Print Page | Close Window

Кичевски сообраќај (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1415
Printed Date: 02-Dec-2020 at 16:21


Topic: Кичевски сообраќај (општо)
Posted By: my Macedonia
Subject: Кичевски сообраќај (општо)
Date Posted: 23-Jul-2011 at 13:56
Opstina Kicevo inavestirase mnogu vo infrastrukturata!Ne pamtam vakva renesansa na ulicite  vo ovaa opstina(gjoko kazi ako gresam)
Pred edna godina nemase nikakvi aktivnosti, ama vo poslednite meseci turbo odi rabotata
http://imageshack.us/photo/my-images/692/part1l.jpg/">
:::Se podgotvuva asvaltiranje na kejot, Mostot i dvata ulici sto vodat kon kejot::::::::
http://imageshack.us/photo/my-images/853/img0623y.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/52/img0624vw.jpg/">
::::::::Pred 2 meseci bese tamponirana a vo poslednoto vreme asvaltirana:::::::
http://imageshack.us/photo/my-images/89/img0649r.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/339/img0652j.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/829/img0654cl.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/535/img1010bm.jpg/">
Veteno bese deka kje go ureduvaat prostorot so behatonski plocki(proektot e zapocnat) (treba da e so zolto no zoltot ne se gleda)
http://imageshack.us/photo/my-images/707/img0732f.jpg/">
Ova ulica se planira da se asvaltira a postoeckata ulica da se renovira celosno(kolku sto znam opstinata zemala kredit)(so zolto)
http://imageshack.us/photo/my-images/847/img0657r.jpg/">
:::::::Pesacka zona napravena so behatonski ploski::::::::::
http://imageshack.us/photo/my-images/19/img1261t.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/684/img1262hv.jpg/">






Replies:
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 23-Jul-2011 at 14:31
http://imageshack.us/photo/my-images/35/part2li.jpg/">
::::::::Obnoveni trotuarite ili pak starite gi ureduvale podobro(posto falea plocki ili bea vo ponisko nivo od sto treba)
http://imageshack.us/photo/my-images/171/img0743x.jpg/">
:::::::::::Ureduvanje na prostoriite na stanbenite zgradi::::::::
http://imageshack.us/photo/my-images/20/img0693g.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/200/img0739yd.jpg/">
:::::Zatvoranje na otvoreniot kanal i prosiruvanje na ulicata Boris Kidric::::::::
Ovde se gleda zatvoreniot kanal a vo toa mesto kje bide prosiruvaniot del i kje ima trotuar
http://imageshack.us/photo/my-images/607/img0681d.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/192/img1163vg.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/819/img0641wg.jpg/">
:::::::::::Postavuvanje na kanalizacija a potoa kje se izgradi trotuar:::
http://imageshack.us/photo/my-images/38/img1168vd.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/37/img1165ch.jpg/">
Ulicata sto e so crno markirana se planira da se  rekonstruira celosno, a e vo katastrofalna sostojba!(Za zal nemam sliki)


Posted By: gjoko
Date Posted: 23-Jul-2011 at 15:38
отприлика се асфалтирани улици колку сите предходни градоначалници заедно,во поодалечените населби исто така се асфалтира многу,а каде се тесни уличките тоа се прави со бекатон плочки,а и се спрема за асфалтирање и патот што води до манастирот Св.Ѓорѓија до село Кнежино


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 23-Jul-2011 at 15:41
Previous Da, istotaka i tesnata ulica sto vodi kon krushino se prosiruva i kje dobiva nov asvalt!



Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Sep-2011 at 19:29
денес свечено се пушти во употреба локалниот пат Кичево-Крушино каде е спортско-рекреативниот комплекс`Крушино` а воедно по тој пат се оди до манастирот Св.Ѓорѓија во с.Кнежино и мотелот `Куќа на уматеноста`





Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Sep-2011 at 20:07
Ja prosirile i ja renovirale celosno za 250 iljadi evra!!Thumbs%20UpSo kredit se razbira ili nekoj fond


Posted By: mitatos
Date Posted: 11-Sep-2011 at 22:09
Сум бил во Крушино кога бев во средно ,тогаш беше супер уредено ,не знам дали е нешто чепнато од игралиштата последниве 10 години или не? А патот и тогаш не беше лош.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Sep-2011 at 23:14
мотелот заедно со игралиштата ги доби Министерството за одбрана?????????ќе било тренинг камп за специјаци,а порано сопственик беше ЕЛЕМ,ама поради долгогодишно лошо работење паднаа во долгови.имаше неколку обиди за криминална приватизација(мотелот заедно со големо фудбалско игралиште,кошаркарско,тениско со рефлектори,атлетска стаза,сето тоа после реновирање од 1.5 милиони марки одма се понуди на продажба за 149.000 марки???????)


Posted By: gjoko
Date Posted: 13-Sep-2011 at 15:38
на празникот на Кичево свечено се пуштија во употреба и новиот мост на р.Сушица и десната страна од улицата покрај реката во населба Чифлик.Овој дел од Кичево досега беше најзапоставен без скоро никаква инфраструктура,а сега е скоро комплетна




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Sep-2011 at 16:46
Sigurno nekoj se prasal kako izgledalo ovaa ulica?? Povelete sliki kade moze da se vide kako bese ulicata pred 2-3 godini
http://imageshack.us/photo/my-images/853/kk12359.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/823/kk12360.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/840/p080311091501.jpg/">
http://imageshack.us/photo/my-images/37/p0803110917.jpg/">

Gjoko fala za predhotnite fotki


Posted By: gjoko
Date Posted: 14-Sep-2011 at 16:39
деновиве конечно се реши 50 гидишен проблем во Кичево каде пред `Народна одбрана` постоеше широк канал каде течеше реката Ивани Дол,па поради нечие `високоинтелегентно` решение една од главните улици во Кичево-Борис Кидрич одеше како слалом патека.сега коритото се покри со армиран бетон со места за подоцнежно чистење,на тоа место има тротоар кој е навлезен во дворнот на одбраната,пресечен е еден од постарите помошни објекти(гаража),проширена улицата и сега се оди направо.исто е затворен каналот на улицата пред `социјално` каде е изведена атмосферска канализација и наместо отворен канал има сега тротоар



сликано е со мобилен


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Sep-2011 at 23:01
Нова нишка  Cheers

MyMacedonia и gjoko, ако не се лажам имате постирано уште по нешто на тема - сообраќајот во Кичево. Ако се сеќавате што и каде, ве молам посочете ги поточно тие постови да ги префрлиме и нив.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 19-Sep-2011 at 12:05
Fala clo za novata niska Da ima golem broj postirani projekti pod gradska infrastruktura, bi bilo dobro ako mozes da gi prefrles


