Комплекс „Верина“
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1471
Printed Date: 05-May-2025 at 18:54
Topic: Комплекс „Верина“
Posted By: axel
Subject: Комплекс „Верина“
Date Posted: 14-Nov-2011 at 12:46
Станбен комплекс од 'Холивудски стил', на пролет ќе никне во Скопје! |
 |
|
|
Луксузна,
необична, атрактивна и удобна за живеење. Населба од светски размери,
убава и елитна како Холивуд се гради во Скопје. Никоб Инжинеринг е
главниот виновник за ова ремек дело, комплексот наречен Верина. |
|
Комплексот е од затворен тип со сопствено обезбедување во кој има 58
суперлуксузни станови. Лоциран е во Орман, лесно и брзо пристаплив преку
булевар Илинден, како и од новата обиколница, што го прави комплексот
да има мирна, тивка, но и многу поволна локација и поврзаност со
центарот на Скопје. Живеејќи овде Вие ќе бидете толку блиску до центарот
на Скопје, а сепак далеку од секојдневниот градски метеж.
Нуди луксузно живеење со 15.000 метри квадратни зелена површина, езеро
со површина од 5.000 метри квадратни, базен со пикник простор,
рекреативни терени, детско игралиште, супермаркет, билијард клуб и многу
други поволности.

Во склоп на 7-те згради, секоја со панорамски лифт, можете да изберете
од два типа на станови со големина од 170 и 210 метри квадратни.
Становите, сите со поглед кон езерото, се комплетно изведени во
висококласни материјали и секој стан располага со сопствен систем за
греење и ладење, како и сопствен паркинг простор.
Сопствениците на овие станови ќе имаат можност да го почувствуваат
целокупниот луксуз кој го нуди комплексот уживајќи во природата и
минувајќи го слободното време во фитнес центарот опремен со сауна и
турска бања.
Конечно желбите на оние кои бараат поголем луксуз добија реализација. Населбата Верина финално ќе биде готова оваа пролет.
http://nikob-ing.mk/verina/home - Повеќе информации може да добиете на нивната официјална веб страница










 |
http://daily.mk/cluster3/710c9cd69a961e9b889f0d75168f8de4/996930/stanben-kompleks-od-holivudski-stil-na-prolet-kje-nikne-vo-skopje
|
Replies:
Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2011 at 21:22
Абе ова вистина било. Од кај излезе комплекс - населбава, ко од небо да падна, од земја да изникна.
Досега незнам дали воопшто сме ја забележиле на форумот. Но еве нешто што од Гугл забележиле на 17 Јануари 2011 
|
Posted By: gorco
Date Posted: 15-Nov-2011 at 10:14
И јас во неделава поминав на обиколницава и баш го загледав, се приметува, и баш ми личеше на истиот комплекс од Злокуќани. Сега и ми е јасно, зашто е од истиот инвеститор.
Можеби за вакви станови цената по квадрат е релативно ниска, 1.300,00 евра, но сепак за станови во Орман/Волково, според мене локацијава е Волково, зашто Орман е над обиколницава... Да се вратам на ценава, според мене е доста висока за станбен комплекс, кој е предалеку од Центар, но се надевам дека градските власти, за брзо време ќе ја прошират Илинденска во Карпош 3м, Карпош 4, преку мост во населба Даме Груев (ГЕ-ГЕ), да се спои со бул. Шарпланинска и да продолжи на север кон веќе постоечката клучка во Волково, на обиколницата.
-------------
|
Posted By: Gradinarot
Date Posted: 16-Nov-2011 at 19:58
Алелуја, таму треба да се гради, натаму треба да се шири градот. Зајчев рид- Злокукани-Бардовци-Волково и назад кон Визбегово. Мислам дека Водно и неговата парк шума треба да се остават да дишат, па и ние со неа.
------------- ..... .......
|
Posted By: spaceman091
Date Posted: 16-Nov-2011 at 21:33
Originally posted by FoSsiL
Абе ова вистина било. Од кај излезе комплекс - населбава, ко од небо да падна, од земја да изникна.
