Print Page | Close Window

Надградба на Министерството за транспорт

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1446
Printed Date: 15-Nov-2018 at 15:46


Topic: Надградба на Министерството за транспорт
Posted By: my Macedonia
Subject: Надградба на Министерството за транспорт
Date Posted: 06-Apr-2010 at 10:40

virusot infektira (ako se realizira so barokot)
 

Уште еден, четврти кат, ќе се издигне на зградата на Министерството за транспорт и за врски, а деновиве е распишан и оглас во кој се бара да се изработи идејно решение за изгледот на доградбата. Во конкурсот Министерството бара решение за фасада и за надградба на последен, четврт кат за управната зграда, која е во непосредна близина на Македонската опера и балет и новиот објект во изградба за Македонската филхармонија. На учесниците ќе им се дадат и прилози со идејните решенија за надворешниот изглед на објектите во непосредното опкружување, кои се планирани или се во тек на изградба, што значи дека, најверојатно, ќе се бара и новиот кат да биде вклопен во барокниот стил. На конкурсот може да се пријават домашни и странски правни и физички лица. Првата награда за избраното најдобро идејно решение изнесува 200.000 денари, втората награда е 150.000 денари, а третата 100.000 денари. Министерството може да откупи најмногу уште четири други идејни решенија во висина од по 30.000 денари. Конкурсот трае до 11 мај. Во Министерството велат дека изградбата е планирана в година.

Р. П.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1986&ArticleID=137787 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1986&ArticleID=137787



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Nov-2010 at 19:39

Ќе се реконструира објектот на Министерството за транспорт и врски

Постојниот објект на Министерството за транспорт ќе се реконструира и надградува. Предвидено е постапката да почне во 2011 година. Министерството веќе објави и конкурс за најдобро идејно решение, но не беше избрана најповолната понуда. Единствена беше понудата на „Македонијапроект“.

Од Министерството за транспорт и врски засега не откриваат детали за обемот на реконструкцијата и надградбата. (А.П.)
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2082EA77BA83B642820B65D1C3034953 - http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2082EA77BA83B642820B65D1C3034953


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 26-Nov-2010 at 19:41
Pa neli imase i porano izjava!Kje bide vo anticki stil(kolku sto razbrav)

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Nov-2010 at 23:05
Па овој објект колку што се сеќавам не се гледаше на клипот Ск14, ама претпоставувајќи според трендот за другите згради кои се во план, најверојатно ќе биде нешто слично на објектите од плоштад.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 19-Mar-2011 at 19:05
Vo sitel vidov deka segasnata ministerstvo za nadvoresni raboti se renovira(imase skelinja na levata strana)!!
Ima nekoj potocni informacii?


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Mar-2011 at 20:02
i ja ja vidov snimkata pretpostaviv deka e postara. shto ke renoviraat koga pravat nova zgrada ili verojatno posle ke ima druga isnstitucija smesteno vo starata.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Aug-2011 at 20:00
Eve prvite predlog projekti za ministerstvo za trnasport i vrski
http://www.architizer.com/en_us/projects/pictures/ministry-of-transport-and-communications/21070/173483/


Posted By: lupo
Date Posted: 22-Aug-2011 at 22:12

Kade se naogja ministerstvo za transport i vrski?



-------------
...kaj si kapelo pak ke si kape...


Posted By: gjoko
Date Posted: 22-Aug-2011 at 22:18
од другата страна на камени мост,спроти црквата,каде што ќе биде Филип Втори(плоштад карпошово вотание)


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Aug-2011 at 23:20
Originally posted by my Macedonia

Eve prvite predlog projekti za ministerstvo za trnasport i vrski
http://www.architizer.com/en_us/projects/pictures/ministry-of-transport-and-communications/21070/173483/
ова е фиално решение или само дел од некаков конкурс?
како и да е, не знам дали треба воопшто да бидам изненаден од сето тоа, ама навистина не ми е јасно, зошто покрај тоа што се изградија нови, се касапат веќе постоечки објекти на ваков начин???
искрено, ќе ја сварам некако омразата на одредени луѓе кон вакви објекти, ама не ми е јасно зошто мора да ги реметиме, еве конкретно како овој објект, има милион други во кои се наоѓаат политички институции насекаде во светот, нема ништо спорно во него, требаше единствено да се реновира и можеби понатаму да се модернизира соодветно на условите кои ги поставува веќе постоечката фасада на објектот
а доколку целта е да се вклопат старите објекти со новите, тогаш наопаку ја сфатиле работава, тоа треба да се прави преку новите објекти и тие да се ориентираат спрема околината, а не околината спрема нив
а и не ми е јасно што е постигнато па со ваква фасада, многу „покомуњарска“ е од претходната, а и додале и премногу спратови, како да е од лего коцки... но не е битно, ако не е финално решение, нема да коментирам базирано на сликата

а ако менуваме фасади само поради нечиј вкус, според кои фасадите биле грди, тогаш крај ќе ни нема на лудилото


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Bearstone
Date Posted: 23-Aug-2011 at 02:45

Да апсолутно, личи на типична зграда на некое кинеско министерство за развој или слично .. некаде во Пекинг пред 20 години.



Posted By: axel
Date Posted: 23-Aug-2011 at 17:19

вторник, 23 август 2011, 17:17

Нова фасада на Транспорт, нов плоштад пред него

Нова%20фасада%20на%20Транспорт,%20нов%20плоштад%20пред%20него
Никола Крстиќ
Вака, најверојатно, ќе изгледа новата проширена и надградена зграда на Министерството за транспорт и врски. Ќе се доградат два ката, ќе се реновира внатрешноста, но ќе се смени и надворешноста. Сепак, надлежните не откриваат дали оваа неокласична фасада е конечната варијанта за која се одлучиле од понудените на конкурсот за идејно решение. Веќе е распишан и тендер за избор на изведувач на градежните работи.

Во меѓувреме, со полна пареа се работи на просторот пред Министерстовото – се оформува Плоштадот Карпошово востание. Крајно време беше влезот во Старата чаршија да добие нов лик, велат граѓаните.

-Мислам дека треба да се заокружи, не може да остане така, влез во Чаршија е.
-Сè што се гради, сè е убаво, останува за век и веков.
-Многу убаво е, прекрасно е - велат граѓаните.

На местото на правливата калдрма и неуредното паркиралиште, ќе се надвиши нов комплекс со споменици и водоскоци. Идејното решение е на Валентина Стевановска, скулпторката која го изработи Воинот на коњ. Централно место ќе зазема фонтаната-постамент во облик на солза висока 15 метри на која ќе биде поставен 13-метарски споменик, официјално именуван само како Воин, за кој во јавноста се шпкулира дека ќе го претставува Филип II Македонски. Лево и десно од веќе поставените паметници на просветителите, ќе има два водоскока со скулптури на коњи, а на четвртиот ќе бидат поставени скулптури на мајки со деца. Ова е глинениот модел во конечната големина на една од нив.

„Ова е една од фигурите  што ќе биде поставена од другата страна на мостот, односно на плоштадот Карпошово Востание. Таму ќе биде поставен воинот, ќе има повеќе придружни фигури, ќе има фонтана со уште три други помали, кои ќе претставуваат една целина. Има повеќе придружни фигури, има повеќе релјефи, има војници, коњи, лавови” вели Валентина Каранфилова – Стевановска, академски скулптор (02 07 2011).

Изградбата на комплексот му е доверена на “Бетон” кој победи на меѓународниот тендер на Општина Центар.

-Што ќе се гради овде?
-Спменик.
-До кога треба да биде готов?
-Не знам.
-А чиј споменик?
-На Филип Македонски - вели еден од вработените на градилиштето.

Поставувањето на спомениците веројатно ќе почека до наредното лето бидејќи сè уште се прават во италијанската леарница „Фон­де­ри­ја ар­ти­сти­ка Гу­а­сти­ни”. Механизмот на фонтаните го изработува „Делта”, истата италијанска фирма задолжена и за фонтаната на Плоштадот Македонија.

http://www.mrt.com.mk/mk/vesti/makedonija/23753/nova_fasada_na_transport,_nov_ploshtad_pred_nego.aspx


Posted By: Superman
Date Posted: 23-Aug-2011 at 21:02
Originally posted by axel

Вака, најверојатно, ќе изгледа новата проширена и надградена зграда на Министерството за транспорт и врски. Ќе се доградат два ката, ќе се реновира внатрешноста, но ќе се смени и надворешноста. Сепак, надлежните не откриваат дали оваа неокласична фасада е конечната варијанта за која се одлучиле од понудените на конкурсот за идејно решение.

Проширена и надградена, како Преродбата во 100 чекори. Likе!
Неокласицизам?! Стварно, кој стил е ова?! Или барем до кој стил е најблиску?!


-------------
The One Whose Name Cannot Be Spoken...


