Print Page | Close Window

Јавен автобуски превоз (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Јавен превоз
Forum Discription: Автобуски, трамвај, ЛРТ, метро, тролејбус...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=14
Printed Date: 16-Apr-2024 at 19:47


Topic: Јавен автобуски превоз (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Јавен автобуски превоз (општо)
Date Posted: 09-Jul-2007 at 08:00
.



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Sep-2007 at 00:01
Еве да почнеме со оваа чудна вест

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FA4D157D207D014482523F9DDC6CD7BD - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FA4D157D207D014482523F9DDC6CD7BD

Приватниците ќе купуваат електронски систем за следење на автобусите


СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА


Извршните одбори на приватните превозници од „Слобода превоз“ во текот на овој месец ќе се состанат за да одлучат да купат модерен електронски систем за следење на автобусите. Доколку и сопствениците на возилата се согласат и партиципираат со одредена сума, тогаш договорот ќе биде потпишан на 1октомври, по што ќе нема пречка веќе од 1 јануари 2008 година системот да профункционира. Од „Слобода превоз“ велат дека нема повеќе да го чекаат Градот да воведува електронски систем за автоматско следење на возилата, туку ќе си го купат сами. Иако навидум изгледа нелогична идејата да се воведе ваков современ систем за возила што се распаѓаат, од претпријатието уверуваат дека токму тој ќе им овозможи да одат чекор понапред кон осовременување на приватниот превоз и обезбедување на поквалитетни возила, а кои сега немаат можност да ги купат зашто државата не нуди поволни кредити.

Со овој систем ќе се избегне плаќање во автобусите. Ќе се воведат електронски билети, а веројатно ќе им се овозможи на граѓаните да плаќаат и со платежни картички. Тоа, велат приватниците, ќе го реши проблемот со фискализацијата. Со идејата за воведување ваков систем се согласиле и од Управата за јавни приходи и градските власти.

Од „Слобода превоз“ не потенцираат колку средства треба да се издвојат за електронски систем за следење на автобусите се' додека не решат и не се договорат каков систем ќе се набави. „Ваквиот телекомуникациски систем ќе ни овозможи во секој час да имаме информација колкава е фреквентноста на патници на одредена линија. Тоа значи дека ќе можеме да направиме анализа и на колку време треба да поминуваат нашите автобуси, што, пак, ќе значи и економска исплатливост на линиите. Воведувањето ваков систем ќе значи и поставување продажни пунктови каде што граѓаните ќе можат да се снабдуваат со електронските картички. Но, не е исклучена идејата тие да се продаваат и по трафики“, вели Ленин Јовановски, директор во „Слобода превоз“.

Во приватните автобуси наместо поништувачи ќе бидат поставени таканаречени валидатори со компјутерска плоча на отчитувачи на електронските картички, како што е примерот со картичките на паркинзите во градов. По примерот на Измир во Турција, во „Слобода превоз“ размислуваат електронските билети да ги продаваат и мобилни дистрибутери. Воведувањето на електронскиот систем ќе значи и изградба на сервисен систем.



Главната финта е спомната и од новинарката:

изгледа нелогична идејата да се воведе ваков современ систем за возила што се распаѓаат




Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 10-Sep-2007 at 10:59
Хахахаха се согласувам со новинарката. Ќе плаќаме со електронски картички а автобусите се возат без врати, го загадуваат градот ненормално, и столчињата се као да не носат у Аушвиц. Ermm


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Oct-2007 at 18:22
Ова е од пред некој ден

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DD479F5FA25B2428F8567350E79A826 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DD479F5FA25B2428F8567350E79A826


Се предлага воведување единствен возен билет во сите автобуси


За иницијативата околу АЛВ-систем за следење возила ќе се расправа денеска на Советот на Скопје

САЊА НАУМОВСКА

На Скопје му се потребни меѓу 600.000 и 1,2 милиони евра за воведување автоматско следење на автобусите од јавниот превоз, што е основа за воведување на единствениот возен билет. Засега ова е само иницијатива, која денеска ќе се најде пред советниците на градскиот Совет, за која за да стане реалност, треба во практика да се реализира субвенционирањето на јавниот превоз. Според Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот, иницијативата мора да ја има поддршката од Советот за да почне да се реализира. Следен чекор се преговори со Владата за субвенциите и за долгот на ЈСП и ставање на претпријатието на здрава финансиска подлога за да може од сопствени средства етапно да го финансира новиот систем. „За приватниците е полесно, бидејќи на грб не го носат товарот на заостанатите долгови. Доколку бидат успешни преговорите со Владата, ќе се направи финансиска конструкција колку би чинел целиот систем и моделот и временската рамка на неговото спроведување“, нагласува Христовски, додавајќи дека е можно тој првично да се реализира само на неколку автобуси и на неколку линии.

Според проектот, АЛВ-системот подразбира сателитско следење на секое возило кое треба да биде опремено со уред за навигација преку компјутерски центар опремен со специјален софтвер кој ќе може до корисниците на услугите, односно до граѓаните да испраќа податоци што ги интересираат. На располагање ќе бидат информации за тоа каде се наоѓа некој конкретен автобус, за колку време ќе пристигне на автобуската постојка, точниот возен ред и други, кои на патниците ќе им се испраќаат преку Интернет, на мобилен телефон, дома или во канцеларија. Автобуските станици ќе бидат опремени со дигитални табли на кои текстуално ќе се испишуваат соопштенија врзани со превозот на патници како и бараните информации. Сето ова, според градските власти, ќе овозможи побезбеден и, пред се', поефикасен јавен сообраќај, кој ќе привлече поголем број патници и ќе донесе поголем профит на превозниците.

Во АЛВ-системот ќе бидат вклучени и ЈСП и приватните превозници, што значи предуслов е оформување единствен возен ред. Во плановите на Градот е и воведување единствена градска автобуска карта што ќе важи во автобусите на двата превозници, но и во трамвајот, доколку се изгради. Тоа значи изедначување на тарифниот систем и надминување на шаренилото на цени што постои моментно. Во Градот велат дека во предложените измени влегува и централизираното собирање на средствата од превозот на патници, чија распределба понатаму ќе се прави по нов клуч.

„Се предвидува распределба на приходот по изминат километар на секој превозник во која ќе бидат вклучени експлоатационите трошоци по километар кои превозниците ги имаат за одржување на утврдените линии. Во нив се вклучени трошоците за гориво, мазиво, за гуми и за резервни делови, како и за регистрација, осигурување и за плати“, велат во Градот.





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Oct-2007 at 18:34
А ова е од денеска


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=709C31B3EDEAAC4FAC78FB08D7BE9C28 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=709C31B3EDEAAC4FAC78FB08D7BE9C28


ЈСП од понеделник ќе вози со намалени цени

Билетот за едно возење ќе биде поевтин за пет денари

До крајот на неделава Управниот одбор на ЈСП „Скопје“ ќе одлучи за колку ќе поевтини градскиот превоз. Одлуката ќе стапи во сила веднаш по усвојувањето, што би значело дека веќе од понеделник претпријатието ќе вози по пониски цени. Ќе поевтинат и обичните и месечните билети. Неофицијално се вели дека обичниот билет за едно возење ќе биде поевтин за 5 денари, додека за месечните се' уште се прават калкулации.

Поевтинувањето на јавниот градски превоз се случува по неодамнешната одлука на Владата за намалување на ДДВ за превозот на патници од 18 на пет проценти. Во меѓувреме, „Македонски железници“ ја намали цената на билетите, сега се чека на намалување на ЈСП и на приватните превозници.

Но, и покрај поевтинувањето на градскиот превоз, сите ученици, студенти и други кои извадија месечни билети за октомври ќе се возат цел месец по однапред платената повисока цена. Токму затоа граѓаните се прашуваат дали ЈСП купуваше време за да може со платените поскапи месечни билети да го „покрие“ наредниот месец кога треба да вози со пониски цени, со оглед на тоа дека претпријатието опстојува од наплатата. Од ЈСП велат дека одлуката на Советот на Градот ја добиле дури завчера. Од Градот го потврдуваат тоа, објаснувајќи го со законските рокови до излегување на градската одлука во „Службен гласник“.

„Управниот одбор ќе одлучува до крајот на неделава и потоа веднаш официјално ќе информираме за висината на цените. Оваа одлука нема ретроактивно дејство кое го обврзува претпријатието да им врати пари на граѓаните кои веќе извадиле месечни билети за октомври“, вели Орце Георгиевски, директор на ЈСП „Скопје“. (Сн.К.)




Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 04-Oct-2007 at 20:12
^^ Не очекував дека намалувањето на ДДВто ќе има вакво влијание. Обично никој не не ебе нас, туку парите што не ги даваат на државата ги пикаат по џебови. Али стварно беше срамота, од 15 денари (ви текнуе еееј!!) или 10 колку и да беше на 35 ги качија цените и ми се чини имаше и иницијатива 40 да бидат!!!

Енивејз, дечки нешто интернетов ме заебаваше последнава недела па ич неможев да се активирам околу форумов. Едвај можев да го отворам колку да видам дали нешто ново сте постирале, а и за тоа ми требаа добри 15 минути Angry


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Oct-2007 at 20:21
Originally posted by gotsomekicks

^^ Не очекував дека намалувањето на ДДВто ќе има вакво влијание. Обично никој не не ебе нас, туку парите што не ги даваат на државата ги пикаат по џебови. Али стварно беше срамота, од 15 денари (ви текнуе еееј!!) или 10 колку и да беше на 35 ги качија цените и ми се чини имаше и иницијатива 40 да бидат!!!



Реално имаше огромен скок на трошоците (не само на гориво туку и на сите други продукти поврзани со нафтата), а имаше и доста скриена инфлација во Македонија. Ама сепак мислам дека претераа со зголемувањето на цените. Во секој случај, мора и државата да почне со субвенции за јавниот превоз. Не зборувам за големи субвенции - така ќе се наруши пазарната логика, ама сепак мора да помогне. Јавниот превоз се субвенционира по дифолт. Колку што знам така е во секоја нормална држава.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Oct-2007 at 21:36

се е ова супер, ама додека не се најде решение да се смени оној крш од улицине, оваквите вести се споредни. Јас стварно незнам како не се зафатија веќе сериозно со тоа прашање, градот, државата, сите.... да видат каде шкрипи со тоа финансирање, да најдат модел, неможе да биде невозможно да се најде. Но за ова воопшто не постои сериозна дебата или бар ние не сме свесни за тоа, а исходот на онакви еднострани иницијативи е јасен однапред.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2007 at 00:57

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E89D56788122EF448C27458F1D710D3B - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E89D56788122EF448C27458F1D710D3B


Приватните превозници размислуваат за зголемување на цената

Се најавува враќање на старите 25 денари, а не е исклучена можноста и од повисока цена

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

Приватните превозници, се чини, само на кратко ги израдуваа скопјани со поевтин превоз, бидејќи веќе размислуваат за враќање на претходната цена. Прават анализи и калкулации и кон средината на ноември ќе соопштат дали повторно ќе возат по цена од 25 денари, или можеби и повеќе. Во „Слобода превоз“ велат дека причината за зголемувањето на цената на превозот не е тоа што ЈСП „Скопје“ се' уште не ја намали цената, туку новиот бран на поскапувањата на нафтата на светската берза, кое кај нас предизвика зголемување за седум денари. Тоа, генерално, го доведува јавниот градски превоз до состојба на колапс. Единствен спас е субвенционирање од страна на Градот, или Владата. За ова прашање многу скоро ќе разговараат градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, и вицепремиерот Зоран Ставрески.

„Мора да размислуваме за поскап превоз, бидејќи цената на нафтата на светската берза расте. Цената на деловите за возилата е иста и овде и во Германија, а ако зборуваме за пазарно работење, тогаш никаде цената на превозот не е помалку од едно евро. Секаде јавниот превоз се субвенционира“, вели Ленин Јовановски, директор во „Слобода превоз“.

