Print Page | Close Window

Нова фасада и ограда на објектот на Владата

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1472
Printed Date: 23-Oct-2017 at 08:45


Topic: Нова фасада и ограда на објектот на Владата
Posted By: Djole88
Subject: Нова фасада и ограда на објектот на Владата
Date Posted: 14-Nov-2011 at 01:16

И Владата со нова фасада

Целта не била објектот да добие стилски лик, туку нова лушпа, бидејќи прозорците не дихтувале


И објектот на владината зграда на „Илинденска“ бб ќе добие нова фасада. Дали ќе биде стилска, како оние од „Скопје 2014“ или, пак, модерна и стаклена каква што е сега, ќе зависи од понудените идејни решенија.

Надлежните тврдат дека во објавениот конкурс за избор на идејно решение за фасадата не се инсистира на одредени детали, ниту, пак, генерално на некој стилски изглед. Најбитно било објектот да добие нова лушпа, оти постојната веќе со години им создава проблеми на владините функционери. Застарените прозорци, со кои речиси 100 отсто е покриен објектот, биле главната причина поради која е во план нова фасада за зградата на „Илинденска“ бб.

„Дува од сите страни, прозорците не дихтуваат и се соочуваме со разни проблеми, губиме многу топлинска енергија. Стаклата немаат изолација, под нив има азбестни плочи, материјал што е отровен. Поради ваквата состојба, летно време внатрешноста на објектот тешко се разладува, а зиме, пак, едвај се стоплува и покрај централното греење. Од тие причини одлучивме да ја смениме фасадата“, објаснува Васе Доневски, директор на владината служба за општи и заеднички работи, која е носител на проектот за промена на фасадата и ќе го избере новото идејно решение за зградата.

Доневски објаснува дека во случајов не може да се изврши само промена на прозорците без да се менува целосната лушпа на објектот, оти такви веќе не се произведувале. Така, надлежните одлучиле комплетно да направат нова фасада. Тврдат дека изработката на ново идејно решение за надворешноста на зградата е комплетно оставена на заинтересираните сами да одлучат каков стил за фасадата ќе понудат.

„Дали ќе биде стилска, модерна, комбинација на модерно и рустично, ние не одлучивме. Апсолутно се' е оставено на понудувачите на идејните решенија, а потоа, во зависност од понуденото и од градбата, ќе одлучиме што најмногу ни одговара“, дополнува Доневски и додава дека иако објектот е изграден во 70-тите години на минатиот век, до сега не била извршена санација ма фасадата. Единствено имало „шминкања“ во внатрешноста на објектот и од неодамна биле реновирани тоалетите.

Со оглед на роковите за избор на новата фасадата, а потоа и времето потребно за изработка на изведбениот проект, надлежните проценуваат дека надворешниот изглед на зградата ќе почне да се менува најдоцна до почетокот на летото. Колку пари ќе чини менувањето на фасадата на препознатливиот стаклен владин објект, ќе се утврдело по завршување на сите постапки за избор на идејно решение, на проект, изведувач. Битно е, вели Доневски, што за оваа намена веќе се планираат пари во буџетот за наредната година.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=DBDE39180A334547B8E751D1442A3832 - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=DBDE39180A334547B8E751D1442A3832

 





Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Nov-2011 at 19:52
Ајде после неколкучасовниот молк, да го скршиме мразот со малку доза шала. LOL



Posted By: gjoko
Date Posted: 14-Nov-2011 at 20:03
јас би ги заменил сите објекти од Ск2014 за една ваква,па макар било и 300 години стар стил(мислам дека е готика ама не сум екперт)


Posted By: FT
Date Posted: 14-Nov-2011 at 20:12
Значи и овде ако вметнат од тој „нивни“ стил, ќе се откажам од Македонија.


Posted By: OCB
Date Posted: 14-Nov-2011 at 21:13
Лична прогноза: Стилот ќе биде à la „Скопје 2014“, а како аргумент ќе се користи идната обнова на фасадите на булевар „Илинден“ и видиковото поле со објектите од левата страна на Вардар. Вака ќе се постигне една усогласена „композиција, целина и организација на просторот“, што би рекол zabegan


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Nov-2011 at 22:56
Originally posted by OCB

Лична прогноза: Стилот ќе биде à la „Скопје 2014“, а како аргумент ќе се користи идната обнова на фасадите на булевар „Илинден“ и видиковото поле со објектите од левата страна на Вардар. Вака ќе се постигне една усогласена „композиција, целина и организација на просторот“, што би рекол zabegan
нема врска, кога сум кажал нешто такво? Big%20smile

како и да е, уште една катастрофална идеја би било тоа, како и други објекти кои ги намерачиле, владата си има свој уникатен стил на кој не може да му се става некој сосема друг стил, неповрзан со оригиналниот... барем ако веќе менуваат фасада, треба да се одлучат за нешто што е минимален зафат, поблизок на формите на објектот... (пр. фасадата да биде целосно стаклена, наместо со лимени профили)
очекувам, барем тука да одат разумно, иако би било спротивно на нивните фантазии...



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: N23
Date Posted: 14-Nov-2011 at 23:58

"Мудар" потег од страна на Владата на РМ. Намерно (!) се дистанцираат од стилот, притоа оставајќи слобода на проектантските куќи за тоа како да изгледа фасадата. Нормално, по дифолт, проектантиве водени од духот на новите градби, гледајќи сигурно да го добијат "бизнисот", нема многу да екпериментираат и најверојатно ќе се префрлат на некој неокласичен/барок стил. Да сакаа од Владата да не биде во таков стил, ќе дадеа некаква класификација, на пр да го следи сегашниот тек и линии, промените да не бидат радикални и сл. Вака останува да видиме дали можда ќе се договорат сите што ќе конкурираат помеѓу себе да излезат со модерни решенија кои нема многу да ја сменат сегашната фасада. Во тоа сум скептик. Некои најверојатно ќе излезат со модерна замисла, но ќе има и такви кои ќе бидат во контекст на тековниот проект.

Факт е дека нешто требаше одамна да се промени со фасадата, но тоа да биде речиси идентично со сегашното, макар колку и да била сива и досадна. Ако отидат со барок, ќе претераат до максимум.



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 15-Nov-2011 at 09:31
Авторот на овој објект е архитектот Муличковски. Тој е жив, здрав...и баш да видиме како ќе реагира на „идејава“...објектот сам по себе, според мене е уникатен, има (за свое време) уникатна, поточно дотогаш неприменета „обесена“ конструкција, односно плочите на катовите се носат на централното јадро со некакви затеги и затоа кубусите се испуштени со за (наши сеизмички услови) големи конзоли...мене лично на овој објект секогаш ми недостасувале уште неколку катови и секогаш сум барал багер за двете куќички пред него, за да си го добие изгледот кој заслушува...
Иако општото „барок-лудило“ го тресе Скопје како чумата во времето на Карпош и Пиколомини, сепак објектите на Филхармонијата и доградбата на НУБ ми даваат надеж дека нема да се инсистира такво комплетно несоодветно обликување да го упропасти и овој објект...

Немам намера да има политички предзнак овој дел...колку се сеќавам СКМ ПДП (денес СДС) како наследник на СКМ е сопственик на објектот, а владата е потстанар во објектот, баш затоа овие „стилски“ комбинации во моментот ми изгледаат неверојатни....

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: OKA
Date Posted: 15-Nov-2011 at 09:57
Сопственик на објектот е Република Македонија, откако своевремено, во знак на демократизација на општеството и настанување на политички плурализам, Сојузот на комунистите го предаде на државата.
Инаку, вчерашните медиуми (ТВ АЛФА и др.) веќе известија за првични контакти помеѓу инвеститорот (Владата на РМ) и авторот на објектот. Наводно, нема да има кооперативност помеѓу страните. 

-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: shran
Date Posted: 15-Nov-2011 at 10:00
еве и авторот што има да каже, накратко не се слага Ohno

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1E2D2FD29E6CE44689388BEF4B8AF3FA


Posted By: OKA
Date Posted: 15-Nov-2011 at 10:21
Originally posted by Dave Gahan

...мене лично на овој објект секогаш ми недостасувале уште неколку катови и секогаш сум барал багер за двете куќички пред него, за да си го добие изгледот кој заслушува...
Јас би рекол дека време е за багер, ама за трите куќички. Тие две пред, но и за самата зграда на Владата. Оти, тоа е екслкузивна локација и вистински луксуз е што има толку ниска спратност (П+4+П), а архитектонскиот проект не дава можност за едноставно и економски рационално зголемување на капацитетот на носивост, токму поради специфичниот начин на носење на катните плочи.
Според мое мислење, согласно околината, големината и намената на маркицата, сообраќајните и другите микро и макро услови, тука одлично би се вклопиле 2 ката подземни гаражи во размер на целата маркица, приземје и минимум 8 нормални ката со деловна висина не помала од 3,20 м.
Со оглед на тоа дека во моментов најверојатно не постои финансиска конструкција за реизградба на Владината зграда (буџет секако > 10 MIO eur), воопшто не е грев што сега би се издвоиле средства за подигање на нивото на енергетска ефикасност на зградава. Преку заштеди на енергија, подобрени здравствени услови (аут за азбестот!) и зголемена функционалност, средствата би се вратиле за неколку години. А новата естетика на екстериерот е чист бонус.


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: mladen_s
Date Posted: 15-Nov-2011 at 10:59


Мислам дека ставот ти е дискутабилен по неколку линии... Всушност, повеќе ќе го искористам твојот пост за да ги искажам моите ставови   

Првата е градителско наследство, во кое според мене, а и според многу други, овој објект заслужува да припадне. Бидејќи за тоа не се гласа на избори, туку е работа на континуитет и работа на стручни лица, прашање е на време и зрелост кога тој статус ќе биде доделен и објектот ќе биде вратен во првобитната состојба, без додатоци и со јасно видливи конзоли.

Понатаму е секако самиот објект и неговата функција и локација, заради што катноста е сосема оправдана: прво, се работи за репрезентативен државен објект кој може да си дозволи поинкава логика од пазарната која се однесува на станбено-деловни објекти во Малиот Ринг. Второ, начинот на кој е замислен и изграден објектот овозможува најдобро вклопување во околните содржини (нпр. подземните гаражи по цела локација би го уништиле контактот со кејот) и околните волумени (контраст со Градски Ѕид и втопување во Дебар Маало). Осум ката се малку премногу за таа локација и тоа може да се види со просто исцртување на визурите (ама тоа некако веќе не се прави во Скопје)...