Posted By: axel
Date Posted: 26-Oct-2011 at 18:58

Нови 4,9 милиони евра за „Бетон“ - ќе ја оправа зградата на Министерството за транспорт


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/26/beton60.JPG

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје објави дека склучила договор вреден 299 милиони денари (4,9 милиони евра) со Министерството за транспорт и врски. Во сумата од договорот е вклучен и данокот за додадена вредност (ДДВ).


Според овој договор, „Бетон“ треба да изврши активности на реконструкција на административната зграда на Министерството во Скопје, се вели во дописот испратен до Македонската берза за хартии од вредност.


Инаку оваа зделка е шеста по ред од 23 мај годинава.


Вкупните зделки склучени меѓу државата и компанијата досега изнесуваа 28,49 милиони евра за потребите на проектот „Скопје 2014,“ а покрај ова „Бетон“ склучи и договор вреден 2,1 милион евра за изградба на училиште во населбата Аеродром, со што вкупниот цех на државата кај оваа градежна фирма изнесуваше 30,59 милиони евра од 23 мај до вчера.


Со оваа најнова зделка вредна 4,9 милиони евра, вкупната вредност на договорите што „Бетон,“ во период од 5 месеци ги потпиша со власта, се искачија на 35,49 милиони евра.

http://www.time.mk/read/NONE/6159e15bc2/index.html



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 26-Oct-2011 at 20:32
Не се многу 4,9 милиони евра за реконструкција и доградба. Небаре цела нова зграда градат.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 26-Oct-2011 at 23:28
Славам,конечно ќе исчезне таа грда фасадна визура од центалното градско подрачје, според мене топ 10 најгрди фасади во Ск.
Како и да решат да ја изменат мислам дека ќе изгледа подобро од ова моменталново.


Posted By: tomi_z
Date Posted: 26-Oct-2011 at 23:33
Ахх, колку е лесно да се трошат туѓи (наши) пари! 4,9 мил. за реконструкција, а еве некои форумџии слават. Ашколсун!

-------------


Posted By: saturnus
Date Posted: 28-Oct-2011 at 13:28

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464


http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - Ве информираме дека по спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка, Министерството за транспорт и врски склучи договор за изведување на градежните работи за надградба и реконструкција на управната зграда на Министерството за транспорт со градежната компанија АД „Бетон“ од Скопје. Предвидено е градежните активности за надградба и реконструкција на објектот – Управна зграда на Министерството за транспорт и врски да почнат на почетокот на месец ноември 2011 година. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - Проектот за надградба и реконструкција на управната зграда на Министерството за транспорт врски опфаќа изградба на дополнителни катови, со што ќе се добие приземје и 5 катови, во една функционална целина со цел што подобро и поефикасно функционирање во една главна административна единица на Министерство за транспорт и врски. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - По реконструкцијата, во управната зграда на Министерството за транспорт и врски ќе функционираат и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот комунален инспекторат и Агенцијата за сигурност во железничкиот систем. На овој начин ќе се овозможи сите сектори и органи на Министерството за транспорт и врски да бидат на едно место, наместо како што е сега на повеќе локации во Скопје, односно граѓаните ќе можат да ги добиваат сите услуги од овој ресор на едно место. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - Во рамките на проектот се предвидува објектот да биде подобрен согласно потребните стандарди за статика, односно предвидено е целосно зајакнување на постоечката конструкција и на сите постоечки столбови, односно столбовите во подрумскиот дел, на приземјето и катовите и предвидено е лоцирање на предната фасада пред постоечките столбови. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - Исто така, проектирано е објектот да има главен влез на северната страна, два лифта кои ќе ги поврзуваат сите катови, голема сала за состаноци и презентации, како и пристап за лица со посебни потреби и противпожарни скали. Предвидена е целосна обнова на фасадата со термичка изолација, како би се подобрила енергетската ефикасност на објектот. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - Во внатрешниот дел, во подземното ниво на објектот е предвиден технички кат, каде што ќе бидат сместени сите помошни уреди за електричните инсталации, системот за климатизација, водоводни и одводни инсталации. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - Главниот влез во зградата е предвиден на северната страна, од каде ќе се влегува на приземното ниво во влезен хол, пријавница и простор за чекање. На ниво на влезот ќе се наоѓа и архива. При влезот се предвидува поставување на детектори за контрола. Во главниот хол се и пристапите до двата лифта кои ги поврзуваат сите катови. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - На првите три катови од објектот се предвидува да бидат сместени општите служби на Министерството, при што соодветно ќе бидат опремени и канцелариите на вработените и раководителите. Покрај канцелариите е предвиден и простор за сервер, според сите стандарди потребни за сместување на електронската опрема. Исто така, во овој дел се предвидуваат и неколку сервисни простории. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - На четвртиот и петтиот кат ќе бидат просториите наменети за кабинетите на заменик-министер и министер, заедно со салите за состаноци. Кровот на објектот е рамен, и организиран како кровна градина. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - Исто така, ќе се изврши целосно обновување, односно ново инсталирање на термотехничките, електричните и санитарните инсталации. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - Рокот за изведување на градежните работи е 1 година денот на воведување во работа од страна на надзорниот инженер. http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 -

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464 - Во периодот на надградба и реконструкција на административната зграда, Министерството за транспорт и врски ќе биде привремено сместено на друга локација за чие детерминирање во тек е постапка по чие што завршување јавноста ќе биде благовремено информирана.





Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 28-Oct-2011 at 16:03



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 28-Oct-2011 at 17:17
Пристојно, можеби најпристојно досега.


Posted By: mitatos
Date Posted: 28-Oct-2011 at 17:22
Ова ли е рендерот?

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: FT
Date Posted: 28-Oct-2011 at 18:10
И мене ми се допаѓа посебно оградата на кровот.


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Oct-2011 at 18:41
мене ми личи на мешавина на МНР и грчката амбасада


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 28-Oct-2011 at 22:12

Мене ми личи најмногу на ЦУМ стоковната/трговскиот во Софија

http://www.flickr.com/photos/sludgeulper/3812423602/ - http://www.flickr.com/photos/sludgeulper/3812423602/


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 28-Oct-2011 at 22:55
Да се збори за фасадни изгледни во стилот барок, рококо, романтизам, класицизам итн, кој на кој објект наликува е смешно и во најмала рака апсурдно.

Тие стилови си имаат унифицирани елементи, како што се лаци, сводести прозори, сводести приземни портали, сводести прозорци, орнаментика, антички столбови итн итн. кои како елементи сами по себе се готови и си наликуваат кој помалце кој повеќе еден на друг, и се аплицираат како такви на фасадата.

Поентата е, доста со лаичкиве муабети, кој објект на што ве потсеќал или наликувал, се гледа дека одреден дел на форумов немате допирни точки со архитектурата, или па мислите дека имате, но работите се далеку од такви, гледано според коментариве што ги пишувате. Само останувате смешни со овие излишни споредби кои може да го збунат некој читател кој не е добро упатен во темата.



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Oct-2011 at 00:50

PreviousДа се зборува за било кои два објекта, предмета, личности и да се прави споредба и компарација е сосема нормална работа во секоја област, дури и дел од било која научна дисциплина (таксономија, класификација, категоризација).  Така да делот дека е нешто божем свето бидејќи е изградено во одреден стил па не смее да се бара сличности и да се споредува со друи објети е патетичен.

Да те  потсетам, бидејќи сум еден од првите членови на Билд, дека целта на Билд е да ги промовира активностите и да информира од областа на градежништвото, урбаниот развој, архитектурата, инфраструктурата. Форумот и порталот не се строго наменети за архитекти и имаат едукативен карактер. Доколку ти сметаш дека за некоја област знаеш повеќе од нас другите слободно сподели ги информациите и знаењето кое го имаш аргументирано, без навреди кон останатите соговорници и без ароганција. Впрочем тоа и ти го пишува во куќниот ред на форумов.
И за крај, излгедот на некој објект и правото да го критикуваме или да ни се допаѓа не е екслузивно ниту инклузивно. Буквално секој член на форумов може да прави такви споредби и јавно да ги изнесе а доколку тоа тебе ти е смешно, те молам зачувај си го за себе и без навреди.


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2011 at 01:07
На ЦУМ личи само приземјето. Нагоре секој кат си е посебен и само горниот е сводест, на министерството ќе бидат групирани по два ката во еден свод.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 29-Oct-2011 at 08:07
Originally posted by UrbanFreak

PreviousДа се зборува за било кои два објекта, предмета, личности и да се прави споредба и компарација е сосема нормална работа во секоја област, дури и дел од било која научна дисциплина (таксономија, класификација, категоризација).  Така да делот дека е нешто божем свето бидејќи е изградено во одреден стил па не смее да се бара сличности и да се споредува со друи објети е патетичен.