На оваа тема неодамна од „Слобода превоз“ разговарале со претставници на Секторот за сообраќај во Градот и со градоначалникот Костовски. Приватниците имале многу предлози како да се подобрат условите во јавниот градски превоз и како да се дојде до денар плус. Тие предложиле да се издвојува по еден таканаречен еколошки денар од секој литар продадено гориво, што ќе оди за градскиот превоз, потоа по денар од секое паркирано возило, а наместо исплатен превоз во кеш за вработените, средствата да одат на сметка на претпријатијата кои се занимаваат со јавен превоз. Исто така, било предложено да има приоритетни жолти линии по кои исклучиво и непречено ќе возат автобусите од јавниот градски превоз, подобра соработка со сообраќајната полицијата и градската инспекција заради отстранување на дивите таксисти кои постојано им ги земаат патниците.

Јован Христовски, раководител во Секторот за сообраќај во Градот, вели дека предлозите се само модели за субвенционирање, кои треба да се договорат на малку повисоко ниво. „По средбата на градоначалникот со вицепремиерот Зоран Ставрески ќе знаеме дали е постигнат договор за субвенционирање. Потоа ќе треба да се изготви и законската рамка во која ќе влезат и моделите на субвенционирање“, објасни Христовски.

"""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""



Sleepy   Sleepy   Sleepy



Па овој Ленин навистина убаво лоцира дел од проблемите. Ама крајно време е да се сврти малку и накај својата организација и да реши дел од проблемите што произлегуваат од видот на јавен превоз кој што ни го наметнаја во голем дел и приватниците.


Нормално највеќе мислам на типот на автобуси кои ги тркалаат по градов. Веројатно веќе го купија цел крш од словенечките отпади, па ако не се свестат и ако не го сменат начинот на размислување, следи откуп од Африка, зашто крш како нивниот веќе нема ни во Албанија.

Ај можеби галопирачките цени на нафтата ќе ги натераат да се свестат и да почнат да размислуваат за нови и економични автобуси.

Во секој случај највеќе ја обвинувам државата и градот кои не само што им дозволија непречено да увезуваат старо железо, туку и им го регистрираат, и како капак на се им дозволуваат со него да вршат и јавен превоз. Тоа е против сите норми и стандарди.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Nov-2007 at 01:39
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4CF24CFB85338543B3FFF13F79DDFEB5 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4CF24CFB85338543B3FFF13F79DDFEB5


ЈСП ги намали билетите за пет денари

Управниот одбор на ЈСП „Скопје“ одлучи да ја намали цената на јавниот градски превоз. Од денеска билетите купени во автобус ќе чинат пет денари помалку, односно наместо 35 денари, граѓаните ќе плаќаат по 30 денари. Единечните билети купени во билетарниците на ЈСП од 30 се намалени на 25 денари.

Петар Спасовски, претседател на УО на ЈСП „Скопје“ појаснува дека се намалени и месечните билети и тоа во просек за 11 отсто. Студентите и учениците, како и сите други кои користат месечни билети и веќе платија за маркички за ноември по стара цена, нема да добијат надоместок, бидејќи, како што појаснуваат во претпријатието, тие и онака добиваат попуст со тоа што имаат субвенционирани билети. (Сн.К.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Nov-2007 at 02:29
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=5BFB3B9D7AC1DA4BBDE8E42576172CE2 - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=5BFB3B9D7AC1DA4BBDE8E42576172CE2



Сите се за субвенционирање во превозот, но без конкретни чекори

Владата го префрла жешкиот костен на Градот


Доколку се реши субвенционирањето во ЈСП, тогаш има шанси да се откочи проектот со Светска банка за набавка на 100 автобуси

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

По намалувањето на цената на билетите, во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ веруваат дека кај Владата има расположение за субвенционирање во јавниот градски превоз. Тоа би можело да ги реши проблемите со градскиот превоз и да овозможи уште поголемо снижување на цената. Првиот човек на ЈСП „Скопје“, Орце Георгиевски, вели дека нешто почнува да се движи во позитивна насока и се надева оти субвенционирањето во градскиот превоз ќе се случи и кај нас како што е секаде во светот. „Барем на последните разговори на релација Влада-Град децидно беше констатирано дека субвенционирање треба да има, но конкретни сознанија нема кој и колку ќе субвенционира“, вели Георгиевски.

Од Владата потврдуваат дека имаат имаат добра волја во однос на прашањето за субвенционирање на градскиот превоз, но одговорноста велат е исклучиво на Градот. Со тоа жешкиот костен Владата го враќа на Градот. „Разговорите помеѓу Владата и Градот се во работна фаза. Владата покажува добра волја и токму затоа ги отвори разговорите за бројните проблеми, меѓу кои и субвенционирањето во јавниот градски превоз, со што ова прашање е во исклучителна надлежност на Градот“, вели владиниот портпарол Ивица Боцевски.

Но, од досегашните преговори помеѓу вицепремиерот Зоран Ставрески и градоначалникот Трифун Костовски се' уште не произлегоа конкретни решенија и одговори по ова прашање. Од кабинетот на градоначалникот велат дека од мај наваму немало нова средба. Костовски пред седум дена испратил писмо до вицепремиерот Ставрески на кое се' уште нема одговор. Од кабинетот на Костовски повторуваат дека тој веќе изјави: доколку се намали цената на јавниот градски превоз пред да се реши субвенционирањето, ќе го смени директорот на ЈСП „Скопје“. Градоначалникот ја поддржува иницијативата на советничката група на Либералната партија во Советот на градот цената на превозот да се намали тогаш кога ќе се реши субвенционирањето. Од Градот додаваат дека и онака со претходната цена претпријатието трпеше загуби, а сега со намалувањето сосема ќе пропадне.

Според директорот на ЈСП, Георгиевски, доколку се реши субвенционирањето во јавниот градски превоз, тогаш има шанси да се откочи проектот со Светска банка за набавка на 100 автобуси. Тој проект беше закочен токму поради тоа што претпријатието не беше во можност да ги плаќа месечните ануитети. Сега таква можност ќе се отвори и ќе се создаде шанса да се обнови возниот парк, смета Георгиевски.



Не знам од каде оптимизам дека имало придвижување на ова поле. Од владава викаат тоа било надлежност на градот (демек: твој проблем), а од градот дефинитивно не можат да издвојат ни дел од потребните средства... Ама овој како и многу други проблеми во Скопје се сведува на апсурдно малите финансиски средства со кои располага градот. За да може Скопје да функционира, нешто треба да се менува (не само градоначалникот). Дури и да дојде способен градоначалник, нема да може баш премногу да направи со вака поставени финансии.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Nov-2007 at 17:57
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9FFA89BA49C2D4489B69865B1BDF1C28 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9FFA89BA49C2D4489B69865B1BDF1C28


Костовски обвини дека ЈСП бил принуден да ги намали цените

Градоначалникот инсистира на субвенции во превозот

Намалувањето на цената на превозот на ЈСП пред да биде решено прашањето на субвенционирање е извршено под притисок на централната власт, обвини вчера градоначалникот Трифун Костовски на прес-конференција. Тој смета дека со оваа цена претпријатието ќе банкротира за три месеци, а неговите загуби, според пресметките на Комисијата составена од членови на Управниот одбор, ќе изнесуваат околу 138 милиони денари. Загубите за 2008 година, пак, ќе достигнат 258 милиони денари. Костовски е категоричен дека субвенционирањето мора да го помогне централната власт, која во буџетот за 2008 година треба да предвиди ставка за државни дотации за метрополата и ставка за правилна распределба на персоналниот данок. Според него, од вкупниот персонален данок во државата, три отсто се враќаат во локалната самоуправа, а во Градот се слеваат само 0,1 отсто. Костовски потенцира дека доколку Градот има дотации, тогаш тој ќе го реши прашањето на субвенциите, а со ваков превоз цената треба да изнесува 10 денари.

„Со години се натрупувале проблемите во јавниот градски превоз. Нема никаде во светот претпријатие кое не добива субвенции. Само ЈСП ’Скопје‘ опстанува од пазарното работење. Затоа и се поставува прашањето како да се обезбедат субвенциите.

Ние и натаму ќе инсистираме на интензивни разговори со централната власт, не може да се среќаваме само кога прашањето е жешко, а штом ќе олади средби да нема“, рече вчера Костовски, апелирајќи до централната власт сериозно да го сфати барањето на Градот доставено пред седум дена, а во врска со субвенционирањето. Притоа, тој додаде дека е неприфатливо централната власт да располага со сите пари. За да ги заштити скопјани, градоначалникот ќе реализира кампања насловена „Човеку, каде одат твоите пари“. (Сн.К.)


Добра кампања, погрешен човек.


Што се однесува до субвенционирањето, повеќе од јасно е дека нешто треба да се превземе на тоа поле. Ама за жал не е се така едноставно. Со такво лошо работење во ЈСП, субвенционирањето само ќе направи џабе да се фрлаат пари во еден неефикасен гигант.
Дури и после поефтинувањево, мене ми е поевтино да се возам сам во кола отколку со ЈСП (за другите аспекти како удобност, брзина, прилагодливост и сл. да не зборувам). Тоа се однесува буквално за сите почести дестинации на кои се движам. Значи за да ти биде ЈСП финансиски поисплатлив или треба да имаш месечна карта и/или специфична рута, или да возиш некој ѕвер (ама во вториов случај нормално нема ни да помислиш на ЈСП)
Па нормално е човек да се запраша колку ефикасно и одговорно се работи ЈСП (највеќе раководството) и дали субвенциите би се користеле на правилен начин. Мора да се размислува и на таа тема при планирање на субвенциите. И нормално да не бидат субвенциите преголеми, туку да се остави и простор за пазарна логика.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Dec-2007 at 16:42
дали конечно мрда??
 
ЈСП ќе добие 4,4 милиони евра за педесетина нови автобуси

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/18948/JSP%20avtobus.jpg">

Јавното сообраќајно претпријатие ќе добие 4,4 милиони евра од Владата за купување на педесетина нови автобуси.

„Со овие средства ЈСП ќе може да купи од 45 до 50 автобуси со кои ќе се подобрат условите во јавниот превоз за граѓаните кои живеат во Скопје“ изјави премиерот Никола Груевски.

Според Груевски, ЈСП ќе отвори меѓународен тендер и ќе биде избрана најповолната понуда.

Владата ќе има надзор над тендерот оти, како што рече Груевски, се работело за јавни пари, директен трансфер, кои биле издвоени од буџетот од 2007 година.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 04.12.2007 16:10:08

Извор: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=18948&kategorija=2 - Нетпрес


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2007 at 16:59


Да се надеваме дека ќе биде оваа работа. Кога би се замениле педесетина нај-крш автобуси во ЈСП со нови, тоа битно би ја подобрило ситуацијата со просекот на старост и квалитет во ЈСП. Веројатно значително ќе се одрази и на ефикасноста во поглед на потрошувачка на гориво.

Ама сепак поголем проблем се приватниците. Крајно време е да се најде модус како да се стимулираат или ако треба натераат да ги сменат автобусите. Состојбата со приватните автобуси веќе реално е неподнослива.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 04-Dec-2007 at 23:47
Super... samo ne razbiram zosto se odbegava sorabotka so SANOS?? zarem e loso makedonska firma da profitira od proizvodstvo na desetici/stotici avtobusi?