Последната линија е економската. Рушење на објект во кој е толку многу инвестирано во поглед на ентериер и додатна опрема е трошок сам по себе, а Владата во никој случај не е „венчана“ за оваа локација. Доколку функционалните барања ја надминале зградата (а и локацијата која ќе станува се' потешко пристапна за вработените), секогаш може да се најде нова локација и 10-те милиони евра да се искористат за да се добие уште еден објект.

Од сево ова, јас идниот компромис би го гледал во нов објект за зголемената владина администрација, а враќање на овој во старата состојба заради користење за репрезентативни функции или некоја друга државна институција или нешто сосема друго (но секогаш општествен објект, секако)

Сето ова е доколку не постои „скриена агенда“ позади реновирањето. Верувам дека им требаат нови прозорци, но би требало да остане на тоа...

Originally posted by OKA


А новата естетика на екстериерот е чист бонус.


Само уште ова.. Кога пишуваш нова естетика, на што точно мислиш?


Posted By: OKA
Date Posted: 15-Nov-2011 at 11:40
Originally posted by mladen_s

Мислам дека ставот ти е дискутабилен по неколку линии...
Не е воопшто дискутабилен. Легитимни и возможни се и двете опции. И твојата и онаа за која јас говорам. Само што според некоја интуиција мислам дека тука краткорочно ќе имаме реконструкција во некаков нов стил, а долгорочно модерен и висококатен објект, на местото од сегашниот. Глобалното функционирање на економијата едноставно не "признава" конзервација на простор во централни и атрактивни урбани средини.
Освен, ако зградата на сојузот на комунистите не добие статус на археолошки локалитет.

-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: mladen_s
Date Posted: 15-Nov-2011 at 12:00
Не е статус на археолошки локалитет, туку статус на заштитено градителско наследство. И ќе го добие заради архитектурата, а не заради функцијата што ја имал своевремено. И неговото „реконструирање„ или рушење за мене не е легитимен потег. Секако, можен е, после многу работи ништо не ме изненадува..

Глобалното (а веројатно мислиш на урбаното) функционирање на економијата и тоа како признава „конзервација на простор“ бидејќи тоа е еден од начините за урбана регенерација - преку создавање или одржување на фокусни точки - репрезентативни објекти, кои ја подигаат цената на околното земјиште (а сами по себе и не мора да го искористуваат најдобро - примери колку сакаш).

Но категоријата репрезентативни државни објекти ионака не потпаѓа под урбаната економска логика - имено, најлесно би било да се докаже дека наместо Владата може да се изгради луксузен станбено деловен објект. Навистина, има место и за поголем административен објект, но нема да биде репрезентативен бидејќи ќе се „стопи“ во околината. На крај, Скопје нема толку големи проблеми со функционирање на администрација, но дололку треба да ги решава во иднина, веројатно ќе мора да го следи „глобалниот“ модел на „административен град“ надвор од централното градско подрачје.

Е сега.. Твојата интуиција е нешто сосема друго - дали е согледување на „скриените агенди на избраните“ или лично твои желби, тоа ти си знаеш..

Веројатно можеме да дискутираме што е тоа „нов стил“ - барем додека не се донесе закон за „официјален државен архитектонски стил“... Така барем ќе им оди поедноставно (ако ова се случи, ја прифаќам одговорноста за давање глупави идеи).

А втората дискусија би била што е тоа „модерен и висококатен“ бидејќи јас мислам дека овој сегашниов е сосема модерен и конструктивно радикален објект (бонус: аналоген на традиционалната архитектура) и одлично одговара на локацијата, додека пак поголем габарит би бил несоодветен. Тоа што би бил „модерен“ не би го извадило многу.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Nov-2011 at 12:04
Сопственик на објектот е Владата на Р.М. никаков СКМ, СКМ е партија од друг систем која е укината со падот на тој систем и во новиот сиистем сите партии се новоформирани односно нема правен модус да бидат правни сукцесори на партии од поранешен систем. Wishful thinking.

Сопственик не е никаков архитект, авторските права не се врзуваат со катастар и носител на правата е сопственикот на објектот, однонсо некогаш бил исплатен тој проект, нема логика да сега некој демонстрира удел во нешто што некогаш продал. Од авторот е очекувано и не го осудувам, кога го проектирал да мислел дека треба да биде поинаков ќе го испроектирл поинаку, сосема логична позиција е, иако не би требало да има причина да не се слага евентуално ако за нешто смета дека е професионално добро изработено од негов колега. Објектот како таков, е сега само резидуална вредност од "предходен" и почетен капитал во изведна на "нов" објект. Јасно им е на сите ова, само очекувате дека може би ќе упали како аргумент.

Тоа со несечката конструкција е уште една панаѓурштина на тоа време исто како што се расправавме за мостот Гоце Делчев, непотребно испитување со методи кои само комплицираат обчини редовни зафати кои се нормални за сите објекти, само за по секоја цена да се имало разноликост и демонстрација на некоја "современост" дека имало способност за секакви методи, а сега ги сркаме плодовите кога неможеме ни прозори да смениме. Едноставно кажано, можело сосема да се изведе со ковенционални методи, намерно се одбирале вакви к кои сега создаваат компликации

Објектот уште владата не го ставила на листа за барок, најголемите противници го ставивте. Чекајте да излезе конскурс, проект, после тоа ќе дискутираме. Јас сметам дека овој објект треба да остане модерен, но модерен за ова време, а не за седумдесетите. Очекувам најмалку нешто што се случи со ИК Банка дел од поранешниот НИП Нова Македонија. Урбанизмот на просторот, распоредот на објектите, просторот помеѓу нив, не одговара за барок. Освен ако не се втурнат во радикални проемни и доградба со пополнување на простор барем околу, да се остави некој атриум со неправилни форми за да однадво се добие впечаток на некоја палата, а од Кале тоа да личи на Будимпешта со некоја голема купола.


Posted By: mladen_s
Date Posted: 15-Nov-2011 at 12:08
Originally posted by lslcrew

во новиот сиистем сите партии се новоформирани односно нема правен модус да бидат правни сукцесори на партии од поранешен систем. Wishful thinking.


Всушност, има правен модус и денешниот СДСМ е правен наследник на СКМ, затоа сеуште е сопственик на зградите на „комитетите“ по другите општини. Тоа што своевреемно ја поклонија ЦК на РМ, правен наследник на СРМ, си била нивна желба. For better or worse.

Originally posted by lslcrew

Сопственик не е никаков архитект, авторските права не се врзуваат со катастар и носител на правата е сопственикот на објектот, однонсо некогаш бил исплатен тој проект, нема логика да сега некој демонстрира удел во нешто што некогаш продал.


Прочитај го добро законот за авторски права. Не е баш така.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Nov-2011 at 12:28
Зградава е на СДСМ колку што Вардар е од Миравци! Сукцесор е во нечии глави, правно не е. Дури ни Кина не е правен наследник на онаа Кина до пред втора светска војна. Јавниот впечаток не е правно мерило. Газда на зградата е Владата на Р.М. Вчера ако го помочавме суверенитетот на државава, денес и ова ли ќе го релативизираме?

Има и закон за сопственост на имот, така да не е се така за да изгледа по желба.


Posted By: mladen_s
Date Posted: 15-Nov-2011 at 12:41
Не знам што дискутирам ако немаш основна култура на изразување? Има други форуми, бараат такви како тебе, да викаат по сите дека ова или она правеле по суверенитетот..

Никој не ти кажа дека сега сопственик е некој друг. Сопственик сега е Република Македонија, а не Владата. Моментално, во владеење е Службата за општи и заеднички работи на Владата, ама може утре да биде и Музејот на Современа уметност...

Само кажав дека своевремено СКМ-ПДП, правен наследник на СКМ, ја поклони зградата на РМ (што беше најправично и логично, а можеби истото требаше да го направи и со цел имот), што можеш да го провериш. Од тогаш па наваму, зградата веќе не е нивна.

И да, Вардар е од Миравци, и моментално е на чело на Првата и Втората лига истовремено. Одличен пример за правна сукцесија!

И Кина е пример исто така, при што имаше борба за тој континуитет (во спротивно, Хонг Конг би бил вратен на Тајван). И сегашната Германија е наследник на Источна Германија, но и на Третиот Рајх. Секако, никој не им вели дека се комунисти или пак фашисти (барем не толку често)..

А тоа што ти си имаш во главата е недостаток на информации.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Nov-2011 at 12:49
Тоа со суверенитетот, извини што не напоменав, не беше за тебе, за друга изјава беше, сакав да покажам ескалирање на релативизација на се само за да се "докаже" став.

Ова со правно наследство го застранивме од темата, зашто и не ни е баш местото, зградата е градена кога целокупниот политички простор е претставува од една партија, таква организација нема никаков наследник, тоа што се случувало тука на правен план може да е преседан, по службена должност имотот на партии од бивши системи е државен. Ниту собранието е на Српскиот крал, ниту Турска чаршија на Турција, ниту манастирите низ Македонија на други странски цркви.

Зградата е на Владата, објективен и правен факт, секакво релативизирање е само смешно и неможе да има никаква тежина повеќе од тоа.


