејот на Вардар, со спортска сала, сала за хокеј, олимписки базен, четири тениски и едно фудбалско игралиште.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72911928273&id=14&prilog=0&setIzdanie=22343


Posted By: axel
Date Posted: 05-Oct-2011 at 12:03

1,2 милиони евра чини водениот парк во Аеродром


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/05/park.jpg

Изградбата на водениот парк со четири езерца, водопади и гејзери што ќе се прави на кејот на реката Вардар, во близина на спортската сала „Јане Сандански“, општина Аеродром ќе ја чини околу 1,2 милиони евра.


Паркот ќе се простира на површина од 11.015 метри квадратни, а освен езерцата како содржина се предвидени и две фонтани и метална модерна скулптура. Најмалото езерце ќе има скулптура – украсно соларно дрво со светлечки ефекти, а дел од другите три езерца ќе бидат и по два водопади и гејзери.


Просторот ќе биде осветлен со украсни канделабри и ниско амбиентално светло на езерцата и фонтаните, а ќе бидат поставени и клупи за седење, урбана опрема, како и гранитни и бекатонски пешачки патеки.


Тендерската постапка за избор на изведувач на паркот е во тек.

http://www.time.mk/read/NONE/05b6222931/index.html


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Oct-2011 at 17:32

1,2 милиони евра чини водениот парк во Аеродром



Се надевам дека информацијата е погрешна и дека вистинската сума е мноооогу, мноооогу помала. За споредба, општината за изградба плус реконструкција на локални патишта и улици предвидела 500 илјади евра годишно:
http://www.aerodrom.gov.mk/tl_files/images/budzet%202011/Poseben%20del.pdf - http://www.aerodrom.gov.mk/tl_files/images/budzet%202011/Poseben%20del.pdf

Ако информацијата за паркот е точна, излишен е секаков друг коментар.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 05-Oct-2011 at 22:51
Ако е 1,2 милиони денари = 20.000 евра не изгледа како доволно за толку големи езера евентуално со фонтани.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Oct-2011 at 22:58
Да, и јас помислив да не случајно е збрка евра-денари, ама и мене 20 илјади евра ми изгледаат тотално недоволно.

Инаку се извинувам, за изградба и за реконструкција на улици и патишта, за 2011 година општината предвидела 600, а не 500 илјади евра како што пишав прееска (не дека тоа нешто суштински менува во пропорциите на вложувањата)


Posted By: OCB
Date Posted: 06-Oct-2011 at 00:05
Originally posted by Cloverstack

Се надевам дека информацијата е погрешна и дека вистинската сума е мноооогу, мноооогу помала.

За потсетување, плоштадот „Јане Сандански“ http://www.time.mk/read/NONE/3055750a44/index.html - чинеше 450.000 илјади евра. Со оглед на тоа дека тој се простира на површина од околу 4.000 метри квадратни, звучи веројатно дека Паркот на езерата (кој зафаќа површина од околу 11.000 метри квадратни) ќе чини 1,2 милиони евра.

Originally posted by Cloverstack

Ако информацијата за паркот е точна, излишен е секаков друг коментар.

Менталитетот на општинските власти е се уште на ниво каде најважно е да се гради нешто над земја, нешто што е видливо. Капиталните проекти, како што се канализациски мрежи, препумпни станици за отпадни води или пречистителни станици, според општинарите треба да се реализираат преку http://www.aerodrom.gov.mk/proekti_donacii.html - донации .


Posted By: axel
Date Posted: 17-Dec-2011 at 12:32

http://kurir.mk/republika/skopje/53885-Zapocnuva-izgradbata-na-Parkot-na-ezerata-vo-Aerodrom - Започнува изградбата на Паркот на езерата во Аеродром

Во недела градоначалникот на општина Аеродром Ивица Конески  официјално ќе го означи почетокот на изградба на паркот на езерата, чин на кој се очекува да присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

voden-park-3-500

Паркот на езерата ќе се простира на околу 11.015 квадратни метри, од кои околу 1.800 квадратни метри ќе бидат водена површина со 4 езерца.

Аеродромци не само што ќе добијат ново зелено катче за рекреација и место на кое ќе можат да се разладуваат во топлите денови, туку ќе се даде и придонес за екологијата. Ќе се облагороди овој простор кој со години наназад е запуштен.

Во централниот простор на паркот на подигнато плато ќе биде најголемото езерце, кое  ќе се простира на околу 900 квадратни метри.

Ќе содржи две фонтани во централниот дел, кои ќе се прелеваат една во друга. Во средина на централната фонтана ќе биде поставена метална модерна скулптура со форма на симболот на општината Аеродром.

Во најмалото езерце ќе има поставено украсно соларно дрво со светлечки ефекти, додека останатите две езерца ќе содржат по два водопади, мост и гејзери.

Ќе има и тревни површини со висока и ниска вегетација на околу 5.420 квадратни метри и што е најважно паркот ќе има три сопствени бунари, кои ќе се користат за полнење на езерата, а за тревниците ќе има вграден автоматски систем за наводнување.

Осветлувањето на паркот, кон кој ќе гравитираат 10 влезови, ќе биде со канделабри во централниот дел на паркот, како и ниско амбиентално светло низ целиот парк. Осветлени ќе бидат и езерата и фонтаните со амбиентално светло со ефекти со што навечер ќе се добие сосема друг изглед на паркот.