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Dec-2007 at 00:00


pa dobro sega ima prostor povtorno da se raboti so SANOS. Kolku sto jas kontam JSP kje dobie blanko pari so koi treba da kupi avtobusi, nema uslov tie da bidat Mercedes. I jas navivam za SANOS. Iako 50 avtobusi vo princip ne se nisto i duri prvava zdelka da ne ja dobie SANOS kje ima dosta priliki za popraven ispit i ponataka. Samo da trgne rabotata.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 05-Dec-2007 at 09:58
Има ли некој податок колку автобуси како на ЈСП така и на приватниците се движат по скопските улици? Ме интересира бидејќи немам претстави што овие нови 50 би значеле? Со оглед на рекламите што ги гледам по автобусите ми се чини дека 30тина автобуси сочинуваат 70% од главните градски авотбуси.


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Dec-2007 at 10:54

далеку повеќе. Само ЈСП има ~500 автобуси. Мислам дека имам прочитано дека вкупната бројка за Скопје е нешто над 1.000. Не дека сите тие се во сообраќај, веројатно тука спаѓа и некој крш што седи по депоа. Како и да е 50 автобуси се "tip of the iceberg".


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Dec-2007 at 00:09
еве го и градот се окуражи. 1.5 милиони, според цените на автобусите кои се сервираат по медиумите не е лошо, тоа се дополнителни 10на автобуси. Но да почекаме дали ова воопшто ќе се реализира знаеме со какво темпо работи градот. GPSите на пример ги најавуваат веќе две години

Градот Скопје ќе инвестира два милиона евра во ЈСП

За 1,5 милион евра ќе се набават нови автобуси, а за остатокот ќе се воведе системот „смарт тикетинг“ во наплатата

САЊА НАУМОВСКА

Градот Скопје од буџетот за 2008 година ќе одвои два милиона евра за набавка на нови автобуси за ЈСП „Скопје“ и за воведување на системот „смарт тикетинг“ во наплатата. Заедно со инвестицијата на Владата од 4,4 милиони евра за набавка на еколошки автобуси, ЈСП ќе се поднови со педесетина нови возила, според европски стандарди со низок под и со платформа за лицата со посебни потреби. Исто така, новите автобуси ќе ги задоволуваат европските еколошки критериуми, што значи ЈСП нема да биде најголем загадувач на воздухот во градот. Ќе се набавуваат возила со ЕКО 4 или ЕКО 5 мотор, кои чинат од 130.000 до 150.000 евра.

Во Градот најавуваат дека веднаш по усвојувањето на буџетот за наредната година, што би требало да се најде деновиве пред Советот, веднаш ќе се распише тендер за нови автобуси и за воведување на „смарт тикетингот“. Со новиот принцип на плаќање, граѓаните ќе купуваат картички со одредена вредност, за кои во автобусите ќе има посебни читачи. Овој „смарт тикетинг“ функционира слично како платежните картички, тие ќе бидат достапни во сите продавници од малопродажбата, а воедно се многу безбедни, тешко се фалсификуваат и злоупотребуваат. Еден читач на европскиот пазар чини над 2.500 евра , но во Градот сметаат дека на тендерот, со оглед на количеството што ќе го набавуваат, може да добијат и пониски цени.

На секој читач во автобусот ќе има и уред џи-пи-ес преку кој ќе се следи движењето на автобусот, со што практично ќе се воведе и системот за автоматска локација на возилата од еден центар, кој веројатно ќе биде сместен под Транспортниот центар.

„Градот Скопје идната година ќе инвестира два милиона евра во јавниот превоз, од кои 1,5 милион се наменети за нови автобуси, а остатокот за системот ’смарт тикетинг‘. Старите картички веќе нема да се користат, а автобускиот превоз ќе понуди поквалитетна и посовремена услуга“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот.

Во новиот систем за наплата може да се вклучат и приватните превозници, доколку ги обезбедат условите за тоа. Според Христовски, по воведувањето на автоматското следење и оформувањето на Центарот за следење на возилата од јавниот превоз, може да профункционира и наплатата по изминат километар и за ЈСП и за приватниците.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5858C28660ACA14189E6D28A3A2FE546 - Утрински весник


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Dec-2007 at 02:31


Добрите вести за јавниот превоз во последно време ни дојдоа во серија. Ни останува да се надеваме дека ќе се реализираат.

Ама останува еден горлив проблем во врска со ЈСП. Дивјаштвото на одредени граѓани или групи граѓани... Мора да се стави ред во наплатата и да се намалат и санкционираат инцидентите во и со автобусите.


Ако малце се средат работите со ЈСП, приватниците ќе мора самите да се воозбилат и да почнат да размислуваат за поквалитетна услуга и за поефикасно оперирање. Во прв ред тоа се сведува на набавка на нови автобуси, кои нив им се дури и попотребни.
Дури и да не се свестат самите, тогаш надлежните ќе имаат потполно морално право да ги притиснат и примораат да почнат со радикално подновување на возниот парк.


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Jan-2008 at 10:56
Во Македонија, на фикс-идеите им нема крај,

ЈСП"СКОПЈЕ" ГО ВРАЌА СТАРИОТ АНГЛИСКИ ЛЕЈЛАНД НА УЛИЦИТЕ
Бамби бус во Скопје
На 17 јануари по повод 60-годишнината од основањето на јавното претпријатие за градски превоз, низ скопските улици ќе биде пуштен обновениот двоспратен автобус со кој главно ќе се превезуваат деца од градинките и училиштата кога одат на излет или на

Бамби бус за деца, ретробус за странци и атракција за Скопје ќе биде подарокот од ЈСП за главниот град во чест на нивниот шеесетти роденден на 17 јануари годинава. Во автобазата на ЈСП "Скопје" во населбата Ѓорче Петров се репарира стариот англиски автобус од марката "лејланд", кој е еден од двата најстари автобуси во возниот парк на претпријатието.
"Деновиве работиме на оспособување на овој автобус за да може да се стави во возна состојба и за 60 - годишнината од постоењето на претпријатието да го пуштиме по улиците на Скопје. Со овој стар 'лејланд' сакаме да ги потсетиме скопјани како некогаш се одвивал јавниот превоз во градот и тој да биде атракција за Скопје", вели Орце Георгиевски, директор на ЈСП "Скопје".
Основната идеја да се поправи овој 39 години стар автобус е тој да се употребува за превоз на децата од градинките и основните училишта, кога тие организирано ќе одат на излет или на некоја културна манифестација. На шега во ЈСП автобусот веќе го викаат "бамби бус" или "киндер бус", бидејќи тој однатре треба да биде насликан со ликови од бајките. Надворешно автобусот ќе биде украсен со мотиви од старо Скопје.
Освен за превоз на дечиња, во ЈСП размислуваат стариот англиски автобус да им се изнајмува и на туристичките агенции, кои прават тури за странци за разгледување на градот.
"Досега имавме повеќе барања од туристичките агенции да им дадеме еден стар автобус, бидејќи странците барале да се возат во ретроавтобус. Можно е да се одговори и на ваквото барање, но се уште не сме одлучиле каде и како ќе вози автобусот. Најбитно ни е до 17 јануари да го оспособиме за учество во сообраќајот и да го пуштиме по улиците", вели Георгиевски.
Од двокатните автобуси кои по војната се движеле по скопските улици не останал ниту еден во возниот парк на ЈСП, бидејќи тие во шеесеттите години биле повлечени од сообраќај и однесени во Сараево.
Постарите скопјани се уште ја паметат анегдотата за двокатните автобуси. Еден скопјанец, кој чекал на автобуската станица, кога дошол автобусот го прашал возачот до каде вози автобусот. Возачот му одговорил дека вози до Офицерски, по што скопјанецот пак прашал: "А до каде оди горниот?".
"Некаде во 1959 година двокатните автобуси се предадени во Сараево и оттогаш им се губи трагата. Тогаш била таква политиката да се заменат овие стари англиски автобуси со нешто понови. Двокатните автобуси биле типични англиски возила со воланот на десната страна и со вратите од левата и во тоа време биле нешто невидено во Скопје", вели Чакаров.
Според евиденцијата на ЈСП, при неговото формирање во 1948 година во градот се движеле само пет автобуси од марките "рено", "шкода", "клокнер", "штојвер" и "фиат". Овие автобуси биле запленети во Втората светска војна, а во 1949 година врз основа на воена репарација биле набавени уште 10 француски "реноа".
"Нормално, на почетокот градот бил многу помал и имало многу помалку патници, па на многу линии крајната станица им бил Плоштадот Македонија или Градски парк. Со текот на годините, како што се развивал градот се зголемувал и бројот на автобуси и бројот на линии. Па така, во 1989 година ЈСП ја достигна својата кулминација во развојот, кога низ улиците во Скопје се движеа 350 автобуси.
Сега имаме линии кои се долги и по 45 километри и автобуси кои минуваат по 500 километри дневно. Со започнувањето на транзицијата почнува и назадувањето на претпријатието, и тоа сега е во лоша финансиска состојба, и во Скопје сообраќаат 235 автобуси. Возниот парк е застарен со просечна старост на возилата од 17 години", објаснува Чакаров.
Раководството на ЈСП вели дека последните години голем проблем за успешно извршување на јавниот превоз во Скопје се се почестите напади од патниците врз возачите, недисциплината и грубото однесување на патниците.
"Порано не се сеќавам дека некој се осмелуваше да му каже лош збор на возачот ако тој од него побара да плати билет. Сега не само што некои патници не сакаат да платат билет, туку и кога тоа од нив ќе го побара возачот тие физички се пресметуваат со него", вели Чакаров.
Според директорот Георгиевски, со последните одлуки што ги донесоа Владата и Градот скопјани во многу скоро време ќе добијат квалитетен јавен превоз, каков што и заслужува еден главен град.
"Одлуката на Владата да даде 4,5 милиони евра за нови автобуси, и одлуката на Градот да даде 2 милиони евра, исто така, за нови автобуси и за системот за автоматска локација на возила, е прва ваква помош што претпријатието ја добило од основањето досега. Со проектот за уредување на автобуските постојки и со одлуката на Владата да го намали ДДВ од 18 на 5 отсто мислам дека наскоро ќе обезбедиме квалитетен јавен превоз", вели Георгиевски.

Елица Ангеловска


     Браво, одличен потег, да поправат еден автобус стар 39 години, за да не потсетат на старите добри времиња како што некогаш било во некогаш најевропскиот град на Балканот. Mи се допаѓа кај ЈСП што, откако го поднови целиот возен парк и ни овозможи квалитетен и ефикасен градски превоз, не застана таму, туку и ни го подари овој „музеј на тркала“. Thumbs%20Up



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jan-2008 at 13:29


Добро сега, јас искрено не гледам нешто лошо во ова... Во секој случај повеќе припаѓа во јавен превоз, па ќе го преместам таму


Posted By: se_manda
Date Posted: 06-Jan-2008 at 17:26

sea dvospraten ke bide ili pak nekoj obicen avtobus????poso na pocetokot vikaat deka e dvospraten a posle vikaat deka tie avtobusi bile odneseni u saraevo i im se izgubila sekakva traga QuestionQuestionQuestion



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jan-2008 at 17:29
Епа тој останал тука... Двоспратен ќе биде, околу тоа се врти цела приказна.


Posted By: se_manda
Date Posted: 06-Jan-2008 at 17:31
aaaaaaaaa e aj da vidime so ke ispadne.valjda nema da se raskurca na sred ulica  CrazyBig%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2008 at 01:32
ЈСП Скопје денеска (17.01.08) прослави 60 годишнина од постоењето. Да се надеваме дека ова ќе означи и пресврт во состојбите и работењето во претпријатието.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1ED99CD0B4196B4EBCD0D184E0F05F7E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1ED99CD0B4196B4EBCD0D184E0F05F7E


Инаку se_manda сепак беше во право кога се чудеше околу најавата за обновување на двоспратен автобус. Излезе дека бил овој бил автобусот:

http://imageshack.us">


А еве што пишуваше одма под насловот на веста од пред десетина дена, специјално посветена на овој настан...