Posted By: OKA
Date Posted: 15-Nov-2011 at 12:53
Originally posted by mladen_s

Не е статус на археолошки локалитет, туку статус на заштитено градителско наследство
Секако дека бев малку "Саркози" за археологијата, а тоа дали објектов ќе добие статус на наследство е неизвесна работа која зависи од стручни лица, за кои секако е наивно да се очекува дека ќе имаат едноумие при одлучувањето.
Originally posted by mladen_s

И неговото „реконструирање„ или рушење за мене не е легитимен потег.
Ако настане правен и јавен консезус, тогаш ќе биде легитимен.
Originally posted by mladen_s

Глобалното (а веројатно мислиш на урбаното) функционирање на економијата и тоа како признава „конзервација на простор“ бидејќи тоа е еден од начините за урбана регенерација - преку создавање или одржување на фокусни точки - репрезентативни објекти, кои ја подигаат цената на околното земјиште (а сами по себе и не мора да го искористуваат најдобро - примери колку сакаш).
Хм, современиот, прегреан капитализам нема баш многу трпение и сентименталност кон "архитектурата на нашите предци". Во случајов пак, преамбициозно е да се тврди дека објектов е репрезентативен. И покрај феноменално избраната и имплементирана подлошка на стара македонска куќа, кај објектов отсуствуваат тизери на долговечност и одржливост при интерпретирањето на надворешноста.
Мое лично мислење!? Да е моја сопственост, не би го зачувал ваков каков што е. Нешто би менувал. Оти, едноставно не ме тера да извикнам WOW, не ми проаѓаат трпки додека го гледам. Но, не тврдам дека би го рушел, оти има драматична економска компонента во таквата одлука, се согласувам.
Originally posted by mladen_s

Е сега.. Твојата интуиција е нешто сосема друго - дали е согледување на „скриените агенди на избраните“ или лично твои желби, тоа ти си знаеш...
Де бе Младен, мора ли толку грубост, "тоа јас сум си знаел..." А ти, што си знаеш!? Објектов мора да се брани по секоја цена!? Ајде, да го симнеме нивото и да се етикетираме. Писмен си и човек си, би требало да толелираш поинакви мислења, а и да ти е прифатливо дека има луѓе кои само се обидуваат да ја "прочитаат" сегашноста и иднината на најреален, можен начин, базирајќи се на искуствата, однесувањата и инстиктите.
Originally posted by mladen_s

А втората дискусија би била што е тоа „модерен и висококатен“...
Висококатен значи урбанизација во височина, а современ, ЈАС ЛИЧНО преферирам да го дефиниран како архитектура која "до коска" ги апсолвирала најновите функционални и еколошки стандарди. А како ќе се "пакуваат" надворешно објектите за пет-десет години, тоа само "милиот Бог" знае.


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: mladen_s
Date Posted: 15-Nov-2011 at 12:58
Уште малку ги мешаш работите, ама стварно е застранување од темата.. Ама еве за информација: Српскиот крал е државата, меѓутоа Партија од српско време не е државата.

Колку и да изгледа неверојатно од сегашна перспектива, во правниот систем на СФРЈ, партијата (со големо П) беше правен субјект и имаше сопствен имот. Да донесеа закон за забрана и одземање на имотот, како во некои земји, би било друго..

Не е релативизирање ваквиот факт и само покажува зошто има закон за авторски права: токму заради промената на сопственикот - владетелот на објектот, при што на авторот мора да му се обезбеди континуитет (до навршување на законскиот рок, секако).

И пак.. Зградата е на Република Македонија. Владата е сместена таму.


Posted By: mladen_s
Date Posted: 15-Nov-2011 at 13:15
Originally posted by OKA


Де бе Младен, мора ли толку грубост


Добро, извини, не мислев дека така ќе прозвучи. Малку сум иритиран од помислата дека некој си го зацртал тоа како план, па се надевав дека е само твоја желба

Сепак, мислам дека треба да се брани објектов бидејќи е сосема добар и може да биде репрезентативен ако му се врати првобитниот лик и можеби добие чисто церемонијална или сосема друга функција - што би овозможило повеќе пристап за граѓаните и користење на тремовите под конзолите како јавен простор. Факт е дека неговата запуштеност, непристапност и идиотски додатоци го направија да изгледа доста неугледно.. Источен Берлин денеска има многу добри примери за вакви „враќања на сјајот на Модерната“.

Тоа што го гледам јас како квалитет е односот со околината, односно потребата на тоа место да има помал објект, а и неговата добра поврзаност со Кејот. На крај, мислам дека конзолниот систем овозможува коцките да трпат големи промени и различни пакувања, при што истите се во основа енергетски ефикасни : подигната изолирана коцка е иделна форма. И повторно додатоците од последниве 20-тина години се тие кои уништуваат се'.

Мислам дека се сложуваме околу тоа дека објектот е сепак доволно вреден по ралични основи, а и проста економска математика не би оправдала рушење.

Е сега, да се корегирам - изгледа решиле да го пакуваат поинаку


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 15-Nov-2011 at 13:46
Originally posted by lslcrew


Сопственик на објектот е Владата на Р.М. никаков СКМ, СКМ е партија од друг систем која е укината со падот на тој систем и во новиот сиистем сите партии се новоформирани односно нема правен модус да бидат правни сукцесори на партии од поранешен систем. Wishful thinking.Сопственик не е никаков архитект, авторските права не се врзуваат со катастар и носител на правата е сопственикот на објектот, однонсо некогаш бил исплатен тој проект, нема логика да сега некој демонстрира удел во нешто што некогаш продал. Од авторот е очекувано и не го осудувам, кога го проектирал да мислел дека треба да биде поинаков ќе го испроектирл поинаку, сосема логична позиција е, иако не би требало да има причина да не се слага евентуално ако за нешто смета дека е професионално добро изработено од негов колега. Објектот како таков, е сега само резидуална вредност од "предходен" и почетен капитал во изведна на "нов" објект. Јасно им е на сите ова, само очекувате дека може би ќе упали како аргумент.Тоа со несечката конструкција е уште една панаѓурштина на тоа време исто како што се расправавме за мостот Гоце Делчев, непотребно испитување со методи кои само комплицираат обчини редовни зафати кои се нормални за сите објекти, само за по секоја цена да се имало разноликост и демонстрација на некоја "современост" дека имало способност за секакви методи, а сега ги сркаме плодовите кога неможеме ни прозори да смениме. Едноставно кажано, можело сосема да се изведе со ковенционални методи, намерно се одбирале вакви к кои сега создаваат компликацииОбјектот уште владата не го ставила на листа за барок, најголемите противници го ставивте. Чекајте да излезе конскурс, проект, после тоа ќе дискутираме. Јас сметам дека овој објект треба да остане модерен, но модерен за ова време, а не за седумдесетите. Очекувам најмалку нешто што се случи со ИК Банка дел од поранешниот НИП Нова Македонија. Урбанизмот на просторот, распоредот на објектите, просторот помеѓу нив, не одговара за барок. Освен ако не се втурнат во радикални проемни и доградба со пополнување на простор барем околу, да се остави некој атриум со неправилни форми за да однадво се добие впечаток на некоја палата, а од Кале тоа да личи на Будимпешта со некоја голема купола.
Дај затворете ја темава...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: OKA
Date Posted: 15-Nov-2011 at 14:49
Originally posted by mladen_s

...Мислам дека се сложуваме околу тоа дека објектот е сепак доволно вреден по различни основи...
Апсолутно се сложуваме. Објектов си има позитивна подлошка во секој поглед. Која, просто плаче за реинкарнација. Каква!? Човекот што би можел да одговори на ова, најверојатно би требало да поседува визионерски, ај да не речам, Steve Jobs, капацитети.
Искрено, песимист сум во таков бениген расплет на настаните. Никако не можам да се оттргнам од впечатокот дека прашањето "дајнештоданапрајмесообјектов" е лансирано токму сега, како класичен, многуупотреблив, дефокусирачки тизер, кој треба да го пополни моментумот - "изминаа првите 100 дена на владата", па дај, пукај од сите оружја, која од страните ќе успее да го завладее и задржи приматот на иницијативност и дишење во врат!
Оти, прозорциве и азбестов, не се проблем од денес. Можеби не биле многу свесни за тоа, ама проблем се од првиот ден кога ја вселиле!


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: gjoko
Date Posted: 15-Nov-2011 at 16:37
објектот е на тој што има поседовен(имотен) лист.се друго можи да се преиначи само со тужба,па кој не се согласува со тоа што го пишува во поседовниот лист слободно нека тужи,било тоа да е владата или некоја партија


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 15-Nov-2011 at 19:09
Прееска имав премногу работа, па немав време да реагирам на овие бљувотини што ги прочитав....
После неколку јавни и опомени по порака, пак сум принуден во ваков афрички стил и јас да реагирам, поточно во стилот на авторот на доленаведниот пост...и дајте ми BAN комотно! Што вреди да се пишува нешто корисно кога ќе се прочитаат вакви работи!? На крај краева за идеали е и за видена опиплива историја....а не е за продаден г** и измислена антика...

Originally posted by lslcrew

Зградава е на СДСМ колку што Вардар е од Миравци! Сукцесор е во нечии глави, правно не е. Дури ни Кина не е правен наследник на онаа Кина до пред втора светска војна. Јавниот впечаток не е правно мерило. Газда на зградата е Владата на Р.М. Вчера ако го помочавме суверенитетот на државава, денес и ова ли ќе го релативизираме?Има и закон за сопственост на имот, така да не е се така за да изгледа по желба.


Што се случува!? Во целава дискусија на Младен и Ока, само ти најде да се бавиш со сопственоста...владата, па владата (до К од владата)

Повеќе од очигледно е на што ти се обидуваш да глумиш газда...

И овој пост и оној другиот во темава не се мочање, туку е силно испосерување по целата свест и интелигенција на еден многу голем дел од твоите сограѓани (неантички) Македонци кои имаат оставено некакво наследство...
За делот во кој ги изразуваш твоите ставови околу авторските права на архитектот (за кои имаш истомисленици само во Уганда или Руанда) и како тој во целава ситуација може да одј**е, не ми се ни дискутира....само си го потврдуваш примитивизмот, кој го сееш наголемо и понатаму и не ти е срам за тоа (него не еднаш сум укажал на тоа, ама толку сфаќаш)...

За инжињерскиот дел, тој уште во старт е помножен по НУЛА, затоа што немаш ни претстава за што се работи, нити си стручен, а не ни покажуваш капацитет дека можеш да го разбереш...на крај краева се ложиш на бетонскине коцки облепени со гипсани елементи во споредба со кои ова е дел од светска архитектонска историја - што да се разговара повеќе за некакво инженерство...

За другото што го нафрла е само примитивна реакција на неоспорни факти која природно е да се јави кога нешто со сила ти е наметнато...ако мислиш дека овде треба да ти ја потврдиме патолошката реалност која некаде ти ја полнат главата(како и уште пофантастичното измислено минато), многу се лажеш...
Еве добро, ако ти е да се смириш - ЗГРАДАТА НЕ Е ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ НА СОЈУЗ НА КОМУНИСТИ НА МАКЕДОНИЈА...

Моја полна почит кон делот од модераторите што стварно покажуваат разбирање...можам да разберам еднаш-два пати, ама кога вакви п****ски провокации добиваат хроничен карактер, стварно го губам разбирањето и не ми се пишува конструктивно...слободно, бришете пост, бан, како сакате....

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: OKA
Date Posted: 15-Nov-2011 at 19:24
На свој начин и двајцата сте драгоцени за Билд. Толку Ви е тешко да се испочитувате, мајку му!?