Да те  потсетам, бидејќи сум еден од првите членови на Билд, дека целта на Билд е да ги промовира активностите и да информира од областа на градежништвото, урбаниот развој, архитектурата, инфраструктурата. Форумот и порталот не се строго наменети за архитекти и имаат едукативен карактер. Доколку ти сметаш дека за некоја област знаеш повеќе од нас другите слободно сподели ги информациите и знаењето кое го имаш аргументирано, без навреди кон останатите соговорници и без ароганција. Впрочем тоа и ти го пишува во куќниот ред на форумов.

И за крај, излгедот на некој објект и правото да го критикуваме или да ни се допаѓа не е екслузивно ниту инклузивно. Буквално секој член на форумов може да прави такви споредби и јавно да ги изнесе а доколку тоа тебе ти е смешно, те молам зачувај си го за себе и без навреди.



Ок немам ништо против јас, споредувајте, ама еве споредбата што ти ја направи конкретно, не да нема никаква врска, не знам каде ја виде сличноста, во приземјето ли ? 80% од објектите во ваков стил се' со вакви сводести колонади на повлеченото приземје, или сводести портали или "целоприземни" прозорци без парапет, така да тоа не можеш да го посочиш како споредба, бидејќи јас можам да ти најдам уште 10000 објекти со буквално истиов стил на приземје. Над приземјето двата објекта си немаат ама баш никакви допирни точки на сличност, така да, твојата споредба е или незнаење или зборење на памет.

Не дека е нешто трагично тоа со споредбата, но сепак, да се обидеме да ја задржиме доследноста и коректноста во коментарите и да не даваме мислења на слепо.


Posted By: tomi_z
Date Posted: 29-Oct-2011 at 08:41
Originally posted by HugoGoulding

Да се збори за фасадни изгледни во стилот барок, рококо, романтизам, класицизам итн, кој на кој објект наликува е смешно и во најмала рака апсурдно.

Тие стилови си имаат унифицирани елементи, како што се лаци, сводести прозори, сводести приземни портали, сводести прозорци, орнаментика, антички столбови итн итн. кои како елементи сами по себе се готови и си наликуваат кој помалце кој повеќе еден на друг, и се аплицираат како такви на фасадата.

Поентата е, доста со лаичкиве муабети, кој објект на што ве потсеќал или наликувал, се гледа дека одреден дел на форумов немате допирни точки со архитектурата, или па мислите дека имате, но работите се далеку од такви, гледано според коментариве што ги пишувате. Само останувате смешни со овие излишни споредби кои може да го збунат некој читател кој не е добро упатен во темата.



Ако не ај сите да ќутиме... Форум по дефиниција е место каде се дискутира. Дали сум архитект, социолог или работам во државна админстрација (!) не треба ич да е битно, па дури и глупости да трескам. Баш ако трескам глупости, треба да ме поправите, едуцирате, насочите.


-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2011 at 14:11
Originally posted by HugoGoulding

Поентата е, доста со лаичкиве муабети, кој објект на што ве потсеќал или наликувал, се гледа дека одреден дел на форумов немате допирни точки со архитектурата, или па мислите дека имате, но работите се далеку од такви, гледано според коментариве што ги пишувате. Само останувате смешни со овие излишни споредби кои може да го збунат некој читател кој не е добро упатен во темата.

Хуго, форумов е наменет како за стручни лица, така и за пошироката јавност. Поентата е токму тоа, да ги собере на едно место сите оние кои се заинтересирани за ваквите теми и да овозможи дискусија, споделување на информации, проширување на знаењата, промовирање на идеи итн. Тебе како на архитект тоа може да ти биде единствено од корист. Од една страна имаш можност да влијаеш и едуцираш, од друга страна до тебе може да допре пошироката свест по многу прашања, бидејќи е јасно дека самоизолирањето на архитектите во некакви „елитни“ кружоци ја деградира и професијата и воопшто состојбите на архитектонски план во земјава.

И морам да ти замерам дека со твоите постови речиси воопшто не си оставил впечаток дека си архитект. Енергијата постојано да ја трошиш во препирања и препукувања каде нема ни „а“ од архитектура. Навистина штета. Кажав уште одамна, мислам дека можеш да дадеш многу поквалитетен инпут отколку досега. 

--------------------------------------------------------------------------------------------

Што се однесува до самата реконструкција на објектот на министерството, од вакви скудни визуелни материјали, не може да се даде некој сериозен суд. Ќе почекам нешто поопипливо, па ќе искоментирам. За жал, тоа веројатно ќе биде кога пбјектот ќе привршува со градба. Лошо е што наместо колекција рендери, пречесто се форсираат вакви визуелизации.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Oct-2011 at 21:54
Originally posted by HugoGoulding

Ок немам ништо против јас, споредувајте, ама еве споредбата што ти ја направи конкретно, не да нема никаква врска, не знам каде ја виде сличноста, во приземјето ли ? 80% од објектите во ваков стил се' со вакви сводести колонади на повлеченото приземје, или сводести портали или "целоприземни" прозорци без парапет, така да тоа не можеш да го посочиш како споредба, бидејќи јас можам да ти најдам уште 10000 објекти со буквално истиов стил на приземје. Над приземјето двата објекта си немаат ама баш никакви допирни точки на сличност, така да, твојата споредба е или незнаење или зборење на памет.

Не дека е нешто трагично тоа со споредбата, но сепак, да се обидеме да ја задржиме доследноста и коректноста во коментарите и да не даваме мислења на слепо.
Ќе се фокусирам на трите болдирани делови:
 
1. Ако го погледнеш рендерот ќе видиш дека приземјето зафаќа 1/3 или 33% од обејктот. Со тоа што сводовите се речиси идентични како со тие кај ЦУМ тоа е веќе голема 33% сличност. Она што го гледам пак нагоре, за мене како не архитект ми е турлитава од wanna be барок и евтина пластика, и ужасно многу ме потсетува на хотел Амбасадор.
 
2. Те молам посочи еве не мора 10.000 ајде посочи 30 вакви типични примери. Ова нешто слично како со муабетот за предземјотресно Скопје кога спомнуваше дека имало десетици, стотици барокни згради кои ете земјотресот или постземјотресите планери ги срушиле. И на крај колку објекти ми најброја? 5 кои сите ги знаеме
 
3. Што има некоректно во споредбата со ЦУМ? Те навредува тоа што е од Бугарија? Па за разлика од нас во Софија има навистина убави примери од архитектурата која сакаме насилно да ја наметнеме во Скопје.


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 30-Oct-2011 at 10:10
Originally posted by HugoGoulding

Поентата е, доста со лаичкиве муабети, кој објект на што ве потсеќал или наликувал, се гледа дека одреден дел на форумов немате допирни точки со архитектурата, или па мислите дека имате, но работите се далеку од такви, гледано според коментариве што ги пишувате. Само останувате смешни со овие излишни споредби кои може да го збунат некој читател кој не е добро упатен во темата.
Одреден дел од форумов има допирни точки со архитектурата и сосема за коректни ги прифаќа споредбите со ЦУМ или со други објекти. Тоа е поради „фасадното“ сфаќање на архитектурата од страна на една група луѓе која сега интензивно ги сервира овие приказни и ти и лсл треба овде да ни ги претставите, а ние да ракоплескаме. Логично е на наивна презентација да следува таков муабет. Еве искрено и мене пред некој ден ми текна на центарот на Софија и не го напишав тоа затоа што ќе реагирате како гладни pitbull-и пуштени од кафез, како и што реагиравте...
Тоа што државата ќе стресе 5 000 000 евра на фасада и пропратни китачки будалаштини го ставате фино лепо во втор план и битно ви е само што ќе се гледа надвор и колку побрзо ќе се направи. Нивото на таква дискусија е прикладно за деца од предшколска возраст.
Инаку, што е презентацијата!? Leak од некаков dwg цртеж на фасада. Никаде не е официјално презентиран, посебно не во форма на 3д визуелизација и фото-монтажа од која и нешто повеќе ќе се види. Јас гледам секојдневно стотици фасади и ова не ми значи ништо. Не е ставена во контекст (околните фасади) во соодветен размер за да може да се дискутира дали таму воопшто е соодветен таков „цум-овски“ фасаден пристап.

п.с. не можам да не го забележам арогантниот пристап, што уште повеќе ме провоцира да пишувам (па некогаш и вулгарно) од ваквиот тип на постови „ај ќутете и не тресете глупости“ (нешто како постот на lsl за Стоилко, каде што после ни беа испобришани мислењата)...знам дека сте многу занесени и вознесени од ваквиот насилнички тип на градење и може „некаде“ и со вас така се дискутира, ама има луѓе кои сосема спротивно ги доживуваат овие акции и можете со тоа еднаш да се помирите...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2011 at 13:30
Мора многу сум те оставил без спиење дејв, да ме спомнеш два пати во пост, без предходно ништо да сум кажал на темава. Изгледа и јас и Хуго сме ти камен на сопнување во твоите тези, повеќе политички одколку стручни, па сега во секој втор пост не посочуваш за некакви leak-ери на информации и за преднајавувачи, а имаме ситуација држ те лопова. Твоето еднонасочно ли, едноумно ли, као и да го кажам, сваќање за архитектура, дека денеска не смее ни да се помисли на нешто друго освен модерната, и тоа само зашто тебе ти се допаѓала, и тоа се маскира во професионалност, е најблаго речено смешто. А и контрадикторноста еве ти ја подоле, иста школа со уште еден тука на форумов.