Досега незнам дали воопшто сме ја забележиле на форумот. Но еве нешто што од Гугл забележиле на 17 Јануари 2011 
|
kako sto gledam odma do verina se naoga "horse riding club" sto bi znacelo vo letnite periodi ke se shiri neprijaten miris
|
Posted By: tonikostov
Date Posted: 16-Nov-2011 at 22:10
Мое мислење е дека цената е превисока за таа локација. Иако комплексот изгледа навистина убаво (па, еве, да речеме и луксузно), неговата локација не ја оправдува цената. Се гради во рурален дел од градот, каде урбанизацијата не допрела воопшто. Муабети од типот - тука ќе биде супер после неколку години, додека ти нудат цена по квадрат од 1300 евра - не држат! Парите ги даваш сега, а не после неколку години. А и тоа што го нудат (урбанизација, патишта или самото поврзување со Илинденска со мост преку Вардар) не зависи од нив, па од тука не може ни да гарантираат такво нешто.
Колку и да е од луксузен тип станбениот комплекс, веројатно до него се стигнува по пат кој е далеку под неговиот стандард. Значи, единствено внатре во комплексот е луксуз, додека да стигнеш до него ќе мора со мерцедесот да изгазиш кал и лепешки. Имајќи ја во предвид околината, веројатно реата од домашни животни е неизбежна.
И, да... го делам мислењето дека Скопје треба да се шири во тој правец, па и накај Петровец, Идризово, Јурумлери... Сепак, мое мислење е дека Град Скопје или општините кои граничат со Град Скопје (зависно за кои локации станува збор) треба да овозможи пристојна инфраструктура за да може да се шири надвор од центарот. Мислам дека во следните 10 години нема реални можности за развој на инфраструктурата нанадвор, освен ако не се појави некој помоќен инвеститор...
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Nov-2011 at 11:40
Офтопикот кој се разви за Urban sprawl е префрлен во нова нишка. Оваа останува за Верина
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1476 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1476
|
Posted By: axel
Date Posted: 01-Jun-2012 at 19:17
Верина ќе понуди нови стандарди на живеење
mailto:s.jovanova@kapital.com.mk - Соња Јованова
 Интервју со Јовица Николовски, сопственик на градежната компанија Никоб инженеринг Јовица
Николовски и Благоја Николовски, сопствениците на градежната компанија
Никоб инженеринг во моментот градат еден од најлуксузните комплекси во
Македонија - станбениот комплекс Верина. На атрактивна локација во
Орман, во населбата Волково, веќе во завршна фаза е изградбата на
елитниот станбен комплекс од затворен тип со сопствено обезбедување.
Реализацијата на проектот започна во јуни 2010 година и според планот,
работите треба да финишираат до почетокот на наредната 2013 година Може ли да ни го опишете комплексот Верина и да ни кажете што точно ќе содржи и по што ќе се разликува од останатите?
-
Прво, локацијата на која се гради комплексот е одлична. Баравме мирна и
тивка локација, да биде надвор од централното градско подрачје, надвор
од градскиот метеж, но истовремено да има и одлични сообраќајни врски со
центарот и со другите делови на градот, како и преку обиколница со
другите соседни градови. До комплексот се стигнува лесно и брзо преку
Визбегово и новата обиколница, што значи дека за 10-15 минути со
автомобил се стигнува до центарот на градот. Веќе постои проект да се
продолжи трасата на булеварот Илинден со што со самото отворање
очекуваме и пристапот до комплексот да биде многу полесен и побрз,
односно комплексот да добие поврзаност налик оние елитни населби од
развиените светски метрополи.Инаку самиот комплекс содржи 7 згради со 58
суперлуксузни станови, по два типа од 170 метри квадратни и 210 метри
квадратни. Сите објекти ќе бидат опремени со панорамски лифт, а
становите се распоредени по два на еден кат и се целосно одвоени,
односно немаат заеднички ѕидови. Секој стан има поглед кон вештачкото
езеро во близина на селото Орман. Покрај ова, комплексот има сопствен
систем за греење и ладење, како и сопствен паркинг-простор.
Дополнително, со својот концепт и со квалитетот на градбата и на
вградените материјали кои се на највисоко ниво, Верина наметнува нови
повисоки стандарди за домување во нашата држава. Тоа значи сосема нов
концепт на живеење бидејќи комплексот ќе има сопствено обезбедување,
порибено езеро со површина од 5.000 метри квадратни, што значи станарите
можат да одат и на риболов, ќе има патека за шетање околу езерото,
вештачки водопади и фонтани, базен со пикник-простор планирани тениски и
баскет терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес-центар опремен
со сауна и турска бања, детско игралиште, кафуле а планирано е да има и
супермаркет надворешно во близина на комплексот. Станарите на Верина ќе
можат да уживаат во 15.000 метри квадратни зелена површина. Во која фаза на изградба е комплексот во моментот и дали веќе имате продадено станови?