Паркот, ќе има архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини, збогатени со жардиниери со место за седење, шеесетина клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема.

http://kurir.mk/republika/skopje/53885-Zapocnuva-izgradbata-na-Parkot-na-ezerata-vo-Aerodrom



Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Dec-2011 at 15:14
Аеродром
Недела, 18 Декември 2011 14:26
Сподели
97

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Денеска почна да се гради Паркот на езерата во Општина Аеродром кај спортската сала „Јане Сандански“, до кејот на реката Вардар.

Водениот парк, во кој општината инвестира 60 милиони денари, ќе се простира на површина од околу 11.000 метри квадратни, од кои 1.800 метри квадратни водена површина со четири езерца.

Во централниот простор на паркот на подигнато плато сместено е најголемото езерце, кое се простира на околу 900 квадратни метри, а ќе содржи две фонтани во централниот дел, кои ќе се прелеваат една во друга. Во средина на централната фонтана ќе биде поставена метална модерна скулптура со форма на симболот на Општина Аеродром. Во најмалото езерце ќе има поставено украсно соларно дрво со светлечки ефекти, додека останатите две езерца ќе содржат по два водопади, мост и гејзери.

На околу 5.420 квадратни метри, пак, ќе има тревни површини со висока и ниска вегетација и што е најважно паркот ќе има три сопствени бунари, кои ќе се користат за полнење на езерата, а за тревниците ќе има вграден автоматски систем за наводнување.

Осветлувањето на паркот, кон кој ќе гравитираат 10 влезови, ќе биде со канделабри во централниот дел на паркот, како и ниско амбиентално светло низ целиот парк. Осветлени ќе бидат и езерата и фонтаните со амбиентално светло со ефекти со што ќе се добие сосема друг изглед на паркот ноќе.

Исто така, паркот, ќе има архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини, збогатени со жардиниери со место за седење, шеесетина клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема.

Пешачките патеки со површина од 3.795 квадратни метри ќе бидат обработени со различни типови на гранит, базалтни коцки, кулир и бехатон.
http://kurir.mk/republika/skopje/53965-FOTO-Vaka-ke-izgleda-Vodeniot-park-vo-Aerodrom - http://kurir.mk/republika/skopje/53965-FOTO-Vaka-ke-izgleda-Vodeniot-park-vo-Aerodrom


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Dec-2011 at 15:59
Она во средина на езерото ми личи на споменикот Карпалак од Прилеп.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 18-Dec-2011 at 16:20
Личи Да , мене нешто не ми е посебно креативно решението. Сепак генерално подржувам изградба на паркови, споретски терени и слично каде што граѓаните имат повеќе можности за поминување на времето надвор.
Кога во Октомври бев во Прилеп тоа посебо ми се допадна што скоро секое ќоше е направено во мал парк.


Posted By: Baze
Date Posted: 18-Dec-2011 at 17:57
А што е со подземниот паркинг што е вцртан во дуп-от но никаде не е спомнат во изјавите или прилозите на медиумите? Планираат да го прават или...


Posted By: dule
Date Posted: 18-Dec-2011 at 18:02
Според мене вака би се протегал Паркот на езерата:



Парков ми се допаѓа  на кој дел се гради во Аеродром бидејки овој дел претходно преставуваше неуредена површина,со огромни исушени треви и ѓубриште.

(Плавото е веќе изграден паркинг простор)



Posted By: kultuzin
Date Posted: 18-Dec-2011 at 18:12
Јас мислев дека ќе се гради на десната страна од Слата , тој простор изгледа барем од Мапс уште позапуштено. Инаку не мора по цело течение на Вардар паркови за да биде уреден просторот. Може и без парк да се среди кејот по цела должина на Вардар и да нема вакви запуштени места.


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Dec-2011 at 19:25
мене одамна не ми се допаѓа идејата за правење на грандиозни паркови на неискористени простори во Аеродром, во Аеродром веќе има паркови, требаше само да ги уредат онака како што ги прават новиве
а за да се уреди една површина, не мора да се градат фонтани, езера и што се не, што опфаќа поголеми зафати, едноставно може просторот да се уреди со малку поразновидно зеленило и уредени патеки и урбана опрема, тоа е се
а и на парков името му е повеќе од утнато, јас неикаде не гледам езеро, гледам само мали базени...

кога се спомна езера, јас ми слев дека ќе прават нешто во стилот на градскиот парк и дека ќе се наоѓа на поголема површина


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: dule
Date Posted: 18-Dec-2011 at 21:15
Originally posted by kultuzin

Јас мислев дека ќе се гради на десната страна од Слата , тој простор изгледа барем од Мапс уште позапуштено. Инаку не мора по цело течение на Вардар паркови за да биде уреден просторот. Може и без парк да се среди кејот по цела должина на Вардар и да нема вакви запуштени места.


Од десната страна планирано е да се гради базенот и водениот парк.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 18-Dec-2011 at 22:07
Би било супер да го дочекаме и тој проект да се реализира со што целиот тој полукружен простор формиран од течението на Вардар би добил многу убави содржнини. Незнам каква состојбата со Салата Јане Сандански но во тој случај би било добро таа да се реновира. Но во Аеродром веќе имаше планирано сала но не се сеќавам точно на која локација.


Posted By: nouseforname
Date Posted: 18-Dec-2011 at 22:13
da stvarno mora da se sredi toj del od tecenieto na vardar,znam deka e baranje mn ama bi bilo dobro i mostot da se napravi sto aerodrom ke go povrze so taa strana od vardar zs sega e eden most(ne sum siguren) sto mnogu ke skrati patot


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 22-Apr-2012 at 15:56

Се извинувам за лошиот квалитет на фотографиите и воедно лошите временски услови и осветленоста....