„фасадното“ сфаќање на архитектурата

5 000 000 евра на фасада и пропратни китачки будалаштини

И покрај тоа што јасно беше наброено што се ќе содржи новиот објекти, од два ката доградба, машинска сала, лифтови, фасада, најнови системи за оддржување наделовен простор, ти пак мислиш дека сите пари се за фасада и таквото сваќање нас ни го подметнуваш.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 30-Oct-2011 at 14:38
Демек, двава ката доградба значат длабоко размислување!? Страшна работа...баш ве заболе за катовите, само лакови и профилации ви се во паметот...до 16-ти век сте стигнале со историја...

Originally posted by lslcrew

...повеќе политички одколку стручни, па сега во секој втор пост не посочуваш за некакви leak-ери на информации и за преднајавувачи, а имаме ситуација држ те лопова.
Нормално е пари кога ќе се спомнат, коментарот да се квалификува како политички, само немој да заборавиш дека куќа да фатиш да градиш, треба за пари да разговараш - не знам каде е тука политиката - ако си препозна дека и ова е непотребно расфрлање пари - добро утро, ама така е...

За делот со leak-увањето, најавите и дрскиот однос, дури и мислам дека е „два во едно комбинација“, еден човек - два account-a...уште да почнете да се галите овде пред нас, колку си се слагате еден со друг...а и факт е дека ги вадите од прва рака информацииве, да не барам по форумов сега да ви докажувам...

Originally posted by lslcrew


Мора многу сум те оставил без спиење дејв, да ме спомнеш два пати во пост...
Воопшто немам намера да се бавам со вас, ама ја минирате секоја дискусија, а не што не сте упатени во архитектура, него немате елементарни познавања - воопшто не сум изненаден од вашата краткогледост како симпатизерите на старо-новиов стил, само иритира што тоа го сервирате како генерален (да не кажам народен) став...имате брдо аргументи против ваквите будалаштини и не познавате друг начин да ги браните освен вака дрско...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 30-Oct-2011 at 15:32
Проектот е многу подобар отколку лош, а објектот и мораше да се преработи заради местоположба и значајност. А дали ќе биде современа архитектура и класична е работа на стил,  инспирација и избор. Работата е да не изгледа лошо.

Инаку не можам да се начудам со какви жестини се разговара овде. Во секој случај, по не знам кој пат гледам дека реакциите на Дејв се барем 10-кратно посилни од дадениот повод. Не разбирам зошто се јанѕате наместо да изгласате кој сакате да остане, а кој да си фати некој форум кајшто сите тераат слична стилска идеологија и не се вреѓаат меѓусебно.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 30-Oct-2011 at 15:36
Немам намера да се "препуцавам" тука, ќе бидам конкретен, што беше поентата на мојот коментар што го пишав погоре.

Значи ова...

и ова...


..да кажеш дека си личат, за мене, треба или да си слеп или да немаш базични познавања на архитектура и да си слеп за стилови, елементи и бои, и да даваш коментари кај што не ти е место. Како прво, приземјето иако е слично обработено со лаци и колона столбови со повлечено приземје, односот на ширина и висина на лаците и целото приземје нема врска со другиот објект а и тулите на лаците се многу поразлично наредени од композициска гледана смисла. Второ, 2та ката над приземјето на нашето министерство, не што се сосема различни, туку и немаат ни приближна врска со стилови со објектов во Бугарија, прозорците се сосема различни, стилски и пропорцијонално, катовите висински се различни, второстепната и третостепена пластика е сосема различна(на објектот во Бугарија дури и воопшто нема пластика), и најапсурдно дури ни бојата не е иста на фасадата. Ако некој суди сличност на фасада и објект, според нејзината должина (што чисто се сомневам дека и во тоа се слични), тогаш форумов е крајно непрофесилнален, и се базира на кој што му лежи на душа да каже, притоа не носејќи одговорност дека го чита некој што може да добие многу погрешна порака и информација.

Што се однесува до забелешката од Cloverstack, да дозволено е и за "не-архитектонската" јавност да коментира и да дава мислења, но тоа не значи дека јас не смеам да изреагирам ако се зборат безсмислици, плус, мене како архитект ме навредува секој да има можност да каже што му лежи на душа, и да "нагаѓа" во архитектурата што е што, а притоа, кога ќе му дадам забелешка, да ми реплицира како он да има диплома од моја струка а не јас.

@Dave те цитирам, "Одреден дел од форумов има допирни точки со архитектурата и сосема за коректни ги прифаќа споредбите со ЦУМ или со други објекти. Тоа е поради „фасадното“ сфаќање на архитектурата"

Ако тоа е така, одреден дел од форумот НЕМА доприни точки со архитектура токму поради причините што ги набројав погоре. И "фасадно" сфаќање на архитекутра, такво нешто не постои, сум слишнал за надворешно и внатрешно обликување во архитектурата, да, и тоа е сосема легитимно, објектот може да биде обликуван надворешно според внатрешноста, може внатрешно според надворешноста, може индивидуално да бидат обете. Што се однесува до објектот на министетсвото, јас би го срушил да е до мене, но и ова што се прави за мене е еднакво прифатливо.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2011 at 15:38
Ајде ајде сега се обрука, па поместувај ја дискусијата, јасно кажа 5 милиона за фасада, а не се работи само за фасада. Ете пак сега контрадикторност, нас не обвинуваш дека сме застанале во 16-ти век со паметот, а ти размислуваш баш така кога тврдиш дека не смее да се отстапува од актуелниот стил и дека тој мора да се следи без поговор. Кај што модернизмот го прогласи за единствен репрезент на денешната архитектура, па уште и тврдиш дека мора тој да биде следен без да се помисли на друго. По 16-вековна изјава од ова, здравје!

Ете го пак влечење за јазик, два акаунта, на вакви глупости не вреди да се посвети два реда дискусија, а не па да ги труеме нишките.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2011 at 15:45
Граѓанин, ако беше идејата да има два форума партиски каде ќе владеее едноуми и сите ќе климаат, тогаш тоа ќе беше некакви блогови и ќе имаше копче лајк. Тука не е така. Ова па да изгласате кој сакате да остане, освен што е трагично, е и скандалозно да се каже за некаква друга јавна намена.

Крај да расчистиме, не е форумов никакво врховно собрание за архитектура во државава кое носи одлуки, па да се спори нечие учество со дали бил или не бил архитект. Форумов е стартуван од неархитекти, да биде собиралиште и за неархитекти и за архитекти и за инженери, и за секакви, кој сака. Дајте со таа дебата, барем не по нишкиве.


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 30-Oct-2011 at 15:56
Originally posted by lslcrew

Граѓанин, ако беше идејата да има два форума партиски каде ќе владеее едноуми и сите ќе климаат, тогаш тоа ќе беше некакви блогови и ќе имаше копче лајк. Тука не е така. Ова па да изгласате кој сакате да остане, освен што е трагично, е и скандалозно да се каже за некаква друга јавна намена.

Крај да расчистиме, не е форумов никакво врховно собрание за архитектура во државава кое носи одлуки, па да се спори нечие учество со дали бил или не бил архитект. Форумов е стартуван од неархитекти, да биде собиралиште и за неархитекти и за архитекти и за инженери, и за секакви, кој сака. Дајте со таа дебата, барем не по нишкиве.

Токму тоа сакам да го кажам. Предлогот беше, секако, ироничен.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 30-Oct-2011 at 16:40
Originally posted by Граѓанин


Во секој случај, по не знам кој пат гледам дека реакциите на Дејв се барем 10-кратно посилни од дадениот повод. Не разбирам зошто се јанѕате наместо да изгласате кој сакате да остане, а кој да си фати некој форум кајшто сите тераат слична стилска идеологија и не се вреѓаат меѓусебно.
Жестината е право-пропорционална на тенденцијата на темиве за јавните објекти и инфраструктурата да станат fanpages, што на одредени активни членови овде очигледно им е сон или задача (многу поверојатно ова второво)...
Originally posted by lslcrew

Ајде ајде сега се обрука, па поместувај ја дискусијата, јасно кажа 5 милиона за фасада, а не се работи само за фасада.

Може детски да не ја водиме дискусијава!? Идејата е да се замени фасадата на објектов. Истата идеја како и за фасадата на Пелистер и веќе не знам кои се' е „замислено“ да се праат во „васина торта - стил“...доградбата на катовите е само проширување на бунарот за да може повеќе државни пари да се пикнат во нечиј џеб...