-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Nov-2011 at 01:59
Кога седнав сега на форумов си реков дека нема да реплицирам ништо во нишкава уште пред да прочитам во интерес на враќање на тема и релаксирани односи. Доволно се објаснив во минатите постови. Ставот во однос на реконструкцијата, едниствената реченица он-топик која ја искажав беше дека најмалку што оечкувам е да имаме пример како што тоа се правеше со http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=162&PID=31075#31075 - ИК Банка , останотото беше принудна реакција на која неможе да се остане рамнодушен, во последниот твој пост ништо ново, а како што го почнав постот така и ќе го завршам, нема да реплицирам во интерес на онтопик дискусија и релаксирани односи на вакви прозивки.


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Nov-2011 at 02:17
Originally posted by lslcrew

Кога седнав сега на форумов си реков дека нема да реплицирам ништо во нишкава уште пред да прочитам во интерес на враќање на тема и релаксирани односи. Доволно се објаснив во минатите постови. Ставот во однос на реконструкцијата, едниствената реченица он-топик која ја искажав беше дека најмалку што оечкувам е да имаме пример како што тоа се правеше со http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=162&PID=31075#31075 - ИК Банка , останотото беше принудна реакција на која неможе да се остане рамнодушен, во последниот твој пост ништо ново, а како што го почнав постот така и ќе го завршам, нема да реплицирам во интерес на онтопик дискусија и релаксирани односи на вакви прозивки.
во врска со ИК Банка
ако мислиш на принципот на реконструкција, тогаш е ок...
се надевам не мислиш буквално на изгледот, кој е заостанат стил од осумдесетите...
извини, ти ги немам прочитано претходните постови внимателно


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Nov-2011 at 10:26
На кратко, дополнителна хајка против авторот или хистерија околу авторски права ќе биде отстранета, фокусирајте се на самиот проект и на евентуалните измени.


Коцките не треба да се фрлат

Таа градба требаше да биде во хармонија со духот на Скопје, дел од новото, но и - нешто понатаму.

Голем предизвик да се биде дел од авангардните урбанистички решенија на Кензо Танге

Димитар Чулев


„Можете да барате и симболика во шесте различни по големина коцки кои се поставени на посебен начин во комплексот покрај Вардар. Тоа беше време по земјотресот кога градот почна од ново да никнува на секоја стапка, коцка по коцка, камен по камен, кула по кула. Можеби така дојдов до идејата“ вели Патар Муличковски, автор на зградата на некогашната Це-Ка во која од 1996 е сместенa Владата на Македонија. 

„Кога објектот беше завршен во 1970 година, одделните градби кои чинат еден проект беа наречени ’кристални кули‘. Застаклени тие ја рефлектираа дневната светлина наоколу, навечер осветлени му даваа единствен лик на десната страна од градот“. 

Објектот кој веќе 41 година е препознатлив објект на Скопје минатата недела се најде во фокусот на јавноста по најавите од Владата дека треба да претрпи промени на фасадата. Авторот Муличковски се спротивстави на било какви интервенции. 

„Ми кажаа дека имаат намера да ја сменат фасадата зашто имала недостатоци, но не посочија никакви аргументи. Побараа од мене проектна задача, но не ми кажаа што ќе биде во содржината. Ќе се нафатам само ако мене ми ја доверат работата, не да се оди на конкурс, оти на конкурс ќе се јават разни мешетари, ќе одлучува слабо, а може и поткупено жири. Затоа, јас се повикувам на моите авторски права и без моја согласност нема да дозволам ништо да се интервенира“, изјави за изданието од вторникот на „Утрински“ Муличковски. 

Тој тврди, а скопјани ќе потврдат дека проектот во изминатите години стана препознатлив белег на градот по својата тогашна авангардност, но и по својот модерен изглед денес, 41 година подоцна. Муличковски се согласува со нашата дилема дали менување на надворешниот изглед наликува на обид да се „пребои“ слика на Никола Мартиновски, на пример. 

Тоа беше проект инспириран во тоа време и архитектонски одраз на тоа време. Разговараме во неговиот двособен стан во „зелените згради“ на „Рузвелтова“. Трпеливо објаснува дека „објектот требаше да се вклопи во изгледот на новото Скопје кое растеше како град на светската солидарност во кој, одеднаш, на мал простор се судрија стилови. Кога бил објавен конкурсот за изградба на објект на Це-Ка, секој поупатен во архитектурата морал да води сметка за перспективите и насоките во кои ќе се развива архитектурата на градот. Имаше тука и фински бараки и руски згради и романска поликлиника и бугарска Универзална. За Муличковски било предизвик да се води сметка за сето ова споено со авангардните урбанистички решенија на Кензо Танге. „Таа градба требаше да биде во хармонија со духот на Скопје, дел од новото, но и – нешто понатаму“, вели Муличковски. И успеа.

„Никогаш не сум прифатил изработка на проект ако не ја знам локацијата“ ни вели и нагласува дека локацијата „Кале во заднината, Вардар кој тече и депресијата (вдлабнувањето) која остана по уривањето на Женската гимназија“ го плениле. Идејното решение на она за што ќе добие прва награда со право на изведба (врв на исполнувањето на соништата на секој архитект) го правел во родниот Прилеп. 

„Помнам, беше топло лето, јас како и моите студенти бевме на летна ферија... Во семејната куќа, на едно масиче не многу поголемо од ’наткасна‘ ги направив основите, пресекот и статистиката на објектот. Огромната дупка на локацијата беше предизвик да се пополни со реална архитектура. Замислив подземни гаражи и простории и го кренав платото на идниот објект да доминира над околината. Но, не и да биде отуѓен. Клупи наместо ограда беше моето идејно решение на новата градба“. 

Технички, објектот за тогашните услови на поземјотресно Скопје е неверојатно дрзок проект: „Замислете рингишпил, горна конзола и корпи (за луѓе кои висат)“, објаснува Муличковски. „Овде е исто само што средниот носечки столб на секоја кула е искористен за простор во кој се сместени скалилата и тоалетите, а од горната конструкција висат бетонските плочи над кои се просториите кои се поместени кон четирите надворешни страни“. Ни открива мала тајна: дури по консултациите со професор Чекмеџи, архитект и сеизмичар од Романија, се одлучил на оваа градба која со својата еластичност, како рингишпил, може да го амортизира ударот на секој земјотрес. 

„Секој обид сега да се оптовари објектот со нова фасада е апсурден“, вели и тврди дека дополнително надградените лифтови ја доведуваат под знак прашање статиката и асеизмичноста. 

„И така се вратив од Прилеп, аплицирав за конкурсот и на мојата Вера на шега и реков ’коцката е фрлена‘ иако, потајно очекував, да бидам избран“. Сопругата Вера, која заради поддршка на сопругот се откажа од професионалниот ангажман на Природно-математичкиот факултет, го следи повеќе од половина век - од студентски денови до денес. Професорот вели дека тој отсекогаш имал „своја Вера“ во архитектурата. 

Од Прилеп, во 1948 тргнал во Љубљана каде сакал да се запише на архитектура. Но, по една условно речено изгубена година на градежниот факултет, успеал да се префрли. И тоа како стипендист. Се запишал во класата-ателјето на респектираниот професор Едо Равникар. „Многу научив од него“ ни вели, но бргу ми се налути. Имено, студентот од Прилеп кого не го викале на забавите на поимотните студенти во љубљанскиот култен хотел „Слон“ успеал да добие дури три награди од архитектура: прво, за проект на школа за градежници со интернат, втора, за решение на центарот на Љубљана и трета за уредување на плоштадот на тогашниот Титоград, главниот град на Црна Гора. „Јас бев на фудбалски натпревар Англија - Словенија кога новинари преку разглас ме побараа да дадам изјава за добивањето на тој проект. Беше фантастично, но тогаш Равникар ми се налути – тој конкурирал.

По десетте години во Љубљана Муличковски накусо се враќа во Македонија. Набргу оди на студиски престој во универзитетите „Харвард“, „Илиноис“, „Бостон“. Шест месеци бил дел од тимот кој го изработувал урбанистичкото решение за брегот на Сан Франциско. 

Искуствата ги вметнува во проектот за Це-Ка, кој веднаш бил прифатен од жири на осуммина архитекти како Данило Фирст и Урлих Антун од тогашна Југославија, но и од политичкото раководство на партијата - Крсте Црвенковски и Томе Буклевски дадоа виза за проектот. 

„Тито ми праша: па како можевте да направите толку убаво нешто? А, тој барем беше шетан“.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7374E3B2C9DF0741A015F712E5A70B39 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7374E3B2C9DF0741A015F712E5A70B39


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Nov-2011 at 10:32
Според мене, ова е еден од ретките објекти кои иако изградени пред толку време и ден денеска изгледаат актуелно. Иако сум генерално фан на постземјотресно Скопје, овој проект би го издвоил пред комплексот на Телеком или зградата на МТВ на пример.

Секоја интервенција која би го изменила изгледот на објектот би била криминална според мене. Рекструкција верувам дека треба да се прави, сепак поминале 40+ години од изградбата, но изгледот треба да остане идентичен.

Мини криминал веќе беше изведен со доградбата на лифтовите, кое го имаме евидентирано овдека на форумот и кое авторот исто така го спомнува. За среќа, сепак овие интервенции не се премногу забележителни и не го нарушуваат генералниот впечаток.

Во врска со пазарната логика за оваа парцела, комплетно сум на линија со Младен, дека не секогаш максималната искористенот на парцелите се совпаѓа со економската оправданост. Овдека едноставно нема простор за мегаломанштина, воопшто не се зема во предвид дека во околината се наоѓа и Кале (на што би личела осум катница на ова место да изблокира се...).


Posted By: alexgizh
Date Posted: 18-Nov-2011 at 15:17
Мала дигресија:

"Можете да барате и симболика во шесте различни по големина коцки..."

Фино, освен тоа што се седум Ме чуди како авторот не си го познава делото?