 

 

 

 

 

 

 

 

 




Posted By: FoSsiL
Date Posted: 22-Apr-2012 at 16:20

Ако ве чудат тие (4 на број) бетонски структури... претпоставувам дека ќе бидат водопади, по кои водата ќе се слева во езерата под нив...

Нешто како водопадот кај/во паркот Јане Сандански... само во нешто поголем размер и некоја различна форма...

Водопадот во паркот Јане Сандански, како за споредба...



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Apr-2012 at 13:05
Еве и од мене тазе слики

1


2


3


4


5


6


7


8


9



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 26-Apr-2012 at 17:08
Мора да кажам дека ова општина е топ. Се гради/ се урбанизира на големо. Многу добар впечаток имам од ова општина. Градочалникот на аеродром треба да стане градачалник на центар, за да личи центарот на нешто


Posted By: N23
Date Posted: 26-Apr-2012 at 17:51
Originally posted by my Macedonia

Мора да кажам дека ова општина е топ. Се гради/ се урбанизира на големо. Многу добар впечаток имам од ова општина. Градочалникот на аеродром треба да стане градачалник на центар, за да личи центарот на нешто


Ужасно грешиш. Баш сеа од Центар ќе објавам како се средува таму. Овој градоначалник само големи проекти прави, а и ти како и голем дел од граѓаните на Аеродром падна на оваа фора Во изминативе 2-3 години намален е бројот на чистачи, се попрљави пространства има, скоро и да нема нова улица асфалтирано во урбаниот дел на Аеродром, а и во селото Лисиче граѓаните цела зима одеа по кал, зашто немаше кој да им асфалтира улици.
Да, ок се паркчињата, сосема фини, за тоа се нема збор, ама овој градоначалник одамна ги има заборавено освновните функции и уредувања во општината.

-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Apr-2012 at 16:21
Originally posted by N23

Originally posted by my Macedonia

Мора да кажам дека ова општина е топ. Се гради/ се урбанизира на големо. Многу добар впечаток имам од ова општина. Градочалникот на аеродром треба да стане градачалник на центар, за да личи центарот на нешто


Ужасно грешиш. Баш сеа од Центар ќе објавам како се средува таму. Овој градоначалник само големи проекти прави, а и ти како и голем дел од граѓаните на Аеродром падна на оваа фора Во изминативе 2-3 години намален е бројот на чистачи, се попрљави пространства има, скоро и да нема нова улица асфалтирано во урбаниот дел на Аеродром, а и во селото Лисиче граѓаните цела зима одеа по кал, зашто немаше кој да им асфалтира улици.
Да, ок се паркчињата, сосема фини, за тоа се нема збор, ама овој градоначалник одамна ги има заборавено освновните функции и уредувања во општината.
До некаде имаш право, ама градочалникот на центар работи малку, прави малку проекти ама тие проекти што се реализираат се по европски стандарти. Сепак како мала општина и како центар на скопје со полна каса, ова општина има многу поголем потенциал. Пример подземникот за коли што е планирано кај улица македонија, тој проект може општината без проблем да го реализира, локални улици и тротуари се заникаде, и тие работи може да ги направи општината, малку работи човекот. Сум бил во карпош, чаир и центар а карпош мене повеќе ми личи на центар( предвид улиците, тротуарите и урбана опрема)одколу центарот. Треба повеќе да прави градочалникот на центар!!!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Apr-2012 at 19:08
Имајте во предвид дека 90% од работите што се реализираат во Центар директно ги водат или Владата на РМ, или пак Градот Скопје... или пак се индиректно по агенда на Владата, а ги извршува Центар, за што добива и финансиски средства, пари...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 30-Apr-2012 at 19:34
Стварно мислите дека оној Коневски е умот и креаторот на тоа што се работи во Аеродром? Што ќе му кажат тоа потпишува, како и сите актуелни градоначалници.   


Posted By: Petar
Date Posted: 30-Apr-2012 at 19:42
C c c... od koga stana ova politicki forum...?


Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 30-Apr-2012 at 19:52
Претпоставувам откако политиката дебело се вмеша во градежниот развој на Скопје. 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-May-2012 at 11:50






Posted By: gjoko
Date Posted: 22-May-2012 at 11:58
аеродромци им го зеле споменикот од Прилеп и топката е префарбале во жолто,да не се сетат


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 13-Jun-2012 at 18:38

Originally posted by gjoko

аеродромци им го зеле споменикот од Прилеп и топката е префарбале во жолто,да не се сетат

Незнам... мене ич не ми се допаѓа жолтава боја... требаше како на рендерот да си остане бела подобро ќе изгледаше... освен ако планираат да ја пребојуваат, што не верувам...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 13-Jun-2012 at 18:41

Еве нешто од мене од денес:



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 13-Jun-2012 at 18:42

'



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 13-Jun-2012 at 18:43



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Gjorgjiev Jr.
Date Posted: 13-Jun-2012 at 18:47
Шо убо место за романтика, мераци Него, каде точно се наоѓа парков? Не можам точно да се ориентирам.


Posted By: Z|evzek
Date Posted: 13-Jun-2012 at 18:54
Топ е парков !


