Незнаев каде да ја отворам, па ете тука. Има повеќе вакви слични теми, но мислам дека може и оваа да постои. Поттикнат од секаквите глупости што знаат да ги прават нашите планери на урбаните средини во Македонија, решив да ја отворам темава, во која ние членовите ќе изработуваме аматерски урбанистички планови ГУП-ови и ДУП-ови. Целта и замислата ми е да направиме база и збир од сите досегашни и идни предлози, идеи кои ги изработуваат членовите, што порано беше поактуелно, сега некако така одвреме на време. Па со селекција на најдобрите и најоправданите решенија да направиме комбинација и синтеза на истите, со што би се добиле урбанистички планови за опфатените области. Може да се работи за средини кои се веќе изградени, се во изградба или пак за средини кои се сосем празни... а.к.а ‘‘Ниви‘‘, и за кои нема досега направено некакви планови. Би изработувале општи планови, инфраструктурни планови, и стратегиски планови за развој на повеќе гранки (области) во македонската економија. Ја отварам за Скопје, но може да се прошири и на цела Македонија. И да не ја влечам веќе....
------------- Македонија - Земја на чудата!
|