-
Во моментот се работи на внатрешниот дел, затоа што седумте објекти се
веќе покриени, значи останати се молерските работи, ќе се местат паркет,
плочки и сл., за некаде до крајот на годината да заврши поставувањето
на хортикултурата, по што е предвидено, конечно, целиот комплекс да биде
завршен. Работата си тече и веќе 20% од становите ни се продадени.
Станарите се од различни профили, најмногу интерес има или од млади
брачни парови или од постари луѓе кои се веќе пензионирани. Интерес од
странците за купопродажба на станови има, меѓутоа повеќе се
заинтересирани за изнајмување, како што е примерот со првиот комплекс
што ни е веќе изграден во Злокуќани. Како и таму, планираме и во
комплексот Верина да има станови за изнајмување, меѓутоа с$ уште е во
рана фаза. Моменталната цена за пордажба изнесува 1.300 евра за метар
квадратен, но во зависност од побарувачката очекуваме цената да се
менува.Мислам дека цената е прифатлива, ја зедовме предвид економската
состојба во земјава, иако во Белград вакви станови се продаваат и по
3.000 евра за метар квадратен. Поентата ми беше да постигнам некоја
нормална цена, а самата големина на становите си го одредува луксузот,
затоа што едно е луксузено наместен стан од 60 метри квадратни, а друго е
луксузен стан од 200 метри квадратни. Сметате ли дека имате конкуренција во делот на изградба на станбени комплекси кои нудат луксузно домување во Скопје?
-
Ние овој тип градба го започнавме први уште во јануари 1998 година со
изградба на комплексот Св.Јован во Злокуќани. Значи, лускзуно домување
за мене значат материјалите за изградба, сопственото обезбедување,
големината на станот, како и сите оние придобивки и активности кои ги
споменавме, а кои ги нуди самата внатрешност на комплексот (затворен
комплекс, обезбедување, одржување) . Јас досега не сум видел станбен
комплекс кој нуди сопствено езеро, еден куп луѓе кои работат на
одржување на истиот комплекс, бидејќи Верина буквално нуди еден тип
хотелска услуга.
http://www.kapital.com.mk/mk/prilozi_edicii.aspx/84643/verina_kje_ponudi_novi_standardi_na_zhiveenje.aspx?iId=2764
|
Posted By: build.mk
Date Posted: 30-Sep-2012 at 23:03
Posted By: maci
Date Posted: 16-Feb-2013 at 13:20
не верувам дека ќе има многу заинтересирани за оваа населба.
лоша местоположба,мислам далеку од се.
училиште,градинка,маркет....кога ќе размислам таму и нема да живеат некој од средната класа,така да тоа и нема нешто да им преставувам проблем.
НО,пред се тие би купиле стан на водно него ли во Орман.
|
Posted By: Portal
Date Posted: 19-Mar-2013 at 22:01
Ovoj proekt izgleda deka e pri krajot, dali ima nekoj info koji ke se cenite na stanovite?
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Mar-2013 at 22:25
pisi na nivniot sajt mislam od 1850 eur na kvadrat bese
|
Posted By: Gaul
Date Posted: 20-Mar-2013 at 19:03
Не е точно, на сајтот пишува 1350 евра за квадрат ама сега пошто е уште во фаза на изградба становите можат да се купат по цена од 1300 евра за квадрат.
http://www.nikob-ing.mk - http://www.nikob-ing.mk
|
Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Mar-2013 at 20:23
Епа грешно сум мислел, по сеќавање напишав. Сепак мислам дека имаше различни ценовни категории, барем кога гледав пред 6-7 месеци.
|
Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Mar-2013 at 22:20

КАко да си помешал со различни категории на станови. А имаше само 2 типа, околу 180 и околу 240 квадрати.