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 13-Jun-2012 at 18:55
+41° 59' 36.80", +21° 27' 48.24"

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: gjoko
Date Posted: 13-Jun-2012 at 21:19
оваа слика ја најдов на google earth за ова место





Posted By: FoSsiL
Date Posted: 18-Jun-2012 at 13:50

Општина Аеродром

Утре, 19.6.2012 година (вторник), со почеток во 11:30 часот покрај кејот на Вардар, кај спортската сала „Јане Сандански“, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски официјално ќе го пушти во употреба новиот воден парк, така наречен „Парк на езерата“.

На официјалното пуштање во употреба на паркот на езерата се очекува да присуствуваат претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Jun-2012 at 21:58
Ексклузивно видео и фото: „Паркот на езерата“- новото обележје на Аеродром
Понеделник, 18 Јуни 2012 21:37
Сподели
133

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Аеродром доби свое ново обележје. Со изградбата на новиот воден парк покрај кејот на реката Вардар, општината им подари на граѓаните ново зелено катче за рекреација.
Модерниот парк го облагороди со години наназад запуштениот простор близу салата МЗТ.
„Паркот на езерата“ кој се простира на околу 11 илјади квадратни метри, од кои околу 1.800 квадратни метри се водена површина со 4 езерца, има три сопствени бунари, кои ќе се користат за полнење на езерата, а за тревниците има вграден автоматски систем за наводнување.
Водениот парк исто така има архитектонски, партерни и хортикултурно уредени површини, збогатени со жардиниери со место за седење, клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема, а осветлен е со канделабри и рефлектори.
За паркот, кој утре официјално ќе биде пуштен во употреба, општина Аеродром од својот буџет одвои 60 милиони денари.
Паркот на езерата е шестиот голем и модерен парк што се изгради во Аеродром, покрај паркот „Јане Сандански“, „Тоше Проески“, паркот со авион, парковите во Реонскиот центар „Аеродром“, како и новиот парк во населбата Лисиче, кој е во завршна фаза.










http://kurir.mk/republika/skopje/74873-Ekskluzivno-video-i-foto-Parkot-na-ezerata--novoto-obelezje-na-Aerodrom - http://kurir.mk/republika/skopje/74873-Ekskluzivno-video-i-foto-Parkot-na-ezerata--novoto-obelezje-na-Aerodrom


Posted By: phenomenon
Date Posted: 18-Jun-2012 at 22:57
Фасцинантно! Браво за локалните власти на Аеродром. Направени: паркови, фонтани, клупи за одмарање, жардинерии, паркинзи на кат. Секоја локална самоуправа треба да се угледа на нив. А не како овие од Куманово, наместо да се угледаат на Аеродром или барем на Карпош, тие напротив - направија од градот Кисела Вода 2.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Dragan
Date Posted: 19-Jun-2012 at 01:03
Originally posted by phenomenon

Фасцинантно! Браво за локалните власти на Аеродром. Направени: паркови, фонтани, клупи за одмарање, жардинерии, паркинзи на кат. Секоја локална самоуправа треба да се угледа на нив. А не како овие од Куманово, наместо да се угледаат на Аеродром или барем на Карпош, тие напротив - направија од градот Кисела Вода 2.

Istoto go vikam i za mojot grad, dodeka se davime vo deponii  se tepame na neramni trotoari bulevari i se peceme kako gusteri na sonce bez vistinsko zelenilo klupi parkovi, dodeka nekoi opstini prerasnuvaat vo vistinski urbani prostori  nekoj se uste zivee vo 2001....QuestionQuestion


-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Jun-2012 at 02:40
ќе звучам ко расипана касета, ама изведба на нови паркови во општина чија половина површина е зеленило, за мене звучи како труд во празно... не ме разбирајте погрешно немам ништо против сето ова, баш напротив, ми се допаѓа, ама општината, ако збориме за зеленило, дефинитивно требаше малку да поработи на уредување на постоечкото зеленило, и тоа не зборам за големите паркчиња во Јане Сандански и Ново Лисиче, туку за најпростото зеленило покрај улиците и околу објектите, да го збогатат со малку хортикултура, а тревата да биде уредна како онаа на средишното зеленило на бул, Јане Сандански...
а да не збориме за други ситни потреби на општината, како средување на постоечкото осветлување, и осветлување на голем дел црни морничави темници низ населбата, санација на некои пешачки зони, тротоари и санација и решавање на сообраќајни проблеми на некои од споредните улици

а ако зборам конкетно за парков има некои работи кои ми бодат очи
1. вештачките водопади кои мене ме потсеќаат на скејт парк, и најверојатно поубаво ќе беше да беа изведени онака како во паркот на Јане Сандански
2. самиот парк има лоша локација, таму, веќе познато е дека е во план сообраќајница, што воопшто не оди во прилог на паркоти ќе му ја наруши изолираноста од бучава и движење
3. малку ме чуди зошто не го уредија целиот простор долж кејот до Три бисери, ако ништо друго барем со зеленило


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2012 at 09:19
Не ми се допаѓаат дел од „украсите“ во парков, но како целина мислам дека е убава иницијатива, конечно придвижување во правец кон креирање на вистински парковски површини за разлика од последните 20 и повеќе години кога секоја комбинација од 3 клупи, некој павер елемент и едно дрво беше прогласувана за парк.

Езерцата изгледаат пристојно а доколку сето ова културно се обогати со дрва и „згусне“ во следниве 20на години, ќе биде навистина како што треба.


Posted By: xnx
Date Posted: 19-Jun-2012 at 10:24
tocno, park bez drva na ovie temperaturi i neupotrebliv iskreno. tek za 20 godini ke bide ubav...