Posted By: gjoko
Date Posted: 19-Sep-2011 at 20:06
Пред 2 месеци беа завршени со поплочување со бекатон плочки пристапните улици на старите `војни згради` и пред најисточната зграда во блокот згради `ламели`.Интересно во Кичево најмалку 50% од реконструираните улици се се поплочени со бекатон,дали заради немање на комплетна подземна инфраструктура,тесни приоди за машини за асфалтирање или е нешто трето во прашање.Изведени се многу вакви улици,па повремено ќе постирам и други слики како што ќе ги сликам,а ќе се погрижам да ја прикажам целосната слика на новоизгрдаени улици во Кичево доколку наидам на разбирање на општинските служби









сликано со мобилен


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 20-Sep-2011 at 06:26
Toa e projekt na Opstinata za ureduvanje na dvorovite pred stanbednite zgradi!
Admins, ovde ima uste proekti od opstinata
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=666&PN=15


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Feb-2012 at 21:49
малку со закаснување ќе прикажам дел од улиците асфалтирани во есенската акцијаза асфалтирање на улици во Кичево

ова е делот кај кичевската касарна што народно се вика`кај бугарите` бидејќи на оваа ширина во 90-тите бугарите продаваа се и сешто



ова е населбата `Ивани Дол` и овие улици се асфалтирани,а дали има и некои други во околината незнам,се брзав и неуспеав да сликам


овие мали улички се поплочија со бекатон коцки и тоа после тргањето на оградите на граѓаните кои со години неоставаа простор да помине асфалтерка.сега барем на коцки газат



а оваа улица `Партизански одреди` во населба Рашански Пат(викано `Мексико) по кажување на мои пријатели е асфалтирана до крај(точно незнам до каде) и засега немам слика


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 25-Mar-2012 at 00:29
Во Кичево пред се треба Булеварот Ослободување да се среди затоа што цел е во дупки и крпеници, потоа Рудничка, како и Борис Кидрич и 11 Септември. Исто треба да се реши најдобро е со кружен раскрсницата кај полицијата и таа кај Гимназијата осносно кај Пуцко Петрол.
Треба да се напомене дека на Булевар Ослободување може да се стесни тревникот како би се добило поголем простор за булеварот со што колите наместо да паркираат право ќе паркираат косо со што се добива на повеќе паркинг места.
Исто има и еден ужасен дел од кај млинот до Копачка едната страна мора да се среди.

Сите кои ги спомнав се најфрекфентните места и улици во градот, затоа е пожелно што поскоро да се средат.


Posted By: gjoko
Date Posted: 25-Mar-2012 at 00:57
на булеварот веќе е поставена табла за `проект реконструкција на водоводна мрежа` и кога правев муабет со претс.на советот ми рече дека ќе се стеснува и зеленилото,но прво водоводот.има некои најави и за кружен кај~Пуцко~ и раскрсница нова пред ПС Кичево.

Исто има табла за `проект за поставување на водоводна мрежа на ул.Борис Кидрич`,бидејќи овде нема магострална цевка,уличината земаат вода дур од булевар.

маршал Тито комплет ќе се реконструира,нови подземни инсталации,канализација,нов коловоз,нови тротоари,само е прашање дали ќе се сечат липите или не.ќе се оди од мостот кај болницата па до `Арабела`.

наводно се очекува пролетва све ова да започне да се гради


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 25-Mar-2012 at 11:03
На Булеварот Ослободуванње и треба сосем нов лик. Нови тротуари, нов асвалт, повеќе зеленило, нова урбана опрема. За стеснување на тревникот воопшто не се согласувам, тоа нешто убаво што го има тој булевар. Неколку фонтани и да се уредува тревникот па ќе видите што е бонбона Не сум баш сигурен дали воопшто има место кај пуцко петрол за кружен тек. Слики од главниот булевар


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 25-Mar-2012 at 11:10
Originally posted by gjoko

на булеварот веќе е поставена табла за `проект реконструкција на водоводна мрежа` и кога правев муабет со претс.на советот ми рече дека ќе се стеснува и зеленилото,но прво водоводот.има некои најави и за кружен кај~Пуцко~ и раскрсница нова пред ПС Кичево.

Исто има табла за `проект за поставување на водоводна мрежа на ул.Борис Кидрич`,бидејќи овде нема магострална цевка,уличината земаат вода дур од булевар.

маршал Тито комплет ќе се реконструира,нови подземни инсталации,канализација,нов коловоз,нови тротоари,само е прашање дали ќе се сечат липите или не.ќе се оди од мостот кај болницата па до `Арабела`.

наводно се очекува пролетва све ова да започне да се гради


Маршал Тито сега е Александар Македонски

Originally posted by my Macedonia

На Булеварот Ослободуванње и треба сосем нов лик. Нови тротуари, нов асвалт, повеќе зеленило, нова урбана опрема. За стеснување на тревникот воопшто не се согласувам, тоа нешто убаво што го има тој булевар. Неколку фонтани и да се уредува тревникот па ќе видите што е бонбона Не сум ваш сигурен дали воопшто има место кај пуцко петров за кружен тек. Слики од главниот булевар


Има место кај Пуцко за кружен затоа што просторот е поголем од оној кај општината каде што е поставен кружен одамна.
Зеленилото на плоштадот во овој момент служи за да можат на лето да лежат еден куп кучиња скитници, а на булеварот под итно е потребно проширување на лентите, а стеснувањето на зеленилото, осносно тревникот е единствени решение. Треба да гледаме што е потребно за градот а не дали е поубаво 3 метри широк тревник или еден метар ширина на тревник. Градот и онака е зелен


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 25-Mar-2012 at 12:44
Главниот Булевар има 4 ленти 2x2. Во секој правец е само по 1 лента пуштено а останатите ленти се за паркинг. Значи: Ако се градат катни гаражи( тема на седницата) тогаш ќе се паркираат колите по катните гаражи со тоа ќе се пуштат и другите ленти и повели, проблемот е решен. Тревникот нема да служи за кучињја ако се среди како што си реков предходно. Ќе биде многу штета ако го чепкат тревникот!!! Штета


Posted By: gjoko
Date Posted: 25-Mar-2012 at 13:34
паркинг има пред хотел`Унион` на сред плоштад,проблем е што луѓето несакаат да платат,па ако и катната гаража се наплаќа,повторно ќе биди гужва.Во Кичево е најзасилен балканскиот менталитет кола да се паркира дирекно пред кафиќ,да те видат луѓето,а плус штета е да пешачат 100 метри.Позади домот на култура секогаш има место за паркирање ама до кафиќите и продавниците има преголеми 50 метри,до некои чак и 80 метри.јас кога одам со кола во центар(скоро секој ден околу14 часот) паркирам кај `комитетот` и секогаш има место,а до на кафе имам само 1-2 минути пешки.истите тие кои сакаат по секоја цена да паркираат пред кафиќ се најгласни за скапиот бензин(пиејќи кафе и пушејќи малборо,нормално со ајфон во рака)


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 25-Mar-2012 at 13:54
Ѓоко проблемот е кај општината, општината ги давал лентите за паркинг па дури и маркирал. Треба тие ленти да се стават во употреба а кој ќе паркира, ќе биде казнет! Државните институции треба порфикасно да работат.