Квадратот секогаш бил тука некаде.
|
Posted By: kurto
Date Posted: 18-Apr-2013 at 09:44
Dali e istiot investitor na kompleksot Zlokukani ?
|
Posted By: kire85
Date Posted: 18-Apr-2013 at 12:10
Posted By: Portal
Date Posted: 19-Apr-2013 at 13:41
Ima nekoj info sto im e potocno problemot vo drugiot kompleks? Vesnicive se iznapisaa kao trubaduri drn drn ama nisto konkretno ne kazaa...
|
Posted By: kire85
Date Posted: 19-Apr-2013 at 13:54
Меѓу другото мислам дека се работи и за приватно-правните односи на земјиштето каде жителите имаат купено куќи. Имено земјиштето сеуште не им е препишано на нивно име и си седи на име на градителот, кој пак истото дури го има дадено и под хипотека за да земе кредит од банка. Но има и други детали од договорот, за кој според жителите Николовски не се придржува.
|
Posted By: Portal
Date Posted: 20-Apr-2013 at 00:29
Dokolku tie detali se vmetnati na dogovorot i ne se izvrseni togas zakonot zatajuva!!?? Dokolku pak ima propusti vo dogovorot togas izveduvacot moze da manipulira. Dokolku pak nekoi raboti ne se reseni imotnopravno tuku samo so muabet im "vetil" togas nemoze nikoj da go opravi toa sega...
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Sep-2013 at 17:47
Што се случи со комплексов? Има ли нови фотографии? Го завршија ли?
------------- За сè има вторпат
|
Posted By: kurto
Date Posted: 29-Sep-2013 at 21:23
investitorot Blagoja Nikolovski se preseli vo Verina otkako Subrata mu ja kupi kukata vo Zlokukani. Sega , so parite od "Sahara" pobrzo ke go zavrsi kompleksot.
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Oct-2013 at 05:17

------------- За сè има вторпат
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Jul-2014 at 10:17
Заврши изградбата на елитната населба „Верина“
Понудата на недвижности во Скопје е збогатена со нова луксузна станбена населба. Комплексот „Верина“ се простира на околу 30.000 метри квадратни, а во склоп на седумте објекти има вкупно 58 ексклузивни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни. Верина се наоѓа на атрактивна локација кај Орман и Волково, во близина на скопската обиколница [» - мапа ]. Населбата е од затворен тип со сопствено обезбедување.
Станарите ќе може да уживаат во 15.000 метри квадратни зелена површина, порибено езеро со површина од 5.000 метри квадратни, вештачки водопад, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања. Сите објекти се опремени со панорамски лифт, а становите се распоредени по два на еден кат и се целосно одвоени, односно немаат заеднички ѕидови. Секој стан има поглед кон езерото. Покрај ова, сопствен систем за греење и ладење, како и сопствен паркинг простор се дел од поволностите за идните станари.
„Верина“ се наоѓа на мирна и тивка локација далеку од градскиот метеж, но со оглед на непосредната близина на скопската обиколница и трасата на планираното продолжување на булеварот Илинден, комплексот има одлични сообраќајни врски со центарот и со другите делови на градот. Дополнително, со својот концепт и со квалитетот на градбата и на вградените материјали кои се на највисоко ниво, „Верина“ наметнува нови повисоки стандарди за домување во нашата држава. Градежните работи ги реализираше градежната компанија „Никоб Инженеринг“.
http://www.build.mk/?p=37143 - http://www.build.mk/?p=37143
------------- За сè има вторпат
|
Posted By: Dexter26
Date Posted: 21-Jul-2014 at 10:49
Како убаво ќе им дојдат сателитски чинии и климатизери на овие згради, милина. Шегата настрана, целиот проект изгледа одлично испаднал, но премногу е далеку од централното градско подрачје.
|
Posted By: xnx
Date Posted: 21-Jul-2014 at 11:35
klimite se veke staveni i skrieni. inaku kompleksov mi se svigja najveke poradi ciglata na fasadata.
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Jul-2014 at 13:58
Originally posted by Dexter26
Шегата настрана, целиот проект изгледа одлично испаднал, но премногу е далеку од централното градско подрачје.
|
Тоа може да се смета како предност, но и како недостаток, зависи како гледаш на работата. Од една страна, имаш мир, тивко опкружување, селска идила и слично, а, од друга страна, немаш пристап до лекар, до продавница, до забава и слично, и за сè треба да палиш кола и да одиш до град.
