Print Page | Close Window

Св. Богородица Пречиста (Кичевски манастир)

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Културно наследство
Forum Discription: Археолошки локалитети, цркви, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1390
Printed Date: 20-May-2022 at 18:58


Topic: Св. Богородица Пречиста (Кичевски манастир)
Posted By: gjoko
Subject: Св. Богородица Пречиста (Кичевски манастир)
Date Posted: 13-Aug-2011 at 18:57
Манастирот се наоѓа на околу 10 км јужно од Кичево,се оди од патот за Битола на 1-виот километр лево,по асфалтен пат 4м ширина,околу 5 км од магистралниот пат,на 950 мнв.Има стара легенда дека манастирот е изграден на местото каде необјасниво неколку пати икона на Пресвета Богородица била пронаоѓана на ова место,па поради лошиот терен за градба на тоа место кој е целиот под вода,изграден бил на дрвени колци.Единственоста на овој манастир е во тоа што еден дел од него е направен за верски обреди за муслимани,и внатрешноста од тој дел е во стилот на џамија,додека останатиот дел е ист како и сите други цркви и манастири.Редовно тука доаѓаат муслимани и обавуваат обреди.После 2 светска војна е опожарен,па обновен,а и пред 2 години имаше нов захфат за обновување и изградба на трпезарија и кујна.Едно од најпосетуваните места,поготово за големиот празник Успение на Пресвета Богородица кога има неколку илјадна посетеност
1.Влезна порта на манастирскиот комплекс

2.чешма со света вода

3.Поглед од самиот влез

4.Јужни конаци


5.Црквата од манастирот изградена од камен`бигор`

6.Гроб десно од самиот влез на еден од свештените лица на манастирот на која плоча е една верзија од 16 кракото сонце(пред 150 години)



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2011 at 16:01


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Dec-2021 at 19:16
[tube]UgWLyCk62_o[/tube]

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window