Posted By: Cifra
Date Posted: 25-Mar-2012 at 19:40
Originally posted by AlexTheGreat

Треба да се напомене дека на Булевар Ослободување може да се стесни тревникот како би се добило поголем простор за булеварот со што колите наместо да паркираат право ќе паркираат косо со што се добива на повеќе паркинг места.
Косо паркирање на булевар? Како ќе излегуваат паркираните, во рикверц?

Кичево не го знам и не ги знам потребите на градот ама булевар со по една лента во правец и косо паркирање уствари не би бил булевар туку обичен паркинг.


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 25-Mar-2012 at 20:51
Originally posted by Cifra

Косо паркирање на булевар? Како ќе излегуваат паркираните, во рикверц?Кичево не го знам и не ги знам потребите на градот ама булевар со по една лента во правец и косо паркирање уствари не би бил булевар туку обичен паркинг.


Косо паркирање воопшто не е проблем и воопшто нема да го кочи сообраќајот. Сега се паркира параленлно по десната лента, а тоа време што се одзема за да паркира некој паралелно е исто со тоа за да некој излезе во рикверц па да вози право.
Разликата е во бројот на паркинг места маде со косото значително е поголем.

Originally posted by my Macedonia

Главниот Булевар има 4 ленти 2x2. Во секој правец е само по 1 лента пуштено а останатите ленти се за паркинг. Значи: Ако се градат катни гаражи( тема на седницата) тогаш ќе се паркираат колите по катните гаражи со тоа ќе се пуштат и другите ленти и повели, проблемот е решен. Тревникот нема да служи за кучињја ако се среди како што си реков предходно. Ќе биде многу штета ако го чепкат тревникот!!! Штета


Се гледа дека одамна не си возел низ Кичево поготово не во сабота или преку лето.
Пред тоа катни гаражи постои едно „ако“ и од искуство катни нема да добиеме уште долг период. Скратување на булеварот е возможно во најбрз рок и ефективно додека не дојде конечното решение.
И воопшто нема да е штета ако се намали тревникот. И не го кажувај тоа скратување како да е некоја голема трагедија кога не е.



Originally posted by gjoko

паркинг има пред хотел`Унион` на сред плоштад,проблем е што луѓето несакаат да платат,па ако и катната гаража се наплаќа,повторно ќе биди гужва.Во Кичево е најзасилен балканскиот менталитет кола да се паркира дирекно пред кафиќ,да те видат луѓето,а плус штета е да пешачат 100 метри.Позади домот на култура секогаш има место за паркирање ама до кафиќите и продавниците има преголеми 50 метри,до некои чак и 80 метри.јас кога одам со кола во центар(скоро секој ден околу14 часот) паркирам кај `комитетот` и секогаш има место,а до на кафе имам само 1-2 минути пешки.истите тие кои сакаат по секоја цена да паркираат пред кафиќ се најгласни за скапиот бензин(пиејќи кафе и пушејќи малборо,нормално со ајфон во рака)


Јас пешачам затоа што за најмногу 15 минути ти се достапни сите места од кафиќи, бутици, кладилница, маркети, пазар... се разбира ако не врне или ако нема голем товар.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 25-Mar-2012 at 21:19
alexthegreat Стварно не разбирам зошто толку важно ти е да се скрати тревникот? Тоа е убавината на градот! Можеби звучам како дете но не гледам некоја голема причина за тоа. Има доста други алтернативи кога се зборува за паркинг. Зошто треба секогаш да се зема најефтината варијанта??!! Што разбираш со ,, за кратко време или краткотраење решеније?,, 10 год?20год? Знаеш и сам дека штом ќе се гради нешто, тешко е после да се смени нешто, не сме во Париз. Јас живеам во центарот на Градот и знам баш убаво што се дешава таму.


Posted By: gjoko
Date Posted: 25-Mar-2012 at 21:39
убав би бил и тревник како во Струмица,тесен,со бетонски жардинери и некои украсни дрвца(палми недоаѓаат предвид со оглед на нашите -20 степени во зима)


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 25-Mar-2012 at 23:57
Originally posted by my Macedonia

alexthegreat Стварно не разбирам зошто толку важно ти е да се скрати тревникот? Тоа е убавината на градот! Можеби звучам како дете но не гледам некоја голема причина за тоа. Има доста други алтернативи кога се зборува за паркинг. Зошто треба секогаш да се зема најефтината варијанта??!! Што разбираш со ,, за кратко време или краткотраење решеније?,, 10 год?20год? Знаеш и сам дека штом ќе се гради нешто, тешко е после да се смени нешто, не сме во Париз. Јас живеам во центарот на Градот и знам баш убаво што се дешава таму.


Аман бе ако тој тревник е убавината на градот, тоа значи Кичево е најгрд град во земјава. Ужасен е. Ти приказни можеш било кому да продаваш за Кичево, но ние од тој крај знаеме колку им треба на нештата да мрднат од мртва точка. Така да за Кичево краткотрајно решение сигурно дека е 10 години. Гледната точка од секој ден и еден месец кога ќе си дојдеш од Базел не е исто.
Зошто барам скратување, веќе објаснив.
Не гледам причина да се задржи сегашнава ширина на тој истиот тревник.

Убавините на Кичево кога сме кај природата тука е Калето кое може убаво да се уреди и да биде еден зелен симбол на градот покрај културен, тука е Крушино, градот избилува со дрвја, како мини парк кај домот на АРМ (Правен факултет)
Исто плоштадот може да се уреди, да се стави по некој садник и по некоја грмушка.. и така натаму







Posted By: Cifra
Date Posted: 26-Mar-2012 at 21:02
Originally posted by AlexTheGreat

Косо паркирање воопшто не е проблем и воопшто нема да го кочи сообраќајот.


Косо паркирање не е безбедно затоа што после ќе треба да излегуваат во рикверц со никаква прегледност. Џабе што се вика булевар, тоа така ќе биде обичен паркинг-плац.

Толку ли нема во Кичево можност да се направат паркинзи во близина на центарот? Мора ли сите да паркираат баш на тој булевар?


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 26-Mar-2012 at 21:12
Originally posted by Cifra



Originally posted by AlexTheGreat

Косо паркирање воопшто не е проблем и воопшто нема да го кочи сообраќајот.
Косо паркирање не е безбедно затоа што после ќе треба да излегуваат во рикверц со никаква прегледност. Џабе што се вика булевар, тоа така ќе биде обичен паркинг-плац.Толку ли нема во Кичево можност да се направат паркинзи во близина на центарот? Мора ли сите да паркираат баш на тој булевар?

 
Треба ли да ти повторам дека десната лента во овој момент служи за паркирање?

Булевар Ослободување во Кичево и Булевар Партизански одреди во Скопје се многу различни. Кичевски и скопски сообраќај премногу се разликуваат. Брзината на движење по Булевар Ослободување во Кичево е 20km/h некогаш ни толку.