На 17 јануари по повод 60-годишнината од основањето на јавното претпријатие за градски превоз, низ скопските улици ќе биде пуштен обновениот двоспратен автобус



„Браво“ за авторката на текстот - Елица Ангеловска Roll%20eyes


Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Jan-2008 at 01:43
Автобусов можеби е стар, ама нема ефект каков што би направил двоспратен автобус.

Каква атракција Suicide

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jan-2008 at 10:52
Originally posted by La Linea

Автобусов можеби е стар, ама нема ефект каков што би направил двоспратен автобус.

Каква атракција Suicide


абе пази, да имавме нормален градски сообраќај ова и можеше да биде атракција ама кога целиот возен парк ни е составен од музејски експонати ова воопшто нема да падне во очи како нешто специјално...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 22:16
Мапа за јавниот градски превоз во Скопје според ГУП.

http://imageshack.us">



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 01:32
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3B12884713957947975EEBD70326F7F7 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3B12884713957947975EEBD70326F7F7

Се' уште се размислува какви автобуси да се купат со владините пари

Климатизирани, на гас или дизел? Какви возила ќе се бараат на меѓународен тендер

Деспина Трајковска

Колку автобуси ќе купи Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ со подарените 4,4 милиони евра од Владата, дали возилата ќе бидат климатизирани, ќе возат на гас или, пак, на дизел-гориво се' уште не се знае. Одговорите на овие прашања треба да бидат дефинирани деновиве, со што ќе се комплетира и техничко-тендерската документација врз чија основа најдоцна до средината на идниот месец ќе се распише меѓународниот тендер за набавка на новите автобуси. Од надлежната комисија за дефинирање на условите на тендерот, во која покрај претставници на ЈСП и Градот, членуваат и владини луѓе, посочуваат дека засега единствено е јасно оти се оди на набавка на најсовремен тип возила.

Се' уште се калкулира дали сите возила да бидат на гас, или дел од нив да возат на дизел-гориво кое ги исполнува стандардите еуро 4. Јасно е дека доколку се избере опцијата на гас, бројот на купените возила ќе биде помал, оти тие во однос на оние што возат на дизел се поскапи во просек од 20 до 30 отсто. Нивната цена се движи од 130.000 до 210.000 евра, што зависи од техничките карактеристики на возилото. „Се' ќе биде дефинитивно јасно најдоцна за десетина дена. Иако никој не зададе рокови до кога да се заврши постапката, свесни сме оти колку побрзо ги завршиме работите, толку ќе биде подобро во полза на сите нас“, велат од комисијата.



Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 01:35
Како може да се мислат за климатизацијата? Па не сме ние скандинадвска туку балканска земја. Се знае какви лета има тука. Ohno


Posted By: La Linea
Date Posted: 09-Feb-2008 at 20:31
Не е нешто спектакуларно, ама сепак е нешто. А и се спомнува ГПС системот, значи сеуште сериозно се размислува за сателитско следење на кантите.

ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ СЕ ОСОВРЕМЕНУВА

Наместо картонски билети, интелигентни пластични картички

Картичките ќе траат 10 години, а ќе може да се дополнуваат со кредит на полначи што ќе бидат поставени на секоја втора автобуска станица

Градските власти наскоро ќе распишат јавна набавка за новиот систем на наплата на билети во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, кој треба да почне да функционира од средината на годинава. Се работи за таканаречените „интелигентни билети“, со кои, според надлежните во Градот, значително ќе се подобри квалитетот на услугите во јавниот превоз.

- До 17 февруари треба да биде готова техничката документација за јавниот конкурс, а по 10 дена, откако ќе се усогласат работите со одделението за јавни набавки, конкурсот ќе биде распишан - вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот.Интелигентните картички ќе бидат изработени од пластика и ќе имаат траење од 10 години, а ќе може да се надополнуваат со пари во зависност од потребите на граѓаните за патување. Картичките ќе се надополнуваат на полначи кои ќе бидат поставени на секоја втора автобуска станица.

- Картичката ќе се стави на полначот, ќе се впише саканиот износ и таа ќе може повторно да се користи во јавниот градски превоз - вели Орце Ѓоргиевски, генерален директор на ЈСП „Скопје“.Новиот систем ќе значи воведување на безготовинското плаќање во јавниот градски превоз, чија мрежа постепено би се ширела и во поголемите маркети, во кои исто така ќе може да се врши надополнувањето на интелигентните картички.

- Овој систем на наплата овозможува целосна заштита и ги елиминира сите потенцијални упади во системот на ЈСП. Според искуствата на поголемите градови што веќе го применуваат, тој овозможува и зголемување на прометот и до 20 отсто - вели Ѓоргиевски. Паралелно со овој систем ќе биде интегриран и долгонајавуваниот систем за сателитско следење на автобусите на ЈСП. - Тоа значи дека во секое време ќе се знае кој автобус каде се наоѓа. Врз основа на тоа, на дисплеите на јавните постојки ќе стои информација за патниците за колку минути ќе им пристигне автобусот - вели Ѓоргиевски. Двата система, за наплата со интелигентни картички и за автоматско следење на автобусите на ЈСП, ќе бидат интегрирани во еден, како што ќе биде наведено и во самиот јавен конкурс.

Жолтата лента ќе се огради со бариери

Таканаречената жолта лента на коловозите, по која според правилата треба да се движат автобусите и такси-возилата, наскоро ќе биде оградена од останатите ленти со пластични бариери. Градските власти најавуваат дека наскоро ќе распишат конкурс и за изведба на надолжните пречки.

- Бариерите ќе бидат високи 15 сантиметри и всушност ќе претставуваат заштита на жолтата лента од влез на другите возила. Од внатрешната страна тие ќе имаат поблаг наклон, за да можат автобусите и такси-возилата лесно да излегуваат од нив кон останатите коловозни ленти - вели Христовски. Бариерите ќе се поставуваат по целата должина на жолтата лента во централното градско подрачје, каде што фреквенцијата на сообраќајот е поголема. Според Никола Крстановски, професор на Техничкиот факултет во Битола, станува збор за воведување непречен и брз автобуски превоз, на кој жолтата лента за движење ќе му биде сосема слободна. Вели дека ваквиот начин на превоз првпат почнал да се применува во Бразил, а се практикува речиси во сите јужноамерикански држави, како и во Индија, Индонезија и во други азиски земји, каде што се покажале позитивни резултати.

- На овој начин автобуските стојалишта се одвоени и оградени. Автобусот само доаѓа, ги собира патниците и слободно си оди по лентата без некој да му пречи - вели Крстановски.

Тој е дециден дека пластичните бариери нема да претставуваат опасност за другите возила, бидејќи пречките ќе бидат специјално изведени.- Нашиот менталитет е таков, доколку не им ставиш пречка на граѓаните, тие упорно ќе го прават тоа што не смеат, односно ќе влегуваат во жолтата лента, која е наменета само за јавниот превоз - вели Крстановски.


Извор: [URL=http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7439340A16E56D4D9AC178A8E370AE83]Дневник[/UR


(А.П.)


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Supervisor
Date Posted: 09-Feb-2008 at 20:45

Одлична вест за картиците, меѓутоа за бариерите покрај жолтите ленти сум противник, и мислам дека нема потреба од такво нешто.



-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: blejdsk
Date Posted: 09-Feb-2008 at 21:07
Bravo za JSP , Ako se pokazal kako dobar ovoj sistem vi drugi zemji zosto da ne se primeni i kaj nas.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Feb-2008 at 21:10
Не знам какви полначи и диспли замислиле... Глупаците изгледа мислат дека ова е Сингапур... Ај да видиме колку долго ќе преживеат тие чуда.

Од друга страна, кога станува збор за жолтата лента, споредби прават со Индија и слични земји. Па наместо да се казнуваат оние што не ја почитуваат жолтата линија (реално многу полесно отколку да се спречи вандализам врз најавените полначи и дисплеи), решиле да прават штетни импровизации и физички пречки по сообраќајниците. Само баш ме интересира каква е поентата на сето ова? Ако автобусите и таксистите ќе можеле лесно да ги преминат, тоа значи дека и секој друг ќе може лесно да ги премине... Ваљда поентата е да се фрлат пари Roll%20eyes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Feb-2008 at 00:57
Додека во ЈСП очекуваме извесно подобрување со финансиските инекции од државата и од градот, ситуацијата кај приватниците останува катастрофична.

Добро е што ќе има пријава против операторот на автобусот, ама се прашувам како тие канти воопшто поминуваат на технички преглед и до кога намерно ќе се води таква политика.

Патем, на Канал 5 кажаа дека возачот се обидел да ги спречи да снимаат Crazy

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5106B7F3D10AC7428B33A203A33BC253 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5106B7F3D10AC7428B33A203A33BC253

Излеана нафта го блокираше Скопје

Приватен автобус предизвика хаос во центарот на Скопје откако од резервоарот истече речиси целата нафта. Инцидентот се случи околу 13 часот во центарот на градот кога се скина црево од автобусот и горивото почна да се излева на улицата. Екипа на „Улица и патишта“ го расчисти нередот што го предизвика истекувањето на нафтата кај „Рекорд“. Полицијата подготви пријави против возачот и одговорните за автобусот поради загрозување на безбедноста во сообраќајот. (Ј.К.)



Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Feb-2008 at 14:41
здраво, форумот е стварно џам ете имате сега нов член... инаку он-топик сакав да прашам до кај е работата со автобусите во скопје, пошто не сум во македонија и интернетот ми е единствен извор на инфо, а не пиши баш многу за автобусите.

п.с. прочитав погоре за стручно мислење на некој професор од битола во врска со јавниот превоз (за жолтите ленти)... е сега пошто сум од битола да ви кажам дека имаме 13 фирми за јавен превоз а 3 градски линии со 3 автобуси и после вас ви било тешко во скопје додуша другите фирми ги берат земјоделците од по селата и ги носат во градот, ама друга тема е то...

ај чекам одговор за то до кај се автобусите ако знај некој

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Feb-2008 at 14:47


Здраво гитардемон Cheers

Колку што знам во финална фаза е распишување на тендерот за автобусите. Со парите кои беа предвидени треба да се земат околу 50 нови автобуси што е многу малку за да се осети разлика во квалитетот на јавниот превоз но е сепак некаков почеток после толку години стагнација.

Баш супер што си од Битола Cheers. Форумов е замислен да биде за цела Македонија а не само за Скопје така да колку што можеш информирај не што се случува таму кај вас.
Гледам дека не живееш во Битола ама сигурно си поинформиран од нас тука.

Ги гледаш од прилика темите кои се така да знаеш што не интересира.


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Feb-2008 at 18:29
Здраво Гитардемон! Cheers
Се надевам дека (кога ќе бидеш во можност) би постувал за работите во Битола, на форумов за жал има малку информации за другите градови, воопшто.

Поздрав


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 19-Feb-2008 at 21:31

Поздрав и од мене Гитардемон Cheersи да не ги повторувам ЛаЛинеа и пбанкс прати нешто од Битола било слики било известување за проекти од тој дел на МК.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Feb-2008 at 13:08
видов негде за битола за паркот (за трафиките) на форумот само неможам да се снајдам во која тема беше... моментално немам слики од битола ама и да имам незнам каде точно да ги постирам мислам нема посебен дел за не-скопски проекти, или се лажам?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Feb-2008 at 14:03
Originally posted by гитардемон

видов негде за битола за паркот (за трафиките) на форумот само неможам да се снајдам во која тема беше... моментално немам слики од битола ама и да имам незнам каде точно да ги постирам мислам нема посебен дел за не-скопски проекти, или се лажам?


За трафиките има во нишката Урбана опрема во секција Урбани прашања.

Сеа за сеа не се планирани скопски и нескопски секции, сите секции се Македонски. Така да слободно отвори во соодветната подсекција нишка за одреден голем проект што се случува во Битола. Јас слушнав дека нешто се случува и околу Драгор. За индустриска зона Жабени видов добар рендер на телевизија ама неможам да го најдам на интернет.