Posted By: vladegf
Date Posted: 19-Jun-2012 at 13:49
во блиска иднина гледам циганчиња како се фрлаат ласта од мостчињата


Posted By: MGS
Date Posted: 19-Jun-2012 at 14:10
Прекрасно.Колку повеќе паркови,толку помалку згради.


Posted By: N23
Date Posted: 19-Jun-2012 at 22:51
Сите вие што имате хвалоспеви за Општина Аеродром, искрено Ви препорачувам да ги посетите населбата Лисиче, трговскиот во истоимената населба, дел од улиците во оваа општина, Острово, делот после паркот Аеродром, плошжчниците помеѓу зградите и сл.
Не сакам погрешно да бидам разбран, стварно се одлични парковиве, ама не сме ние ниту Данска ниту Норвешка па приоритет на еден градоначалник да се само паркови. Оваа општина има стотици други проблеми.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: gjoko
Date Posted: 20-Jun-2012 at 00:02
во право си Н23,ама сепак Аеродрмом е општина со најголем дел завршени инфраструктурни објекти,исто така станебениот дел е на завидно ниво,селски патчина фала богу немате за одржување,останува да се досреди зеленилото,некоја спортска сала,досредување на новопробиените улици и слично.

не дека нема проблеми какви што кажуваш,но во секој случај функцијата градоначалник на Аеродром е прав џек пот,со градење на секоја нова зграда се плажаат доста комуналии ,буџетот е вероватно најдобар во целка држава,па градоначалникот има само слатки маки како да го потроши.

само за споредба,кичевскиот долг само од денационализацијата изнесува некаде над 11 годишни буџети.толку години ништо да не се троши па да се дојди на нула


Posted By: N23
Date Posted: 20-Jun-2012 at 00:21
Originally posted by gjoko

во право си Н23,ама сепак Аеродрмом е општина со најголем дел завршени инфраструктурни објекти,исто така станебениот дел е на завидно ниво,селски патчина фала богу немате за одржување,останува да се досреди зеленилото,некоја спортска сала,досредување на новопробиените улици и слично.

не дека нема проблеми какви што кажуваш,но во секој случај функцијата градоначалник на Аеродром е прав џек пот,со градење на секоја нова зграда се плажаат доста комуналии ,буџетот е вероватно најдобар во целка држава,па градоначалникот има само слатки маки како да го потроши.

само за споредба,кичевскиот долг само од денационализацијата изнесува некаде над 11 годишни буџети.толку години ништо да не се троши па да се дојди на нула


Ѓоко така е, ако го гледаш Аеродром само на потегот Железничка Станица  -  булевар Србија - Ново Лисиче. Има и во овој дел мани, како што е Скопјанка и нејзината несреденост, делот кај кафаната Иди ми дојди ми (аеродромци и гостите на кафаната знаат дека таму е право село) и сл, ама да, тоа е едвај 5 посто од севкупната површина на урбаниот дел на Аеродром. И стварно Аеродром е преубава населба, чак и подобра во споредба со нејзе сличните во екс-Ју како Нови Београд и Нови Загреб.
Од друга страна, територијата на општина Аеродром зафаќа и прилично селски средини. Типичен пример селото Лисиче и делот после Ново Лисиче. Луѓето кога врне дожд или после снег пливаат во кал. Улици раскопани, несреденост, немаат тротоари во 21ви век. Дел од овие куќи се дивоградби, и тоа е факт, ама со самото тоа што општината не се грижи во какви услови живеат тие, сиот смет од таму после тоа се префрлува и во урбаниот дел. Да не говорам пак за населбата Лисиче, слична на Козле, која во последните 3-4 години наликува повеќе на село, наместо на урбана населба. Со месеци улиците се раскопани, луѓето не можат дома да влезат од кал, на улицата кај баба ми од кога Црногорците ги направиле бараките и околината не е фрлен нов асфалт ниту на улицата ниту на тротоарите. Од друга страна доволна е споредба со Козле каде од корен се реновираат основните потреби на граѓаните.

Затоа велам, убаво е ова, као Аеродромец нормално е дека освен дремење пред зграда и паркчињава стануваат одлично место за маалско џаболебарење, ама мора да се знаат кои се приоритетите. Не е приоритет 50 нови згради во Аеродром и 5 нови паркови за да се задржи позицијата. Има илјадници примери во Словенија и Хрватска каде во ваквите населби има редовно одржување на основната инфраструктура. А не во трговскиот во Лисиче им градат фонтата, а луѓево се утепаа од чистење на колите зашто 4 месеци нема кој да фрли асфалт над веќе завршени работи. Не барам ја сеа на улицата каде живее баба ми на 5 години да се средуваат тротоарите, ама па 30 години нечепнатост... ај порано бевме под Кисела Вода, ама еве скоро 8 години 3 коцки бекатон немаат поставено. А тоа што чистачите од општината скоро и да не ги посетуваат ваквите населби е друга приказна. Па чак и во муабет со луѓе од Мичурин се тотално незадоволни од запоставеноста на нивниот реон. Се даваат маркици за нови згради, а пат и паркинг не е потребен.

Малце забегав, ама криво ми е кога погрешна слика се добива за Аеродром. Да, жителите на урбаните делови треба да се презадоволни, ама они се само пола од целокупното население во општината. А што е со другите пола?