Дали мора да паркираатна булеварот? Да, затоа што катните гаражи во овој момент се научна фантастика а тие 3 помали паркинзи во тој дел немаат толку капацитет.


Posted By: Cifra
Date Posted: 26-Mar-2012 at 21:33
 
Originally posted by AlexTheGreat



Треба ли да ти повторам дека десната лента во овој момент служи за паркирање?

И јас не се согласувам со тебе па не ти одговарам на таков начин. Овде сме да дискутираме.

Исто ли е да се вклучиш во сообраќај кога си паркиран паралелно и кога си паркиран косо? Очигледно не е исто.

Originally posted by AlexTheGreat

Булевар Ослободување во Кичево и Булевар Партизански одреди во Скопје се многу различни. Кичевски и скопски сообраќај премногу се разликуваат. Брзината на движење по Булевар Ослободување во Кичево е 20km/h некогаш ни толку
Баш за тоа зборувам, булеварот малку по малку ќе стане обичен паркинг. Мене тоа не ми пречи, ако Кичевчани стварно мислат дека така е правилно тогаш бујрум. Ама ако е паркинг нека биде паркинг, нека нема илузии дека во исто време ќе биде и "Булевар Ослободување".

Originally posted by AlexTheGreat

Дали мора да паркираатна булеварот? Да, затоа што катните гаражи во овој момент се научна фантастика а тие 3 помали паркинзи во тој дел немаат толку капацитет.
Нека се воведе зонско паркирање на булеварот па да видиме дали морало сите да паркираат баш таму.

И не зборам да се градат катни гаражи туку да се најде простор да се изградат или прошират неколку обични паркинзи блиску до центарот. Да има барем доволно места за да не мора да се премине од паралелно на косо паркирање зашто така ќе биде понебезбедно и плус ќе се уништи средишното зеленило. Не мора да се паркира баш на 2 метри од местото каде што си тргнал нели? Ѓоко веќе пиша дека слободни места во центарот има и сега ама луѓето патат да паркираат точно пред зградата кај што тргнала или за чалам да паркираат пред кафичот кај што седат.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 26-Mar-2012 at 21:49

А јас се чудам. Која е потребата од паркирање, и воопшто користење на возила во град како Кичево. Без навреда, градот е 4км на 2 км, односно од најодалечените точки до центарот отприка 2км на 1км... 

А 2км се пешачат за пола саат.... Дај малку размислете на тоа... Исто сега како јас од дома до железничка да пешачам... нема смисла да користам кола... 

Ако ви е за работа, ај да сфатам, ама пак и тоа ми е нелогично... мене со бус до школо 6км ми треба 30 мин во просек... вие за 30 мин пешки сигурно може да стигнете на работа... 

Но верувам дека тие коли таму на тој булевар се кога идете на кафе или слично... што нема логика ама ај...

Може и да се и од околните згради, тогаш има некое оправдување... но сепак сообраќајот во градот не би требало да биде толку многу интензивен....

Незнам, вака без никакви сознанија од терен, како навистина стојат работите, можам само да погаѓам... 

Не велам дека не ви треба асални булевари, улици, паркиралишта, друга инфраструктура, развој... само велам не ги користете колите за џабе, за од тука до тука.... Колите користете ги за надвор од град...

На крајот на краиштата... постојат велосипеди... 2км со велосипед се поминуваат за најмногу 10 мин... 4км за 20 мин...



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 26-Mar-2012 at 21:58

ПС.

Кога веќе сме кај велосипедите... тоа е многу издржан поглед за сообраќајот и движењето во Кичево... И мислам дека треба да се позанимавате и со таа област.... изградба на соодветна инфраструктура и услови, можности...

Во Европа, малите градови генерално вака функционираат... и ништо не им фали... И е многу економично, логично, корисно, исплатливо... и патем многу поеколошки... 

Штета е вака мали градови кои се идеални за користење на велосипеди, да загадуваат многу од издувни гасови од автомобили... 

Чим ние тука, во Скопје, правиме напори и инсистираме на велосипедите... тогаш Кичево не треба да има никаква пречка и изговор дека тоа не го може...



Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Mar-2012 at 22:07
за потребите на жителите на градови и јас не можам да се изначудам зошто им е потребен автомобил, јас скоро секој ден пешачам толкава должина и можам да кажам дека воопшто не е проблем тоа за било кој човек...
Но, секако, потребен е паркинг простор, ако не за жителите, барем за посетителите


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 26-Mar-2012 at 22:09
Originally posted by FoSsiL



А јас се чудам. Која е потребата од паркирање, и воопшто користење на возила во град како Кичево. Без навреда, градот е 4км на 2 км, односно од најодалечените точки до центарот отприка 2км на 1км... 

А 2км се пешачат за пола саат.... Дај малку размислете на тоа... Исто сега како јас од дома до железничка да пешачам... нема смисла да користам кола... 

Ако ви е за работа, ај да сфатам, ама пак и тоа ми е нелогично... мене со бус до школо 6км ми треба 30 мин во просек... вие за 30 мин пешки сигурно може да стигнете на работа... 

Но верувам дека тие коли таму на тој булевар се кога идете на кафе или слично... што нема логика ама ај...

Може и да се и од околните згради, тогаш има некое оправдување... но сепак сообраќајот во градот не би требало да биде толку многу интензивен....

Незнам, вака без никакви сознанија од терен, како навистина стојат работите, можам само да погаѓам... 

Не велам дека не ви треба асални булевари, улици, паркиралишта, друга инфраструктура, развој... само велам не ги користете колите за џабе, за од тука до тука.... Колите користете ги за надвор од град...

На крајот на краиштата... постојат велосипеди... 2км со велосипед се поминуваат за најмногу 10 мин... 4км за 20 мин...




Убаво си кажа никакви сознанија од терен.  


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 26-Mar-2012 at 22:10
AlexTheGreat премногу дрско и насилно се однесуваш за (нов) член, само да одбележам пред да ти одбележи некој кој има вистинска власт на форумов!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 26-Mar-2012 at 22:12

@AlexTheGreat

Што потреби да имате, што и да правите во Кичево... За толку мали растојанија едноставно автомобил не е потребен... Тоа е факт... Не дека е Кичево... зборам за самото растојание... затоа и ти споредив... дека нема смисла јас со автомобил да одам до железничка... попрво пешки или со велосипед би одел ако ми се брза...



Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 26-Mar-2012 at 23:17
Originally posted by FoSsiL


@AlexTheGreat



Е не најде ти мене сега да ми солиш памет... 

Што потреби да имате, што и да правите во Кичево... За толку мали растојанија едноставно автомобил не е потребен... Тоа е факт... Не дека е Кичево... зборам за самото растојание... затоа и ти споредив... дека нема смисла јас со автомобил да одам до железничка... попрво пешки или со велосипед би одел ако ми се брза...