Како што ќе се наложуваат потребите можеби ќе смениме организација, дали по региони, градови или некој друг принцип за да биде попрегледен форумот.


Posted By: dejan
Date Posted: 20-Feb-2008 at 15:08
Originally posted by гитардемон

видов негде за битола за паркот (за трафиките) на форумот само неможам да се снајдам во која тема беше... моментално немам слики од битола ама и да имам незнам каде точно да ги постирам мислам нема посебен дел за не-скопски проекти, или се лажам?

Ako imas novi vesti od Bitola za bilo sto da se gradi, postiraj gi tuka posto jas neznam kade da baram informacii za drugite gradovi, samo za Skopje ima po vesnicite.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 06-Mar-2008 at 20:47

ГРАДОТ ОД СОПСТВЕНИОТ БУЏЕТ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

За ЈСП 1,4 милион евра

Градските власти велат дека мора да почнат да му помагаат на претпријатието за да не се наруши социјалниот мир воСкопје

Со финансиска инјекција од 90 милиони денари, односно 1,4 милион евра, Градот ќе му помага на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ да ги преброди постојаните кризи во кои запаѓа. Субвенциите што ќе му се доделат на ЈСП се обезбедени од Буџетот на Град Скопје. Се очекува предлог-одлуката за помош на претпријатието да биде усвоена на седницата на Градскиот совет во наредната недела. 

- За да се зачувува постојното ниво на цената на превозот и за да се надмине диспропорцијата помеѓу социјалната, неекономската цена на превозот и набавните цени на влезните трошоци, потребно е најитно да се почне со субвенционирањето на автобуските билети со планираните средства од буџетот - се објаснува во предлог-одлуката.  Парите за субвенции ќе бидат префрлени на сметката на ЈСП, согласно со потпишаниот договор меѓу директорот и градоначалникот на Скопје. Според објаснувањата од Градот, извршените детаљни анализи за потребите од субвенционирање на тековното работење во 2008 година укажуваат дека на претпријатието му недостигаат 260 милиони денари, односно 4,3 милиони евра на годишно ниво. На месечно ниво недостигот на ЈСП изнесува 360 илјади евра. Поради тоа, финансиската состојба на претпријатието е влошена, а субвенциите се неопходни.

- Со намалувањето на цената на превозот, просечна цена за едно патување во ЈСП со вклучен ДДВ од пет отсто изнесува 18,7 денари, што е најниска цена на патување во јавниот градски и приградски превоз во Скопје. Наспроти ова, реалната цена на превозните услуги која е потребна за покривање на трошоците за тековно работење изнесува 22,8 денара и зависи од движењето на цените на влезните трошоци. Овие трошоци се пазарни, а не социјални, како цената на превозот - се вели во објаснувањето.

Со намалувањето на цената на билетот се намали и приходот на ЈСП, поради што се очекуваат уште поголеми загуби од претходните години.   - Имајќи го предвид стандардот на граѓаните, кој секојдневно опаѓа, со субвенционирање на превозот ќе се обезбеди социјален мир во Скопје. Сумата за превоз е голема ставка во буџетите на многу семејства - сметаат градските власти.  ЈСП, освен од Градот, очекува да добие субвенции и од Владата, но досега нема ништо од тоа. Лани во декември државата од вишокот во буџетот му додели на претпријатието 4,4 милиони евра за набавка на 40 нови автобуси, но ништо повеќе. Од Градот и од ЈСП сметаат дека Владата мора да помогне со субвенции од државниот буџет за да се надмине финансиската криза во ЈСП и да се овозможи евтин и квалитетен јавен превоз. Во спротивно, како што еднаш рече градоначалникот Трифун Костовски, новите автобуси ќе останат во гаражите, оти претпријатието ќе нема пари за да им купи нафта.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1C7E3B31A98B324E94F860BDC7D01D6A



Posted By: ProMKD
Date Posted: 06-Mar-2008 at 20:48
Е сега... тука вика дека 18.7 денари коштал еден билет во просек.. е нека ми кажат каде е тој билет што кошта испод 25 денари!!

Инаку не ми останува јасно како мислат да го спасат ЈСП ако наводно работел со загуба на скоро секој продаден билет.... значи и кога работеле со загуба, сепак ги смалиле цените?? Кој бизнис го водат тие луѓе жити се..


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Mar-2008 at 21:45
муабетот беше за битола на нишката па зато тука продолжвам за то кој кажва.

значи ај пак јас со солун значи има:

1. возач во униформа и уредно те информира ако го прашаш дур е на постојка (однадвор) кај оди и кај не оди автобусо, а иначе не збора во возење освен ако е за постојка прашање + и ако се погоди од античките автобуси да вози, тогаш ако има инвалид на постојка во количка должен е рачно да го крени (пошто старите автобуси немат лифт)

2. има звучници (не, не пуштат селска музика на нив) и кажва една тетка снимена „епомени стаси... некст стоп... бла бла“ и плус има дисплеј/и зависи колкав е автобусот и пиши следна станица на нив и се гледа од далеку и плус пиши во меѓувреме „возете се со нас не трошете бензин, отстапете го местото на постарите; а на билетите пиши не се дрогирајте, бидете еколози и сл. (шо за нашите ќе биди смешно).

3. сите автобуси се од ниските (значи нивото = тротоарот) и имат рампа за инвалид, а ако е од античките значи возачот е должен да те качи

3.1 има и антички автобуси ама модернизирани со машини за издавање на билети, накнадно вградена клима и дугмиња за постојка значи = на новите модели

4. имат сите меки седишта, автомати за издавање билети, завеси на прозорците (се тргат по желба) и дугме шо треба да го прицниш за да ти ја отвори вратата возачот иначе ќе се возиш уште една станица

5. не дека мислам дека се немате прошетано по светот па го пишам ова, туку го пишам ова оти јас бев многу возбуден прв пат и ми беше многу интересно и сакам да го споделам (со оглед на то какви автобуси имаме битола) а замислете ако грците имат такво нешто како е во рестото на светот

е шо од овие 5-6 точки имаме ние во нашите автобуси?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Mar-2008 at 21:50


Па немаме ни една од тие точки .

Колку што јас сум шетал во светот што се однесува за автобуси, тоа што го опишувавш во Солун е светска класа. Не сум видел нешто плус. Единствено различно во некои земји возачот е комплетно одвоен физички од остатокот на автобусот и неможе да се разговара со него под никакви услови.

Повторно, од тоа што сум шетал по светот вклучувајќи го и Балканот, ние имаме убедливо најлоши автобуси. Без никаква конкуренција.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2008 at 21:57
Originally posted by pbanks



Па немаме ни една од тие точки .


Имаме бе, ако го прашаш возачот, ќе ти каже кај оди автобусот LOL

Шала на страна, ЈСП има и „униформи“


Ама толку :(


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 13-Mar-2008 at 22:00
Originally posted by гитардемон


2. има звучници (не, не пуштат селска музика на нив) и кажва една тетка снимена „епомени стаси... некст стоп... бла бла“ и плус има дисплеј/и зависи колкав е автобусот и пиши следна станица на нив и се гледа од далеку и плус пиши во меѓувреме „возете се со нас не трошете бензин, отстапете го местото на постарите; а на билетите пиши не се дрогирајте, бидете еколози и сл. (шо за нашите ќе биди смешно).


Може треба да пишува „Не биди шовинистичка свиња„ на нив исто така. Roll%20eyes


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Mar-2008 at 22:06
хаха ама сликата со балончето ме изнасмеа

заборајв да спомнам и дека има само една фирма и пак никој не бичова (to bitch ) дека има неправилности монопол ова она - се знај, една фирма, за општо добро.

ps важно: еден билет се чука 4 пати во рок од 70 минути (во солун, во атина во 40 и важи и за метро и за трам и за бус) и значи 4 пати можиш да мениш автобус во 70 минути. во скопје иста карта два пати бива?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Mar-2008 at 22:12


Со картите тек има добри комбинаторики. "Во свет" има единечни, дневни, неделни, само за работната недела, само викенд, месечни, годишни, само за еден тип на превоз, за повеќе типови на превоз (автобус, метро, трамвај итн), временски ограничени (како твоите примери) итн... секој ќе си најде нешто што му одговара.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Mar-2008 at 22:14
Originally posted by gotsomekicks


Може треба да пишува „Не биди шовинистичка свиња„ на нив исто така. Roll%20eyes


LOL


Originally posted by гитардемон

  во скопје иста карта два пати бива?


Не сум во тек, ама колку што памтам на времето имаше и такви карти (специјални, малку поскапи), кој служеа да смениш автобус, значи максимално две возења у некој период.

Не знам дали имало и други комбинации.



Posted By: ProMKD
Date Posted: 13-Mar-2008 at 22:18
Има како што рече Кловер за 2 вожњи малце поскапи карти, има и месечни..друго нема!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 13-Mar-2008 at 23:40

И ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ ГРАДСКИ АВТОБУСКИ СООБРАЌАЈ


Од септември ќе се возиме со чип-картички


Корисниците на градскиот автобуски сообраќај од септември за влегување во автобусите ќе користат смарт картички, наместо билети од хартија. Сегашните билети ќе се заменат со чип картички, кои ќе овозможат безготовинско плаќање во автобус. Градските советници вчера донесоа одлука за набавка на потребната опрема и софтвер, кој според надлежните во секторот за сообраќај ќе биде вграден во околу 280 автобуси на ЈСП. Истовремено, секторот работи и на имплементирање на системот за автоматска локација на возила, со што конечно треба да се стави ред во автобускиот превоз во Градот.

- Тендерската документација е веќе подготвена и во најскоро време ќе се распише конкурс, а по набавка на опремата на автобуските превозници ќе им биде наложено во рок од два месеца да го имплементираат системот. Смарт картичката еднаш ќе се набави, а потоа ќе се надополнува, исто како и картичката за мобилен телефон, а ќе има важност од 5 години. Во прво време таа ќе се купува во билетарниците, а потоа ќе се склучи договор и со поголемите супермаркети и трафики, објаснува Јован Христовски, раководител на секторот за сообраќај.

Според него, со смарт-картичките ЈСП ќе има увид на бројот на патници, потреба од евентуално воведување на нови линии, а ќе се оневозможи и фалсификување на билетите. Контролорите ќе имаат посебни електронски уреди со кои ќе се проверува автентичноста на картичките и нивно користење. Христовски напоменува дека и приватните превозници работат на воведување на овој систем кој треба да биде компатибилен со системот на ЈСП.

Автоматска локација на возилата, пак, во иднина треба да овозможи и наплаќање по километер. Она што е најбитно ќе се знае кој автобус во кој момент каде се наоѓа и дали се запазува возниот ред, а ЈСП ќе има сознанија и за потрошувачка на горивото.