-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 20-Jun-2012 at 00:27

отидов и што да видам... аеродромци онака casual... а некои си од којзнае каде... она паркингот кај салата полн со коли... и луѓе наоблечени ко на свадба да се... дури ми падна чудно... ова отварање на парк... или на трговски центар е... 




Posted By: phenomenon
Date Posted: 20-Jun-2012 at 08:08
Секому што не му чини Аеродром, му препорачувам да отиде до елитната населба Капиштец и пешки да ја изоди нивната главна улица Васил Ѓоргов. Потоа нека го посети елитниот станбен комплекс Тасино Чешмиче и нека ги напише впечатоците на форумов.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: N23
Date Posted: 20-Jun-2012 at 11:05
Originally posted by phenomenon

Секому што не му чини Аеродром, му препорачувам да отиде до елитната населба Капиштец и пешки да ја изоди нивната главна улица Васил Ѓоргов. Потоа нека го посети елитниот станбен комплекс Тасино Чешмиче и нека ги напише впечатоците на форумов.


Знаеш дека Аеродром не е само станбениот дел?
Ја убаво си напишав погоре дека Аеродром за мене ќе остане најубава населба во Македонија, ама да не се лажеме дека Аеродром е само зградите. Од тоа што се дава поддршка само на парковите, луѓе во 21ви век живеат во смрдени околнсти. И мене ме заболе како е у Капиштец иако сум почесто таму и не е нешто полоша состојбата, мене ме заболе да го видам Аеродром во ранг на населба од Шведска каде се е средено, каде има премногу одржано зеленило и каде една урбана населба се грижи целосно за сите граѓани, а не само за пола од нив. Иди живеј во Мичурин и паркирај секој ден у кал колата, па пери ја на 3 дена. Нз уствари, можеби на поголем дел од народов тоа не ви смета.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: gjoko
Date Posted: 20-Jun-2012 at 15:41
Неверојатна глетка: „Паркот на езерата“ од птичја перспектива (ФОТО)
Среда, 20 Јуни 2012 16:30
Сподели
4

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Воодушевен од новото аеродромско обележје, редовниот читател на Курир, Ламбро Патче, ни испрати фотографии од „Паркот на езерата“ од птичја перспектива. Погледнете како изгледа еден од најубавите паркови во Скопје сликан одозгора.

Паркот на езерата е лоциран покрај кејот на Вардар близу салата МЗТ. Се простира на 12 илјади квадратни метри, од кои околу 2000 се водена површина со 4 езерца. Има три сопствени бунари, кои ќе се користат за полнење на езерата, а за тревниците има вграден автоматски систем за наводнување. Водениот парк е збогатен со урбана опрема, а осветлен е со канделабри и рефлектори.

http://kurir.mk/republika/skopje/75103-Neverojatna-gletka-Parkot-na-ezerata-od-pticja-perspektiva-FOTO - http://kurir.mk/republika/skopje/75103-Neverojatna-gletka-Parkot-na-ezerata-od-pticja-perspektiva-FOTO


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Jun-2012 at 19:23
Originally posted by phenomenon

Секому што не му чини Аеродром, му препорачувам да отиде до елитната населба Капиштец и пешки да ја изоди нивната главна улица Васил Ѓоргов. Потоа нека го посети елитниот станбен комплекс Тасино Чешмиче и нека ги напише впечатоците на форумов.
како прво, никој не збори за Капиштец, збориме за Аеродром, проблемите што си ги има Капиштец не се тема на дискусија овде, ако беше така, во градов и во земјава имемедалеку помизерни ситуации од Капиштец, за споредба

како второ, никој не вика дека Аеродром не чинел, баш напротив, Аеродром е најсредена општина во Скопски рамки... но тука е проблемот, тоа што Аеродром е понапред од други општини, не значи дека сега пари и време треба да се трошат на споредни работи, и не за џабе спомнувам дека зеленило има повеќе од доволно

мислам дека и јас и Н23 истакнавме некои проблеми, поголеми или поали, секако се поприоритетни од фонтани и параклиси на сред раскрсница и паркови кои немаат некакво пешачко значење и се реакреативни...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: xnx
Date Posted: 06-Jul-2012 at 10:56
vcera bev da go vidam parkot, mislev malku da se odmoram, ama tolku guzva imase ne mozev da se razminam... mnogu me razocara toa sto fontanickata menjase boi isto kako aleksandar i kako sve drugo sto pravat kaj nas. koja e poentava ne mi e jasno. site parkovi i fontani vo aerdorom i centar menjaat boi...

vaka od avion poubavo izgleda


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Jul-2012 at 18:58
не сум голем поддржувач на виножито осветлување, ама на вакви „рекреативни“ фонтани е многу поприфатливо отколку на сериозни објекти и споменици

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: alexgizh
Date Posted: 06-Jul-2012 at 19:34
Originally posted by zabegan

не сум голем поддржувач на виножито осветлување, ама на вакви „рекреативни“ фонтани е многу поприфатливо отколку на сериозни објекти и споменици


На иста линија сум со тебе. Но, би додал дека конкретно за споменикот на Александар, добро е што има техничка можност за повеќе бои, но да не се користат истовремено и во таков интензитет. Во нормални денови да си свети со бела боја, а во специјални денови да може да се „обои“ во зависност од потребата (црвен за Илинден, Велигден, 8ми Септември, син за денот на планетата, зелен за Бајрам итн.).

