Плоштад „Методија Андонов Ченто" - Прилеп
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1409
Printed Date: 06-Jul-2025 at 01:54
Topic: Плоштад „Методија Андонов Ченто" - Прилеп
Posted By: KraliMarko
Subject: Плоштад „Методија Андонов Ченто" - Прилеп
Date Posted: 10-Sep-2011 at 19:52
Означен почетокот на градежните активности за реконструкција на плоштадот „Методија Андонов Ченто“
10.09.2011.
По повод „Денот на независноста на Р.Македонија“, отпочнаа градежните работи околу реконструкцијата на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.На површина од околу 8.000 м2, општина Прилеп ќе пристапи кон реконструкција на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ кој претставува едно од најфреквентните места каде се вкрстуваат сите генерации. Во првата фаза е предвидено третирање на делот пред меморијалниот Музеј „11 – ти Октомври“, на површина од околу 600 метри квадратни, за што е предвидено градежните работи да бидат завршени до одбележувањето на празникот „11- ти Октомври“, истакна градоначалникот Марјан Ристески.
Материјалите кои ќе се користат при партерното уредување, по потекло се од локалното поднебје, т.е. мермерни и гранитни плочки. Исто така со идејното решение е предвидено зголемување на постојните зелени површини. Во оваа фаза е предвидено на реновираниот дел да биде поставен и споменикот на Кузман Јосифоски – Питу. Предвидено е богато хортикултурно уредување, поставување на модерна урбана опрема како и обновување и ревитализација на осветлувањето.
http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1267&Itemid=1
|
Replies:
Posted By: KraliMarko
Date Posted: 10-Sep-2011 at 19:56
|