- За еден километер потрошувачката на ЈСП е сега е од 1,1 до 1,2 евра, така што е неопходно субвенционирање, вели Христовски.
На вчерашната седница Градот одобри субвенции за ЈСП во висина од 90 милиони денари, средства во кои не влегува набавка на 50 автобуси и системот за смарт тикетинг и автоматска локација.

http://vecer.com.mk/?ItemID=EC80E1B95B456249B37CF1579B21FEC0


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Mar-2008 at 11:45


ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ СЕ ОСОВРЕМЕНУВА, Ќе се потрошат 9,5 милиони евра

Нови автобуси и „умни“ картички за ЈСП

Во наредната недела ќе биде распишан конкурсот за купување 50 автобуси, а до септември ќе се воведе новиот интегриран систем на наплата

По повеќе години финансиска криза, годинава првпат Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ може слободно да размислува за сериозни инвестиции и за осовременување на јавниот превоз, благодарение на финансиската помош од Владата и од градските власти. Со 4,4 милиони евра од Владата, со субвенциите од Градот во износ од 1,4 милион евра и со дополнителни средства од градскиот буџет, ЈСП наскоро ќе набави 50 нови автобуси, ќе поднови дел од старите возила и ќе воведе нови системи за наплата на билети и за автоматско следење на возилата. Со тоа значително ќе се подобри квалитетот на услугите, а се очекува да се ублажи и финансиската криза во претпријатието. На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, советниците ја одобрија субвенцијата од Градот за ЈСП, набавката на опремата за новиот систем за наплата и инвестициската програма на претпријатието за 2008 година. Според оваа програма, предвидена е набавка на 50 нови единечни автобуси со ЕУРО 4-еколошки стандарди, за кои во наредната недела треба да биде објавен меѓународен конкурс. За таа цел, како што рече Иле Ѓеорѓиевски, директор на Техничкиот сектор на ЈСП, е формирана комисија од членови на Владата, од Градот, од Управниот одбор на ЈСП, како и од вработени во претпријатието.

- Речиси се усогласени ставовите на членовите на мешовитата комисија. Мора да се задоволат критериумите што ги диктира Владата, оти таа е креатор на политиката за тоа како треба да изгледаат новите автобуси и нивните технички нормативи. Во завршна фаза е и техничката документација за конкурсот за набавка на опрема за воведување на таканаречените „интелигентни“ билети - вели Ѓеорѓиевски. Првите 20 автобуси, според инвестициската програма, треба да се вклучат во сообраќај до мај, а останатите 30 во текот на јуни и на јули. Со програмата е предвидено ЈСП со сопствени средства, односно со околу 330 илјади евра да купи 10 нови минибуси и со околу 200 илјади евра да преадаптира 20 автобуси да возат на природен гас. Претпријатието во текот на годинава планира и да ги обнови каросериите на 50 автобуси, со цел да ја подобри техничката исправност на возниот парк. За обнова на каросеријата на едно возило потребни се од 15.000 до 20.000 евра. За сите предвидени инвестиции годинава ЈСП планира да потроши 543 милиони денари, односно 8,9 милиони евра. Во 250 до 280 автобуси наскоро ќе почне и поставувањето на новата опрема за наплата на возењето со таканаречените интелигентни билети. Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот Скопје пред Советот објасни дека старите хартиени билети ќе се заменат со еден вид чип-картички, слични на оние за мобилните телефони.

- Тоа ќе значи безготовинско плаќање за услугата на јавниот градски превоз. На почеток, картичките ќе се набавуваат во билетарниците на ЈСП, а со текот на времето и во поголемите маркети и трафики. Картичките ќе се дополнуваат, а ќе имаат важност до пет години. Овој систем ќе му овозможи на ЈСП да го следи бројот на патниците и да врши интерни анализи, а најважно од се' е дека на овој начин ќе се оневозможат фалсификувањата на билетите, што досега претставуваше голем проблем - вели Христовски. Контролата на новите билети ќе се врши со електронски уреди на кои ќе може да се види дали и кога патникот ја вчитал картичката. Според Христовски, веќе и приватните превозници се подготвуваат за воведување на овој систем, што ќе значи дека новите интелигентни картички ќе може да се користат и во автобусите на ЈСП и на приватните превозници.  Паралелно со ова ќе се работи и на воведување на системот за автоматско следење на возилата, кој ќе овозможи во секој момент да се знае кој автобус каде точно се наоѓа и дали возилата го почитуваат возниот ред. Со него ЈСП ќе биде во можност да врши проверка на должината на линиите.За воведување на овие два система ќе плати Градот Скопје, кој освен субвенциите, од градскиот буџет за претпријатието ќе издвои дополнителни 600.000 евра.

Анела Петрова

преземено од: http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2798D199DEDDC54C990DDA0052A9E7CE


ps: не знаев дека во правилникот пишува и за литературниот јазик нема проблем, да повежбам малку и литературен македонски


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 27-Mar-2008 at 02:06

ПРИВАТНИЦИТЕ ГО ПРЕТЕКНАА ЈСП


Од 1 мај електронски билет во приватни автобуси


Приватните автобуски превозници ќе воведат електронска наплата во своите возила. Електронските билети, т.н смарт тикети, граѓаните ќе можат да ги набават во трафиките, а при влегувањето во автобус картичката ќе ја доближат до електронскиот уред-читач, со што ќе се изврши наплатата


Приватните автобуски превозници од 1 мај ќе воведат електронска наплата во своите возила. Граѓаните ќе можат електронските билети, т.н смарт тикети, да ги набават во трафиките, а при влегувањето во автобус, картичката ќе ја доближат до електронскиот уред-читач со што ќе се изврши наплатата. Едно возење ќе биде 25 денари, со што приватниците ја враќаат старата цена од пред 5 месеци.

- Ние веќе една година работиме на спроведување на новиот систем на наплата, со вградување на читачи на смарт-картички. Тие всушност ќе симнуваат пари од картичката, која би се продавала во трафиките, а понатаму би се надополнувала преку специјални апарати за надополнување на сметката кои би биле поставени на секоја втора постојка. Досега не сакавме да воведуваме хартиени билети и читачи, бидејќи се работи за застарен систем, па не сакавме дупло да плаќаме, туку да вградиме систем кој би се користел долгорочно, објаснува Ленин Јовановски, директор на "Слобода превоз".

Со новиот начин на наплата, како што вели тој, конечно ќе се спречат муабетите дека кај приватниците нема увид во финансиско работење. Јовановски потенцира дека овој систем веќе го вградиле пробно во два автобуса со цел да се тестира неговата употреба. Сепак, во прво време граѓаните ќе можат да бираат дали ќе плаќаат со овие картички или во готово.

Од Градот, пак, воведување на смарт-картички во ЈСП најавија од септември, со тоа би профункционирала и единствена цена и единствен билет за сите автобуси (јавни и приватни), со тоа што електронските уреди вградени и кај сите би требало да одговараат за иста картичка.

- Фирмата што ќе го имплементира системот кај нас има искуство во 15 светски града. Бидејќи ЈСП после нас ќе го воведи, тие треба да размислуваат која фирма ќе ја изберат. Ние немаме никакви дотации и затоа мора да ја земеме предвид и цената на системот, но и тој да биде проверен, а не да имаме проблеми при употреба, вели Јовановски.
http://vecer.com.mk/?ItemID=40BFC4CDFEAF5440BA260C5810CE01D2 - http://vecer.com.mk/?ItemID=40BFC4CDFEAF5440BA260C5810CE01D2


Posted By: ProMKD
Date Posted: 27-Mar-2008 at 03:09
Ова ќе допринесува ваљда да се намали гужвата за качување во автобус (не внатре ) само да се покажат апаратите - дали ќе има дефекти, пошто ако има што правиме? Луѓето без пари ќе ги бркаме од автобус? Само не сваќам, неделава имаше во вести дека приватниците ги качуваат цените на 30 МКД, а сега пишува се враќа цената на 25 МКД... тоа важи само за новите билети, или...новинарски ебанка?

ПС. Ленин Јовановски - Директор на Слобода Превоз, ака Ленин - Претседател на Мото Клуб Ноќни Волци, чисто за интересен податок!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 02-Apr-2008 at 23:40

„Слобода превоз“ од мај ќе почне со електронска наплата

Приватните превозници на „Слобода превоз“ планираат во мај да стартуваат со електронскиот систем на наплата. Системот ќе биде инсталиран на околу 200 од вкупно 260 автобуси, колку што има претпријатието. Електронските уреди сега се тестираат во пет возила, во еден автобус што сообраќа на линијата број „45“, во два на „23“ и по еден на линиите „22“ и „12“. Во почетокот на април вакви уреди ќе се постават уште на дваесетина автобуси, на кои ќе се врши интерна проверка на GPRS-сигналот.

Уредите претставуваат плочи на кои има антена и екран на кој се појавува информација. На уредот има и говорен автомат, кој на патникот ќе му каже доколку неговата електронска картичка е празна. Надополнувањето на картичките ќе се прави на специјални уреди кои ќе бидат распоредени по трафики, кои пак ќе се полнат во некоја од банките до определен износ. Од „Слобода превоз“ не сакаат да кажат колку пари ќе вложат во новиот електронски систем на наплата.

„Во периодот кога ги одбивавме фискалните каси се зборуваше дека приватните превозници не сакаат да плаќаат данок, а сега со електронскиот начин на наплата повеќе нема да се шират вакви гласишта. Многу е веројатно дека и ЈСП наесен ќе воведе електронски картички и затоа правиме напори тие да важат во целиот јавен превоз. Тоа значи дека патниците со истите картички ќе можат да се возат и во приватните и во автобусите на ЈСП. Ваквиот начин на наплата ќе биде и ефикасен, евтин и применлив“, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. (Сн.К.)

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=30D0C86F73D75146A6BC57F8496C62E2 - http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=30D0C86F73D75146A6BC57F8496C62E2



Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Apr-2008 at 23:44
Кај нас електорниката обично касно доаѓа у мода, а кога ќе ојде седи у најлон обично еден така поприлично подолг период. После тоа се монтира, па не се знае како да се користи. После тоа ќе ја испозаебат, и така ....... ќе пројде доста време. Не викам дека нема да биде. ЌЕ БИДЕ, само што нема у мај!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 02-Apr-2008 at 23:58
Сигурно нема да биде у мај. Мада не се слагам дека ова спаѓа со државните институции дека електрониката седи у шкаф, сепак ова е приватна фирма. Ама не сум видел многу позитивно од оваа фирма за да имам доверба во нив и нивниот директор


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Apr-2008 at 19:46
Cheers

Новите автобуси по улиците од август
Претпријатието со 4,4 милиони евра што Владата им ги префрли, ќе набави четириесетина нови автобуси

Скопје ќе добие нови автобуси за јавен превоз најдоцна до август. Тендерот за набавка на четириесетина нови автобуси, како што велат од ЈСП - Скопје, ќе го распишат неделава. Орце Ѓоргиевски, директор на ЈСП, вели дека доколку се оди според планираното, новите автобуси ќе бидат пуштени во сообраќај во јули или најдоцна во август годинава.
Ова градско претпријатие лани доби финансиска помош од Владата во висина од 4,4 милиони евра за да го обнови возниот парк, каде ново возило не е купено последниве дваесетина години. Парите од Владата на сметката на ЈСП беа префрлени уште лани на 31 декември и тогаш беше речено дека најдоцна до февруари ќе биде распишан тендерот, а веќе во мај или јуни ќе стигнат новите автобуси. Од ЈСП велат дека целата работа се одолжила, бидејќи тендерот го подготвувала заедничка комисија од претпријатието и Владата и дека морале да направат попрецизни анализи како да се подготви тендерската документација.
Паралелно со овој тендер, Градот најавува дека неделава ќе распише тендер за набавка на систем за автоматска локација на возила и за систем за наплата со електронски картички чие воведување се најавува веќе неколку години. (Е.А.)



http://www.vest.com.mk/default.asp?id=149808&idg=8&idb=2343&rubrika=Skopje


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Apr-2008 at 22:21
Па нели беа 50 нови автобуси Mad?! 10 автобуси прават разлика и тоа како!

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 07-Apr-2008 at 23:07
Нека ја следат кампањата за купување на Македонски производи!!! 


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Apr-2008 at 23:23
Previous Не разбирам што мислиш?

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Apr-2008 at 23:25
Па изгледа така и ќе биде 4 милиони/40 автобуси 100.000 евра по бус.....колку што знам мерцедес не се купува за тие пари.....ако изборот е помеѓу мерџо без клима и санос со клима.....нека има клима Big%20smile


Posted By: ProMKD
Date Posted: 07-Apr-2008 at 23:29
Originally posted by La Linea

Previous Не разбирам што мислиш?