Originally posted by lslcrew

Ете пак сега контрадикторност, нас не обвинуваш дека сме застанале во 16-ти век со паметот, а ти размислуваш баш така кога тврдиш дека не смее да се отстапува од актуелниот стил и дека тој мора да се следи без поговор. Кај што модернизмот го прогласи за единствен репрезент на денешната архитектура, па уште и тврдиш дека мора тој да биде следен без да се помисли на друго.
Модернизам не спомнав никаде и ништо такво не тврдам. Веројатно нешто си потслушнал некаде па си пишуваш овде (како што често знаеш да правиш). Не е модернизмот последното поглавје во историјата на архитектурата, ако си запознаен па и површно со темата, треба да го знаеш тоа. Во однос на решениево, отворен конкурс ќе дадеше многу разновидни решенија (па ете и вакви - ретро) кои ќе покажеа што е најсоодветно да се направи со постоечкиот објект (може и ќе требаше да се урне истиот!?). Кога веќе зборуваш за нешто АКТУЕЛНО, тешко нас кога актуелен „стил“ ни е западноевропски од пред 5-6 века, ама таа ни е реалноста...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 30-Oct-2011 at 17:41
Очигледна е нервозата кај одредени членови на форумов, кога и да се искритикува некој објект што го гради актуелната власт да се почне со дискфалификација лична на соговорникот, па понатака со 5-6 википедија познавања да се обиде да се докаже колку се знае за одредена тема, и на крај кога и тоа не оди да се почне со најниски удари на лична навреда.
 
Значи Хуго, форумов е место каде што обичните граѓани кои се интересираат за темите што форумот ги обработува ќе дискутираат помеѓу себе и со професионалци од овие области сите повеќе ќе научат и ќе придонесат за подобро Скопје, Македонија па и подобра перцепција и знаење за овие области. Тоа што ти не си спремен за друг став и поинакво мислење говори дека си на Билд исклучиво од политички побуди, не како загрижен граѓанин или како професионалец. А хистеричната реакција за споредбата со ЦУМ, говори и дека излгледа е допрена некоја точка која што навистина те погодила. Како и да е, ако навистина си архитект, како што зборуваш, навистина со ништо не ме убеди дека фасадава (која што според мене е уште една турлитава на столбови, гипсани огради на прозорци и тераси, сводови). Убеди ме каде е тука дострелот на македонската архитектура, и што е тука толку иновативно, уметнички и архитектонски вредно, како освен естетски ќе се подобри функционирањето на објектот и вклопувањето си околинта, како и на кој начин ќе биде енергетски поефикасен и како ќе си ги оправда 5те милиони евра потрошени на еститеика?


-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2011 at 19:13

Може детски да не ја водиме дискусијава!? Идејата е да се замени фасадата на објектов.доградбата на катовите е само проширување на бунарот за да може повеќе државни пари да се пикнат во нечиј џеб
Идејата освен фасадата, е да се доградат два ката, да се инсталира најсовремен систем за менаџирање на административни згради. И не само тука, туку и кај многу други објекти кај кои има многу повеќе како огромни паркинг простори кои се комплетно отсутни од дебативе. Сега или од инат ја форкусираш темата за фасадата, или е основно неразбирање. Мене на крај памет не ми паќа на памет да одобровувам нечие "перење" пари, ама мора заради објективноста да се каже дека проектот содржи многу повеќе од фасада. Ако за тебе два ката се само колатерална корист и причин за да се оправдала интервенцијата врз фасадата, што повеќе да се каже.

Модернизам не спомнав никаде и ништо такво не тврдам. ..

Ич да не читам понатака, поголема контрадикторност од ова.....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2011 at 20:40
Може би поадеккватно ќе беше да споредиме со Версај, одколку со ЦУМ, зашто и далеку повеќе наликува, кога веќе споредуваме така по едноставна аналогија. Само што кај Версај има повеќе орнаменти горе на терасата и некои скулплури, што кај министерствово ги нема, иако во голем дел од фасадата орнаментите се пронаоѓаат. Ако веќе тврдиме дека министерството се обидува да имитира конкретен објект, а не архитектонски стил, тогаш далеку од тоа дека ќе се нафатат да го копираат ЦУМ, дури и смешно е. А за дека Версај им бил инспирација, или па некој друг попознат примерок од тие стилови, се слагам дека е можно.




Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 30-Oct-2011 at 21:00
Веќе темава ги исполни сите услови да оди во подфорум „Комедија“...излегувам официјално од темава во име на општо добро на форумов...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 30-Oct-2011 at 21:15

А кој кажа дека го копирале ЦУМ? Само споделив со вас дека прв објект од сосесдството на кој ми заличи е ЦУМ. Незнам што сте толку алергични на споредби, како да сте ЛСЛ и Хуго автори на проектов. Но добро, ми разоткривте дека Версај сте го имале во предвид и сега треба да ми е објектов посварлив за просечниот граѓанин и можеби да му се полесно сварливи потрошените 5 милиони евра? Па и во Шутка да отидеш ќе најдеш куќи со гипсани статуи на слободата. Да не зборам за хотел Амбасадор каде што од секаде е по нешто украдено.



-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 30-Oct-2011 at 21:17
Ма не е битно каде е објектот, ако сака и на крај на свет нека е, јас само изреагирав на тоа дека објектот од Бугарија што беше посочен нема никаква врска со идната фасада на министерството, гледано од архитектонски аспект, не од аспект на "аа ова ми заличи на ова..".

Тоа што Dave мисли дека мојата реакција е хистерична тоа е од начинот на кој ги чита моите постови, бидејќи јас не покажувам тука никакви емоции само пишувам текст, а он си го интерпретира начинот на кој сум го кажал во својата глава, значи хистеричноста е произлезена од него.

Инаку да, се слагам со lslcrew, ако правиме веќе споредба, примерот што го посочи погоре за Версај е сто пати помиродавен на идната фасада на министерството одколку претходниот за кој зборевме.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Oct-2011 at 01:10
Добро де, не сме до толку алергични, барем јас не сум, дури и направив една.


Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Oct-2011 at 23:24
воопшто не ми е битно дали фасадата ќе личела на ЦУМ или на Версај, битно ми е само што идејата да се менува фасада на сосема пристоен објект ми е неприфатлива... и колку и да се негира тоа, низ цел свет има вакви објекти, без разлика каква институција има во нив или каде се наоѓаат
не ми е јасно зошто сеуште во архитектурата се инфилтрираат фасадните сфаќања за кои збори дејв погоре... едноставно владее мислењето дека целата филозофија на еден објект се состои во фасадата на објектот и дека ако фасадата не е прифатлива за група луѓе под итно мора да се интервенира со нова...
и дури и да го баталиме муабетов со фасадава, не ми е јасно како тоа од сета таа област, баш фасадава на министерството е „највечи проблем“ и мора да се смени и никој не ја гледа целосната слика и не се ни обидува да состави некаков концепт за поголема удобност... туку само ќе си редиме фонтани споменици и фасади како ни текне
исто така одвратно ми е што на некој начин се присилува фасада на одреден објект, кога веќе се интервенира, барем да се пронајде решение кое е соодветно на условите кои ги пружа таа фасада (без разлика за каков стил се работи) одколку да се бркаат цумови и версаи (објекти кои врска си немаат со дотичниот, по сите нормали) и да се комплицира работата само без потреба


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: axel
Date Posted: 20-Jan-2012 at 00:49
19.01.2012, 16:25

Нови два ката и стилска фасада за Министерството за транспорт

Објектот ќе биде готов во 2013 година. Таму ќе се сместат и сите органи на Министерството

Деспина Трајковска

И зградата на Министерство за транспорт и врски ќе добие нова фасада, и тоа стилска. Обновата на надворешниот лик на објектот ќе биде, всушност, дел од неговата комплетна реконструкција, која ќе опфати и надградба за два ката. Се очекува зградата да го добие конечниот изглед следната година. Проектот предвидува објектот статички да се зајакне, да има главен влез на северната страна, два лифта кои ќе ги поврзуваат сите катови, голема сала за состаноци и презентации, како и пристап за лица со посебни потреби и противпожарни скали. Пред почнување на доградбата и обновата на фасадата, ќе се изврши неопходно зајакнување на постојната конструкција.
„Предвидено е целосно зајакнување на постојната конструкција и на сите столбови, односно столбовите во подрумскиот дел, на приземјето и катовите, а предната фасада да биде лоцирана пред постојните столбови. Пред почнувањето на градежните работи неопходно е изведување на подготвителни активности со оглед на фактот што станува збор за постар објект. Имено, во тек се активности за соодветно уредување на подземната инфраструктура, по што ќе биде изведено зацврстување на основата на објектот“, објаснуваат од Министерството за транспорт, кое просторот во подновениот објект ќе го дели со сите негови сектори и органи кои сега работат во други објекти.

Поточно, во зградата ќе се преселат Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот комунален инспекторат и Агенцијата за сигурност во железничкиот систем.