Во однос на парков, задоволен сум сосема и од изработката и од „дизајнот“, со оглед на која локација се наоѓа, и со оглед на тоа што откога паметам (а паметам од многу мал, бидејќи тетка ми живееше во близина додека не се пресели скоро) тука беше невидена пустина.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: xnx
Date Posted: 06-Jul-2012 at 22:15
Originally posted by alexgizh


На иста линија сум со тебе. Но, би додал дека конкретно за споменикот на Александар, добро е што има техничка можност за повеќе бои, но да не се користат истовремено и во таков интензитет. Во нормални денови да си свети со бела боја, а во специјални денови да може да се „обои“ во зависност од потребата (црвен за Илинден, Велигден, 8ми Септември, син за денот на планетата, зелен за Бајрам итн.).


bas taka, ova sum go kazal nekolku pati porano, ako sistemot nudi technicka moznost za menuvanje boi (i sinhroniziranje so muzika) ne znaci deka treba do maksimum da se iskoristi... gubi od ubavina. isto i so mlazovite ne treba da se preteruva, osobeno koga duva i koga mlazot od gore pravi nevidena poplava okolu spomenikot i ne moze covek da se priblizi)


Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Jul-2012 at 22:48
и јас сум за пообична бела или беложолта(топлобела боја во литература),а не за шаренило,но изгледа е ова тренд насекаде


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 05-Aug-2012 at 11:41

Мислам дека може да му се стави штикла и да преминеме на гласање?









-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: MGS
Date Posted: 08-Oct-2012 at 12:55
Епа не е само изгради го.Некој треба и да го одржува.

Пар­кот на езерата во населба Аеродром е претворен во жабарник. Три ме­се­ци од неговото отворање, езерцата наликуваат на мочуришта. Зе­лен талог од алги и догорчиња пливаат на површината на водата, а смрдеа се шири ду­ри до салата на МЗТ.



По­зе­ле­не­ти се и водопадите кои, пак наместа се покриени со пена.
Пар­кот деновиве е празен, со исклучок на неколкумина пензионери што ре­дов­но доаѓаат да се сончаат на клупите покрај езерцата.
Иви­ца Коневски, градоначалник на Општина Аеродром, вели дека езер­ца­та редовно се чистат и се полнат со нова вода.
"Во езерцата има филтри, но природен процес е водата да по­зе­ле­ну­ва. Тоа им се случува и на морињата и на езерата, и ние не можеме да го спречиме. Во езерцата има филтри за прочистување на водата, кои ако не функционираат, зелен талог ќе се фатеше уште првиот ден. Еднаш ме­сеч­но ги празниме, ги чистиме и ги полниме со нова вода, а повремено ста­ва­ме и хемикалии, бидејќи водата има голема концентрација на бигор. Ова не е проблем туку природна појава", вели Коневски.
Тој најави дека веднаш ќе ги исчистат езерцата, а во ноември ќе ги ис­праз­нат и заштитат до наредната пролет.
Пар­кот има три езерца. Во најмалото има поставено украсно соларно др­во, а другите имаат по два водопада, мост и гејзири.


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Aug-2014 at 13:21




aerofoto.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 01-Apr-2020 at 14:08

да го евидентираме муабетот и тука ... Дочекавме и Рушење на Парк, може треба една засебна групна нишка ако не е последен!

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1648&PID=237212#237212 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1648&PID=237212#237212

ме интересира кој треба да понесе одговорност за фрлените милион евра чим паркот е сторен врз самата траса во ГУП-от и логично ДУП-от, дали вооптшто дпмн и ја вцрта трасата во локалниот дуп а во исто време си кренале парк сред неа, или ова сега накнадно sds вака го спрости мостот да минува таму, мислам не сум се заинтересирал никогаш кој колку може да биде инвентивен во фрлање во ѓубре народни пари кои можело бар на сиромашните и многудетните семјства во о:аердром да им ги донираат, вака дури зијан има и за транспорт на шутот итн. Вистина ако некое Граѓанско Здружение сака да поднесе пријава кому треба да му ја пушти и дали тој некој Градоначалник од свој џеб ќе плаќа отштета или матичната партија треба да го понесе товарот, можеби сите Советници топтан бидејќи без нив градоначалниците не ни можат да протнат нешто, конечно во оваа Држава ќе понесе ли некој одговорност за Небрежност макар не украл директно пари, но како да судиш некого за зицери кога ни асли арамии не одовараат за сторените системски кражби, тоа така не селективна ами би било дрска правда, како велат прво зачисти си Дома а потоа во Дворо додека тука ко по обичај наопаку, та наместо налогодавачот да е кусур обично на тапет е извршителот на налогот, од овој аспект исто ни недостасува јавна дебата кому дали и како може да се даде помилување од оние коперативни налогоизвршители!


Posted By: elloo
Date Posted: 01-Apr-2020 at 14:28
Добар ден. Јас форумот го следам долго време, па одлучив да си направам aкаунт .

Во врска со паркот според рендерот го покажува мостот како оде покрај паркот. Не верувам дека ќе го рушат паркот не би било добра реклама тоа .


Posted By: Théoden
Date Posted: 01-Apr-2020 at 14:38
Според ограденото градилиште, освен детското игралиште и дрворедот на самиот кеј, не гледам што друго би било срушено. Опасност има само од оштетувања при работата на механизацијата, но и тие можат да бидат санирани.