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: antiuser
Date Posted: 18-Nov-2011 at 15:23
Редно време ,друго е тоа што е владин објект и поранешен ЦК на КПМ ..ама објектчево дефинитивно е грдо и треба да се смени нешто ,


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Nov-2011 at 16:45
Јас генерално сум сосема отворен за такви модификации на објекти како лифотви, за тие и воопшто не прашувам. Улогата на еден објекти сепак е да врши функција некаква и таа функција неможе да остане иста неколку децении и мора да има некакви модификации. Главната улога сепак не е да изгледа, туку да заврши работа. Тука сме ние форум на кои што претежно се присутни овие архитектонските мисли, ама некогаш и добивам впечаток дека од аспект на архитект, еден објект сосема различно изгледа за разлика од аспектот на оној кој треба секојдневно да се служи со тој објект. И сега некако "себично" изгледа ова барање корисниците да се откажуваат од дополнителен комфорт или дополнителна функционалност само за да објектот остане непроменет. За естетиката можеме да дебатираме, но функцијата мора да се задоволи и тука моите симпатии комлетно натежнуваат кон корисницте на објектите, особено ако има негодувања дека тоа го нарушувало изгледот. (Истиот овој став го држев и за Уранија во Охрид, за да нема сеење магла дека сега нешто има врска коментаров со тоа дека се работи за Владата.) Не е толку ерес ако се вршат модификации во изгледот дали од функционален или естетски аспект. Затоа и примерот со ИК банка го дадов за да видите колку тој страв од реконструкција е неоправдан, еве ја Тетовската болница како уште еден позитивен пример. Пологично би било реакцијата да биде во некаква форма на отворена понуда за соработка до корисниците на објекти по сите прашање од функционален до исклучиво естетски момент, одколку да се дочекува така со негодување веста што е вака прилично конзервативен став со неоправдана доза на ствар и скептицизам.

А објектов доле во приземјето изгледе на онои кулите во Триполи Либија, Тат Ел Емад. Мислам на тој методот на подкрената коцка.



Posted By: MGS
Date Posted: 18-Nov-2011 at 19:48
Па прашање на време беше кога зградата на Владата ќе влезе во новиот барокно-класицизам изглед на Скопје.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Nov-2011 at 22:14
Originally posted by antiuser

Редно време ,друго е тоа што е владин објект и поранешен ЦК на КПМ ..ама објектчево дефинитивно е грдо и треба да се смени нешто ,


Како и секогаш, издашен коментар кој суштински придонесува кон квалитетот на дискусијата...


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Nov-2011 at 22:20
@lsl... не е спорно дека лифт можеби требало, но верувам дека инсталацијата можела да се направи и без објектот да добие екстериерни издатоци.

во врска со твојот пример за ИК банка... Ако јас се прашувам, старата Нова Македонија повеќе ми се допаѓа од она што излезе ИК банка, и една темелна реконструкција по стариот стил ќе беше подобра за мој вкус.

Сепак, не би спорел дека ова што е изведено е една коректна реконструкција, всушност коректност кон постоечките дела клучното нешто на што се надевам, инаку е јасно дека објектите со текот на времето си бараат реконструкции и одржување.

Како добра реконструкција би го издвоил примерот на градска болница во Скопје.


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 18-Nov-2011 at 23:02
авторот, Петар Муличковски, колку што сум запознат, бил авангарда и небаре дисидент во своето време на делување. Иако објектот временски припаѓа на владењето на ЦК СКМ КПЈ и по Тито - Тита...тој воопшто не е плод на таков дух и манир. Според мене, било каква „лушпеста“ реконструкција на овој објект мора да се изведе мнооогу внимателно и минималистички, бидејќи тој веќе е заживеан со самото опкружување, т.е. со прифатлив баланс помеѓу отвореноста кон околината и личниот карактер кој го носи. Еден од ретките објекти-комплекси кај нас, кои што повеќе ги гледам - повеќе ми се допаѓаат. Да, апсолутно сум за да се консултира и авторот, не да монополизира, туку да ги насочи помладите колеги во неизбежната интервенција.

-------------
.....   .......


Posted By: antiuser
Date Posted: 19-Nov-2011 at 01:34
Originally posted by pbanks

Originally posted by antiuser

Редно време ,друго е тоа што е владин објект и поранешен ЦК на КПМ ..ама објектчево дефинитивно е грдо и треба да се смени нешто ,


Како и секогаш, издашен коментар кој суштински придонесува кон квалитетот на дискусијата...


офф топик

Види брат, ја не сум архитект, а и немам бог знае какви познавања од архитектура за да пишувам долги реферати , романи како што тоа го правиш ти или забеган на пример.. ја си кажувам кратко и јасно,што мислам,дали ми се допаѓа нешто или не..е сега ако форумов е само за архитекти,ја ондак се извинувам и ќе се тргнам од него,па вие архитектите (демек) слободно си дискутирајте..а  ако е ова демократски форум,кадесекој може да каже барем и 2 збора, тогаш ваквиот мој коментар нема потреба ни да го коментираш..


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 19-Nov-2011 at 02:28

Ни јас ни пбанкс ниту пак забеган сме архитекти, како и многу други на форумот, па си имаме некои мислења и ставови за одредени теми. 

Мислам дека би можел и ти да се потрудиш околу тоа... иако никој не те ни тера сосила.



Posted By: vladegf
Date Posted: 19-Nov-2011 at 08:54
Мене искрено ми се свиѓа најмногу ако овие 5-6 "коцки" од зградата на владата ги направат со целосна  стаклена фасада, нешто слично како Ушче кулата во Белград  (иако тој објект е доминантен во просторот), никако не се слагам да биде во Барок стил или пак со стаклена фасада ама онаа од типот на објектине покрај автопатот накај ГостиварOhno (бензиски и сл)




Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Nov-2011 at 11:30
Originally posted by antiuser


офф топик

Види брат, ја не сум архитект, а и немам бог знае какви познавања од архитектура за да пишувам долги реферати , романи како што тоа го правиш ти или забеган на пример.. ја си кажувам кратко и јасно,што мислам,дали ми се допаѓа нешто или не..е сега ако форумов е само за архитекти,ја ондак се извинувам и ќе се тргнам од него,па вие архитектите (демек) слободно си дискутирајте..а  ако е ова демократски форум,кадесекој може да каже барем и 2 збора, тогаш ваквиот мој коментар нема потреба ни да го коментираш..


фосил веќе ти одговорил. доста ја мешате таа демократија кај стигнете. Поентата е дека сите ние доаѓаме на еден ваков форум квалитетно да се информираме и научиме нешто на темите. Ако повеќето од коментарите имаат содржајност на едно "Like" копче, која е тогаш поентата? Никој не ти вика да станеш експерт преку ноќ, но обиди се да дадеш подетална елаборација на твоите ставови, дај да размениме малку мислења и идеи а не само да навиваме.

мислам дека ми е јасна поентата, да прекратиме со офтопикот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Nov-2011 at 00:46
Originally posted by lslcrew

Улогата на еден објекти сепак е да врши функција некаква и таа функција неможе да остане иста неколку децении и мора да има некакви модификации. Главната улога сепак не е да изгледа, туку да заврши работа.
Ова нели е дијаметрално спротивен став од муабетите за (според тебе) бездушната современа архитектура, наспроти симпатиите кои ги имаш за Ск2014, а таму токму поради „глазурата“ (добра или лоша, за кого како, сеедно...) во безброј случаи настрадаа еден куп најелементарни работи.

Не сакам да го разбереш овој пост како закачка, ако навистина се работи за промена на ставот нема ништо лошо во тоа, баш напротив, лошо е кога ставовите ни се зацементирани по секоја цена.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2011 at 02:43
Па ова и се однесуваше на финеси кога се инсистира на буквално задржување на изгледот макар тоа колку и да чинела цената.

Еднаш порано изнесов став и пак ќе го изнесам, ништо не ме прави приврзаник на стил, Македонија оддамна требаше да го добие државничкиот кварт и Скопје 2014 е тоа. Да беше модерен ќе го поддржев и тогаш, сега е таков каков што е.

Коментарот е делумно изваден од контекст поради тоа што имаше инсистирање дека на постоечки објект е ерес да се интервенира во изгледот, наспроти тоа што мене ми е прифатливо како опција дека и дизајни што отспапуваат од оригиналниот дизајн може да се применуваат на реконструкции. Утре може и на Скопје 2014 објектите некој некогаш да интервенира кога ќе има потреба од тоа, и тогаш нема да биде ерес. И друга работа, објектит од Скопје 2014 создваат огромна корисна површина и паркинг простор и никогаш во Скопје 2014 севкупно земено зигледот не бил единствениот мотив со кој се влезе во таков обемен проект, иако и таа жичка е второстепена (да второстепена, зашто никој не ги брои останатите бенефити, се дебатира за тоа што се гледа од надвор, а тоа се фасадите) присутна за воља на вистината, но не е единствената, што малку се коси со ова како да го кажам исклучиво толкување на мојот пост. Како да јас реков дека изгледот не е битен и сега треба да се вратиме на соц-реализмот кога на Скопје очајно му требало станбен и деловен простор на велико заради низа случувања од земјотрес, индустријализација, вјната во егејска и слично, пи не ни можело да се мисли на естетика. Битна е како не е битна, но на објект особено од модернизмот кој ме менува со години што значи тоа актуелно, за разлика од класиката која со векови е иста, стварно естетиката и не е домен за кој вреди да се истури куп пари, но да се задржи.


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 21-Nov-2011 at 10:42
Мое мислење е дека треба да се остане верен на тоа како изгледа сега владата, со можност да се искористат посовремени матерјали во самиот процес што ќе дадат свежина на објектот.

Мене лично не ми се допаѓа како изгледа владата (зборувам за бои, вид на прозорци, лимени елементи) и мислам дека веќе и е поминат векот така да изгледа. Сепак, останувам на тоа да се задржи што е можно повеќе од оргиналноста на објектот, да се има некаков континуитет.

А да ставиме едно гласање со опции.
1) Реставрација верна на изгледот и матерјалите.
2) Реставрација верна на изгледот со видливи современи матерјали.
3) Целосен редизајн во терк со современата архитектура.
4) Целосен редизајн што ќе се соодвестува на другите објекти во Скопје 2014
5) Друго (образложи)

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: fichot
Date Posted: 21-Nov-2011 at 12:10
Јас би одел на 2. Ама ова треба ептен профи да се изведе, да не излезе ко Аркадија или Корнер после тоа.