Проектирано е објектот да има главен влез на северната страна, два лифта кои ќе ги поврзуваат сите катови, голема сала за состаноци и презентации, како и пристап за лица со посебни потреби и противпожарни скали.

Канцелариите на првите три ката ќе бидат наменети за општите служби на Министерството, на четвртиот и петтиот кат ќе се наоѓаат кабинетите за заменик-министерот и министерот, заедно со салите за состаноци. Покривот ќе биде рамен и организиран како покривна градина.

Објектот ќе го гради „Бетон“, кој има обврска во рок од една година од почетокот на реконструкција да заврши со реализација на целиот проект. За време на реконструкцијата, Министерството за транспорт и врски ќе биде привремено сместено на друга локација, која се' уште не е позната.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BF027A891E8433429F9C1394D9005F24


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Jan-2012 at 19:04
веќе ептен иритантно стана ова со новинариве и нивните „стилски“ фасади... се што не спаѓа во модернизмот, е „стилско“, а другово демек не е???
аман веќе од сета таа медиумска неписменост...

назад на темава, добро е што барем се размислува да се реновираат објектите, но како и да е, гарант ова во иднина ќе го користат ко изговор (како кај владата)... а реално гледано, на другите простори се обидуваа да се извадат на „стилска унифицираност“, ама сеуште не можем да разберам со што се унифицира објектов тука Dunno


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 22-Jan-2012 at 03:04
Мене ми се допаѓа стилот во кој ќе се реновира фасадата на објектов. Се вклопува во СК 14 и ќе даде убав шмек околината. Колку што знам и плоштад е планиран на просторот после Камени Мост па ќе видиме како ќе биде.

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Jan-2012 at 02:12
Originally posted by Macedonicus

Мене ми се допаѓа стилот во кој ќе се реновира фасадата на објектов. Се вклопува во СК 14 и ќе даде убав шмек околината. Колку што знам и плоштад е планиран на просторот после Камени Мост па ќе видиме како ќе биде.
не знам зошто уште се споменува стилска унифицираност на градот со ск 2014, објектите пред се треба да бидат просторно и функционално организирани, а стиловите, па дури и сосема различни, можат да се вклопат меѓусебно
плус смешно е што се збори за унифицираност меѓу објекти кои не спаѓаат во ист кадар

а се што е за шмек, веќе не го дискутирам... што ви е тој „шмек“ бог да чува???


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Z|evzek
Date Posted: 13-Sep-2012 at 21:46
http://www.time.mk/read/ffecedda01/0e89b0785d/index.html -

Барокната фасада на Транспорт ќе ги сели вработените во МНР


Откако новиот објект на Министерството за надворешни работи ќе се пушти во употреба, а тоа се најавува за државниот празник 11 Октомври, во сегашното седиште на МНР привремено ќе се преселат вработените од Министерството за транспорт и врски. Преселбата на администрацијата е поради стартот на реконструкција на фасадата на зградата, која ќе се изведува во барокен стил. Проектот предвидува и надградба на уште два ката, како и комплетно реновирање на канцелариите во внатрешноста на објектот.
Новиот изглед на Министерството за транспорт и врски ќе чини околу 4,9 милиони евра, а градежните работи му се доверени на „Бетон".


http://www.plusinfo.mk/vest/56717/Baroknata-fasada-na-Transport-kje-gi-seli-vrabotenite-vo-MNR



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 26-Sep-2012 at 12:25

Претпоставувам една од фасадите кои нема да бидат одбрани...

 



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 26-Sep-2012 at 12:31

Еве уште најдов.... 

 

 



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: nouseforname
Date Posted: 26-Sep-2012 at 14:15
iskrajno ova mi lici na modernizam/post modernizam nego barok


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Sep-2012 at 14:55
мене не ми е убава,ако треба нешто модерно,пре би ставил плави стакла него ова.тоа е мој вкус


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Dec-2012 at 22:29



Posted By: Џоле
Date Posted: 20-May-2013 at 17:42
Да се потсетиме на тоа што остана од ова министерство...







сликите се преземени од http://www.press24.mk/node/7544 - http://www.press24.mk/node/7544

-------------
За сè има вторпат


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 20-May-2013 at 17:47
Имам некое чуство дека ќе се сруши во секој момент...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Danndy
Date Posted: 21-May-2013 at 02:03
Originally posted by FoSsiL

Имам некое чуство дека ќе се сруши во секој момент...


Може и подобро



-------------
Traveling.


Posted By: micko_v
Date Posted: 21-May-2013 at 17:19
Не мислите дека би било подобро од економски и практични причини да го срушат овој крш и да направат нов објект по сите стандарди со подземен паркинг? Не знам што ќе реновираат овде


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-May-2013 at 00:27
Originally posted by micko_v

Не мислите дека би било подобро од економски и практични причини да го срушат овој крш и да направат нов објект по сите стандарди со подземен паркинг? Не знам што ќе реновираат овде
многу подобро би се осеќал доколку би го направиле тоа, наместо овие глупости


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-May-2013 at 00:29
Originally posted by micko_v

Не мислите дека би било подобро од економски и практични причини да го срушат овој крш и да направат нов објект по сите стандарди со подземен паркинг? Не знам што ќе реновираат овде

Навистина кога ќе се погледнат сликите, да се запраша човек...


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Jul-2013 at 21:56
се наѕираат лакови, се спрема „барокна“ фасада

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9358995581/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9358995581/ - DSC01050 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9361773834/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/9361773834/ - DSC01051 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Jul-2013 at 22:25
тоа е вероватно останато од другите градби,па да не се трошат луѓето


Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 30-Nov-2013 at 18:28
Имам неколку прашања во врска со надградбава и фасдава на министерството за транспорт.
Дали фасадата ќе продолжува се до Дом Ибни Пајко или можеби тука ќе се оди со некое друго решение затоа што во долниот дел на таа темно жолтеникава фасада можеме да забележиме дека првите два спрата ќе се реконструираат (судејќи според сликите)?
Доколку се оди со реконструкциијата на фасадата се до Ибни Пајко дали таа железната кровна констукција на врвот од тој објект ќе биди заменета со некоја посолидна кровна конструкција или и во тој дел ќе замачкаат како што направија со дограмата на Пелистер па на крајот повторно да добиеме нешто што изгледа ефтино и недовршено ?
Реконструкцијата на овој објект ја поддржувам затоа што претпоставувам дека ќе се изврши и целосно зацврстување на бетонската конструкција од објектот, а знаеме дека објектот беше во навистина лоша состојба пред реконструкцијата, само се надевам дека крајниот резултат нема да изгледа евтино и невкусно.


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Jan-2014 at 15:19
денес

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11855030606/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11855030606/ - DSC02367 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 09-Jan-2014 at 20:39
Neznam dali nekoj do sega primetil za zastitnive zavesi obicno pisuva ceresit ili nesto dr no na nekolku od fasadive od SK 2014 ima print od proektot neznam kolku e toa potrebno neli! Onaka nadvor od tema Dump


Posted By: martind
Date Posted: 09-Jan-2014 at 22:51
Originally posted by Dzeksi


Neznam dali nekoj do sega primetil za zastitnive zavesi obicno pisuva ceresit ili nesto dr no na nekolku od fasadive od SK 2014 ima print od proektot neznam kolku e toa potrebno neli! Onaka nadvor od tema Dump


На тој начин полесно се одлеваат пари од буџетот, нели тоа е и целта на проектов...


Posted By: marko.kostoff
Date Posted: 10-Jan-2014 at 00:32


Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 10-Jan-2014 at 00:57
Во Европа од естетски аспект се поставуваат мрежи со принт зависно од тоа како ќе изгледа објектот кога ќе биде завршен (да се разбереме тоа го прават кога ги реконструираат нивните остарени класични зданија, но јас не гледам проблем зошто и кај нас тоа не би било практика при изградба на новиве).
Во врска со политиката целосно се согласувам, бидејќи доста долго време ве читам и кога некои од членовите ќе почнати партиски да се препукуваат ми е смешно, а во исто време и иста мера ми е апсурдно и тажно, но од друга страна дури и ве разбирам политиката кај нас е до толку навлезена во сите свери на општественото функционирање, човек ќе помисли дека е возудх па постојано ја консумираме.


Posted By: martind
Date Posted: 10-Jan-2014 at 14:30
Не, не сакам да звучам "политички", но сепак доколку ги анализираме сите објекти од проектот Скопје 2014 можеме да забележеме дека се направени бројни непотребни набавки односно средствата кои се одвојуваат за целосна изградба и опремување на еден објект се нереални, сигурен сум дека пола објекти (и споменици) можеа да се изградат за 50% помали средства, оттука и мојот впечаток дека единствена цел им е одлевање на буџетот, а и како дипломиран економист од анализата на релевантните извештаите може да се заклучи гореспоменатото.


Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 10-Jan-2014 at 16:46
Затоа и велам дека имам разбирање, затоа што колку и да е непријатно да се читаат дискусии од таков тип, во случајов е банално да не ја спомнеш политиката, кога пред некој ден пишував за тоа каков луксуз претставувал барокот и колку допирни точки нема со ова кај нас заборавив да спомнам дека со сретствата кои беа одвоени еве читавме дека фасадата на една од зградите ќе чинела цели 5.5 милиони, и ние можевме да издејствуваме нешто колку толку слично (колку и да е тоа невозможно) или во секој случај нешто многу подобро од ова што го добивме, па кој знае можеби и навистина ќе станевме некој поважен туристички центар со толку многу вложени сретства, независно од стилот на градбата.
Заклучок можевме да смислиме правец полуксузен, монументален, грандиозен и од самиот Барокот, стил кој со толку вложени средства сигурно ќе оставаше силен впечаток, па можеби ни критиката немаше да биде толку негативна но сепак е неминовна затоа што јас лично сметам дека не беше ни време ни место за такви зафати. Еднаставно имаме многу поважни проблеми за решавање, па за да се префрлиме на важноста на архитектурата и стимулирање на креативноста на архитектите кои би било најдобро да бидат оставени сами да ја завршат својата работа, затоа што тие се единствените квалификувани за тоа и по мое мислење е гревота да им налагаш строги критериуми/ограничувања.


Posted By: marko.kostoff
Date Posted: 10-Jan-2014 at 17:30


Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 10-Jan-2014 at 17:57
За конкретниов пример и јас го напишав своето мислење дека не претставува апсолутно никаков проблем, но за ситниците воопшто не се согласувам затоа што барем јас сеуште не можам да ја преболам металната вратничка на Археолошкиот музеј, ПВЦ дограмата на бакарните куполи и ред други ''ситници'' кои што во суштина повторно ќе нагласам барем кај мене влијаат на финалната оцена за тоа како изгледа еден објект, а да не тргнеме повторно од маркиците затоа што тука веќе ќе се запрашаме дали воопшто треба или не треба да постојат некои од објектите нели. Како воопшто мислиме да се подобруваме во иднина ако не постои критиката, таа е водилка кон успехот, но по трет пат ќе нагласам тоа е само мое мислење.


Posted By: marko.kostoff
Date Posted: 11-Jan-2014 at 01:27


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 26-Jan-2014 at 14:47
Originally posted by Еден Дечко

Во Европа од естетски аспект се поставуваат мрежи со принт зависно од тоа како ќе изгледа објектот кога ќе биде завршен (да се разбереме тоа го прават кога ги реконструираат нивните остарени класични зданија, но јас не гледам проблем зошто и кај нас тоа не би било практика при изградба на новиве).

Dump
Vo Evropa decko stedat pari na takvi raboti (osven ako ne e privaten izveduvac sto vo nasiov slucaj ne e) a jas gledam problem da stanat printovite praktika zosto toa se moj pari tvoj na site!!! tie pari moze da se prenasocat za drugi celi a ne da odata kaj nekoj novinar sto otvoril firma za printanje platna specijalno za Sk 2014 !!!!DumpDump


Posted By: Skopjanecot
Date Posted: 26-Jan-2014 at 15:24

Која е таа Европа кај што штедат толку пари?
Стварно никогаш не сум живеел во Полска или Словачка ама во Западна Европа (каде што имам живеено) константно "пукаат" афери за корупција во јавни набавки.
Единствена разлика е што таму, до скоро, ако те откријат - ќе си одиш во затвор. Само што изгледа и таму "се Балканизираа" па и таму ова веќе не важи.

Инаку и мене ми пречи рекламирање на приватни фирми кога државата им го плаќа (преплаќа) изведувањето, ама секоја реченица што почнува со "Во Европа дечко..." ми е како излезена од времето на комунизмот кога медиокритетите викаа: "Не е така на Запад дечко...", а на запад работеа молерски и други мајсторски работи. Не дека ги потценувам, чесно си заработуваа, ама за да ДЕЛАТ НАУКА треба маааалку нешто повеќе.

Без навреда. Претпоставувам дека постот си го пишал со најдобра намера, само сакав да укажам на тоа дека и ние сме луѓе и кај нас се слични работите како и насекаде. Па дури и во препочитуваната "Европа"...


-------------
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer


Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 26-Jan-2014 at 20:11
Во секој случај јас кога реков Европа поконктерно мислев на Москва, таму кога се обновуваат и те како рељефните фасади се употребуваат вакви принтови на завесите во зависност од тоа како ќе изгледаат зградите полсе обновувањето, ете во моментов се врши реконструкција на една од зданијата во внатрешноста на Кремлин и се поставени токму такви принтови. Тоа не случај само со Москва туку и остнатите градови на Европскиот континент тој што ја посетил Виена во измината година ќе ги забележеше токму ваквите принтови на завесите(заштитни мрежи) поставени на некои делови од фасадата на Катедралата Свети Стефан.
Поставувањето на таквиот принт не е начна фантастика и сигурно не чини цели 5.5 милиони како фасадата на зградата за јавна администрација и ФДУ.


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 26-Jan-2014 at 23:10
Originally posted by Skopjanecot


Која е таа Европа кај што штедат толку пари?


Исекоја реченица што почнува со "Во Европа дечко..." ми е како излезена од времето на комунизмот кога медиокритетите викаа: "


Без навреда. Претпоставувам дека постот си го пишал со најдобра намера, само сакав да укажам на тоа дека и ние сме луѓе и кај нас се слични работите како и насекаде. Па дури и во препочитуваната "Европа"...


Za prvovo koja Evropa Osven Norveska drugite site stedat bate site!!!!Dump

Za Vtorovo so decko taka ja pocnav recenicata deka nickot  e Еден Дечко!!!Dump

Za tretovo sto totalno ne si vo pravo nie ne sme luge nie sme kanibali luge umiraat za rabota 23 godini rabota nema stigna vreme koga novinarite se milioneri i nie treba da si vikame ako be so neka kradat i u evrpopa kradat vaka dur terame od nas drzava i narod ne biva!!!Dump


Posted By: Skopjanecot
Date Posted: 27-Jan-2014 at 08:17
Пробај без толку емоции да одговараш на постовиве. Делиме мислења, не водиме војна тука.

1. Штедат на јавните набавки и социјалните трошења, а пари нема пошто со државни пари ги помогнаа приватните банки. Инаку, банкарите уште одлично (и луксузно) си живеат додека тие што ги осеќаат "ефектите" од штедењето се обичните граѓани. Најпогодени се социјално најзагрозените.

2. Знам дека Nick-от е ЕденДечко, ама тоа не го ислучува фактот дека "звучи" како излитените фрази шти се користеа "на времето"

3. Пак ќе речам - помалку емоции, повеќе аналитичко размислување. Баш емотивното размислување е тоа што не дели од остатокот на "Европа". Канибали?! Дај да го задржиме нивото човече (колку/толку). Никој не рече дека треба да трпиме дури не крадат, тоа ти сам си го измисли. Ја само реков да не идеализираме и малку покритички да размислуваме. Од делување "на Ура" и сме дојдени до ова дереџе.


-------------
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 27-Jan-2014 at 14:18
SI se fatil nesto so mene gledam jas emocii nema vo japonija tamu se se roboti koga sme kaj emociite toa ne deli od zivotnite neli i pak ne si vo pravo kakvo analiticko razmisluvajnje ??? abe dela drugar dela dosta mi e od eksperti i seznajkovci da fatat da zborat i da vilkame lele kolku se slatkoreciti kolku se pametni a vo praksa trt nisto edna golema nula za 23 godni niusto ne napravija tie eskperti i nivnoto analiticko razmisluvane i da ti kaza dekat treba da trpime i da kuteme zosto segde bili istoto mislam ne sme nie kinzei pa kopii da pravime na sve!!Dump


Posted By: Skopjanecot
Date Posted: 27-Jan-2014 at 18:26
Еден од најдобрите другари е Јапонец и ич не е робот. Можда добро ќе беше да е пошто баш сега работиме еден заеднички проект, па немаше да мора да спие и да јаде...цело време ќе работеше.Smile
А за дела, тоа тешко на форум. Тука се тера дискусија. Експерти би требало да сме во сопствената професија, а не на форум...ама ние Македонците сме си најпаметни по форуми и по кафани, а у професијата сме посебни "професионалци"...само што многу често професионалните "успеси" не ни се баш "мерливи"...посебно не според омилените ти "Европски стандарди"...

Иначе пошто мислиш дека може преку ноќ да станеме "Европа", еве ќе ти кажам: Истото го мислат и овие од Владата. Затоа еве пробуваат Скопјево преку ноќ (без некој посебна анализа) да го направат "Европски град". И си мислат дека "на Ура" ќе се реши работата. Ќе изградат едно старо Скопје, дури и постаро од тоа што било...сите бараат све да добијат одма сѐ.