Па се надевам дека ќе изберат Македонски автобусѕ од САНОС наместо странски автобуси. Производството на 40 автобуси може мање-више да вработи околу 100 души во санос привремено. Кога имаше испорака на автобуси за белград од санос, вработија уште 300 души за околу 120 автобуси.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Apr-2008 at 12:57
i da se smenat avtobusite, i patishtata i postojkite, pa i da se klat uniformi na vozachite, mislam deka ova nikogash nema da se smeni...

videte: http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=56B82B26192988449FD1707CDC476AA9 - http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=56B82B26192988449FD1707CDC476AA9

ovaj navistina vredi nagrada da dobie


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Apr-2008 at 21:19
Што е ова бе?!?!?

Wallbash Wallbash Wallbash


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Apr-2008 at 00:00
Колку и да е за чудење ова, ептен ми крши филм овој новиов на он нет што многу се труди да биде смешен.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Apr-2008 at 12:53
a ne e trendo pokje? nema veza, da se fokusirame na vozachot -> pod dejstvo?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: vardar
Date Posted: 17-Apr-2008 at 13:54
Vozachot e od Avstralija


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Apr-2008 at 14:28
Originally posted by vardar

Vozachot e od Avstralija


Да бе видиш стварно! Ја па се чудам зашто воланот од обратна страна ми се виде!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Apr-2008 at 14:29
jas bi rekol japonija radi tri faktori:

1. vozi od levo
2. vnatre patnicite se ko sardini napikani
3. HI-TECH avtobus vozi




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2008 at 12:12
Какви се сега овие 6 милиони,  која е таа математика? Nuts

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=86BC673F1DDE1D42B8A4E2EA1087CF43 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=86BC673F1DDE1D42B8A4E2EA1087CF43


Поради изборите, ЈСП остана без субвенции

На ЈСП се префрлени 4,4 милиони евра, но за сите 50 автобуси Владата треба да префрли уште шест милиони евра

JСП нема да добие субвенции од Владата до завршување на предвремените парламентарни избори. Поради ограничените надлежности на Владата во моментов, комплетно се прекинати преговорите за континуирано финансиско помагање на големиот загубар. Комисијата во која учествуваа вицепремиерот Зоран Ставрески и градоначалникот Трифун Костовски нема најава за скорашна средба, иако на последниот состанок начелно било договорено преговорите да продолжат.

Што се однесува до набавката на нови автобуси за јавното претпријатие, дел од парите, во висина од 4,4 милиони евра, се веќе префрлени на сметката на ЈСП и чекаат да започне постапката за распишување тендер за набавка на возилата. Сепак, за сите 50 автобуси што ќе се купат, Владата треба да обезбеди уште најмалку шест милиони евра, за кои не се знае дали ЈСП ќе може да ги добие пред завршување на изборите. Неофицијално, деталите за тендерот, конечно, ќе бидат познати денеска, а се зборува дека по инсистирање на градоначалникот Костовски сите автобуси ќе бидат на гас.

Што се однесува до субвенциите, во Градот велат дека, засега, не инсистираат на продолжување на преговорите, бидејќи се свесни за ограничените надлежности на Владата. Сепак, најавуваат дека по изборите ќе побараат состанок, на кој, покрај ЈСП, на дневен ред ќе бидат ставени и измените на законите за Град Скопје и за територијална организација, распределбата на даноците и други прашања кои ги тангираат меѓусебните односи. (С.Н.)



Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Apr-2008 at 19:37
6 милиони евра?!?!?! С.Н. сериозно треба да си ги преиспита бројките, ова е претеризам. Нели беше 4.4 милиони евра од владата за 50 нови автобуси + 1.4 милиони евра од градот? 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 05-May-2008 at 09:50
 Bash Bash Bash
 

КОНКУРСОТ ЗА НАБАВКА НА ВОЗИЛА ставен ВО МИРУВАЊЕ

ЈСП бара уште пари за нови автобуси

Ако еден нов современ автобус чини до 200.000 евра, за купување 50 возила на ЈСП, покрај 4,4-те милиони евра од Владата, ќе му недостигаат уште шест милиони евра

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ по изборите ќе бара од Владата уште пари за набавка на 50 нови автобуси. Владата лани во декември на претпријатието му даде 4,4 милиони евра за обнова на возниот парк, но од ЈСП велат дека тие пари не се доволни за да се набават толку висококвалитетни современи возила со сета опрема, кои го исполнуваат еколошкиот стандард Еуро 4. Се' уште не е распишан ниту меѓународниот конкурс за набавка на автобуси со патите што ЈСП веќе ги има на својата сметка, иако според најавите, тоа требаше да биде направено одамна. Сега конкурсот ќе мора да чека да завршат изборите, бидејќи во предизборен период законски не смеат да се вршат вонредни исплати.За неговата подготовка и распишување беше формирана Комисија составена од членови на Владата, од Градот, од Управниот одбор на ЈСП, како и од вработени во претпријатието.

КВАЛИТЕТОТ Е СКАП

- Парите за набавка на автобусите што ни ги даде Владата нема да стасаат ако сакаме да купиме висококвалитетни автобуси со соодветни технички карактеристики и опрема, како што се клима-уреди и екомотори со минимум Еуро 4-стандард. Огласот што го подготвувавме ќе биде ставен во мирување, бидејќи е предизборен период - вели Орце Ѓорѓиевски, директор на ЈСП.Според грубите процени на ЈСП, еден висококвалитетен автобус би чинел од 150.000 до 200.000 евра. Во тој случај, за набавка на 50 автобуси, освен 4,4-те милиони што веќе ги има, на претпријатието му недостигаат уште шест милиони евра. Ѓорѓиевски вели дека кај Владата има расположение комплетно да ја финансира набавката на 50 автобуси. Ако претпријатието не добие уште пари, ќе купи помалку возила, односно, ако едно чини 200.000 евра, ќе може да се купат 22.Инаку, според инвестициската програма на претпријатието за годинава првите 20 автобуси требаше да се вклучат во сообраќај до мај, а другите 30 во јуни и во јули.Поради предизборието, ќе мируваат и преговорите меѓу ЈСП, Градот и Владата за субвенционирање на јавниот превоз од страна на државата.

ИНВЕСТИЦИИ ОД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ДЕНАРИ

Освен помошта од Владата, ЈСП годинава прв пат доби субвенција од Градот од 1,4 милион евра. Според инвестициската програма, дел од тие пари, а дел пари од претпријатието, ќе се потрошат за набавка на 10 нови минибуси и за преадаптација на 20 автобуси за користење природен гас.Претпријатието годинава планира и да ги обнови каросериите на 50 автобуси, за да ја подобри техничката исправност на возниот парк. За обнова на каросеријата на едно возило се потребни од 15.000 до 20.000 евра. Предвидено е и во 250 до 280 автобуси да се постави нова опрема за наплата на возењето со таканаречени интелигентни билети, кои ќе бидат слични на тие за мобилните телефони. Се планира и воведување систем за автоматско следење на возилата, кој ќе овозможи точно да се знае кој автобус во која минута каде се наоѓа и дали возилата го почитуваат возниот ред. За сите предвидени инвестиции годинава ЈСП планира да потроши 543 милиони денари, односно 8,9 милиони евра.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C6CE3E2FCBB5EE41A18931450EFC7DF5 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C6CE3E2FCBB5EE41A18931450EFC7DF5



Posted By: blejdsk
Date Posted: 05-May-2008 at 17:02
Pa podobro da pocekame ,,use nekoj mesec i da dobieme salam avtobusi po evropski standardi nego nekoja improvizacija .

I taka cekame 30 godini ,,,pa za nekoj mesec ne e problem ,,,,


-------------





Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-May-2008 at 09:26
Дали некој го видел или усликал толу најавуваниот Retro lejland, што требаше да биде атракција!?



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-May-2008 at 09:38


Ne sum go videl no Lejlandot nemoze da bide atrakcija koga 90% od vozniot park e so starost kolku Lejlandot. Koga bi imale moderna flota na avtobusi Lejlandot navistina bi bil interesna ideja.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-May-2008 at 12:13
go imashe na edna slika ovaj lejlandot... so nekojsi dvajca trojca zastanati pred nego... imashe statija za 60-godishninata na jsp vo nekoj vesnik i mislam ja imame vo ovaa nishka

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 08-May-2008 at 13:27
Mene mi lici ,,,kako sekoj denesen normalen avtobus na JSP ,,,so znaci site se atrakcija Crazy

-------------





Posted By: dhany
Date Posted: 19-May-2008 at 15:56



Скопјани ќе лебдат

Вагони кои ќе се движат над главните скопски булевари и над кејот на реката Вардар, дел од огромна жичница која треба трајно да го реши проблемот на градскиот превоз во Скопје - тоа е идејата на Илија Вучков, дипломиран машинец, кој лани победи на изборот за најдобар бизнис-план на Машинскиот факултет во Скопје.
Вучков има 29 години и тврди дека има совршено решение за јавниот превоз во главниот град. Овој млад човек е дел од тимот што го дизајнира првиот македонски автомобил, популарниот спортски роудстер „веда“ промовиран на Скопски саем пред четири години.
Идејата да го реши проблемот на јавниот превоз му се родила пред три години, но интензивно почнал да ја доработува кога слушнал дека во градот се „крчка“ иницијативата за изградба на трамвајска мрежа.
- Трамвајот не е добро решение. Улиците ќе се раскопаат и ќе им се одзеде една коловозна лента. Предноста на системот што јас го предлагам е што не користи течни горива или струја и не загадува - објаснува Вучков.
Возилата би биле закачени на платформи, кои личат на огромни тенди. Тие ќе висат на височина од 4,5 метри над булеварите. Платформите би се искористиле како подлога за сончеви колектори, од каде што ќе се црпи енергија да се придвижуваат вагоните. Вучков смета и на хидроенергијата од реката Вардар, каде што би се направиле мали хидроцентрали, но и на струјата од ветерници, кои може да се изградат на Водно. Вагоните би се движеле на шини или на жици. Под платформите може да се складира вода, која во текот на денот би се загревала и би ја користеле околните згради.
- Проектот е многу реален. Ако сме можеле да направиме жичници на Шапка и на Пелистер, зошто да не можеме и на Партизанска? - прашува Вучков.
Изградбата на овој проект, според неговите процени, би чинела меѓу 30 и 50 милиони евра, пари кои може да се обезбедат од претпристапните фондови на Европската Унија. Вучков очекува владата да се заинтересира за неговиот проект и предлага жичницата да се направи според принципот на јавно-приватно партнерство.

Извор: http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=553&ArticleID=21582 - http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=553&ArticleID=21582

Јас да ви кажам најискрено не верувам дека би било добро да се реализира еден ваков проект во Скопје. Идејата е одлична, но не за во Скопје.Applause






-------------
Dhany


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2008 at 16:05
Добредојде dhany

Се слагам дека ова не е правецот во кој треба да се движи Скопје за решавање на своите проблеми во јавниот транспорт. Ни требаат проверени и докажани концепти, а не експерименти.

Плус тоа авторот на идејава е тотално контрадикторен кога вика дека системот немало да користи струја, грубо ја потценува цената на изведба на целиот проект и воопшто ги потценува недостатоците/проблемите и непредвидените работи што произлегуваат од еден ваков радикално нов концепт. Во секој случај секоја чест на типот за неговата инвентивност и желба да даде придонес во решавање на овој проблем.