Треба да носиш товар. Пешки ќе одиш?
Околу Кичево има 4 општини. Пешки ќе одат до Кичево?
Има некои на кои центарот им е повеќе од пола саат оддалечен. Пешки да одат?
Некој се брза да заврши работа. Пешки да оди?
 

Originally posted by Cifra


И јас не се согласувам со тебе па не ти одговарам на таков начин. Овде сме да дискутираме.Исто ли е да се вклучиш во сообраќај кога си паркиран паралелно и кога си паркиран косо? Очигледно не е исто.


Кога е мала брзината на движење исто е.

Originally posted by Cifra


Баш за тоа зборувам, булеварот малку по малку ќе стане обичен паркинг. Мене тоа не ми пречи, ако Кичевчани стварно мислат дека така е правилно тогаш бујрум.


Ти пак не разбираш дека Булеварот веќе е паркинг. Муабетот е за капацитетот дали ќе се повеќе или помалку паркинг места.

Originally posted by Cifra

Ама ако е паркинг нека биде паркинг, нека нема илузии дека во исто време ќе биде и "Булевар Ослободување".Нека се воведе зонско паркирање на булеварот па да видиме дали морало сите да паркираат баш таму.И не зборам да се градат катни гаражи туку да се најде простор да се изградат или прошират неколку обични паркинзи блиску до центарот.


ќе турниме зграда, не е проблем.

Originally posted by Cifra

Да има барем доволно места за да не мора да се премине од паралелно на косо паркирање зашто така ќе биде понебезбедно и плус ќе се уништи средишното зеленило.


Едно зеленило што е, красота

Originally posted by Cifra

Не мора да се паркира баш на 2 метри од местото каде што си тргнал нели? Ѓоко веќе пиша дека слободни места во центарот има и сега ама луѓето патат да паркираат точно пред зградата кај што тргнала или за чалам да паркираат пред кафичот кај што седат.


Тука се согласуваме


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-May-2012 at 18:15
Ѓоко дали почнале работите кај булеварот Ослободување ( канализација и проширување на булеварот) и дали случајно знаеш дали ќе добива само проширениот дел нов асвалт или целиот булевар?Иначе една фотка ( цензирана). Јас сеуште не разбирам зошто се одлучила општината да го прошири булеварот. Сепак се надевам дека ќе реши некој проблем и дека ќе изгледа солидно .


Posted By: gjoko
Date Posted: 04-May-2012 at 18:48
почнаа со копање за водоводот баш на раскрсницата што се гледа на сликата(магистрален пат-булевар ослободување),и прво копање го скинаа телефонскиот кабел,па 1/3 од градот беше отсечен со телефон,меѓу кои и пожарната.после тоа ја оставија дупкатата и ги снема работниците.наводно сакале наместо да се сечи магистралниот пат,да се копа мал тунел под него и да се постави цевка.изгледа како зафрканција но пробаа да копаат со вангла,пуштија некое дете да копа како во кинески рудник.

така е кога тендерот се дава наместо на ЈП Комуналец, на фирма од брат на политичар,без обзир кој е тој.

иначе планот е да се стеснува зеленилото на булеварот,а за сметка на тоа да се добие по трета лента во двата правци.по една за паркирање и по две за возење.

иако изгледа апсурдно,единствената магистрална водоводна линија за градот е на булеварот,и од неа се делат лево-десно за населбите дури и по 3-4 км.на пример нема магистрална линија по улицата Борис Кидрич,па тие земаат дури од Булевар.и во СФРЈ се правеле глупости,не само сега

ПС.онаа табла што се гледа на јарболот со државното знаме е баш за проектот за менување на водоводната мрежа


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-May-2012 at 16:50

понеделник, 07 мај 2012, 16:32

Македонија
Ќе се санира локалната магистрала Кичево – Осломеј

Завршена е целокупната процедура околу санирањето на локалната магистрала што ги поврзува двете соседни општини, Кичево – Осломеј, јави МИА.




Овој патен правец е многу оштетен, особено кога се знае дека патот го користи и РЕК „Осломеј“.
- Завршена е целата процедура околу понудата за овој проект на нашата општина. Одбрана е фирмата која ќе ги изведе работите за санирање на овој, за нас многу значаен пат. Должината на патот е околу дваест километри и се движи од Кичево па се до селото Туин, изјави секретарот на општина Осломеј Бегзат Аљиу.
Вредноста на оваа инвестиција на општина Осломеј е околу еден милион денари.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=5432


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 19-May-2012 at 17:32
Предлог проект неокласичен кружен тек кај бензиската Пуцко Петрол Авторот е Златко Злато а сликата ја најдов во фб. 


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 19-May-2012 at 17:47
Неокласичен.... Rollinмислиш некласичен... и бај д веј каква е таа класификација.... од страна на авторот... зар нема друг поим за вакви кружни текови... а зошто да не стои и само кружен тек... во суштина е кружен тек...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 19-May-2012 at 17:56
Хаха извини леле каква грешка


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 19-May-2012 at 18:00

па почна да ни се врти во глава од Скопје 2014...

Инаку... не е лошо решение... само не ја знам ситуацијата каква е во Кичево...

Само ме загрижува малку должината на споредната оска на елипсата на кружниот тек... за автомобили би било океј... но автобуси, камиони... незнам...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 19-May-2012 at 18:18
Само... сега забележав... горните и долните пешачки премини и стоп линијата се премногу блиску до кружниот тек... мислам дека тоа не е во ред... бидејќи така би можел да се блокира кружниот тек... најдобро би било да се постават на поголема оддалеченост/растојание...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 19-May-2012 at 18:30
хаха па нормално ќе имам неокласичен в глава кога секој ден го читам и слушам тој збор. Па имам страф да не го прочитал некој од владата па можеби ќе раѓа идеата за антички улици, мислам креативни се


Posted By: gjoko
Date Posted: 19-May-2012 at 19:09
овие се цевките за реконструкција на водоводот на ул.Булевар Ослободување,таа улица за која е погорниот кружен тек.прво мора да се постави водоводот па после тоа да се скрати ширината на средишното зеленило,па после тоа можи да се прави кружен тек.се зборува и за отворање на раскрсница пре полицијата во Кичево за да не е потребно вртење до кај `Пуцко Петрол`

цевките се ф355 мм




Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 23-May-2012 at 13:57
Кружен е потребен кај Пуцко Петрол исто така и кај полицијата


Posted By: gjoko
Date Posted: 08-Jul-2012 at 20:01
асфалтиран е и вториот дел од локалниот пат Кичево-с.Кнежино(каде се наоѓа Кнежинскиот манастир и `куќата на уметноста`.Дали е асфалтирано до крај незнам,ова е сликано на почетокот на вториот дел од делницата,веднаш на расадникот `Крушино`



Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Jul-2012 at 19:00
во Кичево интензивно се работи на асфалтирање на повеќе улици,а оние улички каде е проблематично влегување на асфалтерките се поплочуваат со бекатон коцки(граѓаните не ги тргаат оградите дири ни за време на градењето,а после да си го вратат).