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2011 at 14:16
Интересни ти се одговориве, јас би гласал 2 или евентуално 3 не сум се одлучил зависи колку современите матерјали сами по себе значат редизајн.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2011 at 05:47
Вметната е анкета, повелете гласајте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2011 at 15:05
Иако како што наведов погоре дилемата ми е помеѓу два и три, сепак во проектот се влага со почетен градежен капитал постоечки објект и проект за де факто "нов објект", и разликата помеѓу два и три е во обемноста на проектот, дали е обично реновирање или реконструкција. Сепак ја кликнав двојката за да и се покаже на оваа јавност дека објект кој претендираме и сакаме да биде и остане модерен мора и модерно да се пристапува кон него и пред се за да видиме како се другше поубаво и посовремено може да изгледа. Ако ништо друго нека биде и терен за идеи од архитекти.


Posted By: N23
Date Posted: 24-Nov-2011 at 15:12
Баш ме интересира што ги навело луѓево да гласаат за 1?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2011 at 16:56
Originally posted by lslcrew

Сепак ја кликнав двојката за да и се покаже на оваа јавност дека објект кој претендираме и сакаме да биде и остане модерен мора и модерно да се пристапува кон него и пред се за да видиме како се другше поубаво и посовремено може да изгледа. Ако ништо друго нека биде и терен за идеи од архитекти.
If it ain't broken, don't fix it!

Објектот е современ, маркантен и сосема соодветен за намената и за локацијата. Одржување и повремено реновирање со современи материјали е една работа, а „редизајнирање“ нешто сосема девето. Исто така терен за архитектите ако нема доволно (а сите знаеме каде е вината за тоа), не дошла нужда баш преку овој објект да го обезбедуваме тој терен.

Лично јас мислам дека дека зајакот лежи на друго место. Ск2014 воспостави човечка инфраструктура за глатко спроведување на нечии бизнис интереси преку вакви проекти. Луѓето се распоредени, каналите се воспоставени, фирмите се тие истите и се вртат во круг, машинеријата само треба да се храни... па ако треба и ќе се измислуваат проекти, а дури не мора да бидат ни „барок“  LOL
Не сум наивен идеалист, јасно ми е дека такви матни шеми на големо функционираат насекаде на планетава и се особено изразени кога се во прашање крупни градежни работи финансирани со државни пари... така да тешко дека во Македонија можеме да очекуваме нешто подобро од тој аспект и со тоа сум прилично помирен. Но никако не можам да се помирам со тоа што тие крупни бизнис интереси не се остваруваат преку реализација на вистински големи инфраструктурни проекти (се разбира без импровизации) кои ќе донесат долгорочен благодет за економијата и за граѓаните воопшто, туку се остваруваат преку „градежни тортијади“.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2011 at 17:09
Кловер колку и да е за Скопје 2014 префериран одреден стил, фер е да се каже дека конкурси за сите имаше, а не видовме ни еден друг проект освен за Финансиска полиција, музејот на Македонска борба и за градска куќа којшто и беше од пред тоа, камо ли нешто за пошироко подрачје. Сега ако рече човек да има редизајн за да видиме како се може современо да изгледа тој објект, пак не чини, епа.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2011 at 17:25
Originally posted by lslcrew

Кловер колку и да е за Скопје 2014 префериран одреден стил, фер е да се каже дека конкурси за сите имаше, а не видовме ни еден друг проект освен за Финансиска полиција, музејот на Македонска борба и за градска куќа којшто и беше од пред тоа, камо ли нешто за пошироко подрачје. Сега ако рече човек да има редизајн за да видиме како се може современо да изгледа тој објект, пак не чини, епа.


Епа...  Roll%20eyes

Конкурси имало... Види ги критериумите за конкурсите (кога веќе не може да ги видиме составите на комисиите) и види ги резултатите од тие конкурси. Има ли потреба ова да го разглабаме понатака?

А сега простор за современа архитектура викаш ќе сме обезбеделе со „редизајн“ на веќе постоечки современ објект. За да сме виделе како можел современо да изгледа тој објект. Мислам дај... Плус тоа нели проблемот беше што прозорите не им дихтуваа? Велиш дека лажат за мотивите?

Епа не чини бе лсл, пак не чини, што друго да се каже. И од свемир се гледа дека ептен не чини ова што не снајде. Најтрагично е што некои во ова лудило очигледно попатно ги изгубија и елементарните критериуми, па не гледаат дека не чини состојбава.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2011 at 18:40
А ова демек сега ќе ме тестираш што ќе кажам за мотивите. Се фолираат Кловер, се фолираат, дихтувањето на прозорците може да биде една од редицата причини, исто како киријата за треторазредни иснтитуции, како водовод за кој зборевме дека не заслужува таков репрезентативен објект. Уверливи не се и нема да бидат со вакви изговори и јас да сум на нивно место нема да ја потценувам јавноста со вакви изјави, отворено ќе кажам зашто.

Од друга страна, Што треба да чекаме да протече кровот за да воопшто се пристапи кон некаква интервенција. Ем требало објектите да се оддржуваат редовно, ама ем If it ain't broken, don't fix it! Епа сега?! Елементарен критериум?

Објект што бил современ пред четири децении денеска не е. Модерната архитектура нема ништо во нејзе што може да се нарече класично дури и за самата себе, нема нешто што е клсично во модерното, како да го кажам, макар и за во рамки на современата. Класика со вековен распон е класика, современа со годишен распон е сосема различна. Од тука извира потребата современиот објект да се оддржува современ, ако сакаме да ни остане како таков.

Сите позитивно сме изнанадени од тековни реконструкции на неколку објекти од тој период, зашто да не бидеме и со владата?


Posted By: makonix
Date Posted: 25-Nov-2011 at 00:20
Најголем проблем ми е за Скопје што модерната архитектура е просечна, не инвентивна и непривлечна на око. Па зградава има еден обичен конзервативен изглед со многу мал аспект на текстура и дизајн.
Нашиве архитекти може егото им е до небо (по коментариве на форумов тоа е далеку од јасно) ама немаат ниту 1 процент инвентивност и храброст да протуркаат како она преставено од Santiago Calatrava или пак Frank Gehry.

Кога ќе видам рендери од типот на Santiago Calatrava или пак Frank Gehry тогаш ќе симнам капа до тогаш модерната архитектура во Скопје ќе биде на ниво на градинка каде деца си играат со лего коцки.

Зградата е на Република Македонија. Владата е сместена таму. Влада која што е доста негативно настроена кон се што се гледа како комунистичко наследство, и како таква настојува барем нејзините официјални објекти да ја преставуваат западната демократија во конзервативен европски стил, а притоа да се избришат симболите на тогашната комунистичка влада со нејзините симболи, како што е манијата да се градат згради во пост модернистички стил Интернацинализам.

Дали оваа зграда денеска преставува ремек дело во центарот на градот и монзинството скопјани и македонци се идентификуваат со неа, туристи ја сликаат, и архитекти зборат за неа нон стоп, НЕ.

Ако веќе имаме избор за гласање би додал и уште еден избор, реконструкција на зградава од страна на врвни светски архитекти, без емоции, туку нешто иновативно што се вклопува со позадината како кале и што ќе се гордее цела држава не само на избрани љубители на коцка коцка коцкица клуб.


Posted By: gjoko
Date Posted: 25-Nov-2011 at 00:25
кратко изгуглав за двајцата архитекти кои ги спомена мак,и колку првиот ме воодушеви,толку вториот ме разочара барем според мој вкус


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Nov-2011 at 00:42
Originally posted by makonix

Ако веќе имаме избор за гласање би додал и уште еден избор, реконструкција на зградава од страна на врвни светски архитекти, без емоции, туку нешто иновативно што се вклопува со позадината како кале и што ќе се гордее цела држава не само на избрани љубители на коцка коцка коцкица клуб.

Убав предлог и тоа не само да се вклучи во анкетава, туку и навистина да се случи. Едноставно во моментов многу лабаво стоиме со добри репери на тоа поле. Проблемот е во тоа што таков пристап не се наметна уште одамна, особено во моментот кога паднала одлуката за државна градежна офанзива во центарот на Скопје. Сега можеме само да жалиме за пропуштеното. Во секој случај од некаде треба да се почне.


Posted By: makonix
Date Posted: 25-Nov-2011 at 01:38
Originally posted by gjoko

кратко изгуглав за двајцата архитекти кои ги спомена мак,и колку првиот ме воодушеви,толку вториот ме разочара барем според мој вкус


ги поставив како пример на врвна архитектура во светски рамки, стилот на вториот е поагресвиен, но демократски е да се претстават различни визии за да може да се има еден посолиден избор


Posted By: tomi_z
Date Posted: 25-Nov-2011 at 01:52
Originally posted by lslcrew

Кловер колку и да е за Скопје 2014 префериран одреден стил, фер е да се каже дека конкурси за сите имаше...


Не се белким сериозен за конкурсите? И малите деца знаат какви беа тие конкурси, какви критериуми имаа. „Се беше законски и транспарентно“, омилената реплика за Скопје 2014. Ајде сега пак да ја вергламе и за оваа зграда.

Нели, нека понудат архитектите решение? А што би понудил било кој, кој има намера да ја добие работата? Колкави му се шансите со барок, а колкави со модерна?

Јас лично сум за реновирање, ама аман, нека не е барок или нео-класицизам. Веќе ми се Puke Дајте нешто различно!


-------------


Posted By: makonix
Date Posted: 25-Nov-2011 at 01:58
зграда на влада мора да биде нешто што ќе има една вечна убавина, сепак се работи за еден од најпреставителните објекти на една држава, просечен модерен објект или пак копија на просечна барокан зграда од Париз не иде у предвид.

Стилот не ми е битен, ама објектот мора да биде уникатен и да ја преставува МК, не последниот тренд во 2011


Posted By: fichot
Date Posted: 25-Nov-2011 at 14:33
makonix: зграда на влада мора да биде нешто што ќе има една вечна убавина, сепак се работи за еден од најпреставителните објекти на една држава, просечен модерен објект или пак копија на просечна барокан зграда од Париз не иде у предвид. Стилот не ми е битен, ама објектот мора да биде уникатен и да ја преставува МК, не последниот тренд во 2011

Значи овој објект што е сега е сосем ок. Уникатен е, т.е. барем јас немам видено влада на друга држава сместена во нешто слично (грото се сместени во некакви просечни неокласични палати). И, ја претставува МК, т.е. повеќе пати е објаснувано како формата води потекло од традиционалните охридски куќи... а не e ни последен тренд.

edit: демет, нова страна. ај нек оди изворо во италик.

-------------


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 27-Nov-2011 at 12:06
Само колку за пример за држава (Германија) во која владата е сместена во модерна зграда.