------------- За сè има вторпат
|
Posted By: jyvation
Date Posted: 21-Jul-2014 at 18:24
Неколку слики од внатрешноста..
skopjeinfo.mk
|
Posted By: Teglarot
Date Posted: 21-Jul-2014 at 20:26
Прекрасен е објектот. Навистина за пофалба.
А за одалеченоста од градот/центарот на градот и не е така страшно. За само 15тина минути сте на Рекорд. Но, така функционираме ние Македонците, се' е што е подалеку од 500м е ужасно далеку
|
Posted By: tonikostov
Date Posted: 22-Jul-2014 at 08:43
Објектот е прекрасен - се сложувам... Но, 15 минути до Рекорд? Само во недела или на државен празник...
Како и да е, локацијата е убава, но штета што инфраструктурата до самата локација е лоша... За жал, тоа е причината за генералните коментаре дека се што е подалеку од 500 метри е ужасно далеку...
|
Posted By: alexsend
Date Posted: 22-Jul-2014 at 14:30
Инвеститорот сега треба да лобира како би се забрзал проектот околу Илинденска
|
Posted By: Dexter26
Date Posted: 22-Jul-2014 at 15:20
Тешко е да се дојде до заклучок дали е подобро да се подобри инфраструктурата кон населбата или подобро е да се остави вака. Доколку се подобри инфраструктурата, тогаш ќе се отвори вратата за понатамошна урбанизација на местата низ кои се поминува помеѓу населбата и централното градско подрачје. Нови станбени објекти, хотели, мотели, споменици, фонтани и ред други објекти и населбата ќе ја изгуби ексклузивноста што ја нуди со мирот и тишината. Освен ако се подобри инфраструктурата, но сепак не дојде до некакви значителни урбанистички промени, како што е во случајот со булевар Словенија - се изгради, но покрај него засега не никнуваат поголеми објекти и тоа е огромен плус, бидејќи има ветар и отворен простор, за разлика од централното градско подрачје, каде што и дрвјата од поодамна станаа загрозен вид. Кога сме кај ентериерот, иако финансиски не можам да си дозволам стан во било која од овие згради и несомнено нема да можам да си дозволам со години, сепак лустерите кај мене дома ги баталив пред повеќе од 10 години и неонките царуваат. Кога било кој од овие станови би станал мој, лустерите први ќе летаат надвор.
|
Posted By: one1
Date Posted: 22-Jul-2014 at 15:25
Инаку инвеститорот е заплеткан во криминални зделки и со претходниот објект во Злокуќани се врзува со рекет на тамошните станари.
|
Posted By: alexsend
Date Posted: 23-Jul-2014 at 14:01
Подобро да се гради на тој предел одколку само во Централното Градско подрачје.
|
Posted By: phenomenon
Date Posted: 23-Jul-2014 at 14:15
Навистина убав комплекс. Ова веќе личи на елита, а не Тасино Чешмиче, Водно и слични места. И што ако Верина е толку оддалечена од централното градско подрачје? Каква потреба би имал некој што живее тука да оди во центар? Да не иде случајно во ГТЦ, да не пие кафе во чергарските сплавови или ќе иде на Зелен Пазар и Бит-Пазар?
Сити-мол им е во близина, а за зеленчук и овошје имаат доброснабдени пазари во Ѓорче Петров и Тафталиџе.
Сметки да плаќаат и нарачки да прават можат преку Интернет.
------------- 開始されていないだけの戦いが失われ、
|
Posted By: stratus
Date Posted: 23-Jul-2014 at 15:29
Единстцен проблем би било само далечината на добро училиште за деца.
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Jul-2014 at 19:31
Децата на ваквите богаташи или не учат во земјава, или имаат домашни учители. Ретко се мешаат со обичните смртници. (Можеби претерувам малку)
------------- За сè има вторпат
|
Posted By: Dexter26
Date Posted: 23-Jul-2014 at 19:56
Воопшто не претеруваш, се што спомна е чиста вистина.
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Nov-2014 at 16:15

------------- За сè има вторпат
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Nov-2014 at 16:15
фотографии: nikob-ing.mk
------------- За сè има вторпат
|
Posted By: fichot
Date Posted: 07-Nov-2014 at 17:37
Убаво. Сега уште да одлучам дали 170 или 210 квадрати. После тоа ќе ми фалат само уште 300К евра.
|
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Dec-2014 at 02:39
|