Македонски работи: бараме да се збогатиме преку ноќ (без работа ако може), бараме наеднаш да се смени културата (без да се почитуваат правилата и законите ако може), бараме да бидеме почитувани интелектуалци (без претходно читање, информирање и константно учење ако може).
Епа друже - НЕ МОЖЕ!
Можеме само да глумиме интелектуалци, да глумиме професионалци и да се збогатуваме преку мучки. Ама мозок, култура и почит не се купува, голем напор си бара...

P.S.
Не сум "се фатил со тебе нешто". Дискутирам со секој на форумов, без разлика...


P.P.S.
Еве бе друже едно и од мене: Dump Шта пије кафана?!


-------------
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 28-Jan-2014 at 11:55
Pa istoto go mislam i jas preku nok ne se stanuva drzava 23 godni lugeto na vlast nisto ne napravija za narodot a sve za sebe!!  Ova so Japonija e zezancija deka neli oni se po robotite sto se odnesuva do poslednvo sto si go napisal totano si vo pravo i jas na toa nasocuvav vo predhodnite komentari samo ne si me razbral ocigledno trebad da rabotime dela trebaat kako primer za dr generaciii da ima barem od kade da ucat za etika moral i dr. a ne da znaat deka so partiska kniska sve se resava !!!Dump(ovoj smyle ne e upaten kon tebe vaka gi zavrsuvam site postovi radi fora!)


Posted By: marko.kostoff
Date Posted: 29-Jan-2014 at 01:10


Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 29-Jan-2014 at 02:06
Живот има... и позади розевите очила. А освен тоа види кој зборува за барање на политичко/идеолошка позадина, ни помалку ни повеќе истиот што пред некоја недела ме нападна само затоа што напишав дека Македониумот бил прекрасен, а јас требаше да се извинам и да објаснам дека не сум припадник на партии, не им верувам, по стотти пат, во секој случај импресивно е како во моите постови за стилови пронајде политика пред некое време.
Обиди се да размилиш подобро за напишанто нареден пат, те убедувам дека ќе пронајдиш многу поубави нешта од одвратната политика. #Peace


Posted By: Skopjanecot
Date Posted: 29-Jan-2014 at 08:31
Originally posted by marko.kostoff

Бидејќи се изнафилозофиравте и како по обичај правите слон од мува, ајде за промена малку логика, во неколку можни сценарија:

1. Секое платно кое е ставено на секоја градба е секако отпечатено. Дали ќе биде отпечатено со лого или со планот, воопшто не менува. А ако веќе може да се избере, зошто да не биде со планот кога е поубаво и покорисно, а и како што кажа некој, повеќе во тек со светските трендови.

2. Секој изведувач секако поседува плотери и машини за печатење од овој тип, така што лесно може самиот да испечати што му душа сака.

3. И да нема самиот печатачи, секако соработува со некоја фирма за печатење, кај која печати големи количини, мошне често и со тоа има мошне повластени цени.

4. И конечно, по мене најмалку веројатното: еве и да нема ни повластени цени, платното нека има 1.000м2, земајќи ја предвид испечатената површина, не верувам дека ги чини повеќе од 10 евра за м2, а и тоа мислам дека е многу, но ајде еве за да ја имаме поскапата варијанта. Значи, сѐ на сѐ - 10.000 евра.

И сакате да ми кажете дека тоа е сума за која треба овде да се филозофира и преџвакува 3 страни од нишкава како тоа и било целта на целиот проект и дека се краделе и заработувале пари…

Оладете луѓе. Има живот и надвор од мрчењето и барањето длабока почитичко/криминална позадина во буквално сѐ.



секако Big%20smile

Незнам како квалитетно да ти одговорам на "аргументиве". Ако пробам, мислам дека и јас ќе допринесам да се спушти нивото на дискусијава. Ама ќе оставам ти да ја носиш заслугата за ова. Остваруваш. Big%20smile


-------------
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer


Posted By: marko.kostoff
Date Posted: 29-Jan-2014 at 13:10


Posted By: mitatos
Date Posted: 29-Jan-2014 at 13:18
Не знам дали е заверено тука или во друга нишка, јас случајно поминав и видов дека и внатре во црквата св. Димитрија што беа тие високите дрва се исечени.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 29-Jan-2014 at 14:21
Originally posted by marko.kostoff

Само сакав да те поправам за Македониумот - провери си, јас не сум те нападнал. Нешто си помешал.

Провери ја последната страна од нишката за Македонски Народен Театар (која што беше тотален оф-топик но истиот колку што се сеќавам не беше предизвикан од мене).


Posted By: Skopjanecot
Date Posted: 29-Jan-2014 at 14:30

Друже...не вреди...батали...


-------------
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer


Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 29-Jan-2014 at 14:53
Очигледно. Но на мене ми беше апсурно, да не испадни дека сум се навредил, еве да речеме ме сепна, не сакам кога некој ги политизира моите ставови (особено не кога станува збор за уметност и архитектура, еве при читање можете да видите колку е само тоа смешно и не само смешно туку и трагично затоа што колку и да се различни политиката и архитектурата кај нас стојат едно до друго) па можеби затоа. Најстрашното нешто што можи да и се случи на архитектурата е истата да се испомеша со политиката. Политиката ја убива креативноста и истрошува, а без креативност нема убава архитектура (убава во поглед на местоположба, функционалност, софистицираност и естетска вредност). Како и да е да не навлегувам ние се средивме па уште естетиката остана.


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 31-Jan-2014 at 11:03
Ama fakt e deka lugevo ( Vlasta ) rabotat nedomakinski i nedomakinsi go srabotuvaaat proektov SK 2014 i gledaat sto pobrgu da se ukrade i zavrsi bez nikakva kontrola (toa vo Evropa se vika Quality Check ) i kraj daj da ne begame od temata ( Nadgradba na ministerstvo za transport ) Dump


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 26-Feb-2014 at 03:58
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ Е СЕ' УШТЕ ПОД КИРИЈА



Реконструкцијата на објектот доцни поради измени во основниот проект

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА-ДИМОВА

Административците од Министерството за транспорт и врски се' уште работат во изнајмени канцеларии наместо во сопствената зграда преку Камен мост. Иако веќе требаше да седат во подновени простории во надградениот објект со нова стилска фасада, тие и во наредните месеци ќе ги користат канцелариите во некогашното Министерството за надворешни работи. Корекциите во проектот се главната причина за доцнење на најавената обнова на зградата на Транспорт и врски спроти црквата „Свети Димитрија“.

„Рокот за изведба на реконструкцијата на управната зграда на Министерството за транспорт и врски е продолжен до крајот на јуни 2014 година поради измени на основниот проект во фазата статика“, објаснуваат накусо од Транспорт.

Реконструкцијата ја стартуваа есента 2012 година и требаше да заврши за една година. Но, на терен старо-новата зграда уште зјае отворена во фаза на карабина. По неколкумесечен застој, периодов продолжија работите на објектот.

Според проектот, зградата треба да се надгради за два ката, а предвидено е и да се смени фасадата, која треба да биде во стилот на „Скопје 2014“. По реконструкцијата зградата ќе има приземје и пет ката. При обновата истовремено ќе се изврши целосно статичко зајакнување на постојната конструкција, со што ќе бидат опфатени и столбовите во подрумскиот дел, на приземјето и на катовите. Во внатрешноста на објектот ќе има два лифта, голема сала за состаноци и презентации, како и пристап за лица со посебни потреби и противпожарни скали.

Првите три ката од објектот ќе бидат наменети за општите служби на Министерството, а на четвртиот и на петтиот кат се предвидени кабинетите на министерот и на заменик-министерот и салите за состаноци. Покривот ќе биде рамен, организиран како покривна градина. Во подновената зграда ќе бидат сместени и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот комунален инспекторат и Агенцијата за сигурност во железничкиот систем. На овој начин, како што објаснуваа од Министерството, ќе се овозможи сите сектори и органи на ресорот транспорт и врски да бидат на едно место, наместо како што е сега на повеќе локации во Скопје.

Досега за реконструкција на објектот се потпишани договори во вредност од речиси 5 милиони евра. Градежните работи ги изведува скопски „Бетон“.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=A728F0E7C224BD44892EAE4C7AF13F15

-------------


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Mar-2014 at 14:40
Денешни фотографии...

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12969159955/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12969159955/ - DSC02997 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12969582664/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12969582664/ - DSC02996 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: macedonia
Date Posted: 09-Mar-2014 at 16:00
The remaining part on the left, is it not part of the Ministry of Transport?


Posted By: gorco
Date Posted: 09-Mar-2014 at 17:10
Originally posted by macedonia

The remaining part on the left, is it not part of the Ministry of Transport?


No, it's privately held.
Не, во приватна сопственост се.

-------------


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 24-Mar-2014 at 11:03
stvarno loso isgleda zaborave leviot del i kuznaj koga ke se fasadira i on do togas bljak!!!


Posted By: fichot
Date Posted: 24-Mar-2014 at 14:44
Па ова ептен мизерија ќе биде ако остане така.



Print Page | Close Window