Posted By: Zoc
Date Posted: 27-Nov-2011 at 19:03
Баш е грд објектов


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Nov-2011 at 19:07
модерен-без душа


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 27-Nov-2011 at 21:32
Владава во Германија ми личи на фабрика.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 27-Nov-2011 at 22:26
Originally posted by gjoko

модерен-без душа

 
Па такви се Германците, буквално како роботи, без душа.
 
Originally posted by HugoGoulding

Владава во Германија ми личи на фабрика.

 
Не знам, на мене повеќе ми личи на трговски и деловен центар, нешто како комбинација од Мавровка и Соравија.


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Nov-2011 at 23:54
еднаш сум бил во Нирнберг,и таму има објекти со душа,како катедралата на плоштад,тврдинта на калето и многу други,а да не зборувам а останатите градови


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 28-Nov-2011 at 00:04
Луѓе што ви е? Мислам после вакви коментари навистина не останува ништо попаметно да се праша...

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Nov-2011 at 00:16
па зградава нема никаква концепција ни лепота,ништо,само што е `модерна` и ништо повеќе


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 28-Nov-2011 at 00:28
А што ти/ние знаеме каква е нејзината концепција, функционалност и што стои во позадина и овозможува оваа зграда да си ја врши намената за која е изградена? Мислам ајде престанете со душава, згради не се градат заради душа. Плус тоа е чисто субјективно, но денешниот развиен свет умее да види и преку *душата*.

Ај миракулус нека даде некој линк за да видам уште некои слики и информации околу зградава!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Nov-2011 at 00:47
One of Berlin's newest government buildings, the Bundeskanzleramt is a striking modern building, constrasting with nearby historic landmarks..
Designing the Chancellery Building
The modern 
Bundeskanzleramt,%20Berlin
Chancellery Building
Expressionist-style Bundeskanzleramt is one of a complex of buildings situated around the http://www.aviewoncities.com/berlin/reichstag.htm - Reichstag , the seat of the German Parliament, built to house government institutions following the relocation of the German capital from Bonn to Berlin between 1991 and 1999.

In 1994, German architects Axel Schultes and Charlotte Frank won a government-sponsored contest which granted them the privilege of designing the new chancellery. Then-Chancellor Kohl took a keen interest in their design and was said to have kept a close eye on the plans.

About the Design
The%20Bundeskanzlerambt%20seen%20from%20the%20Reichstag
Chancellery seen from the  http://www.aviewoncities.com/berlin/reichstag.htm - Reichstag
Completed in 2001, the core building and the north and south administrative wings of the Bundeskanzleramt form three sides of a ceremonial courtyard.

Costing more than 230 million euro, the chancellery building stands 9 stories high in the center (the executive building) and the wings are each 5 stories high. The tallest point measures about 36 meters (118 feet).

The design of the building has been referred to by some as Oriental in style. A series of free-standing white columns frame the entrance, with huge pear trees growing atop some of them. The underside of the white concrete roof is curved and a unique 
Bundeskanzleramt%20seen%20from%20across%20the%20Spree%20River
View from across the Spree
tensioned awning is situated over the entrance.

Windows are everywhere, giving the inside a bright, airy feeling. A sweeping interior circular staircase, the centerpiece of a three-story promenade, leads to banquet rooms, conference areas, and the Chancellor's office.

Unfortunately, due to security measures, only politicians and government employees are allowed inside the Bundeskanzleramt. Visitors must be content with snapping photos of the attractive structure from the outside.

http://www.aviewoncities.com/berlin/bundeskanzleramt.htm - http://www.aviewoncities.com/berlin/bundeskanzleramt.htm


Posted By: makonix
Date Posted: 28-Nov-2011 at 00:48
Originally posted by Andrej_LJ

Мислам ајде престанете со душава, згради не се градат заради душа.


Кој тоа кажува? Луѓето си имаат право да си кажуваат како ја чуствуваат архитектурата. Емоционалното доживување на просторот е норма а не исклучок. Ако тоа некои не го сфатиле досега тогаш стварно нема простор во еден форум за архитектура за вакви бездушни коментари.

И најпознатите архитекти градат за своја душа, па не е се во парите и функционалноста. Ај без дигање тензии.



Posted By: makonix
Date Posted: 28-Nov-2011 at 00:54
денешниот развиен свет умее да види и преку *душата*.


Тој развиен свет во мнозинството од случаите го интересира само како да изгради објекти од кои ке се добие најголем профит со минимален трошок. Комерцијалниот минимализам стана одамна параван за да се градат генерички згради а притоа инвестотрите да платат минимум пари, има и вредни исклучоци се разбира.





Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 28-Nov-2011 at 00:55
Originally posted by makonix

Originally posted by Andrej_LJ

Мислам ајде престанете со душава, згради не се градат заради душа.


Кој тоа кажува? Луѓето си имаат право да си кажуваат како ја чуствуваат архитектурата. Емоционалното доживување на просторот е норма а не исклучок. Ако тоа некои не го сфатиле досега тогаш стварно нема простор во еден форум за архитектура за вакви бездушни коментари.

И најпознатите архитекти градат за своја душа, па не е се во парите и функционалноста. Ај без дигање тензии.



Big%20smile
Смешен си Bonk

И сега сите се запаливме за тоа како изгледа германската влада. Само што пред да се постираат информации треба да се отворат очи, не да се објавуваат недостоверни информации. Ова не е никаква зграда на владата, туку седиште на службата на Канцеларот. Од Уики:

The German Chancellery ( http://en.wikipedia.org/wiki/German_language - German : Bundeskanzleramt) is a http://en.wikipedia.org/wiki/Federal_agency_%28Germany%29 - federal agency serving the executive office of the http://en.wikipedia.org/wiki/Chancellor_of_Germany - Chancellor , the head of the http://en.wikipedia.org/wiki/Germany - German http://en.wikipedia.org/wiki/Government_of_Germany - federal government . The chief of the Chancellery (Chef des Bundeskanzleramtes) holds the rank of either a http://en.wikipedia.org/wiki/Secretary_of_State - Secretary of State (Staatssekretär) or a Federal Minister (Bundesminister). The agency's primary function is to assist the Chancellor in coordinating the activities of the Federal Government. The current chief of the Chancellery is Minister http://en.wikipedia.org/wiki/Ronald_Pofalla - Ronald Pofalla .

Bundeskanzleramt is also the name of the building in http://en.wikipedia.org/wiki/Berlin - Berlin that houses the personal offices of the Chancellor and the Chancellery staff.




-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Nov-2011 at 01:04
ако е до нас(мене) ОК,ама јас гарантирам ако имало некаква анкета во Германија дека на повеќето граѓани не им се свиѓал проектот.толку јака држава можела и подобро да го направи


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 28-Nov-2011 at 11:47
Originally posted by gjoko

ако е до нас(мене) ОК,ама јас гарантирам ако имало некаква анкета во Германија дека на повеќето граѓани не им се свиѓал проектот.толку јака држава можела и подобро да го направи


Проектот на граѓаните и се допаѓал и им се допаѓа, бидејќи е дел од масивен комплекс, каде не само оваа зграда туку и многу други во Берлин се монументално големи, и покрај тоа се изградени на таков начин за тие што се внатре да се чувствуваат најпријатно а иствремено целата зграда да е што е можно поекономична за одржување односно поеколошка, што на германците им е од најголемо значење.
Од германската Wikipedia има подетални информации за енергетската ефикасност, на пример: Зградата прави заштеда во процесот на греење од 2040 киловати, заштеда во процесотр на разладување од 660 киловати и намалена потрошена енергија при приклучоци со електрична енергија од 220 киловати. Со дадените мерки зградата заштедува годишно 1400 тони СО2 испуштени во атмосферата.

Инаку еве го контекстот во кој се наоѓа оваа зграда:


Значи е во иста оска со дел од комплексот на бундестагот, карши Рајхстагот со модерната купола, од другата страна на реката е главната железничка, позади оваа зграда е куќата на културите на светот од Hugh Asher Stubbins Jr. , подоле на сликата е бранденбуршката капија до која се наоѓа американската амбасада веднаш до зградата (китот) од Frank Gehry 


Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Dec-2011 at 20:25
Originally posted by vladegf

Мене искрено ми се свиѓа најмногу ако овие 5-6 "коцки" од зградата на владата ги направат со целосна  стаклена фасада, нешто слично како Ушче кулата во Белград  (иако тој објект е доминантен во просторот), никако не се слагам да биде во Барок стил или пак со стаклена фасада ама онаа од типот на објектине покрај автопатот накај ГостиварOhno (бензиски и сл)


па кога ќе се спомне менување на фасада, мене најчесто вакви примери ми доаѓаат на памет, се задржува до некаде дизајнот на објектот, ама добива модерен лик

затоа, што се однесува до предлозите на mac3donian се мислам меѓу 2 и 3


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Dec-2011 at 20:39
офтопик : кога веќе ќе се престане со генеричкиве муабети за ликови и души на некој објект и тоа колку му се допаѓал на некого или не и на што ви асоцирал објектот???
милион пати да ви ги објаснува овие работи човек, милион пати нема да ги разберете...

и меѓудругото, ептен нашава нација е напната со тоа колку репрезентативен ни бил некој објект... верувјте, објектов посочен од Германија, прашање е дали го знае и половина од германското население, а камо па да се замара со мислење околу него...

и кога се гради објект, треба да е урбанистики осмислен, иновативен и ефективно да служи за својата намена, се друго си доаѓа автоматски само по себе... а не ние, почнуваме од репрезентативноста и се друго се смета за споредно...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2011 at 00:23

Деспина Трајковска



Новиот изглед на владината зграда ќе се избира меѓу пет идејни решенија. Дали надворешниот лик на објектот на „Илинденска“ бб ќе добие стилски или, пак, модерен изглед изведен со стакла налик на сегашниот, ќе се знае идниот месец. До тогаш надлежната комисија добила налог да ги прочешла доставените идејни решенија, чии автори не беа обврзани да исполнат одредени услови кои би се однесувале на стилот на новата фасада.

Како што објаснија од владината Служба за општи и заеднички работи, најбитно било да се поднови надворешниот лик на објектот, оти постојниот веќе со години им создавал проблеми на владините функционери. Најголем проблем биле застарените прозорци, со кои речиси 100 отсто е покриен објектот и тие биле причина за слаба изолација, односно зголемена потрошувачка на енергија за ладење и затоплување на зградата.