еве некоја слика од поплочувањето тротоарот на втората страна на ул.11 Септември(источната страна лани се поплочи),а за поздравување е што во Кичево покрај тротоарите секаде се полочува и просторот околу зградите,иако е тоа обврска на самите станари.

трипати браво,бидејќи за 3 години се асфалтираа улици со гаранција повеќе него ли за изминатите 30 години заедно на сите други градоначалници






Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Jul-2012 at 18:50
се асфалтира најзапустениот дел од урбаниот дел од Кичево,делот помеѓу товарниот дел на железничката станица и магистралата.

за жал последните 20 метри за асфалтирање,за да се спои новоформираната улица со платото пред автобуско-железничката станица е спречен од страна на 1-2 граѓани кои тврдат дека дел од улицата е нивно приватно земјиште,иако цел град знае дека се добро обештетени во минатото.вакви примери во Кичево има премногу,за што имам лично разговарано со поранешен јавен правобранител.за жал сите исходи на суд се негативни за градот/државата





Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Jul-2012 at 21:52
Кај жел. станица


Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-Jul-2012 at 22:39
Бекатон, Бекатон, Бекатон, Бекатон и тоа со тони ...А таму каде што нема бекатон треви и корови , слика како од Авганистан.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Jul-2012 at 22:42
Previousda si mnogu vo pravo ama toa e daleku poubo od nisto. Kjuti gradocalnikot se trudi da pravi nesto, toj predhodniot ne izgradi nisto.Big%20smile


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Jul-2012 at 22:43

Реконструкција и изградба на улици во Кичево

von http://www.facebook.com/Opstina.Kicevo - Општина Кичево , Mittwoch, 18. Juli 2012 um 08:29 ·

 

Минатиот месец, општина Кичево започна со санација на дупките по сите улици во градот, со што ќе се овозможи непречено движење на возилата.

 

- Од лошите временски услови е запрена работата, односно потешко се одвива, но се ќе биде завршено во најбрз можен рок - соопштуваат од општината.

 

Градежната сезона продолжува со поплочување со бехатон плочки на улиците кои гравитираат на улицата Ужичка, односно на областите Крушино 1 и 2 и улицата Влашки Пат. Во рамките на градежните активности ќе се асфалтираат улиците: Коста Браншевиќ, крак на улицата Копачка, дел на Индустриската улица, како и патот Крушино – Кнежино, а ќе се изгради влез и паркинг на улицата што се наоѓа кај општината и катастарот.

 

 

Обновата на улиците кои беа оштетени од големите наноси на снег во текот на зимата ќе ги подобри условите во сообраќајот во летниот период.

 

ОПШТИНА КИЧЕВО

Биљана Крстеска



Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-Jul-2012 at 23:25
Градоначалникот се труди ама колку се труди народот. Гледам на друга нишка изградиле зграда а пред зградата повторно Авганистан, значи не е само до градоначалиот , несредените дворови и пред дворови, нехигиената, паркирањето кој каде ќе стигне и многу други работи се колективна одговорност. Јас разбирам да се нема пари и да се биде сиромашен но не разбирам да се биде нечист , некултурен и нехуман. 


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Jul-2012 at 23:31
PreviousCheersKaj stanbenata zgrada kade ziveam ima eden ubav park no se raspagjuva. Pa jas rekov aj malku da se grizam a veruvaj deka sramno e da se grizis za parkot a ne e sramno da uriniras po garazite. Pa duri nekoj me prasa koj i kolku me plati za rabotata...Wallbash


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 23-Jul-2012 at 11:12
Граѓаните за никаде се. Ако си совесен граѓани обавезно те етикетираат дека те плаќаат. Ако сакаш нешто да организираш пак си етикетиран дека те плаќаат за тоа. И така натаму.
За хигиената во градот најкрив е народот оти до што беше корпа за ѓубре низ град ја искршија.

Градоначалникот најави раконструкција на булевар Ослободување и на улица Александар Македонски во чиј склоп е и калдрмата, коцката, ама како што тргнала работава до крај на мандатов тешко дека ќе го среди тоа.


Полицијава мора да ги казнува овие дојденциве преку лето што се курназат со коли кои таму каде што живеат секој ги има. Оти најголемите гужви тие ги прават. Нити почитуваат правило за брзина, нити знаат кој каде има предност, а најглупо што го прават е намерно споро возење по булевар   и застанување на сред булевар да се поздрават со секој втор кочејќи го цел сообраќај.

И кај градинката мора да се регулира се вози пребрзо, ама никако со гумени легнати сообраќајци оти за нецела недела ќе ги снема.


Posted By: gjoko
Date Posted: 23-Jul-2012 at 15:52
лично разговарав со градоначалникот(да повторам,работам на неговот поранешно работно место-фала му што ми го ослободи ) и рече дека АМ или Маршал Тито како што ја викаме улицата сигурно ќе се гради,само има многу административна работа со Светска Банка,за секој документ ги враќаат по неколку пати.вероватно се поучени од лошото искуство од минатото кога се земаа пари и се трошеа за глупости.сега дојде крајот на таквиото трошење


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Jul-2012 at 19:55
се врши доградба на каналот `Иванидол` кој поминува низ Кичево,а како што разбрав ќе се врши покривање на истиот како делот подолу кај `Народна одбрана`.

се чека завршувањето на овој дел па да се асфалтира платото пред новата зграда во која веќе има вселено некои од станарите.

деновиве се асфалтирани или поплочени со бекатон(поради `ширината` на уличината од завидни 2 метри) уличината над железничката станица



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-Jul-2012 at 21:27
....


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-Jul-2012 at 21:28
Легнати полицајци во кичево кај училиштето санде, се разбира од БЕКАТОНСКИ ПЛОЧКИ!


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Jul-2012 at 22:09
деновиве се поставија пред сите школи и градинки(Бато,Кузман,гимназија...)


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-Jul-2012 at 22:14
Epa mene drugarot sto mi ja prati slikata rece deka samo kaj sande videl takvo nesto a mene ne mi se veruvase deka se od bekatnoski plocki iako voopsto ne e loso se dodeka funkcioniraat...
Znaci ima kaj site skolski ulici, bas dobro, kje bidat ulicite pobezbedni.
Inace kaj tvojata slika gore interesen kje stane bulevarot kidric so siroki trotuari od dvete strani a toj del se urbanizira. Vidov pred nekolku denovi kaj bulevarot deka napravile eden mal parkBig%20smile Se trudi opstinataThumbs%20Up


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Jul-2012 at 22:56
фирмата што го изведува новиот водовод,се труди да ги протне цевките испод украсните дрвца на средишното зеленило на булеварот,ама незнам дали ќе успее.би било штета да се пресечат дрвцина стари најмалку 35 години


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 28-Jul-2012 at 15:42
Абе да не ме чита Ташко на форумов?


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Jul-2012 at 16:25
Koj e toj tashko??