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 01-Apr-2020 at 14:55

охо значи спин било дека паркот се руши, искрено не се заинтересирав воопшто дали е навистина така, конечно ни градот не извади oфцијална сцика, a izgleda sum se navlekol na muabetov na PetreSh citiran podole, а дека дремев да видам каде тарабите ги стаил не сум дремел! практично нема никаков зијан значи, освен ризикот утре што Деца ќе си играат веднаш до булвар за што опвторно некој треба да му ја мисли ако не одговорност да понесе, незнам што е полошо дали целосно да го дислоцираат (и нормал пак зијан) или пак поефтина опција да се затвори топтан тој потег кај паркот (се до мостот) со некој голем Зелен Ѕид ...

Originally posted by http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1648&PID=237151#237151 - stef4o

] „Размислувам да поднесам кривична пријава бидејќи Коневски градел на местото каде што се наоѓа трасата на булеварот кој е предвиден со Генералниот урбанистички план. Вложени се средства иако знаел дека тука е коридорот на булеварот за поврзување со мостот“, рече Шилегов.

Во моментов се работи и на експропријација на куќите кои се наоѓаат на трасата во делот кај Керамидница, каде треба да минува булеварот. На трасата се наоѓаат околу 150 куќи, а досега постигнат е договор со 60 сопственици. Како што кажа Шилегов со обесштетувањето на граѓаните ќе се продолжи после изборите.


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 01-Apr-2020 at 15:15

може ли некој да се докопа до проектот за парков, баш ме интересира на кои ставки колку камен ошло! и ајде Ок, таму треба да има некое Паркче, нели да одмори Народ нозе после прошетка по Кеј , та и да има чешмичка да се напие Вода, нели ко што најнапред беше сторено, пред да го спрострат парков, ама ова сега со булеварот како излезе, мислам Каде Кој Да Оптегнит Нозе?

со тие пари комотно можеа да кренат 10 Фонтани од по 100k евра, ем истите одоколу со екстра Пејсажни Ноти во то 10-те Средсела (паркчината меѓу зградите) во сите четврти на нас.Аеродром и нас.Ново Лисиче!

конечно зошто сите Проекти не се Јавно на Увид закачени на веб-страницата на О.Аеродром, зар мора некој да се докопува партиско-пријателски до овие информации!? и ајде не ги ваделе претходните, но еве сега нема абер од Транспарентност ни од сегашните! може постов ако го пренесе некој донив и да ги мотивира!?


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 01-Apr-2020 at 16:05

за естетиката чунки требало посебен пост! значи ајт парите ајт алтернативите, туку што е со естетиката, да речем ќе го затворат со Зелен Ѕид паркот за да оние кои таму шеткаат не се директно изложени на гасои, сепак покрај река е та да речем нема да има толку гајле Народ него ако не беше тоа случај, но повторно безбедноста е кусур бидејќи тука би минувале пола локалци автомобилски доколку се знае дека преку овој правец ќе имаат само два семафора до Мавровка, додека по постојниот три ем на последниот семафор потреба од лева лента т.е. поголема гужва, та логично ќе биде на толку фреквентно место Родители да не свикнуваат Деца да си скиткаат!
ќе разберев истиот прокет да го паркираа за таа цена кај Аква Паркот кој и така е купен по бенифициран цена а сепак не се гради, незнам кај ја заглавиле Пеце и Пријатели [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=434&PID=63895#63895 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=18&PID=63724#63724 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=434&PID=172274#172274 - 1 ] конечно законот кои сами го донесоа груевци пред кризата 2008-ма, чинам беше да поклонето државно земјиште мора во рок од 8 години да е изградено во однос ваквите атрактивни локации, подоцна го суспендираа па ПецеН нема чинам сега никаква одговорност зошто е во лер со години (ако не натака и деценија) кај тоа поранештата бетонска база на ГПМаврово, нели ко што немаа ни словенците со ЕРА ниту пак грците БЕЗМЕРА на Плоштад Македонија (може и тој посеверен), но токму Пеце баш таму може да крене и Висечки Градини та да се чуди натака Народ како она што било работа на општината Тој да на своја сметка да го стори за ете да си ма Аква Парко уникатна Пергола ко сеница ем горе да им дозволи на локалните Гулабари да чуваат Гулаби, само би требало веројатно и еден Надземен Пешачки Мост таму в среде да се паркира за да со Мирно Срце Родители си тераат натака макар ете е комерцијален објект ...
туку естетика кај постојниот, чинам бидејќи Кружен па многу не е кусур симетријата иако повторно бидејќи збутан до сам Булевар па тоа ќе биде тро какафонично земено и како Визура но и воопшто урбано-естетски, да го ставеја може накај Тинекс па и некако но вака ова а ништо неличи, но ќе да планираа може груевци Нова Траса бидејќи ко што ми изгледа и нив им било јасно дека ќе заглават со Дед_Енд-Роуд та затоа вака со овој Парк терале (импровизирале) а веројатно мотот и трасата ги планирале за кај ТеТо некаде, бреј попрво со ФАС-овци ќе се догоориш и плус минус два приватни погони таму отколку со сите овие Мештани, но тоа е муабет за во соодветната нишка, а ќе речам Безбдносно_естетско Чаре е тука да се направи некаква голема пешачка платформакоја би ја покрила целосно шиканата од раскрница кај МЗТ ... и монтажна да ја сторат па нема да боли ниту прескапо ќе чини во однос ризикот на кој Деца би биле изложени бидејќи овој потег сообраќајно ќе бидне потенцијално еден од најпрометните во градот!


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Oct-2021 at 17:12
Originally posted by Џоле







aerofoto.mk


По 7 години







https://www.facebook.com/aerodromdenes



Print Page | Close Window