Исто така во очи ми упадна и тоа дека ќе требало да се прекопуваат улици и да се одземаат веќе постоечки ленти за изведба на ЛРТ/трамвај. За ова јасно го имам кажано моето мислење - доколку идната ЛРТ/трамвајска мрежа не се направи максимално денивелирана, на посебни траси, на дополнителни ленти и воопшто на сите можни начини што повеќе издвоена од постоечкиот сообраќај, тогаш подобро да не ја ни градиме и да чекаме подобри времиња.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 19-May-2008 at 16:06
А како би изгледале станиците на ова чудо? Како би се качувале и симнувале патниците? Колку станици би имало, со која брзина би се движело, колку лица на час би опслужувало и на колку километри мрежа..... и уште безброј неодговорени прашања. Натписот ми е рамен на тие со стокатниците... Секоја чест за иноваторот но нашите патетични новинари вака пренесената вест колку и да има реални шанци и да е инвентивна ја прават детска машта.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-May-2008 at 16:56
Истава/идентична идеја ја имам читано во медиумите пред 4-5 години некаде. Ништо чудно да ја промовира истиот човек. Спрема мене глупост. Воопшто не ми се свиѓа како концепт.

@dhany CheersCheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2008 at 17:00
Јас прв пат ја слушам идејава. Мада ми текнува дека на времето Влатко Чинговски прмовираше идеја за монореил во Скопје, затоа што ЛРТ (нормално по негови сваќања тоа е трамвај од 19-ти век) бил надминат концепт Crazy

Нормално г-дин Чинговски не се потрудил воопшто да се информира за недостатоците на монореилот, така да неговите објаснувања и заложби беа прилично наивни и смешни. Вањда монореилот му изгледал „кул“, па затоа решил дека тоа е вистинскиот избор за Скопје.  Roll%20eyes


Posted By: mitatos
Date Posted: 19-May-2008 at 19:05
Postovanje za Ilija Vuckov, tipot stvarno dal mnogu precizna i jaka ideja, ne se cudete deka moze da se napravat takvi liftovi sto bi mozelo da odat i pobrzo od drugite liftovi , mene bas mi e cool proektov ) taka skopje ke bide naj pretpoznatliv posto vakva ideja ne e realizirana nigde  

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-May-2008 at 19:10


Како туристичка атракција на одредена делница да... но како решение за јавниот градски превоз не. мое мислење


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2008 at 19:12
Originally posted by mitatos

Postovanje za Ilija Vuckov, tipot stvarno dal mnogu precizna i jaka ideja, ne se cudete deka moze da se napravat takvi liftovi sto bi mozelo da odat i pobrzo od drugite liftovi , mene bas mi e cool proektov ) taka skopje ke bide naj pretpoznatliv posto vakva ideja ne e realizirana nigde  


Па точно тоа објаснував. Дали е кул или не, не е критериум по кој се носи таква одлука. Основни критериуми се функционалност и ефикасност во секој поглед.


Posted By: mitatos
Date Posted: 19-May-2008 at 19:23
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by mitatos

Postovanje za Ilija Vuckov, tipot stvarno dal mnogu precizna i jaka ideja, ne se cudete deka moze da se napravat takvi liftovi sto bi mozelo da odat i pobrzo od drugite liftovi , mene bas mi e cool proektov ) taka skopje ke bide naj pretpoznatliv posto vakva ideja ne e realizirana nigde  


Па точно тоа објаснував. Дали е кул или не, не е критериум по кој се носи таква одлука. Основни критериуми се функционалност и ефикасност во секој поглед.


Pa ja mislam deka idejata e fenomenalna, i ne e skapa , ne mora da bide javen prevoz, ete moze samo centar so karpos niz partiznaska da go sredat ,ili na nekoe po atraktivno mesto, stvarno ke bide Skopje pretpoznatliv ,inace gledav edna emisija za nekakvi novi liftovi sto se mnogu brzi i ne bi bilo losa ideja da se stavaat i kako javen soobrakaj, no ne velam deka toa e klucno resenie )



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: dhany
Date Posted: 19-May-2008 at 20:41
Невозможно е ваков систем да се искористи како трајно решение на проблемите со јавниот градски превоз во Скопје, но и кога би се имплементирал овој систем, секако мора да се имплементира во склоп на постоечкиот систем на ЈГПП со автобуси или со идните трамваи (ЛРТ), бидејки невозможно е овој систем да ја покрие целата територија на Град Скопје. А кога би се имплементирал во склоп на  постоечкиот, тогаш факт е дека повторно би имале метеж по улиците, можеби не  толку по булеварските улици, но ќе има метеж по собирните. Понатаму, за да функционира системот, постојките мора да  бидат поставени на еднакво растојание, а тоа незнам дали е возможно. Исто така на секоја постојка треба да се изградат платформи со скали за влез и излез на патниците од вагоните. Друго, треба  бројот на вагони да биде = или < од бројот на постојки, а времето на потребно за влез и излез ќе
треба да го диктира најоптоварената постојка, што значи ќе се јават временски загуби кај одредени патници.
И не ми е јасно како ќе се врши контрола на лицата без билет (Шверцерите), како ќе се врши наплатата на билетите, дали ќе  биде безбеден за патниците? На оваа тема ќе треба 5 год да се дискутира, 5 години да се тестира и 5 години да се имплементира, па тоа се 15 години. Мислам дека Скопје нема толку време за чекање.
Се согласувам pbanks дека ова може да се искористи како туристичка атракција на одредена делница, а не како решение на проблемите со ЈГПП, но и со clower дека во
Скопје треба да се воведи лесен шински систем т.е брз трамвај (ЛРТ)


-------------
Dhany


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2008 at 20:58


Одлична анализа, јас лично немам што да додадам Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-May-2008 at 22:19
dhany стварно одличен пост не си оставил простор човек ништо да додаде  Cheers

Хипотетички. На која делница мислите дека би била добра да се дигне онаква жичара во функција на туристичка атракција?


Posted By: vardar
Date Posted: 19-May-2008 at 23:59
Па се знае жичара до водно Big%20smile И така е научна фантастика зошто да не одиме на висечка варијанта од проектов....


Posted By: dhany
Date Posted: 20-May-2008 at 00:19
Па според мене ваква жичара би требало да се постави на оние делници каде туристите, па и граѓаните на Скопје би имале убав поглед на градот. Би се користела за разгледување на (не)убавините на Скопје и би требало да поврзува зони со забавна содржина. Исто така не би требало да има попатни постојки туку само почетна и крајна станица кои би се наоѓале во зони со забавни содржини. Е сега на кои делници би се поставила..... за тоа треба да се направи физибилити студија (студија на изводливост) како и добра анализа. Ми се допаѓа и идејата за поставување на жичара до Водно.Applause


-------------
Dhany


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-May-2008 at 21:47
Originally posted by dhany

Па според мене ваква жичара би требало да се постави на оние делници каде туристите, па и граѓаните на Скопје би имале убав поглед на градот. Би се користела за разгледување на (не)убавините на Скопје и би требало да поврзува зони со забавна содржина. Исто така не би требало да има попатни постојки туку само почетна и крајна станица кои би се наоѓале во зони со забавни содржини. Е сега на кои делници би се поставила..... за тоа треба да се направи физибилити студија (студија на изводливост) како и добра анализа. Ми се допаѓа и идејата за поставување на жичара до Водно.Applause


Хммм... искрено не ми текнува на такви улици... Сепак ако би бирал веројатно би ја ставил на релација железничка станица-центар (некаде до кај Холидеј Ин). Мислам според она што јас го сфаќам кабините фактички лебдат над коловозот така да повеќе ќе биде атракција (колку истрошен збор кај нас) за возење отколку што погледот би било нешто посебно спектакуларен.

Друга делница стварно не ми текнува.

А за жичарата на Водно идејата е закон... Незнам на што се чека. Веднаш по изградбата на такво нешто треба да се затвори Водно за сообраќај комплетно.


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jun-2008 at 19:43
Конечно е распишан тендерот. Запазете ја точка два CrazyCrazy. Според објавата во утрешен Вест ќе се користат за централни линии каде имало многу гужва бидејќи не зафаќале многу простор а собирале многу патници. Добро што се само 4 автобуси во прашање иако е сосема непотребна екскурзија.

Точка еден звучи супер Crazy. И точка три ми е ОК за таа намена (ќе се користел за туристички тури низ градов).

Дел број за целиот предмет на набавка Опис на делот за набавка



1 Автобуси за јавен градски превоз - Набавка на 45 (четирисетипет) нископодни новопроизведени соло автобуси за јавен градски превоз на патници, класа мотори минимум ЕУРО 4 - по техничка спецификација Б1



2 Автобуси за јавен градски превоз -Набавка на 4 (четири) двоспратни употребувани соло автобуси за јавен градски превоз на патници, со класа на мотор минимум ЕУРО 3,со погон на дизел гориво- по техничка спецификација Б2



3 Автобуси за јавен градски превоз -Набавка на 1 (еден) употребуван соло автобус за превоз на патници - двоспратен - панорамски (без кров на горниот спрат)со класа на мотор минимум ЕУРО 3, со погон на дизел гориво - по техничка спецификација Б3


http://www.jsp.com.mk/sodrzina.php?id=270&idJazik=1 - http://www.jsp.com.mk/sodrzina.php?id=270&idJazik=1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2008 at 22:02
Хах, двоспратните се враќаат во Скопје Crazy


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jun-2008 at 12:59
СО ПАРИТЕ ОД ВЛАДА
ЈСП купува двокатни автобуси
Двокатните автобуси ќе се возат на линиите низ центарот на Скопје бидејќи собираат многу патници, а не фаќаат многу простор на улиците

ЈСП "Скопје" ќе купи пет половни двокатни автобуси со дел од 4,4 милиони евра кои Владата лани во декември му ги даде на претпријатието за да го обнови возниот парк. Двокатните автобуси се дел од набавката со меѓународен тендер кој ЈСП го распиша во четвртокот. На тендерот ЈСП, освен петте двокатни автобуси кои ги задоволуваат ЕУРО 3 стандардите, бара и 45 нископодни и единечни автобуси кои, пак, треба да ги задоволат ЕУРО 4 стандардите. И едните и другите треба на скопските улици да стигнат најдоцна до март следната година. Перо Спасовски, претседател на УО на ЈСП "Скопје", вели дека заедно со претставници од Владата и од Градот одлучиле петте двокатни автобуси да бидат половни, односно веќе користени, а 45-те ниски автобуси да бидат нови.
"Линиите кои минуваат низ центарот на градот се најфреквентни има многу патници и затоа решивме да набавиме двокатни автобуси за да може да собере повеќе патници, а да не зафаќа многу простор на улиците. Ваквите двокатни автобуси, ако се купат на ново, се многу скапи, и сметавме дека нема ништо да пречи ако набавиме автобуси кои се користени само неколку години", вели Спасовски.
Четири од двокатните автобуси, како што вели Спасовски, најверојатно, ќе се движат на линиите 5-ка и 2-ка каде што има и најмногу патници. Петтиот автобус , кој ќе биде двокатен-панорамски, односно на горниот кат нема покрив, ќе се користи за туристичко разгледување на градот, бидејќи на горниот кат нема да има покрив.
Управниот одбор на ЈСП минатата недела на вонредна седница донесе одлука итно да се распише тендерот за набавка на автобуси, откако од Владата доби ветување дека ќе им доделат дополнителни средства бидејќи со веќе префрлените 4,4 милиони евра може да се купат само 20 нови автобуси. (Е.А.)



http://www.vest.com.mk/default.asp?id=152843&idg=8&idb=2399&rubrika=Skopje - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=152843&idg=8&idb=2399&rubrika=Skopje


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Jun-2008 at 23:00
Иронија, некогаш гледаа како да се отарасат од тие аутобуси (биле непрактични) и им ги „подметнаа“ на босанците и дел ги касираа, а сега поново ќе купуваме.
(како и секогаш, прво ќе срушиме се, па после некогаш ќе градиме)

П.С. Во тоа време чак и студентската организација имаше еден двоспратен аутобус кој остана како последен мохиканец


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/



Print Page | Close Window