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 28-Jul-2012 at 16:35
Градоначалникот


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Jul-2012 at 17:54
Аа Благоја Деспотоски, ее го видов пиеше солидно кафе во плоштадот Тој реагира, јас кај поправи.мк објавив многу инфраструктивни проблеми а 90% од проблемите ги решил, можеби е се само случај или пак навистина слушал, не знам.. Да беше до мене, јас би и дал уште еден мандат! Кичевчани скоро 2 години не газат во кал, добро сега со бекатонските плочки претерува но сепак дава максимум а дупките редовно ги поправаат и градот е почист! Со рециклирање на картон и пластични шишиња оди добро, јас секаде каде можев сум видел дека кичевчани не фрлат ѓубре таму каде е предвидено за пл. шишиња или картон. Барем таков впечаток имам јас. Ако чита градочалникот: Само напред и гради повеќе паркови и давај на бул. ослободување еден комплетен нов лик!! се извинувам за оффтопик)


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Jul-2012 at 19:18
сигурно не го чита форумов.за некои работи добивам информации од негов соработник,и му имам објаснето дека е за овој форум.

а околу асфалтирањето и ставањето на коцки Ташко на една јавна дебата во домот за култура рече дека ќе ги асфалтира сите улици во градот.

бекатон се става по објаснување на улици каде неможе да влези асфалтерката,а неофицијално мора дел од колачот да падне кај кичевски производител на бекатон коцки кој е `главен` во коалициониот партнер.со други зборови `сложни браќа куќа градат`


Posted By: AlexTheGreat
Date Posted: 28-Jul-2012 at 20:07
Сеедно ми е дали по рамковен ги набавува, битно работи, средува. Порано луѓено од дома излегуваа со најлонски кеси на нозе за да не се направат лом на кондурите/патиките. Повеќе не се гази кал. Ако му се даде шанса уште еден мандат ќе го досреди градот.





Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Jul-2012 at 23:10
муабетот ми беше зошто се става бекатон коцки на некои улици каде и би можело да има асфалт.вероватно се оди пола-пола


Posted By: gjoko
Date Posted: 16-Aug-2012 at 12:14
почна реконструкцијата на една од најглавните улици во Кичево,ул.Маршал Тито,која досега беше изведена со гранитна коцка(како поранешниот скопски плоштад).Се започна со првата делница од градскиот плоштад до мостот кај градската болница




а исто се поплочуваат со бекатон коцки и повеќе мали улички низ Кичево,а во мојата населба `Подварош` се поплочија или асфалтираа скоро сите улици и улички



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Aug-2012 at 16:12
Супер, така треба! Па тоа беше црна точка. Мислам дека ова година беше многу успешна година за Кичево! Ѓоко се надевам дека ќе постираш понатаму слики пошто овај проект многу ми интересира


Posted By: Тркало
Date Posted: 16-Aug-2012 at 16:42
Е ова е една од најдобрите идеи на кичевскиот градоначалник Најверојатно најлошата улица во Кичево беше оваа, а капак на се една од централните.


Posted By: gjoko
Date Posted: 16-Aug-2012 at 18:46
ќе известувам постојано,но ќе сликам само со мобилен,апаратот замина `капут`


Posted By: fusion
Date Posted: 18-Aug-2012 at 10:57
Barakite dali konecno ke se rusat.A sto so kanalot dali ke se zatrupa do opstiskata zgrada.


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Aug-2012 at 11:19
засега се отстранети бараките како на погорната слика ,некаде до ивицата на катастарот.моментално се бетонира горниот дел од каналот,и деновиве се привршува,па ќе ставам некоја слика


Posted By: gjoko
Date Posted: 29-Aug-2012 at 18:19
од реконструкцијата на Маршал Тито-се поставува нова фекална канализација,нова атмосферска, а се припрема и поставување на водоводната канализација







Posted By: shyes
Date Posted: 30-Aug-2012 at 03:41
Малку по малку барем трга работата во Кичево. Мило мие. Сега само културата на некои од граѓаните да тргне на позитевен пат, и таа глупата навика од туристите и нивното глупо кружење со колите низ булеварот да може да се намали на минимум, ќе биде многу поарно на лето


Posted By: gjoko
Date Posted: 30-Aug-2012 at 16:11
во Кичево се асфалтираат улици верувајте двојно повеќе во километри од било кој град во РМ.имам напор да добијам информации од ЕЛС за кои све улици се асфалтирани(поплочени),и глобално да ги исцртам на слика од гугл.верувајте,сликата ќе биде целата во црвена боја


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Aug-2012 at 16:54
Така е ѓоко. Само се прашувам од каде се парите? Мислам предходните градочалници имале ист буџет а проектите никаде... се крадело во минатото? Мислам дека да и тоа на големо. Приоритетите на градочалникот беа да се уредат сите улици барем малку, а тоа го сторил градочалникот иако имам критика за квалитетот. Сепак важно е сите улици да се уредуваат барем во ОК статус а потоа да се почне со луксуз како во другите градови! Да можеби кичево нема некој модерен проект пр. нов булевар, модернизација, споменици итн. но во кичево не остана улица без уредување. Успешна инфраструктивна година!


Posted By: gjoko
Date Posted: 30-Aug-2012 at 17:11
кичевскиот проблем е задолженоста од најмалку 12 годишни буџети на општината,и тоа што е досега стасано за наплаќање.не се тоа пари што некој ги крадел порано.тоа се воглавном пари од денационализацијата ,каде поранешните градски власти пробивајќи ги улиците или ништо не обештетувале или се нема докази за обештетување во кичевската архива(ова е посебна тема за анализа,како `исчезнуваат` докази за поранешни исплати).значи најмалку 12 години општината да не троши ништо,ни за плати ни за улици,само да враќа долгови и повторно ќе биде во минус.успехот на сегашниот градоначалник(пак ќе кажам ,не да се фалам,го наследив неговото поранешно работно место и се знам добро со човекот) е во неговите добри врски со високи функционери од сегашната влада.

несакам да мешам политка,но ќе искажам еден факт-во минатото од 1990 година па наваму се до сега,Кичево секогаш имало градоначалник од спотивната партија него централната власт.и тука лежи неуспехот на поранешните `татковци`.прв пат имаме `истополна` власт


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Sep-2012 at 20:58
апдејт на реконструкцијата на Маршал Тито




Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Oct-2012 at 18:44
започна изградбата на ул.Душан Јовески во Кичево,најголема и најскапа инвестиција досега.улицата е многу широка,а и е долга за кичевски (не)прилики.

парадоксално е тоа што во документацијата на ЕЛС Кичево,како што сум информиран е наведено дека улицата досега е 3(три) пати асфалтирана.а вероватно се сведувало само на истурање на чакал пред секои избори, и затоа сега новото на улицата е околу 1 метар над потребното.затоа сега се вади чакалот со камиони секоја ден.