„Се' ќе се знае најдоцна до 10 јануари, до кога комисијата доби обврска да изврши конечен избор од доставените решенија. Засега немаме сознанија какви идеи се понудени и дали евентуално има странски архитекти. Не знаеме ниту дали на конкурсот учествувал авторот на зградата, господинот Муличковски. Во случај да има негов предлог, веројатно тој ќе има одредени предности“, ни изјави вчера Васе Доневски, директор на владината служба.

Тој вели дека денеска комисијата треба да ги нумерира добиените идејни решенија, во наредниов период да ги разгледа и да донесе одлука по што ќе се изработува новиот лик на владиниот објект. Во случај да не биде избран ниеден труд, владината служба ќе го повтори конкурсот. Но, доколку конкурсот успее во првиот обид, проценето е дека надворешниот изглед на зградата ќе почне да се менува најдоцна до почетокот на летото. Колку пари ќе чини обновата на фасадата, ќе биде познато дури по изработката на проектот и изборот на изведувач.

Обновата на фасадата на зградата на „Илинденска“ бб ќе биде прва надворешна интервенција, иако објектот е изграден во 70-тите години на минатиот век. Досега имало единствено „шминкања“ во внатрешноста на заградата, а неодамна се реновирани тоалетите.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1B1175BEBF22CB4F8027F54BCC91C394 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1B1175BEBF22CB4F8027F54BCC91C394


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 28-Dec-2011 at 00:27
Лажги со опашки!!! Објектот беше целосно реконструиран како надворешно така и внатрешно во времето на владата на Георгиевски. Сега незнам дали навистина прозорите и изолацијата не дихтуваат, но мислам дека ова им е само ефтин изговор да упропастат уште еден маркантен објект на Скопје. Не ми се верува воопшто дека темелна реконструкција направена пред 10 годининема вклучено прозори кои не дихтуваат или дека не била квалитетно променета изолацијата. Ова овинариве бе мајку му стара малку да се разбираат од тоа што го пишуваат или цел живот мислат да не трујат со информации кои некој им ги издиктирал...


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Dec-2011 at 01:11
Originally posted by Andrej_LJ

Лажги со опашки!!! Објектот беше целосно реконструиран како надворешно така и внатрешно во времето на владата на Георгиевски. Сега незнам дали навистина прозорите и изолацијата не дихтуваат, но мислам дека ова им е само ефтин изговор да упропастат уште еден маркантен објект на Скопје. Не ми се верува воопшто дека темелна реконструкција направена пред 10 годининема вклучено прозори кои не дихтуваат или дека не била квалитетно променета изолацијата. Ова овинариве бе мајку му стара малку да се разбираат од тоа што го пишуваат или цел живот мислат да не трујат со информации кои некој им ги издиктирал...
јас прекинав да читам уште кога прочитав дека новинарката се мисли дали реконструкцијата ќе била „стилска“ или модерна LOL
цепки, штета што вакви медиуми ни контролираат јавно мислење


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: kitkiritki1
Date Posted: 28-Dec-2011 at 01:50
Objektot ne bil celosno nikogas rekonstruiran...... Ostanat e i enterierot vo ogromniot del od objektot i posebno fasadata ne e nikogas cepnata, osven ona ogrduvanjeto so glupite liftovi.....  Za Andrej_Lj


Posted By: xnx
Date Posted: 28-Dec-2011 at 12:11
da vi kazam uste sega sto ke se sluci... ke otkupat 4, ke im dadat po 1000 denari na otkupenite i ke napraat nekoj "hibrid" od tie 4 so "mali" primesi na barok 


Posted By: xnx
Date Posted: 12-Jan-2012 at 14:30

http://vlada.mk/anketa_vlada

ima i anketa ve molam glasajte

АНКЕТА: Идејни решенија за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата на Република Македонија

http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fvlada.mk%2Fanketa_vlada&t=%D0%90%D0%9D%D0%9A%D0%95%D0%A2%D0%90%3A%20%D0%98%D0%B4%D0%B5%D1%98%D0%BD%D0%B8%20%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%84%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%7C%20%D0%92%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&src=sp - - - Сподели - - - 22

Почитувани граѓани,

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија објави оглас за изнаоѓање на идејно архитектонско решение за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата на Република Македонија кој вклучува обновување, репарација и санација на прозорците и фасадата.

На огласот, согласно Законот конкурираа пет понудувачи, кои понудија решенија.

Од причини што се работи за проект и решенија кои беа надвор од Програмата за работа на Владата, која беше усвоена од Собранието на Република Македонија, ние сметаме дека овие решенија или потребата од истите, треба да биде дадена на финална оценка и потврда од страна на граѓаните. Таа оценка ќе биде од значајна корист и за стручната комисија при натамошните постапки.

 Ве молиме да се произнесете на следново прашање во врска со проектот.

Кое од понудените идејни решенија најмногу Ви се допаѓа и е соодветно да се реализира во периодот од 18 месеци?

  • http://vlada.mk/anketa_vlada# - Решение 1

http://vlada.mk/anketa_vlada#">

  • http://vlada.mk/node/1406 - Решение 1 (видео)
  • http://vlada.mk/anketa_vlada# - Решение 2

http://vlada.mk/anketa_vlada#">

  • http://vlada.mk/node/1408 - Решение 2 (видео)
  • http://vlada.mk/anketa_vlada# - Решение 3

http://vlada.mk/anketa_vlada#">  

  • http://vlada.mk/node/1409 - Решение 3 (видео)
  • http://vlada.mk/anketa_vlada# - Решение 4

http://vlada.mk/anketa_vlada#">  

  • http://vlada.mk/node/1410 - Решение 4 (видео)
  • http://vlada.mk/anketa_vlada# - Решение 5

http://vlada.mk/anketa_vlada#">  

  • http://vlada.mk/node/1411 - Решение 5 (видео)


Posted By: kultuzin
Date Posted: 12-Jan-2012 at 14:47
3 и 4 веднаш ги отфрлив. Едното затоа што едноставно не одговара да биде зграда на вада туку повеќе му прилега на некој објект како МКЦ на привер, второто затоа што ме подсеќа на градби од 80 те години од минатиот век а најногу на Библиотеката во Приштина.
1 е премногу натрупано и премногу различно од досегашното решение , плус мислам дека е многу скапо решение и невозможно да се реализира во дадениот рок.
Ми останаа решение 2 и 5, на крај се одлучив за 5 најмногу затоа што не сум љубител на целосно стаклени објекти и мислам дека брзо ќе излезат од мода. Предлогот 5 нуди некое компромисно решение според мое мислење со подолг „рок на траење„


Posted By: vladegf
Date Posted: 12-Jan-2012 at 14:50
Neshto mi smrdi deka ke bide ili 1 ili 5


Posted By: stratus
Date Posted: 12-Jan-2012 at 14:57
Само да не е 1 . Според мене 2 или евентуално 5.


Posted By: xnx
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:01
broj 1 pobeduva na anketata. ne znam dali e napumpano so glasovi ili e realno, ama mislam deka toa ke bide eden od pojdovnite argumenti zosto da se prifati broj 1....


Posted By: WNBARCH
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:02
според резултатите сега за сега води 1.гласањево е блефот за кој зборев,им текна барем вака да се вадат дека народот сака неокласицизам...сакале неќеле секако дека ке победи 1...кој за жал и најкултурно делува...


Posted By: kultuzin
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:06
А да гласаме па после да коментираме. Анкетата уште не почнала а веќе се знае дека е блеф.
И мене не ми е по ќејф првиот предлог но не се осмелувам да осудувам кога незнам или не сум 100 % сигурен.


Posted By: ebivetre
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:17
Нема ваљда да ја направат 1.

Барем 5 да биде, да се сочува горе долу идеjата на эградата, по примерот на охридската архитектура.
Останатите се бледи некако..


Posted By: antiuser
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:21
До толку да се нема идеја и креативност, а само да се плаче за современо.. и на крај што ќе испадне,трговски центар,пак за 10-15 години на ништо нема да личи..  глсано за бр.1


Posted By: Мартин
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:26
Мене не ми го отвара сајтот на владата.


Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:29
Ниту мене


Posted By: MGS
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:31
И мене.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:32
Треба да почекате повеќе време. Јас пред малку го отворив. Сеуште води првиот предлог но вториот му се приближува.
Инаку се согласувам со погорниот став дека ниедно решение не е доволно креативно и иновативно.


Posted By: OKA
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:39
Originally posted by Мартин

Мене не ми го отвара сајтот на владата.
Мене ми се отвора. Ама "некомплетно". Гледам Предлог 1, 2, 3, 4 и 5, ама не гледам опција "ниту едно". А лично според моето скромно мислење, јас би эаокружил токму тоа - НИТУ ЕДНО!
Просто неверојатно ми е дека Македонија нема барем еден ум кој ќе искреира нешто вонсериско!?


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: kultuzin
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:46
Originally posted by OKA


Originally posted by Мартин

Мене не ми го отвара сајтот на владата.
Мене ми се отвора. Ама "некомплетно". Гледам Предлог 1, 2, 3, 4 и 5, ама не гледам опција "ниту едно". А лично според моето скромно мислење, јас би эаокружил токму тоа - НИТУ ЕДНО! Просто неверојатно ми е дека Македонија нема барем еден ум кој ќе искреира нешто вонсериско!?



За жал како и во повеќето работи во нашето секојдневие и овој пат ќе бидеме принудени да гласаме за „помалато зло„


Posted By: Petar
Date Posted: 12-Jan-2012 at 15:59
Originally posted by OKA


Originally posted by Мартин

Мене не ми го отвара сајтот на владата.
Мене ми се отвора. Ама "некомплетно". Гледам Предлог 1, 2, 3, 4 и 5, ама не гледам опција "ниту едно". А лично според моето скромно мислење, јас би эаокружил токму тоа - НИТУ ЕДНО! Просто неверојатно ми е дека Македонија нема барем еден ум кој ќе искреира нешто вонсериско!?


Intersno, ama sto moze da se napravi drugo so taa zgrada.
Ovde ne stanuva zbor za nov objekt tuku za obnova na fasada.
Isto kako da vi dale fiko i sega nekoi sakaat da se ofabra fikoto, nekoi sakaat da mu se stavi skolka od ferrari a nekoi pak sakaat da se napravi kako avion i da leta...
Poenta - fiko si e fiko...


Posted By: kultuzin
Date Posted: 12-Jan-2012 at 16:06
Би било добро ако има технички услови истата анкета да се отвори и овде.



Print Page | Close Window