на завршетокот према маг.пат Кичево-Скопје дали ќе се изведе до самата магистрала(што е забрането со закон) или ќе се оди јужно покрај објектот на ИВЗ,ќе видиме деновиве(плава боја)




Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Nov-2012 at 19:44
малку се закасни со ул.Маршал Тито,проблеми на сите страни,со ЕВН,со дрвата кои прво ги оставија па едно падна и потоа се дпнесе одлука да се сечат,па со подземни бунари,па најдоја гробишта пред црквата на самата улица,па се скунаа многу кабли,ама на првиот дел од реконструкцијата и се гледа крајот




а овде се гледа зошто пропаѓаат шахтите.едноставно бетонот се набива со ЛОПАТА.едвај ги убедив од `комуналец` да не се бетонира до најгорното ниво на капакот,да се остави 3-5 см и тој дел да се асфалтира.сите проблеми со отварање на дупки кај шахтите се јавуваат бидејќи во зимно време кога се фрла сол за мразот,солта го јаде бетонот,се отварат процепи помеѓу бетонот и исфалтот,како и помеѓу бетонот и асфалтот.ако се асфалтира до самиот венец на шахтата,ова неможе да се случи.



сликано со мобилен


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Nov-2012 at 21:13
слики од привршување на тампонирањето,средување на тротоарите,ставање на бетонски цилиндри за садење на дрвца,бидејќи липите не го издржаа сечењето на страничните корени,па така се исекоа сите дрва.

разговарав со луѓето од општина кои ми кажаа дека ќе се садат слични како скопските дрвца(prunus kanzas i prunus nigra)











Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Nov-2012 at 21:19
и конечно асфалтирање,но поради лошото тампонирање,вториот финален слој ќе се одложи за неколку месеци заради налегнување на долниот слој.

проблемите се јавија бидејќи истовремено на улицата работеа неколку фирми,и секоја си копаше по потреба.канализацијата ја ставаше една фирма,водоводот друга,електриката трета, и на крај каналите слабо се тампонираа,што предизвика тонење на тампонот на неколку места и наново прекопување и претампонирање(се испитуваше со хидрауличен уред под терет на оние ваљаците за набивање на тампон и асфалт)

сликано е со мобилен,а деновиве ќе сликам и со апарат







Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Dec-2012 at 20:48
вечерва се пушти новото улично осветление на реконструираната улица Маршал Тито,столбовите се прилично едноставни со две сијалици на 180 степени,едната повисоката ја осветлува улицата а другата пониската го осветлува тротоарот.

денес се садеа и новите дрвца,кои се со големина слична кога се садеа и во Скопје.Коштаат по 150 евра парче,а се набавени од некој расадник во Тетово





Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Dec-2012 at 20:59
CheersCheersFala gjoko za novite sliki. Ako mozes mozebi nekogas da si ja slikas ulicata preku den Inace se nadevam deka i drugiot del od ulicata kje pocne naskoro, e tamu kje ima mnogu rabota, celiot haos i da ne toleriraat mnogu...


Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Dec-2012 at 21:31
деновиве ќе сликам подетално,чекам да ги дозавршат финалните работи.има некои шахти недопраени,уште некое дрвце да се досади,и незнам што ќе прават со шахите од телеком кои останаа испод и изнад ниво,и телеком бара пари да му се платат за да ги изнивелира.

на вие што сте од Скопје,што не ви се свиѓаше начинот на реконструкцијата на вашите улици,ако ви ги покажам деталите од оваа улица,ќе падните во несвест што све има на светов


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2012 at 21:54
Originally posted by gjoko

на вие што сте од Скопје,што не ви се свиѓаше начинот на реконструкцијата на вашите улици,ако ви ги покажам деталите од оваа улица,ќе падните во несвест што све има на светов
Ако де покажи, да се утешиме малце  Big%20smile


Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Dec-2012 at 22:56
ќе ти требаат илачи за смирооње живци ако извадам слики од некои детали


Posted By: shyes
Date Posted: 05-Dec-2012 at 04:04
Мислам би било многу подобро и поефикасно ако македонските општини би го имплементирале овај систем на конструкција. Сигурно не се прескапи овие машини за државава. Немора 100 да се земаат но доволен број за вршење работа.

http://m.youtube.com/#/watch?v=Rfx9va9FL_s&desktop_uri=%2Fwatch%3Fv%3DRfx9va9FL_s - Power curber

http://m.youtube.com/#/watch?v=Rfx9va9FL_s&desktop_uri=%2Fwatch%3Fv%3DRfx9va9FL_s - Power curber .


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Dec-2012 at 19:30
за ова зборував за негативните страни од реконструкцијата на улицата маршал Тито:

-овде нивото со соседната уличка се разликува,така што негде мора да се направи компромис,или улицата да се спушти,или крајот на тротоарот да се издигне,или по стар добај обичај ќе се стави малу бетон кој ќе држи до првиот дожд, и работниците ќе си заминат


-оваа шахта не ја чекаат воопшто бидејќи била од телеком,кој несака да ја преработи,бетонот околу шахтата е понизок од бекатонот,а самиот метален капак е многу повисок,па така вероватно и овде со малку бетон ќе се проба нешто да се изнивелира што ќе испаден на крај многу лошо решение,а овде се работи за 3-4 м2,


-овде е сличен случај,само што е бетер,од една страна е шахтата,од другата страна се постави бандера,нормално скалите од телеком си остануваат,а тротоарот од 3.5 метри ширина одеднаш се стеснува на половина метро(ако се преживее сопнувањето на металната шахта)



овде е малку позитивна работата со поставување на бекатон коцки на целата површина пред зградата наспроти телекомот




Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Dec-2012 at 19:33
викендов во најголемиот дожд!!!!!!!!!!се заврши асфалтирањето на полигонот пред новата зграда кај `народна одбрана`.подобри слики од целиот објект ќе сликам со апарат кога малуку ќе се подобри времето




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Feb-2013 at 13:18
Glavniot bulevar na kicevo se prosiruva vo smetka na zeleniloto.  jas i natamu kje vidam ako stavat sliki na fb pa kje gi postiram ovdeGjoko ako imas vreme ne bi bilo loso ako slikas


Inace ulicite sto se daleku od cenntar se renoviraat a samiot centar izgleda za nikade. Se nadevam deka noviot ili stariot gradocalnik kje se fati za rabota i kje im dade na centarot nov lik.
Centarot celosno propadnalOhno




Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Feb-2013 at 13:56
не се проширува коловозот,само се ставаат овие бетонските оплати и средишното зеленило се подига за половина метар како на Партизанска во Скопје,за да не се качуваат коли со тркалата.

Размислуваат во општината да се проширува коловозот од полицијата надолу,но има многу цевки во зеленилото па не се знае како ќе испадне на крај.

Имам од овие нешто сликано,но нестасав да ги постирам


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Feb-2013 at 13:59
Vo slikata mnogu tesno izgledase zeleniot del pa zato mislev deka ulicata pozna da se prosiri. Fala gjoko i se izvinuvam za desinformaciite



Print Page | Close Window